69
превземено од www.pravo.org.mk 1 ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Сл. Весник на Р. Македонија бр.136/07 од 12.11.2007 год. Глава I Општи одредби Дел 1 Предмет на уредување Член 1 Со овој закон се уредуваат начинот и постапките за доделување на договорите за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, основањето и надлежностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки. Член 2 Со овој закон особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори; - еднаков третман и недискриминација на економските оператори; - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки, и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка. Дел 2 Дефиниции Член 3 Одредени поими употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес кој ги вклучува и секторските договори, склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе договорни органи од една страна и еден или повеќе економски оператори од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоки или обезбедување на услуги согласно со овој закон; 2. Секторски договоре договор за јавна набавка што се доделува во функција на вршење на една или повеќе дејности од член 176 став 1 од овој закон; 3. Постапка за доделување на договор за јавна набавкае постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи; 4. Отворена постапкае постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда; 5. Ограничена постапкае постапка во која секој економски оператор има право да поднесе пријава за учество, а само кандидатите избрани од страна на договорниот орган се покануваат да поднесат понуда;

1.javni nabavki

Tags:

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

1

ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Сл. Весник на Р. Македонија бр.136/07 од 12.11.2007 год.

Глава I

Општи одредби

Дел 1

Предмет на уредување

Член 1 Со овој закон се уредуваат начинот и постапките за доделување на

договорите за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, основањето и надлежностите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Член 2 Со овој закон особено се обезбедува:

- конкуренција меѓу економските оператори; - еднаков третман и недискриминација на економските оператори; - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за

јавни набавки, и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за

доделување договори за јавна набавка.

Дел 2

Дефиниции

Член 3 Одредени поими употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес кој ги

вклучува и секторските договори, склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе договорни органи од една страна и еден или повеќе економски оператори од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоки или обезбедување на услуги согласно со овој закон;

2. „Секторски договор“ е договор за јавна набавка што се доделува во функција на вршење на една или повеќе дејности од член 176 став 1 од овој закон;

3. „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;

4. „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;

5. „Ограничена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе пријава за учество, а само кандидатите избрани од страна на договорниот орган се покануваат да поднесат понуда;

Page 2: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

2

6. „Конкурентен дијалог“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе пријава за учество и според која договорниот орган води дијалог со избраните кандидати со цел да се утврди едно или повеќе соодветни решенија кои ќе ги задоволат неговите барања и врз основа на кои избраните кандидати ќе ја изготват својата понуда;

7. „Постапка со преговарање“ е постапка во која договорниот орган ги консултира избраните кандидати и преговара за условите од договорот со еден или со повеќе од нив;

8. „Постапка со барање за прибирање на понуди“ е поедноставена постапка за доделување на договор за јавна набавка, која се спроведува согласно со Глава V Дел 6 од овој закон;

9. „Рамковна спогодба“ е писмена спогодба помеѓу еден или повеќе договорни органи и еден или повеќе економски оператори за да се утврдат основните услови кои ќе ги регулираат договорите за јавни набавки што треба да се доделат во определен период, особено во поглед на цената, и ако е можно, предвидените количини;

10. „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;

11. „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;

12. „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;

13. „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;

14. „Кандидат“ е секој економски оператор кој доставил пријава за учество во ограничена постапка, постапка со преговарање или конкурентен дијалог;

15. „Пријава за учество“ е предлог на кандидатот со кој ја докажува својата лична состојба, техничка или професионална способност, финансиска и економска состојба како услов за добивање на покана за доставување на понуда во ограничена постапка, постапка со преговарање или конкурентен дијалог;

16. „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда; 17. „Учесник на конкурс за избор на идејно решение“ е секој

економски оператор кој има поднесено проект на конкурс за избор на идејно решение;

18. „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;

19. „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;

20. „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно условите од тендерската документација;

21. „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;

Page 3: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

3

22. „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;

23. „Евалуација на понуда“ е оценка на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;

24. „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;

25. „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;

26. „Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган кое произлегува од закон или пропис врз основа на закон, со цел да се ограничи спроведувањето на дејностите во одредена област на јавни услуги на ограничен број или на еден правен субјект;

27. „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;

28. „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;

29. „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;

30. „Централно тело за набавки“ е договорен орган согласно со член 4 став 1, точки а), б) или в), кој:

- набавува во свое име и за своја сметка стоки или услуги кои се или можат да бидат наменети за еден или за повеќе договорни органи, или

- доделува договори за јавни набавки или склучува рамковни спогодби во име и за сметка на еден или на повеќе договорни органи;

31. „Општ поимник за јавни набавки“ е референтна номенклатура што се применува во постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Дел 3

Договорни органи

Член 4 1) Договорни органи се: а) државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и на

Градот Скопје; б) правните лица основани за специфична намена за задоволување на

потребите од јавен интерес што не се од индустриски или комерцијален карактер, и кои, во најголем дел, се финансирани од страна на договорни органи од став 1 точка а) на овој член или од такви правни лица, или се подложни на контрола на работењето од страна на договорни органи од став 1 точка а) на овој член или од такви правни лица, или во кои повеќето од половината членови на управниот или надзорниот одбор се именувани од страна на договорни органи од став 1 точка а) на овој член или од такви правни лица;

Page 4: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

4

в) правни лица основани од еден или повеќе договорни органи од став 1 точки а) и б) на овој член;

г) јавните претпријатија, акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во кои договорните органи од ставот 1 точки а), б) или в) од овој член имаат доминантно директно или индиректно влијание преку сопственост над нив, односно ако поседуваат поголем дел од капиталот на друштвото, имаат мнозинство на гласовите на акционерите или именуваат повеќе од половина од членовите од управниот или надзорниот одбор на претпријатието или друштвото, а кои вршат една или повеќе дејности од Глава IX Дел 1 од овој закон, во случаите кога доделуваат договори за јавни набавки или склучуваат рамковни спогодби со цел вршење на соодветните дејности, и

д) секое правно лице, освен оние од став 1 точки а), б), в) и г) на овој закон кое врши една или повеќе дејности од Глава IX Дел 1 на овој закон, врз основа на посебно или ексклузивно право, во случаите кога доделува договори за јавни набавки или склучува рамковни спогодби со цел вршење на соодветните дејности.

2) Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата) утврдува индикативен список на договорни органи од ставот 1 на овој член.

Дел 4

Примена и исклучоци

Член 5 1) Овој закон се применува на: - доделување на договори за јавни набавки, вклучувајќи ги и секторските

договори; - склучување на рамковни спогодби; - доделување на договори од страна на други субјекти, кога договорот е

директно финансиран или субвенциониран со повеќе од 50% од страна на договорен орган;

- доделување на договори од страна на договорен орган во име и за сметка на друго физичко или правно лице, кога договорот е директно финансиран или субвенциониран со повеќе од 50% од страна на договорниот орган, и

- спроведување на конкурс за избор на идејно решение. 2) Во случаите од ставот 1 алинеја 3 на овој член, договорниот орган е

должен во договорот за финансирање или субвенционирање да воведе обврска за примена на одредбите од овој закон при доделување на договорите за јавни набавки.

Член 6 1) Договорниот орган од областа на одбраната е должен да ги применува

одредбите од овој закон, освен во случаите кога: - тоа може да доведе до откривање на информации, кое е спротивно на

основните безбедносни интереси на земјата, или - со тоа се загрозуваат основните безбедносни интереси на земјата, а кои се

поврзани со производство или трговија со оружје, муниција и воени материјали и системи согласно со закон.

2) За набавките од областа на одбраната, договорниот орган е должен најдоцна до крајот на јануари од тековната година, за своите годишни планови за набавка во тековната година да ја извести Владата.

3) Владата ги определува набавките од ставот 2 на овој член.

Page 5: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

5

Член 7 1) Овој закон не се применува при доделување на договори за јавна

набавка во случај кога: - договорот е класифициран со степен „Државна тајна“ од страна на

надлежен орган согласно со прописите за класифицирани информации, или - за извршување на договорот се потребни посебни безбедносни

мерки и постапки согласно со важечките прописи. 2) За секој договор склучен согласно со ставот 1 на овој член, договорниот

орган е должен да ја извести Владата.

Член 8 Овој закон не се применува при доделување на договори за јавни набавки

на услуги кои: - за предмет имаат купување или изнајмување на земјиште, згради или друг

недвижен имот и права кои произлегуваат од истите, освен при доделувањето на договори за јавна набавка на финансиски услуги поврзани со договорите за купување или изнајмување;

- се однесуваат на купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио и телевизиски куќи, или за термините на радио и телевизиско емитување на програма;

- се однесуваат на услуги за арбитража и посредување; - се финансиски услуги во врска со издавањето, тргувањето или преносот

на хартии од вредност или други финансиски инструменти, брокерските услуги и услугите на Народната банка на Република Македонија;

- се однесуваат на договори за вработување, и - се однесуваат на услуги за развој и истражување, освен во случај кога

резултатите се користат исклучиво за вршењето на функциите и надлежностите на договорните органи, под услов услугата во целост да ја плати договорниот орган.

Член 9 1) Овој закон не се применува на: - договорите за јавна набавка за кои се обезбедени средства од

меѓународни организации (донатори и заемодавачи) или од трети земји, доколку од нивна страна се пропишани посебни услови за доделување на договорите за јавна набавка;

- договорите за јавна набавка кои се доделуваат за потребите на Армијата на Република Македонија упатени во вежбовни активности и обука и во хуманитарни или мировни операции и операции за колективна одбрана надвор од територијата на Република Македонија, согласно со ратификуван меѓународен договор, и

- договорите за јавна набавка на стоки или работи кои се доделуваат врз основа на меѓународен договор склучен помеѓу Република Македонија и една или повеќе држави и кои се наменети за заедничко спроведување или користење на градба од страна на земјите потписнички или услуги наменети за заедничко спроведување или искористување на проекти од страна на земјите потписнички, под услов во меѓународниот договор да е предвидена соодветна постапка за доделување на договорите за јавна набавка.

2) Договорниот орган пред да ги изврши набавките од ставот 1 алинеја 2 на овој член е должен да добие одобрение од Владата.

Page 6: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

6

Член 10 Овој закон не се применува при доделување на договори за јавни набавки

на услуги на друг договорен орган или правни лица формирани од еден или повеќе договорни органи, ако истите имаат ексклузивно право да ги обезбедуваат тие услуги кое е објавено во службено гласило.

Член 11 Овој закон не се применува на набавки чиј вкупен износ месечно не е

поголем од 500 евра во денарска противвредност без данок на додадена вредност (во натамошниот текст: ДДВ).

Глава II

Биро за јавни набавки

Член 12 1) Работите во врска со развојот на системот на јавните набавки, како и

обезбедувањето на рационалност, ефикасност и транспарентност во спроведувањето на јавните набавки ги врши Бирото за јавни набавки, како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии.

Член 13 1) Со работата на Бирото раководи директор кој го претставува Бирото,

организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите и презема мерки во надлежност на Бирото согласно со закон.

2) Директорот го именува и разрешува Владата на предлог на министерот за финансии, за период од четири години.

3) Директорот на Бирото треба да има високо образование од областа на правото или економијата и работно искуство од најмалку пет години.

4) Директорот може да биде разрешен и пред завршувањето на периодот од ставот 2 на овој член доколку не работи согласно со овој закон и други закони, поднесе оставка или покаже незадоволителни резултати во работењето.

Член 14 1) Бирото ги врши следните работи: - иницира предлози за донесување на законски и други акти од областа на

јавните набавки до министерот за финансии; - го следи и анализира спроведувањето на законот и другите прописи за

јавни набавки, функционирањето на системот на јавните набавки и иницира промени за подобрување на системот на јавните набавки;

- дава мислења во врска со одредбите и примената на овој закон; - обезбедува совети и дава помош на договорните органи и економските

оператори; - подготвува модели на стандардна тендерска документација и модели на

стандардни формулари за постапките регулирани со овој закон; - води единствена евиденција на договорите за јавни набавки и истата ја

одржува и ажурира и ја прави достапна до јавноста преку својата веб страница; - прибира, ги обработува и анализира податоците за јавни набавки и

подготвува статистички извештаи; - за констатираните неправилности од добиените известувања веднаш ги

информира договорните органи, а по потреба и надлежните органи;

Page 7: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

7

- утврдува минимални услови за професионалните квалификации за лицата кои вршат стручни работи за јавните набавки;

- организира и врши обука за едукација на службеници и на други стручни лица во врска со јавните набавки;

- управува и оперира со својата веб страница и Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН);

- соработува со меѓународните институции и други странски субјекти за работите поврзани со развојот на системот на јавните набавки;

- остварува меѓународна соработка во врска со системот на јавните набавки и ја планира и ја координира странската техничка помош на полето на јавните набавки;

- поднесува годишен извештај до Владата за неговите активности во функционирањето на системот на јавните набавки;

- дава упатства и изготвува прирачници и коментари на правилата за јавни набавки и издава електронски билтен, и

- врши други работи утврдени со овој закон. 2) Статистичките извештаи од ставот 1 алинеја 7 на овој член содржат

податоци кои се однесуваат на: - број и вредност на склучените договори; - категоризација на договорите по видови на спроведени постапки, по

предмет на договорот и по земјата каде што е седиштето на носителот на набавката, и

- број и вредност на склучените договори и условите предвидени со овој закон кои го оправдуваат изборот на постапката со преговарање со и без претходно објавување на оглас.

3) Бирото соработува со договорните органи од членот 4 на овој закон и со трговските друштва, професионални институции за истражување, здруженија или со експерти за одделни области, во врска со јавните набавки.

Глава III

Видови на договори за јавни набавки

Член 15 Договорот за јавна набавка може да биде: договор за јавна набавка на

стоки, договор за јавна набавка на услуги и договор за јавна набавка на работи.

Член 16 1) Предмет на договорот за јавна набавка на стоки претставува набавка на

една или повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без опција за купување на стоката.

2) Договорот за јавна набавка чиј што основен предмет е набавка на стоки, а кој опфаќа и активности за нивно поставување и вградување е договор за јавна набавка на стоки.

Член 17 1) Предмет на договорот за јавна набавка на услуги претставува

обезбедување на една или повеќе услуги и тоа:

Page 8: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

8

- услуги за одржување и поправка, услуги за патен и воздушен транспорт, услуги за истражување и развој, услуги за истражување на пазарот и истражување на јавното мислење, услуги за чистење на објекти и за управување со имот, осигурителни, банкарски и инвестициски, телекомуникациски, информатички, сметководствени, ревизорски, книговодствени, консултантски, архитектонски, инженерски, рекламни, издавачки, печатарски и санитарни услуги, или

- услуги за железнички и воден транспорт, услуги за привремено вработување, хотелски, угостителски, правни, истражни, образовни, здравствени и социјални, рекреативни, културни, спортски и други услуги кои не се опфатени со ставот 1 алинеја 1 на овој член.

2) При доделувањето на договор за јавна набавка на услугите од ставот 1 алинеја 2 на овој член со проценета вредност над 20.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, се применуваат единствено членовите 33, 34, 35, 36 и 55 од овој закон.

3) При доделувањето на договор за јавна набавка на услугите од ставот 1 алинеја 2 на овој член со проценета вредност до 20.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, се применува членот 103 од овој закон.

4) Услугите од ставот 1 на овој член поблиску ги пропишува Владата. 5) Договорот за јавна набавка чиј што основен предмет е обезбедување на

услуги, а кој опфаќа и некои активности на градење, е договор за јавна набавка на услуги.

Член 18 1) Предмет на договорот за јавна набавка на работи претставува: - изведување на активности на градење или изведување на градба; - проектирање и изведување на активности на градење или проектирање и

изведување на градба, или - реализирање, со какви било средства, на градба која одговара на

барањата утврдени од договорниот орган и која сама по себе исполнува одредена техничка и економска функција.

2) Владата ги пропишува видовите на активности на градење кои се предмет на договорот за јавна набавка на работи.

Член 19 1) Ако предметот на договорот за јавна набавка на услуги се услуги од

членот 17 став 1 алинеи 1 и 2 од овој закон, одредбите од членот 17 став 2 од овој закон се применуваат само доколку проценетата вредност на услугите од членот 17 став 1 алинеја 2 од овој закон е поголема од проценетата вредност на услугите од членот 17 став 1 алинеја 1 од овој закон.

2) Договорниот орган не смее во рамките на истиот договор да комбинира услуги од членот 17 став 1 алинеи 1 и 2 од овој закон, со цел да ги применува одредбите од членот 17 став 2 од овој закон при доделувањето на соодветниот договор за јавна набавка.

Член 20 Доколку предметот на договорот за јавна набавка вклучува набавка на

стоки и услуги, договорот ќе се смета за: - договор за јавна набавка на стоки, доколку проценетата вредност на

стоките е поголема од проценетата вредност на услугите, или - договор за јавна набавка на услуги, доколку проценетата вредност на

услугите е поголема од проценетата вредност на стоките.

