32
1 | Стратегија на МКА 2000 за периодот 2013-2017 АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА-200 СТРАТЕГИЈА НА МКА 2000 За периодот 2013 -2017 Скопје, Фебруари 2013

АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

  • Upload
    others

  • View
    6

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

1 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА-200

СТРАТЕГИЈА НА МКА 2000

За периодот 2013 -2017

Скопје, Фебруари 2013

Page 2: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

2 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

СОДРЖИНА

1. МКА-2000 ................................................................................................................................................................. 3

Што е Менаџмент консултант? ................................................................................................................................... 3

Визија на МКА-2000 ..................................................................................................................................................... 4

Мисија на MКA-2000 .................................................................................................................................................... 4

Професионални вредности, принципи и определби ................................................................................................ 4

2. Европско опкружување ....................................................................................................................................... 6

2.1. Пазари на консултантски услуги ................................................................................................................... 6

2.2. Трендови ......................................................................................................................................................... 6

3. Анализа на состојбите во консултантската професија во Република Македонија................................... 7

4. Можни начини на финансирање на Здружението ........................................................................................... 8

Членарина како извор на финансиски средства ..................................................................................................... 8

Конференции и настани како извор на финансиски средства .............................................................................. 9

CMC сертификации и ресертификации .................................................................................................................. 9

5. ПРИОРИТЕТИ НА ДЕЛУВАЊЕ НА МКА-2000 ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017 ..................................................... 11

A. Членство ....................................................................................................................................................... 11

B. Квалитет на услугите на МК ........................................................................................................................ 11

C. Политика на цени ........................................................................................................................................ 12

D. Соработка помеѓу членовите на МКА-2000 ............................................................................................... 13

E. Промоција на професијата менаџмент консултант ................................................................................... 13

F. Услуги на МКА-2000 кон членовите ............................................................................................................ 13

G. Влијание на политиките и регулативата...................................................................................................... 14

H. Зголемување на капацитетите на Здружението ........................................................................................ 15

АНЕКС 1 - Методологија за стратешко планирање во МКА-2000......................................................................... 16

АНЕКС 2 - Предлог методологија за изработка на анализа на состојбите во консултантската професија во

Република Македонија. ............................................................................................................................................... 20

Дел 1: Идентификација на моментални состојби ................................................................................................... 20

Дел 2: Идентификација на потенцијалот и предизвиците во следниот период ................................................... 20

АНЕКС 3 - Резултатите од спроведените истражувачки активности ................................................................. 22

АНЕКС 4 - Анализа на пазарот на консултантските услуги .................................................................................. 30

Page 3: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

3 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Стратегија на МКА-2000 за период 2013-2017

1. МКА-2000

МКА-2000 е професионална асоцијација на менаџмент консултантите во Република Македонија која е основана

и работи од 2000-та година. Основната цел на асоцијацијата е унапредување на професијата и унапредување

на квалитетот на услугите кои ги нудат членовите на асоцијацијата на македонскиот и регионалниот

пазар.Здружението МКА-2000 е член на Меѓународниот Совет на Менаџмент Консалтинг Институти (ICMCI1) од

2011 година и ја врши улогата на национален институт за менаџмент консалтинг како репрезентативен партнер

во Република Македонија. Како таков, МКА-2000 е единствено акредитирано тело од страна на ICMCI кое го

администрира процесот на стекнување на статус на сертифициран менаџмент консултант (CMC - Certified

Management Consultant) во Република Македонија.

Менаџмент консалтинг е важна професија која во сите развиени земји и земји во развој силно придонесува за

развојот на менаџмент системите во националната економија. Оваа професија и во Република Македонија

треба значително да придонесува за развојот на административниот и корпоративниот сектор. Тоа ја прави

една од важните карики во развојот на целата земја преку обезбедување на квалитетни услуги за спроведување

на проекти поврзани со меѓународните организации, и за задоволување на потребите на централната и

локалната власт и за зајакнување на стопанските субјекти.

Што е Менаџмент консултант?

1. Менаџмент консултант2 е независна и квалификувана личност која обезбедува професионални бизнис

услуги на приватниот и јавниот сектор преку превземање на задачи за:

Идентификување и истражување на проблеми поврзани со стратегија, политика, пазари, организација,

процедури и методи;

Формулирање препораки за соодветни акции, засновани на факти од испитувања и анализи, кои ќе

предизвикаат пошироки менаџмент и бизнис импликации;

Дискутирање и усогласување со клиентот за најсоодветниот тек на акциите;

Обезбедување на асистенција, кога тоа се бара од клиентот, за имплементирање на препораките.

2. Менаџмент консултантство3 е обезбедување на независен совет и асистенција на клиентите за

одговорности поврзани со менаџментот. Советите и асистенцијата можат да бидат во различни форми,

како надворешен или внатрешен консултант кој превзема една или повеќе улоги вклучувајќи ја и улогата на

аутсорсинг за организацијата на клиентот. Менаџмент консултантот е поединец кој обезбедува независен

1 The International Council of Management Consulting Institutes (www.icmci.org) 2 Ing B, (2002) The Inside Careers Guide to Management Consultancy, Cambridge Market Intelligence Limited, p.8, www.insidecareer.co.uk 3 The Institute of Management Consultants USAInc,(2001) The Common Body of Knowledge, p.5, Adopted from ICMCI September 1998.

Page 4: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

4 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

совет и асистенција во однос на процесите на клиентот поврзани со менаџмент одговорностите. Тој може

да биде генералист или специјалист и може да има пристап кон задачата така како што се бара од

клиентот.

3. Сертифициран менаџмент консултант4 (CMC) e менаџмент консултант кој гледа на менаџмент

консултантството како професија и бил оценуван и евалуиран за да исполни одредени критериуми во

однос на карактерот, квалификациите, искуството, независноста и компетенциите како што се дефинирани

од професионалното тело што го издава CMC сертификатот. CMC претставува меѓународно признаен и

препознаен доказ за високи стандарди во менаџмент консултантството и придржување до етичките канони

на професијата.

Визија на МКА-2000

МКА-2000 е препознатлив градител на менаџмент консалтинг професијата, промотер и поддржувач на

менаџмент консултантите во Република Македонија.

Мисија на MКA-2000

• МКА-2000 ги поддружува консултантите и деловното опкружување во Република Македонија преку

унапредување и професионализирање на менаџмент консалтинг професијата и нејзините членови.

• МКА-2000 го штити меѓународниот професионален СМС стандард преку процес на сертифицирање и

следење на професионалното и етичко работење на нејзините членки.

• МКА-2000 ја промовира користа од професијата, нејзините членки и е претставник на интересите на

засегнатите страни во менаџмент консалтинг околината.

Професионални вредности, принципи и определби

МКА-2000, заедно со сите свои членови, ги почитува и спроведува заеднички прифатените вредности, принципи

и определби на етичко и професионално однесување.

Вредности

• Знаењето за менаџирање поединци, групи, организации и институции е ресурс на националната

економија.

• Имплементирањето на промени во менаџментот за зголемување на конкурентоста се заснова на наука,

применливо знаење и добри практики.

• Менаџмент консултантството како агент на промени за подобар пазарен настап придонесува за раст и

развој на економските активности.

• Менаџмент консалтинг професијата изградена на стандарди за квалитет е фактор за поголемо

искористување на ресурсите и способностите на поединците, групите организациите и институциите.

• Организираното дејствување на менаџмент консултантите во асоцијација придонесува за квалитетот на

испорачаните услуги до клиентите.

4 Исто како 3

Page 5: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

5 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

• Сите членови несебично го отстапуваат своето време за потребите на МКА-2000 и активно учествуваат

во работата на Здружението.

Принципи

• Генерирање на додадена деловна вредност за корисниците на нашите услуги преку споделување на

знаење и континуирано оспособување на нашите членки.

• Професионално однесување и интегритет преку почитување и применување на највисоки стандарди на

совршенство дефинирани во меѓународните стандарди за менаџмент консултанти.

• Промоција, прифаќање, почитување и спроведување на професионални консалтинг стандарди и

интегритет при испорака на менаџмент консалтинг услуги кај сите членки на МКА-2000.

• Оспособување и поддршка во примена на Кодексот на професионално и етичко однесување на

менаџмент консултантите во процесот на развој и испорака на најдобри можни менаџмент консалтинг

услуги за корисниците.

• Размена на европска и светска практика во менаџмент консултантството.

• Соработка со локалните и меѓународни консултантски здруженија.

