33
БРЕГАЛНИЧКИ РЕГИОН

Brosura bregalnica mkd za web

  • Upload
    gox

  • View
    222

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Brosura bregalnica mkd za web

БРЕГАЛНИЧКИРЕГИОН

Page 2: Brosura bregalnica mkd za web

БРЕГАЛНИЦА И СОНЦЕТО ДОАЃААТ ОД ИСТОК

...Тука е тој оган под овие улави води,под овој бигор и зло самото што се плоди.

Под овие води тешки и зрелитримеѓници црна црно што ги дели.

Под овој венец од сончеви главипод оваа далга со карпи што се дави.

Под овој екот, заклињања и злоби,и ова дрво на брегот од дамнина што коби.

Тука е тој оган под оваа кожа,под овие тримеѓници, овие три ножа.

Секогаш и сегде семожен и морен,ѕвезда е во срце и мрак е во корен.

Ацо Шопов (Долго доаѓање на огнот)

Page 3: Brosura bregalnica mkd za web

НЕШТО МНОГУ СИЛНО ЗА ОКОТО И ПОВЕЌЕ ЗА ДУХОТ

И ДУШАТА ЧОВЕЧКА

Некои говорат за вековна традиција, други за децениско постоење, кога е во прашање

регионот поврзан со реката Брегалница, како простор каде човекот барал и секогаш наоѓал интерес да бити-сува, се зборува за милениуми. Овој простор има не-каква митска привлечност, постои моќ или блаженство што со секој чекор, секоја педа по него буди посебно љубопитство. Нешто многу силно и за окото и повеќе за духот и душата човечка.

Сета мистичност и долга традиција на човековото ци-вилизациско присуство на овој простор, веројатно ја потсилува животната артерија на регионот, реката Бре-галница. Потврдени траги од човековиот интелект цвр-сто се врзани за неа и нè враќаат 6.000 години пред Христа, одбележувајќи ги првичните форми на чове-ковото организирано живеење, за пак, по течението на Брегалница од Пијанец и Малешевијата, преку, зрнов-ското и кочанското поле, до изворите на Кежовица, сè да потсетува на историја. Како да се мешаат сцени од крунисувањето на пеонските кралеви, триумфалните минувања на Филип и Александар; од вредните раце на рударите Саси до орните жетвари во оризовите по-лиња, од покрстувањето на првите Словени и созда-вањето на првото слово словенско од Константин Бре-галнички до Кирил и Методиј.

Овде е сè историја!

Овде е почетокот на сите почетоци!

Page 4: Brosura bregalnica mkd za web

ВЕКОВНОТО НАСЛЕДСТВО КАКО

ИНСПИРАЦИЈАЧовековата природа не е биолошки утврден и вроден

збир на нагони, ниту е безживотна сенка на култур-ни клишеа на кои се прилагодува, таа е производ на човеко-вата еволуција. Брегалничкиот регион е вистински пример за специфичен развој и единствена историја.

ТУКА СЕ РОДИ СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ„… ме зедоа мене со голема радост и ме доведоа во градот Равен на реката Брегалница. Јас им на-пишав триесет и две букви. Малку ги учев, а тие самите многу додаваа...“

од „Солунска легенда“ за Кирил Филозоф

Тоа се зборовите на Кирил, првиот сесловенски просвети-тел, дадени како сведоштвото во познатата Солунска леген-да за првото описменување на Словените. Научниците се во полемика каде е точно градот Равен и каде, во IX век, доаѓа Кирил Филозоф за да ја создаде азбуката описменувајќи ги првите Словени. Едно е сигурно и непобитно – доаѓа на Брегалница. Ете зошто просторот на денешниот Брегалнич-ки регион со право се смета за место на сите почетоци, на создавањето на словенската писменост и култура и почеток на примањето на христијанството од страна на најбројниот народ во Европа, Словените.

Традицијата на просвета и образование не застанала тука: сведоштвата говорат за континуиран развој на просвета-та и образованието. На овој простор интензивно се следи аманетот на првите просветители преку Лесновската пре-пишувачка школа во XII век, првите библиотекари на Балка-нот, Браќата Костенцеви, првиот автор на педагошки книги, Јосиф Ковачев... Овој регион денес го има најрепрезента-тивниот продолжувач на традицијата, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

6 7

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 5: Brosura bregalnica mkd za web

ПОСТОЈАНА АРХЕОЛОШКА ПОСТАВКА

МУЗЕЈСКИОТ КОМПЛЕКС АНЕВИ-ГОЧЕВИМУЗЕЈСКИОТ КОМПЛЕКС АНЕВИ-ГОЧЕВИОПШТИНА ШТИПОПШТИНА ШТИП

Постојаната археолошка поставка во овој му-зејски комплекс е местото каде што е раска-

жана историјата на Брегалничкиот регион. Континуите-тот на човековото опстојување во Брегалничкиот басен најдобро е сублимиран и презентиран преку архео-лошкиот материјал експониран во постојаната музејска постановка на Завод и Музеј - Штип. Над 1.200 архео-лошки предмети - експонати го отсликуваат богатото културно-историско минато на Брегалничкиот регион низ милениумите и вековите од времето на неолитот, па сè до XVIII век.

Занаетски систематизираното и заштитено археолошко богатство Ве остава без здив, па за миг помислувате дека за да се види, повеќе никаде не треба да се пату-ва: сè е овде содржано. Од првите бронзени предмети на нашите предци, изработени како алатки за работа и лов, па сè до златни кочии, накити, монети, лични предмети, во секој од нив се крие период, приказна, историја на едно време. Сепак, предизвикот наречен Брегалнички регион, кој дише во еден здив и во себе крие мноштво тајни, Ве повикува на лице место да го почувствувате сèуште присутниот дух на некогашната стара цивилизација. Неподелено е мислењето на науч-ната јавност дека пазувите и подножјето на Плачкови-ца во себе ги кријат најстарите и најзначајните бисери на доцноантички и ранохристијански локалитети во овој регион: Баргала и Мородвис.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

8 9

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 6: Brosura bregalnica mkd za web

БАРГАЛАБАРГАЛАОПШТИНА КАРБИНЦИОПШТИНА КАРБИНЦИ

Баргала, дефинитивно, е еден од најподатли-вите археолошки локалитети на Балканот.

Влегувањето низ големата порта на овој доцноантички град за секој посетител го означува почетокот на едно патување во кое тој и самиот станува дел од историјата на ова магично место. Својот процут го имала во пе-риодот од IV до VI век кога важела за силен црковен, културен и економски центар на просторот на средниот тек на реката Брегалница. Затоа, денес се сврстува во редот на најзначајните ранохристијански епископски градови на овие простори. Епископската базилика е трикорабна со нартекс, егзонартекс и баптистериум-крстилница. Северниот кораб на базиликата е послан со полихромен мозаик со претстава на геометриски ор-наменти, а во средината издолжен крст. Објектот изо-билува со богата архитектонско-декоративна скулптур-на и мермерна пластика. Според археолошката еви-денција која се вклопува со историските извори кон крајот на VI век и почетокот на VII век, градот страда при аварословенската инвазија на Балканот. Сакрални-те и другите објекти на градот се делумно или целосно разурнати, меѓутоа животот на овој простор не замру-ва. Во градот покасно никнува една од најзначајните средновековни населби. Сведок за тоа се раносредно-вековната црква „Свети Ѓорги“ и големата некропола крај неа.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

10 11

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 7: Brosura bregalnica mkd za web

МОРОДВИС – ЦРКВИШТЕМОРОДВИС – ЦРКВИШТЕС. МОРДОВИС - ОПШТИНА ЗРНОВЦИС. МОРДОВИС - ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Мородвис, како некогашно црковно седиште, а денес археолошки локалитет со богата духов-

ност, е простор кој многу лесно секој љубопитник го враќа векови наназад во времето на зачетоците на христијанство-то. Како епископски центар во периодот на својот процут, во VI и VII век и подоцна, дури владее првиот македонски цар Самоил, Мородвис запечатил траги кои денеска му даваат посебно значење во историјата и традицијата на овој прос-тор. Најимпресивна во целиот комплекс е откриената црква од V век која според начинот на градба, мермерниот под и столбовите и капителите со претстави на средновековни мотиви потврдува дека спаѓа во редот на ретките градби од таков тип на Балканот.

