26
АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ П Р А В И Л Н И К ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ Скопје јануари 2009 година

АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

  • Upload
    others

  • View
    15

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

П Р А В И Л Н И К

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА

АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

Скопје јануари 2009 година

Page 2: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

2

Врз основа на член 11, став (1), алинеја 8 од Законот за катастар на недвижности ("Службен весник на Република Македонија" бр.40/2008) и член 13 од Статутот на Агенцијата за катастар на недвижности, Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА

АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој правилник се уредува внатрешната организација и работа на Агенцијата за катастар на недвижности.

Член 2

Внатрешната организација и работа на Агенцијата за катастар на недвижности (во натамошниот текст: „Агенција„), произлегува од нејзините надлежности утврдени со закон, преку групирање на работите и задачите според нивниот вид, обем, сложеност и меѓусебна сродност и поврзаност.

Член 3

Со внатрешната организација на Агенцијата се обезбедува: - законито, стручно, ефикасно, уредно, транспарентно, совесно и навремено извршу-

вање на работите и задачите во согласност со уставот и закон; - независност и одговорност при вршењето на работите и задачите; - остварување на лична и колективна одговорност за вршење на доверените работи кои

произлегуваат од секое работно место; - правилно распоредување на работите, соодветно на работните места и следење на

нивното извршување; - развивање и унапредување на тимската работа; - развивање и унапредување на страгетиите за стручно усовршување на вработените; - примена на современи методи за работа; - сервисна ориентираност кон граѓаните и правните лица; - остварување на меѓусебна соработка на организациските облици во Агенцијата и

нивна соработка со други органи и организации во земјата и странство, како и нивна приспособеност кон надлежностите на Агенцијата утврдени со закон и кон потребите на граѓаните.

Page 3: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

3

Член 4

Во Агенцијата, хиерархиската поставеност е утврдена на следните нивоа: - Директор; - Заменик директор; - Стручен советник - помошник на директорот; - Стручен советник на директорот; - Раководител на центар; - Раководител на сектор; - Помошник раководител на сектор; - Раководител на одделение; и - Шеф на отсек.

Член 5

Според видот, обемот, сложеноста и меѓусебната сродност и поврзаност, во Агенцијата се образуваат следните организациски облици:

Генерална дирекција со: - Сектори; - Самостојно одделение; - Одделенија; и Центар со: - Сектори; - Одделенија; и - Отсеци.

II. ВНАТРЕШНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ОБЛИЦИ НА АГЕНЦИЈАТА

Член 6

Организациски облици на Агенцијата се:

I. Генерална дирекција

1. Сектор за внатрешна контрола и надзор

- Одделение за контрола на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите и надзор на работењето на приватниот геодетски сектор; и

- Одделение за претставки и предлози.

Page 4: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

4

2. Сектор за геодетски работи

- Одделение за геодетски мрежи, премер и катастарско класирање на земјиште; - Одделение за картографија; и - Одделение за фотограметрија.

3. Сектор за дигитализација, водење на Регистар на просторни единици и чување и

издавање на податоци

- Одделение за дигитализација и водење на Регистар на просторни единици; и - Одделение за чување и издавање на податоци.

4. Сектор за информатичка технологија

- Одделение за мрежно одржување и техничка поддршка; - Одделение за развој и одржување на web решенија; и - Одделение за катастарски информационен систем.

5. Сектор за управување со човечки ресурси;

- Одделение за човечки ресурси и нормативно - правни работи; и - Одделение за општи работи.

6. Сектор за финансии и буџет

- Одделение за финансиско и материјално работење; и - Одделение за контрола, буџетирање и пресметки.

7. Сектор за планирање, менаџмент и развој

- Одделение за планирање; и

- Одделение за менаџмент и развој.

8. Сектор за меѓународна соработка, европска интеграција, проекти и обуки

- Одделение за меѓународна соработка и европска интеграција; и - Одделение за проекти и обуки.

9. Сектор за катастар на недвижности на РМ-А

- Одделение за катастар на недвижности - Берово - Одделение за катастар на недвижности - Валандово - Одделение за катастар на недвижности - Виница - Одделение за катастар на недвижности - Гевгелија - Одделение за катастар на недвижности - Делчево - Одделение за катастар на недвижности - Кочани

Page 5: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

5

- Одделение за катастар на недвижности - Кратово - Одделение за катастар на недвижности - Крива Паланка - Одделение за катастар на недвижности - Куманово - Одделение за катастар на недвижности - Неготино - Одделение за катастар на недвижности - Пробиштип - Одделение за катастар на недвижности - Радовиш - Одделение за катастар на недвижности - Свети Николе - Одделение за катастар на недвижности - Струмица - Одделение за катастар на недвижности - Штип

10. Сектор за катастар на недвижности на РМ-Б

- Одделение за катастар на недвижности - Битола - Одделение за катастар на недвижности - Велес - Одделение за катастар на недвижности - Гостивар - Одделение за катастар на недвижности - Дебар - Одделение за катастар на недвижности - Демир Хисар - Одделение за катастар на недвижности - Кавадарци - Одделение за катастар на недвижности - Кичево - Одделение за катастар на недвижности - Крушево - Одделение за катастар на недвижности - Македонски Брод - Одделение за катастар на недвижности - Охрид - Одделение за катастар на недвижности - Прилеп - Одделение за катастар на недвижности - Ресен - Одделение за катастар на недвижности - Струга - Одделение за катастар на недвижности - Тетово

11. Одделение за внатрешна ревизија

II. Центар за катастар на недвижности – Скопје

1. Сектор за катастарски операт

- Одделение за запишување на промени во катастарскиот операт; - Одделение за укнижување на хипотеки и други стварни права и прибележување; и - Одделение за шалтерско и архивско работење и општи работи.