Определби

А) Кон членството

Обезбедување на услови, ресурси и поддршка за професионален развој и ефективно деловно опкружување за

развој на менаџмент консалтинг секторот за нашите членки.

Подобрување на видливоста на бенефитите од користењето менаџмент консалтинг услугите – транспарентност,

квалитет, иновативност и доверба.

Грижа за обезбедување на поволна правна рамка за развојот на професијата преку постојано учество на

форуми, изготвување коментари и сугестии во врска со релевантната регулатива.

Б) Кон клиентите

• Гаранција и заштита на корисниците на услугите за професионалност на услугите кои ги добиваат од

нашите членки со примена на Кодексот на професионално и етичко однесување.

• Зголемување на додадената вредност и редуцирање на ризикот од менаџмент консалтинг услугите за

клиентите – соодветни, ефективни, квалитетни и иновативни менаџмент консалтинг услуги кои водат до

повеќе предвидливи резултати.

• Менаџмент консултанти со високи перформанси, искуство и етика.

• Менаџмент консултанти со знаење, вештини, способности и доверливост за да:

o Им го олесни изборот и евалуацијата на соодветни менаџмент консултанти

o Им се испорачаат високо квалитетни перформанси

o Имаат контакт со консултанти кои перманентно се едуцираат

Page 6: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

6 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

В) Кон јавноста и институциите

• Придонес кон конкурентноста на македонската национална економија преку подобрување на вештините

и професионализмот на членовите на МКА-2000 и преку градење на капацитетот на нејзините клиенти.

• Асистирање на националниот пазар за зголемување на капацитетот и способноста низ соодветна

набавка и употреба на менаџмент консалтинг услугите.

• Поддршка во работењето на државните и локални институции.

• Обезбедување на квалитетни услуги на меѓународни институции во и надвор од Република Македонија.

• Поддршка на активностите за интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

2. Европско опкружување

2.1. Пазари на консултантски услуги

Консултантскиот сектор подолго време зазема забележително место во развиените земји. Неговото учество5 во

БДП на ЕУ бележи постојан раст од 0,24 % во 1998 на 0,65% во 2009 година или 86,1 милијарди евра. Во рамки

на националните економии консултантскиот пазар има различно учество во БДП од 0,07% во Полска до 1,1 % во

Велика Британија и истиот има тенденција на постојан пораст. Причината за ова е јасната перцепција за

потребата од консултантски услуги и изграденоста на професијата преку јасното дефинирање во националните

номенклатури на занимања и постоење на квалификации и вештини за нивното функционирање на пазарот.

Во земјите на Југоисточна Европа каде припаѓа и Република Македонија консултантскиот пазар е сеуште мал

(3,6 % учество во вкупниот европски пазар) но со пораст во неговото учество во националните БДП.6 (со 0,01%

учество во БДП се Бугарија и Босна, со 0,2% се Словенија и Хрватска, 0,4% во Романија и 1,5% во Русија).

Проценки за Македонија се дека тој се движи околу 0,01% од БДП.

2.2. Трендови

Трендовите на интернационализација на националните економии на Балканот, приближувањето кон ЕУ,

примената на меѓународните стандарди, расположивите ЕУ фондови, менувањето на структурата на

националните стопанства, поддршката на иновативноста и конкурентноста, трендовите за зголемување на

регионалната трговија и привлекувањето на странски инвестиции креираат нови пазари за консултанските

услуги. Поточно ориентацијата кон економии на знаење отвараат нови перспективи за консултантите како

агенти за промени и трансфер на знаење.

ICMCI како глобално здружение кое ги обединува националните институти за менаџмент консалтинг спроведува

стратешки иницијативи на глобално ниво со учество на сите членки. ICMCI воведува иновативна развојна

стратегија со која треба да се направи голем исчекор во насока на зајакнување на менаџмент консалтинг

професијата преку следниве цели:

5Истражување на ФЕАКО 2009 година

6Извор Droege& Comp

Page 7: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

7 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

• Зголемување на додадената вредност што ICMCI ја дава на основниот (core) бизнис – поддршката за

националните институти за менаџмент консалтинг преку воведување и континуирано одржување на

стандардите;

• Подобрување на брендирањето и маркетирањето на сертифициран менаџмент консултант;

• Зајакнување на релациите со:

o големите светски консалтинг компании преку нивно зачленување во ICMCI и прифаќање на

ЦМЦ стандардот како стандард за нивните вработени,

o Бизнис програмите во рамки на академски институции преку воведување на наставни програми

или делови од наставни програми фокусирани на едукација за менаџмент консалтинг;

o сертифицирани менаџмент консултанти;

• Воведување на модел на управување пропратен со соодветен финансиски модел за професионална

поддршка од ICMCI за да ICMCI континуирано биде одржлива и силна организација.

3. Анализа на состојбите во консултантската професија во Република Македонија

Во моментот не постојат официјални податоци за бројот на менаџмент консултанти интегрирани на едно

место. Имајќи предвид дека во Националната класификација на занимања (Сл. Весник бр.37/2011) внесени

се две занимања7 кои се поврзани со менаџмент консултанството, процесот на усогласување на професиите

во системот на Агенцијата за вработување со европските стандарди за евидентирање ќе придонесе за

постоење на ажурирани податоци во иднина. Според дел од постоечките регистри за менаџмент

консултанти во Р. Македонија има околу 280 менаџмент консултанти кои најмногу работат на развој на

капацитети на институции и поддршка на мали и средни претпријатија.

Работната група за изработка на Стратегијата на МКА-2000 подготви методологија за анализа на состојбите

во консултантската професија во Македонија. Комплексноста на задачата, како и фактот дека досега не

постои сублимирана анализа на состојбите со оваа професија во Република Македонија, наложи користење

на комбиниран сет од истражувачки алатки со кои ќе се овозможи генерирање на квалитетни инпути во

процесот на подготовка на Стратегијата на МКА-2000. Структурните елементи на анализата се добија како

резултат на спроведени истражувачки активности во два дела:

Прв дел - Идентификација на моменталните состојби преку добивање на синтетизиран преглед на

ставовите и перцепцијата од поединечни субјекти од владата, владини тела, министерства, комори,

меѓународни и донаторски организации активни во Р. Македонија. За таа цел беа испратени дописи до

највисоката инстанца во 34 институции и организации со барање за интервју (список на испратени писма

во прилог), од кои позитивен одговор за состанок се доби од 18 институции (евидентирани на списокот на

испратени писма во прилог). Во дел од институциите каде не се успеа да се договори состанок/интервју

беше добиен одговор дека не даваат такви информации или дека не можат да идентификуваат лице кое би

се сретнало со консултантите претставници на МКА-2000. Во дел пак, се доби одговор дека не можат да

одговорат и да одлучат ништо додека не добијат одобрување од самиот врв на институцијата.

7Советник за менаџмент шифра 2421.01 и Проектен менаџер шифра 2421.07

Page 8: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

8 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Втор дел – идентификација на ставовите и перцепцијата на професионалците во консултантската

професија за самата професија. За таа цел се спроведе електронски (on-line) прашалник за членовите на

МКА-2000, кој го одговорија 18 консултанти–членови, од вкупно 45 членови. Анализата е дадена во Анекс 1

4. Можни начини на финансирање на Здружението

Статутот на МКА-2000 како извори на финансиски средства за здружението ги дефинира следните извори:

членарини; прилози во вид на парични средства, движен и недвижен имот добиен од физички и правни лица;

донации од правни и физички лица; подароци од правни и физички лица; други средства предвидени со

Законот.

Во минатото работење на МКА-2000 присутни извори на финансиски средства се членарините (во 2011 година -

13% од вкупните приходи), уплати за услуги – CMC сертификација и ресертификација и проекти за градење на

капацитети (Пример: CMC во Косово)

Освен досегашните извори на финансирање, во наредниот период очекувани се позначајни извори на

финансиски средства од организација на конференции и настани и раководење со проекти, финансирани од

донации.

Со цел подобро функционирање и финансиска одржливост на МКА-2000 потребно е дополнително

(ре)дефинирање на критериумите и пристапот кон различните извори на финансиски средства, како за

членарините, така и за организираните конференции и настани и проекти каде носител е МКА-2000.

Членарина како извор на финансиски средства

Сегашната годишна членарина во МКА-2000 изнесува 5.500 денари, зголемена во 2011 година со цел да се

овозможи целосно покривање на годишните оперативни трошоци на организацијата произлезени од стекнување

на статусот полноправен член на ICMCI.

Можните промени во финансирањето би биле предизвикани од воведување на нови категории на членства во

МКА-2000, според последните препораки од ICMCI.