Page 9: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

9

Глава IV

Заеднички одредби за постапките за доделување на договор за јавнa набавкa

Дел 1

Општи правила

Член 21

1) Договорниот орган доделува договор за јавнa набавкa со примена на отворена постапка или ограничена постапка.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, договорниот орган може да додели договор за јавна набавка со примена на другите постапки, само во посебните случаи согласно со овој закон.

3) Договорниот орган спроведува конкурс за избор на идејно решение кога набавува план или проект главно во областа на просторното планирање, урбанистичкото планирање, архитектурата и градежништво или обработка на податоци, избран од страна на жири комисија, врз основа на конкурс.

Член 22 1) Договорниот орган може да ги спроведува отворената и ограничената

постапка со користење на електронски средства преку ЕСЈН. 2) Начинот на користење на ЕСЈН го пропишува министерот за финансии.

Член 23

1) Владата може да определи централно тело за набавки кое ќе доделува договори за јавни набавки за одредени стоки, услуги или работи.

2) Договорните органи може да набавуваат стоки, услуги или работи од или преку централното тело за набавки, при што се смета дека спровеле постапка за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон.

Член 24 1) Групна набавка се врши координирано преку еден договорен орган во

име на група на договорни органи кои имаат потреба од ист вид на набавка, по претходно склучен договор за извршување на групна набавка.

2) Договорот за извршување на групна набавка ги дефинира сите права и обврски кои договорните органи ќе ги имаат во однос на економскиот оператор со кој ќе биде склучен договорот за јавна набавка.

Член 25 Договорниот орган е должен да обезбеди заштита на информациите кои

економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост.

Член 26 1) Врз основа на утврдените извори за финансирање, договорниот орган

донесува план за своите вкупни потреби за набавки во тековната година по видови на стоки, услуги и работи според Општиот поимник за јавни набавки, со кој го определува и очекуваниот почеток на постапката, проценетата вредност на договорот и видот на постапката за доделување на договорот.

Page 10: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

10

2) Договорниот орган го донесува планот од ставот 1 на овој член до крајот на јануари од тековната година.

3) По потреба, договорниот орган во текот на годината може да го измени или дополни годишниот план за јавни набавки согласно со планираните и обезбедените средства за јавни набавки.

4) Формата и содржината на годишниот план за јавни набавки ја пропишува министерот за финансии.

Дел 2

Проценување на вредноста на договорот за јавна набавка

Член 27 1) Договорниот орган не смее да врши делење на договор за јавнa набавкa

на повеќе посебни договори со пониска вредност, ниту пак да користи методи за пресметување на проценетата вредност на договорите за добивање на пониска вредност од реалната проценета вредност на договорот, со цел да се избегне одредена постапка утврдена со овој закон.

2) Начинот на проценување на вредноста на договорите за јавни набавки ги пропишува министерот за финансии.

Дел 3

Одлука за јавна набавка

Член 28 1) За потребата од јавна набавка одлучува договорниот орган. 2) Со одлуката се утврдува предметот (видот) и количината на набавката,

износот и изворот на средствата потребни за реализација на договорот, начинот и постапката за доделување на договорот за јавна набавка и се назначуваат претседателот и членовите на комисијата за јавна набавка, нивниот број и нивните заменици (во натамошниот текст: комисија), како и ангажирање на надворешни стручни лица доколку е потребно.

3) Во одлуката се наведуваат и причините и образложението за користење на постапката со преговарање, односно конкурентен дијалог, ако договорниот орган спроведува постапка со преговарање, односно конкурентен дијалог, како и итните причини за намалување на роковите пропишани со овој закон.

Член 29 1) Комисијата, во зависност од постапката за доделување на договорот за

јавна набавка, ги врши следниве работи: - отворање на понудите; - водење на записник; - утврдување на способноста на економските оператори; - утврдување на избрани кандидати; - проверување на техничките понуди поднесени од понудувачите во врска

со условите и барањата од техничките спецификации или од описната документација;

- проверување на финансиските понуди поднесени од понудувачите во врска со цената, соодветни финансиски и други услови утврдени со тендерската документација;

Page 11: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

11

- утврдување на неприфатливи понуди, како и причините заради кои тие понуди се сметаат за неприфатливи;

- утврдување на прифатливи понуди; - предлагање на најповолната понуда; - подготвување на извештај за спроведената постапка; - известување на учесниците во постапката за исходот од соодветната

постапка, и - други работи согласно со овој закон. 2) Одговорното лице кај договорниот орган определува лица или

организациски облик за вршење на работите поврзани со подготовката и спроведувањето на постапките за доделување на договорите за јавни набавки, како и реализацијата на договорите за јавни набавки.

Член 30 1) Надворешните стручни лица и помагаат на комисијата при проверување

и евалуација на техничките, финансиските и други работи поврзани со понудите и немаат право да одлучуваат.

2) Надворешните стручни лица подготвуваат извештај во врска со техничките, финансиските и другите работи со цел да го олесни одлучувањето на комисијата при евалуација на понудите. Извештајот на надворешните стручни лица е дел од извештајот за спроведената постапка.

Член 31 При евалуацијата, комисијата и надворешните стручни лица имаат обврска

да ги чуваат во тајност содржината на понудите и секоја друга информација поднесена од кандидатите или понудувачите.

Дел 4

Правила за изработка на тендерската документација

Член 32 1) Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе

барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.

2) Тендерската документација особено содржи: - општи информации во врска со договорниот орган, особено адреса,

телефонски број, број на факс, електронска пошта, лица за контакт, начини на комуникација итн.;

- упатства во врска со законските рокови и неопходните услови за учество во постапката за доделување на договор;

- доколку се бара, минималните критериуми за утврдување на способност и документација што треба да ја поднесат понудувачите или кандидатите за да го докажат исполнувањето на критериумите за утврдување на способност;

- технички спецификации или, во случај на применување на конкурентен дијалог или постапка на преговарање, описна документација;

- упатства во врска со изработка и поднесување на техничката и финансиската понуда;

Page 12: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

12

- детална и целосна информација во врска со критериумите за доделување на договорот што ќе се применуваат за избор на најповолна понуда согласно со одредбите од Глава VII Дел 3 од овој закон;

- упатства во врска со правната заштита во постапка за доделување на договор за јавна набавка, и

- информации во врска со задолжителните одредби од договорот за јавна набавка.

3) Содржината на тендерската документација поблиску ја пропишува министерот за финансии.

Член 33 1) Со техничките спецификации, доколку е потребно, се дефинираат

следните карактеристики: ниво на квалитет, техничко ниво и ниво на изведба, барања во врска со влијанието врз животната средина и безбедноста при користење, како и димензии, терминологија, симболи, методи на тестирање, пакување, означување и етикетирање, и инструкции за користење на стоката, системи за обезбедување на квалитет, услови и постапки за оцена на сообразност со релевантните стандарди или други слични барања. Во случај на договори за јавна набавка на работи, техничките спецификации можат, исто така, да се однесуваат и на идејно решение и оценување, проверка, инспекција и услови за прием на работите или техниките, постапките и методите на изведување, како и другите услови од технички карактер, што договорниот орган може да ги опише, согласно со закон и со општите или посебните прописи во однос на доставените работи, материјали или други елементи на тие работи.

2) Договорниот орган ги дефинира техничките спецификации: - со упатување, како правило, според следниот редослед: примена на

македонски стандарди кои се во согласност со европските стандарди, европските технички одобренија (европски технички атести), заедничките технички спецификации што се користат во Европската унија, меѓународните стандарди или други технички упатувања воведени од страна на европски органи за стандардизација. Доколку истите не се пропишани, техничките спецификации се дефинираат со упатување кон македонските стандарди, националните технички одобренија или националните технички спецификации кои се однесуваат на користењето на стоките, идејното решение или изведувањето на работите. Секое упатување треба да биде проследено со зборовите „или еквивалентно“;

- во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на договорот кои треба да бидат опишани доволно прецизно за да им се овозможи на понудувачите точно да го разберат предметот на договорот и договорниот орган да изврши избор на најповолна понуда;

- во однос на условите за извршување или функционални карактеристики од алинеја 2 од овој став, со упатување на стандардите, техничките одобрувања, заедничките технички спецификации од алинејата 1 од овој став, како можен начин на исполнување на карактеристиките или барањата за функционалност, или

- со повикување на спецификациите од алинејата 1 од овој став за одредени карактеристики и со повикување на условите за извршување или функционални карактеристики од алинејата 2 од овој став за други карактеристики.

Page 13: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

13

Член 34 1) Во случаите од членот 33 став 2 алинеја 1 од овој закон, договорниот

орган не смее да ја отфрли понудата ако стоките, услугите или работите не се во согласност со спецификациите на кои се однесува договорот, а понудувачот докаже дека понудата ги задоволува на соодветен начин барањата на договорниот орган.

2) Кога договорниот орган ги дефинира техничките спецификации со специфицирање на условите за извршување или функционални карактеристики, не смее да ја отфрли понудата доколку понудувачот докаже дека стоките, услугите или работите обезбедуваат исполнување на условите за извршување или функционални карактеристики, а се во согласност со:

- македонски стандард кој е во согласност со европски стандард; - европско техничко одобрение (европски технички атест); - заедничка техничка спецификација што се користи во Европската унија; - меѓународен стандард, или - други технички референтни системи воспоставени од страна на европски

тела за стандардизација. 3) Соодветен начин за докажување на сообразноста со бараните технички

спецификации може да биде техничката книга на производителот или извештајот за извршеното тестирање или калибрирање издаден од акредитирана лабораторија за тестирање или калибрирање, или акредитирано тело за сертификација на производи и услуги, или акредитирано инспекциско тело, кои ја гарантираат примената на општоприфатените стандарди.

Член 35 1) Условите за извршување или функционални карактеристики од членот 33

став 2 алинеја 2 од овој закон, со кои се дефинирани техничките спецификации можат, исто така, да вклучат и услови во врска со животната средина.

2) Кога договорниот орган наведува услови во врска со животната средина во условите за извршување или функционални карактеристики, може да користи детални спецификации или, доколку е неопходно, делови од истите како што е дефинирано во европските или (мулти) националните „еколошки ознаки“, или во кои било други еколошки ознаки, под следните услови:

- тие спецификации соодветно да ги дефинираат карактеристиките на набавките или услугите што претставуваат предмет на договорот за јавнa набавкa;

- стоките и услугите да ги исполнуваат критериумите за добивање на „еколошки ознаки“ согласно со Законот за животна средина;

- „еколошките ознаки“ да се добиени на начин и во постапка согласно со Законот за животна средина, и

- „еколошките ознаки“ да им се достапни на сите заинтересирани страни. 3) Договорниот орган може да наведе дека стоките и услугите кои имаат

„еколошка ознака“, ќе се сметаат дека целосно одговараат на техничките спецификации во тендерската документација. Договорниот орган нема да смета дека определена понуда не одговара на техничките спецификации само заради тоа што стоките или услугите не се означени со „еколошка ознака“, доколку понудувачот докаже, со кои било соодветни средства, дека стоките или услугите одговараат на бараните технички спецификации. Договорниот орган е должен да ги прифати сертификатите од признати тела востановени во која било земја членка на Европската унија.

Page 14: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

14

4) Соодветен начин за докажување на сообразноста со бараните технички спецификации може да биде техничката книга на производителот или извештајот за извршеното тестирање или калибрирање издаден од акредитирана лабораторија за тестирање или калибрирање, или акредитирано тело за сертификација на производи и услуги, или акредитирано инспекциско тело, кои ја гарантираат примената на општоприфатените стандарди.

Член 36 1) Договорниот орган не смее да дефинира технички спецификации кои

упатуваат на конкретно производство, изведба, определен процес или трговски марки, патенти, видови или специфично потекло на стоки со цел фаворизирање или елиминирање на определени економски оператори или определени стоки.

2) По исклучок на ставот 1 од овој член, таквото упатување е дозволено само во исклучителен случај кога не е можно да се даде доволно прецизен опис на предметот на договорот за сите заинтересирани страни согласно со одредбите од членовите 33 и 34 од овој закон и треба да е придружено со зборовите „или еквивалентно“.

Член 37 1) Договорниот орган ја прави достапна тендерската документација на секој

заинтересиран економски оператор: - со користење на електронски средства заради директен и целосен пристап

до тендерската документација, или - во хартиена форма или на магнетен медиум, за сите економски оператори

кои имаат поднесено барања за тоа, или на оние на кои им е испратена покана за поднесување на понуди.

2) Во случаите од ставот 1 алинеја 2 на овој член, договорниот орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето им ја испраќа тендерската документација на економските оператори кои ја побарале, а доколку во огласот предвидел надомест за нејзиното добивање, тендерската документација им се доставува на економските оператори веднаш по извршената уплата на надоместокот.

3) Надоместокот за добивање на тендерската документација ги опфаќа само трошоците за умножување и/или доставата на тендерската документација.

Член 38 1) Договорниот орган може, во рокот од ставот 3 на овој член, по свое

наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување од економските оператори, да ја измени или дополни тендерската документација.

2) Договорниот орган може соодветно на измените и дополнувањата на тендерската документација да го продолжи крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество.

3) Измените и дополнувањата на тендерската документација, најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество, договорниот орган без надомест ги испраќа до економските оператори кои ја подигнале тендерската документација или, ако истата е објавена со користење на електронски средства заради директен и целосен пристап, ги објавува на ист начин како што ја објавил тендерската документација.

4) Ако договорниот орган оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, должен е да ја поништи и/или да ја повтори постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Page 15: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

15

Член 39 1) Договорниот орган е должен да одговори на сите дополнителни прашања

кои економските оператори можат да ги постават во врска со тендерската документација, под услов прашањата да бидат поднесени најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понуди или пријави за учество.

2) Договорниот орган во најкус можен рок, во писмена форма, одговара на прашањата, а одговорот без надомест, го доставува до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација, при што не смее да го наведе името на економскиот оператор кој побарал појаснување или, ако тендерската документација е објавена со користење на електронски средства заради директен и целосен пристап, одговорот го објавува на ист начин како што ја објавил тендерската документација.

Дел 5

Учество во постапката за доделување на договор за јавна набавка

Член 40 Секој економски оператор има право да учествува, самостојно или како

член на група на економски оператори, во постапка за доделување на договор за јавна набавка.

Член 41 Економските оператори можат да се здружат и да формираат група на

економски оператори со цел заедно да поднесат пријава за учество или групна понуда без да се поврзат во законска правна форма.

Член 42 Договорниот орган може од групата на економски оператори, по

извршениот избор на најповолна понуда, да побара тие да се здружат во соодветна правна форма заради извршување на договорот.

Член 43 Лицата кои учествуваат во изработка на тендерската документација не

смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот, освен ако со нивното учество не се нарушува конкуренцијата.

Член 44 Лицата кои учествуваат и помагаат во евалуацијата на пријавите за учество

или понудите, како и одговорното лице кај договорниот орган, не можат да бидат кандидати, понудувачи, подизведувачи или членови во група на понудувачи во соодветната постапка. Во таков случај, пријавата за учество или понудата на кандидатот или понудувачот се исклучува од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Член 45 1) Договорниот орган во тендерската документација за предметната

набавка од понудувачите може да бара во нивните понуди да го наведат делот од договорот за јавна набавка кој ќе го отстапат за извршување на подизведувачите.

Page 16: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

16

2) Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавната набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

Член 46 1) Кандидатот, односно понудувачот, во рамките на иста постапка за

доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една пријава за учество, односно понуда.

2) Сите пријави за учество, односно понуди ќе бидат отфрлени ако кандидатот, односно понудувачот:

- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна пријава за учество, односно понуда, или

- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна пријава за учество, односно понуда.

3) Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една пријава за учество, односно понуда.

Дел 6

Гаранции

Член 47 1) Договорниот орган може да бара гаранција на понудата во вид на

банкарска гаранција или депонирани средства и тоа задолжително го наведува во тендерската документација.

2) Висината на гаранцијата на понудата не смее да биде поголемa од 3% од вредноста на понудата.

3) Гаранцијата на понудата се доставува заедно со понудата во оригинална форма.

4) Договорниот орган може да ја наплати гаранцијата на понудата ако понудувачот:

- ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност; - не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на

комисијата; - не го потпише договорот за јавна набавка, или - не ја обезбеди гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, ако

договорниот орган ја предвидел во тендерската документација. 5) Гаранцијата на понудата треба да е со важност не помалку од 14 дена по

денот на истекот на важноста на понудата. 6) Во исклучителни случаи, договорниот орган може да побара од

понудувачите продолжување на периодот на важност на гаранцијата на понудата.

7) Гаранцијата на понудата им се враќа на понудувачите кои не се избрани за најповолни во рамките на периодот на нејзината важност.

8) Гаранцијата на понудата на понудувачот чија понуда е избрана за најповолна му се враќа откако ќе го потпише договорот за јавна набавка и ќе достави гаранција за квалитетно извршување, доколку истата се бара.

Член 48 1) Договорниот орган може да бара од понудувачот чија понуда е избрана

за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот во вид на банкарска гаранција и тоа задолжително го наведува во тендерската документација.

