23
НЕ ЈА БРИШЕТЕ ОВАА ТАБЕЛА И НЕ ПИШУВАЈТЕ ВО НЕА! ТАБЕЛАТА ЌЕ БИДЕ ИЗБРИШАНА И ЗАМЕНЕТА СО СООДВЕТЕН ТЕКСТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ТЕХНИЧКА ОБРАБОТКА НА ЗБОРНИКОТ НА ТРУДОВИ ! Димитар Арсов ЕЛЕМ Енергетика, Скопје Атанас Илиев ФЕИТ Скопје БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА ВО ВИСОКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ПОСТРОЈКИ КУСА СОДРЖИНА Безбедноста на работа и здравјето на професионално експонираните работници не претставува само формален пристап со кој заедницата сака да ја декларира својата определба за унапредување на работната средина благосостојбата на работниците. Напротив, тоа е многу економски ориентирана категорија, со која треба да се заштитат интересите на работниците, на претпријатијата, на компаниите. Правото за здравје и правото за безбедност на работа се универзални човекови и работни права. Поради тоа, Меѓународната организација на трудот (МОТ) од своето постоење до денес има усвоено и објавено 187 Декларации и 198 препораки од областа на здравјето и безбедноста на работа. Во Законот за безбедност и здравје при работа, воведен е нов термин и воедно нов начин и постапка во намалувањето на штетните влијанија од процесот на остварување на работните задачи на работното место. Процена на ризик е основа за безбедно и здраво работно место,самиот процес на проценка на ризикот е одговорност кон вработените за потикнување на нивната сигурност, мотивација и доверба кон претпријатието. Процената на ризик е показател за насоката за долгорочно опстојување на претпријатието, подобрување на капацитетите,продуктивноста и профитот. Клучни зборови: електрична енергија, ризик, безбедност, заштита, здравје, повреда, мерки за безбедност, опасност ABSTRACT Safety and health at work of workers occupationally exposed not only a formal approach that the community wants to declare, it`s commitment to improving the workplace well-being of workers. On the contrary, it is very economically oriented category, which should protect the interests of workers, businesses, companies.

D. Arsov - 027, V2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

mako sigre

Citation preview

Page 1: D. Arsov - 027, V2

НЕ ЈА БРИШЕТЕ ОВАА ТАБЕЛА И НЕ ПИШУВАЈТЕ ВО НЕА!ТАБЕЛАТА ЌЕ БИДЕ ИЗБРИШАНА И ЗАМЕНЕТА СО СООДВЕТЕН ТЕКСТ ВО

ПРОЦЕСОТ НА ТЕХНИЧКА ОБРАБОТКА НА ЗБОРНИКОТ НА ТРУДОВИ !

Димитар АрсовЕЛЕМ Енергетика, СкопјеАтанас ИлиевФЕИТ Скопје

БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА ВО ВИСОКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ПОСТРОЈКИ

КУСА СОДРЖИНА

Безбедноста на работа и здравјето на професионално експонираните работници не претставува само формален пристап со кој заедницата сака да ја декларира својата определба за унапредување на работната средина благосостојбата на работниците. Напротив, тоа е многу економски ориентирана категорија, со која треба да се заштитат интересите на работниците, на претпријатијата, на компаниите.

Правото за здравје и правото за безбедност на работа се универзални човекови и работни права. Поради тоа, Меѓународната организација на трудот (МОТ) од своето постоење до денес има усвоено и објавено 187 Декларации и 198 препораки од областа на здравјето и безбедноста на работа.

Во Законот за безбедност и здравје при работа, воведен е нов термин и воедно нов начин и постапка во намалувањето на штетните влијанија од процесот на остварување на работните задачи на работното место.

Процена на ризик е основа за безбедно и здраво работно место,самиот процес на проценка на ризикот е одговорност кон вработените за потикнување на нивната сигурност, мотивација и доверба кон претпријатието. Процената на ризик е показател за насоката за долгорочно опстојување на претпријатието, подобрување на капацитетите,продуктивноста и профитот.

Клучни зборови: електрична енергија, ризик, безбедност, заштита, здравје, повреда, мерки за безбедност, опасност

ABSTRACT

Safety and health at work of workers occupationally exposed not only a formal approach that the community wants to declare, it`s commitment to improving the workplace well-being of workers. On the contrary, it is very economically oriented category, which should protect the interests of workers, businesses, companies.

The right to health and the right of safety are universal human and labor rights. Therefore, the International Labour Organization (ILO) in existence today has adopted and issued 187 statements and 198 recommendations in the area of health and safety at work.

The Law on Safety and Health at Work, a new term and a new way and also a procedure to reduce the harmful effects of the process of achieving the tasks of the job.

Risk assessment is the basis for a safe and healthy workplace, the process of risk assessment is the responsibility of the employees to foster their confidence, motivation and confidence to enterprise. Risk assessment is an indication of the direction of long-term survival of the company, improve the capacity, productivity and profits.

Keywords: energy, risk, security, protection, health, injury, safety measures, danger

Page 2: D. Arsov - 027, V2

1 ВОВЕД

Опасностите кои што со себе ги носи примената на електричната енергија, бара почитување на одредени норми, за постигнување на единствена цел, а тоа е безбедно користење на апаратите, уредите, опремата, како во домаќинствата, така и на работните места, односно во постројките каде што има висок напон.

Електричната енергија секојденвно има сè поголема примена, па одовде, и опасностите од неа растат. Опасностите се толку големи колку што на прв поглед не се видливи. Затоа, електричните инсталации, уреди и постројки треба да бидат изведувани, одржувани, сервисирани и контролирани исклучително од страна на лица кои се стручни во таа област, лица кои што би можеле брзо да ја согладаат одредената неисправност, и по можност веднаш, во што е можно пократок временски интервал да го санираат или да го отстранат евентуалниот дефект.

Имено, погоелмиот дел од несреќите кои што се јавуваат се резултат на непочитувањето на принципите за заштита при работа. Од бројните анализирани повреди од струен удар, се дошло до констатции дека:

на прво место причината е непромислен пристап; на второ место причина е оштетување на приклучоците и на приборот, како и

оштетување на излолацијата; на трето место се реакциите (исплашеност, паника) како и последица на ударот

на електричната струја; најмногу повреди, 64% претрпеле стручни лица; смртните повреди на нестручните лица два пати се поголеми од смртните

повреди кај стручните лица; нестручните сервисирања на електрични уреди и високонапонски заштитни

средства се причина поради која се предизвикани голем број на повреди.

