22
тестови за секој пат... По малку од се Уметност на големо Race Touareg 2 Претседателскиот Cadillac Победоносното оружје на VW на Барак обама Шаи Агаси ќе го преплави светот со електрични автомобили до 2015 најевтиниот хиБрид на светот Вистинските осВојуВачи на женски срца Гром од ведро небо FORD KUGA Peugeot 3008 CITROEN C3 PICASSO HONDA INSIGHT OPEL INSIGNIA ` февруари 2009 90 ДеНари 9 771857 569002 1 8 Број 18 февруари 2009

Auto Focus 18

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Auto Focus magazine No. 18, february 2009

Citation preview

Page 1: Auto Focus 18

тестови

за секој пат...

По малку од се

Уметност на големо

Race Touareg 2 Претседателскиот Cadillac

Победоносното оружје на VW на Барак обама

Шаи Агаси ќе го преплави светот со електрични автомобили до 2015

најевтиниот хиБрид на светот

Вистинските осВојуВачи на женски срца

Гром од ведро небо

FoRd Kuga

Peugeot 3008

CiTRoen C3 PiCasso

Honda insigHT

oPel insignia

`

февруари200990 ДеНари

9 7 7 1 8 5 7 5 6 9 0 0 2 1 8

Број

18 •

фев

руар

и 2

009

Page 2: Auto Focus 18
Page 3: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 502/2009

Домашните експерти од продажбата на автомобили зборуваа уште одамна: На Македонија ѝ е потребен стабилен пазар. И сега станува очигледно зошто толку се спомнуваше потребата. Во 2008 година, во Македонија се продадоа 17.744 илјади нови автомобили. Во годината пред тоа, биле 13.937 возила. Се ра-боти за пораст од 27 проценти, за вест што светските весници нема да се колебаат да ја стават како главна на насловната стра-ница.

Трендот на зголемување на продажбата се случува уште од 2004 година. По бројките на годишната про-дажба од околу пет до шест илјади примероци во периодот меѓу 2001 и 2003 година, со 9.923 продадени нови автомобили, во 2004 година се појавува првиот знак на заздравување на паза-рот - зголемувањето на продажбата во споредба со претходната година изнесува дури 83 про-центи! За 2005 година, статистиката потврдува дека на пазарот конечно владеат стабилни ус-лови, со 9.259 нови автомобили.

Ниските бројки од почетокот на деценијата не се резултат само од безбедносната криза, туку и од напливот од користени возила што се слу-чуваше во периодот. Официјална статистика не постои, но тогаш се спомнуваа бројки од 30.000 возила, увезени само во 2001 и во 2002 година. Нормално е што увозниците реагираа, и повтор-но беа во право: се увезуваше главно автомо-билски крш, кого сега почнуваме да го гледаме како се натрупува во отпадите.

Како и сите други работи на светов, и автомо-билот си има свој век на експлоатација, и ако неговата цена на некој плац во Германија или во Холандија изнесува илјада евра, тоа не значи дека е евтин, туку дека вреди толку. Уште толку му останува додека да довози.

Секако, новите автомобили си носат и нова технологија, неспоредливо повисоки стандар-ди за безбедност и комфор од возилата од пред дваесет години, но и неспоредливо пониски вредности на потрошувачката и на одржување-то. Старите велат, не сум толку богат да купу-вам евтино: Колку автомобилот е постар, толку се повисоки и трошоците за негово одржување во возна состојба.

Кога пазарот покажува здрави бројки, нор-мално е дека за него ќе се заинтересираат и понудувачите на финансиски услуги. Тоа и се случи: во периодот од 2000 до 2005 година, во просек, преку две третини од автомобилите се купувани со готовина. Кредитот учествувал со една третина, а на лизингот отпаѓа само еден незначителен процент. За пери-одот од 2006 година наваму, бројките се променети драстично: кредитирање се користи за 44 проценти од продадените нови

автомобили, лизинг за 15 проценти, а остатокот од 41 процент е во готовина.

Понудата е тешка за одбивање: со неколку илјади евра в џеб и не останува многу простор за размислување дали да се инвес-тира во мачор во вреќа или во светнат компактен автомобил од салон, со фабричка гаранција дека сé е во ред со него, кој ќе се отплатува на рати и до пет или шест години.

Од 1995 година наваму, продадени се околу 150.000 нови во-зила во Македонија. Тоа е половина од возниот парк. Неговото

обновување и натаму се одвива многу бавно. Возилата што биле нови во 1995 година, сега се веќе четиринаесетгодишници. Уште малку, па полнолетни. За возниот парк да се обновува постојано, годишно би требало да се продаваат преку 25.000 нови возила. Земено според бројот на жители, тоа е бројката што во минатите три години ја постигнува хрватскиот пазар на нови возила.

Ретка средба е наидувањето на некоја стара Zastava, Skoda или Lada. Наместо тоа, се вози Opel, Fiat, Chevrolet... Убава е сликата. Но, изле-гува дека тоа е само привидно убава слика. Не е реткост да добиеме писма од вас читателите, во кои ни пишувате за автомобилското насил-ство. Токму така, воопшто не е претерување ако користењето на автомобилот како инструмент за демонстрирање моќ се толкува како автомо-билско насилство.

Жално е што менувањето на сликата на ули-ците не беше придружено и со менување на возачкиот менталитет. На некои од возачите едноставно не им е јасно дека со купувањето на автомобилот не се купува и исклучително-то право на поседување на улиците. Како ина-ку да се протолкува бесната реакција од возач што седнат на високо во теренецот или во некој поднашминкан тркач од реномирана марка, го доживува престигнувањето како верски напад.

Зарем не се свесни дека со неартикулирано-то возачко однесување го уриваат примерни-от имиџ наследен од некои други возачи, што умеат правилно да ја доживеат марката. Како резултат од тоа, имиџот на престижната марка бледее. Истото важи и за чувството на надмоќ од високото седење во теренец, што ги залажу-ва насилниците. Каква корист од реномето кога на крајот не останува ништо од него.

