62
Влада на Република Македонија Секретаријат за европски прашања И Н Ф О Р М А Ц И Ј А за Петтиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ 18-19 септември 2008, Скопје

LS KonvertMak v3.0npaa.sep.gov.mk/NPAAPORTAL2012/materijali/2008... · Web viewЕУ ја нагласи потребата да се спроведат идните избори целосно

  • Upload
    others

  • View
    9

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Влада на Република Македонија

Секретаријат за европски прашања

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

за Петтиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

18-19 септември 2008, Скопје

Септември 2008 година

Содржина

ВОВЕД 2

ДИСКУСИЈА ПО ТОЧКИТЕ ОД ДНЕВНИОТ РЕД 4

4.1. Политички критериуми 4

4.2. Економски критериуми 12

4.3. Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА) 13

4.4. Финансиска помош 14

5. Имплементација на Сподбата за стабилизација и асоцијација (ССА) 18

5.1. Иницирање на втората фаза на имплементација на ССА 18

5.2. Правда, слободa и безбедност 19

5.3. Трговија, индустрија, царини и оданочување 23

5.4. Внатрешен пазар и конкуренција 25

5.5. Иновации, информатичко општество и социјална политика 26

5.6 Транспорт, животна редина, енергија и регионален развој 29

6. Институционални и општи одредби 31

6.1. Распоред на состаноците на поткомитетите за стабилизација и асоцијација и и одредување на дата за следниот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација 31

ЗАТВОРАЊЕ НА СОСТАНОКОТ 31

ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА 32

ПРЕДЛОГ - ЗАКЛУЧОЦИ: 33

1

ВОВЕД

На 18-19 септември 2008 година во Скопје се одржа Петтиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација. Со состанокот претседаваше Малинка Ристевска Јорданова, Државен советник во Секретаријатот за европски прашања. На состанокот свое излагање за политичките состојби имаше ЗПВРМ за европски прашања Ивица Боцевски.

Делегацијата на ЕК ја предводеше П.Мирел, директор во ГД-проширување на ЕК.

Составот на двете делегации е даден во прилог.

Комитетот за стабилизација и асоцијација усвои заедничко соопштение за јавноста (прилог).

Во воведното излагање претседавачот Малинка Ристевска Јорданова го потенцираше значењето на овој Петти состанок на Комитетот со оглед на јасната цел и цврстата определба на Република Македонија да ги исполни критериумите за почеток на преговори за членство во Унијата. Во таа насока, беше нагласено дека РМ во изминатата година интензивно работеше за имплементацијата на Акцискиот план за реализација на одредниците.

Г-ѓа Ристевска Јорданова потенцираше дека имплементацијата на ССА претставува водечки принцип во работата и дека Република Македонија ги разрешуваше предизвиците во спроведувањето на ССА. Беше потенцирано дека состанокот се одржува по спроведувањето на парламентарните избори и нова владина коалиција. Претседавачот потенцираше дека со оглед на фактот дека се поминати четири години од стапувањето во сила на ССА, РМ ја иницираше процедурата за отворање на втората фаза на Спогодбата.

Претседавачот најави дека за време на состанокот Република Македонија ќе го презентира постигнатиот напредок, надминатите предизвици и предизвиците кои преостануваат, соодветни за земја – кандидат за членство која тежнее да започне преговори за членство. Беше потенцирано дека од страна на РМ на крајот на август 2008 до ЕК беа доставени подготвителни материјали, додека на состанокот ќе се презентираат и новите случувања.

Ко-претседавачот од ЕК Пјер Мирел го истакна посебното значење на состанокот на Петтиот состанок од КСА. Г-дин Мирел потенцираше дека од неговото искуство со ко-претседавање на Комитетот во 2006 година, забележително е значително подобрување на организацијата.

Беше особено истакната ефективната координација на подготовката на материјалите и навременото доставување до надлежните генерални директорати во ЕК. Мирел ја поздрави напорната работа на администрацијата, како и зајакнатата координација помеѓу институциите. Навремената подготовка овозможува во рамките на состанокот на КСА да се направи добар преглед на постигнатиот напредок, како и да се разгледаат отворените прашања.

2

ДИСКУСИЈА ПО ТОЧКИТЕ ОД ДНЕВНИОТ РЕД

4.1. Политички критериуми 4.1.1. Политички случувања во Република Македонија

Во врска со актуелниот развој на политичката состојба ЗПВРМ Боцевски истакна дека овој Комитет треба да го нотира напредокот на РМ во имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и да ја оформи рамката за дискусија на Советот за стабилизација и асоцијација закажан за во декември.

По однос на точката политички случувања, ЗПВРМ Боцевски пред се ја потврди јасната позиција на Владата на РМ за целосна посветеност на процесот на пристапување, исполнувањето на Копенхагенските критериуми, и целосната имплементација на главните приоритети од Партнерството за пристапување.

За исполнувањето на клучните приоритети, целта на Владата на РМ е да работи со сите политички субјекти и други засегнати страни за обезбедување на одржливост на реформските процеси што произлегуваат од европската агенда на РМ.

ЗПВРМ Боцевски нагласи дека Владата на РМ е посветена на реформите пред се бидејќи се поддржани од граѓаните и се третираат како составен дел од домашната политичка агенда. Затоа Владата на РМ по никој основ нема да ги прекине реформите, но нивната динамика зависи од тоа како РМ напреднува во процесот на пристапување.

Чекорите што ги презема Владата се ориентирани за забрзување на реформите за исполнување на политичките и економските критериуми. Како штио укажа ЗПВРМ Боцевски, сите политички одлуки се во насока на зајакнување на реформскиот капацитет на Република Македонија и како цел соодветствува на барањата на Унијата.

Во однос на поставените дилеми дали изборите ги забавија реформските текови, ЗПВРМ Боцевски потенцираше дека предвремените избори беа политичка одлука на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА и се осврна на неколку клучни аспекти за изборите. Тој истакна дека предвремените избори овозможија формирање на стабилни мнозинства во Собранието на РМ и со тоа се затворија критични прашања за помеѓу етничките односи и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, посебно со донесувањето на Законот за употреба на јазиците кој го говорат над 20% од граѓаните на Република Македонија и единиците на локалната самоуправа.

Владата на РМ ја препознава забелешката на ЕУ за изборните нерегуларности што се поставени како дополнителен услов во процесот на пристапување, но ЗПВРМ Боцевски ја претстави заложбата на Владата на РМ за институционален одговор и нула толеранција за извршителите на нерегуларности за време на изборите и нивно спроведување пред судските органи на РМ. Натаму, јасната определба на Владата и сите институции вклучени во избрниот процес беше јасно покажана преку организирањето на дополнителните кругови за гласање.

ЗПВРМ Боцевски укажа дека властите ги имаат согледано слабостите поврзани со изборниот процес и внимателно ги разгледа препораките на Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборните нерегуларности. ЗПВРМ информираше дека Владата подготви Акциски план за вклучување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР како и амандмани на Изборниот законик што се доставени до сите политички партии регистрирани во Судскиот регистер на мислење. Целта на Владата е да обезбеди политички консензус за измените на Изборниот законик.

По однос на прашањето за политичкиот дијалог, ЗПВРМ ја повтори позицијата на Владата за сеопфатен политички дијалог во рамките на демократските институции.

Со донесувањето на новиот Деловник за работа на Собранието се овозможува забрзување и ефикасност на политичките процеси согласно најдобрите европски практики во ова поле.

Деловникот е документ што беше дебатиран од страна на политичките партии подолг период пред да биде усвоен. Сепак, Собранието на РМ е единствено место каде е легитимно да се покрене прашањето за евентуални измени и дополнувања на Деловникот за работа на Собранието. Согласно одредбите на Деловникот, за прв пат Собранието едногласно избра претставник од опозицијата за потпретседател на Собранието.

3

Во насока на зајакнување на политичкиот дијалог, Националниот совет за евроинтергации, претседаван од страна на Радмила Шекеринска, со консензус го поддржа статусот на реализација на главните приоритети и донесе заклучок сите институции целосно да се посветат на целосната реализација на мерките и активностите што произлегуваат од документот на Владата за имплементирање на главните приоритети од Партнерството за пристапување.

Парламентарното мнозинство е вклучено во дискусиите со ДПА за прекинување на бојкотот на Собранието. Истовремено, Владата на РМ ја поздравува одлуката на партијата Нова демократија предводена од г. Селмани за враќање во Собранието.

ЗПВРМ Боцевски истакна дека по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новиот парламентарен состав, приоритет на Владата беше донесување на законите што беа заглавени во претходна собраниска процедура. Мотивот на Владата на РМ за забрзувањето на донесување на законите беше постигнување на соодветна динамика на реформската агенда и исполнување на клучни мерки за реализација на главните приоритети од Партнерството за пристапување.

Во врска со регионалната соработа, ЗПВРМ Боцевски ја потенцираше активната улога на РМ во сите форми на регионална соработка. Согласно стратешката определба, Република Македонија во континуитет е иницијатор на регионални иницијативи и проекти со кој се зајакнува соработката помеѓу земјите од регионот.

По однос на разликите со Р. Грција околу уставното име на Република Македонија, ЗПВРМ Боцевски укажа дека РМ во континуитет демонстрира конструктивен пристап во преговорите кој се водат во рамките на Обединетите нации.

На крајот, ЗПВРМ Боцевски ги истакна следниве позиции на Владата на Република Македонија:

Владата на Република Македонија јасно и цврсто ја потенцира својата волја да гради партнерски однос со Европската унија и очекува продлабочување на соработката во периодот кој следи.

По однос на политичкиот дијалог, Владата на Република Македонија ќе ја поддржи секоја иницијатива од политичките партии за сеопфатен политички дијалог за стратешките интереси на земјата во рамките на демократските институции.

Република Македонија ќе продолжи да ги интензивира напорите за имплементација на сите потребни реформи за забрзување на процесот на пристапување со цел што поскоро добивање на датум за преговори за членство.

Владата на Република Македонија во наредниот период ќе избегнува “ако...тогаш” претпоставки за процесот на пристапување и ќе го покаже својот целосен капацитет за реализација на европската агенда.

Стратешка определба на Владата е да напредне во процесот на пристапување преку имплементација на клучните приоритети од Партнерството за пристапување. Владата на Република Македонија верува на објективноста на Европската комисија како посветен сојузник на Република Македонија и цврсто верува дека Извештајот на ЕК за напредокот на РМ за 2008 година ќе биде фер и избалансиран.

Извештајот на Европската комисија за напредокот на РМ за 2008 година ќе претставува основа за работа на Владата и сите институции по однос на европската агенда.

Г-дин Пјер Мирел ја потенцираше позицијата на ЕК и земјите членки во однос на заедничката визија за пристапување на РМ во ЕУ. Мирел потенцираше дека во 2005 година Советот на министри донесе едногласна одлука по предлог на Комисијата за доделување на кандидатски статус на РМ. Беше нагласено дека едногласна позиција во Советот е неопходен услов за секој нареден чекор во процесот на пристапување. ЕК потенцираше дека е обврзана од принципот - напредувањето да зависи од исполнувањето на критериумите за членство на напредување и спроведување на неопходните реформи.

ЕК ја поздрави цврстата определба на Владата по однос на процесот на пристапување. Беше нагласено дека мандатот на Комисијата е да го оцени напредокот по однос на критериумите за членство и се труди да го спроведе тоа на најобјективен можен начин, без разлика на било какви други согледувања. ЕК потенцираше дека извештаите за напредокот од 1998 година се имаат здобиено со позитивна репутација.

4

Мирел го поздрави пристапот на Владата кон извештајот на ЕК како објективен и оцени дека таквиот пристап придонесува за конструктивно партнерство помеѓу Владата и ЕК

ЕК укажа на фундаменталното значење на исполнувањето на политичките критериуми, за отпочнување на преговори за членство. Беше нагласено дека демократијата е основен принцип во ЕУ и дека од сите земји кандидати за членство се очекува да ги исполнат овие критериуми за започнување на преговорите. ЕК потенцираше дека постојат примери во минатото кога земја кандидате не ги започнала преговорите за членство поради проблеми во политичките критериуми, а брзината на напредување зависи од самата земја. Во таа насока, беше поздравен напредокот во клучни политички прашања како што се Законот за употреба на јазиците и судските реформи.

Г-дин Пјер Мирел го нагласи значењето на стабилноста на институциите, потенцирајќи и покрај постигнатиот напредок, во РМ тешко може да се констатира дека институциите функционираат глатко. Беше оценето дека изборите во 2008 година беа сериозен чекор наназад, и покрај препораките на ОБСЕ/ОДИХР по изборите од 2006 година, кои не беа имплементирани. ЕК го забележа бојкотот на Собранието и систематската употреба на итната процедура за носење на околу 172 закони без политички дијалог. Беше оценето дека ваквата состојба не е поволна за постигнување сеопафтен консензус и покрај значењето на законите во прашање. Беше нотирана заложбата на Владата за зајакнување на улогата на Собранието.

Беше укажано дека Деловникот за работа на Собранието е основен документ за овозможување на политичкиот дијалог помеѓу сите политички партии и постигнување консензус. Од тој аспект, беше оценето дека начинот на кој беше усвоен Деловникот и покрај неговото дискутирање во Собранието неколку години, оневозможува Собранието да ја има соодветната улога во демократски системи. ЕК нагласи дека за процесот на интеграција потребен е сеопфатен политички консензус помеѓу од целиот политички спектар, како и останатите општествени актери. За постигнување на овој консензус потребен е конструктивен дијалог пред се во Собранието, но и со граѓанскиот сектор. Во таа насока, г-дин Пјер Мирел го поздрави воспоставувањето на Националниот совет за евроинтеграција како значаен чекор напред за развивање на дијалог и постигнување консензус.

ЕК констатираше добар напредок во неколку области, пред се во однос на имплементацијата на ССА,. Беше поздравен напредокот во законодавството во областа на телекомуникации, констатирајќи дека Република Македонија веќе не ја крши ССА, како значаен напредок во однос на минатиот Комитет. Притоа беше потенцирано значењето на имплементацијата, т.е. дека регулаторот треба да биде независен само во својот статус, туку и во секојдневното дејствување. Во однос на државна помош, ЕК препорача блиски консултации со службите на Комисијата за имплементацијата на технолошко индустриските зони.

Беше поздравено донесувањето на Законот за употребата на јазиците, со критика за начинот на неговото донесување.

ЕК најави дека одблиску ќе го разгледа Акцискиот план на Владата по однос на имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик и останатата легислатива. Беше потенцирано дека треба да се направат исклучителни напори за да не се повторат инцидентите од јули 2008 година на изборите во 2009, како и да се изведат сторителите на инцидентите пред правдата. Беше нотирано дека во тек се судски процеси против сторителите на инцидентите.

ЕК оцени дека скорешните реформски напори само ја воспоставуваат реформската рамка и дека се уште преостануваат области за кои се очекува дополнителен напредок.

