20
ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА БРОЈ 15 АПРИЛ 2013 ГОДИНА БРОЈ 15 АПРИЛ 2013 ГОДИНА БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

Kamenicko Oko br. 15

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Mesecno izdanie na Opstinskiot informator "Kamenicko Oko"

Citation preview

Page 1: Kamenicko Oko br. 15

ВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦАВЕСНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

БРОЈ 15 АПРИЛ 2013 ГОДИНАБРОЈ 15 АПРИЛ 2013 ГОДИНАБЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОКБЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

Page 2: Kamenicko Oko br. 15

СОДРЖИНА

3 странаОбраќање на Градоначалникот, д-р Дарко Митевски

4-6 странаИнфраструктурни проекти во општина Македонска Каменица

7 странаОИК ги врачи Уверенијата за Градоначалникот и СоветницитеКонститутивна седница на новиот Совет

8-9 странаКонкурс за избор на најдобра аматерска фотографија „Каменица во срце те носам“

10-11 странаВелигден

12 странаЈавно претпријатие „Камена река“ - активности

13 странаТППЕ

14-15 странаСОУ „Миле Јаневски Џингар“

16-17 странаООУ „Св. Кирил и Методиј“

18 странаЈОУГД „Бамби“

19 странаМеморијален турнир „Миле Јаневски Џингар“

КАМЕНИЧКО ОКО 15Општина Македонска Каменицателефон: 033 432 741факс: 033 432 741web: www.makedonskakamenica.gov.mkадреса: ул. Каменичка ббиздавач: Општина Македонска Каменицаза издавачот: Д-р Дарко Митевскиуредува: Васко Десподовскидизајн и печатење: Eвропа 92тираж: 2000 примероци

Page 3: Kamenicko Oko br. 15

Почитувани сограѓани,

Сакам да упатам искрена благодарност за огромната поддршка која ни ја дадов-

те на неодамна одржаните Локални Избори и да изразам задоволство од Вашиот инте-

рес за нашата Програма за нов напредок на Македонска Каменица. Довербата која ни ја

укажавте за нас претставува мотив да работиме уште попосветено, поодговорно и е само

доказ повеќе дека имаме иста визија за нашата општина, дека заеднички чекориме на

вистинскиот пат.

Да се биде Градоначалник на општина Македонска Каменица е вистински предиз-

вик и задоволство. Нашата Општина денес е силна затоа што ја градиме со поддршка-

та од граѓаните, нашиот начин на раководење е максимално транспарентен, отворен и отчетен. Во изминатите четири годи-

ни успеавме да ја воздигнеме нашата Општина на едно повисоко ниво. Ако за Македонска Каменица порано се велеше дека

е заборавена општина, ние успеавме да ја извадиме од анонимност и да ја направиме препознатлива. Успеавме да ја тран-

сформираме во урбана и современа населба, во општина отворена за инвестиции, со многуборјни културни, спортски и еду-

кативни содржини. Денес, нашата општина го има најубавиот плоштад, нова спортска сала, уредена патна мрежа и еден од

најубавите пазари во Македонија. Особено задоволство ни претставува што нашата општина е лидер по добиени проекти од

IPA Програмата за прекугранична соработка.

Во наредниот период ќе се посветиме на подобрување на социо-економската состојба во Општината. Наши најголеми

приоритети ќе бидат изработка на Стратегија за развој на локалната економија и уредување и отварање

на Индустриска зона како еден од предусловите за економски просперитет. Заинтересираните инвеститори ќе можат

да инвестираат во Македонска Каменица по најповолни услови. Во тек е и комплетна Реконструкција на секун-

дарната водоводна мрежа во централното градско подрачје, со што нашите граѓани ќе добијат квалитетна вода

за пиење. Ќе се изгради и ќе се промовира манастирско-туристички комплекс во Еленец, село Цера, со сред-

ства обезбедени преку IPA Програмата. Ќе биде изграден нов Дом на култура, а кејот на река Каменичка

ќе биде целосно хортикултурно уреден и збогатен со многу нови содржини. За овие проекти веќе е изработена про-

ектна документација и наскоро ќе почне нивната реализација.