2. Сектор за геодетско-катастарски работи и запишување на правата на

недвижностите

- Одделение за геодетско-катастарски работи, запишување на правата на недвижностите и одржување на катастарот на недвижностите за Скопје, Центар и Кисела Вода, со

а) Отсек за геодетско-катастарски работи; и б) Отсек за правно-катастарски работи.

Page 6: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

6

- Одделение за геодетско-катастарски работи, запишување на правата на недвижностите и одржување на катастарот на недвижностите за Карпош, Гази Баба и Чаир, со

a) Отсек за геодетско-катастарски работи; и б) Отсек за правно- катастарски работи.

- Одделение за чување и изготвување на податоци од премерот и катастарот и заверка на геодетски елаборати; и - Одделение за дигитализација во одржување на катастар на недвижности.

III. ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ОБЛИЦИ НА АГЕНЦИЈАТА

III. 1.ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА

Член 7

Генералната дирекција како организациски облик во Агенцијата ги обединува работите од надлежност на Агенцијата кои се однесуваат на внатрешната контрола на работењето на Агенцијата во сите сегменти и надзор на работата на приватниот геодетски сектор, геодетските работи, дигитализацијата, чувањето и издавањето на податоци и водење на Регистар на просторни единици, информатичката технологија, управувањето со човечките ресурси и нормативно-правните работи, финансиското и буџетското работење, планирањето, менаџментот и развојот на Агенцијата, меѓународната соработка и европска интеграција, проекти и обуки, востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите и внатрешната ревизија над работењето на Агенцијата.

III.1.1.СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И НАДЗОР

Член 8

Во Секторот за внатрешна контрола и надзор се организираат следните организациски облици:

- Одделение за контрола на востановувањето и оддржувањето на катастарот на недвижностите и надзор на работењето на приватниот геодетски сектор; и - Одделение за претставки и поплаки.

Член 9

Во Одделението за контрола на востановувањето и одржувањето на катастарот на

недвижностите и надзор над работeњето над приватниот геодетски сектор се вршат след-ните работи:

- увид и контрола на востановувањето на катастарот на недвижностите;

Page 7: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

7

- увид и контрола на одржувањето на катастарот на недвижностите и премерот и катастарот на земјиштето;

- контрола на геодетските елаборати од поставените геодетски референтни мрежи и на геодетските елаборати од извршениот премер во функција на систематското запишување на правата на недвижностите;

- надзор на работата на приватниот геодетски сектор;

Член 10

Во Одделението за преставки и предлози се вршат следните работи: - прием на преставки и предлози преку инфо линијата или преку WEB-страната од

страна на правни и физички лица; - евиденција на преставките и предлози; - постапување по преставките и предлози ; - следење на постапувањето по претставките и предлози; - архивирање на податоците заведени во електронскиот систем; - увид и контрола по преставки на физички и правни лица; - изготвување на извештаи и записници од извршениот увид и контрола; - прием на барања преку инфо линијата од потенцијални странски инвеститори; и - прибавување на бараните информации и нивно проследување до барателите.

III.1.2. СЕКТОР ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ

Член 11

Во Секторот за геодетски работи организациски облици се: - Одделение за геодетски мрежи, премер и катастарско класирање на земјиште; - Одделение за картографија; и - Одделение за фотограметрија.

Член 12

Во Одделението за геодетски мрежи, премер и катастарско класирање на

земјиштето се вршат следните работи: - одржување и обновување на геодетски референтни мрежи; - изготвување на технички спецификации за вршење на геодетски работи поврзани со

поставување на нови геодетски референтни мрежи како и вршење на премер во функција на систематско запишување на правата на недвижностите;

- конверзија на архивските податои кои се однесуваат на геодетските мрежи; - управување и одржување на мрежата од активни GNSS станици; - вршење на геодетски работи за посебни намени од значење за Република Македонија

утврдени од Владата на Република Македонија; - утврдување на промени на запишаниот начин на користење на земјиштето и на

катастарските класи на земјиштето; и - други работи.

Page 8: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

8

Член 13

Во Одделението за картографија се вршат следните работи: -изработка на дигитални топографски карти; -изработка на наменски карти; -управување со картографска база на податоци; -контрола на изработените дигитални топографски и наменски карти; - ажурирање на дигиталните топографски и наменски карти; -картографска продукција; и -други работи.

Член 14

Во Одделението за фотограметрија се вршат следните работи: -аеротриангулација и контрола на извршената аеротриангулација; -ориентација на стерео парови; -картирање на снимените недвижности и обработка на податоците; -едитирање на дигитални фотограметриски податоци; -контрола на едитираните фотограметриски податоци; -изготвување на геодетско-техничка документација; - изготвување на ортофото планови; и -други работи.

III.1.3.СЕКТОР ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА, ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАР НА ПРОСТОРНИ ЕДИНИЦИ

И ЧУВАЊЕ И ИЗДАВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Член 15

Во Секторот за дигитализација, водење на Регистар на просторни единици и чување и издавање на податоци организациски облици се:

- Одделение за дигитализација и водење на Регистар на просторни единици; - Одделение за чување и издавање на податоци;

Член 16

Во Одделението за дигитализација и водење на Регистар на просторни единици се вршат следните работи:

- скенирање на геодетски подлоги; - гео-референцирање на геодетски подлоги; - векторизација на геодетски подлоги; - контрола на векторизираните катастарски планови; - заштита, чување и архивирање на дигиталните катастарски планови;

Page 9: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

9

- подготвување методолошки основи за водење на регистарот и нивно тековно усогласување со прописите во земјата;

- одржување и водење на Регистарот на просторни единици; - следење на територијалната организација на Република Македонија и предлагање на

усогласување на просторните единици во Регистарот на просторни единици со територијалната организација;

- организирање и подготовка на скиците на статистичките и пописните кругови и нивни описи;

- изработување предлози и давање мислење по програмските задачи на Регистарот на просторни единици;

- доставување на податоците од Регистарот на просторни единици до Државниот завод за статистика; и

- други работи.