Овие податоци главно важат и кај нас, со тоа што процентите се нешто поинакви. јасно е дека секоја повреда го оптоварува и нашиот буџет, поради подолготрајните отсуства од работа.

Во Република Македонја, со Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“, број 92/07 и 136/11) се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки за безбедност и здравје при работа. Целта на овој закон е да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа. Областа на заштита при работа е регулирана и со бројни подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон. Овој закон се применува на сите дејности од јавниот и приватниот сектор освен оние кои се регулирани со посебни прописи (Вооружените сили, Полицијата итн).

Тенденција е областа на заштита на работа да се регулира со наметнување на конкретни обврски на работодавачите и вработените. Со донесување на новиот закон за безбедност и здравје и со бројните подзаконски акти кои го следеа новиот закон како и со конкретни чекори од Државните органи во областа на заштита при работа се централизира една досега маргинализирана област. Иако големиот дел од подзаконски акти се донесени (преземени) од системи во кои Македонија беше дел сепак има најави на заменување на истите со нови усогласени со оние на Европската Унија како дел од критериумите за членство.

Личните заштитни средства, заштитната опрема и изолациониот алат, кои служат за работа во електроенергетските објекти, мораат да бидат испитани и атестирани според соодветните стандарди. Изолационата опрема и изолациониот алат, мораат да бидат избрани во согласност со називниот напон на објектот, и истите мораат да бидат одржувани во беспрекорна состојба и чувани во подесени суви простории, во кои нема да бидат изложени на штетно влијание на средината.

Page 3: D. Arsov - 027, V2

Безбедноста на работа и здравјето на професионално експонираните работници не претставува само формален пристап со кој заедницата сака да ја декларира својата определба за унапредување на работната средина благосостојбата на работниците. Напротив, тоа е многу економски ориентирана категорија, со која треба да се заштитат интересите на работниците, на претпријатијата, на компаниите.

2 МОЖНИ ПОВРЕДИ ОД ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Минувајќи низ човековото тело, електричната струја на него дејствува на неколку начини. Степенот на опасноста од електрична струја зависи од четири фактори:

од патот низ кој струјата протекува, односно од органите кои се зафатени од електрична струја,

од обликот на фреквенцијата на струјата, од интензитетот на струјата, од времето на протекувањето на струјата.

Виталните органи се посебно чувствителни на протекување на електрична струја (срце, нервен систем, а посебно центарот кој го контролира дишењето).

Струјата со нормална фреквенција предизвикува мускулатурни контракции, а во срцето треперење на неговите комори (вентрикуларна фибрилација) што најчесто доведува до смрт, поради опаѓање на крвниот притисок, односно поради недоволно снабдување со крв.

Струите со високи фреквенции не се опасни за човекот. Кај нив е изразен скин ефектот и можат да бидат опасни само доколку Џуловата топлина го оштети ткивото. Треба да се напомне дека човекот издржува поголеми вредности на еднонасочна струја, за разлика од наизменичната.

Електричната струја дејствува на човечкото ткиво на неколку начини. Тоа дејствување се манифестира како термичко и електролитско дејство, засновано на физичко-хемиски процеси, како во органската така и во неорганската материја.

Термичкото дејство на електричната струја се манифестира преку изгореници, кои можат да бидат од прв до четврти степен. Ова дејство на електричната струја ги загрева и ги оштетува крвните садови, ги прегрејува нервите, срцето, мозокот и другите органи и во нив предизвикува сериозни функционални оштетувања.

Електронското дејство на електричната струја се јавува во вид на разложување на органската течност и во определен процент, и на крвта, предизвикувајќи со тоа значајни нарушувања во нивниот физички и хемиски состав.

Покрај овие, постои и биолошко дејство на електричната струја, кое се изразува со нарушување на внатрешните биолошки процеси, со што во голема мера се отежнуваат животните функции.

Од дејството на електричната струја што е причина за несреќите, настануваат два вида оштетувања на човечкиот организам, и тоа: електрични повреди; електрични удари; мешани несреќи (и електрични повреди и електрични удари).

Процентуално, овие несреќи изнесуваат: електрични повреди 19%, електрични удари 26%, мешани несреќи 65%, што бара секоја од овие несреќи да ја разгледуваме засебно.

Електричната повреда претставува доста изразено нарушување на целината на организмот предизвикано со електрична струја или електричен лак. Почесто се тоа површински повреди, т.е. повреди на кожата, а поретко на коските. Опасноста од електричните повреди е во сложеноста на нивното лекување, кое зависи од степенот на повредата. Работната способност после излекувањето е целосна или делумна, а многу ретко човекот умира. Карактеристични облици на електричните повреди се:

електрични изгореници, знаци на кожата,

Page 4: D. Arsov - 027, V2

метализација на кожата, механички повреди, повреди на очите, мешани повреди.

Наброените облици на електрични повреди претставуваат сериозни повреди и се јавуваат во 74% случаи, додека другите 26% случаи се лесни повреди кои заздравуваат за 2-3 дена.

Изгорениците се најчести повреди (се јавуваат во 39% случаи) и обично се сретнуваат кај електромонтерите. Разликуваме три вида изгореници и тоа:

струјни или контактни изгореници кои што можат да бидат и внатрешни; изгореници од електричен лак; мешани изгореници.

Струјните изгореници настануваат во постројките до 2 (кV). При повисок напон обично настанува електричен лак или искра, па доаѓа до изгореници од електричен лак. Во 38% случаи тоа се изгореници од I и II степен, а при напон од 380 (V) се јавуваат изгореници од III и IV степен.

Внатрешните изгореници се јавуваат при протекување на електрична струја низ човековото тело. Изгорениците на внатрешните органи се доста сериозни повреди, при што најчесто страда црниот дроб што доведува до труење на организмот.

Лачните нзгореннци настануваат под дејство на електричниот лак на човекот, без протекување на струја низ него. Како по правило овие повреди се јавуваат при куси врски во постројките од 220 до 6000 (V), обично при работа под напон.

Мешани изгореници настануваат со истовремено дејство на електричниот лак, без протекување на електрична струја низ човекот, и се јавуваат во постројките со висок напон, повисок од 1(кV). Повредите се од тежок карактер и често завршуваат со смрт. Електричниот лак може да предизвика изгореници од повисок степен кои се доста длабоки и може да јагленосаат делови од телото.

