114
Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа ( магистерски труд ) Кандидат, Ментор, Павлина Петреска Проф.д-р Гордана Трајкоска 93/12 СФР Прилеп, 2014

Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

  • Upload
    others

  • View
    13

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците

на локалната самоуправа

( магистерски труд )

Кандидат, Ментор,

Павлина Петреска Проф.д-р Гордана Трајкоска

93/12 СФР

Прилеп, 2014

Page 2: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 2 ~

СОДРЖИНА

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ, ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА

ИСТРАЖУВАЊЕ…………………………………………………………….3

1. Теоретски аспекти на системот на јавни приходи……..……………..9

1. 1.Карактеристики на јавните приходи…………..……………....9

1. 2 Поделба на јавните приходи………………………………...….15

1. 3 Извори на јавните приходи……………………………….……17

1. 4 Економски аспекти на јавните приходи………………...……19

2. Даноците и нивната функција во системот на јавни приходи……..19

2.1. Функции на даноците…………………………………………...28

2.2.Принципи на оданочување…………………………………….33

2.3. Ефекти од оданочувањето……………………………………...46

2.4 Даночна политика……………………………………………..…55

3. Даноците како извор за финансирање на единиците на локална

самоуправа со посебен осврт на Единицата на локална самоуправа –

Прилеп………………………………………………..………………………55

3.1. Даноците и локалното оданочување…………………………..55

3.2. Даночната регулатива за финансирање на ЕЛС…………….57

3.3. Анализа на динамиката на даночните приходи во ЕЛС

Прилеп…………………………………………………………………73

3.4. Даночна евазија во ЕЛС Прилеп – причини и последици....88

3.5. Ефекти од даночната политика на локално ниво…..………95

3.6. Мерки и препораки за ефикасна даночна политика во ЕЛС

Прилеп…………………………………………………..………..……97

ЗАКЛУЛНИ СОГЛЕДУВАЊА......……………………………………....104

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА....................................................................109

Page 3: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 3 ~

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ, ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА

ИСТРАЖУВАЊЕТО

Во сите земји во светот, даноците претставуваат основен, а воедно и најстар

извор на приходи од коишто државата, како и единиците на локаланата самоуправа ги

финансираат своите потреби, проекти и функции. Токму поради таквата нивна

карактеристика, ниту едно општествено – политичко уредување не се откажува од

собирањето даноци. Тоа, од своја страна, пак, ја имплицира важноста и местото на

даноците во структуирањето на финансиската политика, како и финансискиот систем,

и тоа не само на ниво на држава, туку уште позначајно на ниво на единиците на

локаланата самоуправа.

Од тие причини, даноците, како еден од најзнајчајните фактори и извори за

финансирање на единиците на локаланата самоуправа, претставуваат предмет на

истражување во овој магистерски труд. На ниво на општините, даноците, заедно со

локалните такси и придонеси се изворите од каде што се финансираат и се реализираат

предвидените проекти и планови што придонесуваат за реализирање на предвидениот

локален економски развој. Исто така, врз нивна основа може да се планира и успешно

да се оставри идниот економски раст и развој којшто, пак, консеквентно, го диктира

економскиот раст и развој на државно ниво.

Даноците, според својата економска суштина и определување, претствауваат

многу сложен економски феномен, односно економска појава, па за да можат во целост

да бидат проучени и да се дознае нивното значење и улога во севкупниот економски

живот треба да се набљудуваат од повеќе аспекти. Притоа, треба детално да се проучи

и соодветно анализара даночната постапка, даночните обврзници, даночната основа,

и други даночни елементи, и тоа како поодделно, така и во целина. Само на тој начин

можат да се дознаат нивните карактериситки, а со тоа и нивната функција да се насочи

во вистинска насока.

Многу значајно место во однос на проучувањето и анализирањето на даноците

претставува даночната регулатива, без којашто не може успешно да се управува со

даноците. Таа треба да се набљудува поединечно, односно онаа што е донесена од

Page 4: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 4 ~

страна на државата, и онаа од страна на единиците на локалната самоуправа, бидејќи и

тие (токму со процесот на децентразлизација) го прзедоа целокупното управување со

општините, но и со даноците.

Многу значајна карактеристика на даноците, а што особено е актулена денес

во економското дејствување на компаниите е токму даночната политика и даночната

евазија. Даночната политика е многу интересна за анализирање, пред се, од аспект на

тоа дали таа е соодветна во поглед на даночните стапки/ даночните основи, бидејќи

токму таа е клучен фактор за привлекување странски инвестиции во државата.

Доколку таа е соодветна,тогаш ќе одговара на проектираниот економски развој, но

ако не е станува еден од главните мотиви за ,условно кажано, „бегство“ на странскиот

капитал од државата, односно од општините. Локалната даночна политика треба да

биде така конципирана што, преку прибраните финансиски средства, ќе го обезбедува

остварувањето на соодветните проекти на единиците на локаланата самоуправа и со

тоа ќе се продонесе за забрзан економски раст и развој на државата. Особено значјана

страна на даноците, што е предмет на проучување и анализирање во овој магистерски

труд претставува даночната евазија. Според тоа, покрај анализата на причините,

соодветно се предложени и мерки за нејзино намалување или елиминирање.

Предметот и целите на истражувањето, како што е наведено и во самиот

наслов, се фокусирани на даноците, како дел од системот на јавните приходи, односно

како едни од главните и најважне фактори за финансирање на единиците на локалната

самоуправа.

Со процесот на децентрализација дојде до делегирање на низа надлежности и

доделување многу важни функции на единиците на локалната самоуправа, како

носечки тела на овој процес.

Локалната самоуправа или единицата на локалната самоуправа се дефинира

како легитимно право на граѓаните, каде што самостојно, непосредно или преку свои

претставници тие можат да одлучуваат за низа прашања што се од јавен интерес или

од локално значење. Локалната самоуправа е еден вид управување со локалните

заедници, при што граѓаните непосредно или посредно ( преку претставнички тела и

други локални органи, што самите ги избираат) одлучуваат за активностите и

интересите што се од локално значење во определени области од општествениот живот

во локалната заедница. Локалната самоуправа го опфаќа правото на локалните

Page 5: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 5 ~

власти, според законската регулатива, да ги регулираат и управуваат најважните

аспекти од јавните работи, врз основа на сопствената одговорност и во интерес на

локалното население. Единици на локалната самоуправа, во суштина, се самите

општини, а со соодветен закон се утврдени работите и надлежностите со коишто

можат да управуваат. Еден од најважните сегменти, кога станува збор за општините, а

што е во тесна корелација со пропишаните законски норми, претставува

финансирањето на локалната самоуправа.

Финансирањето на единиците на локалната самоуправа е дефинирано со

Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, објавен во Службен

весник на РМ, бр. 61/04 од 2004 година. Согласно овој закон, единиците на локалната

самоуправа имаат право на самостојно управување со финансиските средства.

Основните принципи во поставувањето на нормативната рамка за финансирањето на

локалната самоуправа во Европа се содржани во Европската повелба за локална

самоуправа. Во неа децидно се нагласува дека локалните власти, во согласност со

економската политика на државата, имаат право на соодветни сопствени извори за

финансирање со коишто можат слободно да располагаат во рамките на своите

овластувања, определени со законската легислатива. Со оглед на тоа, пак, изворите за

финансирање на локалните власти треба да бидат во функција на нивните должности,

пропишани со устав и закон. Така, најмалку еден дел од средствата на локалните

власти треба да потекнува од локалните даноци и такси, чија височина, во границите

на законот, ja утврдуваат локалните власти. Системите за финансирање на локалните

власти треба да бидат многубројни, еластични и прилагодливи за да можат да ги следат

вистинските промени на трошоците што ги налага извршувањето на нивните

надлежности на локалните власти. Исто така , државата треба да се грижи за

финансиско изедначување меѓу локалните власти, со цел да се постигне што поголем

и поинтензивен економски раст и развој , но и да се поправат ефектите од нееднаквата

дистрибуција на можните извори на финансирање и финансиските оптоварувања на

коишто се тие изложени.

Од претходните елаборирања произлегува дека основна цел и предмет на

истражување во овој магистерски труд се токму даноците, како едни од најважните

фактори за финансирање на единиците на локаланата самоуправа . Во тој контекст се

Page 6: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 6 ~

предлагаат и одделни сугестии за искористување на можностите и преземање мерки

за оптимално реализирање нз проектите.

Оваа цел се реализира преку истражување на следниве сегменти:

теоретско согледување и анализарање на системот на јавните приходи;

улогата и функцијата на даноците во системот на јавни приходи;

даноците, како еден од најважните извори за финансирање на единиците на

локаланата самоуправа, при што посебно се елаборира и анализара случајот со

Единицата на локална самоуправа - Прилеп.

Во првиот дел од магистерскиои труд се изложени теоретските аспекти и

поставки врз коишто се заснова системот на јавните приходи. Со оглед на тоа што

јавните приходи ги претставуваат оние средства што се прибираат по различни основи,

за нив може да се констатира дека се наменети за задоволување на државните

потреби, а паралелено со тоа и развивање на државата. Токму затоа се јавуваат се

поголеми број јавни приходи, во најразлични видови. Под поимот на јавни приходи

се подразбираат сите средства што се наплаќаат од граѓаните и деловните субјекти,

односно стопанството, а коишто се наменети за задоволување на државните потреби и

функции. Во овој дел од истражувањето се разгледуваат и изворите од коишто може

да се наплаќаат јавните приходи, односно од каде тие потекнуваат, кои се функции

можат да се оствараат со нив или поточно кои се функциите на фискаланата политика

што можат да бидат остварени.

Во вториот дел од магистерскиот труд е посветено посебно внимание на

местото и улогата што ја имаат даноците во системот на јавни приходи. Тука, пред се’,

станува збор за функциите на даноците, потоа кои се принципите, односно начелата

што мора да се почитуваат при водењето на даночната политика, заради остварување

на целите што се поставени во концептот на таа политика. Исто така, се третира и

специфичноста на даночната политика и како таа треба да биде спроведувана за да

биде во функција на целите. Во таа смисла се анализирани ефектите што се

постигнуваат со оданочувањето, нивното значење пред оданочување, односно по

оданочувањето.

Во третиот дел од овој магистерски труд се врши анализа на даноците како

еден од најзначајните извори на единиците на локаланата самоуправа, при што посебен

акцент е ставен на единицата на локаланата самоуправа – Прилеп. Притоа е направен

Page 7: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 7 ~

посебен осврт на врската меѓу даноците и локалното оданочување. Натаму е

разгледана законската регулатива со којашто се уредува и спроведува процесот на

финансирање на ЕЛС. За таа цел е спроведена анализа на динамиката на движење на

даночните приходи во ЕЛС Прилеп, нивната тенденција и големина, т.е. дали тие се

доволни за покривање на предвидените проекти на локално ниво, дали се потребни и

други извори на финансирање за да се остварат зацртаните цели на општината и сл.

Исто така е разгледана и даночната евазија, како особено актуелен проблем на секоја

единица на локална самоуправа, при што се испитува кои се причините за нејзината

појава, дали таа може да се намали, кои мерки се предложени за нејзино намалување, а

со тоа и зголемување на ефикасноста при финансирањето, потоа кои се носителите на

даночната евазија итн. Предмет на анализа е и локалната даночна политика и тоа од

аспект на нејзината соодветност во рамките на развојната компонента на ЕЛС Прилеп.

Од истражувањето произлегува и заклучокот дека таа треба да се надоградува, зашто

постојат отстапувања, па се предлегаат мерки како тие да се надминат, дали треба да

има подобрувања и во кои делови од локалната даночна политика тие да се спроведат.

Во заклучните согледувања, пак, се изнесени сите сознанија и резултати до

коишто се дојде при спроведувањето на истражувањето, односно се дадени одговорите

на прашањата: дали се потврдиле поставените хипотези со она што било затеканто

како моментална состојба; какви се преспективите за надминување на постојните

проблеми итн.

Во текот на изработката и спроведувањето на конкретното истражување на

магистерскиот труд „ Даноците како фактор за финансирање на единиците на

локалната самоуправа“ се користат истите методолошки пристапи е што се

карактеристични за подготовка на најголем број научни и стручни трудови. Во тој

контекст основните методи што првенствено се користат овде се следниве:

аналитичкиот, статистичкиот, компаративниот и логичкиот метод. Во најголем дел од

истражувањето се користеше аналитичкиот и компаративниот метод, при што со

помош на детална анализа на даноците, како извор за финансирање на единиците на

локалната самоуправа. Натаму се врши нивна компарација како во однос на годините,

така и врз основа на различните видови даноци кои што ги сочинуваат даночните

приходи, како дел од системот на јавните приходи. Во таа смисла се анализирани

нивните износи за да се формираат заклучоците за конкретната даночна политика на

Page 8: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 8 ~

ниво на ЕЛС Прилеп и да се дадат препораки, односно се предлагаат мерки за

подобрување на актулената состојба. Исто така, беше применуван и логичкиот метод,

и тоа при спроведувањето на индикаторите во целото истражување, со цел да се

донесат правилни заклучоци, врз основа на тоа да се дадат соодветни предлози за

подобрување на даночната политика што, секако, ќе значи генерирање подобар

економски и локален раст и развој, односно обезбедување економски корисности за

локалното население.

Page 9: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 9 ~

1. Теоретски аспекти на системот на јавни приходи

1. 1. Карактеристики на јавните приходи

Тргнувајќи од фактот дека јавните приходи се средствата што се собираат

според различни основи и се користат за различни цели во интерес на државата, може

да се констатира дека јавните приходи се јавувиле и развивале паралелно со појавата

и развојот на државата и нејзините функции.1

Развојот на јавните приходи директно е поврзан со развојот на државата. Од

историски аспект се покажува дека развојот на јавните приходи предизвикал

менување на нивната улога, ефектите, целите, како и средствата за нивно стекнување.

Значи, јавните приходи можат да се дефинираат како приходи, односно

финансиски средства што се формираат од материјалната база на општеството, а таа

база (на некој начин) ја формира секој граѓанин во државата. Оттука произлегува

заклучок дека јавните приходи се финансиски средства што државата и јавно –

правните тела во државата ги прибираат и користат за остварување економската,

развојната и социјалната политика, односно за финансирање на јавните расходи.2

Од социо- економски аспект, собирањето на приходите и нивното трошење е

процес на редистрибуција на БДП и на дел од националното богаство .

Преку јавните приходи може да се влијае врз произвоствениот процес и

економскиот раст и развој , а особено врз насоченото трошење на средствата .

Со делот од БДП што државата го користи за финансирање на јавните добра се

намалува способноста на стопанството да инвестира , т.е. да се проширува, а со тоа се

1 Проф.д-р Трајкоски Бранко, „ Финансиски систем“ – Економски факултет – Прилеп, 1996, стр.59

2 Проф.д-р Јованоски, Панче, „ Јавни финансии“ – Скопје, 2005

Page 10: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 10 ~

намалува и потрошувачката на поединците. Современите држави, најчесто,

акумулираат и дистрибуираат меѓу 35 % и 50 % од БДП .

Битни карактеристиките на јавните приходи се следниве:

јавните приходи се изразуваат во пари;

тие се наменети за задоволување на потребите на државата и јавно – правните

тела;

се создаваат во период од една фискална година;

постојниот имот не е доведен во прашање3;

се остваруваат континуирано.

a) Поделба на јавните приходи

Според дефинирањето на јавните приходи како средства што се собираат по

најразлични основи и потекнуваат од најразлични извори, а се трошат за остварување

на целите и потребите како на државата, така и на единиците на локалната самоуправа,

тие можат да се сретнат во најрзлични видови. Имено, за да можат подобро да се

анализираат и изучуваат, јавните приходи се класифицираат во повеќе видови, а меѓу

нив најзначајни се4:

1. редовни и вонредни приходи. Според времето во коешто се стекнуваат и

формираат, приходите се делат на редовни и вонредни. Редовни јавни приходи

се оние коишто редовно, во определен временски период, се обезбедуваат ( на

пример секоја година, тримесечно, месечно и сл.) од тн. редовни економски

извори. Редовните извори, како сигурен извор на приходи, главно, служат за

подмирување на редовните државни потреби. Вонредните јавни приходи се

јавуваат повремено, во вонредни случаи, а најчесто служат за задоволување на

вонредните потреби на јавните институции. Основни облици на вонредните

приходи се јавните заеми и вонредните даноци. Денес, со развојот на функциите

3 Проф.д-р Трајкоски Бранко, „ Финансиски систем“ – Економски факултет – Прилеп, 1996, стр.60

4 Доц.д-р Гргиќ Јадранка, „ Менаџмент на јавните финансии“, Белград, 2010, стр.34-35

Page 11: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 11 ~

на модерната држава и потребите од специфични интервенции во економијата,

тие се’ повеќе се афирмираат во вкупните приходи ( особено јавниот долг);

2. оригинерни и деривативни јавни приходи. Според методот за стекнување

право на јавните приходи, во однос на носителите на доходот и обврзниците,

тие се делат на оригинерни и деривативни. Оригинерни ( или изворни) приходи

се оние што државата, како економски оператор, ги остварува со својата

економска активност. Главно, тоа се приходите што ги остваруваат државните

деловни субјекти и другите носители на државните активности. Државата се

јавува како економски субјект што го организира процесот на производство,

прометот и сл. преку државните деловни субјекти, а приходот (остварен преку

нивната активност) спаѓа во групата оригинерни приходи. Деривативни

(изведени) приходи се оние што најчесто се обезбедуваат врз основа на

финансискиот суверенитет, па според тоа имаат принуден карактер.

Деривативни или изведени се заради тоа што државата ги изведува од

остварениот доход на физичките или правните лица. Основни облици на

деривативните приходи се даноците, придонесите и таксите;

3. јавно – правни и приватно – правни приходи. Оваа подлеба се врши врз основа

на карактерот на власта и односот во којшто, од една страна, се јавува државата,

а од друга страна, физичките или правните лица. Јавно – правните приходи се

такви приходи што државата, со посредство на својот финансиски и политички

суверенитет, ги обезбедува од доходот, односно другите видови имот на

физичките и правните лица. Приватно – правни приходи се оние што државата

ги остварува врз основа на сопственоста на компаниите ( државните деловни

субјекти). Во нив државата учествува во остварувањето на приходот, преку

користење на правото на сопственост;

4. приходи од физички и правни лица. Оваа поделба, денес, е една од основните

поделби, а се поврзува со тоа од кој субјект во економијата се обезбедуваат

јавните приходи. Приходите од физичките лица се обезбедуваат од доходот или

другите облици на имот на граѓаните. Тоа се различните облици на даноците,

таксите, придонесите и сл. што физичките лица имаат обврска да ги плаќаат,

односно доброволно се согласиле на тоа ( на пример, различните облици

придонеси, заеми и сл.). Приходите од правните лица ( на деловните и другите

Page 12: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 12 ~

видови правни субјекти) се приходи што државата ги остварува од економските

и другите субјекти во форма на даноци, придонеси, царини и сл.

5. парафискални приходи. Парафискалните приходи се посоебен вид јавни

приходи што не се насочени кон задоволување на потребите на буџетот, туку

служат за непосредно подмирување на потребите на одделни групи во

општеството. Тоа се приходите на институционалните едници што имаат

пониско ниво на организација. Главна карактеристика на парафискалните

приходи е обврската за нивното плаќање што не е пропишана од страна на

државата, туку од страна на други тела. На пример, парафискален приход

претставуваат придонесите што деловните субјекти ги плаќаат на Стопанската

комора. Парафискалните приходи се јавуваат паралелно со фискалните

приходи, така што речиси и нивните извори и ефектите што ги предизвикуваат

во стопанството им се исти, со таа разлика што нивните цели им се

поспецифични.

Јавните приходи можат да се сретнат во следниве облици5, и тоа:

1. фискални приходи – во коишто спаѓаат даноците, таксите , придонесите и

парафискалните приходи;

2. приходи од активностите на државните органи и институции , од користење на

јавниот имот и од работа на државните деловните субјекти;

3. јавни заеми;

4. средства од монетарната емисија;

5. помош и донации, што се остваруваат од домашни извори или од трансфер на

доход од други држави.

На следната табела е претставена структурата на јавните приходи во Република

Македонија каде што доминираат фискалните приходи, а пред сe’ даночните приходи:

5 Атанасовски Живко, „ Јавни финансии“ – Економски факултет – Скопје, 2003

Page 13: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 13 ~

Табела 1- Преглед на јавните приходи во Република Македонија за 2013 година6

вкупно 181.420.619.000 90.710,3 238,5

1 ДАНОЧНИ ПРИХОДИ 125.703.165.000 69,3 62.851,6 0 2013

2 Персонален данок на доход 10.350.000.000 5,7 5.175,0 8 2013

3 Данок на добивка 4.003.000.000 2,2 2.001,5 10 2013

4 Придонеси за социјално осигурување 42.990.930.000 23,7 21.495,5 4 2013

5 Данок на додадена вредност 45.184.000.000 24,9 22.592,0 17 2013

6 Акцизи 14.678.000.000 8,1 7.339,0 -12 2013

7 Царини и други увозни давачки 3.942.000.000 2,2 1.971,0 -1 2013

8 Такси на користење или дозволи за вршење на дејност 4.019.000.000 2,2 2.009,5 -29 2013

9 Данок на финасиски трансакции 0 0,0 0,0 -100 2013

10 НЕДАНОЧНИ ПРИХОДИ 11.664.795.000 6,4 5.832,4 -5 2013

11 Претприемачки приход и приход од имот 410.010.000 0,2 205,0 -12 2013

12 Глоби, судски и административни такси 1.943.193.000 1,1 971,6 -8 2013

13 Такси и надоместоци 3.934.188.000 2,2 1.967,1 -2 2013

14 Други владини услуги 2.637.564.000 1,5 1.318,8 -1 2013

15 Други неданочни приходи 2.739.840.000 1,5 1.369,9 -8 2013

16 КАПИТАЛНИ ПРИХОДИ 5.532.005.000 3,0 2.766,0 -12 2013

17 Продажба на капитални средства 410.000.000 0,2 205,0 -21 2013

18 Продажба на земјиште и нематеријални вложувањa 2.617.000.000 1,4 1.308,5 -23 2013

19 Приходи од дивиденди 2.505.005.000 1,4 1.252,5 5 2013

26 ПРИХОДИ ОД ОТПЛАТА НА ЗАЕМИ 622.000.000 0,3 311,0 0 2013

25 ПРОДАЖБА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ 95.000.000 0,1 47,5 -53 2013

24 ЗАДОЛЖУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО 18.519.688.000 10,2 9.259,8 31 2013

23 ДОМАШНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ 3.588.527.000 2,0 1.794,3 0 2013

22 Донации од странство 2.605.055.000 1,4 1.302,5 12 2013

21 Трансфери од други нивоа на власт 13.086.354.000 7,2 6.543,2 0 2013

20 ТРАНСФЕРИ И ДОНАЦИИ 15.695.439.000 8,7 7.847,7 278 2013

6 http://www.mkbudget.org/prihodi/list/id/11

Page 14: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 14 ~

19 Приходи од дивиденди 2.505.005.000 1,4 1.252,5 5 2013

18 Продажба на земјиште и нематеријални вложувањa 2.617.000.000 1,4 1.308,5 -23 2013

17 Продажба на капитални средства 410.000.000 0,2 205,0 -21 2013

16 КАПИТАЛНИ ПРИХОДИ 5.532.005.000 3,0 2.766,0 -12 2013

15 Други неданочни приходи 2.739.840.000 1,5 1.369,9 -8 2013

14 Други владини услуги 2.637.564.000 1,5 1.318,8 -1 2013

13 Такси и надоместоци 3.934.188.000 2,2 1.967,1 -2 2013

12 Глоби, судски и административни такси 1.943.193.000 1,1 971,6 -8 2013

11 Претприемачки приход и приход од имот 410.010.000 0,2 205,0 -12 2013

10 НЕДАНОЧНИ ПРИХОДИ 11.664.795.000 6,4 5.832,4 -5 2013

9 Данок на финасиски трансакции 0 0,0 0,0 -100 2013

8 Такси на користење или дозволи за вршење на дејност 4.019.000.000 2,2 2.009,5 -29 2013

7 Царини и други увозни давачки 3.942.000.000 2,2 1.971,0 -1 2013

Структурата на јавните приходи може да се прикаже и преку следниов графикон:

Графикон 1

Извор: http://www.mkbudget.org/prihodi/list/id/11

Како што може да се види од прикажаниот графикон, во структурата на јавните

приходи на Република Македонија најголем процент отпаѓа на даночните приходи, и

Page 15: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 15 ~

тоа 63 % или 125.703.165 денари од вкупните приходи. После нив, со 9% или

18.519.688 денари, се застапени приходите што потекнуваат од задолжувањата во

странство, па потоа следат трансферите и донаците со 15.695.439 денари или 8%, како

и неданочните приходи со 11.664.795 денари или 6% од вкупните приходи. Ваквата

застапеност на даночните приходи не е само одраз на фискалната функција што ја

имаат даноците, туку на нивното значење и улога во успешното конципирање и водење

на даночната политика.

