32
ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Page 2: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

Оваа брошура е подготвена во рамките на проектот ,,Кон заjакнато управување со заедничкото прекугранично природно и културно наследство на регионот на Охридското Езеро“, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Албанија.За повеќе информации, ве молиме посетете ја: whc.unesco.org/en/lake-ohrid-region

Забелешка: Оваа публикација е изработена со помош од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е одоговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

Автор: Стефани ЏентлСоработници: Ана Алексова, Александра Фибих, Алма Герхани, Тобиас Геслер, Ева Кушова, Алоис Ланг, Томаш ПесолдПревод: Ана Алексова, Ева КушоваФотографии: Александар Ангеловски, Енкел Дика, Стефани Џентл, Кристоф Граз, Златко Левков, Никола Паскали, Томаш Песолд, Ride Albania Mountain Biking, Имре Себестиен, Инстаграм СтругаДизајн: Имре Себестиен/UNITgraphics

Page 3: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

Полуостровот Лин 8Св. Наум 10

Недопрената внатрешност 13Национален парк Галичица 14Ден за плажа 16

Повеќедневно планинарење 20Под вода 21Велосипедизам 22

ЖИВА ИСТОРИЈА

ПОГЛЕД ОД

ГОРЕ46

1218

ИЗВОНРЕДНА ПРИРОДА

БИДЕТЕ АКТИВНИ

СОДРЖИНА

Page 4: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

2 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ОХРИДСКО ЕЗЕРО НА ДЛАНКА:

Охридското Езеро има огромна природна и културна вредност. Од карпестите планини, до чистите, ладни води, целиот регион нуди магично бегство и можност за незаборавни авантури.

Охридското Езеро е најстарото езеро во Европа, формирано со тектонски поместувања, пред два милиони години. Најдлабоката точка на езерото се наоѓа на 288 метри. Поголемиот дел од водата на езерото, всушност извира од Преспанското Езеро, кое се наоѓа на околу 10 км југоисточно и 150 метри повисока надморска височина во однос на Охридското Езеро. Двете езера се разделени со високите, планински масиви од Националниот парк Галичица. Водите од Преспанското Езеро понираат низ подводни реки и извори, пред да избијат во форма на извори во и околу Охридското Езеро. Видливи подводни извори се лоцирани кај изворите Дрилон и во близина на манастирот Св.Наум.

Бидејќи со милиони години регионот на Охридското Езеро постоел во географска изолираност, тоа овозможило да се развие разновидна, уникатна флора и фауна, која продолжува да воодушевува. Некои видови се веднаш воочливи, како што е познатата Охридска пастрмка, додека други, како широкиот диверзитет на мекотели и сунѓери, се воочуваат само преку блиска средба.

Исто така, со милениуми, во регионот на Охридското Езеро се развивале цивилизации. Всушност, некои од најраните живеалишта и културни рути во Европа настанале овде. Со илјадници години, илирските, грчките и словенските племиња, го нарекувале регионот на Охридското Езеро свој дом. Голем дел од нивните, со векови стари традиции, се пресликани во современата култура низ препознатливата храна, пијалак, уметност, музика и литература кои го имаат единствениот печат на Охридското Езеро.

Денес, прекуграничното Охридско Езеро, го делат две земји и тоа: приближно 56 км од должината на брегот припаѓаат на македонската страна, додека 31.5 км на албанската страна. Од 1979 година, околу две третини од македонската страна на Охридското

Максимална длабочина: 288 мПовршина: 358 км2 Старост: 2-3 милиони години

Page 5: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

3ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Езеро, се впишани на Листата за Светско наследство на УНЕСКО како мешовито Светско наследство - Природно и културно наследство на Охридскиот регион. Во тек се напори за да се прошири статусот на Светско наследство и на останатата третина од Охридското Езеро на албанската страна.

Во последните неколку декади, бројот на посетители во регионот на Охридското Езеро е драматично зголемен. Секој кој го посетил може да се увери дека овде има толку многу за вреднување, но исто така, неопходно е да се помогне да се сочува ова уникатно, природно и културно наследство на Охридското Езеро за идните генерации. Ги охрабруваме посетителите совесно да го истражат овој фасцинантен регион, со развиена свест за чувствителниот екосистем и локалните живеалишта.

Сепак, толку богат и разновиден регион најдобро се истражува бавно и темелно. Подгответе се да го започнете вашето патување низ Охридското Езеро.

Дефиниција за одржлив туризам: Одржлив туризам е туризам кој нема негативно влијание врз природата, културата и локалните заедници

Охридското Езеро накусо:• лоцирано е на 693 м надморска височина • опколено е со високи планински ланци на исток и

запад, достигнувајќи 2250 м надморска височина• максимална длабочина 288.7 м и просечна длабочина

155 м• едно од најволуменозните езера во Европа• вкупна површина 358 км2

• површина за улов 1129 км2, но ефективниот улов се проширува до басенот на Преспанско Езеро благодарение на подземната, карстна конекција

• над 1400 домашни видови, вклучувајќи околу 300 ендемски видови

Па што чекате уште? Започнете го вашето патување по Охридското Езеро сега!

