12

§ Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

  • Upload
    others

  • View
    2

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти
Page 2: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

2 БИЛТЕН Бр.2 | 24 Mарт – 24 Јуни 2016

�Овој Билтен е второ издание1 а кое се објавува на секои три месеци со цел:

- информирање на јавноста за реализираните активности од проектот,- илустрација на напредокот кој се постигнува квартално,- едукација на ромската заедница за прашањата кои што се од интерес и нивно поттикнување да се вклучат во застапување и заштита на правата.

Билтенот е алатка на здружението преку кој се иницира дискусија и редослед-ни реакции на Ромскиот Граѓански Парламент (РГП).

Во ова издание:

1. БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ - ТАБЕЛА НА ДОКУМЕНТИРАНИ СЛУЧАИ

1.1. Брачна наспроти вонбрачна заедница 1.2. Редовен наспроти дополнителен упис 1.3. Еден наспроти двајца родители1.4. Лична карта наспроти имотен лист1.5. Регистриран матичен гинеколог наспроти приватен

гинеколошки преглед1.6. Превентивни наспроти редовни здравствени услуги1.7. Смрт на новороденчиња наспроти нормално породување1.8. Отворање историја на болест наспроти авансна наплата за

болничко лекување1.9. Издавање отпусни листи наспроти плаќање за болнички услуги 1.10. Фактичко место на живеење наспроти адреса од лична карта 1.11. Родителски додаток за дете наспроти упис во основно

образование1.12. Право на социјална парична помош наспроти приход од брз

трансфер на пари

2. ДОКУМЕНТИРАНИ СЛУЧАИ ПОД СОМНЕВАЊЕ ЗА СТОРЕНИ ЛЕКАРСКИ ГРЕШКИ - ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ ИЛИ ЗАТАЈУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОРГАНИТЕ?

2.1. Ромски Граѓански Парламент Прилеп2.2. Ромски Граѓански Парламент Битола

1 Билтен бр.1 http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/03/Roma_SOS_Bilten_Mart_WEB.pdf

Page 3: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

3ПРО-АКТИВНА УЛОГА ПОТРЕБА НА ЗАЕДНИЦАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТАП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

1 БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Секојдневно достапна услуга за заедницата, реализирана од правник кој от-вора Досие за клиент и ги следи постапките за секое лице кое се обратило во канцеларија. Директната соработка со надлежните институции е паралелен процес во давањето помош.

Област

Документирани случаи Здравствена заштита

Социјална заштита

Лична документација

Асистенција во админи-стративна постапка

18 29 1

Подготвени жалби / 8 /

Пополнати барања / 2 14

Случаите поврзани со барања од социјална заштита се однесуваат на:

� Поднесување на Барање за назначување на посебен старател за упис во МКР на новороденче.

Случаите поврзани со жалби од социјална заштита се однесуваат на: � Решенија со кои на корисниците на родителски додаток за дете им прес-

танува правото, поради тоа што детето не е запишано и редовно не ја следи наставата во основно училиште. Согласно упатството за правно средство против решенијата со кои им престанува правото на родител-ски додаток за дете напишани беа и доставени 7 жалби во рок од 15 дена од денот на приемот на решението преку ЈУМ ЦСР Прилеп до Ми-нистерот за труд и социјална политика. На три лица им беше доставено Решение со кое се уважува жалбата односно решението со кои им се одбива барањето за остварување на правото на родителски додаток се поништува, а предметот се враќа на повторно решевање и одлучување пред Центарот за социјални работи Прилеп,

� Решение на ЦСР Прилеп со кое се одбива барањето за еднократна па-рична помош за погребнина, поради тоа што жалителот не се наоѓал во положба на социјален ризик.

Случаите поврзани со барања за лична документација се однесуваат на: � Барање за дополнително запишување во матичната книга на родените

на новороденче, барање за извод од матична книга на родени, барање за издавање лична карта, барање за издавање патна исправа, барање за промена на личното име.

Преку проектот се применува пристапот заснован на човекови права при што се бара потврда и реализација на “правото на здравје за сите без дискриминација”. Паралено поддршката при остварување на социјалните права и правата по-врзани со регулирање на граѓански статус се сродно поврзани активности на здружението.