Од Мородвис и Баргала, како два значајни центри во заче-тоците на зацврстувањето на христијанството ќе бидат исп-ратени претставници, епископи, за да учествуваат на Пет-тиот вселенски халкидонски собир (552 година). Факт кој непобитно потврдува дека историјата и настаните кои тука се случувале биле од исклучително значење за конечното зацврстување на христијанството на поширокиот простор на овој дел од Балканот.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

12 13

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 8: Brosura bregalnica mkd za web

ВИНИЧКО КАЛЕВИНИЧКО КАЛЕОПШТИНА ВИНИЦАОПШТИНА ВИНИЦА

Виница го има Виничкото кале. А Ви-ничко кале на светското културно на-

следство му ги откри и остави како трајно бо-гатство теракотните икони. Калето денес има значајно место во богатата археолошка карта на Брегалничкиот регион. Како важно стратеш-ко место низ вековите Виничко кале и негови-те ѕидини, заедно со мноштво од пронајдениот археолошки материјал, сведочат за интензивен живот во различни периоди од: енеолит, же-лезно време, рана антика, македонско-хеле-нистички период, римски период, доцна антика и богато средновековие. Тоа е ризница и извор од кој овој простор ја црпи сета историја и ду-ховност. Значаен период од животот на Виничко кале е ранохристијанскиот, а како најексклузи-вен наод од овој период се токму теракотните релјефи, популарно наречени „икони“ - един-ствени од ваков вид во светот. Теракотите, покрај тоа што ја поставија Виница на светската археолошка карта, имаат и исклучително зна-чење при промоција на овој регион, затоа што досега се изложувани во најзначајните светски музеи и галерии во Ватикан, Москва, Минхен, Париз, Рим и др.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

14 15

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 9: Brosura bregalnica mkd za web

ПАЛЕОНТОЛОШКО-АРХЕОЛОШКИ ПАЛЕОНТОЛОШКО-АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ „ПИЛОВО“ЛОКАЛИТЕТ „ПИЛОВО“

С. БУРИЛЧЕВО - ОПШTИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВОС. БУРИЛЧЕВО - ОПШTИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

Кочанско Поле, плодната рамнина која реги-онот со векови го одржува и храни, за ов-

дешниот човек значи живот, егзистенција, а за секој посетител на прв поглед е прекрасна слика, импресија која долго се задржува во потсвеста. Во зависност од годишното време Кочанско Поле има свој израз, своја слика која природата ја менува и пресоздава. Сепак, под тие умешно поделени парцели со оризови насади се крие цела историја.

Безбројните археолошки наоди и споменици потврду-ваат дека поширокиот регион на Кочанското Поле во античко време бил густо населен. Палеонтолошките откритија потврдуваат сосема различна и многу побо-гата лепеза од растителен и жив свет кој егзистирал на овој простор пред илјадници години. По својата мес-тоположба и форма посебно интересен е локалитетот во близина на селото Бурилчево. Во него се откриени фосилни остатоци од полжави и школки (Cerithium vellicatum belardi, Nummulites fabiani, Tellina dekortta), кои ја потврдуваат претпоставката дека пред илјад-ници години на овој дел се протегале огромни водени пространства. Сето ова претставува основа и предиз-вик за Палеонтолозите во иднина да го задоволат свое-то но и љубопитството на јавноста за тоа што крие ова место, сведочејќи за некогашниот геолошки, рељефно видоизменет простор и жив свет.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

16 17

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 10: Brosura bregalnica mkd za web

ИСАРИСАРОПШТИНА ШТИПОПШТИНА ШТИП

Тој е главниот симбол, чуварот на некогаш-ниот пеонски Астибо, подоцнежниот визан-

тиски Стипион и денешниот Штип. Низ вековите горде-ливо „се кипри“ над градот овенчан со тврдина која во различни периоди имала различна форма и големина, но секогаш, како и секоја друга тврдина, била едно: утврдување каде властелата ги бранела своите инте-реси. Тврдината Исар во секое време со свој владетел од пеонските до доцноантичките, од Самоила до визан-тиските и од Крале Марко до последното освојување од Османлиите, плетела легенди кои останале до ден-денес да сведочат за непокорливиот дух на овој човек и овој простор. Токму таква е и последната приказна за неговото конечно освојување, кога Бајазит одамна веќе го беше прегазил Балканот, Исарот останал под опсада цела една година неосвоен. Тоа опстојување на Исарот под налетите на освојувачот го крепела тајната која ја поврзувала тврдината со реката Брегалница – тунелот од врвот на Исарот низ неговата утроба до коритото на реката во неговото подножје од каде бранителите кришум црпеле вода и им одолевале на нападите на освојувачот.

Со доаѓањето на пролетта на 22 март, денот на Светите четириесет маченици доаѓа моментот за продолжување на традицијата. Ретка на Балканот и единствена во Македонија „четрсе“ е обичај којшто е произлезен од чествувањето на христијанскиот празник „Свети четириесет маченици“, во народот уште познат и како „Младенци“ и постари пагански верувања. На тој ден илјадници луѓе од утро до мрак се искачуваат на Исарот од каде кон реката Брегалница секој за себе симболично, за среќа, фрла по четириесет каменчиња. Тој ден сè е во знакот на четириесет: четириесет фрлени каменчиња, четириесет поздравувања, па дури и четириесет ракивчиња. Последното каменче младите го носат дома и го ставаат под перница, со надеж дека ќе им се јави на сон идниот животен сопатник. Нека е на здравје – добро е да се види и да се доживее.

18 19

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 11: Brosura bregalnica mkd za web

АРХИТЕКТУРАРЕГИОН СО БОГАТА ГРАДИТЕЛСКА ТРАДИЦИЈА

Средновековниот период, покрај другото, е специфичен и по развивањето на силна градителска дејност во Брегал-

ничкиот регион. Тоа посебно е изразено преку градењето на цркви каде што до израз во потполност дошло византиското влијание. Како потврда за постоење на традиција за градење, но и за убавината на македонското црковно градителство, сè уште сведочат црквите „Св. Ѓорги“ во Г. Козјак (Општина Кар-бинци), во Мородвис, Жиганци, Теранци. Сите тие, заедно со другите сочувани објекти, го потврдуваат неимарскиот дух и вештината на градење на луѓето од ова поднебје.

