28
СТОП! Документ за јавни политики во рамки на Првиот форум за родова еднаквост 2016 САМОХРАНИТЕ МАЈКИ ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО Авторки: Ангелина Станојоска Наташа Димеска Наташа Јанковска Линдита Шакири - Атанасова Живка Иванова Нена Темелкова Дороти Пачкова Менторка: Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ

СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

  • Upload
    lamngoc

  • View
    282

  • Download
    6

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

СТОП!Документ за јавни политики во рамки на Првиот форум за родова еднаквост 2016САМОХРАНИТЕ МАЈКИ ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

Авторки: Ангелина СтанојоскаНаташа ДимескаНаташа ЈанковскаЛиндита Шакири - АтанасоваЖивка ИвановаНена ТемелковаДороти Пачкова

Менторка: Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ

Page 2: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција
Page 3: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

Скопје, октомври 2016 година

Самохраните мајки – жртви на мултиплицирано насилство

Документ за јавни политики во рамки на Првиот форум за родова еднаквост 2016

Page 4: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

Издавач:Фондација Фридрих Еберт - канцеларија Скопје

www.fes.org.mk

За издавачот:Нита Старова

Лектор: Снежана Орловиќ

Дизајн на корица: Контура ДОО

Печати: Контура ДОО

Тираж на изданието: 80

Copyright: Friedrich-Ebert-Stiftung

Печатените изданија на Фондацијата „Фридрих Еберт“ не смеат да се користат во комерцијални цели без претходно писмено одобрување од страна на истата.

Искажаните ставови на експертите не мора да соодветствуваат на ставовите на организаторите.

Page 5: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

3

Авторки: Ангелина Станојоска

Наташа Димеска Наташа Јанковска

Линдита Шакири - Атанасова Живка Иванова Нена Темелкова Дороти Пачкова

Менторка: Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ

Самохраните мајки – жртви на мултиплицирано насилство

Документ за јавни политики во рамки на Првиот форум за родова еднаквост 2016

Page 6: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

4

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД .......................................................................................................................................................... 31.1 Дефиниција на проблем ..............................................................................................................................................................51.2. Изјава за намерa ............................................................................................................................................................................6

2. ОПИС НА ПРОБЛЕМОТ ............................................................................................................................... 72.1. Причини за проблемот ...............................................................................................................................................................72.2. Тековна состојба на проблемот ..............................................................................................................................................8

2.3. Извори и докази ......................................................................................................................................................................... 12

3. ОПЦИИ НА ЈАВНАТА ПОЛИТИК ............................................................................................................. 15а. Можни приоди кон решавање на проблемот .................................................................................................................. 15б. Критериуми кои користат за да се евалуираат опциите (рамка за анализа) ..................................................... 15в. опции кои не се претпочитаат и зошто ............................................................................................................................... 18

г. Опција на политиката која се претпочита и зошто ......................................................................................................... 19

4. ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКИ ...................................................................................................................... 21а. Очекувани главни наоди од истражувањето .................................................................................................................... 21б. Предложен пакет за применетата политика ..................................................................................................................... 25

в. Организација на препораките ................................................................................................................................................. 29

БИБЛИОГРАФИЈА ......................................................................................................................................... 33

Page 7: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

5

ПРЕДГОВОР

Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје во соработка со Прогрес Институт за социјал-на демократија во 2015 година го иницираше проектот “Школа за женски активизам” која ја посетуваа и успешно завршија 25 учеснички, а стекнатото знаење понатаму го пренесоа во рамки на своите организации. 

По успешната реализација на Школата за женски активизам, се наметна потреба за надграду-вање на стекнатите знаења и директно учество и влијание во процесот на креирање политики во областа на родовите прашања. Затоа, во 2016 година го создадовме Првиот форум за родова еднаквост, чија цел беше да обезбеди инклузивна платформа за развој и промоција на јавни политики во сферата на родовата еднаквост во духот на вредностите на социјалната демокра-тија. Преку континуирана работа во текот на годината, експертска поддршка, споделување на практични искуства и континуиран дијалог со сите релевантни чинители од академската и про-фесионалната заедница, учесничките и учесниците на Форумот добија можност за подлабоко проникнување во родовите аспекти и креирање на предлози и документи за политики на теми на кои тие самите ги издвоија како приоритет во сферата на родовите проблематики во Репу-блика Македонија.

Како резултат на деталната истражувачка работа на трите групи во рамки на Првиот форум за родова еднкавост произлегоа документите за политики на тема:

1/ Самохраните мајки – жртви на мултиплицирано насилство

2/ “Граѓанско образование” за родова рамноправност – промена на наставната програма за осмо одделение

3/ Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените

Искрено се надеваме дека анализата и препораките содржани во овие документи ќе бидат пре-познаени и имплеметирани од страна на носителите на одлуки во Република Македонија, со што барем во еден сегмент ќе придонесеме кон унапредување на родовата еднаквост, но и родовата сензибилизираност во земјата.

Нита Старова - Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија СкопјеКалинка Габер - Прогрес Институт за социјална демократија

Page 8: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

6

1. ВОВЕД

Претходниот век во однос на положбата на жените беше обележан со донесувањето на CEDAW (Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (Convention on the Elimination of All Forms of Discrimination against Women))1, во која се опфатени сите аспекти и сфери од јавниот и приватниот живот во кои жената може да се јави како објект на дискрими-нација или насилство. Од друга страна, скоро две децении подоцна, Советот на Европа ја доне-се Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и спречување на насилството врз жените и семејното насилство (Council of Europe Convention on preventing and combating violence against women and domestic violence)2, која го дефинира и родово базираното насилство во чии рамки влегува и самото семејно насилство. Всушност, родово базираното насилство (во случајот врз жените) вклучува палета на криминални дејствија кои се насочени кон жената поради фактот што истата е жена, како и поради фактот што таквите дејствија насразмерно ја погаѓаат. Еден од неколкуте делови од мозаикот на родово базираното насилство е семејното насилство.

„Семејното насилство може да се случува во бракот, односно меѓу брачните другари, кон деца-та, кон постари членови на семејството, вонбрачни партнери итн. Тоа се појавува во сите култу-ри; луѓето од сите раси, етнички групи, религии, полови и класи можат да бидат извршители на семејно насилство. Сите членови во семејството можат да се јават во улога на жртви или стори-тели, но најчесто жртви се децата, жените и старите лица во семејството.“3 Професорот Љупчо Арнаудовски поимот на семејно насилство го дефинира како насилство во семејството. Така, „насилство во семејството претставува континуирана примена на физичка и психичка сила спрема членовите на семејството со загрозување и повредување на чувството на сигурност и односите на доверба, исполнување контрола и надмоќ над членовите на семејството, без оглед на тоа дали таквото поведение во кривичното законодавство е предвидено како казниво дело и дали сторителот на делото е пријавен на органите на прогонот“.4

Според Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и спречување на насилството врз же-ните и семејното насилство, семејното насилство се дефинира како „акт на физичко, сексуално, психолошко или економско насилство меѓу членови на семејството или домашната заедница, без разлика на биолошките или законските семејни врски. Вака дефинирано, семејното насил-ство опфаќа насилство меѓу интимните партнери (сегашни или поранешни брачни или вонбрач-ни партнери) и меѓугенерациско насилство кое најчесто е меѓу родителите и нивните деца.“5 Спо-ред Законот за семејство, под насилство во бракот и семејството се смета „однесување на член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството.“6 Иако најчесто семејното насилство се врзува со физичкото насилство, истото може да се јави и како сексуално, психичко и економско насилство врз жртвата.

