34
ПРЕДЛОГ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА ВО 2016 ГОДИНА Канцеларија на Сојуз на Извидници на Македонија

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

  • Upload
    others

  • View
    6

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

ПРЕДЛОГ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА

НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА

МАКЕДОНИЈА ВО 2016 ГОДИНА

Канцеларија на Сојуз на Извидници на Македонија

Page 2: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во
Page 3: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Почитувани

Овoј извештај ги содржи активностите на СИМ, неговите органи и неговите членки, кои определени настани и активности ги пријавиле и спровеле во името на СИМ во периодот 01.01-31.12 2016 год. Во периодот 2015/2016, Сојузот броеше 22 членови, од кои 14 полноправни и 8 придружни. Членството на СИМ достигна бројка од вкупно 2150 Извидници.

МИСИЈА

Мисијата на Сојузот на Извидници на Македонија е да придонесе во образованието на

младите луѓе, низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони,

да помогне во изградбата на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како

индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.

ВИЗИЈА

Сојузот на Извидници на Македонија е релевантна, атрактивна и самоодржлива

организација која обединува млади луѓе преку современа прогресивна програма која ги

исполнува општествените потреби на младите во Р.Македонија и го гради нивниот

карактер врз база на позитивните извиднички вредности и принципи.”

2

Page 4: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Основни активности на Сојузот на Извидници на Македонија

Неформално образование за млади луѓе користејќи го извидничкиот

метод.

Атрактивна програма за млади со многу активности во природа кои ќе обезбедат развој на интелектуален, психички, духовен, социјален, карактерен и емотивен аспект на секој млад човек.

Промовирање на активно граѓанство.

Промовирање на младински активизам и иницијативизам.

Поддршка во развој на заедницата на локално и национално ниво.

Промоција и практикување на демократијата и човечките права преку стимулативни средби и процеси.

Поддршка на други младински организации, младински мрежи и заедничка работа со институции.

Таргет група ( ЦЕЛНА ГРУПА)

Членови на Сојуз на извидници на Македонија се деца, млади луѓе и постари луѓе. Со комплетирање на програмата на одредите и Сојузот на извидници на Македонија тие земаат активно учество во активности во нивната заедница и помагаат во зголемување во квалитетот на живеењето.

3

Page 5: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Листа на извиднички одреди регистрирани во периодот од 2015/2016 1. И.П.О. Галеб - Скопје 2. И.П.О. Јадран - Скопје 3. И.О. М.М. Брицо - Скопје 4. И.О. Браќа Миладиновци - Скопје 5. И.О. Илинден - Скопје 6. И.О. Марково Крувче - Скопје 7. И.О. Скаут - Куманово 8. И.О. Димитар Влахов - Велес 9. И.О. Гоце Делчев – Свети Николе 10. И.П.О. Крсте Јон - Струга 11. И.О. Мирко Милески – Кичево 12. И.О. Пионер – Охрид 13. Прв Скопски Извиднички Одред - Скопје 14. И.О. Башкими – Кичево

Придружни Членки 1. И.О. Наум Наумовски - Борче – Крива Паланка 2. И.О. Феникс – Прилеп 3. И.О. Илирија – Желино 4. И.О. Калкан – Тетово 5. И.О. Зага – Скопје

6. И.О. Ластовица – Кочани

7. И.П.О. Сидро – Скопје

8. И.О. Ускана – Тетово

4

Page 6: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

ЧЛЕНСТВО 2016

5

11% РАЗВИГОРЦИ (7-11)

27% ИЗВИДНИЦИ (11-15)

22% ИСТРАЖУВАЧИ (15-18)

23% РОВЕРИ (18-29)

17% СЕНИОРИ (29+)

Page 7: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

6

12741 испратени

мејлови 475

испратени писма

+20.000 извозени километри

3 интернационални

кампови 47 национални

настани

17 младински иницијативи

3980 кренати шатори

2411 посети на веб

страна и 2988 L FB

страна 1860 испиени кафиња

10 000 волонтерски

часови

16 320

остварени повици

54 запалени огнови

9 издадени публикации

Page 8: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во
Page 9: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Работата на органите на Сојуз на извидници на Македонија и нивните

членови

Собрание на СИМ

Редовно Собрание на СИМ – Мај 2016

Собранието на Сојузот на извидници на Македонија се оддржа на 07.05.2016 година во просториите на

Кино Фросина во Младинскиот Културен Центар(МКЦ). На Собранието присуствуваа 42 делегати од

одредите членки во Сојузот.

Собранието се рганизираше во рамките на националната конференција за младинско учество како дел од

проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Собранието го разгледа усвои годишниот работен и финансиски извештај и ја дискутираше работата на

сојуот.

Преку втората точка на двениот ред која го таргетираше членствто Извидничкиот Одред Шкендија од

Тетово и Извидничко Поречанскиот Одред Сидро од Скопје беа приемени како придружни членки во

Сојузот на извидници на Македонија.

Изборно Собрание на СИМ – Октомври 2016

На 2ри октомври во просториите на општина Кисела Вода, се одржа редовното Изборно Собрание на СИМ

за 2016 година.

Како прва точка на собранието се разговараше за тековните проекти и активности кои се превземени од

страна на СИМ, беше презентиран напредокот кој е постигнат во новата извидничка програма, како и

меѓународните активности во кои извидниците од Македонија земаа учество во минатите 6 месеци.

Втората точка беше оставена за презентирање на новите одреди членки на СИМ, поточно И.О. Калкан, кој

по две години како придружна членка го доби статусот на полноправен член на Сојуз на извидници на

Македонија и новиот извиднички одред од Кочани, И.О. Ластовица кои ги исполнуваат сите услови да

бидат придружна членка на СИМ.

