27
Вовед: Појавата на тенкот како борбено средство е изнудена потреба од карактерот на војната и загубите во човечки животи. Потребата да се потисне непријателот од територијата што ја запоседнал и покрај огромните загуби со постојното оружје не можела да биде задоволена. Поради тоа се наметнала нужност да се создаде “нешто” што ќе може успешно да совладува земјишен простор и покрај силниот митралески оган, а притоа и да дејствува по непријателот и да му нанесува загуби. Тенкот Т-72 спаѓа во втората генерација која временски се поклопува со седумдесетите години. Во опремувањето е направен револуционерен квалитативен скок. За основно вооружување е воведен топ со мазна цевка и термички ракав,нови видови муниција,оклопот е од повеќе слоеви со различни коефициенти на заштита(таканаречен сендвич оклоп) Воведени се системи за управување со огнот со коинцидентни или ласерски далечиномери и балистички сметачи, а за погонски групи се воведуваат повеќегоривни дизел-мотори или гасни турбини и хидраулични трансмисии.Екипажот се намалува на три члена бидејќи послужителот на топот е заменет со автоматски полнач, а сите други системи и уреди се подобруваат. 1

Motor So Uredi

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Motor So Uredi

Вовед:

Појавата на тенкот како борбено средство е изнудена потреба од карактерот на војната и загубите во човечки животи. Потребата да се потисне непријателот од територијата што ја запоседнал и покрај огромните загуби со постојното оружје не можела да биде задоволена. Поради тоа се наметнала нужност да се создаде “нешто” што ќе може успешно да совладува земјишен простор и покрај силниот митралески оган, а притоа и да дејствува по непријателот и да му нанесува загуби. Тенкот Т-72 спаѓа во втората генерација која временски се поклопува со седумдесетите години. Во опремувањето е направен револуционерен квалитативен скок. За основно вооружување е воведен топ со мазна цевка и термички ракав,нови видови муниција,оклопот е од повеќе слоеви со различни коефициенти на заштита(таканаречен сендвич оклоп)Воведени се системи за управување со огнот со коинцидентни или ласерски далечиномери и балистички сметачи, а за погонски групи се воведуваат повеќегоривни дизел-мотори или гасни турбини и хидраулични трансмисии.Екипажот се намалува на три члена бидејќи послужителот на топот е заменет со автоматски полнач, а сите други системи и уреди се подобруваат.

1

Page 2: Motor So Uredi

ТЕНК-Т 72

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Калибар на топот 125 mm

Калибар на спрегнатиот митралез 7,62 mm

Калибар на ПАМ-от 12,7 mm

Борбен комплет на топот 45 куршуми

Борбен комплет на спрегнатиот митралез2000

куршуми

Борбен комплет на ПАМ-от300

куршуми

Екипаж 3

Должина на телото 6,95 m

Должина со топот напред 9,53 m

Ширина 3,37 m

Висина 2,226 m

Клиренс 0,47 m

Борбена маса 45000 kg

Специфичен притисок на земја 0,84 kg/cm2

Моќност на моторот 618 kW

Специфична моќност 13,73 kW/t

Радиус на движење 500 km

Капацитет на резервоарот за гориво 1000 l

2

Page 3: Motor So Uredi

Максимална брзина 60 km/h

1. МОТОР СО УРЕДИ

Моторот (сл.1) на тенкот T-72 е четворотактен,повеќегоривен дизел-мотор, ладен со течност, со12 цилиндра, распоредени во 2 блока и со центрифугален компресор за прехранување. Максималната сила на моторот е 574 KW(780KS) при 2000min-

1 во работа со дизел-гориво. Основно гориво за негова работа е дизел-гориво D-2, а може да се користи и бензин до 72 октани и млазно гориво, како и мешавина на овие врсти горива.

Главни делови на моторот се: картер(куќиште), блокови со глави, коленасто вратило, клипови со клипници, разводен механизам и вентилите.