ЕК потенцираше дека по стекнувањето на кандидатскиот статус во 2005 година од РМ се очекуваше забрзување на реформите, но жали дека истото не може да се констатира. Беше нагласено дека донесувањето на законите е значајно, меѓутоа имплементацијата понекогаш е исто или и повеќе значајна, како на пример во областите на судство, полициска реформа, децентрализација и борбата против корупција.

Генерално, ЕК ја потенцираше потребата од воспоставување на досие на постигнувања и одржлива стабилност. Беше нагласено дека Извештајот за напредокот ќе го оцени постигнатиот напредок и ќе се осврне на областите за коишто треба дополнителни напори.

5

На крајот од воведното излагање, г-дин Мирел најави дека останатите прашања ќе се дискутираат во текот на Комитетот, вклучувајќи ги прашањата за добрососедските односи и прашањето за името.

Претставниците на РМ (МП) ги образложија активностите кои се преземени за примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Беше нагласено дека Владата усвои Акциски план за исполнување на препораките за 2006 и 2008 година. Претставниците на РМ (МП) информираа дека веќе се подготвени измени на Изборниот законик, кои се доставени на консултации до сите политички партии во судскиот регистар. Беа презентирани и статистички податоци по однос на судските случаи поврзани со изборните нерегуларности заклучно со првата половина на Септември 2008, кои им беа доставени на сите претставници од ЕК. Претставниците на РМ (МП) информираа дека сите судски предмети поврзани со изборните нерегуларности се насрочени како приоритетни предмети за септември и октомври 2008 година.

По излагањето на претставниците на РМ, ЕК го потенцираше значењето на решавање на случаите поврзани со изборните нерегуларности и имплементација на препораките на ОДИХР. Заеднички беше нагласена потребата од дејствување за да се спречат инциденти при одржувањето на наредните избори во 2009 година.

На состанокот беше заклучено дека спречувањето на инциденти на наредните избори има клучно значење.ЕК се осврна на значењето на целосната и ефективна имплементација на Охридскиот рамковен договор како клучен дел од политичките критериуми, особено од аспект на процесот на децентрализација.

ЕК потенцираше два аспекти на процесот на децентрализација на кои треба да се осврне особено внимание: фискалната децентрализација и сопственоста на земјиштето. Беше нагласено дека доколку не се воспостави добар систем за фискална децентрализација, се ризикува да не се постигнат целите на процесот на децентрализација во одредени делови на земјата. Беше потенцирано значењето за единиците на локалната самоуправа да бидат во можност да располагаат со земјиштето, кое меѓу другото ќе придонесе за привлекување на инвестиции и економски развој. ЕК нагласи дека постојат случаи на инвестиции и проекти кои не можат да се имплементираат поради проблеми со сопственоста на земјиштето

По однос на разликите со Р. Грција по однос на уставното име на РМ г-дин Пјер Мирел го нотираше заклучокот на Европскиот совет од јуни 2008 година во кој се укажува дека одржувањето на добрососедските односи, вклучувајќи го и изнаоѓањето на меѓусебно прифатливо решение на прашањето за името е клучно. Г-дин Мирел го интензивирањето на напорите да се изнајде брзо меѓусебно прифатливо решение на прашањето за името со Грција во рамките на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 817/93 и 845/93. Мирел нагласи и дека треба да се избегнуваат активности кои може негативно да влијаат на добрососедските односи.

Претставниците на РМ (МФ) во врска со прашањето на децентрализација нагласија дека има значителен напредок бидејќи над 70% од општините се влезени во втората фаза на фискална децентрализација, додека до крајот на 2008 година се очекува сите општини да влезат во втора фаза. МФ најави измени на системот на финансирање по локалните избори закажани за 2009 година со што блок дотациите ќе се заменат со стабилни локални извори на приходи. Во однос на сопственоста на земјиштето, МФ потенцираше дека во моментот е работи на унапредување на капацитетите за управување со земјиштето на локално ниво.

Претставниците на РМ (МНР) потенцираа дека Република Македонија е активно вклучена и ќе продолжи активно и конструктивно да учествува во разговорите кои за ова билатерално прашање се водат во рамките на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 817/93 и 845/93. Беше нагласено дека прашањето за името не е дел од Копенхагенските критериуми и не треба да преставува дел од условите поврзани со пристапувањето на РМ во ЕУ.

Претставниците на РМ (Секретаријат за Рамковен договор) го нагласија значењето на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор како приоритет на Владата на РМ. Беше потенцирано значењето на донесувањето на Законот за употреба на јазиците на заедниците кои претставуваат повеќе од 20% од населението во Република Македонија, како и Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од

6

населението во Република Македонија. Беа презентирани статистички податоци по однос на унапредувањето на правичната застапеност во државната и јавната администрација.

4.1.2. Имплементација на Партнерството за пристапување, со фокус на Главните приоритети

Ефективно спроведување на Закон за полицијаВо нашето излагање беше презентиран постигнатиот напредок кој се однесува на: завршување на процесот на изборот на командирите на полициски станици од општа надлежност во тесна соработка со советите на општините, обуката на припадниците на полицијата за содржината на Правилникот за полициско работење, донесувањето на Стратегијата за човечки ресурси и Акцискиот план за човечки ресурси заедно со фискалните импликации, идните активности кои произлегуваат од акцискиот план во однос на зајакнување на секторот за човечки ресурси, формирањето на персонални досиеа, обуката на кадарот, активностите во насока на обезбедување на кохерентна обука за полицијата и надминувањето на проблемот со полициска академија.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање, какоо и одговори од македонска страна:

- Поздравен е напредокот постигнат во оваа област.

- Проценка за постигнатите резултати ќе се направи во неделите што следат, согласно доставените материјали и нивните сознанија од терен.

- Побарани беа појаснувања во однос на запознавањето на припадниците на полицијата со содржината на Правилникот за полициско работење во однос на плановите за носење и дисеминацијата на Оперативно упатство.

- На прашањето на ЕК по однос на тоа кога се планира да заврши обуката на полицајците во однос на Правилникот за полициско работење беше одговорено дека обуката која се состоеше од 6 фази е завршена.

- Побарано е да се достават најнови податоци во однос на правичната застапеност- МВР ги презентираше последните податоци за правичната застепеност во МВР на средните и раководните нивоа.

- На прашањето дали финансиските средства предвидени со Акцискиот план ќе бидат обезбедени со Буџетот, МВР одговори дека активностите од АП се предвидени со Стратешкиот план на МВР со што истите ќе бидат финансиски покриени.

- Во однос на Полициската академија, беа побарани детали околу практичната поделба меѓу Центарот за обука и Факултетот за безбедност, при што од страна на МВР беше дадено уверување дека веќе е направена точна поделба на имотот.

ЕК го поздрави напредокот постигнат во спроведувањето на Законот за полиција, особено во однос на воведувањето на системот за управување со човечки ресурси и назначувањето на командирите на полициските станици. Сепак, беше нагласена потребата од понатамошно подобрување во однос на обезбедување на професионални стандарди на територијата на целата земја и обезбедување во иднина полицијата да не биде вклучена во изборните инциденти.

Спроведување на реформите во правосудството

Во нашето излагање (Министерство за правда) беа истакнати следниве прашања:

- Управниот суд и Вишото јавно обвинителтсво во Гостивар се целосно функционални (обезбедена е опрема и човечки ресурси. Бројот на судии во Управниот суд беше зголемен

7

за три нови судии). Решен е голем заостаток од управни спорови во период од 8 месеци (сите стари случаи од 2002, 2003 и 2004 година);

- Со ребалансот на Буџетот за 2008 година судскиот буџет е зголемен за 8% и буџетот на Академијата за обука на судии и обвинители за 15%;

- Советот на јавни обвинители е оперативен – сите членови се избрани и започна да работи. Донесени се одлуки за определување на бројот на обвинители во јавните обвинителства и распишан е конкурс за избор на обвинителите во Вишото јавно обвинителство во Гостивар и Основното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција;

- Судскиот совет е целосно функционален и ги врши новите овластувања – избрани се 114 судии и 11 претседатели на судови и разрешени се 8 судии и 1 претседател на суд;

- Системот за обука на судии и обвинители преку Академијата е целосно имплементиран – се одвива континуирана обука и инцијална обука на две генерации на кандидати за судии и обвинители;

- Во тека на реализација се неколку мерки од ИТ Стратегијата за правосудство – постои елетроско заведување и дистрибуција на судски предмети; извршено е опремување и обука за вработените во судските писарници; унифицирани се номенклатурите; распишан е тендер за интернет во сите судови и во тек е реализација на тендер за воспоставување на Автоматизиран систем за управување со предмети;

- Извршено е усогласување на 182 закони со Законот за прекршоци

- Бројот на нови случаи во првите 6 месеци од 2008 година е намален за 40,6% споредено со 2006 година и бројот на нерешени предмети е намален за 13,4% за истиот период;

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање, како и одговори од македонска страна:

- Важно е да се обезбеди непречено функционирање на новите судски структури;

- Да се продолжи со јакнење на кадровкиот потенцијал на Управниот суд и Вишото Јавно обвинителство во Гостивар;

- Без одлагање да се пополнат испразнетите места во Јавните обвинитеслтва што би придонело за зголемена ефикасност;

- Во врска со Законот за јавно обвинителство Годишниот извештај ќе содржи оценка за спроведувањето на зајакнатата улога на обвинителите во истрагата и употребата на следењето на комуникациите;

- Се истакна потребата од обезбедување на кохерентна буџетска рамка за судовите - да се обезбеди економска независност и соодветни човечки ресурси;

- На прашањето на ЕК околу компјутеризацијата на судовите беше потврдено дека целосно функционира електронската алокација на предмети во судовите;

- Во врска со зајканатата улога на обвинителите во истрагата се најави дека реформата на кривичното законодавство предвидува нејзино понатамошно проширување;

Во врска со капацитетот на Управниот суд да се справи со приливот на предмети од наша страна беше истакнато реализираното зајакнување на судот со дополнителни 3 судии. Претсадавачот од Македонска страна истакна дека намерата е да се намали притисокот врз Управниот суд и преку подобрување на квалитетот на донесување на управни акти (во прв степен).

На прашањето за статусот со именувањето на преостанатите 2 судии во Уставниот суд беше најавено дека истиот ден (18.09) предлозите на Претседателот биле испратени до Собранието.

Копретседавачот од Европска страна искажа заклучок дека е постигнат импресивен напредок во делот на правосудството судејќи според презентираните податоци.

Спроведување на антикорупциското законодавството

8

Во излагањето на претставникот од МП беше подвлечен напредокот во реализацијата на одредницата, поточно беше акцентирано следното: донесувањето на АП на Владата за борбата против корупцијата, изработката на буџетските импликации на Акцискиот план на Владата, имплементацијата на препораките на ГРЕКО/Совет на Европа од вториот круг, усвојувањето на планот со конкретни чекори во поглед на поврзување на базите на податоци и фискалните импликации по истиот, измените на Изборниот законик во врска со финансирање на политичките кампањи, усвојувањето на Законот за кривична постапка и Законот за следење на комуникациите, донесувањето на Државната програма за спречување на судир на интереси, измени на КЗ со цел воведување одредба за несоновано богатење, податоци за испитување на материјалната и имотната состојба, податоци за спроведување на законитe и соработка меѓу институциите.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање, како и одговори од македонска страна:

- Потребна е континуирана работа во насока на постигнување на интероперабилност на базите на податоци меѓу органите за спроведување на законот бидејќи претставува многу значајна работа и понатамошно зајакнување на капацитетите на органите за спроведување на законот

- Се очекуваат измени на КЗ заради воведување одредба за неосновано богатење (од наша страна беше објаснето дека РГ работи на ова прашање во соработка со судии и обвинители и дека во тек се консултации со Канцеларијата на ОН за криминал и дроги, а дека во меѓувреме се преземаат мерки согласно Законот за спречување на корупција и Законот за персонален данок)

- Потребни се активности во насока на изменување на законодавството за финансирање на политичките кампањи и политичките партии (да се земат во предвид и забелешките на Државниот завод за ревизија), при што беше нагласено дека измените во законодавството ќе бидат будно следени имајќи ги предвид препораките на ОДИХР.

Од наша страна беше објаснето во која насока се измените на Изборниот законик согласно препораките на ОДИХР, поточно: поднесување на финансиски извештај од страна на организаторот, податоци за даватели на донации, постапување по извештаите изготвени по изборната кампања, измени по однос на презентирањето на изборните кампањи од страна на радиодифузерите – времетраењето, донесување програма од страна на Советот за радиодифузија која ќе биде трајна и ќе важи за сите видови избори, предвидена е обврска од страна на радиодифузерите да го објават ценовникот, предвидени се соодветни санкции за непочитување на овие одредби).

Ко-претсадавачот од Европска страна ги истакна следниве 3 клучни укажувања: 1. Соработка меѓу органите задолжени за борба против корупцијата (ДКСК и останатите)

се соочуваат со потешкотии имајќи предвид дека секој орган има свои конкретни активности - борбатa против корупцијата не е толку ефикасна поради недоволното ниво на соработка

2. Важно е да се подобри донесувањето и ефективното спроведување на судските одлуки 3. Финансирање на политичките кампањи и политичките партии - се очекува системот кој

ќе се воспостави и надгради врз основа на препораките на ОДИХР да обезбеди заштита на телото кое ќе ја регулира оваа област, со цел да може да се справува со нерегуларностите.

Имплементација на Законот за државни службеници

Во излагањето на претставникот од АДС беше истакнат напредокот во насока на целосно спроведување на Законот за државните службеници: имплементација на Главата IV од ЗДС-системот на плата и надомeстоци на плата, извршената Анализа на ЗДС врз основа на која се увидени позитивните страни и слабостите при спроведување на Законот, управувањето со човечките ресурси (воспоставување на одделенија и нивно екипирање) и обуките на државните службеници.

9

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање:

- ЕК и ОЕЦД имаат воспоставено посебен инструмент СИГМА, чии што заклучоци се вклучени во Извештајот за напредокот. До сега немаме добиено податоци за постигнат напредок за елиминирање на политичкото влијание во вработувањето и кариерниот напредок. ЕК има впечаток дека не се преземени чекори во таа насока, ниту квалитативна иницијатива на овој план. СИГМА охрабрува во насока на воведување нови мерки, особено нови надлежности на АДС за воспоставување на систем на заеднички и професионални критериуми при секое вработување.

- Впечаток дека е зголемен бројот на незаконски унапредувања и деградирања (беше побарано појаснување по однос на ова)

Од наша страна беше истакнато дека во споредба со 2005, 2006 и 2007, во 2008 се забележува намалување на бројот на незаконски унапредувања за 10 пати, а постапката на вработување се спроведува на начин кој обезбедува мерит. Исто така од наша страна беше објаснето дека се работи на измени на ЗДС врз основа на Анализата и коментарите на СИГМА (кои во голема мера ги поддржуваат констатациите од Анализата) и се очекува првиот нацрт да биоде готов до октомври.