Page 4: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

4 БИЛТЕН Бр.2 | 24 Mарт – 24 Јуни 2016

1.1. БРАЧНА НАСПРОТИ ВОНБРАЧНА ЗАЕДНИЦА

1.2. РЕДОВЕН НАСПРОТИ ДОПОЛНИТЕЛЕН УПИС

1.5. РЕГИСТРИРАН МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ НАСПРОТИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

1.3. ЕДЕН НАСПРОТИ ДВАЈЦА РОДИТЕЛИ

1.4. ЛИЧНА КАРТА НАСПРОТИ ИМОТЕН ЛИСТ

Бракот е заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.

Вонбрачна заедница која траела најмалку една година е изедначена со формален брак (брачна заедница) во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.

Раѓањето на дете се пријавува во рок од 30 дена од денот на раѓањето во ма-тичното подрачје на кое се родило детето.

Доколку истече рокот за редовен упис, запишувањето на новороденчето се врши преку дополнителен упис односно со поднесување на Барање за дополнително за-пишување во матичната книга на родените и уплатница од 250 денари.

Бесплатни гинеколошки услуги, упат за лабораториски анализи и болничко леку-вање (породување), издавање рецепти за лекови, упат за дополнителни испиту-

вања, следење на бременост (контроли), и слично, може да користат само жените кои имаат регистриран матичен гинеколог.

Во спротивно, услугите се наплаќаат по Ценовник утврден од самата гинеколошка ординација.

Доколку при упис на новороденче се пријават само податоци од мајката, во цело-купната документација на синот/ќерката нема да постојат податоци од таткото.

Постапката за дополнително признавање на татковство се спроведува пред Ма-тичен орган, Центар за социјална работа и Основен Суд и тоа преку превземање правни дејствија како што се поднесување Изјава, Тужба, обезбедување DNK-тест, сведоци, и слично.

За издавање на лична карта, лицата кои немаат имотен лист, покрај Барање за издавање на лична карта до МВР и Барање за нумерирање на објект до Сектор

за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина, поднесуваат и:

�доказ за постапка за легализација на објект или �барање за издавање на Потврда за идентификација на катастарска парцела до Агенција за катастар на недвижности.

ПРЕДИЗВИЦИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ

Page 5: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

5ПРО-АКТИВНА УЛОГА ПОТРЕБА НА ЗАЕДНИЦАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТАП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

1.6. ПРЕВЕНТИВНИ НАСПРОТИ РЕДОВНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

1.7. СМРТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА НАСПРОТИ НОРМАЛНО ПОРОДУВАЊЕ

1.8. ОТВОРАЊЕ ИСТОРИЈА НА БОЛЕСТ НАСПРОТИ АВАНСНА НАПЛАТА ЗА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ

Министерството за здравство секоја година донесува Превентивни и кура-тивни програми кои вклучуваат бесплатни здравствени услуги со цел тре-

тирање одредени здравствени состојби и проблеми од интерес за пошироката популација.

Програмите претставуваат системски начин за следење на здравјето на граѓани-те и покривање на трошокот за истото од страна на државата, кое крајно резул-тира со давање директни бенефиции на пациентите.

Редовните гинеколошки прегледи пред и во текот на бременоста придонесуваат за здрава и безбедна бременост односно рано откривање и соодветен треман

во случај кога постојат одредени ризици по животот на мајката или плодот.

Истото претставува основа за нормално породување, а спротивното однесување може да предизвика компликации при интервенцијата или несакани живото-за-грозувачки последици.

Осигуреното лице учествува во вкупните трошоци на здравствените услуги во специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита, согласно

висината на утврдените референтни цени на здравствени услуги, односно на за-вршените епизоди на лекување.

Имајќи го во предвид наведеното, незаконски е да се врши авансна наплата од страна на здравствената установа пред да се заврши лекувањето на осигуре-никот, бидејќи и обврската на фондот е исто така по завршено лекување кога здравствената установа доставува фактура за извршените услуги.

Дополнително, со Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигуре-ните лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите се утврдува висината на учеството на осигурените лица со лични средства при користење на здравствените услуги и лековите.

