42

Healthgrouper Summit 2013-Final-report

Embed Size (px)

Citation preview

1

Издавач Медекс Груп, ДООЕЛ за Хелтгрупер

14 јануари 2014 година во Република Македонија од Хелтгрупер.

Подготвено од Владимир Лазаревик

Прегледано од Блашко Касапинов

Дизајнирано од Соња Станковска

Фотографии Здраве Митиќ

СОДРЖИНА

Благодарност 4

Цели на Самитот 5

Покриеност во медиумите 7

Клучни пораки од учесниците 10

Отворање на Самитот – Претседателство 12

Поставување на сцената: Кога е фер да се каже не? 16

Како општеството го создава и дистрибуира здравјето? 18

Поставување на приоритетите за јавното здравје 21Распределба на средствата во Фондот за здравствено осигурување на Македонија 23

Социјални детерминанти за здравјето 27Поставување приоритети и одговорност со разумност – примарен фокус на медицината – Норман Даниелс 32

Иновативните терапии како инвестиција, а не трошок 35Пристапи за рационализација, и поставување приоритети 36

Здравствена политика и социјални детерминанти 39

4

БЛАГОДАРНОСТ

Медекс Груп им должи голема благодарност на сите предавачи, панелисти, модератори, учесници и поддржувачи на Хелтгрупер Самитот Кога е фер да се каже не?

Голема благодарност должиме до Крис Браун од Светската Здравствена Организација, канцеларијата за социјални детерминанти во Венеција, како и до г-ѓа Снежана Чичевалиева раководител на канцеларијата на СЗО во Скопје за финансиската подршка за реализација на Самитот.

Исто така, сакаме да се заблагодариме до здружението Фармабренд Нова и нивниот претседател Драган Конески за финансиската подршка во насока на реализација на Самитот.

Посебна благодарност должиме до Министерот за здравство Никола Тодоров за покривање на трошоците за професорот Норман Даниелс, како и на директорот на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова за активното учество во реализацијата на Самитот.

Конечно сакаме да му изразиме голема благодарност на профе-сор д-р Јован Тофоски претседател на Македонското Лекарско Друштво за континуираната подршка во развој и реализација на проектот Хелтгрупер од неговото основање во 2011 година.

5

ЦЕЛИ НА САМИТОТ

• Да се дефинираат основните принципи за правич-на дистрибуција на ресурсите наменети за здравјето и во здравството;• Да се иницира процес на градење консензус меѓу главните чинители во здравствениот систем во вр-ска со пристапите за правична дистрибуција на ре-сурсите;• Креирањeто на здравствените политики да ги земе во предвид клучните социјални фактори кои влијаат врз здравјето;

Правичната дистрибуција на средства во здравството е едно од најважните прашања во модерните демократски општества. Сè повеќе граѓани ја предизвикуваат власта како се трошат парите наменети за здравјето и здравството. Овие пристапи се важни ка-ко за земјите со социјален систем на здравствено осигурување, како што е Македонија, така и за земјите со систем на приват-но здравствено осигурување. Кога пациентите имаат потреба од здравствена заштита, очекуваат да ги добијат потребните услуги и третман. Тогаш, системите се ставени пред предизвик како да из-лезат во пресрет на потребите на пациентите во услови на огра-ничени ресурси и како практично да спроведат фер дистрибуција на средствата наменети за здравјето и здравството.

7

ПОКРИЕНОСТ ВО МЕДИУМИТЕ

Нова Македонија “Секој политичар и министер одбира меѓу приоритетите. Политиката ќе биде толку ус-пешна колку што успешно ќе бидат одбрани приоритетите. Да имаме се не е возможно, некогаш треба да кажеме не, но сепак треба да внимаваме, да носиме одлуки од кои бе-нефит ќе имаат најголем број на граѓани - ре-че Тодоров.”

Утрински Весник “Само со превенција може да се каже не” – “Не смее да се каже не само на превенција. Превенцијата може да овозможи поквалитет живот за сите граѓани и рано детектирање на сите заболувања кои медицината може да ги одржува и да ги лекува, рече Парнарџи-ева-Змејкова и додаде оти е потребна пого-лема грижа за животната средина, поздрав живот и повеќе спорт.”

Алфа ТВВо организација на меѓународниот про-ект Хелтгрупер, во Скопје се одржa Вториот здравствен самит.

Сител Втор здравствен самит „Со превенција може да се каже не“

+инфоСамо со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во орга-низација на меѓународниот проект Хелтгру-пер.

Здравство24Само со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во орга-низација на меѓународниот проект Хелтгру-пер.

А1 OnСамо со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во орга-низација на меѓународниот проект Хелтгру-пер.

8

Норман Даниелс Marry B. Saltonstall професор и Професор по Етика и Популационо Здравје на Харвард Школата за Јавно Здравје. Тој има напишано повеќе наградувани книги, совету-вал организации како што се Обединетите Нации, Светската Здравствена Организација и Ко-мисијата на Претседателот на САД за Етичките Проблеми во Медицината.

Тед Тулчински е професор на Школата за Јавно Здравје на Хебрејскиот Универзитет во Еру-салим. Тој е автор на книгата Новото Јавно Здравје, и главен организатор на земјите од Ис-точна Европа и поранешниот Советски Сојуз во развојот на новите Школи за Јавно Здравје.

Крис Браун е заменик шеф на канцеларијата на СЗО за Европа за Инвестиции во Здравјето и Развој која се наоѓа во Венеција, Италија каде што работи од 2003 година и ги предводи ак-тивностите на подршка на државите подобро да ги интегрираат потребните помеѓу здравје-то и социјалните нееднаквости.   Никола Тодоров е Министер за здравство на Република Македонија. Дипломиран правник, поранешен Министер за образование и наука. Во периодот 2006-2009 бил на повеќе рако-водни позиции на јавни претпријатија.

Маја Парнарџиева Змејкова е економист, магистер по монетарна економија, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Претставник на РМ во бордот на банка за развој на Совет на Европа, Париз.

Никола Јанкуловски е Декан на Медицинскиот факултет во Скопје, и професор по хирур-гија на Универзитетската клиника за абдоминална хирургија.

Јован Тофоски е претседател на Македонското Лекарско Друштво и поранешен министер за здравство. Тој е и потпретседател на Југо-Источниот Европски Медицински Форум.

Невзат Елези е лекар специјалист по епидемиологија, поранешен декан на Медицинскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово и претседател на Здружението на лекари Ал-банци во Македонија.

Владимир Лазаревик е основач на Хелтгрупер и асистент на Институтот за социјална ме-дицина. Служел како член на Постојаниот Комитет на Светската Здравствена Организација и како Извршен претседател на Регионалното Собрание на СЗО.

9

Даниела Миладинова е професор на Институтот за патофозиологија, и Продекан за меѓу-народна соработка на Медицинскиот факлутет во Скопје.

Жидас Даскаловски e доктор на политички науки, претседател на Центарот за истражување и креирање политики и директор на Школата за јавни политики „Мајка Тереза“.

Никола Пановски е доктор на медицински науки, професор по микробиологија на Меди-цинскиот факултет во Скопје. Тој е поранешен директор на Фондот за здравствено осигуру-вање (2003/2006), и поранешен заменик министер за здравство (2002/2003).

Снежана Костадиноска Милошеска е професор на Економскиот институт во Скопје, пора-нешен Државен сектретар во министерството за финансии и активно учествувала во креи-рање и спроведување клучни реформи во државата, реформи во здравството и јавната ад-министрација.

Борјан Павловски е доктор на медицина, моментално спроведува магистерски стуии по јавно здравје на Медицинскиот факултет во Скопје. Работи како координатор на програма-та за јавно здравје и здравје на жените во Здружението за еманципација, солидарност и ед-наквост на жените во РМ-ЕСЕ.

Азис Положани е доктор на медицина, специјалист по пластична хирургија и вонреден про-фесор на Тетовскиот Универзитет, вработен во Институтот за јавно здравје на Р. Македонија. Тој е поранешен министер за образование и амбасадор во Обединетите Нации во Женева на Република Македонија.

Драган Ѓорѓев е професор при Медицинскиот факултет во Скопје, советник за јавно-здрав-ствени политики на директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје, и поранешен ди-ректор на Проектната единица за трансформација на здравствениот систем.

Фимка Тозија е професор и шеф на Катедрата по социјална медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, советник за јавно-здравствени политики на директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје, член на СЗО советодавната комисија за истражување во здравство-то во Европа.

Данче Гудева Никовска е доктор на медицина, магистер по јавно здравство и координа-тор на проектот за контрола на ТБ во РМ, финансиран од Глобален фонд кој го имплементи-ра Министерството за здравство.

10

КЛУЧНИ ПОРАКИОД УЧЕСНИЦИТЕ

„Колку што сме поуспешни во превенирање-то на болестите, колку што повеќе се фокуси-раме кон одржувањето на здравјето, толку повеќе ќе имаме можности за инвестиции во нови технологии, во нови методи, во подолг животен век на нашите граѓани.”

Никола Тодоров - Министер за здравство

“Целта на овој денешен собир е да ги истак-неме и потенцираме поврзаноста помеѓу по-широкиот контекст на креирање на здрав-ствените политики кои ги земаат во предвид социјалните фактори кои влијаат врз здра-вето на луѓето, и да се фокусираме на по-ставување на приоритетите на еден јасен и транспарентен начин кој ќе биде од интерес за сите, а насочен со примарна цел кон по-стигнување правичност за здравјето”

Владимир Лазаревик - Основач и директор на Хелтгрупер

“Заклучокот до кој јас сум дошол е дека има-ме право на разумен број на интервенции кои го унапредуваат и заштитуваат здравје-то, под услови на разумен недостаток на средства, и дека нашите права се релативни во однос на општеството во кое живееме и во зависност од самата ситуација. Но право-то за здравје не е само право на одреден број на услуги кои треба да ги добиеме, туку е и

право да се заштити здравјето. И сите интер-венции кои може да се направат во општест-вото со цел да се намали ризикот за здравје-то може да имаат многу поголемо вилјание, отколку влијанието кое можеме да го напра-виме само кон оние кои се веќе болни.“

Норман Даниелс - Харвард Универзитет

“Тука е убиецот кој сакаме да го запреме. Луѓето умираат од мозочни удари, но тие кои умираат не би требало да умрат, поточ-но треба да умрат подоцна во своите живо-ти. Мозочните удари може да се превенира-ат. Постои одличен менаџмент за мозочните удари, ако постои дури и умерен крвен при-тисок треба да се следат, и лекуваат доживот-но, не само преку лекови, туку и преку веж-би, но обврската на здравствениот систем на сите тие луѓе да им се обезбеди негата која им е потребна со цел да се одложи мозочни-от удар.“

Тед Тулчински - Хебрејски Универзитет

Неопходно е да имаме валидни податоци кои се базирани на истражувања и докази. Треба да се искористат сите достапни ресурси во насока на примена на пристапот здравје во сите политики што е одговорност на целата Влада.

