6
ПОРТА 30 август 2013 3 14 Професоре Гизелини, како моментално би ја дефинирале италијанската архитектура на глобално ниво и како се гледате Вие во неа? Дали имате некакви согледувања за балканската архитектура? Италија моментално се наоѓа во многу деликатна фаза на транзиција и промени. Економскиот колапс, несигурната политичка рамнотежа и подземната социјална тензија, многу силно се рефлектираат и врз архитектурата. Архитектурата јасно го отсликува духот на времето, комплексноста и еволуираната структура на секое општество. Денешните околности поттикнуваат фрагментирани истражувачки патишта и поинакви начини на изразување, кои го засенуваат погледот кон важните цели, но индиректно истите водат до продуктивност. Во овој контекст, италијанската архитектура навидум изгледа како да го изгубила контактот со вокабуларот за мера, чувство и соодветност што го дефинира нејзиниот карактер. Архитектурата во целост се интернационализира и стана повеќе имперсонална. Храброста и нервот за автономна експресивност се компресирани и се откажале од т.н. страствен однос кон едно „место“. Силно верувам дека е неопходно да се согледаат овие предизвици, не како несреќна осуда, туку како клучна можност. Иако живееме со трауми, ние истовремено избираме можности за повторно создавање на еден нов свет, почнувајќи пред сè со идеи. Балканската архитектура со нејзиното мултикултурно население и нејзината кревка структура, поминува низ интересен процес на реформирање на клучниот карактер, целта и содржината на модерната архитектура. Географските и интелектуалните експерименти извршени од архитектонски и дизајнерски протагонисти како што се „Њириќ + архитекти“, „Студио УП“, 3ЛХД , „Рандис&Турато“, „Бевк Перович архитекти“, Перо Вуковиќ и Тончи Жарниќ, го претворија балканскиот регион во една голема истражувачка лабораторија. Регионот доживува интересен и иновативен развој, што уникатно и позитивно е некако одделено од меѓународната сцена. И покрај тоа што сегашните резултати сè уште не се кристално јасни, тие посочуваат кон еден иден архитектонски речник кој почнува помалку и да „зборува“. Италијанскиот образовен систем сè повеќе е во конфликт со условите што ги задава нашата професија. Конкуренцијата станува сè поголема. Секоја година дипломираат голем број студенти, а се гради сè помалку и помалку. Работа речиси и да нема. Според Вас, што ќе биде пресудно за следните генерации архитекти? Убеден сум дека новата архитектонска професионална активност иницираше процес на неповратна трансформација каква што не можеше да се забележи пред една деценија. Драстичните промени во полето на комуникацијата, интеракцијата во живо и технолошката софистицираност, не ретко поврзани со парадоксални компликации кои имаат влијание во сферата на проектните одговорности, во целост ја преобликуваа улогата на архитектот во модерното општество, префрлувајќи ги од производители на згради во творци на невообичани идеи, сценарија и стратешки решенија. „Волуменската густина“ постепено се разложува во корист на нематеријалното, со што поактивно и поимагинативно се решаваат комплицираните предизвици, не само од конструктивна перспектива туку и од социјална, економска и културна гледна точка. Денешниот архитект станува сè помалку градител во практична смисла, а сè повеќе интерпретатор на реалноста, читач и истражувач на историски околности, ги предвидува трендовите, креира интервју ТОМАС ГИЗЕЛИНИ Архитектурата мора да е Италијанскиот архитект Томас Гизелини претставува еден вистински оптимистички пример во денешнава кризна Европа. Овој млад професор на Архитектонскиот факултет „Бјаџо Росети“ во Ферара, е добитник на престижната награда Premio Fondazione Renzo Piano 2013, како и на наградата за најдобра медитеранска архитектура Premio MEA 2013. Во овој број на „Порта 3“ имаме можност да продискутираме и да се запознаеме со неговaтa работа, но и воопшто за актуелната архитектонска состојба во Италија. Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх.