Можни категории на членови се

• Постојан индивидуален член, со CMC сертификат

• Постојан индивидуален член, менаџмент консултант без CMC сертификат

• Студенти членови

• Групно (корпоративно) членство во МКА-2000 (членство на сите вработени во едно консалтинг

претпријатие)

Со определба на различните типови на членство, би се дефинирале и соодветните членарини по тип на член.

Page 9: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

9 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Конференции и настани како извор на финансиски средства

Настаните во организација на МКА-2000, како извори на финансиски средства за здружението, генерално може

да се поделат на

• Настани за членството: редовни настани за вмрежување, обуки за консалтинг,

• Настани од отворен карактер: настани од општ интерес, каде постои можност за наплата на надоместок

за учество на конференцијата.

Додека првите настани досега не биле извор на финансии, втората група настани може да претставуваат

дополнителен приход, особено преку наплата на учеството на учесниците, со попуст или без надоместок на

членовите со платена членарина во МКА-2000.

CMC сертификации и ресертификации

Процесот на сертификацијата за CMC и ресертификација бара значаен ангажман и следствено надоместок за

сработеното од вклучените лица. Надоместок за сертифицирање и ресертифицирање досега претставуваше

извор на финансиски средства, кој претежно беше дефиниран на еднакво ниво како и расходите за

спроведување на процесот.

Опционално треба да се разгледа можноста овие приходи да имаат остаток од вредноста за МКА-2000.

Проекти како извор на финансиски средства

Проектите како извор на финансиски средства се присутни и се дополнителна можност за извор на приходи за

МКА-2000.

Сепак специфичноста на МКА-2000 е што проектите со кои и повиците на кои би се појавила организацијата не

смеат да бидат конкуренција на деловните проекти и повици на членовите. Односно мора да постои принцип на

непоклопување и неконкурирање на деловните интереси на членовите и нивните претпријатија/организации.

Тоа значи дека МКА-2000 може да конкурира само на проекти наменети за невладин сектор и кои се однесуваат

на градење на капацитетите на самото здружение или унапредување на самата професија.

Процесот на планирање на МКА-2000, поврзани со проектите како потенцијален извор на финансиски средства,

се одвива според генералните фази на проектен менаџмент.

Иницирање на проекти

• Следење и ажурирање на отворени повици на кои се квалификува МКА-2000

o Одговорност? Период на ажурирање? Донатори и области на следење? Надоместок за

работата?

Page 10: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

10 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

• Информирање и одлучување при иницијализација на проекти

o Алатки на располагање, период на информирање,

o Начин на прифаќање на иницијативи за проекти од членови,

o Одлучување за подготовка и аплицирање на проекти

Проектно планирање

• Категоризација на проекти според сложеност, обем и значење

• Формирање проектен тим – одговорност и рамка (временска)

• Критериуми за одлучување за проектот (надоместок, финансиски критериуми, план за мониторинг и

евалуација, одговорност на организацијата наспроти проектен тим и сл.)

Проектна имплементација

• Имплементациски механизми и критериуми

• Проектен тим состав

• Надоместоци според големина и тип на проект

• Механизми за известување на проектен тим до Управен одбор

• Буџетирање и финансиски менаџмент

• Мониторинг и одлучување

Затворање и евалуација на проекти

• Одговорност за известување

Page 11: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

11 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

5. ПРИОРИТЕТИ НА ДЕЛУВАЊЕ НА МКА-2000 ВО ПЕРИОДОТ 2013-2017

Како резултат на спроведените истражувања и изготвената СВОТ анализа, произлегоа основните приоритети и

глобални цели, за чие остварување ќе се стреми МКА-2000 во идниот петгодишен период.

За секоја од подолу наведените точки, УО ќе изготви конкретен акционен план со утврдена динамика на

активности, конкретни цели кои се очекуваат од активности, потребни материјални средства и кадар за

извршување на активностите.

A. ЧЛЕНСТВО

Еден од основните приоритети е зголемување на бројноста на членовите -професионалците во оваа професија.

Оваа тема е релевантна од повеќе аспекти:

Утврдено е дека надвор од Здружението работат поголем број на консултанти кои се професионално

ангажирани и активни во МК (менаџмент консалтинг) професијата. Потребно е да се утврдат причините за нивно

не-членување во МКА како професионално здружение на кое природно припаѓаат. Од друга страна потребно е

да се направат напори за привлекување на што е можно поголем број на професионални менаџмент

консултанти но и повремени консултанти во редовите на Здружението. Здружени во здружение кое ги застапува

нивните интереси МК можат повеќе да влијаат врз релевантното окружување и да го прилагодуваат според

своите потреби.

Потребно е да се утврди и јасно разграничи структурата на членството, т.е. да се утврди бројот на

професионални членови, (кои се дефинираат како членови на кои МК им е приоритетна активност и главен

извор на приходи), од останатите членови (кои МК ја обавуваат само повремено и кои остваруваат мал приход

од услугите во МК). Видови на членови: ЦМК, постојан МК, повремен МК, почетник МК и студенти.

Потребно е да се дефинираат видовите на членови и да се разграничат по групи. Критериум за постојан член е

да е постојано вработен како консултант, додека повремен консултант има друго примарно вработување.

Цели за овој приротиет се:

А.1. Анализа на постоечката состојба со вкупниот број и структура на консултантите во РМ и

причини за нечленување во МКА

А.2. Континуирано зголемување на членството за 10 % годишно

Основниот двигател на развојот на МКА 2000 е нејзиното членство кое ги поддржува и реализира активностите

на асоцијацијата за испорака на вредности (услуги) насочени кон профилирање на професијата менаџмент

консултант и нејзино позиционирање на македонскиот, регионалниот и европскиот пазар. Затоа континуираното

зголемување на членството е траен приоритет на МКА-2000.

Б. КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ НА МК

Здружението ќе разработи Програма за постојано подобрување на услугите на консултантите (членови на МКА)

и ќе утврди минимум стандарди за квалитет на услугите, според ЦМК стандардот (за сетифицирани менаџмент

консултанти) и според ЦЕН 16114 за сите членови на МКА.

Page 12: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

12 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Програмата ќе се базира на анализа на квалитетот на услугите, според анализа на задоволството на клиентите.

За оваа цел Здружението ќе изготви и анализа за потребите од обука и ќе дизајнира Програма за обука според

потребите на членовите.

Утврдено е дека недостасува поголема специјализација кај консултантите, така да е потребно да се работи на

продлабочувањето на знаењата и специјализација на консултантите во нивните области на квалификација. За

дизајнирање на Програмата ќе се користат и информациите од анализата на пазарот на услугите, потреби на

клиентите сега и предвидени потреби во иднина и ќе се внесат областите за обука на консултантите кои е

утврдено дека недостасуваат во порфолиото на експертиза кај домашните консултанти.

При дизајнирањето на обуките ќе се внимава обуките да ги вршат врвни специјалисти во областа, домашни или

страни, кои ќе бидат во можност да ги пренесат најновите светски пракси во доменот на МК. За специјалирани

обуки Здружението ќе оствари соработка и партнерство со специјализирани научни институции.

Посебна програма за обука на членовите ќе се организира за аспектите на етиката при процесот на давање на

МК услуги.

Б.1. Изработка на Програма за постојано подобрување на услугите – јуни 2013

Б.2. Континуирано продлабочување на специјализацијата на МК во РМ.

Б.3. Постојана промоција на ЦМЦ и ЦЕН 16114 како носители на квалитет

Реализирањето на оваа цел ќе овозможи потесна специјализација на консултантите и нивно разграничување по

области и целни групи клиенти. Индикатори за оваа цел до 2017 година се: дефинирање на 13 подрачја на

специјализација на членството на асоцијацијата; кои ќе се развиваат на годишно ниво.

B. ПОЛИТИКА НА ЦЕНИ

Со анализите е утврдено дека постои големо шаренило и голема варијација на цени за исти услуги. Ова

создава збунетост и недоверба кај клиентите кои не се во можност да оценат најдобар сооднос помеѓу квалитет

на услуга и цена на услугата. Здружението се залага за одржување на соодветно ниво на цените и ќе изготви

мерки против факторите кои придонесуваат за паѓање на цените. Особено ќе се бори против нелојална

конкуренција која влијае на намалување на цените на услугите.

Здружението ќе дефинира рамка на цени за МК услугите и постојано ќе надгледува дали членовите на

Здружението ги почитуваат утврдените рамки. При дефинирањето на цените ќе се внимава да утврдените

минимални цени го одразуваат мислењето на најголемиот дел од професионалното членство.