МАНАСТИР „СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН“ МАНАСТИР „СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН“ С. ПАНТЕЛЕЈ - ОПШТИНА КОЧАНИС. ПАНТЕЛЕЈ - ОПШТИНА КОЧАНИ

За луѓето од овој регион со сигурност може да се каже дека покрај тоа што се трудољубиви, чесни и вредни

домаќини, тие пред сè се богобојажливи. Почитта кон Бога и верата им се забележува во секоја постапка, независно дали станува збор за работа, веселба, тага или среќа. Ете така, многу често и имињата на своите населби ги посве-тувале на одредени светци. Таков е примерот со селото Пантелеј, кочанско. Сосема нормално, поврзано со верата во бога, најмаркантниот објект овде е манастирскиот ком-плекс „Свети Пантелејмон“. Тој со своето значење кое го има за месното население и пошироко и со историската и, пред сè верска улога, заслужува посебно внимание.

Најстара во комплексот е манастирската црква „Света Богородица“ градена 1872 година, на темелите на стара црква од XIV век. До неа се наоѓа манастирот „Свети Пан-телејмон“, граден 1885 година. Посебна вредност на овој манастир се фрескоживописот и дел од иконите кои се работени од познатиот сликар Димитар Андонов – Папра-дишки. Манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ де-нес претставува религиозно-туристичко место кое секоја година, посебно во летните денови, привлекува голем број верници и туристи.

20 21

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 12: Brosura bregalnica mkd za web

МАНАСТИР „СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“МАНАСТИР „СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“ОПШТИНА БЕРОВООПШТИНА БЕРОВО

Македонија навистина е библиска земја. Таа посветеност во православието и христово-

то учење ја среќаваме по целиот Брегалнички регион. Свое место во продуховеноста на Македонецот има и чинот на изградбата на манастирот „Свети Архангел Михаил” во Берово. Преданието за неговото градење го потврдува тоа на начин кој раѓа восхит кај секој вистински верник. Поточно, во времето на османли-ското владеење кај беровчани се јавило провидение и желба да создадат место каде својата љубов и вера во Бога ќе ја изразуваат на достоен начин. Редот налагал одобрение да се побара од тамошниот бег, кој пак за да ги одврати од намерата, им поставил невозможни услови: црквата да се изгради за четириесет дена, да биде умешно скриена од погледите на минувачите и како благодарност за неговата „добрина“ нему да му се даде најубавата беровчанка. Кога волјата е силна, а верата е над сè тогаш сè е можно. Вредните беровчани ги исполниле условите како што било барано, само ве-тената девојка, одбивајќи да стане турска жена, побег-нува. Години подоцна таа ќе се врати за да се посвети на манастирот кој веќе се изградил станувајќи основач на сестринството кое до ден денес постои.

Приказната за настанувањето е навистина прекрасна исто колку што е и манастирот. Тоа е слика од бајки-те која никого не остава рамнодушен. Уште при вле-зот на овој продуховен простор посетителот е внесен во еден поинаков свет, светот на молитвата. Она што посебно импресионира во овој комплекс е архитектон-ското решение на истиот, каде доминантно место има црквата на која и претходи голем трем и сето тоа во простран манастирски двор кој од северната, јужната и западната страна е обграден со конаци изградени спо-ред традиционалната стара малешевска архитектура. Покрај интересната легенда за градењето на манасти-рот со него се поврзани речиси сите историски наста-ни значајни за Малешевијата (Разловечкото - 1876 и Кресненското востание - 1878).

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

22 23

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 13: Brosura bregalnica mkd za web

С. ЛЕСНОВОС. ЛЕСНОВООПШТИНА ПРОБИШТИПОПШТИНА ПРОБИШТИП

Како од бајките украдена слика, простор кој на-ликува на еден мал свет, посебна планета во

овој универзум. Овде природата и човековата доблест и вера во доброто како да изградиле посебен свет. Смес-тено на југозападната страна од Осоговските Планини во кратерот од згаснат вулкан лежи Лесново. Балканската Етна по далечното смирување станала прибежиште на најзначајните духовници на Балканот од времето на ра-ното средновековие: Гаврил Лесновски, Јован Рилски, Прохор Пчински и Јоаким Осоговски. Од нив започнува приказната, откако тие, како со магично стапче, му вдах-нале дух на добрина и убавина на овој простор во кој, после нивното испосништво – пустиножителство, свое живеалиште и прибежиште ќе најдат жителите на село-то Лесново, но и Лесновскиот манастир кој ќе прерасне во значаен центар на ширењето на писменоста и верата во XI век. Дела пишувани во Лесновската препишувачка школа денес се наоѓаат во музејските депоа на сите ев-ропски центри претставувајќи раритетни книжевни спо-меници од непроценлива вредност.

Посебна приказна од овој склоп на необичности на Лес-ново претставуваат мноштвото пештери издлабени од човековата рака. Од таму, во потрага на квалитетна кар-па за изработка на воденичен камен, месното население со векови ја обезбедувале својата егзистенција. Сведо-штвата говорат дека годишно од Лесново ширум Балка-нот биле испорачувани и до 2.000 воденични камења. Денес тие претставуваат туристичка атракција во орга-низираниот комплекс за посета, заедно со манастирот, музејот и лесновската куќа.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

24 25

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 14: Brosura bregalnica mkd za web

БЕЗИСТЕНБЕЗИСТЕНОПШТИНА ШТИПОПШТИНА ШТИП

Безистен денес е најмаркантниот храм на уметноста, центарот на сите културни збид-

нувања во Штип. Тоа е простор каде настапувале и излагале светски познати уметници кои со себе, без исклучок, понесуваат импресии за цел живот. Исклучи-телниот впечаток е, пред сè, резултат на архитектони-ката и акустичноста на овој велелепен објект.

Како еден од ретките, остаток е од османлиската ар-хитектура, изграден 1662 година со цел да служи како главна чаршија за продавање на луксузни и скапоцени стоки. Сепак, низ вековите, менувајќи ја својата наме-на, ќе послужи за многу нешта. Меѓу другото, благода-рение на стамената и цврста градба, едно време, кога Австро-унгарците и Пиколомини и Карпошовите воста-ници сакале да го освојат Штип, на Турците им послу-жил и како скривалиште. Денес е најрепрезентативни-от објект, значаен споменик на културата и постојана уметничка галерија. Лоциран е на десниот брег на ре-ката Отиња во централниот дел на градот.

СААТ-КУЛАСААТ-КУЛАОПШТИНА ШТИПОПШТИНА ШТИП

Кој би рекол дека Саат кулата во Штип е изгра-дена како семејна феудална - турска беговска

куќа. Необична е по изглед, но според легендата сосема одговарала на идејата на бегот сопственик кој градејќи ја, некаде во втората половина на XVI век, сакал од по-гледите на многуте љубопитници во неа љубоморно да ја сокрие убавината на неговата ќерка. Денес е еден од ретко сочуваните профани објекти граден од делкан, кр-шен камен (пешчар). Во XIX век штипјани Кулата ја прена-мениле во градски часовник со доградена просторија за механизамот и ќулав за ѕвоното. Оттогаш таа му пркоси на Исарот како посебен симбол на Штип.

