21
Тест Македонски јазик и литература, III, ГО, 4, МКД I ниво – познавање ЈАЗИК Наука за јазикот 1. Што се jазични изолати? А. Јазици кои не можат да се категоризираат во ниту едно јазично семејство. Б. Јазици кои се многу ретки. В. Географски изолирани јазици. Г. Јазици кои иако изолирани определуваат некои карактеристики. 2. Како се нарекуваат јазиците кои не можат да се категоризираат во ниту едно јазично семејство? А. Јазични изолати. Б. Јазични единства. В. Јазични неединства. Г. Јазични синтагми. 3. Според која класификација не се категoризираат јазиците? А. Културната. Б. Генетската. В. Ареалната. Г. Типолошката. 4. Според која класификација не се подредуваат јазиците? А. Културната. Б. Генетската. В. Типолошката. Г. Ареалната.

Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

Тест Македонски јазик и литература, III, ГО, 4, МКД

I ниво – познавање ЈАЗИК

Наука за јазикот

1. Што се jазични изолати?

А. Јазици кои не можат да се категоризираат во ниту едно јазично семејство.

Б. Јазици кои се многу ретки.

В. Географски изолирани јазици.

Г. Јазици кои иако изолирани определуваат некои карактеристики.

2. Како се нарекуваат јазиците кои не можат да се категоризираат во

ниту едно јазично семејство?

А. Јазични изолати.

Б. Јазични единства.

В. Јазични неединства.

Г. Јазични синтагми.

3. Според која класификација не се категoризираат јазиците?

А. Културната.

Б. Генетската.

В. Ареалната.

Г. Типолошката.

4. Според која класификација не се подредуваат јазиците?

А. Културната.

Б. Генетската.

В. Типолошката.

Г. Ареалната.

Page 2: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

Историски развој

5. Кој е автор на делото ,,За македонцките работи“?

А. Крсте Петков Мисирков.

Б. Ѓорѓија Пулевски.

В. Кузман Шапкарев.

Г. Рајко Жинзифов.

6. Како се вика списанието кое во Софија го издавала Младата

македонска книжевна дружина?

А. „Лоза“.

Б. „Македонска лоза“.

В. „Македонски глас“.

Г. „Македонски заговор“.

7. Во која книга Крсте Петков Мисирков ги искажал своите ставови за македонскиот јазик?

А. „За македонцките работи“.

Б. „Македонска преродба“.

В. „Абецедар“.

Г. „Слогница речовска“.

Синтакса

8. Безлични реченици се оние во кои е изоставен:

А. подметот.

Б. предметот.

В. прилогот.

Г. предметот.

9. Во кој збор е употребена негација?

А. Невидлив.

Б. Невеста.

В. Неаполец.

Г. Небулоза.

Page 3: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

10. Како се нарекува делот од граматиката кој ги проучува способностите на зборовите да се врзуваат и целините кои се добиваат со тие поврзувања?

А. Синтакса.

Б. Морфологија.

В. Морфосинтакса.

Г. Лингвистика.

11. Кој интерпункциски знак се става на крајот на желбените реченици,

кога со нив се искажуваат клетви и благослови?

А. Извичник.

Б. Прашалник и извичник.

В. Точка.

Г. Прашалник.

12. Основна единица за проучување на синтаксата е:

А. реченицата.

Б. синтагмата.

В. исказот.

Г. фразата.

13. Кој вид реченици не се дел од независносложените реченици?

А. Временските.

Б. Составните.

В. Спротивните.

Г. Разделните.

14. Која одредба не е својствена за прирокот?

А. Синтетички.

Б. Аналитички.

В. Глаголски.

Г. Глаголско – именски.

Page 4: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

15. Koja зборовна форма не може да има функција на подмет во реченицата?

А. Глагол.

Б. Именка.

В. Заменка.

Г. Придавка.

Фразеологија

16. Како се нарекуваат зборовните состави што се употребуваат во јазикот како готови јазични елементи со единствено значење?

А. Фразеологизми.

Б. Идиоми.

В. Лексеми.

Г. Морфеми.

17. Фразеологијата како дел од лексикологијата ги проучува:

А. зборовните состави како одделни јазични единици.