Page 6: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

4 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ПОГРАДЕЦДоколку сте во Поградец, не смеете да го пропуштите ридот кој се надвишува на западната страна од градот. Ридот е наоѓалиште на поранешниот Замок од Поградец. Оваа рана Илирско-ал-банска тврдина, првично била изградена во 5 век и низ историјата бележи бројни битки. Поградец бил освојуван од страна на низа средновековни земји во периодот од 8 до 14 век, кога замокот бил разурнат и никогаш повторно изграден. Меѓутоа, доколку внимателно погледнете, сѐ уште можете да забележите остатоци од оригиналните ѕидини од замокот на овој рид.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦАНационалниот парк Галичица се протега на спектакуларен планински масив, извишен помеѓу старите езера на Охрид и Преспа. Паркот е основан во 1958 година и опфаќа површина од 241 км2. Овде можете да ја искусите скрие-ната природа и да ги вдишете неверојатните панорамски погледи од многуте различни врвови во паркот. Постојат повеќе од 150 км добро обележани патеки, од такви за удобни прошетки до оние за потешки, повеќедневни искачувања, а повеќето се приспособени и за планински велосипедизам.

ПОГЛЕД ОД ГОРЕ

Page 7: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

5ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Пешачката патека која води до ридот со Замокот од Поградец, како што е познат денес, се наоѓа на западната страна од градот. Иска-чувањето до врвот на ридот навистина вреди, наградувајќи ги иска-чувачите со неверојатни глетки над градот Поградец, Охридското Езеро, како и со разновидни пејзажи. Направете како тамошните жители и направете излет за да уживате на врвот.

Page 8: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

6 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ЖИВА ИСТОРИЈА

Охридското Езеро било крстопат на култури со генерации и неговата модерна атмосфера е формирана благодарение на разновидната мешавина од историски традиции. Посетителите на регионот на Охридското Езеро, ќе ја забележат постојаната интеракција помеѓу новото и старото: додека некои делови во регионот изгледаат недопрени од времето, други изобилуваат со модерна комоција.

На северната страна од Охридско-то Езеро се наоѓа градот Охрид, најголемиот и најпосетениот на езерското крајбрежје. Градот со преку 42000 жители е еден од најконстантно населените градови во Европа. Археолошките артефакти сведочат дека првите праисториски жители пристигнале пред околу 5000 години п.н.е. Римја-ните, Словените и Османлиите, исто така имале свое влијание врз Охрид, кој бил влијателен културен и економски центар сѐ до крајот на 19 век. Минатото е сѐ уште дел од модерен Охрид, кој содржи прекрасно сочувано старо градско јадро и широк спектар на религиоз-ни обележја. Понекогаш градот го нарекуваат ,,Балкански Ерусалим“ и се верува дека некогаш имал 365 цркви – по една, за секој ден од година-та.

Поградец, лоциран на јужниот дел од Охридското Езеро, е уште една појдовна точка за посета на регионот. Историски познат како градот на поетите и уметниците, Поградец брои преку 20 000 жители и нуди ис-клучително кулинарство и недопрена природна убавина. Освен малото, старо, градско јадро и неколкуте исто-риски локации кои останале, богатата историја на Поградец најдобро се забележува во уникатната, локална кујна. Посетителите се нагостени со свежи рибни специјалитети и дивеч, во комбинација со домашно, локално вино по коешто е познат градот. Мештаните често велат, Охридската пастрмка се раѓа во Езерото, а умира во виното!

Page 9: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

7ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Останатите драгоцени камења око-лу езерото чекаат да бидат истраже-ни. На само неколку километри од Поградец се наоѓа Тушемиште, сликовито село низ кое минуваат канали со изворска вода, под и низ куќите. На дванаесет километри од Тушемиште, се наоѓа традицио-налното, магично, планинско село Пешкопи. Овде ќе најдете стара црква, опкружена со мали улички, засенети со ластари винова лоза. Патот до Пешкопи поминува низ разновиден пејзаж, покрај добро одгледани локални фарми и прија-

телски штандови со производи (кои сезонски се среќаваат во близина на Гурас), правејќи го патувањето уште позабавно.

Уште еден рај за вљубениците во историјата е малото село Лин. Лоцирано на ридест полуостров, Лин содржи прекрасен брег, богати културни вредности и вкусна, локал-на кујна. Северно по езерскиот брег, ќе наидете на Струга, вибрантниот македонски град, чиј просперитет датира од 18 век. Познат како ,,Градот на две води“, Струга

е поделен со реката Црн Дрим, која истекува од Ох-ридското Езеро.

Градовите, гратчињата и селата низ целиот регион, биле оформени под влијание на културните вредности, кои се огледани во локалната архитектура, кујна и разонода. Продолжете да читате за детален разглед на двете исклучителни историски места во оваа област, Полуостровот Лин и Св. Наум.