Ко-претседавачот од страна на ЕК повторно нагласи дека политизацијата во земјата и во целиот регион се уште претставува проблем. Потребно е обезбедување квалитет и независност на администрацијата и одржување на континуитет што е од особено значаење за процесот на евроинтеграција.

Заклучни согледувања

Ко-претседавач од ЕУ страна: Многу често ЕК во медиумите среќава дека реформите во полицијата, правосудството и анти-корупцијата мора се спроведуваат заради Брисел (ЕУ). Владата да се труди во комуникацијата со граѓаните, без разкика на критериумите за пристапување во ЕУ и извештаите на ЕК за напредокот, да индицира дека реформите во овие области се прават не првенствено како барање на ЕК туку превенствено како интерес на граѓаните и на земјата (без двоумење граѓаните сакаат функционален судски систем, не сакаат заостаток од милион предмети во судовите и сакаат ефикасна, непристрасна полиција итн.).

Претседавачот од македонска страна искажа согласување со укажувањето. Истото било дел и од воведното излагање на Заменик претседателот на Владата.

4.2. Економски критериуми

ЕК ја охрабри Владата да одржува понатамошна соработка со ММФ имајќи го предвид влошувањето на општата економска состојба во меѓународни рамки. ЕК препорача продолжување на соработката од причини што прудентните ММФ аранжмани обезбедуваат гаранција дека фискалната програма се движи во права насока и воедно служат како инструмнет за финансика сигурност во средина која динамичо се менува. ЕК потенцираше дека надлежните во РМ можат и треба да ги користат експертизата и квалитетниот know how од соработката со ММФ .

Во нашето излагање (МФ) беше истакнато дека РМ ќе ги земе во предвид укажаните сугестии при утврдувањето на ставот на Владата за ова прашање.

4.2.2. Структурни реформи

Во нашето излагање (МФ) ги презентираше клучните достигнувања во областите подложни на структурни реформи: подобрување на деловната клима (регулаторна реформа, влез и излез од

10

пазарот, приватизација, катастар на недвижности) реформи во судството, изградба на инфраструктура , реформи во здравство и реформи во јавните финансии).

При тоа, беше ставен акцент на клучниот приоритет кој се однесува на зајакнување на општата деловна клима со дополнително владеење на правото, зајакнување на независноста на регулаторните и надзорни тела, забрзување на правните постапки и продолжување на регистрацијата на имотните права.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање

- Беше поздрави напредокот и главните подобрувања на бизнис климата, потенцирајќи ги како особено позитивни напредокот во регистрација на бизнис и парничната постапка.

- Се потенцираше дека евидентена е висока невработеност од една страна и порастот на ивестиции од друга страна. Правната сигурност, стабилна и транспарентна правна рамка се особено важни за правилно спроведување на договорите со инвеститорите. (Како пример беа посочени поплаките од ЕВН дека правилата на игра се променети , дека евидентен е огромен број на неплатени сметки за струја и значителен обем на крадење струја. Доколку овие жалби се точни, вредноста на процедурите за брз и едноставен влез на пазарот е лимитирана, бидејќи вршењето на дејност во таква средина може да биде особено тешко.)

- Беше нагласена потребата од континуирано подобрување на статистичкиот систем.

- Европската комисија нотираше дека напредокот во одредени области не ги компензира слабостите во други сектори. За функционална пазарна економија потребно е сите сектори да се доволно функционални.

- Беше напоменато дека пазарот на труд и институционалните капацитети се области каде е потребен поголем напредок.

Во однос на изнесеното од страна на Европската комисија, претседавачот од македонска страна изјави дека Република Македонија се придржува кон договорите кои ги склучува, а истото се очекува и од прудентните инвеститори. Исто така, нагласи дека во правниот систем во РМ веќе ефикасно функционира механизмот на извршување преку извршители, што е евидентно преку обемот на постапувања. Воедно, РМ презеде обврска да достави повеќе податоци за спроведувањето на Законот на извршители во следното ажурирање на Извештајот за напредокот на РМ.

4.2.3. Имплементација на Партнерството за пристапување, со фокус на Главните приоритети

Во нашето излагање (МФ) го презентираше напредокот по однос на клучниот приоритет, кој се однесува на намалување на препреките за создавање нови работни места и невработеноста кај младите и кај лицата што се невработени на подолг период.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање

- ЕК нотираше значителен напредок при адресирање на клучните приоритети (одредници), особено реформата на социјалните придонеси. ЕК нотираше одреден прогрес во однос на мерките за пазар на труд.

- Напредокот во стручното образование и обука според потребите на пазар на труд е разочарувачки.

- ЕК нотираше значителен напредок во подобрување на бизнис климата (воспоставувањето на РИА, спроведувањето на Регулаторната Гиљотина, олеснетото затварање на компаниите), но напомена дека мерките во одредени области не се доволно адресирани (олеснување на царинските постапки и обезбедувањето на независност на регулаторите).

Во однос на изнесеното од страна на Европската комисија, РМ нагласи дека со Измените на Законот за извршување на буџетот се елиминира обврската регулаторните тела да бараат

11

согласност од Министерството за финансии за нови вработувања, со што дополнително се зајакнува независноста на регилаторите. Во однос на стручното образование и обука МФ напомена дека подготвена е анализа на потреби од вештини на пазарот на труд во РМ, континуирано се спороведуваат активни мерки на пазар на труд и дека резулататите врз подобрување на состојбата со невработеноста се очекуваат во иднина.

4.2.4. Претпристапна економска програма

По однос на оваа точка Европската комисија повика на генералната оценка по однос на вториот ПЕП 2008-2010 кој РМ го достави до надлежните служби на ЕК во утврдениот рок на 1 декември 2007. (ПЕП беше дискутиран на Советот за економско-финансиските прашања (ЕКОФИН) и презентиран на министерски состанок на кој учествуваат и министрите од земјите кандидати.)

Во нашето излагање (МФ) потенцираше дека при подготовката на ПЕП 2009-2011 ќе бидат земени предвид новите упатства од ЕК за подготовка на ПЕП, и ќе се запази новиот рок за достава на истиот до ЕК (31 јануари 2009)

4.3. Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА)Во своето излагање македонската страна најпрво се заблагодари на добиените коментари од страна на ЕК кои беа доставени еден ден пред одржување на Комитетот. Беше истакнато дека коментарите ќе претставуваат добра основа за продлабочување на дијалогот со службите на комисијата и иницирање на натамошни технички состаноци.

Во натамошната презентација беа дадени одредени аспекти на НПАА ревизијата 2008. Македонската страна нагласи дека главна задача при ревизијата на НПАА беше да се дизјанираат активности и определат ресурси за имплементација на приоритетите од Партнертсвото за пристапување, како и да се адресираат недостатоците нотирани во Извешатајот на ЕК за 2007 година. Посебен предизвик на ревизијата на НПАА 2008 година беше натамошно инкорпорирање на acquis во националното законодавство и во отсуство на скрининг да се анализира влијанието на ЕУ мерките, како и планирање на ресусри за нивна имплементација. Беа посочени областите со интезивни активности на приближување на законодавството и активности за јакнење на административни капацитети. Натаму, македонската страна информираше за развиениот мониторинг систем за вработувањата според НПАА, земајќи ги во предвид комплексноста на поглавјата и функциите кои треба да се извршуваат.

Беше нагласен трендот на зголемување на буџетот насочен кон активностите на НПАА и препознавањето на кофинансирачката улога на Владата во ИПА програмите.

Во продолжение, македонската страна ги презентираше досегашните резултати од имплементацијата на НПАА. Нотиран е напредок во имплементацијата на приоритетите од Европското партнерство. Беше нагласено дека институциите прават огромни напори за подобрување на статистичките показатели во однос на спроведувањето на законите.

Исто така беа презентирани заложбите на Владата за зајакнување на структурите надлежни за управување и координација на процесот на европска интеграција; реактивирањето на работниот комитете за европска интеграција и освежување на составот на РГ и натамошно усогласување на нивната структура со структурата на поглавјата на европското законодавство. Беше истакната и соработката со собраниската комисија за европски прашања.

Македонската страна информираше и за идните планови во однос на НПАА. Во тој контекст беше нагласено дека се планира натамошно подобрување на процесот на планирање и конзистентност со планирањето на буџетот, стратешките планови и ИПА, натамошно јакнење на административните капацитети во насока на подготовка за процесот на преговори за пристапување на РМ во ЕУ.

Претставниците на ЕК ги поздравија активностите кои се превземни во насока на зајакнување на структурите надлежни за управување и координација на процесот на пристапување во ЕУ. ЕК

12

ги охрабри македонските институции да ги користат поткомитетите за продлабочување на дијалогот во однос на acquis.

Македонската страна изјави дека и покрај отворената можност за дискусуија со ЕК на состаноците на поткомитети и технички состаноци, тие сепак не можат да го заменат систематскиот приод на објаснување на европското законодавство во рамките на скрининг процесот.

4.4. Финансиска помош4.4.1. Инструмент за прет-пристапна помош – статусВо нашето излагање (СЕП) беше даден последниот статус за напредокот постигнат во делот на Инструментот за претпристапна помош.

Поминувајќи низ правната рамка на сите потпишани договори (рамковна спогодба, двете финансиски спогодби за ИПА компонента 1 за 2007 година и Финансиската спогодба за прекуграничната соработка со Република Албанија), најавувајќи го брзото потпишување на Финансиската спогодба за прекугранична соработка со Бугарија и Секторската спогодба за ИПА компонента 5.

Од аспект на институционална поставеност беа споменати сите институции кои имаат надлежности и компетенции во сите пет ИПА компоненти со посебен акцент на целокупната одговорност на НИПАК во делот програмирање и мониторинг и евалуација. Оттука главните постигнувања во изминатиот едногодишен период, во служба на НИПАК се: зајакнување на координативната улога, зголемување на сопственоста и одговорноста на крајните корисници, посистематско планирање на националното ко-финансирање, редовни консултации со ДЕК, навремено започнување на процесот на програмирање, подготовка на прирачници за програмирање и мониторинг за сите ИПА компоненти, координација со МФИ, невладин сектор и ЕУ земји членки, но и воведување на нова организациона единица во Секторот за координација на ЕУ фондови и останата странска помош односно Одделението за мониторинг и евалуација на ЕУ програми.

Во однос на ИПА компонента 1 на вчерашниот состанок на ТАИБ комитетот беа дискутирани во детали оперативните програми за 2007 и 2008 година, поконкретно започнувањето на имплементацијата и проблемите кои мора да се адресираат за нормално спроведување на помошта, очекувањата Оперативната програма за 2008 година да се одобри на крајот од септември 2008 а Финансискиот договор да се потпише до крајот на годината, како и напредокот во процесот на програмирање на Оперативната програма за 2009 година којшто е моментален предизвик на НИПАК и СЕП. Во однос на втората компонента нагласени беа следниве активности: потпишување на Финансискиот договор за прекугранична соработка со Бугарија, одобрувањето на Оперативната програма за прекугранична соработка со Грција, започнување на првиот повик за предлози за прекугранична соработка со Албанија, досегашните реалокации на средствата од северната граница и очекувањето истото да се случи со средствата за 2009 година и учеството на РМ во Транснационалната програма за ЈИЕ.

Во рамките на ИПА компонената 3 Регионален развој од големо значење е позитивниот одговор од грчка страна за заокружување на финансиската конструкција за коридор 10 како и финализирањето на ИПА апликациите на двата инфраструктурни проекти и нивно доставување до ЕК.

За зајакнување на капацитетите на надлежните институции за имплементација на ИПА компонента 4 Развој на човечки ресурси од големо значење е зајакнување на системот за управување и контрола преку средства од фондовите за техничка помош. Подготовка на ваков тип на проекти е во соработка со ДЕК.

За овие две компоненти ВРМ очекува одговор на поставените прашања на семинарот за објаснување на одредбите од финансиската спогодба што беше организиран од Бриселската администрација во текот на јули 2008 и воедно ги поканува претставниците на ГД за регионална политика и за вработување да остварат мисија во РМ за да се сретната со надлежните институции и поконкретно да дискутираат за сите отворени прашања во врска со Финансиските спогодби.

За ИПА компонента 5 Рурален развој од исклучително значење е брзото усвојување на модификациите на ИПАРД програмата, потпишувањето на Секторската спогодба како и

13

успешното спроведување на ревизорската мисија на ГД за земјоделство и рурален развој кон крајот на септември 2008 година.

Функцијата мониторинг во службите на НИПАК ја спроведува новоформираното Одделение за мониторинг и евалуација на ЕУ програми кое го подготви Прирачникот за мониторинг за сите 5 компоненти, како и организацијата на првиот состанок на ТАИБ комитетот. Првиот Заеднички мониторинг комитет за сите пет ИПА компоненти се планира да се организира кон крајот на годината.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање Првиот состанок на ТАИБ мониторинг комитетот беше доста успешен од аспект на

размена на информации за статусот на имплементација на ОП за 2007, плановите за одобрување на ОП за 2008 како и резулатите од програмирачката мисија на ГД за проширување во насока на поконкретно дефинирање на ОП за 2009 година

ТАИБ состанокот беше организиран според одредбите од ИПА регулативата за спроведување согласно централизираното управување од страна на Бриселската администрација и тоа ќе биде случај се додека ЕК не донесе одлука за пренесување на надлежностите на ДИС системот во РМ

НИПАК треба да ја зголеми сопственоста над донаторската помош во РМ

Финансиката спогодба за прекугранична соработа со Бугарија да се потпише што поскоро

Претставникот од ГД за регионална политика истакна дека Финансиските спогодби ќе се потпишат штом одлуката за пренос на надлежности се донесе од страна на ЕК но сепак двете апликации за големите инфраструктурни проекти е подобро да се достават во најскоро можно време. Исто така ја најави мисијата на двете надлежни ГД-ти на почетокот на октомври за дообјаснување на Финансиските спогодби за 3 и 4 компонента.

Владата на Република Македонија го гради системот на донаторска координација од 1996 година и како и секој друг циклус и овој си има напредоци и падови но охрабрувачки е што сега овој процес е во нагорна линија.

На крајот, СЕП даде дополнително објаснување во врска со потпишувањето на Финансиската спогодба за прекугранична соработка со Бугарија, истакнувајќи дека Владата го овластила НИПАК да ја потпише спогодбата а останува само да се договори терминот на потпишувањето во консултација со амбасадорот Фуере.

Преземена обврска: Секретаријатот за европски прашања ќе го достави по писмен пат материјалот за имплементација на останата донаторска помош до ГД за проширување.

4.4.2. Процес на децентрализација на управување со ЕУ помошта и акредитација на структурата за ДИС – статус; Процес на целосна децентрализација на управувањето со ИПАРД и акредитација на ИПАРД Платежната агениција- статус

Во нашето излагање (МФ) го презентираше најновиот стаус за оваа точка осврнувајќи се на институционална поставеност на сите неопходни ДИС структури, каде оперативната структура за првите четири компоненти е во рацете на CFCD од аспект на тендерирање, склучување договори и исплати а ИПА одделенија во сите министерства се формирани со надлежности околу програмирањето, техничкото спроведување и мониторинг на имплементацијата на проектите финансирани од ЕУ.