По завршувањето со овие точки, собранието продолжи со делот избор на Старешина и избор на членови

на Старешинство. Како нов Старешина кој ќе го води СИМ во наредните 4 години беше избран Огнен

Стефановски од И.П.О. Јадран.

По претходно донесената одлука за бројот на членови на Старешинство, оваа година се избраа само 6

членови кои ќе работат како тим и ќе донесуваат одлуки заедно со Старешината во името на Сојуз на

извидници на Македонија.

Во новото шестчлено Старешинство влегоа: Влатко Влахчев, Бобан Москов,Снежана Јанковиќ,Миќо

Стојановски,Јане Илијески и Елвис Тодоровски.

8

Page 10: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во
Page 11: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Старешинство на СИМ Во оваа 2016 година Старешинството на СИМ оддржа 6 седници преку кои управното тело на Сојузот на извидници на Македонија успешно ја водеше организацијта и носеше одлуки во својот домен дефиниран со Статутот на СИМ. Старешинстото го задржа втора година континуитетот на организирање седници на секој два месеци. Старешина на СИМ : Огнен Стефановски.

Членови на Старешинството на Сојуз на извидници на Македонија до октомври 2016: Јане Илијески, Бранко Трајков, Антонија Павковиќ Мирческа, Александар Миладинов,Васил Асанчаровски, Ернест Медунјанин, Мартин Паневски, Раде Гогоски, Весел Јонузи,Влатко Влахчев, Христина Крстеска и Елвис Тодоровски. (по редослед) Старешинството одржа три седници до Собранието на СИМ.

02.03.2016 – Дваесета седница на Старешинството на СИМ

07.05.2016 – Дваесет и прва седницана Старешинството на СИМ

06.11.2016 –Дваесет и втората седница на Старешинството на СИМ

Од октомври 2016 година со новиот избор на Собранието на СИМ членови на Старешинството беа:

Огнен Стефановски (Старешина на СИМ), И.П.О. Јадран Скопје

Влатко Влахчев, И.О. Димитар Влахов, Велес

Бобан Москов, И.О. Браќа Миладиновци, Скопје

Снежана Јанковиќ, П.С.И.О., Скопје

Миќо Стојановски, И.П.О. Јадран, Скопје

Јане Илијески, И.П.О. Галеб, Скопје

Елвис Тодоровски, И.О. Пионер, Охрид

Новоизбраното Старешинство одржа на три седници и тоа:

04-06.11.2016 – Прва седница на Старешинството на СИМ

21.11.2016 – Втора седница на Старешинството на СИМ

09.12.2016 – Трета седница на Старешинството на СИМ

Седниците на Старешинството на Сојуз на извидници на Македонија траеа вкупно 18,6 часа или во просек една сeдница траеше 185 минути. Членовите на Старешинството покажаа редовност и посветеност во текот на годината така што 3 членови на Старешинството немаат пропуштено седница. Останатите 9 членови не присуствувале на повеќе од 2 седници. Редовноста и посветеноста овозможи Старешинството да функционира редовно без проблеми да се оствари кворум за работа. Најчеста точка на дневниот ред на седниците на Старешинството во 2016 година беше – Извидник ДООЕЛ која беше присутна на сите седници, потоа следуваа Тековните активности и Информации за проекти.

9

Page 12: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Во 2016 година Старешинството беше постојано вклучено во следењето на имплементацијата на Стратегијата на СИМ и во имплементирањето на проектните активности. Согласно стратегијата во работата на новоизбраното Старешинството се воведува нов механизам со кој секој од членовите на Старешинството ќе има приоритетна област на која ќе работи заедно со секретариатот и Бирото на СИМ. Овој модел ќе започне да се применува од 2017 година.

Биро на Сојуз на извидници на Македонија

2016 та година беше исклучитело успешна година на Бирото на СИМ. Поради тоа што останаа непроменети членовите, постојано беше видливо подобрување и зајакнување на Бирото и неговата ефикасност во работата. И покрај одличната работа на Бирото сепак не беа видливи големи промени во работата на комесаријатите. Во текот на 2016 година новата пилот програмата беше спроведувана во секој одред низ Македонија, па членовите беа ангажирани околу контрола при спроведувањето и евалуација за време на истото. Иако веќе постоеше програма сепак членовите продолжија со засилено темпо да работат и на нови активности кои понатаму ќе се спроведуваат од страна на одредите, а и полека се спремаа за ревизија на програмата, по што ќе се официјализира и применува од сите извидници во Македонија. На самиот крај од 2016 година одредите ја добија новата верзија на Извидничката програма. Интернационалниот комесаријат на чело со Јане Плавевски продолжи и оваа година да ги остварува замислените цели, па дури и надминува во одредени случаи. Со новите партнерсства, зајакнатата комуникација со постоечките врски, односно другите сојузи, кои помогнаа да повеќе од 200 извидници учествуваат во интернационално искуство, било тоа извиднички камп во Македонија или надвор, или пак настан од поголеми размери, очигледно е дека работата на комесаријатот е исклучително активна. Сеуште неоформени останаа комесаријатот за обука на кадри и односи со јавност, но нивната работа како и досега беше превземена од страна на канцеларијата на СИМ. Имено, во канцеларијата на СИМ беа примени нови вработени конкретно за овие задолженија, па недостатокот од комесаријати беше пополнет од страна на канцеларијата која повеќе од успешно ја превзема и исполни оваа обврска. СИМ започна активно да ги користи сите канали за комуникација, интерни и екстерни што е само зачетокот на работата која канцеларијата ја извршува.