1.2. Извори на јавните приходи

Во економската литература особено актуелно е прашањето за тоа од каде се

плаќаат јавните приходи, односно кои се изворите на јавните приходи. Тоа значи дека ,

извори на јавните приходи се оние економски категории од каде што се плаќаат

јавните приходи, односно давачките.

Во финансиската теорија и практика постојат три економски категории што

претставуваат извори на јавните приходи, тие се:

1. имотот. Имотот може да се набљудува низ призмата на економската и правната

функција. Од економски аспект, имотот претставува надворешен и визуелен

впечаток на богатството или економската сила на физичкото лице или правниот

субјет. Оттука произлегува и премисата дека колку еден човек има повеќе имот,

толку тој има поголема економска моќ, и обратно. Согласно Законот за даноците на

имот7, во недвижен имот спаѓаат: земјишта, станбени згради, деловни згради и

деловни простории, администартивни згради и простории, згради и станови за

одмор и рекреација и други градежни објекти. Покрај недвижниот имот, како извор

на давачките се јавуваат и определени права, како што се лиценците, патентите итн;

2. доходот. Даночните обврзници остваруваат доход во форма на плати, камати,

профити и др. во зависност од тоа кој од факторите на производство се наоѓа во

7 Закон за даноците на имот, „Службен весник“ на РМ, бр.61/2004

Page 16: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 16 ~

нивна сопственост.8 Следната формула е репрезент на расположливиот доход што е

предмет на оданочување:

расположлив доход = Y + B – Td

каде

Y – доход којшто даночните обврзници го остваруваат како резултат на користењето

на факторите на производство што се наоѓаат во нивна сопственост;

B – социјални трансфери од буџетот;

Td – директни даноци што даночните обврзници се должни да ги платат на државата.

Овој расположлив доход даночните обврзници натаму можат да го насочат во:

штедење и

потрошувачка;

3. потрошувачката. Потрошувачката, како економска категорија, е оној дел од

расположливиот доход којшто даночните обврзници го користат за купување

најразлични видови производи и услуги за да ги задоволат своите потреби.9 Со

оглед на тоа што доходот е ограничен, ограничен е и делот што се употребува за

потрошувачката. Според пирамидата на задоволување на потребите на луѓето,

најнапред, се задоволуваат најосновните човекови потреби, без коишто не е можна

човечката егзистенција. Потоа, луѓето купуваат добра и услуги што се

класифицираат во групата трајни потрошни добра за, на крај, преостанатиот дел од

доходот да се насочи во други потреби, како што се: културата, образованието,

туризмот итн. Потрошувачката, како извор на давачките, има свои позитивни и

негативни страни. Позитивната страна на потрошувачката, како извор на

давачките, се согледува во:

нејзината еластичност – доколку се сака да се добијат повеќе приходи, тогаш

државата или единицита на локалната самоуправа ги зголмеува давачките на

потрошувачката;

8 Проф.д-р Таки Фити, „ Основи на макроекономијата“ – Економски факултет – Скопје, 2004, стр.103

9 Проф.д-р Таки Фити, „ Основи на макроекономијата“ – Економски факултет – Скопје, 2004, стр.103-

104

Page 17: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 17 ~

нејзината обилност, што се гледа во тоа што колку повеќе се троши, толку

повеќе е поголем износот на јавните приходи.

Негативната страна на потрошувачката, како извор на давачките, произлегува

оттаму што со потрошувачката подеднакво се оптоваруваат како физичките, така и

правните лица, кои остваруваат помал доход, но и физичките, и правните лица кои

остваруваат поголем доход. Тоа значи дека фискалниот товар, без разлика на

доходот што го остваруваат даночните обврзници, било тоа да се физички или

правни лица, подеднакво го сносат и оние коишто имаат поголема, и оние коишто

имаат помала финансиска моќ, со што се нарушува еден од основните принципи на

оданочувањето, а тоа е принципот на праведност.

1.3. Економски аспекти на јавните приходи

Под систем на јавни приходи треба да се сфати целокупноста на изворите ,

методите и формите за прибирање средства во државниот буџет и буџетот на

единиците на локалната самоуправа и покривање на различни државни трошоци и

трошоците на единиците на локалната самоуправа . Системот на јавните приходи е

јадрото на економскиот систем .

Јавните приходи се парични средства со коишто државата располага за да ги

покрие своите трошоци. Тие претставуваат готовински плаќања на правните и

физичките лица со принуден и обврзувачки карактер, а во корист на државата . Како

економска категорија, пак, јавните приходи претставуваат еднонасочни односи меѓу

стопанските субјекти и државата. Тие се дел од БДП и националното богаство , така

што врз принудно - задолжителна основа се акумулираат во буџетот за финансирање

на општествените потреби. Во основата на формирањето на приходите на државата

стои распределбата и прераспределбата на БДП и на дел од националното богатство.

Земајќи ги предвид теоретските основи на јавните приходи , произлегуваат

современите функции на овие приходи, а тоа се:

со посредство на јавните приходи државата не само што се стекнува со

потребните ресурси , туку остварува и прераспределба на приходите меѓу

одделните социјални групи , дејности , географски области и сл.;

Page 18: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 18 ~

со собирањето на јавните приходи државата влијае врз репродукциониот

процес, врз темпото на економскиот раст и развој и врз социјалните процеси;

остварените јавни приходи во буџетот се прераспределуваат и насочуваат кон

стопанството , а со тоа влијаат врз одделните деловни субјекти . Во процесот

на нивната употреба, како јавни расходи, се спроведува редистрибуција од

повеќе аспекти и тоа: од секторски аспект, територијален аспект, за поддршка

на производствената сфера, стимулирање на извозот итн.;

јавните приходи се дел од приходите на стопанските субјекти, така што преку

нив може да се влијае врз агрегатната побарувачка, понудата , штедењето и

инвестициите.

*

Она што може да се заклучи од досегашните елаборирања е дека јавните

приходи се во нераскинлива врска со системот на јавните финансии, заедно со јавните

расходи. Според тоа, и улогата, и значењето што го имаат е многу големо. Појавата и

развојот на јавните приходи е поврзана со појвата и развојот на државата. Имено, како

што растат потребите и функциите на државата, така растат и се` повеќе се

усовршуваат и јавните приходи. Се` поголем е бројот на различните видови јавни

приходи, што се разликуваат според аспектот од којшто се тргнува при анализирањето,

а тоа овозможува и подобро да се изучуваат. Исто така, многу важни се и изворите од

коишто се плаќаат јавните приходи, бидејќи без нив нема од каде тие да се плаќаат. Со

помош на јавните приходи се остваруваат голем број важни економски, општествени и

социјални цели. Токму затоа треба да се почитуваат принципите на единство,

децентрализација, финансиска автономија и др. Со помош на јавните приходи се

остварува прераспределбата на националниот доход, се овозможуват социјалните

трансфери, се забрзува инвестициската активност и се постигнува побрз економски

раст и развој и др.

Page 19: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 19 ~

2. Даноците и нивната функција во системот на јавни приходи

2.1. Функции на даноците

Даноците се најважниот и основниот извор на редовните приходи на државата,

со чија суштина и постоење се поврзани многу прашања од политичка, економска и

правна природа. Проучувањето на даноците, како главен финансиски инструмент на

јавните приходи, треба да овозможи да се добијат одговори на многу прашања што се

јавуваат во современото општество, како што се: што е суштината на даноците; со кои

аргументи се оправдува оданочувањето; што да се направи тие да бидат правични;

дали даноците се само фискален инструмент или со нив може да се остварат и целите

на економската и социјалната политика; на каков начин даноците би станале

финансиски поефикасен и економски рационален инструмент?

Даноците се историска категорија. Нивното место и улога се менувале како

резултат на промените во општеството. Многу автори од областа на финансиите, во

своите дела, се обидувале да дадат соодветна дефиницја на концептот на даноците.

Така, во финансиската литература често се сретнува дефиницијата на познатиот

Page 20: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 20 ~

француски писател Гастон Жез ( Gaston Jeze )10

, којашто гласи: " Приходот е давање

во облик на пари, кое што државата го собира од поединците врз основа на

нејзиниот суверенитет, без директен противнадомест , а со цел да се покријат

јавните оптоварувања ". Познатиот германски професор Eberg вели: "Даноците

(заради целите на подмирување на јавните расходи), во принцип, се парични

надоместоци спрема државата , при што таа еднострано го определува

начинот и височината и ги наплаќа со помош на силата на својот авторитет,

без притоа да обзбеди каква било услуга". Познатиот професор на белградскиот

Правен Факултет , Милан Тодоровиќ, ја дава својата дефиниција за даноците:

"Данокот е државен приход во форма на намена, што државата еднострано ја

определува и со помош на присила , благодарение на својата моќ, ја презема од

сите лица кои спаѓаат под нејзиниот даночен орган. Овој приход, што секој

даночен обврзник мора да го плати, се утврдува во согласност со неговата

економска моќ ."11

Данокот е основен инструмент за прибирање средства во државниот буџет со

цел покривање на државните трошоци. Тој е столбот на современиот даночен систем и

се јавува со појавата на државата.

„Како што не се може без држава ,така не се може и без даноците “12

Во својата долга историја на развој даноците претрпеле значителна еволуција ,

којашто ја опфаќа и улогата што тие ја вршат во општествено- економскиот живот .

Во почетокот даноците биле прифатени како незадолжителни, а во некои случаи како

казнена мерка за одделни членови во општеството . Подоцна тие стануваат општа и

задолжителна форма на исплата. Во почетокот тие ја извршувале само фискалната

функција ( прибирање средства за финансирање на јавните потреби ) , но подоцна, со

зголемувањето на целите и потребите на државата, доаѓа до зголемување не само на

износот, туку и на видот на даноите . Средствата собрани по пат на даноци се

насочуваат кон: прераспределба на ресурсите; подобрување на структурата на

стопанството; постигнување поголема социјална правда во општеството и сл.

10

Gaston Jeze, „Cours de finances publique“ , Paris, стр.1936-1937 11

Todorović Milan: Nauka o finasijama, I Nauka o porezima, Beograd, 1930.,стр. 123 и 124 12

Todorović Milan: Nauka o finasijama, I Nauka o porezima, Beograd, 1930.,стр. 124

Page 21: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 21 ~

Плаќањето на даноците ја намалува куповната моќ на граѓаните . Затоа еден

од најважните и најголемите проблеми при оданочувањето е врската меѓу даночните

плаќања и јавниот интерес .

Данокот е комплицирана финансиско-економска категорија којашто може да се

анализара од повеќе аспекти. Имено данокот се дефинира како законски ,принудно, т.е

субвенциско плаќање од физички и правни лица во корист на државата заради

финансирање на јавните расходи13

.

Функциите на даноците се манифестација на нивната суштина . Тие го

покажуваат начинот на реализирање на јавната намена и употребата на средствата на

оваа економска категорија. Особено карактерситични се следниве функции на

даноците:

дистрибуциска функција. Оваа функција во голема мера, ја изразува нивната

суштина. Поточно, се работи за тоа дека по пат на даноците треба да се

акумулираат финансиски ресурси за државата. Преку нив, пак, државата врши

прераспределба на дел од доходот на даночните обврзници. Формирањето

приходи со посредство на даноците , ја претвора државата во еден заеднички

економски субјект . Оттука произлегува следнава функција на даноците,

односно

прилагодност. Оваа функција се изразува преку тоа што даноците се основен

инструмент за манипулирање на државата, главно, со даночната основа ,

даночните стапки , правилата, принципите и начелата со коишто се врши

оданочувањето , стимулирање или ограничување на условите за развој на

стопанството и сл.;

економско - регулаторна функција. Со оваа функција се изразува можноста,

со посредство на даноците, во државата да се стимулира или ограничува

економскиот и стопанскиот раст и развој. Оваа фукција е остро критикувана

од страна за приврзаниците на тезата дека најдобар регулатор на стопанските

текови е пазарот, без какво било мешање на државата. Од оваа функција

произлегува дека даноците се ефективно средство во рацете на државата со

коешто се генерира зголемувањето на бројот на слободни работни места, се

стимулира технолошкиот раст и развој и сл.;

13

исто

Page 22: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 22 ~

контролна функција. Оваа функција ја изразува контролата и надзорот врз

извршените активности во постапката на оданочувањето и контролата врз

активностите на даночните обврзници. Благодарение на оваа функција на

даноците се овозможува контрола врз движењето на даночните ресурси , се

врши оценување на ефикасноста на даночната регулатива и се открива

потребата од промени во даночната регулатива и сл.;

опшествено – социјална функција. Со оваа функција се нагласува социјалната

компонента на даноците, бидејќи со посредство на даноците се собираат

средства од коишто дел се користат за решавање одделни социјални прашања.

а) теории за суштината на даноците

Постојат повеќе теории за суштината на данокот. Тие се: теорија на

осигурување, „жртвена теорија“, теорија на колективните потреби (или уште опција на

лицето во теоријата на долгот ), еквивалентна теорија, Кејнзијанска теорија, теорија на

монетаристите, теорија на економијата на страната на понудата и сл. Секоја од овие

тероии има свои карактеристики што се објаснети натаму во текстот.

1. Теорија на цена. Според оваа теорија даноците ја претставуваат цената на

услугите што државата им ги обезбедува на даночните обврзници.

Претставници на оваа теорија се младите буржоазии. Тие сметале дека

односот меѓу државата и даночните обврзници треба да биде воспоставен на

истиот начин како што се воспоставени стопанските односи на пазарот. Овој

однос претпоставува дека постојат истите услови што постојат на пазарот и тие

мора да се изразат со посредство на цената. Износот на данокот треба да биде

едаков со височината на трошоците што државата ги прави при

обезбедувањето на услугите. Оваа теорија била најзастапена во времето на

либералниот капитализам. Таа може да се сретне и под името теорија на

надомест или еквивалентна теорија. Ако се има предвид времето кога таа се

јавува и се развива , од каде што произлегува и премисата laissez faire - laisse

passer, а притоа почитувајќи го условот за отстранување на бариерите за

слободно движење на стоките, услугите и капиталот, пред се` за да се овозможи

слободна конкуренција на пазарот , тогаш може да се заклучи дека улогата на

Page 23: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 23 ~

државата се сведува само на одржување на внатрешниот мир и поредок и

извршување на задачите, што немаат никакво влијание врз економијата во

државата. Токму затоа, улогата на државата е сведена на зачувување на

внатрешниот мир и ред, односно безбедност надвор од границите. Во тој

контекст, добро познатиот финансиски автор Antonio De Niti De Marco14

(1850-

1943) ги дефинира даноците како „ монополска цена којашто државата

самостојно ја утврдува како рамноправен учесник на пазарот, во улога на

давател на услугите“. 15

Во оваа теорија се наметнува прашањето: каква треба

да биде корисноста што ја имаат даночните обврзници. Во зависност од

одговорот, пак, се развиваат две други теории, и тоа: теоријата на

осигурување и теоријата на уживање.

Теорија на осигурување. Претставниците на оваа теорија тврдат дека

државата им обезбедува на граѓаните заштита на сопственоста и безбедноста ,

но за тоа треба тие да платат определени осигурителни премии и рати.

Критичарите на оваа теорија се противат на тезата дека кај даноците и двете

страни имаат обврски што треба да ги исполнат. Напротив, тие сметатат дека со

даноците тоа не е случај . Даноците се наметнуваат принудно, еднострано од

државата, благодарение на фискалниот суверенитет и задолжително имаат

принуден карактер. Заклучокот би бил дека вторите претставници се во право,

бидејќи на таков начин државата обезбедува поголем износ на приходи, што се

користат за задоволување на јавните потреби, при што се нагласува фискалниот

суверенитет којшто го има државата.

Теорија на уживање. Оправданоста за плаќање даноци, според оваа теорија,

се состои во тоа што државата, заштитувајќи ги границите и обезбедувајќи

надворешна безбедност , внатрешен ред и мир, им овозможува на даночните

обврзници да можат слободно да уживаат во имотот и приходот што го

заработуваат. Оние коишто имаат повеќе средства и можат да генерираат

повисоки приходи треба да плаќаат и повисоки даноци. Ваквиот став на

приврзаниците на оваа теорија значи и поддржување на прогресивното

оданочување. Очигледно е дека приврзаниците на оваа теорија тргнуваат од

пазарниот принцип на размена, каде што на едната страна се наоѓа понудата, а

14

Antonio De Niti De Marco, „ Principios Fundamentales de Economia Financiera“, Мадрид, 1898 15

Ramp, E.M. Seel B. „Grundlegung der Finanznjissensehaft“, 2 издание. 1973. стр.94.

Page 24: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 24 ~

на другата побарувачката . Воедно, ова е и најголем недостаток на оваа теорија ,

затоа што таа го игнорира едностраното утврдување на данокот од страна на

државата и евентуалната присилна наплата , што не е во согласност со теоријата

на договор или теоријата на цена. Исто така, "не постои фиксно мерило за

корисноста што граѓаните ја имаат од државата ниту според квалитетот

ниту според квантитетот, па според тоа е невозможно да се определи

критериумот за сразмерно плаќање на даноците"16

.

2. Теорија на сила. Теоријата на сила или теоријата на посилниот е една од

најстарите теории, што се обидуваат да го оправдаат воведувањето на данокот

од страна на вистинскиот победник врз победениот, односно правото на

посилниот да воведе данок над послабиот. Оваа теорија преовладувала во текот

на стариот и до извесен период во средниот век. Државата, по пат на силата на

својот авторитет, ја наметнува обврската за данокот врз освоените народи и

нерамноправните членови на општеството кои не можат да влијаат врз

воведувањето на даноците и утврдувањето на нивната височина. Победникот

имал право да воведе и собира даноци врз основа на тоа дека е посилен. Тој

можел на поразениот да му наметнува каква било обврска, затоа што него му

припаѓало се`, па дури и животот на поразениот.

3. „Жртвена“ теорија. Основоположници на таканаречената „жртвена теорија“ се

Ж. Б.Сеј и Џ.Сит. Мил . Тие тврдат дека откако постои сознанието за

постоењето на современиот човек во рамките цивилизираното општество ,

човекот е во состојба да поднесе определена жртва во корист на зачувувањето

и зајакнувањето на државата. Но, Германецот Нојмарк смета и тврди дека во

основата на жртвата, сепак, постои слободна волја за извршувањето на

обврските. Значи, и овде е присутен и задолжителниот, и присилниот карактер

на даноците.

1. Кејнзијанска теорија. Според оваа теорија, даноците се едни од главните

фактори за регулирање на развојот на економијата, а со тоа и на растот и

развојот на државата.

2. Теорија на монетаристите. Според оваа теорија, даноците, заедно со другите

компоненти на јавните приходи , влијаат врз прометот, така што преку нив се

16

Filipović, H. „Nauka o finansijama“, 2005, стр. 269

Page 25: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 25 ~

одзема вишокот пари и се намалува дејството на неповолните монетарни

фактори врз развојот на економијата.

б) карактеристики на даноците

Главни карактеристики на даноците се следниве:

даноците претставуваат плаќање изразено во пари, односно даночната обврска

се гаси во парична форма;

тие се акт на јавната власт ( на државата ) , поради што се задолжителни, а таа

е и причината за тие да се собираат по принуден пат;

даноците претставуваат законска обврска и не трпат приговор;

тие се инструмент на државата за покривање на државните трошоци;

како акт на јавната власт, тие можат да се создадат , трансформираат или

адаптираат само од страна на јавната власт ( државата ) , како законодавен

орган;

даноците се законска обврска , односно тие се создаваат и наметнуваат само

по пат на силата на законот.17

Оттука, за даноците и нивните карактериситки во различни држави постојат и

различни мислења. Сепак, карактеристиките на даноците, генерално, можат да се

набљудуваат низ три аспекта и тоа: правен, социо – економски и воено политички.

низ призмата на правото, данокот претставува легитимно , задолжително ,

формално и присилно плаќање извршено од страна на физичките и правните

лица во корист на државата18

;

од економски аспект, данокот е оној дел што се издвојува од доходот на

физичките и правните лица. Со оглед на фактот дека тие се со различни

можности, имаат различни приходи и припаѓаат на различни општествени групи

17

Стакиќ Будимир, Јездимовиќ Миленка, „ Јавни финансии“, Белград, 2012, стр.117-154 18

Бабиќ Д., „ Правиност и право, Весник за правото“, бр.2, Осијек, 1987, стр. 151

Page 26: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 26 ~

и слоеви , преку данокот се врши и прераспределба на доходот и врз социјална

основа;

даноците можат да се набљудуваат и од воено-политички аспект. Колку

државата ги зголемува своите функции, улогата на нејзниот воено – политички

апарат е се` понагласена, а со тоа се штитат и бранат интересите како на

граѓаните, воопшто, така и на определените одредени групи и слоеви во

оптеството, а поради тоа повеќе се зголемуваат и даноците.