Член 17

Во Одделението за чување и издавање на податоци се вршат следните работи:

- примање, архивирање и чување на податоци од премерот и катастарот на недвижностите;

- трајно чување и заштита на оригиналните геодетски планови, елаборатите од премерот и други оригинали од основните геодетски работи, водење на евиденција за основните геодетски белези;

- издавање на податоци од премерот и катастарот на недвижностите (копии од геодетски планови, координати и коти);

- издавање на податоци од дигиталните катастарски планови; - изработка на каталог на архивирани податоци; и - други работи.

III.1.4. СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Член 18

Во Секторот за информатичка технологија организациски облици се:

- Одделение за мрежно одржување и техничка поддршка; - Одделение за развој и одржување на web решенија; и - Одделение за катастарски информационен систем.

Член 19

Во Одделението за мрежно одржување и техничка подршка се вршат следните работи:

- пружање на техничка помош на внатрешните корисници, преснимување и заштита на податоци;

- интервентно сервисирање на хардверот;

Page 10: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

10

- проектирање и развој на катастарски информационен систем; - проектирање и развој на мрежната инфраструктура на Агенцијата; - одржување на мрежната инфраструктура на Агенцијата и обезбедување на непречено функционирање на системот за е-катастар; и - планирање, развој и одржување на серверската инфраструктура на Агенцијата.

Член 20

Во Одделението за развој и одржување на web решенија се вршат следните работи: - проектирање и развој на катастарски информационен систем; - управување со базата на податоци; - форматирање и подготовка на информации од базата на податоците за

недвижностите; - изработка на спецификации за приказ и пренос на информации преку интранет и

интернет; - дизајнирање WEB страна на Агенцијата и нејзино одржување; - развивање на нови иновативни дигитални продукти и услуги; - изработка на софтверски апликации; и - други работи.

Член 21

Во Одделението за катастарски информационен систем се вршат следните работи: - скенирање на катастарски книги и архивски податоци; - припрема и внесување на податоци од премерот во функција на систематско

запишување на правата на недвижностите; - внесување на податоци од систематското запишување на правата на недвижностите

во базата на податоци; - заштита на податоците внесени во базата на податоци; - преглед и контрола на внесените податоци; - припрема и печатење на прегледи, сумарници и други податоци од премерот и

катастарот на недвижностите; - подготвување и издавање на алфа нумерички податоци од премерот и катастарот на

недвижностите; - водење на ажурна евиденција на недвижните ствари на државните органи; и - други работи.

III.1.5.СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Член 22

Во Секторот за управување со човечки ресурси организациски облици се: - Одделение за човечки ресурси и нормативно-правни работи; и - Одделение за општи работи.

Page 11: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

11

Член 23

Во Одделението за човечки ресурси и нормативно-правни работи се вршат следните работи:

- управување со човечки ресурси и анализа на работните места; - администрирање и давање на совети од областа на човечките ресурси на сите

вработени во Агенцијата ; - давање совети на раководните катастарски службеници и на сите вработени во

Агенцијата за имплементацијата на политиката за управување со човечки ресурси (за вработување, оценување, дисциплинските постапки и слично);

- лоцирање на слабостите во системот, методи за стимулација за квалитетно извршување на задачите во секторите, тестови за способност, интелигенција, креативност, механички способности, знаења, тестови за познавање на компјутерските јазици и тестови за странски јазици;

- обезбедување на ефикасни служби за кадровски работи, вклучувајќи водење на евиденција за вработените и издавање документи/информации;

- информирање на сите вработени за измените и новините во политиката на Агенцијата; - водење и чување на персоналната евиденција на вработените во Агенцијата; - изготвување на месечни информатори (интерен весник) за тековните и планираните

активности на Агенцијата поврзани со управувањето со човечките ресурси; - спроведување на постапки за вработување и одјавување од работа, подготвување и

спроведување интервјуа на секој кандидат при вработување; - архивирање на обрасците за оценување на вработените во Агенцијата и давање на

стручна помош на сите вработени (оценувачот и оценуваните) за конзистентно и навремено спроведување на годишното оценување;

- давање мислење за предмети поврзани со човечките ресурси; - следење и проучување на теоретските и практични искуства во земјата и странство за

работата од областа на управување со човечките ресурси; - изготвување на нацрт општи акти и иницирање на постапки за усогласување на

општите акти со прописите од областа на внатрешната организација и систематизација на Агенцијата, системот на плати и од областа на работните односи;

- изготвување на општите и поединечните акти за правата, обврските и одговорностите на вработените, следење на нивната примена и вршење на соодветни изменувања, дополнувања и усогласувања со законите, колективните договори и другите прописи од оваа област;

- изготвување на мислења по законите, колективните договори, подзаконските акти и другите прописи од областа на работните односи;

- давање совети на комисии и други работни тела од областа на работните односи; - следење на примената на прописите за архивското и канцелариско работење; - водење на постапки кои што произлегуваат од правата и обврските од работниот

однос; - застапување на Агенцијата во постапките пред надлежни судови;

- лекторирање на материјали кои се објавуваат согласно закон; - раководење и организирање на целокупната работа на Директорот;

- изготвување информации и соопштенија за активностите на директорот; - организирање средби и комуникација со средствата за јавно информирање

- подготвување и извршување на работни задачи во врска со превенција и справување со кризна состојба, согласно Законот за управување со кризи;

- водење евиденција за присутност на вработените, за користењето на паузите; - навременото доаѓање и заминување од работа и изготвување извештаи за потребите

на материјално-финансиското работење на Агенцијата;

Page 12: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

12

- аналитички работи поврзани со архивските, документационо-техничките и други административни и технички работи;

- водење и средување на документацијата; - архивирање на предмети; - средување и обработка на архивски материјал; - следење и примена на прописите од областа на канцелариското работење; - дактилографски работи; - умножување на материјали; и - други работи.

