Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

Embed Size (px)

Citation preview

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    1/58

    АВТОРСКО ПРАВО И СРОДНИ ПРАВА

    ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ МЕДИУМИ

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    2/58

    АВТОРСКО ПРАВО И СРОДНИ ПРАВА

    ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ МЕДИУМИ

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    3/58

    Автори:

    д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовскад-р Ненад Гавриловиќд-р Неда Здравева

    Издавач:Центар за развој на медиуми СкопјеУл. “Васил Главинов“ 3/4-2, 1000 СкопјеТел/факс: 02/ 3136 - 340

    Интернет страница:www.mdc.org.mk

    Подготовка и печат:eXpressive graphics, Скопје

    © 2014 All rights reserved. Сите права се задржани

    Оваа публикација е подготвена од стана на Центарот за развој на медиуми со

    великодушна поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД заМеѓународен Развој (УСАИД). Мислењата изразени во оваа публикација му припаѓаат

    на Центарот за развој на медиуми и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за

    Меѓународен Развој или на владата на Соединетите Американски Држави.

    Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија,

    Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    4/58

    3Содржина

     Содржина

    ВОВЕД ......................................................................................................5ДЕЛ 1: Поимник .......................................................................................8

    Што е авторско право? ....................................................................................9

    Што е авторско дело? ......................................................................................9

    Кои видови авторски дела постојат? ............................................................ 10Што е авторско дело? .....................................................................................................10Што е аудиовизуелно дело? ............................................................................................11Што е филмско дело? ......................................................................................................11

    Што се автор, коавтори, авторско дело од работен однос? .........................11

    Автор .................................................................................................................................11Коавтори ..........................................................................................................................11Автори на аудиовизуелно дело .......................................................................................12Авторско дело од работен однос ....................................................................................12

    Кога се стекнува авторско право? ................................................................13

    Кои овластувања произлегуваат од авторско право? .................................13Морални права ................................................................................................................13Материјални права ..........................................................................................................14Други права .....................................................................................................................17

    Колку трае авторското право? .......................................................................19Траење на материјалните права ....................................................................................19Траење на моралните права ..........................................................................................19

    Што е предмет на сродни права? ..................................................................20

    Кои овластувања произлегуваат од сродните права? .................................20Права на уметници – изведувачи ...................................................................................20Права на произведувачи на фонограми ........................................................................21Права на филмски продуцент .........................................................................................22Права на радио-телевизиска организација ..................................................................22

    Кога се стекнуваат и колку траат сродните права? .....................................22Траење на правата на изведувачите ..............................................................................23Траење на правата на произведувач на фонограми .....................................................23Траење на правата на филмскиот продуцент ................................................................23Траење на правата на РТВ организација .......................................................................23

    Користење туѓи авторски дела .....................................................................23Пренос на правата ..........................................................................................................24Пренесување со договор .................................................................................................24Користење без дозвола од авторот ................................................................................25

    Управување со правата .................................................................................28

    Што е колективно управување со правата? ..................................................................28Кои права колективно се управуваат? ..........................................................................28Кој врши колективно управување?.................................................................................29

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    5/58

     4

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    Како треба да постапуваат радиодифузните организации кога користатдела или предмети на сродни права кои подлежат на колективно управување? ....29Како се контролира користењето? ..................................................................................30Како се определуваат надоместоци за користење? ......................................................30

    Акти за определување на надоместоците......................................................................32Тарифа ...............................................................................................................................32Распределба на надоместоците......................................................................................33

    ДЕЛ 2: Прашања и одговори .................................................................34

    Во информативната емисија на мојата телевизија сакам да вклучамизвадок од говор на познат политичар емитуван во емисија на другателевизија. Дали и на кој начин треба да го регулирам ова? .....................35

    Информативен веб портал објавил истражувачка сторија заопределени состојби во стопанството. Информациите содржани во неа,

    не се дотогаш познати и се од големо значење. Сакам за тоада информирам и на мојот медиум. Дали ако го направамтоа повредувам определено авторско право? ............................................. 36

    Продуцирам програма (филм, музичка програма, емисија).Кои односи треба да ги уредам и како? ........................................................ 37

    Договор за филмска продукција ....................................................................................37Изведувачки договор .......................................................................................................39

    На друга ТВ куќа го пренесувам правото да емитувадокументарен филм од мое производство. Што треба да знам? ................40

    Сакам да емитувам филмови од туѓа продукција.Како да ги уредам односите? ........................................................................42

    Емитувам музички спотови на мојата телевизија. Дали треба да плаќамна организацијата за колективно управување на правата и колку? ..........43

    Сакам ексклузивно да емитувам голем и значен спортски/ културен/политички и друг настан што се случува во Република Македонија.Со кого треба да го договорам тоа? Дали имам некакви посебни обврски?Дали и други радиодифузери може да го емитуваат настанот? .................43

    Сакам да известувам за настан за кој друг радиодифузер има

    ексклузивни права. Дали и како може да го направам ова? ......................44Сакам да емитувам настани кои се случуваат надвор одРепублика Македонија? Со кого и како да ги уредам односите? ................46

    Кабелски оператор сака да ја реемитува мојата програма.Што треба да знам? .......................................................................................46

    Не сум сигурен дали правилно постапувам во уредувањето наавторското право и сродните права. Што треба да знам? ...........................47

    Кога и со што се прави повреда на авторско и на сродните права? ..........................47

    Утврдив дека со мое дејство е направена повреда наавторското право и сродните права. Какви санкции може да очекувам? ..52

    Кривично-правна заштита .............................................................................................52Граѓанско-правна заштита .............................................................................................52Прекршочна заштита .......................................................................................................54

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    6/58

    5

    ВОВЕД

    Центарот за развој на медиуми подготви второ, дополнето и изменето из-дание на Прирачникот за авторското право и сродните права за елек-тронските медиуми1, објавен во 2011 година како одговор на промените

    во законодавството во областа на авторското право и сродните права, во меди-умите и во електронските комуникации.

