16
Темплум КАТАЛОГ 2013

Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

ТемплумКАТАЛОГ 2013

Page 2: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

НАЈНОВИ КНИГИКристофер Ишервуд

Збогум, Берлин

Е.М. Форстер

Морис

Уршка Стерле

Ред за ручек

Андреј Платонов

Девствено Море

Виктор Иванчиќ

Vita activa

Идлир Азизи

Толкувачот

Иванчица Ѓериќ

Босанците го трчаат почесниот круг

Дејан Мирчески

Кристалните јами на пропаста

(победникот на Новите! за 2012)

Драгана Младеновиќ

Граѓа за убав роман

Николина Андова

Влезот е од другата страна

Уредници: Никола Гелевски, Иван Шопов, Теона Мицевска

мејл до уредникот: [email protected]

адреса: Иван Аговски 11/1 - 28, Скопје

www.templum.com.mk

www.okno.mk

Page 3: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Збогум Берлин, роман првпат објавен во 1939

година, е збирка на полуавтобиографски

записи водени во почетокот на триесеттите

години во велеградот на Вајмарската

република. Џорџ Орвел напишал за овој

роман: „Брилијантна скица на општество

во распаѓање“. Според романов е снимен и

славниот филм Кабаре (1972) со Лајза Минели.

Збогум БерлинКристофер Ишервуд

1

250 ден

Page 4: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

2

Првенчето на Уршка Стерле, прозаистка,

пејачка и активистка за рамноправност на геј

и лезбејската популација, ни нуди дваесет и

еден ангажиран расказ. Без влакна на јазикот,

авторката раскажува за досадните семејни

собири или пак за пасивната неплодност

на современите уметници. Таа искрено

и директно ги претставува истополовите

љубовни врски, откривајќи им ги на

читателите со спонтана непосредност.

Ред за ручекУршка Стерле

150 ден

Квир сквер

Page 5: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Морис е приказна за млад човек од средната класа

во потрага по сопствениот идентитет во рамки на

општество во коешто нема место за остварувањето

на неговата љубов кон маж. Морис се бори со себе,

а истовремено и со сопственото опкружување,

за да изнајде простор каде што би можел да биде

тоа што чувствува дека е, и како таков да биде

прифатен. Плашејќи се јавно да истапи со својот

геј идентитет, Форстер сметал дека романот треба

да остане необјавен „сè до неговата смрт или до

смртта на Англија“.

Морис Е.М. Форстер

3

наскоро

Page 6: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Како и останатите негови дела, и краткиот роман

„ Девствено море“, бил предмет на цензура, па

иако бил напишан во 1934 година, објавен е дури

во 1986 година. Во романот со необично силна

убедливост е прикажана апсурдноста како клучна

животна одредница на луѓето. Во времето на

колективизацијата луѓето се означени со броеви.

Условите за живот на луѓето и животните не се

разликуваат многу. Маестрална дистописка сатира

на едно нехумано и неслободно општество!

Девствено мореАндреј Платонов

111

150 ден

магма

Page 7: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Што може една збирка песни? Може да ве

здрма во корен, да ве насмее, барем за момент

да ве ослободи од сеништата на баналното,

да се поигра со јазикот и скаменетите

глупости кои не ги забележуваме од навика,

да ја помрдне точката на посматрање, да ја

проблематизира каузалноста и да направи

работите да залебдат, да ве извлече од кожа.

Сето тоа го прават песните на Драгана

Младеновиќ.

Граѓа за убав романДрагана Младеновиќ

200 ден

Page 8: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Песните на Николина Андова се како бурно

патување на дете со бротче од хартија. Сликите

во нив се секогаш блиски до секојдневниот

живот, но честопати ни откриваат мали чуда

и светови за кои по читањето на песните ни се

чини дека отсекогаш биле тука, веднаш до нас.

Но, за да стигнеме до нив, треба да влеземе „од

другата страна“ на очигледното и појавното.

Влезот е од другата странаНиколина Андова

100 ден

Page 9: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Во основата на романот на Иванчица Ѓериќ

лежи приказната за војната, иако е раскажана

посредно, како збир од приказни кои главната

хероина и нараторка ги слушнала од своите

сограѓани од босанската паланка. Тромук е

своевидна босанска Јокнапатафа во која се

раѓаат митски ликови, поголеми од животот,

но кои како да се онеспособени за живот.