За членовите кои нема да се придржуваат на утврдената политика на цени, ќе се покрене постапка за

исклучување од Здружението.

В.1.Изработка на Политика на цени базирана врз методологија за пресметка на цена на

консултантски услуги - до јуни 2013

В.2.Изработка на механизам за следење на почитување кон политиката на цени до јуни 2013

В.3.Идентификација на нелојалната конкуренција и изработка на програма за борба против

нелојалната конкуренција

Page 13: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

13 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Д. СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ НА МКА-2000

Анализите покажаа дека соработката помеѓу членовите е на многу ниско ниво. Здружението ќе стане

платформа која ќе ја фасилитира соработка помеѓу членовите на начин што постојано ќе го известува членство

за можностите за работа, ќе организира форум преку кој ќе се одвива соработката, здружувањето и партнерство

при работа.

Здружението ќе организира средби на консултантите во однос на консултантскиот пазар, соодветност на

регулативата или други релевантни случувања во општеството, каде ќе се согледуваат можностите за влијание

на Здружението или на самите консултанти.

Д.1. Изработка на систем за соработка меѓу членството и партнерства

Е. ПРОМОЦИЈА НА ПРОФЕСИЈАТА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТ

Со анализите е утврдено дека професијата не е ниту видлива ниту препознаена во Република Македонија. Од

тие причини, Здружението ќе изготви Стратегија за комуникација со главните чинители од важност за

професијата а посебно за администрацијата (централна и локална), приватниот сектор и меѓународните

организации, со цел да се подобри позицијата на професијата како во општеството така и кај потенцијалните

клиенти.

Стратегијата има за цел да се зголеми препознаеноста на менаџмент консалтинг професијата, да го зајакне

кредибилитетот на професијата, да ја истакне професијата како општествено корисна и значајна во

решавањето на важните општествени прашања.

Анализите покажаа дека едуцираноста и свеста за користење на услугите на МК се на ниско ниво, па во рамки

на оваа компонента МКА-2000 ќе врши и зголемување на свесноста на потренцијалните корисници на услугите

за користа од услугите на КМ. МКА-2000 ќе изготви и Програма за едукација на клиентите за користење на МК

услуги што воедно ќе допринесе и за подигнање на свеста, создавање на потреба од услугите и промовирање

на членовите на Здружението.

Здружението ќе работи на воспоставување на соработка и партнерства со слични и сродни институции каде

смета дека ќе може да допринесе за квалитетот на работата и подобрување на позицијата на членовите и

самата професија.

Здружението особено ќе работи на воспоставување на членство во меѓународни и соработка со други

национални организации.

Е.1. Стратегија за комуникација и промоција – до јуни 2013

Е.2. Зголемување на бројот на објавени огласи со критериум CMC

Ж. УСЛУГИ НА МКА-2000 КОН ЧЛЕНОВИТЕ

МКА-2000 ќе обезбедува услуги на своите членови кои ќе им овозможат подобар увид на движењето на пазарот,

преку анализа на пазарот, одредување трендови и обезбедување на навремени информации за можности за

аплицирање и учество на повици и тендери.

Page 14: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

14 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

За оваа цел Здружението ќе формира служба (функција) која ќе врши следење на пазарот, анализи на пазарот,

следење на објавени повици и тендери и на своите членови редовно ќе им ги доставува.

Обука за членството во согласност со Програмата за унапредување на квалитетот на услугите.

Ж.1. Подобрување на информираноста на членството во врска со пазарните движења

З. ВЛИЈАНИЕ НА ПОЛИТИКИТЕ И РЕГУЛАТИВАТА

Анализата доведе до заклучоци дека моменталната правна рамка во која работат МК во земјава не е поволна

за домашните консултанти и дека е потребно да се работи на нејзино подобрување.

Посебно е важно МКА-2000 да се фокусира на следниве теми кои се од примарно значење за професијата:

Признаеност на професијата, како високо интелектулана и квалификувана професија, за чие обавување е

потребно големо искуство, знаење, умешност и како професија која придонесува за подобрување на

перформансите на своите клиенти.

Услови за ангажирање на домашните консултанти во меѓународни проекти, каде сите оние кои одлучуваат за

изборот треба да оценуваат и бараат од странските компании да имаат домашни консултанти како партнери

или поддоговарачи при самото конкурирање на проекти. Со ова ќе се зголеми ангажманот на домашните

консултанти, ќе се гради локална консалтинг експертиза која ќе обезбеди самоодржливост и раст, ќе се

обезбеди квалитетно познавање на домашниот контекст и со сето тоа ќе се обезбеди подобра услуга за

клиентот.

Во рамки на домашни повици и тендери да се внесат измени во регулативата, -осебно во делот на оценка на

понудите според цената како главен или единствен критериум при изборот. Да се внесе барање за доказ за

квалификуваност преку соодветен сертификат, кој ќе докаже дека понудениот консултант е квалификуван, има

соодветнои иксуство и поседува потребни вештини за да ја изврши работата според потребите на клиентот.

Здружението ќе лобира и за создавање на фер услови кои се бараат на тендерите, кои нема да бидат

дискриминирачки и елиминирачки за домашните консултанти.

МКА-2000 силно ќе работи на создавање на фер и коректна конкуренција на пазарот, со тоа што ќе лобира

против нелојаната конкуренција. Посебно ќе го има во предвид делувањето на невладините организации кои ја

обавуваат оваа дејност како консултанти и покрај тоа што се тие формирани исклучиво и единствено за

потребите на своето членство.

З.1. Формирање на посебни комитети за следење, превземање на соодветни мерки и активности за

промена на регулативата и примена на постоечката регулатива – април 2013

3.2. Број на домашни консултанти ангирани на странски проекти

3.3. Вклученост на МКА 2000 во дефинирањето и спроведување на полииката за зголемување на

конкурентноста на македонската економија.

Page 15: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

15 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Ѕ. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

За обавување на сите наведени активности потребно е значително зголемување на капацитетот на

материјалната база и човечките ресурси во Здружението.

Наведените активности ќе се обавуваат од посебни комитети, кои ќе бидат задолжени за одредена

проблематика и членовите на Здружението кои ќе бидат назначени во секој комитет ќе работат волонтерски.

И покрај волонтерскиот анагажман на членовите потребно е да се ангажираат професионално вработени лица

кои ќе ги обавуваат секојдневните активности и ќе бидат логистика на комитетите.

Финансирањето на канцеларијата на Здружението, вработените, трошоците за активностите ќе се врши од

членарината и од фондовите за кои ќе аплицира Здружението.

Здружението ќе аплицира на што е можно поголем број на повици за финансирање на своите активности, но

ислучиво на проекти поврзани со јакнењето на професијата и консултантите и подобрување на соработката со

релевантни организации.

Здружението ќе изготви Правилник за аплицирање на проекти, според кој ќе се одредува за кои проекти ќе може

да аплицира Здружението, според кои услови и ќе ги дефинира надоместоците за носителите на проектите.

Правилникот ќе обезбеди да се одбегне било каков конфликт на интереси и конкуренција помеѓу Здружението и

неговите членови.

Ѕ.1. Вработување на администратор/и

Ѕ.2. Формирање на комитети

Ѕ.3. Изработка на Правилник за аплицирање на проекти

Ѕ.4. Аплицирање на проекти за зголемување на капацитетите на Здружението

Page 16: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

16 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

АНЕКС 1 - Методологија за стратешко планирање во МЦА-2000

Цел

Стратешкиот план (СП) на МЦА-2000 ги одразува вредностите и целите кон кои се стреми Здружението на

консултанти. Целта на планот е да на систематичен начин ги претстави вредностите и целите за кои се залага

Здружението и активностите кои планира да ги преземе во наредниот период со цел да ги реализира поставени

цели.

Намена

СП на МЦА-2000 е основен документ по кој ќе биде препознаен од страна на своето членство и од

опкружувањето. СП е документ кој на сите заинтересирани страни им разјаснува за која цел е основано и кон

што се стреми Здружението.

За внатрешни цели, СП е основна рамка врз која ќе се носат оперативни одлуки на раководството – УО и

Претседателот на УО, при раководењето со Здружението. Политиките и активностите на МЦА-2000 треба да се

во согласност со рамката која е утврдена со СП.

Принципи на изготвување на СП

СП на МЦА-2000 се носи врз основа на следните основни принципи:

1. Транспарентност – сите членови се информирани за процесот на изработка на СП и по неговото

завршување тој е објавен на интернет страницата на МЦА-2000. Извештаите по остварувањата на

целите поставени со СП, исто така се објавуваат на интернет страната на МЦА-2000.