Б. способностите на зборовите да се поврзат меѓу себе.

В. дијалектите на еден јазик.

Г. јазичните единства.

Page 5: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

ЛИТЕРАТУРА

Романтизам

18. Што се постигнува со присуството на нараторот во литературното дело?

А. Поголема објективност во прикажувањето.

Б. Интимизирање со читателот.

В. Потенцирање на настаните.

Г. Дејството добива поинтересен тек.

19. Теоријата на литература поемата ја дефинира како:

А. лирско-епски вид.

Б. лирски вид.

В. епски вид.

Г. драмски вид.

20. Која форма е застапена во романот ,,Страдањата на младиот Вертер“?

А. Епистоларната.

Б. Раскажувачката.

В. Дијалошката.

Г. Стихуваната.

21. Која дејност е најзначајна за периодот на романтизмот во

Македонија?

А. Собирање народно творештво.

Б. Печатење учебници.

В. Печатење весници.

Г. Отворање училишта.

22. Кога се јавува романтизмот во европската литература?

А. На преминот меѓу XVIII и XIX век.

Б. На преминот меѓу XVII и XVIII век.

В. На преминот меѓу XVI и XVII век.

Г. На преминот меѓу XIX и XX век.

Page 6: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

Романтизмот во македонската литература/преродба

23. Кога се јавува романтизмот во македонската литература?

А. Втората половина на XIX век.

Б. Втората половина на XVIII век.

В. На почетокот од XIX век.

Г. Првата половина на XVIII век.

24. Во „Предговорот“ на „Зборникот на Миладиновци“, Димитар Миладинов се задржува на:

А. версификаторското умеење на народниот гениј.

Б. класификација на песните.

В. убавината на македонската народна песна.

Г. правописните принципи.

Реализам

25. Реалистичкиот метод се базира на:

А. типични ликови во типични средини.

Б. бегство од општеството.

В. затворање во светот на јунакот.

Г. негување на култот на јазикот.

26. Во романот ,,Чичко Горио“ од Балзак француското општество е прикажано преку:

А. пансионот на г-ѓа Вокер.

Б. ликот на чичко Горио.

В. ликот на Растињак.

Г. куќата на Вотрен.

Македонска литература (меѓу Првата и Втората светска војна)

27. Кои литературни родови најмногу се развиле во македонската литература во периодот меѓу двете светски војни?

А. Лириката и драмата.

Б. Епиката и драмата.

В. Лириката и епиката.

Г. Лирско – епските видови.

Page 7: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

28. Ристо Крле не е автор на драмскиот текст:

А. „Недоразбирање“.

Б. „Антица“.

В. „Парите се отепувачка“.

Г. „Милион маченици“.

29. ,,Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски е:

А. комедија на интрига.

Б. комедија дел арте.

В. комедија на карактери.

Г. комедија на нарави.

Македонска литература по Втората светска војна

30. Кој е првиот роман во македонската литература?

А. ,,Село зад седумте јасени“.

Б. ,,Крпен живот“.

В. ,,Пустина“.

Г. ,,Пиреј“.

Page 8: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

II ниво – разбирање ЈАЗИК

Наука за јазикот

31. Каков е македонскиот јазик според типолошката класификација?

А. Флексивен.

Б. Коренски.

В. Аглутинативен.

Г. Полисинтетички.

32. Јазикот е општествена појава затоа што:

А. ги содржи сите карактеристики и потреби на општеството.

Б. настанал кога настанало и општеството.

В. луѓето кои го говорат се општествени суштества.

Г. постои само во рамките на општеството.

Историски развој

33. Ѓорѓија Пулевски се залага за воведување на македонскиот јазик во:

А. училиштата и учебниците.

Б. учебниците и богослужбата.

В. богослужбата и администрацијата.

Г. администрацијата и училиштата.

34. Кој став не соодветствува со определбите на Крсте Петков Мисирков за формирањето на македонскиот литературен јазик?

А. Во лексиката да се вклучат елементи од туѓи јазици.

Б. Основата на литературниот јазик да бидат централните говори.

В. Правописот да биде врз фонетска основа.

Г. Правописот да биде врз морфолошка основа.