Во зависност од тоа дали насилството се случува меѓу интимни партнери или други членови на семејството, разликуваме меѓупартнерско семејно насилство (насилство во бракот) и на-1 Донесена на 18 декември 1979 година, а стапила на сила на 3 септември 1981 година, откако била ратификувана од страна на дваесет земји потписнички, достапна на http://www.un.org/womenwatch/daw/cedaw/text/econvention.htm [07.02.2015]2 Конвенцијата е донесена на 11 мај 2011 година, додека стапи на сила на 1 aвгуст 2014 година по 10 ратификации (вклучувајќи 8 земји членки), достапна на http://www.coe.int/t/dghl/standardsetting/equality/03themes/violence-against-women/Exp_memo_Conv_VAW_en.pdf [07.02.2015]3 Пере Аслимоски, Ангелина Станојоска. Криминологија., Ирис Принт: Битола, 2015, стр.934 Арнаудовски, Љупчо, „Криминологија“, 2 Август С Штип, Скопје, 2007, стр.348; Груевски-Дракулевски Александра, Семејното насилство во Република Македонија, 1.02 Прегледна научна статија, УДК 343.54/.55(497.7).5 Член 3 (b) од Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и спречување на насилството врз жените и семејното насилство6 Член 94-б став 2, Закон за семејството, („Службен весник на Република Македонија“, бр. 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14,115/14, 104/15 и 150/15, Одлука на Уставен суд бр. 2/09)

Page 9: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

7

силство меѓу членовите на семејството (насилство врз стари лица и насилство врз деца). На-силството врз жените во бракот долго време беше класификувано како право на машките партнери и приватна работа, па затоа полицијата никогаш не реагираше во случаите (доколку постоеше пријава на такви настани).7

По дефинирањето на семејното насилство во рамките на Кривичниот законик8 во 2004 година, истото станува дел од квалификуваните облици на голем број други кривични дела.

1.1 Дефиниција на проблем

Анализите „Глас за правда“9, „Семејно насилство - превенција и сузбивање, Прегледна научна статија“10, „Соопштение на Министерството за труд и социјална политика од 26.11.2010; „Семеј-ното насилство во Република Македонија и искуствата на жртвите, „Прегледна научна статија“11, како и исказите од направената фокус група со самохрани мајки, жртви на семејно насилство покажуваат дека институциите во Република Македонија надлежни за постапување во случај на семејно насилство и обезбедување на сигурност на жртвата, во кои спаѓаат Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здрав-ство, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, единиците на локал-ната самоуправа, како и институциите кои вршат дејност од областа на социјалната заштита, детска заштита, внатрешните работи, здравството, вработувањето и образованието,12 најчесто несоодветно постапуваат во случаи на побарана помош. Институциите се обврзани да оства-руваат меѓусебна соработка и координација, но исто така се должни да обезбедат работите од својата надлежност да ја вршат стручни лица, обучени за работа со жртви, односно спроведу-вање на третман со сторители на семејно насилство.13

Според анализата „Глас за правда“, „во разговорите извршени со испитаничките во однос на нивното искуство со институциите надлежни за интервенции при семејно насилство на пр. при нивниот контакт со полициата, кај дел од нив провејува убедувањето дека полицијата и ЦСР ги препраќаат од едни на други. Некои од нив дури сметаат дека и самите служби не си ги знаат ингеренциите доволно“.14 Анализата ги покажува и искуствата коишто жртвите ги има-ат со институциите: „шетаат од врата на врата, секој ден социјални грижи-полиција-социјални грижи, во полиција велат, ова треба да го решат социјални грижи, социјални грижи ми велат во полиција. Во полицијата прашуваат колку пати се повторува насилството, ако е прв пат, втор или трет пат, тие ја упатуваат жртвата да се врати повторно во домот, кај насилникот, без да обезбедат каква било заштита, правдајќи се со фактот дека и да интервенираат тие, нема ништо да можат да придонесат во однос на трајна заштита на жртвата“.15

7 Пере Аслимоски, Ангелина Станојоска. Криминологија., Ирис Принт: Битола, 2015, стр.958 Под семејно насилство се подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи. (Член 122, став 21, Кривичен законик, („Службен весник на Република Македонија“, бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 07/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12. 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 18/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14 и 226/15)9 Мирчева Стојанка, Чачева Виолета, Кенинг Николина, „Глас за правда“ Истражувачки извештај: Процена на судските постапки за случаи на семејно насилство, со посебен фокус на менаџирање на предметите од родова перспектива, Универзитет „Св.Кирил и Методиј”, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје. Скопје, 201410 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција и сузбивање, Прегледна научна статија, УДВ.343.54/55:343.85(497.7).11 Соопштение на Министерството за труд и социјална политика од 26.11.2010 (www.mtsp.gov.mk); Семејното насилство во Република Македонија, 1.02 Прегледна научна статија, УДК 343.54/.55(497.7)12 Член 5, став 1, Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство („Службен весник на Република Македонија“ бр.138/2014).13 Ибид, член 5 став 2.14 Мирчева Стојанка, Чачева Виолета, Кенинг Николина, „Глас за правда“ Истражувачки извештај: Процена на судските постапки за случаи на семејно насилство, со посебен фокус на менаџирање на предметите од родова перспектива, Универз итет „Св.Кирил и Методиј”, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје. Скопје, 201415 Ибид, стр. 56

Page 10: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

8

Врз основа на горенаведеното може да се заклучи дека жртвите на семејно насилство во Репу-блика Македонија, се соочуваат со несоодветна заштита од страна на институциите надлежни за постапување во случај на семејно насилство. Самото тоа им дава чувство на несигурност и дискриминација од страна на системот, па така тие всушност се наоѓаат во еден институцио-нален и семеен ‘вртлог’ на нивна постојана виктимизација и мултиплицирање на насилството.

1.2. Изјава за намера

Предмет на овој документ ќе биде дискриминацијата и виктимизацијата врз жените предизви-кана од неажурноста на институциите на правниот систем во Република Македонија во форма на насилство кое го трпат, а кое подоцна се манифестира во страв кај останатите жени кои се одвратуваат од идејата да пријават семејно насилство по кој било основ.

Целта на овој документ е да се нотираат проблемите и недостатоците во делот на појавата на дискриминација во случај на семејно насилство врз жената од страна на институциите на систе-мот и да се дадат препораки за надминување на проблемите и недостатоците во однос на дис-криминацијата, при слуачаи на семејно насилство врз жените во нашата држава. Документот ќе се обиде да ги идентификува можностите за понатамошно усовршување на капацитетите на институциите на системот во начинот на нивно постапувње кон жртвите на семејно насилство.

Една од основните задачи на овој документ е да придонесе кон унапредување на пристапот на институциите на системот кон самохраните мајки, жртви на семејно насилство со цел оствару-вање на нивните права, и проценка на ажурноста и степенот на селективност на институциите во нивниот пристап кон потребите на жртвите на семејно насилство.

Page 11: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

9

2. ОПИС НА ПРОБЛЕМОТ

2.1. Причини за проблемот

Создавањето на семејство во нашето општество се покажува како важен дел од портретот на нашиот живот. Семејството има круцијална улога во развојот на една личност. Колку е тоа хар-монизирано толку ќе бидат и неговите членови посреќни во своето секојдневие. Една од при-чините поради кои општествата тешко прифаќаат одредени размислувања е последица, прво на домашното размислување (какви се ставовите на семејството во однос на тоа прашање), а потоа и отвореноста на самото општеството. Во едно патријархално семејство недозволиво и незамисливо е да се спомене брак меѓу лица од ист пол кои би одгледувале дете, или, пак, дека сам родител (најчесто мајка) може да одгледува и воспитува дете, а притоа да му даде насоки во животот кои според некои нивни тврдења се сметаат за вистински.

Семејното насилство како феномен не се појавува во овој век, тоа е нешто што постои од дамнеш-ни времиња во различни култури, нации, општества и сл. меѓутоа не бил третиран на исти начин и со исти приоди. Тоа предизвикува општествена реакција во вид на срам, осуда, исмејување, навреди, што го прави семејното насилство уште потешко за превенција и отстранување. Од тие причини семејното насилство речиси по правило се прикрива, за него се молчи, а членовите над кои се извршува се изложени на психолошко страдање и трпење на физички повреди.16

Кога се случува семејно насилство, на почетокот најчесто насилниците не признаваат дека тоа се случило, или, пак, велат дека нема да се случи повторно. Жртвата е таа која секогаш треба да ја преземе вината, бидејќи по некоја логика на оној кој го извршил насилниот акт, тие ја предиз-викале со нешто неговата реакција.

