19
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ “ - БИТОЛА Е К О Н О М С К И Ф А К У Л Т Е Т - П Р И Л Е П С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А О С Н О В И Н А Е К О Н О М И Ј А Т А ТЕМА : Д Е В И З Е Н К У Р С М Е Н Т О Р : И З Р А Б О Т И Л:

Devizen kurs 1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Devizen kurs

Citation preview

Page 1: Devizen kurs 1

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ “ - БИТОЛА

Е К О Н О М С К И Ф А К У Л Т Е Т - П Р И Л Е П

С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А

О С Н О В И Н А Е К О Н О М И Ј А Т А

ТЕМА :

Д Е В И З Е Н К У Р С

М Е Н Т О Р : И З Р А Б О Т И Л:

Проф. д-р Сашо Атанасоски Душко Радевски

Page 2: Devizen kurs 1

ПРИЛЕП, 2008

Соджина:

Вовед..................................................................................2Поим и суштина на девизниот курс.........................................2Видови девизен курс ..........................................................3

Фиксни Девизни Курсеви........................................................3Флексибилен девизен курс.......................................................4Флуктуирачки девизен курс......................................................5Раководен флексибилен девизен

курс: .........................................6Единствен и повеќекратни девизни курсеви: .................................6Реален девизен курс...............................................................6

Реалните девизни курсеви во транзициските економии...............7Реален девизен курс во Република Македонија..........................8Реален и девизен курс како однос помеѓу цени на разменливи и неразменливи стоки.....................................................................................8Формирање и одржување на девизниот курс на денарот.........................9Регулација на девизниот курс.................................................10Заклучок..............................................................................10Користена Литература...........................................................11

1

Page 3: Devizen kurs 1

Вовед:

Целта на овој труд е да дискутираме за девизниот курс и како овој девизен курс влијае врз макроекономските и структурните движења во економијата. Во современитe економски и финансиски односи во светот прашањето за формирање и одржување на девизните курсеви и нивното користење во практиката претставува едно од најкомплицираните прашања. Исто така треба да се напомени дека одржувањето и приспособувањето на девизните курсеви кон современи услови зависи од широк спектар на фактори и односи во рамки на секоја национална економија, во регионални и меѓународни рамки. На тековите на меѓународната размена, на формирање на цените по кој се врши таа меѓународна размена влијаат голем број на фактори меѓу кој девизниот курс е еден од најважните фактори и игра многу значајна улога. Цените по кои се врши меѓународната размена се изразуваат во различни парични единици со што се среќаваат голем број на валути. За претворање на една валута во друга неопходно е соодветно мерило по кое би се извршило вреднувањето на валутата. Купувачот за да може да го изврши плаќањето во валута која тој ја бара, купувачот мора да купи таков вид на валута.Домашната валута на курсот претставува мерка за вредноста на таа стока низ која се изразува цената. Цената на девизите инаку се вика девизен курс. Девизниот курс ни ја покажува цената по којашто една валута се разменува со друга валута. Како и сите добра и услуги и сите фактори на производство така и девизниот курс се формира на пазар кој што е наречен девизен пазар и е под влијание на понудата и побарувачката на девизи.

Поим и суштина на девизниот курс:

Кога се разгледува поимот и суштината на девизниот курс, речиси секогаш се има во предвид соодносот помеѓу вредноста на домашната валута и странските валути. Според ова можеме да го дефинираме девизниот курс како:

Девизниот курс претставува цена на странските валути изразена во домашна парична единица

Девизниот курс покажува колку домашни парични единици треба да дадеме за една или повеќе странски парични единици.

Според тоа, Секоја странска валута претставена на домашен пазар претставува девиза и има своја цена т.е. девизен курс.

Многу често поимот девизен курс се изедначува со поимот валутен курс, не сепак постојат разлики помеѓу овие два поими.

