24

Click here to load reader

Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Содржина

Вовед...........................................................................................................................................3

Поим и видови на девизи..............................................................................................................4

Поим и суштина на девизниот курс...............................................................................................6

Функции на девизниот курс...........................................................................................................8

Девизниот курс, стопанските движења и стабилизациона политика..............................................8

Формирање и одржување на девизните курсеви...........................................................................9

Биланс на плаќањата со странство.............................................................................................12

Шема на билансот на плаќањата................................................................................................14

Заклучок.....................................................................................................................................16

2

Page 2: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Вовед

Среќаваме во сите национални економии национална валута која претставува национална парична единица, национален симбол на таа национална економија. Националната парична единица во една национална економија ги врши своите функции. Во една национална економија, не можат да функционираат пари на друга држава.

Околу функционирањето на парите како светски пари, треба да се разгледаат и разберат неколку клучни поими кои се поврзани со нивната функција:

Валута – поим кој има неколку значења: парична единица на националната економија на една држава. Таа е ефективна странска пара.

Девизи – станува збор за краткорочни побарувања што гласат на странска валута. Валутен и девизен курс – валутниот курс се дефинира како цена на една држава,

краткорочно побарување во странска валута искажано во домашна валута, или девизниот курс ни ја покажува цената по која една валута се разменува за друга валута.

Конвертибилност – претставува поим што се дефинира како способност на една национална валута да биде заменета со злато или за некои други валути.

Секоја земја има валута во која се изразени цените на стоките и услугите – доларот во САД, еврото во Германија, фунтата стерлинг во В. Британија, јенот во Јапонија и токму преку девизните курсеви можеме да ги споредуваме цените на стоките и услугите произведени во различни земји.

Поим и видови на девизи

3

Page 3: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Парите на една национална економија се јавуваат во странство како во вид на ефективна странска пара или валута и во вид на краткорочни побарувања во странски пари или девизи.

Девизата означува странска меница, меница што гласи на странска валута и која треба да се плати во странство.

Странскиот девизен резидент како корисник на побарувањата во странство добива девизи кои претставуваат побарувања во странска валута. Девизите како побарувања во странска валута претставуваат специфична стока што се купува и продава на девизниот пазар. За домашниот резидент или имателот на девизи тие не претставуваат пари затоа што тој ќе добие домашни пари откако ќе ги продаде девизите на девизниот пазар или ќе ги презентира кај некоја банка за наплата.

До Првата светска војна поимот девиза бил врзан за мениците што гласеле на странска валута и се плаќале во странство и за нив во земјата била оставена противвредност во домашни пари. Целта била да го олеснат платниот промет помеѓу оддалечените места со различни валути и да обезбедат сигурност во платниот промет помеѓу тие места. Подоцна поимот девизи се поместува кон побарување на странски средства за плаќање на сметките во странски банки.

Од макроекономски аспект во денешни услови девизите можат да се дефинираат како побарувања што ги има едно национално стопанство во валути на другите национални стопанства. Побарувања што имаат третман на девизи би биле: побарувања на банките по тековни сметки кај странските банки, чекови во меници што гласат на странски валути и влечени од странски банки, примени акредитивни налози, кредитни писма, телеграфски налози и други хартии од вредност што гласат на странски валути.

Кога се дефинираат девизите се поаѓа од две стојалишта: потесно и пошироко дефинирање на поимот девизи. Според првото потесното стојалиште за девизи се сметаат сите краткорочни побарувања во странство по било кој основ, во било која валута и без оглед на начинот на располагање со девизите. Според ова дефинирање странските пари што се наоѓаат во рацете на домашните девизни резиденти не претставуваат девизи. Според второто поширокото стојалиште, поимот девизи ги опфаќа и странските пари што се наоѓаат кај домашните девизни резиденти.

Од теоретски аспект и во практична примена, во повеќето земји е прифатено првото, потесното стојалиште, со тоа што се прави разлика помеѓу поимот и суштината на валутите и девизите.

Според Законот за девизно работење (Службен весник на Република Македонија бр.30 од 14.05.1993 година) под девиза се подразбираат сите видови побарувања од странство, настанати под било кои основи, а гласат на странска валута, како и сите видови ефективни странски пари, освен ковани златни пари.

Од стопанско-политички аспект девизите се групираат во две групи: слободни и врзани девизи.

Слободните девизи се дефинираат како побарувања во странство во такви видови странски средства за плаќање со кои нивните сопственици би можеле да располагаат за слободно плаќање на побарувањата во земјата или пак за плаќање во некоја друга земја. Како синоними на слободните девизи се споменуваат конвертибилните, здрави или цврсти девизи.

Врзаните девизи гласат на краткорочни побарувања во странство, во странски средства за плаќање, побарувања што би можеле да се користат само за договорени видови плаќања. Тука се вклучуваат и побарувањата изразени во некоја посредничка валута. Како синоними на врзаните девизи најчесто се споменуваат неконвертибилните, слабите, меките или клириншките девизи.

Поделбата на девизите на слободни и врзани се прави и од аспект на взување на вредноста на валутите на кои валути гласат девизите. Како слободни девизи се сметаат девизите што гласат на валути чија вредност официјално не е врзана за вредноста на некој објективен стандард , за вредноста на златото или вредноста на некоја стабилна валута на трета земја. Бидејќи не постои врзување на вредноста на валутата за вредноста на некој објективен стандард, интервалутната вредност на тие валути се формира врз основа на слободната понуда и побарувачка. Врзани девизи се нарекуваат краткорочните побарувања во странски средства за плаќање чија вредност е врзана, утврдена во однос на вредноста на некој објективен стандард. Објективниот стандард на чија вредност се врзуваат вредностите на валутите на одделни земји,

4

Page 4: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

претставува еден вид заеднички именител и врз основа на тој именител се формира и интервалутарната вредност на валутите на тие земји.

