2
НАЦИО НАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ Корисни линкови каде можете да најдете повеќе информации за програмата „Млади во акција“ и за под-акцијата 4.3 Обука и вмрежување Национална агенција за европски образовни програми и мобилност http://www.na.org.mk Европска Комисија http://ec.europa.eu/youth/index_en.html Извршна агенција за образование и култура http://eacea.ec.europa.eu/youth/index_en.html Останати линкови каде што можете да најдете корисни информации http://www.action4.eu/int/youth-in-action/guide/ action4/43trainingandnetworkingindex.html http://www.salto-youth.net/seeyia/ Препораки за под акцијата 4.3 Јоке де Дуцкер (Белгија) Единствен начин да запознаете луѓе од држави за кои никогаш не сте чуле и да споделите мислења со нив во релаксирана и интер национална атмосфера. Матт Беабле (Обидинето Кралство) Запознаваш одлични луѓе од цела Европа, уживаш во многу интересни дебати и работилници и сте во можност да го сфатите феноменот “меѓу културно учење“ Јас дефинитивно ви ја препорачувам оваа под-акција Мамица Дервиши – Албанија “Моето учеството во под акцијата 4.3 би сакала да го опишам како едно посебно искуство. Успеав да запознаам многу млади луѓе, нови култури, да доживеам уникатни искуства кои направија да размислувам на еден различен начин. Ми овозможи да учам многу нови нешта. Да бидам поотворена и да ги почитувам луѓето кои се различни од мене.’’

4.3. Obuki i razmeni

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Obuki i razmeni na mladi

Citation preview

Page 1: 4.3. Obuki i razmeni

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

Корисни линкови каде можете да најдете повеќе информации за програмата „Млади во акција“ и запод-акцијата 4.3 Обука и вмрежување

Национална агенција за европски образовни програми и мобилностhttp://www.na.org.mk

Европска Комисијаhttp://ec.europa.eu/youth/index_en.html

Извршна агенција за образование и култураhttp://eacea.ec.europa.eu/youth/index_en.html

Останати линкови каде што можете да најдете корисни информацииhttp://www.action4.eu/int/youth-in-action/guide/action4/43trainingandnetworkingindex.html

http://www.salto-youth.net/seeyia/

Препораки за под акцијата 4.3

Јоке де Дуцкер (Белгија)

Единствен начин да запознаете луѓе од држави за кои никогаш не сте чуле и да споделите мислења со нив во релаксирана и интер национална атмосфера.

Матт Беабле (Обидинето Кралство)

Запознаваш одлични луѓе од цела Европа, уживаш во многу интересни дебати и работилници и сте во можност да го сфатите феноменот “меѓу културно учење“

Јас дефинитивно ви ја препорачувам оваа под-акција

Мамица Дервиши – Албанија

“Моето учеството во под акцијата 4.3 би сакала да го опишам како едно посебно искуство. Успеав да запознаам многу млади луѓе, нови култури, да доживеам уникатни искуства кои направија да размислувам на еден различен начин. Ми овозможи да учам многу нови нешта. Да бидам поотворена и да ги почитувам луѓето кои се различни од мене.’’

Page 2: 4.3. Obuki i razmeni

ЗАШТО ДА УЧЕСТВУВАМ ВО ОБУКА И ВМРЕЖУВАЊЕ?

ЌЕ ИМАМ МОЖНОСТ ДА СКЛУЧАТ НОВИ ПАРТНЕРСТВА ЗА ИДНИ ПРОЕКТИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА „МЛАДИ ВО АКЦИЈА“

ЌЕ МОЖАМ ДА ПОДГОТВАМ НОВ ПРОЕКТ НА ТЕМА КОЈА Е АКТУЕЛНА ЗА МЛАДИТЕ ВО МОЈАТА СРЕДИНА

ЌЕ ИМАМ МОЖНОСТ ДА РАЗМЕНАМ ДОБРИ ПРАКТИКИ СО ДРУГИ УЧЕСНИЦИ КОИ ИМААТ ИСКУСТВО ВО ПОДГОТОВКА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

