20
АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ - СКОПЈЕ ПРОЕКТНА ЗАДАЧА: ABS (АНТИ БЛОКИРАЧКИ СИСТЕМ)

Medicina

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Adroenergichni blokatori

Citation preview

Page 1: Medicina

АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ - СКОПЈЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:

ABS (АНТИ БЛОКИРАЧКИ СИСТЕМ)

Ментор: Изработил

____________ Арбен Сали

Професор Ученик

Page 2: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

Скопје, Март, 2012 годинаСОДРЖИНА:

ВОВЕД-------------------------------------------------------------------------------------------3

1. ПОИМ ЗА ABS – ANTI LOCK BRAKING SYSTEM-----------------------6

2. ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ABS СИСТЕМОТ----------------------------------7

3. КОНСТРУКЦИЈА НА ABS СИСТЕМОТ--------------------------------------9

4. ВИДОВИ НА ABS СИСТЕМИ--------------------------------------------------11

ЗАКЛУЧОК------------------------------------------------------------------------------------13

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА------------------------------------------------------------15

________________________________ 2

Page 3: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

ВОВЕД

ABS претставува кратенка за Anti – lock Braking System, што

во превод значи систем против блокирање на кочниците. Многумина

мислат дека ABS значи додатно кочење, т.е дека на тој начин го

скратува патот, меѓутоа грешат. Поточно се работи за електронски

систем кој со помош на сензори памети што се случува со контактот

и подлогата и според тоа дали доаѓа до појава на условите за

блокирање на кочниците, тоа го контролира и го управува преку

нивната работа и однесување.

Конечната цел е задржување на посакуваниот правец на движење

преку прилика на кочење и безбедно сопирање на возилото.

Автоинженерите уште на почетокот на минатиот век

размислувале да спречат блокирање на тркалата преку кочењето.

Пионир на тоа поле бил Германецот Карл Весел, кој во 1928 година

го патентирал регулаторот на јачината на кочењето. За жал,

проектот од објективни причини не заживеал. Нешто подоцна Бош

во 1936 година го претставува механизмот кој го спречува

блокирањето на тркалата на моторните возила. Меѓутоа, проблемот

настанал во оној момент кога истиот требало да биде внесен во сериско

производство бидејќи бил од многу комплицирана конструкција, а освен

тоа и склон на расипувања.

Реалните резултати биле добиени дури во текот на Втората

Светска Војна. Компанијата TELDIX GmbH во 1964 година со

финансиска подршка од страна на Бош успеала да го конструира

ABS 1 – кој успешно го спречувал блокирањето на тркалата и со

самото тоа успевал да го задржи управувањето со возилото. Токму

според основата на ABS – 1, денес се засновани сите ABS системи, кои

се многу подобри од овој првобитниот, бидејќи илјада аналогни

електронски компоненти се заменети со прецизни сензори. Првиот

Мерцедес, во 1978 година, започнува со сериско производство на

________________________________ 3

Page 4: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

системот ABS – 2. Првиот модел кој имал чест да го поседува овој

последен збор на техниката и тоа бил Мерцедес престижната серија –

S, но за него се вршело доплата, односно бил на долг список со додатна

опрема. После ова BMW во својата серија 7 истотака го дополнува

системот ABS како додатна опрема во листата на додатна опрема.

Набрзо, веќе сите производители на автомобили кои нешто значеле во

светски кругови полека почнуваат со вградување на системот ABS во

своите модели, на почетокот истотака пред се како додатна опрема, а

покасно и како сериска.1

Anti lock Braking System се состои од хидрауличен модулатор

(регулационен вентил) со управувачка електроника (централна

единица) и сензори на тркалата. Функционира така што сензорите на

тркалата константо прибираат информации за јачината на кочењето,

односно ги бележат угорните брзини на превртувањето на тркалата. Кога

кочењето е толку интензивно за да може да дојде до блокирање на

тркалата, процесорот во централната електронска единица испраќа

информација на хидрауличниот систем кој ги отвора електромагнетните

вентили.