26 27

ВЕ

КО

ВН

ОТ

О

НА

СЛ

ЕД

СТ

ВО

К

АК

О

ИН

СП

ИР

АЦ

ИЈА

Page 15: Brosura bregalnica mkd za web

ПРИРОДАНА БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

она што го полни окотоја храни душата и

ја гаси жедта за убавото

Постои нешто кое никогаш не може да се изгуби или потроши. Тоа е убавината. Брегалничкиот регион токму неа ја има во изобилие, распослана на секоја педа

како божествен дар. Тоа е богатство кое во огромни количини се прима и никогаш не завр-шува. Природата како посебност на Брегалничкиот регион во основа е комбинација од ни-зински-рамничарски дел и планински дел. Секој во различен период од годината со својата специфика мами и привлекува. Овде убавината се открива полека, со трпение, низ мирисот и боите кои ги опиваат сите сетила. Во најголемиот дел недопрена, невина и чиста во себе крие, но и несебично нуди ослободување на сите телесни и духовни дамари враќајќи ги кон изворното, првичното спојување на човекот со природата.

Прекрасен спој на снежните врвови на Осогово, зелените и бујни панински предели со иг-лолисна, дабова и букова шума на Малешево и Пијанец, богатите пасишта и расцветани ливади на Голак, плодните ниви, оризови и житни полиња на Кочанско и Зрновско Поле и ораниците и накитените градини со плодови и здравје: овде за секого има сè и од сите за секого. Природата дала, а човекот го сочувал и облагородил.

РЕКА БРЕГАЛНИЦАРЕКА БРЕГАЛНИЦА

Таа е артерија што обединува спротивности. Брегалница од дамнини до денес ја чува исконската желба за живот. Обединува планини, полиња, долини, спојува

потоци, реки, поврзува луѓе во една судбина. Таа шири возбуда, ги контролира чувствата, ги потсилува емоциите, таа храни, живот е таа, го спојува Истокот во едно.

Со каква ли промисла е создадена ваква убавина? Дали за да го награди и возвиши човекот, дали да му даде живот, да биде извор на сите потреби и задоволства! Малешевските Пла-нини небаре некаде од најдлабоките делови од својата утроба ја црпат сета магичност на овој свет нудејќи ја на дланка на секој посетител. Таа свежина на изворот, тој опоен мирис на високите букови стебла, таа питомина маѓепсува и смирува, го буди најчовечкото во човека. Од такво место извира Брегалница. Оттука, под врвот Ченгино кале на планината Кадиица од 1.720 m надморска височина, започнува долгата приказна наречена Брегални-ца: променлива - истовремено и мирна и брза, потем - и тивка и шумна, секогаш - бистра и мразна, исто како и историјата која низ вековите околу неа се создавала.

„Брегалница и сонцето доаѓаат од исток“.

28 29

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 16: Brosura bregalnica mkd za web

ПЕХЧЕВСКИТЕ ВОДОПАДИПЕХЧЕВСКИТЕ ВОДОПАДИОПШТИНА ПЕХЧЕВООПШТИНА ПЕХЧЕВО

Тоа е првиот репрезент на убавините кои Бре-галница ги создава на својот пат. Распослани се

на поширокиот регион на Равна Река и го претставуваат најпривлечното место во целата лепеза на блаженства кои природата ги дарила. Природата дала, а човекот об-лагородил и создал услови за целосно нејзино ползување: простори за одмор, пешачки патеки, ливади преполни со разновидни билки, чаеви и, секако, водопадите од кои најголемиот надминува висина од 15 m. Сето тоа плени со својата свежина и чистота.

Дали тоа ги привлекло и првите словенски просветители, па дошле овде пред 11 векови? Кирил Филозоф сведочи: „Ме зедоа мене и ме доведоа во градот Равен“. Научни-ците се поделени во мислењето дали е тоа ова место, но денес на секој љубопитник му останува можноста да дојде во Равна Река и да се увери дали почетоците на словенската писменост тргнале од оваа питомина крај Пехчевските Водопади или пак, едноставно, убавината создава легенди кои долго се одржале заедно со ова пре-красно парче убавина.

ВОДОПАДИ НА ЏУЏЕВСКА РЕКАВОДОПАДИ НА ЏУЏЕВСКА РЕКАОПШТИНА ВИНИЦАОПШТИНА ВИНИЦА

Дека водата е живот, но и извор на убавина, потвр-дуваат водопадите на Џуџевска Река. Просторот

околу овој популарен излетнички комплекс претставува необичен микрокосмос - свет во кој задоволство можат да најдат оние кои уживаат во звуците на природата. Шумот на водопадот и сета разиграност која водата ја предизвикува врз останатиот дел од природата: бујна-та вегетација, разновидната шума, мноштвото птици и нивниот пој, остава впечаток како да го контролира ри-тамот на животот околу водата, која буквално извира од сите страни. Џуџевски Водопади ги прави уште попривле-чни за посетителите и нивната местоположба. Се наоѓаат во близина на магистралниот пат Виница – Берово. Лесно достапни се - до нив се доаѓа преку добро прооден шум-ски пат.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

30 31

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 17: Brosura bregalnica mkd za web

БЕРОВСКО ЕЗЕРОБЕРОВСКО ЕЗЕРООПШТИНА БЕРОВООПШТИНА БЕРОВО

Кога секој миг на задоволство преминува во трајно сеќавање, тогаш тоа искуство мора

да е поврзано со Беровското Езеро. Идилична слика во која доминира зеленилото. Боровите стебла кои гор-до вишнеат над брегот се отсликуваат оставајќи одраз на превртена магична слика. Ја бојат водата, го хранат воздухот, опиваат со привлечност на која тешко се одо-лева. Околината и самото езеро нудат задоволства за секого. Езерото изобилува со риба и затоа љубителите на овој спорт редовно го имаат на својата маршрута. Уредените патеки за пешачење, минувајќи низ непре-гледно виски стебла од борови и буки, ги водат љуби-телите на планинарењето до бујни ливади преполни со ароматични растенија и шумски плодови. Овој бисер на Малешевските Планини со сите потенцијали што ги нуди, како природни но и уредени терени и капаците-ти, е вистинска воздушна бања која на окото и на душа-та на секој посетител му нудат спокојство, но и дожи-вување кое ретко каде може да се пронајде. Беровско Езеро е една од најголемите лачни брани во Македо-нија и се наоѓа на надморска височина од 1.000 m.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

32 33

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 18: Brosura bregalnica mkd za web

БРАНА ГРАТЧЕ БРАНА ГРАТЧЕ ОПШТИНА КОЧАНИОПШТИНА КОЧАНИ

Кочанска Река во севкупниот природен ам-биент и понуда на кочанчани им подарила

необична привлечна реткост која нуди многу задовол-ства. Позната е како Брана Гратче, синоним за простор каде сите потреби за одмор и доживување со приро-дата се слеани во едно. Извонредно живописната кли-сура, мошне атрактивната околина и бујната вегета-ција заедно со езерото создадаваат одлични услови за рекреација, риболов, одмор и уживање. Прошетките по уредените патеки, можноста за спортски риболов и, над сè, чистиот воздух кој тивко се спушта од падините на Осоговските Планини се повеќе од привлечни, тие кај секој посетител создаваат зависност од повторна и следна посета на Гратче.