Фимка Тозија Институт за јавно здравје

11

„Треба да научиме да работиме на триковите, како со исти средства да направиме повеќе. Сите чинители во здравствениот систем мо-жат да придонесат. Владата има уште 20 сек-тори каде треба да се одвојат пари. Тешко е да се утврдат приоритетите, како што е теш-ко и во самите дејности да се постават прио-ритети. Но може да се направи повеќе, и тре-ба да се менаџира поефикасно на сите нивоа.”

Маја Парнарџиева Змејкова – директор на Фондот за здравствено

осигурување

“Многу се зборува за лошото однесување де-ка пиењето е поврзано со лошото однесу-вање, но всушност доказите покажуваат на нешто друго. Сиромаштијата е главниот пре-диктор за прераната смртност, многу повеќе отколку само лошото однесување кое е по-следица. Како да ги искористиме стратегии-те за намалување на сиромаштијата и да го земеме здравјето како производ. Ако навис-тина сакаме да го намалиме товарот на не-заразните заболувања мора да се работи со другите сектори.”

Крис Браун Светска Здравствена Организација канцеларија во Венеција

“Треба да решите дали е фер да кажете не, треба да одлучите и потпишете денес. До-бавувачот нема да го однесе лекот ако не му се плати“ Така за едно дете се потрошија 300 000 евра, детето сега е момче и е живо. Мно-гу тешко да се каже не –

Никола Пановски Институт за микробиологија

„Проблемот на социјалнити детерминати за здравjето е интерсекторски. Ако се види кол-ку е присутно здравството во другите сек-тори, ке видите дека тоа е минимално. Ко-га на една седница на Влада се дискутира за здравje, сите мислат дека проблемот е само на министерот за здравство.”

Драган Ѓорѓев Институт за јавно здравје

12

ОТВОРАЊЕ НА САМИТОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО Претседателството на Самитот во состав

проф. д-р Јован Тофоски претседател на Македонското Лекарско Друштво;Никола Тодоров, Министер за здравство; проф. д-р Никола Јанкуловски, Декан на Медицинскиот факултет;Маја Парнарџиева Змејкова, Директор на Фондот за здравствено осигурување;проф. д-р Невзет Елези, претседател на Здружението на лекари Албанци во Македонија.

13

ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРОТЗА ЗДРАВСТВО НИКОЛА ТОДОРОВ

Почитувани,

Речиси сите ние кои денес сме тука со пого-леми или помали одговорности, со директно или индиректно учество сме се соочиле со потребата да донесеме одлуки кои имаат ди-ректно влијание врз здравјето на луѓето. Ко-га ќе го кажам ова не мислам само на дирек-ното влијание на лекарите врз здравјето на своите пациенти, туку во предвид ја имам по-широката слика на влијанието кое се прави преку здравствените, социјалните, образов-ните, економските и другите политики кои ги креираме а чие влијание се одразува врз здравјето на населението. Многу често се за-прашуваме дали сме постапиле соодветно, дали нашите одлуки биле правични, корект-

ни, фер. Овие дилеми секогаш претставуваат голем предизвик.

Предизвиците со кои се соочуваат здрав-ствените системи во нашиот регион се мно-гу слични. Сите се соочуваме со економски и социјални проблеми, имаме реален недоста-ток на средства, а потребите на населението за здравствените услуги се зголемуваат. Од-војувањето на средства наменети за здравје-то и за здравството е секогаш во конкурен-ција со другите социјални добра како што се образованието, социјалата, и други сфери.

Јас како министер за здравство постојано на-стојувам, и делумно успевам во тоа да се зго-леми здравствениот буџет и да се обезбедат повеќе средства. Можам да кажам дека има-ме успех, имаме нови инвестиции во опре-ма, во нови технологии, во реновирање на здравствените установи. Посебен фокус ста-ваме на обуката на кадрите кои работат во здравствениот систем. Оваа едукација, и ин-вестицијата во едукацијата очекуваме да да-де долгорочни позитивни резултати.

Сепак, покрај нашиот директен фокус на ме-дицината и на здравството, а што е воедно и тема на денешниот настан е и влијанието на социјалните фактори или како што вие екс-пертите ги нарекувате, детерминанти кои влијаат на здравјето. Со голем интерес вчера ги слушав сугестиите и предлозите на про-фесорите Даниелс и Тулчински кои ќе ги одр-жат своите предавања подоцна во текот на

14

денот. Како министер за здравство се разби-ра дека сум директно фокусиран на здрав-ствениот систем, но сум и целосно насочен кон утврдување на приоритетите во поши-рок контекст, кој ги надминува границите на медицината, а тоа е јавното здравје. За ме-не и за Владата приоритет се ивестициите во превенцијата, во справувањето со социјал-ните детерминати како што се пушењето, влијанието на исхраната и физичката актив-ност, влијанието на надворешните фактори загадувањето на воздухот и водата, ризици-те за менталното здравје, за благосостојбата, како и влијанието на повредите и сообраќај-ните незгоди на нашите патишта. Последи-ците на животниот циклус на нас граѓаните кои живееме со различни животни стилови, во различни социјални услови, со различно образование, со разлини пристапи до мож-ностите имаат своја економска и социјал-на цена чија сметка на крајот се испорачува во здравствениот систем. И некој таа сметка треба да ја плати. Колку што сме поуспешни во превенирањето на болестите, колку што повеќе се фокусираме кон одржувањето на здравјето, толку повеќе ќе имаме можнос-ти за инвестиции во нови технологии, во но-ви методи, во подолг животен век на наши-те граѓани.

Овие предизвици се големи, и не се секогаш лесно прифатливи и за нас како креатори на политиките, но и за медицинската заедница. За да медицината може да ги излекува после-диците потребно е да се обезбедат совреме-ни терапии, нови технологии, нови едукации и пристапи во работата. За да достигнувања-та во медицината бидат уште поуспешни, по-требно е да создадеме политики кои ќе би-дат фокусирани на причините поради кои се јавуваат одредени заболувања кои можат да се одложат или да се контролираат. Се разби-ра, не можеме да ја одбегнеме смртноста, но може да го продолжиме животниот век.

Во оваа насока како посебно достигнување сакам да го истакнам проектот Мој Термин, кој искрено очекувам да направи позитивна револуција во здравствениот систем. Мож-ностите кои ги нуди проектот Мој Термин, посебно во делот на податоците кои преку

него се добиваат треба да бидат основа за многу нови истражувања, научни проекти чии придобивки ќе ги користат сите здрав-ствени установи. Ова е можност да ги пови-кам сите млади истражувачи да ги искорис-тат податоците кои ги нуди новиот систем. Да се вклучат и да помогнат во обезбедување на истражувачки студии кои ќе ми помогнат ме-не, но и на идните креатори на здравствени политки. Мојот повик е кон академските ин-ституции, но и кон невладиниот сектор, кон сите кои можат да дадат свој придонес. Во скоро време ќе објавиме и отворен повик во кој ќе побараме од истражувачките институ-ции да ги посочат своите интереси во облас-та на здравствените политики.

Така доаѓаме и до денес, и до прашањето кое на еден фасцинантен начин го одгова-ра проф Даниелс, а тоа е како да постигне-ме правичност за здравјето? Како да го уна-предиме здравјето на популацијата и да ги заштитиме можностите и способностите на луѓето да функционираат како слободни и рамноправни граѓани? Како да ги пресретне-ме здраствените потреби во услови на огра-ничени ресурси? Одговорите на овие прашања се од голема важност не само за мене како министер за здравство, но за нас во целина како општест-во. За да одговориме на овие прашања треба да ги утврдиме изворите на нашите согласу-вања и несогласувања во делот на поставу-вање на приоритетите. Се разбира дека сите имаме различни приоритети. Тие кои се бо-лни, сакаат да бидат излекувани. Тие кои се здрави, сакаат да останат здрави и да живеат долг и продуктивен живот. Но можеме и тре-ба да направиме заеднички напори како во дефинирањето на приоритеите за здравјето да вклучиме колку што е можно повеќе акте-ри и чинители.

Во таа насока сакам да го поздравам денеш-нит Самит, да ви посакам успешна работа, и резултатите од денешните дискусии заед-нички да ги преточиме во остварливи цели во интерес на подобрување на здравјето за сите нас.

Ви благодарам.

15

ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИДЕКАН НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Деканот Јанкуловски во своето излагање се осврна на потребата преку вакви собири да се подобри здравствениот систем и дека за да се постигне таа цел потребно е да се вклу-чат сите релевантни фактори. Посебен ак-цент во неговото излагање беше потреба-та од зајакнување на човечките ресурси. Во таа насока Медицинскиот факултет секогаш ги поддржува овие активности како преку едукативните програми кои се организираат во рамките на факултетот, така и во делот на соработка со странските универзитети. Са-мо преку соработка и размена на искуства може да се придонесе кон подобрување на здравјето на сите граѓани.

ПРОФ. Д-Р ЈОВАН ТОФОСКИ ПРЕТ-СЕДАТЕЛ НА МЛД

Професор Јован Тофоски во своето об-раќање пред учесниците на Самитот се освр-на на потребата грижата на здравјето да биде обезбедена преку вклучување на сите факто-ри кои можат да придонесат во негово подо-брување. Тој запраша која докторина треба да ја прифатиме во делот на поставувањето

на приоритетите? Воената доктрина кажува настрана да се остават најтешко ранетите, а да им се помогне на овие кои може да се спа-сат. Тој се задржа на важноста на Самитот во делот на философскиот пристап кон реше-нието и носењето на одлуките во делот на распределбата на средствата. Се осврна на научните публикации на професор Даниелс, и на пристапите кои ги предлага во делот на поставувањето приоритети за изнаоѓање ре-шенија за проблемите во здравството. Ги на-веде новите болести и карактеристиките на здравјето во 21 век. Направи поврзаност со новите дијагностики, како и потребата од обезбедување на нови терапии и нови тех-нологии кои директно влијаат на продолжу-вање и подобрување на квалитетот на ле-кувањето. Укажа на реалноста дека новите потреби генерираат нови трошоци, кои рас-тат повеќе отколку што расте БДП во држа-вите. Од тие причини државите се принудени да прават рационализација и да поставуваат приоритети. Посебен аспект во овој домен е потребно да се одвои на превенцијата и спречувањето на појавата на болестите.