    Овој прирачник поаѓа од потребата медиумите и медиумските работницида се запознаат со правата и обврските што ги имаат во поглед на содржинитекои ги подготвуваат и емитуваат. Веднаш на почетокот треба да потенцирамедека тој е наменет за електронските медиуми. Но, кои медиуми се електрон-ски? Ако се следат дефинициите во македонските закони од релевантната об-ласт тешко дека ќе дојдеме до прецизна и јасна дефиниција кои медиуми сеопфатени во оваа група. Според Законот за медиуми, медиуми се „средства

    за јавно информирање, односно каков било вид комуникација, како весници,магазини, програми на радиото и телевизијата, телетекст и други средства задневно или периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пи-шана форма, звук или слика, со цел да се информираат и задоволат културните,образовните и другите потреби на пошироката јавност“. Оттука, во оваа групавлегуваат медиумите кои емитуваат програми на радио и телевизија, односносодржини во форма на звук или слика.

    Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги ги дефинира по-имите на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга и давател на таа услу-

    га. Аудио или аудиовизуелна медиумска услуга опфаќа каква било форма наекономска активност чија примарна цел е обезбедување аудио или аудиови-

    1 http://mdc.org.mk/mk/priracnik-za-avtorsko-pravo-2011

    Вовед

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    7/58

     6

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    зуелни програми за да се информира, забавува и/или образува пошироката јавност преку електронски комуникациски мрежи и аудио или аудиовизуелнакомерцијална комуникација, а ги обезбедува давател на аудио или аудиовизу-елна медиумска услуга. Давател на аудио или аудиовизуелна медиумска услугае физичко или правно лице кое врши дејност на обезбедување на аудио илиаудиовизуелна медиумска услуга, има уредничка одговорност за изборот на ау-дио или аудиовизуелната содржина и го определува начинот на кои тие се ор-ганизирани. Давател на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга, во смислана овој закон, е радиодифузер или давател на аудиовизуелна медиумска услугапо барање. Лице кое врши само пренос, односно дистрибуција на аудио и/илиаудиовизуелни програми за кои уредничката одговорност ја имаат трети лица,не се смета за давател на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга.

    Притоа, радиодифузер е давател на аудио или аудиовизуелни медиумскиуслуги за радио или телевизиско емитување, додека аудиовизуелна медиумскауслуга по барање е нелинеарна медиумска услуга која ја обезбедува давател нааудиовизуелна медиумска услуга по барање, и со која се обезбедува гледањепрограми во момент одбран од корисникот и на негово лично барање врз осно-ва на каталог на програми утврден од страна на давателот на аудиовизуелнатамедиумска услуга по барање. Телевизиско емитување, според овој закон, e ли-неарна аудиовизуелна медиумска услуга која ја обезбедува радиодифузер соцел да овозможи истовремено гледање аудиовизуелни програми врз основа наоднапред утврден хронолошки редослед на програмите (програмска шема). Те-левизиското емитување особено вклучува дигитално телевизиско емитување,пренос во живо (live streaming), емитување преку веб (webcasting) или обезбе-дување медиумска услуга приближна на видео по барање. Радио емитување,пак, e линеарна аудио медиумска услуга која ја обезбедува радиодифузер соцел да овозможи истовремено слушање аудио програми врз основа на одна-пред утврден хронолошки редослед на програмите (програмска шема). Зако-нот за електронските комуникации, системите кои што, меѓу другото, служатза пренос на радиодифузни мрежи и кабелски телевизии мрежи, ги дефиниракако електронска комуникациска мрежа, додека преносните услуги на емиту-вање или реемитување на програмски содржини се сметаат за електронскакомуникациска услуга. Законот за авторското право и сродните права, пак, упа-тува на радио-телевизиски организации.

    Во ова море на слични и различни дефиниции, без обид да создадеме хи-бридна дефиниција на електронски медиуми ќе укажеме дека овој прирачник енаменет за радијата, телевизиите, интернет порталите, блогерите и сите ониекои по електронски и дигитален пат обезбедуваат определени содржини за јавноста. За радиодифузерите и за давателите на аудиовизуелни содржини набарање, законите кои го уредуваат нивното функционирање „во етерот“ ди-ректно ги обврзуваат соодветно да ги уредат авторското право и сродните пра-ва и да ги почитуваат. За сите други, за кои постои повеќе или помалку прециз-

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    8/58

    7

    Вовед

    на законска рамка, таа обврска секако произлегува од Законот за авторскотоправо и сродните права.

    Имајќи го предвид ова, познавањето на областа на авторското право исродните права се наметнува како потреба. Затоа овој Прирачник има за целда даде основни информации за авторското и сродните права, да ги објаснипоимите во оваа област и начинот на кој авторското право и сродните правасе уредени во Република Македонија. При читањето ќе забележите, дека за-коните со кои е уредена материјата многу често користат разнородни терминии во тој поглед не се усогласени. Ова на одреден начин го отежнува нивноторазбирање и примена, па затоа ќе треба, во некои идни законски измени идополнувања, тие да се усогласат.