Што ли би требало да прават оние сопствени-ци на Ferrari, Lamborghini или Bentley? Според

тоа што останува во меморијата, средбата обично е придружена со одушевеност од автомобилот, никој не ја помни по тоа што возачот се пуштил низ прозорец да се брани за своето право. За правото да биде етикетиран како идиот. �

КОмЕНтАР Број 18 • февруари 2009

Дарко ЈаконовГлавен уредник

[email protected]

Со кризата Свик-навме СветСките

веСти за авто-мобили да но-Сат наСлов Со негативна ко-

нотација. дома, веСтите Се охраб-рувачки. во 2008, македонија за-

бележа рекордна продажба

УБАВИте ВестИ дОАѓААт ОД МаКеДОНија

Page 4: Auto Focus 18

6 02/2009 www.autofocus.com.mk

HOndA insiGHtНОвиТеТи

по деСет години од првиот InsIght, honda го претСтавува новиот хибрид, поСериозен и подоСтапен од кога и да е

Шесто сетило за чиста средина

изглед има најдобри аеродинамич-ни карактеристики.

Предните светла, маската и бра-никот многу наликуваат на оние кај новиот Accord и речиси се иден-тични со оние кај хипереколошкиот модел FCX Clarity. Кај задните свет-ла се користат ЛЕД-технологијата и рефлексните површини поради по-малата потрошувачка на енергија, со што уште повеќе се намалува по-трошувачката на гориво.

Најголем предизвик претставува изгледот на возилото, бидејќи мора

Според развојните принци-пи на куќата, секоја Honda мора да биде динамична и забавна за возење. Од друга

страна, пак, мора да се истакне „зе-лената“ природа на новото возило. Најважната цел сепак се заснова на привлечноста на возилото за широ-ките народни маси. Од тие причини е избрана каросериска изведба со 5 врати, најмногу поради фактот што Honda сака ова возило да биде по-пуларно и во Европа, а не само во САД, но и поради тоа што таквиот

да се направи што е можно помаз-но, за максимално да се намали воз-душниот отпор. Сето тоа, секако, на крајот резултира со поефикасно искористување на горивото, а исто-времено не изгледа здодевно или чудно, како минатата генерација на Insight. Буквално секоја линија, секој агол, секој визуелен мо-мент е направен во функција на намалување на потрошувачката на гориво и испуштањето штетни гасови.

Каросеријата на новиот Insight е изработена практично од почеток, но за да се намалат трошоците за изработка, се користат компонен-

ти од новата генерација на Jazz. Предниот дел и просторот за мотор се речиси идентични како кај Jazz, со некои мали модификации за подобрување на безбедноста. Отта-му, па до крај, Insight е комплетно ново возило. Резервоарот е пре-местен под задните седишта. Тоа овозможува покривот да се спушта пониско, со што се подобрува аеро-динамиката на возилото.

За пофалба е посветеноста на Honda да се направи возило со толку добри еколошки прифатли-ви особини, кое истовремено има врвни безбедносни карактеристи-ки. Имено, самата школка на Insight

На прв поглед однапред, можете да го смешате со постариот брат Accord, но изгледот не лаже - Insight има динамички возни својства

Гордо ја носи формата карактеристична за еко - возило. Обликот е познат од јапонската сестра Prius, но кај Insight, дизајнот е подопадлив

Page 5: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 702/2009

1

4

2 3

5

Insight не сака да биде класичен еколошки автомобил, бидејќи тие најчесто го носат епитетот „досадно“. Остро обликуваните предни светла наликуваат на оние кај Accord; Чудниот завршеток на задниот дел е резултат од аеродинамичниот дизајн; малку наликува на супербрзиот NSX; Задните светла користат ефикасна LED-технологија; Големи, но мазни ретровизори со пријатно интегрирани трепкачи; Дури и магленките се „жртва“ на концептот „аеродинамично возило“

О Д ц Р т Е Ж Д О А в т О м О б И л

развојот на секој автомобил почнува со хартија и пенкало. Дизајнерскиот тим на овој начин ја пресликува визијата на идеолозите, во графич-ка претстава за тоа како би изгледал автомобилот. Honda, за разлика од други автомобилски брендови, теж-

Концептот Cr-Z претставен во 2007 година, ја претставува визијата на Honda за идните спортски купеа. исклучително футуристички и ди-намичен однадвор, а извонредно паметен и просторен однатре. Cr-Z е создаден на комплетно нова плат-форма од лесни материјали, кои во комбинација со хибридниот погон, го прават овој концепт своевидно ремек-дело бидејќи спојува совр-шен дизајн, модерна технологија и еколошки погон во идеална спорт-ска комбинација.

нее кон тоа возилата од сериското производство да бидат што е мож-но поблиски до концептното возило. Тоа се докажа со Civic, а еве Honda повторно држи до своето, па новиот insight изгледа мошне веродостојно на дизајнерскиот цртеж.

ф у т у Р И С т И ч К О С п О Р т С К О К у п Е

Page 6: Auto Focus 18

10 02/2009 www.autofocus.com.mk

пазарот доби голем број кроСовер-возила, во кои Се Спојуваат и до три кароСериСки изведби во една. Peugeot отиде чекор натаму и Спои четири возила во едно

Семејно-моноволуменско-теренско-комби

PeUGeOt 3008НОвиТеТи

слување имиња, туку поради тоа што со „3“ возилото се сместува во доменот на компактни возила; „00“ симболизира новитет и оригинал-ност - нов модел што се разликува од останатите; „8“ ја специфицира генерациската припадност во мо-ментната гама возила на Peugeot.