в) елементи на даноците

Елементите на данокот, како и нивната содржина се во зависност од државата

каде што тие се наоѓаат. За нив може да се каже дека претставуваат анатомија на

даноците . Елемети на даноците се следниве:

предмет на оданочување ( даночен објект или даночна база). Овој елемент

претставува определен економски чин или активност , што се зема за основа при

оданочувањето. Во современите стопанства, такви се доходот, потрошувачката

и имотот ( богатството ) или, со други зборови, изворите на јавните приходи

или давачки . Особено дискутабилно прашање во врска со ова е: што да се земе

како предмет на оданочување? Според едни теоретичари, најсоодветно би било

како предмет на оданочување да се земе доходот; а други, пак, сметаат дека тоа

треба да биде имотот. Сепак, предметот на оданочување треба да биде во

согласност со целите што се сакаат да се постигнат;

Page 27: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 27 ~

даночен обврзник ( субјект на данокот, исплатувач). Тоа е физичкото или

правното лице коешто има изградено определен однос со предметот на

оданочување. Овој однос може да биде претставен како сопственост ,

стекнување или плодоуживање. Даночен обврзник е лицето кое, според

даночните закони, е обврзано да го плати данокот;

даночен носител. Не секогаш, во формална смисла на зборот, носителот на

данокот реално го поднесува даночниот товар . Физичкото или правното лице,

односно даночниот обврзник, кое реално го плаќа данокот , е даночниот

медиум. Во одделни случаи, даночниот носител можат да се совпаѓа со

медиумот , а во други случаи тие можат да бидат различни лица .

двојно оданочување. Тоа е оданочувањето од страна на две држави или единици

на локална самоуправа , што се однесуваат на ист предмет или субјект ;

даночен доверител. Најчесто тоа е државата којашто, благодарение на својот

фискален суверенитет, има исклучително и суверено право да собира даноци ;

даночна скала. Овој елемент ги содржи критериумите врз основа на коишто се

утврдува даночната обврска на даночниот обврзник . Во минатото се користеле

различни природни единици. Денес, пак, за даночна скала е прифатено да се

користи вредносната евалуација, којашто може да биде нормативна , пазарна

или даночна ;

даночна единица. Оваа единица е постојан дел од даночната скала , а се

однесува на даночната големина. Таа претставува точно определен и дефиниран

дел од даночната скала , спрема којашто се определува височината на данокот .

Овој дел може да биде 100 единици или 1.000 единици;

даночна стапка ( даночна големина, даночна норма ). Тоа е данокот што се

определува на една даночна единица . Обично, големината на данокот за една

даночна единица е во процент или во апсолутен износ. Даночните стапки можат

да се сретнат како постојани , растечки и опаѓачки, како и средни , маргинални

и ефективни;

даночна основа. Таа ја претставува сумата од проценетите даночни единици

врз основа на кои се пресметува даночната обврска . Во праксата таа може да

Page 28: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 28 ~

биде вистинска и претпоставена – паушална. Даночната основа може да се

утврди на еден од следниве начини19

:

- индицијарен – набљудување на фактичката состојба;

- директен – врз основа на податоците што се доставени од страна на

даночните обврзници;

- индиректен – податоците се доставени од страна на оние коишто, според

природата на нивната работа, располагаат со нив;

- службен – податоците ги утврдуваат даночните органи;

- парификација – податоците се утврдуваат врз основа на компарирање.

даночна обврска. Таа го претставува како актот, односот и дејствието меѓу

даночната основа и даночната големина;

даночни превилегии. Овие привилегии се предвидени во даночната регулатива,

каде што определни категории даночни обврзниции можат да не плаќаат

данок, односно да не ја исполнат даночната обврска;

даночен катастар. Даночниот катастар претставува збир од " книги " во

коишто се води евиденцијата, регистрирањето на даночните обврзници,

даночните основи и даночните стапки.

2.2. Приципи на оданочување

Со развојот на даночната теорија и практика сосема е разбирливо да се

создаваат определени правила што треба да се почитуваат при оданочувањето.

Основни правила што треба да се почитуваат при оданочувањето се следниве:

1. сразмерност на оданочувањето. Оданочувањето треба да биде во согласност

со финансиската состојба на даночните обврзници. Даноците не треба да го

попречуваат континуитетот на процесот на општествена репродукција. Кога

даноците се премногу високи , тие придонесуваат за развој на негативни дури и

деструктивни тенденции во економијата;

19

Горановиќ Предраг, „ Јавни финансии“, Подгорица, 2008, стр.21

Page 29: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 29 ~

2. дефинирање на данокот. Овој принцип бара сите елементи и услови на

оданочување да бидат точни, прецизни , јасни и категорично определени за да

не се создава можност за произволно толкување ниту од едната , ниту од

другата страна;

3. погодности на данокот. Според овој принцип, пак, техниката и роковите на

плаќање на даноците треба да бидат точно определени за да не претставуваат

товар за даночниот обврзник;

4. ефикасност и профитабилност на данокот. Трошоците, поврзани со

даночната администрација во врска со собирањето на даноците , не треба да

бидат високи . Даночната пракса укажува на тоа дека треба да се организира

таква даночна администрација и даночен систем што ќе може со минимални

трошоци да се добие максимален ефект за државата;

5. стабилност и еластичност на данокот. Овој принцип се однесува на тоа

дека даноците не треба да влијаат врз нивната структура. Имено, тие не треба

да се менуваат често , бидејќи тоа создава несигурност кај бизнисот, како и

функционирањето на државата, односно единиците на локалната самоуправа;

6. даночен интервенционизам. Овој принцип сосема е спротивен на принципот

за неутралност на данокот, спрема којшто активната интервенција на државата

е доведена до нула. Кај овој принцип држвата, преку даночните овластувања и

ослободувања, влијае врз оданочувањето , за да помогне во решавањето на

економските и социјалните проблеми;

7. рационалност и едноставност на даночниот систем. Даночната практика

треба да се заснова на едноставна и разбирлива организација, којашто треба да

биде лесно применлива и спроведлива;

8. систематичност и непротиворечност во даночните закон. Одделните

даноци во даночниот систем треба да се наоѓаат во хармонизиран однос меѓу

нив , што значи тие да не си противречат при спроведувањето едни со други;

9. годишност на данокот. Секој данок најчесто се однесува за една календарска

година и се поврзува со буџетот на државата;

10. неутралност на данокот. Овој принцип се однесува на тоа дека даноците

треба да влијаат врз работењето на луѓето, како и врз одвивањето на

општествената репродукција . Овој принцип бил формиран уште од страна на

Page 30: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 30 ~

Адам Смит , бидејќи, според него, како единствен регулатор во стопанскиот

живот е пазарниот механизам. Денес, пак, даноците имаат исклучиво

регулаторна функција и затоа под даночна неутралност се подразбира единство

на даночната легислатива спрема сите даночни обврзници;

11. фер и рамноправност. Даноците треба да бидат фер и рамноправни , но нема

единствен став како ова барање да биде исполнето. Во однос на ова прашање

постојат две мислења – два пристапа: едниот се однесува на придобивките, а

другиот на солвентноста. Овој принцип не ја зема предвид расходната страна

на јавниот сектор . Тој е поврзан со хоризонталниот и вертикалниот пристап во

поглед на правичноста при оданочувањето . Хоризонталниот пристап се

заснова на тезата дека луѓето со идентични приходи , потрошувачка и имот

треба да плаќаат исти даноци. Вертикалниот пристап се однесува на тоа дека

луѓето со повисоки примања и потрошувачка треба да плаќаат повисоки даноци.

Заклучокот е дека поисправен е вертикалниот пристап, затоа што не е

возможно сите луѓе да имаат исти приходи, а соодветно на тоа да плаќаат и исти

даноци. Сосема нормално и исправно е луѓето со повисоки примања и повеќе

имот да бидат оданочени со повисоки даноци.

Покрај горенаведените принципи на оданочување, во продолжение се елаборирани и

групи принципи според одделни економски автори.

а) принципи на оданочувањето, според Адам Смит

Уште од времето на Адам Смит економистите се занимавале со истражување на

фукционирањето на даночниот систем и се обидувале да ги утврдат начелата на

коишто би требало да се заснова овој систем. Во своето најзнајчајно дело „ Богатството

на народите“ од 1776 година, А.Смит ги истакнува следните четири даночни

принципи:

1. „припадниците на секоја држава треба да дадат свој придонес во издржувањето

на владата, сразмерно со своите можности;

2. данокот, што, секој еден е обврзан да го плати треба да биде определен, а на

самоволно утврден;

Page 31: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 31 ~

3. секој данок треба да се собира навреме или на начин со којшто, најверојатно, на

даночниот обврзник ќе му биде најзгодно да го плати ;

4. секој данок треба да биде така пресметан што ќе може да ги обезбеди

потребните средства за државната каса да не биде ниту преполна, ниту празна.“

Очигледната праведност и корисност на горенаведените принципи го привлекла

вниманието , помалку или повеќе, на сите држави.“20

Праведноста, а овде се мисли и на праведноста во оданочувањето, е основен постулат

кон којшто треба да тежнее секоја држава. Затоа Платон истакнал дека праведноста

има „највисоко место во хиерархијата на доблестите“ и дека „ идеалната држава,

всушност, е остварување на идејата за праведност“.21

б) принципи на оданочувањето според Вагнер

Повеќе од 100 години подоцна германскиот теоретичар, Адолф Вагнер, ги

формулирал своите начела на оданочување и ги групирал, исто така, во 4 групи, и тоа:

1. финансиско – политички принципи ( издашноста на даноците, еластичноста на

даноците);

2. економско – политички принципи ( изборот на даночниот извор, водење сметка

за последиците од посредните даноци);

3. социјално – политички принципи ( општоста на даноците, рамномерност на

даноците);

4. даночно – технички принципи ( определеноста на даноците, прилагодливоста на

даноците, ниските трошоци при собирањето даноци);

Иако се многу попрецизни и потполни, сепак, принципите според Вагнер, во својата

основа го имаат влијанието на Смит. Меѓутоа, тие не можат да го прескокнат времето

во коешто настанале, т.е. се уште се верен доказ на класичната финансиска доктрина.22

в) Услови според Musgrave

20

Смит Адам, „ Богатството на народите, Истражување на природата и причините за богатството на

народите“, Загреб, 2007 година, дел: „ За даноците“, стр. 786-789 21

Бабиќ Д., „ Правичност и право, Весник за правото“, бр.2, Осијек, 1987, стр. 151 22

Вагнер Адолф, „ Финансии“, Лајпциг, 1890

Page 32: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 32 ~

Колку длабоко продреле економските теоретичари од тоа време во суштината

на даночната проблематика е истакнато од страна на брачниот пар Масгрејв, во

нивното дело Јавните финансии во теоријата и праксата23

. Тие истакнуваат седум

услови што треба да се исполнат за да се формира „добар“ даночен систем, а нивните

услови се:

1. приливот на даночните приходи треба да биде задоволувачки;

2. распределбата на даночниот товар треба да биде рамномерна. Секој треба да

го плати својот дел од даночната обврска, во согласност со начелото за

еднаквост;

3. она што е важно, во овој контекст да се нагласи, е кој крајно го плаќа

данокот;

4. при обезбедувањето на даноците треба да се обрне внимание на тоа да се

минимизира испреплетеноста во донесувањето на економските одлуки, со

што се овозможува успешно функционирање на пазарот, односно мора да се

минимизира „ мртвиот товар на оданочувањето“;

5. структурата на даночниот систем траба да го олесни користењето на

фискалната политика во постигнувањето на стабилизациските и развојните

цели;

6. даночниот систем треба да овозможи правично и непроизволно обезбедување

на данокот;

7. трошоците за наплата и подмирување на даночните обврски треба да бидат

што е можно пониски и во согласност со остварувањето на останатите цели.24

г) пет посакувани принципи на секој даночен систем според

Стиглиц

Даноците неизбежно се болни. Токму затоа, не треба да изненадува фактот што

утврдувањето на даночниот систем отсекогаш било цел на голем број неусогласувања.

Наједноставно кажано, поголемиот дел од луѓето би сакале да се намалат нивните

23

Мusgrave R.A. I A.T, „ Classic in the theory of Public Finance“, Лондон, 1985, 168-177 24

Мusgrave R.A. I A.T, „ Classic in the theory of Public Finance“, Лондон, 1985, 168-177

Page 33: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 33 ~

даноци. Во текот на определувањето за тоа кој е најдобар начин за обезбедување на

потребните приходи државите барале некои општи принципи.

Според Стиглиц25

, историјата на оданочувањето е преполна со примери што говорат за

дисторзивни ефекти. Типичен пример за тоа е дека, во Британија, во 17. век, поради

воведениот данок на прозорците, се граделе куќи без прозорци.

Различните ефекти имаат различно влијание, не само на нивото на инвестициите во

компаниите, туку и на начинот на инвестирање. Оттука може да се заклучи дека на

човекот му е многу полесно да вложи труд во намалување на даноците, отколку во

изработка на подобри проекти или зголемување на производството. Примената на

даноците (како што е данокот на доход, или приносот од капиталот) ја менува

рамнотежата во економијата. Данокот на каматата може да ја намали понудата на

штедењето, а со текот на времето да предизвика и капитален застој. Ова, од друга

страна може да ја намали продуктивноста на трудот на работниците и нивните

активности. Овие индиректни реперкусии на оданочувањето се нарекуваат ефекти на

општата рамнотежа, а имаат значајни дистрибутивни последици и тоа понекогаш во

правец што сосема е спротивен од очекувањата на законодавецот. Данокот на

капиталот може да ја намали понудата на капитал, а со тоа да се зголеми приносот од

капиталот. Во некои случаи, пак, ваквиот данок може да придонесе за зголемување на

степенот на нееднаквост.

Оттука според Стиглиц, постојат пет принципи на „добар“ даночен систем, и тоа:

1. економска ефикасност - даночниот систем не би требало да ја попречува

ефикасната алокација на ресурсите;

2. едноставност во административен поглед - даночниот систем треба да биде

едноставен и релативно евтин за спроведување;

3. флексибилност - даночниот систем треба да биде способен веднаш да реагира

на промените во економското окружување ( во некои слуачи и автоматски);

4. политички одговорен - даночниот систем треба да биде формиран така што

поедниците ќе можат да проверат што плаќаат и да проценат колку тој систем

ги остварил нивните очекувања;

5. правичност - даночниот систем мора правично да се однесува спрема

различните групи поедници.

25

Стиглиц Јосеф, „ Economics of the Public Sector“, 1986

Page 34: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 34 ~

2.3. Ефекти на оданочување

Даноците, во голема мера, влијаат и ја менуваат релативната пазарна цена на

стоките и услугите , поради што може да дојде до „искривување“ ( условно кажано) во

однесувањето на потрошувачите, односно да влијаат врз нивниот кориснички избор.

Ефектите коишто се предизвикувани при оданочувањето се следниве:

ефект на оданочувањето врз корисничкиот избор :

- ефект на доход. При овој ефект доаѓа до промена во потрошувачката

којашто, пак, е резултат на намалувањето ( или зголемувањето ) на реалнииот

доход на поединецот. Овде треба да се земе предвид дека намалувањето на

реалниот доход не значи и намалување на платата. Оданочувањето на

производите и услугите со дано, резултира со зголемување на нивните цени, а

тоа доведува до осиромашување на поединецот при исто ниво на плати. Како

резултат на поскапувањето на производите и услугите коишто тој ги

користел, реално може да си дозволи да купува помалку од нив , при што

неговата куповна моќ е намалена;

- ефект на супституција ( замена ). Промена во потрошувачката настанува и

при овој ефект, поради промена во цените на стоките и услугите .

Потрошувачката на определен производ или услуга по оданочувањето (поради

оданочувањето) се намалува, бидејќи сега таа е поскапа во споредба со другите

стоки и услуги што поединецот ги купува .Крајниот ефект од оданочувањето

претставува сублимат од агрегатното дејство на двата горенаведени ефекта.

Оданочување на доходот на поединецот и избирање меѓу работата и

слободното време

При определена пазарна цена на трудот ( платата ) поединецот прави избор меѓу

работата и слободното време, односно избира колку часа да работи, а колку часа да

има слободно време. Но, данокот на доход претставува ставка во оданочувањето , што

доведува до измена во изборот на поединците. Тоа може да се прикаже преку следнава

формула:

Page 35: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 35 ~

Y = ( 24 - L ) * W - формула за избор на поединецот

каде

Y - дневен приход на поединецот

L - часови на слободно време

W - стапка на работни часови

Данокот на доход предизвикува:

1. благосостојбата на поединецот да се намали;

2. како резултат на оданочувањето, поединецот се определува да има повеќе

слободно време, т.е. помалку да работи;

3. паричните приходи на поединецот се намалуваат;

4. данокот што треба да се добие се изразува преку разликата во платата пред и

платата по оданочувањето. Тоа е претставено преку формулата:

T = Yw - Ye

каде

T – данок;

Ye – плата по оданочувањето;

Yw – плата пред оданочувањето.

И овде влијаат ефектите на супституција и доход. Но, кај овој ефект нивните дејства

се спротивставени. Ефектот на супституција ги стимулира работниците да работат

помалку, бидејќи по оданочувањето доходот што го добиваат е помал. Цената на

слободното време, исто така, се намалува, зашто работниците имаат повеќе слободно

време.

Префрлување (пренесување) на даночната обврска

Префрлувањето на даночната обврска, претставува таква појава каде што со

закон утврдениот даночен обврзник, преку промена на цената, ја префрла даночната

обврска (целосно или делумно) врз трети лица. Префрлувањето на даночната обврска е

направено со посредство на цените. Основната претпоставка за постоење на можноста

за префрлување на даночната обврска е постоењето на пазарните механизми, т.е.

стоковно – паричните односи. Карактеристично е што државната каса не е оштетена,

бидејќи планираниот износ на даноци е собран. Но, од аспект на даночната политика,

Page 36: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 36 ~

не е ирелевантно кој всушност го носи даночниот товар. Во случај кога наместо

даночниот обврзник, кој според законот е обврзан да го плаќа данокот, се појави

некое друго лице - како исполнувач на даночната обврска, тогаш целите на

оданочувањето не се исполенти како што е предвидено. Тие цели може да бидат

сосема спротивни од оние што биле поставени од креаторите на даночната политика.

Натаму се претставени фазите при префрлувањето на даночната обврска. Имено, во

текот на проучувањето на феноменот на пренесување на даночната обврска може да се

забележи дека овој процес на даночно оптоварување од едно на друго лице поминува

низ неколку фази на коишто треба да им се посвети посебно внимание за полесно да

се сфати. Поточно, процесот на пренесување на даночната обврска се состои од

следниве 4 фази:

прекусија или импакт е првата фаза од пренесувањето на даночната

обврска. Таа се состои од воведувањето на даночните обврски и

определувањето на лицето кое ќе го плаќа данокот;

втората фаза од префрлувањето на даночната обврска се вика реперкусија.

Даночниот обврзник, кој е должен да го плати данокот, го прифаќа

даночното оптоварување, но не и да го поднесе, притоа преземајќи мерки за

да се ослободи од него, па префрла врз друго лице. Ова ќе го постигне на

тој начин што данокот ќе го вкалкулира во цената на своите производи и

услуги, а потоа ќе го префрли врз клиентите, односно врз корисникот. Во

тој случај префрлувањето на даночната обврска е нанапред. Даночното

оптоварување може да се префрли на друго лице и во случај кога даночниот

обврзник ќе успее да ја намали набавната цена на стоките,

репродукцискиот материјал или платата на работниците. Во таков случај

станува збор за префрлување на даночната обврска наназад;

инциденцата е третата фаза од пренесувањето на даночната обврска.

Бидејќи на лицето на кое му е пренесена даночната обврска, односно

плаќањето на даноците, не е во состојба на кој било начин да се ослободи од

него, се стекнува со обврската за плаќање и станува конечен плаќач или

уште се нарекува и даночен дестинер. Ако со пренесената даночна обврска

се задолжува лицето кое, според законот, треба да го има даночното

Page 37: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 37 ~

оптоварување, тогаш, со даночната обврска се задолжил даночниот

дестинер;

четвртата и последна фаза во префрлувањето на даночната обврска е

дифузијата, при што се јавуваат ефектите од претходната фаза -

инциденцата. Таа ги претставува ефектите од оданочувањето што се

манифестираат во флуктуациите на понудата и побарувачката на ниво на

националната економија. Тоа значи дека вкупниот ефект што се постигнува

со префрлувањето на даночната обврска има влијание врз движењето на

цените, платите, големината на штедењето, акумулацијата, а со тоа и врз

динамиката на инвестициите во националната економија.

Фактори во префрлувањето на даночната обврска. Постојат повеќе фактори од

коишто зависи процесот на префрлување на даночната обврска. Тие се поделени во

следните три групи, и тоа: економски, субјективни и историски фактори.

Економските фактори што влијаат врз процесот на префрлување на

данокот се анализаираат во услови на постоење слободна конкуренција на

пазарот, т.е. во услови на постоење и дејствување на монополот и при

конјунктурните движења.

1. Префрлувањето на даночната обврска во услови на постоење слободна

конкуренција на пазарот се јавува тогаш кога даночниот обврзник,

користејќи ги флуктуациите на понудата и побарувачката, го пренесува

даночното оптоварување врз неговите купувачи или неговите

добавувачи. Ваквиот тип пренесување, е во зависност од степенот на

еластичност на понудата и побарувачката на оданочените производи. Во

тој контекст, може да се заклучи дека кај непоходните животни

производи еластичноста на побарувачката е многу мала, па поради тоа и

можноста за пренесување на даночната обврска врз потрошувачите е

многу голема. Тоа значи дека процесот на префрлување на даночната

обврска е поголем, доколку степенот на еластичност на побарувачката е

помал. И обратно, доколку степенот на еластичност на побарувачката е

поголем, толку помала е и можноста за префрлување на даночната

обврска. Тоа, пак, значи дека зависноста меѓу можноста за префрлување

Page 38: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 38 ~

на даночната обврска и степенот на еластичност на побарувачката за

конкретниот производ е обратно - пропорционална.

2. Префрлувањето на даночната обврска во случај на постоење и

функционирање на монопол е сосема спротивна ситуација со

претходниот случај. Тоа се условите кога на пазарот доаѓа до

формирање на цените исклучиво под дејство на понудата и

побарувачката. Овде се поставува прашањето: дали може да се

пренесува даночната обврска кога се оданочуваат монополските

производи? За одговорот на ова прашање не постои постои единствено

мислење. Според одделни теоретичари, тоа е невозможно, додека според

други тоа може да се направи . Првите тргнуваат од фактот дека

монополот веќе ја постигнал најдобрата цена на пазарот, па доколку

дојде до зголемување на данокот на монополскиот производ, тогаш

монополистот нема да може да изврши префрлување на даночната

обврска, бидејќи веќе ја искористил најдобрата цена, па нема простор за

ново зголемување, односно префрлување на даночната обврска преку

зголемување на цените. Според втората група, префрлувањето на

даночната обврска е можно во случај на монопол, бидејќи не е секогаш

сигурно дека монополистот, пред оданочувањето, ја искористил

најдобрата цена на пазарот. Монополистот може да ги преиспита

условите што моментално постојат на пазарот (се мисли на современите

економски услови) и ако се утврди дека не ја употребил најдобрата

цена, во тој случај може да ја искористи можноста да ги зголеми цените

и на тој начин да ја префрли даночната обврска врз купувачите.