11

Page 13: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Канцеларија на Сојуз на извидници на Македонија Генерален секретар на СИМ Горан Ѓорѓиев Во 2016 година канцеларијата на СИМ работеше постојано давајки подршка на останатите органи на СИМ и вршејќи ја својата административна и финансиска должност. Генерално канцеларијата функционираше на нивото на зададените задачи и успешно ја менаџираше работата и комуникацијата во организацијата. Од финансиски аспект како тело кое во моментов е задолжено за прибирање на финансии и финансиското работење на извршните тела на Сојузот на извидници на Македонија во 2016 година беше остварена предвидената финансиска рамка од 8 000 000 денари. Во канцеларијата на СИМ во 2016 година како асистенти и волонтери работеа дополнително 10 лица со оглед на потребата да се одговори на обемот на зададените задачи. Васил Асанчаровски – Асистент генерален секреатар (до јуни 2016) Влатко Костовски – Асистент за комуникација/ Асистент за проектна работа Илија Алагозовски – Асистент за организациски развој (до септември 2016) Ангела Николиќ – Асистент за комуникација Никола Уневски – Асистент за координација на волонтери Тамара Иванова – Асистент за програма (до септември 2016) Павел Пападимитров – Асистент за програма Клер Лепатре (Claire Lepaytre) – Француски волонтер за мегуародна соработка Метју Францоис – Француски волонтер за мегуародна соработка Адриен Малчиковски - – Француски волонтер за мегуародна соработка

Надзорен одбор на Сојуз на извидници на Македонија

Надзорниот одбор држеше седници и репотираше пред Собранијата. Во текот на 2016 година одржа две

седници и една сеопфатна контрола на работењето на организацијата.

Членови на Надзорен Одбор:

Никола Гроздановски,

Драган Ристовски и

Живко Миладинов.

Управител на Извидник ДООЕЛ

Извидничкиот центар во Охрид во 2016 година оствари успешна година. Со центарот менаџираше канцеларијата на СИМ на чело со Виктор Петрушевски, Управител на Извидник ДООЕЛ. Во 2016 година се организираа 3 големи интернационални кампови како и повеќе извиднички летни кампови на извидничките одреди во Македонија. Во центарот беше воспоставена волонтерска работа и вкупно 37 волонтери активно работеа на програмите и на операцииите на центарот. Во извидничкиот центар се изгради сала за тренинзи со капацитет од 150 учесници и дополнителни 6 апартмани за тренери. Финансиски центарот имаше позитивна сезона иако не ја постигна предвидената рамка.

12

Page 14: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Годишен план на активности на СИМ за 2016 година

Традиционални и тековни активности

Прослава на 22 фебруари, Денот на извидниците

Како и секоја година Сојузот на Извидници на Македонија ги започнува своите активности со настан по

повод Денот на Извидниците - 22 фебруари.

Темата на настанот беше "Направи добро дело", а со тоа го започнавме настанот со дарување на крв. Во

соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и со извидничките одреди во Македонија, скоро

во секој град беше организиран настан за дарување на крв на кои имаше голема посетеност. Наша

најпозитивна страна беше тоа што го надминавме ланскиот број на 60+ крводарители.

Во тековната недела сите извиднички одреди организираа свои хуманитарни акции на кои се собираа

финансиски и материјални средства за социјално загрозени семејства, се делеа топли оброци, се

посетуваа домови за стари лица и деца без родители и многу други активности.

После неколку дена беа организирани активности за најмладите членови со седиште во Градскиот парк

во Скопје каде што сите извидници и гости се забавуваа со активностите и игрите. Овој настан беше

посетен од преку 300 извидници од повеќе градови.

На крај беше и организиран традиционалниот ноќен хајк до врвот на Водно – Крстовар, на кој земаа

учество 70 извидници. Во планинарскиот дом на Водно, извидниците ги чекаше топло чајче и

извидничко-еколошки квиз, проследено со многу забава и смеа.

13

Page 15: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Авантура на планина

За прв пат оваа година се организрање “Авантура на планина” од страна на Сојузот на извидници на

Македонија. Настанот се состоеше од дво дневен хај од центарот на Скопје до канјонот Матка преку врвот

на Водно – Крстовар.

На настанот учествуваа извидници од И.О. Мирко Милески од Кичево и И.П.О. Јадран од Скопје. Настанот

започна со искачување на врвот на Водно каде што по пристигнувањето и кратка пауза се упатија кон

канјонот Матка. Пред вечерните часови извидниците пристигнаа во Манастирот Св. Илија каде го поставија

својот камп. Во утринските часови беа организирани 2 активности а тоа беа алпинизам и кајакарство.

И.П.О. Јадран - Скопје – Поздрав на пролетта

Извидничките акции започнуваат во пролет а со тоа Извидничко Поречанскиот Одред – Јадран од Скопје

ја организира акцијата “Поздрав на пролетта”.

Овој настан беше посетен од повече од 150 извидници во селото Катлановска Брезица каде беа

организирани забавни активности за најмладите. Покрај тоа, беа оддржани и 4 еко работилници кои се дел

од зелената едукативна програма на СИМ, на кои децата учеа да селектираат отпад, да рециклираат

пластични шишиња во хранилки за птици, како и рециклирање на хартија.

14

Page 16: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

И.О. Методи Митевски-Брицо - Скопје - Се плашите ли од темнината?

Во периодот од 8 до 10 април 2016 година, беше организирана единствената ноќна ориентација од страна

на И.О. Методи Митевски – Брицо од Скопје, акција која е наменета за истражувачи и ровери.