Девизите се делат и од аспект на можноста да се изврши трансфер на побарувањата на кои гласат девизите. Според оваа поделба слободните девизи се девизи кои гласат на конвертибилни девизи и што можат да се конвертираат, и да се претворат краткорочните побарувања од една валута во краткорочни побарувања во друга валута. Ако девизите ја немаат оваа карактеристика се нарекуваат врзани девизи.

Може да се спомнат уште и следните видови девизи: меки, цврсти, клириншки, конвертибилни, прометни, термински, стоковни, нестоковни, иселенички туристички, ефективни, пресметковни и други.

Меки девизи се нарекуваат краткорочните побарувања што гласат на странски валути чија куповна сила не е стабилна, не се конвертибилни за други валути. Во стопанствата каде што се користат тие валути ги карактеризира постоење на нестабилни односи внатре во стопанствота и постоење на дефицит во билансот на плаќањата, а нивниот валутен курс се одржува со интервенции што ги чини државата.

Цврсти девизи се краткорочни побарувања што гласат на странски валути чија куповна сила е постојана. Имаат стабилен валутен курс и во значајна мера се конвертибилни за други валути. Стабилноста на куповната сила на странските валути и нивната конвертибилност се резултат на постоење на стабилност на односите внатре во стопанството и на урамнотеженоста на билансот на плаќањата.

Клириншките девизи се краткорочни побарувања што гласат во странски валути. Побарувања од странство што резултираат од побарувања од некои земја со која што размената и плаќањата се вршат по пат на клиринг. Клириншките девизи се јавуваат како резултат на постоење на позитивно клириншко салдо на една земја во однос на друга со која е склучена клириншка спогодба. При клириншки начин на плаќање, формираното позитивно клириншко салдо може да се користи само за купување во земјата каде што тоа клириншко салдо се формирало и не може да се користи за плаќање на трета земја.

Конвертибилни девизи, краткорочни побарувања што гласат во странски валути, се девизи кои можат слободно да се менуваат, да се конвертираат за други девизи, за други краткорочни побарувања во странски валути врз основа на утврден паритет. Конвертибилните девизи од аспект на заменливоста можат да бидат потполно конвертибилни, ограничено конвертибилни, побарувања во валути што не се конвертибилни.

Прометните девизи претставуваат такви побарувања во странски валути што достасале, побарувања со кои може веднаш да се располага и тоа во зависност од карактерот на девизите, во зависност од тоа дали се валутите на кои гласат девизите конвртибилни или не се и во зависност од режимот на користење на валутите.

Терминските девизи претставуваат побарувања во странски валути кои не можат веднаш да се користат, туку по истекот на однапред договорениот рок. Терминските девизи се купуваат поради обезбедување од курсниот ризик или од чести шпекулативни мотиви, сакајќи да се заработи на разликите во курсот.

Поим и суштина на девизниот курс

Кога се зборува за девизните курсеви, за нивното формирање, одржување и приспособување кон современите услови, колку што е благодарно исто толку е тешко да се биде доследен, а понекогаш дури е ризично да се биде разбирлив. Ќе наведеме само неколку причини за тоа.

Прво, во современите услови на економски и финансиски односи во светот, теоретската разработка на прашањата за формирање и одржување на девизните курсеви и нивна апликација во практиката претставува едно од најсуптилните и најкомплицираните прашања.

5

Page 5: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Второ, формирањето, одржувањето и приспособувањето на девизните курсеви кон современите услови зависат од широк спектар на фактори и односи во рамките на секоја национална економија, во регионални и меѓународни рамки.

Трето, при постоење на односи меѓу развиениот север и неразвиениот југ не може да не се јави економски, финансиски, и монетарен полицентризам кој што реперкутира формирање на девизни курсеви одделно и под влијание (во услови) на монопол на одделни национални економии, односно како што некои економисти изјавуваат во услови на тиранија на валутите на одделни национални економии.

Четврто, во услови на криза, и би рекле, во услови на распаѓање на Бретонвудскиот монетарен систем кога во современиот свет се повеќе доаѓаат до израз последиците од економското и валутното војување, формирање и одржување на девизните курсеви на валутите на одделни национални економии, не може а да не биде под влијание на негативностите кои со себе ги носат таквите услови.

За разгледувањето на поимот и суштината на девизниот курс, секогаш, се има во предвид соодносот помеѓу вредноста на домашната валута и странските валути. Секогаш, поимот на девизниот курс се изедначува со поимот валутен курс. За да може да се согледа разликата помеѓу валутниот и девизниот курс, ќе стане збор за поимот и суштината на валутниот курс а потоа за поимот и суштината на девизниот курс.

Валутниот курс се дефинира како цена на паричната единица на една странска земја изразена во парични единици на друга домашна земја. Ги изразува односите на вредностите помеѓу валутите, ги изразува и односите на интервалутните вредности помеѓу валутите на одделните национални економии, освен терминот валутен курс се користи и терминот интервалутен курс. Валутните операции денес се вршат по пат на пресметувања помеѓу банките, а самите тие операции се вршат со банкарски дозначувања. Валутниот курс тогаш обично ја претставува цената на телеграфското дозначување со кое една банка и дава на друга банка, по налог на нејзиниот комитент, да исплати определен износ на странска валута.

Во повеќе земји и во Република Македонија банките, согласно со девизните прописи, продаваат странски валути по курс кој е малку повисок од службениот и тој курс се нарекува продажен курс, додека купувањето на странски валути по малку понизок курс од службениот се нарекува куповен курс. Разликата што се јавува помеѓу продажниот и куповниот курс има карактер на приход на банката и се користи за покривање на манипулативните трошоци и за надоместок за евентуално изгубениот интерес.

Банките ги објавуваат валутните курсеви во т.н. курсни листи, во кои обично се означува цената на една или сто единици на странската валута во домашна (по пат на таканареченото директно котирање) како што е случај во повеќето земји или пак, курсевите се искажуваат на тој начин што се означува цената на домашната валута во други странски валути (по пат на индиректно котирање) како што е случај во Велика Британија.