Член 24

Во Одделение за општи работи се вршат следните работи:

- обезбедување, чување и тековно оддржување и заштита на објектите на Агенцијата; - одржување на хигиената во работните и други простории; превоз на вработените на терен и разнесување материјали по добиен налог;

- одржување и поправка на возилата; - распоредување на возилата за употреба;

- водење евиденција за потрошено гориво, мазиво и друг потрошен материјал за возилата;

- водење евиденција за регистрирањето, сервисирањето, одржувањето, исправноста и за извршените поправки на возилата;

- водење грижа за хигиената на возилата; - по потреба превезување на вработени по добиен налог; - вршење увид и контрола на возилата во подрачните организациони единици; - тековно и ивестиционо одржување на зградата, дворот и исправноста на инсталациите; - набавки во согласност со Законот за јавни набавки во вредност до 500 Евра месечно; - умножување, копирање и коричење на материјали за потребите на вработените; - подигање на пратки од пошта и разнесување на пратки до други органи; и - други работи.

III.1.6.СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ И БУЏЕТ

Член 25

Во Секторот за финансии и буџет организациски облици се:

- Одделение за финансиско и материјално работење; и - Одделение за контрола, буџетирање и пресметки.

Член 26

Во Одделението за финансиско и материјално работење се вршат следните работи:

- изготвување на нацрт и предлог на годишен финансиски план на Агенцијата; - примање целокупна финансиска, книговодствена и сметководствена документација

за книжење во деловни книги од одделението за контрола,буџетирање и пресметки; - водење на деловна книга-дневник, согласно закон;

Page 13: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

13

- водење на главна книга - книга на приходи и расходи и книга на средствата, обврските и изворите на средствата, согласно закон;

- водење на задолжителни помошни книги: на влезни сметки, на излезни сметки, за набавки, за инвентар, на капиталниот имот, за јавен долг,за благајна, на побарувања и обврски и книга на изводи на сметката, согласно закон;

- контирање и книжење врз основа на веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи, согласно закон;

- водење синтетичка и аналитичка сметководствена евиденција на побарувања од геодетски трговски друштва ;

- водење материјална и магацинска евиденција на материјали, ситен инвентар и основни средства;

- контирање и книжење на целокупната документација на побарувања и обврски од подрачните одделенија во единствена деловна книга;

- признавање на приходи и расходи, проценување на билансни позиции и пресметување на ревалоризација, согласно закон;

- усогласување на состојбата на средствата и нивните извори во сметководството со фактичката состојба утврдена со попис;

- изготвување месечни преметки на ДДВ и данок од добивка; - изработка на Предлог Буџет; Годишен финансиски план и месечни финансиски

планови; - заклучување, поврзување и чување на деловните книги на крајот на фискалната

година, согласно закон; - изготвување основни финансиски извештаи и трајно чување во изворна форма,

согласно закон; - вршење на еџ-пост финанска контрола, согласно закон; - изготвување на завршна сметка; и

- други работи.

Член 27

Во Одделението за контрола, буџетирање и пресметки се вршат следните работи: - контрола на целокупната финансиска и сметководствена документација за

финансиско и материјално работење; - усогласување на документацијата со прием и издавања во магацин; - ликвидирање на сите сметководствени документи согласно законските прописи; - евиденција на преземени обврски и пријавување на трезор; - секојдневна трезорска сметководствена евиденција и поднесување на барања за

плаќање до трезор; - исплата на одобрени барања за плаќање; - трезорска сметководствена евиденција по расходни трезорски потставки за јавните

набавки; - пресметување на плата, придонеси, надоместоци и запирања од плата, месечни

извештаи и евиденција на плата и усогласување со трезор и Фондот за ПИО; - изготвување месечни и годишни извештаи за плати, придонеси и персонален данок

за секој вработен поединечно; - подигање готовина и исплата преку благајна, изготвување и книжење на благајнички

извештаи врз основа на веродостојна документација; - предавање целокупна финансиска, книговодствена и сметководствена документација

за книжење во главна книга во одделението за финансово и материјално работење; - изготвување на предлог буџет, годишен финансиски план и месечни финансиски

планови; - ex-ante финански контрола согласно закон; - изработка на завршна сметка.

Page 14: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

14

III.1.7. СЕКТОР ЗА ПЛАНИРАЊЕ, МЕНАЏМЕНТ И РАЗВОЈ

Член 28

Во Секторот за планирање, менаџмент и развој организациски облици се: - Одделение за планирање ; - Одделение за менаџмент и развој.

Член 29

Во Одделението за планирање се вршат следните работи:

- изготвување на нацрт и предлог на стратешки план; - изготвување на нацрт и предлог на годишна програма за реализација на стратешкиот

план; - изготвување на нацрт и предлог на годишен извештај за работа; - следење на реализацијата на стратешкиот план и на годишната програма за

реализација на стратешкиот план; - изготвување на акциски планови за работа; - прибирање, анализирање и евалуација на месечните и годишните извештаи за работа; - изготвување на статистички извештаи за работењето; - развивање и унапредување на методологијата за определување на висината на

надоместоците за услугите и производите на Агенцијата; - изготвување на анализи, извештаи и информации во врска со стратешкото планирање. - технички работи сврзани со планирање, следење и изведување на градежни работи во

Агенцијата; - техничка поддршка при изготвување на среднорочна и годишна програма за работа; - техничка подршка при изготвувањето на технички спецификации за реновирање;

реконструкции и изградба на градежните објекти во рамките на Агенцијата; - надзор над градежните работи кои се изведуваат; - изготвување на годишен план за набавки во функција на резализација на

среднорочната и годишната програма за работа; - учество во изработка на тендерска документација за јавни набавки согласно

стандардите на работа во Агенцијата; - техничка поддршка на комисијата за спроведување на постапката за јавни набавки; и - следење на реализацијата на јавните набавки.