Page 17: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

17

2) Висината на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот може да биде од 5% до 15% од вредноста на договорот за јавна набавка.

3) По исклучок од ставот 1 на овој член, гаранција за квалитетно извршување на договорот не се бара кај конкурсот за избор на идејно решение и договорите за јавни набавки на консултантски услуги.

4) Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да е со важност до целосно реализирање на договорот за јавна набавка.

5) Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.

6) Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, носителот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.

Член 49 1) Договорниот орган, согласно со обврските од договорот за јавна набавка,

може да предвиди авансно плаќање. 2) За договорните органи од членот 4 став 1 точки а) и б) од овој закон,

авансот не може да биде поголем од 20% од вредноста на договорот. 3) Договорниот орган пред исплата на авансот од ставот 2 на овој член

задолжително обезбедува банкарска гаранција од носителот на набавката во висина на договорениот аванс.

Член 50

Договорниот орган е должен во тендерската документација да предвиди сите банкарски гаранции пропишани со овој закон да бидат издадени од банки кои се прифатливи за него.

Дел 7

Начин на објавување

Оддел 1

Објавување на огласите и известувањата

Член 51 1) Договорниот орган обезбедува транспарентност при доделувањето на

договорите за јавни набавки, спроведувањето на конкурсите за избор на идејно решение и при склучувањето на рамковни спогодби, со објавување на претходно индикативно известување, оглас за доделување на договор за јавна набавка, известување за склучен договор и/или известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон.

2) Заради прецизно утврдување на предметот на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба, договорниот орган го користи Општиот поимник за јавни набавки, со внесување на соодветната класификација во огласите и известувањата согласно со овој закон.

3) Владата го донесува Општиот поимник за јавни набавки. 4) Формата и содржината на огласите и известувањата од ставот 1 на овој

член ги пропишува министерот за финансии.

Page 18: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

18

Оддел 2

Претходно индикативно известување

Член 52 1) Договорниот орган може да објави претходно индикативно известување,

доколку ги применува одредбите од членот 65 став 2 или членот 75 став 2 од овој закон.

2) Објавувањето на претходно индикативно известување не го обврзува договорниот орган да ја спроведе постапката.

3) Претходното индикативно известување се објавува на веб страницата на Бирото.

Оддел 3

Оглас за доделување на договор за јавна набавка

Член 53 1) Договорниот орган објавува оглас за доделување на договор за јавна

набавка кога: - спроведува отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог

или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас, или - спроведува конкурс за избор на идејно решение.

Член 54

1) Огласот за доделување на договор за јавна набавка за отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог, постапка со преговарање со претходно објавување на оглас и конкурс за избор на идејно решение истовремено се доставува за објавување на веб страницата на Бирото и во „Службен весник на Република Македонија“. Во случај на неистовремено доставување на огласот за објавување, роковите се сметаат од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“.

2) Ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка, без вклучен ДДВ, е над 500.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги, односно 2.000.000 евра во денарска противвредност за работи, огласот за доделување на договор за јавна набавка задолжително се објавува и во Службено гласило на Европската унија или во соодветна деловна публикација или технички или професионален весник кој е достапен на широката меѓународна стручна и друга јавност.

3) Договорниот орган може да го објави огласот за јавна набавка согласно со овој став и ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка е под износите пропишани со овој став.

4) „Службен весник на Република Македонија“ и Бирото се должни да го објават огласот за доделување на договор во рок од пет работни дена од денот на приемот на огласот.

Page 19: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

19

Оддел 4

Известување за склучен договор

Член 55 Договорниот орган задолжително доставува известување за склучен

договор до Бирото заради објавување на веб страницата на Бирото во рок од 30 дена по:

- спроведувањето на отворената постапка, ограничената постапка, конкурентниот дијалог или постапката со преговарање со и без претходно објавување на оглас, со доделување на договор за јавна набавка или склучување на рамковна спогодба;

- спроведувањето на конкурс за избор на идејно решение со прогласување на најдобро рангиран учесник, и

- набавка на услуги од членот 17 став 1 алинеја 2 на овој закон, доколку проценетата вредност, без вклучен ДДВ, е над 20.000 евра во денарска противвредност.

Дел 8

Начин на комуникација

Член 56 1) Секое барање, информација, известување и други документи предвидени

со овој закон се испраќаат во писмена форма. 2) Секој документ се евидентира во моментот на испраќaње, односно, во

моментот на примање.

Член 57 1) Документите се испраќаат на некој од следните начини: - по пошта; - по факс, или - со електронски средства. 2) Договорниот орган во тендерската документација го утврдува начинот на

комуникација кој ќе го користи при спроведување на постапката. 3) Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го

достави по и пошта или со користење на електронско средство во рок од два дена од денот на испраќање на документот по факс.

Член 58 1) Средствата што се применуваат за електронска комуникација, како и

нивните технички карактеристики, не смеат да бидат дискриминирачки, и мораат да бидат достапни до секој економски оператор и да бидат компатибилни со информатичките и комуникациските технологии што се во општа употреба.

2) Ако документите се доставуваат со користење на електронски средства, се применуваат прописите со кои се уредува електронскиот потпис.

Член 59 1) Економскиот оператор ја доставува својата понуда или пријава за

учество по пошта или лично на адресата посочена од договорниот орган, или, ако е предвидена таква можност, со користење на електронски средства.

Page 20: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

20

2) Ако договорниот орган утврдил дека понудите или пријавите за учество се испраќаат по пошта или лично, истите се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, повикување на бројот на огласот, назив на договорниот орган и адреса.

3) Понудата или пријавата за учество се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде заверен и потпишан (секоја страница) од страна на одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице. Со тендерската документација договорниот орган може да предвиди доставување и на одреден број на копии на понудата.

Член 60 1) Договорниот орган може да бара пријавите за учество или понудите да

бидат доставени со користење на електронски средства само кога: - информациите во врска со електронски пренос на податоците, вклучувајќи

ја и енкрипцијата, се достапни на секој заинтересиран економски оператор, и - електронските средства за прием на податоците соодветно обезбедуваат

интегритет и доверливост на добиените документи. 2) Економските оператори можат во хартиена форма да поднесат

сертификати, изјави и друга документација за утврдување на способност пред крајниот рок за поднесување на пријавите за учество или понудите, доколку истите не се достапни во електронска форма.

Член 61 Со електронските средства се обезбедуваат интегритетот и доверливоста на

добиените документи, доколку преку нивните технички карактеристики или преку одредена применета постапка се исполнуваат следните услови:

- прецизно да може да се утврди времето на поднесување на пријавите за учество или понудите;

- никој да нема пристап до поднесените податоци пред истекот на крајниот рок за поднесување;

- лесно да може да се открие прекршувањето на забраната за пристап до поднесените податоци од ставот 1 алинеја 2 на овој член;

- пристапот до поднесените податоци во сите фази на процесот да е возможен единствено по моментот на отворање на податоците согласно со овој закон, и

- по датумот на отворање на поднесените податоци, пристап до нив да имаат само овластени лица.

Дел 9

Спречување на судир на интереси

Член 62 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на

договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

Член 63 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна

набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.

Page 21: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

21

Глава V

Видови на постапки за доделување на договори за јавни набавки

Дел 1

Отворена постапка

Член 64 1) Отворената постапка се спроведува во една фаза. 2) По исклучок од ставот 1 на овој член, договорниот орган може да

спроведе електронска аукција како дополнителна фаза, при што тоа го објавува во огласот за доделување на договор за јавна набавка и во тендерската документација.

Член 65 1) Крајниот рок за поднесување на понудите не смее да биде покус од 52

дена од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото, ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка, без вклучен ДДВ, е над:

- 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и 4.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од членот 4 став 1 точки а), б) и в) на овој закон, или

- 200.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и 4.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од членот 4 став 1 точки г) и д) на овој закон.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, договорниот орган може да го намали крајниот рок за поднесување на понудите најмногу до 36 дена доколку има објавено претходно индикативно известување.

3) Во случај на претходно индикативно известување, намалувањето на рокот согласно со ставот 2 на овој член е дозволено ако ова известување ги содржи сите информации предвидени во огласот за доделување на договор за јавна набавка до степен до кој тие се достапни во времето на објавување на претходното индикативно известување и кога истото е испратено за објавување најмалку 52 дена, а најмногу 12 месеци пред денот на испраќањето на огласот за доделување на договорот за јавна набавка.

4) По исклучок од ставовите 1 и 2 на овој член, ако договорниот орган ја објави целокупната тендерска документација со користење на електронски средства, со директен пристап без ограничување за сите економски оператори, роковите кои произлегуваат од ставовите 1 и 2 од овој член, може да се намалат за пет дена. Тендерската документација се објавува истовремено со испраќањето на огласот за доделување на договорот за јавна набавка.

5) Намалувањето на роковите согласно со ставот 4 на овој член е дозволено само во случај кога во огласот за доделување на договорот за јавна набавка е наведена Интернет адресата на која е достапна тендерската документација.

Член 66 1) Ако проценетата вредност на договорот за јавнa набавкa е под износот

од членот 65 став 1 на овој закон, рокот за поднесување на понудите не смее да биде покус од 26 дена од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото.

Page 22: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

22

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, ако договорниот орган ја објави целокупната тендерска документација со користење на електронски средства, со директен пристап без ограничување за сите економски оператори, рокот од став 1 на овој член, може да се намали за пет дена. Тендерската документација се објавува истовремено со испраќањето на огласот за доделување на договорот за јавна набавка.

3) Намалувањето на рокот согласно со ставот 2 на овој член е дозволено само во случај кога во огласот за доделување на договорот за јавна набавка е наведена Интернет адресата на која е достапна тендерската документација.

Член 67 Секој заинтересиран економски оператор има право да бара и да добие

тендерска документација.

Дел 2

Ограничена постапка

Член 68 1) Ограничената постапка се спроведува во две фази: - прва фаза (фаза на претквалификација), во која договорниот орган врши

избор на кандидати врз основа на критериумите за утврдување на способност, и - втора фаза, во која договорниот орган врши евалуација на понудите кои

се поднесени од избраните кандидати, врз основа на критериумите за доделување на договорот.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, договорниот орган може да спроведе електронска аукција како дополнителна фаза, при што тоа го објавува во огласот за доделување на договор за јавна набавка и во тендерската документација.

Член 69 1) Крајниот рок за поднесување на пријавите за учество не смее да биде

покус од 37 дена од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото, ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка, без вклучен ДДВ, е над:

- 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и 4.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од член 4 став 1 точки а), б) и в) од овој закон, или

- 200.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и 4.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од член 4 став 1 точки г) и д) од овој закон.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, поради итни причини кои бараат извршување на договорот во рокови пократки од утврдените во ставот 1 на овој член, договорниот орган може да ја забрза постапката со намалување на крајниот рок најмногу за 15 дена.

Член 70 Ако проценетата вредност на договорот за јавнa набавкa е под износот од

членот 69 став 1 на овој закон, крајниот рок за поднесување на пријавите за учество не смее да биде покус од 16 дена од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото.

Page 23: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

23

Член 71

1) Секој заинтересиран економски оператор може да поднесе пријава за учество во првата фаза од ограничената постапка.

2) Договорниот орган ги наведува во огласот за доделување на договор за јавна набавка и критериумите за утврдување на способност и правилата што ќе се применуваат, минималниот број на кандидати што има намера да ги избере и, доколку е потребно, максималниот број на кандидати.

3) Минималниот број на кандидати наведен во огласот за доделување на договорот за јавна набавка не смее да биде помал од пет.

Член 72 1) По завршување на првата фаза на ограничената постапка, бројот на

избраните кандидати мора да биде најмалку минималниот број кандидати наведени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, ако бројот на кандидати кои ги исполнуваат критериумите за утврдување на способност е помал од минималниот број наведен во огласот за доделување на договорот за јавна набавка, договорниот орган:

- ја поништува ограничената постапка, или - ја спроведува ограничената постапка само со оние кандидати кои ги

исполниле критериумите за утврдување на способност, доколку нивниот број е доволен за да обезбеди вистинска конкуренција.

Член 73 1) По завршување на првата фаза, комисијата изготвува извештај за

оценување на способноста на кандидатите и листа на квалификувани кандидати. 2) Врз основа на извештајот на комисијата, договорниот орган донесува

одлука за избраните кандидати до кои ќе достави писмена покана за поднесување на понуди.

3) Договорниот орган е должен да ја испрати поканата за поднесување на понуди во втората фаза од ограничената постапка до сите избрани кандидати истовремено.

4) Договорниот орган не смее во втората фаза од ограничената постапка да покани економски оператор кој не поднел пријава за учество во првата фаза или не ги исполнил критериумите за утврдување на способност.

Член 74 1) Поканата за поднесување на понуда во втората фаза особено содржи: - повикување на бројот на огласот; - краен рок за поднесување на понудите; - адреса на која се поднесуваат понудите; - датум и место на отворање на понудите, и - доколку е потребно, дополнителни документи кои економските оператори

мораат да ги поднесат со цел да ги потврдат изјавите или да ги дополнат документите поднесени во првата фаза со кои ја докажуваат својата способност.

2) Договорниот орган ја испраќа поканата за поднесување на понуди во втората фаза од ограничената постапка заедно со тендерската документација.

3) Доколку тендерската документација е достапна преку користење на електронски средства, во поканата за поднесување на понуди во втората фаза се наведува и начинот за пристап до документацијата.

Page 24: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

24

Член 75 1) Ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка е над износот од

членот 69 став 1 на овој закон, крајниот рок за поднесување на понудите во втората фаза од ограничената постапка не смее да е покус од 40 дена.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, договорниот орган може да го намали крајниот рок за поднесување на понудите најмногу до 36 дена доколку има објавено претходно индикативно известување.

3) Во случај на претходно индикативно известување, намалувањето на крајниот рок согласно со ставот 2 на овој член е дозволено ако известувањето ги содржи сите информации предвидени во огласот за доделување на договор за јавна набавка до степен до кој тие се достапни во времето на објавување на претходното индикативно известување и кога истото е испратено за објавување најмалку 52 дена, а најмногу 12 месеци пред денот на испраќањето на огласот за доделување на договорот за јавна набавка.

4) По исклучок од ставовите 1 и 2 на овој член, ако договорниот орган ја објави целокупната тендерска документација со користење на електронски средства, со директен пристап без ограничување за сите избрани кандидати, роковите кои произлегуваат од ставовите 1 и 2 на овој член, може да се намалат за пет дена. Тендерската документација се објавува истовремено со испраќањето на поканата за поднесување на понуди.

5) Намалувањето на роковите согласно со ставот 4 на овој член е дозволено само во случај кога во поканата за поднесување на понудите е наведена интернет адресата на која е достапна тендерската документација.

Член 76 1) Ако проценетата вредност на договорот за јавнa набавкa е под износот

од членот 69 став 1 од овој закон, крајниот рок за поднесување на понудите во втората фаза од ограничената постапка не смее да биде покус од 22 дена од денот на испраќањето на поканата за поднесување на понуди.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, ако договорниот орган ја објави целокупната тендерска документација со користење на електронски средства, со директен пристап без ограничување за сите избрани кандидати, крајниот рок кој произлегува од ставот 1 на овој член, може да се намали за пет дена. Тендерската документација се објавува истовремено со испраќањето на поканата за поднесување на понуди.

3) Намалувањето на рокот согласно со ставот 2 на овој член е дозволено само во случај кога во поканата за поднесување на понудите е наведена интернет адресата на која е достапна тендерската документација.

Дел 3

Конкурентен дијалог

Член 77 Договорниот орган може да спроведе постапка на конкурентен дијалог за

доделување на договор за јавна набавка доколку: - предметниот договор за јавна набавка е особено сложен, и - спроведувањето на отворена или ограничена постапка нема да овозможи

доделување на договорот за јавна набавка.

Page 25: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

25

Член 78 Особено сложен договор за јавна набавка во смисла на членот 77 став 1

алинеја 1 од овој закон, се смета договорот каде договорниот орган објективно не е во можност да:

- ги дефинира техничките спецификации и техничките средства кои можат да ги задоволат неговите потреби, или

- ја утврди правната или финансиската рамка за извршување на договорот.

Член 79 Конкурентниот дијалог се спроведува во три фази: - фаза на претквалификација на кандидати; - фаза на дијалог со избраните кандидати по спроведената фаза на

претквалификација, за да се идентификува решение што одговара на потребите на договорниот орган и врз основа на кое кандидатите ги поднесуваат своите понуди, и

- фаза на поднесување на понудите.

Член 80 Крајниот рок за поднесување на пријавите за учество не смее да биде покус

од 37 дена од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото, ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка, без вклучен ДДВ, е над 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и 4.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од членот 4 став 1 точки а), б) и в) од овој закон.

Член 81 Ако проценетата вредност на договорот за јавнa набавкa е под износот од

членот 80 од овој закон, рокот за поднесување на пријавите за учество не смее да биде покус од 30 дена од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото.

