62

Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

  • Upload
    others

  • View
    9

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна
Page 2: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна
Page 3: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

Февруари, 2017

Page 4: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

Издавач:Ромска Организација за Мултикултурна Афирмација РОМА С.О.С.

Автор:Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико

Ликовно-графичко обликување:Нита Хаџихамза Гаши

Печати:Ацетони печатница, Прилеп

Тираж:300

Истражувањето беше изработено со финансиска поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Скопје. Ставовите изнесени во овој извештај се на авторите и не морa да се совпаѓаат со ставовите и политиките на УНИЦЕФ.

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 364-787(=214.58:497.7)(047) ПАРИЧНИ надоместоци за децата од семејства во социјален ризик : основен из-вештај : истражување на искористеноста на социјалните бенефиции и фактори-те кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница / [превод Весна Андо-новска]. - Прилеп : Ромска организација за мултикултурна афирмација - РОМА С.О.С., 2017. - 60, 60 стр. : илустр. ; 25 см Насл. стр. на припечатениот текст: Financial allowances for children in families at social risk : baseline study : research on exercising social benefits and factors that limit the Roma community access. - Обата текста меѓусебно печатени во спротив-ни насоки. - Текст на мак. и англ. јазик. - Библиографија ; Bibliography: стр. 60 ISBN 978-608-65425-2-8 а) Деца роми - Социјална заштита - Македонија - ИзвештаиCOBISS.MK-ID 103313162

Page 5: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

СОДРЖИНА

Извршно резиме ......................................................................................6

Вовед ........................................................................................................16

Методологија .........................................................................................18

Трендови на детска и социјална заштита ........................................20

Анализа на законодавството ...............................................................27

Детски додаток ...................................................................................................................29

Посебен додаток ................................................................................................................32

Еднократна парична помош за новороденче ..................................................35

Родителски додаток за дете ........................................................................................36

Анализа на фокус групи ...................................................................... 39

Анализа на ставовите на вработените во Центрите за социјални работи ...........................................................51

Заклучок и препораки ..........................................................................55

Библиографија .......................................................................................60

Page 6: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

4

ПРЕДГОВОР

Ова истражување е резултат на проектот „Зајакнување на ромските деца и семејства во остварување на нивните права”, што нашето здружение го имплементира во периодот јуни 2016-април 2017 во 6 општини и тоа Прилеп, Шуто Оризари, Битола, Штип,

Куманово и Ѓорче Петров.

Целта на истражувањето е да се идентификуваат пречките и факторите кои влијаат на остварување на правата на децата Роми во поглед на нивната социјална заштита, и со тоа да се придонесе кон нивна поголема информираност и инволвираност во институционалните механизми за парична поддршка и развој.

Појдовна основа за ова истражување беше проценката на УНИЦЕФ од 2012 година во врска со системот на детски додаток во земјата, во која беше објавено дека бројот на корисници на клучните права од детски додаток опаѓа брзо и дека овие бенефиции не стигнуваат до најсиромашните домаќинства со деца. Луѓето кои живеат надвор од главниот град се борат за да добијат информации и не се секогаш свесни за документација која е потребна и на тој начин повеќе се потпираат на Центарот за социјална работа. Најчесто се работи за ромски семејства кои се изложени на постојана сиромаштија и сиромашните земјоделски семејства кои најчесто се погодени од природни катастрофи и ризици.

Процесот на истражување, а и самиот извештај, го спроведе/подготви Институт за Истражување и Анализа на Политики - Ромалитико како ангажирана надворешна страна/консултант, а додека локалните партнер здруженија во поединечните 6 опфатени општини овозможија логистичка поддршка при реализација на активности со заедницата.

Page 7: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

5

Од таа причина, упатуваме Благодарност до Здружение на просветни работници за заштита на правата на жените и децата „ЛИЛ”, Центар за развој на ромската заедница „Баирска Светлина”, Ромски едукативен центар „АМБРЕЛА”, Здружение на мултиетничко општество за човекови права и Ромска организација на жените од Македонија „ДАЈА”.

Благодарност исто така упатуваме до Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа од општините Штип, Прилеп и Куманово кои одговорија на нашите барања за пополнување на прашалник и со тоа придонесоа во самата анализа на состојбата.

Крајно, би сакале да упатиме голема благодарност до канцеларијата на УНИЦЕФ – Скопје кои финансиски, а и стручно, го подржуваат проектот во насока на овозможување подобра заштита и интеграција на децата од ромската заедница.

Несиме СалиоскаИзвршна директорка, здружение РОМА С.О.С.

Page 8: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

6

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

Стремежот кон постигнување на подобра детска заштита треба да се постигне со редистрибуцијата на буџетот во една држава односно повеќе одвоени финансиски средства по однос на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на децата. Одвојувањето на повеќе финансиски средства од буџетот ќе допринесе кон поголема социјална заштита на оние групи кои се најранливи во општеството, особено децата од посиромашните семејства со цел да се постигне социјална сигурност и еднакви можности за сите во општеството. Во овие насоки, креаторите на политиките во делот на социјална заштита на децата треба да ги насочат мерките поефективно, особено во делот на намалување на сиромаштијата.

Page 9: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

7

Од друга страна пак, стремежот за инклузивен раст несомнено е поврзан со унапредување на системот на социјална заштита и дополнителни инвестиции со крајна цел продуктивна и подобра работна сила на државите во иднина. Оттука, обезбедувањето на поголема сигурност на приходите и поефективен пристап до здравствена заштита на децата е инвестиција која на долг рок е исплатлива за државите, имајќи во предвид пред се дека денешните деца се идна работна сила на државата која е мотор за економскиот раст. Сепак, одредени држави, особено неразвиените и земјите во развој, се повеќе се насочуваат кон намалување на социјалните трансфери од буџетот, оттука и кон социјалните надоместоци во однос на правата на детето. Додека во западните земји социјалните трансфери изнесуваат дури до 2,2 % од БДП, во останатите земји овој процент изнесува помалку од 1% од БДП1.

Во Република Македонија, според проценката на УНИЦЕФ од 2012 година во врска со системот на детски додаток во земјата, генерален тренд е дека бројот на корисници на клучните права од детски додаток опаѓа брзо и дека овие бенефиции не стигнуваат до најсиромашните домаќинства со деца. Како резултат на тоа, здружението РОМА С.О.С. пристапи кон истражување на овој тренд кај ромските семејства и за таа цел го ангажираше Институтот за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико.

Целта на ова истражувањето, е да се прикаже моменталната состојба во однос на користењето на паричните права кои произлегуваат од Законот за заштита на децата со фокус кон ромската заедница од шест општини: Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Ѓорче Петров и Шуто Оризари. Во истражувањето се прикажани податоци за Ромите корисници на парични права кои произлегуваат од Законот за периодот 2014-2015, а спроведена е и анкета со центрите за социјална работа од шесте општини по однос на нивните ставови кон ромската заедница. Исто така, како дел од ова истражување направени се и фокус групи со Роми - тековни и потенцијални корисници на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на децата.

Генералниот заклучок од ова истражување е дека постои тренд на намалување на корисниците на сите мерки од социјална заштита во однос на правата на децата, со исклучок на родителскиот додаток во

1 Social protection for children: key policy trends and statistics / International Labor Office, Social Prote ction Department. - Geneva: ILO, 2015.

Page 10: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

8

2015 година. Од фокус групите особено се истакнува перцепцијата за дискриминаторски однос кон Ромите од страна на центрите за социјални работи во делот на информираност, сервис и пристап до правата од социјална заштита. Во однос на законската рамка и правилниците, се заклучува дека мерките за имунизација, посетување на редовна настава и редовни гинеколошки прегледи се воведени како придружни мерки за добивање на парични права, кои во крајна линија имаат за цел да предизвикаат подобрување на животниот стандард на подолг рок. Но сепак во одредени средини каде што живее ромското население, постои недостаток на гинеколошки служби и патронажни служби за имунизација, и поради овој факт постои можност овие лица да не можат да ги исполнат погоре наведените услови, а со тоа да не можат да се стекнат со правото на родителски додаток односно да го изгубат истото. Таков е примерот со општина Шуто Оризари, каде што повеќе години наназад нема гинеколошка амбуланта и со тоа неколку илјади жени Ромки немаат можност редовно да посетуваат гинеколог. Во однос на ставовите на ЦСР особено се истакнуваат општините Прилеп и Штип кои изјавија дека немаат позитивно искуство со ромската заедница.

Page 11: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

9

КЛУЧНИ НАОДИ

Трендови на детска и социјална заштита

Според анализата на трендовите на детската и социјална заштита на ромските семејства , како што може да се забележи од Графиконот 1, може да се забележат следните наоди во однос на промената на бројот на корисници во 2015 во споредба со 2014:

Page 12: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

10

1. Детски додаток - Тренд на намалување на бројот на корисници на детски додаток

кај ромската популација.

* Најголемо намалување се забележува во Скопје дури 36%, во Куманово 20%, Шуто Оризари 15%, Штип 9% и Прилеп 5%. Зголемување од 17% е забележано само во општина Битола.

2. Посебен додаток - Слични трендови преовладуваат како и со корисниците на посебен

додаток.

* Најголемо намалување има во општина Прилеп 47%, Скопје 19% и Штип 7%. Зголемување од 7% има во општина Куманово, Битола 6% и општина Шуто Оризари 3%.

3. Еднократна парична помош за новороденче - Тренд на намалување на еднократна парична помош за

новороденче кај ромската популација.

* Најдрастично намалување има во општина Штип 47%, по што следат општина Битола 42%, Скопје 17%, Шуто Оризари 16% и општина Куманово 10%. Зголемување од 30% се забележува само

во општина Прилеп. Ваквите податоци говорат дека намалувањето на бројот на корисници може да се поврзе со два фактори. Првиот фактор е намалување на бројот на новородени деца и тоа за дури 18% во 2015, во споредба со 2014. Вториот фактор, произлегува од делот на фокус групите и истиот се поврзува со емигрирање на младата ромска популација во западните европски земји.

4. Родителски додаток -Тренд на зголемување на корисниците на родителски додаток кај

ромската популација.

* Најголемо зголемување има во општина Прилеп 10% по што следат општина Куманово 8%, Битола 7%, Штип 7% и општина Шуто Оризари 5%. Единствено во Скопје има намалување од 4%.

Page 13: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

11

Издвоени буџетски средства

5. Тренд на зголемување на издвоени буџетски средства од потпрограма 52

- Трендот на издвоени буџетски средства за детска заштита е позитивен, со постојано зголемување во апсолутна вредност од година во година. Во однос на процентуалното зголемување, најголем пораст се забележува во 2015, каде што трошоците за детска заштита се зголемиле дури за 31%.