Член 30

Во Одделението за менаџмент и развој се вршат следните работи:

- изготвување на нацрт и предлог на стратегија за маркет и финансирање и следење на неговата реализација;

- изработување на разни стручни и развојни проекти; - квартална и годишна анализа на остварени приходи од издавање на податоци и

давање на услуги според видот на податоците и услугите;

Page 15: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

15

- квартална и годишна анализа на трошоците направени при изготвувањето на податоците и давањето на услугите;

- спроведување на анкети и студии со цел анализирање на потребите на пазарот на недвижности;

- изготвување на програми и планови за нови производи и услуги, согласно потребите на корисниците;

- изготвување на каталози, брошури и друг пропаганден материјал за промовирање на производите и услугите;

- изготвување на годишни билтени; - изготвување на годишни статистички извештаи за работењето; - учество во изготвување на годишен план за набавки; - учество во изготвувањето на програмите, проектите и плановите за развој и обука; - учество во изготвување на стратешки план и на годишна програма за реализација на

стратешкиот план; - учество во изготвување на годишен извештај за работа; и - други работи.

III.1.8. СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА, ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА, ПРОЕКТИ И

ОБУКИ

Член 31

Во Секторот за меѓународна соработка, европска интеграција, проекти и обуки организациски облици се:

- Одделение за меѓународна соработка и европска интеграција; и - Одделение за проекти и обуки.

Член 32

Во Одделението за меѓународна соработка и европска интеграција се вршат следните работи:

- студиско-аналитички и административно - технички работи што се однесуваат на

реализирање на меѓународната, билатералната и мултилатералната соработка со

меѓународни институции;

- одржување, развивање и унапредување на билатералната соработка со меѓународни

организации од областа на геодетските работи, правните работи и катастарот на

недвижности;

- изготвување анализи, информации, извештаи, осврти и други материјали за

состојбите во доменот на билатералната соработка;

- координирање и усогласување на активностите за потпишување договори, спогодби

и програми за билатерална соработка;

- студиско-аналитички и други работи што се однесуваат на спроведување на

процесот на приближување на Република Македонија кон Европската унија и

пристапување во истата;

- хармонизација на прописите за кои е надлежна Агенцијата со законодавството на Европската Унија.

Page 16: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

16

Член 33

Во Одделението за проекти и обуки се вршат следните работи:

- учество во меѓународни проекти што се однесуваат на геодетските работи, правните

работи и катастарот на недвижности;

- развивање на политики поврзани со проектни работи;

- координација на проекти и реализацијата на програмски активности;

- архивирање на документацијата која се однесува за претходно спроведени проекти;

- стручно усовршување на вработените во Агенцијата; - изготвување Програма за градење на капацитетите на вработените. - изготвување на годишен план за реализација на Програмата за градење на

капацитетите на вработените и следење на неговата реализација, - координирање на работите околу анализа за потребите од обуки; - организирање и спроведување обуки; - изготвување месечни, три месечни, полугодишни и годишни извештаи и евалуација

од одржаните обуки; - давање предлози и учество воизготвувањето на интерните прирачници и друг

материјал кој е во функција на обука на вработените; и - други работи поврзани со стручното усовршување на вработените во Агенцијата.

III.1.9. СЕКТОР ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ НА РМ- А

Член 34

Во Секторот за катастар на недвижности на РМ- А организациски облици се:

- Одделение за катастар на недвижности - Берово - Одделение за катастар на недвижности - Валандово - Одделение за катастар на недвижности - Виница - Одделение за катастар на недвижности - Гевгелија - Одделение за катастар на недвижности - Делчево - Одделение за катастар на недвижности - Кочани - Одделение за катастар на недвижности - Кратово - Одделение за катастар на недвижности - Крива Паланка - Одделение за катастар на недвижности - Куманово - Одделение за катастар на недвижности - Неготино - Одделение за катастар на недвижности - Пробиштип - Одделение за катастар на недвижности - Радовиш - Одделение за катастар на недвижности - Свети Николе - Одделение за катастар на недвижности - Струмица - Одделение за катастар на недвижности - Штип

Page 17: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

17

Член 35

Во одделенијата за катастар на недвижности при Секторот за катастар на

недвижности на РМ-А се вршат следните работи: - запишување на канцелариски промени во катастарскиот операт во катастар на

недвижности и катастар на земјиште; - изготвување на потврди за запишување на промените во катастар на недвижности и

потврди за одбивање на промените; - изготвување на уверенија за историски преглед на извршените запишувања во

катастарот на недвижностите и во катастарот на земјиште; - постапување по пријави за отстранување на технички грешки во катастарскиот

операт во катастар на недвижности и изготвување на потврда за отстранување на техничките грешки, односно потврда за одбивање на пријавата за отстранување на технички грешки;

- водење на управна постапка по барање за исправка на технички грешки и промена на катастарска култура во катастарскиот операт во катастар на земјиште;

- изготвување на известувања за извршени промени во катастар на земјиште во постапка по службена должност;

- запишување и бришење на хипотеки, други стварни права и на факти кои се од влијание за недвижностите и изготвување на потврди за запишување, односно бришење на хипотеки, други стварни права и на факти кои се од влијание за недвижностите, односно потврди за одбивање на пријавите за запишување или бришење на истите;

- постапување по пријавите за предбележување; - изготвување и издавање на податоци од интабулационите книги; - примање на барања и издавање на имотни/поседовни листови, промени во

катастарскиот план и операт, заверка/одобрување на геодетски елаборати, копии од катастарски план, геодетски податоци од катастарските планови и оператот и други работи;

- примање на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и издавање на информации од јавен карактер;

- издавање на копии од збирка на исправи; - давање на информации на странките; - примање на пријави за запишување , спроведување на промени и отсранување на

технички грешки во катастарот на недвижности; - споредување на геодетските податоци од пријавата за систематското запишување,

поединечното запишување, запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, запишување на промени и отстранување на технички грешки со податоците од премерот содржани во геодетскиот елаборат и во изјавата за идентификација, како и со податоците од постојната катастарска евиденција;

- проверка и одобрување на геодетскиот елаборат на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи;