Службениот валутен курс го определува државата (најчесто во вид на валутен паритет во злато или во некоја светска валута), постојат и неслужбени валутни курсеви што се формираат на разни валутно-девизни пазари. При постоењето на фиксни, службени валутни курсеви и конвертибилност на валутите, берзанскиот курс на валутата на некоја земја не би можел многу да отстапува од службениот курс. Доколку постојат разлики во понудата и побарувачката на една валута на повеќе девизни берзи, а со тоа и различни валутни курсеви на таа валута на берзите, разликите помеѓу нив се израмнуваат по пат на диференцијацијална арбитража помеѓу одделни берзи.

Ако вкупната понуда на некоја валута на девизниот пазар дојде во таква неусогласеност со вкупната побарувачка за таа валута со што се создаваат услови за формирање на валутен курс што отстапува од службениот валутен курс над или под опуштените отстапувања (тие отстапувања за валутните курсеви на валутите на земјите-членки на Меѓународниот монетарен фонд во почетокот беа 1 %, а подоцна 2,25%), државата по пат на валутна интервенција на берзата влијае на враќањето на висината на валутниот курс во рамките на дозволените отстапувања.

Постењето можности за формирање на валутните курсеви на "сивите", и на "црните" пазари, тогаш се формираат "сиви" или "црни" валутни курсеви" Постојат и флексибилни или променливи валутни курсеви кои се формираат кога вредноста на валутниот курс на некоја земја

6

Page 6: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

не е службено фиксиран (не е фиксен курс) со валутен паритет во злато или во некоја друга валута, туку се дозволува слободно формирање на висината на валутниот курс врз основа на понудата и побарувачката на валути на пазарот.

Ако валутниот курс на валутата на една земја е определен во иста висина за вршење на сите валутни операции, станува збор за единствен валутен курс. Ако пак, се пропишуваат (од страна на државата) различни валутни курсеви за различни валутни операции, или за меѓународни плаќања, по одделни основи, се врши диференцијација на курсевите, станува збор за диференцијални (повеќекратни) валутни курсеви.

При обидот да се дефинира девизниот курс, се поаѓа од неговото потесно и пошироко дефинирање. Тргнувајќи од дефинирањето дека девизите се краткорочни побарувања што гласат на странски валути, девизниот курс се дефинира како цена на странска валута на која гласи девизата изразена во домашна валута (или во некоја друга валута), односно девизниот курс претставува сооднос помеѓу вредноста на валутата на која гласи девизата и вредноста на домашната валута.

Девизниот курс при тоа покажува колку домашни парични единици се даваат за една или сто парични единици што се добиваат за девизата од побарувањата во странска валута.

При поширокото дефинирање на девизниот курс се тргнува од поширокото дефинирање на девизите. Тргнувајќи оттаму дека девизите претставуваат не само краткорочни побарувања што гласат на странски валути, туку и ефективни странски пари (валути), девизниот курс се дефинира како однос на вредноста на домашните и странските валути или цената на една национална валута изразена во друга валута, односно цената по која се пресметуваат, купуваат и продаваат валутите и девизите. Девизниот курс се дефинира како цена на странската валута во домашни пари. Понекогаш девизните и валутните курсеви се означуваат со заедничко име интервалутарен курс.

Потребата да се формираат валутни и девизни курсеви произлегува оттаму што во одделни национални економии, во некои земји, како резултат на постоењето на валутните и девизните прописи, се создадени национални валути кои без разлика на тоа каков е нивниот квалитет, претставуваат дефинитивно и законско средство за плаќање внатре во определеното валутно подрачје.

Куповната сила на валутата на една земја може да дојде до израз надвор од границите на таа земја само на посреден начин, по пат на размена, менување за друга .валута, за валута на друга земја. Размената на домашната валута со валутите на другите земји се врши со посредство на валутниот односно девизниот курс.

Во современи услови девизниот курс не е чиста економска категорија. Без разлика на тоа дали се работи за фиксен курс кој што ужива доверба или фиксен курс кој што не ужива доверба (лажен фиксен курс), или пак за слободен флуктуирачки курс, девизниот курс денес претставува подрачје на помали или поголеми интервенции на монетарните власти.

Функции на девизниот курс

Цените по кои се врши меѓународната размена се изразуваат во различни парични единици кои ги имаа, доколку станува збор за валути на членки на Меѓунродниот монетарен фонд, за заеднички именител во почетокот златото, доларот на САД и англиската фунта, подоцна златото и доларот на САД, уште подоцна само доларот на САД, а сега специјалните права на влечење (SDR). Заедничкиот именител овозможува искажување на вредноста во еднакви споредливи големини. Девизните курсеви на одделните валути се, во суштина, номинални односи на различните тежини на златото односно на вредноста на некои девизи, односно на вредноста на SDR. За да може домашната валута со успех да ја врши функцијата на мерка на вредноста, потребно е да се утврди реално нејзиниот паритет и тоа на нив о на кое девизниот курс би можел непречено да функционира. Затоа, со реално одмерување на девизниот курс во движење на стоки и капитал, би можеле да се менуваат сите други чинители, освен девизниот курс.

Ако се напуштат постојните цврсти девизни курсеви или се премине кон ограничување на конвертибилноста на домашните и странските валути, може да се предизвика одвојување на домашниот од странскиот пазар, со што се намалува или дури исклучува можноста за меѓународно движење на капиталот. Што се однесува за прометот на стоки и услуги, тој и натаму

7

Page 7: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

се врши, но при постоењето на определени ограничувања со кои се обезбедува такво ниво на домашните цени кои, во целина или поединечно, значајно отстапуваат од нивото на цените во странство.

