24
Универзитет ,,Гоце Делчев,, - Штип Педагошки факултет Семинарска работа ИСТОРИЈА Тема: АСНОМ Mentor: Student: Kiril Cackov Panova Van|e

ASNOM-Panova Vange

  • Upload
    -

  • View
    112

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ASNOM-Panova Vange

Универзитет ,,Гоце Делчев,, - ШтипПедагошки факултет

Семинарска работаИСТОРИЈА

Тема: АСНОМ

Mentor: Student:Kiril Cackov Panova Van|e Br.ind.14573

Page 2: ASNOM-Panova Vange

Strumica 2009/2010

СОДРЖИНА:

1. Вовед.......................................................................................................3

2. Одлуките на Првото заседание на АСНОМ....................................4-7

2.1 АСНОМ, врховно законодавство и извршно претставничко тело

на македонскиот народ..................................................................................................8

2.2 Местото на Претседателството на АСНОМ..................................9

2.3Норми за кооптирање на нови членови на АСНОМ...................10

2.4Декларација за основните права на граѓаните на Демократска

Македонија....................................................................................................................10

2.5Воведување на македонскиот јазик како службен.....................11

2.6Одлука,2-ри Август да се прогласи како државен празник.......11

2.7Благодарност до НОБ....................................................................12

2.8Избор на пратеници на АВНОЈ..................................................12

2.9zaконодавна комисија и комисија за утврдување на пртстапите на

воените злочинци...............................................................................................13-14

3. Заклучок...................................................................................................15

4. Користена литература.............................................................................16

2

Page 3: ASNOM-Panova Vange

1. ВОВЕД

ИЛИНДЕН 1944 година за македонскиот народ е ден, кога објави на

целиот свет дека дека резултатите од тешката и крвава тригодишна борба се

крунисани со успех.

На Илинден 1944 година се одржа Првото заседание на АСНОМ кое им

соопшти на пријателите и непријателите дека има едно право да говори од името на

македонскиот народ и дека е единствен изразител на неговиет суверенитет. После

Самуиловата држава македонскиот народ има своја македонска држава.

Македонската федерална држава е веќе реалност, на пат на сите душмани на

македонскиот народ и на радост на сите пријатели. Македонската држава не е плод

само на тригодишна борба, туку е плод и резултатот на заедничката борба на сите

братски народи од Југославија.Во оваа борба тие уште повеќе го зајакнале и

зацврстиле своето братство и решителност да заеднички живеат во демократска,

федеративна Југославија, каде ќе ја градат својата среќна иднина и нема да бидат

пара за потикнување на нивните врагови.

Од Илинден почнува нова епоха, во историјата на нашиот народ, епоха на

слобода, напредок и културно изградување.

3

Page 4: ASNOM-Panova Vange

2. Одлуките на Првото заседание на АСНОМ

Низ Народноослободителните борби и револуцијата се создаваа и органите

на новата народноослободителна власт. Некои органи на борбата (одбори за

народна помош, воени комисии и др.) примаа на себе и некои функции на органи

на народна власт, така што во 1942 година постепено се јавуваат и првите органи

на народната власт израснати од органите на борбата или како такви посебно

формирани.

Воените и политички успеси постигнати во текот на 1943 година го забрзаа

развитокот на органите на народната власт, така што целата територија на

Македонија беше опфатена со НО одбори. Освен тоа на слободната територија

започна формирањето и на повисоките органи на народната власт (околински и

обласни одбори), а се пристапи и кон подготовките за создавање на

антифашистичко народноослободително собрание (АСНОМ) за која цел, во втората

половина на ноември 1943 година, бил формиран Иницијативниот одбор.

Иницијативниот одбор во почетокот броел 9, а во април 1944 година се зголемил на

22 члена. До неговото формирање, Главниот штаб на Македонија бил единствено

војничко и политичко тело. Првиот Иницијативен одбор го имал сличниот состав:

Претседател: Методија Андонов- Ченто, секретар: Страхил Гигов и членови:

Михаило Апостолски, Цветко Узуновски, Венко Марковски и Борко Темелков-

Љиљакот.