- внесување и ажурирање на геодетските податоци во пописните листи по извршено споредување на податоците и изготвување на предлог на нова состојба;

- спроведување на податоците за извршеното запишување/промена/отсранување на техничка грешка на катастарските планови и во катастарскиот операт по изготвување на потврдата за запишување;

- споредување на податоците од пријавата за: систематското запишување, поединечно запишување, запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, запишување на промени и отстранување на технички грешки, со податоците содржани во правниот основ како и со податоците од постојната катастарска евиденција;

Page 18: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

18

- одобрување на пријавата за: систематско запишување, поединечно запишување, запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, запишување на промени и отстранување на технички грешки и изготвување на потврда за запишување на правата на недвижностите;

- изготвување на потврди за одбивање на пријавите за запишување; - водење на управна постапка по барањата за промена на катастарската култура и

исправка на грешка во катастар на земјиште и донесување на решение за промена/одбивање;

- донесување на заклучоци за прекин и запирање на управна постапка во катастар на земјиште;

- заверка на геодетски елаборати изготвени од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи;

- изготвување на податоци од катастарот на недвижностите и катастарот на земјиште за приватниот сектор;

- организирање и водење на архивско работење; - вршење на административно-технички и помошни работи; и - други работи.

III.1.10. СЕКТОР ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ НА РМ- Б

Член 36

Во Секторот за катастар на недвижности на РМ- Б организациски облици се:

- Одделение за катастар на недвижности - Битола - Одделение за катастар на недвижности - Велес - Одделение за катастар на недвижности - Гостивар - Одделение за катастар на недвижности - Дебар - Одделение за катастар на недвижности - Демир Хисар - Одделение за катастар на недвижности - Кавадарци - Одделение за катастар на недвижности - Кичево - Одделение за катастар на недвижности - Крушево - Одделение за катастар на недвижности - Македонски Брод - Одделение за катастар на недвижности - Охрид - Одделение за катастар на недвижности - Прилеп - Одделение за катастар на недвижности - Ресен - Одделение за катастар на недвижности - Струга - Одделение за катастар на недвижности - Тетово

Член 37

Во одделенијата за катастар на недвижности при Секторот за катастар на

недвижности на РМ-Б се вршат следните работи: - запишување на канцелариски промени во катастарскиот операт во катастар на

недвижности и катастар на земјиште; - изготвување на потврди за запишување на промените во катастар на недвижности и

потврди за одбивање на промените;

Page 19: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

19

- изготвување на уверенија за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижностите и во катастарот на земјиште;

- постапување по пријави за отстранување на технички грешки во катастарскиот операт во катастар на недвижности и изготвување на потврда за отстранување на техничките грешки, односно потврда за одбивање на пријавата за отстранување на технички грешки;

- водење на управна постапка по барање за исправка на технички грешки и промена на катастарска култура во катастарскиот операт во катастар на земјиште;

- изготвување на известувања за извршени промени во катастар на земјиште во постапка по службена должност;

- запишување и бришење на хипотеки, други стварни права и на факти кои се од влијание за недвижностите и изготвување на потврди за запишување, односно бришење на хипотеки, други стварни права и на факти кои се од влијание за недвижностите, односно потврди за одбивање на пријавите за запишување или бришење на истите;

- постапување по пријавите за предбележување; - изготвување и издавање на податоци од интабулационите книги; - примање на барања и издавање на имотни/поседовни листови, промени во

катастарскиот план и операт, заверка/одобрување на геодетски елаборати, копии од катастарски план, геодетски податоци од катастарските планови и оператот и други работи;

- примање на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и издавање на информации од јавен карактер;

- издавање на копии од збирка на исправи; - давање на информации на странките; - примање на пријави за запишување , спроведување на промени и отсранување на

технички грешки во катастарот на недвижности; - споредување на геодетските податоци од пријавата за систематското запишување,

поединечното запишување, запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, запишување на промени и отстранување на технички грешки со податоците од премерот содржани во геодетскиот елаборат и во изјавата за идентификација, како и со податоците од постојната катастарска евиденција;

- проверка и одобрување на геодетскиот елаборат на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи;

- внесување и ажурирање на геодетските податоци во пописните листи по извршено споредување на податоците и изготвување на предлог на нова состојба;

- спроведување на податоците за извршеното запишување/промена/отсранување на техничка грешка на катастарските планови и во катастарскиот операт по изготвување на потврдата за запишување;

- споредување на податоците од пријавата за: систематското запишување, поединечно запишување, запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, запишување на промени и отстранување на технички грешки, со податоците содржани во правниот основ како и со податоците од постојната катастарска евиденција;

- одобрување на пријавата за: систематско запишување, поединечно запишување, запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, запишување на промени и отстранување на технички грешки и изготвување на потврда за запишување на правата на недвижностите;

- изготвување на потврди за одбивање на пријавите за запишување; - водење на управна постапка по барањата за промена на катастарската култура и

исправка на грешка во катастар на земјиште и донесување на решение за промена/одбивање;

Page 20: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

20

- донесување на заклучоци за прекин и запирање на управна постапка во катастар на земјиште;

- заверка на геодетски елаборати изготвени од страна на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи;

- изготвување на податоци од катастарот на недвижностите и катастарот на земјиште за приватниот сектор;

- организирање и водење на архивско работење; - вршење на административно-технички и помошни работи; и - други работи. III.1.11. САМОСТОЈНО ОДДЕЛЕНИИЕ ВО РАМКИТЕ НА ГЕНЕРАЛНАТА ДИРЕКЦИЈА -

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

.