ЗНАЦИТЕ НА КОЖАТА се претежно со бледожолта боја и представуваат површински повреди на човекот кој бил изложен на дејство на електрична струја. Најчесто имаат кружна форма со пречник од 1 до 5 (mm), со вдлабнатина во центарот. Можат да се јават и во форма на разгрането стебло.

МЕТАЛИЗАЦИЈА НА КОЖАТА - најситните честички на металот, кој е во растопена состојба при куси врски во вид на искри, ги повредуваат незаштитените делови од телото, рацете и лицето, па кожата добива метален сјај. Самите искри содржат мало количество топлина и немаат доволно енергија да ја пробијат облеката. Повредениот на повреденото место чувствува напнатост на кожата поради присуството на туѓо тело, а во некои случаи и болки од изгореница.

МЕХАНИЧКИ ПОВРЕДИ - настануваат поради грчење на мускулите при протекување на струја низ човековото тело. Поради тоа може да дојде до распукување на кожата, прскање на крвните садови и на нервните ќелии. Може да се случи да дојде до кршење на коските, а да не зборуваме до какви повреди може да дојде при паѓање на работникот или при удар со соседните предмети. Овие повреди настануваат најчесто во нисконапонските мрежи при работа под напон, и се карактеризираат како сериозни повреди.

ПОВРЕДА НА ОЧИТЕ - претставуваат воспаление на слузокожата на очите како резултат на мошне голем флукс на ултравиолетовите зраци кои енергично ги пробиваат ќелиските мембрани и во ќелиите на организмот предизвикуваат хемиски промени. Сепак, не е исклучена опасноста на повреда на очите со инфрацрвени зраци и многу силното дејство на блескавата светлост и распрскувањето на растопениот метал. Повредите на очите се чувствуваат 2-6 часа по изложувањето на светлоста.

Page 5: D. Arsov - 027, V2

ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР - се манифестира со возбудување на ќелии на човекот предизвикано со протекување на електрична струја низ неговото тело кое е проследено со контракција на мускулите. Степенот на контракција може да биде различен. Така, при електричен удар разликуваме неколку реакции на организмот:

контракција на мускулите без свест, контракција на мускулите во свесна состојба со испрекинато дишење и работа на

срцето, губење на свест и нарушување на работата на срцето или дишењето, клиничка смрт, т.е. отсуство на дишење и снабдување со крв.

Тежината на повредата од дејството на електрична струја врз организмот на човекот зависи од повеќе фактори, а најмногу од отпорот на човековиот организам, големината на струјата, најзината фреквенција и од индивидуалните својства на човекот. Доколку електричниот удар не доведе до смрт, тој не може да предизвика посериозни повреди. Повредите предизвикани од електричниот удар може да се појават неколку часови, неколку дена или дури неколку месеци по ударот.

Како резултат на електричниот удар може да дојде до: аритмија на срцето, зголемување или намалување на крвниот притисок, како и до некои нервни заболувања.

Околу 80% од настраданите од електрична струја ги сочинуваат повредените од електричен удар. Од овие повреди најчести се повредите со изгореници околу 55%, а 26% поминуваат без повреди. Може да се нагласи дека на секои 140 електрични удари се јавува по еден смртен случај.

СМРТ - претставува наполно прекинување на заемното дејство на организмот со околната средина, односно прекинување на сите основни физиолошки процеси на организмот. Разликуваме два вида смрт, во зависност од моментот на настанувањето:

клиничка и биолошка.

Клиничката смрт претставува преоден период помеѓу животот и смртта и настанува со прекинување на работата на срцето. Кај човекот кој се наоѓа во состојба на клиничка смрт отсуствуваат сите знаци на живот: не дише, не му работи срцето, на болни надразнувања не реагира, очните капаци му се отворени и не реагира на светло.

Поради престанувањето на дишењето и работата на срцето, клетките во кората на големиот мозок, поради недостиг на кислооород, брзо изумираат и, ако не се укаже прва помош на повредениот во наредните 7-8 минути, човекот од клиничка преоѓа во биолошка смрт.

Биолошка смрт (вистинска) - се карактеризира со прекинување на сите биолошки функции и процеси во клетките на организмот. Причините за смрт од електрична струја се следниве:

прекинување на работата на срцето, вентикуларна фибрилација (треперење на коморите на срцето), респираторна инсуфициенција (престанување на дишење), електричен шок.

Прекинувањето на работата на срцето е најсериозна причина која најчесто доведува до смрт. Дејството на струјата врз срцето може да биде директно, кога струјата протекува во областа на срцето, и рефлексно, кога струјата делува на централниот нервен систем. И во двата случаја доаѓа до престанување на работата на срцето или до негова фибрилација. Фибрилацијата на срцето настанува при наизменична струја од 100(mA) и фреквенција од 50(Нz), ако таа тече низ организмот неколку секунди.

Респираторна инсуфициенција- е поправо прва причина за смртта од електрична струја затоа што со неа доаѓа до прекинување на дишењето. Прекинување на дишењето може да настапи уште при 20- 25(mA) и индустриска фреквенција. При појака струја ова дејство се

Page 6: D. Arsov - 027, V2

зголемува. Поради недостиг на кислород доаѓа до прекин на работата на срцето и до клиничка смрт.

Електричен шок - е доста сериозна и тешка нервна реакција на организмот, како последица на силни надразнувања со електрична струја. Електричниот шок се карактеризира со циркулаторна инсуфициенција (опаѓање на крвниот притисок), прекинување на работата на дишењето и т.н. Обично, во почетокот на шокот настапува краткотрајана фаза на возбудување. Кога повредениот реагира на болни надразнувања, му се повишува крвниот притисок. Потоа настапува фаза кога ослабува пулсот и паѓа притисокот. Човекот е во длабока депресија и не покажува знаци дека го познава светот што го опкружува.

Опасностите што со себе ги носи користењето и експлоатацијата на електричната енергија наметнуваат и воведување технички заштитни мерки, со цел за намалување или исклучување на ризикот од електричен струен удар.

Според нашиот стандард, кој е усогласен и со IЕС стандардите, постојат три основни начини на заштита:

во заштита од директен допир (со неа се спречува можноста да се дојде во допир со деловите од електричните уреди и апарати, кои во нормален погон се под напон),

заштита од индиректен допир (со оваа мерка се спречува човекот да дојде во допир со металните делови на ел. уреди и апарати, кои во норрмален погон не се под напон, но, поради некоја грешка или дефект, може да примат опасен напон на допир),

истовремена заштита од директен и индиректен допир.