Новиот 3008 само начелно ја ко-ристи платформата на 308, која за потребите на новиот модел е зна-чително подобрена, како структур-

но така и во изборот на материја-лите. Така е постигната поголема цврстина на каросеријата, поква-литетна изработка, побезбедна школка и помала тежина. Сè на сè, фантастичен спој што ветува ог-ромен успех. За да се направи што подобра возачка средина и да се зголеми задоволството при во-зење, Peugeot 3008 користи нова управувачка летва, чија цел е да обезбеди идеално позиционирање

на воланот.Големото прашање, дали да се

вгради погон на сите тркала или само на две, е решено со две ва-ријанти, од кои едната е достапна веднаш, а другата во 2011 година. Првото решение претставува изум на научниците на Peugeot и се наре-кува Grip Control. Овој иновативен пакет се состои од интелигентен систем за контрола на стабилноста, со пет начини на работа што воза-

Ретко се случува концептен автомобил за толку кратко време по презентацијата да се појави како возило

за сериско производство. Peugeot, со концептот Prologue од салонот во Париз, во октомври, го најави можеби најинтересниот кросовер-автомобил на сите времиња – но-виот 3008. Инженерите на Peugeot ги извлекле сите квалитети од веќе постојните изведби на возила како SUV, карван, моноволумен и семеен автомобил, кои потоа ги сплотиле во еден уникатен спој што претста-вува пионер во автомобилскиот свет.

Овој каросериски хибрид, во ком-бинација со еколошките погонски агрегати познати за францускиот бренд и модерната технологија вградена во него, несомнено ветува успех на новиот модел на Peugeot. Автомобилот го носи името 3008, не поради тоа што Французите се неинвентивни и мрзливи за сми-

Концептот Prologue, претставен на салонот во Париз, ја пре-зентираше идејата на Peugeot за идеалното семејно возило. феноменален спој од неколку видови каросериски изведби во една. Современата технологија, еколошките мотори и каракте-ристичните црти овозможија овој концепт брзо да се доведе во сериско производство.

www.autofocus.com.mk

Page 7: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 1102/2009

Иако е новак во автомобилскиот свет, никој нема да го смеша 3008 со друг бренд - гените на Peugeot се длабоко втемелени во овој автомобил

чот може да ги избере, во зависност од подлогата.

Второто решение доаѓа во фор-ма на хибриден погон, именуван HYbrid4, кој се карактеризира со исклучително ниска потрошувачка и емисија на јаглероден диоксид од само 109 g/km. Разликата од позна-тите хибридни погони е во тоа што тука отсуствува механичко поврзу-вање меѓу дизелскиот агрегат на-пред и електромоторот во задниот дел од возилото. Сите поврзувања се одвиваат „преку жица“, со што се избегнуваат можните комплика-ции во архитектонската структура на возилото. Peugeot 3008 HYbrid4 ќе биде првото возило од група-цијата PSA (Peugeot – Citroen) во кое ќе биде вграден новиот хибри-ден погон.

Што се однесува до надворешни-от изглед на 3008, Peugeot не от-стапува од своите принципи. Уште на прв поглед се познаваат карак-теристичните елементи за возила-та на Peugeot, т.е. долгите предни светла, огромната маска, нежните странични линии со засечени, на-бабрени крила, полничкиот заден дел и големите стаклени повр-шини. Надворешноста претежно асоцира на возило што припаѓа во класата SUV, бидејќи изгледа суве-рено, цврсто, дури и грубо. Сите тие одлики доаѓаат од SUV-гените на 3008. Големите стаклени по-вршини и изгледот на кабината, произлегуваат од моноволуменот и карванот кои се кријат во 3008, додека внатрешноста е инспирира-на од семејниот автомобил што се крие во новакот.

Идеалното позиционирање на возачот и максимизирање на задо-волството при возење се главните принципи врз кои се заснова дизај-нот на внатрешноста. Огромната арматурна табла се протега како големо предно стакло, додека сите команди и инструменти се насо-чени кон возачот, слично како кај авионите. Квалитетот на материја-лите употребени за изработка на компонентите во внатрешноста е очигледен, како визуелно така и на допир.

Кабината нуди исклучително многу простор, и за патниците и за нивниот багаж.

Огромниот панорамски покрив се нуди како опција во некои извед-би на 3008 и претставува едно од главните обележја на овој модел. Одличната звучна изолација и фан-тастичните седишта уште повеќе го зголемуваат нивото на комфор во кабината. Целиот простор во ка-бината е рационално осмислен за да овозможи што повеќе разноли-

б Е з б Е Д Н О С т А Е С Е К О г А ш Н А п Р в О м Е С т О

Со оглед на тоа што се работи за возило што е пионер во автомо-билската индустрија, Peugeot 3008 мора да нуди повеќе од изглед. Комплетно свесни за предизвикот, инженерите во Peugeot сериозно ја сфатија работата и го опремија 3008 со многубројни интелигентни реше-

нија. Најспецифичен систем е системот за контрола на тракција (слика лево), кој може да работи на пет начини, слично на terrain response на Land rover. Системот се нагодува да работи оптимално во однос на подлогата врз која се вози автомобилот, што е од осо-бена полза бидејќи 3008 си уште нема

погон на сите тркала. Dynamic Roll Control (слика десно) е уште еден интелигентен и корисен систем кој се вградува во 3008. Тој се грижи за идеалното лежење во свиоци, преку контролирање на задната оска, со што ефикасно се подобрува управ-ливоста.

Масивниот заден дел и широкиот браник наведуваат кон заклучокот дека 3008 е стабилен автомобил. Чудни се засечените крила.