Преку ова се намалува притисокот на маслото во хидрауличниот

систем, а со самото тоа и силата на кочните облози. Штом надојде до

повторно превртување на тркалата, сензорот испраќа информација на

процесорот, кој на хидрауличниот систем му ја препраќа информацијата

и тој ги затвора електромагнетните вентили и со тоа повторно

максимално ја обновува силата на кочењето се додека не дојде до

повторно блокирање на тркалата.

Системите се прилагодени за да што е можно повеќе пати во

единица време да повторуваат операција на менување на притисокот во

кочењето за да тркалото со еден полн круг на свртување неколку пати да

биде блокирано и одблокирано. Работата на системот се манифестира

како пулсирање на педалата на кочниците, што би требало да го знаат

сите возачи за во критичните моменти да не би се збуниле, и

евентуално да го попуштат притисокот на педалото.

1 http://www.motorna-vozila.com/tag/abs-sistem-kocenja/

________________________________ 4

Page 5: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

Така да, во критичните ситуации треба да се притисне педалото со

целосна сила , а за останатото ќе се погрижи електрониката.

Неодамна новите воведени системи на ABS во престижните

возила го елиминираат пулсирањето на педалата на кочницата, но за

таа цел таквиот број на автомобили е мал.

Во превод ABS се активира во последниот момент пред

проклизнување, така да нема потреба за понатамошно кочење, што

најмногу им помага на помладите возачи. Недоволно искусните возачи

денес со помош на ABS можат да кочат многу остро, а при тоа

безбедноста на возењето да не им биде загрозена како што е случај со

возилата без ABS – системот. На лизгава подлога, дожд, снег или лед,

ABS e од непроценлива помош, бидејќи и на искусните возачи им се

дешава автомобилот да им склизне. Колку тоа може да биде опасно, е

излишно да се каже.

Во проектната задача ќе го анализираме ABS системот, посебен

осврт ќе направиме околу неговото значење за автомобилската

индустрија, прикажувајќи ги неговата конструкција и неговите типови.

________________________________ 5

Page 6: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

1. ПОИМ ЗА ABS – ANTI LOCK BRAKING SYSTEM

Да се сопре автомобил во брзина, на лизгав пат, може да биде

многу комплицирана работа. Анти блокирачкиот систем – ABS го

намалува ризикот сопирањето на секаков вид на автомобил.

Во суштина на клизачката површина дури ни професионалните

возачи не можат да го сопрат возилото без ABS, како што може да го

стори тоа просечен возач со помош на ABS системот.

Теоријата на ABS системот сепак не е толку сложена. Тркалото

кое се проклизнува има помало влечење во однос на тркалото кое не

проклизнува. Тоа се случува поради тоа што доаѓа до релативно

склизнување на гумата на местото на нејзиниот контакт со подлогата.

Освен што не дозволува тркалата да клизнуваат додека возилото

се сопира, анти блокирачкиот систем ABS овозможува уште две работи:

брзо сопирање (краток пат) како и можноста со возилото да се управува

за време на кочењето.

________________________________ 6

Page 7: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

2. КОНСТРУКЦИЈА НА ABS СИСТЕМОТ

Anti lock Braking System се состои од хидрауличен модулатор

со управувачка електроника и сензори на тркалата. Функционира така

што сензорите на тркалата константо прибираат информации за јачината

на кочењето, односно ги бележат угорните брзини на превртувањето на

тркалата. 2

Сензори на брзината. Во ABS системот е потребен некој начин за

да се види дека некое од тркалата блокира, т.е престанува да се движи.

Овие сензори, кои се наоѓаат на секое тркало ги даваат токму овие

информации.

Вентили. Во кочното коло (во куќиштето на пумпата) постојат

вентили кои ја дозираат силата на кочењето и се контролирани од

управувачкиот уред на ABS. На едниот систем вентилот има три

возможни позиции:

Прва позиција, вентилот е отворен и притисокот од главниот

кочен цилиндар допира до кочните клешти;

2 http://www.automobilizam.net/abs-sistem/

________________________________ 7

Page 8: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

Втора позиција, вентилот го блокира колото и на тој начин ја

прекинува комуникацијата на кочните клешти со главниот

цилиндар. На тој начин се спречува, натамошно зголемување на

притисокот кое би го предизвикал возачот со силен притисок на

педалото на кочницата;

Трета позиција, вентилот делумно го намалува притисокот во

кочницата.