Оперативната структура за 5-тата компонента е составена од Орган за управување при МЗШВ и Агенција за финансиска поддршка на земјодество и рурален развој т.н. ИПАРД Агенција.

Правната рамка е во финална фаза на заокружување имајќи ги предвид договорите за спроведување помеѓу НАО/НФ и ЦФЦД, оперативните договори меѓу оперативната структура и ИПА координаторите и СПО-та од сите надлежни министерства, договорот за делегирање на надлежности за регионален развој за коридор 10 и договорите за спроведување помеѓу НФ и

14

ИПАРД, НФ и Органот за управување. Истотака, беа спомена потпишаните банкарски протоколи за сите 5 компонети, Меморандумот за разбирање за превенција, детектирање, известување и истражување на нерегуларности, интерниот прирачник со процедури за ЦФЦД и НФ, како и прирачникот со процедури за улогата и надлежностите на НАО. За подобро спроведување на ИПА помошта преку ДИС системот од исклучително значење се Прирачникот за улогата и надлежностите на Националнио службеник за акредитација, Водичот за имплементација на програми за линиските министерства, прирачникот за процедури за СПО/ИПА координатори за 1, 3 и 4 ИПА компонента, Внатрешниот прирачник со процедури за НАО и НФ за потребите на 5-тата компонента, како и прирачниците подготвени од страна на Органот за управување и ИПАРД агенцијата кои ќе треба да се достават до НАО за официјално да бидат одобрени.

Во насока на јакнење на административните капацитети спроведена е анализа на обемот на работа и во структурите на ДИС системот во МФ, во линиските министерства и во СЕП. Согласно резулататите од оваа анализа потребни се уште 2 нови вработувања во ЦФЦД до крајот на 2008 за да се достигне оптималната бројка од 20 вработени, а во НФ бројот на вработени е остварена оптималната вработеност од 8 вработени. Дополнително подигната е организационата структура на НФ. Имено во негова надлежност се две одделенија за финансико управување на ИПА фондови и за финансика и систем контрола на ИПА фондови а НФ е унапреден во помошник раководител на Секторот трезор во МФ. Моменталната состојба во ИПАРД e 65 вработувања. Анализата на обемот на работа спроведена во линиските министерства и директниот мониторинг од ВРМ ќе овозможи да се следи пополнувањата на работните места во истите. Истотака беше информирано и за направената проценка на потребите за обука како и спроведувањето на програмата за обука со поддршка на КАРДС проектот за ДИС во МФ, како и обуките што ги добива во континуитет ИПАРД агенцијата преку КАРДС проектот за подигнување на капацитетот на оваа агенција.

ВРМ се наоѓа во третата фаза во процесот на исполнување на обврските за пренесување на надлежностите за ДИС системот. Тоа е фазата на проценка на усогласеноста на која и предходеше фазата на самопроценување за којашто Секторот за внатрешна контрола при МФ подготви извештај. Фазата на оценка на усогласеноста започна во текот на месец август 2008 година. Извештајот треба да биде подготвен до крајот на октомври и доколку се позитивни наодите на ревизорите во ноември 2008 се очекува национална акредитација. Пакетот за акредитација за пренос на надлежностите треба да се поднесе до крајот на ноември 2008 до службите на ЕК.

Сличен е планот за 5-тата ИПА компонента. Имено за оваа компонента само што е завршен извештајот за самооценување, а фазата на проценка на усогласеноста треба да започне во средината на октомври 2008 година. Според начелниот план во ноември се очекува заокружување на националната акредитација, а до крајот на ноември пакетот со апликација ќе биде доствен до службите на ЕК.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашањеЕК се заблагодари на јасната презентација на статусот и ја истакна комплексноста на овој процес, како и големиот обем на работа којшто е завршен во изминатата година-две. Но ЕК ги очекува наодите од извештајот за проценка на усогласеноста, надевајќи се на позитивен исход. ЕК ја охрабри ВРМ во преостанатиот период квалитетно да ги адресира сите можни слабости кои би биле идентификувани при ревизорската мисија и истите веднаш да ги адресира, како би се овозможило наредните планирани чекори (национална акредитација, доставување на апликација за акредитација, мисија од страна на ЕК за верификација и конечно доделување на акредитацијата некаде кон средината на 2009 година) да се одвиваат според планираната динамика. На почеток на 2009, ЕК ќе ја превземе својата работа во испитување на сите детали за да донесе позитивна одлука за пренос на надлежности. За компонентата 5, ЕК информираше дека се очекуваат резултатите од претстојната мисија на ГД за земјоделство и рурален развој, како и наодите од извештајот на надворешните ревизори ангажирани да направат проценка на усогласеноста.

На крајот РМ се заблагодари на сестраната поддршка во изминатиот период од Бриселската администрација и ДЕК.

Заклучни согледувања

15

ЕК ги очекува извештаите од надворешните ревизори за статусот на подготовка на ДИС структурите за првите четири компоненти и за целосно ДИС за 5-тата компонента за да го оцени напредокот на администрацијата во своите заложби за спроведување на ИПА.

4.4.3. Преглед на учеството во Програмите на Заедницата и Агенциите

Во нашето излагање (СЕП) беше даден преглед на процесот на пристапување на РМ кон Програмите и Агенциите на Заедницата имајќи ги предвид четирите меморандуми за разбирање кои се потпишани, четири МзР во завршна фаза на преговори, еден во иницијална фаза на преговори и петте Меморандуми за разбирање кадешто се очекува почеток на преговори во многу брзо време. Истотака беа презентирани финансиските средства за уплата на влезните билети од сите извори на финансирање. Учеството на Република Македонија во Агенциите на Заедницата ќе биде финансиски подржано преку ИПА повеќегорисничката програма а досега се остварени иницијални контакти со 7 агенции од каде се очекува одговор за пристапување.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање

Претставниците на ЕК упатија јавна благодарност до СЕП за помошта во процесот на изготвување на договори за враќање на срествата кои се уплаќаат од страна на РМ како влезни билети и за брзите и навремени одговори. РМ беше оценета како една од првите земји која ги искористи можностите за учество во Програмите и Агенциите на Заедницата, овозможени во рамките на Солунската Агенда од 2003 година. ЕК изрази задоволство од бројот на програми кои се активни, потенцирајќи дека механизмот за учество е веќе воспоставен и предизвикот е сега само да се дополнува листата. Честитајќи и на РМ за досегашните успеси во полето на учество во Програмите и Агенциите на Заедницата, од ЕК искажаа уверување дека многу скоро се поголем број на граѓани на РМ ќе можат вистински да ги почуствуваат користите од членувањето на РМ.

Претседавачот на КСА Јорданова Ристевска потврди дека можноста за учество на невладиниот сектор и бизнис заедницата во проекти преку Програмите на Заедницата е корист која треба да се почувствува во наредниот период.

ЕК информираше дека исплатата на учеството на РМ одсега натаму ќе се прави во соработка со Делегацијата на Европската комисија во Скопје.

4.4.4. Преглед на статус на имплементација на на КАРДС програматаЕвропската агенција за реконструкција го презентираше статусот на имплементација на ЕУ помошта и процесот на трансферирање на надлежности од страна на ЕАР во ДЕК. ЕАР нагласи дека сите проекти заклучно со КАРДС 2004 година се затворени и досиејата префрлени во ДЕК, во текот на летото 2008. Досиејата за отворените проекти од КАРДС 2005 и 2006 ќе се предадат од ЕАР на ДЕК до крајот на септември 2008, откога ДЕК официјално ја превзема обврската за финализирање на овие проекти во соработка со македонската Влада. Истовремено, од ЕАР беше информирано дека за сите преостанати средства се потпишани договори, а поголемиот дел од договорите се веќе исплатени.

Конечно, од страна на ЕАР беше искажана јавна благодарност до македонската влада за партнерскиот однос во спроведувањето на околу 350 милиони евра и посака понатамошен успех во довршувањето на преостанатите КАРДС проекти.

благодарност до ЕАР за нивната сестрана ангажираност во изминатите години беше упатена и од страна на ЕК и од страна на македонската влада.

16

5. Имплементација на Сподбата за стабилизација и асоцијација (ССА)Претседавачот информираше дека Собранието на Република Македонија го ратификуваше Протоколот кон Спогодбата за стабилизација и асоцијација за да се земе предвид проширувањето кон Бугарија и Романија , по што ќе следи нотификација и влегување во сила.

5.1. Иницирање на втората фаза на имплементација на ССА

Во нашето излагање беа презентирани активностите преземени со цел да се иницира втората фаза на ССА.

Во текот на февруари 2008 год, Владата во насока на имплементацијата на Спогодбата во делот од Глава III, V, VI и VII за време на првата фаза (член 5(1) од ССА) и во согласност со член 5(3) од ССА, според кој по четири години по влегување во сила на Спогодбата, Комитетот за стабилизација и асоцијација ќе одлучи за преминување во втората фаза, достави барање за иницирање на втората фаза на ССА.

Владата ги достави Одговорите на прашалникот за иницирање на втората фаза на ССА на 1 јули, 2008, по барање на Европската комисија за прашања поврзани со правото за основање, давање на услуги, взаемно признавање на професионалните квалификации, тековните сметки и движењето на капиталот (Глава V од САА). Во август, заради напредокот во овие области, беа доставени дополнувања на одговорите. Повеќето од овие прашања ја надминуваат реализацијата на обврските од првата фаза.

Комисијата изрази благодарност за добиените одговори и за барањето да се иницира втората фаза на ССА. Беше нагласено дека тоа е индикација за напредокот на земјата и ја покажува определбата зa интеграција. Нагласи дека дополнителни прашања ќе бидат доставени заради одредени појаснувања на одговорите. Европската комисија ќе направи евалуација и ќе заземе став во однос на подготвеноста на земјата за да препорача одлука за преминување во втората фаза на ССА.

Владата побара да се интензивира дијалогот и консултациите по пат на технички состаноци во блиска иднина, со цел преминување во втората фаза на ССА што беше прифатено од страна на претставниците на Комисијата.

Се заклучи да се интензивира дијалогот и консултациите по пат на технички состаноци при што првиот да се одржи во октомври 2008 год. со цел Советот за стабилизација и асоцијација што побрзо да донесе одлука за преминување во втора фаза на ССА.

5.2. Правда, слободa и безбедност

5.2.2. Визна политика: Имплементација на Спогодбата за олеснување на издавање визи и дијалог за визна либерализација Во нашето излагање, претставникот на Министерството за надворешни работи најпрво се осврна на напредокот кој од минатата година е постигнат во однос на законската рамка, вклучувајќи ги и последните предложени измени на Законот за странци согласно кои државјаните на земјите членки на ЕУ ќе можат на територијата на Република Македонија да влегуваат само со лични карти. Беа дадени податоци и за актуелниот визен режим на РМ, планот за хармонизација со визниот режим на ЕУ и последната одлука на Владата за целосно усогласување со „позитивната„ листа на ЕУ. Во однос на институционалните и административни капацитети излагачот се осврна на функционирањето, опременоста и административниот капацитет на Националниот визен информациски систем и Визниот центар.

Во врска со имплементацијата на Договорот за визно олеснување беше побарано одржување на уште еден состанок на Заедничкиот Комитет за визно олеснување до крајот на 2008 година.

17

Во однос на визната либерализација беше побарано дијалогот да се индивидуализира согласно резултатите на секоја земја и Европската комисија до крајот на годината да ја одреди правната рамка за визната либерализација.

Европската комисија по однос на дијалогот за визна либерализација го истакна следното:

- Постои навистина блиска соработка меѓу ЕК и Република Македонија во оваа област

- Беше поздравен про-активниот приод на Република Македонија во однос на доставувањето на двата извештаи за степенот на реализација на Патоказот за визна либерализација, како и континуираниот прогрес кој се прави во оваа област.

- Во тек е анализа и оцена на доставените податоци и во средината на Ноември можеме да ја очекуваме првата проценка за визниот дијалог на Европската комисија.

- Во ноември- декември, доколку има потреба ќе се организираат оценски мисии за точно определени области како и технички состаноци.

- Одредувањето на правната рамка за визна либерализација не е предвидено за крајот на годината. Укинувањето на визниот режим може да се очекува во текот на 2009 година (со напомена дека станува збор за 12 месеци)

- Во однос обврската од покажување на патничко осигурување за влез во Република Македонија од страна на државјаните на земјите членки на ЕУ од страна на ЕК беше побарано практично и прагматично решение на ова прашање (евентуална промена на правилникот од Законот за странци кој ја пропишува оваа обврска). Од наша страна беше одговорено дека обврската произлегува од Законот за странци, кој е во согласност со европското законодавство и дека имаме обврска соодветно да ги спроведуваме законите.

- На прашањето кога се планира да влезе во сила одлуката за влез единствено со лична карта, беше одговорено дека измените на Законот за странци се во собраниска процедура и дека отпочнувањето на примената на оваа одлука може да се очекува до крајот на Октомври или во месец Ноември

По однос на олеснувањето на визниот режим дијалогот за визна либерализација ЕК истакна дека правилната имплементацијата на договорите за визна либерализација и реадмисија е во интерес и на ЕК. За таа цел, во контекст на визното олеснување, Комисијата има доставено прашалници до земјите членки за спроведувањето на одредбите од Договорот. Одговорите се очекуваат до крајот на септември, по што согласно добиените податоци ќе се изврши анализа и ќе се преземат дополнителни мерки за подобрување доколку е потребно. ЕК го потврди нашето барање за одржување на состаноците на заедничките комитети за визно олеснување и реадмисија до крајот на годината.

Воедно од страна на претседавачот од македонска страна беше побарано дијалогот на техничко ниво да биде попродуктивен и да се преземат сите активности во насока на правилна имплементација на визното олеснување бидејќи е од големо значење за македонските граѓани, а има и реакции од невладиниот сектор и од граѓаните, додека да се донесе одлуката за визна либерализација.

5.2.3. Реформа на полиција и борба против организиран криминал (Под оваа точка ќе се разгледува и прашањето за полициска академија)Во нашето излагање по однос на оваа точка беа изложени достигнувањата во оваа област во однос на унапредување на соработката со ЕВРОПОЛ, измените во законодавството во насока на усогласување на кривичните дела со меѓународните стандарди, пополнувањето на правните празнини во однос на употребата на специјалните истражни мерки, зајакнување на улогата на јавното обвинителство во истражната постапка итн. Понатаму, беа прикажани активностите во насока на јакнење на административните капацитети на надлежните институции, активностите за воспоставувањето на интегриран систем за криминалистичко разузнавање. Достигнувањата во областа на борбата против организраниот криминал беа презентирани по области, и тоа во областа на трговија со луѓе, компјутерски криминал и тероризам.