2

Page 4: Devizen kurs 1

Поимот валутен курс можеме да го дефинираме како цена на паричната единица на една ( најчесто странска земја) изразена во парични единици на друга (најчесто домашна) земја. Валутните операции денес се вршат по пат на пресметување помеѓу банките, а овие операции се вршат со банкарски означувања. Во повеќето земји ( како и во Република Македонија) банките согласно со девизните прописи, продаваат странски валути по курс кој што е повисок од оној службениот овој курс уште се нарекува и продажен курс, а купуваат по курс кој што се нарекува куповен курс кој што е понизок од службениот. Разликата која што се јавува помеѓу продажниот и куповниот курс има карактер на приход на банката. Валутните курсеви ги објавуваат банките во таканаречени курни листи во кој што се означуваат цената на една или сто единици на странска валута во домашна. Единствен исклучок прави Велика Британија каде што валутниот курс се искажува на тој начин што се означува цената на домашната валута во други странски валути.

За да го дефинираме девизниот курс мора да појдеме од неговото потесно и пошироко дефинирање. Потесното дефинирање веќе го спомнавме односно тоа е: цената на странската валута на која гласи девизата изразена во домашна валута . Во зависност пак на состојбата на пазарот на девизи, девизите различно се пресметуваат спрема рокот на нивното довтасување односно колку брзо би се исплатиле. Највисока цена имаат девизите кој што можат да се наплатат уште истиот ден кога се купени пример со телеграфските ознаки а пак пониска цена имаат девизите што се испраќаат во странство по пошта и тие обично се исплатуваат во време од 10-13 дена од моментот на нивното купување пример: чековите, акредитивите и поштенските ознаки.

При поширокото дефинирање на девизниот курс се појдува од поширокото дефинирање на девизите. Девизите претставуваат не само краткорочни побарувања што гласат на странски валути, туку и ефективни странски пари (валути), девизниот курс можеме да го дефинираме како односна вредноста на домашните и странските валути или цената на една национална валута изразена во друга валута.

Понекогаш девизите и валутните курсеви се означуваат заедничко име интервалон курс.

Видови девизен курс:

Денес националните стопанства во светот се наоѓаат во различна економска состојба и услови за стопанисување, со што се формираат основните детерминанти при формирањето на девизните курсеви и нивните валути Девизните курсеви можат да се групираат во неколку групи, во зависност од начинот на определување на вредноста на домашниот пазар и од начинот на определување на односите на вредноста на определување на определувањето на односите на вредноста на националната валута и вредноста на валутите од другите национални економии. Тие групи се:

Фиксни девизни курсеви Флексибилни девизни курсеви Флуктуирачки девизни курсеви Раководен флексибилен девизен курс Единствен и повеќекратни девизни курсеви Реален девизен курс

Кој од овие девизни курсеви државата би ги одбрала за девизен курс на својата валута, Зависи од концепцијата на економската политика на земјата, од стабилноста или нестабилноста на економијата состојбата и движењето на девизните курсеви на позначајните и водечко валути во светот и други фактори.

3

Page 5: Devizen kurs 1

1. Фиксни Девизни Курсеви:Фиксниот девизен курс1 е формиран во период на системот на златната валута односно период во кој што сите валути се споредуваа со цената на злато. Така на пример, една англиска фунта била еднаква на вредноста на 7,08738 грама злато, а еден американски долар вредел колку што вределе 1,41748 грама злато. Во вакви услови многу лесно можело да се утврди девизниот курс на националните парични единици бидејќи единствено што требало да се направи е само да се споредат количината на злато содржани во различните национални парични единици. Со помош на ова споредување на златото со доларот или со фунтата можеме и меѓусебно да ги споредиме фунтата и доларот односот нивниот сооднос е 1:5 бидејќи фунтата содржела пет пати поголема количина на злато во однос на американскиот долар.