Учество на акцијата земаа повеќе од 120

извидници од повеќе извиднички одреди

од Македонија. Покрај лошите временски

услови и страшната приказна, настанот

помина исполнет со смеа и забава.

Победник на акцијата беше екипа од

И.П.О. Галеб

И.О. Димитар Влахов - Велес – ХХХ средби на извидници

Извдиничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес традиционално ги организираше ХХХ средби на

извидници во периодот од 15-17.4.2016 во извидничкиот центар Голозинци.

На овој настан земаа учество 80 извидници од Скопје, Прилеп, Кичево и Ниш каде се натпреваруваа во

областа на топографија и ориентација на непознат терен, прва помош и сигнализација.

Првото место припадна на извидниците од И.О. Мија Станимировиќ од Ниш – Република Србија.

15

Page 17: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

И.П.О. Јадран - Скопје – Меморијал “Марко Граорковски”

43тиот меморијал “Марко Граорковски” оваа година се оддржа во периодот од 22 – 24.04.2016 во

с.Катлановска Брезица, организиран од страна на домаќинот И.П.О. Јадран. Покрај лошите времески

услови, сепак 150 извидници беа дел од извидничката акција.

Акцијата е со натпревар во областа на ориентација во природа, сигнализација, полигонски активности и

слично, каде 17 екипи завземаа учество. Победник на натпреварот беше мешана екипа составена од И.О.

Феникс од Прилеп и И.О. Пионер од Охрид, додека И.О. Феникс како одред успеаа да земат дури 4 пехари

оваа година.

Конференција за младинско учество во општеството и хуманитарна изожба

на фото конкурс #ИзлезиНадвор

На 7 мај 2016 беше оддржана конференција за младинско учество во општеството во МКЦ, Кино Фросина

која беше организирана од страна на Сојузот на извидници на Македонија а поддржана од Проектот на

УСАИД за граѓанско општество.

На оваа конференција учествуваа млади од Македонија меѓу кои и извидниците од СИМ каде што беа дел

од публиката а воедно и дел од нив ги презентираа своите иницијативи.

Во изминатите две години повеќе од 150 млади од 13 опшини во Македонија учествуваа во програмата за

зголемување на младинско учество во општеството.

Рамката на програмата опфаќаше вмрежување на младите, обука, градење и имплементација на изворни

младински иницијативи и водење дијалог со локалните власти. Преку иницијативите од страна на младите

се подигна учеството и активизмот на младите во процесите на градење активно општество и се зголеми

учеството во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Како дел од отварањето на конференцијата, излагања имаа претставникот на Агенцијата за млади и спорт,

Зорица Стаменковска која ги истакна процесите и проектите на Агенцијата за млади и спорт и процесот на

националната стратегија за млади. Исто така во својот говор одаде почит и признание на младите кои

16

Page 18: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

земале учество во иницијативите и младинските организации кои располагаат со знаења, искуство и

експертиза и кои вистински ги познаваат потребите на младите.

Конференцијата продолжи со презентациите на иницијативите, а потоа следуваше и панел дискусија со

нашите пријатели од други младински организации (МОФ, Младите Можат, ЦИД Куманово, СИМ и НМСМ)

и дискутираа на тема „Како да придонесеме кон градење на општество кое гарантира и подржува

младинско учество и активизам“.

Покрај конференцијата, на самиот крај се оддржа и хуманитарната изложба на фото конкурсот

#ИзлезиНадвор. Конкурсот беше за сите извидници и пријатели а на изложбата беше организирана тивка

аукција, на која собраните средства беа донирани на социјално загрозено семејство.

Прв Скопски Извиднички Одред – Пролетни бакнежи и прегратки

На 22ри мај 2016година се оддржа традиционалната акција “Пролетни бакнежи и прегратки”

организирана од страна на ПСИО, акција која е

наменета за развифорци и извидници.

Со локација во градскиот парк во Скопје, на темата

“улични игри’ се организираа забавни активности за

најмладите каде што учествуваа преку 130 извидници

во 24 екипи.

Првите две места им припаднаа на екипите од И.П.О.

Јадран додека третото место припадна кај екипата од

И.П.О. Сидро.

18

Page 19: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Одбележување на светскиот ден на животната средина

По повод Светскиот ден на животната средина 5ти јуни, беа организирани неколку еколошки активности

од страна на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање.

Целта на настаните е кревање на свеста кај младите за проблемите со кои се соочува нивната животна

средина.

По тој повод, на овие настани учествуваа и извидници од СИМ, на кои извидниците од И.П.О. Јадран чистеа

одреден дел во градот Неготино, додека извидници од ПСИО чистеа дел покрај реката Треска.

И.П.О. Галеб - Скопје – Водени лудории – Пловидба околу светот

Традиционална и оваа година на 11 јуни И.П.О. Галеб ја оддржа својата акција “Водени лудории”. Како и

секоја година, акцијата помина со екстремно многу забава, креативност и натпреварувачки дух.

Акцијата беше посетена од повеќе од 70 извидници од неколку градови каде сите заедно се

натпреваруваа и забавуваа на базенот во нас. Пинтија.

Првото место го освоија морнарите од И.П.О. Јадран.

19

Page 20: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

И.О. Пионер - Охрид – Camping Fun

Во периодот од 16 – 19.06.2016 година, извидничкиот одред Пионер од Охрид традиционално ја

организираше својата акција Camping Fun. Акцијата се оддржа на просторите на Извидничкиот Центар

Охрид каде учество земаа

вкупно 135 извидници од

Охрид, Струга, Кичево, Прилеп

и Скопје.