18

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање:

- Во однос на реформата на полциција беше повторено задоволство од последните настани кои се однесуваат на Полициската Академија и донесувањето на Стратегијата за човечки ресурси. Беше подвлечена важноста од спроведувањето на Стратегијата за човечки ресурси во однос на примена на развојот на кариера и принципот на заслуги (особено при унапредувања), односно обезбедувањето на независноста на полицијата. ЕК ќе ја следи имплементацијата на стратегијата и ќе оцени дали таа претставува основа за промени.

- Поздравен беше напредокот постигнат во областа на трговијата со луѓе, што е потврдено и во Извештајот на Стејт Департментот каде Македонија е сместена во група 1-на земји кои ги исполнуваат критериумите за борба против овој криминал. Овој извештај не ги има земено во предвид и измените во Кривичниот законик, поради што беше наведено дека сега РМ да се очекува и поголем напредок.

- На прашањето дали по успешно спроведените акции во 2007 во борбата против трговијата со луѓе се планираат слични акции и во 2008/09 година и дали се планираат акции во граничните предели, од наша страна беше наведено дека планот на МВР е за разлика од досегашниот пасивен приод (сознанија добивани преку жртвите на трговија со луѓе), во 2009 година да се применува про-активниот приод (профилирањена сторитетлите). Во однос на можни операции на границите, беше одговорено дека МВР согласно своите законски надлежноти не може да презема акции, но персоналот на граничните премини се обучува за распознавање на криминалците и жртвите при премин на границата.

- ЕК охрабрува да продолжиме со јакнење на капацитети во областа на заштитата на сведоци.

- Во однос на Законот за следење на комуникации беше истакнато следното: службите на ЕК се уште ги анализираат одредбите, но првичната оцена за законот е дека голем дел од пречките се надминати. Во наредниот период со особено внимание ќе се следи имплементацјата на законот, бидејќи согласно видувањата на ЕК, во законот не е сосема јасен балансот на надлежности, односно не е сосема јасно кој ќе биде службеникот кој ќе ја извршува наредба за следење на комуникации. Доколку има потреба, не треба да се исклучи можност од понатамошни усогласувања на законот, при што ревизијата предвидена со стратегијата за кривичното законодавство би била добра шанса за тоа.o Од македонска страна беше дадено следното објаснување: Следењето на комуникации

започна да се применува по донесувањето на подзаконските акти и усогласувањето со Законот за класифицирани информации. Во тек се 4 случаи. Со самата примена на мерката е констатирана недоследност во Законот за следење на комуникациите и постои потреба од нов Закон за следење на комуникациите. За Законот за кривична постапка постои посебна работна група која работи на делот за специјалните истражни мерки, каде подетално ќе биде регулирана и примената на следењето на комуникациите. Во однос на контролата беше истакнато дека во моментот МВР е тоа кое што ја применува мерката, но постои контрола од страна на истражниот судија и јавниот обвинител (на секои 30 дена се бара дозвола од ИС за продолжување на мерката- следење на комуникации). Се планира во иднина да се воспостави двојна контрола меѓутоа во моментот нема услови мерката да се применува кај Јавниот обвинител (услови ќе се воспостават кога истрагата ќе премине во рацете на јавниот обвинител преку новиот закон за кривична постапка, согласно Стратегијата). Беше наведено дека рокот даден во Законот за следење на комуникации е прекраток.

- На прашањето на ЕК дали постојат одредени планови за промена на локацијата на уредите за следење на комуникациите од Министерството за внатрешни работи во Јавното обвинителство, беше одговорено дека не е спорно дека мерката ќе ја применува ЈО, но истото се уште ги нема потребните капацитети за реализација на оваа активност.

5.2.4. Интегрирано гранично управување, миграција и азил19

Во нашето излагање беше истакнато дека имплементацијата на Стратегијата и Акцискиот план за ИГУ се во завршна фаза и согласно препораките се планира донесување на нови стратешки документи кои ќе го покријат периодот 2009-2011. Избран е Национален координатор на Националнито коррдинативен центар за гранично управувањњ, обезбедено е материјално-техничко опремување на просториите, донесен е деловник и 4 процесни правила со кои конкретно се уредува работењето на Центарот. Донесени се Стандардни оперативни процедури, во најголем дел усогласени со Шенгенскиот прирачник. Развиен е модул за основна обука на граничната полиција. Во рамките на Планот за специјалистичка и напредна обука спроведени се над 40 обуки за припадниците на граничната полиција. Иницирана е соработка со FRONTEX и изготевен е нацрт договор за соработка кој ќе биде потпишан до крај на 2008. Распишан е тендер за набавка на хардвер и софтвер за ИТ системот за интегрирано гранично управување (од националниот буџет) и инсталиран е и видео систем за надзор на граничните премини. На почетокот на годината започна со примена новиот Закон за странци и се издаваат исправи за странци со висока заштита. Спроведувањето на Договорот за реадмисија со ЕУ се одвива без проблеми. Во тек е изработка на Резолуција за миграционата политика (до крај на 2008 ќе се усвои од страна на Собранието). Прифатниот центар за баратели на азил е функционален. Усогласени се Законите за здравствена осигурување и за социјална заштита. Предвидена е измена на Законот за азил околу жалбената постапка.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање:

- Беше поздравена иницијативата за носење на нова Стратегија и Акциски план за ИГУ. Во однос на основната обука, добро е што таа ги опфаќа сите нови кандидати за гранични полицајци. Се искажа забелешка дека специјалистичките обуки вклучуваат само дел од припадниците на граничната полиција – да се вклучи што поширок круг на луѓе.

- Нотиран е недостаток на стручен персонал на граничните премини (некаде премногу за, некаде премалку). Се охрабрува мобилноста за да се надмине проблемот;

- Прашање: Дали се превземаат одредени активности во насока на охрабрување на мобилноста?

- Прашања од ЕК: временска рамка за политиката за интеграција на бегалци и странци? Кога се планира да бидат усвоени измените на Законот за азил и привремена заштита? Дали се планира ажурирање на Миграциониот профил изготвен минатата година? Кога ќе се формира централната база на податоци за странци (ќе вклучи аспект на визи, миграцијуа, азил), до каде е физибилити студијата и кога се планира вистинско функционирање на базата?

Објаснување од македонска страна во однос на прашањата:

- Сето она што ќе се направи со целокупните човечки ресурси ќе се однесува и на граничната полиција. Во однос на основната обука развиен е модулот за гранична полиција, методологијата е добра, и понатаму ќе се развива. Се прават верификации на специјалистичките програми за обука. Постои континуирана in-service обука. Континуирано се врши обука за процедурите за азил за сите припаднци на граничната полиција;

- Формирана е работна група (која во 2006 година го донесен Планот за постапување при масовен прилив на бегалци) која ја изработува Стратегија за интеграција на бегалци и странци со помош на експерти и се очекува најдоцна во ноември да биде усвоена.

- Измените на законот за азил и привремена заштита се изготвени и доставени до институциите на мислење. Се очекува истите да бидат доставени до Владата во месец октомври, по што ќе следи усвојување од страна на Собранието.

- Одделението за азил континуирано организира обуки за азил за граничната полиција и до крајот на оваа година се завршува циклус на обуки за граничната полиција.

- Во 2007 година изработен е миграционен профил од страна на ИОМ, а Резолуцијата за миграционата политика ќе вклучи ажуриран миграционен профил за земјата;

- Во однос на централната база странци, работната група од МВР и странски експерти од Норвешка го одржаа првиот состанок на 16.09.2008. Се очекува до крајот на оваа година да се изработи физибилити студија, а следната година да се пристапи кон изработка на базата. Првата фаза ќе биде финансирана со странска помош, а втората фаза од страна на МВР.

20

Заклучни согледувањаКо-претседавачот од ЕУ: Достигнат е значаен напредок, фокусот се префрла на имплементацијата. Клучен елемент за успех е добрата соработка помеѓу различните интитуции. Успехот ќе зависи и од доброто функционирање и независноста на правосудството. Напредокот во овие области ќе и помогне на државата во насока на исполнување на патоказот за визната либерализација. Свесни се за значењето на симнувањето на визниот режим за граѓаните на Македонија и за регионот. Се истакна уверување дека ова прашање ќе остане да биде приоритет за ЕУ и понатаму.

Ко-претседавачот од РМ: Уште еднаш се искажа огромната важност на визната либерализација за Република Македонија и важноста на целата област – правда, слобода и безбедност. Потсети на извештајот од оценската мисија во 2008 година, како и дека властите на многу нивоа биле инволвирани во континуирана дискусија и размена на информации со службите на ЕУ, при што се искажа уверување дека е постигнато задоволително ниво на доверба и соработка. Изрази уверување дека Европската комисија во тековниот мандат ќе го заврши проектот за визна либерализација кон Република Македонија.

5.3. Трговија, индустрија, царини и оданочување

5.3.1 Беше констатирано дека записникот е усогласен од двете страни, и истиот беше усвоен.

По повод усвојувањето на Записникот ЕК се осврна на некои прашања од деелокруг на Поткомитетот:

ЕК го поздрави постигнатиот напредокот во областа на царината, особено напредокот во приближување на законодавство, борбата против фалсификувани производи, како и напредокот во борбата против корупцијата и беше истакнато дека овој напредок ќе биде нотиран и во Извештајот за напредок што ќе се објави во ноември 2008 година, но беше нагласено дека е неопходно да се обезбеди стабилност на институциите што преставува клучен фактор за одвивање на реформите.

ЕК ја изрази својата загриженост за определени царински надоместоци кои не се во согласност со acquis, а за кои на поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување кој се одржа на 22 и 23 мај 2008 година, од наша страна било истакнато дека истите ќе бидат укинати (надоместоци за услуги кои се дел од редовното функционирање на Царинската Управа).

ЕК побара информација околу резултатите од анализата на царинските прирачници (customs blueprints) и се интересираше за развојот на NCDS системот (новиот систем за процесирање на царинските декларации, како и околу успешната имплеметација на новиот транзитен систем, кој ќе се финасира од ИПА 2008.

ЕК го поздрави приклучувањето во царинската програма ФИСКАЛИС 2013 и најави ИТ мониторинг мисија од страна на ГД Царина и Оданочување на ЕК за царинската и даночната администрација на РМ во текот на октомври 2008 година.

Во врска со законот за ТИРЗ беше позравено усвојувањето на законот за измени и дополнувања на законот но беше нагласено дека некои одредби се уште не се усогласени со acquis (чл. 42 од законот за ТИРЗ во врска со царинските олеснувања).

Од областа на оданочувањето ЕК го поздрави напредокот во областа, особено зголемување на наплатата на даноци, потпишувањето на новите договори за административна соработка и взаемна помош, новата стратегија за човечки ресурси и Кодексот за однесување (Code of Conduct) и истакна дека ова ќе биде нотирано и во извештајот за напредок кој ќе се објави во ноември 2008 година.

ЕК ја изрази својата загриженоста околу одредени законски решенија кои не се во согласност со acquis (како на пример повластената стапка на ДДВ за соларни колектори, компјутери, земјоделска механизација)

21

Во врска со царински надоместоци кои се спротивни на acquis беше нагласено дека надоместоците се укинати и објавени во Службен весник на РМ. РМ се обврза дека до ЕК ќе го прати преводот на актите со кои се укинуваат надоместоците до ЕК

Во врска со законот за ТИРЗ беше истакнато дека е оджан технички состанок со преставниците од релевантните директорати на ЕК и сегашниот текст на законот ги адресира сите релевантни коментари. Нагласено е дека беа одржани опсежни консултации со цел законот да биде усогласен со ССА. РМ е 28% од БОП на ЕУ 27 и ставот на РМ е дека законот е во согласност со ССА. Во перидот што следи ќе се мониторира имплементацијата на законот. Прашањето за ТИРЗ беше подетално дискутирано под точката 5.5.2 Конкуренција.

5.3.2. АКА Преговори – статус

Во нашето излагање беа презентиран активностите за отпочнување и текот на отворените прговори во однос на Европскиот Договор за оцена на собразност (АКА) и признавање на индустриски производи согласно членот 73 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и подготвеноста на Република Македонија за отпочнување на овие преговори .

Имено во јануари 2008 год. во Скопје се спроведе оценската мисија од страна на претставниците од ЕК при што беше по консултација со земјите членки беше договорено предмет на преговори да бидат 7 индустриски сектори. Наредните технички состаноци беа одржани во мај (кога отпочнаа преговорите) и во август, при што беше извршена оценка на сообразноста и проценка на потребата за натамошно усогласување на законодавството за областите што ќе биде предмет на преговорите.

Договорено е новата средба да се одржи во втората половина на ноември и се посочи дека дека двете страни се договориле да вложат напори преговорите да завршат до март 2009 година.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање беа дека бенефитот од АКА преговори е голем при што почетокот на самите преговори беше позитивно оценет. Напоменаа дека договорот ќе биде склучен во форма на Протокол на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Европската комисија од своја страна изрази подготвеност да се интензивираат прговорите.

Беше заклучено да се интензивираат и финализираат преговорите со цел Европскиот Договор за оцена на собразност (АКА) и признавање на индустриски производи да биде потпишан што е можно поскоро.

5.4.1 Земјоделство и рибарствоБеше констатирано дека записникот е усогласен од двете страни, и истиот беше усвоен.

5.3.2. Протокол за вино

Во нашето излагање беше даден краток хронолошки преглед и моменталната состојба при што беше објаснето дека по однос на прашањето за концесии, позицијата на Р. Македонија беше поднесена на техничкиот состанок одржан во Брисел на 21.05.2008 год.

Исто така беше истакнато дека од страна на Република Македонија се доставени винските листи PDOs, PGIs и традиционалните изрази во Р.Македонија и на тој начин беа комплетирани обврските по однос на Протоколот за Вино;

Нацрт текстот од новиот Протокол за Вино беше добиен на 21.08.2008 година од страна на ЕК. Нацрт текстот на Протоколот за Вино се наоѓа во меѓуресорска консултација и надлежните власти во Р. Македонија благовремено ќе достават коментари за документот.

22

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање беше дека текстот на новиот Протокол за вино сеуште не е доставен во мегуресорска консултација во ЕУ и штом ќе биде постигната прелиминарна спогодба на текстот на Протоколот на техничко ниво, ќе се иницираат процедурите за доставување на Протоколот до Земјите членки на одобрување.

На состанокот беше заклучено дека ќе се продолжи со техничките разговори по текстот на новиот Протокол за вино.

5.4. Внатрешен пазар и конкуренција 5.4.2 Конкуренција Беше констатирано дека записникот е усогласен од двете страни, и истиот беше усвоен.

5.5.2 Конкуренција Во нашето излагање беше истакнато дека конкуренцијата е една од неопходните претпоставки за функционирање на внатрешниот пазар и е приоритет во имплементацијата на првата фаза од ССА.

Од областа на антитруст беше презентиран напредокот во законодавното усогласување,зајакнување на административните капацитети и спроведувањето (значително е подобрено досието за спроведување и е зголемен бројот на донесените одлуки).

