48
МЕСТО И УЛОГА НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ВО СИСТЕМОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПЕРИОД 2005 – 2015 ГОДИНА - Автор Фарук Хасиќ Скопје, 26 Мај 2015 година

DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

  • Upload
    zambak

  • View
    241

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Во овој труд се обработени местото и улогата на Дирекцијата за заштита и спасување во Системот за национална безбедност на Република Македонија. Дефинирани се поимите кои се однесуваат на Системот за заштита и спасување, објаснети се организациската структура и надлежностите на Дирекцијата за заштита и спасување во склоп на целокупниот Систем за заштита и спасување, како и искуствата на Системот за заштита и спасување од неговото создавање. Во дел од овој труд дадена е анализа на досегашните резултати на Дирекцијата за заштита и спасување од нејзиното формирање до денес и на крајот се обработени, координацијата и соработката на Дирекцијата за заштита и спасување со другите државни органи.

Citation preview

Page 1: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

МЕСТО И УЛОГА НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА

И СПАСУВАЊЕ ВО СИСТЕМОТ ЗА НАЦИОНАЛНА

БЕЗБЕДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

- ПЕРИОД 2005 – 2015 ГОДИНА -

Автор Фарук Хасиќ

Скопје, 26 Мај 2015 година

Page 2: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

2

С О Д Р Ж И Н А

Краток извадок / Abstract...................................................................................... 4

Вовед...................................................................................................................... 6

1. ПОИМ И ДЕФИНИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

ВО СОВРЕМЕНИТЕ НАЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................. 7

1.1. Поим и дефинирање на Системот за заштита и спасување................... 7

1.2. Систем за заштита и спасување во современите национални

системи за безбедност.............................................................................. 11

1.2.1. Систем за заштита и спасување во НАТО..................................... 12

1.2.2. Систем за заштита и спасување во САД....................................... 13

1.2.3. Систем за заштита и спасување во Велика Британија................. 15

1.2.4. Систем за заштита и спасување во СР Германија....................... 16

2. МЕСТО, УЛОГА, ПОСТАВЕНОСТ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА

ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА........................................................................................................ 17

2.1. Место и улога на Дирекцијата за заштита и спасување на Република

Македонија...................................................................................................... 17

2.2. Организациска поставеност и функционирање на Дирекцијата за

заштита и спасување на Република Македонија...................................... 19

2.2.1. Организациска структура на Дирекцијата за заштита и

спасување......................................................................................... 20

2.2.2. Други тела на Дирекцијата за заштита и спасување на

Република Македонија..................................................................... 23

2.2.3. Надлежности на Дирекцијата за заштита и спасување на

Република Македонија..................................................................... 25

2.3. Надлежности на државните органи на Република Македонија во

остварувањето на заштитата и спасувањето......................................... 27

2.3.1. Надлежности на Собранието на Република Македонија.............. 27

2.3.2. Надлежности на Владата на Република Македонија.................... 27

2.3.3. Надлежности на органите на државната управа........................... 28

2.3.4. Надлежности на единицата на локалната самоуправа................ 29

2.3.4.1. Надлежности на Советот на единицата на

локалната самоуправа....................................................... 29

2.3.4.2. Надлежности на Градоначалникот на единицата

на локалната самоуправа.................................................. 30

3. ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНАТА НА МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ВО

СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД НЕГОВОТО

СОЗДАВАЊЕ.................................................................................................... 32

3.1. Преземени мерки и активности при формирање на Системот за

заштита и спасување................................................................................ 32

Page 3: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

3

3.2. Искуства од примената на мерките и активностите при справување

со природни непогоди и други несреќи................................................... 34

4. КООРДИНАЦИЈА И СОРАБОТКА НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И

СПАСУВАЊЕ СО ДРУГИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ.......................................... 39

4.1. Министерство за внатрешни работи........................................................ 39

4.2. Министерство за одбрана......................................................................... 39

4.3. Центар за управување со кризи............................................................... 40

4.4. Служба за противпожарна заштита......................................................... 43

Заклучок............................................................................................................................. 46

Користена литература...................................................................................................... 47

Page 4: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

4

Краток извадок

Во овој труд се обработени местото и улогата на Дирекцијата за заштита и

спасување во Системот за национална безбедност на Република Македонија.

Дефинирани се поимите кои се однесуваат на Системот за заштита и

спасување, објаснети се организациската структура и надлежностите на

Дирекцијата за заштита и спасување во склоп на целокупниот Систем за

заштита и спасување, како и искуствата на Системот за заштита и спасување

од неговото создавање.

Во дел од овој труд дадена е анализа на досегашните резултати на

Дирекцијата за заштита и спасување од нејзиното формирање до денес и на

крајот се обработени, координацијата и соработката на Дирекцијата за заштита

и спасување со другите државни органи.

Оправданоста на овој труд се гледа во актуелноста на темата, односно

потребата од непрекинато проучување на развојот и функционирањето на

Системите за заштита и спасување со цел изнаоѓање на решенија за

подобрување на нивната функционалност и ефикасност при справување со

последиците од природни непогоди и други несреќи.

Исто така, потребно е да се спомне дека материјалот во овој труд е базиран

првенствено врз податоци кои може да се сретнат во домашната и странската

литература и на одредени веб страни на интернетот.

Клучни зборови: заштита, спасување, систем, дирекција, мерки, активности.

Page 5: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

5

Position and role of the Department for protection and rescue in the

System for national security of Republic of Macedonia

- Period 2005 – 2015 -

Abstract

The position and role of the Department for protection and rescue in the

System for national security of Republic of Macedonia is covered in this document.

The terms concerning the System for protection and rescue are also covered,

as well as the structure and jurisdiction of the Department for protection and rescue

within the wholesome System for protection and rescue, from the moment of its

establishment.

A part of this document is the analysis of the current results of the Institute

from the moment of its establishment until this day, and also the coordination and

collaboration with other state authorities.

The validity of this document is the need to continuously study the

development and functionality of the systems for protection and rescue, in order to

find solutions and better their functionality and efficiency when handling

concequences brought by natural and other disasters.

Also, it is necessary to mention that the material for this document is based

mainly on information found in domestic and foreign literature as well as certain web

pages.

Key words: protection, rescue, system, department, measures, activities

Page 6: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

6

ВОВЕД

Заради заштита и спасување на луѓето, животната средина, материјалните

добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното

наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, кризна, вонредна и

воена состојба, секоја земја создава систем за заштита и спасување, кој треба

да овозможи отстранување или намалување на опасностите, дејствување при

појава на опасности од било кој вид и справување со предизвиканите

последици врз населението и материјалните добра, со што се обезбедува

нормално функционирање на општеството во целина. За да може системот за

заштита и спасување да функционира согласно националните законски

одредби усогласени со меѓународните прописи, истиот треба да биде поставен

на подолгорочни основи, со јасна визија и посакувани цели1.

Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија е самостоен

орган на државната управа со својство на правно лице. Оперативна е од

16.05.2005 година. Се состои од Дирекција лоцирана во Скопје која во својот

состав има 6 Сектори со 17 Одделенија, 3 Самостојни одделенија и 35

Подрачни одделенија. Закон за заштита и спасување е донесен во мај 2004

година, оценет како компатибилен со правната регулатива на Европската

Унија2.

Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување има свој

постојан претставник во Комитетот за Цивилна заштита на Европската

Комисија.

1 Национална стратегија за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија

бр.23/09. 2 Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,

бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и 41/2014.

Page 7: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

7

1. ПОИМ И ДЕФИНИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

ВО СОВРЕМЕНИТЕ НАЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

1.1. Поим и дефинирање на Системот за заштита и спасување

Заштитата и спасувањето, историски гледано, настанала како потреба на

човекот да преземе одредени мерки за да се спаси од опасностите кои го

загрозувале како што се разни болести, гладот, жедта и метеоролошките

услови. На почетокот тоа го правел индивидуално, спонтано и примитивно, сè

додека не дошло до поголеми опасности, а потоа работел организирано

заради поуспешно спротивставување и смалување на последиците3.

Историјата на заштитата и спасувањето е многу долга и нејзините

вистински почетоци тешко можат да се определат. Спонтаните и природните

форми на организирање на заштита и спасување се поврзуваат со гаснењето

на пожарите кои настанале во шумите или во населените места, како и со

отстранување на последиците од другите опасности и првите воени напади4.

Најголемите несреќи, со кои човекот историски се среќава, се: водата,

огнот, епидемиите и војната. Од тие причини тој морал да се организира за да

може да ги следи и да презема мерки за заштита и спасување.

Се претпоставува дека одредени организирани форми за заштита и

спасување се јавуваат во времето на создавање на првите држави. Тогаш се

појавуваат и првите институции кои биле одговорни за организирање на

заштита и спасување на населението и на ресурсите со кои располагале. Во

овие држави војската како нејзина институција (организирана сила) покрај

нејзината основна мисија „одбраната на државата од воените опасности“ била

делумно надлежна и за „заштитата и спасувањето“.