Како неизбежен елемент од оваа привлечност на само еден километар од мотелот Гратче, на патот кон селото Јастребник, се наоѓа водопадот на Голема Река. Слика-та која таму Ве затекнува потврдува дека природата знае и на од човека создадените благодети да им вдах-не убавина, да облагороди и сета убавина да ја слее во едно. Токму затоа водопадот на Голема Река е едно од најпривлечните места за одмор и рекреација.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

34 35

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 19: Brosura bregalnica mkd za web

БРАНА КАЛИМАНЦИБРАНА КАЛИМАНЦИОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Најневеројатните рибарски приказни се соз-дадени токму тука, на браната Калиманци.

Како вештачка акумулација изградена на реката Бре-галница своето реноме кај страствените риболовци го има изградено поради богатството и разновидноста на рибниот фонд, од кои најзастапени се крапот, кленот и бојникот. Пристапноста и добрата местополжба ја пра-ви многу популарна кај рибарите и таа трае, продол-жува со децении. Заради тоа таа е посетена не само од вљубеници на овој спорт од регионот, туку и пошироко. Така, покрај основната намена, производство на струја и како акумулација за наводнување на Овчеполието, Калиманци им го нуди и ова несекојдневно задовол-ство на посетителите.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

36 37

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 20: Brosura bregalnica mkd za web

ШУМСКО БОГАТСТВО

Брегалничкиот регион има широки и силни „бели дробови“ кои го напојуваат со чист и здрав воздух. Во споредба со

останатите региони во однос на целокупниот шумски фонд во Репу-блика Македонија, Брегалничкиот регион учествува со 18%. Тоа збору-ва дека има солиден шумски потенцијал и тоа градирано по општини тргнувајќи како најбогата Делчево, па Македонска Каменица, Кочани, Пробиштип, Зрновци, Чешиново-Облешево... Споменатите подрачја главно се прекриени со столетна бука, бор, даб и затоа, со право, покрај тоа што претставуваат воздушна бања, тие се главниот извор на сета чистота и природност на Регионот.

Меѓу другото, шумите од Брегалничкиот регион се дом за разновидна флора и фауна привлечна за посетителите од повеќе аспекти. Речи-си сите планини, тргнувајќи од Малешевските, Пијанец, Осоговските, Плачковица, имаат ловни резервати каде љубителите на ловот на кру-пен и ситен дивеч наоѓаат свое задоволство.

ДАБ – БЕЛИДАБ – БЕЛИС. БЕЛИ - ОПШТИНА КОЧАНИС. БЕЛИ - ОПШТИНА КОЧАНИ

Доколку сте решени да одберете посебност која симболично би го одразувала карактерот на Брегалничкиот регион ќе паднете во

недоумица, која од привлечностите го заслужува тоа. Сепак, од природ-ните реткости кои метафорично говорат за суштината на постоењето и битисувањето, сам по себе се издвојува „Дабот“ во село Бели.

Името го добил поради местоположбата: се наоѓа на северната страна на селото Бели, на ридот кај манастирот „Св. Илија“. Ова дрво, како споменик на природата е импресивен по својата големина, старост и изглед и затоа заслужува сечие внимание. Тој е еден од најстарите да-бови во Европа. Со својата грандиозност ова седумвековно старо дрво од далеку наликува на дланка со раширени пет прсти. Обемот на др-вото е околу 10 m, а распонот на гранките близу 100 m. Ако навистина староста на дабот е седум векови, како што се проценува, тогаш, без исклучок, Дабот во Бели го прогласуваме за хроничар и најверен све-док на судбината на овој народ и на стотиците ора, веселби и настани кои по повод празникот Свети Илија овде под него се имаат случено.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

38 39

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 21: Brosura bregalnica mkd za web

ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

Планините во Брегалничкиот регион во најго-лемиот дел се погодни и привлечни за љуби-

телите на планинарењето и пешачењето. За оние кои го љубат поекстремниот дел од ова задоволство пре-порачливи се Осоговските Планини и врвот Руен (2.252 m), највисоката точка на целиот планински масив. Су-рови но привлечни, со свежи планински лета и остри студени и многу снежни зими кои во поголемиот дел од годината се под снег, па затоа, особено делот на По-никва, која е привилегија на три општини (Кочани, Про-биштип и Македонска Каменица), станува интересна за љубителите на белите спортови. Сите субјекти подед-накво вложуваат напори да ги искористат потенцијали-те кои ги дава Пониква за искористување на овој дел од Осоговието. Од година во година посетеноста расте во текот на сите сезони, а највеќе во зима. На посети-телите на располагање им стојат ски-лифтови и повеќе други услужни капацитети.

Ретка привлечност на Осоговијата претставуваат пла-нинските ледини во подножјето на Руен кои се покрие-ни и изобилуваат со вегетација, полски цвеќиња и бујна трева. Токму затоа во есенскиот период се преполни со луѓе кои собираат најразновидни типови шумско ово-шје, лековити билки и чаеви: малини, боровинки, ка-пини, кантарион, мајчина душица, ајдучка трева. Руен има и богат и див животински свет, а пониските дело-ви изобилуваат со шуми од кои најзастапена е бука-та. Ловниот резерват е богат со високотрофеен дивеч: обичен елен лопатар, срни, муфлони и диви свињи во текот на целата година го привлекуваат вниманието на ловци од целиот свет.

Посебна димензија на природните богатства дава по-датокот дека постојните рудни наоѓалишта потврду-ваат присуство на олово-цинкови руди, кварцити, опа-лизиран туф, потоа дацити и андезити и битуменозни шкрилци.

Терцијалните вулкански дејности на просторот на де-нешните општини Пробиштип и Македонска Каменица меѓу другото, создале големи рудни богатства кои се основа за егзистенцијата на тукашниот човек.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

40 41

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 22: Brosura bregalnica mkd za web

ГОЛАКГОЛАК

Народот од овие краишта покрај питомоста и трудољубивоста низ вековите го краси и го-

лема мудрост. Сочувал една поговорка: „Бог создава и пресоздава“. Воодушевувајќи ѝ се на моќта на приро-дата да се преобразува и обновува, генијалноста на на-родниот дух многу одамна бил предизвикан така што, по стравотниот пожар кога некогаш бујна со вегетација, столетни борови и дабови дрвја, планина се претвори-ла во голини, ја прекрсти во Голак. Највисок врв ѝ е Чавка (1.536 m). Тоа пресоздавање на Голак му донело убавини со поинаква димензија, тој се трансформирал во вистинска ризница на ендемски растенија, палета од разновидни билки и плодови од кои целиот простор е опиен од прекрасни мириси и разновидни ароми.

Посебна приказна плетат познатите „Јудови Ливади“. Вгнездени во пазувите на планината Влаина, во под-ножјето на Буковик и врвот Орловец во себе кријат еден од ретките ендемски видови на растение на Бал-канот и пошироко „муволовката” (Drosera Rotundifolia).