Член 82 1) Секој заинтересиран економски оператор може да поднесе пријава за

учество во конкурентниот дијалог. 2) При изборот на кандидатите, договорниот орган е должен да ја утврди

нивната способност врз основа на објективни и недискриминаторски критериуми. 3) Договорниот орган ги наведува во огласот за доделување на договор за

јавна набавка и критериумите за утврдување на способност и правилата што ќе се применуваат, минималниот број на кандидати што има намера да ги избере и, доколку е потребно, максималниот број на кандидати.

4) Минималниот број на кандидати наведен во огласот за доделување на договорот за јавна набавка не смее да биде помал од три.

Член 83 1) По завршување на фазата на претквалификација, бројот на избраните

кандидати мора да биде најмалку минималниот број кандидати наведени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, ако бројот на кандидати кои ги исполнуваат критериумите за утврдување на способност е помал од минималниот број наведен во огласот за доделување на договорот за јавна набавка, договорниот орган:

Page 26: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

26

- го поништува конкурентниот дијалог, или - го спроведува конкурентниот дијалог само со оние кандидати кои ги

исполниле критериумите за утврдување на способност, доколку нивниот број е доволен за да обезбеди вистинска конкуренција.

Член 84 1) По завршување на првата фаза, комисијата изготвува извештај за

оценување на способноста на кандидатите и листа на квалификувани кандидати. 2) Врз основа на извештајот на комисијата, договорниот орган донесува

одлука за избраните кандидати до кој ќе достави писмена покана за учество во фазата на дијалог.

3) Договорниот орган е должен да ја испрати поканата за учество во фазата на дијалог до сите избрани кандидати истовремено.

4) Договорниот орган не смее во фазата на дијалог да покани економски оператор кој не поднел пријава за учество во фазата на претквалификација или не ги исполнил критериумите за утврдување на способност.

Член 85 1) Поканата за учество во фазата на дијалог особено содржи: - повикување на бројот на огласот; - датум и место на одржување на дијалогот, и - доколку е потребно, дополнителни документи кои економските оператори

мораат да ги поднесат со цел да ги потврдат изјавите или да ги дополнат документите поднесени во фазата на претквалификација со кои ја докажуваат својата способност.

2) Договорниот орган ја испраќа поканата за учество во фазата на дијалог заедно со тендерската документација која ја содржи и описна документација.

3) Доколку тендерската документација е достапна преку веб страницата на договорниот орган, во поканата за учество во фазата на дијалог се наведува начинот за пристап до документацијата.

Член 86 1) Договорниот орган во описната документација особено вклучува опис на

потребите, целите и ограничувањата врз основа на кои ќе се спроведува дијалогот чија цел е да се идентификува соодветно решение, како и, ако е предвидено, надоместоците кои ќе им бидат доделени на учесниците во дијалогот.

2) Договорниот орган може во тендерската документација да предвиди постапката да се одвива во последователни фази со цел да се намали бројот на можни решенија. Последователното намалување на решенијата се врши со примена на критериумите за доделување на договорот предвидени во тендерската документација.

Член 87 1) Договорниот орган пристапува кон дијалог со секој избран кандидат

посебно. Во дијалогот се разговара за варијантите што се однесуваат на техничките и финансиските аранжмани, методите за решавање на прашањата поврзани со правната рамка и за сите други елементи на идниот договор, за да се изнајдат решенијата кои одговараат на потребите на договорниот орган. За секој состанок договорниот орган води записник за прашањата што биле предмет на дијалог. Записникот го потпишува и избраниот кандидат со кој е воден дијалогот.

Page 27: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

27

2) За време на дијалогот, договорниот орган обезбедува еднаков третман на сите кандидати. Договорниот орган не смее да обезбедува информации на дискриминирачки начин, кој може да создаде дополнителна предност за некој од избраните кандидати.

3) Договорниот орган не смее да им ги открива на другите избрани кандидати предложените решенија или други доверливи информации што ги дал кандидатот во текот на дијалогот, без негова согласност.

4) Договорниот орган го спроведува дијалогот се додека не го идентификува соодветното решение.

5) Откако утврдил дека фазата на дијалог е завршена и за тоа ги информирал избраните кандидати, договорниот орган ги поканува во разумен рок да поднесат понуда врз основа на решението избрано во фазата на дијалогот.

6) Договорниот орган ја испраќа поканата за поднесување на понуди заедно со тендерска документација која треба да ги содржи сите неопходни елементи со кои се опишува начинот на извршување на договорот за јавна набавка.

7) Крајниот рок за поднесување на понудите не смее да е пократок од минималниот рок утврден во фазата на дијалог, а со согласност на избраните кандидати.

Член 88 Поканата за поднесување на понуди особено содржи: - повикување на бројот на огласот; - краен рок за поднесување на понудите; - адреса на која се поднесуваат понудите, и - датум на отворање на понудите.

Дел 4

Постапка со преговарање со претходно објавување на оглас

Член 89

1) Договорниот орган спроведува постапка со преговарање со претходно објавување на оглас:

- ако не е пристигната ниту една прифатлива понуда во отворена постапка, ограничена постапка или во конкурентен дијалог, а при што е поништена претходната постапка без битно да се променат почетните услови во тендерската документација;

- во исклучителни случаи кога природата на работите, стоките или услугите или ризиците кои произлегуваат од тоа не дозволуваат претходно одредување на вредноста на договорот;

- за услуги, ако природата на услугата е таква што техничките спецификации не можат да се утврдат доволно прецизно да овозможат склучување на договор со избирање на најповолна понуда согласно со правилата на отворената или ограничената постапка, и

- за работи кои се изведуваат исклучиво за потребите на истражување, тестирање или развој, а не со цел стекнување на корист или поврат на трошоците направени за истражувањето и развојот.

Page 28: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

28

2) Во случаите од ставот 1 алинеја 1 на овој член, договорниот орган не е должен да објави оглас доколку во постапката со преговарање ги повика сите економски оператори кои во отворената постапка, ограничената постапка или конкурентниот дијалог ја докажале својата способност и кои доставиле понуди согласно со барањата на соодветната постапка. Во таков случај договорниот орган не може да повика понудувачи или кандидати кои не учествувале во претходната постапка.

3) Во извештајот од спроведената постапка, комисијата дава детално образложение за причините за спроведување на постапката со преговарање со претходно објавување на оглас, како и за начинот на спроведување на постапката.

Член 90 1) Крајниот рок за поднесување на пријавите за учество не смее да биде

покус од 37 дена од денот на испраќањето на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото, ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка, без вклучен ДДВ, е над:

- 130.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и 4.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од членот 4 став 1 точки а), б) и в) од овој закон, или

- 200.000 евра во денарска противвредност за стоки и услуги и 4.000.000 евра во денарска противвредност за работи кај договорните органи од членот 4 став 1 точки г) и д) од овој закон.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, поради итни причини кои бараат извршување на договорот во рокови пократки од утврдените во ставот 1 на овој член, договорниот орган може да ја забрза постапката со намалување на крајниот рок најмногу за 15 дена.

Член 91 Ако проценетата вредност на договорот за јавнa набавкa е под износот од

членот 90 став 1 од овој закон, крајниот рок за поднесување на пријавите за учество не може да биде покус од 12 дена од датумот на испраќање на огласот за доделување на договор за јавна набавка во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото.

Член 92 Секој заинтересиран економски оператор има право да поднесе пријава за

учество во постапката со преговарање со претходно објавување на оглас, освен во случаите од членот 89 став 2 од овој закон.

Член 93 1) Пред започнување на преговорите, договорниот орган избира одреден

број на кандидати кои ќе учествуваат во преговорите, исклучиво врз основа на критериумите за утврдување на способност.

2) По извршената оценка на способноста, комисијата изготвува извештај за оценување на способноста на кандидатите и листа на квалификувани кандидати.

3) Врз основа на извештајот на комисијата, договорниот орган донесува одлука за избраните кандидати до кој ќе достави писмена покана за поднесување на првична понуда.

Page 29: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

29

4) Договорниот орган во огласот за доделување на договор за јавна набавка ги наведува и критериумите за утврдување способност и правилата што ќе се применуваат, минималниот број на кандидати што има намера да ги избере и доколку е потребно, максималниот број на кандидати.

5) Минималниот број на кандидати наведен во огласот за доделување на договорот за јавна набавка не смее да е помал од три.

Член 94 1) Бројот на избраните кандидати мора да биде најмалку минималниот број

наведен во огласот за доделување на договорот за јавна набавка. 2) По исклучок од ставот 1 на овој член, ако бројот на кандидати кои ги

исполнуваат критериумите за утврдување на способност е помал од минималниот број наведен во огласот за доделување на договорот за јавна набавка, договорниот орган може да:

- ја поништи постапката со преговарање со претходно објавување на оглас, или

- ја спроведе постапката со преговарање со претходно објавување на оглас само со оние кандидати кои ги исполниле критериумите за утврдување на способност, доколку нивниот број е доволен за да обезбеди вистинска конкуренција.

Член 95 1) Договорниот орган е должен да ја испрати поканата за поднесување на

првична понуда до сите избрани кандидати истовремено. 2) Договорниот орган не смее во фазата на преговарање да покани

економски оператор да поднесе првична понуда, ако истиот не поднел пријава за учество или не ги исполнил критериумите за утврдување на способност.

Член 96 1) Поканата за поднесување на првична понуда особено содржи: - повикување на бројот на огласот; - датум и место на одржување на преговорите; - краен рок за поднесување на првичните понуди; - доколку е потребно, дополнителни документи кои економските оператори

мораат да ги поднесат со цел да ги потврдат изјавите или да ги дополнат документите поднесени во фазата на претквалификација со кои ја докажуваат својата способност, и

- критериумите за доделување на договорот согласно со одредбите од Глава VII, Дел 3 на овој закон.

2) Договорниот орган ја испраќа поканата за поднесување на првична понуда заедно со тендерската документација која ја содржи и описната документација.

3) Описната документација, која е дел од тендерската документација, содржи опис на потребите, целите и ограничувањата на договорниот орган, врз основа на која се започнува со постапката со преговарање со претходно објавување на оглас.

Page 30: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

30

Член 97 1) Договорниот орган пристапува кон преговори со секој избран кандидат

посебно. Во текот на преговорите се утврдуваат сите технички, финансиски и правни аспекти на договорот. За секој состанок договорниот орган води записник за прашањата што биле предмет на преговарање и за кои е постигната согласност. Записникот го потпишува и избраниот кандидат со кој се водени преговорите.

2) Секој избран кандидат во преговорите ја презентира првичната понуда што ќе претставува почетна основа на преговорите, според потребите, целите и ограничувањата на договорниот орган согласно со описната документација.

3) Во текот на преговорите, договорниот орган обезбедува еднаков третман на сите избрани кандидати. Договорниот орган не смее да обезбедува информации на дискриминирачки начин, кој може да создаде дополнителна предност за некој од избраните кандидати.

4) Договорниот орган не смее да ги открива на другите избрани кандидати предложените решенија или други доверливи информации што ги дал кандидатот во текот на преговорите, без негова согласност.

Член 98 1) Договорниот орган може во тендерската документација да предвиди

постапката да се одвива во последователни фази со цел да се намали бројот на првични понуди за кои треба да се преговара. Намалувањето на бројот на првични понуди се врши врз основа на претходно утврдените критериуми за доделување на договорот за јавна набавка.

2) Договорниот орган ги води преговорите додека не утврди најповолна техничка и економска понуда врз основа на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка. Преговорите се одвиваат се додека секој избран кандидат не изјави дека неговата претходна понуда не може повеќе да ја подобри.

3) Договорниот орган бара од кандидатот кој понудил најповолни услови во текот на преговорите, да го потврди резултатот од преговорите со поднесување на конечна понуда.

4) Понудувачот во конечната понуда не смее да ги менува условите кои се договорени во текот на преговорите.

Дел 5

Постапка со преговарање без претходно објавување на оглас

Член 99 1) Договорниот орган спроведува постапка со преговарање без претходно

објавување на оглас во следниве случаи: 1. За набавка на стоки, работи и услуги кога: - не е поднесена ниту една понуда во отворена постапка или не е поднесена

ниту една пријава за учество во првата фаза на ограничена постапка под услов да не се сменети првичните услови на договорот;

- од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права (патенти и сл.), договорот може да го изврши само одреден економски оператор, и

Page 31: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

31

- од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас.

2. За набавка на стоки: - произведени исклучиво за истражување, експериментирање, проучување

или развој, но не за стоки во сериско производство со кое би се остварила добивка или поврат на трошоците на развојот или истражувањето;

- кога договорниот орган мора да набави дополнителни испораки од првобитниот носител на набавка заради делумна замена на вообичаените стоки или инсталации или проширување на постојните стоки или инсталации, при што промената на понудувачот би го обврзала договорниот орган да купи материјал кој има поинакви технички карактеристики што би резултирало со некомпатибилност или несразмерни технички тешкотии во функционирањето и одржувањето. Должината на дополнителните набавки не смее да надмине три години од склучувањето на основниот договор, а нивната вредност не смее да надмине 30% од вредноста на основниот договор, и

- кои се набавуваат по посебно поволни услови, од понудувач кој ги затвора своите деловни активности (ликвидација или стечај), од стечаен управник или ликвидатор, по претходен договор со доверителите.

3. За набавка на услуги, кога предметниот договор следува по спроведување на конкурс за избор на идејно решение и се доделува на најдобро рангираниот учесник или на еден од најдобро рангираните учесници. Ако договорот се доделува на еден од најдобро рангираните учесници, договорниот орган ги поканува сите нив да учествуваат во преговорите.

4. За набавка на дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов договорот да му се додели на изведувачот на работите или давателот на услугите од основниот договор кога:

- таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган, или

- таквите работи или услуги, иако можат да се одделат од извршувањето на основниот договор, се неопходни за неговото завршување.

2) Вкупната вредност на дополнителните работи или услуги од ставот 1 точка 4 на овој член не смее да надмине 30% од вредноста на основниот договор а должината на дополнителните работи или услуги не смее да надмине три години од склучувањето на основниот договор.

3) Договорниот орган може да спроведе постапка со преговарање без објавување на оглас ако во постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас не добие ниту една понуда.

4) Во извештајот од спроведената постапка, комисијата дава детално образложение за причините за спроведување на постапката со преговарање без претходно објавување на оглас, како и за начинот на спроведување на постапката.

Дел 6

Постапка со барање за прибирање на понуди

Page 32: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

32

Член 100 1) Договорниот орган спроведува постапка со барање за прибирање на

понуди: - без објавување на оглас, кога проценетата вредност на договорот за јавна

набавка, без вклучен ДДВ, е до 5.000 евра во денарска противвредност, или - со објавување на оглас, кога проценетата вредност на договорот за јавна

набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ.

2) При спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, соодветно се применуваат одредбите од овој закон, освен ако не е поинаку уредено во овој дел.

3) Во случаите од ставот 1 алинеја 1 на овој член, договорниот орган истовремено доставува барање за прибирање на понуди до најмалку три економски оператори.

4) Во случаите од ставот 1 алинеја 2 на овој член, договорниот орган доставува оглас за постапката со барање за прибирање на понуди заради објавување на веб страницата на Бирото, за што плаќа надомест во износ од 15 евра во денарска противвредност, кој ќе се користи за одржување на ЕСЈН.

5) Крајниот рок за поднесување на понудите кај постапката со барање за прибирање на понуди не смее да е покус од 14 дена од денот на објавувањето на огласот на веб страницата на Бирото, односно 8 дена од денот на испраќање на барањето до економските оператори.

Член 101 1) Во постапката со барање за прибирање на понуди, договорниот орган

изготвува поедноставена тендерска документација, која задолжително содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување на понудите, и за истата не наплаќа надомест.

2) Ако поедноставената тендерска документација е директно достапна преку електронски средства, договорниот орган во огласот вклучува информации во однос на начинот за пристап до документацијата.

Член 102 1) Во постапката со барање за прибирање на понуди без објавување на

оглас не се спроведува јавно отворање на понудите. 2) Договорниот орган во постапката со барање за прибирање на понуди без

објавување на оглас ја утврдува единствено способноста за вршење професионална дејност на економските оператори.

3) Во постапката со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас се спроведува јавно отворање на понудите, при што соодветно се применуваат одредбите од Глава VII, Дел 1, оддели 2, 3 и 4 на овој закон.

4) Во постапката со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, економските оператори својата способност ја потврдуваат со поднесување на изјава.

5) Економскиот оператор чија понуда е избрана за најповолна е должен до договорниот орган да ги достави документите за потврдување на неговата способност, дефинирани во поедноставената тендерска документација.

6) Документите за утврдување на способноста не смеат да бидат постари од шест месеци на денот на јавното отворање на понудите.

Page 33: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

33

7) Ако економскиот оператор не ги достави документите од ставот 5 на овој член во рок од пет дена од денот на прием на известувањето, или истите се невалидни или несоодветни за утврдување на способноста, договорниот орган го поканува наредниот рангиран економски оператор или ја поништува постапката.

8) Во постапката со барање за прибирање на понуди не се дозволени алтернативни понуди.