Огромната лавовска муцка е носечки симбол на Peugeot

Page 8: Auto Focus 18

18 02/2009 www.autofocus.com.mk

во овиЕ врЕмиња поминуваат само автомобили што или сЕ Евтини или врЕ-дат нЕизмЕрно. Citroёn вЕрува дЕКа ја најдЕ срЕдината мЕѓу ѓутурЕ и гламур и го прЕпорачува C3 PiCasso

Некогаш ти е пречка кога си толку успешен. Не постои друга марка што продава толку многу ва-

нови во Европа како Citroën и не постои друга што има толку ши-рока понуда од ванови. Токму за-тоа и купувачите имаат огромни очекувања кога марката ќе пушти во продажба некој нов ван.

Но, големите мислители на Citroën успеаја да пронајдат не-населена празнина во својата тековна палета од автомобили со голема просторна понуда, што

почнува со малечкиот Nemo, па продолжува сé до големиот и престижен ван С8. Во сегментот на миниванови, каде што се возат Opel Meriva и Nissan Note, досега Citroën немаше што да понуди. Но, сега има: С3 Picasso ќе почне да се вози по улиците напролет.

ваН За почеТНИцИ

Посебниот белег на новата француска креација е дизајнот. Додека другите нови фаци како Kia Soul или идниот Nissan Cube

Кутија полна со магија

Помалата димензија не значи губење на вредноста на уметничкото дело: И овој Пикасо изгледа симпатично, и убаво се вклопува во семејството

CiTRoёn C3 PiCAssoНовИТеТИ

Page 9: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 1902/2009

одат на кутиести форми, а вла-детелите со просторот како Opel Meriva, Nissan Note или Renault Grand Modus веќе одамна се изгу-бија во уличната слика со својата невпечатлива појава, Citroën ус-пеа да пронајде досега невидена форма. Главниот стилист Карло Бонцаниго ја нарекува оваа фор-ма „коцкеста морфологија“ - са-кајќи да каже дека кутијава има заоблени рабови.

Иако страниците и опашот на возилото се речиси исправени, со цел во внатрешноста да се до-

ници се тука за да го преземат на свој грб товарот на секојдневјето на градските паркинзи.

Picasso не само што изгледа уба-во туку и гледа убаво. За второво се грижи и панорамскиот покрив, секако, достапен само со доплата. Исто како кај поголемите модели, наместо дебели столбови, напред има два филигрански тенки стол-ба, со големи триаголни прозорци меѓу нив, кои Citroën ги смета за дел од ветробранот - дизајнерите

бие што е можно повеќе простор, малечкиот Picasso не е фиока на тркала, туку умешна игра на агли и лакови. Така возилото изгледа во исто време и масивно и симпа-тично. Играта на спротивностите ја прави привлечноста на ванот: тркалезно наспроти квадратно, модерно наспроти ретро, грубо наспроти нежно.

Дизајнерите ги ослободуваат идните сопственици од секаква загриженост околу поттурну-вањата во градскиот сообраќај: Широките лајсни и дебелите бра-

зборуваат за триделен ветробран. Од искуството со С4 Picasso, знае-ме однапред дека инженериве ра-ботат добро и може да се очекува исклучителна прегледност од во-зачкото место.

СреДеНа вНаТреШНоСТ И МНоГУ МеСТо

Бидејќи C3 Picasso сака да биде само поволен, но не и евтин авто-мобил, внатрешноста е средена

Прифати... затоа што изгледа свежо и поинак-во, добро е осмислено и нуди многу простор.

откажи... што недостигаат вистински нови идеи, кои можат да си ги дозволат поска-пите ванови.

Побарај друго... opel Meriva, Fiat idea и Renault Grand Modus, но и кај Kia soul или Daihatsu Materia

Французите беа едни од првите што го понудија системот stop & start, во моделите C2 и C3. Задачата на системот е автоматски да го гасне моторот при чекање на семафор и потоа да го стартува брзо, откако ќе се отпушти сопирачката, за да се намали потрошувачката. Следната генерација на овој систем, Citroёn ја најавува за 2010 година. Новиот

микрохибриден систем ќе го задр-жи принципот на работа со стартер-алтернатор и ќе донесе заштеда во гориво од 15 проценти. За подобри перформанси, новиот stop & start ќе врши повраток на енергијата при запирање заради полнење на акумулаторот на возилото, без да користи гориво за истата цел.

МикроХибрид во 2010 годиНа

Зад капакот на багажникот се крие приспособлив простор. Со волуменот што варира од 360 до 500 литри, C3 е доволно м и за семеен одмор

Здодевната кутиеста форма е мајсторски маскирана со додавање на згодни заоблувања каде што е потребно. По пример на C4: Тенки предни столбови

Page 10: Auto Focus 18

26 02/2009 www.autofocus.com.mk

FoRD KuGA 2.0 TDCi 4x4ТеСТ

Ford за секој патмарКата од КЕлн тргна по Калливиот пат. КаКо што прилЕга, го минува мошнЕ динамично

ДИЗаЈН раЗраБоТеН До СоврШеНСТво

МоЌеН ПоГоН

воЗНИ СвоЈСТва

Ни Се доПаЃа

Не Ни ПреЧиБаГаЖНИКоТ ШТо е На НИво На КоМФор; НоСеЊеТо Товар ТУКа Не е ГлавНаТа ЗаДача

Не Ни Се доПаЃавТорИоТ СТепеН Се ИНаеТИ

лоШа преГлеДНоСТ НаНаЗаД

КопчеТо За ГлаСовНа КоМаНДа Не е На волаНоТ

Ń

Жабрите се на место: Обично, спортските купеа имаат вакви елементи. Со динамиката што ја покажува, и Kuga ги заслужува

Не е само убава амбалажа: дури и кога ќе се подигне задното стакло продолжува приказната за дизајнот

Page 11: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 2702/2009

Дури и светлата се засебна дизајнерска целина: Малку хром отстрана, долу интегриран отвор за воздух, трепкачи во форма на L

Не мора да се колеба дали да продолжи во шумата: Со квалитетите на погонот, Kuga се однесува примерно и на терен