16

ПОСТАВУВАЊЕ НА СЦЕНАТА:

КОГА Е ФЕР ДА СЕ КАЖЕ НЕ?

Д-Р ВЛАДИМИР ЛАЗАРЕВИК,HEALTHGROUPER

Д-р Лазаревик ја истакна важноста на Сами-тот кој не е само од интерес за Македонија туку и за земјите во регионот кој се соочува-ат со исти проблеми во делот на прераспре-делба на средствата и поставување на прио-ритетите.

“Целта на овој денешен собир е да ги истак-неме и потенцираме поврзаноста помеѓу по-

широкиот контекст на креирање на здрав-ствените политики кои ги земаат во предвид социјалните фактори кои влијаат врз здра-вето на луѓето, и да се фокусираме на по-ставување на приоритетите на еден јасен и транспарентен начин кој ќе биде од интерес за сите, а насочен со примарна цел кон по-стигнување правичност за здравјето- истак-на Лазаревик.” Тој го поврза влијанието на социјалните фак-тори врз здравјето на населението, и цена-та која државите треба да ја платат доколу не се справат со овие фактори. Како пример ги наведе потребата здравјето да се гледа над медицината, го посочи загадувањето, влија-нијата врз менталното здравје, како и со-обраќајните незгоди. Се осврна на потребата да се влијае врз животниот стил на граѓани-те.

Во дел од своето излагање направи повр-заност на уметноста низ призмата на Густав Климт, медицината и социјалните фактори кои влијаат врз здравјето.

17

“Во 1897 година австриската владата го анга-жира Климт како веќе истакнат уметник да ги претставни уметнички факултетите на Виен-скиот универзитет: философија, медицина, право. На Климт му се доделени три проекти (Philosophy, Medicine, and Jurisprudence). Ка-

ко прв тој го претставува делото Философија во 1901 година. Второ е делото Медицина претставено во 1903 година. Претставете си ја Виена во времето на Семелваис, во перио-дот на промена на парадигмите и замената на мијазма теоријата за пренос и настанување на болестите, со откривањето на микроор-ганизимите и бактериите како преносители. Какви ли само биле очекувањата на лекари-те, на професорите на медицинскиот факул-тет од делото кое требало да ја глорифицира медицината? - запрашува Лазаревик. Погле-днете го резултатот, делото на Климт. На еден маестрален начин Медицината ја претставу-ва во форма на “Река на животот“ (River of life) во која се испреплетени разни човечки суд-бини, поврзани преку врската на мажот и же-ната во еден континуиран циклус. Централ-ната фигура на левата страна е жената која го симболизира новиот живот преку рожбата

претставена подолу. Долу во дното единстве-ното нешто кое асоцира на медицината е ан-тичката божица Хигиа, и нејзината рака око-лу која е обвитката змијата, како симбол на лекувањето, но само до одреден степен. Раз-очарувањето на медицинската елита во тоа време е големо. Тие не можат да прифатат де-ка Климт и дава толку мало значење на ме-дицината и нејзините достигнувања. Сметаат дека авторот ја омаловажил вредноста и не го прифаќаат неговото дело кое никогаш не е поставено на универзитетот во Виена. Де-лото Медицина е уништено во 1943 година, и ова е единствената останата фотографија. „ Денес, после повеќе од 110 години од дело-то Медицина, за мене е сеуште исклучител-но актуелно и инспиративно продолжува Ла-заревик. Тоа дело го визуелизира животниот циклус и неговата социјална димензија која има директно влијание врз здравјето и суд-бините на луѓето. Во тој контекст медицина-та иако има големо, сеуште е со ограничено влијание и моќ да ги промени тековите.“ Ла-заревик го заклучи овој дел од своето изла-гање со поставување прашање дали денес медицинските универзитети би се согласи-ле да го постават делото на Густав Климт со кое на медицината и се оддава само делум-но значење во придобивките кон здравјето на нивните факултети?

Така доаѓаме и до денес, и до прашањето кое го одговара проф Даниелс, а тоа е како да по-стигнеме правичност за здравјето? Даниелс посочува дека недостатокот да се унапреди здравјето на популацијата е не-достаток да се унапреди неговото нормал-но функционирање, поточно да се зашти-ти можноста или способноста на луѓето да функционираат како слободни и рамноправ-ни граѓани. Лазаревик ги отвори суштински-те прашања за кои ќе се дискутира за време на Самитот: Како да го дефинираме разум-ниот недостаток на средства? Кога е фер да кажеме не? Ние секојдневно поставуваме ограничувања, но прашањето е како да ги поставиме приоритетите, и како да го напра-виме тоа на еден фер и транспарентен начин, со што го најави и предавањето на професор Даниелс.

18

КАКО ОПШТЕСТВОТО ГО СОЗДАВАИ ДИСТРИБУИРА ЗДРАВЈЕТО?

ПРОФ. НОРМАН ДАНИЕЛС, HARVARD UNIVERSITY

Како општеството го произведува здравје-то? Многумина од нас се пораснати со веру-вањето дека медицината го има главниот придонес кон здравјето. Но од популациона гледна точка има многу други детерминанти на здравјето. Генералното прашање е зошто здравјето е од специјално морално значење? Даниелс посочи дека е потребен системат-

ски пристап да се одговори на прашањето зошто здравјето е посебно, какви се импли-кациите од нашите одлуки и каква е нашата меѓусебна обврска кон одржување и унапре-дување на здравјето. Тој ја посочи потреба-та од воспоствување делиберативен процес (дебата и преговори) во кој одлуките на чле-новите во групата ке се прифатат како леги-тимни и фер.

Дистрибуцијата на можностите за граѓани-те е клучниот елемент во теоријата на пра-вдата. „Ако размислувате на здравјето како на пристап кон можностите, тогаш заштита-та на здравјето е во директна корелација со обезбедување на правда во општеството.” Ја посочи релативната важност на пристапот до медицината, во однос на другите факто-ри кои влијаат во општеството и врз здравје-то. „Во реалноста, многу од подобрувања-та во општеството се должат на мерките на јавното здравје, чист воздух, безбедност на храна, работните услови, подобрувањето на едукацијата, приходите, итн... Најлесно е да се фокусираме на медицината, но има мно-гу поддршка за здравјето во многу елемен-ти во општеството. Но зошто тогаш толку

19

многу трошиме на медицина, а не на јавно здравје?” Тоа во литературата е опишано ка-ко проблем на идентификација на индивиду-ите кои имаат акутна потреба од здравстве-на грижа, во однос на овие кои се водат само како статистички податок и се неидентифи-кувани. Кога луѓето се здрави тогаш немаме потреба да мислиме на овие теми, но кога се болни тогаш тие се многу гласни.

Неговото излагање продолжи во делот на односот помеѓу медицината и здравјето во општеството. Како пример професор Дани-елс ја посочи дистрибуцијата на здравстве-ниот статус на населението во селектирани држави, во однос на БДП, и животниот век на населението. Укажа на фактот дека дист-рибуцијата на богатството (wealth) е важно, нo исто така потенцираше дека е од исклу-чителна важност и начинот на кој се креира-ат политиките во делот на здравјето. Прика-жа податоци од кои може да се види дека има држави кои се сиромашни, но имаат одлич-ни здравствени резултати. За пример посочи две држави Куба и Керала во Индија која има околу 34 милиони жители. Споредбата беше во делот на БДП по глава на жител, но кога се споредуваат овие држави дури и со побога-тите во делот на здравствените индикатори тогаш резултатите се многу добри. Ја отвори дилемата како тогаш може некои држави да произведуваат добри здравствени индика-тори, со толку малку пари? За пример го по-сочи одговорот за во Керала, кој му бил мно-гу интересен. На почетокот Даниелс верувал дека причините за добрите резутлати на Ке-рала се политички и во наследството на лево оринетираните политики на комунистичко-то раководство. Но понатаму научил дека во Керала има мајчина наследност на сопстве-носта, поточно дека парите ги следат жените. Заклучокот до кој дошол е дека инвестици-ите во образованието, во жените директно, влијаат на здравјето, што е всушност една социјална детерминанта. „Ова е надвор од здравствениот сектор, при што здравјето е подобрено со инвестиции надвор од здрав-ството.”

Многу во здравјето е подобрено со други функции во општеството отколку едностав-но преку медицината.

Ја отвори темата на тоа кога здравствени-те нееднаквости се не фер? И понуди две дефиниции и одговори при што ја цитира-ше дефиницијата од Светската Здравствена Ораганизација, Комисијата за социјалните детерминати која вели дека здравствените нееднаквости се не фер, кога истите можат да бидат одбегнати со разумни акции. Ги потенцираше двете цели на здравствената политика. Традиционалната е да се подобри здравјето на популацијата, но во последните декади има нова цел а тоа е да се прераспре-дели здравјето на фер начин. Овие две цели најчесто се заеднички и комплементарни, но може да бидат и разделени.

Една од поентите кои произлегуваат за изво-рите на здравјето, се интервенциите во ра-ната младост за кои е докажано дека имаат големо влијание. Колку подобро ги едуцира-ме децата, да научат да читаат рано, да инте-ракираат со средината на ефикасен начин, е многу значајно за подобрување на здравјето на популациите. Слично, условите за рабо-та, кога луѓето имаат достап до добра рабо-та, и кога луѓето кои се млади, независно од нивниот степен на образование, и тие не мо-жат да добијат работа тоа е лошо за здравје-то. Има многу фактори надвор од здравстве-ниот сектор, и дистрибуцијата на богатството и приходите е многу важна. Како пример ја посочи нееднаквостите во приходите кои се зголемуваат во САД.

Има многу ефекти врз здравјето кои доаѓаат надвор од здравствениот сектор.

Неговите препораки за Македонија се бази-рани на општите и познати фактори. Првата е државата да се справи со нееднаквости во раниот развој на децата, кои мора да се ад-ресираат ако државата е заинтересирана да направи фер дистрибуција за здравјето во општеството. Ја потенцираше потребата од руралниот развој, во споредба со фокусира-ниот развој во градовите. Клучната поента е дека сеуште не знаеме доволно за изворите на нееднаквоситите во Македонија. Од тие причини доброто истражување е важно за да се раководат здравствените политики. По-требно е да се направат истражувања бази-рани на докази. Податоците мора да се пре-

20

несат во вистински научни истражувања, да се направат достапни за истражувачите кои ќе ги зголемат капацитетот на здравствени-от систем. За таа цел е потребно да се обез-беди достап до податоците со кои располага-ат здравствените установи, министерството и Фондот. Во таа прилика Даниелс ја поздра-ви спремноста на здравствените власти да соработуваат во оваа насока со истражува-чите, студентите и други страни кои ќе влија-ат врз одлуките на креирање на политиките.