Идентификувани проблеми со кои ромската заедница се соочува

6. Ромската заедница најчесто е неинформирана за паричните права кои произлегуваат од Законот за заштита на децата, голем дел од анкетираните не знаат за постоењето на правото за детски додаток.

7. Ромската заедница не е запознаена со условите, начинот на аплицирање и роковите.

8. Решенијата за престанок на некое од правата, понекогаш не им се доставуваат на домашна адреса туку службениците лично им се јавуваат на телефон откако рокот за жалба е поминат.

9. Вработените во ЦСР не ги информираат странките за можноста и процесот на жалбена постапка.

10. Најчесто Ромите не знаат точно каде да се обратат.

11. Ромите се соочуваат со потешкотии во пристапот до правна помош, тие се правно неуки во составувањето на жалби.

12. Идентификуван е несоодветен однос кон Ромите од страна на службениците (вработени во ЦСР).

13. Забележан е дискриминаторски однос кон Ромите од страна на ЦСР во делот на информираност, сервис и пристап до правата за социјална заштита.

Page 14: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

12

Потенцијални причини за неостварување на право односно прекин на право

14. Детски додатокОва право е условено од: - Редовниот работен однос на родителите

* Негативно е тоа што невработеноста кај ромската популација изнесува дури 49%, па така условот за редовна плата ги ограничува во користењето на ова право.

- Редовното школување на детето

* Негативно е тоа што дел од ромските деца не се запишани во образовниот процес односно не посетуваат редовна настава. Процентот на ученици Роми кои го завршуваат основното

образование изнесува 73%.

- Максималниот месечен износ кој што семејството може да го оствари по однос на ова право изнесува 1.800 денари. Износот којшто може да се оствари за дете до 15 годишна возраст (основно образование) изнесува 716 денари односно 1.136 денари до 18 годишна возраст (средно образование).

* Максималниот износ утврден со Законот не смее да биде пречка во смисла на рамномерна дистрибуција на паричните средства. Постојат голем број на pомски семејства

кои што имаат повеќе од три деца кои се на школување. Поради ограниченоста, износот кој што ќе го земе третото дете е понизок за разлика од првите две деца, а четвртото дете нема да може да оствари додаток. Поради овој факт, бенефициите по однос на детскиот додаток треба да бидат достапни за сите деца во едно семејство, се додека се на редовно школување.

- Приходот по член во семејство треба да изнесува до 2.490 денари

* Негативно е тоа што во приходите кои ги остваруваат членовите на семејството се калкулира социјалната и постојаната парична помош.

Page 15: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

13

15. Посебен додаток - Корисниците на ова право се деца со пречки во развојот и деца

со специфични потреби. Согласно правилникот, стручниот орган кој го издава наодот и мислењето за степенот на попреченост може да препорача повторен контролен преглед-контрола или рекатегоризација. Центарот за социјални работи е должен, најдоцна еден месец пред истекот на датумот на повторниот контролен преглед или рекатегоризација, писмено да го извести корисникот на правото дека треба навремено да достави наод и мислење за видот и степенот на попреченост.

* Една од претпоставките е дека центрите за социјална работа не им доставуваат ваков вид на известување на оние корисници на коишто им е закажан повторен контролен преглед или

рекатегоризација па поради таа причина го губат правото. Втора претпоставка е дека корисниците го променуваат нивното живеалиште, а за тоа не го известуваат Центарот за социјални работи и поради таа причина известувањето не пристигнува на вистинската домашна адреса.

16. Родителски додаток - Правото на родителски додаток за дете согласно Законот не може

да се оствари доколку мајката не вршела гинеколошки здравствени прегледи за време на бременоста кај избран лекар, доколку не се вршат задолжителни вакцинации на детето и доколку детето не биде запишано во училиште односно не ја посетува редовно задолжителната настава.

* Утврдено е непостоење на гинеколошки ординации во помалите урбани средини, особено во ромските населби. Во однос на антенаталната заштита, 21% Ромки воопшто не

направиле ниедна здравствена проверка во текот на бременоста. Имунизацијата на децата Роми е под националниот просек од 95%, а покриеноста со одделни вакцини кај децата од 0-6 години во различни општини се движи од 20 – 90%. Опфатот на децата Роми на возраст од 7-15 години со вакцините кои се даваат во училишниот период е на загрижувачки ниско ниво и се движи од 35-93%.

Дополнително, правото на родителски додаток првенствено и припаѓа на мајката но не и на таткото, што во одредена мера доведува до дискриминација на едниот од родителите, во овој случај таткото. Таткото може да го оствари правото на родителски додаток само во услови кога мајката не е жива, го напуштила детето односно и е одземено родителското право или од оправдани причини е спречена непосредно да се грижи за детето (има тешки здравствени растројства).

Page 16: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

14

17. Еднократна парична помош

* Со посебен проблем по однос на користење од овие права се соочуваат лицата Роми коишто се без лична документација. Основен услов за користење на ова право е исто така уписот на новороденчето,

а за жал сеуште на терен се забележува дека новороденчињата не се пријавуваат навреме односно првите 30 дена од раѓањето.

Препораките во овој дел ќе бидат насочени кон сите засегнати страни кои придонесуваат и работат во делот на социјална заштита на децата и вклучување на маргинализираните групи, особено на Ромите во општество:

Препораки за креаторите на политики – МТСП:

1. Обезбедување на неопходната здравствена инфраструктура (гинеколошка служба, мобилна патронажна служба и сл.) со цел исполнување на условите кои произлегуваат од правото на родителски додаток.

2. Остварување на правото на детски додаток на родителите - приматели на социјална помош чии месечни примања се и така ниски, со цел овозможување на еднакви услови на децата во обезбедувањето на основните животни потреби во секојдневното живеење.

3. Зголемување на паричните средства коишто се добиваат по однос на горенаведените права приспособени на потрошувачката кошница на едно семејство со цел да се обезбеди достоинствен и квалитетен живот за секое дете.

4. Паричниот надомест по однос на детскиот додаток којшто произлегува од Законот треба сите деца во едно семејство да го остваруваат без ограничување на надоместокот во однос на бројот на деца во семејството и максималниот износ да биде соодветно приспособен.

Препораки за центрите за социјална работа

5. Воведување на Отворен ден за информирање во центрите за социјална работа во рамките на секој месец. Во овие рамки исто така потребна е и соработка со Ромските Информативни Центри во делот спроведување на информативни кампањи. Токму во оваа насока, сместувањето на РИЦ-овите во просториите на центрите за социјална работа треба да

Page 17: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

15

придонесе во зголемување на бројот на информативни средби, како и да се зајакне довербата во институциите.

6. Воспоставување на транспарентен механизам за жалби пред сите шалтери со цел корисниците на права односно апликантите да ја оценат работата на државните службеници.

7. Вработување на Роми во центрите за социјална работа со цел зголемување на довербата на ромската заедница кон државните институции.

8. Потребни се поредовни информативни средби помеѓу ЦСР и ромската заедница со цел приближување на измените и дополнувањата во процедури/правилници поврзани со правата од социјална заштита, со оглед на тоа што истите се носат во краток рок и нивното непроследување помеѓу корисниците резултира со прекин на правата.

Препораки за граѓ aнските организации

9. Граѓанскиот сектор да продолжи да работи на информирање и спроведување на кампањи, јавни дебати и тркалезни маси на месечно ниво со ромската заедница со цел зголемена информи-раност за условите и критериумите на паричните надоместоци.

10.Обезбедување на бесплатна правна помош и застапување на корисниците на парични надоместоци пред институциите во случај на несоодветен третман од институциите и повредување на правото на социјална заштита.

11.Граѓанскиот сектор активно да врши мониторинг врз работата на институциите и на национално и на локално ниво при спроведување на мерките за социјална заштита на децата, примена на правилниците и иницирање промени на критериумите.

Препораки за корисниците на социјални надоместоци од ромската заедница

12.Пријавување на случаите на дискриминација во државните институции или граѓанските организации.

13. Проактивно учество во делот на информирање за критериумите за остварување и продолжување на правото за користење на социјалните надоместоци, како и навремено доставување на потребната документација и промена на податоци.

Page 18: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

16

ВОВЕД

Социјалната заштита е од суштинско значење за спречување и намалување на сиромаштијата кај децата и нивните семејства. Исто така, социјалната заштита е значајна и во остварувањето на правата на децата и во решавањето на нееднаквостите помеѓу

децата. Политиките за социјална заштита се суштински елемент за остварување на правата на децата, обезбедување на нивната благосостојба, кршење на затворениот круг на сиромаштија и ранливост, спречување на злоупотребата на детски труд, како и помагање на сите деца да го реализираат својот целосен потенцијал2. Сепак, социјалната заштита и нивото на социјална сигурност која им се нуди на граѓаните во голема мера зависи од степенот на развиеност на државата, демографските трендови, економскиот раст, како и социјалниот јаз помеѓу самото население. Во оваа насока, креирањето на мерки во рамките на политиките за социјална заштита како и институционалниот пристап играат клучна улога во искористувањето на овие мерки и намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на ранливите категории на граѓани.

Процесот на приближување кон ЕУ, како и хармонизацијата со европското законодавство налагаат создавање на современ систем на социјална заштита базиран на потребите на граѓаните. Во Република Македонија, мерките за социјална заштита имаат за цел да обезбедат социјална помош и социјални услуги во случаи на потреба, односно кога граѓаните не се во состојба самостојно да ја остварат социјалната сигурност. Генерален заклучок е дека „постојат голем број на идентификувани недостатоци во социјалната сигурносна мрежа во Македонија, кои имаат ефект на попречување на способноста на луѓето да ги бараат своите социјални права”3. Како што се забележува, постои јаз помеѓу носењето на одредени мерки во однос на социјалната заштита, спроведувањето на истите мерки како и ефектите што треба да произлезат од нив.

2 World Social Protection Report 2014/15: Building economic recovery, inclusive development and social justice International Labour Office – Geneva: ILO, 2014.

3 Хелсиншки Комитет за Човекови Права, Правата на децата и граѓаните низ призмата на економско социјалните права во Република Македонија, 2015, стр3.

Page 19: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

17

Според укажувањата на УНИЦЕФ, најголем недостаток на мерките на социјална заштита во однос на правата на децата е што во „најголем број случаеви истите не стигаат до сиромашните семејства”4 (УНИЦЕФ, 2013). При анализа на мерките, како што може да се забележи, како на пример правото на детски додаток, наместо да ја намали нееднаквоста помеѓу најсиромашните групи на граѓани, напротив го зголемува јазот бидејќи токму оние најранливите не се таргетирани со оваа мерка.