Arhitekturata mora da e

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Interview with Tomas Ghisselini architect

Citation preview

Page 1: Arhitekturata mora da e

ПОРТА 30 август 2013314

14

Професоре Гизелини, како моментално би ја дефинирале италијанската архитектура на глобално ниво и како се гледате Вие во неа? Дали имате некакви согледувања за балканската архитектура? Италија моментално се наоѓа во многу деликатна фаза на транзиција и промени. Економскиот колапс, несигурната политичка рамнотежа и подземната социјална тензија, многу силно се рефлектираат и врз архитектурата. Архитектурата јасно го отсликува духот на времето, комплексноста и еволуираната структура на секое општество. Денешните околности поттикнуваат фрагментирани истражувачки патишта и поинакви начини на изразување, кои го засенуваат погледот кон важните цели, но индиректно истите водат до продуктивност. Во овој контекст, италијанската архитектура навидум изгледа како да го изгубила контактот со вокабуларот за мера, чувство и соодветност што го дефинира нејзиниот карактер. Архитектурата во целост се интернационализира и стана повеќе имперсонална. Храброста и нервот за автономна експресивност се компресирани и се откажале од т.н. страствен однос кон едно „место“. Силно верувам дека е неопходно да се согледаат

овие предизвици, не како несреќна осуда, туку како клучна можност. Иако живееме со трауми, ние истовремено избираме можности за повторно создавање на еден нов свет, почнувајќи пред сè со идеи. Балканската архитектура со нејзиното мултикултурно население и нејзината кревка структура, поминува низ интересен процес на реформирање на клучниот карактер, целта и содржината на модерната архитектура. Географските и интелектуалните експерименти извршени од архитектонски и дизајнерски протагонисти како што се „Њириќ + архитекти“, „Студио УП“, 3ЛХД , „Рандис&Турато“, „Бевк Перович архитекти“, Перо Вуковиќ и Тончи Жарниќ, го претворија балканскиот регион во една голема истражувачка лабораторија. Регионот доживува интересен и иновативен развој, што уникатно и позитивно е некако одделено од меѓународната сцена. И покрај тоа што сегашните резултати сè уште не се кристално јасни, тие посочуваат кон еден иден архитектонски речник кој почнува помалку и да „зборува“.

Италијанскиот образовен систем сè повеќе е во конфликт со условите што ги задава нашата професија. Конкуренцијата станува сè поголема. Секоја година дипломираат

голем број студенти, а се гради сè помалку и помалку. Работа речиси и да нема. Според Вас, што ќе биде пресудно за следните генерации архитекти? Убеден сум дека новата архитектонска професионална активност иницираше процес на неповратна трансформација каква што не можеше да се забележи пред една деценија. Драстичните промени во полето на комуникацијата, интеракцијата во живо и технолошката софистицираност, не ретко поврзани со парадоксални компликации кои имаат влијание во сферата на проектните одговорности, во целост ја преобликуваа улогата на архитектот во модерното општество, префрлувајќи ги од производители на згради во творци на невообичани идеи, сценарија и стратешки решенија. „Волуменската густина“ постепено се разложува во корист на нематеријалното, со што поактивно и поимагинативно се решаваат комплицираните предизвици, не само од конструктивна перспектива туку и од социјална, економска и културна гледна точка. Денешниот архитект станува сè помалку градител во практична смисла, а сè повеќе интерпретатор на реалноста, читач и истражувач на историски околности, ги предвидува трендовите, креира

интервју ТОМАС ГИЗЕЛИНИ

Архитектурата мора да е лирична во суштинатаИталијанскиот архитект Томас Гизелини претставува еден вистински оптимистички пример во денешнава кризна Европа. Овој млад професор на Архитектонскиот факултет „Бјаџо Росети“ во Ферара, е добитник на престижната награда Premio Fondazione Renzo Piano 2013, како и на наградата за најдобра медитеранска архитектура Premio MEA 2013. Во овој број на „Порта 3“ имаме можност да продискутираме и да се запознаеме со неговaтa работа, но и воопшто за актуелната архитектонска состојба во Италија.Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх.

Page 2: Arhitekturata mora da e

30 август 2013 ПОРТА3 15

15

иновативни социјални панорами, и тоа уште пред да се урбанизира средината. Или, кажано со технички жаргон типичен за денешните активности во стратешките комуникации, тој е решавач на проблемите. Затоа моите предавања не се фокусираат на воочливите сигурности предложени од традиционалните поими, туку повеќе се потпираат на несигурното: во прашање се предавања и работилници со дизајнери, пејзажни архитекти, уметници, фотографи, писатели, режисери, театарски глумци, па дури и графички дизајнери кои градат возбудливи повеќефазни сценарија со неограничен потенцијал. Секој може да истражи значајни дела со патување во архитектонски правци, но животното искуство го овозможува останатото и придонесува силно чувство на блискост со возвишените состојки кои се наоѓаат во убавата архитектура. Состојките се опипливи но понекогаш необјасниви: светло, маса, тежина, волумен, транспарентност, боја, леснотија, баланс, пропорција

и мерка. На овој начин, студентите се „заштитени“ од стагнирачките ортодоксии од минатото и од списанијата исполнети со трендови од сегашноста. Резултатот е скоро секогаш просветлувачка магија која се впива во умовите на студентите. Можам да ги забележам нивните сништа за тоа што можат да направат или што можат да станат, или влијанието што можат да го имаат во одредување на реалноста.