Во склоп на моторот спаѓаат и уредите за: додод на гориво; довод на воздух; подмачкување; ладење и загревање и уред за компримирање на воздухот.

Сл.1 Мотор на Т-72

1-картер; 2-блок; 3-глава на блокот; 4-капак на главата на блокот; 5-фин пречистувач; 6-селектор на маслото; 7-разводник на воздух; 8-пумпа за вода; 9-пумпа за масло; 10-нископритисна пумпа за гориво; 11-пумпа за вентилација на картерот; 12-погон за обртомерот; 13-издувни колектори; 14-фин пречистувач за масло; 15- колектори за полнење; 16-пумпа за висок притисок

3

Page 4: Motor So Uredi

1.1 Уред за напојување со гориво

Овој уред наменет е за сместување, пречистување и доведување на горивото во цилиндрите на моторот.

Уредот се состои од: резервоари(внатрешни, надворешни и компензациони), разводни славини, славини за исклучување на надворешните резервоари, вентил со пловак, рачна мембранска пумпа за гориво, груб и фин пречистувач, пумпа за висок и низок притисок, центрифугална пумпа за гориво, вентил за испуштање на воздухот, приклучок за одвод на горивото, бризгалки и цевки за висок и низок притисок.

Внатрешни резарвоари се: лев и десен преден, заден десен и среден резервоар со вкупна запремнина од 705л. Пополнувањето се врши низ грло за налевање на десниот заден резервоар поради што треба да се отвори чепот на грлото за налевање на првиот надворешен резервоар. Левиот преден резервоар се наоѓа лево од седиштето на возачот и изведен е така да во случај на оштетување на било кој резервоар во него остане 100л гориво што е доволно за еден час работа на моторот. Десниот преден резервоар се наоѓа десно од возачот, десниот заден резервоар се наоѓа позади десниот преден резервоар а средниот резервоар се наоѓа во борбеното одделение кај преградата на моторно-трансмисионото одделение. Надворешните резервоари ги има пет со вкупен волумен од 945л, меѓусебно се поврзани со цевки и се наоѓаат на десниот калник. Секој резервоар има грло за налевање, цевки за гориво и за воздух а преку петиот се поврзани со атмосферата. Горивото од надворешните резервоари се троши преку првиот резервоар.

Вкупната запремнина на резервоарите за гориво со приклучните буриња е 1600л.Компензациониот резервоар сужи за собирање на вишокот на гориво а сместен е во моторно-трансмисионото одделение.

Разводната славина за гориво овозможува вклучување и исклучување на резервоарите и приклучување на резервоарите на вентилот за испуштање на горивото. Сместена е во управувачкото одделение, лево од седиштето на возачот.

Славината за исклучување на надворешните резервоари сместена е на средниот резервоар од горната десна страна.

4

Page 5: Motor So Uredi

Грубиот пречистувач е сместен во управувачкото одделение лево од седиштето на возачот. Најкасно после 300 мото-часови работа на моторот се пере во дизел-гориво.

Финиот пречистувач е составен од два паралелно поврзани пречистувачи сместени на носач кој се наоѓа кај всисниот колектор на моторот. Замена на неговите елементи се врши најкасно после 500 мото-часови на работа на моторот.

Центрифугалната пумпа сместена е на левиот преден резервоар. Обавезно се вклучува кога моторот работи на бензин а ако работи на дизел или млазно гориво истата не треба да се вклучува.

Рачната мембранска пумпа се користи ако е неисправна центрифугалната пумпа. Се наоѓа на носач лево од седиштето на возачот.

Пумпата за низок притисок го доведува горивото преку финиот пречистувач во високопритисната пумпа кога моторот на тенкот работи и се наоѓа на долниот дел од картерот.

Пумпата за висок притисок го вбризгува горивото во цилиндрите во одредени количини и одредени временски интервали и се наоѓа меѓу блоковите на моторот.

Механизмот за исклучување на работата на моторот автоматски ја зауставува работата на моторот во случај на пожар или NHB-опасност.

