19
УНИВЕРЗИТЕТ ‘’ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА – СКОПЈЕ Насока: БИЗНИС ЛОГИСТИКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПРЕДМЕТОТ ПРОЦЕНКА НА НАДОМЕСТ И ШТЕТА Тема: Критериуми за проценка на штети на моторни возила Ментор: Кандидат: Вон. Д-р. Неда П. Ангелевска Марио Чобанов (173523) Скопје, март, 2015 година

Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

  • Upload
    -

  • View
    145

  • Download
    16

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Критериуми за штети кај моторните возила

Citation preview

Page 1: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

УНИВЕРЗИТЕТ ‘’ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’ – ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА – СКОПЈЕ

Насока: БИЗНИС ЛОГИСТИКА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПРЕДМЕТОТ ПРОЦЕНКА НА НАДОМЕСТ И ШТЕТА

Тема: Критериуми за проценка на штети на моторни возила

Ментор: Кандидат: Вон. Д-р. Неда П. Ангелевска Марио Чобанов (173523)

Скопје, март, 2015 година

Page 2: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

2

СОДРЖИНА

Воведни напомени (Предзнаења за осигурувањето и штетата кај моторните возила) ................................................................................................. 4

1. Автомобилско осигурување и правила и одредби од Законите на Р. Македонија ................................................................................................... 5

1.2. Видови на авто – каско осигурување .............................................................. 5

1.3. Висина на премијата ........................................................................................ 6

1.4. Што е потребно да се направи ви случај на сообраќајна незгода? .............. 6

1.5. Дополнително осигурување, возач, патници и работници од незгода и

дополнително каско осигурување од кршење на стакла ............................... 8

1.5.1. Дополнително осигурување од кршење на стакла ............................... 8

1.6. Задолжително осигурување од автомобилска одговорност во странство

(ЗЕЛЕНА КАРТА) ............................................................................................. 8

1.7. Задолжително осигурување од автомобилска одговорност.......................... 9

1.8. Што треба да се знае за премијата во осигурувањето? .............................. 10

1.9. Почетокот на траење на полисата и истек на осигурувањето .................... 10

1.10.Тероторијална важност на полисата од осигурување од автомобилска

одговорност .................................................................................................... 11

1.11.За што служи осигурувањето од автоодговорност? ................................... 11

2. Критериуми за проценка на штети на моторни возил .................................. 12

2.1. Утврдување на обем на оштетување на возила .......................................... 12

2.2. Записник за оштетување на возилото .......................................................... 12

2.3. Опис на оштетувањето .................................................................................. 13

2.3.1 Замена на оштетни делови ................................................................. 13

2.3.2. Поправка на оштетените делови ........................................................ 14

2.3.3. Контролана оштетните делови-склопови ........................................... 14

2.4. Процена на штета на возило со странска регистрација .............................. 15

2.5. Фотографирање на оштетеното возило ....................................................... 15

3. Како се утврдува висината на штетата кај моторните возила? .................. 16

4. Како се утврдува тотална штета? .................................................................... 17

5. Случаи кои настануваат после извршувањето на поправка кај моторното возило .................................................................................................................. 17

ЗАКЛУЧОК ................................................................................................................... 18

Користена литература .............................................................................................. 19

Page 3: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

3

Апстракт

- Зошто ја одбрав оваа тема?

Сметам дека осигурувањето како научна дисцплна е неопходно

знаење за секој менаџер по бизнис логистика и за секој човек воопшто,

бидејќи живееме во време на секаков вид на опасности, односно ризици кои

треба барем превентивно да ги намалиме, односно да ги пренесеме на

некој кој е стручен за справување со истите. Потребни се големи познавања

на оваа материја затоа што се е одредено возависност од Законот и

пишаните норми и од нив не може да се избега, туку протоколарно да се

следат со една единствена цел, а тоа е справување со тие опасности. Но,

во оваа тема ќе зборуваме за веќе настаната штета на моторно возило и

како таа да се процени и да се надомести, односно според кои критериуми и

правила.