Иницијативниот одбор за свикување на првото Заседание на АСНОМ во

пролетта 1944 година, донесе одлука за избор на градски, селски, околински и

окружни НО одбори, како и за изборот на делегат за Првото Заседание на

АСНОМ. За писмото на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, од 14

Март 1944 година, се истакнува дека борбата на македонскиот народ е дојдена до

таков степен што налага далеку поорганизирана изградба на новата народна власт

во градовите и селата на целата територија на Македонија. Иницијативниот одбор

ги определува и задачите на НО одбори, и препорачува да се организираат

конференции по градовите и на нив да се избираат градски, селски и општински

4

Page 5: ASNOM-Panova Vange

НО одбори, како органи на новата народна власт давајќи едновременои инструкции

за начинот како да се спроведат изборите за органите на народната власт.

Посебно се укажува дека НО одбори треба при изборите да водат сметка

кандидатите за собранието, без оглед на нивната верска или политичка припадност,

да бидат луѓе што ја покажале на дело преданоста кон НО борба, што се готви со

сите сили да се борат за постигање на целите на НО борба и што се согласуваат со

политичката линија изложена за Манифестот на Главниот штаб на НО војна и

ПОМ Македонија од октомври 1944 година. Покрај грижата што НО одбори треба

да ја води за војската, пред нив- како органи на новата народна власт-беа поставени

и посебни задачи: грижа за прехраната на народот, за здравствената состојба и др.

НО одбори им се става во задача да водат сметка да се зачува народното богатство.

Непосредно со тоа НО одбори беа задолжени да го утврдат теророт и

опустошувањето што го вршеше окупаторот врз народот. Во врска со

здравствената состојба на населението беа поставени задачите на НО одбори да

пристапат кон собирање на податоци за заразните заболувања, да преземат мерки

за нивното спречување, да приберат лекови и податоци за положбата и

здравстевната служба и др. непосредно со писмото на Иницијативниот одбор, на 14

март 1944 год. Централниот комитет на КПМ испраќа посебно писмо до обласните

комитети на КПМ за спроведување во живот на писмото на Иницијативниот одбор.

Според писмата територијата на Македонија била поделена на 12 округа. Мерките

за организирање на народната власт беа услов за свикување на Првото заседание на

АСНОМ. Успесите во пролетта и летото на 1944 година овозможија во најголемиот

дел на Македонија да се одржат градски, селски и окружни конференции на кои беа

избрани раководства на органите на народната власт и делегати за Првото

Заседание на АСНОМ, создадени нови НО одбори, така што пред ова зеседание на

АСНОМ дејствуваа повеќе од 500 НО одбори. По успешното завршување на

Пролетната офанзива во 1944 год. Иницијативниот одбор за свикување на Првото

заседание на АСНОМ, ЦК на КПМ и главниот штаб на НО војни и ПО на

Македонија извршија интензивни подготовки и го свикаа Првото заседание на

АСНОМ за 2 август 1944 година.

На 2 август 1944 година во историскиот манастир „св.Прохор Пчински“

Кумановско се одржало Првото заседание на АСНОМ.

5

Page 6: ASNOM-Panova Vange

За заседанието биле избрани 116 делегати, но сите тие не успеале да

пристигнат на слободната територија, туку пристигнувале поголемиот број од нив

и повеќе гости. Покрај избраните делегати, на собранието присуствувале;делегатот

на Врховниот штаб и на ЦК КПЈ Светозар Вукмановиќ Темпо, делегација од

Главниот штаб на Србија, делегати од политичките и масовните организации во

Македонија.

На собранието исто така присуствуваа и шефовите на Англиската и

Американската воена мисија, акредитирани при Главниот штаб на Македонија.

