6
I Тема: Организација на финансиското работење 1. Финансии и финансиско работење Поимот финансии своето потекло го има од латинскиот збор finis, со кој порано се означувало граница, крај, нешто со кое се завршува, а во подоцнежен период и рок на плаќање. Во францускиот јазик со овој термин се означуваат парични работи на поединците, а со истиот збор искажан во множина се означуваат приходи и расходи на државата или целото нејзино финансиско стопанство. Во англискиот јазик со истиот збор се означуваат парични работи на поединечните субјекти и паричните работи на општеството во целина. Широката финансиска активност во современото општество би можела да се подели на повеќе подрачја: а)монетарни финансии б) јавни финансии, со нивниот национален и меѓународен аспект (меѓународни монетарни и јавни финансии) в) деловни финансии т.е финансиско работење на претпријатијата. Монетарни финансии ги опфаќаат сите активности во општеството што се однесуваат на издавање (емисија) на парите и одржување на рамнотежни односи меѓу стоковните и паричните фондови во општеството, вклучувајќи ја и проблематиката на кредитирањето. Јавни финансии или финансии на државата ги опфаќаат активностите преку кои државата обезбедува средства што и се потребни за извршување на своите функции. Јавните финансии, според тоа, се однесуваат на буџетите на државата (на нејзините приходи и расходи) и на некои фондови преку кои се задоволуваат некои општествени потреби. Деловни финансии се финансии на одделни субјекти во општеството, односно финансии на претпријатијата, кои ги опфаќаат сите активности во организациите преку кои се обезбедуваат финансиски средства за нивното работење и се врши вложување- користење на средствата, остварувајќи усогласеност меѓу извори на средства и нивно искориствување со кое се обезбедува стабилност во финансирањето и максимални финансиски резултати. За содржината на финансиското работење постојат две сфаќања: 1

I Тема Финансии и финансиско работење

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: I Тема Финансии и финансиско работење

I Тема: Организација на финансиското работење

1. Финансии и финансиско работење

Поимот финансии своето потекло го има од латинскиот збор finis, со кој порано се означувало граница, крај, нешто со кое се завршува, а во подоцнежен период и рок на плаќање. Во францускиот јазик со овој термин се означуваат парични работи на поединците, а со истиот збор искажан во множина се означуваат приходи и расходи на државата или целото нејзино финансиско стопанство. Во англискиот јазик со истиот збор се означуваат парични работи на поединечните субјекти и паричните работи на општеството во целина.Широката финансиска активност во современото општество би можела да се подели на повеќе подрачја: а)монетарни финансии б) јавни финансии, со нивниот национален и меѓународен аспект (меѓународни монетарни и јавни финансии) в) деловни финансии т.е финансиско работење на претпријатијата.Монетарни финансии ги опфаќаат сите активности во општеството што се однесуваат на издавање (емисија) на парите и одржување на рамнотежни односи меѓу стоковните и паричните фондови во општеството, вклучувајќи ја и проблематиката на кредитирањето.Јавни финансии или финансии на државата ги опфаќаат активностите преку кои државата обезбедува средства што и се потребни за извршување на своите функции. Јавните финансии, според тоа, се однесуваат на буџетите на државата (на нејзините приходи и расходи) и на некои фондови преку кои се задоволуваат некои општествени потреби.Деловни финансии се финансии на одделни субјекти во општеството, односно финансии на претпријатијата, кои ги опфаќаат сите активности во организациите преку кои се обезбедуваат финансиски средства за нивното работење и се врши вложување- користење на средствата, остварувајќи усогласеност меѓу извори на средства и нивно искориствување со кое се обезбедува стабилност во финансирањето и максимални финансиски резултати.За содржината на финансиското работење постојат две сфаќања:а) потесно сфаќање- финансиско работење ги опфаќа само оние работи во претпријатието кои непосредно се врзани за парите, за нивното обезбедување и користење.б) пошироко сфаќање- освен работи врзани за обезбедувањето и користењето на парите, финансиско работење опфаќа и други активности, како што се работите што се однесуваат на планирањето, евиденцијата, анализата и контролата и некои други работи врзани за финансиските средства на организацијата.Стопанските организации при своето работење стапуваат во меѓусебни деловни односи, на пр: при купопродажба на стоки, купувач и продавач стапуваат во деловен однос од кој произлегуваат права и обврски и за двете страни. При секој деловен однос се јавува плаќање во пари, најмалку во еден правец (продавач дава стока, а купувач пари) или пак во два правца, како што е случај кај кредитирањето. Зависно од предметот што се јавува како основа за финансирање од финансиските односи можат да бидат:

o Финансиски односи што произлегуваат од купопродажба на стоки и услуги

1

Page 2: I Тема Финансии и финансиско работење

o Финансиски односи што произлегуваат од финансирањето (кредитирање, субвенционирање)

o Финансиски односи по други основи (обврски спрема општина, држава, каде што едната страна има обврска, а другата страна има само право. На пр: граѓанинот има обврска да плати данок. Оваа обврска произлегува од закон, па затоа не спаѓа во редот на редовни деловни односи, но е посебен вид на финансиски однос)

Сите финансиски односи се гаснат (ликвидираат) со плаќање на пари во утврдени рокови.

2. Задачи на финансиското работење

Сите работи во претпријатието што се насочени кон остварувањето на определена заедничка задача се опфаќаат со поимот функција. Во претпријатието има повеќе функции: производствена, набавна, продажна, финансиска и сл. Под финансиска функција се подразбираат сите работи што го чинат финансиското работење на организацијата. Задачи на финансиската функција се:

1. Финансиско планирање- се предвидуваат работи во доменот на финансиското работење што треба да се извршат во организацијата, како и идна финансиска положба на организацијата. Производ на финансиско планирање се различни финансиски планови и пресметки. Финансиски планови можат да бидат долгорочни (над 1 год), годишни (тековни, до 1 год) и краткорочни (оперативни, помалку од 1 год). Предмет на финансиско планирање се: потреби за финансиски средства, извори на средства, време на врзување на средства и нивно враќање, ликвидност на организација, планирање на реализација и вкупен приход, трошоци, добивка и нејзино распоредување.