Учесниците преку меѓусебно дружење и натпреварување во различни едукативно забавни дисциплини во вода и на копно покажаа дека најкраткиот пат за рушење на предрасудите околу постоење на различностите и стекнувањето на нови познанства е токму непосредното другарување и кампување. Преку ден, на брегот од Охридското Езеро се организираа натпревари во повеќе од 15 дисциплини, а во вечерните часови покрај логорскиот оган преовладуваше културно забавната програма преку песна и глума. Во попладневните часови пак, се организираа активности низ потесното градско подрачје, каде што учесниците пронаоѓаа одредени значајни објекти преку претходно означена карта-мапа, притоа запознавајќи се со убавините на градот Охрид.

Школа за водачи 2016

Од 24ти до 30ти јуни во Извидничкиот Центар Охрид се одржа Школа за водачи организирана од страна

на СИМ.

На оваа школа земаа учество 34 учесници од извидничките и поречанските одреди од СИМ, а и неколку

млади и нови извидници кои се дел од иницијативите за нови одреди во градовите Штип и Крушево.

Како дел од програмата на оваа школа беа опфатени теми како планинарење, одговорност, личен развој

и многу други, а освен тоа организиран беше и дводневен хајк до манастирот св. Атанасиј, во близина на

ц. Рамне.

Во текот на 7те дена, извидниците имаа можност преку практични сесии и работилници да се запознаат

со тоа што значи да си водач, кои се неговите одговорности, како изгледа совршениот водач и како да се

стремат да бидат најдобри водачи до сега.

20

Page 21: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Поплавените подрачја во Стајковци

На крајот од летниот период во месец август, Скопје го зафатија тешки временски услови каде што голем

дел од с.Стајковци беше поплавено. Поради таа причина уште на самиот почеток СИМ креираше група на

волонтери кои секојденвно во период од 3 недели одеа во поплавените подрачја.

Секој ден, различни извидници одеа и помагаа во Стајковци. Најпрвин со комплетно чистење на

локалното основно училиште кое понатаму се користеше како центар за поддршка каде што се делеше

храна, вода, облека, хигиенски реквизити и слично. Се тоа продолжи со чистење и на улиците од кал,

амбулантата во Стајковци, како и помаѓање на локалните жители во расчистување на своите живеалишта

од кал и вода.

Во овој тежок период се покажа солидарноста на извидниците каде што дојдоа многу извидници од

Скопје но воедно и извидници од Св.Николе, Велес, Куманово и други, како и извидници од Чешка и

Франција.

Оние кои неможеа да дојдат, самостојно организираа штандови за помош во своите градови на кои се

собраа и донираа многу облека, храна, вода и хигиенски материјали. Особено голем допринос

придонесоа извидниците од Франција кои беа на десет дневен камп во Охрид, каде секој ден одеа во

центарот на градот, собираа донации и патролираа низ градот со натписи за поплавите.

21

Page 22: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

И.П.О. Крсте Јон - Струга – 29ти Средби на извидници

Од 2 до 4 септември 2016 година во Изв идничкиот Центар во Струга се одржаа 29тите традиционални

Средби на извидници Струга-2016, во организација на И.П.О. Крсте јон.

Натпреварот исполнет со забавни активности и дружење учествуваа преку 90 извидници.

ASOCIO самит

Еден од најзначајните настани оваа година за Сојузот на извидници на Македонија беше самитот на

фондацијата ASOCIO кој се одржа во периодот од 16ти до 18ти септември.

Овој самит е првиот самит на ASOCIO а на него присуствуваа повеќе од 120 учесници од 13 сојузи кои веќе

соработуваа и оние кои ќе започнат да соработуваат со ASOCIO.

Учесниците од Македонија, Данска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Арменија,

Молдавија, Романија и Украина, интезивно работеа 3 дена на вмрежување, споделување искуства и

подобрување на соработката преку планирање на идните заеднички проекти на ASOCIO.

22

Page 23: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

И.О. Мирко Милески - Кичево – Септемвриски извиднички средби

Во периодот од 23 до 25 септември оваа година се организираа традиционалните Септемвриски

извиднички средби во Кичево, во

организација на И.О. Мирко

Милески. Акцијата е

организирана во знак на 8

септември, денот на

ослободување на Кичево поточно,

73 години од неговото

ослободување.

На оваа тридневна акција

учествуваа околу 150 извидници

од повеќе извиднички одреди кои

се натпреваруваа во областа на

ориентација, сигнализација, прва

помош, полигон на спретност а

небеа издвоени и активности од

забавен карактер.

Првото место оваа година го заслужија извидниците од И.О. Браќа Миладиновци, второт место

извидниците од И.П.О. Јадран, додека пак третото припадна кај коначарскиот тим од Извидничкиот

Центар Охрид.

Државен Извиднички Ориентационен Натпревар

Од 07 до 10 Октомври во извидничкиот дом Голозинци, општина Свети Николе се одржа Државниот

Извиднички Ориентационен Натпревар кои го имаше своето 23 издание.

На ДИОН 2016 во с.Орел учество земаа 40 извидници и се натпреваруваа во две категории, РИОН за постари

извидници и РАПИ за помлади извидници.

Постарите извидници во рамките на РИОН (Републички Извиднички Ориентационен Натпревар) се

натпреваруваа во областа на ориeнтацијата и топографијата на непознат терен, прва помош, сигнализација

и тестови од повеќе области. Додека пак помладите извидници во рамките на РАПИ (Републичка Акција за

Помлади Извидници) се натпреваруваа во областа на основното ориентирање преку патни знаци, прва

помош, пионерство, игри и полигон на спретност.

На ДИОН с.Орел 2016 во Генерален пласман први беа извидниците од И.П.О. Јадран.