Позитивни карактеристики на овој девизен курс се:a) Довербата што ја има валутата со фиксен курс во меѓународниот прометб) Фиксниот курс претставува цврста основа за определување на рентабилитетот на увозот и извозот в. Укажува на тоа која стока може да се произведе во земјата при поповолни услови отколку во странство

Негативни карактеристики на овој девизен курс се:а) Фиксниот девизен курс механички ги пренесува во домашното стопанство сите нарушувања што настануваат на светскиот пазар.б) Не создава услови за водење на самостојна монетарна и стопанска политика в) Во услови да постоење на фиксни девизни курсеви, доаѓа до потчинување на домашното производство на целите на валутната политика на пример ако се покачат домашните цени повеќе од светските цени, ќе се намали извозот и ќе се зголеми увозот при што монетарните власти ќе бидат присилени да реализираат намалување на оптекот на парите,

По распаѓањето на системот на златната валута не постоеја услови за автоматско функционирање на системот на фиксни девизни курсеви. По втората војна направени се обиди за совладување на некој проблеми во врска со системот девизни курсеви со основањето на меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Основните цели на овој фонд се: Постигнување на стабилност на девизните курсеви, укинување на девизните ограничувања и др. Согласно со Статутот на ММФ секоја земја која што е членка е должна да го утврди паритетот на својата валута во согласност со ММФ и понатаму да го одржува овој паритет со дозволени мали отстапувања од +/- 1 до 2.24 %

Исто така интересно е да се спомне дека фиксниот девизен курс автоматски функционирал во системот на златна валута односно кога се одливало златото од земјата, каматните норми растеле, а кога златото се враќа во земјата каматните норми опаѓаат и целата оваа постапка континуирано се повторувала.

2. Флексибилен девизен курс:Овој систем се јавил како последица на неадекватноста на фиксниот и

флуктуирачкиот девизен курс во условите што се карактеризираат со постоењето на состојба на внатрешна и надворешна стопанска нерамнотежа. При формирањето на флексибилниот курс може да се појави потреба за интервенција доколку постојат одредени нарушувања во билансот на плаќање. Интервенциите се реализираат со настапување на централната банка и многу често се надополнуваат и со мерки на монетарната кредитна и фискална политика и имаат цел да се врати девизниот курс на бараното ниво. За разлика од фиксниот девизен курс кој

1 Fixed exchange rate4

Page 6: Devizen kurs 1

што при своето формирање диктира отвореност на стопанството спрема странство, со што ја тера земјата да се приспособи кон движењето на светскиот пазар, при формирањето на флексибилниот девизен курс на земјата и е овозможено да определи правци на економска политика без непосредна зависност при тоа од состојбата и движењето во билансот на плаќање со тоа може да се заклучи дека земјата има поголема слобода при водењето на економската политика што не е случај со фиксниот девизен курс. И покрај тоа што во минатото овие флексибилни девизни курсеви беа помалку користени од фиксните девизни курсеви и беа предмет на дискусии што им претходеа на конституирањето и реформата на Меѓународниот монетарен систем, со активирањето на специјалните права на влечење определен облик на флексибилни девизни курсеви, сепак се сретнуваше во практика.

3.Флуктуирачки девизен курс:Системот на Флуктуирачки девизен курс2 се карактеризира со тоа што се

формираат слободно врз основа на понудата и побарувачката на девизниот пазар. Овој девизен курс ја означува точката на која што се израмнува понудата и побарувачката на девизи. Флуктуирачкиот девизен курс беше критикуван поради честите измени во курсот кои доведуваат до несигурност, висок степен на ризичност и можност од страна на економските субјекти. Во многу земји каде што функционирал овој девизен курс излезот е побаран во интервенцијата на централната банка со цел да се стабилизираат флуктуациите на девизните курсеви. Флуктуирачките девизни курсеви имаат свои позитивни и негативни страни.