Почитувани,

Наша визија е Македонска Каменица да биде европски модел на локална самоуправа, неуморно да го следи напредо-

кот и новиот технолошки развој, да го јакне капацитетот на општинската администрација, да биде општина - сервис за граѓа-

ните. Наша цел е да бидеме лидери во економски развој, да овозможиме перспектива за младите, да создадеме Општина

препознатлива по културни, спортски и воспитно-образовни активности.

На крај, Ви посакувам здравје, благосостојба, просперитет и многу лични и заеднички успеси.

Со почит,

Д-р Дарко Митевски

градоначалник

општина Македонска Каменица

В

Page 4: Kamenicko Oko br. 15

44 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

АСФАЛТ ВО БОБАРСКА И ЃАЧКА МААЛА ВО СЕЛО ТОДОРОВЦИ

Со подобрување на временските услови, започна и гра-

дежната сезона во општина Македонска Каменица. Започна-

тите делници од пристапните патишта до руралните населе-

ни места во Општината влегоа во фаза на реализација. Најпрво

беше асфалтиран локалниот пат во Бобарска маала во село То-

доровци. По завршувањето на оваа делница, нов асфалтен пат

доби и Ѓачка маала во истото село. Оптина Македонска Каме-

ница и понатаму ќе продолжи со овие активности. До крајот на

2013 година сите рурални средини ќе добијат асфалтни прист-

апни патишта.

Овие проекти се дел од Програмата за изградба и рекон-

струкција на локални патишта и улици и со нивната реализа-

ција значително се подобрува квалитетот на живот во рурални-

те средини.

ќ Д ј

р

д д

Page 5: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

ВО АРИЗАНЦИ НОВ АСФАЛТ

АСФАЛТ И ВО МЕСНОСТА ПАДАРНИЦА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

На 28 март 2013 година, жителите на Аризанска Маала во

село Саса добија нов локален асфалтен пат. Асфалтирани се два

крака со вкупна должина од околу 450 метри и широчина на де-

лницата од 3 метри. Со изградбата на овој пат значително ќе се

подобри животот на населението во оваа рурална средина. Овој

проект е дел од Програмата за изградба и реконструкција на ло-

кални патишта и улици, а изведувач на градежните активнос-

ти е Градежното Претпријатие Гранит. Асфалтирањето на локал-

ни патишта и улици ќе продолжи и во наредниот период соглас-

но потребите на жителите.

На 25 март 2013 година, во месноста Падарница во Ста-

ра Каменица е завршен новиот асфалтен пат во должина од 340

метри и широчина од 4,5 метри. До крајот на годината се пла-

нира овој пат да се поврзе со локалниот пат кој води кон село

Цера. Со урбанизацијата на овој дел од градот значително ќе се

олесни пристапот до домовите во овој дел од Македонска Ка-

меница. Комплетната урбанизација е приоритет за локалната

власт бидејќи тоа е еден битен предуслов за економски развој

на Општината.

Page 6: Kamenicko Oko br. 15

66 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕКУНДАРНАТА ВОДО-ВОДНА МРЕЖА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

НОВИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА

Во Македонска Каменица започ-

наа градежните активности за Рекон-

струкција на Градската секундарна во-

доводна мрежа. Оваа реконструкција

опфаќа промена на веќе дотраените и

подложни на оштетување азбестно-це-

ментни, челични и поцинкувани цевки

со нови водоводни цевки кои се изра-

ботени од нови полиетиленски мате-

ријали, кои се здравствено безбедни и

со поголем век на користење. Проектот

за реконструкција на водоводната мре-

жа е вреден околу 330.000 евра и е фи-

нансиран од Европска Инвестициона

Банка преку Министерството за транс-

порт и врски.