Page 10: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

8 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ПОЛУОСТРОВОТ ЛИНПолуостровот Лин, на северозападниот брег од Охридското Езеро, ги содржи селото Лин, нерамниот, прекрасен брег и цел вариетет со важни историски реликвии. Лоциран врз археолошки остатоци, полуостровот Лин е населен од раното железно време, кое завршило во 7 век п.н.е. Некогаш важен религиски центар, на полуостровот сѐ уште постојат мозаици од византиска христијанска црква од 6 век. Посетителите можат да ги посетат остатоците со локален водич и да се воодушевуваат на вештата, рачна изработка, која е создадена пред околу 1500 години.

Покрај религиската историја, Лин има и природна атрак-ција: 5 км долга, пешачка патека која го заобиколува целиот полуостров. Главната патека го прегрнува брегот и води директно во селото, минувајќи низ сликовити градини покрај крајбрежјето, кои претставуваат традиционално обработување

ЖИВА ИСТОРИЈА

Лин

Page 11: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

9ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

на земјата во регионот. Неколку помали патеки водат до врвот на полуостровот, нудејќи 360 степени поглед врз езерото и планините. Секоја патека води до различни авантури – скриена црква, напуштен бункер, планински винови лозници итн.

Земете си доволно време да го истражите полуостровот Лин, едно од најавтентичните и импресивни ќошиња во регионот на Охридско-то Езеро; со сигурност ќе откриете повеќе отколку што се забележува со голо око. За посетителите со помалку време, кратко пешачење до

византиската црква, придружено со оброк и чаша локално вино покрај езерото, ќе биде доволно. За оние кои се заинтересирани за поживо, патувачко искуство, полуостровот Лин нуди можност за кампување и широк избор за сместување (ноќе-вање со појадок)..

Page 12: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

10 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

СВ. НАУММногу посетители поминуваат покрај ова интригантно место без да знаат дека постои. Скриено од погледи, на јужниот брег од Охридското Езеро, манастирот Св. Наум е место на културни настани, духовно бегство и природна убавина.

Св. Наум бил сметан за исцелител и чудотворец и препознаен е како еден од основачите на словенската и македонската литература и обра-зовна традиција. Манастирот бил изграден во 905 година лично од Св. Наум, кој е и погребан во црквата. Верници од разни религии доаѓаат од далеку за да му оддадат почит на Св.Наум, а локалните легенди говорат дека сѐ уште можете да го слушнете отчукувањето на неговото срце доколку го положите увото на камениот гроб.

Св. Наум

ЖИВА ИСТОРИЈА

Page 13: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

11ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Св. Наум го одбрал ова место токму поради неговата мирна, далечна местоположба, возвишено на стр-мна карпа над езерото, опкружено со длабоки шуми и кристално чистите води на реката Црн Дрим. Ова е местото каде реката Црн

Дрим истекува од Охридското Езеро, формирајќи мало езеро каде можете да ги видите едни од најконцентрирани-те подводни извори, како ја испуштаат својата бистра, ладна вода во езерото.

За дополнително уживање во атмосферата, можете да пливате на блиската плажа, да појдете на возење со брод и да порачате оброк во бројните ресторани лоцирани покрај водата.

Page 14: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

12 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ИЗВОНРЕДНА ПРИРОДА

Уникатните, природни карактеристики на регионот на Охридското Езеро ја направиле оваа дестинација една од омилените на љубителите на природа, планинарите, фотографите и биолозите. Од заоблени ридови до стрмни карпи, од површински извори до длабоки води и од пријателски желки до ендемски сунѓери, природата во регионот на Охридското Езеро е несомнено извонредна.

Охридското Езеро е лоцирано во басен и од сите страни е опкружено со планини со врвови од преку 2000 метри. Постојат исто така и две други езера во овој слив – Големо Преспанско Езеро и Мало Преспанско Езеро – кои снабдуваат голем дел од водата на Охридското Езеро. Преку 40 утоки минуваат низ планините од околината. Оваа уникатна комбинација од геоло-гија и климатски услови, негува екосистем со голем биолошки диверзитет.

За љубителите на природа, постојат голем број активности на отворено во регионот на Охридското Езеро. Можете да уживате кај една од уникатните геолошки карактерис-тики во оваа област - изворите Дрилон, некогаш дом на летната резиденција од починатиот диктатор на Албанија, Енвер Хоџа. Денес изворите Дрилон нудат добро одржани патеки кои водат низ изворските водни живеалишта позади Тушемиште.

Доколку барате авантура, ќе наидете на бројни планинар-ски и велосипедски патеки

низ целиот регион, заедно со широ-ка мрежа од атрактивни патеки за истражување и панорамски видици до каде што догледува окото.

Покрај неговата богата природна убавина, мора да се признае дека Охридското Езеро има проблем со управувањето со отпадот. Во тек се напори за справување со растечката популација во регионот и за овозможување пораст на туризмот на одржлив начин; како совесен посетител, можеш да помогнеш да се намали влијанието така што ќе се ослободиш од отпадот на правилен начин.