Постојат опасности кои е потребно задолжително (стриктно) да се

осигураат, во прилог на мојата тема ќе зборувам за моторните возила,

зошто е потребно да се осигураат или подобро кажано зошто

автооригурувањето е задолжително, потоа за критериумите за оценка на

штетата и нејзин надомест.

Оваа тема обработува еден актуелен дел од областа на

осигурувањето и штетата, токму од таа причина е и потребно да се започне

со воведни знаења за осигурувањето како превентива во справувањето со

ризикот. Потоа, со цел да се надоврземе на самата тема која е зададена и е

мошне комплексна бидејќи го образложува целиот процес за проценката и

надоместа на штетата кај моторните возила.

Клучни зборови: осигурување, каско, безбедност, ризик, штета, премија,

полиса, протокол, договор за осигурување, мерење на штета, договарач на

осигурување, осигурителна компанија, Закон.

Page 4: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

4

Воведни напомени (Предзнаења за осигурувањето и штетата кај

моторните возила)

Осигурувањето е институција која ги надоместува штетите

настанати во општеството, во стопанството и кај луѓето, како последица на

дестриктивните дејства на природните сили и несреќни случаеви. Кога ќе се

споменат поимите опасност, ризик, штета, оштета сите нас не

асоцираат на тесна поврзаност со осигурувањето, додека самиот збор

осигурување значи сигурност.

Додека пак, проценката на штетата на моторните возила (во прилог

на мојата тема) било да се работи за штети по основ на каско осигурување

или штети по основ на осигурување на автоодговорност, претставува

сложена стручна работа на проценителите во осигурителните организации

(компании).

Co цел да се постигне единствен пристап при процена на пријавените

штети на моторните возила и да се обезбедат еднакви права на

осигурениците, односно оштетените граѓани-сопственици на моторни

возила, изготвени се Критериуми за процена на штети на моторни

возила кои се задолжителни за сите проценители и други субјекти кои

работат на регулирање на односите кои резултираат од сообраќајните

незгоди и други осигурителни случаи.

Page 5: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

5

1. Автомобилско осигурување и правила и одредби од Законите на Р.

Македонија

Во овој дел ќе бидат обработени актуелните теми за

автоосигурување, каско и видови на каско, правилности и одредби од

Законот, како да се однесуваме при настаната сообраќајна несреќа. Исто

така и вклучени се практични примери и совети од различни осигурителни

компании на Р. Македонија.

1.1. Авто- каско осигурување

Предмет на авто- каско осигурување можат да бидат сите видови на

моторни возила. Составните делови, посебната и дополнителна опрема

можат исто така да бидат предмет на осигурување, ако е така предвидено

во условите за осигурување

Зошто е потребно да се има авто – каско осигурување ?

- Одговорот е едноставен:

o Се обезбедувате од дополнителна штета на моторното возило, која

може да настане како последица на туѓа или сопствена одговорност

и/или виша сила.

o Си обезбедувате покритие на штета и кај помали незгоди (огреботини

при паркирање, помали удари на автомобилот и слично).

o Авто- каско осигурување дава и можност сами да си го избирете обемот

на покритието, односно видот на ризици од кои го осигурувате своето

возило.

1.2. Видови на авто – каско осигурување

Авто- каско осигурување се дели според ризиците кои ги покрива

склучената полиса, а постојат и разлики во класификација меѓу одделни

друштва1 за осигурување.

1 Серафимова Мимоза, Осигурување од одговорност, Тема:Задолжително автоосигурување

Page 6: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

6

Авто- каско осигурување се дели на:

i. ЦЕЛОСНО, кое овозможува осигурување од сообраќајни незгоди,

оштетувања предизвикани од надворешно термичко или хемиско

дејствување, гром, пожар, бура, лавина, град, пад или удар од некој

предмет, јавни демонстрации и манифестации, штети од трети лица и

слично. Целосно авто-каско осигурување може да биде со учество во

штетата или без него;

ii. ДЕЛУМНО, кое овозможува покритие на штетата до договорениот износ

кај настанувањето на осигураниот случај. Се склучува за одделни

ризици, од кои е најчест ризикот од кршење на стакла;

iii. ДОПОЛНИТЕЛНО, кое може да се склучи со целосно авто- каско

осигурување и овозможува осигурување од кражба на возила,

разбојништва, поплави, потопи, високи води, затајување, измами и сл.