Page 9: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

Синтакса

35. Сложениот глаголски прирок е составен од два глагола од кои вториот

се јавува во: А. да-конструкција.

Б. би-конструкција.

В. ќе-конструкција.

Г. има-конструкција.

36. Определи го значењето искажано со изразот: Косата ми се крена.

А. Ненадеен страв.

Б. Големо изненадување.

В. Неочекувано изненадување.

Г. Силен гнев.

37. Што е изоставено кај безличните реченици?

А. Подметот.

Б. Предметот.

В. Предлогот.

Г. Апозицијата.

38. Која реченица е пасивна?

А. Ученикот беше пофален од професорот.

Б. Професорот го пофали ученикот.

В. Ученикот очекува пофалба.

Г. Пофалбата ја кажа професорот.

Фразеологија

39. Идиоми се фразеолошки изрази кои:

А. имаат специфично значење, својствено за определен јазик.

Б. своето основно значење во друг јазик ќе го заменат со преносно.

В. добиваат преносно значење.

Г. го задржуваат целосно своето основно значење.

Page 10: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

ЛИТЕРАТУРА

Романтизам

40. На литературен план романтизмот е реакција на:

А. класицизмот.

Б. ренесансата.

В. средновековната литература.

Г. старата литература.

41. Која е основната замисла на Виктор Иго во романот „Клетници“?

А. Да даде продлабочена слика на француското општество од своето време. Б. Да ја наслика средновековната општествена стварност во Франција.

В. Да го возвиши рицарскиот идеал од француската историја.

Г. Хронолошки да ја прикаже француската историја.

42. Каков е односот на Чајлд Харолд кон пажот во ,,Прошталната песна“?

А. Ироничен и подбивен.

Б. Груб и дрзок.

В. Несебичен и пријателски.

Г. Нежен и полн со разбирање.

43. Во „Странствувањето на Чајлд Харолд“ формата е:

А. патописно раскажување.

Б. исповедна форма.

В. епистоларна форма.

Г. раскажувачка форма.

Романтизмот во македонската литература/преродба

44. Македонскиот романтизам се разликува од европскиот по тоа што:

А. е основа за националното осознавање.

Б. емотивно е пренагласен.

В. инсистира на историски личности.

Г. инсистира на народните обичаи.

Page 11: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

45. Која е крајната цел на културната активност на Димитар Миладинов?

А. Реафирмација на народниот јазик.

Б. Создавање на литературен јазик.

В. Поетско творештво на литературен јазик.

Г. Настава на народен јазик.

46. Која порака е содржана во поемата ,,Сердарот“ од Григор Прличев?

А. Да се истакне храброста на Македонците.

Б. Треба да се почитува тагата на мајката.

В. Трагична е смртта на храбриот јунак.

Г. Борбата за слободна Македонија е поважна од личната жртва.

Реализам

47. Определи го видот реализам.

А. Натурализам.

Б. Егзистенцијализам.

В. Симболизам.

Г. Футуризам.

48. Поетиката на реализмот инсистира на:

А. вистинско сликање на стварноста и на ангажираната книжевност.

Б. анализа на светот на поединецот.

В. историските актуелности во тој историски период.

Г. борба за похумано општество.

49. Филозофските размислувања на Достоевски во романот ,,Злосторство и казна“ се прикажани преку:

А. Статијата за ,,обичните и необичните луѓе“.

Б. Разговорот на Раскољников со Разумихин.

В. Разговорот на Раскољников со Дуња.

Г. „Планирањето“ на убиството на лихварката.

Page 12: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

Македонска литература (меѓу Првата и Втората светска војна)

50. Кој мотив е најзастапен во поетското творештво на Кочо Рацин?

А. Социјалниот.

Б. Мисловниот.

В. Љубовниот.

Г. Патриотскиот.

51. Во драмата „Парите се отепувачка“, судбината на ликовите е одраз на:

А. погубното дејство на парите врз свеста на човекот.

Б. погубноста на неостварената љубов.

В. отуѓувањето на луѓето заради интерес.

Г. последиците од боемскиот живот.

52. Кои ликови во драмата „Чорбаџи Теодос“ се претставени како антиподи?

А. Теодос и Арсо.

Б. Теодос и Томче.