2. Партиципативност - во изработката на СП се поканети сите членови на Здужението и врз база на нивен

интерес е формирана Работна група која ќе го координира процесот на изработката на СП. За одделни

делови од СП се формираат посебни групи-комисии, составени од членството кои го донираат своето

време за целите не здружението, без надомест. По потреба и со одлука на УО и РГ за целите на

стратешкото планирање, може да се ангажираат експерти кои не се членови и за нив може да се

одреди соодветен надомест.

Времетраење

СП на здружението се изработува за период од 5 години, со тоа што целите и приоритетите можат да се

постават и за подолг период.

На крај на секоја втора година се прави анализа на реализацијата на поставените цели и нивното влијание врз

основните цели, мисијата и визијата на Здружението.

Врз основа на согледувањата, според потребите се прави корекција на стратегијата секоја втора година, за

наредни пет години.

Методологија за изработка на СП на МЦА-2000

Page 17: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

17 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Одговорност за изработката на СП е на Работната група. Работната Група се избира од страна на УО и брои 5

членови. Таа го изработува планот во соработка со членството.

РГ утврдува делови на СП и ги групира потребните активности за нивно остварување во работни пакети.

За секој дефиниран работен пакет (логична група на задачи) се именува посебна комисија, секоја од нив под

водство на посебен член на Работната група.

Работата на комисиите е во координација со Координаторот за СП.

Членството во комисијата го определува самото одговорно лице од Работната група.

Сите комисии работат паралелно според утврдена динамика и за извршената работа поднесуваат писмен

извештај на состанок на РГ која ги консолидира сите извештаи и изработува нацрт верзија на стратегијата на

МЦА-2000.

Нацрт верзијата се проследува на членството за коментари. Работната група ги разгледува коментарите,

интегрира релевантни предлози и изработува конечна верзија на стратешкиот план.

СП се објавува на интернет страницата на МЦА-2000.

Делови на СП се следните:

1. Историјат на МЦА-2000

2. Визија

3. Мисија

4. Вредности

5. Принципи

6. Определби

7. Европско опкружување

8. Анализа на состојбите во консултантската професија во РМ

9. Анализа на вредноста на пазарот

10. Можни начини на финансирање на Здружението

11. СВОТ анализа

12. Приоритети и цели на МКА-2000

a. Членство

b. Квалиетет на услуги

c. Политика на цени

d. Соработка помеѓу членовите на МКА-2000

e. Промоција на професијата менаџмент консултант

f. Услуги на МКА-2000 кон членовите

g. Влијание на регулативата

h. Зголемување на капацитетите на Здружението

Потребни средства за реализација на активностите и можни извори на средства

Page 18: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

18 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

За секоја цел се утврдуваат активности од страна на УО, кои ќе бидат потребни за остварување на целта.

Секоја активност треба да има оправданост во насока на остварување на целите.

Секоја активност бара средства кои можат да бидат обезбедени од страна на интерните капацитети на

Здружението или можат да бидат побарани од надворешни извори.

Извештај за остварените цели

Мониторинг на остварување на целите се врши на секои 6 месеци од страна на Надзорниот одбор на

Здружението. За таа цел УО изготвува шестмесечни извештаи. Мониторинг извештајот на Надзорниот одбор се

доставува до сите членови на Здружението.

По изминувањето на секоја година се врши евалуација на остварувањето на стратешкиот план и се предлагаат

корекции на планот. Евалуацијата ја врши Работна Група за стратешко планирање и врз база на наодите од

евалуацијата се врши соодветна корекција на стратешкиот план.

Начин на работа

Се разгледува релевантноста на дефинираните изјави за мисија и визија на Здружението и по наоѓање на РГ се

предлагаат нови, доколку ги најде за несоодветни.

1. За делот околу описот на историјатот, досегашните достигнувања и бенефити за членството се формира

комисија, која ќе биде одговорна за изработката на овој дел од СП.

2. Посебна комисија се именува за анализа на состојбите. Од оваа анализа се очекува да произлезат

слабостите кои треба да се надминат, како и да се утврдат можностите за иден развој на професијата и

самите членови. Анализата користи методи на истражување на мислењето на членовите на Здружението и

мислење на останати релевантни групи, како што се: комори, владини тела, слични струкови здруженија,

медиуми, меѓународни организации кои работат во РМ и др.

3. Од истражувањето е важно да се утврди:

• перцепцијата на целните групи во врска со работењето на консултантите во РМ (вредности, стручноста,

етичноста и корисноста за клиентите, во која насока би требало да се развива консaлтингот, потреби на

клиентите)

• вид на менаџмент консалтинг услуги кои се бараат на домашниот и страните пазари (фокус на

балкансите земји) по вид на клиенти, и за кои цели им се потребни услугите

• цени по кои се даваат услугите

• дефинирани потреби на консултантите и начин како МЦА-2000 може да ги задоволи нивните потреби

• бизнис модели кои ги користат консултантите во РМ

За секоја целна група се изработува посебен прашалник и зависно од целта на секое поединечно

истражување се бира метода за собирање на податоци.

По добиените одговори и нивна анализа се организира средба на РГ и се прави SWOT анализа која ќе биде

основ за утврдување на целите на Здружението.

Page 19: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

19 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

4. Посебна комисија се именува за финансирање на активностите. Оваа комисија треба да ги идентификува и

предложи постојните можности за финансирање на активностите и проектите предложени со СП. Посебно

внимание да обрне на меѓународните фондови, на плановите и буџети на меѓународни организации кои

работат во РМ, планови на владините и други државни тела за поддршка на консултантската професија.

5. Посебна комисија за креирање на систем за комуникација кој ќе содржи две основни компоненти

• информации кои на членовите ќе им овозможат навремени информации за проекти или други можности

за ангажман на консултантите, како и за други информации на членовите

• политика на комуникација со опкружувањето. Да се утврдат целните групи од интерес за професијата и

за секоја целна група да се дефинираат конкретни цели кои треба да се постигнат со комуникацијата,

да се изготви политика на комуникација,и да се дефинираат најсоодветните канали на комуникација со

секоја целна група.

Page 20: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

20 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

АНЕКС 2 - Предлог методологија за изработка на анализа на состојбите во консултантската професија во

Република Македонија.

Комплексноста на задачата, како и фактот дека досега не постои сублимирана анализа на состојбите во

Република Македонија, налага користење на комбиниран сет од истражувачки алатки со кои ќе се овозможи

генерирање на квалитетни инпути во процесот на подготовка на Стратегијата на МЦА-2000. Структурните

елементи на анализата би се добиле како резултат на спроведени истражувачки активности во два дела:

Дел 1: Идентификација на моментални состојби

1.1. Квалитативно истражување реализирано со дистрибуција на прашалник до членовите на МЦА-2000 со

кое би се добиле ставовите и перцепцијата на професионалците во професијата за самата професија. Цели на

истражувањето: идентификација на ставови и перцепција.

1.2 Квантитативно истражување реализирано со анализа на податоци од активни консултантски договори,

при што членовите на МЦА-2000 би можеле податоците да ги достават без откривање на идентитетот на

корисникот на услугата. Цели на истражувањето: идентификација на видови на услуги кои ги нудат

членовите на МЦА-2000, бизнис модели и цени.

1.3 Организирање на Фокус Групи за добивање на синтетизиран преглед на ставовите и перцепцијата на

поединичните субјекти, комори, владини тела, медиуми, меѓународни организации активни во РМ. За да се

обезбеди квалитет како и контрола на резултатите препорачливо е да се организираат минимум 2 фокус групи

со не повеќе од 10 учесници по група, Цели на истражувањето: идентификација на ставови и

перцепција.

1.4 Квантитативно истражување на податоци од Агенцијата за вработување (број на регистрирани

консултанти), Централен Регистар (број на регистрирани компании со приоритетни дејности соодветни за

групирање во новововедените шифри на дејности согласно НКДВ 2, консултации во управувањето, други

стручни и научни дејности и сл). Добиените податоци ќе овозможат подготовка на апроксимација за

обемот на консултантската индустрија од аспект на квантититет на професионални

консултанти.

1.5 Компаративни методи за анализирање на правната регулатива сo користeње на компарација од најмалку

3 земји, како и анализа на усогласеноста на законодавството и фазата на усогласеност со правото на ЕУ.