1.3. Висина на премијата

Висината на премијата на авто-каско осигурувањето се разликува од

друштво до друштво за осигурување. Зависи од повеќе фактори, од кои се

најзначајни: видот на возилото (патничко, товарно), вредноста на возилото,

намената (стандардна, такси, обука за возачи, рент-а-кар), бонус, обемот на

покритие на ризикот и територијата.

ГЛАВНИ ПРИЧИНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ СЕ НЕПРИЛАГОДЕНАТА

БРЗИНА, НЕПРОПИСНОТО РАЗМИНУВАЊЕ, НЕПОЧИТУВАЊЕ НА

ПРОПИСИТЕ, НЕВНИМАНИЕ И НЕКОНТРОЛИРАНО ВОЗЕЊЕ НА

ВОЗАЧОТ ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА!

1.4. Што е потребно да се направи ви случај на сообраќајна

незгода?

o Во случај на сообраќајна незгода, веднаш да се извести полицијата

(позивен број 92) и да се почека службени лица да извршат увид;

Page 7: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

7

o Обезбедете возило така што ќе овозможи непреќен сообраќај и при тоа

не вршете промена на самото место, што би го отежало составувањето

на записникот за сообрачајната незгода. Преземете потребни мерки

заради заштита на возилата од нови оштетувања.

o Пред потпишување на записникот од увидот, проверете дали сите важни

подаци се внесени во записникот и дали е фактичката состојба правилно

наведена, затоа што имате право на приговор ако записникот не е

објективно направен;

o Записникот со увидот можете да го подигнете во службата МВР,

надлежна по територијален принцип (според местото каде се случила

сообраќајната незгода);

o По настапување на осигуран случај во рок од три дена известете го

друштвото за осигурување кај кое сте склучиле авто-каско полиса,

заради проценка на штета и остварување на право на надомест;

o Не вршете никакви поправки на возилото пред да направите записник за

оштетеното возило;

o Ако во записникот за оштетено возило ви е констатирано „дека е

потребно да ја испитате рентабилноста на поправката на возилото“, не

го поправајте возилото додека не ви ги соопштат резултатите од

испитувањето на рентабилноста на поправката на возилото;

o Барањето за дополнителна штета со потребна документација треба да

го поднесе друштвото за осигурување кај кое сте склучиле авто-каско

полиса;

o Друштвото за осигурање е должно во рок од 14 дена од денот кога сте

доставиле комплетно барање да го обработи барањето и да даде

понуда за исплата на надоместокот.

o Штетата кај авто- каско осигурувањето го плаќа друштвото за

осигурурање, кај кое е осигурано моторното возило.

Page 8: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

8

1.5. Дополнително осигурување, возач, патници и работници од

незгода и дополнително каско осигурување од кршење на

стакла

Со дополнителното осигурување на возачи, патници и работници од

последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење

со моторни и други возила, обезбедувате целосна заштита во случај на

смрт и траен инвалидитет, без оглед на одговорноста за настанување на

собраќајната незгода.

Со ова осигурување добивате надомест на штета во случај на:

i. Смрт од несреќен случај - незгода

ii. Траен инвалидитет

Совет: При купување полиса од автомобилска одговорност побарајте го

ова дополнително осигурување од вашиот агент за осигурување.

1.5.1. Дополнително осигурување од кршење на стакла

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност можете да

склучите дополнително каско осигурување на стаклата од кршење на сите

моторни возила.

Со ова осигурување добивате заштита на стаклата на вашето

моторно возило од кршење и оштетување. Осигурени се сите стакла на

возилата освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата.

За подетални информации контактирајте го вашиот агент за

осигурување.

1.6. Задолжително осигурување од автомобилска одговорност во

странство (ЗЕЛЕНА КАРТА)

Зелената карта е проширување на територијалното покритие на

осигурувањето од автоодговорност.