Член 38

Во Одделението за внатрешна ревизија се вршат следните работи: - изготвување упатство за работа на одделението и повелба за внатрешна ревизија; - подготвувње годишни планови за внатреШна ревизија врз основа на процената на

ризикот и по одобрувањето од директорот го обезбедува нивното спроведување и следење;

- организирање и координирање на работењето на внатрешната ревизија и врши надзор на нејзиното спроведување;

- доставување ревизорски извештај до директорот; - подготвување квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната

ревизија; - грижа за квалитетно извршување на внатрешната ревизија; - грижа за евидентирање на ревизорските активности и чување на документите од

ревизиите; - обезбедување обука на внатрешните ревизори, подготвување и поднесување

годишни планови за обука до директорот за нивно одобрување и обезбедување нивна имплементација;

- проценување на капацитетите и ресурсите на одделението за внатрешна ревизија на годишно ниво и доставување препораки до директорот за нивната усогласеност со годишниот план за ревизија;

- спроведување на програмата за ревизија; - изготвување нацрт на ревизорски извештај кој се разгледува и усогласува со

одговорните лица во секторот/одделението во кој се врши ревизија; и - други работи.

Page 21: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

21

III.2. ЦЕНТАР ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ – СКОПЈЕ

Член 39

Во Центарот за катастар на недвижности – Скопје се организираат следните организациски облици:

- Сектор за катастарски операт; - Сектор за геодетско-катастарски работи и запишување на правата на

недвижностите.

III.2.1. СЕКТОР ЗА КАТАСТАРСКИ ОПЕРАТ

Член 40

Во Секторот за катастарски операт, се организираат следните организациски облици:

- Одделение за запишување на промени во катастарски операт; - Одделение за укнижување на хипотеки и други стварни права и прибележување; и - Одделение за шалтерско и архивско работење и општи работи.

Член 41

Во Одделението за запишување на промени во катастарски операт се вршат следните работи:

- запишување на канцелариски промени во катастарскиот операт во катастар на

недвижности и катастар на земјиште; - изготвување на потврди за запишување на промените во катастар на недвижности; - изготвување на потврди за одбивање на пријавите за запишување; - изготвување на уверенија за историски преглед на извршените запишувања во

катастарот на недвижностите и во катастарот на земјиште; - постапување по пријави за отстранување на технички грешки во катастарскиот

операт во катастар на недвижности, и изготвување на потврда за отстранувањето на техничките грешки односно потврда за одбивање на пријавата за отстранување на технички грешки;

- водење на управна постапка по барање за исправка на технички грешки во катастарскиот операт во катастар на земјиште;

- водење на управна постапка за промена на катастарска култура во катастар на земјиште;

- изготвување на известувања за извршени промени во катастар на земјиште во постапка по службена должност; и

- други работи.

Page 22: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

22

Член 42

Во Одделението за укнижување на хипотеки и други стварни права и

прибележување се вршат следните работи: - увид во правните основи за запишување и бришење на хипотеки други стварни права и

на факти кои се од влијание за недвижностите; - запишување и бришење на хипотеки, други стварни права и на факти кои се од

влијание за недвижностите; - изготвување на потврди за запишување, односно бришење на хипотеки, други стварни

права и на факти кои се од влијание за недвижностите односно потврди за одбивање на пријавите за запишување или бришење на истите;

- постапување по пријавите за предбележување; - бришење на хипотеките запишани во интабулационите книги преземени од судовите

за запишани хипотеки; - изготвување на податоци од интабулационите книги; - запишување на канцелариски промени во катастарскиот операт кои произлегуваат од

реализацијата на запишаните хипотеки; и - други работи.

Член 43

Во Одделението за шалтерско и архивско работење и општи работи се вршат следните работи:

- примање на барања за имотни / поседовни листови, промени во катастарскиот план и

операт, заверка/одобрување на геодетски елаборати, копии од катастарски план, геодетски податоци од катастарските планови и оператот и други работи;

- примање на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и издавање на информации од јавен карактер;

- издавање на имотни/поседовни листови, исправи за извршени промени во катастарски план и операт,заверени геодетски елаборати, копии од катастарскиот план, геодетски податоци од катастарските планови и оператот и други работи;

- изготвување и издавање на потврди дека лицето не е запишано како носител на право во катастарот на недвижности односно не е евидентиран во катастарот на земјиште;

- издавање на копии од збирка на исправи; - давање на информации на странките; - насочување на странките на определен шалтер во зависност од типот на барањето; - издавање обрасци за пополнување на пријавите/барањата; - аналитички работи поврзани со архивските, документационо-техничките и други

административни и технички работи; - издавање на податоци од интабулационите книги; - примање на пријави за запишување во катастарот на недвижности; - примање на пријави за спроведување на промени во катастарот на недвижности; - примање на пријави за отстранување на технички грешки во катастарот на

недвижности; - примање на барања за спроведување на промени и за исправка на технички грешки во

катастарот на земјиште; - архивско работење; - следење и примена на прописите од областа на канцелариското работење; - дактилографски работи;

Page 23: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

23

- обезбедување , чување и тековно оддржување и заштита на Центарот за катастар на недвижностите Скопје;

- одржување на хигиената во работните простории и дворното место на Центарот;

- превоз на вработените на терен и разнесување материјали по добиен налог; - водење грижа за хигиената на возилата; - умножување, копирање и коричење на материјали за потребите на вработените; и - други работи.

III.2.2. СЕКТОР ЗА ГЕОДЕТСКО-КАТАСТАРСКИ РАБОТИ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА

НЕДВИЖНОСТИТЕ

Член 44

Во Секторот за геодетско-катастарски работи и запишување на правата на недвижностите се организираат следните организациски облици:

- Одделение за геодетско-катастарски работи, запишување на правата на

недвижностите и одржување на катастарот на недвижностите за Скопје, Центар

и Кисела Вода, со:

- Отсек за геодетско - катастарски работи; и - Отсек за правно - катастарски работи.

- Одделение за геодетско-катастарски работи, запишување на правата на

недвижностите и одржување на катастарот на недвижностите за Карпош, Гази

Баба и Чаир, со:

- Отсек за геодетско-катастарски работи; и - Отсек за правно- катастарски работи.