Овие опасности ги демнат сите оние кои се во контакт, со нисконапонските и високонапонските системи, кои на кратко ќе бидат претставени во продолжение.

3 МОЖНИ РИЗИЦИ И ОПАСНОСТИ ОД ДЕЈСТВОТО НА СТРУЕН УДАР

Вистинскиот напон на кој што се изложува човекот при допир, Ud , е секогаш помал од потенцијалната разлика Ed за падот на напон на преодната отпорност Rs тло – стопало поради ограничената површина на самиот контакт. Ако човечкото стопало се замисли дека претставува кружна плоча со еквивалентен пречник Ds ~ 0,16 m, тогаш преодната отпорност Rs на стопалото приближно ќе биде (каде што со ρp е означена специфичната отпорност на површинскиот слој на тлото):

Rs= ρp2x Ds≈ ρp (1)

Во електроенергетските и во индустриските објекти како и во домаќинствата луѓето можат да бидат изложени на електричен удар од струја со фреквенција 50 Hz.

За жал струите со оваа фреквенција се и најопасни бидејќи ударите со еднонасочна струја или со високофреквентни струи човекот полесно ги поднесува. Затоа, во натамошните анализи, имајќи го предвид предметот на нашето интересирање, ќе се зборува за дејството на струјата со индустриска фреквенција 50 Hz.

До електричен удар доаѓа кога низ човековото тело протекува струја поради премостување на некоја потенцијална разлика. Најопасни се ударите под дејство на струите кои низ човечкото тело се воспоставуваат на релацијата рака – рака и рака – нога бидејќи тогаш струјата минува низ срцето и низ органите за дишење.

Струите што се воспоставуваат на патеката нога – нога се значително понеопасни од претходните. Меѓутоа, од сигурносни причини, во практичните пресметки се смета дека овие струи се подеднакво опасни со претходните.

Последиците од електричниот удар зависат од ефективната вредност на струјата што минува низ човечкото тело Ič и од нејзиното времетраење t.

Page 7: D. Arsov - 027, V2

Врз основа на голем број експерименти, вршени на луѓе и животни, како и на база на реконструкции на голем број несреќни случаи, направена е некаква ориентациона класификација на споменатите дејства на струјата на ударот. Таа е прикажана во табелата 1.

Табела 1. Класификација на дејствата од струен удар

Ič (mA) Д е ј с т в о н а с т р у ј а т а

до 1 mA Не се чувствува.

1 – 9 Благи безболни реакции. Можна е управувана контракција намускулите и отпуштање на делот под напон.

10 – 20 Грчење на мускулите и болки во рацете и градите. Отпуштањето на делот под напон најчесто не е можно. По завршувањето на струјниот удар организмот останува без последици.

20 – 50 Се чувствуваат големи болки и настапува силна контракција на мускулите. Дишењето е отежнато.

50 – 100 Доколку се работи за трајно дејство, можна е и вентрикуларнафибрилација на срцето.

100 – 500 Вентрикуларната фибрилација е мошне веројатна.

> 500 Настануваат изгорници на местото на допирот. Настапува општмускулен тонус којшто ја спречува појавата на фибрилација

Од табелата 1, прикажана претходно, може да се забележи дека струјниот удар со струја под 10 mA е по правило безопасен бидејќи во тој случај е можно отпуштање на делот под напон, без никакви последици.

Гранични струи на оптуштање. Граничните струи на оптуштање при кои може да дојде до отпуштање на фатениот дел под напон, или т.н. “let go – current” се добиени со бројни експерименти на луѓе. Мерењата покажале дека приближно 90% од мажите можеле да го отпуштат спроводникот при струи помали од 12,5 mA, а 50% при струи помали од 16 mA. Кај жените овие струи изнесувале 8 односно 10,5 mA.

Струите од 10 до 50 mA веќе можат да бидат опасни, толку повеќе колку што се поблиску до горната граница 50 mA. Тоа се должи на фактот што лицето погодено со струјниот удар поради неможноста да се одвои од делот под напон ќе биде изложено на трајно дејствување на струјата. Во тој случај под долготрајното дејствување на струјата доаѓа до асфикција, т.е. малаксаност и до престанок на дишењето, губење на свеста и смрт.

Но сепак со примена на вештачко дишење и со масажа на срцето веднаш по одвојувањето на настраданиот од напонот тој може да се поврати во живот без последици. Кај подолготрајни струи од редот на 50 mA до губењето на свеста и до гушење доаѓа веќе во текот на првите неколку минути.

Ако струјата на ударот се движи во границите од 50 до 500 mA обично доаѓа до ациклично неконтролирано треперење на залистоците од срцето – појава наречена “вентрикуларна фибрилација”. Таа доведува до блокирање на работата на срцето и прекин на циркулацијата на крвта во неговото тело. Бидејќи виталните нервни центри не можат да останат без крв повеќе од неколку минути, тоа ќе доведе до смрт на погоденото лице.

Спонтаното реактивирање на срцето по прекинот на струјниот удар е неизвесно и малку веројатно. Вештачкото дишење и масажата на срцето на местото на ударот обично не помагаат погоденото лице да се реанимира и поврати во живот туку е потребна брза специјалистичка интервенција и дефибрилација на срцето со електрошокови. Бидејќи со таква опрема обично не се располага на лице место, вентрикуларната фибрилација во практиката најчесто предизвикува смрт.

Page 8: D. Arsov - 027, V2

Но сепак, на лицето што претрпело електричен удар треба во секој случај да му се два вештачко дишење сè до доаѓањето на медицинскиот персонал бидејќи никогаш однапред не може да се знае исходот од дејството на струјата врз погоденото лице.

4 СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА ВО РАБОТНА ПРОСТОРИЈА

Сите работници, кои работат во компанија која што се занимава со производство, пренос и/или дистрибуција на електрична енергија, должни се да се придржуваат кон прописите, упатствата и наредбите кои се однесуваат на спроведување на заштитните мерки при работа кои гарантираат сигурност во работата.

При работата, работниците се должни да ги користат личните и групни заштитни средства, кои им се доделуваат според претходно изготвен Правилник или Норматив, одговорно да ракуваат со нив, пред употреба да ги проверуваат и истите да ги одржуваат во исправна состојба.

Работникот е должен заштитните средства да ги користи така, да не дојде до нивното оштетување. Воедно, работникот е должен, веднаш да пријави на својот претпоставен раководител за оштетените или исчезнатите заштитни средства.