Многу од насилниците се соочиле со насилни акти во своето детство, па затоа можат и да им се препишат некои типични карактеристики кои ги поседуваат најголем дел од нив, како што се: насилство (физичко или психичко) од страна на некој од родителите како деца; присуство на насилство врз својата мајка, сестра од страна на својот татко, или, пак, честа употреба на дрога или алкохол од страна на родителите.

Голем број од ваквите личности гледајќи го својот татко како врши злоупотреба врз својата мајка тој го прифаќа тој начин на третирање и врз другите жени, тој го „прима“ карактерот на својот родител како огледало во кое треба да го одрази неговиот карактер.17 Исто така, доколку неговата мајка не направи чекор напред за да се оттргне од таквото насилство, не го напушти домот и не побара помош, туку го толерира тогаш и тој момент се внесува во психата на лич-носта на детето кое создава слика дека и неговата жена треба да биде иста. Живеејќи во ваква семејна атмосфера децата се тие кои учејќи преку поделеноста на родовите улоги го прифаќаат насилното однесување, како нешто нормално и продолжуваат да се идентификуваат или со насилникот или со жртвата, што подоцна во животот резултира со нивно насилно однесување или нивна виктимизација. Семејното насилство има карактер на родово базирано насилство, односно насилство насочено кон жените само заради тоа што се жени, бидејќи од една страна, несразмерно повеќе ги погодува жените отколку мажите (иако не ги иззема сосема и мажите), а од друга, мажите се тие кои многу почесто се наоѓаат во улога на сторители.

16 Велкова Татјана, Вовед во криминологија (авторизирани предавања), (2-ри Август С“: Штип, 2009). 17 Family Crisis Foundation, http://www.familycrisisfoundation.com/can-an-abuser-change [26.06.2016]

Page 12: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

10

2.2. Тековна состојба на проблемот

Родовата базираност на семејното насилство се потврдува и со наоди од истражувањето: „Про-цена на судските постапки за случаи на семејно насилство, со посебен фокус на менаџирање на предметите од родова перспектива“, спроведено во Република Македонија во 2013 година. Според истражувачките наоди, „... од сите жртви на кривични дела при вршење на семејно на-силство, само 4% се мажи кои се жртви на жени сторители. Од друга страна 76% од сите жртви, се жени кои се жртви на мажи.”18 „Не е за потценување фактот дека во Република Македонија секоја четврта жена во просек е или на некој начин била злоставувана од својот сопруг. Тоа е податок кој загрижува, од проста причина што тоа е податок кој е истражуван и кој е релеван-тен, меѓутоа кога и на тие 25% жени, кои барем еднаш во животот имаат претрпено некој од видовите на семејно насилство, ќе се додаде процентот на жени кои спаѓаат во темната бројка на оваа појава кај нас, навистина се доаѓа до загрижувачки заклучоци околу тоа колкав е вкуп-ниот обем на семејно насилство во нашата држава над жените. Во Република Македонија за периодот од јануари до септември 2010 година се регистрирани околу 598 жртви на семејно насилство од кои 374 се жени. Со тоа се доаѓа до 62,5% жртви жени на семејно насилство во овој период, со што се потврдува тезата дека жените се најчестите жртви на семејно насилство во Република Македонија.“19

Како последица од семејното насилство голем број од жртвите - жени и мајки стануваат самохра-ни родители. Да се биде самохран родител - жена во едно патријархално општество во кое доми-нантната улога секогаш му припаѓа на мажот кој најчесто е причината за одгледување на детето од страна на еден родител, е тешка секојдневна ситуација со која се соочуваат голем број на жени.

Нерешеното станбено прашање, дискриминација, невработеност, недостаток на финансиски средства, изостанување на плаќање на издржување на детето и помош при негово одгледу-вање, неинформирање на самите самохрани родители за нивните права, како и недостаток на општествена и институционална помош се секојдневие на овие жени. Ваквата општествена поставеност и слабата, и речиси непостоечката институционална помош и поддршка доведува до ситуации кога самохраните родители се секундарно виктимизирани, без можност од испол-нување на нивните права и обврските од страна на институциите кои треба да ги заштитат тие права, што на крајот на т.н. circulus vitiosus значи префрлање на вината врз самохраните роди-тели за ситуацијата во која се нашле истите.

„Токму поради горенаведеното, во случај на насилство поверојатно е жртвата за насилството првенствено да информира близок член на семејството отколку да пријави во институциите. Меѓу институциите кои се идентификувани од жртвите како места каде најчесто би пријавиле случај на насилство се полицијата (33%), а следни на листата се социјалните работници (11%). Меѓутоа, високи 24% од испитаниците се изјасниле дека не би кажале никому за случајот, доде-ка 19% би им кажале на родителите. Во врска со задоволството со квалитетот на услугите што се добиваат, испитаниците изразиле висок степен на задоволство со услугите кои ги обезбеду-ваат невладините организации и здравствената заштита“20.

При креирање на општествени политики во оваа област е важно да се има предвид дека са-мохраните мајки претставуваат хетерогена, посебно чувствителна група на лица, на кои конти-нуирано им е потребна помош и поддршка од општеството, и чии потреби се различни. При-чината за тоа е фактот дека факторите на општествена загрозеност на оваа категорија лица се различни, поради што и нивните потреби се различни, а нивното задоволување бара и приспо-бување на тие потреби кон обликот на општествена помош и поддршка.

Дискриминација и нерамноправноста меѓу жените и мажите во општеството и семејството кои постојат, непостоење на идентификација на предрасудите и родовите стереотипи кои 18 Мирчева Стојанка, Чачева Виолета, Итни мерки за заштита на жртвите на домашно насилство: Истанбулска конвенција, 1.02 Прегледна научна статија УДК 343.54/55:[347.919.6:343.9819 Соопштение на Министерството за труд и социјална политика од 26.11.2010 (www.mtsp.gov.mk), Семејното насилство во Република Македонија, 1.02 Прегледна научна статија, УДК 343.54/.55(497.7)20 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција и сузбивање, Прегледна научна статија, УДВ.343.54/55:343.85(497.7)

Page 13: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

11

се појавуваат во нашето општество, незаинтересираноста и непрофесионалниот пристап на службениците во институциите во однос на жените жртви на семејно насилство, недостаток од водење разговор со жртвите на семејно насилство како и непостоење на мултисекторско координирано постапување во справувањето со семејното насилство внатре во институциите и неможноста да се изврши процена на ризикот од повторување на насилството и ново насил-ство, се некои од причините кои го следат проблемот со дискриминацијата и насилството врз жените од страна на институциите на системот.

Моменталната состојба во однос на дискриминацијата и насилството врз жените од страна на институциите ја следат низа проблеми во однос на постоење на мал број на семејни места, нефункционални шелтер центри и центри за жртви на силување и поддршка на силувана жена, бирократските бариери со кои се соочуваат жените жртви на семејно насилство.

Правните прописи мора да бидат концепирани на начин што ќе овозможат, во голема мера, за-доволување на сите најосновни потреби на овие семејства. Меѓутоа, не смее да се изгуби од вид дека решавањето на проблемите на еднородителските семејства започнува со донесување на соодветни законски решенија. Клучните промени и напредок може да се случат само ако имаме активно учество на сите релевантни институции, организации и поединци во системот на зашти-та, преку соработка чијашто основа ќе биде заеднички интерес и настојување за воспоставување на висококвалитетен систем на поддршка и заштита на самохраните родители.21 Се разбира, про-мените се можни и доколку се работи и на промена на општествените перцепции на ваквиот проблем чие постоење длабоко ја поткопува положбата на самохраните родители.