Добиените податоци ќе овозможат активно вклучување на МЦА-2000 во РИА (Regulatory Impact

Analysis) процесот притоа создавајќи подобри услови за развој на професијата во РМ.

http://www.sep.gov.mk/Default.aspx?ControlID=NpaaIzvestai.ascx

Pregled na pravni akti koi se usoglasuvaat so zakonodavstvoto na EU 2012- 2014.pdf

Дел 2: Идентификација на потенцијалот и предизвиците во следниот период

2.1 Квалитативно истражување реализирано со дистрибуција на прашалник до потенцијални корисници на

консултантски услуги од палетата на услуги кои ги нудат членовите на МЦА 2000. Идентификацијата на

потенцијалните корисници ќе се добие со мапирање на Топ 100 комании и институции според нивното

Page 21: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

21 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

користење на консултантски услуги во минатото. Цели на истражувањето: идентификација на видови на

услуги кои ќе се бараат во иднина како и естимирање на волумен на побарувачката.

Листа на компании: http://www.eurobc.com.mk/utd_200_mk.html

Листа на институции

2.2 Интервјуа со претставници на релевантни институции. Прашалник составен од отворени

прашања кои можат да бидат одговорени во период од максимум 10 минути ќе се користи за добивање на

структура во разговорите и идентификација на евентуални критични влијанија и закани од институционална

форма во РМ. Цели на истражувањето: идентификација на можности и закани за развој на

професијата.

2.3 Анализи на случај подготвени за успешни примери на развој на професијата во минимум 3 земји,

подготвени во соработка со ICMCI.

2.4 Квалитативно истражување на современи трендови во менаџмент консултантската професија во

глобални рамки, со посебен осврт кон трендовите во Европа. Истражувањето треба да се изврши со користење

на информации од водечки консултанти. Мапирање на трендовите треба да се подготви користејќи материјали

достапни за ICMCI членови.

Page 22: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

22 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

АНЕКС 3 - Резултатите од спроведените истражувачки активности

Согласно извршените интервјуа со претставници на 18 домашни и странски институции кои користат услуги од

консултанти, добиени се следните согледувања за долунаведените прашања:

1. Перцепција за локалните македонски консултанти: Генерално позитивно бидејќи постојат

консултанти кои поседуваат соодветни знаења и вештини за да ја завршат работата, добро ги

познаваат локалните прилики, се зголемува бројот на консултанти, се подобрува квалитетот и

стручноста, добро искуство, задоволство од бизнис консултантство и пристап кон клиенти, квалитетни,

покажуваат почит и прилагодување кон потребите на клиентот. Во Република Македонија постојат

стереотипи дека домашните консултанти немаат што да понудат, додека странските се идеални –

погрешна перцепција и треба да се работи на менување на истата. Негативната перцепција кај мал број

на интервјуирани лица воглавно се должи на нестандардизираноста на професијата од аспект на

квалитет на испорачана услуга, непостоечка специјализација и неетичко работење.

2. Области во кои имаат користено услуги од македонски консултанти: Корпоративна стратегија 3/18,

организациски развој 5/18, менаџмент развој 3/18, финансиски и административни системи 5/18,човечки

ресурси 5/18, истражување и развој 1/18, маркетинг и корпоративна комуникација 5/18, информациска

технологија и системи 7/18, проектен менаџмент 11/18, менаџмент обуки 16/18, друго – јавно приватно

партнерство, советување за брендирање, енергетска ефикасност, толкување на правна регулатива

поврзана со водење на компании во РМ, ревизија и проценки.

3. Области / специјалности во кои не можеле да идентификуваат консултанти од Македонија:

Непознавање на интегративни процеси во ЕУ, нови трендови во екологија, климатски промени,

менаџмент со биодиверзитет, квантитативни анализи, анализа на економски развој, supply chain

management, erp воведување.

4. Придонесот на македонските консултанти во развојот на нивните организации/институции:

Според мислењето на испитаниците, македонските консултанти имаат мал до среден придонес во

развојот на нивните капацитети.

5. Систем за мерење на квалитет и задоволство од испорачаните консултантски услуги: Според

дадените одговори, само кај странските организации/институции постои систем за мерење на

квалитетот.

6. Во што се македонските консултанти квалитетни: Одлично образование, познавање на локални

прилики, мотивирани, посветени, адаптабилност, штедат време и пари поради немање потреба за

превод на материјали.

7. Што треба да подобрат македонските консултанти: Консултантската професија е неорганизирана и

слаба, нечујна, не нуди, не бара, не е играч на кој се смета, потребна е поголема организација,

окрупнување, прилагодување кон проектите кои доаѓаат за да може да се изборат за место во

набавките. Недостасува етика, бизнис однесување, кредибилитет, истакнување на лична специјалност

Page 23: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

23 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

а не превземање на секакви активности, квалитет на испорачани информации, има неструктурираност,

немаат фокус, непрецизни, гломазни, нејасни извештаи, непочитување на договор и временска рамка.

Мора да се наметнат со одлично познавање на локални прилики и регулативи и со тоа да се вклучат во

меѓународни тимови. Има недоволна поврзаност на консултантските фирми со науката, а науката

слабо нуди консултантски услуги.

8. Мислење за македонските консултанти во споредба со странските: Под итно да се излезе од

чаурата на инфериорност во однос на странските, македонските консултанти се пофлексибилни,

домашните консултанти се покорисни од странските, се што можат странските можат и домашните;

специјализираност и менаџмент искуство на странските консултанти во тесни експертизи и сектори за

што има недостаток или воопшто нема македонски консултанти.

9. Сооднос на користење на странски консултанти во споредба со македонски консултанти:

Процентот на учество на македонски консултанти најмногу зависи од изворот на финансирање и

варира од 100% странски консултанти платени преку донаторски програми до 100% македонски

консултанти платени преку македонски институции.

10. Од што ќе зависи зголемување на учеството на македонските консултанти: Заеднички настап

преку окрупнување и здружување во процесите на јавни набавки. Сите регулативи во вид на законски и

подзаконски акти кои пречат за развој треба да се идентификуваат и за нив да се покренат постапки за

промена на регулатива и креирање на поволна правна рамка за консултантската професија.

11. Воспоставени критериуми (ценовник) за хонорари на македонски консултанти: Според

одговорите, во странските институции има дефинирани критериуми и соодветни хонорари. Од

домашните институции, во АППРМ имаат ценовник за македонските консултанти, и тоа генерално 15

евра/час за генералисти, додека 20 евра/час за специјалисти (според поделбата на АППРМ – јавно

достапна на нивната интернет страница).

12. Запознаеност дека во РМ постои и од 2000-та година работи професионално здружение за развој на консултантската професија МКА-2000: Институциите генерално не знаат за постоењето на МКА-

2000.

13. Запознаеност со меѓународниот стандард за квалитет CMC: Сертификатот не им е познат и

воопшто не е вклучен како доказ за квалитет во процесот на селекција на консултантот. Меѓутоа, како

резултат на направените интервјуа и разговори, клучни институции (домашни и странски) се спремни да

го вклучат во тендерските критериуми, доколку претходно се етаблира и јасно се покаже бенефитот за

корисниците на услугите.

14. Препораки / насоки за идните трендови за развој на професијата менаџмент консултант: Стандардизација на услуги, стандардизирање на квалитет, лиценци, поголема промоција, партнерства

со светски брендови како гаранција за квалитет, искуство, специјализација, висока професионалност и

етика, развој на капацитети за управување со иновации за мали и средни претпријатија.

Page 24: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

24 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

15. Дали едуцирање и информирање за начинот на користење на консултантски услуги ќе ја зголеми

побарувачката за македонски консултанти? Едногласно ДА кај сите испитаници, со јасно

комуницирање на бенефитите за клиенти, подигање на свесноста кај бизнис секторот за потребата од

консултантство, издавање на прирачници, транспарентност.

16. Фактори кои би влијаеле на зголемување на побарувачката на консултантски услуги на

македонскиот и регионалниот пазар: Евроинтеграциски процеси, раст на бизнисите во регионот,

стратешки партнерства, зајакнување на македонското стопанство.

17. Ризици за развој на консултантската професија во Македонија во иднина: Недостаток на

финансиски средства – државата сеуште не одвојува буџет за оваа цел, туку се потпира главно на

донаторски средства, а приватниот сектор не е спремен и способен да плати. Девалвирање на

професијата од самонаречените консултанти без соодветни квалификации и знаење, бизнис етика, кои

прифаќаат да работат се и сешто.