Ако девизниот курс на националната валута е курс на рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на девизите и валутите, односно помеѓу понудата и побарувачката на домашната валута на краткорочни побарувања од странство што гласат на домашна валута, тогаш таквиот девизен курс може да се јави во функција на средство кое ќе влијае на урамнотежување на билансот на плаќањата.

Девизниот курс во суштина претставува еден вид "генерална цена" по која се валоризира националниот производ на трудот кога тој се конфронтира со националниот производ на трудот на другите земји, тој во себе кондензира се што влијае на содржината на секоја друга домашна цена. Секоја национална економија реализира определена "своја" политика на девизен курс која што во основа го содржи, од една страна, односот на девизниот курс спрема сите други параметри на националната економска политика и, од друга страна, помеѓу сопствената национална валута и валутите на другите земји, односно интервалутарниот аспект на политиката на девизниот курс.

Девизниот курс, стопанските движења и стабилизациона политика

Во системот на златната валута кога валутниот паритет (како вредносен однос помеѓу домашните и странските валути) се одржуваше, при нормални околности, непроменет во еден подолг временски период, се водеше стопанска и финансиска политика со која се приспособуваше куповната сила на домашната валута кон нејзината надворешна, интервалутна вредност. Врз основа на тоа, обемот на паричната маса беше детерминиран со промените во билансот на плаќањата, а домашните цени мораа преку паритетот што тогаш важеше да бидат во постојана рамнотежа со нивото на цените во странство. Тоа значи дека во системот на златната валута цврстите девизи - курсеви имаа за претпоставка и за последица изедначување (нивелирање) на домашните цени. со цените во странство. Со тоа надворешниот пазар (при апстрахирање на постоењето на царински бариери) по пат на девизниот курс се изедначуваше со внатрешниот пазар.

Напуштањето на системот на златна валута се премина кон реализирање на политиката на манипулирање на девизните курсеви со која се настојуваше да се одржува рамнотежа во билансот на плаќањата.

Промените и нарушувањата во структурата на светското стопанство по Втората светска војна покажаа дека речиси е не можно да се одржува рамнотежа во билансот на плаќањата по пат на манипулирање на девизните курсеви.

Стопанството на една земја, до определен степен, мора да се приспособува кон условите на надворешниот пазар и промените кои што се јавуваат во него, како резултат на општиот развој ,развојот на техниката и технологијата или под дејството на конјуктурните движења. Адаптирањето на домашното стопанство кон условите на светскиот пазар ќе биде дотолку поцелосно, доколку стопанството понепосредно се вклучува во светскиот пазар, т.е. доколку трошоците на производството и внатрешните цени во поголема мера одговараат на надворешните цени и трошоци.

Предуслов на надворешната стабилност е поклопувањето на структурата на цените во земјата и во странство. Ако структурата на цените во земјата е дефинирана не може да постои надворешна стабилност што, помеѓу другото, важи и за внатрешната стабилност. За да се постигне тоа, и земјата непосредно да се вклучи во меѓународната поделба на трудот, потребно е во стопанството да постои поадекватен девизен курс, како фактор кој што овозможува позитивните дејства на надворешниот пазар да дејствуваат и во домашното стопанство и тоа преку формирање на цените. Меѓутоа, приспособувањето не смее да оди дотаму, што да дејствува во насока на забавување на развојот на економскиот систем и материјалното производство. Напротив, треба да ги поттикнува, внесувајќи ги оние економски категории на надворешниот пазар кои ја прошируваат размената и му обезбедуваат место на домашното стопанство во меѓународната поделба на трудот, со што го забрзуваат неговиот развиток.

8

Page 8: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Прашањето за воспоставувањето на единствени паритети на цените, единствен девизен курс (еден курс) или повеќе курсеви е во тесна врска со прашањето за одржување на надворешна или внатрешна рамнотежа на цените.

За разлика од другите стоковни цени, девизниот курс е доста чувствителна цена. Во современиот свет, за разлика од стоковните цени кои се недоволно флексибилни, нееднакво флексибилни и пофлексибилни во движењето нагоре отколку во движењето надолу, промените во девизниот курс (како специфична цена) се јавуваат побрзо, постојано и просто автоматски.

Затоа, за да се сочува стабилноста на стопанството, потребно е навреме (дури и предвреме) да се стават во движење корективните мерки кои што ќе дејствуваат спротивно на дејствувањето на променетиот девизен курс.

Формирање и одржување на девизните курсеви

Националните пари на домашниот пазар се само мерка на вредноста или мерило на цената. Парите како такви на домашниот пазар немаат своја цена, туку во нив се изразуваат цените на сите останати стоки. Тие на домашниот пазар не се стока. Спротивно на тоа, странските валути (ефективните пари на другите земји) на домашниот пазар на една земја се стоки и имаат своја цена наречена девизен курс. Домашната валута формира девизен курс на странските девизни пазари.

Валутата на една земја со преминувањето во друга земја го губи својството на законско средство за плаќање, но, тоа не значи дека во другите земји таа ја губи сета своја вредност. Напротив, националната валута на една земја во другата земја добива својство на стока која резидентите на таа земја ќе бидат спремни да ја купат како секоја друга стока која задоволува определени нивни потреби. Цената која тие резиденти се спремни да ја платат за странската валута претставува, истовремено, определен однос (валутен односно девизен курс) по кој валутата на една земја се претвора во друга валута.

Кога парите ќе излезат од сферата на внатрешната циркулација и ќе преминат во меѓународната циркулација, се претвораат во стока (специфична стока) која што подлежи на законите на стоковнЈт пазар без оглед што тој пазар е имперфектен.

Станува збор за тоа дали постои рамнотежа помеѓу куповната сила на парите и нивниот паритет, односно рамнотежа помеѓу куповната сила на парите и нивната интервалутна вредност, поточно, станува збор за формирањето на девизниот курс.

Девизниот курс на странските валути на домашниот пазар, односно на домашната валута на странските пазари се формира, спрема тоа, како што се формира цената на секоја друга стока.

