19
Состојба со малите системи за водоснабдување и санитација во Македонија Проф. д-р Михаил Кочубовски Работилница за проценка на еднаков пристап до вода и санитација и мали системи за водоснабдување и санитација, 16-17.06.2015, Скопје, Македонија

Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

  • Upload
    others

  • View
    7

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Состојба со малите системи за водоснабдување и санитација во Македонија

Проф. д-р Михаил Кочубовски

Работилница за проценка на еднаков пристап до вода и санитација и мали

системи за водоснабдување и санитација, 16-17.06.2015, Скопје, Македонија

Page 2: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Цел • Да се изврши преглед на доказите базирани

на состојбата со малите системи за водоснабдување и санитација во Република Македонија и регулаторните барања, како и обврските на институциите во однос на јавното здравје и надзорот над квалитетот на водата за пиење, особено за малите системи

• Специфични предизвици во однос на малите системи за водоснабдување и санитација, како и капацитетот на Владата да се заложи за истите

Page 3: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Мали системи за водоснабдување - с.Арачиново

Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници од „Флуид пројект“ работеа на поставување на хлоринаторот, 14.04.2015) со пумна станица

Поголемиот резервоар на вода за пиење за Арачиново

Page 4: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Исправноста на водата за пиење од локалниот водовод на Арачиново

(земени примероци на 10 и 12.02.2015 година) Мерно место Микробиолошка анализа Физичко-хемиска анализа

Двор „ЕУРОЛЕС“ (нехлор) Исправна исправна

Џамија кај игралиште до пазар (нехлор) Најверојатен број колиформни бактерии

амонијак електролитска спроводливост

Џамија Резистенца (нехлор) Најверојатен број колиформни бактерии

исправна

Џамија до општината Арачиново (нехлор)

исправна нитрати

Чешма во старо школо Арачиново (нехлор)

исправна нитрати

Чешма во ново школо Арачиново (нехлор)

исправна исправна

Чешма во објектот на општината, Арачиново (нехлор)

исправна исправна

Чешма во амбуланта Арачиново (нехлор)

исправна нитрати

Чешма во џамија во Мојанци (нехлор) исправна исправна

Извор: Центар за јавно здравје Скопје

Page 5: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Исправноста на водата во јавните чешми во Арачиново

Мерно место Микробиолошка анализа

Јавна чешма над старо школо, Арачиново (нехлорирана)

E. Coli исправна

Јавна чешма десно влез во Арачиново (нехлор)

исправна исправна

Горно маалска чешма (нехлор)

Најверојатен број колиформни бактерии

амонијак

Јавна чешма до транс форматор Арачиново (нехлор)

Најверојатен број на колиформни бактерии

нитрати

Јавна чешма на пат за Мојанце (нехлор)

E. Coli нитрати

Јавна чешма пред џамија во Мојанци (нехлор)

исправна исправна

Јавна чешма над амбуланта Арачиново (нехлор)

Најверојатен број на колиформни бактерии

нитрати

водата за пиење е од каптирани извори (не е од локалниот водовод) и населението е информирано за неисправноста на водата, забранета е за пиење и истата локалното население не ја користи за пиење

Page 6: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Мали системи за водоснабдување Изглед на резервоарот во с.

Орланци (120 куќи со 900 жители). Се гледа јасно дека тој е отворен, распукан од сите страни, во резервоарот навлегува и вода од помали поточиња преку отворите а во близина пасат крави. Околу резервоарот теренот со дрвја и трнливи грмушки. Нема заштитна ограда.

Резервоар за вода за пиење за с.Грушино (1.050 жители)

Page 7: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Бунарска куќичка на бунарот за водоснабдување с.Муртино и с.Сачево и опрема на бунарот, 2014

Бунарска куќичка на бунарот во с.Куклиш и резервоар со хлор станица, 2014

Позитивни примери на мали системи за водоснабдување

Page 8: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Mали системи за водоснабдување - одржување и дезинфекција

• Во однос на вкупниот број на општини има 72 општини на територијата на Република Македонија во кои живееат 560.481 рурални жители (податоци од Државен завод за статистика од пописот во 2002 година), а застапени се 1042 села во кои стопанисуваат 56 ЈКП кои управуваат со водоводи во 242 села.

• Во однос на хлорирањето на водата во вкупно 173 села или (16,60%) се врши континуирано хлорирање на водата, во вкупно 137 или (13,14%) се врши повремено хлорирање на водата и во вкупно 732 села или (70,24%) не се врши хлорирање на водата.

• Според горенаведеното постои голем јавно-здравствен ризик за здравјето на населението, особено во оние села каде што воопшто не се врши дезинфекција (хлорирање) на водата за пиење од селските водоводи.

• За превенција од потенцијална појава на цревни заразни заболувања кај месното население во оние села каде што воопшто не се врши дезинфекција (хлорирање) на водата за пиење од селските водоводи потребно е надлежните општини да обезбедат континуирана дезинфекција на водата за пиење.

ИЈЗРМ, 2014 година

Page 9: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Централни и мали системи за водоснабдување

• Централно водоснабдување во земјата е обезбедено за целото урбано население од околу 1.301.646 жители и околу 213.422 рурално население (10,34% oд вкупното население во Македонија) кое се снабдува од урбаните системи за воснабдување. 1.515.068 жители или 73,43% oд вкупното население во Република Македонија (вкупно население проценето на 2.063.242 жители) се конектирани на урбаните системи за водоснабдување.