Page 9: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

9

Истата е задолжителна доколку планирате да патувате во странство

со вашето моторно возило и ги покрива штетите што сo употрeба на

моторното возило ќе бидат причинети на трети лица.

Зелена карта или Меѓународен сертификат за осигурување на

моторни возила го гарантира осигурителното покритие кога патувате во

земји членки на системот на зелена Карта во согласност со

законодавството и минималните лимити на осигурително покритие во

земјата на сообраќајната незгода.

Валидна зелената карта е онаа која има задолжителна форма и

содржина и се издава со авторизација на Националното Биро за

осигурување на Македонија врз основа на Препорака бр.5 од Европската

комисија и U.N. Road Transportation Commission .

Зелената карта се издава врз основа и во период на валидност на

полисата за задолжително осигурување од автоодговорност.

Земјите членки се наведени на самата зелена карта каде се

подредени во графи под нивните меѓународни кратенки. Вашата зелена

карта не важи за земјите чии кратенки се прецртани во самата зелена карта

и во земјите кои не се наведени во зелената карта

Во земјите во кои не важи зелената карта должни сте да платите

гранично осигурување за вашето возило при влез во таа земја.

1.7. Задолжително осигурување од автомобилска одговорност

За да може возилото да биде учесник во сообраќајот, морате да

купите полиса за осигурување од автоодговорност, затоа што таа е услов

за регистрација на возилото во Министерството за внатрешни работи.

Претставува вид на задолжително осигурување со кое сопственикот,

овластениот корисник, косопственикот и другите поседувачи на моторно

возило, ги осигурува од одговорност за штета која, која со употреба на

моторно возило, ќе им ја причи на трети лица.

Page 10: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

10

Доколку претрпите материјална и/или нематеријална штета од

моторно возило (патничко и товарно возило, автобус, тролебус, трамвај,

приклучено возило, мотоцикл и слично), имате право на надомест на штета

од друштвото за осигурување кај кое тоа возило било осигурано.

1.8. Што треба да се знае за премијата во осигурувањето?

i. Висината на премијата кај осигурувањето од автоодговорност

зависи од видот и намената на возилото, техничките

карактеристики на возилото (силата на моторот, носивоста,

работната запремина на моторот, бројот на регистрирани места во

возилото), траењето на осигурувањето и така натаму.

ii. Премијата на осигурувањето се плаќа однапред, при издавањето

на полиса.

iii. Полисата на осигурување од автоодговорност се склучува на една

година.

iv. Во случај да ви е возилото уништено или го одјавувате, имате

право да барате враќање на дел од премијата на осигурање за

преостанатото време на траење на осигурувањето.

1.9. Почетокот на траење на полисата и истек на осигурувањето

i. Полисата на осигурање од автоодговорност се склучува на една

година. Обврската на друштвото за осигурување со договорот за

осигурување почнува по истекот на 24. часа, на денот на кој е

наведен во полисата како почеток на осигурувањето, односно

денот кога е платена премијата, ако не е поинаку договорено.

ii. Обврската на друштвото за осигурување престанува по истекот на

24 часа од оној ден кој е наведен во полисата како ден на истек

на осигурување, доколко не е поинаку договорено.

iii. Проверете дали на вашата полиса е наведен часот и минутата на

почетокот и истекот на осигурувањето.

Page 11: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

11

1.10. Тероторијална важност на полисата од осигурување од

автомобилска одговорност

Полисата за осигурување од автоодговорност важи на територијата

на Република Македонија.

Осигурувачкото покритие со полисата се однесува и на земјите

членки на „зелена карта“ доколку друштвото за осигурување , на ваше

барање, издаде „зелена карта“.

Доколку планирате да патувате во странство со моторно возило, ќе

обезбедите меѓународна исправа – „зелена карта“ кај своето друштво за

осигурување или на граничниот премин при влегување во странска земја

купете „полиса за гранично осигурување“.

„Зелена карта“ не важи во земјите за кои е прецртана меѓународната

ознака во соодветната куќичка во „зелената карта“.