Фирма-изведувач на овој Проект,

кој е од витално значење за Македонска

Каменица е Алфа Инженеринг од Радо-

виш.

Со реализацијата на овој проект

граѓаните од Македонска Каменица ќе

се снабдат со доволни количества ква-

литетна вода за пиење, во текот на це-

лата година. Реконструкцијата на се-

кундарната водоводна мрежа ќе биде

завршена за шест месеци.

На 22 март од 17.00 часот, жителите на општина Маке-

донска Каменица имаа можност да бидат дел од свеченото

пуштање во употреба на најграндиозниот објект изграден во

последните триесетина години. Реки народ пристигнаа од це-

лата Општина да го проследат отварањето на овој фасцинан-

тен објект. Новиот Градски пазар беше свечено отворен со бога-

та културно-забавна програма.

Петок стана посебен ден, не само за граѓаните, туку и за

пазарџиите кои со огромно задоволство ги препродаваат свои-

те производи во новиот амбиент.

Пазарот е составен од покриено-отворен дел за продаж-

ба на овошје, зеленчук, текстил, и покриено-затворен дел за тр-

говија со месо, млеко, јајца и останати прехранбени производи

од тој тип. Изработен е од специјални огноотпорни материјали,

и ги исполнува сите стандарди за безбедност, како и највисоки-

те НАССР стандарди.

Page 7: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

ОИК ГИ ВРАЧИ УВЕРЕНИЈАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТНИЦИТЕ

Општинската Изборна Комисија ги врачи Уверенијата за

избран Градоначалник на општина Македонска Каменица и из-

брани Советници во Советот на ЕЛС Македонска Каменица. По

примањето на Уверението за избран Градоначалник, д-р Дар-

ко Митевски им се заблагодари на сите граѓани кои на 24 март

излегоа масовно и во мирна и демократска атмосфера го оства-

рија своето право на глас. По остварената триумфална побе-

да уште во првиот круг од изборниот процес, Градоначални-

кот вети уште попосветена и поодговорна работа на локалната

власт и реализација на сите проекти од изборната програма. И

избраните Советници ги добија Уверенијата од ОИК.

На 15 април 2013 година, во Салата за состаноци во

општина Македонска Каменица беше одржана Конститутивна-

та Седница на новиот Совет на ЕЛС Македонска Каменица. На се-

дницата со која претседаваше најстариот член во новиот Совет,

господинот Благој Стамболиски, официјално беа верификувани

мандатите на новите Советници, а беше избран и нов Претсед-

ател на Советот, господинот Мице Бошкоски. Изборот на нови-

те Советници и на новиот Претседател на Советот во своето об-

рр цц дд јј рр јј дд

рр

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА НОВИОТ СОВЕТКОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА НОВИОТ СОВЕТраќање им го честиташе и градоначалникот на општина Маке-

донска Каменица, д-р Дарко Митевски, посакувајќи им притоа

плодна и успешна работа во наредните четири години.

Советот на ЕЛС Македонска Каменица го сочинуваат

вкупно единаесет Советници, седум од ВМРО ДПМНЕ и коали-

цијата „За подобра Македонија“ и четири Советници од редови-

те на коалицијата „Сојуз за иднината“.

Page 8: Kamenicko Oko br. 15

88 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

Културно-информативниот центар „Романса“ Ма-

кедонска Каменица распиша Конкурс за избор на најдо-

бра аматерска фотографија-„Каменица во срце те но-

сам“, кој траеше од 13 февруари до 20 април 2013 го-

дина. Според правилата на Конкурсот, пријавените фо-

тографии мораше да бидат направени на подрачјето на

општина Македонска Каменица, од наши сограѓани. По-

бедничките фотографии ќе бидат изберени од страна на

Page 9: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

Комисија, специјално формирана за оваа намена, и ќе

бидат објавени во наредниот број на општинскиот вес-

ник „Каменичко око“.