2. Финансиска оператива- ги има следниве задачи: обезбедување на потребни финансиски средства, рационално користење (вложување) на средства, усогласување на парични текови (прилив и одлив на пари) обезбедување на ликвидност, регулирање на финансиски односи во организација, распределба на финансиски резултати од работење и др.

3. Финансиска евиденција- водење на уредно и ажурно книговодство на состојба на средства и извори на средства, како и на нивни измени, изготвување на периодични пресметки и завршни сметки и други извештаи за финансиско работење на организацијата.

4. Финансиска анализа и контрола- е испитување на правилноста на финансиско работење на организацијата во поглед на законски и други прописи, испитување на економска ефикасност на работење(економичност, рентабилност и сл) за да се откријат причини за можни отстапувања на остварени резултати од оќекуваните, како и да с превземат мерки за надминување на негативности во работење.

Според друга класификација задачите на финансиското работење се делат на: 1. Примарни (основни)- обезбедување на средства (пари), користење на

средства, усогласување на рокот на врзување на средства и рок на расположливи извори

2. Секундарни (помошни, дополнителни)- диспонирање (располагање) со пари, контрола на парични документи и увид во користење на средства,

2

Page 3: I Тема Финансии и финансиско работење

водење оперативна финансиска евиденција, финансиско планирање, финансиска анализа и информирање.

3. Организација на финансиското работење

Еден од условите на успешно работење на претпријатието е неговата вкупна работа да се подели на одделни делови кои ќе бидат доверени за извршување на одделни организациони единици. Основен принцип на организирање на работа во претпријатието е поделба на трудот и специјализација на извршители, што подразбира работникот да се оптпвари со што е можно поеднородна, похомогена работа, зашто на таков начин од него би можело да се очекуваат поголеми работни ефекти.За финансиска функција е карактеристичен висок степен на централизација на управувањето т.е голем број и тоа најзначајни финансиски одлуки се донесуваат од страна на сопственикот или од управата на претпријатието: одлуки за ангажирање на капитал (средства) од разни извори, одлуки за вложување на капитал во различни намени, распределба на финансиски резултат.

I) Организација на финансиска функција во малите претпријатија - бидејќи мало претпријатие е во сопственост на едно лице тој ги извршува и најголемиот дел од активности во претпријатието. Во мали пртпријатија не постојат организациски единици што би биле специјализирани за извршување на финансиска функција, туку работите од овој домен, заедно со другите активности ги извршува сопственикот на претпријатието, или со помош на лица што извршуваат и некои други работи.

II) Организација на финансиско работење во средни претпријатија- поголем обем на работа и поголем број на вработени во средни претпријатија, овозможуваат да се оствари поголем степен на поделба на труд и специјализација на извршители на работа. Финансиските одлуки ги донесува управата на претпријатието, додека за извршување на еден дел од активностите на финансиска функција се формира посебна организациска единица- ФИНАНСИСКА СЛУЖБА, која ги извршува следниве работи: работи од домен на платен промет, ликвидатура, благајна, лични доходи. Работи од доменот на финансиско планирање и финансиска анализа и други периодични работи се извршуваат од поедници или организациони единици кои извршуваат други задачи.

III) Организација на финансиско работење во големите претпријатија- големиот обем на работа, како и големиот работен колектив, овозможуваат во овие претпријатија да се оствари повисок степен на поделба на труд и специјализација на извршители. Но, и во овие претпријатија најзначајни одлуки ги донесува управата на претпријатието, додека извршување на други бројни активности се доверува на организациска единица- ФИНАНСИСКИ СЕКТОР. Во еден развиен финансиски сектор се организираат повеќе организациски единици- одделенија, како што се: одделение за обезбедување капитал (средства), одделение за платен промет, благајна, одделение за девизно работење, одделение за пресметка на даноци, одделение за осигурување на имот, одделение за работа со хартии од вредност, одделение за финансиско планирање и анализа.

3

Page 4: I Тема Финансии и финансиско работење

4. Соработка на финансиската служба со другите служби во организацијата

Финансиската служба во организацијата за успешно остварување на своите задачи треба да оствари координирана соработка со други делови на организацијата- со набавка, со производство и со продажба.Набавна служба- се грижи за обезбедување на производство со потребните фактори на производство, за што се потребни парични средства, па затоа е потребна тесна соработка помеѓу набавна и финансиска служба. Соработка помеѓу овие две служби е потребна и поради договарање на услови под кои ќе се врши набавка (на кредит или во готово), при утврдување на обем на резерви на материјали, при утврдување на приоритет во исплата на обврски спрема добавувачи и слПроизводство- соработка помеѓу производство и финансиската служба е потребно во следниве случаи:1. кога се планираат потребните финансиски средства за зголемување на

постоечкото производство или за воведување на ново производство2. кога се утврдува големината на производствените серии, со цел да се

врзува помал обем на обртни средства во резерви на производство во тек.Продажба- од продажба на готови производи зависи приливот на парични средства во организацијата. Соработката помеѓу продажна и финансиската служба доаѓа до израз во следниве случаи:1. при планирање на извори од кои ќе се финансираат резервите на готови

производи2. при планирање на обем и услови за кредитирање на купувачи и

потрошувачи3. при утврдување на услови на продажба, особено во поглед на

извршување на плаќањата4. при принудното наплатување на побарувањата од купувачите и сл.

4