3. Конјунктурните движења, како фактор за префрлување на даночната

обврска, во голема мера, влијаат на тоа дали воопшто ќе дојде до нејзино

префрлување. Тоа е така, бидејќи движењето на понудата и

побарувачката за одделни производи најчесто зависи од конјунктурната

состојба во националната економија . Имено, во фаза на просперитет,

кога вработеноста расте, растат производството, куповната моќ,

националниот доход, инвестициите и сл., па доаѓа до зголемување на

општата глобалната побарувачка , што им овозможува на продавачите да

Page 39: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 39 ~

извршат префрлување на даночната обврска. Но во фаза на депресија има

стагнација во производството, инвестициските активности,

националниот доход и слично. Во тој случај општата побарувачка опаѓа ,

а нејзе ја надминува понудата на производи и услуги , што го прави

тешко или дури и невозможно на пренесувањето на данокот, зашто за

зголемување на цените не може ниту да се помисли .

Кога се зборува за субјективните фактори во процесот на префрлување

на даночната обврска, тогаш во прв ред се мисли на нивото на организација

на работниците и работодавачите, бидејќи тоа во голема мера може да

влијае врз можноста за префрлување на оваа обврска . Главно, постојат два

случаи, и тоа: кога работодавачите се организирани, а работниците

неорганизирани, и кога и работодавачите, и работниците се организирани.

Првиот случај е многу едноставен, бидејќи организацијата на

работодавачите овозможува префрлување на даночната обврска врз платите

на неорганизираните работници. Вториот случај, кога и работодавачите и

работниците се организирани, во современите држави речиси е правило во

постојните услови на стопанисување. Во светот се познати големи

синдикални организации, тоа пред се во сите индустријализирани и

развиени држави, иако се забележува дека работниците во земјите со

побогата синдикална традиција подобро се организирани, а особено

подобро се организирани висококвалификуваните работници во однос на

неквалификуваните работници. Токму затоа, во време на криза е полесно да

се влијае врз платите на неквалификуваните работници , па на тој начин

може да се префрли и даночната обврска. Во последно време има појава на

т.н. подвижна скала на плати, што се внесува во колективните договори

коишто се потпишани од синдикатите и здруженијата на работодавачи.

Бидејќи во последниве неколку децении инфлацијата е присутна во многу

држави (па дури и со развиени пазарни економии) меѓу кои е и Република

Македонија, се јавува потребата да се заштитат платите од реалното

намалување . Резултат на овие напори и борбата на синдикатите е насочена

кон врзувањето на движењето на платите со индексот на трошоците за

живот. Тоа значи дека штом дојде до зголемување на трошоците за живот за

Page 40: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 40 ~

определен процент , тоа автоматски го поставува прашањето за зголемување

на платите за и тие да се усогласат со трошоците на живот и да ја одржат

нивната вистинска вредност.

Префрлувањето на даночната обврска може да биде предизвикано од голем

број историски, традиционални и други фактори. Така, во време на

различните национални или верски празници побарувачката за одделни

производи може да достигне многу високо ниво, создавајќи притоа услови

за повеќекратно зголемување на цените, а со тоа и можност за префрлување

на данокот. Во прилог на ова, може да се напомене дека постојат историски

и други фактори што можат да влијаат врз пренесувањето на даноците.

Имено постојат голем број производи/услуги чија побарувачка рапидно се

зголемува непосредно пред доаѓањето на зимата или во текот на зимските

месеци, како што се зимска облека, предмети и зимски обувки,

обезбедување гориво и слично. Притоа, цената на овие производи брзо се

зголемува, а поради тоа се создаваат огромни можности за појава на

префлување на даночната обврска.

Трансформација на даноците

Трансформацијата на даноците е таква појава кога даночниот обврзник не се

обидува да се ослободи од даночното оптоварување преку пазарниот механизам,

односно по пат на префрлување на даночната обврска, туку по пат на воведување

некои рационални иновации во процесот на производство. Иновациите ќе резултираат

со зголемување на продуктивноста на трудот.26

Овој ефект од оданочувањето го

потенцирал A.Вагнер , кој вели дека „ данокот ќе се трансформира тогаш кога за

последица ќе има зголемување на ефективноста и подобрување на производните

техники, што резултира со намалување на трошоците за производство, а тоа ги

компензира загубите што биле создадени со даночното оптоварување“27

. Тоа се

случува тогаш кога со иста количина труд и капитал ќе се произведе поголема

количина производи, но без намалување на нивниот квалитет. Во однос на прашањето

26

Perić, A.: Finansijska teorija i politika, стр. 301 27

исто

Page 41: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 41 ~

за тоа кои даноци може да предизвикаат трансформација на даночното

оптоварување, Вагнер заклучил дека тоа би можело да се случи само кај директните

даноци.

Но, денес се смета дека тоа може да се случи и кај директните, и кај

индиректните даноци. Трансформацијата на даноците е еден позитивен ефект од

оданочувањето, иако не се јавува многу често, од проста причина што за оваа

реализација се бараат определени услови. Имено, неопходно е да постојат одделни

технички достигнувања со чија употреба би се зголемило производството , но

истовремено ќе дојде до намалување на производствените трошоци. На крајот, треба и

на пазарот да постојат определени околности со помош на коишто зголемувањето на

производството може да се реализира. За трансформацијата на даноците се дискутира

и во современата литература. Таа е позната и како доходовен ефект од

оданочувањето. Имено, се тргнува од микро аспектите на оданочувањето, бидејќи

данокот за даночниот обврзник претставува намалување на доходот за износот што е

во височина е еднаков на даночниот товар. Логично е да се очекува дека даночниот

товар ќе се настојува на некој начин да се компензира. Еден од начините е да се

зголеми штедењето, односно акумулацијата, а средствата да бидат инвестирани во

модернизација и проширување на производството, така што во наредниот период ќе се

надомести губењето на приходот којшто потекнува од даноците. Зголемувањето на

акумулацијата значи и намалување на личната потрошувачка на даночниот обврзник,

поради што се предизвикуваат и некои економски импликации.

Дејството на оданочувањето врз редистрибуцијата на националниот доход

Како што е познато, во пазарната економија, прераспределбата на доходот меѓу

деловните субјекти се врши на пазарот, преку механизмот на цените и тоа

претставува прва или основна прераспределба на националниот доход. Покрај оваа,

следи и секундарната дистрибуција и редистрибуција на националниот доход што се

Page 42: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 42 ~

одвива меѓу деловните субјекти и граѓаните, од една страна, и државата, од друга

страна. Основна цел на оваа анализа е да се открие како даноците и другите

фискалитети влијаат врз процесот на редистрибуција на националниот доход во

државата. Економското влијание на оданочувањето е забележано многу рано, па

сосема е разбирливо што го свртело вниманието на финансиската наука за да се

испитаат неговите форми и модалитети.

Првата глобална проценка на ваквиот вид ефекти се наоѓа во теоријата на

економскиот либерализам, кој смета дека оданочувањето, како елемент на

редистрибуцијата на националниот доход, доаѓа во судир со принципите на

прераспределбата, што дејствуваат на слободниот пазар. Бидејќи овој конфликт е

неизбежен и оданочувањето претставува "нужно зло". Претставниците на оваа

економска теорија решението го барале во што е можно поголемо олеснување на

конфликтот. Имено, претставниците од оваа економска школа решението го пронашле

во малото и пропорционално оданочување, и во таа смисла истакнуваат дека "

најдобар данок е оној данок што е најнизок "28

.

Друга глобална проценка на овој вид економски ефекти од оданочувањето се

забележува во модерната финансиска теорија, којашто е заснована врз принципот на

одговорност на државата, како дел од организирано општество, и тоа за целокупниот

нејзин раст и развој во економскиот, социјалниот, културниот, демографскиот,

образовниот и научниот живот. Со оглед на овие нови функции на современата

држава, даноците и другите фискалитети имаат многу важно место и голема улога во

прераспределбата на националниот доход. Денес сосема е јасно колку оданочувањето

влијае врз редистрибуцијата на акумулацијатата, меѓу економските сектори и

дејности, меѓу регионите, и слично. Тоа се постигнува на различни начини, односно со

воведување диференцијални даночни стапки, различен третман на одделни форми на

акумулација, даночни ослободувања и концесии за инвестиции во определените т.н.

неразвиени подрачја заради рамномерна територијална дистрибуција на производните

сили на земјата итн. Покрај чисто економските мотиви на ефектите од оданочувањето

врз редистрибуцијата на националниот доход, современата економска теорија, во

последниве години, се повеќе сугерира на социјалните мотиви , особено кога станува

збор за редистрибуцијата на националниот доход преку оданочувањето во однос на

28

Горановиќ Предраг, „ Јавни финансии“, Подгорица, 2008, стр.21

Page 43: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 43 ~

прилагодување на личните примања меѓу различните социјални групи. Ова се

постигнува преку прогресивното оданочување на личните примања и трансфери со

социјални намена. Многумина веруваат дека ова е добар начин за нивелирање на

богатството во општеството каде што постојат големи социјални разлики , а такви се

капиталистичките општества. Меѓутоа, искуството покажува дека, без оглед на тоа што

одделни развиени пазарни економии (како што се САД) имаат воведено такви

прогресивни стапки на оданочување на личните примања на физичките лица , при што

и за највисоките примања стапката на оданочување се движела и до 90 %, сепак бројот

на милијардери не се намалил, туку напротив , со имплементацијата на овие стапки,

уште повеќе се зголемил. Оттука произлегува потребата за поголема внимателност

кога станува збор за ефектите од оданочувањето врз редистрибуцијата на

националниот доход со социјални мотиви и цели. Противниците на високото и

поострото оданочување на приходот укажуваат на некои несакани ефекти од ваквиот

вид од оданочување, бидејќи тоа може дестимулативно да дејствува врз работата и

посветеноста на поединците за постигнување највисоки можни резултати. Во врска со

ова се поставило прашање на ниво на државата: со што овој ефект на оданочување

целосно ќе се реализира? Според познатиот американски финансиски теоретичар

Ричард Масгрејв29

, прогресивното оданочување за усогласување на распределбата

треба да се направи на ниво на централната власт . Ова значи дека прогресивниот

данок на доход , како главен инструмент за оданочување на високите приходи , треба

да биде во надлежност на централната власт. Тоа мислење се смета за сосема

правилно поради една многу важна причина: доколку данокот на доход би бил во

надлежност на локалната власт, тоа за последица би имало многу негативни

последици, бидејќи различните даночни политики во врска со опфатеноста на

повисоките приходи би довеле до поголема миграција на даночните обврзници од

еден во друг регион , а исто така тоа би имало непроценливо големи економски,

социјални и демографски последици.

Дејството на оданочувањето врз економските услови на деловните

субјекти

29

Мusgrave R.A. I A.T, „ Classic in the theory of Public Finance“, Лондон, 1985, 170

Page 44: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 44 ~

Во доктрината на либералниот капитализам се отфрла каква било сугестија за

можноста и потребата од општествена корекција на економските односи меѓу

деловните субјекти. Мешањето на државата во одвивањето на активностите на

компаниите оваа доктрина го смета за сосема штетно, бидејќи тоа би го ограничувало

и попречувало слободното движење на работната сила и капитал, приватната

иницијатива, слободниот пазар и сл., што негативно би се одразило врз вкупниот

економски развој на државата.

Современата економска наука смета дека општествената корекција и

интервенција во економските односи меѓу компаниите целосно се потребни и

неопходни. Ваквиот ефект се анализира од страна на две перспективи, и тоа: од

аспект на стимулирањето на побрз економски развој; и од аспект на

општествената корекција во стекнувањето на доходот. Ефектите од

оданочувањето во однос на стимулирање побрз економски развој се состојат во

фактот дека со оданочувањето се предизвикуваат определени можности за

постигнување побрз економски развој на земјата. Економските политики на многу

држави, денес, во своите програми и цели потенцираат одделни економски сектори и

гранки како приоритетни за побрз развој на целата економија. Затоа на компаниите

што припаѓаат на овие економски сектори и гранки им се даваат определени даночни

олеснувања и ослободувања , овозможувајќи им да се намали даночното оптоварување

и на тој начин поголем дел од профитот да се издвои во вид на акумулација , односно

тој да се насочи во нови инвестиции. Во праксата, се применува и методот на

диференцијални даночни стапки. Поточно, при определувањето на височината на

даночната стапка за секоја група компании се определуваат посебни даночни стапки.

Групата компании што припаѓаат на онаа стопанска гранка којашто во согласност со

програмите за економски развој , е определена како потенцијална за поголем еконоски

развој, се оданочува по пониска даночна стапка , а таа што треба да помогне

поголемиот дел од профитот да се искористи за модернизација на производството,

воведување нови технологии, купување нова опрема и слично. Суштината на овие

мерки е дека со различниот даночен третман се поттикнува побрз развој на оние

компании што, од страна на креаторите на економската политика, се означени како

приоритетни. Ефектите од оданочувањето од аспект на општествената

корекција и стекнувањето на доход, се состојат во создавањето можности од

Page 45: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 45 ~

општественото залагање, преку оданочувањето на добивката или екстра приходот ,

да се обезбедат поголеми износи според влијанието на различните екстремни фактори,

како што земјишната рента, пазарната рента, рударската рента, технолошката рента и

слично. Иако за ова има оправдување, сепак, во праксата тешко е квантитативно да

се утврди кој дел од добивката претставува екстра профит, односно екстра добивка. За

таа да утврди е неопходно најнапред да се определи големината на просечната

добивка или она што квантитативно ја определува просечната профитна стапка. Оваа

стапка , според класичарите , се утврдува на тој начин што износот на вишокот на

вредноста се става во однос на износот на вложениот капитал. Основната

претпоставка е постоењето слободна конкуренција , слободно движење на работната

сила и капитал и така натаму. Сепак, во современи услови , овие претпоставки се

менуваат, бидејќи постојат економски монополи, олигополи, интервенција на државата

на пазарот, а секоја од овие појави има силно влијание врз формирањето на просечната

профитна стапка. Постојат мислења дека просечната добивка треба да се гледа како

форма на општествени конвенции во определен временски период, чијашто

квантитативна димензија претставува еден од параметрите на економската и

фискалната политика. Кои се тие екстремни фактори што придонесуваат за создавање

екстра профит или екстра приход, всушност, е прашање за коешто нема единствен

одговор од страна на современите автори. Имено повеќето сметаат дека тоа се

особено поволните можности на пазарот, поволните услови за употреба на

суровините , а особено поволните и ефективни извори на енергија , од една страна, и

многу поволната државна интервенција, од друга страна . Во таа смисла, пак, се

укажува на различните можни форми на државна интервенција што доведуваат до

создавање екстра профит , како што се: царински ослободувања , субвенционирани

каматни стапки, избирање на девизните средства по понизок девизен курс, ниска цена

на електричната енергија, природен гас, јаглен, изградба на инфраструктурни објекти

со средства од јавните финансии итн. Овде се наметнува прашањето: како

општествено да се опфати вака создадениот екстра профит како форма на

општествена корекција на економските односи меѓу деловните субјекти? Во праксата

постојат две методи од коишто едниот има ex ante и другиот ex post пристап. Според

првиот метод, тоа треба да се постигне така што би се оданочувале само деловните

средства на компаниите или само имотот. Тоа, во основа, значи дека компаниите со

Page 46: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 46 ~

поголем органски состав на капиталот би плаќале и повисоки даноци. Недостаток на

овој пристап е тоа што даночното оптоварување е направено пред утврдувањето на

деловниот резултат на компанијата. Во вториот , ex post метод, општествената

корекција на економските односи меѓу деловните субјекти преку оданочувањето

треба да се направи на тој начин што на крајот од годината, кога се утврдува

резултатот од работењето , ќе се примени прогресивна даночна стапки врз остварениот

профит на компаниите. Друга варијанта на овој ист метод е ако даночната основа за

данокот на доход или профитот се подели на два дела. Првиот дел треба да го

сочинува просечната добивка, односно просечната профитна стапка, што треба да

биде пропорционално оданочена. Вториот дел на даночната основа би ја сочинувала

разликата меѓу просечната добивка или просечниот профит и финансискиот резултат

на компанијата. Оваа разлика, во суштина, е екстра профитот , односно екстра

добивката , но намалена за определен процент, како еден вид стимулативна мерка на

сопствените производни напори. Вака добиениот екстра профит, фискално, би се

зафатил со прогресивно оданочување за да се постигнат саканите ефекти од

општествената корекција на деловните субјекти , односн да се изврши усогласување

на условите за стопанисување. Со тоа фактички се врши ублажување на последиците

од економската нерамнотежа во однос на изедначувањето на стартната позиција во

економски услови на работење на трговските друштва. Екстра профитот, најчесто, е

резултат на определена политика на цени , така што данокот на промет може да заземе

дел од акумулацијата, што е предизвикана од високите цени и, на тој начин, да се

пренесе во корист на оние што не биле во можност да ги зголемат своите цени.

2.4 Даночна политика

Page 47: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 47 ~

Даночната политика може да се дефинира како збир на мерки и активности што

државата ги остварува во областа на оданочувањето постигнување определени цели и

решавање одделни фискални, социјални и економски проблеми. Во потесна смисла на

зборот, пак, под даночна политика се подразбира " практичната реализација на

извршувањето на даночните функции , т.е. даночната политика се сведува на

прагматичната улога на даноците во извршувањето на нивните функции и задачи "30

.

1. Главните прашања кои ги решава даночната политика можат да се

систематизираат на следниов начин:

определување на структурата и елементите на даночниот систем , т.е. бројот и

видовите даноци ( фискални прашања ) ;

организација на одделните видови даноци и нивните конкретни елементи;

сериозност при даночното оптоварување и неговата социјална и секторска

дистрибуција ( социо-економски прашања ) . Прераспределбата на генерираниот

приход во економијата, според даночната политика, треба да се заснова на

социјална правда , но исто така треба да ја олеснува и фаворизира постапката

за постигнување на определени економски таргети (регулирањето на

големината на БДП , врамнотежувањето на одделните пазарни нарамнотежи ,

решавањето на проблемите на локално ниво во врска со одржувањето здрава

животна средина , инфраструктурата, инвестициската активност и сл. ) .

Но, истовремено е важно да се воспостави рамнотежа меѓу флексибилноста и

релативноста на даночните механизми, што дефинитивно претставува предизвик за

одделните влади. Многу често има потреба даночниот систем да реагира брзо на

промените во економското окружување за да може да соодветно одговори на нивната

динамика и да се избегнат некои несакани последици врз економијата. Притоа, сепак,

треба да се има предвид дека, доколку даночното законодавство се реформира

премногу често , тоа нема да доведе до позитивни резултати , бидејќи ќе се намалат

можностите за планирање на инвестициската активност, односно економската средина

(како целина) ќе стане многу несигурна .

2. Економска оправданост на врската " даночни приходи - даночни стапки "

30

Стакиќ Будимир, Јездимовиќ Миленка, „Јавни финансии“, Белград, 2012, стр.117-154

Page 48: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 48 ~

Зависноста меѓу даночните стапки и даночните приходи се отсликува преку

кривата на Лафер ( Laffer's curve ) - Лаферова крива. Кривата ги покажува следниве

ефекти од промената на даночните стапки врз големината на приходите:

математички и

економски .

Математичкиот ефект се изразува така што, при намалувањето на даночните

стапки, даночните приходи ( по единица даночна основа ) се намалуваат сразмерно со

големината на намалувањето на даночната стапка .

Економскиот ефект го зема предвид позитивното влијание на пониските даночни

стапки врз вработувањето и производството , бидејќи на тој начин се создаваат

економски предуслови за стимилирање на економскиот развој на деловните субјекти и

се зголемува нивната мотивација за вклучување во различни стопански дејности .

Овие два ефекта дејствуваат во спротивни насоки во однос на даночните

приходи, па поради оваа причина нивното комбинирано дејство не може да биде

дефинитивно препорачливо . Доминацијата на математичкиот ефект над економскиот,

или обратно, е во зависност од конкретната економска конјунктура во општеството на

одделна држава, карактеристиките на тековната даночна политика , легислативата и

голем број други фактори. Тоа ја условува потребата од прецизни дејствија при

планирањето на промените во даночната политика за остварување на однапред

дефинираните цели и резултати.

Графички, пак, Лаферовата крива укажува на тоа дека даночните приходи се

зголемуваат со побрзо темпо при ниски нивоа на даночните стапки ( тоа се гледа од

стрмниот пад на кривата при ниски даночни стапки ) . Со зголемувањето на даночните

стапки приходите се зголемуваат со побавно темпо, во споредба со промената во

однос на даночната стапка, и тоа се додека се стигне до точката Т * , при што

големината на собраните приходи од државата е максимална . Натамошното

зголемување на даночните стапки ќе има за резултат пониски нивоа на приходи ,

бидејќи ќе предизвика дисторзија врз економските стимулации за работа и штедење .

При хипотетичка ситуација во којашто даночната стапка е 100% , т.е државата го

одзема целиот реализиран приход на економските субјекти , приходите во буџетот ќе

бидат 0 , бидејќи никој нема да има мотив да работи .

Page 49: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 49 ~

Анализата на Лаферовата крива, исто така објаснува како државата може да

собере еден ист приход на 2 начина, и тоа : преку оданочување на мал дел од

населението со висока даночна стапка ( помала даночна основа ); или преку

оданочување на поголем процент од населението со пониска стапка ( поширока

даночна основа ) . Оттука, пак, и даночната реформа може да се јави во следните два

случаи:

1. ако во определен момент даночната стапка е повисока од оптималната стапка Т * ,

тогаш нејзиното намалување ќе доведе до зголемување на даночните приходи поради

проширувањето на даночната основа ;

2. ако даночната стапка се наоѓа под оптималната точка Т * , тогаш зголемувањето на

стапката ќе доведе до раст на приходите , независно од намалената даночна основа.

Графикон 2: Лаферова крива

Извор: Todorović Milan: Nauka o finasijama, I Nauka o porezima, Beograd, 1930

При анализата на даночната политика е потребно да се направи дистинкција меѓу

"максимизирањето на буџетските приходи" и "оптималното ниво на оданочување".