Сегментот (третиот дел) од „зелената карта“ му служи на

оштетениот како доказ за надомест на штетата и се предава на оштетениот

или на органот кој врши увид.

1.11. За што служи осигурувањето од автоодговорност?

Ако сте одговорни за штета причинета со вашето моторно возило,

друштвото за осигурување кај кое сте склучиле полиса за осигурување од

автоодговорност превзема обврска да ја надомести штетата на трети лица

(смрт, телесна повреда, нарушено здравје, оштетени или уништени работи)

до висина на осигураната сума – лимит.

Условите за осигурување се одредено во кои случаи друштвото за

осигурување не ја презема наведената обврска.

КОЈ ИМА ПРАВО НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА?

По основа на полисата за осигурување од автоодговорност право на

надомест на штета имаат оштетените лица, освен возачот, сопственикот,

Page 12: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

12

косопственикот и корисникот на моторното возило кај кое е предизвикана

сообраќајна несреќа.

Потребно е задолжително да се прочита полисата, односно задната

страна на полисата.

Главни причини за сообраќајни незгоди се: неконтролирана брзина,

непрописно разминување, непочитување на прописи, невнимателност и

алкохолизираност!

2. Критериуми за проценка на штети на моторни возил

2.1. Утврдување на обем на оштетување на возила

2.2. Записник за оштетување на возилото

Составувањето на записникот за оштетувањето на возилото се

одвива по следниот редослед:

Идентификација на податоците за возилото од пријавата за штета и

сообраќајната дозвола. Особено треба да се обрне внимание на видот,

марката и типот на возилото, карактериестиките на моторот (KW/cm3), број

на шасија, врати, седишта, носивост, вид на боја, година на производство,

дата на првата регистрација, број на поминати километри (км) и мото

часови (мч) и тоа прочитана и просечна состојба.

Co визуелен преглед проценителот треба да ја оцени општата

состојба и запазеноста на возилото, состојбата на каросеријата,

механиката, бојата, тапацирот, гумите и др. што го внесува во записник за

оштетување на возилото. 2

2 Атанасоски Драшко, Критериуми за проценка на штета кај моторните возила, стр.3

Page 13: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

13

Записникот мора да ги опфати сите видливи оштетувања на деловите

и склоповите на возилото со опис на оштетувањата, како и тоа дали

возилото е во возна состојба или не е.

Оштетените делови кои поради одреден степен на оштетување се

предвидени за замена или поправка се впишуваат во одвоени колони, a

одвоени се предните од задните оштетувања.

2.3. Опис на оштетувањето

Кај нопис на оштетувањето при набројување на деловите се внесува

името на деловите местоположбата на возилото и начин на

поправката во зависност од степенот на оштетувањето; делови за

замена, делови за поправка, и делови за контрола.

2.3.1 Замена на оштетни делови

Кај тешките оштетувања, каде што не постојат технички можности за

квалитетна и економична поправка, замена на деловите или склоповите на

возилото се врши и во случаите кога не се работи за тешки оштетувања и

тоа на:

• Оштетените делови кои влијаат на сигурноста на возилото (на пр.

системот за управување, вешање, кочење, уредите за довод на

гориво, стаклата и сл.}.

• Оштетените делови кои при поправката не можат да се доведат во

првобитната состојба, во естетска смисла {на пр. Браници, украсни

делови, тапацир и сл.).

Замената на деловите или склоповите може да биде и делумна, на

пр. Кај страниците на патничките возила, дел од браникот и сл., но ваквите

постапки мораат да бидат во согласност со упатствата на производителот.