    Прирачникот е поделен на два дела. Во првиот дел се дадени дефинициина општите поими на авторското право и сродните права, и се упатува на некоиспецифични прашања кои се однесуваат на медиумите. Во вториот дел се да-дени насоки како треба да се постапува во конкретни ситуации во кои може дасе најдат електронските медиуми.

    Овој прирачник не е замена за правен совет. Авторското право и сроднитеправа се сложена правна материја, а ситуациите кои може да настанат се раз-новидни. Затоа секогаш се препорачува во конкретни ситуации, особено присклучување договори, да се консултира стручњак од областа.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    9/58

    ПОИМНИК

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    10/58

    9

     Што е авторско право?

    Авторско право е систем од норми со кои се уредуваат односите поврзанисо уметничките креации, односно делата кои по правило се оригиналниинтелектуални творби во областа на литературата, науката и уметноста.

    Авторското право во Република Македонија, е уредено со низа закони, ново поглед на електронските медиуми ги издвојуваме:

    Законот за авторското право и сродните права2 

    Законот за облигационите односи3

      Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги4

      Законот за медиуми5

      Законот за електронските комуникации6

     Што е авторско дело?

    Авторско дело е интелектуална и индивидуална творба од областа на кни-жевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма.

    Составниот дел на авторското дело, како и насловот на делото, до-

    2 „Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2010; 140/2010; 51/2011 и 147/2013; во ната-мошниот текст ЗАПСП.

    3 „Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009и 123/2013.4 „Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014 и 132/2014.

    5 „Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013 и 13/2014.6 „Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/2014.

    ДЕЛ 1 Поимник

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    11/58

     10

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    колку само по себе претставува интелектуална и индивидуална творба, се сме-та како посебно авторско дело. Не е дозволено како наслов на авторско дело дасе користи наслов што веќе бил употребен за дело од ист вид, доколку таквиотнаслов би создал забуна или би довел до создавање забуна во однос на автор-ското дело и на авторот.

    Авторските дела кои се објавуваат, односно емитуваат преку медиум, за-едно со сите видови информации (вести, мислења, известувања, извештаи идруги информации), според Законот за медиуми, се сметаат за содржини вомедиумите.

    Во поглед на содржините што се создаваат во медиумите треба да се напо-мене дека не e секоја содржина авторско дело, затоа што Законот за авторското

    право и сродните права предвидува дека дневните и други вести што имааткарактер на обични - медиумски информации, едноставни факти и податоци,не се сметаат за авторско дело, па не уживаат авторско-правна заштита7.

    Кои видови авторски дела постојат?

    Што е авторско дело?За авторско дело се смета, особено:

    пишано дело (книга, напис, статија, прирачник, брошура, расправа идруги дела од иста природа);

    компјутерска програма, како пишано дело;

    говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа);

      музичко дело, со или без текст;

    драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело;

    фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;

      аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со

    подвижни слики); дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго);

    дела од архитектурата;

    дела од применетата уметност и дизајнот и

    картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела,пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа нагеографијата, топографијата, архитектурата и науката.

    Како авторско дело се смета и преработка на авторско дело, доколку ги

    исполнува условите определени со закон.

    7 Ова доаѓа оттаму што се смета дека во написите кои се само презентација на факти, без во нив да се вклучииндивидуален и оригинален придонес на авторот, не се авторски дела во смисла на Законот, токму зарадиотсуството на индивидуалниот придонес.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    12/58

    11

    ДЕЛ 1 Поимник

    Што е аудиовизуелно дело?Аудиовизуелно дело, во смисла на ЗАПСП, е кинематографско или друго

    дело изразено во вид на поврзани подвижни слики, со или без звук, без разли-ка на видот на носачот што го содржи.

    Што е филмско дело?Законот за авторското право и сродните права на Република Македонија го

    изедначува филмското дело со аудиовизуелно дело.

     Што се автор, коавтори,

    авторско дело од работен однос?

    АвторАвтор е физичко лице кое го создало авторското дело.

    За автор се смета лице чие име, псевдоним, код или друг знак, на вооби-чаен начин е означен на делото, односно неговите примероци или е наведенпри објавувањето на делото, додека не се докаже спротивното, во согласностсо ЗАПСП. Во случај кога авторот не е познат, ниту пак, може тој да се опреде-

    ли, авторското право го остварува лицето кое законски го објавило авторскотодело, се додека идентитетот на авторот не е утврден. Кога ќе се утврди авторот,лицето кое законски го објавило авторското дело, е должно имотната користстекната од остварувањето на авторското право да му ја предаде на авторот,доколку со договор меѓу нив поинаку не е определено.

    Авторите или креаторите на содржини, според Законот за медиуми, ги ужи-ваат овластувањата кои произлегуваат од слободата на медиуми. Таа слободае ограничена со забраната за објавување, односно емитување на содржини вомедиумите со кои се загрозува националната безбедност, се поттикнува насил-

    но уривање на уставниот поредок на Република Македонија, се повикува навоена агресија или на вооружен конфликт, се поттикнува или шири дискрими-нација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или нацио-налност.

    КоавториКоавтори се две или повеќе лица кои авторското дело го создале во сора-

    ботка. Авторското право им припаѓа на сите тие лица.

    За секое користење на делото кое е создадено од коавтори потребна е со-

    гласност од секој од коавторите. Одделен коавтор не може да одбие да дадесогласност од причини што се спротивни на начелото на совесност и чесност.