Прашањето, пак, во овој случај гласи: дали точката Т * од горенавадениот графикон во

којашто приходите во буџетот достигнуваат максимална вредност е оптимална од

Page 50: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 50 ~

аспект на благосостојбата на општеството? Во контекст на ова Lawrence B. Lindsey31

развива концепт, во којшто во основата стои поимот " побарувачка на даночен приход

" (demand for taxable income ) . Вообичаено, кривите на побарувачката имаат

негативна насока , па и кривата на побарувачката на даночен приход, исто така, не

прави исклучок од ова правило . Таа покажува дека кога цената на приходот расте ,

побарувачката се намалува . Во овој случај како цена на даночниот приход се зема

даночната стапка , бидејќи нејзината големина го детерминира износот што даночниот

обврзник треба да го плати за секоја дополнителна единица заработен приход . При

нулта даночна стапка на графиконот се покажува приходот што даночниот обврзник

ќе го избере во отсуство на оданочување. При 100 % даночна стапка , како и кај

кривата на Лафер , оданочливиот доход ќе биде 0 и затоа ќе нема приходи во

државниот буџет.

Графикон 3:

Преку концептот на Lawrence B. Lindsey се прикажуваат следниве две важни

аспекта на даночната политика , што влијаат врз донесувањето одлуки за нивото на

31

Lawrence B. Lindsey, „Why Lower, Simpler Taxes Really Are America's Best Hope for Recovery“, 2012

Page 51: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 51 ~

даночното оптоварување: првиот аспект е поврзан со даночните приходи каде

кривата на побарувачката на даночниот приход ( D ) определува колкава ќе биде

даночната основа при зададена даночна стапка од страна на државата; вториот аспект

е поврзан со таканаречениот " excess burden " ( или „мртва точка на оданочување “ ) .

Во економската литература овој концепт се среќава уште и како " мртва тежина "

("deadweight loss " ) . Тоа претставува нето загуба на благосостојбата за даночниот

обврзник. Плаќањето даноци е товар за даночниот обврзник , но во истовреме тоа води

до приход во државниот буџет и буџетот на ЕЛС, па од аспект на општеството (како

целина) на овој процес не може да се гледа како на губење на благосостојбата. Кривата

на побарувачката на даночните приходи , како и секоја друга крива на побарувачката ,

покажува колкава е цената на секоја дополнително произведена единица производ,

при единица приход. За да се оствари дополнителна единица приход секое

домаќинство или компанија мора да се откажат од нешто (слободното време ,

социјалната помош и сл. ) . Поради тоа, овде постои т.н. економска замена ( trade - off )

, каде што кривата на побарувачката ја покажува нето вредноста на определно добро

за корисникот . При определена цена ( во дадениот случај, станува збор за даночната

стапка) корисникот ( даночниот обврзник) ќе се откаже од сите дополнителни единици

приход , чија корисност или вредност за него е помала од онаа што е утврдена со

стапката на државата.

а) Видови на даноци

Во структурата на даночниот систем постојат повеќе видови даноци. Во

зависност од аспектот од којшто се анализираат даноците, се разликуваат следниве

видови даноци:

од аспект на предметот на оданочување :

даноци на личноста - како предмет на оданочување ја земаат физичката

природа на личноста или одделни нејзини квалитети (ергенски данок и

др.);

Page 52: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 52 ~

даноци на имот ( најчесто недвижен , но може да се оданочува и

подвижниот имот) на пример, данокот на имот и данокот на наследство

и подарок;

даноци на определена дејност – земјоделство, турзам, угостителство и

сл.;

данок на промет ( потрошни даноци). Како предмет на оданочување се

зема реализираниот трговски и стоковен промет, што потекнува од

продажбата на производите и услугите, при што даноците се вклучуваат

во нивните цени . Такви се индиректните даноци (ДДВ ) , царините и

акцизите ;

даноци на доход или данок на даноци ( тоа се најновите даноци). Како

предмет на оданочување во овој случај се зема остварениот приход. Во

услови на постоење висок степен на развој на стоковно - паричните

односи и создавање на потребните даночно - технички услови за

основање се овозможува оданочувањето на приходот да биде

сеопфатно;

од аспект на тоа дали даночната обврска директно паѓа на товар на даночниот

обврзник или таа може да се префрли врз трети лица, се разликуваат:

директните даноци - имотните , личните , приходите и данокот на даноци,

каде што даночен субјект и даночен медиум се едно исто лице; и

индиректните даноци – средствата што се добиваат во форма на даноци

потекнуваат од определени трансакции (даноци на потрошувачката);

редовни - присутни во даночниот систем ; и вонредни - се наметнуваат во

согласност со потребите ;

Од аспкет на начинот на оданочување, пак, се разликуваат:

o поволни даноци. Секое физичко лице се оданочува со ист износ на

данок, независно од неговата имотна состојба и солвентност;

o пропорционални даноци. Даночната стапка има константен, т.е. постојан

износ , без оглед на промените во обемот ( збирот ) на даночната основа.

Даночната обврска се менува пропорционално спрема промените во

даночната основа . Поради тоа што даночната обврска е пропорционална

Page 53: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 53 ~

со даночната основа, не се јавуваат промени во однос на приходите пред

и по нивното оданочување;

o прогресивни даноци. Даночната обврска расте прогресивно спрема

растот на даночната основа , па поради тоа доаѓа до промена во односот

на приходите пред и по оданочувањето . Оваа промена секогаш е во

корист на пониските, а на штета на повисоките приходи . Прогресијата

може да се јави во неколку видови, и тоа:

обична или училишна прогресија, или уште може да се сртене

како степенеста прогресија,

комбинирана прогресија, којашто претставува еден вид

широка прогресија и ја олеснува пресметката на даночната

обврска . Кај овој вид прогресија однапред е пресметана

даночната обврска за долната и горната граница на скалата, а

тоа ги олеснува натамошните пресметковни постапки .

И кај двата вида прогресии даночните обврзници се поделени во класи или

групи , во зависност од големината на остварените приходи, и тоа:

o регресивни даноци. Со зголемувањето на даночната основа износот на

данокот и релативната големина на даночната обврска се намалуваат.

Докажано е дека индиректните даноци регресивно дејствуваат, бидејќи

ниските приходи се оптоваруваат повеќе, отколку високите приходи.

Регресивното оданочување, обично, не се применува кај директните даноци;

од аспект на регуларноста на даноците, пак, се разликуваат:

регуларни, што обично се наметнуваат и собираат еднаш годишно ,

нерегуларни (т.е. со привремен или моментален карактер ), што се наметнуваат

поради постоење вонредни, непредвидливи услови и околности и тие најчесто

се еднократни;

од аспкет на начинот на којшто даноците се собираат, постојат неколку видови

даноци, и тоа:

врз основа на поднесената даночна пријава. Тие се собираат врз

основа на претходно поднесена даночна пријава или врз основа на

податоците од даночниот катастар ;

Page 54: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 54 ~

безобложни даноци. Кај коишто фирмите и институциите ги

внесуваат во буџетот за сметка на своите работници и службеници

;

патентни, што се плаќаат во форма на точно определена

апсолутна сума за определен временски период ,а таа државата

му издава на даночниот обврзник дозвола за извршување

определено дејствие со знаење , право или лиценца.

Page 55: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 55 ~

*

Даноците претставуваат најважен составен елемент во системот на јавните

приходи. Тие балгодарение на авторитетот и моќта што ги поседува државата, се

собираат под присила и принудност. Токму поради тоа тие се особено важен и значаен

дел од јавните приходи. За нивното настанување се јавиле и развивале различни

теории, а се со цел да се објасни причината за нивната појава и постоење. Некои од нив

тргнуваат од тоа дека даноците претставуваат цена за услугите што државата ги

извршува за граѓаните; други, пак, дека преку нив се изразува сигурноста што

државата им ја обезбедува на своите граѓани; трети, се изјаснуваат дека даноците

претставуваат еден вид на „жртва“, што граѓанинот ја прави со тоа што издвојува еден

дел од остварените приходи за сметка на државата итн. Исто така, даноците имаат

голем број функции, како што се, на пример дистрибуциска, прилагодлива, економско

- регулаторна, опшествено – социјална, контролна функција и др. Ефектите што се

остваруваат при процесот на оданочувањето се многубројни, а меѓу нив позначајни се:

префрлувањето на даночната обврска, трансформацијата на даноците, дејството на

оданочувањето врз редистрибуцијата на националниот доход и економските услови на

стопанисување, изборот што го прави поединецот меѓу слободното време и приходот

што го остварува, а подлежи на оданочување итн.

При процесот на оданочување исто така треба да се почитуваат определени принципи

за оданочувањето да биде ефикасно, ефективно и праведно. Меѓу познатите принципи

позначајни се: единство на данокот, правичност,економска оправданост на даноците,

сразмерност, сеопфатност, годишност и голем број други принципи. Исто како и кај

јавните приходи, така и кај даноците се развиле и се уште се развиваат голем број

видови што меѓусебно се разликуваат според аспектите од коишто се анализираат.

Page 56: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 56 ~

3. Даноците како извор за финансирање на единиците на локална

самоуправа, со посебен осврт на Единицата на локална самоуправа –

Прилеп

3.1. Даноците и локалното оданочување

Фискалната автономија на локалните власти во голема мера е дефинирана од

обемот на сопствените извори на приходи. Сопствените извори на приходи ја

лимитираат зависноста на општините од владините трансфери и приходите што ги

добиваат од националниот буџет. Локалните даноци, надоместоците за користење и

таксите им овозможуваат на општините да развиваат нови политики, преку користење

на овие потенцијални извори на приходи. Локалната даночна автономија го прави

прибирањето поефикасно и им овозможува на единиците на локалната самоуправа да

воведуваат сопствени мерки на социјална политика. Сопствените извори на приходи,

исто така, ја зголемуваат одговорноста на локалните власти. Даночните обврзници,

вообичаено, ги контролираат одлуките за трошење донесени од страна на општинските

власти во ониe случаи кога трошоците се финансирани преку локалните даноци.32

Меѓу различните такси, надоместоци и даночни приходи, денес, данокот на

имот стана важен извор за финансирање на локалните трошоци. Различните видови

даноци на недвижен имот се дел од новата фискална рамка на современите локални

власти. Во земјите на поранешна Југославија даноците на имот и таксите беа значаен

извор на приходи за локалните власти. Бидејќи се засновани врз принципот на

самофинасирање, не само даноците на приватниот имот, туку и надоместоците за

користење на општествениот и социјалниот имот отсекогаш биле важен извор на

приходи за локалните власти. Оваа традиција е добра основа за поширока употреба на

даноците на имот, како независен извор на приходи за финансирање на буџетите на

локалните власти.

32

Директиви за локалната даночна администрација, 2008

Page 57: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 57 ~

Земјите од Југоисточна Европа постепено ги развиваат сопствените извори на

приходи во процесот на фискалната децентрализација. Основните закони за локалните

даноци на имот се формулирани во текот на изминатата декада низ целиот регион.

Националните и локалните власти веќе го имаат акумулирано потребното знаење и

искуство во врска со креирањето на даночната политика. Со оглед на тоа, пак, главна

задача е да се зголемат приходите од локалните даноци, и тоа преку поефикасна

даночна администрација за обврзниците да се соочат со социјалните последици од

повисокото даночно оптоварување. Крајната цел е да се подобри финансискиот

менаџмент на локалните власти и независните извори на приходи, односно да се

подигне капацитетот на општинските даночни администрации. Во врска со тоа, како

основни извори на приходи, односно извори за самофинансирање на единиците на

локалната самоуправа се следниве:

• локалните даноци33

, односно данокот на имот, данокот на наследство и подарок,

данокот на промет на недвижности и други даноци утврдени со закон;

• локалните такси, т.е. комуналните такси, административните такси и други локални

такси утврдени со закон;

• локалните надоместоци, и тоа надоместокот за уредување градежно земјиште,

надоместокот од кумунална дејност, надоместокот за просторни урбанистички планови

и други локални надоместоци, утврдени со закон;

• приходите од сопственост, т.е. приходите од закупнина на имот, каматите и оние од

продажба на имотот;

• приходите од самопридонес;

• приходите од казни, утврдени со закон;

• приходите од донации, и

• други приходи, утврдени со закон.

33

Николовски, Пеце „Фискална ревизија“, Економски факултет – Прилеп, 2007

Page 58: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 58 ~

3.2. Даночната регулатива за финансирање на ЕЛС Прилеп

Во врска со даночната регулатива во сферата на финансирањето на ЕЛСсе

елаборирани определени законски решенија за најчестите видови извори на

самофинансирање што можат да се сретнат во оддлените ЕЛС. Во продолжение е

направена анализа на локалните даноци на имот.

Локалните даноци на имот , а овде пред се’ се мисли на недвижниот имот, се

едни од главните извори на приходи од неколку причини, и тоа:

предметот на оданочување е видлива, опиплива работа и практично е

невозможно да се избегне плаќањето на данокот на недвижниот имот;

од аспект на даночната администрација, пак, наплатата на данокот на имот е

полесна, бидејќи може да се стави право на располагање со имотот. За

локалните власти тоа е стабилен извор на приход и на долг рок ги следи

промените во локалниот економски развој.

Меѓутоа, за разлика од земјите во Југоисточна Европа, во континентална Европа

локалните даноци на имот, вообичаено, не се значаен извор на приходи . Во земјите со

долга традиција во примената на даноците на недвижен имот вкупниот приход од

даноците на имот изнесува околу 2-3 % од БДП, но просекот во земјите на ОЕЦД е

0,9%. Според тоа, основна претпоставка за пошироко користење на локалните даноци

на имот е нивното влијание врз дистрибуцијата на приходот.

Данокот на имот се набљудува како регресивен данок. Така, сопствениците на

имот со повисок приход плаќаат помалку, односно процент од нивниот вкупен

приход.34

Во земјите во транзиција локалните власти, иако тоа и најчесто не го

преферираат, ги наметнуваат локалните даноци на имот, бидејќи сопствениците со

понизок приход можат да поседуваат недвижен имот, но со висока вредност, па

нивното оданочување може да создаде социјални проблеми.

Ова можеше да се види од примерите во оние земји каде што општествените

станови им беа вратени на нивните станари, при што вредноста на имотот се

34

Ladd, 1998

Page 59: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 59 ~

зголемуваше рапидно. Тоа претставува главна бариера за поширока употреба на

даноците на имот. Меѓутоа, постојат неколку методи за решавање на ваквиот вид

проблеми, и тоа: ослободувања на одделни сопственици на имот од плаќањето даноци

на имот, ограничување на даночното оптоварување како процент од приходот на

домаќинството, замрзнување на даночните стапки или одложено плаќање и сл.

Во продолжение е приложен табеларен приказ на учеството на локалните даноци на

имот, како процентулаен удел во БДП на одделни држави:

Табела 2:

35

Како што може да се види од прикажаната табела учеството на локалните даноци во

БДП кај земјите во Југоисточна Европа, каде што припаѓа и Македонија, е многу

ниско, т.е. помало од 1%, а во Македонија тоа изнесува за 0,5%, според податоците

добиени од ЗЕЛС.

Во следната табела се прикажани процентуалните учества на даноците на имот во

јавните приходи.

35

Извор: NALAS project reports; OECD, 2006: Revenue Statistics 1965-2005, Paris

Page 60: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 60 ~

Табела 3:

36

Од податоците во табелата може да се заклучи дека учеството на локалните даноци на

имот, како составен дел во вкупните приходи, конкретно во Република Македонија,

изнесува 15,7% . Во споредба со останатите држави во регионот, овој процент е многу

висок. Оттука може да се констатира дека локалните даноци на имот играат голема

улога во системот на јавните приходи.

а) Данок на имот

Согласно Законот за даноци на имот37

, во недвижен имот се класифицираат

земјиштата ( вклучувајќи ги земјоделските, градежните, шумските земјишта и

пасишта), станбените и деловните згради ( становите, деловните простории,

административните згради и административните простории) итн. Предмет на

оданочување е недвижниот имот што спаѓа во претходната група, со исклучок на

недвижниот имот што е ослободен од плаќање данок на недвижен имот. Како даночен

обврзник се класифицира физичкото или правното лице кое е сопственик на имотот,

корисник или плодоуживател. Даночната основа се пресметува врз основа на пазарната

вредност на недвижниот имот, што се пресметува со методологијата за утврдување на

36

Извор: NALAS 37

Закон за даноците на имот, „Службен весник“ на РМ бр.61/2004

Page 61: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 61 ~

пазарната вредност на недвижниот имот, пропишана од страна на Владата на

Република Македонија, а на предлог на министерот за финансии. За да се утврди

пазарната вредност на недвижниот имот советот на секоја од општините формира

комисија за таа цел. Притоа, даночната стапка може да се определи како процент од

вредноста на имотот или преку локацијата на имотот. Во Република Македонија

даночните стапки се движат од 0,10% - 0,20% и тие можат да се утврдат во зависност

од имотот за којшто се однесуваат. Движењето на даночните стапки во соседните

држави може да се утврди од следната табела 4.

Табела 4:

Данокот на имот, заснован на вредноста утврдена според методологијата за

утврдување пазарна вредност, се смета како поефикасен, бидејќи подобро ја

рефлектира врската меѓу користењето на локално обезбедените услуги и цената

којашто е платена за нив преку локалните даноци на имот. Така, на пример, куќа во

соседство со подобро изградени патишта и добри комунални услуги, т.е со добар

пристап кон училишта ќе има поголема вредност, па нејзиниот сопственик ќе треба да

плати повеќе. Данокот на имот, заснован на вредноста утврдена според

методологијата, подобро ја прикажува достапноста, односно приходот на

сопственикот е во директна корелациска врска со вредноста на имотот. Меѓутоа,

Page 62: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 62 ~

оданочувањето засновано на локацијата на имотот подобро може да функционира во

земјите со помалку развиен пазар на недвижности каде што цената на недвижностите

брзо се менува, така што даноците засновани на локацијата помалку се променливи.

Во основа постојат 3 техники за проценка на имотот38

, и тоа:

техника врз основа на трошоци, што ги зема предвид трошоците за замена во

зградите и трошоците за подобрувањата. Оваа техника, во прв ред, ги зема

предвид физичките фактори што ја определуваат вредноста на недвижниот

имот. Таа поаѓа од компарацијата и предвидувањето на трошоците за градење

зграда што функционално ќе биде слична со проценетата зграда. Оваа техника

ја вклучува и амортизацијата на зградата, како резултат на намалувањето на

вредноста на имотот, поради неговото користање и другите промени во градот

или во околината. Добиената проценка може да биде дополнета и со емпириски

податоци за трошоците, што се добиваат од градежните фирми или агенти за

недвижности;

техника што, во основа, ја зема предвид компарацијата на продажбата, при што

фактичките продажни цени се приспособени и се во функција на целите на

проценката. Компаративниот метод на продажбата се заснова на фактот дека

проценката во идентични или слични пазарни услови, т.е. слични имоти ќе

можат да се продадат по слични или исти цени. Но, во денешните услови на

стопанисување ова многу ретко може да се случи. Денес предвид се земаат и

факторите за приспособување и корегирање. Поточно, како основа можат да се

земат физичките услови на имотот (локација – макро и микро, материјали –

видови, карактерситики, својства, инсталации и итн.) и времето што е поминато

меѓу продажбите. Исто така, особено важен фактор е да се разграничи

вреднувањето на зградите и земјиштето, бидејќи на таков начин проценката е

многу поточна. Овој компаративен метод функционира многу поефикасно,

доколку има чести продажби, имотите се слични ( на пример, станови, семејни

куќи и др.) и информациите за продажбата се точни и доверливи. Но, доколку

даночната администрација има пристап само до основните информации од

38

IAAO, 1990

Page 63: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 63 ~

купопродажните договори за имотот и височината на данокот на промет тоа

нема да доведе до ниски цени, зашто во тој случај постои синергија меѓу

администрирањето на двата вида даноци.

техника врз основа на вредноста на рентата, што ја пресметува капиталната

вредност на имотот преку процена на потенцијалниот приход што може да се

добие и со примена на стандардната каматна стапка ( C=I/R). Оваа техника го

зема предвид потенцијалниот прилив на приход според проценетата дисконтна

стапка. Вредноста на имотот се пресметува како количник од рентата и

каматната стапка C=I/R . Информациите за рентата можат да се добијат на

пазарот во оние случаи кога станува збор за често изнајмување на становите,

канцелариите, продавниците, деловните или административните простории и

сл. Рентите што се земаат предвид можат да бидат во бруто или нето износ, при

што не се вклучуваат трошоците за одржување и оперативните трошоци.

Стапката на капитализација, што се зема предвид за проценка на вредноста на

имотот треба да биде приспособена на каматната стапка на другите инвестиции,

а на тоа се додава и нивото на ризик што постои на пазарот за недвижности и

др. Овој метод се фокусира на побарувачката на пазарот за недвижности.

Доколку проценката на приходот од рентата се заснова на највисоката можна

рента, во тој случај сопствениците на имотот ќе бидат принудени да го

максимизираат приходот од користењето на тој имот. Во случај на водење

бизнис се врши голем притисок за да се постигне највисок можен приход и да

се водат што е можно пропрофитабилни и поекономични активности со имотот

што е предмет на оданочување. Меѓутоа, ваквата техника не може да се

спроведува со висок степен на ефикасност, доколку имотот е исклучителен или

многу редок, затоа што не постојат слични имоти со коишто може да се

споредува или имотот може да се користи само за специфични цели. Во ваквите

случаи треба да се користи првата техника, односно техниката на трошоци.

Јавното признавање и општото прифаќање на резултатите од проценката на

имотот може да се подобри ако даночните стапки се дефинирани според различни

групи имоти. Ова практично решение е идејно решение на Обединетото Кралство,

каде што данокот е дефиниран за определни групи имоти , во согласност со нивната

Page 64: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 64 ~

вредност. 39

Имено, станува збор за 8 групи и соодносот на вредноста на имотот е 1:8.

Во првите четири групи секоја група е рангирана со околу 30% од најниската

вредност, додека највисоката вредност изнесува 50%. Исто така, различни даночни

стапки можат да се употребат кај различните групи и на таков начин може да се

постигне определен степен на прогресија.

Исто како и кај останатите даноци, така и кај данокот на имот постојат даночни

олеснувања и ослободувања. Даночните ослободувања постојат кај следниве видови на

имот:

недвижниот имот40

што е во сопственост на државата, односно го користат

државните органи;

недвижниот имот на странските и конзуларните претставништва и

меѓународните претставништва, доколку се во нивна сопственост, под услов на

реципротитет;

недвижниот имот во сопственост на Народна банка на Република Македонија;

земјиштето и зградите во сопственост на верските заедници;

економските згради во земјоделството;

објектите за заштита на водите, воздухот и зејмиштето и др. ( овие ставки се во

согласност со Законот за даноците на имот);

Согласно Законот за даноците на имот, даночните обврзници за данок на имот

имаат обврска до локалната даночна администрација да поднесат даночна пријава

најдоцна до 31 јануари во годината за којашто се врши утврдување на данокот на

имот41

. Оној даночен обврзник на данокот на имот кој веќе поднесол даночна пријава

нема обврска да поднесува нова пријава за истиот имот, доколку не настанале

промени во податоците што претходно биле внесени во даночната пријава.