Во 2008 година победивте на два важни конкурси последователно. Следната година го отворивте Вашето архитектонско студио. Дали тој почеток воедно ќе биде и двигател кој ќе Ве афирмира како еден од најветувачките млади архитекти на италијанската сцена? Во 2008 година, после моите искуства во Италија и во странство, одлучив дека е време да го ставам на тест сето мое знаење акумулирано во претходните години. За неколку месеци, напорно работејќи во соработка со големи архитектонски

бироа, учествував на неколку конкурси фокусирани на радикални, но сепак за јавноста важни теми: гробишта и училиште. Изгледаше како кругот на раѓањето и на смртта во животот да се поклопија. Ова претставуваше неодолив предизвик, за мене многу возбудлив. Не можев да верувам што ми се случува, истовремено убеден дека го добив победничкиот бонус за следните десет години со освојување на двата проекти (сите знаеме колку е тешко да се победи на конкурс). Самиот момент изгледаше како најдобро време за отворање на мое студио, и на тој начин ги игнорирав оние што ми велеа дека конкурсите се само идеи, кои завршуваат во нечија фиока или живеат точно колку една изборна кампања. Така го отворив архитектонското ателје. Тоа е еден вид „ботега“ (занаетчиска работилница), каде што млади архитекти, инженери, графички дизајнери и уметници придонесуваат во зачнувањето, истражувањето, развивањето и менаџирањето со проектите.

интервју

Архитектурата мора да е лирична во суштината

The Secret Garden, Тавацано кон Вилавеско (Лоди), Италија

House G, Ферара, Италија

Page 3: Arhitekturata mora da e

ПОРТА 30 август 2013316

16

Ние сме дефинитивно фамилија. Секој детаљ се проектира во ателјето, започнувајќи од првата скица до градежните документи, од концептулни нацрти до конструктивни системи кои се подложни на многу технолошки анализи. Особено внимание секогаш се посветува на истражување во насока на зачувување на животната средина и економската одржливост на проектите. Нашиот експерт за одржливост на проектите, кој е и овластен инженер од LEED (Leadership in Energy & Environmental Design), ги оценува и корегира предложените проекти за LEED сертификат. По изненадната победа на двата конкурси со прва награда, јас бев исто толку изненаден и со судбината на проектите: националниот конкурс водеше до изградба на двата објекта за краток период. Овие случувања беа навистина во спротивност со сите шанси за нивно остварување, заради тоа што во просек треба седум години за да се изгради еден јавен објект. Во тој период победивме и на други важни јавни и приватни конкурси за дизајн и урбано планирање, и сите

се изградени или се во изградба.

Со проектот за училиштето "The Court of The Trees", во близина на Бергамо, ја добивте престижната награда на фондацијата „ренцо пијано“. Кои беа основните белези на тој објект што ви овозможи да ја добиете оваа награда? Тој проект предизвика голем интерес и доби голема популарност кај медиумите во Италија но и во странство. Исто така, доби неколку награди и повеќе важни признанија - како најважна можам да ја издвојам наградата добиена од самиот Ренцо Пијано, после еден долг и незаборавен ден во неговата работилница во Џенова. Повикувајќи се на нежните и мотивирачки зборови изговорени од големиот архитект, елементите што овозможија да ја добиеме оваа награда треба да се побараат во одличните локациски избори: посебното внимание посветено на деликатните контекстуални услови (училиштето се наоѓа пред историските гробишта на малиот град!); вклучувањето на неконвенционална употреба на обични конструктивни техники и скромни градежни материјали кои можат