Не оставајте ништо освен траги од стапалки; не правете ништо освен фотографии.

Page 15: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

13ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

НЕДОПРЕНАТА ВНАТРЕШНОСТЗа уникатна перспектива на Охридското Езеро, истражете ги недопрените предели кои го опкружуваат езерото. Има неколку добри начини за темелно да се искуси единствената природа и култура во регионот, покрај посетата на фармите, овоштарниците и селата кои ги исполнуваат нерамните ридови.

Југоисточно од Тушемиште, ќе наидете на кружен пат кој поврзува низа села на терасе-сти ридови, длабоки кањони и нерамни долини. Аларуп, најголемото и најисточно село на оваа рута е стартната точка за иска-чување на планината Сува Гора (Mali i Thate), a Охридското и Преспанско Езеро можат да бидат видени од неговото средиште. За да стигнете до Аларуп, тргнете кон Грабовице, а потоа свртете источно за да стигнете до Блаце и Блетас. Како впечатливи дестинации, селата покрај овој пат имаат многу што да понудат, од идилични пејзажи до традиционална и отпорна на земјотреси архитектура.

Надвор од концентрираните живеалишта во близина на Охридското Езеро, се наоѓа посебен, природен феномен, наречен Каменот на Камјес (Guri i Kamjes). Оваа необична камена формација се издига над гребен, длабоко во внатрешноста, помеѓу селата Дардаш и Оснат. Каменот на Камјес нуди панорамски погледи сè до крајот на Охридското Езеро, дури и подалеку доколку погледнете во другата насока. Патувањето е задоволително како и самата дестинација, водејќи ве низ широк спектар од одгледана површина, села и природни пејзажи. Многу високи места и скриени патеки се лесно достапни со пешачење тргнувајќи од урбаните центри на регионот, додека други бараат кусо возење со кола или велосипед. Додека недостапните делови на Охридското Езеро нудат бескрајни можности за истражување, многу патеки и патишта се сѐ уште необележани. Бидете спремни да побарате совет од локалното население, а понесете и доволно храна и вода.

ИЗВОНРЕДНА ПРИРОДА

Tushemisht

Page 16: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

14 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦАДали сакате да спиете под ѕвездите или да пешачите со километри низ недопрена природа? Тогаш, не смеете да го пропуштите Националниот парк Галичица, заштитено подрачје кое се простира на површина над 241 км2, помеѓу Охридско и Преспанско Езеро. Настрана од будниот град Охрид, паркот е омилена дестинација на трагачите по авантура и сличните љубители на природата.

Националниот парк се наоѓа на планината Галичица, која е дел од Шарско-пиндскиот планински ма-сив. Планинскиот масив има врвови кои извишуваат до 2254 метри, со Преспанското Езеро лоцирано на 850 метри надморска височина и Охридското Езеро на 693 метри надморска височина.

Овие планини содржат изобилство од живот. Илјадници видови ја наре-куваат Галичица свој дом, вклучу-вајќи 171 видови на ‘рбетници, 124 видови на птици, 19 влекачи, 18 рептили и 10 водоземци. Нејзини-от најпознат жител – ,,духот на планината“ – е балкански-от рис, критично загрозен подвид на евроазискиот рис.

.

Национален парк

Галичица

ИЗВОНРЕДНА ПРИРОДА

Page 17: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

15ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Поради неговата извонредна природна убавина и високиот биолошки диверзитет, подрачјето е прогласено за Национален парк во 1958 година. Денес ќе сретнете преку 15 км јасно обележани планинарски и велосипедски патеки кои ќе ве одведат низ шумски предели, нерамни пасишта и села со богати културни вредности. На врвот, временските услови можат да варираат; очекувајте го неочекуваното и спакувајте соодветна облека за дождливо, ветровито и ладно време доколку планирате да стигнете дотаму.

Page 18: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

16 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ДЕН ЗА ПЛАЖАМногу посетители патуваат до Охридското Езеро да ги уживаат плажите кои го опкружуваат езерото. Врвот на сезоната е во јуни, јули и август и во овој период крајбрежјето е живо, со мешавина од млади и стари, мештани и посетители.

Охридското Езеро е бистровидно езеро и е познато по неговата убава, чиста вода и пано-рамските водени пeјзажи. Подводните извори постојано пум-паат ладна вода, богата со кислород, која потекнува од Преспанското Езеро, уште едно природно езеро лоцирано на 10 км југоисточно и на 150 м поголема висина од Охрид-ското Езеро. Овој континуиран воден круг помеѓу двете езера, му помага на Охридското Езеро да се обновува и да остане чисто.

Охридското Езеро има 87.53 км долг брег и мноштво различ-ни плажи, но некои се подобри за пливање од другите. Најпопуларни-те плажи се лоцирани во Охрид, Љубаништа (во близина на Св. Наум), Тушемиште, Поградец и Струга. Сите овие плажи се одлични за пливање или за јадење во едни од многуте кафулиња или ресторани покрај брегот. Додека многу од плажите на Охридското Езеро се со камчиња, Љубаништа, Поградец и Струга имаат песокливо крајбрежје каде водата е плитка. Во

ИЗВОНРЕДНА ПРИРОДА

Page 19: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

17ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

текот на летната сезона водата е ос-вежителна, но не ладна. Можете да видите мали рипчиња како пливаат насекаде. Останете мирни и ќе ги видите како љубопитно ги истражу-ваат вашите нозе!