Позитивни страни на флуктуирачките девизни курсеви се:а) Системот на флуктуирачки девизни курсеви го штити домашното стопанство од определени притисоци што доаѓаат од надвор;б) При постоење на флукутирачки девизен курс не се јавува потреба од често менување на паритетот на домашната валута како резултат на нестабилната ситуација во стопанството во земјата;в) Овој девизен курс е погоден за оние земји кои што поради подолгата примена на ригорозни девизни ограничувања не се во состојба да определат релативно реален девизен курс;г) Флуктуирачкиот девизен курс овозможува определување на вредноста на домашната валута по пат на понудата и побарувачката на домашната валута во однос на валутите на другите странски земји.

Негативни страни на флуктуирачките девизни курсеви се:а) Поради тоа што не постои стабилен девизен курс не постои определено стабилно мерило врз основа на кое би се приспособувале купувачите и продавачите на стоки, односно увозниците и извозниците на стоки и услуги;б) Слободно флуктуирачкиот девизен курс предизвикува определени нарушувања на домашното стопанство, пред се поради честите промени во приходите кај увозниците и извозниците, а со тоа и во движењето на стоковите цени во земјата;в) При постоење на флуктуирачки девизни курсеви флуктуирањето на девизниот курс е резултат на шпекулативните движења на краткорочните капитали;г) Поради тоа што не создава услови за постоење на една сигурност во поглед на висината на девизниот курс, овој систем го отежнува движењето на долгорочните капитали;

2 Free float exchange rate5

Page 7: Devizen kurs 1

д) Системот на флуктуирачки девизни курсеви многу често предизвикува состојба на дефлација.Овој девизен курс можеме да го објасниме со еден прост пример:На пример ако дојде до снижување на флуктуирчкиот девизен курс за 15% иако цените на домашните производи останале непроменети, за странските увозници тие ќе бидат поевтини за 15%. Едновремено, странските стоки за домашните увозници ќе поскапат за 15% и обратно доколку пак, дојде до покачување на флуктуирачкиот девизен курс за 15% тогаш ќе се создаде обратна ситуација од претходната како и за домашните така и за странските купувачи.

4.Раководен флексибилен девизен курс:Во современите услови постои т.н. раководен девизен курс. Заедничка карактеристика на слободно флуктуирачкиот девизен курс и раководниот флексибилен девизен курс е во тоа што во двата случаи се работи за приспособуван девизен курс3. Тука девизниот курс е релативно стабилен и е многу постабилен од слободно флуктуирачкиот девизен курс. Овој девизен курс за разлика од флуктуирачкиот девизен курс не е резултат на понудата и побарувачката на девизи и валути на девизниот пазар. Поместувањата што се вршат во паритетот се благи, ограничени, контролирани и покажуваат тенденција за движење во правец на курсот на рамнотежата.

5. Единствен и повеќекратни девизни курсеви:Доколку за сите видови економски трансакции во светот се користи еден

девизен курс, тогаш станува збор за користење на единствен девизен курс, меѓутоа можно е во исто време да се користат повеќе девизни курсеви, со различни распони помеѓу нив. Тогаш станува збор за повеќекратни девизни курсеви. Овие девизни курсеви којшто ги утврдува државата покрај службениот девизен курс имаат за задача да ја поттикнуваат или да го кочат плаќањето во странство. Друга карактеристика на повеќекратните девизни курсеви е тоа што овие курсеви се наоѓаат помеѓу фиксниот девизен курс и флуктуирачките девизни курсеви. Системот на повеќекратни девизни курсеви се појавува во 1920 година во повеќе земји на Латинска Америка, во 1930 година овие повеќекратни девизни курсеви се користат во Германија, а по Втората Светска Војна речиси сите земји користеле повеќекратни девизни курсеви бидејќи се чувствуваше недостиг на доларот на САД како водечка валута во меѓународните плаќања. Повеќекратните девизни курсеви имаат позитивни и негативни страни. Негативни последици се: Тие курсеви влијаат на односи на цените кои преку увозот и извозот се рефлектираат и на внатрешниот пазар. Исто така како негативна последица може да се додаде и влијанието на тие курсеви на замаглувањето на мерилата на продуктивноста и замаглувањето на споредувањето на ефикасноста на националното производство во однос на производството во други национални економии.