21 Arsic Jelena, Reljanovic Mario, K.Petrovic Aleksandra, Zastita samohranih roditelja u Republici Srbiji, Analiza pravnog okvira i preporuke, Fondacija Ana i Vlade Divac, Beograd, Beograd 2015

Page 14: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

12

2.3. Извори и докази

При изготвувањето на овој документ за јавни политики беа користени податоци, информации и дефиниции од меѓународни конвенции и од законската регулатива во нашата држава кои дадоа одговори на прашањата коишто ги обработуваше документот. Исто така, беа користени публикации, трудови и книги во кои се содржани веќе готови податоци од анкети и истражу-вања што помогнаа во изнаоѓањето на решенија преку кои ќе се даде сугестија за подобро и поуспешно решавање на некои од проблемите во постапката и дејствувањето на институциите при семејното насилство. За добивање поконкретни и посвежи податоци беше спроведена фо-кус група која помогна да се добие одредена слика за моменталната ситуација во институци-ите, нивниот пристап, спроведување на законските прописи и начинот на кој тие пристапуваат при соочувањето со жртвите на семејно насилство и изнаоѓање на соодветно решение за по-мош на овие лица. При изготвувањето на овој документ најнапред беше разгледан историски-от пат на појавата на семејното насилство преку дефинирање на овој поим со меѓународните конвенции. Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените и Кон-венцијата на Советот на Европа за превенција и спречување на насилство врз жените и семеј-ното насилство како едни од најважните документи донесени за заштита на жените се важни за спомнување во овој документ од причина што од нив може да се исцрпат различни информа-ции кои ќе бидат од корист за понатамошни обработки, анализи и дефиниции. Во Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и спречување на насилство врз жените и семејното насил-ство е дефинирано родово базираното насилство во кое спаѓа и самото семејно насилство, и е употребена истата дефиниција која што се користеше и при изработка на овој документ.

Студиите „Криминологија“ од Пере Аслимоски и Ангелина Станојоска, како и „Криминологија“ на Љупчо Арнаудовски беа искористени во изработката на овој документ за да се дефинира базичното семејно насилство, што претставува и каде се случува истото.

Одредени делови од студијата „Вовед во криминологија“ од Татјана Велкова беа искористени за да се покаже дека семејното насилство, во голем број случаи, се трпи поради страв од осуда од околината.

Законските прописи кои важат во Република Македонија и се однесуваат на семејното насил-ство (Законот за семејството, Кривичниот законик и Закон за превенција, спречување и зашти-та од семејно насилство) помогнаа во изработката на овој документ во поглед на дефинирање-то на родовото базирано насилство и семејното насилство во Република Македонија, како и во обработка на постапката, надлежностите и начинот на постапувањето на институциите во случај кога постои пријава од страна на жртвата која е изложена на континуирано насилство од страна на својот сопруг и семејството.

Од анализата „Глас за правда“, Стојанка Мирчева, Виолета Чачева, Николина Кенинг, 2014 беше искористен дел во кој се опишуваат некои искуства на жртвите со институциите и нивното префрлување на одговорноста околу заштита на истата.

Прегледната научна статија „Итни мерки за заштита на жртвите на домашно насилство: Истан-булска конвенција“ Мирчева Стојанка, Чачева Виолета беше искористена за наведување на спроведеното истражување во врска со семејното насилство од аспект на родова перспектива.

Веб страната „Family Crisis Foundation“, http://www.familycrisisfoundation.com/can-an-abuser-change, беше искористена за укажување на фактот дека колку повеќе децата се осудени да растат во средина на семејно насилство, тие сè повеќе ќе го градат својот карактер во рамките на тие дејствија и ќе ги формираат нивните личности од аспект на тие случувања.

Прегледната научна статија „Семејното насилство во Република Македонија“, Александра Гру-евски - Дракулевски, ја дава информацијата на Министерството за труд и социјална политика за тоа дека е спроведено истражување кое покажало дека жените се најголеми жртви на семеј-но насилство.

Page 15: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

13

Анализата „Analiza pravnog okvira i preporuke „Zastita samohranih roditelja u Republici Srbiji“, Arsic Jelena, Reljanovic Mario, K.Petrovic Aleksandra, беше употребена за да укаже на фактот дека правните прописи за да имаат ефективна и ефикасна употреба во пракса мора да имаат нивно имплементирање од страна на сите институции и субјекти кои ќе имаат и одлична меѓусебна соработка.

Последната методолошка алатка којашто беше искористена е спроведување на фокус група со самохрани мајки, жртви на семејно насилство. Овој метод на примарен извор на податоци е применет со цел да се добијат изјави од жени жртви на семејно насилство, кои имаат лично ис-куство во контакт со институциите на системот надлежни за постапување во случај на семејно насилство и заштита на жртвата. За да се добијат податоци од жените, жртви на семејно насил-ство, односно нивните лични искуства, кога се обратиле за помош во институциите надлежни за заштита, како и образложување на нивните гледишта за тоа кои би биле најсоодветните при-стапи од страна на институциите за ситемот на заштита на жртвите на семјно насилство, беше спроведена една фокус група, со пет самохрани мајки, жртви на насилство. Технички ограничу-вања наведени во продолжение на документот се причина за бројот на примерокот. Имињата на мајките при презентирање на податоците во овој документ се изменети, сè со цел да не биде откриен нивниот идентитет. Преку нивните искази беа добиени искуствени податоци во врска со положбата на самохраните мајки жртви на семејно насилство, при што исказите укажаа и на нивната беспомошност при обраќање до институциите на системот надлежни за заштита на таа категорија граѓанки. Преку нивните лични искуства беа добиени информации за тоа што им е најпотребно и најважно да го добијат од службите, кои во државата се надлежни за помагање, заштита и превенција на семејното насилство.

Колектирањето на примарните, и на секундарните извори на податоци помогна при креирање на опции на јавната политика кои се препорачуваат во поставувањето на сет на активности за намалувањето на институционалниот јаз со кој се соочуваат жртвите на семејно насилство, како и донесување на низа мерки за соодветно пружање на заштита од страна на институции-те, сè со цел самохраните мајки, жртви на семејно насилство да добијат помош и да излезат од ‘вртлогот’ на повеќе слојна виктимизација.

Page 16: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

14

3. ОПЦИИ НА ЈАВНАТА ПОЛИТИКА

а. Можни приоди кон решавање на проблемот

1. Јасно дефинирање на статусот на самохраните родители и вметнување на истиот во закон-ската рамка, за да се обезбеди заштита и да се заштитат правата на истите, односно да знаат самохраните мајки кога се соочуваат со дискриминација;

2. Опсежна и детална анализа на најчестите проблеми со кои се соочуваат самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство;

3. Обезбедување на обуки на вработените лица во сите релевантни институции кои ја трети-раат оваа проблематика;

4. Информативни кампањи за самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство за пре-ку истите тие да бидат информирани за нивните права;

5. Обезбедување на системска и долготрајна финансиска поддршка од страна на државата на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика во процесот на подо-брување на постапувањето на државните органи со самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство, како и обезбедување на соодветни услуги.

6. Итна ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство.

б. Критериуми кои користат за да се евалуираат опциите (рамка за анализа)

За потребите на изготвувањето на овој документ за јавни политики беше спроведен анкетен прашалник врз фокус група, со цел да се добијат релевантни податоци и да се овозможи ефек-тивна дискусија за проблемите на жртвите преку нивните искуства, проблеми, ставови и слич-но, за да може да се добие слика од постапувањето на институциите во Република Македонија при пружањето заштита на самохраните мајки, жртви на семејно насилство.

Преку оваа фокус група т.е директна консултација со самохраните мајки се идентификуваат одговори на прашањата „зошто“ се случило насилството и „како“ институциите изреагирале во случајот. Преку отворен и темелен разговор жртвите имаа можност да ги раскажат своите пре-живеани искуства со институциите, врз основа на што можеа да се детектираат понатамошните приоди кон проблемот и да се предложат решенија за истиот.

За потребите на фокус групата беше користен прашалникот којшто се наоѓа во продолжение на овој текст.

А Н К Е Т Е Н П Р А Ш А Л Н И К

Напомена: Целта на оваа фокус група е да се добијат информации околу проблемите со кои најчесто се соочуваат самохраните мајки во лавиринтите на институционалното работење на органите задолжени за нивна заштита.

Фокус групата е анонимна и добените одгори ќе послужат само за исполнување на целите на изработката на документ за јавни политики на тема „Самохраните мајки - жртви на мулти-плицирано насилство“

Ве молиме на прашањата да одговарате искрено заради точност на податоците, а и точност на истражувањето. Ви благодариме.