Кога станува збор за ромската заедница и социјалната заштита во однос на правата на децата, одредени фактори како што се креирање на мерките на социјална заштита во однос на правата на децата, институционалната поставеност и пристап на вработените кон корисниците, како и степенот на информираност на граѓаните имаат ограничувачкo влијание кон искористувањето на овие мерки. Како резултат на овие ограничувачки фактори, сиромаштијата се пренесува од генерација на генерација и се повеќе деца од ромската заедница се принудени уште од мала возраст да работат за да придонесуваат во буџетот на семејствата.

Целта на ова истражување е да ја утврди состојбата на ромската заедница во однос на социјалната заштита, како и да го утврди степенот на искористеност на социјалните надоместоци во однос на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на децата. Во оваа насока, генерален фокус на оваа студија е осознавање на факторите кои го ограничуваат користењето на овие права, како и испитување на ставовите и перцепцијата на ромските семејства во однос на информираноста и пристапот до користење на овие права. Воедно, оваа студија дава препораки до сите засегнати страни за олеснување на пристапот на ромската заедница до социјалните бенефиции во однос на правата на децата.

4 Канцеларија на УНИЦЕФ, Зајакнување на социјалната заштита на децата : анализа и пре-пораки за поправичен и поефикасен систем на надоместоци за деца, 2013.

Page 20: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

18

МЕТОДОЛОГИЈА

Оваа студија ќе придонесе во осознавање на факторите кои го ограничуваат користењето на социјалната заштита во однос на правата на децата, како и да ги испита ставовите и перцепцијата на ромските семејства во однос на степенот на информираноста и пристапот до користење на овие права. Истражувањето се спроведуваше во шест општини: Куманово, Прилеп, Битола, Штип, Ѓорче Петров, Шуто Оризари.

Во истражувањето се користеше интегративен пристап, кој вклучува комбинација на три методи:

Секундарната анализа на податоци вклучува анализа на правото на детски додаток, посебен додаток, родителски додаток и еднократна парична помош за новороденче. Во овие рамки, беше направена анализа на клучните документи, јавни политики и други истражувања вклучувајќи Стратешки план на Министерството за труд и социјална политика, Закон за заштита на децата, подзаконски акти (правилници, упатства и сл.) кои се однесуваат на спроведувањето на овие парични права, Програма за развој на социјална заштита 2011 – 2021, Национална стратегија за намалување на сиромаштијата 2010 – 2020, Програма за развој на дејноста на заштита на децата 2016 години, Стратегијата на Ромите 2014 – 2020, Националните Акциони Планови, како и истражувањето на УНИЦЕФ за зајакнување на социјалната заштита на децата. Во однос на добивање на основни статистички податоци, тимот

Page 21: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

19

на Ромалитико достави и барање за пристап до податоци до МТСП и центрите за социјални работи за утврдување на бројот на корисници по однос на социјалните права.

Квантитативниот дел вклучува анализа на анкетен прашалник кој беше дистрибуиран5 до вработените во центрите за социјална работа [Види: АНЕКС 1]. Целта на прашалникот е да ги согледа ставовите и мислењата на вработените во центрите за социјална работа во однос на користењето на правата од социјална заштита на децата, со посебен фокус на ромските семејства. Прашалникот се состои од 12 прашања и е поделен на 3 дела: степен на информираност на ромските семејства, проблемите со кои се соочува ромската заедница при процесот на аплицирање, како и потребата од дополнителна поддршка при пристапот до институциите за социјална заштита. Од доставените прашалници до центрите за социјална работа во сите шест општини, само 8 лица од три општини го пополнија истиот. Политичката ситуација и институционалниот вакуум во голема мера влијаеа на добивање на одговори на прашалниците.

Квалитативната анализа се реализираше преку спроведување на фокус групи во општините кои се предмет на ова истражување, по претходно изработен прашалник [Види: АНЕКС 2]. Целта на фокус групите е да се идентификуваат бариерите и факторите кои придонесуваат и влијаат за намалување на искористеноста на правата од социјална заштита во однос на децата со посебен фокус на ромските семејства. При спроведувањето на фокус групите се користеше концептот6 на Сара Овен кој се однесува на спроведување фокус групи на практичен начин, при што се запазија методолошките и етичките норми при работа со ранливи категории. Времетраењето на фокус групите беше од 60 до 90 минути, при што се внимаваше на партиципативниот пристап на сите учесници. На фокус групите со лицата од ромската заедница се разговараше на следните три теми:

1. Степен на информираност за правата;

2. Пристапот на вработените во центрите за социјална работа кон Ромите;

3. Поддршка при искористување на правата од социјална заштита.

5 Прашалникот електронски се достави до Министерството за Труд и Социјална Политика преку апликацијата Google Forms од страна на претставник на УНИЦЕФ, исто така локал-ните асистенти ги доставија анкетите во писмена форма до вработените во Центрите за социјална работа.

6 Owen, Sara. „The practical, methodological and ethical dilemmas of conducting focus groups with vulnerable clients, Journal of advanced nursing 36, no.5,652-658, 2001.

Page 22: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

20

ТРЕНДОВИ НА ДЕТСКА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Во овој дел, прикажани се главните трендови во однос на буџетот на надоместоците, корисниците на социјална заштита во однос на правата на детето, како и споредба на трендовите помеѓу ромската и не-ромската заедница. Овие податоци се преземени од Државниот завод за статистика, но исто така и од административните евиденции од центрите за социјална работа и Министерството за труд и социјална политика преку механизмот за прибирање на информации од јавен карактер. Целта на овој дел е да даде увид во состојбата на користење на мерките за социјална заштита на ромската заедница во периодот 2013 – 2015 на национално ниво и во рамките на шесте општини опфатени со ова истражување: Куманово, Прилеп, Битола, Штип, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

Од анализата на трендовите на социјалните надоместоци според бројот на деца, највпечатлив е трендот на намалување на детскиот додаток во период 2012 – 2015. Бројките од година во година укажуваат на намалување од 10% во 2013, зголемување за 1% во 2014 и намалување од 16% во 2015 година. Од останатите мерки, забележителен е порастот на родителскиот додаток и тоа во просек од 22% од година во година. Останатите мерки за еднократна помош за новороденче и посебен додаток се речиси непроменети и истите од буџетска гледна точка се помали во однос на претходните две мерки.

Page 23: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

21

Табела 1 го прикажува бројот на корисници на детски додаток според етничката припадност и според општини. Анализата на трендовите укажува на тоа дека детскиот додаток во 2015 година речиси во сите општини бележи намалување во однос на бројот на корисници во однос на 2014 кај Ромите и не-Ромите.

Табела 1: Корисници на детски додаток не-Роми Роми

2015 2014 2015 2014 Шуто Оризари n/a n/a 225 264 Скопје 2 280 3 184 289 451 Битола 405 530 152 130 Куманово 1 013 1 417 66 83 Прилеп 1 691 1 723 71 75 Штип 205 310 82 90Извор: Државен завод за статистика и МТСП

Најголемо намалување се забележува во Скопје, дури 36% кај Ромите додека кај не-Ромите бележи намалување од 28%. Исто така, во однос на детскиот додаток големи разлики може да се забележат во Штип, Куманово и Битола, каде што намалувањето кај ромската заедница изнесува 34% во Штип, 29% во Куманово и 24% во Битола.

Page 24: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

22

Во општина Прилеп, се забележува намалување од 5% кај Ромите, додека кај не-Ромите намалување од 2%. Најголеми отстапки/разлики, речиси 40% процентни поени се забележува во Битола, каде што бројот на корисници на детски додаток кај ромската заедница се зголемува за 17%, додека кај не-ромската заедница се намалува од 24%. Во Шуто Оризари, исто така преовладува трендот за намалување на бројот на корисници на детски додаток кај ромската заедница за 15%, додека за не-Ромите не постојат расположливи податоци. Сегрегираните трендови во однос на општини и етничка припадност покажуваат голема сличност со генералниот тренд прикажан во График 1, каде што се забележува драстично намалување на бројот на корисници на детски додаток.

Во однос на корисниците на посебен детски додаток, речиси слични трендови преовладуваат како и со корисниците на детски додаток. Како што може да се забележи, отстапуваат општина Битола и Куманово, каде што е забележан тренд на зголемување на корисници кај ромската задница 6% и 7%, додека кај не-Ромите во Битола е забележано зголемување од 18% и намалување од 13% во Куманово.

Табела 2: Корисници на посебен додатокне-Роми Роми

2015 2014 2015 2014

Шуто Оризари 129 125

Скопје 1,965 2,001 189 233

Битола 261 221 86 81

Куманово 448 513 46 43

Прилеп 416 480 41 77

Штип 131 144 40 43

Извор: Државен завод за статистика и МТСП

Во останатите општини, трендот на намалување доминира, со особени разлики во општина Прилеп каде што разликата кај Ромите и не-Ромите е најголема, речиси 34% процентни поени. Како што може да се забележи од График 3, најголемо намалување има кај ромската заедница во Прилеп од речиси 47%, при што истото може да се поврзе со непродолжување на правото за посебен детски додаток затоа што нелогично е во рамките на една година кај децата со посебни потреби да се подобри значително

Page 25: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

23

состојбата. Во Шуто Оризари, забележано е зголемување на бројот на корисници кај Ромите за 3%.

Во однос на корисниците на еднократна парична помош за новороденче,

речиси во сите општини преовладува трендот на намалување, каде што најголемо намалување на корисниците е во општина Битола и Прилеп. Во однос на не-Ромите, намалувањето е поблаго движејќи се од -17% во Прилеп до 9% во Битола.

Табела 3: Корисници на еднократна парична помош за новороденче не-Роми Роми

2015 2014 2015 2014

Шуто Оризари 64 76

Скопје 2,602 ,707 120 145

Битола 417 383 21 36

Куманово 550 566 19 21

Прилеп 388 469 13 10

Штип 195 231 9 17Извор: Државен завод за статистика и МТСП

Page 26: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

24

Само во општините Прилеп и Битола постои зголемување на бројот на корисници и тоа 9% кај не-Ромите во Битола и рекордни 30% кај ромската заедница во Прилеп. Во општина Шуто Оризари, се забележува намалување од 16% на корисници однос на претходната година.

Иако генералниот тренд во однос на еднократна парична помош е непроменет, од сегрегираните податоци може да се забележи драстично намалување на корисниците од ромската припадност и тоа намалување на бројот на новородени дури 18% во 2015, во споредба со 2014.7

Во однос на родителскиот додаток за трето и четврто дете, во сите општини имаме тренд на зголемување на корисниците на родителски додаток. Сепак, зголемувањето е поизразено кај не-Ромите , достигнувајќи максимум во Штип 47% и Скопје 39%.

