2
Радиоактивноста и радиоактивните изотопи наоѓаат се поголема примена во разни области, меѓутоа освен со своите позитивни придобивки тие носат и нова преголема опасност, а тоа е радиоктивното озрачување. Прво за примената на радиоактивното зрачење можеме да кажеме дека наоѓа примена во областа на медицината, биологијата, науката, техниката, материјалното производство. Една од примените на радиоактивното зрачење е тоа што има корист при уништување на клетки заболени од карцином, потоа доаѓа уништувањето на штетните микроорганизми, набљудување и контрола на дебелината на материјалите во производството, например, на хартија, гума, метали, а исто така има примена и во болниците, за набљудување на процесите во телото. Од друга страна, радиоактивното зрачење е нешто што ниту еден човек не може да го избегне. Од зрачење не може да се скрие ниедно живо суштество, додека пак секој човек годишно прима ефективна(просечна) доза зрачење од околу 3,5 mSv. Меѓутоа, секој орган, секое ткиво и секоја клетка се различно осетливи на радиоактивното зрачење и според тоа и последиците од зрачењето нема да бидат исти за сите органи. Најосетливи на радиоактивното зрачење се клетките кои најбрзо растат и се размножуваат, а додека пак најопасно озрачување е она кое е еднократно, но со голема доза, а додека помалку опасно е ако повеќекратно сме изложени на озрачување но со мали дози. Секако, од многуте видови на озрачувања и во зависност од критичните органи кои се различно осетливи на различни зрачења, постои и заштита од радиоактивното озрачување. Заштитата може да се изврши на повеќе начини. Еден од методите на заштита е што помалку време да се изложуваме на радиоактивно зрачење, друг начин е да се одалечуваме и да не се доближуваме до изворот на радиоактивно зрачење. Исто така, за различните видови на зрачења имаме посебни методи на заштита, различни методи за алфа зрачењето, различно за бета зрачењето и така натаму. Можеме да заклучиме дека радиоактивноста и радиоактивното зрачење се од голема корист и наоѓаат широка примена во секојдневието на човекот, но со својата примена и придобивки, тие со себе носат и премногу опасни последици за животот на човекот. Затоа треба да бидеме многу претпазливи и навреме да се заштитиме од озрачување, за да не се дојде до некои посериозни последици. Затоа е многу важно да знаеме многу

Радиоактивност

Embed Size (px)

DESCRIPTION

//

Citation preview

Page 1: Радиоактивност

Радиоактивноста и радиоактивните изотопи наоѓаат се поголема примена во разни области, меѓутоа освен со своите позитивни придобивки тие носат и нова преголема опасност, а тоа е радиоктивното озрачување. Прво за примената на радиоактивното зрачење можеме да кажеме дека наоѓа примена во областа на медицината, биологијата, науката, техниката, материјалното производство. Една од примените на радиоактивното зрачење е тоа што има корист при уништување на клетки заболени од карцином, потоа доаѓа уништувањето на штетните микроорганизми, набљудување и контрола на дебелината на материјалите во производството, например, на хартија, гума, метали, а исто така има примена и во болниците, за набљудување на процесите во телото. Од друга страна, радиоактивното зрачење е нешто што ниту еден човек не може да го избегне. Од зрачење не може да се скрие ниедно живо суштество, додека пак секој човек годишно прима ефективна(просечна) доза зрачење од околу 3,5 mSv. Меѓутоа, секој орган, секое ткиво и секоја клетка се различно осетливи на радиоактивното зрачење и според тоа и последиците од зрачењето нема да бидат исти за сите органи. Најосетливи на радиоактивното зрачење се клетките кои најбрзо растат и се размножуваат, а додека пак најопасно озрачување е она кое е еднократно, но со голема доза, а додека помалку опасно е ако повеќекратно сме изложени на озрачување но со мали дози. Секако, од многуте видови на озрачувања и во зависност од критичните органи кои се различно осетливи на различни зрачења, постои и заштита од радиоактивното озрачување. Заштитата може да се изврши на повеќе начини. Еден од методите на заштита е што помалку време да се изложуваме на радиоактивно зрачење, друг начин е да се одалечуваме и да не се доближуваме до изворот на радиоактивно зрачење. Исто така, за различните видови на зрачења имаме посебни методи на заштита, различни методи за алфа зрачењето, различно за бета зрачењето и така натаму.Можеме да заклучиме дека радиоактивноста и радиоактивното зрачење се од голема корист и наоѓаат широка примена во секојдневието на човекот, но со својата примена и придобивки, тие со себе носат и премногу опасни последици за животот на човекот. Затоа треба да бидеме многу претпазливи и навреме да се заштитиме од озрачување, за да не се дојде до некои посериозни последици. Затоа е многу важно да знаеме многу работи поврзани со радиоактивноста и позитивни и негативни, бидејќи тие се од корист за сите нас.