Page 17: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

15

Возраст до: 30 години 31 - 40 години над 40 години

Етничка припадност: ________________________

Образование: средно високо м-р д-р

Место на живеење: ___________________________

1. Дали сметате дека принципите на недискриминација врз основа на пол помеѓу мажите и жените кои се вметнати во Уставот се применуваат еднакво и во секојдневниот живот?

2. Дали сметате дека институциите во Македонија подеднакво го почитуваат правото на ед-наквост меѓу мажите и жените?

3. Дали сте запознати со одредени законски правила кои ја потенцираат родовата еднаквост, и дали сметате дека државата доследно се труди да ја промовира родовата еднаквост и во пракса?

4. Дали сте слушнале и знаете што опфаќа поимот родово базирано насилство? Ве молиме со неколку зборови објаснете го истото.

5. Дали сметате дека постои силување во брак? Дали сте запознаени дека тоа е кривично дело во законската легислатива во Македонија?

6. Дали знаете дека постојат закони кои го казнуваат семејното насилство? 7. Дали сте пријавиле семејно насилство? Каде?8. Каква беше реакцијата на вработените во институциите каде што пријавивте семејно насил-

ство?9. Дали навремено интервенираа и како? 10. На кој начин бевте третирани од страна на надлежните институциите по пријавување на

семејно насилство?11. Дали институциите каде што пријавивте насилство ве запознаа со вашите права и Ве упатија

до соодветните институции за остварување на истите?12. Дали институциите по пријавувањето на семејното насилство Ви ја дале потребната мини-

мум заштитата која Ви следува согласно законските прописи? 13. Со кои институционални бариери се соочивте при пријавувањето на семејно насилство?14. Дали и какви мерки презедоа надлежните државни органи задолжени за спречување на

родово базирано насилство и насилство врз жените, вклучувајќи и семејно насилство за истото да не се повтори во иднина?

15. Дали Вашиот контакт со надлежните државни органи претставуваше позитивен пример за нивната работа?

16. Што би промениле кај институциите коишто постапуваат во случај на семејно насилство?17. Што би им препорачале на креаторите на политики во однос на подобрување на функцио-

нирањето на институциите кои постапуваат во случај на семејно насилство?18. Дали има нешто што не го прашавме, а Вие би сакале да ни го кажете?

Фокус групата беше составена од самохрани мајки, жртви на семејно насилство, кои се огласија на повикот преку социјалните мрежи, објавен од страна на невладината организација „Една може“22. На повикиот се пријавија десет мајки, жртви на семејно насилство, кои беа позитивно

22 https://www.facebook.com/groups/880016118728947/

Page 18: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

16

изненадени од иницијативата. Навидум сите од нив беа заинтресирани и расположени да ги споделат своите искуства, како и да дадат одговор на анкетните прашања. Но и покрај вид-ниот ентузијазам од страна на мајките за можноста да го споделат искуството што го имаат со институциите, надлежни во постапување при семејно насилство, на понудена опција за аудио снимање на разговорот со цел поверодостојна анализа на нивните одговори, дел од нив јавно го искажаа стравот од можноста да бидат откриени од страна на насилникот и да бидат повтор-но изложени на насилство. И покрај напомената дека разговорот е анонимен, и дека нема да се споменуваат имиња и лични податоци, како и дека податоците ќе ги обработуваат луѓе што нема да учествуваат во спроведување на фокус групата, некои од пријавените сепак одлучија да не дојдат. При анализирање на состојбата во која се наоѓаат самохраните мајки, жртви на семејно насилство, кога се соочуваат со институциите, како еден од индикаторите за нивната незавидна и небезбедна положба може да се идентификува и нивнииот страв од јавна осуда и можност од понатамошна континуирана виктимизација доколку излезат во јавност нивните сведоштва и искуства.

в. Опции кои не се претпочитаат и зошто

1. Да остане сегашната позиција на институциите во однос на реагирањето кога има пријави од жени жртви на семејно насилство, бидејќи доколку се продолжи со тој третман нема да има никакво подобрување во однос на намалување на семејното насилство и пријавување на вакви случаеви од страна на жртвите кои сè повеќе стануваат обесхрабрени поради иг-норантскиот однос на институциите кон нив и поради тоа што вината секогаш се бара во нивната личност (кај жената).

2. Да се нуди помирување со насилникот при советување кое се одржува во Центарот за со-цијални работи заради најдобар интерес на децата кои ги имаат. Кога социјалните работни-ци ги повикуваат жртвата и насилникот на разговор во однос на слученото, една од опциите за разговор е помирување. Ова не треба да биде ниту спомнато, а камоли изговорено како опција. Не е возможно да се зборува за помирување со некоја личност која извршила на-силство врз одредена личност само поради имањето на деца. Децата се, исто така, викти-мизирани со насилството, и не е потребно да се оди кон помирување на родителите, туку напротив - потребно е санкционирање на сторителот и одвојување од жртвата и децата.

3. При случај на семејно насилство да се става акцент на децата како примарни жртви за да се одвлече вниманието од вистинската жртва во овој случај. Најчесто претставници на инсти-туциите ја дефокусираат јавноста од семејното насилство со тоа што тие жената не ја гледаат како примарна жртва, туку тоа го заобиколуваат и продолжуваат кон децата. Секако дека де-цата се жртви во овој случај, меѓутоа тие не се примарни жртви и институциите, а и јавноста треба да знаат да го препознаат тоа.

4. Жртвата да биде таа која најчесто ќе си оди од домот. Досегашната пракса покажува дека во најголем број случаи кога се случува семејно насилство, жртвата си оди од домот за да се за-штити од понатамошни напади, а не насилникот. Оваа пракса не се препорачува да продол-жи, при што и институциите се тие кои треба да помогнат и да ја заштитат жртвата со тоа што ќе го отстранат насилникот од домот, а на жртвата ќе ја дадат потребната сигурност.

5. Недавање на системска и финансиска поддршка од страна на државата за функционирње на специјализирани шелтер центри. Република Македонија може да се „пофали“ со нефункцио-нални шелтер центри за жените жртви на семејно насилство. Немањето простор каде може да се смести оваа категорија на жртви остава сомнеж дека институциите не се загрижени за да им пружи соодветна заштита и сигурност на жените, и државата не е заинтерсирана за да го поправи тоа. Ова не се препорачува да продолжи и во иднина, бидејќи на овој начин не постојат места каде што жртвата би можела да престојува доколку излезе од насилен дом.

Page 19: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

17

г. Опција на политиката која се претпочита и зошто

1. Препознавање на насилството од страна на институциите во случај на семејно насилство. Тоа ќе се постигне со добар менаџерски тим на институциите кои ќе го насочат својот став и ќе го стават својот фокус на тоа вработените во таа институција да знаат да препознаат слу-чај каде жената е жртва и да ја обезбедат потребната помош којашто ја бара.

2. Отстранување на насилникот од домот. Полицијата заедно со другите институции да се насочи кон тоа да изнајде механизми и да го отстрани насилникот веднаш од домот и да обезбеди за-штита на жртвата и нејзините деца. Ова може да се постигне со повремени обиколки на домот на жртвата со покажување интерес дека нејзината безбедност е од значење за институциите.

3. Изградба или ставање во функција на шелтер центри за жените жртви на семејно насилство. Ова е од големо значење бидејќи е потребно жртвите да бидат згрижени и да продолжи нивното социјализирање во општеството. Исто така преку овие шелтер центри жртвите би требало да добијат бесплатна правна помош, психолошка помош, како и советодавни услуги како економски да се зајакнат самите.

4. Придружба на жените жртви низ институциите. Идентификување на личности (студенти/ки од Факултетите за безбедност, Институтот за социјална работа и социјална политика, Пра-вен факултет и други, како и претставници/чки на невладини организации, активисти/ки и слично) коишто би биле соодветно подготвени да ги придружуваат жртвите кога тие треба да одат во институциите при барање на правдата и да им овозможуваат правни совети или поддршка во дадениот момент.