ЌЕ ИМАМ МОЖНОСТ КРАТКО ДА ПРЕТСТОЈУВАМ ВО ПАРТНЕР ОРГАНИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈА НА ЕУ И ДА СТЕКНАМ НОВИ ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА ПРЕКУ НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ

ЌЕ СТЕКНАМ НОВИ ПРИЈАТЕЛИ ОД РАЗЛИЧНИ ДРЖАВИ НА ЕВРОПА

Активности за обука и поврзување во мрежи Проект за обука и поврзување во мрежи се развива во поглед на имплементација на една од следниве активности:

Учење на работното место со набљудување (практично учење за стекнување искуство) - Краток престој во партнер-организација во друга земја, со цел да се разменуваат добри практики, да се стекнат вештини и знаење и/или градење долготрајни партнерства преку партиципативно набљудување.

Практична посета - Краток состанок со потенцијалните партнери за да се истражи и/или подготви потенцијален транснационален проект. Практичните состаноци имаат за цел да ја подобрат и да ја развијат постоечката соработка и/или да се подготват за иден проект во рамките на програмата “Млади во акција”.

Состанок за евалуација - Состанок кој е планиран со партнерите, со цел да се направи евалуација на претходни состаноци, семинари, курсеви за обука. Ваквите состаноци им помагаат на партнерите да ги оценат и да дискутираат за потенцијалните последователни активности откако ќе се зафатат со заеднички проект.

Студиска посета - Организирана студиска програма, за краток период, која нуди преглед на младинската работа и/или одредбите на младинската политика во една земја. Студиската посета е фокусирана на одредена тема и се состои од посети и состаноци за различни проекти и организации во одредена земја.

Активност за градење партнерства - Настан кој е организиран за да им се овозможи на учесниците да најдат партнери за транснационална соработка и/или за развој на проект. Притоа се поврзуваат потенцијалните партнери и се олеснува развојот на нови проекти на одредена избрана тема и/или акција во рамките на програмата “Млади во aкција”.

Цели на под-акција 4.3

Подакцијата 4.3 ја поддржува обуката за сите оние кои се активни во областа на младинската работа и младинските организации на ова поле, особено лидери на проекти, советници на млади и на лица за мониторинг на овие проекти. Исто така, се поддржува размената на искуства, експертиза и добри практики помеѓу оние кои се активни во младинската работа и младинските организации, како и активностите кои може да доведат до основање долготрајни, висококвалитетни проекти.

Што претставува проект за обука и поврзување во мрежа? Проектот за обука и поврзување во мрежа може да биде од два типа:

• Проект со кој се промовираат размени, соработка и обука во областа на младинската работа. Се развива во поглед на имплементација на активност со која се поддржува градење на капацитетите и иновативност помеѓу партнерите, како и размена на искуства, експертиза и добри практики помеѓу оние кои се вклучени во младинската работа;• Проект кој води кон развој на понатамошни проекти во рамките на програмата “Млади во акција”. Се развива во поглед на имплементација на активност која им помага на сите потенцијални промотoри да подготват и да развијат нови проекти во рамките на програмата “Млади во aкција”, особено преку обезбедување поддршка и “know-how” за развој на тие проекти; поддршка за пронаоѓање партнери; алатки и средства за подобрување на квалитетот на проектите.

Кој може да аплицира?Еден од партнерите на Проектот за обука и вмрежување дејствува какокоординатор и аплицира во името на партнерството. Апликацијата може да ја достави:• Непрофитна организација или асоцијација;• Локално, регионално или национално јавно тело, вклучено во младинска работа;• Неформална група млади.

Секој промотор мора да биде претставник од Програмска земја.

Семинар - Настан кој е организиран за да се обезбеди платформа за дискусија и размена на добри практики, врз основа на теоретски информации околу избрана тема или теми кои се релевантни на полето на младинската работа.

Курс за обука - Образовна програма за учење конкретни теми, која има за цел да ги подобри способностите, знаењето, вештините и ставовите на учесниците. Курсевите за обука водат кон висококвалитетна практична работа во областа на младинската работа, генерално и/или поконкретно за проекти од програмата “Млади во aкција”.