Ако девизниот курс ја претставува цената на валутите, односно девизите како специфични стоки, тој треба да ја израмни понудата и побарувачката на валути и девизи на девизниот пазар на определена висина (на определена точка) која што се нарекува рамнотежен девизен курс. Бидејќи висината на девизниот курс зависи од понудата и побарувачката на валути, односно девизи на девизниот пазар во што, секако, е вклучена и интервенцијата на централните банки, во крајна инстанца, висината на девизниот курс ќе зависи од состојбата во билансот на плаќањата на земјата за чија валута, односно девиза се определува самиот девизен курс.

Од аспект на надворешната рамнотежа на стопанството на земјата, од аспект на состојбата во билансот на плаќањата и висината на девизниот курс, би можело да се зборува за постоење на две различни состојби. При состојба кога постои дефицит во билансот на плаќањата и покачување на девизниот курс на странските валути, односно девизи, кога се намалува интересирањето за увоз (поради подобрените услови за работа), се намалува увозот, се зголемува извозот и повторно се воспоставува рамнотежа во билансот на плаќањата. Слични движења и состојби би се реализирале, доколку би се реализирал актот на монетарната власт наречена девалвација, се разбира, доколку се исполнат и потребните предуслови за успешно реализирање на девалвацијата. При обратна состојба, кога постои суфицит во билансот на плаќањата и плаќање на девизниот курс на странските валути, односно девизи, се зголемува интересот за увоз (поради влошувањето на условите за размена). Тогаш ќе се зголеми увозот, ќе се намали извозот и повторно се воспоставува рамнотежа во билансот на плаќањата. Такви движења и состојби би се реализирале, доколку би се реализирал актот на

9

Page 9: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

монетарната власт наречен ревалвација и доколку се исполнат потребните предуслови за успешно реализирање на ревалвацијата.

Девизниот курс формиран само врз основа на состојбата во билансот на плаќањата не може да биде курс на рамнотежа, бидејќи не се води сметка и за состојбата во рамките на националното стопанство, за состојбата на внатрешната економска и монетарна рамнотежа. Тоа е затоа што девизниот курс на рамнотежата треба да го одржува билансот на плаќањата во рамнотежа во еден разумен период, и тоа без да се применуваат инструменти на увозната контрола и без да се предизвикува во домашното стопанство состојба на инфлација и дефлација.

Доколку, при формирањето на девизниот курс, посебно на девизниот курс на рамнотежа, се води сметка за влијанието на тој курс за одржување рамнотежа во билансот на плаќањата, за тоа да не се користат инструменти на увозната контрола и рестрикција и да не се предизвикува внатрешна економска и монетарна нерамнотежа, во основа станува збор за ех ante формирање на рамнотежен девизен курс. Така формираниот девизен курс, секако, ќе треба во практичното функционирање да се, тестира, да се види дали е тој вистински курс на рамнотежа.

Доколку девизниот курс влијае на состојбата во билансот на плаќањата и на внатрешната економска и монетарна рамнотежа и доколку одржува надворешна и внатрешна рамнотежа на националното стопанство, тој е рамнотежен курс. И самата состојба во билансот на плаќањата и степенот на внатрешна стабилност на националното стопанство, од своја страна, влијаат на висината на девизниот курс, а со тоа и на формирањето на тој курс како рамнотежен курс. Доколку при користењето на ех ante формираниот рамнотежен курс се јави состојба на дефицит или суфицит во билансот на плаќањата на земјата, променетата состојба во билансот на плаќањата ќе влијае на менувањето на висината на девизниот курс и ќе се формира рамнотежен курс ех post. Ако, пак, во земјата постои состојба на инфлација (покачување на цените и намалување на куповната сила на парите), девизните курсеви на странските валути и девизи ќе растат и рамнотежата ќе се воспостави на ново, повисоко ниво, на девизниот курс, девизниот курс ех post ќе се разликува од девизниот курс формиран ех ante. Обратно, ако во земјата постои состојба на дефлација (намалување на цените и зголемување на куповната сила на парите), девизниот курс на странските валути и девизи ќе паѓа и рамнотежата ќе се воспостави на ново, пониско ниво на девизниот курс. Девизниот курс ех post ќе се разликува од девизниот курс формиран ех ante. Спрема тоа, на висината на девизниот курс и на формирањето на рамнотежниот девизен курс не влијае само состојбата во билансот на плаќањата (надворешната рамнотежа), туку и паритетот на куповната сила на валутите како резултат на состојбата во стопанството (внатрешната рамнотежа). Доколку девизниот курс на една валута не е курс на рамнотежа, таа валута и нејзиниот курс ќе бидат под притисок се додека не се изврши приспособување на страната на курсот или на страната на нивото на цените во земјата. Должината на времето во кое валутата на една земја може да го издржи притисокот од странство на нејзиниот девизен курс, во основа зависи од висината на менетарните, односно девизните резерви на земјата.

Начинот на формирање на девизниот курс, посебно на рамнотежниот девизен курс, подразбира отсуство на интервенција на девизните и монетарните власти, на кој и да е начин, и потполно слободно формирање на девизниот курс по пат на дејствувањето на понудата и побарувачката на валутите и девизите на девизниот пазар. Денес таквиот начин на формирањето на девизниот курс не се користи.