Вентилот за испуштање на воздухот овозможува испуштање на воздухот од високопритисната пумпа, финиот пречистувач и од цевките и сместен е во управувачкото одделение лево од седиштето на возачот.

Приклучокот за испуштање на горивото со помош на центрифугалната пумпа овозможува испуштање на горивото од резервоарите надвор од тенкот, а сместен е во управувачкото одделение над грубиот пречистувач.

Електричниот мерач на гориво ја покажува количината на гориво во внатрешните резервоари.

5

Page 6: Motor So Uredi

Сл.2 Систем за довод на гориво

1-прв надворешен резервоар; 2-втор надворешен резервоар; 3-десен заден резервоар; 4-трет надворешен резервоар; 5-пумпа за гориво на греачот; 6-четврт надворешен резервоар; 7-славина за исклучување на надворешните резервоари; 8-компензационен резервоар; 9-вентил со пловак; 10-петти надворешен резервоар; 11-десно буре; 12-лево буре; 13-пумпа за висок притисок; 14-бризгалка; 15-фин пречистувач; 16-мотор; 17-нископритисна пумпа; 18-среден резервоар; 19-лев преден резервоар; 20-десен преден резервоар

1.2 Уред за довод на воздух и одвод на издувни гасови

Овој уред е наменет за пречистување на воздухот, доведување на воздухот во цилиндрите на моторот и одведување на издувните гасови во атмосферата. Составни делови на овој уред се: пречистувач на воздухот, компресор, всисни колектори, цевки за одвод на прашината од пречистувачот, сигнализатор на пречистувачот на воздухот, издувни колектори и цевки, компензатор и издувен приклучок.

6

Page 7: Motor So Uredi

Сл.3 Систем за довод на воздух

1-мотор; 2-всисни колектори; 3-цевка за довод на воздух од компресорот до компензаторот; 4-компресор за прехранување; 5-пречистувач за воздухот; 6-сигнализатор; 7-црево на сигнализаторот; 8-летва; 9-носач за прицврстување на пречистувачот на воздух;10-носач за сигнализаторот; 11-цевка за исфрлање на прашината; 12-издувен колектор; 13-вентил; 14-компензатор; 15-издувна цевка; 16-издувен приклучок

Пречистувачот на воздух служи за пречистување на воздухот пред да дојде во цилиндрите на моторот и се наоѓа во моторно-трансмисионото одделение.Тој се чисти со дизел-гориво кога ќе се запали сигнализаторот.

Сигнализаторот на пречистувачот на воздухот укажува на нечисти елементи на пречистувачот при што засветува црвена сигнална сијалица. Сместен е на самиот пречистувач.

Компресорот служи за зголемување на притисокот на воздухот кој влегува во цилиндрите на моторот при преод од една врста на гориво во друга.

7

Page 8: Motor So Uredi

Сл.4-Пречистувач на воздух

1-тело; 2-капак; 3-приклучок на компресорот за прихранување;4-приклучок на компресорот на уредот за компресија; 5и11-утврдувачи; 6и10-приклучоци на собирачите на прашина; 7- собирач на прашина; 8-штитник; 9и12-заштитни мрежи; 13-наслон; 14-рачка; 15-стега; 16- приклучок за давачот на сигнализаторот

1.3. Уред за подмачкување

Овој уред обезбедува сместување на маслото, негово доведување под притисок до површините на моторот и делумно ладење на моторот. Се сосотои од: три резервари за масло, ладилник, пумпа за масло, груб пречистувач, фин-центрифугален пречистувач, помошна пумпа, давач на притисокот и температурата на маслото, манометар и цевки.

Резервоари за уље има три: основен, дополнителен и надворешен. Вкупната запремнина на основниот и на дополнителниот е 65л(основниот 27л, дополнителниот 38л), а најмала дозволена количина за работа на моторот е 20 литри во двата резервара. Основниот резервоар е сместен во средниот дел на моторно-трансмисионото одделение. Надворешниот резервоар се наоѓа на левата страна, над издувните цевки и не е вклучен во уредот за подмачкување на моторот. Неговата запремнина е 42л, а во него се става 35л масло.