В. Арсо и Томче.

Г. Теодос и Спиро.

Македонска литература по Втората светска војна

53. Која е темата во повеста ,,Улица“ од Славко Јаневски?

А. Иницијацијата на Јане во светот на возрасните.

Б. Животните случувања во една скопска улица.

В. Социјалната положба по ослободувањето.

Г. Иницијација на првата љубов на Јане.

54. Романот ,,Крпен живот“ по своите одлики е:

А. битово-социјален.

Б. авантуристички.

В. психолошки.

Г. релистичен.

Page 13: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

55. Што постигнал Славко Јаневски преку прикажување на дејството во романот „Улица“ со формата ,,јас“?

А. Исповедност.

Б. Објективност.

В. Типичност.

Г. Лиричност.

56. Внимателно прочитај го извадокот и одговори кога се случува дејството во романот.

,, - Ете, им велеше тој на младите Македончиња на чист мајчин јазик: -Кога ќе си одите дома, нема да велите ,,добарден“ ами ќе велите ,,калимера“ , а кога ќе им барате леб на мајки ви, ќе им велите: ,,Митера, доси ми псоми.“ Ние сме Грци, а не Бугари, како што ви вели некој. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . И овие му веруваа, како што му веруваа витолишчанци на Бина кога им зборуваше дака ние сме вистински Бугари. . .“ (,,Крпен живот“ С. Попов) А. Кон крајот на XIX век.

Б. На почетокот на XIX век.

В. Кон средината на XIX век.

Г. Кон крајот на XVIII век.

Page 14: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

III ниво – примена

ЈАЗИК Синтакса

57. Подвлечениот збор во реченицата: ,,Добра книга брзо се чита“ е:

А. атрибут.

Б. прирок.

В. подмет.

Г. апозиција.

58. Според карактеристичниот сврзник, определи го видот на

независносложената реченица: Не си ја гледа маката, туку се меша во туѓите работи.

А. Спротивна.

Б. Исклучна.

В. Составна.

Г. Разделна.

59. Во реченицата: Ти дојде, ме прегрна и со шепот ми рече да не се плашам, прилошката определба за начин е:

А. со шепот.

Б. многу.

В. наеднаш.

Г. толку.

60. Определи каква е зависносложената реченица: Вчера тој не отиде на училиште затоа што беше болен.

А. Причинска.

Б. Последична.

В. Временска.

Г. Целна.

Page 15: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

61. Во реченицата: Им даде билети на најредовните посетители, е употребен:

А. индиректен предмет.

Б. директен предмет.

В. етички датив.

Г. слободен датив.

62. Определи со кој реченичен член е придружена апозицијата во реченицата: Таа со воодушевување зборуваше за Париз, градот на светлината.

А. Предлошки предмет.

Б. Индиректен предмет.

В. Прилошка определба.

Г. Директен предмет.

63. Одговори каква е модалната карактеристика во реченицата: Колку се радувавме таа ноќ!

А. Извична.

Б. Желбена.

В. Прашална.

Г. Заповедна.

64. Определи што искажува односната зависносложена реченица: Не успеав да најдам таков стан каков што сакав.

А. Споредба.

Б. Изделување.

В. Карактеризирање.

Г. Придружување.

Фразеологија

65. Прочитај го извадокот и одговори на барањето.

,,Што сакаш? Сè ти подредено по твој ќејф! Сите ти удоволуваат, а ти си безобразна! Те трпиме иако си дупнат џеб. Засрами се!“ Фразеологизмот ,,дупнат џеб“ е во функција на искажување: А. експресивност и емотивност.

Б. самоувереност и независност.

В. експлозивност и самоувереност.

Г. сигурност и арогантност.

Page 16: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

ЛИТЕРАТУРА

Романтизмот во македонската литература/преродба

66. Прочитај го внимателно извадокот и одговори која стилска фигура е употребена во подвлечените стихови.

,, . . . . . . . . . . Зошто ми е е животот кога Син ми неодмазден ќе е? Во бојот ќе побарам смрт. Но по желба на бога Може и триумф да грее!“ (,,Сердарот“ Григор Прличев) А. Реторско прашање.

Б. Метафора.