Во истата Одлука се уредуваат и начините на ослободување на осигурениците од плаќање на учество во вкупните трошоци на здравствените услуги и лекови-те, со тоа што надоместокот никогаш не може да биде однапред утврден, ниту пак обврската дека осигурениците мора да плаќаат учество.

1.9.ИЗДАВАЊЕ ОТПУСНИ ЛИСТИ НАСПРОТИ ПЛАЌАЊЕ ЗА БОЛНИЧКИ УСЛУГИ

Неплаќање на трошокот за користени здравствени услуги или за болничко лекување од страна на пациентот може единствено да биде предмет на

постапка пред надлежен суд, а не предмет на уцена на правото на користење на натамошни здравствени услуги односно задржување на отпусното писмо.

Page 6: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

6 БИЛТЕН Бр.2 | 24 Mарт – 24 Јуни 2016

1.10. ФАКТИЧКО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ НАСПРОТИ АДРЕСА ОД ЛИЧНА КАРТА

1.12. ПРАВО НА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ НАСПРОТИ ПРИХОД ОД БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ

1.11. РОДИТЕЛСКИ ДОДАТОК ЗА ДЕТЕ НАСПРОТИ УПИС ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИ

Во документацијата што се пополнува за остварување на права од социјална заштита покрај адресата од личната карта потребно е да се наведи фак-

тичката (реалната) адреса на живеење на барателот, со цел комисија од ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа да изврши непосреден увид во состојбата на домаќинството на барателот.

Доколку социјалниот работник не го пронајди барателот на наведената адреса на живеење, истото претсттавува основа за одбивање на барањето.

Правилникот за начинот на утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на носителот на пра-

вото и потребната документација за остварување и користење на правото на социјална парична помош, е изменет на 25 јануари 2016 година.

Како резултат, укинувањето на социјална парична помош не е условено со бр-зиот трансфер на пари односно не се сметаат како приход примените парични средства под 50.000 денари.

Родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете. Согласно Законот за заштита на деца, правото на родителски додаток за дете

родителот ќе го изгуби доколку не се вршат задолжителните вакцинации и де-тето не биде запишано и редовно не ја следи наставата во основно училиште.

По исклучок, правото на родителски додаток се остварува и за детето кое по-ради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и зара-ди таквата спреченост вонредно го продолжува образованието.

Барањето за продолжување на правото на родителски додаток за дете за на-редната година се поднесува до 31 март во тековната година со поднесување на Потврда од образовна или здравствена инситуција за состојбата на детето.

Page 7: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

7ПРО-АКТИВНА УЛОГА ПОТРЕБА НА ЗАЕДНИЦАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТАП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

Примена на законски механизми во барањето одговорност од сторителите на повреда за кои има основано сомнение, преку ангажирање на адвокат (заст-апник) за превземање дејствија поврзани со прибирање докази и давање под-дршка во судска постапка.

Случај Сабина Веселова (Битола)

� До денес Пресудата не е правосилна, добиена на 22.03.2016.

Случај Анета Неџипоска (Прилеп)

� До денес ОЈО – Прилеп јавно се нема произнесено по случајот, а се-мејството нема добиено информации за резултатите од обдукцијата како и за текот на постапката.

Единствена информација која е добиена од страна на здружението РОМА С.О.С. е дека е комплетирана документацијата и доставена на вештачење пред Судско-медицинскиот одбор при Медицински факултет – Скопје, согласно по-следните измени на ЗКП.

Случај Ајтен Јашар (Битола)

� До денес нема одговор од Апелационен суд Битола по Жалба, поднесена на 15.02.2016.

Случај Фарије Адемоска (Прилеп)

� Вештиот наод сеуште е во фаза на изготвување.

Случај Елиф Шакирова – Алиова (Штип)

� 18 Мај поднесено Барање за пристап до медицинско досие до ЈЗУ Клиничка бол-ница - Штип. Добиен е препис од медицинското досие, а целокупната ме-дицинска документација е на разгледување кај овластен вештак кој треба да утвди дали и во која фаза имало пропуст во лекувањето.