Сите пријавени фотографии за Конкурс за избор

на најдобра аматерска фотографија „Каменица во срце

те носам“

Page 10: Kamenicko Oko br. 15

10000000 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

БЕСЕДА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕВЕЛИГДЕН

Христовото Воскресние, драги

благочестиви христијани, е најголеми-

от настан во човечката историја. Тоа е

она што го диференцира на некој начин

Христијанството од било која друга ре-

лигија. И додека другите религии имаат

смртни водачи, Глава на Црквата е Во-

скреснатиот и вечно Живиот Христос.

Христовото Воскресение е обно-

вување на човечката природа и повтор-

но создавање на човечкиот род. А, кога

зборуваме за тоа, Воскресението во ни-

кој случај не можеме да го одделиме од

Крстот, бидејќи Крстот и Воскресението

се двата пола на искупителното доживу-

вање, како што се молиме во Црквата –

„преку Крстот дојде радост на цели-

от свет”, или како што пееме - „на Кр-

стот Твој се поклонуваме Владико и

Твоето Свето Воскресение Го слави-

ме“.

Овој ден, за кој непрестано гово-

риме во Црквата, не треба да го праз-

нуваме како еден историски или опш-

тествен настан, туку, како егизистен-

цијален, што значи дека треба да се

учествува во благодетта на самото Во-

скресение. Постот што му претходи на

празникот, во целиот период на Света-

та Четириесетница, таа аскетска борба

го има за цел потесното учество во тај-

ната на Воскресението. Но, за да се по-

стигне тоа, потребно е, како што учат

сите свети оци, очистување како на те-

Христовото Воскресние драги смртни водачи Глава на Црквата е Во кој случај не можеме да го одделиме од

Page 11: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

лесните, така и на душевните сетила. За-

тоа со вистински пост и молитва, да ги

очистиме сетилата и да се удостоиме да

ја видиме непристапната светлина на

Воскресението.

Токму на овој ден, Христовата

душа, соединета со Божјата природа,

слезе во адот, ја уништи власта на ѓа-

волот, бидејќи со Неговата смрт ја побе-

ди смртта. Со Своето слегување во адот,

Христос ги ослободи Адам и Ева од смр-

тта. Така, како што преку Адам произле-

зе падот на целокупниот род човечки,

бидејќи тој е наш родоначалник, така

преку Воскресението на Адам ние ги

вкусуваме плодовите на Воскресение-

то и Спасението. А поради единството

на природата човечка, она што се случи

со прататкото, се случи со целата човеч-

ка природа. Баш поради тоа, со право

велиме дека Страдањата, Смртта и Во-

скресението Христови се случиле зара-

ди нас и нашето спасение. Така, најдла-

боката смисла на воскресниот празник

ја формираат поништувањето на адот и

умртвувањето на смртта.

Најпопуларниот симбол на најс-

ветлиот христијански празник е јајцето.

Традиционално пред Велигден, во секој

дом се вапцуваат јајца, кои го симболи-

зираат Воскреснувањето и почетокот на

еден нов живот. Имено, велигденско-

то јајце го симболизира Христовото Во-

скресение. Тврдата лушпа го претставу-

ва гробот Христов, а кршењето на јајце-

то Воскреснувањето од мртвите. Затоа

кога некому подаруваме велигденско

јајце, го поздравуваме со зборовите - “

Христос Воскресе “. Другата симболи-

ка е во формата на јајцето, која го сим-

болизира нашиот свет ( планетата земја

) и целото човештво кое преку Христо-

вата Крв, повторно ја доби можноста да

учествува во постоењето на Царство-

то Божјо. Црвената пак, боја на јајцето

ја симболизира победата, Божјта сила и

моќ, здравјето, љубовта и секако Хрис-

товата Крв пролеана на Крстот.