да се најдат во околината; деталната студија направена за атмосферата и перцепцијата на квалитетот на просторот (детален план на боите во ентериерот, во амбиент како од сништата); со специјално скроениот пристап кон решавање на фасадата на објектот (архитектонските детали), и како дел од задачата претставување да го изработиме и ентериерот со креации безбедни за деца, ергономичен мебел и опрема за играње. Но, можеби најмногу од сè ги истакнавме иновативните и бунтовнички интерпретации на одржливи и еконoмични креативни решенија. Ги избегнавме баналните и технолошките софистицираности, претпочитајќи едноставно и интегрирано решение. Тродимензионалната мрежа на „невидливи“ оџаци ја елиминира потребата да се поставуваат комплицирани и скапи вентилациони системи. Заштедува пари, изгледа убаво, и овозможува објектот да ја потврди една од најстарите техники позната во архитектонскиот пасивен дизајн: природна, бавна вентилација која припаѓа на многу прединдустријални западни цивилизации и е многу позната во медитеранската архитектура.

интервју

The Court Of The Trees, Ченате сото (Бергамо), Италија

Page 4: Arhitekturata mora da e

30 август 2013 ПОРТА3 17

17

Со конкурсот за Болоња, вие понудивте интересна визија за реставрација на историскиот град со микро-хирушки зафати. Дали мислите дека оваа стратегија може да се примени во сите италијански градови? Проектот, кој беше награден со пофалница на голем интернационален дизајнерски и урбан конкурс, беше именуван како Урбана микро-хирургија. Пет неинвазивни операции за новиот рурален град. Започнувајќи од интересната интерпретација на градот како физички и органски ентитет, проектот ја разгледува идејата за неинвазивни микро-хируршки интервенции, комплетно или делумно променливи, како проактивна грижа за многу болни точки во урбаното тело. Градовите се комплицирани социјални, симболични и политички тела. На урбаните проекти, сега повеќе од кога било, им треба способноста да го потврдат

софистицираниот esprit de corps помеѓу заедницата и фрагментираноста, помеѓу континуитетот и прекините, на идентичното и неидентичното што постои во близина. Многу често урбаното и посебно околното планирање се согледани како изолирани компоненти низ времето; ова изгледа непристојно затоа што вредноста и квалитетот на локацијата се согледува низ призмата на присутноста на природните карактеристики и мудро интегрирање на човечките изуми со оптимален резултат. Секое делче архитектура во урбаниот пејзаж станува инструмент во процесот на контрола на големото сценарио и студија за хиерархиски односи, димензии и квалитет. Градовите се тела. Во случајот на Болоња приметивме пет крупни органски болести кои влијаеа на урбаното тело во тоа време. Предложивме специфични микро-хируршки зафати за секоја урбана

болест посебно, кои беа спроведени со неинвазивна техника, стриктно локализирани со лимитирани акции, имајќи предвид дека секоја акција требаше да биде изведена со повторување за секоја болна точка. Овие специфични приоди насочуваа за подобрување и отстранување на пречките кон модерна поврзаност на градот со околината. Исто како што медицинската практика зависи од интеракцијата помеѓу доктор и пациент, урбаните политики мораат да се поврзат со градовите. Да се интервенира во еден град, да се подобри и да се стимулира позитивна реакција во заедниците, најважно е да се препознае потребата за да се преземе иницијатива и да се биде храбар. Графички, овие согледувања беа претставени како точки на урбани и рурални предели, кои промовираа глобална акција на бавното но прогресивно урбано будење.

интервју

Денешниот архитект станува сè помалку градител во практична смисла, а сè повеќе интерпретатор на реалноста, читач и истражувач на историски околности, ги предвидува трендовите, креира иновативни социјални панорами, и тоа уште пред да се урбанизира средината

Реставрација на "ex officine Cevolani" во Болоња, Италија

Page 5: Arhitekturata mora da e

ПОРТА 30 август 2013318

18

интервју

За конкурсот на центарот за рехабилитација "Malga Fosse" предложивте безмалку метафизичка населба во импресивните пејзажи на алпите. Што е причината за ваквиот пристап? Огласот за конкурсот експлицитно имаше зацртано дизајнерите да размислуваат во насока на реновирање пејзаж и архитектонска регенерација. Преобразбата на историскиот хотел "Malga", чиј конструктивен интегритет беше значително компромитиран заради долгите години неодржување, во одличен центар и туристичка дестинација каде ќе бидат привлечени посетители и туристи на многу висока надморска височина. Конкурсот, исто така, служеше да се зачнат нови начини на промовирање на овој планински дел со своите мали соседни гратчиња во поширок регионален карактер. По нашето видување дизајнот на проектот треба повторно да го оживее начинот и обичаите на живеење на тие височини. Размислувајќи околу силен, радикален и некомпромитирачки дизајн, нашата цел беше да создадеме позитивен импакт на жителите со избегнување на обезличувањето на светоста на теренот и природното наследство. Со овој став

