26
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ФИЛОЛОШСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ TEMA: Фрескоживописот на македонските манастири -Семинарска работа- Студент: Ментор: Василевски Даниел Проф. d-r. Dobrila Milovska

Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

  • Upload
    dejan

  • View
    135

  • Download
    9

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”ФИЛОЛОШСКИ ФАКУЛТЕТ

СКОПЈЕ

TEMA: Фрескоживописот на македонските манастири-Семинарска работа-

Студент: Ментор:Василевски Даниел Проф. d-r. Dobrila Milovska Бр. 23803

Мај 2012СКОПЈЕ

Page 2: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Вовед

Повеќето од македонските манастири, градени во различни периоди,

посебно оние градени од XVдо XV-XVI век, во целост се сочувани и денес.

Освен вредниот живопис, по кои Македонската школа е позната во светот, тие во

своите древни ризници кријат невидливи записи за духовниот код на монашкиот

подвиг што се одвивал во нив. Градени на високи непристапни места, во близина

на испосници, далеку од човечките населби, изолирани во тишина и затскриени

со бујна вегетација, со мали манастирски цркви и конаци во кои било можно да

се сместат малубројни братства, во монашки заедници од скитски карактер.

Честопати метоси на големите Светогорски манастири, од кои монасите

посветени на молитвата се повлекувале во нив.

Манастирите на планината Скопска Црна Гора (која го добила името

по многубројните црнорисци-монаси) и комплексот испосници и манастири на

Матка, по долината на реката Треска, во близина на Скопје; испосниците крај

брегот и островите во Преспанското Езеро; пештерските цркви на бреговите на

Охридското езеро, испосниците крај Лесновскиот манастир; исихастичките

испосници непосредно под манастирот Св. Преображение-Зрзе, над Пелагонија,

сведочат за видот на подвигот кои монасите го практикувале тука. Подвиг на

трагање по вистинското богопознание: објективното гледање на Бога од страна на

целосниот човек, во процесот на очистување, преобразување и интеграција на

природните сили на душата, до степенот на обожение.

2

Page 3: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Св. Климент Охридски

Во стариот дел на градот, близу Горна порта, во 1295 година, била

подигната црквата Света Богородица Перивлепта, позната како Свети Климент.

Оваа црква спаѓа меѓу најстарите цркви во Охрид, а воедно е една од најубавите,

пред се, според живописот.

Од натписот што се наоѓа на западниот влез од нартексот , се дознава

дека ктитор на црквата бил византискиот војсководец и намесник Прогон Згур,

роднина на императорот Андроник II - Палеолог. Исто така се дознава дека

црквата е посветана на Света Богородица. Во времето кога Турците Климентовата

црква Свети Пантелејмон ја претвориле во џамија моштите на светителот- Климент

Охридски, најпрво биле пренесени во црквата Мал Свети Климент, а потоа во

Света Богородица Перивлепта, по што народот едноставно името на црквата го

преименувал во Свети Климент.

Оваа црква, во периодот по претворањето на катедралата Света Софија во

џамија, станала соборен храм на Охридската архиепископија. Голем број на

црковни предмети , икони и книги биле пренесени во оваа црква. Се знае дека во

рамките на црквата имало голема архиепископска библиотека со ракописи на

пергамент од XI и XII век, како и стари музички нотации од византиското црковно

пеење. Нешто од тоа богатство на предмети е сочувано и денес, но за жал

поголемиот број, со пустошењата на кои бил подложен Охрид и Охриѓани,

засекогаш се оттргнати од местото на кое му припаѓале. Исто така околу храмот

3

Page 4: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

имало голем манастирски комплекс, а во непосредна близина била подигната

архиепископска палата која кон средината на XIX век изгорела. Свети Климент го

носи називот на "Голема црква", затоа што била катедрала на Охридската

архиепископија.

Со откривањето на живописот на црквата битно се променети сознанијата

за уметноста од крајот на XIII и почетокот на XIV век не само во Македонија, туку

во сите православни земји во Југоисточна Европа. Станува збор за една целина на

ѕидното сликарство која ја претставува последната фаза од византиската култура

позната како палеологовска ренесанса. Истовремено преку живописот на Свети

Климент дознаваме за двајцата зографи-Михаил и Ефтихиј, кои над две и пол

децении доминирале во сликарството на просторот на Македонија и Србија.

Црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) е во облик на

впишан крст со купола и припрата со плитка калота. Заедно со црквите на Свети

Јован Богослов - Канео и Света Богородица Захумска ( кои се со облик на впишан

крст) ја презентираат македонската архитектура од палеологовскиот период.

Зографите Михаил и Ефтихиј имаат изложено десет циклуси во олтарот,

наосот и припратата на црквата. Во средиштето на куполата е насликан Христос

Седржител, а околу него се ангелите. На највисоките површини се разработени

Големите празници, а веднаш под нив, околу наосот е циклусот на Христовите

страдања, додека пак во западните агли на наосот се прикажани Христовите чуда,

неговата моќ за исцелување, како и неговото дејствување.

Олтарниот дел на црквата е со сцени кои ги третираат евхаристичните

церемонии и литургиите. Под Страдањата на Христос низ сцени е опишан

животниот пат на Богородица. Сцените почнуваат од јужниот ѕид на олтарот и

завршуваат на северниот ѕид повторно во олтарот. На западниот ѕид повторно се

сретнуваат композиции кои се поврзани со Богородица, но овој пат тие се

однесуваат на нејзината смрт. Доминатна е сцената на Успението Богородичино

која се наоѓа во средината на циклусот. Според зборовите на еден од најголемите

познавачи на византиската уметност академикот Цветан Грозданов, она по што се

издвојува ова фреско сликарство е драмската сила, динамиката и реализмот.

Зографите Михаил и Ефтихиј ги напуштиле нормите на фреско сликарството што

4

Page 5: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

дотогаш биле присутни во Византија и тргнале да творат давајќи им на фреските

свои карактеристични особености.

Во разјаснувањето на стилот на двајцата зографи треба да се спомене

сцената на "Тајната вечера" , во која, има елементи на трета димензија. Мајсторите

тоа го решаваат со тоа што во преден план, пред масата, цртаат апостол кој седи, а

во средишниот дел е Христос со апостолите, додека пак во позадината е насликана

архитектура. драмски набој кој е внесен во фрескосликарството треба да се

спомене сцената "Предавството на Јуда", како и сцените од Судењето на Христос и

неговиот пат на Голгота. Според Ц.Грозданов "Оплакувањето на Христос" е една

од сцените која е невозможно да се спореди со било која друга во уметноста што

датира од тоа време. Потресна сцена во која над мртвото тело на Христос неговите

најблиски ги бакнуваат рацете и нозете, Богородица е во несвесна состојба, некои

жени ги кубат косите, па дури тажат и ангелите. Во еден од аглите на сцената се

појавуваат и жени тажачки, што претставува народен обичај.

На северниот ѕид на црквата се насликани портретите на светителот

Климент Охридски и архиепископот Константин Кавасила. Свети Климент е

поставен на забележливо место бидејќи охриѓани верувале дека тој е заштитникот

на градот и дека бдее над човечките судбини и ги штити од болестите и војните.

Местото пак што му е дадено на архиепископот Кавасила е поради неговата

исклучителна улога во водењето на Охридската архиепископија, а освен тоа тој е

познат и како политичар и поет од XIII век.

Во 1365 година, во црквата Свети Климент е завршено живописувањето на

северниот и јужниот параклис, како и во отворениот трем. Во тоа време на чело на

Охридската архиепископија бил Григориј II. Северниот параклис е посветен на

Свети Григориј Богослов. Зографи биле ученици од Теоријановата школа.

Интересно е да се напомене дека во јужниот параклис сега се чува плочата на

заедничката гробница на Свети Климент Охридски и архиепископот Прохор.

Во тремот на црквата се пронајдени и неколку ремек дела од охридската збирка на

икони. Меѓу нив се иконите Благовести, Христос Седржител, евангелистот Матеј,

како и група на празнични икони. Споменатите икони му припаѓаат на периодот од

XII до почетокот на XIV век.

5

Page 6: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Св. Софија

Црквата Света Софија е една од најголемите средновековни цркви на овие

простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква ("Голема црква ")

на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на

територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот

залив на исток. Најверојатно таа служела како катедрала уште во времето на

Самуил, кој кон крајот на X век својата престолнина ја пренел од Преспа во Охрид.