    Кога делото создадено од коавтори се состои од самостојни делови (делива

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    13/58

     12

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    целина), секој од коавторите може да дозволи самостојно користење на својотдел, под услов таквото користење да не биде на штета на користењето на за-едничкото дело, односно на правата на другите коавтори. Уделот на одделникоавтори во надоместокот остварен од користењето на делото се определувасразмерно на вистинскиот придонес што секој од нив го имал при создавањетона делото, доколку меѓу коавторите поинаку не е договорено. Во случај кога неможе да се утврди вистинскиот придонес што секој од коавторите го имал восоздавање на делото, или не е постигнат договор меѓу коавторите, на секој одкоавторите му припаѓа подеднаков дел од надоместокот.

    Автори на аудиовизуелно делоАвтори на аудиовизуелно дело се: писателот на сценариото, главниот

    режисер и главниот снимател. Во случај кога анимацијата од кој било вид есуштински елемент на делото, за автор се смета и главниот цртач. Во случајкога музиката е суштински елемент на делото, за автор се смета и авторот намузиката посебно создадена за користење во аудиовизуелно дело. Цртачот, од-носно авторот на музиката, кога не се смета за автор на аудиовизуелното делозаради тоа што тие не се суштински елемент на делото, како и сценографот,костимографот, монтажерот и авторот на маски, имаат авторско право само врзсвоите придонеси кон аудиовизуелното дело (во натамошниот текст: автори напридонеси). Односот на филмскиот продуцент со авторите на аудиовизуелното

    дело и со авторите на придонесите, како и односот меѓу самите автори се уре-дува со договор за филмска продукција.

    Авторско дело од работен односВо случај кога авторското дело е создадено од работник при исполнување

    на неговите работни обврски или по упатство на работодавачот (во натамошни-от текст: авторско дело од работен однос), се смета дека материјалните правана авторот на тоа дело, исклучиво му се пренесени на работодавачот за времеод пет години по завршувањето на делото, доколку со колективен договор, од-

    носно со договор за работа не е поинаку определено. По истекот на овој рок,материјалните права му припаѓаат на работникот, со тоа што работодавачотможе да побара нивно повторно исклучиво пренесување, доколку му плати наработникот надоместок за секој одделен вид материјално право.

    Кога авторското дело е создадено во работен однос, авторот има право нанадоместок за секое изнајмување, при што авторот не може да се откаже одова право. Исто така, работникот го задржува исклучивото право да го користиавторското дело создадено од работниот однос во рамките на своите собранидела.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    14/58

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    15/58

     14

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    авторско право за објавени содржини, освен за радио програмите.

    Право на прво објавување: Ова право означува дека авторот има правона прво објавување на своето авторско дело и на определување на усло-вите за неговото објавување. Тоа значи дека до првото објавување на ав-торското дело, само авторот има право јавно да ја изнесува содржинатаили описот на своето дело.

      Право на заштита на интегритетот на делото:  Авторот има право дасе спротивстави на менување, деформирање или сакатење на делотошто може да им наштети на неговата личност, чест и углед, како и науништување на делото. Во поглед на содржините во медиумите, Зако-нот за медиуми, на одреден начин предвидува отстапка од ова морално

    право, дозволувајќи менување на содржината во постапка на уредничкаобработка, но сепак го штити авторот барајќи негова изречна согласносттака променатата содржина да се објави под негово име. Ако содржината,спротивно на забраната на авторот, се објави под негово име, а авторотсмета дека со тоа му е нарушен угледот, според Законот за медиуми тојима право на надоместок на штета според Законот за облигационите од-носи.

    Право на откажување: Ова право означува дека авторот може да му гооткаже правото на користење на делото на носителот на неговото мате-

    ријално право, доколку натамошното користење може да им наштети нанеговата личност, чест и углед. Доколку авторот го стори тоа, тој е долженна носителот да му ја надомести штетата која тоа откажување ја предиз-викува. При тоа, носителот на правото е должен во рок од три месеци одприемот на откажувањето да му ја соопшти на авторот висината на ште-тата што треба да се надомести. Доколку тоа не го стори, по истекот нарокот, откажувањето станува полноважно. Со откажувањето на правото,материјалното право му се враќа на авторот. Доколку авторот сака пов-торно да го пренесе материјалното право на своето дело, тој е должен,тој пренос првенствено и под исти услови да му го понуди на носителотна правото кому претходно му го откажал правото. Право на откажувањенемаат авторите на компјутерска програма, аудиовизуелно дело и елек-тронски бази на податоци.

      Авторот, по правило, не може да се откаже од овие права, ниту пак, тие сепреносливи на друго лице.

    Материјални праваМатеријалните права ги штитат имотните интереси на авторот од неговото

    авторско дело. Авторот има исклучиво право да дозволи или забрани корис-

    тење на неговото дело, или негови примероци од други лица, освен во случаиопределени со закон.

      Право на умножување на делото:  Умножување е запишување, однос-

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    16/58

    15

    ДЕЛ 1 Поимник

    но снимање авторско дело на материјална или друга соодветна подлога(електронска и друго), како и изработка на еден или повеќе примероцина делото, во целина или во делови, непосредно или посредно, време-но или трајно, со какви било средства и во каков било облик. Умножу-вањето се врши особено со графички постапки (графичко умножување),тридимензионално умножување, фотокопирање и со други фотографскипостапки со кои се постигнува ист ефект, изградба, односно изведба надела од архитектурата, звучно или визуелно снимање, складирање наделото во електронски облик (електронски запис) и со префрлање на де-лото од аналоген во дигитален систем.