7 Државен Завод за Статистика, Природен прираст на населението,2015. Достапно на: http://www.stat.gov.mk/PrikaziPoslednaPublikacija.aspx?id=10

Page 27: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

25

Табела 4: Корисници на родителски додатокне-Роми Роми

2015 2014 2015 2014Шуто Оризари 838 800

Скопје 6,273 4,507 1,356 1,416Битола 175 131 434 406

Куманово 1,616 1,350 316 292Прилеп 627 583 268 244

Штип 141 96 294 274

Извор: Државен завод за статистика и МТСП

Кај ромската заедница зголемувањето се движи од 5% до 10%, најизразено е во општина Прилеп. Само во град Скопје кај ромската заедница е забележано намалување на корисниците на родителски додаток од 4%.

Горенаведените податоци укажуваат дека генерално постои тренд на намалување на корисниците на сите мерки од социјалната заштита во однос на правата на децата, со исклучок на родителскиот додаток. Сепак, доколку се разгледа буџетската страна од графиконот 6, трендот за издвоени средства од потпрограма 52 наменета за детска заштита е

Page 28: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

26

позитивен, со постојано зголемување во апсолутна вредност од година во година. Во однос на процентуалното зголемување, најголем пораст се забележува во 2015, каде што трошоците за детска заштита се зголемиле дури за 31%, при што соодветствува со зголемувањето на родителски додаток од 21% .

Page 29: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

27

АНАЛИЗА НА ЗАКОНОДАВСТВОТО

Социјалната заштита на детето е загарантирано човеково право согласно Конвенцијата на Обединетите Нации за Правата на Детето. Но и покрај ваквата заштита, голем број на деца не ги добиваат основните услови за живот, со што им се намалуваат шансите за остварување на нивниот целосен потенцијал.

Устав на Република Македонија

Според Уставот на Република Македонија, основна обврска на државата е да осигура специјални грижи и заштита на семејството. Уставот вели дека право и обврска на родителите е да осигурат издржување и образование на децата. Република Македонија особено го заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.

Законска регулатива во Република Македонија

- Закон за Заштита на Децата8

Правилници согласно со Законот за заштита на децата

- Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот за остварување на правата за заштита на децата9

- Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот на остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче и на правото на родителски додаток за дете10

8 Закон за Заштита на Децата, Сл.Весник 23/2013, (измени и дополнувања: Сл. Весник бр.12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015 и 27/2016).

9 Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот за остварување на правата за заштита на децата, Сл. Весник 62/2013, (измени и дополнувања: Сл. Весник бр.51/2014, 43/2015).

10 Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот на остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче и на правото на родителски додаток за дете, Сл.Весник 163/2008, (измени и дополнувања: Сл. Весник бр. 34/2009).

Page 30: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

28

Заштитата на децата како систем на организирани мерки и активности на државата за грижа и заштита на децата се остварува согласно со Законот за заштита на децата и подзаконските акти. Согласно Законот, заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите за планирање на семејството, обезбедување на услови и ниво на животен стандард што одговара на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата. Исто така, согласно Законот, државата, како и единиците на локалната самоуправа имаат обврска да водат хумана популациона политика и да дадат соодветна материјална помош на родителите за издржување, подигнување, грижа и заштита на децата и организирање и обезбедување на развој на установи и служби за заштита на децата.

Законот за Заштита на децата таксативно ги набројува правата од областа на детската заштита и тоа:

� Детски додаток,

� Посебен додаток,

� Еднократна парична помош за новороденче,

� Родителски додаток за дете и

� Партиципација.

Page 31: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

29

Детски додаток

Согласно Законот за заштита на децата, правото на детски додаток е право на детето со кое се обезбедува паричен надоместок за покривање на дел од трошоците во подигање и развој на детето. Ова парично право им овозможува на родителите кои имаат ниски месечни примања да им ги пружат неопходните услови на своите деца во нивното секојдневно живеење. Според Законот, правото на детски додаток му се обезбедува на дете кое е државјанин на Република Македонија и кое е на редовно школување во државата. Ова право може да го оствари еден од родителите односно старателите или пак лице на кое со решение од надлежен орган му е доверено детето и живее во семејство со него. Услов за остварување на ова право се месечните примања на семејството и возраста на детето.

Што се однесува до возраста на детето, правото се обезбедува за:

� Дете кое е редовен ученик во основно училиште, за толку години колку што трае редовното школување, а заклучно со 31 август во годината.

� Дете кое е редовен ученик во средно училиште, за секоја учебна година до навршување на 18 годишна возраст, а заклучно со 31 август во годината.

� Дете кое наполно и трајно или за подолго од една година ќе остане неспособно за работа пред наполнети 15 години од животот или за време на редовното школување, има право на детски додаток за време на траењето на неспособноста на детето, но најдолго до 18 години живот.

� Како наполно и трајно неспособно за работа се смета и дете на кое му е признато право на работно оспособување се до неговото успешно завршување, но најдолго до наполнување на 18 години живот.

� Право на детски додаток има дете кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и заради таквата спреченост вонредно го продолжува образованието согласно со закон.

Детето кое престанало со редовното школување односно изгубило својство на редовен ученик не му следува правото на детски додаток и истото престанува од првиот ден на наредниот месец по престанување на својството на редовен ученик.

Page 32: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

30

Што се однесува пак до месечните приходи за остварување на правото на детски додаток, Законот предвидува дека приходите во семејство по сите основи по член на семејство треба да изнесуваат до 2.490 денари, а за дете на самохран родител до 4.980 денари. Наведените износи се усогласуваат со порастот на трошоците во претходната година објавени од страна на Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Под приходи со кои се утврдува материјалната состојба на семејство согласно Законот се сметаат:

� плата и надоместоци на плата (намалени за придонесите утврдени со закон),

� пензиски примања согласно со закон,

� паричен надоместок за невработени лица,

� постојана парична помош,

� социјална парична помош,

� приходи по основ на имот и имотни права, по основ на вршење самостојна дејност, по основ на вршење занаетчиска дејност и други на данок подложни приходи (од авторски права, права од индустриска сопственост, договор за дело, вештачење, повремени приходи),

� приходи по основ на вршење земјоделска дејност кој претставува катастарски приход кој служел како основица за утврдување на данокот од приход од земјоделска дејност,

� приходи по основ на привремена работа во странство,

� примања остварени во странство на работници деташирани во странство,

� алиментација и стипендии, и

� цивилна инвалиднина.

Висината на детскиот додаток изнесува 716 денари за дете во предучилишна возраст односно за ученик во основно образование, за дете ученик во средно образование до наполнување на 18 годишна возраст додатокот изнесува 1.136 денари. Законот го регулира и износот на додаток на деца кои се трајно или наполно неспособни за работа и истиот изнесува 716 денари за дете до навршени 15 години односно 1.136 денари за дете над 15 години до навршени 18 години. Вкупниот месечен износ на детски додаток за кои родителот остварил право може да изнесува 1.800 денари.

Page 33: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

31

Согласно Законот ова право е условено од редовното школување на детето. Децата на најсиромашните ромски семејства не посетуваат редовна настава, односно не се вклучени во образовниот процес. Немањето на лична документација, неодговорноста на родителите и тешките економски услови во кои живеат се причини децата Роми да не посетуваат редовна настава, односно да не се запишуваат во образовниот процес. Според Индексот за Инклузија на Роми процентот на ученици Роми кои го завршуваат основното образование изнесува 73%.11

Исто така, Законот наведува дека еден од родителите треба да е во редовен работен однос, односно да прима редовна плата. Невработеноста12 кај ромската популација изнесува дури 49%, па така условот за редовна плата ги ограничува во користењето на ова право. Дополнително, со Законот исто така се предвидува дека материјалната состојба на семејството се утврдува врз основа на приходите кои ги остваруваат сите членови во семејство во кое приходот по член треба да изнесува до 2.490 денари. Исто така, дополнителен недостаток од овој закон е што во приходите на семејството се калкулираат социјалната и постојана парична помош. Со посебен проблем по однос на користење од овие права се соочуваат лицата Роми коишто се без лична документација.

11 Decade of Roma Inclusion Secretariat Foundation, Roma Inclusion Index – 2015, 2015.

12 Ibid. Види исто: UNDP, The Living Standards of Roma, Country Status, 2012.

Page 34: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

32

Посебен додаток

Правото на посебен додаток како паричен надоместок се обезбедува за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или има комбинирани пречки во развој до 26 години живот. При утврдување на ова право се обезбедува наод, оцена и мислење од стручен орган кој го оценува видот и степенот на попреченост на лицата.

Според Законот, дете со пречки во развојот и со специфични потреби е дете со:

� тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој,

� умерена, тешка или длабока ментална попреченост,

� најтешки облици на хронични заболувања,

� најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот (слепо лице и практично слепо лице, практично глуво и тотално глуво лице, лице со потполно отсуство на говорот, лице со тешко оштетен говор поради детска парализа, лице со аутизам и лице со оштетен или изгубен порано стекнат говор),

� Даунов синдром, и

� повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.

Право на посебен додаток има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејството со него, со постојано место на живеење во Република Македонија, ако е детето државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија до навршени 26 години живот, доколку не е институционално згрижено на товар на државата.

Висината на посебниот додаток согласно Законот изнесува 4.202 денари. За самохран родител кој има дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или пак комбинирани пречки износот се зголемува за 50% и истиот изнесува 6.303 денари и се добива до навршување на 26 години живот. Износот од 4.202 денари може да се зголеми за 25% односно да изнесува 5.252,50 денари за материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална парична помош и постојана парична помош кои имаат дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот.

Page 35: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

33

Износите наведени погоре се усогласуваат со пораст на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Според Законот за самохран родител на дете за кое се остварува право на посебен додаток се смета родител на:

� дете кое го издржува, ако другиот родител е починат,

� дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител е во работен однос,

� дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител не е во работен однос,

� дете од разведен брак ако родителот кај кого детето живее не живее во брачна, односно вонбрачна заедница,

� дете на кое едниот родител е непознат, и

� дете на кое едниот родител се води за исчезнат.

Page 36: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

34

Правото на посебен додаток е дополнително регулиран со подзаконски акт односно со Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот за остварување на правата за заштита на децата. Имено, во ова истражување, во делот на трендови за правото на посебен додаток може да забележиме драстично намалување на бројот (околу 40) на корисници на ова право во Прилеп и Скопје. Доколку го погледнеме законот, корисниците на ова право се деца со пречки во развојот и деца со специфични потреби-карактеристики коишто не може да се отстранат, односно не може да се излечат за кратко време од една година.