Во конкуренција на постари извидници прво пласирани беа машката екипа од И.О. Гоце Делчев и женската

екипа од И.П.О. Јадран. Второ пласирани беа машката екипа од И.О. Браќа Миладиновци и женската

екипа од И.П.О. Галеб. Трето пласирани беа момците од И.П.О. Јадран од Скопје. Во конкуренција на

помладите извидници првопласирани беа извидниците од И.П.О. Јадран – Скопје.

Домаќин на натпреварот беше И.О. Гоце Делчев од Свети Николе. Натпреварот помина во одличен

натпреварувачки дух, но и оваа година остана проблемот со недостиг од екипи. Како директна евалуација

23

Page 24: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

на натпреварот во иднина ќе се превземаат мерки за мотивирање на повеќе учесници и за подигнување

на квалитетот на натпреварувањето.

Како дел од настанот беше презентирана и предизвик значката за климатски промени како дел од

извидничката програма на Сојузот на извидници на Македонија на која што присутните натпреварувачи се

запознаа со основите на предизвикот и што тој состои. Истото тоа јадро на извидници натпреварувачи, ќе

бидат поканети на промоцијата на предизвик значката за климатски промени и ќе бидат одговорни во

фазата на имплементација во своите одреди.

Пласман Истражувачи – машка

конкуренција

Истражувачи – женска

конкуренција

Извидници

I Место Гоце Делчев Јадран Јадран

II Место Браќа Миладиновци

Галеб Гоце Делчев

III Место Јадран Гоце Делчев

Ориентациска дружба со извидници

Месец октомври е месец посветен на лицата со Даунов синдром, односно подигање на јавната свест и

поддршка на овие лица.

По тој повод заедно со Центарот за Младински Активизам – КРИК организиравме неколку часовна

ориентациона дружба во Градскиот парк во Скошје на 13ти октомври.

Беше организирана кратка извидничка стаза

односно натпревар низ градскиот парк, која

беше исполнета со игри и работилници,

каде што учесниците се натпреваруваа во

тимови а воедно имаа можност да се

запознаат со основите на ориентација и да

стекнат нови вештини.

Крајната позитивна цел на овој настан беше

дружбата со учесниците, кои си поминаа

забавно и возбудливо заедно со нашите

волонтери.

24

Page 25: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

И.О. Браќа Миладиновски - Скопје – Извидниците за својот град

На 12.11.2016 беше организирана традиционалната извидничка акција “Извидниците за својот град”

организирана од страна И.О. Браќа Миладиновци. Акцијата се организира по повод 13ти ноември, денот

на ослободување на Скопје.

И покрај лошите временски услови, оваа акција ја посетија 49 екипи од Скопје и Велес на која беше

организирана кратка стаза за помладите членови исполнета со забава.

25

Page 26: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Проектни активности

Проектната работа и во 2016 година остана столб на организациониот раст и развој на Сојузот на извидници на Македонија. Во текот на оваа година беа имплементирани неколку проектни предлози од фондациите во вкупен износ од 7 000 000 денари . Проектните предлози се целосно посветени на само организационен развој и се состоеа од серија активности преку кои се зајакнуваше организацијата и се поддржуваа локалните единици.

Проект Брегалница

Сојузот на извидници на Македонија на почетокот на годината го организираше проектот Брегалница под

мотото “Програма за заштита на природата” кој беше поддржан Civica Mobilitas, проект на Швајцарска

агенција за развој и соработка.

Проектот имаше за цел активно да ги вклучи младите од источна Македонија во заштита на на природата

преку извидничките методи.

Со таа цел, од фебруари до мај беа организирани состаноци во Кочани, Берово, Штип, Пробиштип со

младите, каде што во секоја општина се оддржаа по 3 состаноци.

Првиот состанок се состоеше од општи информации и запознавање со извидништвото. По кратка историска

презентација младите се упатуваа во природа каде што имаа организирано неколку извиднички

активности и работилници како ориентација, спуштање по стрмен терен со јаже, стрелаштво,

стреличарство и слично.

Вториот состанок беше запознавање со природата и проблемите кои и се нанесуваат. Презентација и

дебата од стручно лице за заштита на природата, конкретно на проблемите во областна на Брегланица.

Третиот состанок беше иницијативи за заштита на природата на проблеми кои беа специфични во нивната

околина,на кои ги смислуваа младите а воедно најдоа и извонредни решенија.

Целиот проект продолжи со 2 следователни настани.

Првиот настан беше сплаварење по реката Брегалница, каде повеќе од 50 учесници од повеќе градови

присуствуваа. На овој еднодневен настан учесниците имаа можност подетално да се запознаат со

извидничките активности, односно како да запалат оган, како да се ориентираат во природа и слично. А

најатрактивно од се беше сплаварењето каде што сите имаат можност да се спуштат со чамец по течението

на Брегалница.Вториот настан беше Еко Кампот кој се оддржа во извидничкиот центар “Орел” во Свети

Николе во периодот од 20ти до 24ти мај. Целта на овој камп беше за младите да го изучат и заштитат

биодиверзитетот на брегот на Брегалница, каде што понатаму младите ќе создадат локални платформи за

одржливост и заштита на природата а воедно ќе бидат иницијатори за идни акции.

26

27

Page 27: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Тренинг камп – младите за своите заедници

Од 15ти јуни до 19ти јуни 2016 во Извидничкиот Центар Охрид се оддржа тренинг камп за младите кои беа

дел од проектот Младите за своите заедници и на истиот имаа можност да направат нешто за своите

заедници.