Случај Анифа Мефаил (Прилеп)

� 03 Јуни поднесено Барање за пристап до медицинско досие до ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” - Прилеп со цел да се комплетира меди-цинската документација. Добиен е препис од медицинското досие, како и обдукционен наод од Служба за патолошка анатомија при ЈЗУ Општа болница “Борка Талекси” - Прилеп.

2 ДОКУМЕНТИРАНИ СЛУЧАИ ПОД СОМНЕВАЊЕ ЗА СТОРЕНИ ЛЕКАРСКИ ГРЕШКИ- ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ ИЛИ ЗАТАЈУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОРГАНИТЕ?

...смрт на родилка за време на породување од непознати причини во 2012 година...

....смрт на новороденче при породување во 2016 година...

...компикации при оперативен зафат кои резултирале со три мозочни удари и хендикепираност во 2013 година...

...смрт на новороденче поради компликации при породување во 2013 година...

...смрт на новороденче од непознати причини во 2012 година...

...смрт од непознати причини во 2015 година...

Page 8: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

8 БИЛТЕН Бр.2 | 24 Mарт – 24 Јуни 2016

24.03.2016ЗАКЛУЧОЦИ ОД ВТОРА СРЕДБА "ИНДИВИДУАЛНИТЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ ПРАВА"2:

�Условните затворски казни кај случаите кај кои е докажана лекарска греш-ка, не овозможуваат пристап до целосна правда, имајќи во предвид дека станува збор за сторено кривично дело и човечки живот. Дополнително, одземањето на лиценцата за работа треба да е еден од начините за пре-венирање на идни случаи и потребно е истото да се има во предвид од страна на Лекарската Комора на РМ.

�За случајот на 3-годишната Анета Неџипоска (смрт од непознати причини, октомври 2015) потребно е да се забрза постапката и конечно да се утвр-дат причините за смртта.

�Да се утврди членството/улогите на РГП и тоа преку потпишување на Пристапница, како и да се организира средба со надлежните институции кои постапуваат или би можеле да постапат за надминување на иденти-фикуваните проблеми.

2.1. РОМСКИ ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ (РГП) – ПРИЛЕП

РЕЗУЛТАТ:

� 34 ЛИЦА/РОМИ ПОТПИШАА ПРИСТАПНИЦА СО КОЈА ДОБРОВОЛНО СЕ ЕВИДЕН-ТИРАА КАКО АКТИВНИ ЧЛЕНОВИ И ГИ ПРИФАТИЈА ПРИНЦИПИТЕ НА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО РОМА С.О.С. ПРИЛЕП ПРЕКУ РГП.

� ИЗГОТВЕНА И ДОСТАВЕНА УРГЕНЦИЈА ДО СУДСКО-МЕДИЦИНСКИОТ ОДБОР ПРИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ И ДО ОЈО – ПРИЛЕП, А ПОДДРЖАНА СО 40 ПОТ-ПИСИ (ПОТПИСНИЦИ НА ПРИСТАПНИЦА И ТИМОТ НА РОМА С.О.С.). РГП ПОБАРА ШТО Е МОЖНО ВО ПОКРАТОК РОК ДА СЕ СПРОВЕДЕ ВЕШТАЧЕЊЕТО И ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ДВЕТЕ ИНСТИТУЦИИ, СО ЦЕЛ ДА СЕ ДОЗНАЕ ВИСТИНАТА ЗА МАЛАТА АНЕТА, А РОДИ-ТЕЛИТЕ ДА ПРИСТАПАТ ДО ПРАВДАТА КОЈА ИМ Е ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ДА ЈА СМИРАТ СВОЈАТА ДУШЕВНА БОЛКА ОД ЗАГУБАТА. ПО ПИСМОТО НЕМА ОДГОВОРИ.

“РГП е организирана група од 40 лица-Роми, составена од неформални ли-дери во заедницата и корисници на услугите на здружението (различна по-литичка, религиозна, економска и социјална позадина) со заложба за:

�наместо за индивидуални да покажаме грижа и за колективните права,

�наместо жртви да бидеме и бранители на правата.“

2 Прва средба се оддржа на ден 24.12.2015 година на тема “Здравјето на Ромите низ призмата на законите” кога беше истакната загриженоста за големиот број на случаи во кои е забележана повре-да на здравствените права и отсуство на јавна поддршка во пристапот до правда. На истата средба беше донесен заклучок и поведена инцијативата за формирање на Ромски Граѓански Парламент.