• Мали системи за водоснабдување од сопствени изворишта за вода се обезбедени за 468.471 рурално население - 22,7% oд вкупното население, или 61,51% од вкупното рурално население (вкупното рурално население е проценето на 768.939 жители).

• Околу 79.703 рурални жители, или 3,86% oд вкупното насление (или 10,46% oд вкупното рурално население сe снабдуваат од локални објекти за водоснабдување.

(Извор на информации - Извештај на ИЈЗРМ за 2014 година)

Page 10: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Број на примероци и увиди кај селските населените места во Република Македонија за 2014 година

ВИД НА ОБЈЕКТИ

БРОЈ НА: Број на извршени лабораториски анализи по примероци:

Физичко-хемиски анализи

Бактериолошки анализи

вкупно неисправни вкупно неисправни

села жители увиди примероци

Број % Број %

Села на градски водовод

258 213422 141 1926 1907 326 17,1 1926 182 9,4

Села со сопствен водовод

841 468471 660 5034 5026 1057 21,03 5034 1249 24,81

Села со др. видови објекти

321 79703 218 1546 1545 251 16,25 1479 553 37,39

ВКУПНО 1420 761 596 1019 8506 8478 1634 19,28% 8439 1984 23,5

%

Извор на информации - Извештај на ИЈЗРМ за 2014 година

Page 11: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Канализација • На канализациона мрежа е конектирано 65% oд

населението, меѓутоа само 12,5% од населението е опслужено со пречистување на отпадните води.

• Техничката состојба на инфрструктурата е во незадоволителна состојба. Недостатокот од редовно одржување резултирало до бројни прекини и истекувања од канализационата мрежа.

• Неколку од постојните станици за пречистување на комунални отпадни води (ПСКОВ) не се во согласност со стандардите за ефлуент од (Директивата за пречистување на урбани отпадни води 91/217/EEC), резултирајќи со испуштање на недоволно пречистени отпадни води во реципиентите. Економската ефективност на третманот е ниска и треба да се подобри.

Page 12: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Пречистување на отпадни води

• Најголем број урбани области немаат постројки за пречистување на отпадни води. Отпадните води се испуштаат директно во реципентите без било каков третман и ги загадуваат реките.

• Квалитетот на реките е недоволен, заради постојаното загадување од домаќинствата и индустриските отпадни води.

• Земајќи ги во обзир сите постојни ПСКОВ, кои работат или се блиску до пуштање во употреба, 12,5% од населението е опслужено со пречистување на отпадните води.

Page 13: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Канализациона мрежа • Со оглед на нивото на изградена канализациона

мрежа и ПСКОВ, земјата заостанува во споредба со инфраструктурата за водоснабдување.

• На национално ниво, канализационата мрежа се состои од 1.239,1 km цевки. Од вкупниот број на 697.529 домови (Попис 2002), 65% се конектирани на јавни канализациони системи, додека 21% oд домовите имаат септички јами и 12% ја испуштаат неконтролирано отпадната вода.

• Генерално, постојните канализациони мрежи во поголемите урбани области се дизајнирани како единечен систем system кој ги собира и спроведува заедно отпадните и атмосферските води.

• Само 12 општини имаат сепаратна канализациона мрежа.

Page 14: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Пречистување на отпадни води

• Во некои случаи, несоодветно управување довело до прекин во работата на ПСКОВ, заради високи оперативни трошоци и недостаток на приходи за поврат на трошоците.

Page 15: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Пречистување на отпадни води

• Постојат 65 агломерации во согласност со Директивата за пречистување на отпадни води 91/217/EEC.

• Од нив, 4 агломерации се над 100.000 EЖ, 25 агломерации со 15.000 дo 100.000 ЕЖ, 7 агломерации oд 10.000 – 15.000 EЖ и 29 агломерации oд 2.000-10.000 EЖ.

Page 16: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Aрачиново, 11.000 жители

• во Арачиново има околу 3000 домаќинства; • 3000 септички јами, кои не се прописно

изградени; • во селото има делумно канализациона мрежа; • низ селото протекува канал во кој се излеваат

фекални отпадни води од околу 1000 куќи.

Изглед на улица до основно училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“(I до IV oдд.), отпадни води

Page 17: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Село Орланци брои 150 домаќинства со 950 жители

75 домаќинства се приклучени на локална канализациона мрежа и 75 имаат септички јами, непрописно изградени. Отпадната вода од домаќинствата се излева во собирен отворен канал кој поминува на крајот од селото сé до магистралниот пат кој води од Скопје кон Куманово и која понатаму се испушта во нивите.

Тоалет во О.У. „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ с.Орланци (црево преку прозор со која се полнат пластични буриња со вода за хигиена во школото и во тоалетите)

Page 18: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Село Грушино брои 150 домаќинства со околу 1050 жители

• 80 домаќинства користат септички јами кои не се прописно изградени

• 70 домаќинства се приклучени во канализационен систем изграден од самото население.

• Отпадните води се испуштаат во поток кој тече во близина на бунарот „Друни“ а која вода се употребува како вода за пиење.

• Водите од потокот понатаму течат низ селото и се излеваат во нивите на с. Бучинци.

Page 19: Проф. д р Михаил Кочубовски - UNECE...Бунарот кој е во употреба за водоснабдување на Арачиново (работници

Благодарам