ќе се избегне подлегнувањето на некои од чудните архитектонски трендови. Ние верувавме дека најдобриот начин да се пристапи кон овој проблем беше да се интерпретира неповторливиот планински архетип: стилизирање на дрвени колиби со стрмна падина кои ги оцртуваат околните врвови со побендичка метафора. Стрмните падини овозможуваат одлични глетки на пејзажите поврзани преку трослојните стаклени ѕидови, стратешки поставените прозорци на страните, и стаклени отвори поставени на балконите за непречено набљудување од спалните соби! Трослојните стаклени ѕидови и експонираните скалници го имитираат неповторливото искуство на планинарењето (доколку се плашите од височини не погледнувајте надолу!). Од највисоката точка посетителите можат да го согледаат целиот комплекс, кој самиот по себе е достоен за разгледница. Материјалите што се избрани во изградбата се локални и контекстуални. Покрај големите трошоци за стаклото и екстремните зимски температури, објектот задоволува висок степен на енергетска ефикасност со квалитетни материјали и високи изолациони

рејтинзи, а исто така се употребуваат обновливи извори на енергија. Овој објект е енергетски самоодржлива градба, што овозможува посетителите да престојуваат удобно во текот на целата година. Ова исто така се преточува и во добар бизнис модел каде што сопствениците можат да ги држат вратите отворени цело време и да ги искористат сите годишни сезони. Најдобриот дел од нашиот дизајн е тоа што објектот толку добро се вклопува во средината што изгледа како да бил отсекогаш таму, или како да треба да биде таму. Би било незамисливо овој проект да се изгради на кое и да е друго место. Всушност, овој нов модерен проект наликува на камена структура од високите планински предели. Најверојатно сите ние имаме некои спомени од оние стари градби во нашата потсвест. Заради ова го нарековме „Tip Top“, да нè потсеќа на врв меѓу планинските врвови, на карпа меѓу камените врвови и на колиба меѓу брвнарите. И покрај тоа што овој проект доби само пофалница, за мене е интересно дека се најдовме на повисока планина после неколку месеци за да добиеме друга награда на друго место.

победивте на меѓународниот натпревар за новата мртовечница на градот ферара, комплексот јавни објекти со проектот наречен Domus Vitae. Кое е значењето на ова необично мото? Честопати, речиси без да забележиме, се фаќаме себеси како планираме и проектираме надвор од конвенционалното, за да ги урнеме традиционалните норми. Лесно е да се прави тоа бидејќи неизбежно е наследените градби да имаат недостатоци, и ние секогаш најнапред ги испитуваме. Уште од самиот почеток, приказната сè помалку се однесува на тоа што еден проект треба да биде, а сè повеќе

на тоа што апсолутно мора да биде. Овој феномен јас го нарекувам „бунтовничка композиција“, и уште на почетокот на овој проект беше очигледно дека овој ќе биде еден од тие проекти. Предизвикот беше да се создаде нова градска мртовечница заедно со придружните јавни објекти за градот Ферара, во поранешната цитадела од 15 век. Локацијата е збиена и градска, близу до прекрасните градски ренесансни ѕидини. Просторите што традиционално се посветени на смртта се помеѓу највознемирувачките, изолираните и не-личните објекти кои се среќаваат во западната историја на архитектурата.

Веднаш се забележува ограничен процес (во директна врска) со деградација во секторот. Како што се менувал системот на вредности и се намалувала почитта за светото и непознатото, модерните општествени градби ги прифатиле и ги отсликале тие ставови. Смртта и распаѓањето воделе кон тоа местата за мртвите да се наоѓаат во перифериите, правејќи ги чувствителни на запуштање, напуштање и негрижа. Потребата за производство и бескраен напредок довела до редефинирање на животот и на живите во смисла на вредност. Само животот се сметал вреден за внимание,