Споменатите потенцијали овозможуваат развој на ал-тернативен и селски туризам, планински мотоцикли-зам. Така, мирисот на ливадите, свежеста на потоците и реките, шумноста на водопадите, моќната привле-чност на столетните шуми за кратко време, но со сите сетила најдобро ги доживуваат посетителите на две тр-кала - велосипедистите. Оваа предност е препознаена и почнува да добива на актуелност со изградбата на „Патеката на Железната завеса“ која како меѓународен проект е дел од понудата на вљубениците во велоси-педизмот во дел од Брегалничкиот регион. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово, низ Малешев-ските Планини.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

42 43

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 23: Brosura bregalnica mkd za web

ПЛАЧКОВИЦАПЛАЧКОВИЦА

Оваа планина е вечна инспирација за народниот гениј. Со векови плетел и сè уште плете легенди

и преданија кои се резултат на нејзината богата исто-рија но и мистичност. За авантуристите и трагачи по возбуда најпривлечен дел на планината Плачковица се пештерите. Некои легенди својата приказна ја поткре-пуваат и со името на оваа планина која одговара и асо-цира на плен и „пљачка“. Божем во нејзините пазуви во мноштвото пештери било сокривано богатството од различни походи во различни периоди. Сè уште најо-милена е легендата која вели дека токму во една од пештерите на Плачковица, во нејзиниот најдлабок дел е сокриено богатството и саркофагот на најпознатиот освојувач на сите времиња, Александар Македонски.

Сепак, пештерите не се привлечни само за аванту-ристите, туку и за оние кои сакаат да ѝ се воодушевува-ат на генијалноста на природата и нејзините подземни креации. Најголемиот дел од пештерите се достапни за посетители. Најимпресивна е Големата Пештера со испитана должина од 600 m. Пештерите Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали. Токму таму, надвор од ле-гендите и приказните за богатства, и понатаму најго-лемото богатство кај нив остануваат пештерските ук-раси кои се навистина разновидни и пленат со својата убавина. На планината Плачковица се наоѓаат и трите привлечни кањони: Камник, Козјак и Зрновка во кој се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водо-теци, водопади, преслапи, високи карпи... До сите нив е обезбедена основна инфраструктура (маркации, бил-борди, патокази, сајли, ферети и место за одмор).

Спокојно сместено во подножјето на Плачковица, Зр-новско Поле за секое годишно време има своја боја: на пролет кога нивите со ориз се полнат со вода – по-лето е пресоздадено во езеро каде се капат и отслику-ваат зраците и убавината на македонското сонце; во лето полето се исткајува со најразлични бои и нијанси претставувајќи вистинско виножито; во есен доминира жолтата боја – сè позлатува; зиме надвладуваат бели-ната и тишината обвиени во чистиот свеж воздух кој питомо се спушта од падините на Плачковица, доде-ка Брегалница веќе смирено протекува во последниот дел од своето самостојно патување.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

44 45

ПР

ИР

ОД

А Н

А Б

РЕ

ГА

ЛН

ИЧ

КИ

ОТ

РЕ

ГИ

ОН

Page 24: Brosura bregalnica mkd za web

ТРАДИЦИЈАТАКАКО СЕКОЈДНЕВИЕ И ПРОМОЦИЈА

Според односот кој го имаат кон трајните вредности речиси сите центри од овој регион го заслужуваат епитетот средини со долга и богата традиција. Голема е листата на манифестации, обреди и одбележувања кои бележат континуирано децениско постоење. Токму во обидот да се сочуваат трајните вредности на тради-цијата овдешниот човек најмногу вложил во себе, во обидот да го сочува сопстве-ниот дух, добродушноста, чесноста и домаќинлакот. Затоа, секој добронамерник тука без исклучок се пречекува со насмевка и со искрено добредојде.

ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБАПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБАОПШТИНА ДЕЛЧЕВООПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Не постои подобар начин да се навлезе во сржта на народниот бит, оби-чаите и духот на народот од присуство на свадбена веселба. Свадбените

обичаи се најавтентичниот доказ за богатството на традицијата. Таму најдобро може да се препознае суштината на постоењето на еден народ. Вистинската можност за таквото задоволство го дава одржувањето на манифестација „Пијанечко-малешев-ска свадба“. Свадбените обичаи, песните, танците и сите придружни елементи кои го карактеризираат овој чин овде изворно се претставени и од фолклорен и етнолошки аспект, но навистина се привлечни и забавни за обичниот современ човек и посети-тел како можност за обновување на подзаборавената традиција. Свадбените ритуали во Пијанец и Малешево започнуваат од четврток, а завршуваат во понеделник. Тоа се денови испреплетени со песни, верувања, обреди, емоции. Да се биде дел од оваа прекрасна манифестација значи да се доживеат традицијата и обичаите врзани за свадбата во нејзината изворна моќ.

„Цреша се од корен корнеше,мома се од маќа делеше.

Проштавај мајко, проштавај,проштавај мила роднино.

До сега сам маќа слушала,од сега ќе слушам свекрва...“

Тоа е народна песна со која симболично се означува разделбата на невестата од мај-чиниот дом. Без неа во Малешевијата не бидува свадба, а свадба не бидува ако не се изгази и „Малешевското оро“, ако не се вкусат малешевското сирење и сливова ракија и уште многу нешта врзани за традицијата за која има многу да се зборува, ама подобро е ако изворно се доживее.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

46 47

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 25: Brosura bregalnica mkd za web

ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ ГОЛАЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ (ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО)(ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО)

Велат дека се родило овде на овој простор. Машко е, настанато и негувано во пијанечка етнографска целина. Едно од најтешките е и претставува комбинација од единаесет ритми, ама е најубаво, велат, и единствено на Балканот. Пијанец на македонската фолклорна ризница во наследство има подарено вистински фолклорен би-сер - машкото оро „Копачка“. Ако е така и ако знаеме дека на Голак имаме сведок за традицијата од негување на фолклорот, олицетворен во Голачките фолклорни средби, тогаш треба ли да се прашаме со кое оро се отво-ра оваа манифестација! Секако не. Во мноштвото специфични програми на учесници од целиот свет бездруго доминира „Копачка“, но не изостануваат и другите ора и танци.

Секоја година на 8 август во прегратките на манастирот „Свети Пантелејмон“ на Голак на 1.800 m надморска ви-сочина доминираат богатството и колоритот на македонските песни, игри и танци. Како круна на сè традицио-нално се развиорува и заедничкото оро и песна, на начин на кој сите се слеваат во едно. Манастирскиот ручек и дружење во слава на светецот и манастирот пак е приказна за себе која останува долго да се прераскажува.

ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО ИСТИБАЊСКО ЗДРАВОЖИВО (С. ИСТИБАЊА - ОПШТИНА ВИНИЦА)(С. ИСТИБАЊА - ОПШТИНА ВИНИЦА)

Македонецот е питом човек. Насекаде и во секоја прилика својата отвореност и срдечност ја докажува при првата средба со пружање на раката и изразот: „здраво живо“. Токму користејќи ја таа карактерна црта во Истибања се изгради една долга традиција на дружење, веселба и пријателство. На неа и на посветеноста и негувањето на фолклорот Истибања изгради свој бренд кој ја има прославено надалеку по светот. Тоа е силна и голема традиција која остави печат што ова место крај Виница веројатно до века ќе го следи. „Истибањско здравоживо“ – фолклорен фестивал кој во картата на манифестации од таков тип го има епитетот најизворен. Тоа е најстариот фолклорен фестивал на Балканот основан уште во далечната 1975 година. Како членка на меѓународните фолклорни организации IOB и CIOFF „Истибањско здравоживо“ претставува вистински репре-зент и потврда на нашата грижа за зачувување на изворно фолклорно богатство. Меѓународниот карактер е само квалитет повеќе и можност за презентација на нашиот фолклор пред пошироката меѓународна јавност.