6. Реален девизен курсПонудата на домашни стоки на светскиот пазар, и побарувачката на

странски стоки на домашниот пазар многу зависат и од релативните цени на стоките што важат на светскиот пазар. Според ова девизниот курс има

3 Adjustable exchange rate 6

Page 8: Devizen kurs 1

значајно влијание врз економските и финансиските односи на една национална валута во странство. Реалниот девизен курс е оној девизен курс којшто го изедначува општото ниво на цените во националната економија со општото ниво на цени во странство: Исто така реалниот девизен курс можеме да го дефинираме како: Релативната цена на странските стоки и услуги изразена преку домашните стоки и услуги. Реалниот девизен курс може да се набљудува и како номинален курс што значи цената на странските пари изразена преку домашните пари но соодветно прилагоден за нивото на цени во земјата во странство. Доколку домашните и странските цени, изразени во иста валута не се движат заедно, реалниот и номиналниот девизен курс се раздвојуваат. На пример, доколку странските цени се зголемуваат повеќе од домашните цени реалниот девизен курс ќе депресира 4 (стагнира) доколку номиналниот девизен курс останува непроменет и обратно доколку номиналниот курс расте тогаш реалниот девизен курс останува непроменет. Затоа, поважно е да се разбере суштината и детерминантите на реалниот девизен курс а потоа да се проучува номиналниот девизен курс на краток рок.

За определување на реалниот девизен курс постојат два основни пристапи и тоа екстерен и интерен девизен курс, но исто така треба да се напомени дека овие два пристапи имаат и свој подваријанти

Екстерни реални девизни курсевиЗаедничко за сите варијанти на екстерниот реален девизен курс е тоа што

при дефинирањето номиналниот девизен курс се корегира со разликите во нивоата на цените или трошоците помеѓу земјите. Односно за да се приспособи номиналниот девизен курс се користи соодносот помеѓу нивото на цените во странство и нивото на цените во домашната економија. Во рамките на екстерните реални девизни курсеви постојат повеќе алтернативни формулации кои произлегуваат од различни пристапи. Тие пристапи се: Пристапот на Хинкл и Монтиел, МанделФлеминговиот модели третиот е пристапот на паритетот на куповната сила (ПКС) кој што воедно претставува и традиционалното дефинирање на реалниот девизен курс.

Интерни реални девизни курсевиЗаедничко за интерните реални девизни курсеви е тоа што тие се дефинираат како сооднос меѓу домашната цена на разменливите и неразменливите добра во рамките на една земја. Во овој случај реалниот девизен курс претставува индикатор за поттиците за алоцирање на ресурсите во домашната економија во секторот на разменливи и секторот на неразменливи добра Затоа што соодносот на цената се мери во рамките на една домашна економија овој девизен курс е наречен интерен девизен курс. Значењето на овој интерен реален девизен курс особено доаѓа до израз за оние земји кој што се наоѓаат во улога на ценоприфаќачи. Бидејќи ценовната еластичност за овие добра на светскиот пазар е бесконечна.