Покрај возните својства, дизајнот е следното поле во кое што Kuga ги поставува стандардите во класата. убавица во секој поглед

Квадратест отвор на багажникот и дополнителен простор оздола, ако резервното тркало се замени со кит за лепење гума

Пристапот без клуч не е сечија работа: Некој сака да ја држи контролата во рака

На луѓето од Ford сигур-но им се вртел кугар пред очи, додека биле во потрага по името за

нивниот нов теренец. Добра е ваквата насока на размислување. Кугарот е брз и гази внимателно, како што тоа умее да го прави само дива мачка. Одговара. От-како конкурентот од Волфсбург успеа да вкрсти тигар и легуан во Tiguan, за неговиот најважен противник од Келн беше сосема природно и тој да појде во експе-диција во царството на животни-те. Но, штета е што името Cougar веќе е резервирано и му припаѓа на едно купе. Затоа мораше да се најде друго решение - изгова-рањето на името да звучи како кугар.

Kuga е звучно име. И многумина имаа можност да го чујат, затоа што веќе долго се зборува за него. Дивокозата изведена од спорт-скиот ван C-Max има добри изгле-ди да се избори за врвот, и покрај тоа што почнува со задоцнување во друштвото на малите терен-ци. Кокпитот не може да ја скрие сродноста со семејниот пајтон, затоа што висококренатата рачка на менувачот со форма на џојстик потсеќа неодоливо на C-Max.

Некој кажа дека внатре терен-ците секогаш изгледаат посми-рено и порустикално? Сосема погрешно. Свежите бои и повр-шините што изгледаат како да се од алуминиум создаваат модер-на и пријатна средина, и тука се препознаваат траги од големиот Mondeo. Радува тоа што во ра-кувањето не се кријат никакви тајни. Повеќето од копчињата се јасни и големи. Штета е само што копчето за стартување е оставено толку неугледно и големо е исто колку и тоа за безбедносните трепкачи. Моментот на старту-вање со копче заслужува повеќе внимание.

Пилотот ќе има малку повеќе работа единствено кога ќе види потреба да го исклучи системот за стабилност, да ја поништи дневната километража или да си избере еден од трите степени на чувствителност на управување-то, сé според моментното распо-ложение. За да направи што било од тоа, возачот треба прво да го притисне копчето во рачката за трепкачите, па да влезе во мени-то на средишниот екран.

Четворица патници сé уште имаат доволно простор за размр-дување во Kuga. Седнатите на ме-ката задна клупа можат удобно да си ги пуштат стапалата под пред-►

Page 12: Auto Focus 18

32 02/2009 www.autofocus.com.mk

Opel InsIgnIa 2.0 CDTI eDITIOnTeCT

СТИЛ ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЈАВА

ИСКЛУЧИТЕЛНО КОМФОРНО ПОДВОЗЈЕ

ПРОСТОРНО ЧУВСТВО НА ПРЕДНИТЕ СЕДИШТА

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИПОСЛАБОТО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА МОТОРОТ ВО НАЈНИСКОТО ПОДРАЧЈЕ НА ВРТЕЖИ: ПОДОЦНА НАДОМЕСТУВА СО ИМПРЕСИВНА МОЌ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАПОКРИВОТ СЕ СПУШТА НИСКО НАД ЗАДНАТА КЛУПА

СИТНИ ДИСПЛЕИ ВО СРЕДИШНАТА КОНЗОЛА

32 02/2009 www.autofocus.com.mk

Големава лимузина Го оправдува Громот што Го носи во маската. моќна е, брза, на конкурентите им влева страв во коски

Гром од ведро небо

Page 13: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 3302/2009

Овие денови сите па-тишта водат кон Opel. Сите сакаат да седнат зад воланот на голе-

миот автомобил со молња во маската. Досега не постоел друг Opel што привлекувал толку по-гледи како што тоа со леснотија го прави Insignia. Каде и да се појави лимузината, луѓето под-забавуваат, гледаат, се чудат, за откако ќе им помине шокот, да се сетат и да фотографираат. Дури и возачите на Audi и BMW гледаат, се интересираат кој е тој што сега го одвлекува вни-манието од нив.

Честитки за луѓето од Риселс-хајм. За впечатокот да не се расипе, пред стартувањето на силниот дволитарски дизел на ладно е подобро ако наоко-лу се поделат тампони за уши. Секако, тоа трае само неколку минути, додека се загрее маши-ната - и во тој поглед Insignia не се разликува од која било друга претставителна лимузина со дизелски мотор.

Opel повеќе сака да остави впечаток на друг начин. На пример, со одличните седишта, што дури и во оваа, обична вер-зија, имаат прифатено нешто од анатомските седишта што се нудат со доплата и носат печат од лекарски здруженија. Кожениот волан лежи убаво во рацете, арматурната табла се повлекува во елегантен лак во правец на ветробранот. На тој начин се добива врвно прос-торно чувство.

На втор поглед се забележу-ваат многуте копчиња на сре-дишната конзола. Точно 38! Тоа можеби создава впечаток за добра противвредност за парите, но денес познаваме и поинакви решенија. Во секој случај, убаво е за око тоа што прекинувачите се издвоени од конзолата на посебна површи-на. Но, и за многуте прекинува-чи има лек: Со нави-радиото CD 500 Navi се добива мултифунк-ционален прекинувач пред ме-нувачот, со кој се пристапува

www.autofocus.com.mk 3302/2009

Со елегантната појава, Insignia излегува од рамките на средната класа и потсетува на Omega и Senator - големите лимузини на Opel

Светлата покажуваат убава линија, но и динамичен внатрешен живот

Со коефициент 0,27, Insignia е меѓу најаеродинамичните

Одговара: Најголемиот Opel има и најголема маска, хромирана, светкава. Insignia е прва со новото лого