Page 9: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

9ПРО-АКТИВНА УЛОГА ПОТРЕБА НА ЗАЕДНИЦАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТАП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

2.2. РОМСКИ ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ (РГП) – БИТОЛА

04.04.2016ЗАКЛУЧОЦИ ОД ПРВА СРЕДБА "ИНДИВИДУАЛНИТЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ ПРАВА":

�Постојат депонии во населба Баир. Потребно е да се елиминираат од при-чина што негативно делуваат на здравјето, и посебно на децата.

�Постои авансно плаќање за отворање историја на болест при потреба за болничко лекување во Клиничка болница, и неиздавање на отпусни листи по завршување на третманот заради неможност да се покријат трошоците од страна на пациентите во истиот момент. Ваквото постапување е не-законско и истото директно влијае да Ромите не пристапат до болничко лекување, како и да не користат препишана (натамошна) терапија во кон-тинуитет за зачувување на нивното здравје.

РЕЗУЛТАТ:

� МЕДИУМСКА ПРОМОЦИЈА НА ТВ ТЕРА БИТОЛА.

� 37 ЛИЦА/РОМИ ПОТПИШАА ПРИСТАПНИЦА СО КОЈА ДОБРОВОЛ-НО СЕ ЕВИДЕНТИРАА КАКО АКТИВНИ ЧЛЕНОВИ И ГИ ПРИФАТИЈА ПРИНЦИПИТЕ НА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО РОМА С.О.С. ПРИЛЕП ПРЕКУ РГП.

� ИЗГОТВЕНА И ДОСТАВЕНА РЕАКЦИЈА ДО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО, ЈЗУ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА “Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ” – БИТОЛА, ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА – ПОДРАЧНА СЛУЖБА БИТОЛА, ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУ-ВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА – СЕКТОР КОНТРОЛА, ПОДРАЧНА КАНЦЕ-ЛАРИЈА НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РМ – БИТОЛА, А ПОДДР-ЖАНО СО 40 ПОТПИСИ (ПОТПИСНИЦИ НА ПРИСТАПНИЦА И ТИМОТ НА РОМА С.О.С.)

Page 10: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

10 БИЛТЕН Бр.2 | 24 Mарт – 24 Јуни 2016

А следните одговори добиени:

Page 11: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

11ПРО-АКТИВНА УЛОГА ПОТРЕБА НА ЗАЕДНИЦАТА И ИНСТИТУЦИИТЕ ПРИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТАП

РО

ЕК

Т “ЗД

РАВ

ЈЕТО

НА

РО

МИ

ТЕ - О

СН

ОВ

НО

ЧО

ВЕ

КО

ВО

ПРА

ВО

6”

Page 12: § Ô Ï ê § Û - РОМА С.О.С.romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2... · 2016-07-12 · Отворање историја на болест наспроти

Овој Билтен е овозможен со финансиска поддршка на Фондација Отворено Општество -Македонија преку Иницијативата за Право и Здравје - Њујорк.

ПРОАКТИВЕН

РЕАКТИВЕН

Да се биде ПРОАКТИВЕН значи да се биде самоиницијативен односно да се превземе акција пред нешто да се случи штом нешто се забележи. Проактивно е лицето кое ги презема работите во свои раце и покажува подготвеност да превенира одредена ситуација, а кое би било од инте-рес на индивидуалецот или пошироката група.

Да се биде РЕАКТИВЕН значи да се дејствува како одговор на некаква ситуација откако таа ќе се случи. Реактивно е лицето кое презема дејст-вија насочени кон справување со последиците од настанатата ситуација.

Пример: За време на зимскиот период, кога се актуелни настинките и ви-русите, ПРОАКТИВНО лице ќе одржува редовна хигиена, ќе се храни здра-во и редовно ќе зема витамини, со цел да го зајакне својот имунитет и да се заштити од вирусни заболувања. РЕАКТИВНО лице, ќе чека да добие некакво заболување па дури потоа ќе преземе дејствија со примање на антибиотици или други лекарства за да го подобри своето здравје.