Во заклучокот од своето предавање Даниелс ја посочи дискусијата за правото на здравје и правото на здравствена заштита. При што укажа дека тој на оваа тема размилсува како на пристап до фер начин до можностите. Но кои се придобивките од таквото право? Дали тоа е право на секаков вид на третман? Тоа е тема која бара многу повеќе дискусии.

“Заклучокот до кој јас сум дошол е дека има-ме право на разумен број на интервенции кои го унапредуваат и заштитуваат здравје-то, под услови на разумен недостаток на средства, и дека нашите права се релативни во однос на општеството во кое живееме и во зависност од самата ситуација. Но право-то за здравје не е само право на одреден број на услуги кои треба да ги добиеме, туку е и право да се заштити здравјето. И сите интер-венции кои може да се направат во општест-вото со цел да се намали ризикот за здравје-то може да имаат многу поголемо вилјание, отколку влијанието кое можеме да го напра-виме само кон оние кои се веќе болни.“

Го заврши излагањето со акцентирање на по-требата од јавно здравствените аспкети кои се суштински и централни во подобрување-то на здравјето на популацијата.

21

ПОСТАВУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИТЕ

ЗА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

ПРОФ. ТЕД ТУЛЧИНСКИHEBREW UNIVERSITY

Професор Тулчински го започна своето пре-давање со отварање нова перспектива на јавното здравје кое во модерното време има многу апликации кои порано ги немавме. Тој посочи дека постојат интервенции кои се ефективни и кои може да се искористат. Во тој контекст неговата дискусија се насочи во делот на тоа што можеме да го направиме во здравствениот систем, какви интервенции за кои знаеме дека даваат резултати можеме да воспоставиме. Тој се осврна на фактите. За пример го посочи животниот век на граѓа-ните во Македонија, во споредба со другите земји како на пример Израел. Разликите се евидентни, при што граѓаните во Израел во просек живеат неколку години подолго от-колку жителите во Македонија. Тој акценти-

раше дека нееднаквостите како оваа во жи-вотниот век се наоѓаат не само помеѓу, туку и во самите држави. Ги презентираше пода-тоците од дата базата на СЗО, Здравје за си-те, според кои резултатите за канцерот на грлото на матката се пример за успех во Ма-кедонија, ако податоците се точни. Тој посо-чи дека ваквиот тип на интервенции, кои се во домен на здравствениот систем како што се скринингот, како и вакцината ХПВ за девој-чињата се пример за успешни интервенции. Понатаму во својата дискусија се осврна на економиката во здравството и бројот на болничките кревети како централниот еле-мент во влијанието на трошоците. Тој прика-жа податоци дека речиси во сите држави има драстичен пад на бројот на кревети.

Намалување на бројот на болничките креве-ти

„Болниците се опасни места, таму луѓето до-биваат инфекции, се случуваат грешки, има секаков вид на проблеми кои чинат многу пари. Ако ја погледнете дистрибуцијата на болничките кревети во државите во регио-нот, ќе видите дека има многу повеќе креве-ти во споредба со Израел.”

Тоj поентираше дека е потребно да се пре-насочат средствата од болниците кон ин-тервенции во делот на јавното здравје. Ја посочи Бугарија како пример за држава која сеуште оддржува многу висок број на болнички кревети. Потребно е да се прена-

22

сочи политиката преку подобрување на до-машното лекување, примарното здравство, јавното здравје, и други сервиси. Тоа е дока-жано дека функционира во многу држави, со посебен осврт на Финска.

Трошоците за здравството во Македонија се намалени во споредба со другите држави. Трошоците не ви даваат по автоматизам по-добро здравје, туку начинот на кој ги аплици-рате тие трошоци во здравството наменет за здравјето. Тука се кријат магичните куршуми. Тој посочи дека надворешните фактори се многу важни, но државите многу може да на-прават и во здравствениот систем.

Превенција на мозочните удари

“Тука е убиецот кој сакаме да го запреме. Луѓето умираат од мозочни удари, но тие кои умираат не би требало да умрат, поточ-но треба да умрат подоцна во своите живо-ти. Мозочните удари може да се превенира-ат. Постои одличен менаџмент за мозочните удари, ако постои дури и умерен крвен при-тисок треба да се следат, и лекуваат дожи-вотно, не само преку лекови, туку и преку вежби, но обврската на здравствениот сис-тем на сите тие луѓе да им се обезбеди негата која им е потребна со цел да се одложи моз-очниот удар.“

Тој посочи дека оваа болест е една од при-чините што предизвикува разлика во морта-литетот на македонските граѓани во однос на другите држави во Европа. Тука здравствени-от систем може да биде ефективен. „Потреб-на е едукацијата на жената која готви. Ако става сол во храната, тоа ќе влијае да се по-качи крвниот притисок на нејзиниот сопруг кој има 45 години со што ќе му се намали жи-вотот за 5 до 10 години. Ова е еден од магич-ните куршуми за кои се знае.“

“Програмата за имунизација во Македонија е солидна, но не е доволна. Ако не употребува-те витамин К рутински за новородените то-гаш тоа треба да го направите.” Тој посочи на еден пример од САД каде мајките одбиле да им се даде витамин К на четири новородени

после породувањето во Тенеси, и децата ум-реле.

Посочи дека не треба да се чека за да се апли-цира пнеумококна вакцина за децата, исто како и за вакцина за инфлуенца. Потребно е да се соочите со најдобрите докази. Вакци-нацијата спасува животи. А хоспитализација на децата е скапа. Ако имате деца кој боледу-ваат од астма, како и од други респираторни болести, тоа ќе ги принуди да бидат хоспита-лизирани што чини многу средства.

Тој презентираше пример за развојот на ср-цевите заболувања во САД, при што го при-кажа почетокот на промена на трендот и на-малување на стапката на кардиоваскуларни заболувања, не директно како резултат са-мо на медицината, туку поради намалување-то на пушењето, холестеролот, и директната поврзаност на овие фактори со морталите-тот од одредени болести. Истакна дека стап-ката на кардиваскуларни заболувања паѓа постојано, и дека помеѓу нашите интервен-ции има многу работи кои може да се напра-ват.

За пример ја посочи пелаграта како болест од која жените умирале многу повеќе, од причини што некој истражувал дека болес-та не е инфекција, туку е како резултат на не-правилната исхрана.

Го презентираше и искуството со сидата, ка-де се гледа дека трендот се менува во раните 90-ти години од минатиот век. Оваа проме-на настанува како резултат на здравствената промоција и едукација, и ова е успех на јав-ното здравје.

Во својата дискусија се осврна на потребата од зголемена нега во заедницата при што фо-кусот да се посочи на сите сервиси кои може да се обезбедат за населението. Истакна дека е потребно да се направи внимателно плани-рање во здравствениот систем.

Во крајот од своето излагање истакна дека државата има обврска и одговорност да го намали ризикот за својата популација, и дека тоа се заложби на јавното здравје.

23

РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА ВО ФОНДОТЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

МАЈА ПАРАНАРЏИЕВА ЗМЕЈКОВА, ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Маја Парнарџиева Змејкова ја презентира-ше распределбата на средствата наменети за здравство во Фондот за здравствено оси-гурување на Република Македонија. Таа по-сочи дека доколку имаме повеќе пари да ги намениме за здравјето, тоа ќе резултира со повеќе здравје за одвоените пари. „Треба да научиме да работиме на триковите, како со

исти средства да направиме повеќе. Сите чи-нители во здравствениот систем можат да придонесат. Се разбира дека Владата може да одвои повеќе пари за здравство, но има уште 20 сектори каде треба да се одвојат па-ри. Тешко е да се утврдат приоритетите, како што е тешко и во самите дејности да се поста-ват приоритети. Може да се направи повеќе, и треба да се менаџира поефикасно на сите нивоа.” Таа се согласи со повикот науката да ги ко-ристи податоците кои ги има ФЗОМ во ис-тражувачки цели. „Ние сакаме да се корис-тат податоците од ДСГ (диjагностички сродни групи) груперот од 2009 година. Може да се направат многу добри трудови и анализи. Сакам да ги слушнам препораките како да се користи здравствениот денар.“ Посочи дека во 2014 година ФЗОМ ќе ги има електронизирани податоците за специјалис-тичките пакети со што ќе се отвори дополни-телна можност за анализи и истражувања.

Посебен осврт во нејзиното излагање беше потребата од подобра едукација. Истакна дека „Здравствените работници се под притисок да ги слушаат и задоволат потребие и очеку-вањата на пациентите, но потребно е и да ги информираат пациентите дека антибиотикот

24

не е лек за се. Колку повеќе сме информирани ќе се грижиме подобро за нашето здравје, и за остварување на нашите желби.”

Во делот на осигурувањето на население-то истакна дека околу 15% од граѓаните не се здраствено осигурени. Голем дел од овие граѓани и не се во Македонија. Сепак држа-вата овозможува секој да биде осигуран. Она што е позагрижувачко, истакнува Пар-нарџиева Змејкова, е дека ¼ од нашата попу-лација не плаќа за здравствено осигурување. За нив трошоците ги плаќа министерството, но тие го добиват она што им следува на сите други кои плаќаат“ со што ја отвори дилема-та за одржливоста на системот за здравстве-но осигурување во услови на висока стапка на невработеност. Во понатамошниот тек на презентацијата се осврна на распределбата на буџетот во де-лот на здравствени услуги, компензации за породилни отстуства и боледувања. Истак-на дека ФЗОМ околу 90% од своите средства ги добива од здравствениот придонес, 7% од министерството за труд за плаќање на поро-дилни отсуства, и многу мал процент како трансфер од буџетот. Таа посочи деак иако во апсолутни вредности буџетот на ФЗОМ рас-те, во релативна смисла е стабилен, но во од-нос на процентот кој го има како дел од БДП бележи тренд на намлување, со што се отва-раат прашањата за важноста на здравјето во однос на другите општествени приоритети кои ги поставува државата.

Во делот на партиципацијата посочи дека не сите статистички региони во државата по-деднакво партиципраат. Истакна дека има региони како Скопскиот кои партиципира-ат најповеќе и кои го носат на грб трошокот за сите останати региони. Учеството на реги-оните во вкупниот буџет на ФЗОМ не соод-вествува и со нивната развиеност. Поточно, и покрај тоа што има региони кои се развие-ни, тие плаќаат помалку за здравствено оси-гурување.

Се осврна на споредбените податоци од СЗО дека ние сме во групата на држави кои од-војуваме малку за здравствено осигурување.