Пумпа. Поради тоа што вентилот овозможува намалување на

притисокот во кочницата значи дека постои некој начин на кој тој

притисок е пропуштен назад. И тоа е она што пумпата во суштина и го

работи. Кога вентилот го редиктира притисокот во колото, пумпата е таа

која го превзема повратниот притисок. Регулаторот, поточно претставува

компјутер кој се наоѓа во возилото. Тој ги надгледува сензорите на

брзината и ги контролира вентилите.

________________________________ 8

Page 9: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

3. ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ABS СИСТЕМОТ

Постојат голем број на различни видови и шеми на контрола на

ABS системот. Ќе набљудуваме како функционира еден од

наједноставните.

Системот на контрола т.е регулаторот непрекинато прима

податоци од базата на сензорите за брзина, водејќи сметка за

нерегуларното забавување на тркалото кое што не е вообичаено.

Момент пред што едно тркало блокира, тој ќе констатира нагло

забавување.

За да тоа како би кажале да остане нерегистрирано тркалото би

требало да престане да се движи за многу пократко време колку што би

му било потребно на било кое возило да се сопре. Под идеални услови

автомобилот при брзина од 60 милји на час (96,6 km/h) би му требале 5

секунди за да се сопре, додека на едно тркало би му било доволно и

помалку од секунда да престане да се движи (т.е да блокира).

ABS системот „знае“ дека толку големо забавување не е можно

(не е нормално) па затоа го намалува притисокот во чочното коло на

блокираното тркало до моментот кога се појавува неговото убрзување.

________________________________ 9

Page 10: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

Системот може да ги изведи овие промени многу брзо, пред тркалото да

ја промени својата нагорна брзина, т.е бројот на обрти.

Резултат на тоа е дека тркалото го забавува своето движење во

истиот ритам како и автомобилот, додека кочниците ги „држат“

пневматиките многу блиску до „работната точка“ каде што може да се

појави блокада. Сето тоа му дава на системот максимална моќ во

кочењето во овие специфични услови.

Кога ABS системот проработува, возачот може да почувствува

вибрации на педалата на кочницата, тоа е резултат на брзо отворање и

затворање на вентилите. Некои ABS системи можат да го повторуваат

циклусот и до 15 пати во секунда.

________________________________10

Page 11: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

4. ВИДОВИ НА ABS СИСТЕМИ

Анти блокирачките систем користат различни шеми во зависност

од типот на кочниците кои се во употреба. Ние најпрвин нив можеме да

ги поделиме според бројот на каналите (односну колку вентили

поединечно се контролираат и според бројот на сензорите за брзина.3

Четириканален, четирисензорен ABS систем. Тој ја претставува

најдобрата шема за изработка. Сензорите за брзина постојат на сите

четири тркала и посебен вентил има секое тркало. Со ваква шема,

контролните уреди ги проиверуваат сите тркала посебно за да би биле

„сигурни“ дека е постигната максимална можна сила на кочење.

Троканалниот, тросензорен ABS систем. Овој вид на систем

обично се наоѓа на комерцијалните – увозните возила со ABS на сите

тркала. Има сензори за брзина и вентили за секое од предните тркала

посебно, но со еден сензор и еден вентил за двете задни тркала. Овој

сензор за задните тркала се наоѓа на задната осовина.

Овој систем дава индивидуална контрола на предните тркала, затоа што

и двете можат да пружат максимална сила на кочење. Задните тркала

меѓутоа се контролираат заедно и можат истовремено да се блокираат

пред да се активира ABS системот на нив. Со овој систем за жал, можно

е да се случи едно од задните тркала да биде блокирано (она кое има

помал коефициенто на кочење) за време на закочувањето на возилото,

намалувајќи ја ефикасноста на кочењето.