Појавата на организирани Системи за заштита и спасување е тесно

поврзана со појавата на авијацијата. Средствата и методите за заштита кои се

користени во Првата светска војна биле доста неразвиени. Тогаш се

применувале одредени форми на тревожење на населението и неговото

засолнување, затемнување и маскирање на некои објекти и спасување во

помали размери. Ова се и почетоците на т.н. цивилна заштита.

3 Стаменовски, А. (1997). Одбрана заштита и спасување. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 13.

4 Стаменовски, А. (2004). Менаџмент со одбраната. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 137.

Page 8: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

8

Во периодот помеѓу двете светски војни се остварува значителен развој на

цивилната заштита, но истиот воглавно бил насочен на подготовката на силите

и средствата за заштита од опасностите од воздух.5

За време на Втората светска војна воздушните напади добиваат огромни

размери, а жртвите се значително зголемени. Ова е причина, во периодот по

Втората светска војна, да се изгради нов однос кон потребата од организирање

на заштитата и спасувањето, така да цивилната заштита се организира на

широки основи, во станбените објекти (згради, блокови), населените места,

градовите и во стопанските објекти.

Во периодот по Втората светска војна до деведесеттите години од XX век,

силите на цивилната заштита стануваат основни сили за заштита и спасување,

како во случај на воена состојба, така и во случаи на природни непогоди и

други несреќи во мир. Силите на цивилната заштита се подготвуваат во мир, а

нивното дејствување се приспособува на конкретните услови кои ги

наметнуваат несреќите. Во овој период, поради појавата на нуклеарното оружје

и поради опасноста од нуклеарна војна, цивилната заштита се развиваше во

насока на преземање на низа мерки и активности за заштита и спасување во

станбените објекти (згради, блокови), во населените места, градовите и во

стопанските објекти. Овие мерки и активности беа насочени кон изградба на

разни видови на засолништа.

Периодот на развој на Системот за заштита и спасување после

деведесеттите години од XX век е карактеризиран со неговото повторно

редефинирање во делот на задачите. Имено задачите на Системот за заштита

и спасување се прошируваат и тие покрај заштитата и спасувањето од напад

од воздух и од нуклеарна војна опфаќаат и примена на мерки и активности за

заштита и спасување од природни несреќи, технички катастрофи и посебни

несреќи.6

Несреќите, односно природните непогоди, техничките катастрофи и војната,

како појави од поголем интензитет на еден простор, предизвикуваат тешки

последици, како врз луѓето така и врз материјалните добра.

5 Исто.

6 Стаменовски, А. (1997). Одбрана заштита и спасување. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 19.

Page 9: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

9

Несреќите можат да настанат како резултат на природни или други

неконтролирани сили (природни несреќи и технички катастрофи) и како

резултат на активностите на луѓето со примена на средства за уништување и

убивање (војна). Несреќите, со својот опфат и со интензитет можат да ги

загрозат безбедноста, здравјето и животите на голем број луѓе и да ги уништат

материјалните добра7.

Како главни природни несреќи, кои предизвикуваат големи штетни

последици по населението и по материјалните добра, се сметаат: поплавите,

големите снегови, снежните меќави, лавините, паѓањето на град,

голомразицата, мразовите, сушата, ветриштата, земјотресите, лизгањето на

земјиштето, пожарите и епидемиите.

Како технички катастрофи се сметаат: рударските несреќи, големите

сообраќајни несреќи и несреќите со опасности од хемиски и други отровни

супстанци.

Како посебни несреќи се сметаат: војната и другите форми на масовно

насилство.

Кога станува збор за опасностите што настануваат како резултат на

природни и други неконтролирани сили, тие тешко можат да намалат во смисла

на нивното појавување. Напротив, со сè поголемата концентрација на луѓето и

материјалните средства на одреден простор, можностите за јавување на

одредени несреќи, стануваат сè поголеми.

Заштитата и спасувањето во периодот после завршувањето на студената

војна добива сè позначајно место во преземањето на секојдневните активности

за спречување или намалување на последиците од природните или другите

несреќи, како и од тие предизвикани од воените дејства8.

Во сегашно време, кога се мисли на заштитата и спасувањето, нагласка се

дава на нивната хумана дејност и на функционирањето во мир, а не на нивното

функционирање во војна. Заштитата и спасувањето се темелат на

секојдневната одговорност и на обврските што ги имаат органите на власта,

локалната самоуправа, претпријатијата и другите институции. Покрај тоа

7 Исто.

8 Стаменовски, А. (1997). Одбрана заштита и спасување. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 21.

Page 10: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

10

заштитата и спасувањето се темелат и на одговорноста на секој поединец да

го заштити својот сопствен имот, како животот и имотот на другите луѓе.

Република Македонија, од осамостојувањето до денеска презема мерки во

насока на развој и изградба на сопствен Систем за заштита и спасување со цел

истиот да биде така организиран, екипиран и опремен за да може успешно да

се справи со евентуалните последици од природни и други несреќи. Во таа

насока донесена е и Националната стратегија за заштита и спасување на

Република Македонија во која стои следното:

„Заради заштита и спасување на луѓето, животната средина, материјалните

добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното

наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, кризна, вонредна и

воена состојба, секоја земја создава систем за заштита и спасување, кој треба

да овозможи отстранување или намалување на опасностите, дејствување при

појава на опасности од било кој вид и справување со предизвиканите

последици врз населението и материјалните добра, со што се обезбедува

нормално функционирање на општеството во целина9.“

Заштита и спасување на луѓето, животната средина, материјалните добра,

природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното

наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, кризна, вонредна и

воена состојба, во Република Македонија се регулирани согласно Законот за

заштита и спасување и Законот за пожарникарство како и со другите

подзаконски акти кои произлегуваат од нив.

Во членовите 3 и 4 од Законот за заштита и спасување регулирани се

главните задачи и организацијата на Системот за заштита и спасување на

Република Македонија:

„Заштитата и спасувањето во Републиката се организира како единствен

систем за откривање и спречување на настанувањето и отстранувањето на

последиците од настанатите природни непогоди, епидемии, епизоотии,

епифитотии и други несреќи во мир и во војна и од воени дејства со кои се

загрозуваат животите на луѓето, природните богатства, животинскиот и

растителниот свет, добрата во општа употреба и предметите и објектите од

9

Национална стратегија за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија

бр.23/09.

Page 11: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

11

особено културно и историско значење (во натамошниот текст: систем за

заштита и спасување во Републиката).

Заштитата и спасувањето е работа од јавен интерес за Републиката.

Заштитата и спасувањето во Републиката ги организираат и спроведуваат

државните органи, органите на државната управа, органите на единиците на

локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи и служби,

трговски друштва, здруженија на граѓани, граѓаните и силите за заштита и

спасување, на начин уреден со овој закон, прописите донесени врз основа на

овој закон, како и со нормативите, стандардите и правилата на техничката

практика10.“

Заштитата и спасувањето претставува поврзан процес на планирање,

програмирање, организирање, раководење, командување, координирање,

спроведување, финансирање и надзор за навремена и ефикасна превенција

како и подготвување, дејствување и отстранување на причините и последиците

од природни непогоди и други несреќи.

1.2. Систем за заштита и спасување во современите национални

системи за безбедност

Во денешно време можеме да зборуваме за постоење на современи

Системи за заштита и спасување. Истите се организирани и опремени со

соодветни материјални ресурси за да можат да се справат со природните

непогоди и други несреќи кои би можеле да предизвикаат страдање на

населението и уништување на материјалните ресурси.

Заштитата и спасувањето во демократските земји се сметаат за секојдневна

мирновременска функција на власта воспоставена како активност за

планирање на активностите за заштита и спасување и за спроведување на

подготовки за остварување на тие активности11.

10

.Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,

бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и 41/2014,

член 3 и 4. 11

.Стаменовски, А. (2004). Менаџмент со одбраната. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 148.

Page 12: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

12

1.2.1. Систем за заштита и спасување во НАТО

На заштитата и спасувањето на луѓето и материјалните добра, во НАТО и

во земјите членки на НАТО, се посветува големо внимание.

Во своите документи, НАТО ја истакнува потребата од планирање на

заштитата и спасувањето во случаи на појави на разни несреќи кои ги нарекува

вонредни состојби (војна, кризи, природни и други мирновременски несреќи)12.

Ова процес на планирање на заштитата и спасувањето, НАТО го нарекува

Планирање на цивилната поддршка на силите во вонредни ситуации (Civil

Emergency Planing)13.

Планирањето на цивилната поддршка на силите во вонредни ситуации ги

опфаќа следните активности:

- заштита на населението,

- континуитет на функционирањето на власта,

- одржување на стопанството и

- цивилна поддршка на војската.

Содржината на горенаведените активности може да се идентификува и со

активностите на цивилната одбрана, но не треба да се занемари фактот дека

истите пред се сè наменети за поддршка на војската.