Драги браќа и сестри во Христа,

со отворени срца, смиреност и радост,

да го прославиме враќањето на нашиот

Спасител, Исус Христос од мртвите и Не-

говата победа над смртта, радосно поз-

дравувајќи се со зборовите :

т

д

ј

у

Т

д

з

лесните така и на душевните сетила За слезе во адот ја уништи власта на ѓа

ј

ј

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ

Автор на текстотдипл. теолог Даниел Стојчевскиѓакон при храмот „Успение на Пресвета Богородица”Македонска Каменица

Page 12: Kamenicko Oko br. 15

12222222 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

Уредување на зеленилото во Македонска Каменица

Јавното Претпријатие „Камена

Река“ во изминатиот период, одговор-

но и посветено работеше на исполну-

вање на потребите и надминување на

проблемите на кои наидуваат граѓаните

на општина Македонска Каменица. Пре-

тпријатието е насочено кон континуира-

но унапредување на квалитетот на услу-

ги, подобрување на организациската по-

ставеност, поголема ефикасност и зголе-

мување на транспарентноста и отчетнос-

та на работењето.

Со подобрувањето на временски-

те услови, се појави и потребата од пре-

насочување на дел од потенцијалот кон

хортикултурно уредување на зелените

површини и чистење на градското зеле-

нило. Службата за собирање на сметот е

во постојана акција, се со цел, Македон-

ска Каменица да биде една од најчистите

и најдобро уредените општини во држа-

вата. Вработените преку Програмата за

ангажирање на лица за одржување

на јавната чистота, покрај тоа што се

ангажирани во градот, работат и во ру-

ралните средини, на чистење на локал-

ните патишта, зградите на Месните за-

едници.

За ЈП „Камена Река“ и понатаму

приоритет останува овозможувањето на

брз и едноставен пристап до комунални-

те услуги и подобрување на квалитетот

на живот на локалното население.

Page 13: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

ТППЕ активна и на воспитно-образовен планТППЕ активна и на воспитно-образовен планВо изминатиот период, активнос-

та и делоругот на дејствување на Тери-

торијалната Противпожарна Единица

(ТППЕ) од Макдонска Каменица беше

согласно Годишната програма за рабо-

та за 2013 година. ТППЕ реализираше

активности и задачи од оперативен, ор-

ганизационен, технички, образовно-во-

спитен и пропаганден карактер. Во рам-

ки на Единицата, редовно се одржува-

ат вежбовни активности за провилна и

конструктивна употреба на опремата за

противпожарна заштита.

Во соработка со ООУ „Св. Кирил и

Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“

беа организирани предавања пред уче-

ниците. Теми на предавањата беа Заш-

тита од шумски пожари и Заштита од

пожари во урбано средини. Главниот

мотив за предавањата е надградба на

знаењето на учениците за превентивна

заштита, рано откривање, спречување,

јавување и гаснење на пожарите.

пожари во урбано средини Главниотбб Г

Page 14: Kamenicko Oko br. 15

144444 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

НАНОМАТЕРИЈАЛИМАТЕРИЈАЛИ НА ИДНИНАТА

Наноматеријалите се материја-

ли кои ги открива Сумио Иџима во Јуни

1991, набљудувајќи јаглеродни структу-

ри со електронски микроскоп. За него-

вото достигнување добил многу награ-

ди. Од нивното откривање па до денеска

се спроведуваат огромен број на експе-

рименти во светот за утврдување на нив-

ните својства. Оваа структура е ретка во

природата и е доста привлечна за истра-

жување.

Наноматеријалите се технологија

која може да се примени во медицина,

хемија, физика, вселенски истражувања,

генетика, индустрија итн. Доста се инте-

ресни нивните својства некои од нивни-

те својства и специфични карактеристи-

ки. Наноматеријалите издржуваат огро-

мни напрегања од 60 Gpa. Тие се одлич-

ни спроводници на електрична енергија

и топлина. Коефициентот на топлоспро-

водливост е еден од најголемите измере-

ни досега воопшто. И електричната спро-

водливост им е незмисливо голема, по-

кажуваат суперспроводливост. Поседува-

ат 20% еластичност на нивната структура,

оптичка апсорпција од 98%, која може да

се искористи во соларната енергија.