Завршеток во голем стил: Работ на капакот е изведен како спојлер, логото е легнато на долга и хромирана лајсна

Page 14: Auto Focus 18

38 02/2009 www.autofocus.com.mk

Три на четвртаако поклониците во марката се заколнуваат дека во BMW се ужива на втор степен, тоГаш со четири поГонски тркала задоволството би требало да е на четврти степен

НАМРШТЕНАТА ПРЕДНИЦА

ОДЛИЧНА РАБОТА НА МОТОРОТ И МЕНУВАЧОТ

ПОГОНОТ НА СИТЕ ТРКАЛА Е ДОБРЕДОЈДЕН ПРИ ВОЗЕЊЕ ВО СВИОЦИ

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИСТЕРИЛНИОТ ИЗГЛЕД НА ВНАТРЕШНОСТА. СЕПАК ТУКА ВЛАДЕЕ ФУНКЦИОНАЛНОСТА И ЕРГОНОМИЈАТА

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАОТСУСТВО НА ДРЖАЧИ ЗА ЧАШИ НАПРЕД

ТРЕСЕЊЕТО НА МЕНУВАЧОТ ПРИ РАБОТА ВО МЕСТО

РАКУВАЊЕ СО АУДИО СИСТЕМОТ

BMW 320d xdrivEТЕСТ

Во задниот дел нема поголеми промени во однос на претходниот модел. Различен е само изгледот на светлата.

38 02/2009 www.autofocus.com.mk

Page 15: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 3902/2009

Тој е синоним за спортски автомобил, во светот е најброен од неговата сор-та, и секогаш е на тапет,

затоа што сите сакаат барем мал-ку да бидат како него. Тројката на BMW навистина заслужи да здив-не. И не се колеба да го направи тоа. Каде што ќе стигне. На сема-фор, во турканица во работниот шпиц, дури и пред пешачки. Но, дури и тогаш, повторно се става во предност.

Откако BMW ги воведе мерките

не смее да си дозволи да мирува премногу.

Мирувањето е смрт во овој биз-нис. Моделите живеат најмногу по осум години. По правило, на половина од овој век се случува фејслифт, а во меѓувреме, мол-чешкум се прават промени и по-добрувања. Примерот со серијата 3: во средината на 2005, актуел-ниот модел го замени претходни-кот со интерна ознака Е46. Потоа доаѓаа дополнителните модел-ски изведби како комби, купе и

кабрио, како и нови четирици-линдарци со штедлива техника старт-стоп. Сега, по четири годи-ни, во салоните се дотркала ком-плетно преработениот модел.

BMW мора да притиска со тројка-та. Таа е најважниот модел на Ба-варците и учествува во вкупната продажба со 44 проценти. И кон-куренцијата притиска: Главниот конкурент Audi A4 е помлад. По-точно: беше помлад, затоа што со новитетите, овој BMW од второто полувреме повторно се покажува

за штедење со пакетот Efficient Dynamics, поимот премиум мар-ка не подразбира само ослобо-деност од ценовниот товар при правењето возила, туку и малку поголема грижа кон животната средина, а со тоа и кон парични-кот на возачот. BMW си зема за право да здивне во секоја приго-да и да го изгасне моторот за да ја намали потрошувачката. Го гасне моторот автоматски, но и го стар-тува автоматски, веднаш кога ќе се притисне спојката. Затоа што

Светлечки диоди во трепкачите - поекономично и поефикасно

Значка што многу значи. XDrive е главна одлика на овој модел

Поглед од кој смрзнува крвта. Класични „прстени“ за BMW

www.autofocus.com.mk 3902/2009

Page 16: Auto Focus 18

44 02/2009 www.autofocus.com.mk

Кој рано рани, ќе биде последенво основата не е ништо повеќе од наџиџан Golf Plus со поГон на сите тркала. но, светот полуде по неГо

ЕДНОСТАВНО РАКУВАЊЕ

ТИВОК И ШТЕДЛИВ МОТОР

ЛЕСНА УПРАВЛИВОСТ

ФУНКЦИОНАЛНА ЗАДНА КЛУПА

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИОТСУСТВОТО НА ПОМАГАЧИ ЗА ТЕРЕН, ОД ТИПОТ НА РЕДУКЦИЈА ИЛИ БЛОКАДИ; TIgUan МИНУВА И БЕЗ НИВ

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАaUTO-HOlD НЕ РАБОТИ ЦЕЛОСНО АВТОМАТСКИ: ПОПРАКТИЧНО Е КОГА ВОЗИЛОТО САМО ПРЕПОЗНАВА ДЕКА Е НА НАГОРНИНА

ДУПКАТА ШТО ОСТАНУВА ЗАД КЛУПАТА, КОГА Е ПОМЕСТЕНА НАНАПРЕД

volksWagEn Tiguan 2.0 Tdi sPorT & sTylEТЕСТ

44 02/2009 www.autofocus.com.mk

Со мекото и приспособливо подвозје, патувањето не мора секогаш да биде по асфалт.

Page 17: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 4502/2009

Кој рано рани, ќе биде последенСтратегијата не се про-

мени. Volkswagen пов-торно доаѓа меѓу по-следните, и повторно

неговото доаѓање одекнува како бомба. Истото претходно беше случај со Touran, a ништо поинаку и со Eos. Надносеното дете од Волфсбург го користи своето доцно доаѓање на свет како предност, и носејќи ги на дланка слабите точки на рано-дојденците, поучен е да не ги направи нивните грешки.

Малиот брат на Touareg не допира до вистинските терен-ци, но затоа им дише во врат на другите градски шетачи што зрачат шарм на теренско возило. Гордата дружина од компактни теренци, предво-дена од BMW X3, одлично го искористи отсуството на мар-ките што продаваат со цени поблиски до народот, но сега ќе мора да запне добро за да ги оправда високите цени. Затоа што Tiguan го умее истото што и тие.