9) Во постапката со барање за прибирање на понуди не се спроведуваат електронски аукции.

10) Постапката со барање за прибирање на понуди не може да се спроведе преку централно тело за набавки.

Член 103 1) Договорниот орган е должен да води евиденција на постапките со

барање за прибирање на понуди. 2) Договорниот орган доставува примерок во електронска форма од

евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди до Бирото најдоцна до 31 јули и до 31 јануари за договори за јавни набавки склучени во претходните 6 месеци.

Член 104 Формата и содржината на огласот, известувањето за поништување на

постапката и образецот на евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди ги пропишува министерот за финансии.

Дел 7

Конкурс за избор на идејно решение

Член 105 Договорниот орган спроведува конкурс за избор на идејно решение

согласно со членот 21 став 3 од овој закон, како посебна постапка со доделување награди, или како дел од постапката за доделување на договор за јавна набавка на услуги.

Член 106 Договорниот орган во документацијата за конкурсот ги наведува сите

информации, услови, правила или критериуми со цел на потенцијалните учесници да им обезбеди точни и целосни информации за изборот на идејното решение.

Член 107 Документацијата за конкурсот особено содржи: - податоци за договорниот орган; - упатства во врска со рокот и условите што треба да се исполнат за учество

на конкурсот; - минимални услови за утврдување на способност што ги утврдил

договорниот орган, како и документи што треба да ги достават учесниците за да го докажат исполнувањето на условите, доколку конкурсот е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги;

- сите услови кои им се неопходни на учесниците за изготвување и претставување на своите планови и проекти;

Page 34: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

34

- износ на наградите што се доделуваат, ако конкурсот за избор на идејно решение се спроведува како посебна постапка;

- обврска договорниот орган да склучи договор за јавна набавка на услуги со најдобро рангираниот учесник или со еден од најдобро рангираните учесници, кога конкурсот се спроведува како дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги, и

- целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот проект или проекти.

Член 108 1) Крајниот рок за поднесување на плановите или проектите не смее да е

покус од 52 дена од датумот на испраќање на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото.

2) Содржината на поднесените планови и проекти е доверлива до истекот на крајниот рок за нивно поднесување.

Член 109 Ако договорниот орган бара од економските оператори плановите или

проектите да ги испратат со користење на електронски средства, соодветно се применуваат членовите 60 и 61 од овој закон.

Член 110 1) Ако конкурсот е дел од постапка за доделување на договор за јавна

набавка на услуги, договорниот орган во рамки на документацијата за конкурсот, може да бара исполнување на минимални услови со кои учесниците треба да ја докажат својата способност за извршување на договорот.

2) Бројот на избрани учесници мора да биде доволен за да се обезбеди вистинска конкуренција.

Член 111 1) Оценувањето на плановите или проектите поднесени на конкурсот за

избор на идејно решение го врши жири комисија избрана од договорниот орган. Жири комисијата е составена од најмалку 3 членови кои се независни од учесниците и се лица со соодветни професионални квалификации и искуство во таа област.

2) Ако од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација, најмалку третина од членовите на жири комисијата мора да имаат исти или соодветни стручни квалификации како учесниците.

Член 112 1) Анонимноста на учесниците мора да се запази пред жири комисијата сè

додека таа не донесе мислење или одлука. 2) Жири комисијата е самостојна во донесувањето на своите одлуки.

Член 113

1) Жири комисијата ги оценува поднесените планови и проекти врз основа на критериумите за оценување наведени во огласот.

2) Жири комисијата поднесува извештај до договорниот орган и до учесниците потпишан од сите нејзини членови, во кој е претставено рангирањето на плановите или проектите врз основа на нивната квалитативна оценка и конкретните забелешки, како и доколку е потребно, листа на прашања што треба да се разјаснат.

Page 35: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

35

Член 114 1) Жири комисијата може да ги повика учесниците на конкурсот да

одговорат на прашањата од членот 113 став 2 од овој закон, заради разјаснување на сите аспекти што се однесуваат на предложениот план или проект.

2) Жири комисијата води записник од дискусиите што се воделе согласно со одредбите од ставот 1 на овој член.

Глава VI

Посебни начини за доделување на договор за јавнa набавкa

Дел 1

Рамковна спогодба

Член 115 1) Договорниот орган склучува рамковна спогодба со спроведување на

отворена или ограничена постапка. 2) По исклучок од ставот 1 на овој член, договорниот орган може да склучи

рамковна спогодба со спроведување и на другите постапки само во посебните случаи согласно со овој закон.

3) Договорниот орган не смее да ги користи рамковните спогодби со цел да се попречи, ограничи или наруши конкуренцијата.

Член 116 1) Договорниот орган може да склучи рамковна спогодба за времетраење

кое е соодветно на природата на предметот на набавка, но не подолго од три години.

2) Договорите за јавни набавки доделени врз основа на рамковна спогодба се склучуваат меѓу договорниот орган и економскиот оператор кој е страна во соодветната спогодба.

3) Договорниот орган не смее да доделува договори за јавни набавки чиј предмет е набавка на услуга, стока или работа која не е предвидена во рамковната спогодба.

4) Договорниот орган пропишува минимални критериуми за утврдување на способност на кандидатите или понудувачите врз основа на проценетата вредност на најголемиот договор за јавна набавка што треба да се додели за времетраење на рамковната спогодба.

Член 117 1) Ако договорниот орган склучува рамковна спогодба со еден економски

оператор, спогодбата особено ги содржи: - обврските што ги презема економскиот оператор според техничката

понуда; - единечната цена што економскиот оператор ја предвидел во финансиската

понуда, врз основа на која се пресметува цената на секој договор за јавна набавка кој се доделува врз основа на спогодбата, и

- доколку е потребно, посебни услови и формули за утврдување на разлики во цена.

Page 36: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

36

2) Договорниот орган доделува договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба со исполнување на техничките и финансиските услови, како и максималните количини предвидени во рамковната спогодба.

3) При доделување на договор за јавнa набавкa врз основа на рамковна спогодба, договорниот орган писмено го известува економскиот оператор.

Член 118 1) Ако договорниот орган склучува рамковна спогодба со повеќе економски

оператори, нивниот број не смее да е помал од три. 2) По исклучок од ставот 1 на овој член, бројот на економските оператори

може да е помал доколку нема доволен број на економски оператори кои ги исполниле критериумите за утврдување на способност и истите доставиле прифатливи понуди.

Член 119 1) Кога договорниот орган склучува рамковна спогодба со повеќе

економски оператори, спогодбата особено содржи: - обврски што ги презема секој економски оператор според техничката

понуда; - единечна цена што секој економски оператор ја предвидел во

финансиската понуда; - доколку е потребно, посебни услови и формули за утврдување на разлики

во цена, и - други елементи кои договорниот орган ги смета за потребни. 2) Договорниот орган доделува договори за јавни набавки врз основа на

рамковна спогодба склучена со повеќе економски оператори: - без повторно прибирање на понуди, или - со повторно прибирање на понуди од сите економски оператори кои се

страна во рамковната спогодба. 3) Во случаите од ставот 2 алинеја 2 на овој член, рамковната спогодба

содржи и услови: - што остануваат непроменети за времетраењето на спогодбата, и - што ќе бидат предмет на повторното прибирање на понуди. 4) Договорниот орган може да додели договор за јавна набавка согласно со

ставот 2, алинеја 1 на овој член, само ако сите услови кои го уредуваат доделувањето на договорот се утврдени во рамковната спогодба.

5) Договорниот орган може да додели договор за јавна набавка согласно со ставот 2, алинеја 2 на овој член, во случаи каде што сите услови за доделување на договор за јавна набавка не се утврдени во рамковната спогодба, со повторно поднесување на понуди при што понудувачите повторно конкурираат врз основа на истите и доколку е потребно со попрецизно формулирани услови утврдени во рамковната спогодба.

Член 120 1) При доделување на договор за јавна набавка врз основа на членот 119

став 2, алинеја 2 од овој закон, договорниот орган повторно прибира понуди според следната постапка:

- за секој договор за јавна набавка, договорниот орган доставува писмено барање за прибирање на понуди до сите понудувачи кои се страна во рамковната спогодба;

Page 37: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

37

- договорниот орган определува примерен рок кој ќе овозможи да се поднесат понуди за секој договор за јавна набавка водејќи сметка за сложеноста на предметот на договорот и времето потребно да се подготват и да се поднесат понудите;

- понудите се доставуваат во писмена форма и договорниот орган ги отвора во утврдениот рок. Содржината на понудите останува доверлива се додека договорниот орган не ги извести понудувачите за извршениот избор, и

- договорниот орган го доделува секој договор за јавна набавка на понудувачот кој ја поднел најдобрата понуда врз основа на критериумите за доделување на договорот утврдени во рамковната спогодба.

2) Поканата за повторно прибирање на понуди особено содржи: - информации за количините и посебните услови што го сочинуваат

предметот на договорот што треба да се додели; - информации за елементите што ќе бидат предмет на повторно прибирање

на понуди, како и критериумите за доделување на договорот што ќе се применуваат за избор на економски оператор на кој ќе му се додели договорот, и

- информации за крајниот рок за поднесување на понудите и начинот на нивно поднесување.

Дел 2

Електронска аукција

Член 121 1) Договорниот орган може да користи електронска аукција: - како последна фаза во отворена постапка, ограничена постапка или во

постапка со преговарање со претходно објавување на оглас во случаите од членот 89 став 1 алинеја 1 од овој закон, пред доделувањето на договорот за јавна набавка и само ако техничките спецификации се прецизно дефинирани, или

- при повторно прибирање на понуди од економските оператори кои се страна во рамковната спогодба согласно со членовите 119, став 5 и 120 од овој закон.

2) Договорниот орган го наведува користењето на електронска аукција во огласот за доделување на договор за јавна набавка и во тендерската документација.

Член 122 Договорниот орган не смее да користи електронска аукција со цел да ја

попречи, ограничи или наруши конкуренцијата или да го измени предметот на договорот за јавна набавка утврден во огласот за доделување на договор за јавна набавка и во тендерската документација.

Член 123 Електронска аукција не се користи за доделување на договор за јавна

набавка на услуги и работи кои вклучуваат интелектуални услуги, проектирање и слични услуги.

Член 124 Ако договорниот орган користи електронска аукција, должен е во

тендерската документација да ги вклучи:

Page 38: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

38

- делот на понудата кој ќе биде предмет на електронска аукција, под услов истиот да може да се определи и изрази во бројки или проценти;

- ограничувањата на вредноста до кои може да се подобрува делот од ставот 1 алинеја 1 на овој член, во согласност со техничките спецификации на предметот на договорот;

- информациите кои ќе им бидат достапни на понудувачите во текот на електронската аукција и кога овие информации ќе им бидат достапни;

- соодветни информации за спроведувањето на електронска аукција, и - условите под кои понудувачите ќе можат да наддаваат, а особено

минималните разлики кои се дозволени во процесот на негативно наддавање, доколку е потребно.

Член 125 1) Пред да започне со електронска аукција, договорниот орган врши

целосна евалуација на способноста и на првичните понуди на понудувачите согласно со условите и критериумите од тендерската документација.

2) Договорниот орган ги поканува сите понудувачи кои поднеле прифатливи понуди да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција. Поканата истовремено се доставува до сите понудувачи по електронски пат.

3) Во поканата се наведува датумот и времето на започнување на аукцијата, начинот на спроведување на аукцијата, како и сите потребни информации за поврзување со електронските средства што се користат.

4) Ако критериумот за доделување на договорот е економски најповолна понуда, во поканата се наведува и исходот од целосната евалуација на соодветната првична понуда на понудувачот до кој се испраќа поканата.

5) Електронското негативно наддавање може да започне најрано два дена од датумот на кој се испратени поканите за учество на електронската аукција.

Член 126 1) Предмет на електронската аукција може да биде: - само цената, кога критериум за доделување на договорот е само

најниската цена, или - цената или новите вредности на делот од понудата кој е предмет на

електронска аукција наведен во тендерската документација, ако критериум за доделување на договорот е економски најповолната понуда.

2) Електронската аукција се спроведува во неколку последователни кругови.

Член 127 1) За време на секој круг од електронската аукција, договорниот орган на

сите понудувачи им ги доставува информациите потребни да утврдат како се рангирани во секое време. Договорниот орган може да им доставува и други информации во врска со:

- бројот на учесници во соодветниот круг од електронската аукција, и - новите цени или вредности што биле поднесени во соодветниот круг од

електронската аукција од другите понудувачи, под услов тендерската документација да предвидува таква можност.

2) При спроведување на круговите од електронската аукција, договорниот орган не смее да го открие идентитетот на понудувачите.

Page 39: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

39

Член 128 1) Електронската аукција се затвора на еден или повеќе од следните

начини: - во однапред утврдено време за кое понудувачите биле известени во

поканата од членот 125 став 2 од овој закон; - кога бројот на кругови, утврден во поканата од членот 125 став 2 од овој

закон е исполнет, при што поканата, исто така, содржи временска рамка за секој круг, или

- кога ќе престанат да се добиваат нови цени или нови вредности кои ги задоволуваат барањата во врска со минималните разлики при што договорниот орган во поканата го наведува времето што ќе биде дозволено да помине по добивање на последната понуда, а пред затворање на електронската аукција.

2) Договорниот орган го доделува договорот за јавна набавка согласно со членот 164 од овој закон, а врз основа на резултатите добиени по затворањето на електронската аукција.

Глава VII

Доделување на договорот за јавна набавка

Дел 1

Понуди и алтернативни понуди

Оддел 1

Изготвување и поднесување на понудите и на алтернативните понуди

Член 129

1) Понудувачот ја изготвува понудата во согласност со тендерската документација.

2) Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.

3) Во исклучителни случаи, договорниот орган може да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.

Член 130 1) Договорниот орган може да го продолжи рокот за поднесување на

понудите во случај кога понудите не можат да се изготват без посета на локација, како и во случај кога договорниот орган не е во можност да ја достави тендерската документација или одговорот на доставените барања за појаснувања во временските рокови утврдени со овој закон, иако истите биле навремено побарани. Во тој случај, договорниот орган го продолжува рокот за поднесување на понудите за временски период кој им овозможува на сите понудувачи да добијат целосни и релевантни информации за изготвување на понудата, за што писмено ќе бидат известени од страна на договорниот орган.

2) Понудувачот ги сноси ризиците поврзани со поднесувањето на понудата, вклучувајќи и виша сила.

3) Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на понудувачот неотворена.

Page 40: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

40

4) Содржината на понудите останува доверлива до датумот на нивното отворање.

Член 131 1) Договорниот орган може да им дозволи на понудувачите да поднесат

алтернативни понуди кога критериумот за доделување на договорот е економски најповолна понуда.

2) Во огласот за доделување на договор за јавна набавка задолжително се наведува дали е дозволено поднесување на алтернативни понуди, во спротивно алтернативните понуди нема да бидат разгледани.

Член 132 1) Договорниот орган кој дозволил поднесување на алтернативни понуди,

во техничките спецификации ги дефинира минималните задолжителни услови што овие понуди мора да ги исполнат, како и сите други посебни услови во врска со нивното поднесување.

2) Договорниот орган нема да ги разгледа алтернативните понуди кои не ги исполнуваат минималните услови од ставот 1 на овој член.

Член 133 Ако договорниот орган дозволил поднесување на алтернативни понуди, тој

не смее да одбие алтернативна понуда доколку таа е избрана за најповолна, само поради тоа што:

- договорот за јавна набавка на стоки според алтернативната понуда избрана за најповолна ќе премине во договор за јавна набавка на услуги, или

- договорот за јавна набавка на услуги според алтернативната понуда избрана за најповолна ќе премине во договор за јавна набавка на стоки.

Член 134 1) Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите

трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ, кој се искажува посебно, во денари или во валута како што е утврдено во тендерската документација. Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

2) Кај договорите за јавна набавка на консултантски услуги, техничката и финансиската понуда се доставуваат во одделни коверти или во одделни електронски документи, доколку постапката се спроведува со користење на електронски средства.

3) Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на договорот за јавна набавка. Доколку предметот на договорот е делив, цената на понудата се изразува посебно за оној дел од предметот на договорот за кој се поднесува понудата согласно со тендерската документација.

4) Договорниот орган во тендерската документација ја утврдува валутата или валутите во кои може да се изрази цената на понудата, како и валутата која ќе се користи за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

Член 135 1) Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда

пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.

Page 41: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

41

2) Ковертите за измена, замена или за повлекување на понудата се доставуваат затворени со соодветна ознака „измена“, „замена“ или „повлекување“ и се доставуваат на ист начин како и понудите.

Оддел 2

Јавно отворање на понудите

Член 136 1) Отворањето на понудите кај отворената постапка, втората фаза од

ограничената постапка, и кај фазата на поднесување на понудите од конкурентен дијалог е јавно, освен при спроведување на електронска аукција.

2) Јавното отворање на понудите започнува на место и во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите.

3) При јавното отворање на понудите ниту една понуда не смее да биде отфрлена, освен тие кои се поднесени по крајниот рок за поднесување на понудите.