Согласно правилникот, стручниот орган кој го издава наодот и мислењето за степенот на попреченост може да препорача повторен контролен преглед - контрола или рекатегоризација. Во овој случај, центарот за социјални работи е должен, најдоцна еден месец пред истекот на датумот на повторниот контролен преглед или рекатегоризација, писмено да го извести корисникот на правото дека треба навремено да достави наод и мислење за видот и степенот на попреченост. Доколку по писменото известување корисникот не го достави навремено наодот и мислењето, го губи правото на посебен додаток. Една од претпоставките е дека центрите за социјална работа не им доставуваат ваков вид на известување на оние корисници на коишто им е закажан повторен контролен преглед или рекатегоризација, па поради таа причина го губат правото. Втора претпоставка е дека корисниците го променуваат нивното живеалиште, а за тоа не го известуваат центарот за социјални работи и поради таа причина известувањето не пристигнува на вистинската домашна адреса. Оваа претпоставка е исто така нотирана и во Стратегијата за Ромите во Република Македонија 2014 во поглед на имунизацијата, во која се вели дека „Поради честото менување на живеалиштето и несоодветните адреси на нивните домови, Ромите не ги добиваат навреме поканите за вакцинација на децата”.13 Со посебен проблем по однос на користење од овие права се соочуваат лицата Роми коишто се без лична документација.

13 Министерство за Труд и Социјална Политика, Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020.

Page 37: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

35

Еднократна парична помош за новороденче

Еднократната помош за новороденче се обезбедува на семејство за прво новородено дете како паричен надоместок. За прво новородено дете се смета детето кое е прво живородено по ред на раѓање на мајката. За прво новородено дете ќе се сметаат и децата кога мајката при првото раѓање ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе). За прво новородено дете ќе се смета и првото посвоено дете, како и кога ќе се посвојат повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) при првото посвојување, на возраст на детето/цата до една година доколку мајката нема прво новородено дете. Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, за дете родено на територијата на Република Македонија. Висината на паричната помош за новороденче изнесува 4.829 денари. Овој износ се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Со посебен проблем по однос на користење од овие права се соочуваат лицата Роми кои што се без лична документација. Основен услов за користење на ова право е исто така уписот на новороденчето, а за жал сеуште на терен се забележува дека новороденчињата не се пријавуваат навреме односно првите 30 дена од раѓањето.

Page 38: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

36

Родителски додаток за дете

Правото на родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете, која е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето. За да го остварува ова право мајката непосредно треба да се грижи за детето за кое поднела барање, децата од претходниот ред да не се сместени во установа за социјална заштита, да не се дадени на чување во згрижувачко семејство, или пак дадени на посвојување, ниту пак на мајката да и е одземено родителско право над децата.

Правото на родителски додаток за дете согласно Законот не може да се оствари доколку мајката не вршела гинеколошки здравствени прегледи за време на бременоста кај избран лекар. Исто така ова право не може да се оствари односно мајката може да го изгуби веќе оствареното право доколку не се вршат задолжителни вакцинации на детето и доколку детето не биде запишано во училиште, односно не ја посетува редовно задолжителната настава. Исто така, Законот предвидува дека доколку мајката не е жива, го напуштила детето, или од оправдани причини е спречена да се грижи за детето, правото на родителски додаток за дете може да го оствари таткото односно старателот доколку се грижи за детето и ги почитува погоре наведените услови. Родителскиот додаток за трето дете се исплатува секој месец, за период од десет години и истиот изнесува 8.048 денари.

Како што може да забележиме мерките за имунизација, посетување на редовна настава и редовни гинеколошки прегледи се воведени како придружни мерки за добивање на парични права кои во крајна линија имаат за цел да предизвикаат подобрување на животниот стандард на подолг рок. Но сепак во одредени средини каде што живее ромското население, постои недостаток на гинеколошки служби и патронажни служби за имунизација, и поради овој факт постои можност оваа група на лица да не може да ги исполнат погоре наведените услови, а со тоа да не може да се стекнат со правото на родителски додаток односно да го изгубат истото. Таков е примерот со општина Шуто Оризари каде што повеќе години наназад нема гинеколошка амбуланта и со тоа неколку илјади жени Ромки немаа можност редовно да посетуваат гинеколог. Имено податоците говорат дека превентивната здравствена заштита

Page 39: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

37

на мајките и децата Роми е недоволна во поглед на имунизацијата, здравствената едукација и посетите од патронажните служби. Имунизацијата на децата Роми е под националниот просек од 95%, а покриеноста со одделни вакцини кај децата од 0-6 години, во различни општини се движи од 20 – 90%14. Опфатот на децата Роми на возраст од 7-15 години со вакцините кои се даваат во училишниот период е на загрижувачки ниско ниво и се движи од 35-93%. Ваквата состојба според истражувањето пред се, се должи на тоа што дел од децата не посетуваат редовно настава, односно воопшто не посетуваат настава15. Во однос на условот за редовно школување, според Индексот за Инклузија на Роми процентот на ученици Роми кои го завршуваат основното образование изнесува 73%.16 Овој податок говори дека голем број на семејства не можат да се стекнат со правото на родителски додаток, односно може да го изгубат правото.

Пристапот до гинеколошки услуги за дел од Ромките е несоодветен. Утврдено е непостоење на гинеколошки ординации во помалите урбани средини, особено во ромските населби. Во однос на антенаталната заштита, 21% Ромки воопшто не направиле здравствена проверка во текот на бременоста17. Со посебен проблем по однос на користење од овие права се соочуваат лицата Роми коишто се без лична документација.

Дополнително, правото на родителски додаток првенствено и припаѓа на мајката, но не и на таткото, што е во одредена мера доведува до дискриминација на едниот од родителите, во овој случај таткото. Таткото може да го оствари правото на родителски додаток само во услови кога мајката не е жива, го напуштила детето односно одземено и е родителското право или од оправдани причини е спречена непосредно да се грижи за детето (има тешки здравствени растројства).

14 15 16 17

14 Мониторинг во заедницата, спроведен од здруженијата РOMA С.О.С Прилеп.; КХАМ Делчево; ЕСЕ Скопје; ЛИЛ Скопје и ЦДРИМ Скопје, на територија на општините: Прилеп; Делчево; Виница; Шуто Оризари; Ѓорче Петров и Карпош. 2012.

15 Фондација Институт Отворено Општество – Македонија, Опфат на децата Роми со вак-цинација и превентивни здравствени услуги: Состојби, Проблеми и Решенија, 2014.

16 Decade of Roma Inclusion Secretariat Foundation, Roma Inclusion Index – 2015, 2015.

17 ЕСЕ. Павловски Б. Проценка на состојбата по однос на сексуалното и репродуктивното здравје и правата на населението во РМ. 2012.

Page 40: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

38

Во примената на одредбите од овој закон се тргнува од принципите на заштита на правото на живот и развој на детето, заштита на најдобриот интерес на детето, обезбедување на минимум стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и безбедност на личноста, на сопствено мислење и слободно изразување, здружување и образование, услови за здрав живот и остварување на други социјални права и слободи на детето. Се забранува секоја форма на дискриминација врз основа на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното, етничкото или социјалното потекло, културна или друга припадност, имотната состојба, онеспособеност, раѓањето или друг статус на детето или на неговиот родител или законски старател.

Државата и институциите на системот се должни да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат правата на детето и за спречување на сите облици на дискриминација и злоупотреба без оглед на местото каде што се извршени овие дејствија, тежината, интензитетот и нивното времетраење. Директна дискриминација, во смисла на членот 13 од Законот, е секое постапување со кое барателот или корисникот на заштита на децата бил ставен во неповолна положба од други корисници во споредбени случаи заради расна, етничка или друга припадност. Индиректна дискриминација во смисла на овој закон, постои кога со определена неутрална одредба, критериум или пракса, го става барателот или корисникот на заштита на децата во неповолна положба во однос на други лица, заради расна, етничка или друга припадност, освен доколку се утврдени критериуми или практики кои се објективно оправдани со легитимна цел и средствата за постигнување на таа цел се соодветни и неопходни.

Page 41: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

39

АНАЛИЗА НА ФОКУС ГРУПИТЕ

Во имплементација на фокус групите од овој проект, како метод за прибирање теренски податоци од Роми во шест (6) општини, се генерира тематска анализа на одговорите од учесниците. Фокус групите беа имплементирани во општините Шуто Оризари, Куманово, Битола, Прилеп, Штип и Ѓорче Петров, во периодот од 23ти до 30ти ноември 2016 година. Профилот на учесниците беше базиран на примерок од 10 учесници од кои 5 мажи и 5 жени, вклучувајќи членови кои изгубиле некои од правата на социјална заштита во однос на децата. Исто така, важно е да се напомене дека учесниците беа од различна географска поставеност, различни населби од градот или општината. Фокус групите беа фасцилитирани од страна на претставник на Ромалитико со поддршка на локалните граѓански организации кои помогнаа во обезбедување на соодветни учесници според таргетираниот профил за ова истражување. Фокус групите беа фасцилитирани со претходно припремен водич со прашања кои ги опфаќаат аспектите на социјалната помош.

Водичот, покрај запознавањето и објаснување на правилата, се состоеше од три главни сетови на прашања во кои специфично се разгледуваа одговорите на учесниците. Првиот сет на прашања беше степенот на информираност на учесниците. Во овој сет на прашања имаше четири (4) специфични прашања и тоа:

1. Ве молиме објаснете накратко, од каде сте добиле информации во однос на користењето на правата од социјална заштита?

2. Какво било/ е вашето искуство со лицето кое ви ги има дадено информациите?

3. Дали критериумите за користење на правото на детски додаток, посебен додаток или родителски додаток ви биле јасни?

4. Дали добивте информација по кој однос некои од горенаведените права може да ви се укине/ престане?

Вториот сет на прашања беше пристапот на вработените кон учесниците на фокус групите. Во овој сет на прашања имаше три (3) специфични прашања кои беа адресирани до учесниците и тоа:

1. Каков беше пристапот/односот на вработениот во Центарот за социјални работи при вашата средба?

2. Наведете три работи кои Ви се допаѓаа/ или помалку ви се допаѓаа при средбата со ЦСР?

Page 42: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

40

3. Со кои предизвици се соочивте при добивање информација, процес на аплицирање, подавање на документите?

Третиот и последен сет на прашања од фокус групите беше поддршка при искористување на правата од социјална заштита. Во овој сет на прашања имаше три (3) специфични прашања кои беа одговорени и тоа:

1. Ве молиме опишете, дали во процесот на аплицирање/ добивање информација или подавање на документите побаравте поддршка од НВО или друга институција?

2. Какво беше вашето искуство со локалните НВО/ РИЦ-ови?

3. Ве молиме опишете во 3 чекори што би направиле доколку имате погрешна добиена информација/ не сте биле соодветни информирани; третирани од страна на институциите?