Реалните девизни курсеви во транзициските економии:

Од почетокот на транзицијата во раните 90-ти години, валутите во повеќето земји од Источна Европа забележаа реална депрецијација5 во однос на главните светски валути. Тоа беше така заради што валутите во земјите кој што беа под командни стопанства беа силно преценети. Соочени со ризикот од загуба на девизните резерви и неисполнување на целите за стабилизација политичарите застанаа на страната на подценетоста отколку на страната на преценетоста на

4 Застој карактеризиран со недостиг на побарувачка на стока, ниско ниво на цените итн.5 (лат. de-, pretium цена, вредност)опаѓање (обезвреднување) на вредноста на парите,

7

Page 9: Devizen kurs 1

домашната валута. На пример во Македонија во 1993 година па наваму стапката на педперијација на денарот започна значајно да заостанува во однос на стапката на инфлација. Во 1993 година, германската марка апрецираше6 за приближно 130% во однос на денарот, додека инфлацијата достигна и до 230%, во 1994 стапката на номиналната апрецијација беше 2%, додека во Македонија стапката на инфлација изнесуваше 55%. Во 1995 година, девизниот курс беше фиксен (согласно со “стенд бај” аранжманот) а стапката на инфлација изнесуваше 9.2%: Друг доста клучен фактор кој ја зајакна реалната апрецијација во тој период беше значителниот прилив на капитал поврзан со санкциите на ООН врз Србија. Во 1997 година, политичарите беа принудени да ја девалвираат домашната валута за 16% , поради падот на побарувачката на пари. Новите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство можат да очекуваат големи приливи на капитал бидејќи тие целосно ги либерализираа капиталните текови, ова секако ќе изврши притисок врз девизните курсеви и се разбира дека овој притисок би бил нагорен. Како што покажува искуството на многу економии во подем големите капитални приливи создаваат потенцијал за пресврт посебно во случајот со приватните претпријатија и текови, а тука спаѓаат и странските директни инвестиции, но многупати пресвртите во капиталните текови беа поврзани со валутни кризи и големи економски трошоци. Генерално меѓу развиените и транзициските економии постои значителна разлика во нивните режими на девизен курс. Со оглед на големите разлики помеѓу овие земји не постој единствен режим на девизен курс кој што ќе биде единствен соодветен за сите земји. Според сето ова можеме да заклучиме дека за транзициските економии е потребна систематска и континуирана проценка на урамнотежаниот реален девизен курс.

Реален девизен курс во Република Македонија

Република Македонија е специфичен пример во однос на остварувањето на реалниот девизен курс. Имено, наспроти трендот на апрецијација забележан во сите земји кој што биле во транзиција реалниот ефективен девизен курс на денарот покажува тренд на депрецијација, со исклучок на девалвацијата во јули 1997 година и девалвацијата на српскиот динар во 2000 година. Поради оваа специфика во Македонија направени се многу студии една од клучните студии е студијата на Локо и Тулата. Тие велат тоа е предизвикано од промената на квалитетот на стоките кој се произведуваат. Односно поради тоа што во изминатиот период Македонија не оствари значајно повисока продуктивност во секторот на разменливи добра исто така посочен е и бавниот процес на економска трансформација.

1. Реален и девизен курс како однос помеѓу цени на разменливи и неразменливи стоки

При анализата на реалниот девизен курс во Република Македонија, користени се следните претпоставки: Како сновен индекс користен е индексот на трошоците за живот, а како базна година се зема 1999 година. Со цел разграничување на цените на разменливи и цените на неразменливи стоки, индексот на цени на стоки во рамките на индексот на трошоците за живот се користи како замена на цените на разменливи стоки, а индексот на трошоци за живот се користи како замена за цените на неразменливи стоки. Во анализираниот период 1995-2005 година во Македонија присутен е тренд на апресицијација ( намалување) на реалниот девизен курс пресметан како

6 (лат appretiatio) -одредување на цената.

8

Page 10: Devizen kurs 1

однос на домашните цени на разменливи стоки и цените на неразменливите стоки. Притоа, можеме овој период да го разграничиме на два периода и тоа првиот период од 1995 до 2000 кој што се карактеризира со релативно стабилни движења и умерена апресицијација на реалниот девизен курс но со тек на времето доаѓа до пораст на цените поради воведувањето на данокот на додадена вредност порастот на нафтата и електричната енергија поради ова доаѓа до вториот период односно периодот од 2001-2005 кој што се карактеризира со позначајна апрецијација на реалниот девизен курс кој во просек изнесува 4,1 % причини кој што треба да се напоменат поради порастот на цената е зголемувањето на ПТТ услугите комуналните услуги зголемување на цената при регистрирање на возилата зголемување на цената на нафтата и др.