Исто така, работникот е должен, да ги познава заштитните мерки предвидени со законските прописи и овој Правилник за заштита при работа, за работното место на кое работи.

Работникот има право да одбие да работи на работното место на кое му се заканува непосредна опасност по животот и здравјето а поради неспроведени или неправилно спроведени пропишани мерки за заштита при работа.

Ако работникот одбие да работи или постави барање за неработење поради загрозеност на неговата безбедност, а непосредниот раководител смета дека барањето на работникот е неоправдано, работникот треба веднаш да ја извести писмено Службата за Заштита при работа и Комисијата за заштита при работа во компанијата.

Работникот е должен при стапување на работа, да ги пријави сите психофизички недостатоци кои би можеле да влијаат на сигурноста при работа.

Работникот е исто така должен, да ја извести Службата за заштита при работа, односно надлежниот раководител, ако во текот на работењето, поради болест, несреќа, повреда и сл. изгубил трајно или привремено определени физички и психички својства, кои можат да влијаат на неговата сигурност.

Работникот е должен при распоредување на друго работно место, да биде запознаен со опасностите на работното место и условите при работа.

5 ПОДЕЛБА НА ОБЈЕКТИТЕ ПО ЗОНИ

Според степенот на опасноста, а со цел да се регулира приодот, воведена е поделба на објектите на три зони и тоа:

I зона - е зона на слободно движење, односно зона во која не се потребни предупредувања и напатствија за работа, ниту мерки за заштита. Во оваа зона спаѓаат на пр. погонски простории.

II. зона - е зона на манипулација и контрола. Во втората зона спаѓаат електрични погонски постројски и затво- рени електрични погонски постројки.

III. зона - е зона на опасност околу деловите што се под напон на оддалеченост помала од сигурното растојание.

Во I зона е дозволено слободно движење на работниците од електро струка вработени во компанијата, кои доаѓаат по работна задача. За другите посетители задолжителна е придружба.

Page 9: D. Arsov - 027, V2

Во II зона дозволено е движење на работниците од електро струка вработени во компанијата, кои доаѓаат по работна задача. За сите други работници во зависност од степенот на нивната обученост од областа на сигурноста и опасноста во делот во кој доаѓаат, се оценува во кој дел е потребна придружба, надзор и примена на соодветни заштитни мерки (на пр: носење на шлем оградување на пристап и сл.). Посетителите во оваа зона задолжително мораат да имаат придружба.

Во III зона дозволена е работа само во безнапонска состојба и тоа на:

работници, кои вршат осигурување на работното место; работници, наведени во документот (налогот) за работа после осигурување на

местото за работа лицата за внатрешен и надворешен надзор

Одговорните раководни лица (директори, раководители и др.) можат да влегуваат во објектите 110/35(20)/10 kV без дозвола, но само за набљудување на одстојание од објектот, кој е под напон, во придружба на вклопничарот/диспечерот или одговорното лице за објектот.

Одговорните лица за погон и одржување, можат да влегуваат во постројките 110/35(20)/10 kV во секое време, а останатите работници вработени во компанијата, само со одобрение.

Повремено вработени лица, студенти, ученици на пракса за време на училишниот распуст, можат да влезат во електроенергетските постројки со соодветно одобрение и во придружба со стручно лице, кое ќе ги води.

На лица и групи од електро-машинска и друга специјалност, кои редовно вршат работа на одржување или други работи на опремата, мора пред влегување во постројката, да им се стави на знаење за опасноста, со потпис, во книга за влегување во постројката.

Лица или групи на бравари, молери и други, на кои не им е позната работата на направите и опасностите, (бидејќи тоа) поради степенот на квалификацијата или струката, не можат да го сфатат или разберат, одговорното лице на постројката е должно да ги запознае со состојбата на постројката, опасностите и да им одреди подрачје на движење при работата.

Во случај кога група или поединец не се придружуваат на упатствата, одговорното лице за надзор мора да ја прекине работата и ја одстрани групата или поединецот од постројката. Посети на електро-енергетските постројки може да се вршат со писмено одобрение од Директорот на секторот или раководителот на Службата, со овластено лице кое ги води. Пред да влезат во постројката, водачот ги предупредува на опасностите и се потпишува во книгата за влегување во постројката. Во случај групата или поединците да не се придружуваат на упаствата, одговорното лице е должно да ја прекине посетата и да ја одстрани групата или поединците од постројката.

Бројот на посетителите на групата се одредува така што одговорното лице има постојан надзор над посетителите.

За да се спречи самоволното влегување на надворешните лица во постројките, постројките мора да бидат оградени со ограда висока 2,2 m. Влезните врати мора да се заклучуваат и да се постават знаци за предупредување - „ОПАСНО ПО ЖИВОТ" на оградата околу објектот, а доколку оградата е метална мора да биде заземјена.

6 ЗАШТИТА НА ТЕЛОТО ПРИ РАБОТА

Работниците, кои својата работа претежно ја вршат во седната положба, треба да бидат осигурани со подесени седишта, за потпирање на крстот и нозете.

Кај сите работи, кај кои се во опасност очите и лицето на работникот и тоа поради силна светлина, загревање, испарување и прскање на искри или парчиња од материјалот, работниците треба да носат заштитни очила, штитник за лицето и сл. Средствата треба да бидат лесни и удобни за носење и несмеат да предизвикуваат потење. Ако ваквите работи се вршат во

Page 10: D. Arsov - 027, V2

непосредната близина на другите работни места, тогаш треба ваквите работни места да бидат посебно заградени.

На работниците, на кои за време на работата им се во опасност органите за дишење, треба да им се стават на располагање средства за заштита на овие органи како што се: респиратори, маски, изолациони апарати и сл. Ваквите средства треба да бидат испитани и контролирани и во постојана исправност, како би во потполност одговорила на својата намена. Секоја од овие направи треба да биде подесена спрема корисникот, посебно да се чуваат и постојано да се во исправна и чиста состојба, а по потреба и да се врши дезинфекција.

На работниците, на кои за време на работата им се во опасност рацете, нозете, облеклото и сл., треба да им се остават на располагање заштитни средства, како: нараквици, престилки, заштитни доколеници, заштитни обувки и на нив слични. Овие средства треба да бидат секогаш исправни и треба да бидат во таква состојба да одговараат во потполност на својата намена.

Кај работите кои се вршат во вода или влага, на работниците треба да им се осигураат непропустливи обувки, а ако е потребно е непропустливо облекло.

На работниците, на кои поради работата им се во опасност главата или делови од неа, треба да им се стават на располагање соодветни кациги или шлемови.