На некои плажи ќе забележите нови градби блиску до брегот, куп отпадоци, или насобрани алги. Бидете добар пример за другите и исчистете ги вашите отпадоци.

Page 20: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

18 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

БИДЕТЕ АКТИВНИ!

Кристално чистата вода на Охридското Езеро е само едно од многуте богатства на регионот. Свртете го погледот од крајбрежјето и ќе здогледате густи шуми, планински врвови и бескрајни долини кои чекаат да бидат истражени. Без разлика дали преферирате да патувате пеш, на велосипед или под вода, Охридското Езеро нуди безгранични можности за активните посетители.

Урбаните ентузијасти за авантура можат со задоволство да се загубат во мрежата од мали улици и патеки кои се пресретнуваат во градо-вите и селата покрај Охридското Езеро. Тргнете по еден од многуте прашливи патеки кои ги искачуваат планините и можете да наидете на земјоделски површини, некој прија-телски овчар или љубопитна желка.

Page 21: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

19ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Доколку имате вистински рекреативен апетит, упатете се кон планините за лесна прошетка која ќе ја паметите, низ долини и пла-нински предели или по бројните долги патеки – некои поплочени, други рустични – идеални за повеќедневно планинарење, пла-нински велосипедизам или јавање на коњ. Доколку сакате да дојдете поблиску до подводниот свет на Охридското Езеро, постојат многу можности за нуркање во езерото.

Која и да е вашата авантура, начините да го откриете Охрид-ското Езеро се бескрајни доколку истражувате бавно и со причина.

Page 22: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

20 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ПОВЕЌЕДНЕВНО ПЛАНИНАРЕЊЕ Многу делови во регионот на Охридското Езеро најдобро можат да се искусат пеш. Рамните површини во близина на Охридското Езеро нудат широка мрежа од пешачки улички и патеки кои можат да бидат уживани од страна на сите посетители, без разлика на способноста и возраста. Многу крајбрежни патеки продолжуваат во планините, минувајќи низ мали села. Овие стари патеки ви овозможуваат да го набљудувате руралниот живот во регионот на Охридското Езеро, каде, на некои места, останал непроменет стотици години.

Влезете подлабоко во планините за да го откриете богатото природно наследство на регионот. Нацио-налниот парк Галичица нуди бескрајна мрежа од обеле-жани патеки, обезбедувајќи извонредни можности за куси и повеќедневни, планиски патувања. Многу патеки започнуваат како асфалтирани улици и минуваат низ села пред постепено да се трансфор-мираат во нерамни, благи угорници. Највисокиот врв на Галичица е врвот Магаро на 2254 метри надморска височина, кој нуди извонреден поглед на Охридското и Преспанско Езеро.

Помалку познати, но еднакво возбудливи, се планинските патеки во близина на селото Аларуп. На 2287 метри надморска височина, планината Сува Гора (Mali i Thate) исто така нуди восхитувач-ки погледи на двете езера, како и на големите населени места, Поградец и Охрид.

Во Поградец можете да се иска-

чите до некогаш тајната црква Кабаши, којашто е скриена во планините, во шума од костенови дрвја. Црквата била изградена во 1933 година од фамилијата Костала-ри – голема фамилија во Поградец. Кога религиските ритуали биле забранети во кому-нистичка Албанија, многу жители тргнале на аџилак кон тајни цркви како оваа, каде што продолжиле да веруваат, скриени од погледот на љубопитни-те очи. Црквата е лоцирана на околу 3 км од каменоломот на западната страна на Поградец; достапна е само пеш.

Урбаните истражувања се базираат на идејата дека градот може да биде исто толку возбудливо место за прошетка како ридовите и планините. Скршнете од патот, по патеките, за да го истражите Охрид потемелно низ бројните, добро обележани, стари патеки, кои овозможуваат лесно нурнување во богатата историја на градот. Исто и Поградец, нуди динамична мешави-

на од стара и модерна архитектура, со историски места, дисперзи-рани низ градот. Шеталиштето и историскиот центар се полни со ресторани, кафулиња и улични тезги, а патот до врвот на ридот со Замокот, провејува низ тивките населби и недопрената природа. Ќе пронајдете и доста жив пазар каде ќе можете да купите сѐ, од албанско тврдо сирење, до велосипеди. Во селото Тушемиште и изворите Дри-лон, можете да минете преку дрвени мостови, рекички и поточиња и да се воодушевувате на приватните лозја кои го произведуваат грозјето од кое се прави познатото вино од регионот.