5. Еднаква заштита на жените од руралните и од градските подрачја. За да може секоја жена да чувствува дека може државата да ја заштити преку своите институции, таа не треба да биде дискриминирана поради тоа што доаѓа од рурална средина. Напротив, еднаквиот пристап и третман на сите жртви е предуслов за да се оствари правда во случај на семејно насилство.

6. Едукација за семејно насилство преку илустрации, анимирани цртани филмови, приказни и други варијанти на едукативни материјали за најмалите деца, почнувајќи од градинка, за да може да се влијае на развивањето на менталниот склоп на генерациите кои доаѓаат за да знаат да препознаат насилството.

7. Доследна имплементација на протоколот за постапување од страна на институциите кои треба први да реагираат. Ова е важно од причина што колку е подобро организиран пристапот за жрт-вата, толку побрзо и поефективно ќе биде решен. Со донесување на нов план т.е протокол или изменување и имплементирање на веќе постоечкиот, каде сите чекори за постапување се детал-но објаснети, префрлањето на одговорноста на институциите ќе биде намалена или ќе ја снема.

8. Обезбедување поддршка на самохраните мајки жртви на семејно насилство на различни на-чини. Организирање на настани кои ќе ги разработуваат овие теми, подигање на јавната свест преку формални и неформални модели, максимално искористување на социјалните мрежи за укажување на сè што е поврзано со самохраните мајки кои искусиле семејно насилство и сл.

9. Активно вклучување на претставници на машкиот пол во промоција на мерки и активности кои ќе се преземаат во иднина за препознавање и спречување на семејно насилство, со цел да добие на уште поголема важност во јавноста. Заедничкото делување на мажите и жените за ова прашање е многу важно за да може да се испрати слика дека се работи за прекршување на човечко право и губење на достоинството со извршување на каков било вид на насилството, како и тоа дека семејното насилство не може да биде оправдано и мора да престане.

10. Препознавање на потребата за едукација во самите семејства за семејното насилство. Мир-ното и ненасилно однесување секогаш започнува од дома. Семејството треба да посвети го-лемо внимание на едуцирање на своите поколенија дека е потребно насилството да се избег-нува, а доколку истото се случи да не се крие и премолчува, туку да се пријави и да се бара соодветна санкција. Доколку детето ги научи овие почетни вредности за родовата еднаквост од дома, тогаш многу полесно ќе го пренесе тоа знаење и во заедницата каде што живее, а ќе може и да препознае кога се случува насилство за да може соодветно да реагира.

Page 20: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

18

4. ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКИ

а. Очекувани главни наоди од истражувањето

На фокус групата присуствуваа пет самохрани мајки, жртви на семејно насилство, сите од Ско-пје. Просечната возраст на присутните беше од 31 до 40 години и сите беа со високо образо-вание. Анализата на добиените податоци ги покажа следните проблеми. Маријана го сподели своето искуство со институциите:

И Катарина имала слично искуство, каде и да се обратела и велеле:

Page 21: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

19

Според Ирена „Во текот на бракоразводна постапка, работите се најнејасни, насилството е најголемо, а полицијата и институциите најмалку реагираат затоа што работите сè уште не се чисти, со тоа што на крај секогаш завршуваат со исказ ‘Не знам јас, ова не е семејно на-силство, не можам да верувам ни на едниот ни на другиот, и ми се чини дека ова е семејна рас-правија’. Полицијата најчесто верува на господинот (мажот) дека нема насилство и дека тој на крајот од денот ќе се врати дома“.

Овие изјави, од страна на испитаничките, јасно покажуваат дека постои јаз помеѓу институции-те на системот и жртвите на насилство. Индиферентноста на институциите уште повеќе го охра-бруваат насилникот, за што говори и сведоштвото на Весна: „Насилникот вика ‘Само да ми пад–не во раце детето, ти нема да го видиш повторно’ и институциите тоа го дефинираат како момент на афект, не дека он така стварно мисли, а појма немаат каков е он како личност“.

Page 22: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

20

Неопходноста од професионализам во извршувањето на обврските од страна на институциите најдобро се гледа во исказот на Билјана: „Државата треба да се грижи за нас преку вработени-те во институциите. Не бараме емпатија, бараме да си ја извршуваат должноста. Не бараме од џеб да вадат, тие се платени за тоа. Бараме да го решат проблемот.“

Испитаничките беа едногласни дека единствено нешто што треба да се направи за да се дојде до промена е реконструирање на институциите, едукација на вработените и целосна промена на правила и регулативи. За своето негативно искуство, со различни институции, зборуваа Ма-ријана: „Пријавив насилство во ЦСР и тие дојдоа на увид после 6 месеци. Среќа беше што имав каде да останам и да се оттргнам од таму, инаку доколку немаш џабе ти е што си пријавил, а тие доаѓаат после 6 месеци да проверат.“, Ирена: „Полицијата доаѓа многу покасно откако е пријавен настанот, пример ако сум пријавила во 19 ч. тие доаѓаат во 23 ч., или, пак, воопшто не се појавуваат. Полицијата доаѓа и ‘го решава случајот’ и си заминува. Потоа насилството е троструко, полошо“, Весна: „Во институциите се седи во иста соба со насилникот. Тоа е до-полнителна виктимизација. Имате случај на семејно насилство, а институциите дозволува-ат жртвата и насилникот да бидат заедно на исто место, и да се дозволи повторно манифе-стирање сила. Судиите доцнат, не доаѓаат точно на рочиштата, и со тоа предизвикуваат дополнителен стрес да се чека заедно со насилникот и можност од конфликтна ситуација“ и Билјана: „Пробуваат да ве разубедат да не почнувате со постапка кога имате психичко насил-ство бидејќи најчесто немало да заврши со нешто конкретно, и те рушат уште од почеток кога конечно си се одлучила да го направиш првиот чекор.“

Непрофесионалниот пристап од страна на институциите кон оваа категорија ѓраѓанки, ги обесхрабрува истите во нивниот обид да го напуштат насилникот и да го продолжат животот без насилство. Но и тие жени, кои се охрабруваат да си заминат сè уште се подложни на закани од страна на насилникот за што сведочи искуството на Катарина: „Кога замнав од таму и се вра-ботив во училиште, се задолжив со кредити и заминав само со работите од ќерка ми и почнав од 0. Лажица за јадење немав. И ден-денеска се откажав од алиментација, зашто не ме зашти-ти законот кога тој ми се закануваше, дека ќе ја најде ќерка ми кај и да е. Или да се откажам од алиментација и да имам мирен живот или ќе зимам алиментација и ќе биде тоа што ќе биде. Кога тоа го кажав на институциите, тие не ми помогнаа, и до ден-денеска молчат, бидејќи немам кој да ме штити, немам јака врска“.

Од исказите добиени преку фокус групата, како и од анализата на достапната литература и истражувањата кои ја третираат оваа проблематика може да се извлечат неколку генерални заклучоци:

• Жртвите сметаат дека не ги уживаат еднакво правата и слободите кои им се утврдени со Уставот и законите;

• Дискриминацијата и стигматизацијата е често присутна кај самохраните мајки;• Жртвите сметаат дека немаат еднакви стартни позиции за вработување;• При повик на полиција за пријава на семејно насилство, истата доаѓа многу покасно од до-

биениот повик;• Институциите бараат вина кај личноста на жртвата за стореното семејно насилство;• Некомпетентен, нестручен кадар е вработен во институциите кои се занимаваат со случаи

на семејно насилство;• Постојано менување на луѓето кои се дел од тимот кој го разгледува случајот на семејно

насилство, со што постојано се виктимизира жртвата за да го раскажува случајот постојано на други личности;

• Непрепознавање на психичко насилство од страна на институциите;• Озборување за случајот на семејно насилство од страна на вработени во институциите во

помалите градови во државата;

Page 23: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

21

• При добиени закани од насилникот во однос на детето, институциите ја примаат информа-цијата како „момент на афект“;

• Потребно е вработување на стручни лица со соодветно образование кои ќе можат да одго-ворат на поставените предизвици што ги нуди семејното насилство;

• Изработка на брошури со анонимни случаеви на сторено семејно насилство кои ќе бидат оставени во чекалните на институциите и на сите други места за кои ќе се одлучи дека се погодни за споделување;

• Едукација уште од најрана возраст и на машките и на женските деца за оваа проблематика;• Запознавање со правата на жените, што претставува семејното насилство - сите негови форми;• Подобрување на шансите за вработување на самохраните мајки - жртви на семејно насилство;• Едукација за потпомагање за добивање на економска стабилност;• Соработка меѓу институциите, без префрлање на одговорноста;• Изработка на правилници за постапување со жртви на семејно насилство во кој ќе бидат

вклучени и децата;• Поголема активност на невладините организации во информирање на јавноста во соработ-

ка со институциите за теми поврзани со семејното насилство и самохранот родителство.