ПЕХЧЕВСКИ ПАВЛОВДЕН ПЕХЧЕВСКИ ПАВЛОВДЕН (ОПШТИНА ПЕХЧЕВО)(ОПШТИНА ПЕХЧЕВО)

Мноштво прекрасни епитети се набројуваат кога се спомнува Малешевијата. За тамошните жители се вели дека се пред сè чесни, трудољубиви, дружељубиви и над сè вистински домаќини. Kаде и да зачекорите по Малешево ќе наидете на искрено добредојде, отворени порти, богати трпези и весели и добри домаќини.

Во тоа секако не изостанува и Пехчево, особено во деновите кога се прославува Павловден, денот на патронот-заш-титник на овој крај. На 13 јули во рамките на празникот се одржува и традиционалниот Етно саем – „Пехчевски Пав-ловден“. Токму тука доаѓа до израз богатството и топлината на пехчевската куќа и домаќини, преку презентирање на секојдневниот труд и резултатите од него. Изобилство од домашни ракотворби од вредните раце на малешевската жена инспирирани од традицијата и поднебјето; традиционална храна која има единствен вкус и која не можете да ја одминете; земјоделски производи кои само чистата природа на овој планински крај може да ги создаде и, секако, веселба, песна и игра која е составен дел од секоја прослава. А веселба не бива без музика. Пехчевци затоа, со цел да ја промовираат традиционалната музика, го возобновија Фестивалот на дувачки оркестри. На Фестивалот земаат учество сите попознати оркестри од регионот.Б

РЕ

ГАЛ

НИ

ЧК

И Р

ЕГИ

ОН

48 49

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 26: Brosura bregalnica mkd za web

ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕОПШТИНА БЕРОВООПШТИНА БЕРОВО

Семејното огниште, домот и посветеноста кон него ја от-крива грижата и односот кон негувањето на културата

на живеењето на овдешните богобојазливи луѓе. А нашиот човек од секогаш бил посветен кон верата и, едноставно, бил домаќин. Тоа секако е и главната карактеристика на мале-шевците. Велигден пак е христијански празник кој веројатно има најдолга традиција од сите останати православни честву-вања кај нас. Берово по тој повод има една посебност. Изразу-вајќи почит кон страдањата на Исус, беровчани секоја година на Велигден организираат манифестација која претставува натпревар за избор на најцврсто јајце (качор), но и за најуба-во украсено јајце како симбол на верата во единствениот бог. Културно-уметничката програма е неизоставен дел од мани-фестацијата, со презентација на дел од фолклорните тради-ционални ора и песни.

ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОПШТИНА БЕРОВООПШТИНА БЕРОВО

Беровчани особена почит негуваат кон Богородица како нивен заштитник. По тој повод, а за сопствена

промоција создадоа и манифестација која претставува ин-тегрирана презентација на културното наследство на целиот регион. Обединувајќи повеќе сегменти од богатата традиција во три концертни денови во дневна и вечерна програма на „Етно плоштад фестивал“ настапувааат преку 200 учесници од повеќе земји. На фестивалот учествуваат врвни уметници од цел свет кои се претставаат со традиционална стилизирана фолклорна музика и танц, со што манифестацијата се вброју-ва во редот на најдобрите етно фестивали во регионот.

Во состав на Фестивалот се одржува и Интернационалниот саем на традиционални производи „Малешевијата на длан-ка“, на кој своите изработки ги презентираат занаетчии од Македонија и од странство.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

50 51

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 27: Brosura bregalnica mkd za web

IN VINICA VERITASIN VINICA VERITASОПШТИНА ВИНИЦАОПШТИНА ВИНИЦА

Вистината е сокриена во мудроста на народот. На нашиот човек низ вековите му недостасувала сло-

бода, понекогаш и леб, ама мудроста, духовитоста отсекогаш била богатство кое го имал во изобиле. Духовното богатство и богатството на народната мудрост се забележува на секој чекор и кај секој човек покрај Брегалница. Дел од неа, пре-несувана како наследство, пресоздадена во традиција ја бе-лежиме во Виница каде со децении се организира „In Vinica Veritas“, Фестивал на хумор и сатира. Во име на традицијата секоја година во октомври Виница наликува на борилиште каде на мегдан излегуваат најострите пера, хумористи, са-тиричари и карикатуристи од Балканот. Одмерувајќи си ги силите ги жигосуваат секојдневните прилики и неприлики во општеството, но и однесувањето на обичните луѓе токму она-ка како што народниот мудрец низ вековите го правел тоа на свој начин и во специфични услови.

ТОДОРОВИ ТРКИТОДОРОВИ ТРКИОПШТИНА ВИНИЦАОПШТИНА ВИНИЦА

Познато е дека животот е постојан натпревар со неш-то. Луѓето од овие краишта во својата лексика за

натпревар употребуваат зборче трка. Кога ќе ти речат „ај да се тркаме“ значи да се надмудруваме кој колку и што може. Е токму тоа најизворно е содржано во манифестацијата „То-дорови трки“ која Виница традиционално си ја организира по повод празникот Тодорица. Некогашната традиција на народ-ни собири кога за време на празниците сè било подредено на дружењето преку натпревар, надмудрување и веселба сè со цел да се олесни на душата и на телото, најизворно е содржа-на токму во оваа манифестацијата. Сè наликува на огромна арена: се натпреварува во трчање во вреќа, трчање со ла-жица и јајце во устата, скокање во далечина, влечење јаже, јавање на магаре, надмудрување до бесвест. Доколку сакате да се вратите на изворите на старото дружење и вистинските народни собири, повелете на Тодорица во Виница.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

52 53

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 28: Brosura bregalnica mkd za web

ТРАДИЦИЈА НА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ОРИЗ

Една од спецификите карактеристични за рамни-чарскиот дел од течението на Брегалница е негу-

вањето на посебен култ за одгледување на оризот како земјоделска култура која е значаен извор на егзистен-ција на населението. Затоа речиси во сите општини каде оризот е доминтен, во чест на оваа доходовна култура се организираат манифестации кои во својата основа ја имаат традицијата на одгледување на оваа култура.

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“ОПШТИНА КОЧАНИОПШТИНА КОЧАНИ

Познато е дека ако дојдеш во Кочани, а не бидеш понуден со пилаф, значи дека не си

добредојден, ама тоа никому до сега му се нема слу-чено. Едноставно, Кочани е препознатлив во светот по производството на ориз, но и по специјалитетите кои овде со векови се подготвуваат од него. Затоа кочанчани ги создадоа „Деновите на кочанскиот ориз“ како манифестација која го слави оризот како симбол на овој регион. И со право: со неа се негува материјалното и духовното културно наследство поврзано со оризот и неговиот пат од нива до трпеза како вековна земјоделска култура во Кочанско. Таа ги прикажува културните вредности, природните и туристичките капацитети на Кочани. Манифестацијата се одржува во последната седмица од септември, а содржи фолклорни концерти и дефилеа, изложба и дегустација на традиционални јадења од ориз на која се подготвуваат карактеристични и популарни јадења од кочански ориз.