Општината го донесува првото решение на даночниот обврзник за данокот на имот по

пријава, а следните решенија се носат по службена должност. Содржината на пријавата

е пропишана од страна на Министерството за финансии. Градоначалникот, најдоцна

до 31 март, по службена должност, секоја година донесува решение со коешто се

утврдува данокот на имот. Општинската даночна администрација врши подготовка на

39

Mcluskey, 1999 40

Закон за даноците на имот, „Службен весник“ на РМ бр.61/2004 41

Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа на финансискиот

менаџмент, 2007

Page 65: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 65 ~

решенијата во согласност со податоците што ги има добиено врз основа веќе

поднесената даночна пријава, а тие податоци се веќе внесени во Регистарот за

недвижен имот. По донесувањето на решението, се врши негова достава (преку пошта,

лично или на еден од начините утврден согласно Законот за општа управна постапка42

)

до даночниот обврзник. Постапката за добивање решение за данок на имот, од

моментот на доставувањето на даночната пријава од страна на даночниот обврзник и

нејзиното архивирање во архивата на одделението за администрирање приходи

(конкретно за едницата на локалната самоуправа – Прилеп), па се’ до добивањето на

решението е претставена преку следните слики43

:

Слика 144

Постапката за добивање решение за данок на имот започнува со доставување даночна

пријава од страна на даночниот обврзник до архивата на одделението за

администрирање даноци при единицата на локалната самоуправа.

Потоа, од архивата даночната пријава, комплетирана со потребните документи,

формирајќи соодветен предмет за работа, се доставува до референтот на даночното

42

Закон за општа управна постапка, „Службен весник“ на РМ 43

Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа на финансискиот

менаџмент, 2007 44

Исто

Page 66: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 66 ~

одделение. Формираниот предмет се доставува до Комисијата за утврдување на

пазарната вредност на недвижниот имот. Таа ја утврдува вредноста, и тоа според

методологијата за утврдување пазарна вредност, а предметот (заедно со направениот

записник) се доставува до соодветниот референт. Референтот го обработува предметот

и го изготвува решението за данокот на имот и го враќа назад до архивата. Оваа

постапка е претставена на слика бр.2:

Слика 245

45

Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа на финансискиот

менаџмент, 2007

Page 67: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 67 ~

Слика бр.346

Слика бр. 447

46

Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа на финансискиот

менаџмент, 2007 47

исто

Page 68: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 68 ~

Последна фаза од постапката е доставувањето на решението за данок на имот. Тоа

се доставува до даночниот обврзник, а тој врз основа на него, врши уплата на

данокот и тие средства одат на трезорската сметка на Република Македонија.

б) Данок на наследство и подарок

Според Законот за даноците на имот48

, данокот на наследство и подарок се

плаќа на недвижен имот и правото на плодоужување и користење недвижен имот, што

наследниците или примателите на имотот го наследуваат согласно Законот за

наследување, односно го примаат според договорот за подарок. Исто така, покрај на

недвижниот имот, овој данок се плаќа и на хартии од вредност, готови пари или

парични побарувања, доколку нивната вредност е повисока од едногодишната

просечна плата во Република Македонија во претходната година, според податоците

добиени од Државниот завод за статистика.

Даночен обврзник кај овој вид данок претставува физичко или правно лице

коешто го наследува или добива како подарок претходно наведениот имот. Даночниот

обврзник може да биде резидент или не на Република Македонија, доколку станува

48

Закон за даноците на имот, „Службен весник“ на РМ бр.61/2004, член 10

Page 69: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 69 ~

збор за имот што се наоѓа на територијата на државата. Ако наследникот, односно

примателот на имотот го префрли на трето лице, тогаш обврската за плаќање на овој

данок се префрла на лицето кај кое преминува сопственоста.

За даночна основа се зема пазарната вредност што ја има имотот којшто се

наследува, односно добива како подарок, и тоа во оној момент кога настанала

даночната обврска, а таа се намалува за износот на долговите и трошоците што паѓаат

на товар на имотот којшто е предмет на наследување, односно подарок. Пазарната

вредност се утврдува според методологијата за утврдување пазарна вредност (за

којашто претходно беше објаснето).

Во однос на височината на даночните стапки треба да се нагласи дека тие се

детерминирани во зависност од тоа за кој наследен ред станува збор, па оттука тие се

пропорционални со фактичката состојба. Имено, кога станува збор за прв наследен ред,

тогаш имотот што се наследува, односно добива како подарок не е предмет на

оданочување и овие наследници, т.е. приматели на имот се ослободени од плаќање на

овој вид данок. Даночните стапки за втор наследен ред, се движат од 2% до 3%, а за

трет наследен ред или за наследници коишто не се во сродство со оставителот, тие се

движат од 4% до 5%. Овде, треба да се напомене дека височината на даночните

стапки се утврдува во согласност со одлуката на советот на општината, односно во

конкретниот случај советот на општина Прилеп.

Даночните ослободувања49

кај данокот на наследство и подарок се јавуват во

следниве случаи:

кога наследникот, односно примателот на подарокот е од прв наследен ред;

наследникот, односно примателот на подарокот е од втор наследен ред, кога

како подарок или наследство се добива стан во колективна станбена зграда

односно семејна куќа, ако тој со оставителот или дародавачот тој живеел заедно

најмалку една година пред неговата смрт;

доколку на наследникот , односно примателот на подарок, од втор наследен ред,

како основна дејност му е земјоделството, а како подарок, односно наследство

добие земјоделско земјиште и економски згради. Но, притоа, тој со оставителот

на имотот, односно дародавачот треба да има живеено најмалку една година

пред неговата смрт;

49

Закон за даноците на имот, „Службен весник“ на РМ бр.61/2004, член 17

Page 70: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 70 ~

државните органи50

;

организациите на Црвениот крст;

хуманитарните, социјалните, научните, образовните, културните и верските

установи и заедници;

Народна Банка на Република Македонија;

органите на општините;

органите на град Скопје и

органите на општините во град Скопје.

Постапката за донесување решение за данокот на наследство и подарок, како и

потребните документи што се доставуваат до одделението за адмнистрирање приходи

при Локалната самоуправа – Прилеп е претставена на следната слика51

:

Слика 552

50

Закон за даноците на имот, „Службен весник“ на РМ бр.61/2004, член 18 51

Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа на финансискиот

менаџмент, 2007 52

Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа на финансискиот

менаџмент, 2007

Page 71: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 71 ~

Даночната пријава, што е пропишана од страна на министерот за финансии, заедно со

актот со којшто се докажува наследството, плодоуживањето или користењето

(оставинското решение, договорот за распределба на имот за време на живот,

договорот за подарок и сл.) се доставува до архивата во Општината, односно во ЕЛС

Прилеп. Натаму, постапката за изготвувањето и издавањето решение за данок на

наследство и подарок е идентична со постапката за добивање решение за данок на

имот.

Page 72: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 72 ~

в) Данок на промет на недвижности Под промет на недвижности, согласно член 19 од Законот за даноците на имот

53,

се подразбира преносот со надоместок на правото на сопственост на недвижнините,

замена на еден со друг невижен имот, вклучувајќи го и кој било друг начин за

стекнување сопственост со право на надоместок меѓу правните и физичките лица. Овој

вид промет, согласно Законот, подлежи на данокот на промет на недвижности. Исто

така, како промет на недвижности се смета и преносот на хартии од вредност, како

резултат на компензација.

Даночен обврзник на данокот на промет на недвижности може да биде физичко

или правно лице коешто е продавач на недвижниот имот. Исто така, како обврзник

може да се јави и купувачот, доколку тоа е наведено во договорот за купопродажба.

Но, кога станува збор за физичка делба, тогаш со данокот на промет на недвижности

се обврзува оној учесник кој добива поголем дел од недвижноста што е предмет на

физичката делба. Ако се пренесува идеален дел од сопственоста, тогаш за даночен

обврзник се смета секој оној кој станува сопственик. Кај договорот за доживотна

издршка даночен обврзник е примателот на издршката, односно сите оние кои се

негови наследници.

Како даночна основа кај данокот на промет на недвижности се зема пазарната

вредност на имотот кој е предмет на прометот, а е утврдена според методологијата за

утврдување пазарна вредност. Во случај на размена, пак, како даночна основа се зема

разликата во пазарните вредности на недвижниот имот што се разменува. Ако како

предмет на купопродажба е имот што се наоѓа во стечајна или извршна постапка,

тогаш како даночна основа се зема онаа вредност што била постигната со

купопродажбата.

Височината на даночните стапки кај данокот на промет на недвижности се

определува со одлука од совет на конкретната општина, а тие можат да бидат во

интервал од 2% до 4% од вредноста на недвижниот имот.

Даночни ослободувања кај овој вид данок се среќаваат во следниве случаи:

53

Закон за даноците на имот, „Службен весник“ на РМ бр.61/2004, член 19

Page 73: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 73 ~

кај прометот на недвижности што се врши во постапка на комасација или

експропријација;

кога како преносител на правото на сопственост се јавува конзуларно или

странско дипломатско претставништво, под услов на реципроцитет;

кај прометот на недвижности меѓу државни органи, органи на општините,

органи на град Скопје;

при тргувањето со хартии од вредност, во согласност со Законот за хартии од

вредност;

кога банките се стекнуваат со право на сопственост на недвижниот имот што го

добиле како резултат на наплата на парично побарување, а истиот успеале да го

продадат во временски рок од 3 години.

Постапката за добивање решение за данокот на промет на недвижности, заедно со

потребните документи, е следнава:

Слика 654

54

Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа на финансискиот

менаџмент, 2007

Page 74: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 74 ~

Даночната пријава, што посебно е изготвена и пропишана за промет на

недвижности од Министерството за финансии, заедно со потребната документација

(договорот за купопродажба, договорот за замена на недвижности, договорот за

доживотна издршка и сл.) со имотниот лист што го издава Државниот катастар за

геодетски работи се доставува до архивата. Натаму постапката за добивање решение

за данок на промет на недвижности е идентична како и постапките што беа

образложени за добивање на претходните видови решенија.

3.3. Анализа на динамиката на даночните приходи во ЕЛС

Прилеп

Page 75: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 75 ~

Даноците како фактор за финансирање на Единицата на локалната самоуправа

– Прилеп, заедно со приходите што доаѓаат од дотациитеж претставуваат најзначаен

извор за финансирање во однос на вкупните приходи што ги остварува Општина

Прилеп. Даночните приходи, како составен дел во вкупните приходи, се состојат од

следните видови даноци:

данокот од доход, данокот од добивка и капитални добивки;

даноците на имот;

даноците на специфични услуги;

таксите за користење или дозволите за вршење дејност.

Со најголем процент во вкупните даночни приходи, учествуваат даноците на

имот и даноците на специфични услуги, каде што спаѓаат комуналните даноци.

Анализата на динамиката на даночните приходи во ЕЛС - Прилеп детално е направена

за временскиот период од 2010 до 2013 година, при што се разгледува за секоја година

одделно во тој период.

Буџетот на ЕЛС - Прилеп за 201055

година, според проекцијата за 2010 година

бил во износ од 957.746.000 денари, но со ребалансот подоцна изнесувал 891.268.000

денари. Во следната табела се прикажани оддлените видови приходи и нивните износи

во ЕЛС Прилеп во 2010 година.

Табела 5 Приходи во 2010 година

55

http://www.prilep.gov.mk/

Page 76: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 76 ~

Видови приходи Буџет

Даночни приходи 193.169.000

Неданочни приходи 78.845.000

Капитални приходи 49.400.000

Приходи од дотации 511.160.000

Трансфери 58.694.000

Приходи од донации 0

Вкупно 891.268.000

На графикони се претстваени процентуланите износи на одделните видови приходи во

2010 година:

Графикон 4:

Од графичкиот приказ може да се заклучи дека во вкупните приходи во текот на 2010

година со најголем процент учествувале приходите од дотации, и тоа со 50%, а

даночните приходи учествувале со 22 %. Тоа значи дека даночните приходи биле едни

од најзначајните извори за финансирање на ЕЛС Прилеп.

Структурата на даночните приходи во 2010 година, пак, е прикажана во табела

6.

Page 77: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 77 ~

Табела 6 Даночни приходи во 2010 година

Даночни приходи во 201056 година

Вид на приход Буџет Ребаланс

Данок од доход, добивка и капитална добивка

7.900.000 6.100.000

Даноци на имот 66.000.000 66.272.000

Даноци на специфични услуги 121.900.000 109.997.000

Такси за користење или дозволи за вршење на дејност

11.400.000 10.800.000

Како предмет на истражување, се земени даноците на имот, бидејќи тие се најзначаен

и најголем дел во даночните приходи на ЕЛС - Прилеп. Даноците на имот се составени

од следните видови:

данокот на имот;

данокот на наследство и подарок и

данокот на промет со недвижности.

Во табела 7 се прикажани даноците на имот и нивните износи во буџетот на ЕЛС -

Прилеп, во 2010 година:

Табела 7 Даноци на имот во 2010 година

Даноци на имот57 во 2010

Вид на данок на имот Буџет Ребаланс

Данок на имот 29.000.000 39.272.000

Данок на наследство и подарок

2.000.000 2.000.000

Данок на промет на недвижности

35.000.000 25.000.000

56

http://www.prilep.gov.mk/ 57

http://www.prilep.gov.mk/

Page 78: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 78 ~

Процентуланиот однос на даноците на имот е претставен со графичкиот приказ на

графикон 5.

Графикон 5

О д претходно прикажаните табела и графикони може да се забележи дека со најголем

процент е застапен данокот на промет на недвижности, т.е. со 53% од вкупните даноци

на имот или во апсолутен износ 35.000.000 денари. Исто така, со особено голем процент

(44%) е застапен данокот на имот кај физичките и правните лица или 29.000.000

денари, а со најмал процент е застапен данокот на наследство и подарок, т.е. со 3%

или 2.000.000 денари.

Значи, во споредба со 2010 година буџетот е поголем и изнесува 1.003.441.000

денари. Износот на поединечните видови приходи, што се составен дел од системот на

вкупните приходи, е прикажан на следната табела 8.

Page 79: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 79 ~

Табела 8 Приходи во 2011 година

Приходи во 2011 година

Видови приходи Буџет

Даночни приходи 213.700.000

Неданочни приходи 122.464.000

Капитални приходи 64.700.000

Приходи од дотации 517.366.000

Трансфери 84.800.000

Приходи од донации 411.000

Вкупно 1.003.441.000

На графиконот 6 можат да се видат и процентуланите удели.

Графикон 6

Според прикажаните податоци за 2011 година, може да се забележи дека даночните

приходи, како и воопшто вкупните приходи, бележат раст во однос на 2010 година за

3,13% , односно од 207.200.000 денари ( колку што изнесувале во 2010 година) во

201158

година тие бележат раст и истите изнесуваат 213.700.000 денари. Иако

58

http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/BUXET%202011.pdf

Page 80: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 80 ~

даночните приходи бележат пораст, сепак, постојат резерви кај сите даночни приходи

преку зголемување на опфатноста на даночните обврзници и целосна примена на

методологијата на пазарна вредност на недвижниот имот. 59

Исто така, и неданочните

приходи бележат раст, односно од 78.845.000 денари во 2010 год. Тие изнесуваат

122.464.000 денари во 2011 година. Тоа се должи, пред се, на процесот за легализација

на дивоизградените објекти. Најголем раст се забележува кај административните такси.

Овие движења се претставени на графиконот 7.

Графикон 7

Оттука може да се забележи дека и износот на даноците на имот, исто така, бележи

раст, во однос на оној од 2010 година. Меѓутоа, во овој период доаѓа до промена на

застапеноста на одделните видови даноци на имот, т.е данокот на имот, данокот на

наследство и подарок и данокот на промет со недвижности. Имено, во 2010 година

најзастапен бил данокот на промет на недвижности, и тоа со 53% од вкупните даноци

на имот, додека во 2011 година, оак, тој процент се намалува на 46%, но доаѓа до

зголемување на данокот на имот на 51% (од 44% со колку што бил застапен во 2010

59

http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/finansiski/Godisen%20za%202011-korigiran%201.pdf

Page 81: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 81 ~

година). За разлика од таа промена, кај данокот на имот нема никаква промена,

односно тој останува ист ( 3%).

Поединечните учества на даноците на имот се прикажани на следниот графикон .

Графикон 8

Подобро прикажување на анализираната динамика, е приложен и линискиот дијаграм

од каде што се добива детален преглед на испитуваната појава.

Графикон 9

Page 82: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 82 ~

Даночните приходи и во 201260

година продолжуваат со растечки тренд и

изнесуваат 1.073.871.000 денари, наспроти 1.003.441.000 денари во 2011 година, при

што е забележан раст од 7,02 % во однос на претходната година. Исто така, доаѓа до

раст и на застапеноста на даночните приходи во вкупните приходи на ЕЛС - Прилеп.

Така, во 2011 година тие учествуваат со 11 % во вкупните приходи на

општината, а во 2012 година тој процент се зголемува на 28% учество во вкупните

приходи или, во апсолутен износ, тие изнесуваат 295.287.000 денари.

Графикон 10

Со следниот линиски дијаграм е прикажано зголемувањето на даночните приходи во

периодот од 2010 до 2012 година.

60

http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/budget2012.pdf

Page 83: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 83 ~

Графикон 11

Во истиот период и приходите од даноците на имот бележат раст. Имено,во 2012

година тие изнесуваат 77.100.000 денари во споредба со 2011 година , кога изнесувале

76.900.000 денари или тие се зголемиле за 0,26 % во однос на претходната година .

Кај застапеноста на различните видови даноци на имот, пак, нема промени.

Процентуалниот однос на данокот на имот, данокот на наследство и подарок и данокот

на промет со недвижности, останува ист како и во 2011 година.

Динамиката на движење на приходите од даноците на имот во 2010, 2011 и 201261

година е претставена преку следниот линиски дијаграм ( види графикон 12).

61

http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/budget2012.pdf

Page 84: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 84 ~

Графикон 12

Во 201362

гоина продолжува позитивниот тренд на движење на вкупните

приходи во буџетот на ЕЛС - Прилеп, така што тие изнесуваат 1.176.834.000 денари,

односно бележат раст за 9,58% во однос на 2012 година. Табеларниот приказ на

одделните видови приходи што ги сочинуваат вкупните приходи, како и нивните

износи е прикажан на следната табела.

62

http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/budget2013.pdf

Page 85: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 85 ~

Табела 9 Приходи во 2013 година

Приходи во 201363

година

Видови приходи Буџет

Даночни приходи 301.089.000

Неданочни приходи 90.273.000

Капитални приходи 172.350.000

Приходи од дотации 536.156.000

Трансфери 71.361.000

Приходи од донации 5.605.000

Вкупно 1.176.834.000

Од друга страна, пак, нивниот процентуален износ, е прикажан со следниот графикон

13.

Графикон 13:

63

исто

Page 86: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 86 ~

Оттука се забележува дека и даночните приходи бележат раст. Како што може да се

заклучи од прикажаната табела, тие изнесуваат 301.089.000 денари во споредба со 2012

година кога изнесувале 295.287.000 денари, односно е забележан раст за околу 2% во

однос на претходната година.

Табела 10 Даночни приходи во 2013 година

Даночни приходи во 201364

година

Вид на приход Буџет

Данок од доход,

добивка и капитална

добивка

7.700.000

Даноци на имот 77.689.000

Даноци на

специфични услуги

202.983.000

Такси за користење

или дозволи за

вршење на дејност

12.717.000

Динамиката на движење на даночните приходи во периодот од 2010-2013 година,

подетално е претставена на следниот линиски дијаграм (види графикон 13).

Графикон 13

64

http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/budget2013.pdf

Page 87: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 87 ~

Според податоците, кај даноците на имот се забележува раст од 1% учество на

данокот на имот во вкупните приходи, но доаѓа до намалување на учеството на

данокот на промет на недвижности, што во 2013 година изнесува 45%, а во 2012

година изнесувало 46%. Учеството на данокот на наследство и подарок останува

непроменет.

Овие движења се претставени на следниот графикон 14.

Графикон 14

Page 88: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 88 ~

Во следната табела, пак, се претставени одделните видови даноци на имот, според

износите, во испитуваните години, т.е. во периодот од 2010 година до 2013година.

Табела 11 Даноци на имот 2010-2013 година

Даноци на имот 2010-201365

година

2010 година 2011 година 2012 година 2013 година

Данок на имот 29.000.000 39.500.000 39.600.000 40.189.000

Данок на

наследство и

подарок

2.000.000 2.400.000 2.500.000 2.500.000

Данок на

промет на

недвижности

35.000.000 35.000.000 35.000.000 35.000.000

Од изнесените податоци, може да се види дека најголем раст на приходите од даноците

на имот е забележан во 2011 година, кога приходите од данокот на имот се зголемиле

од 29.000.000 денари во 2010 година, на 39.500.000 денари во 2011 година. Исто така,

приходите од данокот на наследство и подарок се зголемиле од 2.000.000 денари во

2010 година, на 2.400.000 денари во 2011 година. Ваквата динамика е прикажана со

помош на линискиот дијаграм ( види графикон 15).

65

http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/pdf

Page 89: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 89 ~

Графикон 15:

Од вкупно предвидените даночни приходи во 201066

година, биле реализирани 93,22%,

што е многу висок процент на наплата на предвидените приходи. Во 201167

година

реализацијата на даночните приходи била 87,54% од превидените средства во буџетот.

Овие 87,54% биле наплатени своеволно од страна на даночните обврзници, а

останатите биле наплтани преку користење на механизмот за присилна наплата. На

ваков начин во ЕЛС - Прилеп, се преземаат оние активности што водат кон

минимизирање на даночната евазија. Во 201268

година, според податоците од буџетот,

биле реализирани 71,95% од предвидените даночни приходи. Процентот на наплата на

даночните приходи во периодот од 2010 година до 2012 година е претставен преку

линискиот дијаграм ( види графикон 16).

Графикон 16

66

http://prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/BUXET%202011.pdf 67

исто 68

исто

Page 90: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 90 ~

Според претходно изнесените елаборирања и од графиконот може да се заклучи дека

процентот на наплата на даночните приходи од година во година опаѓа. Тоа, пред се, се

должи на фактот што во овој временски период најмногу се чувствувало влијанието на

светската економска криза, што не ја одмина ниту Република Македонија.

3.4. Даночна евазија во ЕЛС Прилеп – причини и последици

Даночната евазија претставува збир на активности што даночниот обврзник ги

презема за да избегне плаќање на данокот кога тој ќе оцени дека неговата даночна

обврска и стапката на даночно оптоварување е превисока.69

Оттука тој често се

определува за дефрадуација, ризикувајќи притоа и казна.