На 13-14 Април 2013 год во Струга

се одржа републички натпревар под по-

кровителство на Технолошко-Металурш-

киот Факултет, Скопје на тема Наномате-

ријали-материјали на иднината.

На овој натпревар учестуваа чети-

риесет и две средни училишта од Маке-

донија, и тоа беше натпревар меѓу нај-

добриот средношколски потецијал што

го поседува нашата држава. Воведно об-

раќање имаше Деканот на Технолошко-

Металуршкиот Факултет, потоа обраќање

имаше Министерот за образование и на-

ука, почитуваниот Панче Кралев. На овој

натпревар учествуваа и нашите најдобри

ученици Филип Митровски и Афродита

Ангеловска, кои со самото свое присуство

покажаа дека нашето Средно Училиште е

способно да фати чекор со светските науч-

ни предизвици.

ј ќ Д Т

Page 15: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

ЗБОРОВИ НИКОГАШ ДОВОЛНИ

Зошто стојам скаменета и немам сила

да поверувам?

Не верувам ли доволно или неточно сум сфатила?

Барам знак,траги од страдање

Дали е ова земјата,по која ТОЈ некогаш чекореше

Навистина ли го убија оној кој ги извади сите што

чекореа низ пустината.

Како кадифен дожд

на скршено стакло

или брезов лист

во ек на пролетта,

како изгубена надеж

по пастелно небо

или контура на сонце во тмурен ден...така те снема.

Мина време, бура јака

и мечтите ги смете рој,

Но го паметам гласот сакан,

на ликот рајски убав тој.

На сопругата вечен превез на срце и лежи,

Родителот тагува по чедо мило,

За синот Идој,Херој,Ангел што над него бдее

За сите нас Херој,Спасител,Гордост што вене.

Сите овде седиме,

таговни,сосила лажно се смееме,

немо,слепо,а ни со поглед бегол,

го славиме нашиот херој,

го покриваме неговото отсуство

со топло ќебе од копнежи.

Сетете се на земјата во која сте родени,

На Парчето небо што не гледа,

На коските што ги газиме,

Коските на напатениот народ,

Сетете се на Нашата гордост,

На Херојот МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР

што падна за нас.

ГОЛЕМИОТ ЧОВЕК

Седнав да пишувам, Велам да напишам некој стих,да допрам до нечие срце. Но, пак таа мисла. Што сега да се истакне по овој бел лист? Зошто пак да се сетиме на болното минато?

Почнувам да пишувам. Очи широко отворени, раце треперливи, Сив квадрат на таванот и ехо на последната мисла...

И така на ова дело уште незапочнато, Очи веќе истекуваат, А од очи солзи крварат ЗОШТО?

Доживотно прашање... Зарем мораше да дојде ден кога ќе пишуваме за загубата, Наместо да пиевме кафе заедно ХЕРОЈУ НАШ. Наместо заедно животот преубав да го живееме Ние овде стоиме како статуи.

Сето тоа поради непријателите, нели?Пишувам и за нив Затоа што се од злоба направени, Создадени да создаваат, Се пред себе да уништуваат. Затоа што се лицемерни, Те нудат со насмевка, но Болот во гради ти го нанесуваат Затоа што се Предавници Затоа што заради нив трпиме се.

Но доста за нив, дојде време да прозборам за највредното Дојде време за да зборувам за ЧОВЕК, ГОЛЕМ ЧОВЕК, Човек кој не спаси од беда, кој се жртвуваше за нашата иднина. Човек кој мислеше на своето потомство, Човек кој чекореше по темниот мрачен и студен тунел на животот Да,драги дојде време да зборуваме за нашиот ХЕРОЈ МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР

Page 16: Kamenicko Oko br. 15

16666666 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

ПРВА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ЕКО-ЕЛКА

Претставата „Тинејџерски живот“ гостуваше во Кочани

Драмската секција од нашето училиште успешно настапи на Детскиот драмски фестивал „Бели Мугри ” во Кочани на ден

22.04.2013 година. Пред присутните во салата учениците настапија со претставата „Тинејџерски живот” изведена на типично

наше наречје.