18. Можности на македонскиот и регионалниот пазар кои треба да се искористат за развој на

консултантската професија во Македонија во иднина. Можностите се огромни – има несуштествени

работи (надвор од core бизнисот) кои можат да се препуштат на консалтинг фирми како аутсорсинг,

искористување на ИПА фондови, окрупнување и зајакнување на ниво на кластери, странски инвестиции

во регионот, поголема соработка со Влада, промоција на домашниот извоз во ЕУ.

19. Менаџмент коучинг како услуга која би придонела за подобри перформанси на институциите и

организациите: Во услови на ангажирање на млади и неискусни кадри во јавната администрација,

моменталната претстава е дека тие подобро се снаоѓаат во реформираните системи од поискусните,

но сепак, очигледно е дека е неопходна нивна надградба и усовршување, а менаџмент коучинг е една

од формите за тоа.

Како што е наведено погоре, МКА-2000 спроведе електронски (on-line) прашалник за членовите со цел

согледување на нивните ставови и перцепции за професијата менаџмент консултант и истиот беше одговорен

од 18 консултанти – членови на МКА-2000. Процентуално има подеднаква родова застапеност т.е 50% од

испитаниците се мажи и 50% се жени. Следат сумирани нивните одговори:

1. Најголем дел од членовите се специјализирани за корпоративна стратегија и менаџмент обуки,

помал број за организациски развој и проектен менаџмент, а минимален број – само еден

консултант навел специјалност за услужен и дистрибутивен менаџмент;

2. Од наведените менаџмент консалтинг специјалности во кои консултантите работат, има совпаѓање со

областите за кои се специјализирани;

3. 38.9 % од испитаниците се со искуство над 15 години, додека, 27.8 % од испитаниците се помеѓу 11-

15 години и исто 27.8 % помеѓу 6-10 години на искуство во менаџмент консалтинг;

4. 66.7 % од испитаниците ги нудат своите услуги во рамки на консултантска компанија;

Page 25: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

25 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

5. За 33.3% од испитаниците професијата менаџмент консултант е позната, додека за 66,6% не, од кои

33% велат дека професијата е непозната и исто толку 33% велат дека не постои како професија;

6. 61.1% од испитаниците се изјасниле дека професијата менаџмент консултант во Македонија е

непочитувана, а само 38.9% мислат дека е почитувана;

7. 50% од консултантите сметаат дека според перцепцијата во општеството, професијата

универзитетски професор е најсродна со професијата менаџмент консултант;

8. 55.6% од консултантите сметаат дека клиентите го ценат и почитуваат она што за нив го прават,

додека 44.4% сметаат дека клиентите само делумно го ценат и почитуваат;

9. 77.8% сметаат дека финансискиот надоместок е само делумно соодветен на сработеното, додека

16.7% сметаат дека не е соодветен, а 5.6% сметаат дека е сосема соодветен на сработеното;

10. 52,2% од консултантите сметаат дека нивниот најголем предизвик во секојдневното работење е

обезбедувањето на клиенти, 34.8% сметаат дека наплатата на сработеното е нивен најголем

предизвик, додека 13.% сметаат дека завршувањето на превзементите обврски им е најголем

предизвик;

11. 55.6% од консултантите наплатиле за своите услуги според испорачаната услуга; 29.6% ги

наплатиле своите услуги преку дневен хонорар; 14.8% преку месечен хонорар;

12. 38.9% од консултантите навеле цена за доминантен индивидуален дневен хонорар од 100-150

евра; 27.8% навеле цена од 50-100 евра; 22.2% навеле цена од 150-200 евра; и 11.1% навеле цена

над 200 евра за доминантен индивидуален дневен хонорар;

13. На прашањето за видови услуги кои сте ги испорачале, дадени се следниве одговори:

• Советодавни услуги, тренинг

• Маркетинг и комуникациски стратегии

• Енергија-екологија-иновации

• Техничка помош, развој на инситуции, финансиски анализи

• Подготовка на проекти

• Имплементација на проекти

• Концепт за преструктурирање на компанија

• Стратегија за воведување нов производ

• Изработка на бизнис планови

• Обуки за проектен менаџмент, маркетинг и носење на одлуки

• Изработка на ЈПП студии

• Студии за конкурентност на големите македонски фирми

• Изработка на стратешки документи

• Обуки за организациски развој

• Обуки за личен и професионален развој

• Работилници за успешно менаџирање на start-up компании

Page 26: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

26 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

• Услуги за start-up бизниси

• Стратешко планирање

• Деловно планирање

• Секторски анализи и анализи на пазар

• Воведување менаџмент информациони системи

• Менаџмент обуки

• Услуги за организациски развој на приватни компании

• Услуги за личен и професионален развој на поединци и групи преку НВО соработка

14. На прашањето за можности и планови за развој на професијата, даден е следниот краток опис на

идеи за подобрување на перцепцијата за професијата:

• Подигање на свеста кај клиентите за менаџмент консултантството

• Нетворкинг со различни стејкхолдери кои имаат бенефит од работата на менаџмент консултанти

• Потенцијал за поголем личен развој

• Професионален пристап кон секој клиент и еднаков третман

• Дефиниран став и настап на консултантите, како и дефинирана рамка на цени соодветни за

професијата

• Континуиран професионален развој

• Експертиза

• Добар нетворкинг и комуникации

• Усвојување на консултантски тарифник со мин. и макс. цени

• Подигнување на знаењето за менаџмент консултантство

• Професионализам

• Редовна едукација на клиентите

• Промоција на бенефитите од користење на консултанти

• Подобрување на стручноста и етичноста на консултантите

• Професија која им обезбедува промени за подобар пазарен настап

• Поврат на вложените напори и капитал

• Побрзо мобилизирање на финансии за развојните планови

• Професија која е ресурс за развој

• Фактор за подигање на способностите за менаџиреање со економските активности

• Поддршка за креирање конкурентни предности за националната економија

• Професија која ја подобрува размената на клиентите кон поголема профитабилност

• Испорачува применливо знаење

• Се заснова на знаењето како почетна вредност за успех

• Професионален пристап како формално така и неформално

• Видливост на постигнатите резултати со користење на консалтинг услуги

• Стабилно работење без притисок и компромиси “се по секоја цена”

• Без исклучок да се работи чесно и етички, не превземајќи обврски кои не можат компетентно и

квалитетно да се завршат

• Треба да се има заеднички професионален настап, што верувам дека МКА-2000 може да го

реализира со силна поддршка и вклученост од членството

Page 27: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

27 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

• Повеќе ангажмани од македонски фирми кои ќе бидат задоволни од испорачаната услуга

• Поголема професионалност на консултантите

• Презентација на студии на случај

• Повеќе маркетинг во континуирана надградба

• Пристап кон клиентите со убедување дека со консултантите бизнисот постабилно се развива

• Општеството т.е. владата да согледа дека има голем потенцијал во консултантството

• Сертификација (постигната) и постојана дообука

• Почести презентации на услугите пред бизнисот како Здружение (округли маси, ТВ и радио емисии)

• Со закон да се регулира

• Стабилна организација на менаџмент консултанти

• Референци

• Стандардизирани консалтинг услуги со гарантиран квалитет

• Промоција на професијата преку социјални медиуми

• Континуирано учење

15. Во рамки на прашањето за очекувања на членството од МКА-2000 дадени се следните одговори:

• Поголема промоција на менаџмент консултантството во јавноста и градење на кредибилитет кај

различни целни групи

• Да ја промовира професијата консултант во општеството

• Да ги информира членовите за случувањата поврзани со професијата на светско ниво

• Нетворкинг и унапредување на професијата

• Изградба на свест за постоење на професија

• Да обезбеди професијата да биде признаена и ценета во Р. Македонија

• Испорачател на услуги за членството, државните институции, академската заедница и приватниот

сектор

• Обезбедување на заеднички став на мнозинството членки за битни прашања од заеднички интерес

• Да работи во интерес на членовите во насока на зајакнување на менаџмент консалтингот преку

организиран настап пред заинтересираните страни

• Партнерство

• Подобрување на позициите на консултантите во системот

• Презентација на услугите на членовите на МКА-2000

• Препознатлив имиџ, промоција на важноста на менаџмент консалтинг професијата

• Споделување на контакти, взаемна соработка и размена на искуства

16. Во рамки на прашањето кои услуги/активности би сакале МКА-2000 да ги нуди на своите членови,

дадени се следните одговори:

• Редовно информирање за домашни и ЕУ тендери, јавни повици,

• Учество на различни собири од бизнис секторот (семинари, трибини)

• Создавање на база на податоци/информации кои најчесто ги користат консултантите и тие да бидат