б. Предложен пакет за применетата политика

Врз основа на резултатите добиени од фокус групата и исказите на испитаничките, како и до-сега направените истражувања и анализи користени за изработка на овој документ, може да се заклучи дека за првично решавање на проблемот се јавува потреба од промена на јавната свест. Токму заради тоа јавната политика треба да се насочи кон пошироката маса и кон по-општи решенија за проблемот, за успешно да се креира терен за промена на институционални-от однос на оваа категорија лица.

1. Јасно дефинирање на статусот на самохраните родители и вметнување на истиот во законската рамка, за да се обезбеди заштита и да се заштитат правата на истите, односно да препознаат самохраните мајки кога се соочуваат со дискриминација;

За точно да се дефинира и препознае дискриминацијата на одредена категорија граѓани таа треба да биде заштитена со соодветна законска рамка, на која ќе може во секое време да се повика. Токму поради тоа во време кога бројот на самохрани родители сè повеќе расте заедно со проблемите со кои се соочуваат тие, потребата за точно дефинирање на нивниот статус е најголема од кога било. Токму точното утврдување на тоа кој сè се смета за самохран родител, и кои права и бенефити тој/таа може да ги ужива е доволно за да се креира една сосема поинаква атмосфера во целото општество. Самохраните родители, штом се запознаени со своите точни права, многу полесно ќе може да ја препознаваат дискриминацијата со која би се соочиле во институциите, и против неа многу полесно би можеле да се изборат со правни механизми, до-колку ја имаат заштитата на законот.

При дефинирањето на ваквата дефиниција прва мерка е секако максимална популаризација на истата, преку јавни кампањи и работилници со стручни лица, со кои самохраните родители прво стапуваат во контакт. Јавната кампања е важна затоа што на тој начин ќе се искоренат сите предрасуди за еднородителските семејства, ќе се тргне децениското уверување за „погрешно-ста“ на ваквиот тип семејства, а со тоа ќе се креира средина за развој на идни генерации за кои дискриминацијата на самохраните родители ќе биде непознат поим.

Page 24: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

22

2. Опсежна и детална анализа на најчестите проблеми со кои се соочуваат самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство;

По точното дефинирање на статусот на самохран родител, треба поголемо внимание да се об-рне на самохраните мајки и на дискриминацијата со која тие се соочуваат, посебно оние кои се жртви на семејно насилство. Токму тие се оние кои често се соочуваат со финансиски пробле-ми, со закани од бившиот партнер, но и со најголема дискриминација во институциите. Ранли-воста, ниската самодоверба, недоволната упатеност во законите се само дел од слабите алки кои ги прават самохраните мајки жртви на институционална дискриминација. Поради тоа со нив треба да се направат истражувања, и истите да ги посочат точно институциите каде тие сметаат дека се дискриминирани. Потоа токму со вработените во тие институции треба да се организираат обуки за запознавање со правата на самохраните мајки, со помошта која треба да им ја пружат и начините на кои треба да ги заштитат.

3. Обезбедување на обуки на вработените лица во сите релевантни институции кои ја третираат оваа проблематика;

Спроведување на работилници со вработените во Центрите за социјална работа е следен че-кор кој треба да се преземе по точното дефинирање на статусот на самохран родител, бидејќи токму тие се оние кои први стапуваат во контакт со самохраните родители и нивните деца. Тие се оние кои точно треба да знаат да им ги објаснат правата, начините на заштита и да им овоз-можат точно спроведување на сите закони.

Вработените во Министерството за внатрешни работи се следните кои треба да бидат запо-знаени со правата на самохраните родители зашто во нивните институции досегашната пракса покажа дека самохраните родители најчесто се соочуваа со дискриминација.

Обуките треба да се состојат од одржување на предавања чии предавачи би биле лица од ака-демската заедница кои претходно би работеле на истражувања поврзани со оваа проблемати-ка. На таков начин би биле детектирани проблемите поврзани со секундарната виктимизација на самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство и преку дискусија и заедничка ра-бота би биле изведени најдобри можни решенија. Во текот на предавањата и обуките, врабо-тените во Центрите за социјална работа и Министерството за внатрешн работи, кои во текот на својата работа доаѓат во контакт со самохраните мајки, би ги споделиле своите искуства од тие контакти и би добиле препораки во однос на тоа дали постапиле правилно, или би требало следниот пат да постапат на поинаков начин. Ваквиот начин на работа на крајот би резултирал со изготвување на прирачник за постапување со самохрани мајки жртви на семејно насилство.

4. Информативни кампањи за самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство за преку истите тие да бидат информирани за нивните права;

Покрај изработувањето на прирачник за вработените во Центрите за социјална работа и Мини-стерството за внатрешни работи, исто така потребно би било да се преземат чекори за инфор-мирање и на другата страна во процесот на постапување. Самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство мора да бидат информирани каде би можеле да побараат заштита на нивните права, а воедно кои се тие права кои треба да им бидат почитувани и заштитени. Ин-формативниот материјал би бил изготвен од страна на членови на академската заедница кои ја обработуваат оваа област, а би бил базиран на претходни истражувања, компаративни анали-зи и искуства на останатите земји во регионот и пошироко.

5. Обезбедување на системска и долготрајна финансиска поддршка од страна на држа-вата на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика во процесот на подобрување на постапувањето на државните органи со самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство, како и обезбедување на соодветни услуги;

Невладиниот сектор претствува неизбежна алка во синџирот на органи кои постапуваат во случаи на семејно насилство. Тој би требало активно да биде вклучен во анализата на начинот

Page 25: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

23

на постапување на државните органи и во изготвувањето на насоки за подобрување на зашти-тата на самохраните мајки кои биле жртви на семејно насилство. Невладините организации својот придонес најмногу би го дале во изградбата, промоцијата и успешното функционирање на шелтер центрите, кои се неизбежен дел од процесот на заштита на жртвите на семејно на-силство. Сепак, за да може да се обезбеди соодветно функционирање на невладините органи-зации, државата е должна да обезбеди системска и долготрајна финансиска поддршка, особе-но во делот на обезбедување на услуги за самохраните мајки жртви на семејно насилство.

6. Итна ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба про-тив насилството врз жените и семејно насилство.

Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство донесена на 11.5.2011 година, позната како Истанбулска конвенција, прет-ставува најзначаен меѓународен документ за борбата со семејното насилство. Донесувањето на еден ваков документ претставува точка на будење од зацементираната позиција во светот за овој широко распространет проблем, и дава забележлив придонес на меѓународен план за третирање на насилството врз жените. Подигнувањето на свеста за ова прашање, како и зазе-мањето на ставот дека еднаквостa меѓу жените и мажите и de jure и de facto e клучен елемент во спречувањето на насилството врз жените, овозможува во овој документ за прв пат да се дефинираат следните поими: „род“, „жени“, „насилство врз жените“, „жртви“, „родово базирано насилство“ и „домашно насилство“.