Денес девизните курсеви се формираат како фиксни девизни курсеви или како флексибилни, односно флуктуирачки девизни курсеви (пливачки девизни курсеви) врз основа на понудата и побарувачката на валута, односно девизни и тоа во определени рамки на флуктурирање над или под ех ante формираниот девизен курс (за земјите-членки на Меѓународниот монетарен фонд = 2,25%) при истовремено постоење можност за користење на инструменти на увозната контрола и стимулирање на извозот по пат на даночни рефакции и други мерки. До март 1973 година членките на ММФ биле de facto во состојба да бираат различни политики на девизни курсеви. После први април 1973 година кога стапи во сила Вториот амандман на Спогодбата на ММФ, земјите-членки на ММФ стекнаа и de jure право да избираат флуктуирачки девизен курс или врзан девизен курс. Секоја земја-членка на ММФ може да избира една од опциите на формирање на девизниот курс на нејзината валута. Имено, доколку ја прифати опцијата на формирање на девизен курс на својата валута по пат на флуктуирање, тоа флуктуирање може да биде: независно флуктуирање, флуктуирање со група валути чии курсеви

10

Page 10: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

флуктуираат и врзување на флуктуирањето за определени индикатори. Доколку, пак, земјата-членка на ММФ прифати опција на формирање на девизен курс како врзан девизен курс, тогаш се формира девизен курс по пат на врзување за одделни валути (евро, долар, фунта стерлинга, француски франк) или врзување за кошничка на валути (специјални права на влечење или други кошнички на валути). Која опција на формирање на девизниот курс земјата-членка ќе го прифати, во основа зависи: од структурата на нејзиниот постоечки финансиски сектор, имајќи го во предвид и нејзиниот пазар на пари и девизен пазар: од валутната структура на меѓународните трговски односи и нивната ценовна еластичност од структурата на меѓународните односи меѓу кредиторите и дебиторите и девизните резерви и: од економските пореметувања (високата стапка на инфлација или IIpOмените во условите на размената - Terтs ofTrade)

При формирањето и утврдувањето на девизните курсеви се јавува значајна хетерогеност која се согледува во различноста на монетарните системи на одделните земји, различните системи за либерализација и разликите во начинот на кој се вршат меѓународната трговија и меѓународните плаќања, влијанието на традицијата, стекнатите навики и методи разработувани и користени во минатото.

Кога се зборува за формирање и одржување на висината на девизниот курс на една национална валута тогаш, од теоретски и практичен аспект, скоро секогаш, се поставува прашањето за реалноста на девизниот курс.

Ако во една национална економија се води политика на нереален девизен курс, по пат на манипулирање со девизен курс, со применување на административни мерки, тогаш можат да се очекуваат негативни последици во вкупното стопанство. Во услови на постоење на нереален девизен курс се остварува прераспределба на националниот доход, се пореметуваат економските критериуми на стопанисување, нерационално се насочува стопанскиот развиток и се пореметува структурата на општествената репродукција. Поради тоа, во конципирањето и остварувањето на политиката на девизниот курс неопходно е да се почитуваат економските законитости.

Секоја национална економија води своја автономна политика на формирање и одржување на девизниот курс на националната валута. Во рамките на таквата политика на девизниот курс скоро никогаш не се доведува во прашање оправданоста на политиката на одбрана на националната валута. Отсуството на политика на одбрана на националната валута е во интерес на вкупната национална економија бидејќи скоро секогаш детерминира неизбежни последици. Иако одбраната на националната валута, како сегмент на глобалната економска политика, може да биде спротивна на интересите на поединци или група на економски субјекти, таа секогаш се остварува во целост во интерес на вкупната заедница, на вкупната економија.

Во економска теорија во областа на теоријата на девизните курсеви најчесто се споменуваат неколку торетски концепции за предвидувањето на девизните курсеви59:

1. Традиционална теоретска концепција која во основа се темели на паритетот на куповната сила на националната валута, паритетот на каматнитестапки и користењето на терминскиот девизен курс за определување на девизниот курс во иднина;

2. Монетаристички пристап при водење на сметка за состојбата во билансот на плаќања и

3. Комбиниран пристап каде што се користи или субјективна анализа или се користат определени модели за предвидување.

Различната состојба во која се наоѓаат националните стопанства во светот детерминира конституирање на разни девизни курсеви на нивните валути

Во националните економии, со висока стапка на инфлација, која перманентно се зголемува, се намалува куповната сила на националната валута, со што се намалува и нејЗината интервалутна вредност а се зголемува девизниот курс. Но, промените во девизниот курс не мора секогаш да бидат пропорционални на промените на општото ниво на цените.

Состојбата во билансот на плаќање во определена мера е последица на нивото на девизниот курс на националната еекономија, но, во исто време, може да биде и причина за менување и на девизниот курс. Доколку во билансот на плаќање сретнуваме состојба на поголем дефицит која трае подолго време, таа состојба ќе наметнува потреба од депресирање, односно од девалвирање на девизниот курс на националната валута.

11

Page 11: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Биланс на плаќањата со странство

Билансот на плаќањата со странство се сфаќа како однос на вредноста на сите побарувања и сите долгови на една зеМЈа спрема странство во определен временски период.

Биланс на плаќања е релативно нов поим во економската литература, а уште понов во практичната политика. Меѓутоа, по својата суштина, категоријата биланс на плаќањата е стара колку и најстарите цивилизации и држави. Заедно со еволуцијата на цивилизацијата, организацијата на општеството и производството, растел и обемот на размената помеѓу одделни групи, племиња и на крајот помеѓу државите. Паралелно со производството и размената, растело и значењето на билансот' на плаќањата, како показател на резултатите од размената со странство и меѓународната економска позиција на секоја земја.

Поимот биланс на плаќања кај меркантилистите го опфаќал само т.н. трговски биланс, односно ги опфаќал само т.н. трговски трансакции (увозот и извозот на стоки и услуги). Во времето на меркантилизмот, кога трговските трансакции се вршеле главно со истовремено плаќање во светски пари, се уште не се чуствувала потребата за разликување на билансот на плаќањата од трговскиот биланс. Со развојот на капитализмот и со појавата на меѓународните кредитни односи созревало и сознанието дека за вкупниот биланс на економските односи на земјата со странство финансиските трансакции се од исто значење како што е стоковната размена.