8

Page 9: Motor So Uredi

Пумпата за масло ја остварува циркулацијата на маслото во уредот. Сместена е во долниот дел на картерот на моторот, а погон добива од радилицата.

Грубиот пречистувач е сместен на моторно-трансмисионата преграда, кај компресорот за прехранување, а финиот пречистувач - десно од компресорот за прехранување. Пречистувачот потребно е да се чисти со дизел-гориво после 100 мото часови работа на моторот.

Помошната пумпа за масло овозможува довод на маслото за подмачкување на моторот пред негово пуштање во работа. Сместена е под редукторот на погонот на вентилаторот на уредот за ладење.

Манометарот го покажува притисокот на маслото кое оди на подмачкување на моторот. Сместен е на разводната табла на возачот.

Термометарот за масло ја покажува температурата на маслото во моторот. Сместен е на разводната табла на возачот.

Нивото на масло се контролира со рачниот мерач низ отворот на грлото за наливање на дополнителниот резервар. Ако тенкот бил употребуван, нивото на масло се контролира 15 минути после престанување на работата на моторот.

Маслото се менува после поминати 5000 km или 200 мото-часови работа на моторот или после 18 месеци.

Сл.5 Систем за подмачкување

1-фин центрифугален пречистувач; 2-мотор; 3и7-ладилници за масло; 4-дополнителен резервоар; 5-грло за налевање; 6-основен резервоар; 8-помошна пумпа за масло; 9-селектор на масло; 10-давач на

9

Page 10: Motor So Uredi

манометарот; 11-капак на централниот довод на масло во моторот; 12-давач на термометарот; 13-пумпа за масло; 14-груб пречистувач

1.4 Уред за ладење

Овој уред служи за одвод на топлината од деловите на моторот и за одржување на нивните температури во дозволените граници. Составни делови на уредот се: ладилници, компензационен резервар со паравоздушен вентил, дополнителен резервар, пумпа за вода, простор околу цилиндарот на моторот, вентилатор, давач на термометарот, давач на критичната температура на водата, давач на критичната температура на антифризот, вентил за испуштање на разладната течност, цевки и влезни и излезни жалузини.Во уредот се сипува 90л течност низ грлото на левиот ладилник и компензациониот резервар. За ладење се користи, летоска- чиста мека вода, а зимоска-антифриз.

Компензационен резервар, со волумен од 5л сместен е во моторно-трансмисионото одделение во висина на главата на моторот. На горниот дел на резерварот е грлото за налевање на разладната течност низ која се мери нивото на течност и паравоздушниот вентил.

Дополнителен резервар, служи за дополна на уредот за ладење на течноста, кога моторот работи подолго време. Сместен е во моторно-трансмисионото одделение на преградата до борбеното одделение.

Пумпата за вода, сместена е на долниот дел на картерот на моторот, а се подмачкува со маслото од картерот. На пумпата е сместен вентил за испуштање на разладната течност.

Вентилаторот е сместен во задниот дел на тенкот. Неговиот погон има два степена: нормален и повишен. Вентилаторот треба да биде вклучен во нормален степен на погон. Повишениот степен се користи при температура на околината повисока од 25oC. Се забранува работа на моторот со исклучен вентилатор.

Термометарот за контрола на температурата на течноста за ладење се наоѓа на разводната табла на возачот. Сигнализацијата на давачот на критичната температура на водата и антифризот се остварува со сигнални сијалици “TEC.ZA HLADENJE/VENT”.

Жалузините го регулираат температурниот режим на работа на моторот, количината на воздухот која ја усисува

10

Page 11: Motor So Uredi

вентилаторот и го штитат моторно-трансмисионото одделение од ударниот бран, NE, пожар, парчиња од гранати и мини. На тенкот постојат влезни и излезни жалузини. Рачката за отварање и затварање на жзлузините е сместена во управното одделение, десно од возачот, на подот на тенкот и има неколку положби.