„ Даночната евазија често го деформира остварувањето на целите на даночната

политика и практично го анулира еден од напорите со оданочувањето да се постигне

висок степен на рационалност, целисходност, правичност и ефикасност.„70

Даночната евзија може да се јави во 2 облика, и тоа: законска или допуштлива и

незаконска или недопуштлива. Секој од овие облици има свои карактристики, и тоа:

69

Стакиќ Будимир, Јездимовиќ Миленка, „ Јавни финансии“, Белград, 2012, стр.117-154 70

Петровиќ Мирослав, „Оданочувањето и даночното право“, Белград, 1989, стр.25

Page 91: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 91 ~

1. законска даночна евазија е онаа кај којашто даночниот обврзник со определени

активности или пропусти во работењето не доаѓа во кофликт со законот. На

пример, никој не е приморан да купува цигари, па ако не ги купи (што не е

казниво со закон) нема да плати ниту данок, којшто е вклучен во нивната цена.

На ваков начин се оценува и дали даночното оптоварување е превисоко.

Доколку даночната евазија е поголема од даночните приходи,

тогашоданочувањето е превисоко.

Законската евазија може да биде: намерна и ненамерна.

Намерна даночна евазија е онаа кога даночниот обврзник презема одделни

активности или прави определени пропусти, за да не го плати данокот. Овој вид

евазија најчесто се јавува кај директните даноци. Ако, на пример, даночниот

субјект го промени местото на работење за да го избегне плаќањето данок, тогаш

станува збор за намерна даночна евазија. Законска даночна евазија се јавува тогаш

кога се намалува потрошувачката на оние поизводи што високо се оданочени. На

пример, кога се намалува потрошувачката на цигари и пијалаци, при што преку

потрошувачката се избегнува плаќањето даноци.

Ненамерна законска даночна евазија настанува кога даночниот обврзник

презема одделни акривности или прави пропусти, но не со цел да го избегне

плаќањето данок, туку поради неко други причини. На пример, ако потрошувачот

на цигари престане да пуши ( поради здравствени причини), тој го избегнал

плаќање данок, но за тоа тој не е свесен и затоа станува збор за ненамерна даночна

евазија;

2. незаконската евазија настанува тогаш кога даночниот обврзник, за да избегне

на плаќање данок, се соочува со законот или со другите правни прописи што ја

регулираат оваа правна материја.

Постојат два облика на незаконската евазија, и тоа:

- затајување или дефрадуација – кога даночниот обврзник воопшто не пријавил

или погрешно пријавил некои елементи на даноците и со тоа ги доведува до

заблуда даночните органи за неговата даночна сила. Доколку даночниот

обврзник оствари приход од десет милиони денари, а пријави само пет милиони

денари, тогаш станува збор за делумна дефрадуација. Меѓутоа, доколку не

пријави воопшто приходи, тогаш станува збор за целосна дефрадуација;

Page 92: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 92 ~

- контрабанда или криумчарење – кога стоката, скришно, т.е. незаконски се

пренесува преку граница ( и со тоа се избегнува плаќањето на царините,

данокот на додадена вредност, акцизите или другите видови посредни даноци).

Во ваков случај, најчесто се работи за индиректните даноци. Тоа се казнува со

запленување на стоката, парично или со лишување од слобода, па дури и

кумулативно, кај потешките случаи.

-

а) Феноменот на даночано затајување

Даночното затајување не е нов феномен. Неговото постоење се манифестира

долго време и се уште продолжува да се наметнува со растечки предзнак, наспроти

дејствијата на даночните органи и владите. Тоа покренува релевантни прашања за

широк спектар општествени науки, на пример, сметководството, психологијата ,

политичките науки, и социологијата.71

Една севкупна дефиниција за даночното

затајување е минимизирање на една даночна обврска со низа методи со коишто се

повредуваат одредбите на даночната регулатива и даночните органи . Тоа е кривично

дело коешто, доколку се открие, може да доведе до наметнување кривична постапка

против даночниот обврзник.

Даночната измама, односно даночната евазија е форма на намерно даночно

затајување, што обично е казнива според законот. Овој термин вклучува најразлични

ситуации при коишто можат намерно да се поднесуваат лажни декларации или лажни

документи. Даночното затајување обично се изразува како низа незаконски

активности преку коишто се кријат или лажираат даночните обврски. Поточно,

даночниот обврзник плаќа помалку даноци, отколку што законски е обврзан да плати, а

тоа го прави преку криење на примањата или информации до даночните органи.

б) Причина за даночна евазија

Причините поради коишто настанува даночната евазија во функционирањето на

ЕЛС - Прилеп, а воедно и во Република Македонија можат да се класифицираат во

следниве групи72

:

71

Webley , Х Робен , Х Elffers и D. Hessing - 1989 72

http://www.ujp.gov.mk

Page 93: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 93 ~

субјективни причини. Оваа група тесно е поврзана со личноста на даночниот

обврзник, па причините најчесто се манифестираат како: даночна неписменост,

неинформираност или погрешна информираност во врска со практичната

примена на законските прописи според пропишаната даночна регулатива во

земјата, неможноста за правилна примена на даночната регулатива поради

нејасни измени, промени или дополнувања во даночните законите што

даночниот обврзник не може да ги протолкува правилно, постоење или не

постоење даночна свест и др. Причините зошто луѓето ги избегнуваат даноците,

исто така, можат да се посматраат и од социјален, односно психолошки аспект.

За психолозите , вообичаено, социјалните психолошки варијабли (како што се,

на пример, угледот и општествените норми) имаат големо влијание врз

донесувањето на одлуката на даночниот обврзник да се согласи или не со

даночната регулатива. Според, Grasmick и Skot (1982)73

, мотивите за

избегнување, т.е. не исполнување на даночната обврска во иднина ќе се движат

во нагорна линија со уште поголема брзина, и покрај постоењето на законските

казни , чувствата на вина и можните социјални реперкусии поради даночното

затајување. Наспроти ваквото нивно размислување, Вена и Мејсон (1992)74

сметаат дека се повеќе ќе се развива свеста, чувството на одговорност и

моралното однесување на даночните обврзници. Во литературата се тврди дека

треба да се зголеми совеста, дека плаќањето на даноците претставува

граѓанска должност, па ако правилно се насочи, тогаш треба да се подобри

усогласеноста со текот на времето, т.е. дури и да се надвладее ставот за

избегнување на даночната обврска. Оттука, може да се заклучи дека, кај луѓето

треба да се влијае на зголемување на совеста за плаќање даноци , а со тоа би

се избегнале не само формалните санкции и казни ( парични глоби, казни и сл.),

туку и неформалното осудување и потсмевање. На тој начин тие би станале и

морално посветени на исполнувањето на даночната обврска;

објективни причини. Овие причини се однесуваат на тоа какво е даночното

оптоварување, за каков начин на оданочување станува збор, колкав е степенот

на стручна оспособеност, познавање, квалификуваност и компетенстност на

даночните инспектори, каква е организацијата и структурата на даночниот

73

Стакиќ Будимир, Јездимовиќ Миленка, „ Јавни финансии“, Белград, 2012, стр.117-154 74

Раичевиќ Божидар, „Јавни финансии“, Економски факултет, Белград, 2007, стр. 83

Page 94: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 94 ~

систем и сл.

Препораките во врска со избегнувањето да се исполни даночната обврска можат да се

групираат на следните начини:

потребата од решителна акција за борба против даночните измами и

даночното затајување. Имено, потребно е гарантирање за даночната

консолидација и правдата на даночните системи, зашто даночните измами и

даночното затајување ја ограничуваат способноста на националните економии

да ги собираат приходите и да ја спроведат и развиваат дефинираната

економска политика . Проценките покажуваат дека десетици милијарди евра се

чуваат во офшор зони, главно, поради непријавени даноци и не оданочување, а

со тоа се намалуваат националните даночни приходи . Преземањето решителна

акција за минимизирање на даночните измами и даночното затајување би

можело да доведе до дополнителни приходи во огромни износи. Даночните

измами и даночното затајување се предизвик, како за лицето на правдата, така

и за постигнување еднаквост меѓу даночните обврзници. Даночното

оптоварување треба да биде распоредено еднакво , осносно сите даночни

обврзници, без разлика дали се работници во индустријата или во

мултинационалните компании , а имаат корисности од единствениот пазар (или

се богати поединци со заштеди, вложени во офшор зони) подеднакво да

придонесуваат јавните приходи да се собираат правилно. Постигнувањето

праведност и еднаквост исто така значи дека треба да се создадат подобри и

поправедни системи за оданочување. Таквите даночни системи треба да се

засноваат врз принципите на транспарентност , автоматска размена на

информации и лојална даночна конкуренција;

активности на национално ниво. Националните економии можат да ги

зголемат даночните приходи преку систематските активности за намалување на

сивата економија , борба против даночното затајување и гарантирање поголема

ефикасност на даночните администрации. Последната економска и финансиска

Page 95: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 95 ~

криза во светот, што се почуствува и кај нас, предизвика тешки буџетски и

социјални последици . Оттука, јавните финансии итно треба да се реформираат

за да се одржуваат системите за социјална заштита и да се обезбедат јавните

услуги; да се ограничат трошоците за рефинансирање на државата и другите

јавни органи; да се избегне ширењето на проблемите во останатиот дел од

економијата . Преку намалување на даночните измами и даночното затајување,

државите можат да ги зголемат приходите од даноци , а тос ќе им обезбеди и

поголема слобода за дејствување, т.е преструктуираат на даночните системи на

начин што ќе го промовира посилно и уште поизразено економскиот раст и

развој . Борбата против даночните измами и даночното затајување може да ги

поттикне во напорите на државите за олеснување на даночното оптоварување на

луѓето со ниски приходи и најранливите групи. Постигнувањето подобро

управување во областа на оданочувањето е сериозен предизвик за сите

национални економии, и тоа поради големиот број различни фактори. Меѓу

нив, на пример, е односот меѓу административните трошоци наспроти

собраните нето приходи; не користењето на дадените информации од трети

држави за претходно пополнување на даночните пријави; ограниченото

користење на електронското пополнување на даночните декларации и големата

административна тежина на даночните системи врз просечните компании.

Од правен аспект постои разлика меѓу даночно затајување и избегнувањето на

данокот. Избегнувањето на данокот го вклучува секој обид (со помош на правни

средства) да се искористат „дупките“ во законите за да се минимизира даночниот

товар. Сепак, од економски аспект , фокусот се става на последиците од двата поима.

Имено, во однос на наплатата на даноците, затајувањето и избегнувањето се слични

дури и ако едниот, ова дејствие е нелегално , а другиот е легално. Во повеќето земји

изготвените стратегии за уредување на финансиските работи заради избегнување на

данокот е доведено до совршенство за да се минимизираат даноците. Сепак, и покрај

постојните стратегии, често може да се обезбедат и атрактивни начини за даночно

затајување. Повеќето даночни обврзници склучуваат договор со даночните

консултанти за услуги за да се избегне плаќањето данок. Но, голем дел од даночните

консултанти имаат тенденција да ја искористат несигурноста токму онаму каде што

Page 96: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 96 ~

постои , па оттука има појава на даночно затајување. Ова укажува на фактот дека и

во професионалниот совет неразделно е присутна практиката за даночно затајување.

Преземањето мерки против затајувањето данок , без воведување корекциски мерки

против професионалците коишто поттикнуваат затајување , не е доволно за

зголемување на даночната основа.

в) Мерење на даночната евазија

Една од главните потешкотии при анализата на даночното затајување

(даночната евазија) е неговото мерење75

. Нормално е дека сите поединци преземаат

одделни иницијативи за да го маскираат своето прикривање . Постојат неколку

развиени директни и индиректни методи за да се измери затајувањето, но сите од нив

содржеле непрецизности и биле многу контраверзни.

Еден од директните методи76

се потпира на информациите генерирани од

страна на даночните власти , и тоа како дел од процесот на ревизија. На пример, од

1965 до 1988 год. во САД, од страна Внатрешната служба за приходи - Internal

Revenue Service (IRS )77

биле спроведени (линија по линија) низа ревизии врз

индивидуалните даночни пријави , заради потребите на нивната програма за мерење

на исполнувањето на даночната обврска од страна на обврзниците или таканаречена

TCMP. Оваа програма се реализира во временски период од три години. Извршените

ревизии дале проценка на "вистинските" приходи на секој даночен обврзник,

дозволувајќи притоа мерки за пресметување на даночното затајување кај

индивидуалните и групните даночни пријави. Сепак, оваа програма ( TCMP) дала

такви резултати што имале некои сериозни недостатоци . Имено, ревизиите не ги

откривале сите пријавувани приходи (особено приходите што произлегувале од

"сивата економија"), непрајвените даночни обврзници најчесто не биле откриени,

голем број од грешките не биле идентификувани , а конечните ревизорски корекции

не биле вклучени. Оттука, TCMP дава информации што денес се застарени и

неупотребливи.

75

Шнајдер , Enste - 2002 76 http://elsa.berkeley.edu/~saez/course/Slemrod,Yitzhaki%20PE%20Handbook%20chapter.pdf 77

Internal Revenue Service. Federal Tax Compliance Research: Individual Income Tax Gap Estimates for 1985,

1988, and 1992. Publication 7285. Washington, DC: U.S. Department of the Treasury, 1996.

Page 97: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 97 ~

Друг директен метод е оној што ги вклучува анкетите. Ваквите истражувања

најчесто се наменети за формирање ставови за даночните обврзници. Меѓутоа таквите

истражувања , можеле да се искористат и за да се процени не почитувањето. Сепак, и

точноста на анкетите била неизвесна. Поединци можеле и да не се сеќават на нивните

одговори или да одговараат неискрено, да не одговараат на сите прашања и сл., така

испитаниците што не можеле да бидат реперезентативен примерок.

Со употреба на индиректните методи78

може да се донесе заклучок за

големината на непријавените приходи врз основа на сопствени заклучоци и податоци

до коишто се дошло од други области. Еден таков пристап има во истражувањата на

разликите меѓу приходите и расходите во буџетот или националните сметки на

приходите . Исто така, постои метод што се однесува на разликите меѓу "службените"

стапки и проценки на "вистинската" стапка на учеството на работната сила79

. Третиот

пристап се однесува на откривање траги од непријавените приходи во монетарните

агрегати. Сите овие методи биле предмет на сериозни критики. Тие, едноставно, го

зголемуваат мерењето на грешките, го претствуваат атрибутот на сите разлики во

однос на непријавените приходи, па често од нив може да се процени само промената

на нивото на непријавените приходи во определен период , но не и во апсолутна

смисла. Токму затоа, најдобар би бил оној пристап што претставува комбинација од

карактеристиките на секој од различните пристапи. Исто така, пти донесувањето на

одлуките менаџерите треба да се раководат и од интуицијата и спосбноста на лицето,

кое го открива даночното затајување или измамите за успешно да ја заврши својата

работа.

3.5. Ефекти од даночната политика во ЕЛС Прилеп

Ефектите од локалната даночна политика се повеќекратни, а првенствено се

насочени кон подобрување на условите за живеење и деловно работење во рамките на

локалната самоуправа. Тие можат да се категоризираат во следниве групи80

:

78

http://elsa.berkeley.edu/~saez/course/Slemrod,Yitzhaki%20PE%20Handbook%20chapter.pdf 79

Шнајдер, Фридрих Еберт, и Доминик Enste . Сивата економија - меѓународниот преглед . Cambridge,

MA : Cambridge University Press, 2002 80

http://www.mls.gov.mk/data/file/Dokumenti/Documents/

Page 98: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 98 ~

1. правна и институционална рамка за пренесување надлежности и ресурси, при што

системски се уредени односите во комуналните дејности;

допрецизирана е постапката за легализација на бесправно изградените објекти

со што се овозможува поефикасно спроведување на постапките за утврдување

на правниот статус на бесправните објекти;

поедноставена е постапката за легализација на објектите за земјоделска

намена, изградени на земјоделско земјиште, без плаќање комуналии;

олеснет е влезот на приватниот капитал при изградбата на инфраструктурните

објекти (со новиот Закон за концесии и јавно приватното партнерство);

олеснета е мобилноста на вработените во Единицата на локалната самоуправа

а тие имаат статус на државни и јавни службеници;

уредена е постапката и начинот за организирање при собирањето на отпадната

опрема на подрачјето на локалната самоуправа;

2. подобра испорака на локалните услуги, односно

воспоставена е меѓуопштинска соработка меѓу 85% од општините (најчесто, во

областите животна средина, даночно работење и урбанистичко планирање,

планирањето на локалниот економски развој, внатрешна ревизија и инспекции,

а само во три случаи во областа на социјалната заштита и заштитата на децата);

започнати се постапките за формирање регионални тела за управување со

отпадот, како законска обврска;

започнати се постапките за формирање совети за управување на подрачје на

речен слив;

воспоставени се облиците за соработка со општините од другите земји во 75%

од општините;

преземени се мерки за намалување на сиромаштијата (зголемување на

невработеноста, непосредна материјална помош на социјално ранливите групи,

отворање народни кујни, доделување еднократна парична помош и стипендии

на социјално загрозените лица) во 89% од локалните самоуправи;

преземени се мерки за поддршка на образованието (доделување стипендии за

талентирани ученици, организирање општински натпревари за одделни

Page 99: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 99 ~

наставни програми, организирање работилници со образовни елементи,

формирање младински совет);

се организираат различни трибини со младите;

формирани се сервисни центри за давање поддршка, насоки и совети на

граѓаните;

3. развој на административните капацитети на ЕЛС, т.е.

усвоени се програми за обуки на администрацијата и алоцирани во локалната

самоуправа;

организирани се обуки од надлежните министерства за советниците, главно, на

следнитве теми: родова еднаквост; еднакви можности – недискриминација;

превенција за трговија со луѓе; односи меѓу заедниците; вклучување на

немнозиските етнички заедници во процесите за донесување одлуки на локално

ниво; јакнење на капацитетите на жените лидерки во локалната политика;

организирани се обуки од надлежните министерства за вработените во

општинската администрација, и тоа на следниве теми: финансиско управување

и контрола; внатрешна ревизија; фискални трансфери; фискални перформанси

на локалната самоуправа; распределба на капиталните дотации; изготвување на

општинскиот буџет; управување со неизградено државно земјиште; законитост

на прописите на општините; примена на Законот за јавни набавки; заштита од

бучава, квалитет на воздухот и други;

организирани се обуки од страна на ЗЕЛС за 1393 лица - вработени во

општинската аминистрација. Избраните лица се распределени во 12 области,

односно урбанизам, право, финансии, човечки ресурси, пожарникарство,

односи со јавност, образование, животна средина, локален економски развој,

информациско - комуникациски технологии, сообраќај и останати области.

Исто така, за што поефикасно и поефективно да се извршуваат предвидените задачи и

цели на ЕЛС - Прилеп, во одделението за адинистрирање на приходите е воведен и

проектот на е-даноци, а за уште поголема транспарентност кон граѓаните е воведена и

електронска пријава е-данок, така што на секој даночен обврзник му е достапен увид

во својата финансиска картичка, во секое време.

Page 100: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 100 ~

3.6 Мерки и препораки за ефикасна даночна политика во ЕЛС

Прилеп

Улогата на фискалниот систем и фискалната политика во стимулирањето на

конкурентноста е значајна, особено во однос на ефектите на определени мерки и

начини за да се стимулираат корисностите. Најголем степен на ефикасност се

постигнува ако мерките на фискалната политика корелациски се поврзани со

економската и структурната политика и имаат силен синергетски ефект. Јасната и

конзистентна структурна политика на државата може на најдобар и најефикасен начин

да влијае врз економијата и нејзината конкурентност. Значи, при имплементацијата на

фискалните инструменти, односно при конципирањето на конкурентноста, особено

важно е да државата во што помал обем да користи ad hock мерки и да ги преферира

стимулансите што имаат ендоген карактер, чиј што ефект не зависи од интервенцијата

на носителите на економската политика. Покрај тоа, вградените фискални стимуланси

се достапни за секој економски субјект. Општоприфатено е мислењето дека

приоритет им се дава на оние мерки на даночната политика што содржат автоматски

вградени стимулативни инструменти. Образложение за тоа е дека врз основа на нив

се намалува инвестициската несигурност, се намалува времето потребно за

планирање на инвестициите, се намалуваат можностита за појава на корупција и се

влијае врз намалувањето на административните трошоци .

Верувањето дека даноците се важни за локалниот економски развој, со текот на

времето, создало повеќе проблеми, отколку користи, затоа што државните и локалните

даноци одиграле многу мала улога во обликувањето на регионалните развојни форми.

Роџер Вон, заменик-директор на Државниот завод за планирање на развојот во

Њујорк, ја доведува во прашање исправноста на пристапот во којшто локалниот развој

се поврзува со даночната структура . Несомнено евидентни се обидите на фирмите да

се прилагодат на даночните олеснувања, да се изврши лобирање за намалување на

даноците за да се зачуваат работните места или за одржување и зголемување на

интензитетот на трговската размена. Сепак, огромниот број истражувања покажуваат

дека ниските даноци не се клучни за развојот. Во тој контекст може да се напомене

дека локалните даноци, прво, претставуваат перцентили од вкупните расходи на

компанијата, односно тие се мал дел од платата, па често изнесуваат помалку отколку

Page 101: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 101 ~

месечните сметки за електрична енергија; второ, високите даноци можат да го

одржуваат високо нивото на локалните јавни услуги ( на образовните институции

коишто продуцираат висококвалификувана работна сила, да понудат културни

содржини, подобар транспорт, стабилно енергетско напојување, добри

телекомуникациски врски, добро поставена и функционална водоводна и

канализациска мрежа), такашто можат да ги надоместат високите даночни стапки;

трето, миграцијата на компаниите што често се селат од една во друга гранка, од еден

регион во друг, не претставува многу важен извор за локалниот економски развој;

четврто, најголемиот дел од економскиот развој на општините доаѓа од вработувањата

во веќе постојните деловни субјекти или од нивното проширувње, потоа од

странските фирми што ги основа домицилното население (со други зборови,

најголемиот генератор на локалниот економски развој е локалниот раст); петто,

ширењето на националната инфраструктура ( автопати, регионални и локални патишта,

железници, електрификација, подобрување на телекомуникациските врски,

подобрување на водоснабдувањето, изградба на канализациската мрежа и др.)

овозможува подобра поврзаност со останатите пазари, ги намалува трансакциските

трошоци и придонесува за зголемена конкурентност на локалната економија, со

истовремено намалување на притисокот за исселување; шесто, способните кадри како

во делот на ефкасната администрација, така и во делот на пазарот на работна сила се

најважен фактор за вкупниот, па и во локалниот економски развој.

Поврзаноста меѓу локалниот економски развој и трошоците на

инфраструктурата особено е значајна. Инфраструктурата, односно големата мрежа на

капитално – интензивни услуги, патиштата, водоснабдување, канализациска мрежа,

систем за преработка на отпаднате води, депонии и рециклажни центри, услуги и

снабдување со електричната енергијав итн. се од клучна важност за тековните и идните

економски активности. Меѓутоа, емпириски е тешко да се докаже врската меѓу

вложувањата во инфраструктурата и економската продуктивност.81

Постои цел еден

спектар од директни, индиректни и предизвикани економски ефекти од

инфраструктурните проекти. Поврзаноста укажува на тоа дека падот при вложувањата

во инфраструктурата резултира со намален економски раст. Истражувањата

81

Chapman, Jeffrey and Rex L. Facer II, Connections Between Economic Development and Land Taxation,

Land Lines Article, Volume 17, стр.4, 2005.

