20
Алтернативни извори на енергија

Alternativni Izvori Na Energija

  • Upload
    -

  • View
    52

  • Download
    10

Embed Size (px)

DESCRIPTION

fizika 9

Citation preview

Page 1: Alternativni Izvori Na Energija

Алтернативни извори на енергија

Page 2: Alternativni Izvori Na Energija

Алтернативни извори? Потребен ресурс

Европскиот начин на живот сеуште е зависен од фосилните горива(конвенционален извор на енергија). Од овие горива кои се создале пред многу години веќе пола од нив се искористени, но како и да е за неколку декади овие горива нема да постојат. Со тоа ќе виде потребно

Европа да развие сигурни извори на енергија кои што се непресушни како што е енергијата од сонцето, ветер,

вода и енергетски постројки. Обновливата-алтернативната енергија не е ништо ново бидејќи со

векови веќе се започнало пронаоѓањето на начини како да се искористат на најдобар начин овие извори.

Ресурсите-материјалите на алтернативната енергија не се промениле, но технологијата сигурно се променила, така што се создаваат поефикасни технологии со кои се доаѓа

до енергијата од алтернативните извори, кои не произведуваат јаглеродни гасови кои го предизвикуваат

глобалното затоплување.

Page 3: Alternativni Izvori Na Energija

Што претставуваат алтернативните извори на енергија?

Овие извори всушност претставуваат неконвенционални односно алтернативни,обновливи извори на енергија кои ги има насекаде околу нас, а ние сме тие кои што треба да пронајдеме или е веќе

пронајден начин за квалитетно,ефикасно и ефективно искористување. Во оваа група спаѓаат:

•Ветер•Сонце•Биомаса•Морски бранови•Тидална (плима-осека)•Геотермална

Page 4: Alternativni Izvori Na Energija
Page 5: Alternativni Izvori Na Energija

Колку се штетни или корисни овие извори?

Овие алтернативни извори на енергија имаат своја позитивна и негативна страна која на некој начин

дава потик за подобар живот, односно дека со нивно губење и неправилно користење целиот свет би бил

ставен во едно големо прашaње за тоа како да се дојде до задоволителни и ефикасни ресурси од овие извори на енергија за да можеме да ги задоволиме

нашите потреби, така што со задоволување на нашите потреби, но на правилен начин, би имале подобар и

секако поздрав живот.

Page 6: Alternativni Izvori Na Energija

Позитивни и негативни одлики на алтернативните извори

Позитивни одлики на овие извори се:•Влијанието врз животната средина•Неисцрпни односно обновливи•Цената-бесплатна•Важна улога во смалувањето на емисијата на јаглерод диоксид

Негативни одлики се:•Достапни во ограничено време•Имаат релативно мал енергетски потенцијал

Page 7: Alternativni Izvori Na Energija

Хидроенергија

Хидроенергијата е голем извор на енергија во повеќе европски земји. Хидроенергијата претставува примена

на потенцијалната или кинетичката енергија на водата. Со поимот хидроенергија се опфаќа секоја

можност која е искористена од струењето на водата. Браните или хидроцентралите се користат за правење

на некој начин резервоари така што водата се пропушта низ стрмно поставени цевки и ги движи

турбините кои ја произведуваат електричната енергија.

Page 8: Alternativni Izvori Na Energija
Page 9: Alternativni Izvori Na Energija

Сончева енергија

Енергијата од сонцето во вид на сончева светлина-енергија го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза и ја управува земјината клима и

време.Сончевата енергија веќе подолго време станува еден

многу важен ресурс. Така што неопходно е воведување на мерки на оваа енергетска ефикасност, така што би се зголемил процентот на искористување на оваа енергија.

Дека технологијата помага во сето овај план се и многубројните конструкции кои се покажале

добро.Сончевите панели кои се користат доста многу ја претвораат сончевата во електрична енергија.

Соларната термална енергија се користи за обезбедување на топлина и топла вода, така што

цевките ја апсорбираат сончевата енергија и преку цевките ја пренесуваат во резервоарот за вода.

Page 10: Alternativni Izvori Na Energija
Page 11: Alternativni Izvori Na Energija

Ветерна енергија

Начинот за искористување на ветерната енергија потекнува од пред многу години и декади, но сепак

останал доследен на својата ефикасност и ефективност. Оваа енергија со ветраните се

користела за мелење на жито и кај бродовите за превезување на стока и луѓе околу светот. Но, сепак

современите денешни ветерни турбини се многу ефикасни и сега произведуваат електрична енергија

за илјадници домови во Европа.Но, сепак произведувањето на енергија на ваков начин

зависи од фактори кои и до некаде си сносат и свои последици како што се брзината на ветерот и

густината на воздухот.

Page 12: Alternativni Izvori Na Energija

Ветерна енергија*

1. Енергетски извор2. Погонска машина3. Електрична машина-генератор4. Мрежа корисник

Page 13: Alternativni Izvori Na Energija
Page 14: Alternativni Izvori Na Energija

Биомасата

Биомасата претставува една од најразновидните од обновливите извори на енергија. Биомасата

претставува енергија од биолошките супстанци а нејзини извори се дрвените остатоци, остатоци од

храна, сточни остатоци и индустриски култури. Како што природните сили ги претвориле

праисториските шуми во нафта, јаглен и гас, така и напредната технологија може да се искористи за

претворање на биомасата во цврсти, течни и гасни горива. Дрвото, сламата и некои индустриски

култури можат да бидат согорени во термоелектрани за производство на електрична

енергија и топлина.

Page 15: Alternativni Izvori Na Energija
Page 16: Alternativni Izvori Na Energija

Геотермална

Геотермалната енергија се состои во користење на топлината од внатрешноста на Земјата. За користење на

оваа енергија се унапредени многу технологии. Има повеќе начини на добивање на геотермална енергија, но најпознат е добивањето со користење на топлата вода

која избива или се испумпува со пумпи од внатрешноста на Земјата. Но, овој начин може да биде применет само на некои места на планетата, бидејќи не секаде избива топла вода или може да биде испумпана истата. Овај начин се користи во поразвиените земји како што се

САД, Јапонија, Филипините како и во Мексико.

Page 17: Alternativni Izvori Na Energija
Page 18: Alternativni Izvori Na Energija

Тидална (плима-осека)

Енергијата од плима-осека доаѓа од гравитационата сила на Сонцето и Месечината. Сега за сега нема поголеми комерцијални достигнувања на експлоатацијата на оваа енергија, но потенцијалот не е мал. Овај начин се користи на места каде овие морски промени се поизразени, на пример каде што разликата плима-осека е 10 метра. На овие места се изградени електрани кои работат на сличен принцип како хидроцентралите. Лоцирани се најчесто на стеснувањето на некои мориња и достигнуваат до многу големи должини. Сепак овај начин е скоро нов и никоја држава досега не покажала подобар напредок.

Page 19: Alternativni Izvori Na Energija

                                              

најпознатата електрана е на реката Ранц во Франција која е изградена

во 1960 и сеуште работи.

Page 20: Alternativni Izvori Na Energija

Изработиле:Кристина РистевскаМартина СекуловскаОливер Петровски

II7