7 ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Областа на заштита при работа е регулирана со Законот за безбедност и здравје при работа (Службен весник бр.92/07) и бројни подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон. Во овој Закон се утврдени мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот при организирањето на здравјето и безбедноста на работа како и правата и обврските на вработените.

Овој закон се применува на сите дејности од јавниот и приватниот сектор освен оние кои се регулирани со посебни прописи (Вооружените сили, Полицијата итн).

Тенденција е областа на заштита на работа да се регулира со наметнување на конкретни обврски на работодавачите и вработените. Со донесување на новиот закон за безбедност и здравје и со бројните подзаконски акти кои го следеа новиот закон како и со конкретни чекори од Државните органи во областа на заштита при работа се централизира една досега маргинализирана област. Иако големиот дел од позаконски акти се донесени (преземени) од системи во кои Македонија беше дел сепак има најави на заменување на истите со нови усогласени со оние на Европската Унија како дел од критериумите за членство.

8 ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ

Општи обврски кои му се наметнати на работодавачот се да избира работни методи кои ќе го подобрат нивото на безбедност и здравје при работа (член 5 став 2) и да го прилагоди работниот процес кон способностите на вработените (член 10). Работодавачот ќе дозволи вработените непосредно или преку свој претставник да учествуваат во утврдувањето на недостатоците и подобрување на условите за работа (член 27 и 28) и мора да назначи:

едно или повеќе стручни лица за безбедност (член 19) овластена здравствена установа која ќе врши стручни задачи за здравје при работа (член

17 и член 20) да донесе безбедносни мерки против пожар (член 17) мерки за прва помош и евакуација (член 17) обука на вработените за безбедно извршување на работата (член 17) вршење на прегледи и испитување на работната средина (член 33) следење на здравствената состојба на вработените (член 17)

Работодавачот според Законот за безбедност и здравје мора да изготви и да спроведе изјава за безбедност на секое работно место. Изјавата за безбедност претставува

Page 11: D. Arsov - 027, V2

идентификација на опасностите и проценка на ризиците. Оваа обврска работодавачите имаат рок од две години од стапување на сила на Законот за безбедност и здравје при работа односно до 07.2009 година. Оваа законска одредба не се применуваше поради отуството на издадени дозвола за вршење на стручни работи од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Основните обврски кои Законот му ги наметнува на Работодавачот за да ја организира безбедноста и здравјето при работа, можат да се извршени директно од страна на работодавачот или преку назначување на овластени стручни лица.

Стручните лица во прв поглед ќе имаат обврска да го советуваат работодавачот,да подготвата стручна основа за изјавата за безбедност да вршат контролни прегледи на работното место, да вршат обука на вработените и да даваат конкретни предлози за унапредување на безбедноста и здравјето на работното место.(член 19)

Работодавачот е должен земајќи го предвид технолошкиот процес, да преземе мерки за заштита при пожар или доколку настане да ја намали опасноста на најмала можна мера за да ги заштити вработените.

Во таа насока работодавачот ќе организира и ќе обезбеди евакуација, спасување и прва помош, ќе оспособи лица кои ќе ја спроведуваат евакуацијата, ќе ги запознае вработените со планот за евакуација и ќе спроведе практични вежби најмалку една во две години.(член 24). Доколку на работното место и во работните простории работат до 20 луѓе тогаш најмалку еден од нив ќе биде оспособен за давање на прва помош, гасење пожар евакуација и спасување а над овој број на секои 20 по уште еден.(член 24)

Работодавачот ќе обезбеди соодветни апарати за гасење на пожар и истите ќе ги постави на видно и достапно место и ќе ги сервисира во согласност со подзаконските прописи. (член 8 од Правилникот за изборот на видовите и на количините на противпожарните апарати.)

Работодавачот во случај на непосредна опасност ќе има даде на вработените соодветни упатства за запирање со работа и евакуација и во никој случај нема да ги задолжува вработените со извршување на работни задачи.

Средствата за работа работодавачот ќе ги држи во исправна состојба, а ќе ја проверува исправноста и безбедноста со правење на повремени испитувања (член 33).

9 ПРАВА И ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Вработените генерално треба да соработуваат со работодавачот со давање на мислења, предлози и забелешки. Активната улога на вработениот не претставува само право туку и обврска на вработениот (член 38). Вработените ќе соработуваат и со стручните лица поставени од работодавачот во областа на заштита на безбедноста и здравјето при работа.

Вработените ќе ги почитуваат упатствата од производителот при управување со средствата за работа (член 41).

Вработените имаат право да именуваат претставник кое претставува лице избрано од страна на вработените да ги застапува нивните интереси во поглед на безбедноста и здравјето при работа пред работодавачот (член 3).

Бројот на претставниците ќе зависи од бројот на вработените, со тоа што тој број не може да биде помал од: над десет вработени, се избира еден претставник, двајца претставници на 101 до 500 вработени и тројца претставници кај работодавачот кои имаат над 501 вработен.

Претставникот на вработените има право:

да ги обиколи работните места поради согледување на состојбата во врска со безбедноста при работа;

да разговара со работодавачот за потребите и проблемите на безбедноста и здравјето при работа;

Page 12: D. Arsov - 027, V2

да ја извести инспекцијата на трудот за нејзино посредување, да присуствува, да ги даде своите согледувања и да има увид во записникот составен од страна на инспекторот и

да побара од работодавачот информации и да има пристап до изјавите за процена за безбедноста и извештаите што се обврска на работодавачот и други документи во врска со планирањето и уредувањето на безбедноста и здравјето при работа.

10 ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО

Во Законот за безбедност и здравје при работа, е воведен нов термин, а со тоа и нова постапка во намалување на штетните влијанија кои произлегуваат од секојдневниот процес на работа, кои директно ги засегаат вработените, но во исто време, и работодавачите.

Воведувањето на поимот „ризик“ во македонската лексикографија предвидува дека не постои ниту едно работно место без опасност или ризик од настанување на повреда при работа или професионално заболување. Затоа, според ова гледиште, работодавачот е должен за сите работни места, без исклучок, да изготви т.н. изјава за безбедност, која во себе ќе ги има сите параметри на работното место, опасностите кои се присутни и да направи проценка на можноста од настанување повреда, или професионално заболување кај непосредниот вработен со изложувањето на непосредната опасност/штетност.