      Право на пуштање во промет на делото: Пуштање во промет е понуду-вање на јавноста заради продажба или друг вид пренос на сопственич-кото право, или на правото на владение на оригиналот или на примеро-ците на делото, вклучувајќи го и увозот9 и изнајмувањето10, а го опфаќаи правото на надоместок од послугата11, определена со ЗАПСП. Право-то на пуштање во промет на територијата на Република Македонија сеисцрпува со првата продажба или со друг вид прв пренос на правото насопственост на оригинал или примерок од авторско дело, што се врши одстрана на носител на правото или со негова согласност. Исцрпувањето несе однесува на правата на увоз, на изнајмување и на послуга.

      Право на јавно соопштување на делото: Јавно соопштување на делотое: (1) јавно изведување; (2) јавно пренесување; (3) јавно изложување; (4) јавно прикажување; (5) радиодифузно емитување; (6) реемитување и (7)ставање на располагање на јавноста.

    1. Јавно изведување  е: 1) говорење или рецитирање во живо дела одобласта на книжевноста; 2) изведување во живо музички дела и 3)сценско изведување или претставување во живо драмски, драмско-музички, кореографски или пантомимичарски дела.

    2. Јавно пренесување  е јавно соопштување преку звучник, екран и

    кое било друго техничко средство на: 1) изведба на авторско дело воживо, надвор од просторот или местото во кое делото се изведува воживо; 2) звучно и/или визуелно снимено авторско дело (фонограми,видеограми и слично) од подлогата од која е снимено и 3) авторскодело што радиодифузно се емитува.

    3. Јавно изложување е претставување на јавноста оригинал или приме-рок на дело од ликовната уметност, на фотографско дело или на дело

    9 Увоз е внесување на домашен пазар на оригинали или примероци на авторско дело заради натамошен про-мет, за комерцијална цел.

    10 Изнајмување е давање на користење оригинал или примерок на авторско дело на определено време, зарадинепосредна или посредна имотна корист. Изнајмувањето не се однесува на изградени дела на архитектуратаи на оригинали и примероци на дела од применетата уметност и дизајнот.

    11 Послуга е давање на користење авторско дело, на определено време, без остварување непосредна или по-средна имотна корист преку организации до кои јавноста има пристап.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    17/58

     16

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    создадено во постапка слична на фотографската, на дело од областа наприменетата уметност, дизајнот, архитектурата, урбанизмот, картогра-фијата, како и на друго дело од научна и техничка природа.

    4. Јавно прикажување  е претставување на јавноста преку техничкисредства, на аудиовизуелно дело или на дело од областа на фотогра-фи јата, ликовната уметност, архитектурата, урбанизмот, применетатауметност, дизајнот, картографијата, како и дела од научна и техничкаприрода.

    5. Радиодифузно емитување е соопштување авторско дело преку радиои телевизиски програмски сигнали наменети за прием од јавноста,безжично, вклучувајќи сателит12  или жично, вклучувајќи кабелски,

    микробранов и друг систем. Радиодифузно емитување преку сателитсе врши кога под контрола и одговорност на радио-телевизискаорганизација се испраќаат сигнали за емитување програма наменетаза јавноста, во непрекинат комуникациски синџир што води до сателити од сателит кон земјата. Кога програмските сигнали се кодирани,радиодифузното емитување преку сателит се смета за извршено,доколку преку радио-телевизиската организација или преку друголице, со нејзина согласност, средствата за декодирање се достапнина јавноста.

    6. Реемитување е истовремено во целина и непроменето пренесувањена радиодифузно емитувано авторско дело, доколку: 1) го врши друга

    радио-телевизиска организација, а не онаа што делото почетно гоемитува (во натамошниот текст: радиодифузно реемитување) и 2) сепренесува преку кабел или, микробранов систем, а почетно го емитуварадидофузна организација безжично или жично (во натамошниоттекст: кабелско реемитување).

    7. Ставање на располагање на јавноста е авторско дело да се соопштина јавноста, безжично или жично, вклучувајќи интернет или други

    комуникациски мрежи, на начин којшто секому овозможува пристапкон делото, од место и во време што самиот го избира.

      Право на преработување на делото: Преработување е превод, приспо-собување, вклучувајќи и аудиовизуелно приспособување, музичкиаранжман и друго менување на авторско дело и на дело од народнототворештво, како и на други пишани материјали, како што се преводина службени текстови кои не се направени за службено користење.Правата над авторското дело создадено со преработување не влијаатна кој било начин на правата над делото што е преработено.

    12 Под сателит се подразбира кој било сателит што работи на фреквенција која, согласно со прописите за теле-комуникации, е резервирана за емитување сигнали наменети за прием од јавноста или за затворена индиви-дуална комуникација при што условите на приемот на сигнали треба да е соодветен на условите на приемотод страна на јавноста.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    18/58

    17

    ДЕЛ 1 Поимник

    Други праваДруги права на авторот се: право на пристап и на предавање; право на

    следство (право на надоместок од препродажба); право на надоместок од умно-жување за приватно користење; право на надоместок од изнајмување и правона надоместок од послуга.

      Право на пристап и на предавање: Авторот има право на пристап до ори-гиналот или до примерокот од своето дело што го поседува друг, зарадиостварување на правото на умножување или правото на преработувањена делото, доколку тоа не е во спротивност со оправданиот интерес напоседувачот. Авторот има право да побара, поседувачот да му го предадеоригиналот на ликовното или фотографското дело заради јавно изложу-

    вање или друг вид објавување, доколку за тоа постои оправдан интерес13

    . Право на следство на оригинално уметничко дело (право на надомес-

    ток од препродажба): Авторот има право да биде известен и да добиенадоместок од секоја наредна продажба или оттуѓување на друг начин наоригинал на уметничко дело14. Ова право не може да биде предмет на от-кажување, располагање и извршување над авторското право. Висинатана надоместокот се определува со ЗАПСП.