На крајот од фокус групите имаше дел за заклучок и коментари што не беа дел од водичот, а беа важни за учесниците да ги изнесат во поддршка при анализа на ова истражување. Во анализата на првото прашање, забележано беше дека во целост учесниците од различни општини се информираат од различни извори. Според еден од учесниците од Куманово, најчест извор за информации и помош при аплицирање се невладините организации. Тој вели:

„Една страна и организации, значи мора да дојдеме тука или во друга организација да ти кажат што како е, зошто има многу луѓе неписмени... ” (учесник од Куманово)

Истото се бележи и во општината Ѓорче Петров, каде што еден од учесниците специфично потенцираше невладина организација и меѓусебно информирање. Според него:

„Се информираме преку Лил, никој друг не не известува [...] Преку комшии и меѓу нас” (Учесник од Ѓорче Петров)

Истиот извор се бележи и во Штип, додека пак во Шуто Оризари се информираат преку ЦСР и институциите. Во продолжение, институциите и пристапот до информации беа критикувани во Прилеп, каде што еден од учениците рече:

„Немаме ние такви информации добиено од никого досега, некој да дојди да се истакни да кажи... Ние вака меѓусебно, а од институциите никој” (Учесник од Прилеп)

Page 43: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

41

На крајот, еден од учесниците од Битола го искористи моментот на фокус групата да го критикува пристапот на вработените во ЦСР кон Ромите во Битола. Тој вели:

„[…] таму нема никаков интерес за населението од Баирот... Ниту разговараат ниту зборуваат само вика ‘не сум јас тој што решава’, ако не си ти тој што решава, прати не ти кај тие луѓе да одиме во таа канцеларија и да разговараме [...] ” (Учесник од Битола)

За второто прашање од првиот сет на прашања учесниците генерално имаат лоши искуства со лицата одговорни да информираат при институциите кои се надлежни за нивно информирање. Според еден од учесниците од Куманово, кој беше вчудовиден како било можно две години да прима социјална помош, а потоа да му ги побараат финансиските средства назад. Според него:

„Еве мене ме викнаа на телефон, вика „Јави се во социјално под хитно треба да дојдеш!”, .Јас отидов таму кај нив, „Што е проблемот?”, ти вика „Еве решение одбиен си.”, „Зошто сум одбиен?”, „Имаш продавано нешто таму на сметка и затоа си одбиен.”, Викам „Чекај, две години примав, значи цели две години не ме најдовте дека на сметка имам продадено нешто, после две години ме наоѓате, како тоа? Значи ако не си писмен немој на копјутер да седиш, а не ти ми даваш две години примања, земав по 2000 денари е сега 1000 евра да ги вратам во суд, како ќе ги вратам?” (Учесник од Куманово)

Во продолжение со поголем критички осврт еден од учесниците од Битола вели:

„Во Битола се најзагрозениот народ и се најмалтретирани, кога ќе одиш во социјално, нашиот народ е неписмен и секогаш се обраќаат со лошо „Оди кај Трајко” ,„Оди кај Петко”. Како би знаел нашиот народ дека има социјалното донации или пари за помош... треба да имаме кадар наш во социјалното да се бориме, оти кога ќе има место за четворица во тоа социјалното да има и Роми” (Учесник од Битола)

Page 44: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

42

На ист начин учесниците од општината Ѓорче Петров бележат дека информациите не стигнуваат до сите и затоа некои неинформирани го губат правото на социјална помош. Тој рече:

„Јас кога одам да вадам барање, ми кажуваат што документи и ми кажуваат „До 31 март од тој датум треба да ги пуштиш, ако не ќе ти прекинат”, после друга постапка ќе почне” (Учесник од Ѓорче Петров)

Учесниците од Штип исто така ги споделија истите искуства како проблеми со ЦСР. Според една од учесничките:

„Ти кажуваат ама после чукни си ја главата ако можеш да ги собереш документите добро, ако не нема” (Учесник од Штип)

Спротивно на ваквите искуства, во Прилеп и Шуто Оризари учесниците споделија позитивни искуства во добивање информации и помош низ процесот за добивање социјална помош. Според учесничката од Шуто Оризари:

„Јас немав досега со нив проблем, јас земам за трето дете, ама сум корисник веќе три години, јас ги земам редовно 25ти 26ти, јас проблем немам, незнам за други... Јас немам никаков проблем ги имам сите документи... Ми помогнаа и сега сама ги ваѓам... Бев сама и ми помогнаа” (Учесничка од Шуто Оризари)

Додека пак, учесничка од Прилеп вели:

„Јас веќе 30 години земам постојана... За информации ни даваат, нема никаков проблем, ако децата одат школо даваат потврда, ако не не даваат... Јас со сите документи не ми даваат” (Учесник од Прилеп)

За третото прашање од првиот сет на прашања учесниците генерално кратко го одговорија ова прашање. Од сите одговори кои беа негативни само една учесничка од Ѓорче Петров имаше позитивен одговор, односно кажа:

„Да јасни ми беа дознав од вести... Самата ги спремив документите” (Учесничка од Ѓорче Петров)

Page 45: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

43

За разлика од сите останати градови односно општини каде што најчесто учесниците не беа информирани ниту пак некој го користи правото за детски додаток, посебен додаток или родителски додаток од учесник на фокус групата во Куманово, кратко беше одговорено:

„Не, тешко е тоа, никој тука не зема” (Учесник од Куманово)

Додека пак во Битола не ни беа информирани за постоењето на правото на детски додаток, посебен додаток или родителски додаток. Учесникот рече:

„Не, не ни знам што е тоа” (Учесник од Битола)

За четвртото и последно прашање од првиот сет на прашања учесниците беа поделени во одговор на ова прашање. Од шест (6) општини четири (4) одговорија негативно, а две (2) позитивно. Според учесниците од Куманово, Битола, Штип и Прилеп информациите за правата и можноста да се укине или престане помошта не била комуницирана. Со краток осврт учесник од Куманово вели:

„Не ги даваат информациите, само ти викаат одбиен си излагај надвор” (Учесник од Куманово)

Во продолжение, исто така учесник од Битола кажа:

„Баравме помош за децата, никаква помош не ни дадоа, не следува ама зошто не следува... Никој за ништо не кажува” (Учесник од Битола)

Слични одговори имаа и учесниците од фокус групите во Штип односно Прилеп велејќи:

„Мене никој ништо не ми кажаа” (Учесник од Штип)

„Не не информираат, прво не одбиваат па после не информираат” (Учесник од Прилеп)

Додека пак одговорите на останатите две (2) општини беа позитивни за навремената информираност за правата и можноста да се укине односно престане помошта. Според одговорите од Шуто Оризари и Ѓорче Петров, учесниците кажаа:

„Абе тоа е се ок, сам себе земаш учество и се информираш, никој не иде дома на врата да ти каже дојди да земеш трето дете” (Учесничка од Ѓорче Петров)

Page 46: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

44

„Да, не информираат, немаме проблем со дополнување на документите... Мене не ме информираа дека ќе ми го скинат социјалното поради тоа што сум работел, да ги враќам парите треба, додека не ги вратам парите нема да земам социјално” (Учесник од Шуто Оризари)

Вториот сет на прашања се состои од три прашања. Во анализа на првото прашање од вториот сет на прашања, може да се забележи дека сите учесници од градовите односно општините имаат негативни искуства со пристапот на вработените од ЦСР.

Според учесник од Битола односно од Прилеп:

„Нула, само малтретирање, едноставно ти вика „Оди бегај таму!”... Ќе бидам секогаш во поткрепа на Ромите затоа што се дискриминирани, јас кога одам таму и гледам многу не убаво се понашаат спрема Ромите, гледам, а не е фактот да вработат два-три Роми, значи и Македонците треба да се понашаат спрема Ромите, да нема никаква бариера повеќе, како се тие луѓе така и ние сме луѓе. Ако се пристапи убаво, се ќе биде убаво” (Учесник од Битола)

„Нон стоп аплицираме и само ни ги фрлаат книгите ништо не не известуваат што треба да направиме... Мене ми вика не ме интересира... Малку се агресивни немаат никакво понашање... Само поради тоа што сме Роми” (Учесник од Прилеп)

Во Штип се бележи елементи на дискриминација како што и во претходните примери за одговори учесниците насочија дека биле дискриминирани. Според Штипските учесници еден кажа:

„Прво со македонците ќе завршат, а Ромот ќе чека цел ден... Кога треба да се пополнат некои документи идеме тука во општина... Кај и да одат Ромите ги гледаат како прост народ” (Учесник од Штип)

Page 47: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

45

Искуство сподели и една учесничка од Шуто Оризари:

„Не избркаа со свекрва ми, тоа сакав да допунам ама ми кажува да не зборам, што ни бараа ние поднесовме... Ми се јавија да ги донесам документите, и прашав „Кои документи?” и тој ми кажа, јас му ги дадов сите документи и прашав „Дали е сега се во ред?”, и ми вика „Ама не, не важи датумот, не е тоа тоа.”, два саати ме малтретираше за да ги прими документите” (Учесник од Шуто Оризари)

На крај, за ова прашање искуство сподели и еден учесник од Ѓорче Петров:

„Зависи од социјалните работници, двајца тројца има многу се добри ама на шалтер има еден што не ми помага [...]” (Учесник од Ѓорче Петров)

За второто прашање од вториот сет на прашања, учесниците генерално имаат лоши искуства со лицата одговорни да информираат при институциите кои се надлежни за комуникација. Еден од учесниците од Куманово раскажа за инцидент кој се случил. Според него:

„Не може двајца или тројца да влезат... Често не бркаат... 1000 евра им дадов и почнаа да ме вреѓаат и јас неможам од нервоза што да правам и го скршив џамот и го нападнав тој човек... Викаат вие Ромите сте безобразни вие немате никакви пари” (Учесник од Куманово)

Истото го потврдуваат и во Битола, еден од учесниците кажа дека биле лошо третирани кога побарале помош. Тој кажа:

„Ништо не ми се свиѓа, немаме ние никакво поштовање, чекајте вика ја заклуча вратата и си седи внатре... И кога ќе дојдиме до проблеми и кога ќе му се развикаме малце зошто толку чекаме, прво нешто ќе се заканат со обезбедување или полиција” (Учесник од Битола)

Page 48: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

46

Во Ѓорче Петров една од учесничките имаше умерен став каде што кажа дека генерално е добро, но сепак односот на вработените од ЦСР кон Ромите е лош. Таа вели:

„Се е добро, помагаат се и информираат, ама понашањето им е лошо... Чукаш на врата и влагаш а она се дере” (Учесник од Ѓорче Петров)

Едногласно учесниците од Прилеп кратко на прашањето одговорија:

„Досега нема добри работи, само лоши има” (Учесник од Прилеп)

Додека пак еден од учесниците од Шуто Оризари кажа дека односот е добар ако веќе те знаат. Тој го пофали пристапот на некои од вработените, познавајќи го учесникот. Тој рече:

„Ме знаат, вика дај лична карта и одма ми средија работа, значи знаат, имаат почит, кога ќе видат печат одма е различно” (Учесник од Шуто Оризари)

Последното прашање од вториот сет на прашања генерално во сите општини наведоа многу предизвици со кои се соочуваат кога аплицираат или обновуваат документи за социјална помош. Еден од кумановските учесници вели:

„Со ромите проблемот е друг, знаат дека се неписмени, незнаат закони и тоа само ти вика „Одбиен си!”, а овие само дигаат раце и тоа е тоа... Јас имам жена непокретна не земам никаков додаток, до 2013 земав после не земав... Аплициравме сега пак викаат дека не се сите документи, а сите цело Куманово ја знае која е жена ми... сите документи ги доставив тие викаат „Не не, здрава и жива е”...Кај нас или социјално ти дава или трето дете ти дава” (Учесник од Куманово)

Page 49: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

47

Во Битола еден од учесниците раскажа за ситуацијата и предизвиците со кои се соочуваат Ромите од населбата Баир. Тој во неговото излагање рече:

„Покрај манипулирањето, те провоцираат со некој муабет како да дојдеш до некој контакт со нив, до некој проблем вулгарен и некои неубави ситуации, значи понашањето е на нула, катастрофално... Меѓу 90% ова население, населението што живее во Баирот, живееме секој ден под страв, ако ме прашаш зошто живееме во страв, сите борчиме струја водовод комуналии, никој не сме вработени, социјална помош примаме, оболени купуваме таблети” (Учесник од Битола)

Накратко, истото беше забележано во фокус групата во Ѓорче Петров. Нејзината забелешка беше адресирана за инфериорноста на Ромите кога пристапуваат кон институциите. Нејзината забелешка беше:

„Условите не ми се свиѓаат, понашањето е катастрофално, секогаш ромската нација е подоле од другите” (Учесник од Ѓорче Петров)

Учесниците од Прилеп едногласно кажаа дека вработените се агресивни кога Ромите пристапуваат кон институцијата. Еден од учесниците забележа:

„Малку се агресивни, ќе те прими и ти вели „Дојди друг пат” (Учесник од Прилеп)

Истата забелешка ја адресираат и учесниците од Штип. Една од учесничките рече:

„Често викаат „Направи жалба!”, не прашува дали знам или не знам, само вика „Направи жалба” (Учесничка од Штип)

Page 50: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

48

Последниот коментар од Шуто Оризари беше фокусиран на јазичната бариера и пристапот на вработените кон Ромите. Учесничката на фокус групите рече:

„Имајќи во предвид дека оваа општина брои околу 40.000 жители, имајќи во предвид дека Ромите имаат јазични бариери, имајќи предвид недоволно едукација и образование, овие луѓе бараат и помош во однос на пополнување на одредени формулари и документи, фактички односот не ги интересира... Не ми е мене јасно, зашто ние ако имаме право врз основа на процентот дека 20% се Роми, Ромите кога одат таму треба службеникот да им се обрати ромски”

(Учесничка од Шуто Оризари)

Третиот сет на прашања со фокус на поддршката при искористување на правата од социјална заштита, за првото прашање еден од кумановските учесници забележа дека јазичната односно етничката припадност игра голема улога во пристапот и начинот на поддршка на Ромите во искористување на правата. Тој вели:

„Обично нема информации ама за социјално помагаат, таа процедура ја знаат, ако нешто ти фали ќе ти кажат, ти треба обнова, една пријава и една молба... Не помагаат нашите таму... Кога му зборам на aлбански јазик да видиш како ми помага, се што треба одма добивам информации, а ако му зборам на mакедонски јазик ми вика не бе дечки незнам ова не разбирам... јас му викам ние сме Роми треба да се помогнеме, ти земаш плата ама треба и да ни помогнеш”

(Учесник од Куманово)

Еден од битолските учесници на фокус групата накратко исто кажа:

„Ти вика оди пополни ги, кој знае како, имаше едно дете надвор по 10 денари ни земаше да ни ги пополни книгите” (Учесник од Битола)

Page 51: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

49

Слична забелешка беше адресирана во Прилеп. Една од учесничките ја потврди поддршката на граѓанските организации и вели:

„Само невладини организации што имаме, вработени Роми нема во ЦСР... Ако имаш пари за формуларите добро ако не ништо, многу пати идам во организација” (Учесничка од Прилеп)

Додека пак една од учесничките од Шуто Оризари кратко забележа:

„Пишуваат едно ливче и тоа е тоа, снајди се” (Учесничка од Шуто Оризари)

Претпоследното прашање од последниот сет на прашања беше генерално кратко одговорено во фокус групите. Сите забележаа дека локалните граѓански организации се од голема поддршка. Според учесниците, во Битола се забележа:

„Јас мислам дека треба сите да кажат дека најмногу помага Баирска Светлина во помош за обнова на социјална помош... Што и да имаме проблем ни помагаат” (Учесник од Битола)

Во Ѓорче Петров исто забележаа:

„Да не беше Лил ние немаше да бидеме целосно информирани” (Учесничка од Ѓорче Петров)

Учесниците од Прилеп накратко и едногласно ја поддржаа работата на граѓанските организации забележаа: „Само невладините организации” (Учесник од Прилеп); во Штип и Шуто Оризари исто така беше забележано:

„Да не се организациите тешко би ни било” (Учесничка од Штип)

„Да, од Амбрела и Црвен Крст, помагаат со све... Од Љаитфа највише од другите не” (Учесничка од Шуто Оризари)

Page 52: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

50

Последното прашање од третиот и последен сет на прашања за препораки за подобрување на информираноста и пристапот на институциите генерално не беа забележани специфични изјаснувања на учесниците. За прашањето во 3 чекори што би направиле доколку имате погрешна добиена информација/не сте биле соодветни информирани; третирани од страна на институциите, сите се доверуваат на поддршката од граѓанските организации.

Според фокус групите, може да се забележат слични одговори во различни општини. Тоа укажува на фактот дека Ромите генерално во општинските центри за социјални работи се дискриминирани во информираноста, сервисот и пристапот до правата за социјална заштита. Исто така, од фокус групите се генерира уште еден заклучок кој е поврзан со поддршката на граѓанските организации. Со тоа се бележи дека организациите ја играат улогата на испорачатели на услуги и помош кои треба да бидат понудени од страна на институциите односно центрите за социјална работа.

Според придонесот на учесниците од фокус групите исто така може да се забележат случаеви на нецелосно или никакво информирање за користење на правото на детски додаток, посебен додаток или родителски додаток. Генерално Ромите се корисници на социјална помош и исто така се бележат малку случаеви на родителски и посебни додатоци. За прашањето да се наведат три работи кои им се допаѓаат/или помалку им се допаѓаат при средбата со ЦСР, речиси сите учесници од сите шест (6) општини наведуваат само лоши коментари и искуства. Корисниците остануваат лојални на довербата на граѓанските организации и промените за подобрување на информираноста и пристапот ако организациите преземат чекори. Има индивидуални примери кои успеале да го искористат правото благодарејќи на добриот пристап на вработени во центрите кон индивидуалци Роми. Сепак поголемиот дел од учесниците бележат лош третман, дискриминација и неинформираност.

Page 53: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

51

АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ

Со цел да ги испита ставовите на вработените во Центрите за социјална работа (ЦСР) во однос на пристапноста и информираноста на ромската заедница на мерките за детска заштита, Ромалитико достави прашалник (Анекс 1) до директорите на ЦСР во општините опфатени со ова истражување. Во натамошниот дел следи анализа на одговорите од прашалниците. Иако беа доставени прашалници до сите центри за социјална работа во општините кои беа предмет на ова истражување, само три општини (Прилеп, Штип и Куманово) доставија одговори. Оттука, долунаведените наоди не се репрезентативни.

Од график 7, може да се забележи дека вкупно 8 лица вработени во ЦСР одговориле на прашалникот, при што најголем дел од нив се од општина Штип. Во однос на родовата застапеност, 3 од испитаниците се од женскиот пол, додека 5 се машки. Според степенот на образование, скоро сите (7) се со високо образование, додека еден од испитаниците е со средно образование. Сите вработени имаат работен стаж поголем од 8 години.

Во однос на степенот на информираност, Табела 5 покажува дека перцепцијата на вработените во ЦСР е дека ромската заедница е релативно информирана во Штип и Прилеп, додека во Куманово многу малку се информирани.

Page 54: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

52

Табела 5: Степен на информираност на ромската заедница Многу малку се информирани

Куманово 1Многу се информирани

Штип 1Релативно добро се информирани

Прилеп 3Штип 3

Според укажувањата на вработените, најголем дел од ромската заедница ги искористуваат мерките за родителски додаток во сите општини, додека некои од нив ги користат и мерките за посебен додаток. Голем дел од вработените сметаат дека бројот на доставени барања е ист како и во минатата година.

Како најчести причини за укинување на некои од мерките за социјална заштита, вработените во ЦСР наведуваат дека заминувањето во странство е тренд кој е забележан во изминатите години во сите општини. Втора по ред причина е непочитувањето на обврските кои произлегуваат од одредени мерки, особено карактеристично во Прилеп и Штип. Речиси сите вработени сметаат дека не постојат одредени бариери или пречки за пристап до услугите на ромската заедница.

Page 55: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

53

Табела 6: Дополнителна поддршка на ромските семејства за остварување на социјалните надоместоци за детска заштита

Куманово

Во целиот процес (сите горенаведени опции) 1

Прилеп

Во делот на почитување на обврските кои произлегуваат од самото користење на социјални надоместоци за детска заштита

1

Во целиот процес (сите горенаведени опции) 2

Штип

Во рамките на пополнување на апликацијата и подготовка на документите - при самиот процес на подавање на документите

2

При процесот на обновување на документација 2

Во делот на давање поддршка на ромската заедница, сите вработени во ЦСР сметаат дека им е потребна поддршка во целиот процес во Куманово и Прилеп, додека вработените во Штип сметаат дека е потребно помош при процесот на аплицирање и обновување на документацијата.

Page 56: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

54

Интересно е да се забележи дека сите вработени сметаат дека трошоците за прибирање на документацијата се минимални, но и дека центрите ги поседуваат сите ресурси за да одговорат на дополнителни барања. Исто така, вработените наведуваат дека ромските граѓани самостојно ги посетуваат центрите, без никаква придружба.