Во 2014 година се очекува значително да се зголемат средствата за превенција преку во-ведување на новата акциза, со што ќе посте-пено би се намалил товарот за лекување.

Го посочи широкиот здравствен пакет, и ниската партиципацијата која во просек из-несува околу 8% што е на ниско ниво во спо-редба со земјите од ЕУ, каде истата е околу 20%, а голем број од тие држави се соочуваат со потребата да ја зголемат партиципацијата. Во Македонија и покрај финансиските про-блеми, и со оглед на малата економска моќ не се планира зголемување.

Дискутираше за состојбите во делот на пози-тивната листа на лекови во сите земји кои се во економска криза и кои го забраниле вле-зот на нови лекови на листата. Некои леко-ви постигнуваат многу поголеми заштеди, не само финансиски, туку и во квалитетот на животот. Во Македонија позитивната листа е составена од околу 1300 лекови, а вкупно се регистрирани околу 3000 лекови. Со тоа на-прави споредба со други земји дека покри-тието на позитивната л иста не е толку ниско, како што е случај во некои други земји. Се осврна на ортопетските помагала, кои ис-то така претставуваат голема ставка на тро-шоци и дека околу 400 помагала се на товар на ФЗОМ. Посочи дека листите на чекање за здравствени услуги не се користат, со исклу-чок на некои услуги како Фако метода. Но за другите услуги и да нема листи на чекање. Во делот на економската оправданост на но-вите технологии и интервенции истакна де-ка треба да се внимава во воведувањето на нови терапии и технологии, и дека истите е потребно да бида проследени преку кост бе-нефит анализи. За пример наведе клиника во Словенија која вовела нова метода, и поба-рала услугите да им бидат платени од ФЗОМ што довело до конфликт и одбивање од стра-на на Фондот да ги покрие тие трошоци. Во овој дел од своето излагање ја отвори диле-мата дали сите услуги можат да бидат вклу-чени во во здравствениот систем, што се раз-бира дека економски е целосно невозможно. Од тие причини потребата да се постават приоритети се од суштествено значење.

25

Истакна дека цената на здравствените услуги веќе трета година се ревидираат, во според-ба со Словенија каде се намалуваат. Сепак и покрај тоа што цените во Македонија се зго-лемуваат, факт е дека почетните позиции би-ле многу пониски. Се осврна на потребата да се контролираат буџетите, и начинот на купу-вање на услугите да биде контролиран. „Фо-кусот е кон транспарентен процес на работа со коморите, со здруженијата, каде и фор-мално се договараат правите и обврските во взаемните односи. Се одвиваат и поединеч-ни договори кои поминуваат преку Управ-ниот Одбор каде има претставници од сите засегнати страни. Од 7 само 2 ца се претстав-ници на Владата. Одлуките се ставени на веб страницата, и правиме годишен извештај кој е достапен за сите“.

Дилеми и ограничувања има постојано. Си-те одговори, не се само во ФЗОМ. Сакаме да споредуваме дијализа со трансплантација на бубрег. Додека дијализата ни претставу-ва само трошок, за жал сеуште немаме до-бри капацитети за зголемување на бројот на трансплантации на бубрег. Причините се по-веќекратни. Идентичен пример посочи и за трансплантациите на хепар, каде пациентите се упатуваат во други земји. Некои заболувања и терапиите потребни за нивно лекување како на пример мултиплекс склероза трошат повеќе од 50% од буџетот на клиниката. Го отвори прашањето за спо-

редување со други алтернативини третма-ни, но исто така ја посочи и одговорноста и социјалните трошоци кои не можеме да ги вреднуваме само во здравствениот систем. Секој прерано загубен живот се одразува на економскиот потенцијал, ако не се донесат одлуки да се вклучуваат и поскапи инова-тивни терапии. За нас лекувањето во странство имаме одлив на пари, и сме нападнати медиумски.

Во делот на одвојувањата на средства за ле-кување во странство истакна дека само ла-ни ФЗОМ имал 10 случаии на лекувања во странство кои чинеле околу 100 000 евра, до-дека за две лекувања се одвоени и над 500 000 евра. Тие изнесува 44% од нашиот буџет за леквање во странство. Овие 4 случаи го за-менуваат буџетот на една општа болница.

На крајот ја истакна потребата да се стави фокус на неодржливите ЈЗУ за кои се одвоју-ваат многу средства, додека тие во реалнос-та на испорачуваат здравствени услуги кои економски би ја оправдале нивната оддрж-ливост. Ја потенцираше и сорботката со ма-тичните лекари во делот на превенција на бубрежна слабост, дијабетесот и кардиваску-ларни заболувања, со што очекувањата на ФЗОМ се дека раното откривање и превен-ција ќе го намалат притисокот за повеќе ус-луги.

26

ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА

Весна Алексовска – здружение на граѓани со ретки болести

Една од поновите теми се ретките болести и како да се подобри животот на овие пациен-ти. Се работи на 6-8000 лица со ретки боле-сти. Во МКД се работи на регистарот за рет-ки болести, економистите може и да не ги стават во предвид, но за пациентите се ва-жни. Пациент како мене со Гоше-ова болест, да можам да работам, ниту пак да очекувам да живеам повеќе од 40 години. Кое е вашето размислување во однос на ретките болести и дали МКД може да работи на стратегија овој проблем да може да се реши?

Норман Даниелс: “Ова е многу сериозно прашање, работам со некои луѓе во Кана-да кои имаат средства да работат на оваа те-ма. Постои пристрастност во кост ефектив-ните анализи, наспроти развојот на лековите и ова дава проблем кој треба да се адреси-ра. Потребно е да им се дадат фер шанси за луѓето кои имаат ректи болести. Но цената

на овие лекови поставува голема тежина на здравствените системи, не мислам дека рет-коста е проблем, туку влијанието и калкула-цијата на кост ефективноста, ако заштита на овие луѓе во системот значи дека други луѓе со попревалентни состојби ќе бидат со про-блеми кои можат да бидат надминати, и тоа е идеата на кост ефективноста, како да добие-ме унифициран ефект, но верувам дека висо-ката цена претставува тежина за здравстве-ниот систем, не мислам дека има едноставен одговор.“

Една болест која е превентабилна е Таласе-мија. Превентивниот пристап беше да се еду-цира населението при што секоја бременост треба да се тестира. Не се сите ретки болести исти. Можеме да научиме како да се преве-нираат такви болести, но е премногу компли-цирано да се дебатира истакна Тед Тулчин-ски.

Не може еден да одлучува со цел да се добие некаков договор. Има пациенти со карцином на простата, а кај нас нема лекови за третман на ова заболување кои се на позитивна лис-та. Никој не е Господ сам да решава – истак-на Тофоски со што ја поддржа дискусијата на Даниелс дека во здравствената политика главниот фокус треба да се стави на проце-сот на носењето на одлуките.

Професор Кочова, ја потенцираше важнос-та дека превентивните програми имаат го-лемо значење, особено преку нашите скри-ниг програми на педијатрија. Да се направи соработка во делот на дијагностиката, и дел од средствата да се пренасочат кон оние рет-ки болести кои ќе одат за дијагностика со цел пациентите да не се упатуваат во странство.

27

СОЦИЈАЛНИ ДЕТЕРМИНАНТИЗА ЗДРАВЈЕТО

КРИС БРАУН – СЗО ЕВРОПА(ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА)

Крис Браун од СЗО во својата презентација дискутираше за најновите размислувања, докази и пристапи во делот на акциите кои се превземаат врз социјалните детерми-нанти со посебен осврт на моментот кога се случува овој Самит. Таа ги наведе активно-стите кои ги превземаат другите меѓународ-ни организации во делот на социјалните де-терминати. Нејзината дискусија се одвиваше низ три основни теми: Зошто е потребна ак-ција врз социјалните детерминанти, Зошто сега, и Кои се можностите за спроведување на овие активности?

Преку една приказна од животот на Снежа-на и Владимир ја илустрираше моќта на со-цијалните политики да им се обезбеди добар старт и континуирана поддршка низ живо-тот на луѓето. Посочи пример дека дека во еден период од нивните животи овие две ин-дивидуи остануваат без работа, но активни-те социјални политики им овозможуваат да се вратат и повторно да најдат работа, и со тоа да не останат на улица. Приказната про-должува дека како што стареат Снежана и Владимир имаат поддршка во сите сегменти од општествениот живот. Имаат заштеди, кои им овозможуваат да останат инволвирани во сите активности.

Овој дел од презентацијата го поентираше со дилемата дека не се сите луѓе дел од оваа

успешна приказна. Посочи дека различните форми на нееднаквности, на намалени мож-ности, на дискриминација кои се акумулира-ат во текот на животот поради разликите во поставување на приоритетите во распредел-бата на ресурсите доведуваат до здравстве-ни проблеми многу порано отколку што тоа треба да биде. Клучното прашање кое го по-стави е како да успееме да им овозможиме на сите граѓани да имаат вакви можности.

Во продолжение ги прикажа клучните со-цијални детерминанти низ цела Европа со акцент на етничката припадност, распредел-ната на богатството, вработеноста, приста-пот до образованието, и сиромаштијата. Си-те овие фактори одлучуваат колку граѓаните ќе бидат здрави и како здравствените поли-тики да ги адресираат овие фактори. Таа по-

28

сочи на политики кои се надвор од здрав-ствениот систем, но имаат многу влијание врз здравјето.

Добриот и здрав старт во животот, намалу-вањето на сиромаштијата всушност се стра-тегии кои директно влијаат врз здравјето. По-тенцираше дека министерството за здравје мора да направи поефективен пристап со другите сектори кои го подобруваат здравје-то и детерминантите на здравјето. Посочи дека образованието на мајките е силен ин-дикатор за здравјето на нивните деца пред се во делот на обезбедување на квалитетна исхрана за своите деца. Истакна дека сиро-маштијата е директно поврзана со социјал-ните политики кои можат да го подобрат ра-ниот развој на децата. Социјалните трансфери имаат дирекно влијание врз подобрувањето на здравјето на населението. Министрите за здравје можат да имаат влијание преку лобирање кое може да го подобри здравјето на децата.

Ја отвори темата за незаразните заболувања кои се огромен предизвик при што посочи

на некои докази. Ја посочи поврзаноста по-меѓу невработеноста која во некои држави е и преку 50% помеѓу младите, и дека таа е директно поврзана со зголемување на кон-зумирањето на алкохол. На овие лица им е потребен континуиран пристап за време на целиот живот. „Секаде каде гледаме високи стапки на алкохолизам, самоубиства, треба да се вратиме наназад и да ги видиме причи-ните кои можат да бидат и поради неврабо-теноста. Ова е причината поради која здрав-ствениот сектор треба да биде во соработка со другите.” Крис Браун.