4) Пред почетокот на отворањето на понудите комисијата го утврдува бројот на пристигнатите понуди, ги проверува овластувањата на овластените претставници и ги утврдува измените, замените или повлекувањата на понудите, како и нивната благовременост и пропишаната исправност на поднесувањето на понудите.

5) При читањето на понудите, задолжително треба да се прочита: - повикување на бројот на огласот; - името на понудувачот; - цената на понудата и валутата во која е искажана понудата; - евентуално дадениот попуст, и - понудената гаранција. 6) Договорниот орган во тендерската документација може да дефинира и

други елементи кои ќе бидат прочитани на јавното отворање.

Член 137 1) Комисијата ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е

пристигната и само една понуда. 2) Кај набавка на консултантски услуги, комисијата најпрвин ги евалуира

техничките понуди, а по евалуацијата на техничките понуди во согласност со условите од тендерската документација, закажува јавно отворање на финансиските понуди на прифатливите понудувачи, при што сите понудувачи мораат да бидат известени за датумот, времето и местото на јавното отворање на финансиските понуди.

Член 138

1) Претставниците на понудувачите треба да достават писмено овластување од понудувачот за нивно учество на јавното отворање на понудите.

2) Комисијата води евиденција на присутните овластени претставници на понудувачите кои учествуваат на јавното отворање на понудите.

Член 139 1) Комисијата е должна за постапката на јавното отворање на понудите да

води записник во кој се внесуваат следниве податоци: - за договорниот орган;

Page 42: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

42

- местото и времето на отворање на понудите; - повикувањето на бројот на огласот; - името и презимето на членовите на комисијата; - бројот на примените понуди (вклучувајќи ги и понудите што се

повлекуваат, заменуваат или изменуваат); - бројот на задоцнети понуди; - називот (името) на понудувачите; - доставени гаранции за учество, ако се бараат; - понудените цени и попустите; - забелешките на понудувачите, и - други информации кои ги смета за потребни. 2) Записникот го потпишуваат сите членови на комисијата. 3) Копија од записникот за јавното отворање на понудите ќе биде

доставена до сите понудувачи кои тоа ќе го побараат и чии понуди се отворени на јавното отворање на понудите во рок од пет дена од денот на приемот на барањето за доставување на записникот.

4) Министерот за финансии ја пропишува постапката на отворањето на понудите и образецот за водење на записник за отворањето на понудите.

Оддел 3

Евалуација на понудите

Член 140 1) Предмет на евалуација не може да бидат понуди кои не се отворени на

јавното отворање. 2) Кај отворената постапка, комисијата, пред да пристапи кон евалуација

на понудите ја проверува комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот.

3) При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Договорниот орган не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања.

4) Бараното објаснување понудувачот го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.

5) Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од понудувачот.

6) Комисијата може директно од понудувачот, а со цел објаснување на понудата, да бара превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик, и за истото да одреди примерен рок.

7) Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. 8) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со

критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.

9) Комисијата по извршената евалуација ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување на предлог за избор на најповолна понуда.

Page 43: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

43

10) Членовите на комисијата кои не се согласуваат со предлогот за избор на најповолна понуда, ги изнесуваат своите ставови во писмена форма подготвени како забелешка приложена кон извештајот од спроведената постапка.

Член 141 При евалуација на понудите кај ограничената постапка, постапката со

преговарање и конкурентниот дијалог, комисијата соодветно ги применува одредбите од членот 140 на овој закон.

Оддел 4

Извештај од спроведената постапка

Член 142 1) Кај отворената постапка, ограничената постапка, постапката со

преговарање, постапката со конкурентен дијалог, комисијата изготвува писмен извештај од спроведената постапка.

2) Во зависност од спроведената постапка, извештајот од ставот 1 на овој член особено содржи:

- име и адреса на договорниот орган, предмет и проценета вредност на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба;

- име на избраните кандидати или понудувачи и образложение за нивниот избор;

- име на кандидатите или понудувачите чии што пријави за учество или понуди се отфрлени и причините што довеле до нивно отфрлање;

- причини за одбивање на понудите со невообичаено ниска цена, и - име на понудувачот или понудувачите чија понуда е избрана за

најповолна и начинот и причините за извршениот избор. 3) Извештајот за оценување на способноста на кандидатите кај

ограничената постапка, конкурентниот дијалог и постапката со преговарање со претходно објавување на оглас е составен дел од извештајот за спроведената постапка.

4) Договорниот орган е должен да ги преземе сите неопходни мерки за документирање на спроведувањето на постапките за доделување на договор за јавна набавка со користење на електронски средства.

5) При избор на најповолна понуда, одговорното лице е должно да го прифати извештајот на комисијата во кој е содржан предлогот за избор на најповолна понуда, освен ако утврди дека предлогот е изготвен спротивно на одредбите на овој закон.

6) Одговорното лице кај договорниот орган донесува одлука за избор на најповолна понуда.

7) Формата и содржината на образецот на извештајот од спроведената постапка од ставот 1 на овој член го пропишува министерот за финансии.

Дел 2

Утврдување на способност

Оддел 1

Page 44: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

44

Критериуми за утврдување на способност

Член 143 Критериуми за утврдување на способност на економскиот оператор се: - личната состојба; - способноста за вршење професионална дејност; - економската и финансиската состојба; - техничката или професионална способност; - стандардите за системи за квалитет, и - стандардите за управување со животната средина.

Член 144

1) За примена на критериумите за утврдување на способност од членот 143, став 1, алинеи 3 и 4 на овој закон, договорниот орган во тендерската документација ги наведува минималните услови што економските оператори треба да ги исполнат за да се квалификуваат согласно со одделите 4 и 5 од овој дел.

2) Договорниот орган не смее да бара исполнување на одредени минимални услови во врска со економската и финансиската состојба и со техничката или професионалната способност на економските оператори, кои се непропорционални на предметот на договорот за јавна набавка.

3) При евалуација на понудите во делот кој се однесува на способноста на економските оператори, економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на подизведувачите не се земаат предвид.

Оддел 2

Лична состојба на економскиот оператор

Член 145 1) Како доказ за исполнување на критериумите за утврдување на личната

состојба на економскиот оператор, договорниот орган е должен да ги прифати сите соодветни документи од земјата каде економскиот оператор е регистриран, издадени од надлежните органи на земјата.

2) Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите од членот 147 став 2 на овој закон, или ако тие не ги опфаќаат сите случаи од членот 147 на овој закон, договорниот орган прифаќа изјава што економскиот оператор ја заверува кај надлежен орган.

Член 146 Договорниот орган го исклучува од постапката за доделување на договор за

јавна набавка секој економски оператор доколку има информација дека во последните пет години, на тој економски оператор му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари.

Член 147 1) Договорниот орган го исклучува од постапката за доделување на договор

за јавна набавка секој економски оператор доколку: - е во постапка на стечај или постапка на ликвидација; - има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;

Page 45: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

45

- му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, или

- дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

2) За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:

- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен

орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран, и - уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна

санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

3) Документите од ставот 2 на овој член не смеат да бидат постари од шест месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од економскиот оператор.

4) Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на економскиот оператор, тој може да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.

Оддел 3

Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор

Член 148

Договорниот орган бара секој економски оператор да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

Оддел 4

Економска и финансиска состојба на економскиот оператор

Член 149 Договорниот орган може да бара од економскиот оператор да ја докаже

својата економска и финансиска состојба, при што во тендерската документација наведува со кои документи ќе ја докаже истата.

Член 150 1) Договорниот орган како доказ за економската и финансиската состојба

на економските оператори може да бара еден или повеќе од следните документи: - соодветни изводи од банки; - доказ за релевантно осигурување за надомест при професионален ризик;

Page 46: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

46

- извештај за билансот на состојба заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба, во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде економскиот оператор е регистриран, и

- извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и, онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка, и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположиви ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа, и во зависност од достапноста на таквите информации.

2) Ако од која било оправдана причина економскиот оператор не е во можност да ги обезбеди документите што ги бара договорниот орган, тој може својата економска и финансиска состојба да ја докаже со други документи кои договорниот орган ги смета за соодветни, под услов тие да даваат реална слика за економската и финансиската состојба на економскиот оператор.

Член 151 1) Економската и финансиската способност на економскиот оператор може

да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект.

2) Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект согласно со ставот 1 на овој член, тој е должен да ја докаже поддршката со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да e изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење пари.

3) Ако економски оператори поднесат групна понуда или пријава за учество, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на понудувачи или кандидати настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиската состојба се утврдува согласно со ставот 2 на овој член.

Оддел 5

Техничка или професионална способност

Член 152 1) Договорниот орган може да побара од економскиот оператор кој

учествува во постапката за доделување на договор за јавна набавка, да ја докаже својата техничка или професионална способност.

2) Ако договорниот орган бара докажување на техничката и професионалната способност, во тендерската документација ги наведува документите со кои економскиот оператор треба да ја докаже истата.

Член 153 1) Во постапките за доделување на договор за јавна набавка на стоки,

техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да се докаже на еден или на повеќе од следниве начини:

Page 47: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

47

- листа на главни испораки на понудувачите или кандидатите извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки;

- опис на техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор, мерки за осигурување на квалитет и негова опременост и оспособеност за испитување и истражување;

- изјава за ангажиран технички персонал и технички органи без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор;

- мостри, опис и/или фотографии на производи кои се предмет на испорака, а чија веродостојност економскиот оператор е должен да ја потврди доколку тоа го побара договорниот орган;

- уверенија издадени од надлежни органи за контрола за квалитет со признаена компетентност, а кои ја тестираат погодноста на производите што јасно била утврдена со упатувањата кон спецификациите и стандардите;

- во случај кога се набавуваат сложени стоки, или во исклучителни случаи за посебни намени, се обезбедува проверка на производствените капацитети на економскиот оператор, или ако е тоа потребно и на неговите капацитети за проучување и истражување, како и на мерките за контрола на квалитетот, која ја спроведува договорниот орган или во негово име ја спроведува надлежен орган во земјата во која економскиот оператор е регистриран, и

- известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач.

2) Во постапките за доделување на договор за јавна набавка на услуги, техничката и професионалната способност на економскиот оператор можат да се докажат на еден или на повеќе од следниве начини:

- листа на главни услуги на понудувачите или кандидатите извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени услуги издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени услуги;

- образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот стручен кадар, и особено на лицата кои се одговорни за давање на конкретната услуга;

- изјава за ангажиран технички персонал и технички органи без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор;

- изјава на економскиот оператор за просечниот годишен број на вработени и за бројот на раководен кадар во последните три години;

- изјава за техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор и за другите потенцијали со кои тој располага за извршување на конкретните услуги и обезбедување на квалитет;

- во случај кога се набавуваат сложени услуги, или во исклучителни случаи за посебни намени, се обезбедува проверка на производствените капацитети на економскиот оператор, или ако е тоа потребно и на неговите капацитети за проучување и истражување, како и на мерките за контрола на квалитетот, која ја спроведува договорниот орган или во негово име ја спроведува надлежен орган во земјата во која економскиот оператор е регистриран, и

- известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач.

Page 48: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

48

3) Во постапките за доделување на договор за јавна набавка на работи, техничката и професионалната способност на економскиот оператор можат да се докажат на еден или на повеќе од следниве начини:

- листа на работи кои се извршени во последните пет години со приложување на потврда за задоволителна изведба на најважните работи, потврди вклучувајќи вредност, време и локација на изведување на работите и наводи дали работите се изведени согласно со правилата на деловно работење и дали се прописно завршени;

- образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот раководен кадар, и особено на лицата кои се одговорни за извршување на конкретните работи;

- изјава за ангажиран технички персонал и технички органи, особено оние задолжени за контрола на квалитет, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор;

- изјава на економскиот оператор за просечниот годишен број на вработени и за бројот на технички кадар во последните три години;

- изјава за техничката опрема која економскиот оператор ја има на располагање за изведување на конкретните работи, и

- известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач.

Член 154

1) Техничката и професионалната способност на економскиот оператор можат да бидат поддржани од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект.

2) Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка или професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект согласно со ставот 1 на овој член, тој е должен да ја докаже поддршката со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да e изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење пари.

3) Ако економски оператори поднесат групна понуда или пријава за учество, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на понудувачи или кандидати настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект, или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдуваат согласно со ставот 2 на овој член.

Оддел 6

Стандарди за системи за квалитет

Член 155 Кога се бара поднесување на сертификати издадени од независни

институции со кои се потврдува дека економскиот оператор се придржува до одредени стандарди за гаранција на квалитет, договорниот орган ги посочува системите за квалитет засновани врз релевантните европски или меѓународни стандарди.

Page 49: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

49

Член 156 Според принципот за заемно признавање, договорниот орган ги прифаќа

еквивалентните сертификати издадени од институции основани во земјите членки на Европската унија.

Оддел 7

Стандарди за управување со животната средина

Член 157 Ако договорниот орган бара почитување на одредени стандарди за

управување со животната средина, тој се повикува на: - Шемата за управување со животната средина и ревизија на Заедницата

(EMAS), или - стандардите за управување со животната средина засновани на

релевантните европски или меѓународни стандарди потврдени од институции за акредитација или оценување на сообразност или од релевантните европски или меѓународни тела акредитирани за сертификација.

Член 158 Според принципот за заемно признавање, договорниот орган ги прифаќа

еквивалентните сертификати издадени од институции основани во земјите членки на Европската унија.

Дел 3

Критериуми за доделување на договор за јавна набавка

Член 159 Договорниот орган е должен во огласот за доделување на договор за јавна

набавка, да го наведе критериумот за доделување на договорот за јавна набавка, кој еднаш утврден, не смее да се менува за целото времетраење на постапката за доделување на договорот.

Член 160 1) Критериум за доделување на договор за јавна набавка може да биде: - економски најповолната понуда, или - најниската цена. 2) По исклучок од ставот 1 на овој член, ако договорот за јавна набавка се

доделува со примена на постапката за конкурентен дијалог, критериумот за доделување на договорот е економски најповолната понуда.

Член 161 1) Ако критериум за доделување на договорот е економски најповолна

понуда, најповолна понуда е онаа што ќе добие најголем број бодови од различните елементи кои носат соодветен број на максимални бодови.

2) Елементите на критериумот економски најповолна понуда од ставот 1 на овој член можат да бидат цената, карактеристиките на квалитетот, техничките и функционалните карактеристики, еколошките карактеристики, оперативните трошоци, економичноста, постпродажните услуги и техничката поддршка, времето на испорака или извршување или други важни елементи за евалуација на понудите.

Page 50: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

50

3) Елементите на критериумот економски најповолна понуда, како и максималниот број на бодови за секој елемент одделно мора јасно да се дефинирани во огласот за доделување на договорот за јавна набавка, конкретно да се поврзани со предметот на договорот за јавна набавка, и откако ќе бидат утврдени, не можат да се менуваат за целото времетраење на постапката за доделување на договорот за јавна набавка.

4) Договорниот орган е должен во тендерската документација да даде објаснување како ќе ги вреднува и применува елементите на критериумот економски најповолна понуда.

5) Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови ја пропишува министерот за финансии.

Дел 4

Доделување на договор за јавна набавка

Член 162 Договорниот орган ја избира најповолната понуда, за што донесува одлука,

врз основа на критериумот за доделување на договорот утврден во огласот за доделување на договор за јавна набавка и во тендерската документација, ако понудувачот чија понуда е најповолна ги исполнува пропишаните критериуми за утврдување на способноста.

Член 163 1) Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која

значително отстапува од проценетата вредност на стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата.

2) Договорниот орган ги зема предвид доказите што ги доставил понудувачот согласно со ставот 1 на овој член, особено во однос на:

- економската основа за формирање на цената која што го одразува производствениот процес или дадените услуги;

- избраните технички решенија или кои било други особено поволни услови кои понудувачот ги има на располагање за извршување на работите, или за обезбедувањето на стоките или услугите;

- оригиналноста на стоките, услугите или работите понудени од страна на понудувачот;

- почитување на прописите за заштитата при работа и работните услови при извршувањето на работите, обезбедувањето на услугите или доставувањето на стоките, и

- можноста понудувачот да користи државна помош.

Член 164 1) Ако договорниот орган утврди дека цената на понудата е невообичаено

ниска, бидејќи понудувачот добил државна помош, понудата може да биде одбиена по тој основ ако, по барање на дополнителни појаснувања, понудувачот не докажал во рок од три дена од денот на приемот на барањето, дека државната помош била законски доделена.

2) Кога договорниот орган одбил понуда врз основа на ставот 1 на овој член, должен е да испрати известување до Бирото.

Page 51: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

51

Член 165

1) Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда.

2) Ако избраниот понудувач се откаже од склучување или извршување на договорот, договорниот орган може да го склучи со следниот рангиран понудувач.

3) Договорниот орган е должен да ги чува документите врз основа на кои е извршен изборот на најповолна понуда.