БИДЕТЕ АКТИВНИ

Page 23: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

21ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ПОД ВОДАДали знаевте дека Охридското Езеро е најголемиот природен резервоар на вода за пиење во светот и дека има подводна видливост до 20 метри? Со чудесно чиста вода, мирни струи и пријатна температура, целиот подводен свет ги чека оние кои ќе нурнат длабоко во историјата на езерото, старо милиони години.

Нуркањето во Охридското Езеро нуди уникатен начин да се сретнете со природни, па дури и културни мистерии. Нуркачите се привлечени од Охридското Езеро бидејќи е едно од најдлабоките и најстари езера во Европа: драматичното впуштање во неговата тек-тонска обвивка, се покажало инспиративно дури и за најискусните нуркачи. На научно ниво, Охридското Езеро е езеро со најразновиден биодиверзи-тет во светот по волумен: илјадни-

ци животински и растителни видови живеат во неговите води, од кои стотици се ендемски и уникатни за Охридското Езеро. Повеќето од нив се тешко забележ-ливи без специјализирана опрема за микроскопска големина. Најпозна-ти помеѓу ендемичните жители се двата вида на охридска пастрмка. За жал, нивниот број се намалува поради прекумерното рибарење, но нуркачите сѐ уште можат да ги забележат двата вида во чистата, длабока вода.

За вљубениците во историјата, тектонските рабови на Охрид-ското Езеро чуваат изобилство од уникатно богатство. Илјадниците години цивилизација оставиле безброј артефакти. Може да најдете стари керамики, коски, алатки дури и накит од праисториските живеалишта кои датираат од пред 3200 години. Можете да погледнете вакви стари пронајдоци во Музејот на вода, лоциран на југозападниот брег на Охридското Езеро.

Дури и да сте почетник, Охридското Езеро е идеално место за вашето прво нуркање. Без многуте опасности од нуркањето во океан, вашата прва подводна авантура може да биде истражување на неолитски наколни села и праисториски живеалишта. Неколку професионални нуркачки центри можат да ве научат како да нуркате и да ви помогнат да го истражите овој восхитувачки, подводен свет.

БИДЕТЕ АКТИВНИ

Page 24: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

22 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ВЕЛОСИПЕДИЗАМПролетта и есента, со пониски температури и езерско ветре, се идеални за велосипедизам. Целиот периметар на Охридското Езеро изнесува само 97 км и постојат многу места кои се совршени за велосипедизам. Без разлика дали преферирате опуштено возење по шеталиштето, или адреналински наплив во планините, регионот на Охридското Езеро е рај за велосипедистите.

Возете околу Охридското Езеро. Главната рута е интегрирана во поширока мрежа поврзана со веќе постоечките велосипедски патеки. Можете да останете во една област, или да направите подолго патување и да наминете до селата, гратчињата и градовите покрај крајбрежјето. Не заборавајте да го понесете својот пасош!

6 км возење од Поградец до Тушемиште е совршен начин да се помине утрото. Околу Тушемиште има благи ридови од каде ќе можете да уживате во прекрасните погледи на езерото, а центарот на Тушемиште е совршен за вечера и релаксација.

Возете 20 км помеѓу Поградец и селото Лин. Рамниот пат го прегрнува крајбрежјето и минува низ места со културни добра како индустриското наследство кај Мемелиште, бројни села и старата базилика. Добар апетит, бидејќи Лин е едно од најдобрите места за јадење во регионот!

34 км прекуграничната рута помеѓу Охрид и Поградец е опкружена со прекрасни ридови и сликовити села. Ќе поминете покрај едни од најубавите плажи во регионот, живописни патишта и места за кампување, така што лесно ќе можете да го распоредите вашето патување во неколку дена. Внимавајте на сообраќајот и на тесните патишта.

БИДЕТЕ АКТИВНИ

Page 25: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

23ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Националниот парк Галичица има голема мрежа (преку 150 км) со обележани патишта и планински, велосипедски патеки до таму до каде што гледа човечкото око. Понесете храна и вода доколку планирате долго возење и топла облека и планирате да се искачите до врвот.

4 км возење од центарот на Поградец до Замокот на ридот е кусо но стрмно, но вреди за да се искуси еден од најдобрите погледи врз eзерото. Тргнете во раните утрински или попладневни часови за да ја избегнете топлината. (само за планински велосипедизам)

Едно од најдобрите велосипедски возења е целодневната 34 км тура, Тушемиште – Блаце – Аларуп – Тушемиште. Ова возење ве води низ густи шуми, отворени предели и мали, селски населби каде што секојдневието останало непроменето со стотици години. Во Блаце ќе најдете бар и минимаркет, но за да бидете безбе-дни, спакувајте си оброк и понесете доволно вода. (само за планин-ски велосипедизам).

За оние кои трагаат по осаменост во планините и постојан поглед на езерото, уживајте во 20 км тура од Ќафасан (Qafe Thane) до индустриската зона кај Мемелиште. Разновидниот терен и незаборавните места покрај патот, го прават ова патување навистина исклучително. Подгответе пикник и понесете доволно вода.