Други пак се на мислење дека на истото место во времето на македонскиот цар

Самуил постоела црква, која од непознати причини била разурната. Времето на

изградбата не може точно да се утврди, бидејќи не е зачуван ниту еден натпис што

би упатувал на тоа. За денешната црква се споменува дека е изградена (или

обновена) за време на архиепископот Лав, кој во времето од 1035 до 1056 година се

наоѓал на престолот на црквата. Овој истакнат црковен поглавар станал ктитор на

сликарската декорација на Света Софија.

Првобитно црквата имала само една главна купола, а во XIV век е

изградено раскошното надоврешно предворје. По својата првобитна форма таа им

припаѓала на трокорабни базилики со трансепт , купола и галерии на бочните

бродови. Уште во XI век имала и припрата, а над северното и јужното одделение на

олтарот се формирани посебни капели. Вака оформениот објект, скоро три века

подоцна, во времето на архиепископот Григориј, добива припрата- градба која го

презентира врвот на македонската архитектонска култура од XIV век. Издолжената

припрата е концепирана во хоризонтала, со портик во приземјето и галерии на

6

Page 7: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

катот, а на северната и јужната страна од Григориевата галерија се креваат посебни

одделенија со кули.

Со доаѓањето на Турците црквата Света Софија е претворена во џамија.

Тие се "погрижиле" скоро целосно да го изменат изгледот на црквата со цел да ја

стават во употреба на муслиманската вера. Фреските биле премачкани со вар,

орнаментираните плочи од иконостасот ги искористиле за изградба на мимбар, а

над северозападното кубе соѕидале минаре. Ваквите зафати целата црква ја довеле

во незавидна состојба.Во времето од 1950-1957 година вршени се обемни

конзерваторски-реставраторски работи. Фреските се исчистени и конзервирани, а

покрај тоа извршени се и архитектонски зафати. Живописот на оваа црква е од

врвен дострел во средновековното сликарство во Македонија и пошироко. Тоа е

времето кога Охрид бил под непосредна власт на Цариградската патријаршија.

Станува збор за најзначајните зачувани делови на византиското монументално

сликарство. Ктиторот на живописот, архиепископот Лав, еден од најобразованите

луѓе во тоа време, непосредно влијаел при изборот на композициите што се

насликани во XI век. Во храмот Света Софија сочуван е живопис од XI, XII и XIV

век.

Фреските насликани во олтарниот дел, ѓакониконот, проскомидијата како и

во приземјето на нартексот се од најстариот период - XI век. Нив ги работеле

повеќе зографи, но очигледно е дека преовладува една концепција. Педесеттината

насликани фигури на најистакнатите патријарси, епископи и црковни мислители се

распоредени на долните површини на сите делови на олтарот. Најбројни и на

централните места се портретите на поглаварите на Цариградската патријаршија.

Свети Василиј Велики, Јован Златоуст и Григориј Богослов , како црковни оци, се

насликани во долниот појас меѓу прозорците на главната апсида. Насликани се и

шест римски папи во бочниот простор на ѓакониконот, а застапени се и

претставници на Александриската, Ерусалимската и Антиохиската патријаршија.

Треба да се истакне дека меѓу сите овие великодостојници се наоѓаат ликовите и на

двајца словенски светители Кирил Философ и неговиот ученик Свети Климент

Охридски , кој веќе во XI век е култна личност во Охрид.

7

Page 8: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Во првата зона на главниот олтарски дел се сместени сцени од стариот

завет, на јужната сцени од животот на Аврам, а на северната "Три Евреи во огнена

печка" и "Скалите на Јаков". Веднаш над нив, во втората фаза, се два фриза на

ангели, додека на сводот е композицијата "Вознесение Христово". Во олтарната

апсида се насликани светите оци, а над нив е копозицијата "Причестување на

апостолите". Во полукалотата е претставена Богородица со Христа, а во апсидата

на проскомидијата "Четириесетте маченици".

Од XII век, исто така, се зачувани повеќе фрески. На овој период му

припаѓаат Света Богородица, која се наоѓа над Богородица со Христос во олтарната

апсида, како и сцените на кои е илустрирано мачењето на апостолите. Од XIV век

се фреските во Оливеровата капела која се наоѓа на катот на северната страна .