Под заштита на население се подразбира преземање на мерки и активности

за заштита на населението од директните последици на несреќите. Овие

активности се однесуваат на: откривање на опасностите, заштита и спасување

на население, медицинска заштита и противпожарна заштита.

Континуитет на функционирањето на власта, како активност, подразбира

преземање на мерки и активности за продолжување со извршување на

функциите и остварување контрола на состојбата во вонредни ситуации.

Одржувањето на стопанството, како активност, има за задача да ги

идентификува главните стопански ресурси и да преземе мерки за нивна

заштита и функционирање, бидејќи тие треба да претставуваат основен извор

на снабдување на војската. Неработењето на главните стопански капацитети

може да ја загрози безбедноста на секоја земја, затоа оваа задача има особена

важност.

12

Сектор за јавна дипломатија при НАТО. (2006). Прирачник за НАТО, 196.

13 Стаменовски, А. (2004). Менаџмент со одбраната. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 152.

Page 13: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

13

Цивилната поддршка на војската се однесува на обезбедување на

мобилност на силите. Истата се однесува на транспортот, движењето и

продолжената поддршка на силите, кој според НАТО, треба да ја извршуваат

цивилните транспортни капацитети врз принципите на пазарно работење.

Според НАТО целта на Планирањето на цивилната поддршка на силите во

вонредни ситуации е да се забрза развојот на планирањето на заштитата и

поддршката под цивилна контрола, да се изврши потребна стандардизација на

процедурите и да се зајакне билатерална и мултилатерална соработка и

помош14.

Улогата на НАТО, во случај на појава на катастрофи во мир, се состои во

давање помош на владите на земјите во текот на спасувањето од

катастрофите. При тоа, цивилните средства и националните Системи за

заштита и спасување остануваат цело време под контрола на земјата каде што

се укажува помош.

1.2.2. Систем за заштита и спасување во САД

Согласно стратегиската определба на САД за преземање на мерки и

активности за заштита на животот и здравјето на луѓето15, Конгресот на САД

донесе посебен Закон за помош во случај на големи несреќи.

Целта на донесувањето на овој Закон беше да се создадат услови за

организација на заштита, спасување и давање помош на населението доколку

дојде до појава на големи несреќи предизвикани од природни дејства или од

активности на луѓето16.

Како главни природни несреќи, според терминологијата во САД, се сметаат

природните катастрофи кои се предизвикани од: ураганите, торнадата, силните

ветрови, големите води, големите бранови предизвикани од ветер, брановите

предизвикани од плима, земјотреси, вулкански ерупции, одрони на земја,

движење на кал, снежни луњи, суши, пожари, поплави и експлозии.

Во технолошки и други несреќи спаѓаат:

14

Исто. 15

Устав на САД (1787). 16

Стаменовски, А. (2004). Менаџмент со одбраната. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 153.

Page 14: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

14

- загадувања (настанати од гасови и течности или како последица од

присуство на радиоактивното зрачење),

- сообраќајни несреќи,

- оштетувања на јавната инфраструктура (улици, мостови, тунели,

железнички станици, аеродроми, пристаништа, гасоводна мрежа

електрична мрежа, телекомуникации и брани),

- насилен екстремизам (таканаречен тероризам),

- оружје за масовно уништување (нуклеарно, хемиско и биолошко оружје),

- предизвикување на пожари,

- нарушување на функционирањето на органите на власта,

- напад од некој непријател.

Подготовките на заштитата и спасувањето ги врши Сојузната агенција за

управување со заштитата и спасувањето, која му е директно подредена на

претседателот на САД.

Сојузната агенција за управување со заштитата и спасувањето на САД е

организирана да го обезбеди планирањето, соработката и извршувањето на

задачите на раководството на национално, регионално и државно рамниште.

Претседателот на САД донесува одлуки во врска со остварувањето на

заштитата и спасувањето17. Тој е овластен да донесува програми за подготовки

за спасување од природни катастрофи, да го обезбеди известувањето за

опасностите, да формира тимови за поддршка во случаи на катастрофи, да

донесе одлука за ангажирање и користење на услугите на невладините

организации во случаи на природни непогоди, да донесе одлука за висината на

учеството во покривањето на трошоците за ублажување на последиците од

несреќите, да донесе одлука за ангажирање на силите.

Сите несреќи не бараат ангажирање на централната власт во справување

со истите. Кога несреќите се случуваат на одредена локација, во справувањето

со истите се ангажираат органите на локалната самоуправа, а кога истите

зафаќаат регион, во тој случај во справувањето со истите се ангажираат

регионалните органи.

Извршната одговорност во врска со заштитата и спасувањето од природни

катастрофи и други несреќи ја има Секретаријатот за одбрана на САД кој за

17

Стаменовски, А. (2004). Менаџмент со одбраната. НИП „Ѓурѓа“ Скопје, 154.

Page 15: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

15

извршувањето на задачите од својот состав ги ангажира соодветните

секретаријати, служби, оддели и команди (Атлантската команда и Командата за

Пацификот).

Според американското гледање на активностите за заштита и спасување,

како функции на поддршка се сметаат: транспортот, комуникациите, јавните

работи, противпожарната заштита, информациите и планирањето,

згрижувањето на населението, поддршката со средства, здравствени и

медицински услуги, барање и спасување, опасните материи, храната и

енергијата.

1.2.3. Систем за заштита и спасување во Велика Британија

Во случаи на настанување на природни непогоди и други несреќи, во

Велика Британија најпрвин дејствуваат локалните служби. Под локални служби

се подразбираат: полицијата, службите за противпожарна заштита,

здравствените институции (поликлиниките, амбулантите и здравствените

станици), крајбрежните служби и самата локална власт18.

Централната власт има улога да обезбеди директно учество на

специјалисти и да обезбеди информации за Парламентот, за средствата за

информирање, за јавноста и пошироко.

На подрачјето на заштитата и спасувањето, Владата на Велика Британија,

заедно со противпожарната заштита, полицијата и сервисите за планирање на

заштитата и спасувањето, се подготвува за дејствување против голем број

природни катастрофи и несреќи предизвикани од луѓе.

Може да се констатира дека во Велика Британија не постои некој посебен

орган на власта или пак институција која ги извршува задачите од доменот на

заштитата и спасувањето, бидејќи истата е дадена како основна задача на

локалните власти. Централната власт се вклучува само кога е потребно да се

ангажираат посебни сили и во текот на справувањето со природните непогоди

и други несреќи нема раководна улога туку само координативна.

18

Исто, 155.

Page 16: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

16

1.2.4. Систем за заштита и спасување во СР Германија

Во СР Германија, Системот за заштита и спасување е воспоставен како

цивилна заштита која е организирана на национално ниво како самоодбрана и

опфаќа:

- самоодбрана на населението во местото на живеење (теренска

самоодбрана) и

- самоодбрана на претпријатијата19.

Најмала организациона клетка на самоодбраната е чета за самоодбрана во

која членуваат станарите на зградата, приучени и опремени со едноставна

опрема за спасување и гасење на пожари.

Неколку чети чинат блок за самоодбрана, кој опфаќа околу 1.000 жители.

Повеќе блокови чинат округ со вкупно околу 5.000 жители. Округот располага

со специјални резервни сили и средства, а тоа е вод за самоодбрана.

Во големите градови извршена е поделба на сектори за самоодбрана кои

бројат околу 20.000 жители. Сектори за самоодбрана располагаат со по

неколку водови за самоодбрана.

Во поголемите градови во СР Германија постојат и реони кои во својот

состав имаат повеќе сектори. Овие реони за самоодбрана бројат околу 500.000

жители.

Водовите за самоодбрана или како уште ги нарекуваат спасувачки водови,

во својот состав имаат три екипи: спасувачка, санитетска и противпожарна20.

Спасувачката екипа располага само со едноставни средства како што се:

лопати, секири, длета, јажиња и др.

Санитетската екипа е фактички екипа за санитетска помош која има задача

да дава прва помош на ранети и повредени и да ги подготви за транспорт.

Опремена е со завои, санитетски торби и носила.

Противпожарната екипа гасне мали пожари со црпење вода од хидранти,

отворени извори и резервоари.

Во претпријатијата се формираат посебни единици кои се организирани за

самоодбрана на претпријатијата.

19

Исто, 158.

20 Исто.

Page 17: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

17

2. МЕСТО, УЛОГА, ПОСТАВЕНОСТ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА

ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

2.1. Место и улога на Дирекцијата за заштита и спасување на Република

Македонија

Заради извршување на работите од заштитата и спасувањето од природни

непогоди и други несреќи, во Република Македонија е основана Дирекцијата за

заштита и спасување (во натамошниот текст Дирекцијата).

Дирекцијата е државен орган на Република Македонија кој е формиран во

2005 година врз основа на Законот за заштита и спасување21.

