6
КНОСОС- ГРАД НА КРИТ

knosos

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: knosos

КНОСОС- ГРАД НА КРИТ

Page 2: knosos

Кносос Кносос бил древен град на островот Крит, престолнина на легедарниот крал Минос и најголем културен центар за време на периодот на раните егејски цивилизации. Градот во континуитет бил населен 7000 години, започнувајќи со неолитски населби околу 7-от милениум п.н.е., се додека не бил напуштен поради некоја голема катастрофа cca 1375 п.н.е. со што е означен падот на минојската цивилизација. На Крит исто така се родило и најстарото писмо на европска почва, што го покажува културниот и цивилизацискиот дострел на луѓето што живееле на островот. Кносос се наоѓа на 6 километри од Ираклион, денешниот главен град на Крит. Археолошкиот локалитет бил откриен во 1878 година од страна на грчкиот археолог Минос Калокеринос. Најважните археолошки откритија ги направил Артур Еванс во 1900 година.

Page 3: knosos

Кносос во митологијата

Минојската палата во Кносос

Во грчката митологија Кносос и Крит биле овековечени во многу легенди. Според подоцнежните Грци планината Ида, која се наоѓа на Крит, било местото каде што Реа, божицата-земја, го родила Зевс. Таму тој бил хранет од природата само со мед и козјо млеко, одгледуван од нимфите и заштитуван од група на младинци од неговиот татко Кронос кој сакал да го убие. Во друг мит пак се споменува како Зевс заедно со Европа имал син, Минос, кој подоцна станал крал на Кносос, Крит како и целиот егејски басен. Минос живеел за време на херојскиот период, а владеел три генерации пред почетокот на Тројанската војна. Секоја девета година одел во пештерата Иду каде што Зевс го советувал како да владее. Тој изградил голема флота и ја воспоставил критската талесократија.

Page 4: knosos

Откривањето на Критската (Минојска) цивилизација

Рушевините во Кносос биле откриени во 1878 година од страна на Минос Калокеринос - грчки ловец на антиквитети. По Калокеринос неколку луѓе се обиделе да вршат ископувања на локалитетот, но прв кој започнал систематски ископувања бил Артур Еванс на 16-ти март 1900-та година. Еванс целосно си го посветил животот на истражувањата на ново пронајдената цивилизација која тој ја именувал како Минојска. Со голема помош на др. Данкан Мекензи и м-р Фуфе кој бил архитект и работел во Британското школо во Атина, Еванс ангажирал голем број на физички работници кои ги вршеле ископувањата и за многу краток период откриле еден значаен дел од некоја градба која била наречена “Палатата на Минос“.

Page 5: knosos

Крајот на Кносос и критската култура

Уништувањето на Кносос во почетокот на XIV п.н.е. претставува најстар познат случај на минојска палата која била уништена во пожар и која никогаш на била обновена во истиот сразмер, без оглед на тоа што тоа место подоцна било користено од многу освојувачи. Останатите палати биле уништени на крајот на XIII век п.н.е., но не е возможно конкретно да се одредат ниту датумот ниту околностите под кои се случило уништувањето. Според мислењето на археолозите и трагите на ѕидовите, пожарот на палатата во Кносос се случил некаде помеѓу декември и април бидејќи во тој дел од годината дуваат најсилно јужните ветрови. Исто така стадата овци биле истиржени, волната разделена помеѓу жените, за ткаење и жетвата на житариците во некои делови била готова што исто така укажува дека пожарот се случил во пролет. Според Еванс постои можност градот да бил уништен и во земјотрес, ако се знае дека Крит лежи на подрачје со зголемена сеизмолошка активност. Денешната наука не е во можност да одреди дали имало земјотрес во минатото, па затоа оваа можност се остава како отворена. Против-тезите за оваа теорија се дека доколку некоја напредна цивилизација каква што била Минојската, доживее земјотрес првата непосредна реакција би била обнова. Но на Кносос нема докази дека после рушењата дошло до обнова. Сигурно некои од луѓето останале да живеат во некои делови на градот, но од пронајдените плочки нема знаци дека по катастрофата пак била обновена кралската палата или административниот центар.

Page 6: knosos

Изработила:Анастасија Беќарова I1