Нивото на разладната течност се проверува со мерење низ неколку грла за наливање на компензациониот резервар и на ладилникот. Кај потполно пополнетиот уред за ладење средниот аритметички резултат на мерење на нивоата на течностите треба да биде 70-75mm.

Сл.6 Уред за ладење

1-десен ладилник; 2-помошна пумпа за маслото на моторот; 3-помошна пумпа за маслото за трансмисијата; 4-вентилатор; 5-грло за налевање на ладилникот; 6-лев ладилник; 7-компензациони црева; 8и9-спирални цевки во резервоарите за масло на моторот и трансмисијата; 10-пумпа за вода; 11-вентил за испуштање на течноста; 12-мотор; 13-компензационен резервоар; 14-грло за налевање на компензациониот резервоар; 15-дополнителен резервоар; 16-греач;17-давач на термометарот; 18-давач на критичната температура на водата; 19-давач на критичната температура на антифризот

1.5 Уред за загревање

Овој уред го загрева моторот и уредите кои го опкружуваат, пред неговото пуштање во работа (маслото за

11

Page 12: Motor So Uredi

хидраулично управување и подмачкување на трансмисијата). Главни делови на уредот се: греач, спирални цевки во резерварот за масло, просторот во склоповите на моторот кои се загреваат, кошулките за вода на помошната пумпа за масло и цевки.

Греачот ја загрева течноста за ладење пред пуштање на моторот во работа. Се употребува при температура на надворешниот воздух пониска од 5oC, при работа на моторот на дизел и на млазно гориво, а на пониска од 20oC, ако се користи бензин. Сместен е во борбеното одделение од десната страна, на подот на тенкот.

Славината за гориво на греачот служи за отварање на доводот за гориво од уредот за напојување до греачот. Вретеното на славината е поврзано со јаже за полугата која се наоѓа на десната страна на тенкот во борбеното одделение. Славината е вклучена кога полугата е свртена кон челото на тенкот, а исклучена - во спротивната положба. Ако греачот работи нестабилно, треба со центрифугалната или со рачната пумпа за гориво да се доведе горивото до греачот.

Забрането е да се пушта греачот во работа ако напонот на изворот на електричната струја во тенкот е помал од 22V, ако разводната славина за гориво е поставена во положба “ИСКЛУЧЕНИ РЕЗЕРВОАРИ” и ако тенкот се наоѓа во затворен простор без вентилација.

Сл.7-Греач

1-полуга на командата на славината за гориво; 2-челично јаже; 3и4-делови на пропусниот вентил; 5-пумпа за гориво; 6-склоп на пумпи на

12

Page 13: Motor So Uredi

греачот; 7-вретено на славината за гориво; 8-електромотор на греачот; 9-вентилатор; 10-приклучок за излез на течноста од греачот;11-котел; 12-свеќица за палење; 13-чеп; 14-свеќица за загревање на горивото; 15-славина за гориво; 16-бризгалка; 17-пречистувач на гориво; 18-спој на преливната цевка; 19-преливна цевка; 20-пропусен вентил; 21-електромотор на склопот пумпи; 22-пумпа за течност

1.6 Уред за компримирање воздух

Овој уред , покрај движење на моторот, го обезбедува и следното: полнење на боците со компримиран воздух, полнење боци за хидропневматско чистење на нишанот, чистење на перископот за посматрање на возачот, чистење од прашина на влезниот и излезниот приклучок на склопот за довод на воздухот на уредот за НХБ-заштита, работа на електро- пневматскиот вентил на компресорот за стварање на натпритисок, работа на механизмот за прикочување на тенкот, чистење од прашина на муницијата и другите агрегати во тенкот и работа на уредот за отварање на пролаз во минските полиња.

Главни делови на уредот се : компресор, две боци, селектор, вентил за испуштање на талогот од селекторот, автомат на притисокот, таложник, манометар, славина за одвод на воздухот, вентил за пуштање на моторот во работа, редуктор на притисокот, три електропневматски вентили, приклучок за конзервација на моторот и цевки.