Можете да доживеете уште повозбудлива авантура со возење дополнителни 10 км од планинскиот премин Qafe Thane (Ќафасан). Ова е поврзувачка патека од Националниот парк Шебеник до областа на Охридското Езеро. (само за планински велосипедизам).

За целодневно патување од езеро до планина и од планина до езеро, не смеете да ја пропуштите 36 км тура Поградец – Каменот на Камјес (Guri i Kamjes) – Поградец. На пресвртната точка од турата, ќе наидете на ,,Каменот на Камјес“, исконски, монолитен камен кој го надвишува Охридското Езеро и македонските планини. Каменот на Камјес претставува импресивно, при-родно обележје, одличен видиковец и неверојатно излетничко место. (само за планински велосипедизам)

Можете да изнајмите велосипеди на бројни локации во Охрид, Поградец и Струга. Локалните организации исто така нудат одлични опции за планински велосипедизам во регионот на Охридското Езеро..

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, ПОСЕТЕТЕ ЈА

WHC.UNESCO.ORG/EN/ LAKE-OHRID-REGION/

Page 26: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

24 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА ВО РЕГИОНОТ

Уникатните биолошки, културни, научни и социо-економски вредности на регионот се признаени од државните влади и од меѓународните конвенции. Сето ова довело до воспоставување на неколку заштитени подрачја и признание од меѓународната заедница со цел да се зачуваат овие посебни вредности за идните генерации и за локалните жители и посетители. Од врвот на планините помеѓу двете езера, човек може да искуси прекрасна глетка и да биде привлечен дополнително да ги посети и истражи:

.

Page 27: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

25ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Page 28: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

26 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Природното и културното наследство на Охридскиот регион е мешовито Светско наследство кое покрива површина од 83 350 ха на македонската страна од Охридското Езеро. Во 1979, регионот е впишан поради неговите природни, а во 1980 за неговите културни вредности.

Преспа е името на двете слатководни езера – Големо Преспанско Езеро и Мало Преспанско Езеро – кои ги раздeлуваат албанската, македонската и грчката граница. Езерата и нивното опкружување се познати по бујната вегетација, високото ниво на биодиверзитет и богатите културни традиции. Преспа се смета за рај за птиците преселници и во сите три земји е прогласено како водно живеалиште (моклиште) со меѓународна важност под Рамсар конвенцијата.

Националниот парк Преспа во Албанија го опфаќа албанскиот дел од езерата Големо и Мало Преспанско Езеро, заедно со опкружувањето, одејќи до планинскиот масив на Сува

Гора (Mali i Thate). Албанската територија од басенот е вклучена во прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа.

Споменикот на природата - Преспанско Езеро се однесува на македонската страна од Преспанското Езеро и околината.

Делови од Националниот парк Галичица влегуваат во басенот на Преспанското Езеро. Македонскиот дел од басенот е вклучен во прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа.

Националниот парк Преспа во Грција го сочинува грчкиот дел од езерата Големо и Мало Преспанско Езеро, со опкружувањето. Грчката територија од басенот е рај за ретки водни птици од глобална и европска важност, вклучувајќи го и далматинскиот пеликан и белиот голем пеликан.

Подрачјата Рамсар се наоѓаат на албанската, македонската и грчката страна од Преспа. Пределот Рамсар, претставува заштитено водно живеалиште (моклиште) од меѓународна важност: Преспанските езера и околните водни живеалишта се сметаат за рај за птиците преселници. Стотици видови птици се гнездат и размножуваат овде, вклучувајќи го и далматинскиот пеликан, белиот голем пеликан, морскиот корморан, црниот (блескав) ибис и неколку видови на штрк.

Националниот парк Пелистер, лоциран на планината Баба во јужната македонска општина Битола, е најстар и втор по големина Национален парк во

Page 29: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

27ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

земјата. Планината Баба е позната како една од најјужните планини на Балканот со алпски карактер. Националниот парк е познат по неговите две планински езера и многуте реки.

Националниот парк Галичица е заштитено подрачје во Македонија, лоциран на планината Галичица помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. Националниот парк вдомува голем број на ендемска флора и е заштитен како меѓународно признато растително подрајче.

Заштитениот предел Поградец претставува можност за интегриран и заеднички пристап за коуправување со потенцијалната екстензија на прекуграничното Светско наследство ,,Природно и културно наследство на регионот на Охридското Езеро“ на албанската страна.

Споменикот на природата - Охридско Езеро се наоѓа на македонската страна од прекуграничното Езеро. Во 1979 година, целокупниот регион е

впишан како мешовито Светско наследство на УНЕСКО поради неговите природни, а една година подоцна, и за неговите културни вредности.

Националниот парк Шебеник – Јабланица е заштитено подрачје во Албанија, лоциран северозападно од Охридското Езеро, распространет по

македонската граница и препознатлив по богата, разновидна флора и планиниски предели. Главните влезови во националниот парк се добро поврзани со градовите околу Охридското Езеро, а се достапни за планинарење и велосипедизам преку ,,Qafe Polices до Qafe Thane“ планинската, велосипедска патека.

Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа претставува екосистем кој ги разделува македонската и албанската граница помеѓу Охридско и Преспанско Езеро. Еколошките карактеристики значително варираат, од планински предели околу трите езера, до умерени, суптропски шуми на пониска висина околу езерскиот басен. Регионот исто така е многу богат во однос на културна, етничка и религиска разновидност.

Page 30: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

28 ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Lake OhridLiqeni i Ohrit

Liqeni i PresPësПресПанско езеро

Lake PresPa

OHRID

ELSHANI

BAy Of BONES

MAGARO

TOMOROS

VELESTOVO

OROVNIK

PISKUPAT

KALISHTA

VEVcHANI

UDENISHT

MEMELISHT

GURI I KAMjES

TUSHEMISHT

OLD cASTLE GROUNDS

BUçIMAS

ST NAUM

ALARUP

PESHKëPI

LIN

POGRADEc

GALIcHIcA NATIONAL PARK

BOuNdARy Of The WORLd heRITAge sITe "NATURAL AND cULTURAL HERITAGE Of THE OHRID REGION"KufIjTë e zONës TRAshëgImI BOTëRORe “TRASHëGIMIA NATyRORE DHE KULTURORE E RAjONIT Të OHRIT”

Граница на подрачјето на светското наследство “Природно и културно наследство на охридскиот регион”

PARKu KOmBëTAR I GALIcIcëS

национален парк галичица

STRUGA

POgRAdec PROTecTed LANdscAPe

POgRAdec PeIsAzh I mBROjTuR

Заштитен предел поГрадец

SHEBENIK-jABLLANIcë NATIONAL PARK

PARKu KOmBëTAR SHEBENIK-jABLLANIcë

национален парк Шебеник-Јабланица

LAGADIN

GjIRI I KOcKAVE

RRETHINAT E KESHTjELLES SE VjETER

Залив на коските

DRILON SPRINGSBURIMET E DRILONITиЗвори дрилон

стар Замок

охридско езеро

RADOZHDA

национален парк ПресПа

PARKu KOmBëTAR I PRESPëS

PRESPA NATIONAL PARK

ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ ПО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Регионот на Охридското Езеро нуди прекрасни пејзажи, уникатни културни доживувања и изобилство од можности за ралаксација, авантуризам и сѐ помеѓу. Иако овој водич содржи насоки, идеи и разглед на неговите можности, регионот е мошне динамичен. На местото каде што има градина денес, може да има кафуле наредниот месец. Исто така, мрежата од патеки, сместувачки капацитети и културни атракции, постојано расте и се менува.

Можете да одберете да престојувате во хотелите покрај езерото и да посетите добро оценети и познати дестинации – или да ги истражете страничните патеки, да патувате без мапа и да ги прашате мештаните за совет за тоа што да правите, видите и јадете. Ако го посетите со отворен ум, имагинација и почит кон неговите домаќини, вашето патување во регионот на Охридското Езеро ќе биде и пламенито и незаборавно.

Page 31: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

ОХРИДСКО ЕЗЕРО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Lake OhridLiqeni i Ohrit

Liqeni i PresPësПресПанско езеро

Lake PresPa

OHRID

ELSHANI

BAy Of BONES

MAGARO

TOMOROS

VELESTOVO

OROVNIK

PISKUPAT

KALISHTA

VEVcHANI

UDENISHT

MEMELISHT

GURI I KAMjES

TUSHEMISHT

OLD cASTLE GROUNDS

BUçIMAS

ST NAUM

ALARUP

PESHKëPI

LIN

POGRADEc

GALIcHIcA NATIONAL PARK

BOuNdARy Of The WORLd heRITAge sITe "NATURAL AND cULTURAL HERITAGE Of THE OHRID REGION"KufIjTë e zONës TRAshëgImI BOTëRORe “TRASHëGIMIA NATyRORE DHE KULTURORE E RAjONIT Të OHRIT”

Граница на подрачјето на светското наследство “Природно и културно наследство на охридскиот регион”

PARKu KOmBëTAR I GALIcIcëS

национален парк галичица

STRUGA

POgRAdec PROTecTed LANdscAPe

POgRAdec PeIsAzh I mBROjTuR

Заштитен предел поГрадец

SHEBENIK-jABLLANIcë NATIONAL PARK

PARKu KOmBëTAR SHEBENIK-jABLLANIcë

национален парк Шебеник-Јабланица

LAGADIN

GjIRI I KOcKAVE

RRETHINAT E KESHTjELLES SE VjETER

Залив на коските

DRILON SPRINGSBURIMET E DRILONITиЗвори дрилон

стар Замок

охридско езеро

RADOZHDA

национален парк ПресПа

PARKu KOmBëTAR I PRESPëS

PRESPA NATIONAL PARK

Page 32: ОХРИДСКО ЕЗЕРО - IUCN€¦ · ОХРИДСКО ЕЗЕРО 3 ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ Езеро, се впишани на Листата

Project funded bythe European Union

United NationsEducational, Scientific and

Cultural Organization