Автор на претставата е ученичката Светлана Димитровска VIIIа одделение.

Режисер: Симона Ангеловска VIIIб одделение.

Претставата содржи пет сцени, а улогите ги толкуваат:

► Катерина Димитровска ► Ненад Крстевски

► Ана Николовска ► Младен Гоцевски

► Каролина Ристовска ► Никола Стоименовски

► Сара Мирчевска ► Христијан Златановски

► Викторија Јаневска ► Андријана Ангеловска

► Викторија Анастасовска и ► Дамјан Стоименовски

Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ можат да се пофалат и со

други достигнувања во текот на оваа 2012/2013 учебна годи-

на. Едно од нив е доделувањето на прва награда од страна на

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО од Кочани, кои што имаа распишано Натпре-

вар за изработка на Новогодишна елка од пластична амбала-

жа.

Учениците под раководство на наставничката Татјана

Велиновска се потрудија максимално во изработката на ел-

ката, за што извесен период се собираа шишиња и друга не-

потрeбна пластика. Со ова се подигна свеста кај учениците за

складирањето, чувањето и искористувањето на непотребната

пластика, а наградата, дигитален фото апарат, беше само до-

полнителна стимулација и мотив и во иднина да учествуваат

на вакви и слични натпревари, како би ги развивале соработ-

ката, дружењето и натпреварувачкиот дух.

Page 17: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

Делегација од основното училиште на семинар во Дубровник

Активности во ООУ „Св, Кирил и Методиј“ Македонска Каменица

South East European Center for

Entrepreneurial Learning ( SEECEL) или Ју-

гоисточен Европски Центар за Претпри-

емничко Учење, е регионална институција

со мисија да го промовира воведувањето

на претприемачкото учење и литература

во осум селектирани земји од југоисточна

Европа. Осумте земји членки се: Албанија,

Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово,

Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

Целиот проект е финансиран од страна на

Европската Унија и поддржан од Минис-

терствата за економија и бизнис коморите

на земјите вклучени во проектот.

Нашето училиште „Св. Кирил и Ме-

тодиј“ е едно од четирите одбрани основни

училишта од Македонија, во кои се спро-

ведува проектот преку конкретни проек-

ти и наставни предмети. Наставните пред-

мети преку кои се спроведува SEECEL про-

ектот се: Музичко и Техничко образование.

Со цел сумирање на резултатите и разме-

на на искуствата од сите училишта вклуче-

ни во проектот беше организирано камп

обука во Дубровник со траење од четири

денови на која присуствуваа претставни-

ци од нашето училиште, Димчо Атанасов-

ски (директор), Васко Станковски (настав-

ник), Драгана Велиновска (наставник) и

Маријан Стоименов (наставник). На овој

камп покрај размента на стекнатите иску-

ства беа одржани и предавања, говори и

работилници од страна на министерства-

та вклучени во проектот како и од самите

учесници во проектот.

SEECEL проектот продолжува во

својата втора фаза во која за успешно им-

плементирање ја очекуваме како и до сега

целосната поддршка од наставничкиот ко-

легиум и локалната самоуправа.

Во текот на целата година на-

шето училиште „Св.Кирил и Ме-

тодиј” остварува активности

со кои постојано се афирми-

ра како во источниот реги-

он, така и на државно ниво,

па и во странство.