    Право на надоместок од умножување за приватно користење:  За ум-ножување за приватно користење се плаќа надоместок, а авторот има

    право на дел од единствениот надоместок за умножувањето фонограми ивидеограми, и од фотокопирањето на неговото дело кое се врши за при-ватно користење. Правото на надоместок не може да биде предмет наоткажување, располагање или извршување над авторското право.

    - Надоместокот за умножување за приватно користење за фонограмии видеограми се плаќа при прва продажба или увоз на средства затонско и визуелно снимање, и на нови неснимени носачи на тон, и натон и слика. Со средствата за тонско и визуелно снимање се изедна-чени сите други средства кои овозможуваат постигнување ист ефект.

    - Надоместокот за умножување за приватно користење за фотокопи-рање  се плаќа при прва продажба или увоз на средства за фотоко-пирање и од изработка на фотокопии наменети за продажба месеч-но, а во согласност со можниот број фотокопии. Со фотокопирање сеизедначени и други техники за умножување.

    - Обврска за плаќање на надоместок за умножување за приватно ко-

    13 Предавањето на оригиналот може да се услови со полагање соодветна кауција или со осигурување во висинана пазарната вредност на оригиналот. Авторот е должен пристапот и предавањето да го направи со што еможно помалку непријатности за поседувачот и на свој трошок. Во случај на оштетување на делото одговорен

    е авторот независно од неговата вина.14 Предавањето на оригиналот може да се услови со полагање соодветна кауција или со осигурување во висина

    на пазарната вредност на оригиналот. Авторот е должен пристапот и предавањето да го направи со што еможно помалку непријатности за поседувачот и на свој трошок. Во случај на оштетување на делото одговорене авторот независно од неговата вина.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    19/58

     18

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    ристење имаат произведувачите и увозниците на средства за тонскои визуелно снимање, на средства за фотокопирање, на неснимениносачи на тон, и на тон и слика, како и лица кои вршат услуги на фото-копирање. Овие субјекти се должни, на барање на надлежната орга-низација за колективно управување на авторското право и сроднитеправа да доставуваат податоци за видот и бројот на продадените илиувезените средства и носачи на тон, и на тон и слика, како и податоциза направените фотокопии.

    - Висина на надоместокот ја утврдува Владата на Република Македо-нија. Тој се утврдува посебно за секој вид средство за тонско и визуел-но снимање, за секое средство за снимање, за коешто поради својатаконструкција не е потребен посебен материјал за неговата работа (водвоен износ од вообичаениот), за секој носач на тон, и на тон и слика,врз основа на неговото времетраење на снимање, за секое средствоза фотокопирање врз основа на можниот број фотокопирање во ми-нута и врз основа на можноста за фотокопирање во боја (во двоенизнос од црнобелото фотокопирање), како и за секоја поединечна фо-токопија наменета за продажба. Владата на Република Македонија гиусогласува износите на надоместоците во зависност со движењето нацените и животните трошоци во Република Македонија15.

      Право на надоместок од изнајмување: Авторот кој своето право на из-најмување го пренел на произведувачот на фонограм или на произведу-вачот на видеограм (филмски продуцент), го задржува правото на надо-месток за секое изнајмување на делото. Авторот не може да се откаже одова право.

    Право на надоместок од послуга: Авторот има право на надоместок одпослуга на оригинал или примероци на неговото авторско дело. Правотона послуга, инаку, не се однесува на архитектонски објекти, на дела одприменетата уметност и дизајнот, како и на дела што меѓусебно ги по-зајмуваат организациите кои се изземени од обврската за плаќање на-домест16. Надоместокот го плаќа организацијата што ја врши послугата.Авторот не може да се откаже од ова право.

    15 Оригинал на уметничко дело, во смисла на ЗАПСП е дело од ликовна, графичка или пластична уметност, какошто се: слики, колажи, цртежи, графики, гравури, литографии, скулптури, керамика, резби, таписерии, делана стакло, фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската, како и примероци на

    наведените дела што се сметаат за оригинали. Примероци на наведените дела што ги создал самиот авторили биле направени со негова дозвола во ограничен број ќе се сметаат за оригинали. Тие мора на вообичаенначин да бидат нумерирани, потпишани или на друг начин соодветно означени од авторот.

    16 Тие се определени со Одлуката за висината на единствениот надоместок од умножување за приватно корис-тење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 151/2011).

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    20/58

    19

    ДЕЛ 1 Поимник

     Колку трае авторското право?

    Траење на материјалните праваМатеријалните права траат за време на живот на авторот и 70 години по

    неговата смрт.

    Кога делото го реализирале повеќе автори (коавтори), рокот на траење сесмета од смртта на авторот кој последен починал.

    Во случај на коавторство на аудиовизуелно дело рокот на траење на зашти-тата се смета од смртта на последното живо лице: главниот режисер, авторотна сценариото, авторот на дијалозите и композиторот на музиката специјално

    создадена за користење во аудиовизуелно дело, независно дали со овој ЗАП-СП тоа лице се смета како автор на аудиовизуелното дело.

    Авторското право на анонимни и псевдонимни дела трае 70 години по за-конското објавување на делото. Доколку псевдонимот не доведува до забуна затоа кој е автор или доколку авторот во рокот од 70 години по законското објаву-вање на делото го открие својот идентитет, авторското право трае за време наживот на авоторот и 70 години по неговата смрт.

    Кога рокот не тече од смртта на авторот или авторите, а делото не билозаконски објавено, авторското право трае 70 години по неговото создавање.