2.Формирање и одржување на девизниот курс на денарот Девизниот курс претставува еден од најосетливите инструменти на економската политика во секоја земја, спрема тоа и во нашата земја. Со оглед на тоа што девизниот курс претставува однос на размената на една валута за друга односно секоја самостојна земја има една и своја национална валута, со тоа и логички е да секоја земја да има своја определена политика на девизен курс: Оваа политика во себе содржи два односа а) Однос на девизен курс спрема сите параметри на националната економска политика б) Однос на сопствената национална валута спрема валутите на другите земји што претставува интервалутарна компонента на девизниот курс.

Девизниот курс се дефинира како меѓусебен однос на вредноста на две валути. Се изразува или како странска валута искажана во домашни пари пример 1$ е исто што и 48 денари или домашна валута искажана во странски пари на пример 1 денар е исто што и 0,026$ Во Република Македонија се практикува првиот пример.

Курсот на денарот на девизниот пазар се формира слободно согласно со понудата и побарувачката на девизи. Народната банка на РМ (НБРМ) е онаа која што го пропишува начинот на формирање на курсот на денарот. Во сегашни услови постои можност за избор на режим на девизен курс. Можеме да избираме од следниве режими: Слободно Флуктуирачки девизен курс Управувано флуктуирачки девизен курс фиксен девизен курс и монетарен одбор. Во Република Македонија после нејзиното осамостојување и со назначувањето на денарот за официјална валута беше прифатен режимот на формирање и одржување на фиксен девизен курс на денарот. Прифатен е овој режим поради стабилизирање на макроекономската политика со што се намали и стапката на инфлација која што во тој период беше доста висока. Но овој режим се покажа како нереален бидејќи економската состојба во земјата беше поинаква и не создаде услови за формирање на реален фиксен девизен курс на денарот

Движење на курсот на денарот спрема германска марка во период од 1990-1995

30.06.1990 100 DM 702,10 ДЕН31.12.1990 100 DM 702,10 ДЕН30.06.1991 100 DM 1.303,90 ДЕН31.12.1991 100 DM 1.303,90 ДЕН

9

Page 11: Devizen kurs 1

30.06.1992 100 DM 39.000,000 ДЕН31.12.1992 100 DM 76.556,28 ДЕН30.06.19937 100 DM 1.469,00 ДЕН31.12.1993 100 DM 2.574,91 ДЕН30.06.1994 100 DM 2.677,10 ДЕН31.12.1994 100 DM 2.621.14 ДЕН30.06.1995 100 DM 2.646,03 ДЕН

Податоците во оваа табела упатуваат на движењето на номиналниот едективен курс на денарот во однос на германската марка односно оваа табела покажува движењето на денарот. Исто така оваа табела покажува колку денари се потребни за 100 германски марки во периодот од 1990-1995

Нереално формирање на девизниот курс на денарот и економската констелација во Македонија упатија кон потребата за преминување во режим на флуктуирање на девизниот курс односно флуктуирачки девизен курс ова преминување со случи во октомври 1992 година. Со одлуката на девизната политика на Република Македонија во 1994 внесена е одредба со која девизниот курс на денарот ќе се формира слободно во согласност со движењето на понудата и побарувачката на девизи на девизниот пазар. Со одлуката на девизната политика на Република Македонија во 1995 внесена е определба според која се продолжува со спроведувањето на политика на флексибилен пазарен девизен курс.