Кај оштетувањата на стаклата на возилата треба точно да се дефинира

следното:

Page 14: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

14

• вид на стаклото: еднослојно калено, повеќеслојно лепено, со

налепена и влеана антена или грејач, обоено-тонирано, вградена

заштитна фолија, како и други својства кои се важни за утврдување

на висината на вистинската штета;

2.3.2. Поправка на оштетените делови

Оштетените делови се поправаат ако за тоа постојат технички

можности со тоа што да не се поремети сигурноста на возилото, и ако

поправката е поекономична од замената на деловите. Оштетените делови

на возилото се класифицираат според следното:

- М-под мали оштетувања на деловите на возилото се сметаат

оштетувањата на надворешната површина без поголеми деформации, со

лесно навлегување кон внатрешниот дел на возилото без оштетување на

виталните делови, каросерија, кабина, погонски делови и сл. И

оштетувањата на деловите кои се наоѓаат на пристапни места и лесно

можат да се поправат, со мало ангажирање на работа и материјал.;

- С-под средни оштетувања на деловите на возилото се подразбираат

оштетувањата кои се повеќе изразени, односно деформациите се повеќе

нагласени. Средните оштетувања бараат повеќе работи и материјал за

поправка или се наоѓаат на потешко достапни места;

- Т-под големи односно тешки оштетувања на деловите на возилото се

подразбираат такви оштетувања кај кои надворешната површина е набрана

или деформациите се силно изразени или се наоѓаат на изразито тешко

достапни места

2.3.3. Контролана оштетните делови-склопови

Ако постои сомневање дека дошло до оштетување или нарушување

на геометријата на одредени делови или склопови на возилото, потребно е

да се предвиди контрола на нивната исправност, особено на:

геометријата на тркалата со задолжително давање време за

контрола со подесување;

Page 15: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

15

геометријата на реперните (мерни) точки на каросеријата, шасијата,

кабината и сл, Co давање време за операција контрола со

подесување на контролниот (габаритниот стол-мерна подлога од

уредот за извлекување на возилото);

ладилникот, резервоарот за гориво, уредите за течен гас или сл. Co

испитување-контрола на пропустливост под притисок;

контрола на системот за управување.

2.4. Процена на штета на возило со странска регистрација

Кај штетите на возилата со странска, привремена, дипломатска и

царинска регистрација (PR, ..9, CD i ZOLL како и возилата земени во лизинг-

наем од странски фирми) за кои не се платени увозните и даночни давачки,

при утврдување на оправданоста за поправка треба да се води сметка за

вредноста на возилата, бидејќи таа по правило е пониска од вредноста на

возилата со домашна регистрација.

При составувањето на записникот за оштетување на наведените

возила треба да се види сметка и за условите за поправка во земјата каде

што возилото е регистрирано. Во такви случаи во записникот треба да се

внесе дека проценката се однесува за поправка во домашни сервиси и дека

бројот на норма-часовите и нивната цена е меродавна за поправка на

возилото и надомест на штетата.

2.5. Фотографирање на оштетеното возило

При процена на штета на возило покрај составувањето на записникот

за оштетување, по правило оштетеното возило задолжително се

фотографира и тоа со поглед од:

oд напред,

од назад,

бочните страни,

и посебно на оштетната зона на возилото,

Page 16: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

16

бројот на фотографии зависи од обемот на оштетување на возилото

a пo проценка на проценителот.

возилата претрпеле технички тотална штета или кога се работи за

штети во поголеми размери, се прават поголем број фотографии.

поголем број фотографии се прават кај оштетни возила кога постои

основ за остварување на регрес од причинителот, од други друштва

за осигурување во земјата или осигурителни друштва од странство;

поголем број фотографии се прават кога се оштетени возила со

странска регистрација;

поголем број фотографии се прават кај оштетувањата настанати од

пожар.

3. Како се утврдува висината на штетата кај моторните возила?

Утврдување на обемот на оштетување на возилото се врши врз база

на записникот за оштетување на возилото, вештачење како и други доказни

материјали од кои може да се утврди обемот на оштетувањето од

соодветната сообраќајна незгода, а висина на штетата може да се утврдува

според:

• сметката-фактурата за извршената поправка,

• пресметката за поправка, според важечки ценовник на резервни делови,

• пресметка за висина на штетата, Вш = A + Б + В,

А-делови за замена со работна рака за замена,

Б-делови за поправка,

В-боење (лакирање) со материјал за боење и работна рака

За утврдување на конечната висина на штетата се користат и:

• методот на утврдување на намалена односно зголемена вредност,

• методот на утврдување на тотална штета.