Учениците заедно со

наставниот кадар, струч-

ната служба во училиште-

то и директорот работат тим-

ски, репрезентирајќи ги знаења-

та, способностите и вештините кои

ги стекнуваат во нашата воспитно-обра-

зовна инстиуција во секој сегмент од об-

разовниот процес и општеството воопш-

то. Секојдневната напорна работа на уче-

ниците и наставниците придонесува за

постигање на успеси кои се од големо зна-

чење за нашето училиште и кои се допол-

нителна стимулација за понатамошни

достигнувања.

Квалитетно воспитание и образо-

вание е нашата стратешка цел, а истата се

трудиме да ја постигнеме со стручните

усовршувања на наставниците преку по-

сета на разни семинари, одржување пре-

давања на различни теми за учениците и

наставниците, како и работа на најразлич-

ни проекти со кои се претставувамe како

во државата, така и во странство.

Нашите заложби и напорната рабо-

та, секогаш се забележани, а бројните на-

гради, признанија и пофалници се сведо-

штва за амбициите и ентузијазмот кој се

развива кај учениците уште од нај-

мала возраст.

Во тек се училишните,

општинските и државните

натпревари на кои активно

учество земаат и ученици

од нашето училиште. До

сега се одржани натпрева-

ри по географија, матема-

тика, aнглиски јазик, на кои

учениците покажаа солидни

знаења и се стекнаа со дипло-

ми и признанија.

Следен е општинскиот натпревар

за „Детски семафор” и на истиот ќе учес-

твуваат шест ученици, кои на училишни-

от натпревар постигнаа најдобри резулта-

ти. Се надеваме на позитивни резултати и

дека ќе се стекнат со право за учество и на

државниот натпревар.

Димчо Атанасовски

директор на ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Македонска Каменица

б Д б бб Д б б

одина наа--

и Мее--

сти и

и--

--

,,

оо

-

е-

им-

аења-

ните кои

б

рарарр звива к

мам ла в

ооп

нн

уу

о

сс

р

ти

уче

знаењ

ми и при

С

Page 18: Kamenicko Oko br. 15

18888888 www.makedonskakamenica.gov.mkwww.makedonskakamenica.gov.mk

АПРИЛИЈАДА

Дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица,

заедно со нивните воспитувачки и раководниот кадар од Дет-

ската Градинка, организираа забава по повод денот на шега-

та-Први Април. Манифестација наречена „Априлијада“ за-

почна од самата детска градинка и дечињата маскирани во

најразлични маски продефилираа низ улиците на градот. Сто-

тици граѓани излегоа низ улиците на Македонска Каменица да

го проследат овој симпатичен и инвентивен мини-маскенбал,

кој со текот на годините станува се подобро организиран и се

позабележителен.

На Градскиот плоштад маскираните дечиња изведоа ве-

села претстава во чест на пролетта и шегата.

Page 19: Kamenicko Oko br. 15

[email protected]@makedonskakamenica.gov.mk

Во тек е организирање на традиционалниот Меморија-

лен турнир „Миле Јаневски Џингар“, во чест на херојот од Ма-

кедонска Каменица, кој трагично го

загуби својот живот во воени-

от конфликт во 2001 годи-

на кај селото Вејце, Те-

товско. Во изминати-

те години пријавените

учесници на турнирот

се натпреваруваа во

мал фудбал (футсал),

ракомет и пинг понг,

а од годинава, поради

пројавениот интерес, ќе

биде организиран и тур-

нир во баскет.

Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар“ посте-

пено прераснува во најмасовна спортска манифестација во

Македонска Каменица, па оттука

и размислувањата, турнирот

да добие регионален, па

дури и државен карак-

тер.

Како и претход-

ните години, така и

годинава, главен по-

кровител на турни-

рот е општина Ма-

кедонска Каменица,

предводена од градо-

началникот д-р Дарко

Митевски.

кој трагично гого

о воени-

годи-

Те-

и-

е е

т

г,

ди

ќе

тур-

МаМ кедонска К

ии размис

дадд до

дуд р

тте

нн

гг

кк

р

ке

пре

нача

Митевс