    Во случај кога рокот на траење на авторското право се смета според закон-ското објавување на делото, а делото е објавено во томови, делови, продолже-нија, изданија, епизоди и слично, рокот се смета посебно за секој составен дел.

    Роковите на траење на заштитата на авторското право започнуваат да те-чат од 1 јануари од годината што следи по настанот, што е основа за пресмету-вање на роковите.

    Траење на моралните праваМоралните права траат во различни рокови.

    Моралното право за откажување трае додека авторот е жив.

    Моралните права за признавање и означување на авторството, и за зашти-та на интегритетот на авторското дело, траат и по истекот на роковите за траењена материјалните права.

    За остварување и заштита на правото на признавање на авторството, иправото на заштита на интегритетот на делото по смртта на авторот, покрај на-следниците, се надлежни и соодветното (струково) здружение на автори, ли-цата кои имаат правен интерес, како и Македонската академија на науките и

    уметностите.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    21/58

     20

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    Што е предмет на сродни права?

    Предмети на сродни права се изведбите на уметниците - изведувачи,фонограмите на произведувачите на фонограми, видеограмите на фил-мските продуценти, програмите на радио-телевизиските организации,

    изданијата на издавачите и базите на податоци на нивните изготвувачи.

     Кои овластувања произлегуваат

    од сродните права?

    Во натамошниот текст ќе бидат наведени овластувањата од сродните пра-ва кои се релевантни за радиодифузиите организации.

    Права на уметници – изведувачиУметници - изведувачи се артисти, пејачи, музичари, балетски уметници и

    други лица кои со игра, песна, танц, говорење, рецитирање или на друг начин,изведуваат книжевни или уметнички дела или дела од народното творештво.Како изведувачи, во смисла на ЗАПСП, се сметаат и режисери на сценски дела,

    диригенти на оркестри и хорови, обликувачи (мајстори) на тон или на тонскаснимка.

    Изведувачот ги има следниве исклучиви морални права: 1) да биде признаткако изведувач на изведбата; 2) да биде назначено неговото име, псевдонимили друга ознака, односно називот на составот, уметничкиот раководител насоставот и солистот, при секое користење на изведбата, освен ако тоа техничкине е возможно и 3) да се спротивстави на секакво менување, деформирање,сакатење или уништување на неговата изведба, односно да се спротивстави насекое користење на изведбата што може да им наштети на неговата личност,

    чест и углед.Изведувачот има исклучиви материјални права да дозволува или забрану-

    ва користење на својата изведба за: 1) снимање на својата неснимена изведба;2) јавно соопштување на својата неснимена изведба, освен за радиодифузноемитување на својата изведба која, сама по себе, е радиодифузна или е на-правена од снимка; 3) умножување на снимката од изведбата; 4) пуштање вопромет на оригиналот или примерокот од снимката од изведбата и 5) ставањена располагање на јавноста на снимката од изведбата.

    Изведувачот има право на дел од единствениот надоместок за секое јавносоопштување на фонограм со негова изведба, издаден за комерцијална цел17,

    17 Од обврската за плаќање надоместок изземени се јавните установи од областа на науката, културата и обра-зованието (библиотеки, кинотеки, научни и образовни установи).

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    22/58

    21

    ДЕЛ 1 Поимник

    доколку со ЗАПСП не е поинаку определено. Изведувачот кој своето право наумножување на снимката со негова изведба го пренел на произведувач на фо-нограми или на филмски продуцент во согласност со ЗАПСП, го задржува пра-вото на надоместок за секое изнајмување. Изведувачот има право на дел одединствениот надоместок за умножување за приватно користење. Изведувачотне може да се откаже од овие права.

    Права на произведувачи на фонограмиПроизведувач на фонограм, во смисла на ЗАПСП е физичко или правно

    лице кое презема иницијатива, организација, финансирање и одговорност запрво снимање на звуците од изведба, на други звуци или звучни појави (вонатамошниот текст: фонограм).

    Фонограм, во смисла на ЗАПСП, е снимка на звуци од изведба или другизвуци или звучни појави, освен на снимка вградена во аудиовизуелно дело.Снимка, во смисла на ЗАПСП е отелотворување (запис на носач на тон) на зву-ци или звучни појави од кои тие може да бидат восприемани, умножени илисоопштени со помош на технички средства.

    Произведувачот на фонограм има морално право, при секое користење нафонограмот, соодветно да биде означено неговото име или назив, освен докол-ку тоа не е возможно.

    Произведувачот на фонограм има исклучиво материјално право да ко-ристи, дозволува или да забранува користење на фонограмот за: 1) умножу-вање; 2) пуштање во промет и 3) ставање на располагање на јавноста.

    Произведувачот на фонограми има право на дел од единствениот надо-месток од јавно соопштување на неговиот фонограм издаден за комерцијал-на цел18. Произведувачот на фонограми и изведувачот на изведбата вграденаво фонограмот имаат право на подеднаков дел од единствениот надоместокод јавно соопштување, доколку со договор не е поинаку определено. Во овиеслучаи корисникот е должен за секое користење да го плаќа надоместокот за

    правата на произведувачот на фонограми и за правата на изведувачот, доколкусо ЗАПСП не е поинаку определено. Произведувачот на фонограми има правона дел од единствениот надоместок за умножување за приватно користење.

    Според Законот за медиуми, датумот на продукцијата (месец и година) нафонограмот (аудио дело) и неговото потекло, како и информациите кога е тоасоздадено од независна продукција, мора соодветно да бидат објавени19.