Меркантилистичкиот трговски биланс станал неупотреблив за прикажување на се посложените економски односи помеѓу националните економии. Се јавила и потреба од создавање потполн преглед кој, од една страна, би ги бележел сите економски трансакции на земјата со странство, без оглед на времето и начинот на нивното финансиско ликвидирање, а од друга страна, сите облици на финансиско ликвидирање на реалните економски трансакции во определен временски период.

Поимот биланс на плаќањата уште подолго време останал недоволно прецизиран. Основна дилема била дали билансот на плаќањата требало да ги регистрира само

ефективно извршените примања и плаќања помеѓу земјите во определен временски период или пак треба да ги прикажува сите економски трансакции извршени во разгледуваниот период, без оглед на времето на нивното финансиско ликвидирање.

Во време на раниот капитализам и надворешно - трговскиот либерализам, билансот на плаќањата не побудува посебен интерес, бидејќи, со оглед на дејствувањето на автоматизмот и механизмот на златното важење, се сметало дека потребното количество на паричен материјал по пат на надворешната трговија автоматски доаѓа во земјата и спрема тоа не би требало да постои грижа за состојбата во билансот на плаќањата. По Првата светска војна, нарушувањето во светската трговија и меѓународните плаќања повторно укажувале на актуелноста на билансот на плаќањата..

По Втората светска војна, во 1948 година, таква единствена методологија изработи Меѓународниот монетарен фонд. По таа методологија која оттогаш неколку пати е менувана и дополнувана, сега се составуваат и објавуваат билансите на плаќањата на земјите - членки на Меѓународниот монетарен фонд во посебните годишници на билансите на плаќањата.

Како економска категорија, билансот на плаќањата претставува вкупност на економските трансакции што се вршат помеѓу една национална економија и странство во еден временски период. Затоа и се вели дека билансот на плаќањата, во суштина, претставува систематски преглед на сите економски трансакции, на сите парични примања што ги побарува една земја од другите земји и сите парични плаќања што ги извршила на другите земји во текот на определен временски период кој што обично е една година. Билансот на плаќањата, како статистичка категорија и дел од општествените сметки, е составен во облик на двојно книговодство со систематски попис на сите економски трансакции помеѓу земјата и странство во текот на определен временски период, по правило, една година.

Како систематски вкупен преглед кој дава можности за спроведување на примањата и плаќањата по сите трансакции што ги има една национална економија во странство во период од една година, без оглед на начинот на финансирањето и на роковите на стасување на плаќањата, билансот на плаќањата претставува најпотполн преглед на економските односи на една земја со странство и на структурата на тие односи.

12

Page 12: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Билансот на плаќањата се смета за еден од најзначајните биланси за една национална економија, бидејќи состојбата во билансот на плаќањата и движењето на одделните ставки во тој биланс ни го покажуваат степенот на развој на националното стопанство, обемот и структурата на производството, состојбата во рамките на национална економија, односите со странство и стабилноста на стопанството. Од аспект на еден подолг временски период, преку билансот на плаќањата може да се согледа положбата на стопанството во една земја во рамките на меѓународното стопанство, во прв ред капацитетот на тоа стопанство и неговата финансиска моќ. Врз основа на тоа, се вели дека билансот на плаќањата е огледало на економските односи на една земја со странство и најпотполн и, за економска анализа, најпогоден извор на податоци за состојбата и промените на надворешно-економската рамнотежа на националните стопанства.

Билансот на плаќањата е посебно значаен од аспект на интервалутната вредност на домашната валута, бидејќи од состојбата во билансот на плаќањата многу зависи интервалутарната вредност на домашната валута, зависат движењето на интервалутарниот курс на домашаната валута и потребата од поголемо или помало административно мешање на државата во меѓународните економски односи. Доколку се јави дефицит во билансот на плаќањата, тој дефицит предизвикува:

- потреба од задолжување на земјата во странство за да го плати долгот. Тоа предизвикува потреба од зголемување на извозот на стоки во наредниот период за да можат да се исплатат кредитите во странство (ануитетите и каматата);

- се зголемува потребата од девизи на девизниот пазар што доведува до покачување на курсот на девизите и наедно до поскапување на стоката што се увезува;

- ја принудува земјата да го затегне девизниот режим и - оневозможува создавање на монетарни резерви, како гаранција за стабилноста или

ликвидноста на плаќањата што се вршат во странство.

Шема на билансот на плаќањата

Искажувањето на резултатите од економската размена со странство, односно начинот на презентирањето на билансот на плаќањата не е само формална работа, посебно кога се работи за билансите на плаќањата на земјите-членки на Меѓународниот монетарен фонд кои што се третираат како официјални извештаи и се ставаат на увид на сите други земји-членки на Меѓународниот монетарен фонд, а презентациите за внатрешните политички и економски намени можат да се даваат и во малку послободна форма.

Билансот на плаќањата ги опфаќа извозот и увозот на стоки, обврските на една земја кон странство и обврските на странските земји спрема земјата врз основа на осигурувањето, транспортните и другите услуги, ануитетите на дадените и примените заеми и кредити, како и вредноста на самите заеми и кредити. Нестоковниот прилив и одлив каде што спаѓа туризмот, приходите и расходите на дипломатските претставништва, иселеничките дознаки, приливот и одливот по однос на наследства, пензии и слично, како и приливот и одливот на злато.

Во билансот на плаќањата, потписот на трансакциите се врши по принципот на двојно книговодство, но така што кредитната страна се наоѓа на левата страна, а дебитната на десната страна. На кредитната страна (левата страна) се бележат сите трансакции кои, по правило предизвикувале некои примања од странство на пример, извоз, услуги направени во странство или за странство, продажба на хартии од вредност во странство, продажба на злато и валути, зголемување на задолжувањето спрема странство, намалување на побарувањата од странство.