Компресорот под притисок ги полни челичните боци со компримиран воздух. Сместен е на мултипликаторот од кого добива и погон.

Двете челични боци се прицврстени за горната коса плоча на оклопното тело, во предниот дел на управното одделение. Секоја е со волумен од 5л а притисокот е147бари (150kp/cm2) и има свој излезен вентил.

Вентилот за испуштање на талогот од селекторот е сместен во моторно-трансмисионото одделение на десната страна од задната оклопна плоча.

Таложникот со славината за одвод на воздухот е сместен во управувачкото одделение на подот, пред бирачот на степенот на пренос. На долниот дел на телото на таложникот се наоѓа отвор за испуштање на талогот затворен со чеп.

13

Page 14: Motor So Uredi

Манометарот е сместен во управувачкото одделение на носачот на горната оклопна плоча, десно од седиштето на возачот.

Вентилот за пуштање на моторот во работа е сместен во управувачкото одделение на косата предна оклопна плоча, десно до седиштето на возачот, а се отвара со притискање на полугата на вентилот.

За да се спречи губењето на воздухот од уредот при стоење на моторот подолго од два часа, со благо притискање на рачката се затвараат вентилите на боците. За пуштање на моторот во работа во зимскиот период, притисокот во боците мора да биде најмалку 73 бари(75 kp/cm2).

Уредот за хидропневматско чистење на стаклата на перископот на возачот служи за перење со помош на течноста и за чистење од прашина и од снег со помош на воздух. Уредот е приклучен на боцата од уредот за компримирање воздух.

Сл.8-Уред за компресирање на воздух

1-компресор; 2-селектор; 3-вентил за испуштање на талогот од селекторот; 4-пречистувач; 5-автомат на притисокот; 6-таложник; 7-славина за одвод на воздух; 8-манометар; 9-боци; 10-редуктор; 11-електропневматски вентил; 12-вентил за чистење на перископот; 13-редуктор на количината на воздух; 14-резервоар за течност; 15-славина; 16-млазник за чистење на уредот за довод на воздух на приборот за НХБ заштита; 17- млазница на системот за хидропневматско чистење; 18- разводник на воздухот на моторот; 19- склоп за конзервација на моторот; 20- вентил за пуштање на моторот во работа; 21-чеп на автоматот за

14

Page 15: Motor So Uredi

притисок; 22- приклучок за одвод на воздухот; 23-пречистувач; 24- компензатор

2. ТРАНСМИСИЈА

Трансмисијата е група на склопови, меѓусебно споени и сместени помеѓу моторот и погонските тркала, наменети да: ја пренесуваат силата на моторот на погонските тркала; овозможува управување, промена на брзината на движење, кочење и застанување на тенкот; овозможува одвојување на моторот од погонските тркала кога моторот работи на празен од, при пуштање на моторот во работа и при промена на степенот на преносот и да обезбеди погонот за компресорот, стартер-генераторот и вентилаторот.

Се состои од мултипликатор, два менувача на степенот на преносот, конструкциски изведени со бочни преносници; команди за управување и уред за хидраулично управување и подмачкување.

Сл.9-Шема на поврзаноста на склоповите на трансмисијата

1-компресор; 2-погон за склопот електрозадвичувач-генератор; 3-мултипликатор; 4- редуктор на погонот на вентилаторот; 5-назабена спојница; 6- погонска назабена прирабница на десниот менувач; 8-

менувачи на степенот на пренос; 9-бочни преносници; 10-гонети вратила; 11-разводен механизам; 12и13- облоги; 14-вратило; 15-

назабена спојница; 16-чеп на погонското вратило; 17-пумпа за одвод на масло; 18- пумпа за довод на масло; А-мотор; Б-погонски тркала

15

Page 16: Motor So Uredi

2.1 Мултипликатор

Мултипликаторот го пренесува вртежниот момент од моторот на левиот и десниот менувач на степенот на преносот и го обезбедува погонот на компресорот, на склопот електрозадвижувач- генератор и на вентилаторот. Сместен е во моторно-трансмисионото одделение, покрај десната оклопна плоча на телото на тенкот. Се подмачкува од уредот за хидраулично управување и подмачкување на трансмисијата.