Член 166 Секое лице кое има правен интерес во врска со постапката за јавна набавка

или договорот за јавна набавка, вклучувајќи го и јавниот правобранител, може да побара да се поведе постапка за ништовност на договорите за јавни набавки.

Дел 5

Известување на кандидатите или понудувачите

Член 167 1) Договорниот орган, во зависност од постапката која се користи за

доделување на договорот за јавна набавка, писмено ги известува кандидатите, односно понудувачите за одлуките во врска со извршената претквалификација, доделувањето на договорот за јавна набавка, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за доделување на договорот. Известувањето се доставува во рок од три дена од донесувањето на соодветната одлука.

2) Во прилог на известувањето се доставува и примерок од соодветната одлука.

3) Известувањето од ставот 1 на овој член се испраќа во писмена форма.

Член 168 Во зависност од постапката за доделување на договор за јавна набавка, во

известувањето од членот 167 став 1 од овој закон, договорниот орган е должен да го извести понудувачот или понудувачите чија понуда е избрана за најповолна, како и кандидатите или понудувачите што биле одбиени или оние чија понуда не била избрана за најповолна, за причините за донесување на одлуката, и тоа секој:

- неизбран кандидат, за причините за отфрлање на неговата пријава за учество;

- понудувач чија понуда е отфрлена за причините за отфрлање на неговата понуда, со детално образложение зошто понудата е неприфатлива, и

- понудувач кој поднел прифатлива понуда која не била избрана за најповолна, за името на избраниот понудувач или понудувачи и причините за изборот.

Дел 6

Поништување на постапката за доделување

на договор за јавна набавка

Page 52: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

52

Член 169

1) Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:

- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон;

- не е поднесена ниту една прифатлива понуда; - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради

различниот пристап во техничките или финансиските понуди; - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган; - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за

јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот; - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на

договорниот орган, или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради

битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон. 2) Одговорното лице кај договорниот орган донесува одлука за

поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Член 170 1) Договорниот орган писмено ги известува сите учесници во постапката за

доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.

2) Договорниот орган до Бирото доставува известување за поништување на постапката за доделување на договорот за јавна набавка во рок 30 дена од денот на поништувањето на постапката, заради објавување на веб страницата на Бирото.

Глава VIII

Досие за постапката за доделување на договор за јавна набавка

Член 171 Договорниот орган е должен да оформи досие за постапката за секој

доделен договор за јавна набавка или склучена рамковна спогодба.

Член 172 Договорниот орган го чува досието за постапката за доделување на

договорот за јавна набавка најмалку пет години од денот на извршување на соодветниот договор за јавна набавка.

Член 173 Во зависност од спроведената постапка за доделување на договор за јавна

набавка, досието за постапката особено содржи: - одлука за јавна набавка; - претходно индикативно известување и доказ дека истото е испратено за

објавување; - оглас за доделување на договор за јавна набавка и доказ дека истиот е

испратен за објавување; - тендерска документација;

Page 53: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

53

- пристигнатите пријави за учество; - комуникацијата меѓу договорниот орган и економските оператори; - извештај за оценување на способноста на кандидатите; - одлука за избор на квалификувани кандидати; - пристигнатите понуди; - записник од јавното отворање; - изјави за постоење/непостоење на судир на интереси; - извештаи од надворешните стручни лица; - извештај за извршената евалуација; - одлука за избор на најповолна понуда - потпишан договор за јавна набавка или рамковна спогодба, и - известување за склучен договор и доказ дека истото е испратено за

објавување.

Член 174 Одредбите од членот 173 од овој закон соодветно се применуваат на

доделувањето на секторски договори од Глава IX на овој закон.

Член 175 Ако договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор со

користење на електронски средства или електронски аукции, должен е да обезбеди целосно следење на активностите што ги спроведува за време на постапката за доделување на договорот, заради отворање на досието од членот 173 на овој закон.

Глава IX

Секторски договори

Дел 1

Дејности за кои се доделуваат секторски договори

Оддел 1

Опфат

Член 176 1) Дејности за кои се доделуваат секторски договори (во натамошниот

текст: опфатени дејности) се: - водоснабдување; - енергетика; - транспорт; - поштенски услуги, и - други опфатени дејности. 2) Одредбите од овој закон се применуваат на секторските договори, освен

ако не е поинаку уредено во оваа глава.

Член 177 Ако се доделува секторски договор за вршење на повеќе опфатени

дејности, договорниот орган ги применува правилата што се однесуваат на основната опфатена дејност за која е наменет договорот.

Page 54: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

54

Член 178 1) Ако договорниот орган од членот 4, став 1 точки а), б) и в) доделува

договор за јавна набавка во функција на повеќе дејности, меѓу кои барем една е опфатена дејност, а друга дејност е опфатена со одредбите на Глава III од овој закон и објективно не е можно да се утврди за која дејност главно е наменет договорот, тој не претставува секторски договор и договорниот орган го применува овој закон како за договорите за јавни набавки од Глава III на овој закон.

2) Ако договорниот орган од членот 4, став 1 точки а), б) и в) доделува договор за јавна набавка во функција на повеќе дејности, меѓу кои барем една е опфатена дејност, а друга дејност не е предмет на овој закон и објективно не е можно да се утврди за која дејност главно е наменет договорот, тој претставува секторски договор.

3) Ако договорниот орган од членот 4 став 1, точки г) и д) доделува договор за јавна набавка во функција на повеќе дејности, меѓу кои барем една е опфатена дејност и објективно не е можно да се утврди за која дејност главно е наменет договорот, тој претставува секторски договор.

Оддел 2

Водоснабдување

Член 179

Опфатени дејности во смисла на член 176 став 1 алинеја 1 од овој закон се поставување и стопанисување на фиксни мрежи наменети за обезбедување јавни услуги во поглед на производство, пренос или дистрибуција на вода за пиење или снабдување со вода за пиење на таквите мрежи.

Член 180 Договорниот орган кој врши некоја од дејностите од членот 179 од овој

закон ги применува одредбите од оваа глава и при доделување на договор или организирање на конкурс за избор на идејно решение во врска со:

- поставување, стопанисување и снабдување на мрежи со вода за пиење, поврзани со хидраулични инженерски проекти, наводнување или дренажа на земјиште, од кои над 20% од вкупниот капацитет на водата се користи за пиење, или

- поставување, стопанисување и снабдување на мрежи за отстранување или третман на отпадни води.

Член 181 Снабдувањето со вода за пиење на мрежите наменети за обезбедување

јавни услуги кое го врши договорниот орган од членот 4 став 1, точки г) и д) не претставува опфатена дејност во смисла на членот 179 од овој закон, ако:

- производството на вода за пиење е потребно за извршување на дејности кои не претставуваат опфатени дејности и

- снабдувањето на мрежите зависи исклучиво од сопствената потрошувачка на самиот субјект и не надминува 30% од вкупното сопствено производство на вода за пиење, земајќи ги предвид претходните 36 месеци.

Оддел 3

Page 55: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

55

Енергетика

Член 182 Опфатени дејности во смисла на членот 176 став 1 алинеја 2 од овој закон

се поставувањето и стопанисувањето на фиксни мрежи наменети за обезбедување јавни услуги во поглед на производство, пренос или дистрибуција, односно снабдувањето со гас, топлинска или електрична енергија на таквите мрежи.

Член 183 Снабдувањето со гас или топлинска енергија на мрежите наменети за

обезбедување јавни услуги од страна на договорен орган од членот 4, став 1 точки г) и д) не претставува опфатена дејност во смисла на членот 182 од овој закон, ако:

- производството на гас или топлинска енергија е последица од вршењето на дејност која не претставува опфатена дејност, и

- снабдувањето на јавната мрежа со гас или топлинска енергија е насочено само кон економско искористување на таквото производство и не надминува повеќе од 20% од прометот на договорниот орган, земајќи го предвид просекот за претходните 36 месеца, вклучувајќи ја и тековната година.

Член 184 Снабдувањето со електрична енергија на мрежите наменети за

обезбедување јавни услуги од страна на договорен орган од членот 4, став 1 точки г) и д) не претставува опфатена дејност во смисла на членот 182 од овој закон, ако:

- електричната енергија се произведува заради задоволување на сопствената потрошувачка потребна за вршење на дејност која не претставува опфатена дејност, и

- снабдувањето на јавната мрежа со електрична енергија зависи исклучиво од сопствената потрошувачка на договорниот орган, и не надминува 30 % од вкупното сопствено производство на електрична енергија, земајќи ги предвид претходните 36 месеци, вклучувајќи ја и тековната година.

Оддел 4

Транспорт

Член 185 Опфатени дејности во смисла на членот 176 став 1 алинеја 3 од овој закон

се вршењето на транспортни услуги на редовните железнички и патни линии.

Член 186 Вршењето на транспортни услуги со автобус не претставува опфатена

дејност кога другите субјекти можат да ги обезбедат истите услуги, на истата географска област и под истите услови како и договорните органи.

Оддел 5

Page 56: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

56

Поштенски услуги

Член 187 1) Опфатени дејности во смисла на членот 176 став 1 алинеја 4 од овој

закон се обезбедувањето на: - универзални поштенски услуги; - резервирани поштенски услуги; - размена на документи, сметки и фактури; - услуги со неадресирани поштенски пратки; - услуги со додадена вредност што вклучуваат пренос на податоци со

електронски средства (вклучувајќи пренесување на кодирани документи, создавање бази на податоци на корисници и пренос и достава на препорачани пратки по електронски пат);

- финансиски услуги кои се вршат по договор во пошта, во кои спаѓаат банкарски услуги, наплата на вирмани, платежни картички, наплата на јавни давачки, трансфер на пари од тековни и жиро сметки, услуги за наплата на осигурување и слично;

- филателистички услуги, или - логистички услуги, вклучувајќи физичка испорака и магацинско

сместување на поштенски пратки кои се поврзани со други вонпоштенски услуги. 2) Услугите од ставот 1 алинеи 3, 4, 5, 6, 7 и 8 на овој член претставуваат

опфатени дејности, ако субјектот кој ги обезбедува овие услуги обезбедува и универзални или резервирани поштенски услуги.

Оддел 6

Други опфатени дејности

Член 188 Други опфатени дејности се дејностите во врска со истражување на

земјиштето заради вадење нафта, гас или јаглен или изградба и стопанисување со аеродроми или пристаништа (езерски или речни) или други терминални објекти на носачи и тоа по воздушен или внатрешен воден пат.

Дел 2

Посебни исклучоци

Член 189 Овој закон не се применува на секторски договори кои се доделуваат

заради набавка на: - стоки заради препродавање или изнајмување на други субјекти, под услов

договорниот орган да нема никакви посебни или ексклузивни права за продавање или изнајмување на тие стоки, а другите субјекти да се слободни да ги продаваат или изнајмуваат според истите услови, или

- стоки, услуги или работи наменети за вршење на опфатени дејности во странство.

Page 57: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

57

Член 190 1) Овој закон не се применува на договори доделени од страна на

договорен орган од членот 4, став 1, точки г) и д) чиј предмет е набавка на стоки, услуги или работи со цел извршување на дејности кои не претставуваат опфатени дејности согласно со оваа глава.

2) Овој закон не се применува на договори доделени од договорни органи од членот 4 став 1 точка д) на овој закон, доколку проценетата вредност на договорот изнесува до 200.000 евра во денарска противвредност за договори за јавна набавка на стоки и услуги и 4.000.000 евра за договори за јавни набавки на работи.

Член 191 Овој закон не се применува на договори чиј предмет е набавка на вода, ако

ги доделува договорен орган кој врши опфатена дејност од членот 179 на овој закон.

Член 192 Овој закон не се применува на договори чиј предмет е набавка на

електрична енергија или горива за производство на електрична енергија, ако ги доделува договорен орган кој врши опфатена дејност од членот 182 или 188 на овој закон.

Член 193 1) Овој закон не се применува за доделување на секторски договор: - од страна на договорен орган на поврзано претпријатие, или - од страна на правно лице формирано од повеќе договорни органи,

исклучиво заради вршење на опфатената дејност, на друштво кое е поврзано со еден или повеќе договорни органи кои се дел од тоа правно лице.

2) Одредбите од ставот 1 на овој член се применуваат само во случај најмалку 80% од просечниот промет на поврзаното друштво за претходните три години да потекнува од обезбедувањето такви стоки, услуги или работи на друштвата кои се поврзани со него.

3) Поврзано друштво претставува друштво: - врз кое договорниот орган има, директно или индиректно доминантно

влијание; - кое може да врши доминантно влијание врз договорниот орган, или - кое заедно со договорниот орган е предмет на доминантно влијание од

страна на друго друштво. 4) Доминантно влијание постои кога едниот субјект директно или

индиректно: - е сопственик на поголемиот дел од капиталот во другиот субјект; - го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите

издадени од страна на другиот субјект, или - може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување

или во надзорниот одбор.

Член 194 1) Овој закон не се применува за доделување на секторски договор: - од правно лице формирано од повеќе договорни органи исклучиво за

спроведување на опфатена дејност, на договорен орган кој е негов дел, или

Page 58: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

58

- од договорен орган, на правно лице формирано од повеќе договорни органи исклучиво за спроведување на опфатена дејност во кое договорниот орган е дел.

2) Одредбите од ставот 1 на овој член се применуваат ако правното лице е формирано за извршување на опфатената дејност во период од најмалку три години.

Член 195 Бирото може да побара договорниот орган да му достави известување за кој

било договор кој се доделува врз основа на одредбите од Делот 2 на оваа глава, а договорниот орган е должен да одговори на ова барање.

Дел 3

Постапки за доделување на секторски договори

Член 196

1) Постапки за доделување на секторски договори се: - отворена постапка; - ограничена постапка; - постапка со преговарање со претходно објавување на оглас; - постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, и - постапка со барање за прибирање на понуди. 2) При доделување на секторски договор соодветно се применуваат и

одредбите од членот 21 став 3 од овој закон.

Член 197 1) Договорниот орган доделува секторски договори со спроведување на

отворена постапка, ограничена постапка или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, договорниот орган може да ги примени и другите постапки предвидени во членот 196, став 1 од овој закон само во случаите од членовите 100, став 1 и 198 на овој закон.

Член 198

1) При доделување на секторски договор, договорниот орган спроведува постапка со преговарање без претходно објавување на оглас во следните случаи:

- кога не е доставена ниту една понуда или прифатлива понуда или ниту една пријава за учество по претходен оглас за доделување на договор за јавна набавка, под услов првобитните услови во тендерската документација да не се значително променети;

- кога договорот е само за цели на истражување, експериментирање, проучување или развој, а не заради обезбедување добивка или надоместување на трошоците за истражувањето и развојот, и се додека со доделувањето на таков договор не се повредува конкурентното доделување на подоцнежни договори за овие цели;

- кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права (патент и слично), договорот може да го изврши само одреден економски оператор;

Page 59: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

59

- кога од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас не може да се примени;

- кога договорниот орган мора да набави дополнителни испораки од првобитниот понудувач заради делумна замена на вообичаените стоки или инсталации или проширување на постојните стоки или инсталации, при што промената на понудувачот би го обврзала договорниот орган да купи материјал кој има поинакви технички карактеристики што би резултирало со некомпатибилност или несразмерни технички тешкотии во функционирањето и одржувањето;

- за договор кога постои можност да се обезбеди со искористување на некоја посебна поволна можност што е достапна само за многу кратко време по цена значително пониска од вообичаената пазарна цена;

- за договор за јавна набавка на стоки кои се набавуваат по посебно поволни услови, од понудувач кој ги затвора своите деловни активности (ликвидација или стечај), од стечаен управник или ликвидатор, по претходен договор со доверителите;

- за договор за јавна набавка кој се доделува врз основа на рамковна спогодба;

- за договор за јавна набавка на услуги, кој следи по спроведување на конкурс за избор на идејно решение и мора да се додели на најдобро рангираниот учесник или на еден од најдобро рангираните учесници. Кога договорот мора да се додели на еден од најдобро рангираните учесници, договорниот орган ги поканува сите нив да учествуваат во преговорите, и

- за договор за јавна набавка на дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов склучувањето на договорот да се изврши со носителот на набавката од основниот договор кога:

а) таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган, или

б) таквите работи или услуги, иако можат да се одделат од извршувањето на основниот договор се неопходни за неговото завршување.

2) Вкупната вредност на дополнителните работи или услуги од ставот 1 алинеја 10 на овој член не смее да надмине 50% од вредноста на основниот договор.

Член 199 Ако две или повеќе понуди се разликуваат за помалку од три поени со

примена на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка, договорниот орган како најповолна може да ја избере онаа понуда каде над 50% од стоките што се нудат се со потекло од Република Македонија, државите членки на Европската унија и од држави со кои Република Македонија има склучено меѓународен договор кој обезбедува еднаков третман на економските оператори од Република Македонија на пазарот на таа држава.

Глава X

Page 60: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

60

Правна заштита

Дел 1

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Член 200 1) Државната комисија за жалби по јавни набавки (во натамошниот текст:

Државна комисија) е надлежна за решавање по жалби во постапките за доделување на договори за јавни набавки пропишани со овој закон.