Документите од Првото заседание на АСНОМ, според нивната содржина,

можат да се групираат во три групи. Во првата спаѓаат оние во кои се содржи

платформата врз која се конструира македонската држава;во втората се

документите со кои таа се конструирала, односно се прогласило создавањето на

македонската држава; во третата се документите со кои македонскиот народ и

националните малцинства во Македонија се повикуваа да ја продолжат борбата до

конечното ослободување на македонската држава и да се борат за нејзиното

зачувување. Честа да го отвори и да му го упати првиот поздрав на Првото

заседание на АСНОМ му припаднала на најстариот делегат и илинденецот Пакно

Брашнаров учител од Велес. Брашнаров во својот поздравен говор направил

успешна синтеза на претходните борби, надовразувајки ја на нив иднината на

Македонија. Тој ја употребил метафората за раздвиженоста на реките Пчиња,

Места и Бистрица, така што на самиот почеток ја истакнал идејата за обединување

на Македонија во нејзините етнички граници, како трајна присутна желба на сите

генерации од сите делови на Македонија. Поздравниот говор не бил само

протоколарно обраќање туку ги посочувал вековните стремежи на македонскиот

народ по своја држава.Од тука и асочијацијата во обраќањето за поврзаноста на

Македонската вијска со илинденските достигања и традиции и со традициите на

некогашната средновековна Самоилова држава. Не изостанало ниту спомнувањето

на историските столбови на македонската борба, Илинден и Крушевската

република. Овие борби од монатото на македонскиот народ, Брашнаров ги поврзал

со постигнатите резултати во Националноослободителната и антифашистичка

6

Page 7: ASNOM-Panova Vange

вијна што се водела во моментот на одржување на заседанието и врз чии резултати

тоа се надоврзало.

Три тоа, тој искажал јасна илузија на посакуваната слободна и суверена

македонија во идниот сојуз на држави. Во тој контекст биле упатени поздрави до

Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ и до Главниот штаб на НОВ на Србија. Желбата за

продолжување на заедничката борба во која македонскиот народ учествувал како

независен субјект истивремено значела и порака дека тој конечно така и треба да се

третира. Таа порака била силно изразена во завршните поздравни зборови во кои се

вели дека тоа треба да биде последниот Илинден. Всушност, се појавила решеност

да се истрае во борбата и на утврдувањето на темелите на македонската држава.

АСНОМ и антифашистичката вијна на македонскиот народ се обработени во два

реферата што ги поднел Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Едниот

од нив имал наслов „Борба против окупаторот“.

Тежиштето во овој реферат се ставило на револуционерните борби на

македонскиот народ во илинденскиот и предилинденскиот период.

Антифашистичката вијна со нејзините дотогашни достигања рефератот ја поделил

во три етапи и за секоја од нив се давало видување. Првата етапа се

карактеризирала со замена на српското со бугарско владеење, кое ги разоткрило

бугарските сили како окупаторски, а не како ослободотелни, како што тоа му се

кажувало на македонското население. Втората етапа рефератот ја лоцирал од

август 1943 година и таа го опфаќала оној период во кој се формирала

македонската војска и се конституирала народната власт. Најзначајна била третата

етапа-организирањето и свикувањето на АСНОМ. Историската ретроспектива и

полувековната борба што се отсутни во воведниот дел на рефератот овде добиле

соодветно место. Дадена е објективна оценка за трагичните Балкански војни, кога

„почнала новата македонска голгота“.

Првото заседание на АСНОМ, во вид на решенија или пак во друга форма,

донело единаесет законодавни акти:

7

Page 8: ASNOM-Panova Vange

2.1 АСНОМ се конституира како врховно законодавно и извршно

претставничко тело на македонскиот народ

Една од најзначајните одлуки на АСНОМ е одлуката за неговото

конституирање за врховно законодавно и извршно претставничко (народно) тело на

македонскиот народ. Оваа одлука наедно ја прогласува Македонија како федерална

држава во Демократска Федеративна Југославија.