54 55

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 29: Brosura bregalnica mkd za web

„ЗАЖНЕЈУВАЊЕ НА ОРИЗОТ“„ЗАЖНЕЈУВАЊЕ НА ОРИЗОТ“ОПШТИНА КОЧАНИ И ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВООПШТИНА КОЧАНИ И ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

Многумина сметаат дека оризовите полиња се најубави кога се полнат со вода, оти на-

ликуваат на мали езерца. Други пак мислат дека нају-бави се кога оризот почнува да класи, бидејќи тогаш наликувало на разбранувано море. Трети, оние кои се најбројни, а меѓу нив се земјоделците оризопроизво-дители, се убедени дека оризовите полиња се најубави пред жнеење, затоа што тогаш позлатуваат и го наја-вуваат крајот на сезоната. И навистина пред да стане „бело злато“ како што го нарекуваат во овој крај, злат-ниот класт на оризот е причината што на 21 септември, на Мала Богородица, кога е општинскиот празник на Чешиново-Облешево, се организира манифестацијата „Зажнејување на оризот“. Тоа е величествена промо-ција на оваа култура, но и на трудот на производителот кој со генерации го одгледува и од него се прехрануват.

Најимпресивен дел од манифестацијата е моментот на зажнејување на првиот сноп со претходно благослову-вање на родот и престојната жетва по што следи ри-туал изведен од жетвари облечени во народни носии, кои преку пеење на типични трудови песни посветени на жетвата традиционално со срп ги зажнејуваат пр-вите кластови ориз. За миг сè наликува на времето кога на рака, со мака, но со песна оживуваа оризовите полиња. Денес оваа манифестација е вистинска атрак-ција и повод да се доживее традицијата најизворно и мошне впечатливо.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

56 57

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 30: Brosura bregalnica mkd za web

ДРАМСКИ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ (ДАФ)ДРАМСКИ АМАТЕРСКИ ФЕСТИВАЛ (ДАФ)ОПШТИНА КОЧАНИОПШТИНА КОЧАНИ

Во редот на културни збиднувања кои на ниво на држава имаат создадено свое место,

реноме и значење е секако Драмскиот аматерски фестивал. ДАФ традиционално веќе 36 години се одржува во Кочани негувајќи го аматерскиот и алтернативниот театар. Илјадниците претстави кои се изведени на овој фестивал го одразуваа најкреатив-ното од оваа благородна уметност и тоа на аматерска основа, која освен програмата за возрасни, вклучува и театарски претстави за деца и млади. Ова ѝ дава посебен квалитет на манифестацијата бидејќи не само што мотивира создавање уметност за најмладите, туку создава и навика за следење на културни содржини кај најмладата популација. На овој фестивал учествуваат реномирани театарски групи од целата држава и од странство. Секако, убавината и големината на ДАФ, како државна манифестација поддржана и од Министерството за култура на Република Македонија, е што продолжува да трае со цел да го мотивира и стимулира творештвото на драмските аматери, а особено на младите.

БР

ЕГА

ЛН

ИЧ

КИ

РЕ

ГИО

Н

58 59

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 31: Brosura bregalnica mkd za web

ПАСТРМАЛИЈАДАПАСТРМАЛИЈАДАОПШТИНА ШТИПОПШТИНА ШТИП

Долга е традицијата негувана со децении, а поврзана со некогаш-ните маалски фурни во Штип каде за секој празник во зимскиот

период се печеа највкусните пастрмалии. По старите штипски сокачиња крај некогашните маалски фурни сè уште се чувствува примамливиот мирис на специјалитетот од тесто и ситно сечено зачинето место, наречен пастрмалија. Иако фурните времето ги однесе во заборав, пастрмалиите остана со истиот вкус дури и уште попримамливи, само сега подготвувани во штипските ресторани.

Традицијата на старите мајстори и неповторливиот вкус на пастрмалијата ја изроди и најмладата манифестација во Штип, „Пастрмалијада“. Најма-совна е и во својата идејна основа ја има промоцијата на препознатливиот специјалитет за Штип - пастрмалијата како бренд на кој се надоврзуваат и развојот на угостителството, туризмот и промоцијата на регионот воопш-то. Во деновите дури трае „Пастрмалијадата“, а месец на нејзиното ор-ганизирање е септември, Штип е центар на сите случувања на Балканот. Сладокусците на старата добра пастрмалија, но и добрата забава, во ог-ромен број го преплавуваат градот во потрага по уште едно незаборавно доживување.

ФЕСТИВАЛ НА МУЗИКА „МАКФЕСТ“ФЕСТИВАЛ НА МУЗИКА „МАКФЕСТ“ОПШТИНА ШТИПОПШТИНА ШТИП

Постои една мисла која остана запаметена и вели: „Ако не посто-еше тогаш Макфест мораше да се измисли“. И, навистина Штип

веќе 27 години го има Фестивалот на музика „Макфест“. Тој е чувар на музичката традиција на овој град и овој народ. Како најстара манифеста-ција Фестивалот три децении ги афирмира македонскиот јазик, музиката и традицијата продуцирајќи над 800 нови композиции. Поголем дел од нив се веќе евергрини и антологиски хитови. Краен продукт и запис од Фестива-лот се стотиците носачи на звук кои сведочат за квалитетот и популарноста на оваа манифестација која традиционално се одржува во првата полови-на на октомври. Ова е фестивал на кој настапувале најголемите балкан-ски и европски ѕвезди и на кој се испеани најубавите песни напишани на македонски јазик.

60 61

ТР

АД

ИЦ

ИЈА

ТА

КА

КО

СЕ

КО

ЈДН

ЕВ

ИЕ

И П

РО

МО

ЦИ

ЈА

Page 32: Brosura bregalnica mkd za web

Центар за развој на Источен плански регионОпштина БеровоОпштина ВиницаОпштина ДелчевоОпштина Зрновци

Општина КарбинциОпштина Кочани

Општина Македонска КаменицаОпштина Пехчево

Општина ПробиштипОпштина Чешиново-Облешево

Општина Штип

www.rdc.mk/eastregionwww.berovo.gov.mk

www.vinica.orgwww.delcevo.gov.mkwww.zrnovci.gov.mk

www.opstinakarbinci.gov.mkwww.kocani.gov.mk

www.makedonskakamenica.gov.mkwww.pehcevo.gov.mkwww.probistip.gov.mk

www.cesinovo-oblesevo.gov.mkwww.stip.gov.mk

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје

930.85(497.73)502.2(497.73)

ПАНАЈТОВ, Кирил Брегалнички регион / [текст Кирил Панајотов ; фотографија Наце Попов]. - Штип : Центар за развој на

Источен плански регион, 2012. - 64 стр. : илустр. ; 22 смISBN 978-608-65253-3-0

а) Брегалнички регион - Културно наследство б) Брегалнички регион -Природно наследство

COBISS.MK-ID 92092682

Издавач: Центар за развој на Источен плански регион Координатор: Дарко Шумански

Текст: Кирил ПанајотовЛектор: Вангелија ЦавковаФотографија: Наце Попов

Дизајн: Зоран Ефремов, Европа 92 - Кочани

Page 33: Brosura bregalnica mkd za web

Поддржано од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија во име на Германското Федерално Министерство за Економска Соработка и Развој (BMZ)

ИСТОЧЕН РЕГИОНЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НАИСТОЧЕН ПЛАНСКИР Е Г И О Н

T: +389 32 386 408E: [email protected]/eastregion