Формирањето на Дирекцијата било проектирано со Национална

концепцијата за безбедност и одбрана22, во која се вели:

„Република Македонија е подложна на елементарни непогоди, техничко –

технолошки и слични катастрофи кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните,

на државата и нејзината инфраструктура. Натамошниот развој на силите за

заштита и спасување од овие ризици и опасности треба да се одвива во насока

на обединување на сегашните, постојни служби во една дирекција23.“

Во Националната стратегија за заштита и спасување се образложува

потребата од постоење како и надлежностите на Дирекцијата како посебен

државен орган кој ќе биде надлежен за заштитата и спасувањето на луѓето,

животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот

и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други

несреќи во мир, кризна, вонредна и воена состојба24.

Дирекцијата претставува самостоен орган на државната управа со својство

на правно лице и е формирана заради извршување на работите за заштита и

спасување од природни непогоди и други несреќи.

21

.Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004, бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и 41/2014. 22

Види Шема 1. 23

.Солунчевски М. и Рамадани М. (2011). Системи за управување со кризи и заштита и спасување. Скопје, 115. 24

.Национална стратегија за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.23/09.

Page 18: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

18

Шема 1. Систем за национална безбедност на Република Македонија

Дирекцијата е најодговорна за ефективно и ефикасно функционирање на

системот за заштита и спасување во Република Македонија25. Под систем на

заштита и спасување се подразбира заштитата и спасувањето на луѓето,

животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот

и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други

несреќи во мир, вонредна и воена состојба26.

Во рамките на Дирекцијата се обединети постојните служби во областа на

заштитата и спасувањето во Републиката, а тоа се Секторот за Цивилна

заштита во Министерството за одбрана и Секторот за заштита од пожари во

Министерството за внатрешни работи27.

25

Види Шема 2. 26

.Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,

бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и 41/2014. 27

Исто.

Page 19: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

19

Шема 2. Заштита и спасување како подсистем на системот за национална

безбедност на Република Македонија

Дирекцијата е обезбедена со соодветни: објекти, материјално–технички

средства, опрема, финансиски средства и луѓе.

Човечките ресурси во Дирекцијата ги сочинуваат вработените во

Дирекцијата и припадниците на силите за заштита и спасување.

2.2. Организациска поставеност и функционирање на Дирекцијата за

заштита и спасување на Република Македонија

Организациската поставеност и надлежностите на Дирекцијата се

регулирани со Законот за заштита и спасување28.

Организацијата на работата и систематизацијата на работните места се

регулирани со посебен Правилник кој го донесува директорот на Дирекцијата.

28

Исто.

Page 20: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

20

Со овој Правилник детално се утврдуваат работните места и за секое работно

место се дефинирани посебни должности и овластувања.

2.2.1. Организациска структура на Дирекцијата за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување ја раководи директор. Тој е самостоен

во извршувањето на работите од областа на заштитата и спасувањето, а за

својата работа ѝ одговара на Владата на Република Македонија29.

Владата именува и заменик директор, исто така со мандат од четири

години. Заменик директор го заменува директорот на Дирекцијата во случај

кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја

врши својата функција. Заменик директор при своето заменичко раководење ги

има сите овластувања и одговорности на раководењето кои ги има директорот.

Заменик директор во соработка со директорот на Дирекцијата врши работи

од надлежност на директорот што тој ќе му ги довери30.

Организацијата на Дирекцијата е уредена со Правилникот за организација

на работа, односно Дирекцијата ја сочинуваат: 6 Сектори со 17 Одделенија, 3

Самостојни Одделенија и 35 Подрачни Одделенија (Шема бр.1).

Сектори на Дирекцијата се:

- Сектор за заеднички работи,

- Сектор за финансиски прашања,

- Сектор за аналитика и истражување,

- Сектор за планирање, организирање и спроведување на мерките за

заштита и спасување и обука,

- Сектор за оператива и логистика и

- Сектор за специјализирани услуги со воздухоплови.

Самостојни Одделенија на Дирекцијата се:

- Одделение за генерален инспектор,

- Одделение за управување со човечки ресурси и

- Одделение за внатрешна ревизија31.

29

Исто, член 19. 30

Исто.

Page 21: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

21

Шема 3.Организациска структура на Дирекцијата за заштита и спасување на

Република Македонија32

Секторот за заеднички работи е составен од пет одделенија33:

- Одделение Кабинет на директорот,

- Одделение за правни работи,

31

http://www.dzs.gov.mk/node.aspx?id=12. 32

.Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,

бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и 41/2014. 33

Види Шема 3.

Page 22: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

22

- Одделение за меѓународна соработка,

- Одделение за односи со јавноста и

- Одделение за техника и материјално-техничко опремување.

Секторот за финансиски прашања е составен од три одделенија34:

- Одделение за буџетска координација,

- Одделение за буџетска контрола и

- Одделение за сметководство.

Секторот за аналитика и истражување е составен од две одделенија35:

- Одделение за аналитика и истражување во системот за заштита и

спасувањето и

- Одделение за обработка на податоци и информатичка документација.

Во Секторот за аналитика и истражување се вршат работи и задачи кои се

однесуваат на евидентирање, сублимирање, процена и анализа на податоци

од системот за заштита и спасување, изработка на годишен преглед на

активностите на системот за заштита и спасување, научно - истражувачка

работа во однос на системот за заштита и спасување, планови и програми за

развој на системот за заштита и спасување на (краткорочни, среднорочни и

долгорочни), формирање на база на податоци од аспект на заштитата и

спасувањето, автоматска обработка на податоци, организација,

имплементација и одржување на ИКТ системот во Дирекцијата за заштита и

спасување и други работи од областа на неговата надлежност36.

Секторот за планирање, организирање и спроведување на мерките за

заштита и спасување и обука е составен од три одделенија37:

- Одделение за хуманитарни мерки за заштита и спасување,

- Одделение за урбано-технички мерки за заштита и спасување и

- Одделение за обука.

Секторот за оператива и логистика е составен од три одделенија38:

- Одделение за организациско - мобилизациски работи,

34

Види Шема 3. 35

Види Шема 3. 36

http://www.dzs.gov.mk/node.aspx?id=12. 37

Види Шема 3. 38

Види Шема 3.

Page 23: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

23

- Одделение за планирање, организирање и спроведување на операции и

логистичко обезбедување,

- 35 Подрачни одделенија за заштита и спасување.

Подрачните одделенија, односно одделенија за поддршка на заштитата и

спасувањето во единиците на локалната самоуправа се формираат во

поголемите општини во Република Македонија.

Секторот за специјализирани услуги со воздухоплови е составен од две

одделенија39:

- Одделение за летачки персонал и

- Одделение за воздухопловно технички персонал.

2.2.2. Други тела на Дирекцијата за заштита и спасување на Република

Македонија

При Дирекцијата се формираат и други тела за заштита и спасување кои

согласно Законот имаат точно определени функции, надлежности и

овластувања40.

Имено, при Дирекцијата се формираат41:

- Главен штаб за заштита и спасување,

- Регионални штабови,

- Тимови за брз одговор,

- Центар за оспособување и обука.

Главен штаб за заштита и спасување претставува оперативно – стручно

тело и се активира со одлука која ја донесува директорот на Дирекцијата.

Во рамките на подрачните организациони единици за заштита и спасување

се формираат регионални штабови42, кои раководат со активностите на

подрачните сили за заштита и спасување во регионот. Подрачните штабови

исто така се активираат со одлука на директорот на Дирекцијата.

Тимови за брз одговор претставуваат основа на републичките сили за

заштита и спасување, а можат да бидат од разни видови на специјалности.

39

Види Шема 3. 40

.Закон за заштита и спасување. Службен весник на Република Македонија бр.36/2004,

бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007, бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и 41/2014. 41

Исто, член 21. 42

Исто, член 22.

Page 24: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

24

Распоредувањето на тимовите по подрачните организациони единици го

утврдува директорот на Дирекцијата. Тимовите се ангажираат со одлука на

директорот на Дирекцијата во акции кои бараат итна интервенција. Воглавно

начинот на ангажирањето на тимовите се уредува со уредба на Владата.

Центар за оспособување и обука се формира во Дирекцијата заради

реализација на основна, дополнителна и специјалистичка обука на

републичките сили за заштита и спасување и други кадри од областа на

заштитата и спасувањето. Во Центарот за обука се обучуваат командантите и

членовите на Главниот штаб и на регионалните штабови за заштита и

спасување, командантите и членовите на општинските – просторните штабови

за заштита и спасување, тимовите за брз одговор, професионалните и

доброволните пожарникари: командниот кадар и силите за заштита и

спасување на правните субјекти. Центарот за обука претставува заокружена

целина за изведување на обука, тренинг и вежби и стручно оспособување со

стандардно опремени кабинети, нагледни средства и полигони.

Персоналот од кој се составени претходно наведените тела мора да има

соодветни квалификации (стручност) и истиот времено се ангажира. Начинот

на нивен избор и ангажирање е регулиран со Закон43.

Директорот на Дирекцијата е командант на Главниот штаб за заштита и

спасување44. Тој носи одлука за неговото активирање.

Членовите на Главниот штаб за заштита и спасување45 се стручни лица

именувани од Владата, кои за време на ангажирањето имаат статус на упатени

лица на работа во Дирекцијата.