    18 Како фонограм издаден за комерцијална цел се смета и фонограм ставен на располагање на јавноста.19 Законот за медиуми предвидува обврска и за објавување на носителот на авторското право на објавените

    содржини, но изречно не наведува дека треба да се објави и носителот на сродните права. Отстапка постоиво поглед на објавувањето содржини во печатен медиум и во радио програмите каде ваквото наведување наносителот на правото не е задолжително.

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    23/58

     22

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    Права на филмски продуцентФилмски продуцент, во смисла на ЗАПСП, е физичко или правно лице кое

     ја презема иницијативата, организацијата, финансирањето и одговорноста засоздавање на првата снимка на аудиовизуелно дело (во натамошниот текст:видеограм).

    Видеограм е носач на слика со снимката на подвижни слики, со или безпридружен звук, од кој тие може да бидат восприемани, умножени или соо-пштени со помош на технички средства.

    Филмскиот продуцент има морално право, при секое користење на видео-грамот, соодветно да биде означено неговото име или назив, освен доколку тоане е возможно.

    Филмскиот продуцент има исклучиво материјално право да дозволува илизабранува користење на својот видеограм за: 1) умножување; 2) пуштање вопромет; 3) јавно прикажување; 4) радиодифузно емитување; 5) реемитување и6) ставање на располагање на јавноста.

    Филмскиот продуцент има право на дел од единствениот надоместок за ум-ножување за приватно користење.

    Според Законот за медиуми, името и презимето на носителот на авторскотоправо, датумот на продукцијата (месец и година) на видеограмот (аудиовизу-

    лено дело) и неговото потекло, како и информациите кога е тоа создадено однезависна продукција, мора соодветно да бидат објавени.

    Права на радио-телевизиска организацијаРадио-телевизиска организација (во натамошниот текст: РТВ организа-

    ција) има исклучиви материјални права да дозволува или забранува користењена своите програми за: 1) снимање на програмите, на носачи на слика и/илитон; 2) умножување и ставање во промет на умножените примероци од сним-ките на програмите; 3) реемитување; 4) јавно пренесување на места достапнина јавноста и со наплата на влезници и 5) ставање на располагање на јавноста.

    Кога се стекнуваат

    и колку траат сродните права?

    С

    родните права се стекнуваат со нивното создавање односно емитување.Министерството за култура води евиденција на носители на сродни правакои имаат седиште во Република Македонија. Таа се води врз основа на

    барање на авторот доставено до Министерството. Притоа, начинот за собирањеи обработка на податоците, образецот на барањето, содржината и начинот на

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    24/58

    23

    ДЕЛ 1 Поимник

    водењето на евиденцијата, ги пропишува министерот за култура20.

    Треба да се потенцира дека уписот во евиденцијата не е услов за стекну-

    вање на сродно право.Траењето на правата е различно за секој вид сродно право.

    Траење на правата на изведувачитеМатеријалните изведувачки права траат 50 години од денот на изведбата.

    Доколку во тој период снимката од изведбата била прв пат издадена, во со-гласност со закон или јавно соопштена во согласност со закон, правата на из-ведувачот траат 50 години, сметано од нејзиното прво издавање во согласностсо закон, односно јавно соопштување во согласност со закон.

    Моралните права на изведувачите траат и по истекот на роковите за траењена изведувачките права. Одредбата за остварување на моралните права на ав-торите од ЗАПСП соодветно се применува на правата на изведувачите.

    Траење на правата на произведувач на фонограмиПравата на произведувачот на фонограми траат 50 години од денот на пр-

    вото создавање на фонограмот. Доколку во тој период фонограмот бил прв патиздаден во согласност со закон, правата на продуцентот траат 50 години сме-тано од издавањето. Доколку во тој период фонограмот не бил издаден во со-

    гласност со закон, туку бил јавно соопштен во согласност со закон, правата напродуцентот траат 50 години од соопштувањето.

    Траење на правата на филмскиот продуцентПравата на филмскиот продуцент траат 50 години од денот на завршување-

    то на снимката. Доколку во тој период снимката била прв пат издадена во со-гласност со закон или јавно соопштена во согласност со закон, правата на про-дуцентот траат 50 години, сметано од првото издавање во согласност со закон,односно јавно соопштување во согласност со закон.

    Траење на правата на РТВ организацијаПравата на РТВ организација траат 50 години од денот на првото радиоди-

    фузно емитување на програмата.

     Користење туѓи авторски дела

    Т

    уѓи авторски дела може да се користат 1) ако за тоа постои дозвола авто-рот, односно ако некое лице му се пренесени правата; 2) без дозвола од

    авторот, со или без плаќање надоместок, во случаи определени со закон и

    20 Правилник за начинот за прибирање и обработка на податоците, образецот на барањето и содржината и на-чинот на водењето на евиденцијата на автори и носители на сродните права („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 61/2014).

  • 8/17/2019 Avtorsko Pravo i Srodni Prava Za Elektronskite Mediumi

    25/58

     24

    Авторско право и сродни права за електронски медиуми ПРИРАЧНИК

    3) кога истекнало авторското односно сродните права.

    Пренос на праватаАвторот може на други лица да пренесе одделни материјални права, на

    начин и под услови определени со ЗАПСП. Пренесувањето воопшто кажаноможе да се врши со наследување, со договор или на друг начин - со дозвола,изјава, согласност и слично. Тука ќе се осврнеме на пренесувањето на правотосо договор.

    Пренесување со договорАвторот може материјалните права да ги пренесе на други лица со дого-

    вор. Договорот мора да биде склучен во �