3
Претставување на релјефот на карта 1.Надморска височина 2.Претставување на релјефот на карта со помош на бои 3.Претставување на релјефот со изохипси, шрафи и сенчење https://prezi.com/_wbukwkmngvq/karta-i-kartografski-metod-u-geografiji/ Стари прашања за домашна работа: 1.Која е разликата меѓу надморска и релативна височина? 5.Кои бои се користат за претставување на рамнините, возвишенијата и водните површини? 2.Какви видови рамни површини постојат на Земјата? 6.Што се изохипси, како со нив се претставува стрмно односно благонаклонето земјиште? 3.Како се поделени планините според височината? 7.Како се прикажува пострмно односно благонаклонето земјиште со помош на шрафи? 4.Со кои методи се претставува релјефот на карта? 8.Како се прикажува пострмно односно благонаклонето земјиште со помош на сенчење?

Претставување на релјефот на карта 6odd - planovi...Методи за претставување на релјефот на карта 1.Метод на

  • Upload
    others

  • View
    92

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

  • Претставување на релјефот на карта

    1.Надморска височина 2.Претставување на релјефот на карта со помош на бои

    3.Претставување на релјефот со изохипси, шрафи и сенчење https://prezi.com/_wbukwkmngvq/karta-i-kartografski-metod-u-geografiji/

    Стари прашања за домашна работа:1.Која е разликата меѓу надморска и релативна

    височина?5.Кои бои се користат за претставување на

    рамнините, возвишенијата и водните површини?2.Какви видови рамни површини постојат на

    Земјата?6.Што се изохипси, како со нив се претставува

    стрмно односно благонаклонето земјиште?

    3.Како се поделени планините според височината? 7.Како се прикажува пострмно односно благонаклонето земјиште со помош на шрафи?

    4.Со кои методи се претставува релјефот на карта? 8.Како се прикажува пострмно односно благонаклонето земјиште со помош на сенчење?

    https://prezi.com/_wbukwkmngvq/karta-i-kartografski-metod-u-geografiji/

  • Стари прашања:1.Што е релјеф?

    2.Кои се главни релјефни форми на Земјината површина?3.Какви возвишенија има?

    4.Какви (в)длабнатини постојат?5.Какви релјефни форми (според големината) може да се набљудуваат во нашата

    непосредна околина?6.На кој начин може да се осознаат одликите на поголеми релјефни форми?

    7.Зошто е тешко претставувањето на релјефот на карта?8.Кои се најчесто употребувани методи за претставување на релјефот на карта?

    9.Што претставува методот на изохипси?10.Што се изохипси?

    11.Што е еквидистанција?12.Што е интервал?

    13.Кај кои карти (според размерот) се користи методот на изохипси?14.Со што се одликува методот на сенки?15.Каде наоѓа примена методот на сенки?

    16.Што претставува методот на слоеви (хипсометриско боење)?17.Каде наоѓа примена методот на слоеви?

    18.Што опфаќаат комбинираните методи за претставување на релјефот и каде се користат?19.Што се подразбира под перспективно прикажување на релјефот?

    20.Кој друг метод се користи за претставување на релјефот на карта?

  • Методи за претставување на релјефот на карта1.Метод на изохипси

    -Суштината на овој метод се состои во тоа што на картата сите места што се на иста надморска височина да се поврзат со затворени криви линии кои се викаат изохипси.

    Изохипсите се линии што поврзуваат точки со иста апсолутна височина. Како се добиваат изохипсите? Едно возвишение го сечеме неколку пати на различни височини. Потоа на

    секое ниво од тие пресечени делови ги поврзуваме точките во една линија – изохипса. Така на хоризонтална површина (хартија) се проектираат тие пресечени паралелни рамнини. Од

    највисоката рамнина се создава средишната изохипса а околу неа тие што се наоѓаат на помала надморска височина.

    -Еквидистанца е вертикалното растојание изразено во метри меѓу замислените хоризонтални рамнини или меѓу две соседни изохипси на карта. Тоа растојание зависи од

    размерот на картата. ТК-25(10м-50м), ТК-50(20м-100м), ТК-100(20м-200м)) и ТК-100 (100м-500м).

    -Интервал е хоризонтално растојание на карта меѓу две соседни изохипси. -Кај картите со покрупен размер еквидистанцата меѓу 2 соседни изохипси изнесува

    помалку метри а на тие со поситен размер на повеќе метри. -На картите каде интервалот е помал значи дека релјефот е пострмен и обратно.

    2.Метод на шрафи-Шрафите се цртички со разна дебелина и должина со кои се означува релјеф. Односно наклонот на земјиштето и правецот на протегање на планините. Таму каде шрафите се погусти, подебели и пократки, релјефот е пострм а кога шрафите се поретки, подолги и

    потенки значи означениот релјеф е поблаг и порамен.Недостаток на овој метод е што не се прикажува височината туку само наклонот на земјиштето, затоа престанува да се користи

    по Првата Светска војна.3.Метод на сенки (сенчење)

    -Овој метод се заснова на принцип распределба на светлината на топографска површина.При вертикално осветлување, доколку некоја површина е пострмна тогаш таа ќе биде

    помалку осветлена и обратно порамните површини секогаш се поосветлени.Така пострмните делови од релјефот се прикажуваат со темни сенки или темни нијанси на било која боја а рамните површини се обележуваат бели или со светли нијанси од бојата со

    која се означени стрмните површини.4.Метод на слоеви (хипсометриско боење)

    -Кај овој метод разликите во надморските површини се претставуваат преку боење со различни бои или различни нијанси на една иста боја. Најнапред се врши поделба на

    релјефот на неколку висински појаси. Потоа секој висински појас се бои со одредена боја или нејзин тон. Всушност висинските појаси се одвоени со изохипси кои понатаму се бојат

    со одредена боја. На секоја карта каде е користен хипсометриски метод има и висинска скала на бои.

    5.Комбинирани методи на претставување на релјефот на карта-Најчесто се комбинираат методите со изохипси и сенки, потоа бои и сенки ....

    6.Перспективно прикажување на релјефот-Овие т.н. перспективни скици се изработуваат со компујтерски програми како 3д модели.

    Висинските точки се одредуваат со помош на оските - x, y и z.