Регулација на девизниот курс:

Наједноставен случај за регулирање на курсот е пропишување на званичен курс по кој единствено можат да се извршуваат сите трансакции со странски валути. При тоа обично се утврдува курсот на една клучна валута на пример САД-Долари и од тој курс потоа ќе се добијат курсевите за сите други валути кој посредно или непосредно по фиксниот курс се врзани со доларот тоа е, по правило, максимираната цена на странска валута и како таква не е цена за рамнотежа. Рековме “по правило”, Бидејќи во системот за девизни ограничувања може званичен курс да биде и минималната цена, по него домашната валута да биде потценета, на пример случајот во Шведска при крајот на 1 светска војна, но тоа е поредок и од практично гледиште помалку интересен случај. Во нормалните услови на слободниот пазар девизниот курс е резултат на понудата и побарувачката и тој курс се зацврстува на нивото на кое понудата и побарувачката се израмнуваат. Званичниот курс во тој поглед е една ненормална појава која што не е во согласност со економскиот закон за понуда и побарувачка. Но економските закони, како и природните, не можат обессилат можно е само нивното дејствување во извесна, ограничена мерка просторно или временски да егзистира, но во овој или оној облик тие односи сепак ќе дојдат до израз на пример при определувањето на званичниот курс на црната берза

Заклучок:Девизниот курс е една од клучните макроекономски проблеми и има значајно влијание врз ефикасната алокација на ограничените економски ресурси. Анализата на девизниот курс во овој труд е фокусирана на: суштината на девизниот курс видовите и посебно значење има девизниот курс во транзициските земји а особено во Македонија. При тоа резултатите од овој труд

7 Извршена деноминација на денарот за 100 во мај 199310

Page 12: Devizen kurs 1

можеме да ги сумираме на следниов начин: Во првиот дел анализирана е суштината на девизниот курс. Односно за да можеме да ја сфатиме суштината на девизниот курс мора прво да го разбереме поимот и да ги разграничиме некој поими како што се девизен курс девизен пазар девизна политика и др. Во следниот дел разгледана е разликата помеѓу девизните курсеви. Во рамките на овај дел прикажани се основните групи. Ваквите групи постојат поради нееднаквиот економски развој на економиите, политичкиот режим, некој историски настани кој што директно влијаеле врз девизниот курс и друго. Сепак најповеќе се задржавме на транзициските земји затоа што и Македонија е една од нив. Во овој дел на трудот анализирана разликата помеѓу транзициските економии и економиите кој што имаат понапреден развој. Исто така опишан е и историскиот развој на земјите и како транзицијата и инфлацијата влијаела врз девизниот курс. Во четвртиот дел анализиран е девизниот курс во Република Македонија и формирање и одржување на девизниот курс на денарот. исто така овој дел е збогатен и со табеларен приказ на кој што можеме да го набљудуваме историскиот развој на денарот во однос на германската марка. И за крај анализирана е регулацијата на девизниот курс односно кој се начините за регулација на девизниот курс.

11

Page 13: Devizen kurs 1

Користена Литература:

http://www.finance.gov.mk/mk/bilteni/09-10-03/statii_9-10_5.pdf http://www.undp.org.mk/datacenter/publications/documents/

EWNov2004mac.pdf Теоретски аспекти и мерење на реалниот девизен курс, издавач: Народна

банка на Република Македонија , година на издавање: 2007 ноември Девизен и надворешнотрговски систем, издавач: Секретаријатот за

информации на Собранието на СФРЈ, година на издавање: 1977 Девизна политика, автор Ивановски Зоран, Издавач Европски

Универзитет, година на издавање 2006 Девизна економија , автор: Јовановски Тихомир, издавач: Мисла –

Скопје, година на издавање: 1995 Надворешно трговско и девизно работење, автор: Стојменов Борис,

издавач: Холдинг компани – Скопје, година на издавање: 1993 Девизни Ограничувања, автор: Вјекослав Мајхенер, издавач Универзитет

Скопје, година на издавање: 1966

12