Овој проект е поддржан од страна на Амбасадата на САД, а неговата цел е креирање на младинска

иницијатива, односно, зголемување на младинската вклученост, која ќе се развива и ќе оформи платформа

за младите која ќе продолжи да создава и реализира младински иницијативи и по завршувањето на

проектот.

Во текот на тие 5 дена, околу 30 млади од Дебрца, Струга и Охрид работеа непрестано и вредно со цел да

ги преточат големиот број на идеи во една иницијатива која го носеше името „Од младината за иднината“.

Кој беше идентификуваниот проблем?

На младите им е потребна физичка активност, но немаат доволно можности каде можат да бидат дел од

спортски активности.

Која беше целта на иницијативата?

Креирање на можност каде младите ќе бидат

дел од некаква спортска активност, што ќе ги

мотивира почесто да се активираат физички.

Како тие успеаа ова да го направат?

Реставрација на неколку пловни објекти кои се

наоѓаа во ИЦО и организирање на настан од

промотивен и спортски карактер кој е отворен

за сите млади кои се заинтересирани.

LTF кампови

Во периодот од 10ти јули до 15ти август беа организирани 3 кампа во Извидничкиот Центар Охрид, во

организација на Сојуз на извидници на Македонија и Сојуз на извидници на Франција.

На овие 3 кампа учествуваа вкупно 215 учесници од Македонија и Франција.

Првиот камп се одржа од 10ти до 20ти јули на кој учествуваа 94 извидници, од кои 74 истражувачи, 12

водачи и 8 ровери.

Извидниците беа групирани во 4 тима, поделени според нивното годиште и искуство во извидништво.

Извидниците работеа во овие тимови преку целата реализација на агендата на кампот. Во првите три

дена од кампот извидниците имаа можност да се запознаат со лидерство, извидничкиот метод,

иницијативи, младински потреби и вклучување преку учество во сесиите кои беа оддржани од страна на

македонските и француските водачи.

Откако извидниците се здобија со знаење тие добија можност да го искористат тоа знаење и да создадат

иницијативи. Некои од иницијативите беа чистење на плажата покрај Охридското езеро, градење на

стражарница, поставување на патни знаци и корпи за отпадоци во извидничкиот центар. Останатите

28

Page 28: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

иницијативи се спореведоа за време на хајкот и кампот во с. Скребатно каде извидниците помагаа во

чистење и средување на манастирот во Скребатно, како чистење на конакот, собирање на дрва за огрев,

чистење на зелените површини и чистење околу манастирот. Во тек на времето во Скребеатно

извидниците имаа можност да го искусат Францускиот начин на извидништво преку игри и работилници.

Во меѓувреме роверскиот тим во колаборација со Охридскиот Црвен Крст работеа на неколку настани. Се

започна со чистење и

средување на планинаската

куќа ан Црвениот Крст во с.

Велгошти, а продолжи со

собирање и сортирање на

донирана облека и готвење

храна за бездомници.

Додатно, извидниците

посетија еден дом за деца

без родители во Охрид, каде

поминаа неколку часа со

децата, организирајќи им

кратки и забавни игри и

активности.

Веднаш по завршувањето на

првиот камп, од 20ти до

30ти јули започна и вториот

камп за развивање на

лидерство, но со малку поразличен концепт од предходниот.

Со слична бројка на улесници, составена од 2 групи на француски извидници со по околу 20 извидници, 3

водачи и 3 ровери, беше одржан 10 дневен камп поделен во 4 сегмента и тоа, Култура, Природа,

Авантура и Солидарност.

Делот за култура се состоеше од 3 дневни работилници, активности и културен хајк низ Охрид, преку кои

ги доближивме лидерството и практикување на лидерство на извидниците.

Делот Природа се однесуваше на сесии за биодиверзитетот на Охридското езеро и околината како и

активности и план за зачувување на природата.

Како и во предходниот камп, делот за Авантура беше предвиден да се одвива во с. Скребатно, каде беше

препуштено да го организираат водачите и роверите од Франција, започнувајќи со хајк до Скребатно како

и дводневно кампување во планина. Нова група извидници но истиот принцип. Француските извидници

повторно им го доволија Францускиот начин на извидништво на Македонските извидници преку игри,

забава, готвење на француски начин и

споделување на искуства.

По завршување на хајкот и враќање во

извидничкиот центар, извидниците

изработија акционен план за Солидарство, кој

се состоеше од акции за чистење, садење на

ботаничка градина, дрва покрај крајбежјето и

рециклирање на отпад.

29

Page 29: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

По кратка пауза започна и третиот камп во периодот од 5ти до 15ти август. На овој камп присуствуваа 21

истражувач, 6 водачи и 5 ровери.

На овој камп беше вклучена и трета невладина организација. GoGreen невладината организација цели

кон развивање на вредностите и принципите за оддржлив развој и да овозможи едукација и практични

решенија за еколошка заштита.

За време на кампот, извидниците беа поделени во 3 групи, според нивното годиште и искуство во

извидништвото. Првите неколку дена беа одвоени за изучување и стекнување на знаење за, исполнето со

сесии и теми како лидерство, Што е лидер/водач?, извиднички метод, иницијативи и младински потреби.

Во овој период, извидниците ја искористија можноста да се запознаат и да ги споделат своите културни

искуства. Еден ден од пргорамата беше одвоен за извидниците да имаат културен хајк во Охрид, каде

имаа за цел да дознаат што повеќе за градот и за Охридското езеро работејќи во тим. Крајниот резултат

беше успешен, извидниците собраа доволно информации, научија како да планираат проект и успешно

работеа во тим.