Од тие причини може да се рече дека оваа одлука содржи елементи од

уставно-правно значење и заедно со другите одлуки донесени на Првото заседание

претставуваат основно уставно-правно градиво во процесот на изградувањето на

македонската државност од овој период. Правните извори за донесување на оваа

одлука содржани се во правото на македонскиот народ на самоопределување кое е

одделно е нагласено во одлуките од Второто заседание на АВНОЈ. Наедно одлуката

на АСНОМ ја изразува суверената волја на македонскиот народ да живее како

рамноправен член во новата државна заедница. Од тие причини во прокламирањето

и формирањето на новата македонска федерална држава, АСНОМ се повикува и на

одлуките од Второто заседание на АВНОЈ. Одлуката за конституирање на АСНОМ

како врховно законодавно и извршно претставничко тело претставува уаставно-

правно документ врз основа на кој треба да се создаде и изградува македонската

федерална држава. Од тие причини таа содражи и некои основни норми што го

определуваат натамошниот процес на изградбата на новата држава. Во тој поглед

од особено значење се оние норми што се однесуваат на положбата на презедиумот

кој што врши законодавна и извршна власт меѓу две заседанија на АСНОМ, потоа

на односите на органите на Федерална Македонија спрема народно-

ослободителните одбори. Овој однос е од посебно значење во изградувањето на

новата власт и држава, бидејки АСНОМ се конституира и како највисок

народноослободителен одбор, односно како престсавник на суверенитетот на

македонскиот народ, тој е и највисок државен орган во Македонија.

8

Page 9: ASNOM-Panova Vange

2.2 Местото на Претседателството на АСНОМ

Одлуката за конституирање на АСНОМ за врховно законодавно и извршно

претставничко тело определува дека Претседателството на АСНОМ всушност е

неговото потесно тело и дека во меѓувреме од две заседанија врши законодавна и

извршна функција што му припаѓа на АСНОМ како врховно законодавно и

извршни претставничко тело.

Оттаму, спомнатата одлука изрично пропишува Претседателството на

АСНОМ своите акти да ги донесува со потпис на претседателот и секретарот на

АСНОМ, кои наедно се претседател, односно секретар на Претседателството. Исто

така, одлуката пропишува Претседателството за своја одбрана да му одговара на

АСНОМ. Одлуката ја пропишува и организационата структура на

Претседателството. Според одлуката, претседателството се состои од претседател,

два потпреседатела, два секретара и најмалку 16 членови.

Во тогашните услови на народноослободителната борба и изградба на

народната власт, не можело да се формира посебен орган-власт. Од тие причини во

споменатата одлука на АСНОМ се констатира дека не би требало да се пристапува

кон формирањето на Новата Влада нејзината функција на претседателството на

АСНОМ била собразена со неговите потреби да врши функција на привремена

влада. Заради тоа во решението се предвидува формирање на посебни одделенија

(подоцна поверенства) за различните гранки од државната управа. Овие одделенија

постојат при Претседателството на АСНОМ се до формирањето на Народната

влада на Федерална Македонска држава.

9

Page 10: ASNOM-Panova Vange

2.3 Норми за кооптирање на нови членови на АСНОМ

Во веќе споменатата одлука, АСНОМ во посебна норма пропишал начин

на изборот на членовите на АСНОМ. Одлуката тргнува од тоа за народен пратеник

на АСНОМ да може да биде избран секој граѓанин кој ќе докаже дека ја прифаќа

НО борба и самостојниот и слобаден развиток на македонската нација. Одлуката

изрично истакнува дека овие луѓе мораат да бидат непомирливи непријатели на

окупаторот и неговите помагачи. Притоа посебно се нагласува дека изборот се

врши независност од разликите од народноста и верската припадност, пол, раса и

политичка припадност. Во правилникот за работа на АСНОМ содржани се значајни

одредби во поглед на изборот на новите пратеници, односно за кооптирањето на

нови пратеници на АСНОМ до распишувањето на изборите. Така спомнатиот

Правилник пропишува АСНОМ односно неговото Претседателство да може да

кооптира нови претставници од редовите на народните борци и познатите

учесници на Народноослободително движење се до моментот на распишувањето на

општите избори за пратеници на АСНОМ.

2.4 Декларација за основните права на граѓаните на Демократска

Македонија

Втора значајна одлука донесена на Првото заседание на АСНОМ е

Декларацијата за основните права на граѓаните. Во оваа Декларација се утврдуваат

основните права на граѓаните што треба да послужат за уредување на односите на

државните органи и судовите спрема гражаните на Федерална македонска држава.

Наедно, Декларацијата ги содржи и првите мерки на новата држава во поглед на

гаранцијата на граѓаните за просветно и културно издигање, обезбедувајќи

бесплатна основна и виша настава и сл.

10

Page 11: ASNOM-Panova Vange

2.5Воведувањето на македонскиот јазик како службен јазик

Воведувањето на македонскиот јазик како службен јазик на новата

Федерална македонска држава било сторено со една посебна одлука на АСНОМ.