Спротивните трансакции се јавуваат на дебитната страна (десната страна) бидејќи по правило предизвикуваат некое давање во странство. Заради двојното книжење на секоја трансакција, извозот ќе се јави како реална трансакција на кредитната страна, а девизните примања за истиот извоз ќе се јават на дебитната страна. Тоа, значи ако стоката е извезена на кредит, на кредитната страна ќе се јави зголемување на побарувањата (под претпоставка тоа побарување да не е наплатено до крајот на годината).

При одобрувањето на долгорочен заем во странство зголемувањето на побарувањата се јавуваат на десната страна, а за девизите што се дадени за тоа ќе се намали краткорочното побарување на левата страна. Врз основа на таквото евидентирање, секој биланс на плаќањата

13

Page 13: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

нужно се израмнува и тоа ех post израмнување е теоретски постулат за секој биланс на плаќањата како статистичка категорија.

Се јавуваат два проблеми. Прв проблем е како да се бележат трансакциите каде што постои работа (чинење) само од едната страна како што се лукративните трансакции (наследства, подароци, иселенички дознаки, репарации, "иселенички дознаки-наследства" итн.). Ако и покрај тоа се јават несогласувања во вид на некое салдо (кои, покрај најобичните грешки или пропусти, можат да се јават и поради тоа што трансакциите на краткорочниот капитал се бележат на нето основа), тогаш тој, таканаречен втор проблем, се решава на тој начин што поради израмнувањето на соодветната страна се наведува позицијата под наслов "Грешки и пропусти".

Економските трансакции што го чинат билансот на плаќањата обично се групираат во два основни дела, односно билансот на плаќањето хоризонтално се дели на два главни дела: тековна сметка и сметка на капиталот (и монетарното злато).

Првиот дел ги опфаќа тековните трансакции и се нарекува биланс (сметка) на тековните трансакции. Тука влегуваат сите приходи и расходи што произлегуваат од размената на стоки и услуги и од некои други тековни операции.

Во рамките на билансот на тековните трансакции би можеле да ги издвоиме следниве биланси (што во суштина се подбиланси):

- трговски биланс, кој што ја опфаќа вредноста на извозот и увозот на земјата во определен временски период;

- билансот на услугите, каде што влегуваат приходите и расходите што ги прави една земја во странство, односно другите земји на земјата за која станува збор. Помеѓу другите, тука влегуваат следниве видови услуги: вршење на транспортни услуги по море, копно и воздух, други услуги (авторски права) итн;

- билансот на движењето на населението, каде што влегуваат приходите и расходите што се реализираат од туризмот, иселеничките дознаки итн;

- билансот на државните приходи и расходи каде што влегуваат издатоците што ги прават владите и другите административни установи во врска со издржувањето на амбасади, претставништва, конзулати, како и примањата кои имаат врска со трошењата на странските административни установи во рамките на земјата за која се врши составување на тој биланс и

- билансот на приходите и расходите по службата на заеми, каде што на активната страна се бележат приходите што произлегуваат од кредитите дадени (пласирани) во странство, а на пасивната страна се бележат расходите што ги плаќа земјата во врска со земените заеми од странство.

Вториот дел ги опфаќа трансакциите на меѓународното финансирање и движењето на монетарното злато и се нарекува биланс на меѓународното финансирање, односно сметка на капиталот и монетарното злато. Во рамките на тој биланс влегуваат:

- билансот на краткорочните заеми, кој што ги опфаќа сите краткорочни извозни и увозни кредити, а исто така и салдото по клириншките сметки;

- билансот на долгорочни заеми дадени на други земји; - биланс на економската помош, каде што се бележат сите облици на економска помош

без разлика дали се работи за помош од јавен или приватен карактер; - биланс на репарациите и реституциите, каде што влегуваат надоместоците за

направената штета, исто така и сите реституции (враќање на она што определени странки го примиле по легален пат без важност, на пример, враќање на уплатена царина, на повеќе уплатен данок, и др.) и

- биланс на купувањето и продавањето на монетарното злато, кој што ги опфаќа сите купувања на злато и девизи за зголемување на резервниот фонд на домашната емисиона банка.

Се гледа дека билансот на меѓународното финансирање, на капиталот, ги содржи промените во должничко-доверителските односи помеѓу земјата и странство. Меѓутоа, поимот должничко-доверителските односи тука не се сфаќа во правна, туку во економска смисла. Покрај облигационо-правните односи на задолжување и стекнување на побарувања по сите видови кредити и престанувањето на тие односи по нивната отплата, во сметката на капиталот влегуваат и промените во учествата на капиталот во капиталот на странските друштва и промените во недвижниот имот на домашните лица во странство и странските лица во земјата.

14

Page 14: Bilans Na Plakane i Devizen Kurs

Заклучок

Различната состојба во која се наоѓаат националните стопанства во светот детерминира конституирање на разни девизни курсеви на нивните валути

Во националните економии, со висока стапка на инфлација, која перманентно се зголемува, се намалува куповната сила на националната валута, со што се намалува и нејзината интервалутна вредност а се зголемува девизниот курс. Но, промените во девизниот курс не мора секогаш да бидат пропорционални на промените на општото ниво на цените.

Состојбата во билансот на плаќање во определена мера е последица на нивото на девизниот курс на националната економија, но, во исто време, може да биде и причина за менување и на девизниот курс. Доколку во билансот на плаќање сретнуваме состојба на поголем дефицит која трае подолго време, таа состојба ќе наметнува потреба од депресирање, односно од девалвирање на девизниот курс на националната валута. Секоја држава во економските и финансиски односи со другите национални економии мора да ги плати своите обврски во национални валути на тие економии,или со некоја општоприфатена валута.Значи економските субјекти своите обврски спрема странските субјекти ќе ги платат на тој начин што ќе купат валути или девизи на девизниот пазар на националната економија и истите ќе ги платат во национална валута.Истото важи и за странските валути кои за да можат да функционираат на домашниот пазар мора да се трансформираат во домашна валута и тоа со купопродажба на валути или девизи на девизниот пазар.

15