За државната помош беше презентиран постигнатиот напредок. Зголемен е бројот на одлуки за доделена помош ex ante.

Во врска со законот за ТИРЗ македонската стана истакна дека Законот за изменување и дополнување на законот за ТИРЗ ги адресира сите коментари од ЕК и дека преставува значаен чекор во приближувањето на законодавството во оваа област. РМ постапи во согласност со Записникот од техничкиот состанок за ТИРЗ во Брисел и очекува дополнителни информации од ЕК за најновите случувања во работната група на ЕК за Кодексот за однесување (Code of Conduct) во врска со ТИРЗ на Словачка и резултатите од истрагата.

Целта на сите консултации беше усогласување на законот со ССА и отстранување на оние одредби кои не се во согласност со ССА, а не е цел целосно усогласување за законот со acquis во оваа фаза. РМ ги отстрани сите одредби кои се во спротивност со ССА. РМ е регион кој е 28% од БОП на ЕУ 27 и согласно на тоа има право да користи шеми на регионална државна помош која воспоставена со законот за ТИРЗ. Оваа шема за регионална помош е под мониторинг на надлежниот орган за надгледување на државната помош во РМ (Комисијата за заштита на конкуренцијата КЗК). Во врска со најновите коментари од ГД Конкуренција, испратен е одговор од страна на РМ во кој е нагласено дека повеќето од коментарите се од нормативна природа и коментарите од ЕК не се однесуваат на суштинското acquis од оваа област.

РМ истакна дека чл. 4-а од законот јасно и недвосмислено се применува на членовите 5, 6 и 7 при што однапред не може да се предвиди дека ќе има проблеми во имплементацијата. Зо измените и дополнувањата на Законот предвиден е систем на мониторинт, а КЗК е независно тело кое ќе ја надгледува примената на законот.

Ставот на РМ е дека Законот е во согласност со обврските од ССА.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање: ЕК нагласи дека има значителни подобрувања на текстот на законот но сепак

законот во сегашната форма не е целосно во согласност со acquis и можни се проблеми со имплементацијата. Законот дава можност ако не се применува правилно да ги крши правилата за државна помош и ако се отворат преговори за пристапување во ЕУ законот ќе мора да се измени. Законот не е целосно усогласен со acquis и треба да се дискутира како да се измени.

ЕК истакна дека прашањето за државна помош е многу комплексно прашање и затоа во голем број на случаи е прашање на имплементација на прописите. Беше нагласено дека во случај на двоумење од страна на КЗК неопходно е да се консултира ГД

23

конкуренција. ГД Конкуренција се уште има определени прашања за кои смета дека е неопходна понатамошна дискусија. Беа цитирани најновите коментари од ГД Конкуренција за кои беше дискутирано.и беше нагласено дека службите на ЕК се на располагање за сите натамошни прашања во врска со законот.

Ставот на ЕК е дека ССА го oпфаќа севкупното acquis од областа на конкуренција и државна помош (acquis за државна помош е автоматски применливо во РМ согласно ССА).

Во однос на Законот за технолошки индустриски развојни зони, претседавачот од македонска страна повтори дека Владата на Република Македонија беше вклучена во долг процес на консултации и усогласување со Европската комисија, при што се прифатени и применети во измените на Законот сите суштински коментари на ЕК во однос на правилата за државна помош. Повторен е ставот на РМ дека Законот е во целосна согласност со обврските кои за Република Македонија произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

5.4.3 .Заштита на право на интелектуална и индустриска сопственост Во нашето излагање беше презентиран напредокот на во областа на правото на интелектуална сопственост при што правната рамката е усогласена со правото на ЕУ согласно ССА. Активностите околу подготовката на Стратегијата се засилени со цел документот да биде усвоен до јуни 2009 година. Исто така детално се информираше за напредокот во спроведувањето на заштитата на интелектуалната сопственост, бројот на запленети, уништени пиратски и фалсификувани производи и зајакнувањето на административните капацитети на институциите надлежни за заштита на интелектуалната сопственост. Беа презентирани активностите во однос на бројните обуки, студиските престои, мегународната соработка и јакнењето на јавна свест, особено упешната кампања на Царинската управа во сорабока со другите институции и со подршка на Холандската Влада.

Европската комисија го изрази задоволство од прогресот во однос на напредокот во постапката на ратификација на УПОВ Конвенцијата, имајќи предвид дека подолго време ова прашање не е затворено. Клучни препораки на Европската комисија беа да се подготви сеопфатна Страртегија за интелектуална сопственост и да се изработи методологија за следење на статистичките податоци во однос на спроведената заштитата на правата од интелектуална сопственост заради подобар мониторинг . Клучна забелешка на Европската комисија беше дека иако е постигнат значителен напредок на полето на заштитата интелектуалната сопственост сеуште останува клучен проблем борбата против пиратеријата која е широко распространета.Од страна на претседавачот од наша страна беше констатирано дека соработката помеѓу институциите инволвирани во заштитата на правата од интелектуална сопственост е подобрена, како и конкретните резултати во спроведувањето.

5.5. Иновации, информатичко општество и социјална политика 5.5.3 Наука и истражување

Во нашето излагање Министертвото за образобвание и наука ги изложи клучните поенти на напредок во областа на науката и истражувањето во изминатиот период, кои се однесуваа на зголемувањето на буџетските средства одвоени во 2008 година за финансирање во науката, истражувањето и технолошкиот развој, зголемениот број на финансирани проекти, тековните проекти во кои РМ учествува во рамките на меѓународната соработка со други земји, и краток преглед на новодонесената законска легислатива која предвидува институционални зајакнувања на научно истаржувачките капацитети.

Особено беше нагласено успешното учество на Република Македонија во 7 –та Рамковна програма на ЕК, со табеларен преглед на презентирањето на програмата пред научната јавност, и статистика на одобрените проекти со кои РМ учествува во програмата. Беше презентиран и преглед на останатите проекти и мрежата за мобилност на истражувачи преку кои РМ е вклучена во Европската истражувачка област.

24

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашањеБеше констатиран добар напредок и резултати во првата година учество на Република Македонија во 7 –та Рамковна програма на ЕК. ЕК смета дека организационата соработка во истражувањето на национално ниво е подобрена. Исто така беше забележано учеството на РМ во Euraxess Jobs Portal. Но сепак останува потребата од понатамошно зголемување на буџетските средства за научни истражувања и зајакнување на капацитетите.

5.5.4. Регулаторна реформа во областа на екелтронските комуникации и аудиовизуланата политика

Регулаторна реформа во електронски комуникации Министерството за транспорт и врски нагласи дека по добивањето на извештајот на ЕК во 2007 година каде во делот на електронски комуникации беше нотирано кршење на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, сериозно се пристапи кон надминување на овој проблем. За направените реформи и трансформации зборува и самата динамика и раздвиженост на пазарот на електронски комуникации, како и појавата на нови оператори и воведување нови ICT услуги. Со последните измени на Законот за електронски комуникации беа укинати договорите за концесија и сега сите оператори имаат ист третман на пазарот се укина второстепената постапка пред Комисијата за електронски комуникации, и истата сега упатува на судска заштита, согласно насоките на Европската комисија. Беа презентирани измените на Законот за радиодифузна дејност и можноста за дополнително финансирање на МРТВ од буџетот, а воедно беа презентирани и измените на законите поврзани со градба кои се од круцијално значење за телекомуникациската инфраструктура и можностите кои сега се рационално користење на истата и повластиците за локалната самоуправа. Најавено беше и донесувањето Стратегија за бродбенд и високата пенетрација на овој пазар во РМ (10%).

Од страна на Агенцијата за електронски комуникации беше направен пресек на сите активности преземени по добивањето на извештајот од ЕК во 2007, а во насока на исполнување на обврските од ССА во делот на мерките за заштита на конкуренција. Беше истакнат прогресот за кој добиени се веќе позитивни коментари и од чинителите на пазарот на електронски комуникации поради зајакнатата регулација.

За овој дел пред одржувањето на Комитетот за стабилизација и асоцијација имаше и мисија со г-дн Паскал, експерт од ЕК за електронски комуникации. Извештајот од мисијата ќе се достави со записникот од Комитетот.

Советот за радиодифузија ја презентираше досегашната имплементација на Законот за радиодифузна дејност и од СРД донесената Стратегија за развој на радиодифузната дејност.

Од страна на Европската Комисија беше даден екстензивен осврт на оваа точка поради фактот дека на отворањето на Комитетот од нивна страна беше поздравено надминувањето на кршењето на ССА.

Европската комисија го поздрави напредокот остварен во електронските комуникации, брзиот развој во оваа област благодарение на екстензивните мрки за либерализација низ целиот телекомуникациски пазар со кои драстично се намалени цените за потрошувачите, како и зголемениот сообраќај и приходите за операторите што значи дека од ова имаат корист и потрошувачите и операторите (особено оние оператори кои неволно ги спроведуваа мерките за либерализација) во изминатата година по што го нотираа и високиот степен на либерализација на овој пазар. Затоа ЕК нагласи дека ова е добитна (win-win) ситуација за телеком секторот и за целата економија.

ЕК се повика на обврските од Законот за електронски комуникации кои произлегуваат од член 146 и 147 кои требаше да бидат исполнети во 2005, а со чие неисполнување државата ги прекршуваше своите преземени обврски од Спогодбата за стабилизација и асоцијација во оваа област. Сега кога се раскинати договорите за концесија, спроведена е постапката за нотификација и овластување согласно одредбите за генерална авторизација според acquis и со тоа сите оператори имаат ист третман. Битни измени на ЗЕК се направени за двостепеноста на постапката кој повеќе нема во втор степен да се води пред регулаторот.

Посебно внимение во анализата ЕК посвети на мерките за заштита на конкуренција и при тоа поединечно го нагласи успехот во регулацијата на сите елементи: регулација на цени за

25

големопродажба, Рефрентната понуда за интерконекција и рефернтната понуда за разврзан пристап, имплементација на методологијата за утврдување цени, одвоено сметководство, малопродажни цени особено сега кога нема концесиски договори, минимален пакет на изнајмени линии, пристап до специфични мрежни средства вклучително и пристап до есенцијалната инфраструктура, успешно воспоставување на системот за преносливост на броеви, обврски за СМП операторот на пазарот на мобилна телефонија и постапката за избор на давател на универзална услуга. ЕК констатираше во сите овие области голем прогрес и истакна дека мерките за заштита на конкуренција се добро спроведени благодарение на регулаторот – Агенцијата и нејзината одлична соработка со чинителите на пзарот.

Идни чекори/препорака на ЕК:

Треба да се зачува постигнатиот напредок, да се продолжат активностите за избор на давател на универзална услуга и имплементација на обврската за универзална услуга, имплементација на водењето посебно сметководство и цени базирани на трошоци, како и регулацијата на малопродажните цени. Следен предизвик за Агенцијата се анализата на пазарите согласно новата препорака на ЕК и големопродажба на пазрот за броадбенд.

Посебен нагласок беше ставен дека acquis наметнува потреба од ефективен и функционално независен регулатор, кој има функционална и финасиска независнот. И тука е забележан напредок особено во делот на финансиската независност на АЕК, но потребно е административно зајакнување и реорганизација особено сега кога ќе има нови предизвици и престојат тешки задачи за анализа на пазарите. Беше нагласено дека лош сигнал се праќа и на операторите и на ЕК со фактот дека повеќе од една година Агенцијата нема директор, особено сега кога како регулатор треба да е најсилен.

ЕК посочи дека државата треба да има стратешки пристап за моментот на премин од аналогно во дигитално емитување и за ова се препорачува координација помежу МТВ, АЕК и СРД. ЕК побара да биде известена за прогресот во ова прашање.

Последно за електронски комуникации е преземањето на ДТ на Оте и Косомоте. ЕК изрази загриженост да не дојде до доминација на ДТ групацијата на пазарот на мобилна телефонија, по што од претставниците на КЗК известија дека се веќе нотифицирани како Комисија, постапката е во тек и согласно ЗЗК кој е усогласен со ЕУ легислативата, КЗК ја знае и води процедурата.

По однос на утврдениот прогрес во електронски комуникации кој беше забележан и од страна на ЕК, претседавачот од македонска страна ги поздрави наодите на ЕК и нагласи дека покрај усогласувањето на препораките на ЕК, овој прогрес е направен поради фактот што либерализацијата во секторот на електронски комуникации е дел од владината програма и постои високо ниво на свесност за битноста на овој сектор за бизнис заедницата и граѓаните.

РадиодифузијаСоветот за радиодифузија го презентираше имплементирањето на Законот за радиодифузна дејност и мерките кои произлегуваат од Старегијата за развој на радиодифузна дејност усвоена од СРД.

ЕК констатираше дека не можат за овој дел да дадат толку позитивен наод како за електронски комуникации. Две прашања се загрижувачки, а тоа е финасиската состојба на СРД и МРТВ и несобирањето на радиодифузната такса. Како негативен коментар беа посочени измените на Законот за радиодифузна дејност, без да бидат консултирани СРД и МРТВ, а измените предвидуваат стечај или можност за ликвидација на јавниот радиодифузен сревис. Загриженоста е во насока на фактот дека Собранието може во било кој момент да иницира стечај или ликвидација на МРТВ со што се загрозува независноста на МРТВ и е закана за јавниот сревис и слободата не медиумите во држзвата. ЕК изрази надеж дека ќе се ревидира одлуката за воведување на можноста за стечај на јавниот сревис.

Од страна на МТВ беше укажано дека во РМ не е воопшто спорно дека ќе има јавен радиодифузен сервис. Одредбата за стечај е усогласување со законот за Законот за трговските друштва. Се бара решение за стабилно финансирање на МРТВ. Јавен сервис секако ќе има, се разгледува опцијата за зачувување на псотојниот или создавање нов.

За изнаоѓање решение за собирање радиодифузна такса најавена е од наша страна барање техничка асистенција од ЕК, за кое од ЕК бевме убедени дека сме добредојдени и ќе ја добиеме.

26

Клучната порака од ЕК за радиодифузија е отстранување на одредбата за стечај на МТРВ од Законот за радиодифузија, бидејќи стечај не е дозволив, ниту предвиден во ниту една oд земјите членки кога е во прашање јавниот сервис.

5.6 Транспорт, животна редина, енергија и регионален развој 5.6.2. ТранспортВо рамките на оваа точка беа презентирани последните случувања во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, со акцент на реформите во тек, како и позначајните остварувања поврзани со транспортната инфраструктура. До ЕК беше доставен и non-paper во врска со транспортните ограничувања во железничкиот сообраќај на Коридорот X наметнати од Грчите железници и селективниот пропуст на возови од нивна страна, со што е предизвикан застој во сообраќајот и загуби кои што ги трпат Македонски железници.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашањеЕвропската комисија го потцрта напредокот во одделните подобласти, со назнака дека се потребни понатамошни напори. Се заблагодари за информацијата за транспортните ограничувања и посочи дека ќе биде пренесена до релевантните служби во ЕК, најавувајќи ги следните мисии на ГД за транспорт и енергија во РМ и во регионот. Исто така, посочи дека проблемот со прелетите на МАТ на територијата на Грција е прашање кое е решено.