Со изведувањето на оваа активност, работодавачот е должен внимателно да испита што при самиот работен процес може да доведе до ги повреди при работа, професионални заболувања и болести во врска со работата и кои мерки на предострожност, или заштита, треба да се преземат, за ризикот да биде намален.

Многу е важно е да се разбере дека самата проценка на ризик не е насочена единствено кон заштита на вработените. Таа, воедно, директно е конципирана да го заштити и самиот бизнис од непредвидени и неконтролирани настани кои, пак, можат за многу кратко време да го доведат до пропаст.

Заради самата комплексност и одговорноста, пред сé, процесот на проценка на ризик не може да биде спроведуван од луѓе кои немаат соодветно образование, соодветно работно и професионално искуство. Затоа, единствено стручни лица (правни и физички) е можно истите да ги вршат по претходно добиено овластување од страна на Министерот за труд и социјална политика.

Проценката на ризик треба да ја извршува тим составен од стручни лица за безбедност при работа, доктори специјалисти по медицина на трудот, експерти од одделни области, а да се вклучени и самите работници и нивниот претставник за безбедност и здравје при работа.

Изјавата за безбедност со проценка на ризик на работното место и работната средина, потребно е да се менува и дополнува во случај:

на фатални повреди на работа со смртни последици и тешки повреда на работа кога постојните мерки за отстранување, намалување или спречување на ризикот не се

доволни, односно не одговараат на проценетата состојба кога проценката е темелена на податоци кои не се веќе ажурни и кога постојат можности и начини за унапредување, односно дополнување на

проценката

Согласно член 5 од Правилникот за начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова процената на ризикот (“Сл.весник на РМ“,бр.02/09), Изјавата за безбедност на работодавачот, треба да содржи особено:

датум на издавање на изјавата; податоци на лицата кои учествувале при изработка на изјавата за безбедност со

проценкa на ризикот податоци за претходни прегледи и испитувања на средствата за работа

Page 13: D. Arsov - 027, V2

податоци за работните места, организациските единици на работодавачот и бројот на вработени

проценка на ризикот и податоци за стручните лица за безбедност при работа и за овластената здраствена

установа

Казнените одредби за неизготвување и неспроведување на изјава за безбедност, спаѓаат во Прекршоци од трета категорија односно глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска против вредност ќе се изрече за прекршок на правното лице, ако не изготви и не спроведе изјава за безбедност во писмена форма, или таа не е изготвена според прописот од членот 11 на законот за безбедност и здравје при работа (член 11 ставови (1) и (4)).

Во суштина, главна цел на проценката на професионалниот ризик е да се заштити здравјето на работниците и да се подобри безбедноста на работата. Во согласност со законодавство од областа на здравјето и безбедноста, работодавачите се оние кои се одговорни за спроведување на активностите за проценка на ризикот.

Проценката на ризикот на работното место се состои од пет едноставни чекори:

Собирање на податоци Идентификација на штетноста Проценка на изложеност и ефектите и дефинирање на степенот на ризик

(прифатлив/неприфатлив) Планирање на превентивни/корективни акции за елиминирање или намалување на

ризикот Документирање на направената проценка на ризикот

За спроведување на соодветна и меродавна проценка на професионалниот ризик на работното место неопходни се следните информации:

локација на работното место; број на експонирани работници; број на работници од вулнерабилните групи (бремени жени, млади работници,

работници со посебни потреби); карактеристики на опремата, материјалните и процесите; опис на работните операции; идентификувани штетности и нивни извори; потенцијални последици; мерки на заштита; веројатност за појава на професионални болести, болести во врска со работата и

повреди на работа.

При тоа, се користат следните извори на информации:

технички подтаоци за опремата, материјалите и супстанциите што се користат во производството;

технолошки постапки и работни протоколи; резултати од мерењата на штетностите на работното место (анализа на работно место); податоци за повреди на работа и професионални болести/регистар; спецификација на својствата на хемиските супстанции/регистар; законски регулативи и технички стандарди; научна и техничка литература.

Покрај овие потребни податоци за проценка на ризикот неопходно е да се направи уште и:

увид во условите во работната средина; увид во карактеристиките на работниот процес; интервју со работниците

Page 14: D. Arsov - 027, V2

11 ЗАКЛУЧОК

Здравјето и безбедноста на работното место е добро за бизнисот, за работниците и за општеството во целина. Лесно е да се заборават овие факти кога се наближуваат крајните рокови и целите за производство. Во таквите моменти, наместо безбедноста и здравјето да се третираат како „бирократски товари“, поважно е сега отколку кога и да е порано да бидеме свесни за ризиците на работното место.

Модерените, функционални и хармонизирани систем за здравје и безбедност на работа, какви што се воспоставени во многу развиени земји и во сите земји-членки на ЕУ, базично се ориентирани кон потребата за сочувување и зголемување на економските интереси на работодавачите Токму поради тоа како неминовност се наметнува што побрзо имплементирање на европското законодавство, нормите и стандардите на Европската унија (ЕУ), Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Светската здравствена организација (СЗО) во областа на безбедноста на работа и здравјето на работниците.

Благодарејќи на проценката на Меѓународната организација на трудот и Австриската агенција за развој за потреба од подобрување на состојбите во безбедноста и здравјето на работа, изготвен е и соодветен Прирачник за проценка на професионалниот ризик како основна алатака за вовед во правилата и прописите за правилно обезбедување на безбедно работно место.

Работодавачите и менаџерскиот тим на деловните субјекти се тие кои треба да се уверат и да ги согледаат придобивките од добро интегрираниот систем за безбедност и здравје при работа и да сфатат дека средствата вложени во безбедност и здравје при работа се инвестиција која несомнено се враќа бидејќи е јасна и директна врската помеѓу социјалното однесување на една компанија и нејзината вкупна вредност и репутација во деловниот свет. Постојат неколку начини на кои работодавачите и менаџерите ја сфаќаат безбедноста и здравјето при работа или култура на безбедност и здравје при работа.

Повредите на работно место како и професионалните болести се поврзани со здравството, но паралелно се поврзани и со економијата бидејќи, практично, работата е економска активност. Економската перспектива на безбедноста и здравјето при работа ги опфаќа како причините за настанување на повредата на работното место така и последиците од настанот. Од тука следи и заклучокот дека станува збор за многу широка перспектива на која што не може да и се одреди крајната точка бидејќи ниту причините, ниту последиците за несреќите и повредите на работно место ниту пак познавањето од областа на безбедност и здравје при работа може да се стави во некоја рамка. Сето тоа е процес кој е континуиран и кој континуирано треба да се следи со цел подобрување на целокупната состојба од оваа пред се хумана област водејќи се од принципот на умереност и пристапот чекор по чекор кој принцип е секогаш поуспешен од преамбициозен модел кој не дозволува прилагодување на промените кои неминовно настануваат во овој процес.