- Одделение за чување и изготвување на податоци од премерот и катастарот и

заверка на геодетски елаборати; и

- Одделение за дигитализација во одржување на КН;

Член 45

Во Одделенијата за геодетско-катастарски работи, запишување на правата на

недвижностите и одржување на катастарот на недвижностите за Скопје, Центар ,Кисела

Вода и Карпош, Гази Баба и Чаир - Отсеци за геодетско-катастарски работи се вршат следните работи:

- споредување на геодетските податоци од пријавата за систематското запишување,

поединечно запишување, за запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, за запишување на промени и отстранување на технички грешки со податоците од премерот содржани во геодетскиот елаборат и во изјавата за идентификација, како и со податоците од постојната катастарска евиденција;

- проверка и одобрување на геодетскиот елаборат на трговец поединец овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи;

Page 24: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

24

- внесување и ажурирање на геодетските податоци во пописните листи по извршено споредување на податоците;

- одобрување на геодетскиот елаборат; - внесување и ажурирање на геодетските податоци во пописните листи по извршено

споредување на податоците и изготвување на предлог на нова состојба; - спроведување на податоците за извршеното запишување/промена/отсранување на

техничка грешка на катастарските планови и во катастарскиот операт по изготвување на потврдата за запишување; и

- други работи.

Член 46

Во одделенијата за геодетско-катастарски работи, запишување на правата на

недвижностите и одржување на катастарот на недвижностите за Скопје, Центар, Кисела

Вода Карпош, Гази Баба и Чаир - Отсеци за правно -катастарски работи се вршат следните работи:

- споредување на податоците од пријавата за систематското запишување, поединечно запишување, за запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, за запишување на промени и отстранување на технички грешки со податоците содржани во правниот основ како и со податоците од постојната катастарска евиденција;

- одобрување на пријавата за систематско запишување, поединечно запишување, за запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижностите, за запишување на промени и отстранување на технички грешки и изготвување на потврда за запишување на правата на недвижностите;

- изготвување на потврди за одбивање на пријавите за запишување; - водење на управна постапка по барањата за промена на катастарската култура во

катастар на земјиште и донесување на решение за промена на катастарска култура; - донесување на решение за одбивање на барање за промена во катастар на земјиште; - донесување на решение за исправка на грешка во катастар на земјиште; - донесување на заклучоци за прекин и запирање на управна постапка во катастар на

земјиште; и - други работи.

Член 47

Во Одделението за чување и изготвување на податоци од премерот и катастарот и

заверка на геодетски елаборати се вршат следните работи: - заверка на геодетски елаборати изготвени од страна на трговец поединец или трговско

друштво за геодетски работи; - изготвување на податоци од катастарот на недвижностите и катастарот на земјиште за

приватниот сектор; - изготвување на копија од катастарски план; и - други работи.

Page 25: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

25

Член 48

Во Одделението за дигитализација во одржување на катастар на недвижности се вршат следните работи:

- скенирање на работните катастарски планови; - гео-референцирање на работните катастарски планови; - векторизација на катастарски планови; - контрола на векторизираните катастарски планови; - векторизација на сите промени настанати во одржување; - споредување на податоците од оператот со дигиталниот план и усогласување на

истите; - заштита, чување и архивирање на дигиталните катастарски планови; и - други работи.

IV. РАКОВОДЕЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ОБЛИЦИ

Член 49

Нормативно-правните работи од областа на катастарот на недвижностите, работите сврзани со остварување комуникација и соработка со органите на државната власт и правната подршка во примената на прописите од областа на катастарот на недвижностите ги организира, координира и спроведува стручен советник на директорот за нормативно правни работи. Со секторите во Генералната дирекција на Агенцијата за катастар на недвижности, раководат стручни советници - помошници на директорот и стручни советници на директорот.

Со Центарот за катастар на недвижности-Скопје, раководи стручен советник - помошник на директорот.

Како извршен раководител со Центарот за катастар на недвижности Скопје раководи раководител на Центар.

Како извршни раководители со секторите во Генералната дирекција и во Ценатрот за катастар на недвижности - Скопје раководат раководители на сектори на кои во работата, во зависност од сложеноста и обемот на работата, им помагаат еден или повеќе помошници раководители на сектори.

Со одделението раководи раководител на одделение. Со отсекот раководи шеф на отсек кој ги координира и истовремено ги извршува

работите од надлежност на отсекот. Со Одделението за внатрешна ревизија раководи раководител на одделение за

внатрешна ревизија.

V. НАЧИН НА РАБОТА

Член 50

Вработените во Агенцијата се должни да ги вршат работните задачи законито, совесно, стручно, ефикасно и економично, во согласност со Уставот и со закон.

Page 26: АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/opst1.pdf · 2 Врз основа на член 11, став (1), алинеја

26

Член 51

Системските и други посложени и значајни прашања од делокругот на Агенцијата се

разгледуваат на Стручен колегиум кој го свикува директорот и на кој присуствуваат директорот, заменикот на директорот, стручните советници - помошници на директорот, стручните советници на директорот, раководителот на Центарот и раководителите на сектори при Агенцијата.

Зависно од прашањата кои се предмет на разгледување, директорот на Агенцијата по потреба, може да повика и други раководни и стручни катастарски службеници на колегиумот (поширок колегиум). Со работата на колегиумот раководи директорот.

Член 52

За извршување на одделни работи што бараат тимска работа на вработените од

различни организациски облици при Агенцијата, или ангажирање научни и стручни работници

надвор од Агенцијата, може да се образуваат постојани или повремени комисии, работни групи

или други работни тела.

VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 53

Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за

внатрешна организација и работа на Државниот завод за геодетски работи бр.01-2763/1 од

07.03.2007година, бр.01-2763/7 од 05.07.2007 година, бр.01-2763/14 од 01.11.2007 година и бр.

01-3033/1 од 28.02.2008година.

Член 54

Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување и објавување на

огласната табла на Агенцијата за катастар на недвижности.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР

_________________________ Славче Трпески