Должноста командант на подрачниот штаб ја врши раководителот на

подрачната организациона единица за заштита и спасување, а за членови на

подрачните штабови се одредуваат лица вработени во Дирекцијата и стручни

лица вработени во органите на државната управа, јавните претпријатија,

установите и службите. Членовите на подрачните штабови ги именува

директорот на Дирекцијата и за време на нивното ангажирање имаат статус на

упатени лица на работа во Дирекцијата.

43

Исто. 44

Исто, член 21. 45

Исто.

Page 25: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

25

Во состав на тимовите за брз одговор се одредуваат лица вработени во

Дирекцијата, стручни лица вработени во органите на државната управа,

јавните претпријатија, установите и службите. Покрај овие лица во состав на

тимовите за брз одговор можат да се вклучат граѓани експерти и здруженија на

граѓани со кои за нивното ангажирање се склучува посебен договор46.

Членовите на тимовите за брз одговор за време на нивното ангажирање имаат

статус на упатени лица на работа во Дирекцијата.

Директорот има надлежност и овластување за донесување на одлука за

активирање на подрачните штабови, како и за утврдување на распоредот на

тимовите по подрачните организациони единици.

2.2.3. Надлежности на Дирекцијата за заштита и спасување на

Република Македонија

Дирекцијата претставува државен орган кој примарно е надлежен за

извршување на работите од заштитата и спасувањето во случај на природни

непогоди и други несреќи.

Надлежности на Дирекцијата47 се следните:

- го изработува Планот за заштита и спасување од природни непогоди и

други несреќи заради организирано спроведување на заштита и

спасувањето и учесниците во системот за заштита и спасување;

- изработува Процена на загрозеност од природни непогоди и други

несреќи во соработка со надлежните органи на државната управа;

- го организира и подготвува системот за заштита и спасување;

- предлага мерки за опремување и развој на системот за заштита и

спасување во Републиката;

- обезбедува функционирање на системот за спречување и откривање на

настанувањето и отстранувањето на последиците од природни непогоди

и други несреќи;

46

Исто, член 26 47

Исто, член 18.

Page 26: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

26

- обезбедува навремено ангажирање и ефикасна употреба на

републичките сили за заштита и спасување и тимовите за брз одговор;

- се грижи за целосно вградување на мерките за заштита и спасување;

- обезбедува реализација на стратешките и среднорочните цели за

заштита и спасување;

- учествува во пополнувањето и спроведувањето на мобилизацијата на

републичките сили за заштита и спасување;

- ги согледува потребите за развој и врши опремување на републичките

сили за заштита и спасување;

- се грижи за обезбедување на материјалните резерви за потребите на

заштитата и спасувањето;

- врши контрола и оцена на подготвеноста на силите за заштита и

спасување;

- организира и спроведува обука, тренинг и вежби за потребите на

заштитата и спасувањето;

- изработува наставни планови и програми за обука за заштита и

спасување;

- планира и спроведува меѓународна соработка во областа на заштитата и

спасувањето;

- планира, организира и обезбедува вежбовни активности и учество во

колективните системи за заштита и спасување надвор од територијата

на Република Македонија;

- изработува стручни упатства од областа на заштитата и спасувањето;

- врши идентификација, процена на опасностите, нивно степенување и

можни последици од истите;

- учествува во вршење на увиди во настанатите штети предизвикани од

природни непогоди и други несреќи;

- води база на податоци на сите извори на ризици и опасности од

природни непогоди и други несреќи и

- утврдува нормативи и стандарди за системот за заштита и спасување во

Републиката.

Page 27: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

27

2.3. Надлежности на државните органи на Република Македонија во

остварувањето на заштитата и спасувањето

Во остварувањето на заштитата и спасувањето освен Дирекцијата која ја

има основната и најзначајната улога, посебни надлежности имаат и следните

државни органи на Република Македонија48:

- Собрание на Република Македонија;

- Влада на Република Македонија;

- органи на државната управа и

- единици на локалната самоуправа (Совети и градоначалници).

2.3.1. Надлежности на Собранието на Република Македонија

Во остварувањето на заштитата и спасувањето Собранието на Република

Македонија49 има надлежност да:

- ја донесува Националната стратегија за заштита и спасување50 за

временски период од пет години;

- одлучува за висината на средствата за потребите за заштитата и

спасувањето и

- прогласува ден на заштитата и спасувањето.

2.3.2. Надлежности на Владата на Република Македонија

Владата на Република Македонија51 во остварувањето на заштитата и

спасувањето има надлежност да:

- ја утврдува и на Собранието на Република Македонија му предлага

Национална стратегија за заштита и спасување;

- донесува одлука за формирање на силите за заштита и спасување што

ги формира Републиката;

48

Исто. 49

Исто, член 15. 50.Националната стратегија за заштита и спасување треба да ги содржи следните елементи:

планирање и подготвување на активностите за спроведување на мерки за заштита и

спасување; утврдување на стратешки среднорочни цели за заштита и спасување;

истражувачко – нормативни и развојни проекти и организирање на дејства, активности и

постапки од превентивен и оперативен карактер кои ги спроведуваат органите на Републиката,

единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и

служби и здруженија на граѓани. 51

Исто, член 16.

Page 28: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

28

- донесува одлука за обезбедување на материјалните резерви за

потребите на заштитата и спасувањето;

- одлучува за испраќање на хуманитарна помош за заштита и спасување

во други држави, како и прифаќање на хуманитарна помош и сили за

заштита и спасување од други држави;

- одлучува за испраќање во странство на обука, вежбовни и хуманитарни

активности на силите за заштита и спасување што ги формира

Републиката;

- одлучува за висината на надоместокот за настанатата штета

предизвикана од природни непогоди и други несреќи;

- одлучува за евакуација на населението и

- одлучува за обука, тренинг и вежби на органите на државната управа,

единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните

претпријатија, установите и службите.

2.3.3. Надлежности на органите на државната управа

Законот за заштита и спасување ги уредува и надлежностите на органите на

државната управа52. Во истите се остварува заштитата и спасувањето од

природни непогоди и други несреќи во мир.

Органите на државната управа, се одговорни за спроведувањето на

мерките за спречување на настанувањето како и за отстранување на

последиците од природни непогоди и други несреќи во областите што се во

делокруг на нивната надлежност.

Мерките за спречување и отстранување кои органите на државната управа

треба да ги спроведат, поблиску се уредени со Планот за заштита и спасување

од природни непогоди и други несреќи на Републиката. Планот ги содржи

превентивните и оперативните мерки, како и активностите и постапките за

заштита и спасување.

Заради поддршка и помош во активностите за заштита и спасување,

органите на државната управата, се должни да планираат и навремено да

52

Исто, членови 30-33.

Page 29: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

29

обезбедат соодветни средства, опрема и стручен кадровски потенцијал за

реализација на задачите од нивна надлежност.

На барање на Дирекцијата, а за потребите на заштитата и спасувањето,

органите на државната управата се должни да ги стават на располагање сите

свои ресурси.

2.3.4. Надлежности на единицата на локалната самоуправа

Во остварувањето на заштитата и спасувањето освен гореспоменатите

државни органи голема и значајна улога имаат Советот и градоначалникот на

единицата на локалната самоуправа.

2.3.4.1. Надлежности на Советот на единицата на локалната

самоуправа

Во остварувањето на заштитата и спасувањето, Советот на единицата на

локалната самоуправа53 ги има следните надлежности:

- одлучува за воспоставување на потребна организација за заштита

испасување и за спроведување на мерките за заштита и спасување;

- донесува одлука за формирање на просторни сили за заштита и

спасување;

- заради отстранување на последиците од настанатите природни непогоди

или епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, ги утврдува

обврските на јавните претпријатија, установи и служби од локален

карактер кои тие ги основале54;

- ја следи подготвеноста на единицата на локалната самоуправа за

заштита и спасување;

53

Исто, член 34. 54

.На јавните претпријатија, установи и служби кои се основани од локалната самоуправа,

Советот на единицата на локална самоуправа им ги утврдува обврските во: гасење на пожари

и спасување на луѓе и имот при сообраќајни, техничко-технолошки и други несреќи;

расчистување на локални патишта, улиците и другите инфраструктурни објекти во случај на

непроодност поради врнежи од снег, наноси од снег, голомразица, наноси од земја

предизвикани од силни врнежи, одрони, лизгање на земјиштето и друго; укажување на прва

медицинска помош во случај на појава на зголемен број на заболени и повредени и

спречување на ширењето на заразни болести; заштита на животните и растенијата во случај на

појава на болести, штетници и други природни непогоди.

Page 30: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

30

- одлучува за висината на средствата потребни за заштита и спасување

од буџетот на единицата на локалната самоуправа;

- одлучува за висината на средствата од буџетот на единицата на

локалната самоуправа за надомест на штета од природни непогоди и

други несреќи и

- одлучува за распределба на хуманитарна помош наменета за

настраданото население во единиците на локалната самоуправа.