Го посочи влијанието на финансиската криза врз вработеноста. Министрите за здравје се едни од најголемите работодавци. Тие можат да бидат дел од активните политики за вра-ботување, и да ги користат своите сервиси во делот на менталното здравје, каде здрав-ствената заедница може активно да влијае.

“Многу се зборува за лошото однесување де-ка пиењето е поврзано со лошото однесу-вање, но всушност доказите покажуваат на

29

нешто друго. Сиромаштијата е главниот пре-диктор за прераната смртност, многу повеќе отколку само лошото однесување кое е по-следица. Како да ги искористиме стратегии-те за намалување на сиромаштијата и да го земеме здравјето како производ. Ако навис-тина сакаме да го намалиме товарот на не-заразните заболувања мора да се работи со другите сектори.”

Направи поврзаност помеѓу стареењето на населението и потребата од континуирана поддршка низ сите фази од животниот ци-клус. „Точно е дека мажите умираат порано, но жените се со полошо здравје.”

И овие карактеристики започнуваат во рани-от живот, сиромаштијата, постaт повеќе аку-мулирани проблеми кои изнудуваат потре-ба од повеќе интервенции што е економски неодржливо за еден здравствен систем. По-требно е да се изнајдат покреативни приста-пи како да се справуваме со одржување на здравјето во текот на целиот живот, а да се започне од првите денови.

„Да, точно е дека многу држави негуваат уни-верзален пристап до здравствено осигуру-вање. Но и покрај тоа, ние мораме да се со-очиме со сите пречки кои го спречуваат пристапот. Универзалното осигурување не значи самото по себе дека добиваме еднак-вост на изходите. “За пример ги посочи Роми-те кои имаат проблеми дури и со минимал-ните трошоци. Во некои случаи посочи дека не се платени придонесите, некаде има не-достаток на услуги, или тие се обезбедени, но не и доволно соодветно. Посочи ситуации каде можеби здравствените сервиси се ту-ка, но формите кои треба да се пополнат не се таму. Мора да се видат сите пречки, сите фактори кои придонесуваат кон различните исходи. Понекогаш реформите на различни-те сектори водат кон негативни последици за здравјето. За пример ја посочи руралната ре-форма која во некои држави доведува до зго-лемување на невработеноста. Ова го посочи како активност на други сектори кои не про-изведуваат здравје, но нивните активности директно влијаат врз здравјето.

30

Зошто социјални детерминанти? Поради тоа што активностите во оваа насока придоне-суваат кон остварување и на други општест-вени цели. Нееднаквостите кои настануваат како резултат на нарушеното здравје се ди-ректно поврзани со намалување на работос-пособноста на населението. Ова влијае врз намалувањето на БДП за 1.4%, што пак се од-разува на 15% на цената на социјалните бе-нефиции. Патот кон ЕУ е директно поврзан со намалувањето на нееднаквостите за здравје-то и државите мора да изнаоѓаат начини ка-ко да ги намалат.

Браун позочи дека 20% од нееднаквостите во здравјето се последица на причини кои можеле да бидат избегнати ако се преземе-ни навремени мерки. Овој податок укажува дека намалувањето на нееднаквостите може да ја подобри ефикасноста за 20% што е еко-номска категорија.

Во финалниот дел од својата презентација Браун запраша, сега кога ги имаме докази-

те од една страна, да погледнеме каде е ре-алноста во која живееме? Посочи на посто-ење на различни агенди, на многу фактори, но истакна дека сега имаме уникатна мож-ност сите заедно да успееме од причини што постои зближување на интересите од сите страни,односно од различни организации. Милениумските Развојни Цели признаваат дека може да се работи интегрирано на по-веќе нивоа, заедно со УНДП, со ДГ Санко, СЗО Европа; економистите ги истакнуваат при-добивките во работењето на Western Balkan Investment Framework, а ја презентираше и можноста да се работи преку сите овие аген-ции.

Посочи неколку примери

Таа за пример го посочи Годишниот преглед на социјалните трошоци (Social Spending Review) каде здравјето е прикажано како трошок, што треба да се предизвика од стра-на на јавно здравната заедница. Здравјето не е многу артикулирано во некои докумен-ти. Запраша Која е целта на нашите полити-

31

ки? Дека сакаме да им дадеме шанса на тие кои имаат најмали можности. Но како да го направиме тоа.

Имаме 3 основни вида на политики како што се специфични здравствени политики, јавни политики, и развојни рамки за справување

со сиормаштијата. Секаде треба да прикаже-ме како здравјето придонесува кон развојот на општеството.

Ако го имаме доказите, вештините и ќе има-ме можност да направиме разлика кон подо-бро за сите.

32

ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ И ОДГОВОРНОСТ СО РАЗУМНОСТ ПРИМАРЕН ФОКУС НА МЕДИЦИНАТА

НОРМАН ДАНИЕЛС

ПРЕТСЕДАВАЧ: ПРОФ. Д-Р ДАНИЕЛА МИЛАДИНОВА, МЕДИЦИНСКИ ФА-КУЛТЕТ, ПРОДЕКАН

Во име на Медицинскиот факултет во Скопje, професор Миладинова го покани Норман Даниелс да ги изложи своето второ преда-вање во делот на поставување на приорите-тите во медицината. Во втората презентација која ја оддржа про-фесор Даниелс се осврна на пристапот кој не е фокусиран само на здравството, туку е по-генерален во однос на одлуките кои ги пре-земаме за здравјето. Тој истакна дека здравје-то е продукт на повеќе фактори, и дека преку размислувањето на оваа тема, ќе се дојде до констатацијата дека медицината е само дел од приказната, при што мораме да мислиме многу подлабоко. Многу од интервенциите кои се предлагаат стануваат се поскапи, и се повеќе се зголемуваат проблемите како да пристапиме кон решение на ваквите пробле-ми. Тој ги предложи алатките за поставување на приоритетите при што кажа дека економ-ските алатки за поставување на приоритети, даваат само дел од одговорите, но не ја пре-

33

зентираат и целосната слика. Во секоја група луѓе кои размислуваат на овие прашања ќе има разумни несогласувања за тоа што е по-требно да се направи. Посочи дека мора да имаме внимателен пристап на делиберација (дебата и преговори) со цел да ги разрешиме несогласувањата кои неминовно ќе се поја-ват. Тој предложи воспоставување широк процес и пристап кој ќе ни посочи дека ни е потребна расправа, со цел да се разрешат несогласувањата и заеднички да дојдеме до легитимна политика за тоа што сметаме дека ќе биде фер во поставувањето приоритети.

Во однос на потрошувачката за здравјето тој истакна дека ресурсите се проблем за сите земји, при што САД трошат дури 17% од БДП, што е нечуено, и повторно не се во можност да ги пресретнат сите потреби. И САД се со-очени со проблемот како да кажеме не, на луѓето кои имаат потреба од некои интер-венции. Но исто така посочи дека и покрај тоа што сите мислиме дека здравјето е многу важно, тоа е секогаш во натпревар со други добра како на пример образованието. Секое општество треба да се соочи со сите потре-би и да изнајде решенија. Можеме да биде-ме поефикасни, и тоа е важна задача, но по-стои конфликт помеѓу здрајето и останатите добра.

Даниелс направи споредба помеѓу економ-ските алатки како што е кост ефективноста и неговиот предлог за поставување приорите-ти. Тој истакна дека кост ефективноста може да спореди различни состојби, но и таа има недостатоци зошто не вклучува многу факто-ри во делот на распределбата на последици-те, и поради тоа е извор на многу етички кри-тики. Оваа анализа кажува како да се добие најголем ефект за парите кои се потрошени, но не кажува кој го добива тој бенефит. На пример QALY како единица мерка која ја ко-ристи кост ефективната анализа се гледа ка-ко единица мерка, независно од тоа кој што добива. Тој посочува дека ова е дел од ман-трата, или декларацијата на пропонентите дека оваа метода има заедничка единица за мерење. Но многумина од нас веруваат дека е важно кој добива бенефит од дадената ин-тервенција. За нас е важно каде ќе биде по-

ставена мерката за ефективност во текот на животот, и кост ефективноста во таа насока не ни кажува ништо – укажува Даниелс.

Професор Даниелс презентираше некои проценки за ферноста, при што ја прикажа споредбата да им се даде предност на тие кои им е најлошо. Ако се земе кост ефектив-носта тогаш ке кажеме дека не треба да им се даде предност на тие кои се наоѓаат во најлоша положба. При што потенцираше де-ка луѓето имаат различни гледишта, некои ќе кажат да им се даде предност на тие кои им е најлошо, некои ќе кажат никогаш не им давајте предност на тие кои им е најлошо, но најчесто најголемиот број разумни луѓе ја завземаат средна позиција. Проблемот е што оваа позиција никогаш не може да би-де принципиелна. Тој илустрираше еден ге-нерален проблем за кост ефективноста кој ги зема во предвид дистрибуцијата на бенефи-тите во различни фази од животот и во делот на тоа кој добива што, и посочи дека многу-мина од нас сметаат дека правичноста се од-несува на делот кој добива што?.