Од график 10, може да се забележи дека оценките на искуството на вработените во ЦСР не се позитивни т.е. во Штип и Прилеп искуството со работењето со ромската заедница е негативно. Од анализата на следното прашање за унапредување на односот помеѓу ЦСР и ромската заедница, произлегува дека најголем дел од вработените сметаат дека односот може да се подобри со поголем морал и етика од страна на двете страни. Дел од нив сметаат дека доколку се вработи Ром во ЦСР односот исто така ќе се подобри. Сите вработени во ЦСР укажуваат дека не добиле поплаки од страна на ромската заедница.

Page 57: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

55

ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКИ

Од спроведеното истражување можеме да заклучиме дека постои тренд на намалување на корисниците на сите мерки од социјалната заштита во однос на правата на децата, со исклучок на родителскиот додаток во 2015 во споредба со 2014 година. Од анализата на користењето на мерките според етничка припадност, може да се забележи дека кај ромската заедница има значително намалување во однос на бројот на корисници на посебен детски додаток и еднократна парична помош во споредба со не-Ромите, додека детскиот додаток бележи поизразено намалување на бројот на корисници кај не-Ромите. Единствен пораст кај бројот на корисници се забележува кај родителскиот додаток, меѓутоа зголемувањето е особено изразено кај не-Ромите. Сепак, од аспект на издвојување на буџетските средства, преовладува трендот на пораст на социјалните надоместоци во однос на детската заштита. Голем удел во зголемувањето на буџетските средства има родителскиот додаток за трето и четврто дете, кој бележи раст од 22%. Според најавите за 2016 година, родителскиот додаток се очекува благо да се намали додека предвидениот буџет е поголем во однос на претходната година.

Во однос на законската рамка и правилниците, се заклучува дека мерките за имунизација, посетување на редовна настава и редовни гинеколошки прегледи се воведени како придружни мерки за добивање на парични права кои во крајна линија имаат за цел да предизвикаат подобрување на животниот стандард на подолг рок. Но сепак во одредени средини каде што живее ромското население, постои недостаток на гинеколошки служби и патронажни служби за имунизација, и поради овој факт постои можност оваа група на лица да не може да ги исполнат погоре наведените услови, а со тоа да не може да се стекнат со правото на родителски додаток односно да го изгуби истото. Таков е примерот со општина Шуто Оризари каде што повеќе години наназад нема гинеколошка амбуланта и со тоа неколку илјади жени Ромки немаа можност редовно да посетуваат гинеколог. Исто така, може да се забележи дека центрите за социјална работа не секогаш ги известуваат корисниците од ромската заедница за роковите за стекнување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на децата, при што најчесто тие го губат правото поради непочитување на одредени рокови. Воедно, од анализата на фокус групите особено се истакнува и перцепцијата за дискриминаторски однос кон Ромите од страна на ЦСР во делот на информираност, сервис и пристап до правата за социјална заштита. Од друга страна, иако податоците не се репрезентативни, од

Page 58: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

56

добиените прашалници спроведени со вработените во ЦСР се наведува дека тие досега немале никакви поплаки од ромската заедница, меѓутоа искуството кое го имале со ромската заедница е негативно. Сепак и од ромската заедница и од вработените се укажува на потребата од поддршка на корисниците во целиот процес, особено во делот на обновување на документацијата.

Од горенаведената анализа може да се заклучи дека постои јаз помеѓу носењето на одредени мерки во однос на социјалната заштита, спроведувањето на истите мерки како и ефектите што треба да произлезат од нив. Како резултат на тоа многу деца, особено оние од ранливите категории, немаат можност да го искористат својот потенцијал. Мерките за заштита на децата треба да бидат во корист и функција на граѓаните, особено на оние посиромашните за да го постигнат соодветниот ефект и унапредат благосостојбата на овие семејства.

Во овие насоки, креаторите на политиките во делот на социјална заштита на децата треба да ги насочат мерките поефективно особено во делот на намалување на сиромаштијата и во услови каде речиси една третина од населението живее во или под прагот на сиромаштија. Препораките во овој дел ќе бидат насочени кон сите засегнати страни кои придонесуваат и работат во делот да социјална заштита на децата и вклучување на маргинализираните групи во општеството.

Препораки за креаторите на политики – МТСП:

1. Обезбедување на неопходната здравствена инфраструктура (гинеколошка служба, мобилна патронажна служба и сл.) со цел исполнување на условите кои произлегуваат од правото на родителски додаток.

2. Сите вклучени страни, креатори и спроведувачи на политиките и мерките да направат евалуација на мерките за социјална заштита на децата и да подготват извештај за ефективноста на мерките во намалување на сиромаштијата и постигнување на социјална сигурност.

3. Остварување на правото на детски додаток на родителите - приматели на социјална помош чии месечни примања се и така ниски, со цел овозможување на еднакви услови на децата во обезбедувањето на основните животни потреби во секојдневното живеење.

Page 59: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

57

4. Зголемување на паричните средства коишто се добиваат по однос на горенаведените права приспособени на потрошувачката кошница на едно семејство со цел да се обезбеди достоинствен и квалитетен живот за секое дете.

5. Паричниот надомест по однос на детски додаток кој што произлегува од Законот треба да се однесува на сите деца во едно семејство и да се остварува без ограничување на надоместокот во однос на бројот на деца во семејството, при што максималниот износ треба да биде соодветно приспособен. Со оглед на фактот дека максималниот износ на детски додаток кој што семејство може да го оствари е 1.800 денари, мерката за детски додаток треба да се редизајнира бидејќи не ги опфаќа семејствата кои имаат повеќе деца на училиште. Постојат голем број на ромски семејства коишто имаат повеќе од три деца кои се на школување, поради ограниченоста, износот кој што ќе го земе третото дете е пониско за разлика од првите две деца односно четвртото дете нема да може да оствари додаток. Поради овој факт бенефициите по однос на детскиот додаток треба да бидат достапни за сите деца во едно семејство, се додека се на редовно школување. Максималниот износ утврден со Законот не смее да биде пречка во смисла на рамномерна дистрибуција на паричните средства.

6. Намалување на административните бариери при процесот на аплицирање и поедноставување на постапката за обновување на документацијата за продолжување на одредено право од социјална заштита.

7. Од потпрограмите се утврдува дека државата одвојува недоволно финансиски средства за покривање на правата од детска заштита, и поради тоа секогаш доцни со навремена исплата. Имајќи го во предвид принципот за најдобриот интерес на детето, државата треба секогаш ова начело да го има како приоритет и следствено на тоа секогаш кога го креира буџетот да одвојува доволно финансиски средства со цел да нема доцнење во исплата.

Page 60: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

58

Препораки за центрите за социјална работа

1. Воведување на Отворен ден за информирање во центрите за социјална работа во рамките на секој месец. Во овие рамки исто така потребна е и соработка со ромските информативни центри во делот спроведување на информативни кампањи.

2. Сите центри за социјална работа треба да обезбедат информација за начинот и процесот на поднесување на жалби на одлуки/решенија донесени од страна на центрите за социјална работа. Воспоставување на транспарентен механизам за жалби пред сите шалтери, со цел корисниците на права односно апликантите да ја оценат работата на државните службеници.

3. Вработување на Роми во центрите за социјална работа, со цел зголемување на довербата на ромската заедница кон државните институции.

4. Потребни се поредовни информативни средби помеѓу ЦСР и ромската заедница со цел приближување на измените и дополнувањата во процедури/правилници поврзани со правата од социјална заштита, со оглед на тоа што истите се носат во краток рок и нивното непроследување помеѓу корисниците резултира со прекин на правата.

Препораки за граѓ aнските организации

1. Граѓанскиот сектор да продолжи на работи на информирање и спроведување на кампањи, јавни дебати и тркалезни маси на месечно ниво со ромската заедница, со цел зголемена информираност за условите и критериумите на паричните надоместоци.

2. Обезбедување на бесплатна правна помош и застапување на корисниците на парични надоместоци пред институциите во случај на дискриминација, несоодветен третман од институциите и повредување на правото на социјална заштита.

3. Граѓанскиот сектор активно да врши мониторинг врз работата на институциите и на национално и на локално ниво при спроведување на мерките за социјална заштита на децата, примена на правилниците и иницирање промени на критериумите.

Page 61: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

59

Препораки за корисниците на социјални надоместоци од ромската заедница

1. Пријавување на случаите на дискриминација во државните институции или граѓанските организации.

2. Проактивно учество во делот на информирање за критериумите за остварување и продолжување на правото за користење на социјалните надоместоци, како и навремено доставување на потребната документација и промена на податоци.

Page 62: Февруари, 2017 - romasosprilep.orgromasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/... · Февруари, 2017. Издавач: Ромска Организација за Мултикултурна

ПАРИЧНИ НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК:ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ И

ФАКТОРИТЕ КОИ ГО ОГРАНИЧУВААТ ПРИСТАПОТ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

60

БИБЛИОГРАФИЈА

� Decade of Roma Inclusion Secretariat Foundation, Roma Inclusion Index – 2015, 2015

� Закон за Заштита на Децата, Сл.Весник 23/2013, (измени и дополнувања: Сл. Весник бр.12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015 и 27/2016)

� Министерство за Труд и Социјална Политика, Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020

� Мониторинг во заедницата, спроведен од здруженијата РOMA С.О.С Прилеп.; КХАМ Делчево; ЕСЕ Скопје; ЛИЛ Скопје и ЦДРИМ Скопје, на територија на општините: Прилеп; Делчево; Виница; Шуто Оризари; Ѓорче Петров и Карпош. 2012

� Owen, Sara. „The practical, methodological and ethical dilemmas of conducting focus groups with vulnerable clients.” Journal of advanced nursing 36, no.5, 652-658, 2001

� Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот за остварување на правата за заштита на децата, Сл. Весник 62/2013, (измени и дополнувања: Сл. Весник бр.51/2014, 43/2015)

� Правилник за поблиските услови, критериуми и начинот на остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче и на правото на родителски додаток за дете, Сл.Весник 163/2008, (измени и дополнувања: Сл. Весник бр. 34/2009)

� Павловски Б. ЕСЕ. Проценка на состојбата по однос на сексуалното и репродуктивното здравје и правата на населението во РМ. 2012

� Фондација Институт Отворено Општество – Македонија, Опфат на децата Роми со вакцинација и превентивни здравствени услуги: Состојби, Проблеми и Решенија, 2014

� Хелсиншки Комитет за Човекови Права, Правата на децата и граѓаните низ призмата на економско социјалните права во Република Македонија, 2015

� World Social Protection Report 2014/15: Building economic recovery, inclusive development and social justice International Labour Office – Geneva: ILO, 2014

� Social protection for children : key policy trends and statistics / International Labour Office, Social Protection Department. - Geneva: ILO, 2015