Оваа одлука го изразува принципот на самоопределувањето на македонскиот

народ, бидејќи сите борби за национална слобода биле едновремено проследени и

со барањето за признавање на македонскиот јазик и правото на македонскиот народ

на неговата употреба. Сите влади на соседните балкански држави, во своите

империјалистички напади врз независноста на Македонија, тргнувале од

негирањето на македонскиот јазик и од барањето за асимилација на македонскиот

народ по пат на забрана на употребата на македонскиот јазик. Затоа АСНОМ на

своето Прво заседание, меѓу другите одлуки, со кои се конституира македонската

Федерална држава, донесол одлука со која македонскиот јазик се подига на степен

на службен јазик на македонската држава.

2.6Odluka,2 август да се прогласи за државен празник

Со одлуката за прогласување на 2 август за национален прзник на новата

Федеративна држава, АСНОМ и одал признание на националноослободителната

борба во периодот на првата деценија на XX век и од друга страна ги поврзал

традициите на македонските востаници од 1903 година со

Народноослободителната борба на македонскиот народ против окупаторот.

Бидејќи со одлуката за воведувањето на македонскиот јазик за службен јазик,

АСНОМ наедно декларира уште една гаранција за признавање на македонската

национална индивидуалност, со оваа одлука симболично е означена генезата и

развојниот пат на национално-ослободителната идеја на македонскиот народ.

11

Page 12: ASNOM-Panova Vange

2.8 Благодарноста до Народноослободителната војска

Со посебна одлука на АСНОМ во името на македонскиот народ изрази

признание и благодарност на целокупната дотогашна работа на војно-

раководечките органи во Македонија, односно на Главниот штаб за војните и

политичките акции преземени со цел за изградба на вистинска демократска

народна власт и како сигурно обезбедување за конституцијата на АСНОМ како

највисоко претставничко тело на македонскиот народ. Наедно, АСНОМ на своето

Прво заседание оддал полно признание и благодарност на единиците на

Народноослободителната војска на Македонија која во заедничка борба со

единиците на другите југословенски народи против окупаторот, ги издвојувале

основните придобивки за создавањето на новата Федерална македонска држава.

2.9 Избор на пратеници за АВНОЈ

Со посебна одлука АСНОМ на своето Прво заседание го утврдил изборот

на пратеници- претставници на македонскиот народ во Антифашистичкото веќе на

Народното ослободување на Југославија.

12

Page 13: ASNOM-Panova Vange

2.10 Образување на Законодавната комисија и Комисија за

утврдувањето на претстапите на воените злочинци

Со посебна одлука АСНОМ ја образувал Законодавната комисија и

Комисијата за утврдувањето на претстапите на воените злосторници.

Законодавната комисија всушност претставува посебно тело на Претседателството

на АСНОМ и е составена од претседател и 6 членови. Членовите на комисијата ги

именува Претседателството на АСНОМ. Покрај оваа комисуја АСНОМ ја именувал

и Комисијата за утврдување престапите на воените злосторници на окупаторот и

неговите помагачи. И оваа комисија е образувана од Претседателството на АСНОМ

чии членови ги именува Претседателството.

Одлуките на АСНОМ ја санкционирале постоечката положба која во

државно правна смисла се изградувала во текот на Народноослободителната борба

и Социјалистичката револуција. Во таа смисла може да се рече дека одлуките на

АСНОМ означуваат и завршеток на една фаза во развитокот на македонската

државност. Ова произлегува од таа причина, што со одлуките на АСНОМ се

зацврстуваат органите на новата власт како државни органи и “de jure” се дава

основа тие и понатаму да се изградуваат како еден систем на органите на

државната власт. Така е озаконета новата Федерална држава во нејзиниот прв

почетен облик. Преку претседателството на АСНОМ и неговите поверенства се

изразува натамошниот забрзан процес на изградбата на основите на Федерална

македонска држава во Демократска Федеративна Југославија.

Основната содржина на Манифестот е: прво, сумирање на општите

резултати од борбата на македонскиот народ за издвојување национална слобода и

второ, основните принципи за државно- правната положба на Македонија во Нова

Југославија. Исто така Манифестот содржи и еден краток увод во кој се

образложува како израсна Првото народно собрание и во што е значењето на

неговите уставни одлуки.