Што се случува кога имаме несогласувања во однос на тоа што се смета за фер или леги-тимно? Тогаш, посочува Даниелс, треба да се фокусираме не на принципите, туку на про-цесот за носење на одлуките. Тој предложи дека суштината на здравствените политики се содржи во процесот на носењето на одлу-ките, пред се од причини поради кои луѓето не можат секогаш да се договорат што им е најважно. Даниелс тврди дека во услови ко-га се нема јасно дефинирани стартни основи за принципите во прераспределба на ресур-сите, треба да се земеме исходот на фер про-цес како нешто што е фер и легитимно. И ток-му ова е основна карактеристика на тоа што во философијата се вика пречистена проце-дурална правда (pure procedural justice). Не-мате договор за приниципите, ниту јасен стартен критериум. Некои од нас мислат де-ка при алокација на ресурсите во здравство-то потребно е да се даде приоритет на едни во однос на други, некои мислат спротивно, но нема јасно утврдени позиции. И затоа ни е потребен фер процес укажува Даниелс. Ако мислиме практично на процесите кои тре-

34

ба да ги воспоставиме, и дека исходот на так-виот процес ке биде фер и легитимен, тогаш може да дојдеме до малку поразличен изход од тоа што го мислиме за пречистена про-цедуралана правда. Даниелс направи спо-редба на дискусиите на филозофот Џон Роус кој ги спротиставува пречистена со нечиста процедурална правда и за пример го посочи кривичниот процес/судење. Во кривичното право имаме однапред утврдени принципи за тоа што е правда, поточно кои се критери-умите за да некој биде осуден дека е вино-вен. На пример во кривичниот процес дава-ме докази кои мора да се сигурни дека некој е виновен, и сакаме да ги оптужиме само тие кои се виновни. Така процесот е фер, ислу-шани се сите сведоци, приложени се дока-зи и донесена е пресуда дека некој е вино-вен. Но секогаш имаме простор, дека некои докази можат да бидат спротивни во однос на нашата одлука. Така на пример тој посо-чи можност по некое време во истиот кри-вичен процес да се појави нов доказ на при-мер ДНК анализа, која посочува кон сосема друга личност отколку кон таа која е обвине-та. Се испоставува дека обвинетиот воопшто не бил на местото на злосторот. Во таа ситу-ација Даниелс дискутира дека мораме да го промениме исходот на судењето. Судскиот процес бил фер, но обвинет е погрешен чо-век. Овој пример го посочи дека претставу-ва нечиста процедурална правда. Ние имаме однапред утврден критериум кој не раково-ди, но во текот на процесот можеме да погре-шиме. За разлика, во пречистената процеду-рална правда немаме критериум за тоа што е фер. Даниелс посочува дека тоа што е фер мора да излезе од процесот. Во продолжение ги презентираше основни-те услови за кои смета дека е потребно так-виот процес да ги превземе. Посочи четири основни услови. Прво дека носењето одлу-ки мора да биде јавно, и мора да се објават и образложенијата позади одлуките. Мора да има образложение кое е резонирањето по-зади донесената одлуката, која е оправда-носта која го поддржува предлогот. Тој посо-чи дека мора сите учесници во таа дискусија да се договорат дека резоните кои се посо-чени се разумни. Но продолжува понатаму и запрашува како да се одлучи што е разумно?

За тоа е потребно да се сослушаат многу чи-нители. Во Македонија системот е јавно фи-нансиран и управуван. Мора да има можност да се сослушаат колку што е можно поголем број чинители, пациентите и експертите, и да се има пристап до поширок консензус за тоа што е фер и легитимно во носењето одлуки. Фондот треба да идентификува истражувач-ки прашања до кои може да дојде преку ана-лиза на податоците, и на тој начин да дојде до инпут за податоците преку кои може да се спроведат анализи.

Во делот на здравјето улогата на јавноста е многу важна. Не бараме за сите одлуки да би-дат објавени сите резонирања, но барам во здравството да бидат, инсистира Даниелс. Тој смета дека луѓето имаат право да знаат луѓето кои се одлуките кои вилјаат на нив-ното здравје, и ако се испостави дека одлу-ките не се конзистентни тогаш тие може да се отповикаат, но не и ако нема разумно ре-зонирање позади таквите отповикувања. Како пример ја посочува потребата од во-ведување нови техноолгии во здравствени-те установи, но дури и во тие ситуации е по-требно да има делиберативен процес преку кој ќе се образложат одлуките за усвојување на новите технологии.

Во завршетокот од своето излагање Даниелс ја раскажа една анегдота за еден од минист-рите во Кина кој го запрашал дали моделот кој го предлага функционира. Кои се дока-зите дека ваквиот пристап ќе функционира? Оправдано е, но мора да има многу одлуки кои се во согласност со овие пристапи, може-ме да имаме нешто што би се прифатило ка-ко легитимно, и можеме да имаме нешто што се смета дека е легитивно но објективноста е уште поглем проблем. Од причини што нема-ме критериум во делот на поставувањето на приоритетите мораме да го прифатиме исхо-дот на фер процес, за тоа што е фер. Како ќе измериме што е фер ако немаме стартен до-говор што е тоа што е фер. Но исходот на овој процес може нема да соодветствува со тоа што некои луѓе го сметаат за фер, и така да одговорот на прашањето дали функционира пристапот кој го предлагам е “Не знам“.

35

ИНОВАТИВНИТЕ ТЕРАПИИ КАКО ИНВЕСТИЦИЈА, А НЕ ТРОШОК

ДРАГАН КОНЕВСКИФАРМАБРЕНД НОВА

Зошто иновативните лекови се инвестиција, а не се трошок. Иновативните компании ин-вестираат и го подигаат нивото на лекување. Да се обезбеди ран пристап до најдобрите лекови. Коневски дискутираше дека ценов-ната политика за лековите во Македонија овозможи да има најниски цени во регио-нот, и дека во овој дел голема заслуга имаат и фармацевските компании. Но проблемот е дека позитивната листа не се обновува. По-сочи на потребата од неопходност да се про-должи преживувањето на болните, да се по-добри квалитетот на животот на пациентите преку пристап до современа терапија. Тој ис-то така направи и споредба во делот во кои државите одвојуваат средства за здравство-то што е еден од индикаторите за кои држа-вата и општеството го сметаат здравството за приоритет. Посочи две насоки: да се зголеми делот во буџетот кој се одвојува за здравство, како и да се управува подобро со здравстве-ниот денар. Средствата одвоени за лекови се инвестиција и подобар живот, и подолг жи-вот со подобар квалитет. Тој укажа на новите истражувања кои посочуваат дека иноватив-ните терапии се основен фактор во справу-вање со некои онколошки заболувања, при што голем број од малигните заболувања се претвараат во хронична болест. Дискутираше за инвестициите кои иноватив-

ните компании ги вложуваат во едукацијата која им е приоритет. Ја посочи потребата да се има добро информирани здравствени ра-ботници и одлично информирани пациенти. Колку подобро болниот ја разбира болеста и третманот, толку подобри ќе бидат резулта-тите од лекувањето. Укажа на потребата да се работи на етички и професионалне начин и во таа насока го претстави етичкиот кодекс на ЕФПИ (www.efpia.eu) кој е обврзувачки за иновативните компании. Тој ги претстави и заложбите на иновативните компании за кои е потребно во носењето одлуки да биде при-фатен принципот на медицина базирана на докази. Посочи статистички споредбени податоци дека инвестициите во 1990 биле повеќе од 7 милијарди евра во Европа во истражување и развој, додека во 2012 година во Европа се инвестирани повеќе од 30 милијарди евра. Посочи дека фармацевските компании ин-вестираат огромни средства, време и потен-цијал во делот на истражувањата. Потребни се околу 10 години од почеток на истражу-вање, поточно околу 13 години една моле-кула да добие регистрација и маркетинг ав-торизација за да може да се употребува како лек. Ги презентираше фазите на развој на ле-кот. На крајот укажа дека лековите се мал дел од вкупните здравствени трошоци, и во Ма-кедонија проблемот е дотолку поголем што има тренд на намалување на трошоците во делот на здравството во однос на БДП.

36

ПРИСТАПИ ЗА РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, И ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ

ПРЕТСЕДАВАЧ: НЕВЗАТ ЕЛЕЗИ

ПАНЕЛ 1МОДЕРАТОР: ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ НИКОЛА ПАНОВСКИ, МАЈА ПАРНАЏИЕВА ЗМЕЈКОВА, НОРМАН ДАНИЕЛС, АЗИС ПОЛОЖАНИ, СНЕЖАНА КОСТАДИНОСКА МИЛОШЕСКА

Во панелот секој од учесниците ги дискути-раше своите пристапи во справувањето со поставувањето на приоритетите.

Д-р Азис Положани укажа дека е исклучител-но тешко да се каже не кога на некого му е потребно лекување, и дека е тешко не да се прифати како одговор. Суштината е како да се направи што поретко да се каже не. По-сочи дека во пристапот на таквите одлуки првично е потребно е да се процени ситуа-цијата каде се наоѓа Македонија во однос на другите земји. Со промена на демографската карта на државата и стареењето на населе-нието ќе се зголемат и трошоците во здрав-ството. Укажа на проблемот во делот на еми-грација на високи и квалитетни кадри, со што дополнително се зголемуваат проблемите во делот на лекувањето и обезбедувањето на одржливост за развојот на здравствениот систем. Во споредба со другите земји прика-жа податоци каде се гледа дека Македонија е рангирана многу ниско во однос на европ-ските земји. Тоа може да биде и дел од одго-ворите зошто сме полоши во здравствени-те индикатори во однос на другите земји. Тој

37

ги спомна приватните трошоци и колку од-војуваат граѓаните за лекување. На крајот се осврна и на ниските примања на лекарите, со што се влијае дестимулативно врз здрав-ствените професионалци кои бараат рабо-та во странство. Исто така се осврна и на за-белешката која Даниелс ја направи во делот на потребата од рамномерниот развој на др-жавата во однос на Скопје и другите градови. Истакна дека е потребно е да се зголеми ис-користеноста на капацитетите во регионал-ните центри, со цел да се намали оптоваре-носта во скапите центри. Потребно е да се имплементираат здравствените пакети, како и можноста за дополнително осигурување. Да се одвојат повеќе средства за здравство-то, со цел да ги постигнеме европските стан-дарди. Инвестицијата во превентивата е нај-неопходна. Снежана Костадиновска Милошевска ја по-сочи потребата да бидеме претпазливи во делот на трошоците во здравството. Доде-ка ние оперираме со трошоците во јавниот сектор, практично и да немаме информации за трошоците во приватната потрошувач-ка. Ако се вкалкулираат и овие трошоци то-гаш ќе видиме дека многу повеќе се троши за здравство отколку што тоа го прикажуваат официјалните бројки. Потребно е да се инте-грираат статистиките во насока на европски-те статистики согласно методологијата. Таа посочи дека здравството секаде се справува и со социјалните прашања. Но ако ги поде-лиме здравствените системи на Бизмарк кој се базира на принципот на солидарност, и на Бевериџ кој се финансираат преку даночно-то оптеретување ќе се видат разлики. Таа ги предизвика принципите врз кој се поставе-ни европските системи за социјална заштита и нивната оддржливост на долг рок, посеб-но ако се земат во предвид новите економ-ски претпоставки. Го истакна проблемот на плаќањето за здравсвено осигурвање, при што и покрај одвојувањата кои осигуреници-те ги даваат за здравство сепак голем број од нив се лекуваат во приватното здравство. За-праша дали е тоа фер? Ја отвори и дилема-та зошто на американците не им успева да воспостават задолжително здравствено оси-гурување?