Во наредните неколку дена, во тек на креирање идеи за проекти, извиднциите ја покажаа својата

солидарност. Поплавите во Скопје им даде причина на извидниците да спремат постери и да постават

штанд во центарот на Охрид каде луѓе донираа храна, хигиенски материјали и други продукти кои им беа

потребни на жртвите. Продуктите

кои беа собрани подоцна беа

транспортирани во Скопје и

поделени на фамилиите во

Стајковци.

Неколку волонтери од GoGreen

држеа сесии за еколошките

проблеми следниот ден и имаа

дискусија со извидниците за

еколошка заштита и нивните

иницијативи. Заедно со GoGreen,

извидниците создадоа постери со

пораки за еколошка заштита и ја

проширија пораката од

иницијативите, а имаа и можност да

им понудат на граѓаните петиција за заштита на Охридското езеро и да бидат дел од Охрид SOS.

На 12ти август извидниците отидоа во центарот на Охрид да го прослават младинското учество на

интернационалниот ден на младите.

Група на ровери кои беа дел од кампот помогнаа во поплавените подрачја во Скопје. Заедно со

волонтерскиот тим отидоа во с. Стајковци да ја помогнат во штетата која ја направија поплавите.

После тоа, роверите продолжија со нивните планирани активности со невладината организација Надеж,

каде им помогнаа во нивните активности со деца Роми.

30

Page 30: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Тренинг семинар за преживување и спасување

18 учесници од Албанија, Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција и Босна и

Херцеговина, беа дел од Тренинг семинарот за преживување и сапсување, кој се одржа во Извидничкиот

Центар Охрид во периодот од 4ти до 11ти септември. Настанот беше организиран од страна на СИМ во

соработка со Дирекција за Заштита и Спасување а беше поддржан од Иницијативата за подготвеност на

катастрофи и превенција на Југоисточна Европа.

Овој семинар се одржа на повеќе локации во околината на Охрид како Требеништа и Скребатно, каде

учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да споделат искуства и знаења во областа на

преживување и спасување ви природа.

Секоја од овие држави ги презентираше своите основни правила и техники за спасување и преживување

со која во заедничка соработка со целиот тим би се креирале уникатни планови.

Главна цел на овој настан беше вмрежување и поврзување на институциите и граѓанските организации

кон креирање на заедничка соработка во областа на спасување во природа.

Тренинг за последици од климатските промени и заштита на животната

средина

Во периодот од 7ми до 11ти септември во Извидничкиот Центар Охрид се оддржа тренинг за водачите на

извидничките одреди од СИМ на тема “Последици од климатски промени и заштита на животната

средина”, настан кој беше поддржан од Амбасада на Швајцарија во Македонија.

На овој тренинг учество земаа 40 извидници од извидничките и поречанските одреди од Македонија.

Покрај инструкторите од СИМ, на овој настан присуствуваа и експерти од еко сферата, членови на

здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина “ЕCO - LOGIC”.

31

Page 31: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Учесниците на овој пет дневен тренинг се запознаа со основите на тематиката која зборува за

климатските промени и заштитата на животната средина и преку интерактивни работилници успешно да

го зголемат своето знаење за јаглеродниот отпелаток, биодиверзитетот и алтернативните избори на

енергија. Исто така, извидниците добија

можност да се запознаат со чекорите на

планирање на една извидничка активност

која истовремено е забавна и eco-friendly.

Овој тренинг е привот чекор кон

креирање на млади водачи кои со своите

активности ќе влијаат кон креирање на

извидничката програма која понатаму ќе

го обликува знаењето на младите

извидници за климатските промени, кое е

влијанието на човекот и како тоа да се

подобри за да се создаде подобар свет.

Извиднички караван

Во периодот од септември до ноември се организираа преку 10 извиднички каравани во Скопје, Велес,

Св.Николе, Охрид, Струга, Прилеп итн. Целта на извидничкиот караван е да ги поттикне младите да водат

активен живот преку извидничката организација. Младите ќе имаат можност да се вклучат во

организацијата, програмите на СИМ и да ги развијат свцоите вештини.

Караваните беа успешно организирани со забавни активности како стреличарство, чаталарство, јазли,

правење десерти а покрај тоа и информации за извидништвото како и промо матертијали.

Извидничкиот караван беше поддржан од Civica Mobilitas, програма на Швајцарска агенција за развој и

соработка (SDC).

33

Page 32: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Работен викенд за креирање програма и алатки за климатски промени

Во периодот од 4ти до 6ти ноември на просторите на Извидничкиот Центар Охрид се оддржа работен

викенд за креирање програма и алатки за климатски промени.

Тридневниот настан беше исполент со работни активности на кои извидниците активно работеа на

Зелената кутија, односно работеа на креирање на програма и алатки кои ќе бидат дел од зелената кутија.

Извидниците беа поделени во 4 групи каде секоја однив работеше на одредена тема за кутијата. Овие

групи за кутијата направија активности, игри, предизвици и инфо материјали на кои подоцна водачите ќе

можат да работат со своите патроли на состаноци, а целта на овој настан е да се поттикнат извидниците да

размислуваат климатските промени а воедно и да превземат акција за намалување на истите.

Голема поддршка добивме и од преведувачите од невладината организација GoGreen кои им помогнаа на

нашите извидници во креирањето на Зелената ктуија.

Овој настан беше поддржан од Швајцарска Амбасада во Македонија.

Изработил : Горан Ѓорѓиев, Генерален секреатр на СИМ

34

Page 33: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во

Партнери и поддржувачи на Сојузот на извидници на Македонија во 2015

година

Page 34: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОЈУЗ …scout.org.mk/sim/wp-content/uploads/2017/04/Audit-Report...земаат активно учество во