Истанбулската конвенција насилството врз жените го третира како кршење на човековите пра-ва, а домашното насилство го означува како секој акт на физичко, сексуално, психичко, економ-ско насилство коешто се случува во рамките на едно семејство или домаќинство, односно Кон-венцијата ги третира сите форми на насилство врз жените кое несразмерно ги погаѓа жените низ светот. Самата Конвенција опфаќа 4 значајни теми, и тоа: превенција, заштита, монитори-рање и суштинско право Настојувањето на Советот на Европа за потпишување и ратификација на овој документ е со цел да се постигне еднаквост меѓу мажите и жените во што повеќе земји. Конвенцијата ги обврзува владите кои ја имаат ратификувано да преземат конкретни чекори за спречување на сите форми на насилство врз жените: од демнење и сексуално вознемирување до домашно насилство, принуден брак и женска генитална мутилација. Република Македонија ја има потпишано оваа Конвенција на 8.7.2011 година и е една од 42 земји членки на Советот на Европа коишто ја имаат потпишано. Иако Конвенцијата стапува на сила на 1.8.2014 година, до сега е ратификувана и се имплементира само во 22 држави. Силните кампањи и лобирања на не-владиниот сектор, како и голем број отворените прашања и проблеми коишто ова Конвенција ги третира, укажуваат дека во Република Македонија времето за ратификација е веќе дојдено.

в. Организација на препораките

Со оглед на тоа дека се работи за доста чувствителен проблем, како и за процес во кој нема се-риозен напредок во поглед на подобрување на состојбата со семејното насилство, потребен е подолг временски период во кој ќе се работи за да се добијат посакуваните резултати во делот на жените жртви на семејно насилство.

За подобрување на општата состојба, подигнувањето на свеста и сензитивизацијата за ова пра-шање, треба да бидат користени следните алатки: видео спотови, флаери, трибини и директни разговори со граѓаните. Преку овие алатки ќе се спроведе најнапред едукацијата на населението како во градските, така и во руралните средини, а истовремено ќе се спроведе и едукација на вра-ботените во институциите надлежни за постапување во случај на семејно насилство. Бидејќи ова е една од најзначајните работи, во прашање е промена на навики и размислувања кај граѓаните и за истата е потребен подолг временски период, односно континуирана работа повеќе години.

Паралелно со едукацијата треба да биде спроведена и кампања преку трибини, дебати, рабо-тилници и лобирања за донесување на законско решение во кое ќе биде извршено дефини-

Page 26: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

ФОРУМ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

24

рањето на статусот на самохраните родители. Во овој процес треба да бидат вклучени сите за-интересирани субјекти од невладините организиации кои се занимаваат со оваа проблематика до институциите кои се надлежни да постапуваат, како и политичките партии и академската заедница којашто работи на оваа проблематика. Временски период потребен за реализирање на ова решение е 1 година.

По извршување на детекција на најчести проблеми со кои се соочуваат жените жртви на семеј-ното насилство треба да се спроведат обуки и тренинзи на вработените лица во институциите надлежни за постапување при постоење на семејно насилство. Обуките треба да се состојат од одржување на предавања од страна на предавачи од академската заедница кои претходно работеле на истражувања поврзани со оваа проблематика. Најголемиот дел од обуката и тре-нинзите треба да се содржани од практичен дел преку разработка на веќе постоечки примери со кои се соочиле институциите надлежни за постапување. Од страна на академската заедница, во сорботка со институциите, треба да се изготви и Прирачник за постапување со самохрани мајки жртви на семејно насилство. Време кое е потребно за подготовка за реализирање на ова решение (изработка на прирачник) е 6 месеци, додека самата реализација би се одвивала континуирано.

Информирањето и едукацијата на жените жртви на семејно насилство треба да се спроведува по пат на обуки, тренинзи и разговори со истите од страна на лица кои претходно ќе бидат обучуени да ја извршуваат оваа работа од невладините организации во соработка со инсти-туциите надлежни за постапување во случај на семејно насилство. За оваа намена треба да бидат оспособени посебни делови во рамките на институциите надлежни за постапување при постоење на семејно насилство врз жени. Од страна на академската заедница, во соработка со институциите и невладините организации, треба да се изготви и Прирачник кој би им помогнал на жените жртви на семејно насилство во делот на нивните права, и како истите да ги остварат. Време кое е потребно за подготовка за реализирање на ова решение (израбтока на прирачник и оспособување на посебни делови во институциите) е 6 месеци, додека самата реализација би се одвивала континуирано.

Невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика активно треба да се вклу-чат во процесот на изградбата, промоцијата и успешното функционирање на шелтер центрите, кои се неизбежен дел од процесот на заштита на жртвите на семејно насилство. Во соработка и со помош од страна на надлежните институции активно ќе работат во изградба, реновирање и приспособување на веќе постоечки објекти и нивно пренаменување во шелтер центри. Време кое е потребно за подготовка за реализирање на оваа обврска е 1 година, додека самата реа-лизација би се одвивала континуирано со постојана финансиска помош од страна на државата.

Државата треба да ги преземе сите чекори потребни за ратификација и успешна имплемен-тација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Време кое е потребно за подготовка за реализирање на оваа обврска е 1 година.

Page 27: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

САМОХРАНИТЕ МАЈКИ – ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

25

БИБЛИОГРАФИЈА:

• Арнаудовски, Љупчо, „Криминологија“, 2-ри Август С Штип, Скопје, 2007;• Arsic Jelena, Reljanovic Mario, K.Petrovic Aleksandra, Zastita samohranih roditelja u Republici

Srbiji, Analiza pravnog okvira i preporuke, Fondacija Ana i Vlade Divac, Beograd, Beograd 2015;• Велкова Татјана, Вовед во криминологија (авторизирани предавања), 2-ри Август С Штип,

Скопје, 2009;• Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција и сузбивање, Прегледна научна статија,

УДВ.343.54/55:343.85(497.7);• Груевски-Дракулевски Александра, Семејното насилство во Република Македонија, 1.02

Прегледна научна статија, УДК 343.54/.55 (497.7);• Закон за семејството, („Службен весник на Република Македонија” бр. 80/1992, 9/1996,

38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14,115/14, 104/15 и 150/15);• Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство („Службен весник на Ре-

публика Македонија” бр. 138/14, 33/15 и 150/15);• Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (Convention on

the Elimination of All Forms of Discrimination against Women – CEDAW) http://www.un.org/womenwatch/daw/cedaw/text/econvention.htm [07.02.2015];

• Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и спречување на насилството врз жените и семејното насилство (Council of Europe Convention on preventing and combating violence against women and domestic violence) http://www.coe.int/t/dghl/standardsetting/equality/03themes/violence-against-women/Exp_memo_Conv_VAW_en.pdf [07.02.2015];

• Кривичниот законик, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 87/2007, 7/2008, 139/2008, 114/2009,51/11, 135/11, 185/11, 42/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14,160/14, 199/14 и 226/15);

• Мирчева Стојанка, Чачева Виолета, Итни мерки за заштита на жртвите на домашно насил-ство: Истанбулска конвенција, 1.02 Прегледна научна статија УДК 343.54/55:[347.919.6:343.98;

• Мирчева Стојанка, Чачева Виолета, Кенинг Николина, „Глас за правда“ Истражувачки извеш-тај: Процена на судските постапки за случаи на семејно насилство, со посебен фокус на ме-наџирање на предметите од родова перспектива, Универзитет „Св.Кирил и Методиј”, Инсти-тут за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје. Скопје, 2014

• Пере Аслимоски, Ангелина Станојоска. Криминологија., Ирис Принт: Битола, 2015; • Соопштение на Министерството за труд и социјална политика од 26.11.2010 (www.mtsp.gov.mk);• Family Crisis Foundation, http://www.familycrisisfoundation.com/can-an-abuser-change [26.06.2016];

Page 28: СТОП! - fes.org.mkfes.org.mk/pdf/ДОКУМЕНТ 1 - Самохрани мајки.pdf · 10 Велкова Татјана, Семејно насилство-превенција

СТОП!Документ за јавни политики во рамки на Првиот форум за родова еднаквост 2016САМОХРАНИТЕ МАЈКИ ЖРТВИ НА МУЛТИПЛИЦИРАНО НАСИЛСТВО

Авторки: Ангелина СтанојоскаНаташа ДимескаНаташа ЈанковскаЛиндита Шакири - АтанасоваЖивка ИвановаНена ТемелковаДороти Пачкова

Менторка: Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