‘TIP-TOP’, проект за центарот за рехабилитација “Malga Fosse", Италија

Page 6: Arhitekturata mora da e

30 август 2013 ПОРТА3 19

19

интервју

како и убавината и грижата, додека смртта се сметала за неприфатливо вознемирување и пречка во природниот ред на нештата. Оваа одбивност која се поврзува со прекинот на постоењето е целосно изразена на мрачни места кои некогаш биле дом за колективно споделување, возвишена архитектура и сочувствителен дух. Оттука, водени од потребата и од желбата да ги ревидираме нашите ставови во однос на таквите места, излеговме надвор од вообичаените практики. Ја предложивме идејата за „порозни“ простори кои ќе им овозможат на гостите да се искажат во каков било момент или расположение. Има соби со различен степен на интимност, вертикални градини, скриени тремови, соби со топли бои, а природното светло е секаде присутно и опипливо. Сите заедно, овие работи донесоа утеха, чувство на завршница и заштита. Изборот на композицијата и неконвенционалните материјали се така искомбинирани што потенцираат дека ова е голема куќа каде коегзистираат различни

култури и вери во взаемен мир и почит. Објектот е емотивно препознатливо место каде што жалењето за крајот е заменето со уважувањето на животните циклуси. Domus Vitae, дом за живот.

исто така, многу сте активен и во културната група наречена „Кластер Теорија“ (Cluster Theory). Со што точно се занимава оваа група? „Кластер Теорија“ е една иновативна млада мултидисциплинарна истражувачка група основана во 2011 година од страна на Џовани Авосани и Елиса Поли, посветена на теоретски и критички прашања на современата архитектура преку различни пристапи, системи и методологии за евалуација. Групата има свои простории во Венеција, Ферара, Болоња, Фиренца, Бари и Милано, и се занимава со развој на критички предлози за јавни простори, архитектонски критики и организација на предавања во врска со моменталните состојби во архитектурата. Критичкото размислување треба да укаже на тоа како функционираат нашите мрежи како преносители на информации. Физичката блискост не е пресудна за функционирањето на јавните објекти, со оглед на тоа што тие се заменуваат со виртуелни простори создадени од социјалните мрежи. Оттука, имајќи ја предвид потребата од размена на информации и содржини, јавните објекти треба повторно да ја вратат својата карактеристика на физички простори за социјални интеракции. Cluster Theory демонстрира како квалитетот на урбаните простори влијае врз нивната секојдневна употреба (мината и идна), како од социолошки така и од културен аспект. Една од интересните истражувачки алатки со кои се служи групата е пристапот на „интегрирани средби“. На пример, една неодамнешна меѓународна работилница со наслов „Патник на релјеф“, им дава на избрана група студенти можност да добијат единствено искуство во просторот Wunderkammer, на отсекот за архитектура при Универзитетот во Ферара. Работилницата беше организирана околу изложбата на славниот режисер Микеланџело Антонини, со цел да се изградат патишта за испитување на дизајн. Користени се неконвенционални алатки како што се филм, видеоуметност, мапирање, вирусен маркетинг и комуникации. Покрај гостите и туторите, на оваа работилница им се придружија и Alterazioni Video, Marco Brizzi, [im]possible living, Guido Incerti и Carlorattiassociati. Работилницата беше посветена на додипломци, дипломци и студенти на постдокторски студии од сите дисциплини, кои сакаат да испитуваат проектантски решенија користејќи неконвенционален јазик.

од јули месец излагате во прочуениот музеј МоМа во Њујорк. Тоа е прво позначајно претставување на вашето студио надвор од границите на италија. За каква изложба се работи? За изложбата Cut'n'Paste во МоМа, Музејот на модерна уметност во Њујорк, бевме ангажирани директно (и неочекувано) од страна на кураторот Педро Гадахно, кој веќе во неколку интернет-публикации го следи нашиот труд. Ние ја прифативме оваа понуда подготвени да учествуваме и соработувавме со нивниот тим во однос на логистиката за изложбата. Изложбата е поставена во Галеријата за архитектура и дизајн во МоМа, а ќе трае до 1 декември. Изненадната покана да бидеме изложени во еден од најпрестижните музеи во светот беше мошне возбудлива! Со тоа започна оваа нова неверојатна авантура која ја живеам сега! Изложбата доаѓа во еден значаен момент кога нашите односи со САД значително се продлабочуваат, со оглед на некои мошне значајни можности за професионална соработка. Наскоро може да има важни вести за нашето студио од другата страна на океанот...

Domus Vitae, проект за новата мртовечница на градот Ферара, Италија