Така, Манифестот истакнува дека Првото народно собрание во името на

македонскиот народ пред целиот свет изјавува дека македонскиот народ е решен да

13

Page 14: ASNOM-Panova Vange

живее во слобода и дека нема никаква сила на светот што може да застане на

неговиот пат кон потполна национална слобода.

Во првиот дел од Манифестот дава ретроспективен преглед на борбите на

македонскиот народ за издвојување национална слобода. Тој наедно го објаснува и

значењето на некои историски настани сврзани за револуционерната борба на

македонскиот народ. Така, Манифестот прво, дава преглед на борбата на

македонскиот народ од периодот на Илинденското востание и второ, ја покажува

положбата на Македонија за време на стара Југославија. Во револуционерното

движење на масите од 1903 година Манифестот гледа еден историски обид од

големо значење и покрај тоа што не ги постигна своите основни задачи. Во врска со

тоа во Манифестот се вели:

Положбата на Македонија за време на стара Југославија во Манифестот е

означена како колонијална. Манифестот наедно укажува дека, и покрај тешкото

национално угнетување, македонскиот народ успеа и во овие услови да се одржи

благодарејќи на тоа што најде свои сојузници кај угнетените народи на Југославија

и посебно во братскиот српски народ, зад чие име се криеја поробувачите

„београдската чаршија“. Во таа борба, заклучува Манифестот, македонскиот народ

го искова своето братство со другите народи на Југославија. „Тоа братство, покрај

твојата борба- се вели во Манифестот- стана уште една гаранција за да се избори

слободата“.

„ Во повикот на Комунистичката партија на Југославија за вооружена

борба- се вели во Манифестот- ти ја чу совеста на твоите најдобри синови. Во

нејзиниот револуционерен дух ти ја почувствува бунтовничката сила на еден

поробен народ. Во нејзината организациона сила и единство ти го виде својот смел

водач и голем организатор. Во нејзината доследност ти ја виде гаранцијата дека

борбата ќе биде изведена до победоносен крај- и ти не се поколеба да појдеш со

смелиот водач и организатор“.

14

Page 15: ASNOM-Panova Vange

ЗАКЛУЧОК

Свикувањето на АСНОМ значи врвно достигнување во политиката на

вооружената борба на македонскиот народ и народностите што живеат во

Македонија.

Со првото заседание на АСНОМ се одбележува почетокот на постоењето

на сегашна Социјалистичка Република Македонија како слободна држава- во

Федерација со Југословенските народи. АСНОМ значеше јавно истакнување на

постоењето и афирмација на македонската националност. Со потврдувањето на

одлуките на Главниот штаб и Иницијативниот одбор и со изборот на претставници

од Македонија за АВНОЈ се потврдуваше решението на македонскиот народ за

федеративно уредување на Југославија, во која Македонија станува рамноправна

федерална единица. Првото заседание на АСНОМ претставуваше голем политички

акт во ослободувањето на македонскиот народ, потврда на тоа е дека се постигнати

политичките цели на ослободителна борба и револуција.

Тоа едновремено значеше и повик на општа мобилизација на македонскиот

народ и народностите за извојување на конечна војничка победа- т.е. за

истерување на окупаторите. Првото заседание на АСНОМ имаше голем одглас во

широките маси, а неговите решенија беа приомени со радост и воодушевеност,

зашто низ тие акти народот не само што го согледуваше крајот на робувањето и

почетокот на слободниот живот, туку ја гледаше и перспективата за идниот

развиток на Македонија во рамките на една поширока заедница на југословенските

народи. Заседанието на АСНОМ и неговите одлуки имаа исто така позитивен

одглас, прием и подршка кај сите југословенски народи, како природен резултат на

долгогодишните заеднички борби. Сличен одглас предизвикаа решенијата на

АСНОМ надвор од границите на Југославија, а посебно кај македонската

емиграција која го прифати него како акт со кој се манифестира ослободувањето на

македонскиот народ.

15

Page 16: ASNOM-Panova Vange

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Историја на македонскиот народ

2. Зборник на АСНОМ

16