Оваа капела е посветена на Свети Јован Претеча. Последната целина во

живописувањето на црквата Света Софија е Григориевата галерија. Станува збор за

комплекс кои опфаќал повеќе од стотина композиции и фигури. За жал голем број

од нив се уништени. Два циклуси се мошне интересни од овој дел за

старозаветниот Јаков и за Субината на душата. Треба да се спомене и претставата

на "Страшниот суд", која е насликана на северниот ѕид. На западниот дел меѓу

поголемиот број исцелители и маченици е насликан и Свети Наум, кој во средниот

век е познат како исцелител на умноболните.

Фреските во Григориевата галерија се дело на учениците на зографот Јован

Теоријан. Некои од тие ученици презеле доста значајни зафати за живописување на

поголем број цркви во Охрид и другите соседни области. Од охридските цркви

познато е дека тие работеле во Свети Пантелејмон, Света Богородица Болничка,

Света Богородица Перивлепта ( Свети Климент ), Света Богородица Пештанска и

други.

8

Page 9: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Св.Јован Богослов – Канео

На југо-западниот дел од ридот, веднаш над Охридското Езеро, се наоѓа

црквата посветена на Свети Јован Богослов- Канео. Кога е таа изградена и

живописана точно не се знае, но врз основа на еден документ , кој зборува за

имотот на црквата, се претпоставува дека е создадена пред 1447 година. Старата

црква е во форма на впишан крст со правоаголна основа со тространа апсида на

источната страна и октогонална купола. Значајно е да се каже дека кај оваа црква се

постигнати хармонични облици во градбата и мошне успешно е декоративното

обликување на фасадите и кубето. Архитектурата на оваа црква е значајна за

проучување на средновековните споменици на културата. Прифатено е гледиштето

дека градителот направил мошне успешен спој меѓу византиската и ерменската

школа на градба.

Во периодот до доаѓањето на Турците на Балканот во црквата Свети Јован

Богослов постоел развиен духовен живот, но постепено во следните неколку

векови доаѓа до опаѓање, па дури и до делумно уривање на објектот. Кон крајот на

XIX век извршени се поголем број на интервенции на архитектурата,

живописувањето, поставен е нов дрвен иконостас, а на самиот почеток на XX век

се сликаат неколку светители и Богородица на главната апсида. Во кубето е

насликана фигурата на Христос Пантократор (Седржител), опкружен со осум

ангели што лебдат. Помеѓу прозорците се прикажани пророците. Во олтарниот

дел , во неговата горна зона, насликана е композицијата "Причестување на

апостолите", во која ангелите се прикажани во царски облеки, што е невообичаено

9

Page 10: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

за византиското сликарство. Друг елемент што не е карактеристичен е присуството

на декор во заднината на композициите. Тоа е забележливо во сликарските зафати

на Михаил и Евтихиј.

Од фризот на архиереите кои се прикажани допојасно се изделува ликот на

Свети Климент Охридски. Десно до неговиот потрет е претставен Свети Еразмо

Охридски. Постои мислење дека не случајно овие фигури се наоѓаат една до друга.

Имено, со делото на Свети Еразмо е поврзана христијанизацијата на населението

на овие простори уште во III век, а Свети Климент се појавува како прв словенски

учител и просветител на христијанското учење. До овие два ликови е портретот на

Константин Кавасила, позната личност од историјата на Охридската

архиепископија. Со неговото име е поврзано јакнењето на афтокефалноста на

архиепископијата на чие чело се наоѓал од 1250 до 1263 година. Меѓу подобро

зачуваните е и ликот на Свети Јован Богослов, патронот на црквата, кој е

претставен во цел раст.

Фреските во црквата Свети Јован Богослов- Канео се дело на повеќе

сликари кои според П. Миљковиќ - Пепек успешно ја продолжиле уметничката

традиција од епохата на Комнените. Ова сликарство останало понастрана од новите

стремежи , чие олицетворение е во ренесансата на Палеолозите, која почнала токму

на просторите на Охрид. Се смета дека сликарите кои работеле во Свети Јован

Богослов имале раширена творечка активност и надвор од Охрид.

10

Page 11: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Св. Спас

Црквата Св. Спас е еден од најзначајните споменици на културата во

Скопје. Таа се наоѓа источно од тврдината Кале. Црквата е споменик на културата,

заштитен со закон, а во нејзе се врши богослужба и верски обреди само за

нејзиниот патронен празник Спасовден. Во дворот се влегува низ тешката и

опкована дабова порта и во него доминира едноставниот камен саркофаг во кого се

сместени посмртните остатоци на големиот македонски револуционер и борец за

слобода Гоце Делчев (1872-1903).