Page 102: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 102 ~

покажуваат огромна важност на вложувањата во одржувањето на постојната

инфраструктура, а за тоа се потребни даноците.

Емпириската анализа посветена на односот на конкуренцијата на даночните

стапки и обезбедувањето на јавни услуги и производи е многу ограничена, но сепак

постои една студија за влијанието на јавните трошоци (вложувањата) и даночните

стапки на имотот при изборот на локацијата на деловните субјекти во државата Мејн

(САД). Резултатот до којшто се дошло говори дека зголемувањето на јавната

потрошувачка во образованието за 10% имало за резултат зголемување на бројот на

фирмите за 6%. Според нив, политиката на ниски даноци и слабото ниво на јавни

услуги помалку била прифатена отколку спротивната политика на високо

оданочување, но со високо ниво на обезбедување јавните услуги и производи.

За подобрување на локалната даночна политика, во голема мера, има влијание и

менталитетот, т.е. карактерот на граѓаните кои живеат во општините (конкретно во

ЕЛС – Прилеп). Во таа смисла е потребно:

- уште повеќе да се зголеми свеста за исполнување на даночната обврска, како

една од основните обврски во рамките на државата;

- уште повеќе да се инвестира во знаењето на вработените во администрацијата,

затоа што само на таков начин уште повеќе ќе се зголеми компетентноста,

вештините и стручноста за поефикасно и поефективно да ги извршуваат

услугите на граѓаните;

- уште повеќе да се збогати структурата на локалните даноци и такси, а со тоа

би се обезбедиле повеќе средства за задоволување на јавните потреби (на

пример може да се воведат еколошки такси – за водата, шумите,

противпожарни такса, такси за миленичиња и сл.).

Притисокот да се усвои политиката за даночно ослободување и олеснување и

слични на нив мерки е неминлив. Локалната власт има надлежност и моќ да влијаат врз

локалната економија и на тој начин е принудена да направи нешто повеќе поврзано со

тоа. Секако, креаторот на политиката не сака да биде сфатен како некој кој не посакува

нови работни места и економски развој.

При формулирањето на локалната даночна политика треба да се има предвид

ефектот од даночна капитализација, односно нивото на данок на имот што има

Page 103: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 103 ~

влијание врз цената на земјиштето. Имено, цената на земјиштето и данокот на имот се

толку поврзани што повисокото ниво на данок на имот (доколку другите фактори

останат непроменети) директно се одразува врз промената на цената на земјиштето.

Значи покрај одговорот на прашањето кое е нивото на данокот на имот што нема да

има негативна даночна капитализација, треба да се даде одговор и на прашањето дали

да се намали нивото на данокот на имот или да се предвиди дел него како мотив за

остварување на посакуваните активности? Но, не треба да се заборави и прашањето:

дали на веќе постојните деловни субјекти им треба мотив и на кое ниво тој треба да

биде? Меѓутоа, прашањето за постигнување праведност можеби е и најважно, особено

ако се нудат поттикнувања за економските активности што веќе се застапени во

структурата на економијата на локалната самоуправа. Притоа, треба да се избегнуваат

даночните олеснувања и ослободувања за новоформираните фирми, а постојните да се

оданочуваат (на пример, новоформираниот превозник се ослободува, а веќе постојниот

не се ослободува).

Натамошното формулирање на даночната политика и реакцијата на притисокот

за воведување даночни ослободувања и олеснувања мора да се третира како фактор на

време и однесување на останатите локални самоуправи. Можна е ситуацијата и

останатите јурисдикции да воведат слични мерки, па се поставува прашањето: што

може да се добие на долг рок ако и останатите воведат слични инцијативи? т.е. која

е улогата на поттикнувањето, доколку сите го нудат? Во ваков случај сигурно е

дека приходот би се намалил секаде, а конкурентската предност не би ја остварил

никој. Потоа, под претпоставка , при воведувањето на локалните даночни

поттикнувања потребно е, преку анализа, да се даде соодветна емпириска пресметка

за тоа колку се поголеми ефектите, односно корисностите, за разлика од износот на

потикнувањата. Дури, иако се јават одделни ефекти, сепак остануваат дилемите: дали

новоформираните активности и инвестиции одговараат на потребите на

заедницата; дали новоформираните фирми ќе вработуваат од невработеното

локално население; дали тие активности еколошки се прифатливи или предизвикуваат

загадување на околината и воздухот? Целосен ефект од инвестициите се постигнува

само кога добивката што се остварува се реинвестира во локалната самоуправа. Како

последица на тоа значајно е прашањето (а одговорот практично е неможно да се

добие): дали евентуалните приходи ќе бидат реинвестирани во локалното

Page 104: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 104 ~

окружување или ќе бидат инвестирани надвор од државата? Исто така се поставува

и прашањето: дали инвеститорите ќе бидат домашни или странски? Од аспект на

развојот, пак, битен е и одговорот на тоа дали се работи за посакувани инвестиции или

за прелевање на капиталот од еден во друг сектор на економијата?итн.

Секоја одговорна локална политика треба да знае кога да го укине даночното

поттикнување. Можен е и пристапот кога поттикнувачката активност или

инвестицијата, т.е вкупната економска активност се профитабилни и на тој начин

демонстрираат способност за плаќање на данокот. При определување на времето за

прекинувањето, односно укинувањето на поттикнувањето особено треба да се води

сметка заедницата да не остане ограничена во програмата на локалните даночни

ослободувања и олеснувања или, уште полошо, да не се предизвика револт кај оние

кои што би требало да се финансираат од данокот за чиешто подрачје има

ослободување (на пример, образованието). Битен елемент во деталната анализа е

фактот дека локалните даночни ослободувања се само еден дел од средствата што се

дел од државната помош. Други можни инструменти во овој случај се:

финансиска поддршка, т.е. кредитирање, давање гаранции, субвенционирање на

каматните стапки, можно субвенционирање на цените, грантови и донации;

програми за обуки и преквалификации;

поттикнување за иновации и истражувањ и развој;

помош во наддавањето за државните договори за набавка;

ефикасна администрација;

програми за развој на локалната инфраструктура.

Сите наведени инструменти можат да имаат различни ефекти, но многу е важно да

нивните ефекти се споредат со ефектите од користењето на локалните даночни

ослободувања и олеснувања. Во секој случај, особено е битно да се испита дали се

целите постигнати; какви се предностите во споредба со опуртунитетните трошоци,

односно со даноците коишто можело, но не се оствариле, а во суштина имале корист

од дадената помош. Овде може да се постави прашањето за целисходноста на

даночните олеснувања и ослободувања. Под претпоставка да даночните олеснувања и

ослободувања имаат ефект, односно да намалувањето на локалните даноци има за

резултат определен економски развој, се наметнува дилемата кој има корисност од сето

тоа. Најчесто тоа се новоформираните, по правило, големи фирми. Локалните

Page 105: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 105 ~

благодети се претставуваат преку вработување на локалната квалификувана работна

сила, додека сиромашните се вбројуваат во онаа група што има најмалку корисност од

таквиот поттикчнувачки развој. Од друга страна, намалувањето на приходите во

буџетот, поради даночните олеснувања и ослободувања, најмногу ги погодува токму

сиромашните.

*

Многу интересен и значаен сегмент во процесот на оданочување е

локалното оданочување. Локалното оданочување е многу важно за единиците на

локалната самоуправа, зашто со локалните даноци се овозможува остварување на

голем број цели, и тоа: реализација и забрзување на локалниот економски развој,

подобрување на условите во образованието, инфраструктурата, локалните патишта,

овозможување подобра бизнис клима за инвестициските активности и сл. Локалното

оданочување е регулирано со соодветна законска легислатива, односно со Законот за

даноците на имот, што подразбира уредување на постапките и начинот преку којшто

Page 106: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 106 ~

се обезбедуваат даноците на имот, а тукс спаѓаат: данокот на имот, данокот на промет

на недвижности и данокот на наследство и подарок. Исто така, одделно беше

третирана динамиката на движењето на даночните приходи во ЕЛС Прилеп во

периодот од 2010 до 2013 година, а притоа посебно беа анализирани данокот на имот,

данокот на промет на недвижности и данокот на наследство и подарок. Посебен осврт

беше направен на феноменот на даночното затајување или уште попознат како даночна

евазија, при што е анализаран начинот за нејзиното мерење, мерките за намалување на

евазијата и сл. И, на крај, беа елаборирани мерките и препораките за подобрување на

функционирањето со помош на што поефикасна локална даночна политика.

ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА

Даночната политика и даноците се дел од економската и социјалната политика.

Единиците на локланата самоуправа мора да водат активна даночна политика со

којашто ќе можат да ги остварат планираните цели. Меѓутоа, тие мораат да изнајдат

соодветна мерка со којшто нема да се нарушат економските и пазарните принципи,

бидејќи даночната политика не е, ниту може да биде супститут за економската

политика. Доколку единиците на локалната самоуправа немаат соодветна стратегија за

Page 107: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 107 ~

развој, тогаш овој недостаток не можат да го надоместат ниту со најконкретна даночна

политика.

Иако за многу единици на локланата самоуправа особено е примамлива идејата

за намалување на даночните стапки, како начин за привлекување инвестиции и

растоварување на даночните обврзници, сепак не постои јасен емпириски доказ дека

ќе се подобри конкурентноста на локалната заедница од намалувањата, бидејќи

ниските даноци не се клучни за развојот.

Погрешно е мислењето дека развојот, атрактивноста и инвестициите се

постигнуваат со таквата едноставна активност, односно со намалувањето на даночните

стапки или стапките на локалните даноци за определен процент. Едноставно, самиот

развој на единиците на локлната самоуправа не е еднодимензионален, туку

повеќедимензионален.

Локалното даночно портфолио го сочинуваат даноците што ги плаќаат

граѓаните и деловните субјекти. Една од најтешките одлуки при формулирањето на

даночната политика е да се пронајде рамнотежа меѓу даноците што се однесуваат на

граѓаните и оние што се наменети за деловниот свет.

Во обид да се остварат барањата/ потребите од средства во буџетот и да се

постигне доволност на даночните приходи, креаторите на даночната политика треба да

ја земат предвид можноста за евентуално проширување на даночната основа и

опфаќање поголем број даночни обврзници.

Според извршените испитувања за даноците како фактор за финансирање на

единиците на локлната самоуправа,како дел од системот на јавните приходи, генерално

може да се заклучи следново:

1. заради остварување на низа задачи и функции што државата, врз основа

на Уставот и законската легислатива, има обврска и должност да ги

реализира, нејзе и се потребни финансиски средства, односно таа мора да

има некакви приходи. Средствата со коишто државата ги подмирува

јавните потреби, односно ги извршува задачите и функциите што се во

нејзина надлежност се нарекуваат државни или јавни приходи.

Државните, односно јавните приходи во секоја држава потекнуваат од

даноците, јавните заеми, приходите на јавните служби, таксите и

царините, парафискалните приходи, средствата на трезорот ( државната

Page 108: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 108 ~

благајна) како и од монетраните ( паричните) операции од страна на

државата на отворениот пазар. Не постои единствено мислење и

согласност во врска со прашањето за изворот на јавните приходи.

Развојот на јавните приходи е во непосредна врска со настанувањето и

развојот на државата, т.е со формирањето на опшествено – политичкиот

систем и уредување и степенот на економски развој. Ретроспективно

гледано, развојот на јавните приходи покажува да тие се менувале со

текот на времето и во однос на името, улогата, значењето, ефектите,

целите, но и според начинот на нивното обезбедување.

2. Класификацијата на јавните приходи е извршена со цел нивно подобро

анализирање, полесно изучување и соодветно употребување. Потојат

повеќе видови класификации на јавните приходи, а единствената разлика

е во критериумите од коишто се тргнува при нивната поделба. Сите

поделби, освен теоретско, имаат и практично значење, што се согледува

од начинот на изградбата на самиот систем на јавни приходи, односно

начинот на нивното користење за остварување низа фикаслани и

нефискални цели.

3. Преку системот на јавните приходи се влијае врз распределбата на

националниот доход, агрегатната потрошувачка, агрегатната

побарувачка, обезбедување социјални трансфери, рационално користење

на ресурсите, штедењето, производството, поттикнување на темпото на

економски развој, инвестициската активност итн.

4. Даноците претставуваат еден од основните и најважните видови јавни

приходи, што државата, благодарение на својата моќ и авторитет што ги

поседува, ги прибира од граѓаните, а тие средства натаму ги насочува

кон реализирање на јавните потреби, односно покривање на јавните

расходи. За настанувањето на даноците постојат голем број теории,

чијашто основа цел е да го објаснат процесот на настанување на

даноциите, нивното плаќање, изворите од коишто тие ќе се плаќаат.

5. Од истата причина од којашто се класифицираат и јавните приходи, и

даноците се поделени во повеќе видови, но во суштина меѓусебно се

разликуваат само од аспектот од којшто се поаѓа при нивното изучување

Page 109: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 109 ~

и анализирање. Оттука, во теоријата се среќаваат повеќе групи, според

начинот на нивното плаќање, предметот на оданочување, начинот на

оданочувањето итн

6. Во ова истражување се елаборирани и ефектите што ги предизивкуваат

даноците, и тоа: ефектот на оданочувањето врз корисничкиот избор,

оданочувањето на доходот на поединецот и изборот меѓу работата и

слободното време, префрлувањето (пренесувањето) на даночната

обврска, трансформацијата на даноците, дејството на оданочувањето врз

редистрибуцијата на националниот доход, дејството на оданочувањето

врз економските услови на деловните субјекти итн.

7. При спроведување на процесот на оданочување треба да се почитуваат и

одделни принципи, т.е. правила, како што се: сразмерност при

оданочувањето, дефинирање на данокот, заштеда ефикасноат и

профитабилност на самиот данок, даночен интервенционизам,

сеопфатност на данокот, стабилност и еластичност на даноците,

годишност на данокот, фер и рамноправност, рационалност и

едноставност на даночниот систем, неутралност на данокот и др.

8. Во анализата што се однесува на даноците како фактор за финансирање

на единиците на локалната самоуправа, при што посебен акцент е ставен

на Единицата на локалната самоуправа – Прилеп и е констатирано дека:

прво, даночните и неданочните приходи се најзначен извор на приходи

во ЕЛС – Прилеп; второ, даночните приходи заземаат најголемо учество

во вкупната структура на приходи. Тука, пред се, се мисли на приходите

од данокот на имот, данокот на наследство и подарок и данокот на

промет на недвижности; трето, многу значаен елемент при

анализирањето на даноците претставува законската легислатива, особено

нејзиното почитување и соодветно спроведување; четврто, во анализата

се претставени и секоја од постапките, одделно за добивање на решение

за одделните видови даноци; петто, елаборирани се и динамиката на

движење на даночните приходи во период од 2010 до 2013 год., според

вкупниот износ и одделните видови.

Page 110: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 110 ~

9. Мерките и препораките коишто треба да се преземат за секоја единица

на локалната самоуправа да се соочи со даночната евазија, како и да ја

зголеми својата ефикасност и ефективност, се следниве: прво, потребата

од решителна акција за борба против даночните измами и даночното

затајување; второ, активности што се спроведуваат на национално ниво;

трето, зголемување на совеста кај даночните обврзници за исполнување

на даночната обврска; четврто, зголемување на спектарот на мерки што

даночните власти треба да ги почитуваат при нивното спроведување итн.

10. Сеопфатната локална даночна политика мора да вклучува мерки за

развој и негување на даночниот морал. Исто така, за даночната политика

особено е важно да има цел, т.е. постигнување рамнотежа на долг рок и

стабилни приходи што ќе овозможат долгорочно планирање на

економијата. Ако, одлуката за намалување на даночната стапка била

доенсена , тогаш мора да постои граница под којашто нема да може да се

спушти повеќе. Дури и ако намалувањето е одговор на конкурентските

притисоци, треба да се напомене дека самото водење на фискалната

политика е многу покомплексна активност, отколку едноставното

намалување на даночните стапки. Користењето на даночните

олеснувања не е нова идеја. Даночните олеснувања се овозможуваат за

привлекување инвестиции, па се многу атрактивни во последно време, но

нивната употреба наметнува голем број прашања. Еден од најважните е

прашањето што е поврзано со праведноста кон веќе постојните бизниси,

а за коишто обично не се обезбедуваат даночните олеснувања. При

употребата на даночните корисности мора да се пресмета за кој процент

е поголем ефектот што се остварува со олеснувањето , односно да се

направи cost – benefit анализа и да се види дали ефектите се сразмерни на

трошоците што ги прави локалната заедница. Под одоговорна локална

даночна политика се подразбира онаа што го зема предвид степенот до

кој што може да се оди со одобрувањето на даночните олеснувања,

односно кога тие треба да бидат прекинати. Една од главните

карактеристики на добрата локална даночна политика е

воспоставувањето рамнотежа меѓу даночните форми и видови, од една

Page 111: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 111 ~

страна, и нивните стапки и покривање од друга страна, односно

опфатноста на даночната основа за да се обезбедат доволно даночни

приходи во буџетот. Тие треба да бидат доволни за соодветното ниво на

јавните добра и услуги, а од друга страна даночни олеснувања и

корисности да бидат препознатливи за граѓаните и инвеститорите.

Современите држави, а во тој контекст и современите локални самоуправи

имаат нагласени даночни карактеристики. Преку даноците тие распределуваат дел од

националниот ( локалниот) доход и , врз основа на различните ефекти од

оданочувањето, ги реализираат целите на фискалната, социјалната, економската и

развојаната политика.

Бидејќи оданочувањето е особено сложен процес, тој предизвикува различни

дејствија врз пазарот на производи и услуги. Имено, даноците се моќен инструмент

преку коишто се остварува екстра добивка или различни рентни видови. Нивното

натамошно следење, анализирање и испитување може да помогне во разбирањето на

суштинското дејство и манифестирањето на ефектите во современото функционирање

на единиците на локалната самоуправа, вклучително и ЕЛС – Прилеп.

Значи, основна задача е креирањето на добра даночна политика за обезбедување

непречен тек на наплатата на даноците. Оваа проблематика секогаш остава простор за

натамошни испитувања и нудење одговори на големиот број предизивици со коишто

се соочуваат единиците на локалната самоуправа денес. Од ова истражување

произлегоа некои битни сугестии и препораки што можат да бидат подлога за

дефинирање поефикасна даночна политика во ЕЛС – Прилеп.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Agron G.A. „Financial Management”, Allyn and Bacon, Boston, 1999

Page 112: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 112 ~

2. Chapman, Jeffrey and Rex L. Facer II, Connections Between Economic Development

and Land Taxation, Land Lines Article, Volume 17, 2005.

3. Duverger M: Institutions

4. Eugene F. Brigham, Lous C. Garenski , “ Financial Management, Theory and

Practice”, Seventh edition, The Dryden Press, Hareourt Brace College Publishers,

New York, 1994

5. Filipović, H. Nauka o finansijama,

6. Horne C. Vam J. Kames: Finansisko upravljavanje I politika, Zagreb, 1993

7. IAAO, 1990

8. Internal Revenue Service. Federal Tax Compliance Research: Individual Income Tax

Gap Estimates for 1985, 1988, and 1992. Publication 7285. Washington, DC: U.S.

Department of the Treasury, 1996.

9. Jeličić, Božidar,: Nauka o finansijama, I deo, VUŠ, Zagreb, 1971. str.19

10. Ladd, 1998

11. Mcluskey, 1999

12. NALAS project reports; OECD, 2006: Revenue Statistics 1965-2005, Paris

13. Perić, A.: Finansijska teorija i politika,

14. Pinches E. Geорge, „ Essentials of Financial Management“, Harper and Row

Publishers, New York 1994

15. Ramp, E.M. -Seel, B.: Grundlegung der Finanznjissensehaft, 2, izd. Hanstein, Köln-

Bonn, 1973.

16. Stanley B. Block, “Foundations of Financial Management”, Sixth edition , Irwin,

1992

17. Todorović Milan: Nauka o finasijama, I Nauka o porezima, Beograd, 1930.,

18. Webley , Х Робен , Х Elffers и D. Hessing - 1989

19. Даскаловски ,Жидас; Николовска ,Ана; Ристеска ,Марија; Водич во буџети,

Фондација Фридрих Еберт, Скопје, 2006

20. Директиви за локалната даночна администрација, 2008

21. Живко,Атанасовски, „ Јавни финансии“ – Економски факултет – Скопје, 2003

22. Јованоски, Панче, „ Јавни финансии“ – Скопје, 2005

23. Николовски, Пеце „Фискална ревизија“, Економски факултет – Прилеп, 2007

Page 113: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 113 ~

24. Прирачник за административните процедури во управната постапка во областа

на финансискиот менаџмент, 2007

25. Таки Фити, „ Основи на макроекономијата“ – Економски факултет – Скопје,

2004,

26. Трајкоски , Бранко , „ Финансиски систем“ – Економски факултет – Прилеп,

1996

27. Трајкоски, Бранко, Трајкоска,Гордана, „ Управување со обртни средства“,

Економски факултет – Прилеп, 1999

28. Трајкоски, Бранко:„ Деловни финансии со финансиски менаџмент“, Економски

факултет – Прилеп, 1996

29. Шнајдер , Enste - 2002

30. Шнајдер, Фридрих Еберт, и Dominic Enste . Сивата економија - меѓународниот

преглед . Cambridge, MA : Cambridge University Press, 2002

Интерент страни:

Page 114: Даноците како фактор за финансирање на ...eccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Pavlina_Petreska.pdf · 2014-12-11 · собирањето даноци

Даноците како фактор за финансирање на единиците на локалната самоуправа

~ 114 ~

1. http://www.mkbudget.org/prihodi/list/id/11

2. http://www.prilep.gov.mk/

3. http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/BUXET%202011.pdf

4. http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/budget2012.pdf

5. http://www.prilep.gov.mk/content/file/administracija/budget/budget2013.pdf

6. http://www.ujp.gov.mk

7. http://elsa.berkeley.edu/~saez/course/Slemrod,Yitzhaki%20PE%20Handbook%20cha

pter.pdf

8. http://www.mls.gov.mk/data/file/Dokumenti/Documents/

9. http://www.finance.gov.mk/files/Budzet%20na%20RM%20za%202013%20Za%20O

BJAVUVANJE%20%20%2024.12.2012.pdf

10. http://finance.gov.mk/files/u8/zakon_za_danoci_na_imot_09.pdf

11. http://www.finance.gov.mk/files/u6/zakon_els.pdf

12. http://www.crpm.org.mk/wp-content/uploads/2012/03/VodicvobuzetiMKD.pdf