2.3.4.2. Надлежности на градоначалникот на единицата на локалната

самоуправа

Во остварувањето на заштитата и спасувањето на подрачјето на единицата

на локалната самоуправа, градоначалникот на единицата на локалната

самоуправа55 ги има следните надлежности:

- го предлага планот за заштита и спасување;

- ја следи состојбата во врска со реализацијата на донесените одлуки од

Советот на единицата на локалната самоуправа за спречување на

настанувањето и за отстранувањето на последиците од природните

непогоди и други несреќи;

- одговорен е за подготвеноста на силите за заштита и спасување кои

единицата на локалната самоуправа ги формирала;

- одлучува за ангажирање на силите за заштита и спасување кои единици

на локална самоуправа ги формирала;

- раководи и ги координира активностите за заштита и спасување што ги

спроведува единицата на локалната самоуправа до активирање на

подрачните штабови;

- го следи остварувањето на акциите за расчистување на локални

патишта, улиците и другите инфраструктурни објекти во случај на

настанување на природни непогоди или епидемии, епизоотии,

епифитотии и други несреќи на подрачјето на единицата на локалната

самоуправа;

55

Исто, член 35.

Page 31: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

31

- бара помош во ангажирање на просторните сили за заштита и

спасување, формирани кај правните лица од подрачјето на единицата на

локалната самоуправа и

- во услови кога со силите за заштита и спасување од точката 4 на овој

член ако не можат да се отстранат последиците од природните непогоди,

епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, бара ангажирање на

републичките сили за заштита и спасување.

За извршување на стручни работи во врска со надлежностите на единицата

на локалната самоуправа во областа на заштитата и спасувањето,

градоначалникот назначува одговорно лице за заштита и спасување или

формира одделение.

Градот Скопје ги координира активностите во областа на заштитата и

спасувањето на своето подрачје. Во заштитата и спасувањето општините од

Градот Скопје се должни да соработуваат и постапуваат по насоките од Градот

Скопје. За остварување на оваа надлежност Градот Скопје формира Градски

штаб за заштита и спасување.

Page 32: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

32

3. ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНАТА НА МЕРКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ВО

СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД НЕЈЗИНОТО СОЗДАВАЊЕ

3.1. Преземени мерки и активности при формирање на Системот за

заштита и спасување

Во периодот од 1991 до 2004 година Системот за заштита и спасување во

Република Македонија беше поставен така да мерките и активностите кои се

однесуваа на превентивно делување и на развој на капацитетите за

отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи ги

извршуваа одделно органите во Министерството за одбрана, Министерството

за внатрешни работи и локалната самоуправа. Поради сложеноста на

координацијата на извршувањето на задачите вака воспоставениот систем за

заштита и спасување беше недоволно ефикасен и функционален.

Во 2004 година кога се реализираше реформата на локалната самоуправа,

започна и процесот на изградба на Систем за заштита и спасување на

Република Македонија со донесување на Законот за заштита и спасување.

Со донесување на Законот за заштита и спасување во 2004 година, беше

направен првиот сериозен исчекор во развојот на Системот за заштита и

спасување во Република Македонија.

Од 16.05.2005 година формирана е Дирекција за заштита и спасување со

што се поставени темелите за развој на модерен Систем за заштита и

спасување на Република Македонија. Во рамките на Дирекцијата се обединети

постојните служби во областа на заштитата и спасувањето (Секторот за

Цивилна заштита во Министерството за одбрана и Секторот за заштита од

пожари во Министерството за внатрешни работи).

Во периодот од 2005 до 2015 година, паралелно со процесот на пополна со

персонал и опремување со потребни материјално – технички средства,

Дирекцијата вршеше соодветни обуки на својот персонал, во рамките на своите

можности и надлежности преземаше превентивни мерки за заштита и

спасување и ги воспостави стандардно оперативните процедури за нејзиното

функционирање и ангажирање. Во овој период значајно е да се спомне дека

Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со

МО, МВР и другите државни органи воспоставија одредени процедури за

Page 33: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

33

асистенција во случај на природни непогоди и други несреќи. Во склоп на овие

процедури беа дефинирани: начинот на комуницирање, големината на силите

и средствата, раководењето и начинот на нивното евентуално ангажирање на

отстранување на последиците во случај на природни непогоди и други несреќи.

Во насока на создавање на соодветна законска рамка за поддршка на

функционирањето и извршувањето на надлежностите на Дирекцијата, покрај

Законот за заштита и спасување56 донесен е и посебен Закон за

пожарникарство57, а исто така донесени се и четири важни стратешки

документи:

- Национална стратегија за заштита и спасување58;

- Методологија за содржината и начинот на проценување на опасностите и

планирање на заштитата и спасувањето59;

- Републички план за заштита и спасување60 и

- Процена на загрозеност на Република Македонија од природни и други

несреќи61.

Покрај напред наведените закони и стратешки документи во изминатиот

период беа донесени вкупно 82 подзаконски акта (33 уредби, 24 правилници, 5

упатства и 20 одлуки)62.

Во изминатиот период од страна на директорот на Дирекцијата беа

донесени вкупно 35 интерни акти со кои се регулирани голем број на

стандардно–оперативни процедури и е воспоставен организиран систем за

обука на персоналот на Дирекцијата (14 стандардно-оперативни процедури, 19

наставни планови и програми за обучување за заштита и спасување, 1

упатство за пружање на медицинска помош - прирачник за обука и 1 упатство

за задолжително известување за појави, настани и случаи од областа на

заштитата и спасувањето).

56

Службен весник на Република Македонија бр.36/2004, бр.49/2004, бр.67/2004, бр.81/2007,

бр.86/2008, бр.124/2010, бр.18/2011, бр.93/2012 и 41/2014. 57

Службен весник на Република Македонија бр.67/2004 и бр.81/2007. 58

Службен весник на Република Македонија бр.19/2009. 59

Службен весник на Република Македонија бр.76/2006. 60

.Актот е од доверлив карактер, а донесен е на ден 11.03.2009 година на седница на Владата

на Република Македонија. 61

Службен весник на Република Македонија бр.117/2010. 62

http://www.dzs.gov.mk/node.aspx?id=12.

Page 34: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

34

3.2. Искуства од примената на мерките и активностите при справување

со природни непогоди и други несреќи

Во 2007 година поради големите шумски пожари беше прогласена кризна

состојба во Република Македонија. Вкупно 512 шумските пожари се случија на

територијата на Република Македонија и тоа во периодот од 18.07. до

05.08.2007 година (Табели 1 и 2).

Табела 1. Графички податоци за пожари во Република Македонија

во 2007 година63.

Најголемиот број на шумски пожари беше 67 на ден 25.07.2007 година, а

имајќи го во предвид фактот дека тие беа лоцирани низ цела територија на

Република Македонија, справувањето со истите беше исклучително сложено64.

63

ЦУК. (2008). Информација за шумски пожари и штети од 02.04.2008 година. 64

Види Табела 2.

Page 35: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

35

Дата Број на пожари

18.07. 23

19.07. 19

20.07. 11

21.07. 13

22.07. 25

23.07. 37

24.07. 48

25.07. 67

26.07. 54

27.07. 44

28.07. 48

29.07. 29

30.07. 19

31.07. 15

01.08. 20

02.08. 11

03.08. 15

04.08. 13

05.08. 1

Вкупно 512

Табела 2. Табеларни податоци за пожари во Република Македонија

во 2007 година65.

Во гасење на пожарите во 2007 година беа вклучени сите расположливи

сили и средства во Република Македонија и тоа покрај Центарот за

управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, беа ангажирани

единиците на АРМ, шумската полиција, МВР, јавните претпријатија, единиците

на локалната самоуправа, приватните претпријатија и граѓаните.

Поради непристапните терени гасењето на пожарите беше исклучително

отежнато и на овие локации гасењето на пожарите се вршеше со помош на

хеликоптерите на АРМ66.

Од страна на надлежните институции67 беше извршена детална анализа на

пожарите во Република Македонија за периодот од 1998 до 2007 година и при

тоа е констатирано дека во овој период се настанати вкупно 2.434 шумски

65

ЦУК. (2008). Информација за шумски пожари и штети од 02.04.2008 година. 66

Види Слика 1. 67

Државен инспекторат за шумарство и ловство. Информација за причинети штети од шумски

пожари бр.14-16792/2 од 22.11.2007.

Page 36: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

36

пожари, со опожарена површина од 96.204 ha и дрвна маса од 1.141.892 m3 и

вкупно направена шумска штета од 1.879.554.320,00 денари или 30.812.366 €.

Слика 1. Гасење на пожари со помош на хеликоптер

Врз основа на направените анализи на состојбата со пожарите,

констатирано е дека во Република Македонија главна закана се шумските

пожари и во насока на справување со истите веднаш се преземени се

одредени мерки и активности:

- донесени се низа закони со кои се регулирани превентивните мерки за

спречување на пожари и казнени одредби против лицата кои

предизвикуваат пожари;

- Владата на Република Македонија донесе одлука да изврши набавка на

воздухопловни средства за гасење на шумските пожари и истите беа

ставени во составот на Дирекцијата поточно формиран е посебен

Сектор за специјализирани услуги со воздухоплови68;

- започнат е процес на изработка на Национална стратегија за заштита и

спасување69.