Никола Пановски потврди дека здравствени-те работници се потплатени во однос на ад-министрацијата. Укажа на недоследноста на здравствената политика во делот на рефор-мите која успеа да ги приватизираа здрав-ствените работници во примарното здрав-ство, но го изостави делот администрацијата. Тоа директно влијае да се зголемат трошоци-те, и да се оневозможи зголемување на при-ходите за здравствените работници. Професор Пановски потсети на едно ин-тервју во кое дискутирал што е според не-го најправично да се одлучи по прашањето што е фер во делот на лекувањето. Го посо-чи примерот за една универзитетска кли-ника која како резултат на воведувањето на системот на буџетирање наместо 200 леку-вани до тогаш пациенти, може да обезбеди терапија само за 60 пациенти. Кажа дека со цел да изнајдат решение побарале од док-торите да направат селекција кои пациенти ќе бидат лекувани, но докторите одбиле. Тој во неформален разговор и посочил на нови-нарката дека можеби е најдобро е да се на-прави лотарија, за да таа вест биде објавена на насловната страница. Пановски истакна дека е исклучително тешко да се направат одлуки во вакви случаи. Се присети и на втор случај во периодот додека бил директор на ФЗОМ за одлука да се донесе лек фактор 7, одлука која треба да се донесе веднаш. Посо-чи дека цената на овој препарат во тој пери-од била околу 6 милиони денари. “Треба да решите дали е фер да кажете не, треба да од-лучите и потпишете денес. Добавувачот нема

38

да го однесе лекот ако не му се плати“ Така за едно дете се потрошија 300 000 евра, детето сега е момче и е живо. Многу тешко да се ка-же не – заврши Пановски.

Во дебатата која се разви во панел дискусија-та Норман Даниелс укажа дека не се согла-сува САД да се гледа како лидер во здрав-ствените политики. “Постои илузија која е стимулирана од приватни интереси дека до-биваме тоа што го плаќаме. Ние во САД не добиваме еднаквост за тоа што го плаќаме. Сметам дека системот на САД води кон сла-би резултати за голем дел од популацијата, и тоа не е систем кои Македонија треба да го следи.“

Во однос на можноста лекарите да кажат не во конкретни случаи на лекување, како и за делот на примањата на лекарите посочи де-ка тоа може да води кон неконзистентност на одлуките како се распределуваат парите. Тој посочи на потребата да се формулираат по-литики кои не ги рефлектираат само обвр-ските на лекарите, туку во предвид гледаат на еден поширок аспект на придонесувачи на услугите кои се обезбедуваат во здрав-ствениот систем. “Многу е тешко да се напра-ват одлуки до болничките кревети, и да се ми-сли на нив како одлуките кои се базирание на политики. Многу одлуки кои се направени од перспекитва на политиките на општество-то ќе ги предизвикаат можностите на лека-рите да се справат со тоа што се смета за фер. Постои конфликт на обврските помеѓу раз-личните актери кој е потребно да се адреси-ра.“ укажува Даниелс.

Во однос на дилемата која ја отвори проф Па-новски, професорот од Харвард укажа де-ка во некои случаи ни треба лотарија, но не-когаш не. Можеби ако имате недостаток на средства во услови на зголемени потреби од конкрени услуги ќе ви треба лотарија за да одлучите кој што ќе добие. Но можеме да на-правиме и многу повеќе од лотаријата, преку добрите политики кои може да ги креираме.

Маја Парнарџиева Змејкова ги посочи свои-те согледувања во делот на здравственотот осигурување и дилемата која се отвори во однос на одржливоста на здравственото оси-гурување. “Потребно е да се направат подо-брувања во здравствениот систем, и сите да придонесат, да дискутираат за сите прашања со цел да се донесе одлука. Јавноста да знае дека одлуките не се носат од едно лице, туку дека постои систем преку кој се носат одлу-ките”. Укажа на потребата од подобрување на статистика, која не е целосна, и потребата да се обезбедат податоците за приватното леку-вање . Посочи на потребата од воведување-то на новата опрема, инвестициите во едука-цијата во здравството, како и новите методи за лекување кои се битни и од кои веднаш се случуваат бенефитите за пациентите. Но ис-то така посочи и за потребата да се зајакне руралниот сегмент во развојот на здравстве-ниот сисстем и на здравствените домови. По-сочи на реформите кои министерството за здравство ги прави во делот на поддршката за руралните доктори. Да се направи леку-вањето да биде колку што е можно поблиску до дома. Конечно, го акцентираше делот ин-вестициите за здравјето да се насочат со фо-кусот кон примарната здравствена заштита и превенцијата.

39

ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКАИ СОЦИЈАЛНИ ДЕТЕРМИНАНТИ

ПАНЕЛ 2МОДЕРАТОР ВЛАДИМИР ЛАЗАРЕВИКТЕД ТУЛЧИНСКИ, ДРАГАН ЃОРЃЕВ, ФИМ-КА ТОЗИЈА, ДАНЧЕ ГУДЕВА НИКОВСКА, БОРЈАН ПАВЛОВСКИ

Во панелот за влијанието на социјалните де-терминати помеѓу учесниците се разви дис-кусија за потребата од подобрување на достапот до податоци, за развој на нови ис-тражувања и политики креирани врз база на докази.

Драган Ѓорѓев истакна дека приоритетите се поставени, но постои дисконтинуитет на ре-формите. На почетокот фокусот на рефор-мите беше на клиничката медиицна, во мал период на јавното здравје, но најчесто и на-родот и политичарите здравјето го споре-дуваат само со медицината. Како пример го посочи аерозагаувањето кое уште пред 20 години било алармирано кај властите, но се немало слух. Укажа на најнова студија во која се тврди дека годишно се трошат повеќе од 3 милиони евра само за санација на после-диците од загадувањето на воздухот. Ова го посочи како пример за водење на лоша и неконзистетна политика во изминатите двае-сетина години. „Проблемот на социјалнити детерминати за здравjето е интерсекторски. Ако се види колку е присутно здравство-то во другите сектори, ке видите дека тоа е минимално. Кога на една седница на Влада

се дискутира за здравje, сите мислат дека проблемот е само на министерот за здрав-ство.” Приоритетите не се само обврска на здравството, анализите се стручна катего-рија, потребни се квалитетни податоци и ис-тражувања. Ако се види колку се одвојува за истражувања, ќе бидете дека практично не-ма истражувања во овој сегмент. Иако имаме стручни институции, имаме генерации тре-нирани експерти по јавно здравје кои се до-волно компетенти за да подготват сценарија за излез од состојбите. Кое од тие сценарија ќе бидат прифатливи е веќе одлука на поли-тичарите. Засега не ги користиме капаците-тите кои сме ги створиле. Заложбата е дека аналитиката треба да биде стручна, да имаме автентични истражувања кои ќе соодвеству-ваат за нашите потреби.“

40

Фимка Тозија ја потенцираше потребата од доказите кои ќе влијаат во креирањето на политиките. Потребно е да се имаат валид-ни податоци, и да се искористи потенцијалот, човечките ресурси со кои располагаме. Ка-ко пример го посочи истражувањето за уп-равувањето во здравствот и 11 есенцијал-ни јавно здравствени функции кое покажало дека најголем недостак е во делот на здрав-ствената промоција и во научните истражу-вања. „На здравствениот систем не треба да се гледа само како здравство, туку и на об-врските кои ги имаме сите ние имаме обвр-ска за здравје, во сите политики”. Посочи де-ка зголемувањето на бројот на повредите, сообраќајните несреќи и покрај сите мер-ки кои се превземени покажува дека нешто не функционира. Таа кажа дека повредите се превенираат и потребно е да се превземат мерки. Иако нашата стратегија е соодветна, таа не функционира во пракса. Старите во-зила, патиштата и културата на возачите при што причинител е човекот. Да се намалат со-обраќајните несреќи за 30% е една од цели-те на стратегијата, а затоа е потребно да се вклучат сите актери во општеството.

Данче Гудева Никовска ја потврди потреба-та одлуките да се носат кои се базирани на докази кое и го бара Глобалниот Фонд како донатор. Таа посочи како пример резултат од истражување во кое се дошло до резултати дека околу 15% од домаќинствата не добиле

здравствена услуга како резултат на трошо-кот кој го изнудува таквата интервенција. Не постојат истражувања кои се занмимаваат со оваа проблематика.

Драган Ѓорѓев посочи дека еден од пробле-мите е и тајмингот. Кога може да се очекуваат првите ефекти. Политичарите бараат кратко-рочни ефекти, при што недостатокот на јав-ното здравје е дека резултаите се појавуваат многу подоцна. Потребен е косензус дека ед-наш превземените мерки ќе се реализираат. Ефектите дури и да се превземат сега ќе да-дат резултат многу подоцна во мандат на не-кој друг политичар.

Борјан Павловски ги посочи проблемите со кои се соочуваат маргинализираните групи како Ромите кои живеат во сиромаштија, сла-бо образоавние, лошо домување, и бариери во делот на пристапот до здравствениот сис-тем. Параправен пристап и мониторинг во заедницата, потребна е директна помош за овие граѓани. И најмалата парптиципација е проблем. Сакаме да ја зајакнеме заедницата да ги препознае своите права, и активно да ги бара. Не си ги познаваат основните права како резултат на повеќе фактори.

Тед Тулчински го поздрави Самитот и искта-на дека овие дискусии можеби и не можеле да се водат пред 10 години. „За разлика од то-гаш сега веќе имате развиен кадар, кој мо-же да направи придонес. Капацитетите се из-градени. Овој сосотанок е многу важен. Ова е дел од процесот. Се разбира дека парите се дел од решението. Но и осигурувањето треба да одвои дел од парите за истражувања. Тоа го истакнува пристапот на амеркинакците во финансирање на истражувањата. Но тоа е процес. Потребно е да се направи системот поефективен и поефикасен. Некои одлуки е тешко да се донесат, но мора да се направат. Ке резимирам дека мора да се знае кои се светските стандарди, што се случува во све-тот, што препорачуваат СЗО, ЦДЦ, кои про-изведуваат исклучителни извештаи. Не мо-же да инвестирате во се, но може да учите од

41

другите. Од тие причини не треба да излезе-ме од овој Самит дека работите се лоши. Се разбира дека имате проблеми но ако се реа-шаваат работите случај по случај, тогаш ќе се изгради силен случај за инвестиции во одре-дени области. “

Во резимето на Самитот професор Тофоски го поздрави настанот и побара да се одржу-ваат почесто вакви настани. Здравјето не е грижа само на Министерството за здравство и ФЗОМ, и сите треба да дадат придонес за негово подобрување. Тоа е и концепцијата на СЗО 2020. Потребата на редукцијата на сол-та, и многу слични интервенции. Прашањето на имунизацијата мора да се потенцира како одлична заштита на општеството кој зема и негатвен тренд во комуникацијата со јавнос-та. Поставувањето приоритети во решавање на проблемите како и истражувањата бара-ат податоци. Иако е донесен законот за меди-

цинска евиденција, нема податоци. Тие треба да бидат квалитетни.

Да се поттикнат истражувачите да се корис-тат податоците, за сите теми кои ни креира-ат грижа.

42