Црквата Св. Спас е особено значајна поради својата мошне убава уметничка

резба во која е изработен иконостасот, владичкиот престол, проповедниците,

певниците и постолјето за целивање на икони. Во архитектонски поглед

иконостасот на Св. Спас му припаѓа на иконостаси на еден кат. Овој иконостас

според своите уметнички квалитети спаѓа во редот на најубавите Мијачки

копаничарски дела воопшто. Иконостасот е долг 10 метри и одговара на трите

брода на црквата. Висок е 4,50 метри, додека во средниот дел каде што е поставен

крстот со Распетието височината му изнесува 7 метри. Средниот дел е мапку

вовлечен кон олтарот, а со тоа се нарушува рамнообразноста на иконостасот. На

северниот и јужниот дел иконостасот се прекршува и продолжува по еден метар во

должина од секоја страна, но со многу помала височина.

Според својата конструкција иконостасот се дели на пет хоризонтални

појаси: постолје, галерија на престолни икони, архитрав, атика и акротерија.

Резбата на конструкцијата е поинаква од оние делови што треба да ги исполнуваат

11

Page 12: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

рамните површини и празниот простор. Но, сите овие делови се поврзани со

надолжни и попречни врски во дрворез и на тој начин се добива една

конструктивна целина.

Мотивите на иконостасот, според сликарските прирачници, се позајмени

од Светото писмо. Но, декоративниот елемент на разни сцени од Светото писмо не

останал никогаш осамен, сето тоа е поврзано со лисја, цвеќиња, животни, и

понекогаш со мотиви на геометриски орнаменти. Така, во сплетот на лисјата,

цвеќињата, животните и геометриските орнаменти, е извајана Светата легенда со

ликови од народот, понекогаш во мијачка народна облека. Такав е случајот со

Соломеа во сцената Иродовата гозба, или пак случајот со Аврамовата жртва во

Лозјето Господово. Богатството од разновидните мотиви и композиции од билниот

и животинскиот свет, проткаено со геометриски орнаменти, работени во длабок

релјеф и вплетени во композициите по текстот на Светото писмо, дава на показ

богатство коешто сосема личи на кујунџиските изработки. Оттука, сето тоа прилега

на огромна арабеска од тантела, каде што ни еден дел од ореовината не останал

необработен; се трепери, и оддалеку делува мошне пријатно, извонредно.

Престолните икони, во најголем број, се работени заедно со иконостасот, и

тоа го дознаваме од натписите што се наоѓаат на некои од нив. Две престолни

икони се изработени 1867 година и на нив стои записот со името на дарителот и

сликарот. Под престолните икони се наоѓа еден тенок корниз завиткан како јаже,

кој ги разделува престолните икони од рељефно орнаментираниот долен фриз; тука

се малите поли, малите „китабиња“. Нив ги има колку и престолните икони (десет).

На нив ажурно се извајани разни сцени од Стариот и Новиот Завет, богато

преплетени со лисја, цвеќиња и животни. Овој дел покрај ажурираните столбови и

лунетите (архивилите) е најизрезбарениот дел на иконостасот.

Во годините кога тајфата на Петре Гарката го изработила иконостасот, таа

ги изработила владичкиот престол, проповедницата, проскиниторот - постолјето за

целивање на икони и двата аналоја - певниците. И на иконостасот и на погоре

споменатите предмети главно владее барокниот стил. Но низ него помалку или

повеќе се преплетуваат и други стилови. Со старите дрворезбарски творби на

средновековната уметност, со позајмување на мотиви од готиката и ренесансната

12

Page 13: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

уметност, а потоа со натуралистички мотиви, композиции од рококо стилот и со

мноштво мотиви од источната, Исламска уметност.

Така со спојувањето и преплетувањето на разните стилови, Мијаците

создале единствен стил кој во првите години на својот развиток достигнал врв во

копаничарската уметност. Иако релативно скромен по димензии, иконостасот

импресионира со мајсторството на изведбата, со високиот уметнички квалитет и

богатство на содржината, нешто што го става во редот на врвните достигнувања на

копаничарската уметност.

13

Page 14: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Св. Пантелејмон

Црквата "Св Пантелејмон" е манастирска црква во истоимениот манастир

во с. Горно Нерези, на планината Водно, осум километри југозападно од Скопје.

Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата

и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано

фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните

дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.

Над цоклата која имитира разнобојни мермерни плочи, во првата зона, се

насликани фигури на светители во цел раст - неповторлива галерија на ликови со

максимално издиференцирани физиономии. Во просторот на олтарот, по

столбовите и на ѕидовите на црквата се насликани допојасни претстави на

светители во медаљони, меѓу кои, со својот прекрасен колорит и ненадминлива

експресивност, посебно се истакнуваат ликовите на светите врачи Кузман и

Дамјан.

Во источниот дел на црквата, на челната страна, во посебни, копаничарски

обработени штукатурни рамки украсени со орнамент од преплет на лозница

широки листови и стилизирани пауни, се насликани од едната страна патронот на

црквата Св. Пантелејмон, а од другата Св. Богородица со малиот Христос в раце.

Св. Пантелејмон е претставен како висок, нежен и облагороден младич, кој во

десната рака држи скалпел, а во левата кутија за лекови. Овие фигури со своите

штукатурни рамки сочинуваат една целина со камениот иконостас од кој до денес

останале: архитривната греда, еден столб со капител и дел од парапетна плоча.

14

Page 15: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Живописот во нерешката црква, е дело на повеќе раце, пред сè на рацете на

двајцата главни мајстори. Тие се разликуваат помеѓу себе не толку спорèд цртежот

колку според колоритот. В. Лазарев смета дека живописот го работеле

неколкумина мајстори (четворица или петмина) и дека главниот мајстор е

повиканиот мајстор кој дошол од Цариград. Неговата рака го извела живописот на

најодговорните и најосветлените делови во црквата, а на тој дел му припаѓаат и

најзначајните досега сочувани композиции: Сретение, Преображение, Лазарево

воскрсение, Раѓање на Св. Богородица, Воведение на Св. Богородица во храмот,

Влегување во Ерусалим, Симнување од крстот и Оплакување Христово. Вториот

зограф, според Лазарев, најблискиот помошник на главниот мајстор кој ја работел

композицијата на Евхаристијата (Причестувањето на апостолите) и некои од

ликовите на светите воини, работи во помалку сигурен манир и слика со нешто

поразводнети бои. На овие двајца главни мајстори им помагале и двајца или тројца

ученици чии раце можат да се распознаат во живописот изведен во нартексот и

страничните простории. Врвно дело на главниот зограв се композициите

Оплакување Христово и Симнување од крст.

Композицијата Оплакување Христово е позната тема која се сретнува

речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква.

Но Оплакувањето во Нерези од сите нив се разликува, не толку по иконографските

посебности, колку по извесни елементи што се покажуваат како достоинство на

непознатиот зограф од Нерези. Во прв ред тоа е нагласеното истакнување на

внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како

мајка која плаче над својот мртов син. Нејзиното лице покажува болен израз на

длабока болка. Нејзиниот поглед е вперен во лицето на мртвиот син кого што го

држи во драматична прегратка. Богородица во оваа композиција не е онаа позната

мајка од постариот живопис, која со крајно воздржани гестови, со лесно наведната

глава, или само со малку крената рака ги искажува внатрешните чувства. Меѓутоа

нерешката Св. Богородица плаче, нејзината болка ги раскинува срцата. Ѓотовата

Св. Богородица е претставена како млада силна жена со малку натажено лице.

Споредувањето на сликарството на нерешките мајстори со Ѓото, само по себе

наметнува едно прашање на ренесансните елементи во оваа сликарство.

15

Page 16: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Користена литература

1. http://mk.wikipedia.org/wiki/Македонски_манастири

2. http://www.ohrid.org.mk/mk/crkvi/crkvi.htm

3. http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=143#SVBogorodicaKaneo

4. http://www.soros.org.mk/konkurs/076/makver/crkva_svspas.html

16

Page 17: Freskozivopisot Na Makedonskite Manastiri

Содржина

1. Вовед ....................................................................................................................... 2

2. Св. Климент Охридски .......................................................................................... 3

3. Св. Софија ............................................................................................................... 6

4. Св. Јован Богослов – Канео ................................................................................... 9

5. Св. Спас .................................................................................................................. 11

6. Св. Пантелејмон .................................................................................................... 14

7. Користена литература ........................................................................................... 16

17