68

Види Шема 2. 69

Службен весник на Република Македонија бр.19/2009.

Page 37: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

37

Во 2009 година донесена е Национална стратегија за заштита и спасување.

Целта на нејзиното донесување беше да се обезбеди одржлив развој,

унапредување и целосна ефикасност на Системот за заштита и спасување со

реализација на следниве стратешки среднорочни цели за период од 2009-2013

година:

- заокружување на правната уреденост на системот за заштита и

спасување;

- подобрување на условите за спроведување на веќе пренесени

надлежности на општините;

- идентификување и имплементирање на стандардите на НАТО и

Европската унија кои се однесуваат на заштитата и спасувањето;

- утврдување на стандарди на опремата;

- утврдување на стандардни оперативни постапки според кои субјектите ќе

постапуваат во извршувањето на активноста;

- интензивирање на активностите за формирање на републичките сили за

заштита и спасување и просторните сили за заштита и спасување од

општините и градот Скопје и трговските друштва;

- целосно опремување на единиците за заштита и спасување согласно со

утврдениот материјален состав;

- создавање на логистички бази на Дирекцијата за заштита и спасување;

- учество на силите на заштита и спасување во меѓународни операции;

- воспоставување на единствена евиденција за елементарни непогоди и

несреќи;

- обезбедување на телекомуникациски, информатички и ГИС системи во

функција на превенција и оперативното дејствување.

Во наредните години бројот на и обемот на шумските пожари во Република

Македонија значително беше намален благодарение на преземањето на

превентивните мерки за справување со истите.

Во 2013 година за територијата на градот Скопје беше прогласена електро-

енергетска криза поради проблемите со снабдување со електрична енергија на

Скопска Црна Гроа и северните делови од градот Скопје. Истата беше

надмината за кратко време и снабдувањето со електрична енергија беше

регулирано.

Page 38: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

38

Во текот на 2014 година Дирекцијата учествуваше во отстранувањето на

последиците од поплавите во земјите од поранешна Југославија (во Србија и

БиХ).

Во изминатите 10 години Дирекцијата за заштита и спасување на Република

Македонија успеа да се екипира, пополни со персонал и да се опреми со

потребни материјално–технички средства.

Дирекцијата континуирано преземаше мерки во своја надлежност со

тежиште на превентивно дејствување (чистење на канали, речни корита,

контрола на шумите и др.) како на ниво на Републиката така и на регионално и

локално ниво со цел намалување на можни последици од природни непогоди и

други несреќи.

Page 39: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

39

4. КООРДИНАЦИЈА И СОРАБОТКА НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И

СПАСУВАЊЕ СО ДРУГИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ

Дирекцијата претставува самостоен орган на државната управа со својство

на правно лице. Дирекцијата е формирана заради извршување на работите за

заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи. Дирекцијата е

најодговорна за ефективно и ефикасно функционирање на системот за

заштита и спасување во Република Македонија.

Во извршувањето на работите за заштита и спасување Дирекцијата

континуирано е во комуникација и соработка со други државни органи, меѓу кои

Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Центарот

за управување со кризи, противпожарните сили како и со други државни органи

кои имаат надлежност да обезбедат помош во случај на природна непогода и

други несреќи.

4.1. Министерство за внатрешни работи

Системот на заштита и спасување значи се подразбира заштитата и

спасувањето на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните

богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од

природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна и воена состојба.

Законот за заштита и спасување ги уредува и надлежностите на органите на

државната управа, преку кои се остварува заштитата и спасувањето од

природни непогоди и други несреќи во мир.

Во Законот за внатрешни работи70 утврдени се внатрешни работи, меѓу кои

е и работата која се однесува на заштитата од пожари и експлозии.

4.2. Министерство за одбрана

Законот за заштита и спасување ги уредува и надлежностите на органите на

државната управа. Во истите се остварува заштитата и спасувањето од

природни непогоди и други несреќи во мир.

70

.Закон за внатрешни работи. Службен весник на Република Македонија бр.19/95, бр.55/97,

бр.38/2002, бр.33/2003, бр.19/2004, бр.51/2005, бр.84/2008 и бр.6/2009.

Page 40: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

40

Во остварувањето на одбраната на Републиката, граѓаните имаат право и

обврска да ги извршуваат работните обврски. Должност за извршување на

работната обврска имаат сите работоспособни граѓани на возраст од 18 до 65

години живот за мажи, односно 60 години живот за жени. Од должноста за

извршување на работната обврска се ослободуваат бремени жени, мајки,

односно самохрани родители и старатели кои имаат или се грижат за дете до

седум години, односно две и повеќе деца до десет години, граѓани кои се

здравствено неспособни за работа и граѓани кои имаат распоред во Армијата и

републичките сили за заштита и спасување. Должноста за извршување на

работната обврска се остварува само во воена состојба71.

Во случај на прогласување воена состојба согласно постоечките законски

прописи на Република Македонија, јавните претпријатија и трговските друштва

од областа на енергетиката, сообраќајот, врските, комуналните дејности и

градежништвото имаат обврска да дадат приоритет на задоволување на

потребите на Армијата,органите на државната власт, републичките сили за

заштита и спасување,трговските друштва, јавните претпријатија, установи и

служби од посебно значење за одбраната72.

Во случај на прогласена воена состојба органите на единиците на

локалната самоуправа продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со

закон и имаат обврска да преземат мерки за заштита и спасување на граѓаните

и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни

непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив. Единиците на

локалната самоуправа имаат обврска да се подготвуваат за извршување на

обврските за преземање на мерки за заштита и спасување на начин утврден со

нивниот статут73.

4.3. Центар за управување со кризи

Системот за управување со кризи има законска поткрепа во Законот за

управување со кризи74. Истиот се организира и остварува заради превенција,

71

.Закон за одбрана. Службен весник на Република Македонија бр.42/2001, бр.05/2003, бр.58/2006, бр.110/2008, бр.51/2011, бр.151/2011, бр.185/2011. 72

Исто, член 95. 73

Исто, член 100. 74

.Закон за управување со кризи. Службен весник на Република Македонија бр.29/2005,

бр. 36/2011.

Page 41: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

41

рано предупредување и справување со кризи кои претставуваат ризик за

добрата, здравјето и животот на луѓето и животните, а се настанати од

природни непогоди и епидемии или други ризици и опасности кои директно го

загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија или

дел од неа, а за кои не постојат услови за прогласување воена или вонредна

состојба75.

Собранието на Република Македонија, Претседателот на Република

Македонија и Владата на Република Македонија, како органи на државната

власт, АРМ како вооружени сили, силите за заштита и спасување, општините и

Градот Скопје се органите кои го остваруваат системот за управување со

кризи76.

Заради предлагање на одлуки и обезбедување на постојани консултации,

координација, навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на

расположливите ресурси во случај на кризна состојба,како и обезбедување

навремена, квалитетна и реална процена на загрозеност на безбедноста на

Републиката од ризици и опасности, во системот за управување со кризи се

формираат Управувачки комитет и Група за процена и се основа Дирекција

за управување со кризи77.

Управувачкиот комитет е тело на Владата за координација и управување со

системот за управување со кризи. Управувачкиот комитет го сочинуваат

министрите: за внатрешни работи, здравство, транспорт и врски, одбрана,

надворешни работи и раководителот на Групата за процена.

Групата за процена е тело на Владата кое врши постојано проценување на

ризиците и опасностите по безбедноста на Републиката и предлага мерки и

активности за нивна превенција, рано предупредување и справување со кризна

состојба. Директорите на Бирото за јавна безбедност, Управата за безбедност

и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање; директорите и замениците

на директорите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита

и спасување; заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, како и

раководителот на Службата за безбедност и разузнавање во Министерството

75

Исто, член 1. 76

Исто, член 2. 77

Исто, член 12.

Page 42: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

42

за одбрана ја сочинуваат Групата за процена. По потреба во работата на

Групата за процена се повикуваат и други претставници на органите на

државната управа, општините и на градот Скопје како и експерти за

определената област.

Во системот за управување со кризи се основа Центар за управување со

кризи (во натамошниот текст: Центарот) како самостоен орган на државната

управа по положба и функција на дирекција, со својство на правно лице78.

Центарот при извршувањето на работите поврзани со управувањето со

кризи, ги има следните надлежности: обезбедува континуитет во меѓу

ресорската и меѓународната соработка, консултации и координација во

управувањето со кризи; изработува и ажурира единствена процена на

загрозеност од сите ризици и опасности по безбедноста на Републиката и

предлага мерки и активности за разрешување на кризна состојба79.

Воедно Центарот е носител на вкупната поддршка, стручна, организациона,

административна и друга на Управувачкиот комитет и Групата за процена.