Босанците го трчаат почесниот кругИванчица Ѓериќ

200 ден

108

Page 10: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

„Толкувачот“ од Идлир Азизи е роман за тоа

како еден симултан преведувач е најмен од еден

англиски спортски новинар, кој истражува за што

навиваат Албанците среде дневно-политичките

превирања. Романот поттикнува обид да се

разбере секојдневието не само од гледна точка на

преведувачот, кој се труди да му протолкува на

странецот што се случува во неговата земја, туку

ги засега сите што се почувствувале како странци

уште пред да излезат од дома, па се обидуваат

некако да го протолкуваат патот низ навивачката

бркотница наречена транзиција.

ТолкувачотИдлир Азизи

200 ден

109

Page 11: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Романот „Vita activa“ на Виктор Иванчиќ настана

како луциден одговор на насилството на државата

над поединецот. Меѓутоа, целта на тој одговор не

е одмаздата. Целиот роман се состои од обиди да

се разберат мотивите и механизмите - практични

и психлошки - на дејствувањето на доушникот.

Vita activaВиктор Иванчиќ

200 ден

110

Page 12: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Сместен во Франција од 18 век, Парфем ја

раскажува необичната и застрашувачка приказна

за Жан Баптист Гренуј, еден лик кој колку што е

фасцинантен толку е и одвратен. Самиот роден

без никаков мирис, но надарен со невообичаено

развиено сетило за мирисање, Гренуј станува

опседнат со идејата да создаде совршен парфем

што ќе го направи целосно човечен.

По своето објавување во Германија, 1984 година,

романот Парфем веднаш станува интернационален

бестселер.

ПарфемПатрик Зискинд

20

200 ден

Page 13: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

Медитеранската мисла“ ја содржи

идејата дека Југот не треба само да

учи од Северот, од таканаречените

„развиени земји“, туку дека и

другите можат да учат од него.

Значи, неговата судбина не е да

исчезне за да стане Север. Треба да се

зачува гласот на Југот, критиката што му ја

упатува на нашиот ограничен начин на живот,

условен од централната позиција што Северот

и Западот ја заземаат во светот.

Медитеранската мислаФранко Касано

150 ден

Во одличниот спој од патеписна

проза, културна историја,

живи сведоштва и филозофски

рефлексии, Гаус нè потсетува на

сараевските Сефарди, кочевските

Германци, италијанските

Арбреши, Ароманците и Лужичките Срби,

повторно оживувајќи ги нивните спомени, но и

предупредувајќи на нужноста на сеќавањето и

одржувањето на разновидноста.

Европејците на изумирањеКарл Гаус

32

Актуелна, полемична и сјајно

артикулирана критика на поимот

„општество на знаење“. Есеј

за европската политика на

образованието и културата, анализи

на медиумските појави, на неуспешните

реформи во образовните системи, размисли

за манијата на рангирање...

Теорија на необразованиетоКонрад Пол Лисман

33

20/21 ВЕК

200 ден

200 ден

Page 14: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

ГРАДОТ

СТОЛБ НА КУЌАТА ШТО СЕ УРИВА Небојша Јаконов

КРАДАТ ГРАД 14 Автори

ГРАДОТ И ИДНИНАТА Бодган Богдановиќ

СКОПСКИ ПРИКАЗНИ ОД 2014 Пандалф Вулкански

НЕРЕД И ГРОТЕСКА 13 Автори

АРХИТОРТУРА И Г РОБАЛИЗАЦИЈА Никола Гелевски

Фасадата ги јаде темелите

Никола Гелевски

150 ден

7

Специјална понуда

Градот, комплет 6

книги 500 денари!

коло I (три книги)300

денари

коло II (три книги)400

денари

200 ден

100 ден

150 ден

100 ден

200 ден

100 ден

Page 15: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

ГРАДОТ И ИДНИНАТА Бодган Богдановиќ

АРХИТОРТУРА И Г РОБАЛИЗАЦИЈА Никола Гелевски

Списание Маргина

Хенри Дејвид Торо, Васко Попа, Фернандо

Песоа, Џонатан Нолан, Миклавж Комељ,

Тина Модоти, Десет германски поети...

#88

На Саемот, специјална понуда

на старите броеви на Маргина:

50 денари!

само

Page 16: Темплум КАТАЛОГ 2013 - katalog za saem 2013 za... · Песните на Николина Андова се како бурно патување на дете со бротче

нова едиција:

1. Кристофер Ишервуд,

Збогум Берлин2. Уршка Стерле

Ред за ручек3. Д. М. Форстер

Морис

www.templum.com.mk | www.okno.mk