Во однос на патната такса за странски возила, ЕК се изјасни дека со новата Одлука значително ќе се подобри ситуацијата во насока на елиминирање на разликата во наплатата на таксата за странски и домашни возила, притоа потенцирајќи дека со предлогот не се врши целосно усогласување со барањата на законодавството на ЕУ. Наплатата на патната такса според acquis подразбира постоење на само еден систем, што во моментов не е случај во РМ, а прашањето ќе биде одблиску следено од ЕК. Во новата предлог-Одлука останува нејасно прашањето на постоење на пресметковен лист.

РМ потенцираше дека новата предлог-Одлука е во согласност со Спогодбата за сообраќај од 1997 година и побара тоа да биде заеднички заклучок. Исто така, се заклучи забелешките на ЕК да бидат доставени до РМ за продолжување на дијалогот.

5.6.3. Енергетски сектор

Во нашето излагање, Министерството за економија, во полето на енергетиката, ги презентираше постигнатите резултати во однос на усогласувањето на правото, задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати, исполнување на обврските од Договорот за енергетската заедница, инвестициите во енергетскиот сектор, како и постигнувањата во полето на нуклеарната безбедност и радијационата сигурност.Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашање

Во однос на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за енергетика, кој претходно беше испратен на мислење до ЕК (во јануари 2008), претставниците на ЕК се изјаснија позитивно, додека за дополнителните измени на законот за енергетика, кои беа усвоени во август 2008 година, ќе достават коментари на одговорите на дополнителните прашања откако истите ќе бидат разгледани.

ЕК го поздрави напредокот во полето на нафтените резерви со донесувањето на новиот Закон за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Притоа сугерираше да се земе предвид Директивата 2006/67/ЕК за минимум резерви на нафта и/или нафтени деривати. ЕК побара да биде известена доколку постојат било какви договори за складирање и чување на нафтените резерви, помеѓу Република Македонија и земјите членки на ЕУ.

Во полето на нуклеарната безбедност и радијационата сигурност, ЕК го поздрави формирањето на Комисијата за радијациона сигурност како чекор во правилна насока. ЕК очекува дека со доделената опрема и прирачници, ќе се воспостави комплетен систем за борба против недозволената трговија на радиоактивни извори, и истиот ќе функционира ефективно.

27

Тренинзите на царинските и полициските служби во оваа област, се сеуште неадекватни, како и одржувањето на порталните монитори е недоволно.

ЕК ја охрабри РМ да продолжи во решавањето на прашањето за изградба на складот за ниско и средно активен радиоактивен отпад, согласно меѓународните стандарди и препораки.

Во однос на Заедничката конвенција за сигурност со управување со потрошеното гориво и за сигурност при управувањето со радиоактивен отпад, РМ е поддржана да пристапи кон истата.

Исто така, беше приложена потребата од зајакнување на административните капацитети како и независноста на Дирекцијата за радијациона сигурност.

5.7.4. Животна срединаПоради недостаток на време и со заемна согласност на двете страни, директно се премина на презентирање на коментарите од ЕК и дискусија по оваа точка, а претставниците на ЕК се заблагодарија за добиениот материјал и за деталната презентација која им беше дадена на ЦД.

Клучни забелешки и препораки на Европската комисија по однос на ова прашањеЕК го поздрави напредокот во оваа област, особено донесувањето на долгочекуваниот Закон за води и ги охрабри сите напори за претстојната предизвикувачка имплементација на овој нов закон. ЕК потсети дека останува да се донесат голем број подзаконски акти, што исто така претставува предизвик за земјата. ЕК побара податоци за планираното усогласување на законодавството, особено во делот на ИСКЗ (интегрирано спречување и контрола на загадувањето) и состојбата во поглед на спроведувањето на законодавството од областа на животната средина во писмена форма по завршувањето на овој состанок.

ЕК исто така потсети на важноста за зајакнување на административните капацитети на сите нивоа и на обезбедувањето соодветна координација меѓу сите институции и тела вклучени во заштитата на животната средина. На крајот, ЕК потсети дека прашањата на животната средина често имаат влијанија кои се протегаат надвор од границите на една земја и затоа е потребна особено блиска соработка на ова поле меѓу земјата и сите нејзини соседи.

Во нашето излагање по коментарите на ЕК, беа истакнати две работи. Прво, дека Извештајот за Прогрес мониторингот во животната средина, кој се подготвува по втор пат во РМ, го содржи планот за имплементирање на законодавството за ИСКЗ. Второ, во врска со регионалната соработка, РМ ја истакна добрата соработка со Албанија на полето на заедничко управување со водите со која РМ има потпишано договор за соработка за заедничко управување со Охридското езеро. Воедно информираше дека во тек е трилатерален проект за Управување со Преспанското езеро кој се спроведува заеднички со Албанија и Грција. За зацврстување на соработката меѓу трите земји, РМ смета дека е потребен договор за заедничко управување со Преспанското езеро, за што РМ веќе подготвила предлог договор и го испратила на двата соседи, а досега се добиени позитивни коментари од Албанија, но за жал никакви коментари не се добиени од Република Грција. РМ смета дека соработката со Репулика Грција треба да биде официјализирана. Бидејќи РМ посакува соработката да биде формализирана на повисоко ниво, а која соработка во моментов со Република Грција се одвива само на локално ниво и преку НВОа, истакна дека било какви коментари од Грција по предлог договорот се добредојдени, бидејќи заедничкото управување со меѓународните води е прашање со прекугранично влијание.

6. Институционални и општи одредби

6.1. Распоред на состаноците на поткомитетите за стабилизација и асоцијација и и одредување на дата за следниот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација

РМ предложи календар на следните состаноци на КСА и поткомитетите, и истиот е усогласен со ЕК

Поткомитет за правда, слобода и безбедност – 27-28 ноември 2008, Брисел 28

Поткомитет за иновации, информатилко општество и социјална политика – 22-23 Јануари 2009, Скопје

Поткомитет за транспорт, животна срединаи, енергетика и регионален развој – 21-22 Јануари 2009, Скопје

Поткомитет за внатрепен пазар и конкуренција – 19-20 Март 2008, Брисел

Поткомитет за економски и финансики прашања и статистика – 18-19 Март 2008, Брисел

Поткомитет за земјоделство и рибарство – 22-23 Април 2008, Скопје

Поткомитет за трговија, индустрија, царина и даноци – 23-24 Април 2008, Скопје

Комитет за стабилизација и асоцијација – 18-19 јуни 2009, Брисел

ЗАТВОРАЊЕ НА СОСТАНОКОТЕК се заблагодари за конструктивниот состанок, истакана дека видлив е напредок и напомена дека обезбедените информации на овој состанок се од несомнена важност за Извештајот за РМ кој го подготвува ЕК.

РМ се заблагодари за добиените препораки и забелешки, како и за прифаќањето на нашите позиции по одснс на одделни прашања, се заблагодари за потврдувањето на евидентниот прогрес во одделни области и нагласи дека РМ ќе продолжи со исто темпо, се заблагодари за коментарите на НПАА и напомена дека перманетно се работи на зајакнување на капацитетите на администрацијата.

Двете страни усвоија заедничка изјава (по прилог)

ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА Петтиот комитет за стабилизација и асоцијација беше подготвен на високо ниво и овозможи конструктивен дијалог меѓу двете страни.

Клучна беше политичката порака што во име на Владата ја изнесе заменикот на претседателот на Владата Ивица Боцевски (особено за посветеноста на Владата на ЕУ агендата, политичкиот дијалог и довербата во обејктивноста на ЕК) којашто треба натаму конзистентно да се пренесува од сите официјални македонски претставници до сите европски инсититуции. Ова е особено значајно во периодот непосредно пред Годишниот извештај на ЕК.

Во поглед на главните приоритети на Партнерството за пристапување од областа на политичките критериуми, значајно е во непосредниот период пред извештајот да се одржат и промовираат позитивни и конструктивни односи на Владата со сите релевантни политички субјекти, како и меѓу клучните државни институции. Посебно значајна е политичката согласност за превенирање на можни идни изборни нерегуларности.

Во однос на почитувањето на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, извесно е (и најавено во контактите со ЕК) дека овогодшниот извештај нема да содржи оценка дека се крши Спогодбата, што ќе биде големо постигнување, поради фактот што изминатите години имаше такви прекршувања. Меѓутоа, за да се постигне ова, потребно е да не се прават какви и да е чекори кои би го нарушиле ова постигнување, како и изненадувања во однос на законски решенија.

Неопходно е во наредниот период да се одржи и продлабочи нивото на меѓусебно информирање и координација постигнато меѓу институциите во подготовката на Комитетот за стабилизација и асоцијација и да се безбеди целосна координација на активностите преку СЕП.

Потребно е пораките на Европската комисија изнесени на состанокот детално да се разгледаат во надлежните институции, да се реагира по обврските што непосредно произлегуваат, додека за поопштите препораки потребно е да се заземе став од надлежните институции односно од Владата и да се земат предвид при ревизијата на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, како и да се вградат во соодветните национални полтики и акти

29

На Комитетот се содржани повеќе оценки кои ќе бидат вградени во Годишниот извештај на Комисијата. Но, не сите подрачја опфатени во Извештајот се опфатени во дискусијата на Комитетот, така што Извештајот ќе содржи и оценки во многу други подрачја.

Во периодот што преостанува до затворањето на Извештајот, неопходно е јакнење на димпломатските контакти со ДГ Проширување и надлежните директорати, со цел до максимум да се земат предвид изнесените и аргументирани податоци за напредокот од македонска страна.

Во предложените заклучоци се опфатени конкретни обврски кои произлегуваат од Комитетот. Обврските кои се поврзани со редовното следење на реализација на Главните приоритети на Партнерството за пристапување не се наведени, со оглед на тоа што нивната реализација се следи на седмично ниво. Но, при разледувањето на реализацијата, ќе се имаат предвид препораките на ЕК содржани во оваа Информација.

30

ПРЕДЛОГ - ЗАКЛУЧОЦИ:1. Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за Петтиот

состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој се одржа на 18-19 септември 2008 година во Скопје.

2. Се задолжува Министерството за правда редовно да ја информира Владата, а преку Секретаријатот за европски прашања, да се информира и Европската комисија за текот на консултациите за Изборниот законик.

3. Се задолжува Министерството за правда да достави детални податоци за спроведувањето на Законот на извршители во следното ажурирање на Извештајот за напредокот на РМ до 25 септември 2008 година.

4. Се задолжува Министерството за финансии да предложи став во врска со препораката на ЕК за соработката со Меѓународниот монетарен фонд. За изградениот став на Владата да се оствари комуникација и соодветно да се образложи на Европската комисија, преку Секретаријатот за европски прашања и Министерството за надворешни работи.

5. Се задолжува Министерството за транспорт и врски, во соработка со Министерството за финансии до 20 октомври да предложи решение во врска со финансирањето на Македонската радио-телевизија.

6. Се задолжува Секретаријатот за европски прашања до 30 септември да достави материјал за останатата донаторска помош (освен од ЕУ) до Европската комисија.

7. Се задолжува Министерството за финансии – Царинска управа да достави преводи на одлуките за укинување на царински надоместоци согласно заклучоците од Четвртиот покомитет за трговија, индустрија и царини до ЕК, преку Секретаријатот за европски прашања.

8. Се задолжува Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија, да достават до Секретаријатот за европски прашања податоци за планираното усогласување на законодавството, особено во делот на ИСКЗ (интегрирано спречување и контрола на загадувањето) и состојбата во поглед на спроведувањето на законодавството од областа на животната средина.

9. Се задолжуваат работните групи за подготовка на Националната програма за усвојвуање на правото на ЕУ и преговарачки стојалишта до 25.9.2008 година да ги разгледаат добиените коментари од ЕК по однос на доставување на дополнителни информации до ЕК и потреба од дополнителни технички состаноци и за своите ставови да го информираат СЕП најдоцна до 26.9.2008 година, како и да ги вградат сугестиите во ревизијата на НПАА 2009, а СЕП да достави до ЕК одговор по однос добиените коментари најдоцна до 30.9.2008 година.

10. Се задолжува Меѓуминистерската група за интеграција на бегалци и странци да ја изработи и достави до Владата Стратегија за интеграција на бегалци и странци најдоцна до крајот на ноември 2008 година;

11. Се задолжува меѓуминистерската работна група да ја изготви и испрати Резолуцијата за миграциона политика и ажурираниот Миграционен профил на РМ до Владата најдоцна до крајот на октомври 2008 година;

12. Се задолжува Министерстовото за внатрешни работи измените на Законот за азил и привремена заштита да се изготват и достават до Владата на усвојување до крај на месец октомври 2008 година;

13. Се задолжува Министерството за внатрешни работи до крајот на 2008 година да изработи физибилити студија за формирање на централна дата база за странци.

14. Се задолжуваат сите органи на државната управа од точките 2-11 комуникацијата со Европската комисија во врска со исполнувањето на обврските да ја вршат преку

31

Секретаријатот за европски прашања, а доставувањето да се врши преку Министерството за надворешни работи.