Постојат марки што ги откри-ваат празнините на пазарот, нудејќи производи какви што претходно не постоеле. Тоа не е начинот на кој што работи VW. Таму како повеќе да ми-луваат да си залегнат удобно во фотелја и да чекаат во мир. Гледаат што доаѓа, што си оди, што останува. А потоа, тргну-ваат полека, но незапирливо.

VW си дозволи цела вечност додека се реши да ги пушти лентите за новиот народен те-ренец. И сите како да го чекаа овој момент. Во минатиот сеп-тември, Волфсбург ја зголеми дневната продукција од 650 на 750 примероци, за да се задово-ли огромната побарувачка и да се скусат роковите на чекање.

Само се чини дека светкава-та маска и закосените очи се решавачки за успехот на ма-лечкиов теренец. Не е така. Овој мора прво да докаже дека е доволно голем да го собере целото семејство. Tiguan одби-ва да ја користи проверената формула „големи тркала, тесна кабина“ и да мами со убави-ната. Неговите клиенти не се беќари од големиот град, туку се големи семејства, кои не мо-►

www.autofocus.com.mk

Помалиот брат на Touareg не настапува со изглед од кој останува здивот, се е типично VW

Највпечатливите дизајнерски моменти ги даваат светлата. Капата врз светилките го носи логото VW

Пакетот на опрема Sport & Style се фали со хромирана маска. Тоа остава впечаток на вредност

Дотерување по избор: од левата страна е Tiguan Sport & Style, од десната страна - Tiguan Track & Field

Page 18: Auto Focus 18

54 02/2009 www.autofocus.com.mk

историја

Потегот се чини едноставен. дизајнерите само ќе го засечат Покривот на ли-музината и куПето е веќе готово. но, не е толку Просто. куПеата се уметност, а Renault ја негува веќе седум децении

Помалку e повеќеКуПеата на Renault

Купе, што друго: Зарем убавата Јулија би сакала да седне во нешто што не одговара на нејзиниот стил

Laguna, Floride:Убавите купеа носат убави имиња и се во убаво друштво со Јулија и Лана

Page 19: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 5502/2009

Логиката завршува тука. Купето има две врати помалку, седиштата на-зад се повеќе за украс,

а чини повеќе од поголемата и покомфорна лимузина. Каде е утката? Нема утка. Убавината е тоа што се брои тука. Во евра. Објаснувањето е просто, купето е поскапо од лимузината затоа што е поубаво. И затоа што така се га-рантира дека ќе биде поретко, и на сопственикот му одговара за негување стил.

Renault го пушти новиот Megane Coupe да става спортски акцент за марката во компакт-класата. Но, со тоа Французите продолжу-ваат една мошне долга традиција. Renault произведува купеа подол-го од седум децении.

Ознаката Coupe за убаво скро-ени каросерии со две врати пр-впат се појави во Renault во три-

есеттите години. Претходно, оваа ознака се користеше во смисла на традицијата на градењето кочии и важеше само за автомобили кај кои возачот беше оставен под от-ворено небо. Меѓу највпечатливи-те претставници од тоа време се скапоцените модели Nervastella Coupe од 1935 година, Nerva Sport Coupe (1936) и Suprastella Soupe (1938), со осумцилиндарци во ли-нија, со зафатнина од 5,4 литри. За еден број помал, но сé уште ексклузивен е моделот Viva Grand Sport Coupe од 1935 година, со мо-тор од 4,1 литри и погон одзади.

Французите не си го оставија обичниот народ да копнее безна-дежно по своето купе. Во 1934 го-дина се појави Celtraquatre Coupe, достапен за широката народна маса. Четирицилиндарецот од 1,5 литар собираше 30 коњски сили под хаубата и дозволуваше сосема достоинствена крајна бр-зина од сто километри на час. По две години следеше Primaquatre

Coupe, a по уште две, Juvaquatre Coupe. Овие три модели од три-есеттите години беа остварлив сон за возачите, чиј број се зголе-муваше бавно, но сигурно.

Renault FloRide: Пред очите на соединетите америКансКи држави

По Втората светска војна, Renault, исто како и повеќето други производители, мислеа единствено на тоа како да ги за-доволат основните автомобил-ски потреби. Како што постепено се подобруваше добросостојбата, така растеше и бројот на Фран-цузите што во нивниот автомо-бил бараа моќ и елеганција. Ис-товремено, шефовите на Renault размислуваа да фатат чекор во Соединетите Американски Држа-ви. И успеаја целосно: Со лимузи-

ната Dаuphine, со мотор одзади, претпријатието почна да бележи невидени бројки, откако моделот почна да се продава преку океа-нот во 1957 година.

Затоа и американските дилери воопшто не се двоумеа кога поба-раа од Renault да направи убаво купе и убав кабриолет врз основа на Dauphine. Тоа и се случи. Згод-ниот спортски автомобил во Ев-ропа се возеше како Floride, а во САД како Caravelle.

италијансКи дизајн дотеран По францусКи

Основната форма ја нацрта голе-миот италијански дизајнер Пјетро Фруа. Потоа, дизајнерското одде-ление на Renault ја надгради оваа форма со француска префинетост. Резултатот беше безгрешно уба-ва форма со елеганција што ни-когаш не замира. Како што беше побарано, Floride се продаваше во купе и во кабриолет изведба. По-

Потребната доза на престиж: Купето есоодветна појава во секоја пригода

Кога принципот на скусување на здолништето ќе се примени кај автомобил, се добива купе. Ефектот е ист

Купето е безвременска форма: И Laguna Coupe по половина веќ ќе ја задржи елеганцијата

Page 20: Auto Focus 18

76 02/2009 www.autofocus.com.mk

а во 2004 првпат беше претста-вен Race Touareg, и оттогаш, Volkswagen го користи ова возило зад кое постојано се нижат успеси.