Едноканалниот, едносензорен ABS систем. Овој систем

најчесто е вграден во комерцијалните, увозни возила со ABS на задните

тркала. Тој има само еден вентил кој ги контролира и двете задни тркала

и еден сензор за брзината кој е сместен на задната осовина. Овој систем

делува исто како и оној дел на трокналниот ABS систем кој се однесува

3 http://www.atpv.rs/files/ABS%20kocnice.pdf

________________________________11

Page 12: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

само на задните тркала. Задните тркала се контролирани заедно (во пар)

и можат и двете да почнат да блокираат пред ABS да почне да реагира.

Во овој систем истотака е возможно едно од задните тркала да започне

да блокира за време на кочењето, намалувајќи ја ефективноста на

кочењето.

Овој систем е лесен за препознавање. Обично еден крак на

кочечката инсталација произлегува низ Т – приклучокот каде што

излегува до двете задни тркала. Сензорот на брзината може да се

лоцира барајќи го електро – контактот близу до диференцијалата на

куќиштето на задната осовина.

________________________________12

Page 13: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

ЗАКЛУЧОК

Овој систем се користи во возилата за да се спречи во кочењето

било кое тркало да блокира.

Зошто е ова важно? Преку електронски командираната сила на

кочењето секое тркало се сочувува од занесување на патот и со тоа

овозможува негова потполна стабилност. Овој систем обезбедува

потполна контрола над возилото при кочењето, посебно кога се вози по

пат кој е лизгав или кога мора да се закочи инстинктивно веднаш. На

возилата без ABS систем при брзо итно кочење тркалата се блокираат и

возилото сигурно се занесува и го губи правецот. Кај возилото со ABS

систем не настанува ваквиот вид на занесување и со него може да се

управува и за време на кочењето кое нагло настанало.

Возило без АBS – систем Возило со ABS – систем

Првото оперативно кочење се случило во 1950 година на еден

борбен авион. До сериско вградување во автомобил поминале уште 289

годнии – првиот АВЅ уред на компанијата Bosch сериски почнал да се

вградува во почетокот на 1978 година во Mercedes 450 SE, а неколку

________________________________13

Page 14: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

месеци подоцна и во BMW 745i. АВЅ е сигурно најважниот и

најкорисниот дел ( најчесто на дополнителната) опрема на автомобилот.

Со неговото вградување значително се подобруваат возните

својства, можностите за кочење и сигурноста во возењето.

Со блокирањето на тркалата при кочењето значително се

намалува коефициентот на триење. Заради се продолжува растојанието

на застанување но автомобилот останува целосно управлив.

Во техничка смисла овој електронско – хидрауличен систем во

склоп со управувачката единица на темел на информациите од сензорот

за следење на вртежите на тркалото, го дозира моментот на кочење на

секое тркало посебно и го спречува блокирањето.

Во моментот кога одреденото тркало ќе застане, се активира

сензор се активира механизам кој преку склоп на електромагнетни

вентили го намалува притисокот на маслото во цилиндарот за кочење,

се додека моментот на кочење не се намали толку да тркалата

почнуваат повторно да се вртат. Во тој момент системот ги активира

повторно електромагнетните вентили во обратна насока, притисокот на

маслото и интензитетот на кочење се зголемува и на границата на

блокирање на тркалото повторно се враќа од почеток. Сликовито кажано,

уредот врши „кочење на рати“, со зачестеност од неколку десетина

циклуси во секунда. Тоа е всушност целата и голема „тајна“ на АВЅ

системот.

Првите ABS уреди биле двоканални – биле опремени само со два

уреди кои се поставувале на две дијагонални тркала. Во средината на

80-тите почнале да се користат троканални, со еден уред на погонскиот

диференцијал и два на останатите тркала. Од пред неколку години

автомобилите се опремуваат со четириканален  АВЅ со уреди на сите

тркала.

________________________________14

Page 15: Medicina

Проектна задача: ABS (Анти блокирачки систем)

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1) http :// www . koli . com . mk

2) http://www.motorna-vozila.com

3) http://www.automobilizam.net

________________________________15