В. Персонификација.

Г. Симбол.

67. Прочитај го извадокот и одговори што го краси ликот на Неда.

Но и други борци ќе воскресне Река и водач нивни ќе излезам в гора. По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам. . . Јас да ве уништам морам, Ил, мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога

син ми неодмазден ќе е? Во бојот ќе побарам смрт. Но по желба на бога може и триумф да грее! („Сердарот“ Григор Прличев) А. достоинственост. Б. храброст. В. издржливост. Г. мудрост.

68. Разговорите и активностите на Дуко, Спасе и дедото Кузман од

драмата ,,Македонска крвава свадба“ на Војдан Чернодрински укажуваат на:

А. националното освестување на Македонците.

Б. неорганизираноста на Македонците.

В. прифаќање на постоечката состојба.

Г. немоќта да се пружи отпор на поробувачот.

Page 17: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

Романтизам

69. Прочитај ги стиховите и одговори која одлика на романтизмот ја препознаваш во повикот на поетот. ,,Еј Шпанци, разбудете се! Вас пак ве вика рицарството, тој идол свет на стари дни... му слушам грозен повик: ’В бој на борба, роде!‘

(,,Странствувањето на Чајлд Харолд“ Џ. Г. Бајрон)

А. Култ кон минатото.

Б. Разочараност.

В. Бегство во мистични земји.

Г. Светска тага.

70. Прочитај го внимателно извадокот и одговори која карактеристика на

романтизмот е очигледна во него. ,,Мој корабе, да одиме! Ти сечи бран, на долг сме пат! Кај сакаш таму води ме, Но само не во татков кат. Јас поздрав искрен вам ви прќам О, бранови со таква моќ. На поздрав- поздрав, земјо, враќам: Мој крају роден-добра ноќ!“

(,,Странствувањето на Чајлд Харолд“ Џ. Г. Бајрон) А. Желба за далечни патувања.

Б. Патриотизам.

В. Гнев.

Г. Страв поради разделбата.

71. Прочитај го извадокот и одговори која карактеристика од поетиката

на романтизмот е потенцирана во овој извадок. ,,А завесата од свила, в пурпур сета што се слила, Грозен шум во себе скрила. На ужас се чиниш створ! Па срцето дури бие, јас го молам да се свие: ’Некој гост што се крие пред портата однадвор - Доцен гост е што се крие пред портата однадвор‘- Тоа сал и ниту збор!“ (,,Гарванот“ Е. А. По)

А. Мистичност и фантастика.

Б. Разочараност и страв.

В. Песимизам и неверување.

Г. Возбуда и разочараност.

Page 18: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

72. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето што изразува поетот во стиховите.

,,Ако как овде с’нце ме сретит, Ако пак мрачно с’нцето светит На п’т далечни ја ќе се стегнам к’де снцето светло угревјат к’де небото ѕвезди посевјат.“ (,,Т’га за југ“ К. Миладинов)

А. Безусловен копнеж по слобода.

Б. Повик за борба.

В. Носталгија.

Г. Желба за далечни патувања.

73. Прочитај го извадокот и одговори какви намери има Вертер за своето

однесување во иднина. ,,И сепак не бев виновен. Та што можев против тоа, кога упорствените привлечности на нејзината сестра ме занимаа толку пријатно, што во бедново срце се зачна страст? И сепак – та нели сум сосема невин? Та нели ги потхранував нејзините чувства: та нели се насладував и самиот од наполно вистинските овоплотувања на природата, кои така често н# подгонувале на смев, а така малку биле смешни? (...) Сакам, драг пријателу, ова ти го ветувам, сакам да се поправам (...), а она што поминало, нека биде за мене минатост.“ (,,Страдањата на младиот Вертер“ Ј. В. Гете)

А. Дa биде подобар во иднина.

Б. Да го следи превртливото срце.

В. Да живее како што живеел.

Г. Да признае дека е виновен.

Реализам

74. Прочитај го внимателно извадокот и одговори што сфаќа Растињак

од овие зборови на Вотрен.