2) Државната комисија одлучува за законитоста на дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија, како и на одлуките како поединечни правни акти донесени во постапките од ставот 1 на овој член, како и за други работи согласно со овој закон.

Член 201 1) Државната комисија е државен орган кој е самостоен во својата работа и

има својство на правно лице. 2) Државната комисија има стручна служба. На вработените во стручната

служба ќе се применуваат одредбите од Законот за државни службеници. 3) Државната комисија се финансира од Буџетот на Република Македонија.

Член 202

1) Државната комисија е составена од претседател и четири члена, кои функцијата ја извршуваат професионално.

2) Претседателот и членовите на Државната комисија ги именува по пат на јавен конкурс и ги разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.

3) Претседателот и членовите на Државната комисија се именуваат за период од пет години со право на повторен избор.

4) За член на Државната комисија се именува лице кое е државјанин на Република Mакедонија, дипломиран правник и има најмалку три години искуство во областа на јавните набавки.

5) За претседател на Државната комисија се именува лице кое е дипломиран правник, има положен правосуден испит, најмалку шест години работен стаж како судија, јавен правобранител, заменик јавен правобранител, нотар или адвокат, односно десет години на други правни работи по положен правосуден испит.

6) Членовите на Државната комисија од своите редови избираат заменик – претседател.

7) Претседателот и членовите на Државната комисија не може да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија или Владата.

Член 203

1) Собранието на Република Македонија го разрешува претседателот или член на Државната комисија пред истекот на мандатот, ако:

- тоа сам го побара; - трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува

Собранието на Република Македонија;

Page 61: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

61

- е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци;

- ги исполни условите за старосна пензија; - врши работи кои се неспоиви со функцијата член или претседател на

Државната комисија, или - настапи смрт на претседателот или членот. 2) Предлог за разрешување на претседателот и член на Државната комисија

може да поднесе и Владата. 3) За постоењето на причини за разрешување на претседателот или член на

Државната комисија пред истекот на мандатот, претседателот (или заменикот во случај на разрешување на претседателот) е должен да го извести Собранието на Република Македонија.

4) Собранието на Република Македонија започнува постапка за утврдување на предлог за именување на претседател и членови на Државната комисија најмалку три месеци пред истекот на нивниот мандат. Постапката за именување треба да заврши најмалку 30 дена пред редовниот истек на мандатот на претседателот и членовите.

Член 204 Со деловник се уредува начинот на работењето и одлучувањето на

Државната комисија.

Член 205 1) Државната комисија за своето работење поднесува годишен извештај до

Собранието на Република Македонија до крајот на март во тековната година за претходната година.

2) На барање на Собранието на Република Македонија, Државната комисија е должна да поднесе извештај и за период пократок од една година.

3) Годишниот извештај особено содржи: - број на примени предмети; - број на решени предмети (отфрлени, одбиени и прифатени жалби); - број на поништени постапки; - број на нерешени предмети; - број на предмети за кои е покренат управен спор (одбиени и прифатени

предмети); - статистичка анализа на постапките на правна заштита, и - оценка на состојбата со правната заштита и на системот за јавни набавки

во целина.

Член 206 Се забранува секој облик на влијание врз донесувањето на одлуките на

Државната комисија, а особено секоја злоупотреба на јавните овластувања, заради влијаење на текот и исходот на постапката.

Член 207 1) Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на

договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Page 62: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

62

2) Правна заштита може да бара и Јавниот правобранител на Република Македонија, кога ги штити интересите на државата или јавниот интерес.

Член 208 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да

пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен во случаите од членовите 99 став 1 точка 1 алинеја 3 и 198 став 1 алинеја 4 на овој закон.

Член 209 1) Во постапката за правна заштита, странките се должни да ги изнесат

сите факти на кои ги засноваат своите барања, како и дејствија или пропуштања за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка и да достават соодветни докази за тоа.

2) Во постапката за правна заштита, договорниот орган е должен да ги докаже фактите и околностите врз основа на кои ја донел својата одлука, презел дејствија или пропуштил да преземе дејствија во реализацијата на постапката за доделување на договор за јавна набавка, која е предмет на постапка за правна заштита.

3) Подносителот на жалбата во постапката за правна заштита е должен да докаже или да го стори веројатно постоењето на фактите и причините кои се однесуваат на правото за поднесување на жалба, повреда на постапката, или повреда на материјалното право, кои се истакнати во жалбата.

Член 210 1) Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за

јавна набавка се ако: - постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без

одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови 2 и 3 на овој закон;

- тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција;

- се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите; - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на

понудите; - е извршен избор на понуда која не е најповолна, и - е извршен избор на неприфатлива понуда.

Член 211

Во постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 21о од овој закон.

Дел 2

Жалба

Член 212 1) Жалбата ги содржи следните елементи:

Page 63: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

63

- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште);

- податоци за застапникот или полномошникот; - назив и седиште на договорниот орган; - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и

податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка; - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на

постапката или други одлуки на договорниот орган; - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од

страна на договорниот орган; - опис на фактичката состојба; - опис на неправилностите и образложение по истите; - предлог на докази; - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката, и - потпис на овластено лице и печат. 2) Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на

надомест за водење на постапката. 3) Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република

Македонија, должен е да определи полномошник за прием на писмена.

Член 213 1) Доколку доставената жалба не ги содржи најмалку податоците од членот

212 став 1 алинеи 1, 3, 4, 5 и 9 на овој закон, Државната комисија ќе побара од подносителот да ја дополни жалбата и ќе одреди рок кој не може да биде подолг од пет дена.

2) Доколку подносителот не постапи по барањето од ставот 1 на овој член, жалбата ќе се отфрли како неуредна, освен ако од содржината на истата може да се постапи и има поставено жалбено барање.

Дел 3

Начин на изјавување на жалба

Член 214

1) Жалбата се изјавува до Државната комисија. 2) Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до

договорниот орган и до Државната комисија. 3) Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден

на поднесување. 4) Во случај на лично поднесување на жалбата, договорниот орган е

должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.

Член 215 1) Договорниот орган, најдоцна во рок од пет дена од приемот на жалбата,

до Државната комисија ги доставува: - жалбата со сите прилози, податоци и доказ за датумот на приемот; - одговор на жалбата со образложение на фактите и правните наводи како и

жалбените барања, хронологија на постапката за доделување на договор за јавна набавка, со наводи за битните елементи на постапката за јавна набавка (проценета вредност, податоци за огласот, постапката на отворање на понудите, евалуација на понудите, одлука за избор и друго);

- целокупната документација за постапката со попис на прилозите;

Page 64: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

64

- понудите на понудувачите, а најмалку на подносителот на жалбата, избраниот и оние способни понудувачи кои имаат можност да бидат избрани, и

- други докази за постоењето на претпоставени околности за донесување на законити одлуки, дејствија или пропуштања за преземање дејствија во постапката за доделување на договор за јавна набавка.

Член 216 1) Постапката на правна заштита започнува со поднесување на жалбата,

односно со барање за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка заради недоставување документација до Државната комисија согласно со членот 222 од овој закон.

2) Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на: - објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во

однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот;

- отворањето на понудите, во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите;

- прием на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка, во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката, или

- сознанија за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршување на спроведената постапка.

3) Во случај на електронски аукции, жалбата во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација се изјавува во рок од осум дена од денот на прием на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

4) Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од ставот 2 на овој член, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.

Дел 4

Дејство на жалбата и продолжување на постапката за доделување на договорот за јавна набавка

Член 217

1) Поднесената жалба го одложува потпишувањето на договорот за јавна набавка и неговото извршување до конечноста на одлуката на Државната комисија.

2) По исклучок од ставот 1 на овој член, Државната комисија може да го одобри продолжувањето на постапката за доделување на договорот за јавна набавка на барање на договорниот орган.

3) Договорот за јавна набавка потпишан спротивно на ставовите 1 и 2 на овој член е ништовен.

Page 65: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

65

Член 218 1) Договорниот орган може да поднесе барање за продолжување на

постапката за доделување на договорот за јавна набавка. Барањето се поднесува истовремено со одговорот на жалбата.

2) Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка кое е поднесено спротивно на ставот 1 на овој член ќе се отфрли.

3) Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка се однесува на потпишување на договорот за јавна набавка кој е предмет на жалбата.

4) Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, може да се поднесе од причини поради кои може да настанат штети заради неспроведување на постапката, а кои се непропорционални на нејзината вредност.

Член 219 По барањето за продолжување на постапката за доделување на договорот

за јавна набавка Државната комисија ќе одлучи во рок од три дена од денот на поднесувањето.

Дел 5

Одлучување по жалба

Член 220 1) Во постапката за правна заштита, Државната комисија може да - ја прекине постапката заради повлекување на жалбата; - ја отфрли жалбата заради ненадлежност, недозволеност, неуреденост,

ненавременост, поради тоа што е изјавена од неовластени лица и во случај на неисполнување на обврската од членот 212 став 2 на овој закон;

- ја одбие жалбата поради неоснованост; - ја укине одлуката, или да ги поништи дејствијата во делот во кој се

незаконски; - ја поништи одлуката во случај кога во постапката за доделување на

договор за јавна набавка е причинета таква неправилност која е причина за поништување според одредбите на овој закон и законите со кои се уредува управната постапка;

- одлучува за барања за надомест на трошоци во постапката, или - одлучува по предлог за продолжување на постапката за јавна набавка. 2) Државната комисија за главната работа одлучува со решение, а во

останатите случаи со заклучок. 3) Решението на Државната комисија е конечно.

Член 221

1) Ако договорниот орган по приемот на жалбата, најде дека истата е делумно или во целост основана, може постојната одлука да ја стави вон сила, односно да донесе нова одлука, или да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, да го исправи дејствието, да го преземе дејствието што го пропуштил или да спроведе нова постапка за доделување на договор за јавна набавка, со известување на учесниците во постапката на начин пропишан со овој закон, во рок од пет дена од приемот на жалбата.

Page 66: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

66

2) Против новата одлука, дејствие или пропуштање за преземање дејствие, подносителот на жалбата има право на жалба под условите предвидени со овој закон.

3) Договорниот орган кој ги користи овластувањата пропишани со овој член, должен е за тоа да ја извести Државната комисија со доставување на новата одлука, односно докази за доставување на истата на жалителот.

Член 222

1) Ако договорниот орган не постапи согласно со член 217 на овој закон, подносителот на жалбата има право во рок од 30 дена од денот на поднесување на жалбата кај договорниот орган, да побара од Државната комисија да донесе одлука за поништување на целата постапка за доделување на договор за јавна набавка.

2) Барањето од ставот 1 на овој член се поднесува до Државната комисија и ги содржи доказите за доставување на жалбата до договорниот орган, податоци за договорниот орган, предметот на договорот за јавна набавка, повикување на бројот на огласот, ако му се достапни.

3) Државната комисија ќе го усвои предлогот на жалителот во случај да се исполнети условите од став 2 на овој член.

Член 223 1) Странки во постапката на правна заштита се подносителот на жалбата,

договорниот орган и избраниот понудувач. 2) За поведувањето на постапка на правна заштита, Државната комисија го

известува избраниот понудувач по службена должност. 3) Секоја странка има право да се произнесе за барањата и наводите на

другата страна и да предлага докази. Државната комисија на секоја странка ќе и ги достави поднесоците кои ќе ги прими по предметот по кој се расправа за главната работа или поднесоците со кои се предлагаат нови факти и докази.

4) Секоја странка има право да ги разгледа списите од предметот со исклучок на оној дел од понудата и документацијата кој се однесува на доверливи информации утврдени со закон.

5) Странките во постапката може да ги застапуваат полномошници. 6) Договорниот орган во постапката на правна заштита, на барање на

Државната комисија, должен е да ја достави документацијата во рок кој таа ќе го одреди.

7) За донесување на одлука за трошоците во постапката на правна заштита, вредноста на предметот ќе се пресмета според проценетата вредност на набавката.

Член 224 1) По жалбените предмети, Државната комисија одлучува на седница со

мнозинство од вкупниот број на членови. 2) Државната комисија може да работи само доколку на седницата се

присутни најмалку три члена. На седниците на Државната комисија задолжително присуствува претседателот и/или неговиот заменик.

3) Член на Државната комисија не може да биде воздржан при гласање. 4) Седниците на Државната комисија не се јавни. 5) За постапката за советување и гласање се води посебен записник.

Записникот го потпишуваат сите присутни членови на Државната комисија и записничарот.

Page 67: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

67

6) Државната комисија одлучува во рок од 15 дена од комплетирањето на документацијата по предметот.

7) Одлуките се објавуваат на веб страницата на Бирото, а може да се објават и во „Службен весник на Република Македонија“.

Член 225 1) При решавање по жалбите, Државната комисија води записник. 2) Записникот треба да содржи битни податоци за преземените дејствија,

односно одлуките донесени на расправата. 3) Записникот го потпишува претседателот, присутните членови и

записничарот, и е составен дел на предметот.

Член 226 1) Странките можат да предложат одржување на усна расправа заради

разјаснување на сложената фактичка состојба или одделни правни прашања, со образложение на причините поради кои ја предлагаат.

2) Државната комисија одлучува по предлогот за одржување на усната расправа.

3) Државната комисија може да одлучи за одржување на усна расправа и во случај кога самата ќе утврди дека истото е потребно заради разјаснување на сложената фактичка состојба или одделни правни прашања.

4) Во текот на усната расправа се води записник. 5) Усната расправа е јавна, а јавноста може да биде исклучена заради

потребата од чување на доверливи информации согласно со закон.

Член 227 За изземање на претседателот и членовите на Државната комисија,

соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

Дел 6

Трошоци на постапката

Член 228 1) Во постапката пред Државната комисија, секоја странка претходно ги

сноси трошоците предизвикани со своите дејствија. 2) Државната комисија решава за трошоците на постапката на правна

заштита, одредува кој ги сноси трошоците, нивниот износ, на кого и во кој рок мора да се платат.

3) Барањето за надомест на трошоците на постапката треба да биде во потполност одредено, специфицирано и доставено пред донесување на решението.

4) Странката која ја покренала постапката, а на чија штета постапката е завршена, должна е на спротивната страна да и ги надомести оправданите трошоци на постапката.

5) Во случај на повлекување или отфрлање на жалбата, подносителот на жалбата е должен на договорниот орган да му ги надомести оправданите трошоци на постапката.

Page 68: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

68

6) Во случај на делумно усвојување на жалбата, Државната комисија може да одлучи секоја страна да ги намири своите трошоци, трошоците за постапката на правна заштита да ги подели на еднакви делови или пропорционално со усвојување на жалбата.

7) Во случај на целосно усвојување на жалбата, договорниот орган е должен на подносителот на жалбата да му ги надомести оправданите трошоци на постапката.

Член 229 1) Во постапката пред Државната комисија, подносителот на жалбата,

покрај административната такса, плаќа и надомест за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:

- до 20.000 евра во денарска противвредност, надомест од 100 евра во денарска противвредност;

- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надомест од 200 евра во денарска противвредност;

- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 300 евра во денарска противвредност, или

- над 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 400 евра во денарска противвредност.

2) Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

3) Надоместот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.

Дел 7

Судска заштита и супсидијарна примена на прописите

Член 230 1) Против решението на Државната комисија може да се покрене управен

спор пред судот надлежен за водење на управни спорови. 2) Судот надлежен за водење на управни спорови, во предметите по јавни

набавки, решава по итна постапка.

Член 231 На постапката пред Државната комисија која не е уредена со одредбите од

овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

Глава XI

Ревизија

Член 232

Ревизијата на користењето и трошењето на средствата за јавни набавки од страна на договорните органи од членот 4 став 1 точки а), б), в) и г) од овој закон ја врши Државниот завод за ревизија.

Page 69: 1.javni nabavki

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

69

Глава XII

Преодни и завршни одредби

Член 233 Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од

денот на отпочнување на примена на овој закон, освен Општиот поимник за јавни набавки, кој ќе се донесе во рок од една година од денот на отпочнување на примена на овој закон.

Член 234 До денот на влегување во сила на прописите предвидени со овој закон ќе

се применуваат постојните прописи, доколку се во согласност со овој закон.

Член 235 1) Државната комисија ќе се конституира и ќе отпочне со работа најдоцна

до 30 јуни 2008 година. 2) До конституирањето и отпочнувањето со работа на Државната комисија,

Комисијата за жалби по јавни набавки на Владата на Република Македонија ќе продолжи да ги врши работите на правна заштита во постапките за јавни набавки од Глава IX од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“, број 19/2004 и 109/2005).

Член 236 Постапките за јавни набавки започнати пред денот на отпочнување на

примена на овој закон ќе завршат согласно со прописите што важеле пред отпочнувањето на примена на овој закон.

Член 237 Со денот на отпочнување на примената на овој закон, престанува да важи

Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“, број 19/2004 и 109/2005).

Член 238 Овој закон влегува во сила осмиот денот од денот на објавувањето во

„Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2008 година.