Центарот соработува и со претставници на Организацијата на обединетите

нации (ООН), Организацијата за безбедност и соработка со Европа (ОБСЕ),

Европската унија (ЕУ), НАТО, со странските амбасади во земјата,

Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Меѓународната федерација на

друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина и други меѓународни

хуманитарни организации, како и со центрите за управување со кризи на други

држави80.

Во Центарот се формираат регионални центри за управување со кризи се со

цел информирање, следење на состојбата, размена на податоци и

информации и давање на предлози за управување со кризна состојба и

изработка на процена.

При Центарот се формира и Главен штаб, како оперативно стручно тело,кое

раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Главниот штаб е сочинет од претставници на министерствата за внатрешни

работи, здравство, транспорт и врски, одбрана, надворешни работи како и

78

Исто, член 20. 79

Исто, член 21. 80

Исто, член 22.

Page 43: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

43

раководителот на Групата за процена. Членови на штабот се и раководителот

на итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита

и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање,

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Црвениот крст на

Република Македонија. Со Главниот штаб раководи директорот на Центарот81.

Директорот на Центарот донесува правилници за организација и работа и за

систематизација на работните места во Центарот. Со Правилникот се

утврдуваат работните места за лицата вработени во Центарот и работните

места за лицата вработени во органите на државната управа, како и во Бирото

за јавна безбедност, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата

за разузнавање, Службата за безбедност и разузнавање во Министерството за

одбрана и Дирекцијата за заштита и спасување, кои по потреба ќе се упатуваат

да извршуваат задачи за определено време во Центарот.

Во случај на потреба за употреба на ресурсите на територијалните

противпожарни единици на Републиката и на републичките сили за заштита

испасување, Одлука донесува директорот на Дирекцијата за заштита

испасување.

А во случај на кризна состојба одлуката, за употреба на ресурсите на

територијалните противпожарни единици на Републиката и на републичките

сили за заштита испасување, се донесува по барање на Главниот штаб на

Центарот.

4.4. Служба за противпожарна заштита

Улогата на противпожарната служба во системот на заштита и спасување е

уредена со Законот за пожарникарство82. Пожарникарството е дел од

единствениот систем за заштита и спасување во Републиката83.

Заради гаснење на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита

на имотот загрозени од пожари и експлозии, укажување на техничка помош при

незгоди и опасни ситуации, како и извршување на други работи при несреќи и

непогоди, се формираат противпожарни единици84.

81

Исто, член 23 и 24. 82

Закон за пожарникарство. Службен весник на Република Македонија бр.67/2004, бр.81/07. 83

Исто, член 3. 84

Исто, член 5.

Page 44: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

44

Во случаи на потреба за гаснење на пожари во шуми и други отворени

простори, во услови на зголемена опасност од настанување на вакви пожари,

на барање на Дирекцијата, општините ангажираат сезонски пожарникари.

Дирекцијата донесува посебна Програма за обука на пожарникари, кои се

должни да ја завршат пред почетокот на нивното ангажирање,а истата се

спроведува во општината од која се ангажирани сезонските пожарникари.

Директорот на Дирекцијата со поблиски прописи го одредува начинот на

спроведување на обуката на сезонските пожарникари85.

Противпожарните единици се организирани и опремени со соодветна

техничка опрема и средства за гаснење на пожари,како и за извршување на

другите задачи во рамките на нивната надлежност.

Директорот на Дирекцијата поблиску ги пропишува правилата за вршење на

службата, како и минималните критериуми за сместување, техничката опрема и

средствата за гаснење на пожари со кои треба да располагаат

противпожарните единици.

Противпожарните единици имаат формациска организација, а работниците

имаат чинови. Директорот на Дирекцијата ги пропишува формациите, чиновите,

како и обележјата на чиновите во противпожарните единици. Работниците на

противпожарните единици носат униформа, како и заштитна опрема при

вршењето на работите. Директорот на Дирекцијата го пропише видот и

изгледот на униформата, видот на заштитната опрема и начинот на проверка и

испитување на нејзината исправност.

Дирекцијата укажува стручна помош во работата на противпожарните

единици и како надлежен орган го координира учеството на територијалните

противпожарни единици во гаснењето на пожарите настанати вон нивното

оперативно подрачје, како и во случаите на давање помош при гаснење на

пожари во други држави.

Противпожарната единица, не смее да одбие давање на помош и должна е

таа помош да ја даде, обезбедувајќи претходно услови за заштита од пожари

на своето подрачје86. Противпожарната единица е должна да презема мерки за

гаснење на пожарот, односно отстранување на непосредната опасност за

85

Исто, член 7. 86

Исто, член 19 и 32.

Page 45: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

45

настанување на пожар, веднаш по дознавањето за настанатиот пожар или

опасност за настанување на пожар, а територијалните противпожарни единици

се должни да учествуваат во гаснење на пожари и спасување на животот на

луѓето и имотот загрозени од пожари и други несреќи на целата територија на

Република Македонија, како и да даваат помош кога тоа е побарано при

гаснење на пожари во други држави87.

Кога во гаснењето на пожар се ангажираат силите за заштита и спасување,

со гаснењето на пожарот раководи Штабот на силите за заштита и спасување.

Противпожарните единици се должни да водат посебна евиденција за

настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции

задруги настани, според единствена методологија и за тоа да ја известат

Дирекцијата и општината која ги формирала противпожарните единици.

Директорот на Дирекцијата донесува поблиски прописи за формата на

обрасците, начинот на водење на евиденциите на настанатите пожари,

експлозии, интервенции за гаснење на пожари и други настани88.

87

Исто, член 32. 88

Исто, член 43.

Page 46: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

46

ЗАКЛУЧОК

Република Македонија, заштитата и спасувањето треба да ги изгради како

единствен систем кој ќе овозможи оптимална безбедност од природни

непогоди и други несреќи, штитејќи ги трајните интереси кои произлегуваат од

темелните вредности утврдени во Уставот на Република Македонија, како и

учество и давање на помош во заштитата и спасувањето на други земји.

Системот за заштита и спасување треба да се заснова врз изградена

правна рамка усогласена со меѓународните прописи и стандарди, оспособени и

добро опремени сили за заштита и спасување, кои можат да се справат со

природните непогоди и други несреќи во секојдневното современо живеење во

услови на мир, кризна, вонредна и воена состојба. Спроведувањето на

законските прописи во поглед на едукацијата, образованието и обуката на

граѓаните потребно е да се вклопи во единствениот систем за заштита и

спасување.

Page 47: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

47

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

(а) Основна

1. Стаменовски, A. (1997). Одбрана заштита и спасување. НИП „Ѓурѓа“, Скопје.

2. Стаменовски, A. (2004). Менаџмент со одбраната. НИП „Ѓурѓа“, Скопје.

3. Марина, M. (2005). Кризен менаџмент. Македонска ризница, Куманово.

4. Сектор за јавна дипломатија при НАТО. (2006). Прирачник за НАТО. Брисел.

5. Петрески, Д., Солунчевски, М. & Главинов, А. (2012). Концепт и стратегија за

заштита и спасување и управување со кризи. Универзитет „Гоце Делчев“

Штип, Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје - придружна

членка.

6. Солунчевски, М. & Рамадани, М. (2011). Системи за управување со кризи и

заштита и спасување. Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Воена Академија

„Генерал Михаило Апостолски“ Скопје - придружна членка.

7. Солунчевски, М. (2005). Цивилна заштита. Југореклам, Скопје.

8. Солунчевски, М. (2008). Менаџмент на човечки ресурси во системот за

заштита и спасување. Микена, Битола.

9. Георгиева, Л. (2006). Менаџирање со ризици. Југореклам, Скопје.

(б) Дополнителна

1. Šamić, М. (2003). Kako nastaje naučno djelo - uvođenje u metodologiju i tehniku

naučnoistraživačkog rada - opći pristup. „Svjetlost“ Sarajevo, Bosna i

Hercegovina.

2. Државен инспекторат за шумарство и ловство. (2007). Информација за

причинети штети од шумски пожари бр.14-16792/2 од 22.11.2007.

3. ЦУК. (2008). Информација за шумски пожари и штети од 02.04.2008 година,

Скопје.

4. Методологија за содржината и начинот на проценување на опасностите и

планирање на заштитата и спасувањето.

5. Уредба за видот, големината и организирањето на силите за заштита и

спасување.

6. Устав на Република Македонија и Амандмани на Уставот на Република

Македонија.

7. Устав на САД и Амандмани на Уставот на САД.

8. Закон за заштита и спасување.

Page 48: DSZ vo SNB vo Republika Makedonija

48

9. Закон за управување со кризи.

10. Закон за пожарникарство.

11. Закон за одбрана.

12. Закон за внатрешни работи.

13. Национална концепција за безбедност и одбрана.

14. Национална стратегија за заштита и спасување.

15. http://www.dzs.gov.mk/node.aspx?id=12.

16. http://www.slvesnik.com.mk