,,Таков ви е животот. Не е ни малку поубав од кујна, мириса лошо, а мораш да си ги извалкаш рацете ако сакаш да се најадеш, научете се само добро да си ги измиете, во тоа е целиот морал на нашево време.“ (,,Чичко Горио“Оноре де Балзак) А. Дека неморалот е единствениот начин да се успее во општеството.

Б. Дека не треба да му верува на Вотрен.

В. Дека Вотрен е многу искусен во општествениот живот.

Г. Тој сака Вотрен да го воведе во општеството.

Page 19: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

75. Прочитај го извадокот и одговори на барањето.

„Отиди на распаќе, поклони му се на народот, целивај ја земјата, зашто и нејзе си и згрешил, и кажи му на сиот свет гласно: јас сум убиец.“ („Злосторство и казна“ Ф. М. Достоевски) Зборовите на Соња упатени до Раскољников значат дека душата може да биде ослободена со:

А. исповед и прифаќање на казна за гревот.

Б. бегство во странство за да се избегне казната.

В. отфрлање на одговорноста за стореното дело.

Г. заборав и почеток на нов живот.

Македонска литература (меѓу Првата и Втората светска војна)

76. Прочитај го извадокот и одговори каков е мотивот. ,,О, трајте, трајте, тирани недни! Доста се тие лаги и злоба- пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба...“ (,,Глас од Македонија“ К. Неделковски)

А. Револуционерен.

Б. Политички.

В. Историски.

Г. Социјален.

77. Прочитај го извадокот и одговори која стилска фигура е употребена. „Роди се човек-роб биди

Роди се човек-скот умри...“ („Денови“ Кочо Рацин)

А. Анафора.

Б. Контраст.

В. Оксиморон.

Г. Епифора.

Page 20: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

78. Прочитај го извадокот и одговори каков е ставот на Костадин, лик од драмата, по прашањето на бракот.

КОСТАДИН: Не, не сакам жена за пари! Јас милувам Симка од чиста милост да ми дојде, не за пари! Сакам со неа век да векувам како со жена, не како со платен добиток. Јас сакам и таа да се праша.

(„Печалбари“ Антон Панов)

А. Прогресивен.

Б. Патријархален.

В. Традиционален.

Г. Назаден.

Македонска литература по Втората светска војна

79. Која е идејата во повеста „Улица“ од Славко Јаневски?

А. Пронаоѓањето на вистинскиот пат во животот.

Б. Пронаоѓањето на полесниот пат во животот.

В. Пронаоѓањето на патот до жолтата зграда на гимназијата.

Г. Пронаоѓањето на вистинските пријатели на улица.

80. Прочитај го извадокот и одговори која карактерна особина е одлика

на Митра. „Еден ден Доста ги остави децата дома и % рече на Митра да ги поварди дури да црпне вода од бунарот на стрико-Малови. Кога се врати со котелот позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче, та „папокот ќе му извресне“ и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви пострашни и полоши од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа наречниците на Нешка. Последната што ја чу Доста беше: - Пукнало да пукниш, копиле ниедно, душата ми а попарите, некоа сипаница златна да ве вати, да рече господ златен! Во еден гроб да ве закопа ваа песјачка шо ве накучи!“

А. Злоба.

Б. Суеверие.

В. Завидливост.

Г. Себичност.

Page 21: Makedonski Jazik i Literatura III GO 4 MKD (1)

СПЕЦИФИКАЦИСКА ТАБЕЛА ЗА ТЕСТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

III година гимназиско образование

Подрачја и

области I ниво

познавање II ниво

разбирање III ниво примена

Вкупно

Јазик Наука за јазикот 4 2 0 6 прашања

7,5 % Историски развој

3 2 0 5 прашања 6,25 %

Синтакса

8 4 8 20 прашања 25%

Фразеологија 2 1 1 4 прашања 5 %

Литература

Романтизам 5 4 3 12 прашања 15 %

Романтизмот во македонската литература/ преродба

2 3 5 8 прашања 10 %

Реализам

2 3 2 7 прашања 8,75 %

Македонска литература (меѓу Првата и Втората светска војна)

3 3 3 9 прашања 11,25 %

Македонска литература по Втората св. Војна

1 4 2 7 прашања 8,75 %

ВКУПНО

30 38 %

26 32%

24 30 %

80 прашања 100 %