32

Прилог 1

ЕВРОПСКА УНИЈА – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПЕТТИ СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

Скопје, 18-19 септември 2008Локација: Дебатна сала, Влада на Република Македонија

Предлог агенда18 септември 2008, четврток (14:30-19:00)

1. Отворање на состанокот и воведни забелешки

2. Усвојување на дневниот ред

3. Усвојување на Записникот од четвртиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација

4. Стратегија на претпристапување

4.1 Политички критериуми (15:00-16:30)

4.1.1 Политички случувања во Република Македонија

4.1.2 Имплементација на Партнерството за пристапување, со фокус на Главните приоритети

4.2 Економски критериуми (16:30-17:30)

4.2.1 Усвојување на Записникот од четвртиот состанок на Поткомитетот за економски и финансиски прашања и статистика

4.2.2 Структурни реформи

4.2.3 Имплементација на Партнерството за пристапување, со фокус на Главните приоритети

4.2.4 Прет-пристапна економска програма

4.3 Национална програма за усвојување на правото на Европската унија – ревизија 2008 (17:30-17:45)

4.4 Финансиска помош (17:45-18:45)

4.4.1 Инструмент за прет-пристапна помош – статус

4.4.2 Процес на децентрализација на управување со ЕУ помошта и акредитација на структурата за ДИС – статус; Процес на целосна децентрализација на управувањето со ИПАРД и акредитација на ИПАРД Платежната агениција- статус

4.4.3 Преглед на учеството во Програмите на Заедницата и Агенциите

4.4.4 Преглед на статус на имплементација на на КАРДС програмата

5. Имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација

5.1. Иницирање на втората фаза на имплементација на ССА (18:45-19:00)

1

19 септември 2008, петок (9:00-13:30)5.2 Правда, Слобода и Безбедност (9:00-10:00)

5.2.1 Усвојување на записникот од четвртиот состанок на Поткомитетот за Правда, Слобода и Безбедност

5.2.2 Визна политика: Имплементација на Спогодбата за олеснување на издавање визи и дијалог за визно олеснување

5.2.3 Реформа на полиција и борба против организиран криминал

5.2.4 Интегрирано гранично управување, миграција и азил

5.3 Трговија, Индустрија, Царини и Оданочување (10:00-10:15)

5.3.1 Усвојување на Записникот од четвртиот состанок на Поткомитетот за Трговија, Индустрија, Царини и Оданочување

5.3.2 АКАА Преговори – статус

5.4 Земјоделство и Рибарство (10:15-10:30)

5.4.1 Усвојување на Записникот од четвртиот состанок на Поткомитетот за Земјоделство и Рибарство

5.4.2 Протокол за вино

5.5 Внатрешен пазар и Конкуренција (10:30-11:15)

5.5.1 Усвојување на Записникот од четвртиот состанок на Поткомитетот за Внатрешен пазар и конкуренција

5.5.2 Конкуренција

5.5.3 Заштита на право на интелектуална и индустриска сопственост

5.6 Иновации, Информатичко општество и Социјална политика (11:15-12:00)

5.6.1 Усвојување на Записникот од четвртиот состанок на Поткомитетот за Иновации, Информатичко општество и Социјална политика

5.6.2 Наука и истражување

5.6.3 Регулаторна реформа во областа на екелтронските комуникации и аудиовизуелната политика

5.7 Транспорт, Животна редина, Енергија и Регионален развој (12:00-13:00)

5.7.1 Усвојување на Записникот од четвртиот состанок на Поткомитетот за Транспорт, Животна редина, Енергија и Регионален развој

5.7.2 Транспорт

5.7.3 Енергетски сектор

5.7.4 Животна средина

6. Институционални и општи одредби6.1 Распоред на состаноците на поткомитетите за стабилизација и асоцијација и

и одредување на дата за следниот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација

2

7. РАЗНО

8. ЗАТВОРАЊЕ НА СОСТАНОКОТ

3

Прилог 2

Прилог 2

КОМИТЕТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

Петти состанок 18-19 септември 2008 Скопје

Список на учесници

Република МакедонијаМалинка РИСТЕВСКА ЈОРДАНОВА, СЕП, Претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијацијаСнежана КОСТАДИНОВСКА МИЛОШЕВСКА, МФ, претседавач на ПоткомитетДејан ПАНОВСКИ, МЖСПП, претседавач на ПоткомитетПеро ДИМШОВСКИ, Влада на Република Македонија, претседавач на Поткомитет Крум ЕФРЕМОВ, МЕ, претседавач на поткомитетиЕлена ГРОЗДАНОВА, МТСП, претседавач на Поткомитет Агнеза РУСИ, МНРБлерим ЛЕКА, Амбасадор, МИСИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРИ ЕВРОПСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ - БРИСЕЛ

Душко СТОЈАНОВ, МИСИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРИ ЕВРОПСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ - БРИСЕЛ

Андријана Стојановска, МЛСЏелал ЧАЈАНИ, Секретаријат за спроведување на Рамковниот договорСнежана МОЈСОВА, МПНикола ПРОКОПЕНКО, МПЗагорка ТНОКОВСКА, МП Марија ЈАНКУЛОВСКА, МВРМетодија ДИМОВСКИ, АДСНикица МОЈСОВСКА БЛАЖЕВСКИ, МФМишо НИКОЛОВ, МФРадица КОЦЕВА, МФЕвгенија Серафимова – Кирковски, СЕПМјелма Мехмети, СЕПФинка СЕРАФИМОВА ДУШКОВ, СЕПРефет ХАЈДАРИ, МНРСанде КИТАНОВ, МВРСашко КОЦЕВ, МВРВоислав Зафировски, МВР Билјана ДОДЕВСКА СТОЈАНОВСКА, МЕЖивко БРАЈКОВСКИ, МЗШВМаргарита ДЕЛЕВА, МЗШВЈордан ШИКОВСКИ, МОН Анета ТРПЕВСКА, МОНЈасмина КИРКОВА, МТВ

Димитар БУКОВАЛОВ, МТВДарко СПИРОСКИ, МТВВиолета КЕЦКАРОВСКА, МЕЈадранка ИВАНОВА, МЖСППМарија КОСТОВСКА, ДЗИСЛилјана ДЕНКОВСКА, Агенција за електронски комуникации Снежана ТРПЕВСКА, Совет за радиодифузијаРозана ВАНКОВСКА, Комисија за заштита на конкуренцијаЈован ТОДОРОВ, Комисија за заштита на конкуренцијаМирјана ДИМОВСКА, ДКСК Тони ДИМОВСКИ, Агенција за финаниска подршка на финансиска поддршка на земјоделски и рурален развој Наташа СТОЈМАНОВСКА, Кабинет на ЗПВРМ за економски прашања Игор Димитров, Кабинет на ЗПВРМ за економски прашањаТони СТАНКОВСКИ, МВРДејан ИВКОВСКИ, МТСП Александар НОВАКОСКИ, Државна изборна комисија Љубомир ЈОВЕВСКИ, Јавно обвинителство на РМ Јован Илиевски, Јавно обвинителство на РМФросина ТАСЕВСКА, МПМаја МАЛЈАНОВСКА, МПНериман ЏЕЛАДИНИ, МЕВенцислав АРСОВ, МЕТатјана СОКОЛОСКИ, МЕЈасмина МАЈСТОРОСКА, МЕАлександар ПОПОВСКИ, МЕТоме ВЕЛКОВСКИ, МЕМите КОСТОВ, ДЗИСМирјанка АЛЕКСОВСКА, МТСПАлександра СЛАВКОВСКА, МТСПБилјана ЖИВКОВСКА, Агенција за вработување на РМЛидија КРСТЕВСКА, Агенција за катастар на недвижности Татјана ЦЕНЕВА МИТРЕВСКА, Агенција за катастар на недвижностиГоце ГРУЕВСКИ, Агенција за катастар на недвижностиАнета КРСТЕВСКА, НБРМАљоша ПОПОВСКИ, НБРМ Ленче ТАГАСОВСКА, МФЖивко КОЦЕВ, МВРДушко ИВАНОВ, Национален координативен центар за ИГУДејан РУНТЕВСКИ, Ветеринарна управа Татјана ВЕТА, МЗШВГордана КОЖУХАРОВА, МЖСППВиктор МИЗО, Агенција за странски инвестиции Горан АНГЕЛОВСКИ, Дирекција за радиациона сигурностСлаве ИВАНОВСКИ, Регулаторна комисија за енергетика

1

Милица КАРАНФИЛОВСКА, МЕ Елена КОЛЕВСКА, МЕГордана ИВАНОВИК, Биро за стокови резервиСлавица НАСТЕСКА, Агенција за електорнски комункацииБлагица АНДРЕЕВА, Министерство за информатичко општество Зоран СТЕФАНОВСКИ, Совет за радиодифузијаФарух ОМЕРАГИЌ, Совет за радиодифузијаАцо СТЕФАНОСКИ, МКСнежана ЧИЧЕВАЛИЕВА, МЗГордана Јанковска, МНРДимитар Белчев, МНРБорис Мирчевски, МНР Вања Ефремовска, СЕПЏенк Сејфула, СЕПАна Ангеловска, СЕПГабриела Папеш, СЕПКристина Цуцуловска, СЕПМаја Ханџиска, СЕП Азра Мисини, СЕПАлександар Јованоски, СЕПСимонида Кацарска, СЕПАрбенита Исмани, СЕП

Европска унијаПјер МИРЕЛ, ГД Проширување Шеф на делегација

Паола ПАМПАЛОНИ, ГД Проширување

Мартин ДОСОН, ГД Проширување

Сара НЕЛЕН, ГД ПСБ

Оливие ПАСКАЛ, ГД Информатичко општество

Грем ПРЕСТОН, ГД Транспорт и енергетика

Феручо БОГО, ГД Проширување

Делегација на ЕК во Скопје Ерван ФУЕРЕ, АмбасадорЏоан ПИРС, Министер советникДитер ТИЛ, Прв советник Антонио ИЗКУИЕРДО, СоветникПатрик ПАКЕ, Прв сектерарЕмануел ГУИНЕФ, Втор секретарНиам ВОЛШ, ДЕКГерард МЦ ГУРК, ДЕК Петра ЕРХАРДЅ АНДЕРССОН, ДЕКТеодора АНДРЕЕВА, ДЕКРужица АНДРОНИКОВА, ДЕК

2

Јохн БАРКЕР, ДЕКЕмилија БЕЛОГАСКА, ДЕКСтефан БИЛ, ДЕКЏорџио БУТИНИ, ДЕКИслам ЈУСУФИ, ДЕКМарина КУРТЕ, ДЕКМагдалена МАКРЕВСКА, ДЕКДимитар МАЛИНОВСКИ, ДЕКМануела МАНОЛИС, ДЕКНафи САРАЧИНИ, ДЕКДаниел-Александер СКРОТ, ДЕКДаница СТОШЕВСКА, ДЕКМариан ТОДОРОВА, ДЕКЕкатерина ВИТАНОВА, ДЕККонстантин ЈОВАНОВСКИ, ДЕК

ЕАРЛуиџи САНДРИНАлберт Сојер

ЕУ земји членкиБернард ВАЛЕРО, Амбасадор, Франција Симон ФИЛИПИНИ, Амбасадор, Амбасада на ХоландијаЕндрју Ки, Амбасадор, Обединето КралствоАлоис КРАУТ, Амбасадор, АвстријаЈохан ШПИЦЕР, МНР АвстријаУлрик НОЦ, Амбасадор, ГерманијаЕлизабет МИЛЕР, Амбасада на ГерманијаАлен Бриан БЕРГАНТ, амбасадор, Амбасада на СловенијаСлободан СЕСУМ, Амбасада на Словенија Јанос БАРАБАС, Амбасада на Унгарија Атила ПИНТЕР, Амбасада на УнгаријаВасиле ЛЕЦА, Амбасада на РоманијаХермóгенес Лóпез Сегунда Јефатура, Амбасада на ШпанијаМариа МАЕСЕН, Амбасада на ХоландијаМартијн ЛУКАСЕН, Амбасада на ХоландијаАлринда ИДРИЗИ, Амбасада на Холандија Слободанка ЛАКИНСКА, Амбасада на Холандија Иван ИВАНОВСКИ, Амбасада на Холандија Артан ГРУБИ, Амбасада на ХоландијаЈоана БАБУШКУ, Амбасада на Велика БританијаЛарс ФРЕДЕН, Амбасада на ШведскаСвен НИЛАНДЕР, Амбасада на Шведска

3

Прилог 3

Скопје, 18-19 септември 2008

Петти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ

Петтиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ се одржа во Скопје на 18 и 19 септември, 2008 година . Состанокот коинцидираше со подготовката на годишниот Извештај за напредокот на земјата што го подготвува Европската комисија, што го вклучува и степенот на реализација на главните приоритети од Партнерството за пристапување.

На состанокот претседаваше Малинка Ристевска Јорданова, државен советник во Секретаријатот за европски прашања. Делегацијата на ЕУ ја предводеше Пјер Мирел, директор во Генералниот директорат за проширување во Европската комисија. Заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Ивица Боцевски им се обрати на присутните, претставувајќи ги политичките состојби во земјата. Земјата ја повтори својата силна заложба за напредок во процесот на пристапување кон ЕУ и отпочнување на преговорите за членство. ЕУ потсети дека на состанокот на Европскиот совет во јуни 2008 година, беше реафирмирана Европската перспектива за земјите од Западен Балкан.

На состанокот на Комитетот се разгледаа главните политички случувања во последните 12 месеци. ЕУ ја нагласи потребата да се спроведат идните избори целосно почитувајќи ги меѓународните стандарди и во оваа насока, ЕУ го поздрави владиниот акциски план за справување со изборните нерегуларности во согласност со препораките од ОДИХР.

Исто така, ЕУ ја нагласи важноста од ефикасно функционирање на политичките институции. Во оваа насока, таа ја поздрави цврстата определба на Владата за зајакнување на политичкиот дијалог во рамките на институциите.Донесувањето на Законот за употреба на јазиците на заедниците кои не се мнозинство и кои надминуваат 20% од населението беше поздравено како чекор кон зајакнување на меѓуетничката доверба, во согласност со Охридскиот рамковен договор. ЕУ забележа дека вакви важни законски акти треба да се донесуваат по одржување на соодветна дебата помеѓу сите заинтересирани страни.

Република Македонија презентираше детални информации поврзани со исполнувањето на главните приоритети од Партнерството за пристапување, особено во делот на реализација на реформите во полицијата, судските реформи, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација, како и преземените мерки за создавање на нови вработувања и за подобрување на општата бизнис клима. ЕУ го поздрави постигнатиот напредокот и ги назначи областите каде се потребни дополнителни напори.

Европската комисија ги искажа своите коментари за ревидираната верзија на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ донесена од страна на Владата.

Комитетот за стабилизација и асоцијација го разгледа напредокот постигнат во различни области опфатени во Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), а особено електронски комуникации, државна помош, заштита на правата за интелектуална сопственост, животна средина и образование. Поздравувајќи го континуираниот напредок во спроведувањето на спогодбата, Комитетот наведе дека ќе се донесе одлука од страна на Советот за стабилизација и асоцијација во врска со преминувањето во втора фаза од спроведување на спогодбата.

4

Комитетот за стабилизација и асоцијација го разгледа и поздрави напредокот во преговорите за Спогодбата за оценување на сообразноста и прифаќањето на индустриските производи како и во напредокот на преговорите за нов протокол за трговија со вино.

Комитетот за стабилизација и асоцијација го истакна значајниот напредок во исполнување на критериумите за визна либерализација и ја потврди важноста за воведување на заеднички режим за патување без визи, како краткорочна цел. Од двете страни, истакната беше потребата за правилно спроведување на договорот за визно олеснување. Потврдени беа постигнатите резултати во обезбедувањето безбедност на документи, спроведувањето на интегрираното гранично управување, миграција и азил, како и напредокот во борбата против организиран криминал. Потенцирана е потребата од натамошно зајакнување на меѓуинституционалната соработка во борбата против организиран криминал и корупција, како и капацитетите на човечки ресурси и обуки.

Во енергетскиот сектор, Комитетот за стабилизација и асоцијација го потврди направениот напредок во поглед на постепената либерализација на секторот, како што се бара во Договорот за енергетска заедница.

Оценет беше и напредокот при подготвувањето програми за ИПА како и подготовките за децентрализирано управување со фондовите на ИПА. ЕУ препорача натамошно зајакнување на административните капацитети во поглед на спроведувањето на проектите. Потврден беше и списокот со Програми на Заедницата во кои учествува земјата.

5