Page 17: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

17

4. Како се утврдува тотална штета?

Кај штетите на возило, во случај кога поправката технички не е можна

или е економски неоправдана односно каде трошоците за поправка и

евентуално намалената вредност би биле поголеми или еднакви на

вистинската вредност на возилото намалена за проценетата вредност на

спасените делови, се решава како тотална штета.

Пресметката на тотална штета на возилото содржи:

• вредност на поправката по процена врз основа на предпресметка или

калкулација на поправката, изработена од овластен сервис или од

проценителот,

• Вв-вредноста на соодветното возило на денот на пресметката,

• Ов-вредноста на спасените делови -склопови(корисни остатоци),

• Вш = Вв - Ов, Висина на тоталната штета на возилото.

5. Случаи кои настануваат после извршувањето на поправка кај

моторното возило

По извршената поправка на оштетното возило, во поглед на

состојбата на возилото можат да настапат три случаи:

прво - со поправката да се воспостави состојбата која била пред

настанувањето на штетата,

второ - да настане намалена вредност поради тоа што не е во потполност

воспоставена состојбата пред незгодата и,

трето - со извршената поправка е зголемена вредноста на возилото.

Page 18: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

18

ЗАКЛУЧОК

Како што напоменав на почетокот осигурителната научна

дисциплина, а и самата пракса ни покажува дека тука не постојат

претпоставки, посебно ако се работи за проценката и надомест на штета,

тука се е одредено и кажано во Законите и не постои можност од било какви

Што се однесува до оваа тема можам да кажам дека за да се процени

штетата на моторното возило е многу комплексен процес кој бара

максимално почитување на Критериумите за проценка на штета кај

моторните возила. Иако, сите ние кои не сме се соочиле со таа опасност

мислиме дека тоа е едноставен процес, но тоа воопшто не е така. Секој кој

се соочил со ваков вид на опасност поминал низ сите овие фази и подфази

во реалноста.

Критериумите за проценка на штета кај моторните возила

овозможуваат едно протоколарно однесување при таков вид на настан,

односно при таква опасност кај моторните возила. Тие служат со цел да ни

ги разјаснат одредени двоумици околу самиот процес на надомест на штета

кај моторните возила, бидејќи живееме во време каде во семејството барем

еден член поседува моторно возила, но се поставува прашањето дали ги

знае самите правила пред да партиципира во јавниот сообраќај? Токму

од таа причина е потребно да се знаат овие неколку критериуми.

Page 19: Kriteriumi Za Procenka Na Steta Na Motorni Vozila1 Slikica

Критериуми за проценка на штета на моторни возила

19

Користена литература

1. Д-р Фотов Ристо, Осигурување, Европски универзитет ,Скопје 2006

2. Д-р Мимоза Серафимова, Осигурување од одговорност, 2013/2014,

авторизирани предавања при УГД

3. Д- р Милошевиќ Братислав, Вовед во осигурување, Скопје 2006

4. Д-р Фотов Ристо, авторизирани предавања и презентации, Универзитет

,,Гоце делчев’’ – Штип, 2014

5. Д-р Милошевиќ Братислав, Осигурување на имот и лица, Скопје 2006

6. Воган, Емет Џ. Воган, Тереза м, Основи на ризик и осигурување, Осмо

издание

7. Мировиќ Б. Осигурање, Суботица 1997

8. Јовановски Тихомир, Економика на осигурување, 2005

9. Д-р Драшко Атанасоски, Проценка на надомест и штета (прв дел), 2012

при УГД

10. Д-р Драшко Атанасоски, Критериуми за проценка на штета кај

моторните возила, интерен материјал при УГД

11. Д-р Драшко Атанасоски, Осигурување од одговорност, 2012 при УГД,

авторизирани предавања од Гевгелија.

12. Неда П. Ангелевска, Управување со ризици, 2014, УГД – Штип.

13. www.osiguruvanje.eu

14. www.winner.mk

15. www.google.com.\images