Кога ќе се погледне Race Touareg

2, тешко е да се најде нешто заед-ничко со серискиот Touareg каков што го познаваме, освен логото однапред и името. Реално гледано,

супербрз тенк

Првпат по цели 29 години, синонимот за автомобил-ска тортура – релито Да-кар, се пресели од Африка

во Јужна Америка. Релито го носи името според главниот град на Се-негал, меѓутоа, во јавноста поимот „Дакар“ има многу посуштинско значење. Создадено првенствено како рели наменето за богати-те автомобилски ентузијасти во 1979 година од Тиери Сабин, Да-кар до денеска има еволуирано во еден од најинтересните, најбес-крупулозни и најпредизвикувач-ки настани во спортот воопшто. Разбирливо е што возилата на ова рели се можеби најгрдите во авто-индустријата, но токму тие возила се технолошки најнапредните во-зила на денешницата.

Брендот Volkswagen ја почна својата историја на Дакар уште во втората година на постоењето на релито. Во јануари 1980, на старт-ната позиција се појавија четири

возила под логото на VW. Во 2003 година, Volkswagen се врати во ре-ли-натпреварите користејќи на-предна дизелска технологија TDI,

иако натпреварУвачките возила што УчествУваат на релито дакар најчесто изгледаат како да ги нацртал пикасо, тие сепак се едни од најдоБрите и најнапредните возила во светот

донатУс вишелхаУс: Race TouaReg 2 ни-когаш не ја достигнУва критичната зона, Бидејќи се раБоти само за дотерУвање. ако го нагодите тУрБополначот да врти послаБо при возење на големи над-морски височини, не може да се слУчи ништо страшно освен гУБење на околУ 20 отсто од силата.

VoLkSWaGen raCe TouareG 2сПОрт

Page 21: Auto Focus 18

www.autofocus.com.mk 7702/2009

тоа не е далеку од вистината, би-дејќи доколку серискиот Touareg се произведува на истиот начин како Race Touareg, сериското вози-ло ќе чини многу, многу повеќе.

Најголемиот предизвик за рели-возилата на Дакар не претставу-ваат 14-те дена времетраење или деветте илјади километри, туку различните климатски услови и поинаквиот терен на кои се вози. Имено, возилото треба да биде во состојба без проблем да ги поми-нува песочните пустини во кои сонцето пече со околу 40 Целзиу-сови степени, и ладните планин-ски превои, во кои температурата паѓа и под нулата. Сето тоа значи дека механичките компоненти на Race Touareg 2 константно се из-ложени на огромен притисок од временските услови, површината, правот итн.

Структурата и материјалите ко-ристени при изработката на Race Touareg 2 претставуваат збир од врвни, најмодерни технолошки достигања, внимателно организи-рани и вградени дури и во најсит-ниот можен елемент на возилото. Основната форма на телото на во-зилото е поставена уште во 2005 година, и оттогаш константно и напорно се работи на нејзиното подобрување.

Изгледот на возилото кое се нат-преваруваше на Дакар 2009 е про-извод од ригорозни тестирања во воздушен тунел и комплексна математика за пресметување на начинот на кој се однесуваат сите независни компоненти на вози-лото. Стожерот на кој се потпи-ра Race Touareg 2 е изработен од исклучително лесни, но цврсти материјали, како на оние кои се употребуваат при изработување авиони и тежи само неверојатни 50 килограми.

Преработената задна суспензија ја намалува можноста за превр-тување при остри свиоци и овоз-можува многу попрецизно упра-вување. Моторот кој се вградува во возилото, 2,5-литарскиот TDI дизелски агрегат, се смета за „срце и душа“ на Race Touareg 2. Овој мотор нуди голем број предности, особено за ваков вид натпрева-рување, првично поради моќни-от вртежен момент, а понатаму поради значително пониската потрошувачка, со што разликата во тежина во однос на некои од другите натпреварувачи може да достигне дури 200 kg во корист на Race Touareg 2.

Со двата турбо полначи, се до-биваат 280 КС и преку 600 Nm вр-тежен момент, што го прави овој

Page 22: Auto Focus 18

Новиот KIA SPORTAGEСОЗДАДЕН ЗА УЖИВАЊЕ

Животот е многу полесен кога немораш премногу да се грижиш за своите предмети. KIA SPORTAGE е единствениот SUV произведен во Европа,

според највисоките стандарди за квалитет. Сега доаѓа со нов подинамичен изглед и јачина на мотор - 2.0 VGT со 150 КС. Комфорен и безбеден во град,

но нуди одлична забава и на терен. KIA SPORTAGE ќе ве однесе секаде. Испробајте го веднаш и уживајте во животот.

19.995 €(1.239.690 денари)

КИА МОТОРС Македонија, ул. Перо Наков бб, 1000 Скопје, тел: 02 2580 300; факс: 02 2580 302

CITY CAR, Скопје, тел: 02 3073 888; ТОЛТУ, Скопје, тел: 02 3133 133; БОБИ - М, Скопје, тел: 02 2571 906; АВТО ЛИНК, Битола, тел: 047 251 281; АВТО НОРА ТРЕЈД, Ресен, тел: 047 453 489; ТИНГ, Кочани, тел: 033 297 115; АВТО ГОРДИНИЈА, Гевгелија, тел: 034 218 399; АВТО КОННЕКТ, Тетово, тел: 044 339 090; ИВО МАГ ТРАДЕ, Охрид, тел: 046 262 846; ДАЛАС, Гостивар , тел: 042 222 111; MУЊА, Куманово тел: 031 451 455; КАРГОМАКС- АВ, Струмица тел: 034 344 068; КИА СП МОТОРС, Прилеп тел: 048 418 801; ТОЛТУ, Штип, тел: 032 223 222

www.kiamotors.com.mk