Големите компании веќе подолго време ја препознаваат важноста од добро воведениот систем за безбедност и здравје при работа за нивниот имиџ, со тоа се докажува дека станува збор за компанија која е општествено одговорна и која демонстрира повисоки стандарди на коорпоративно управување. Но целта е и малите и средните компании да ја спознаат важноста од имплементирањето на добар систем за безбедност и здравје при работа, пред се во однос на исполнувањата на барањата на деловните клиенти или партнери кои инсистираат да работат со коппании кои ги пошитуваат правилата и принципите за безбедно извршување на работните задачи. Интегрирањето на безбедноста и заштитата при работа во секојдневното деловно работење како составен дел од целокупните деловни планови овозможува компанијата да постигне одржлив раст на продуктивноста и ефикасноста како и одржување на стабилно и рентабилно работење што несомнено резултира со зголемена конкурентност на компанијата, и зголемување на потенцијалот да се задржат постоечките клиенти и да се освојат нови пазари каде би се зголемиле деловните активности. Затоа е битно да се подигне свеста кај клучните носители на одлуки во една компанија во своите краткорочни и долгорочни деловни планови да ги вклучат и плановите за безбедно извршување на задачи во рамките на организацијата.

Page 15: D. Arsov - 027, V2

Но колку и да се трудиме да се подобрат усоловите во областа на безбедност и здравје при работа и колку и да се свесни работодвачите од важноста на добро импленетираниот систен за безбедно извршување на работни задачи сепак несреќите, заболувањата и повредите поврзани со работата во повеќето професионални сектори за жал се уште се случуваат. Воведување на превентивни и заштитни мерки на работните места со цел да се гарантира безбедноста и здравјето на работниците на нивните работни места е повеќе од потребно. Неопходно е да сите вработени а посебно помладите работници да бидат свесни за значењето на превенцијата и на почнат да негуваат култура на превенција од несреќи при работа и професионални заболувања. Создавањето на контролирано работно опкружување подразбира и зголемена свест на секој поединец за ризиците на работното место. Тоа значи дека треба да се создаде таков пристап кој истовремено е глобален и превентивен, кој ги промовира придобивките од работата и воедно ќи ги помине границите на обична превенција од специфични ризици.

Воведувањето на превентивни мерки значи дека е подобро да се “лечи” повреденото работно место отколку повредениот работник. Затоа првиот елемент треба да биде образованието и тоа како нераздвоен дел од наставната програма во училиштата и во високообразовните институции. Но овој елемент најважна е континуираната обука.

Обуката треба да биде распоредена во редовни временски интревали и да биде прилагодена на реалноста на секојдневното извршување на работните обврски. Пристапот кон превенцијата од ризици се остварува и преку вториот елемент а тоа е подигнување на свеста за истите. Треба работниците и сите оние кои се директно поврзани со работниот процес како и сите кои го организираат истиот да бидат свесни за ризиците кои се појавуваат во текот на работниот процес. Предвидувањето на нови ризици и ризици кои може да се појават било да се од техничка природа или се предизвикани од фактор човек се од пресудно значење во системот на превенција.

Сепак како императив на секој деловен субјект треба да биде заштитата на најважниот ресурс – човечкиот ресурс, а особено од аспект на безбедност и здравје на работното место бидејќи на секој деловен субјект му се потребни здрави работници и работници кои се задоволни од начинот на остварување на мерките за заштита при работа.

12 ЛИТЕРАТУРА

[1] R. E. Hester, R.M. Harrison; Sustainability and Environmental Impact of Renewable Energy Sources, The Royal Society of Chemistry UK, 2003

[2] National Fire Protection Association. National Electrical Code 1999. NFPA 70-1999. Quincy, Mass.

[3] NIOSH (1998). NIOSH Alert: Worker Deaths by Electrocution; A Summary of NIOSH Surveillance and Investigative Findings. U.S. Department of Health and Human Services, Public Health Service, Centers for Disease Control and Prevention, National Institute of Occupation Safety and Health.

[4] Straatsma, Glen W. Electrical shock syndrome. Alaska Medicine. 129–130. November 1973.[5] James C. Cawley, Gerald T. Homce, Occupational Electrical Injuries in the United States,

1992-1998, and Recommendations for Safety Research, J Saf Res 2003 Aug; 34(3):241-248,[6] Бенџамин, О. А.: „Основни принципи за здравје и безбедност при работа“,

Меѓународна канцеларија на трудот, Женева, 2011[7] Жбајнова, В.: „Обврски кои произлегуваат од законот за безбедност и здравје при

работа“, Списание на Рафајловски консалтинг, год 11, бр. 11, Скопје, 2008[8] Ivanjac, M. / Luković, S. /Dragica M.: „Bezbednost i zdravlje na radu“, Sindikalni prirucnik,

UGS “Nezavisnost Beograd”[9] Linhard, J.B.:”Understanding the return on health, safety and environmental investments”

Journal of safety research, 2005[10] Roxane, L.: “Occupational safety and health and economic performance in small and medium

sized enterprices”, European Agency of Safety and Health at Work, Luxembourg, 2009

Page 16: D. Arsov - 027, V2

[11] Стојчевски, Б.: „Планирање на безбедноста и здравјето при работа“ Фондација „Фридрих Еберт“ Скопје, 2010

[12] Фидановски, М.: „Безбедност и здравје при работа“, Списание на Рафајловски консалтинг, год 11, бр. 12, Скопје, 2007

[13] Закон за енергетика – (Службен весник на Република Македонија бр.16/11)[14] Alexandra Von Meier (2013). Electrical Engineer 137A: Electric Power Systems. Lecture

2:Introduction to Electric Power Systems, Slide 33[15] Ачковски, Р., Заземјувачи и заземјувачки системи во електричните мрежи, ФЕИТ;

Скопје, 2008[16] Petersen, D.: “Safety Management: A Human Aproach” – American society of safety

engineers 2004. [17] Petersen, D.: “Safety by Objectives “ - New York John Wiley and Sons 1996 [18] Petersen, D.: “Techniques of Safety Management: A system approach” – American society of

safety engineers 2003. [19] Linhard, J.B., “Understanding the return on health, safety and environmental investments”

Journal of Safety research, 2005