достапни за членовите

• Одржување на база на консултанти во Македонија

• Организација на редовни средби на членството за размена на искуство и нетворкинг

Page 28: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

28 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

• Напредок на професијата

• Информации за потенцијални клиенти

• Заштита на консултантите

• Поволна регулатива

• Воедначување на цените за работа

• Информации за консултантскиот пазар

• Интернет публикации

• Вклучување во проекти, работа на заеднички проекти

• Обуки за менаџмент стандарди

• Вмрежувања и партнерства

• Обуки од членови за членови

• Специјализирани обуки од надворешни провајдери по повластени цени

• Поттикнување на формирање на конзорциуми за заеднички настап на тендери

• Организирање на регионални конференции и контакти со консултанти од регионов

• “TOT” тренинзи како континуирана едукација и размена на искуство и знаења

17. Во рамки на прашањето за кои услуги/активности би сакале МКА-2000 да ги нуди кон

надворешните партнери, дадени се следните одговори:

• Консултантски услуги од членовите на МКА-2000 за различни клиенти

• Претставување на македонските консултанти пред надворешните партнери

• Услуги за иновации, енергија, екологија

• Креирање база на податоци

• Промоција на менаџмент консалтинг професијата, едукации

• Промоција на услугите што членството може да ги дава

• Учество на тендери преку проекти – самостојно или во конзорциум

• Коментари на регулативата

• Влијание врз развојот на општеството

• Обуки за менаџмент консултантство

• Истржувања, анализи и студии

• Проекти за претприемништво и конкурентност

• Менторирање на меѓународни проекти (второ мислење за TOR, ex-ante евалуации на проектни

предлози-понуди

• Организирање конференции

• Референци за постоечките консалтинг можности кои ги нудат членовите

• Реализација на проекти од поширок интерес (развој на кластерско здружување)

• Соработка со други консултантски здруженија и размена на позитивни практики

18. На прашањето кои се најчесто корисниците на Вашите консалтинг услуги, при што требаше да се

подели времето од 100% на наведените категории: приватен сектор, државни институции,

меѓународни институции и НВОи, дадени се следните одговори:

• 50% од консултантите се изјасниле дека корисник на нивните консалтинг услуги е приватниот сектор со процент од 40%-100%

Page 29: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

29 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

• 50% од консултантите се изјасниле дека корисници на нивните услуги се државни институции со

процент од 5%-40%

• 50% од консултантите се изјасниле дека корисник на нивните услуги се меѓународни институции

со процент од 40%-100%

• 50% од консултантите се изјасниле дека корисници на нивните услуги се НВОи со процент од 5%-

35%

19. На прашањето да го изразат учеството на горенаведените видови на консултантски ангажмани

(под точка 18) и во проценти (вкупниот збир треба да им биде 100%) согласно должината на

временскиот ангажман помеѓу ангажман до 10 дена, до 1 месец, до 3 месеци и над 3 месеци,

добиени се следните одговори:

• 50% од консултантите се изјасниле дека имаат консултантски ангажман од времетраење до 10 дена

со процент од 10%-60% од вкупниот ангажман

• 77.8% од консултантите се изјасниле дека имаат консултантски ангажман од времетраење до 1

месец со процент од 10%-80% од вкупниот ангажман

• 88.9% од консултантите се изјасниле дека имаат консултантски ангажман од времетраење до 3

месеци со процент од 10%-60% од вкупниот ангажман

• 94.4% од консултантите се изјасниле дека имаат консултантски ангажман од времетраење над 3

месеци со процент од 10%-100%, од вкупниот ангажман, при што 50% од овие консултанти имаат

ангажман со ова времетраење од 50%-100% од вкупниот ангажман

Page 30: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

30 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

АНЕКС 4 - Анализа на пазарот на консултантските услуги

Пристап за проценка на големината на македонскиот пазар - Анализата нема за цел да ја анализира

професијата менаџмент консултант (наспроти обучувач), туку да даде основни параметри за официјалниот

корпоративен сектор, во кој работат повеќето од членовите на МКА-2000.

Развиена е и ажурирана е листата на сите познати претпријатија кои работат во областа на менаџмент

консалтинг и корпоративни обуки, од кои подоцна се анализирани официјалните финансиски податоци за 58

претпријатија од секторот, односно

• 43 менаџмент консалтинг претпријатија и

• 15 претпријатија во областа на корпоративните обуки

Анализата не ги вклучува

• индивидуалните обучувачи и консултанти, поради недостаток на прецизни и сеопфатни информации за

индивидуалните ангажмани;

• Обемот и работата на странски менаџмент консалтинг претпријатија, кои нудат услуги во Македонија, но

немаат локално регистрирани претпријатија или претставништва.

Европски пазар на менаџмент консалтинг

Вкупниот европски менаџмент консалтинг сектор во 2010 во однос на 2009 остварил годишен пораст од 2.9 %, а

изнесувал 86.2 милијарди Евра8.

Распределбата на менаџмент консалтингот по сегменти во 2010 е следниот:

• 50 % бизнисконсалтинг

• 19 % Развој и интеграција

• 15 % ИТ консалтинг

• 12 % Аутсорсинг

Доминантни корисници и во 2010 година се банките и осигурителните компании, следени од приватниот сектор,

па на крајот јавниотсектор.

Консалтингот во 2010 како % во европскиот БДП изнесувал 0.68 %.

Проценката на учество на менаџмент консалтинг и корпоративни обуки (заедно) во БДП на Република

Македонија во 2011 година, изнесува 0.056 %.

Тренд на приходи во секторот

Кумулативните податоци од претпријатијата покажуваат тренд на зголемување на секторот во изминатите

години, иако е видлив пад на вкупниот обем на работење во 2011 во однос на 2010 година.

8 Извор: FEACO, Survey of the European Management Consultancy 2010/2011

Page 31: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

31 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

График: Тренд на приходи во менаџмент консалтинг и корпоративни обуки во РМ

Во кумулативните приходи прикажани во горниот график вклучени се приходите и на фирмите од менаџмент

консалтинг и од корпоративни обуки. Нивното учество во приходите е прикажано во табелата.

Учество во вкупни приходи 2007 2008 2009 2010 2011

Менаџмент консалтинг 61% 64% 65% 69% 70%

Корпоративни обуки 39% 36% 35% 31% 30% Табела: Тип на фирми во кумулативни приходи на секторот во РМ

Моменталната вкупна големина на секторот на менаџмент консалтинг и корпоративни обуки во Република

Македонија е проценета на околу 5 милиони Евра.

Показатели за секторот

Анализираните претпријатија ги покажуваатследните состојби во 2011 година:

Од 58 анализирани компании, 36 ја завршиле годината со добивка, додека 22 со загуба.

Само 12 претпријатија оствариле приходи над 100.000 €, од кои само 3 претпријатија оствариле вкупни приходи

над 200,000 €. Во менаџмент консалтинот само 9 менаџмент консалтинг претпријатија оствариле приходи

повисоки од 100.000 Евра, додека само две претпријатија оствариле приходи над 200.000 Евра.

Просечниот приход по вработен во 2011 година изнесува 28,518 €, додека просечна нето добивка по вработен

(само во компаниите со добивка) изнесува 3,072 €.

Споредбените анализи ги покажуваат следните промени во 2011 во однос на 2007 година:

Пораст на приходите

Приходите на секторот менаџмент консалтинг пораснале за +81 % во периодот, додека вкупните приходи кај

корпоративните обуки пораснале + 21 % во 2011 во однос на 2007 година.

Page 32: АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА -200mca2000.weebly.com/uploads/4/9/7/5/4975087/strategija_na... · 2019-10-23 · 3 | Стратегија

32 | С т р а т е г и ј а н а М К А 2 0 0 0 з а п е р и о д о т 2 0 1 3 - 2 0 1 7

Зголемен е бројот на формално вработени лица во претпријатијата и тоа

Менаџмент консалтинг претпријатија:

• Бројот на вработени во 2011 е + 42% во однос на 2007 година. Вкупниот број на вработени во 2011 е 115,

пад од 128 лица во 2010 година;

• Просечниот број на вработени по менаџмент консалтинг претпријатие во 2010 година изнесува 3 вработени

по претпријатие, а во 2011 изнесува 2.7 лица / претпријатие.

Претпријатија од корпоративните обуки

• Во претпријатијата во делот на корпоративните обуки постои пораст од 38 % на вкупниот број вработени во

2011 година, кој изнесува 44 лица во 2011 година;

• Просечен број на вработени по претпријатие во 2010 изнесувал 3 лица, 2.9 лица по претпријатие во 2011

година.