Главни делови на мултипликаторот се : куќиште, запченици, делови за спој со моторот и менувачите на степенот на пренос,погон на компресорот, погон за склопот електрозадвижувач-генератор и вентилаторски погон. На куќиштето од долната страна, поставен е чеп за испуштање на маслото.

Погонот на компресорот ги пренесува вртежите од коленастото вратило на моторот до компресорот.

Погонот на електрозадвижувачот на генераторот ги пренесува вртежите од електрозадвижувачот на генераторот на моторот (работа во режим на електрозадвижувачот) и обратно, ги пренесува вртежите од моторот на електрозадвижувачот на генераторот (работа во режим на генераторот).

Вентилаторскиот погон ги пренесува вртежите од моторот на вентилаторот од уредот за ладење на моторот.

2.2 Менувачи на степенот на пренос

Тие се наменети за промена на брзината на движење и промена на влечната сила на погонските тркала, за придвижување и кочење на тенкот и одвојување на моторот од погонските тркала. Типот на менувачот е механички, планетарен, со седум степени на пренос за движење напред и еден назад. Поставени се заедно со бочните преносници, во куќишта кои се заварени во задниот дел на тенкот, од левата и десната страна.

Промената на степенот на преносот кај праволиниското движење на тенкот се врши со помош на

16

Page 17: Motor So Uredi

командите за управување и уредот за хидраулично управување и подмачкување на трансмисијата.

Тенкот се движи со повлекување на една од командите за управување во задната положба, а кочи по механички пат, со помош на командната кочница или со командата за прикочување.

Бочниот преносник со менувачот на степенот на пренос го сочинува единствениот склоп кој е споен со куќиштето на менувачот.

2.3 Команди за управување со трансмисијата

Овие команди се состојат од: команди на квачилото, команди за промена на степенот на преносот, команди за промена на правецот на движење и команди на кочницата.

Командата на квачилото служи да го одвои моторот од трансмисијата и овозможува лесно тргнување на тенкот од местото. Педалата на квачилото не треба да се притиска при свртување на тенкот бидејќи тенкот тогаш не може да сврти.

Командата за промена на степенот на пренос овозможува промена на степенот на пренос во менувачите. Утврдувачот кој се наоѓа на рачката за промена на степенот на пренос дозволува да се при промена на степенот на пренос од високи на ниски, прескокнува некој од степените и не го вклучува одот наназад, а пред тоа да не се постави рачката во положба на празен од.

Командите за промена на правецот на вртење (лева и десна) служат да со нивното повлекување во задната положба степенот на преносот се намалува за еден. Со едновремено помрднување на двете рачки во задната положба практично ја намалуваме брзината на тенкот за еден степен. Тенкот може да се застане со помош на командата само во 1.степен на преносот и во одот наназад.

Командата на кочницата е наменета за кочење на тенкот во движење, застанување на тенкот на возвишенија, кочење на паркиралишта, на платформите и сл. На паркиралиште тенкот се закочува а педалата на кочницата се утврдува со назабена рачка и при тоа рачката на менувачот мора да биде во неутрална положба.

Командата за прикочување чиј тастер се наоѓа на левата полуга за управување, служи да ја намали брзината на тенкот без притискање на педалата на кочницата а воедно ја

17

Page 18: Motor So Uredi

поместува педалата на кочницата во положба погодна за кочење. Прикочувањето не може да се изврши ако не се отпушти педалата за гас.

2.4 Уред за хидраулично управување и подмачкување на трансмисијата

Овој уред е наменет за: довод на маслото за управување со менувачите на степенот на пренос; подмачкување и ладење на сите склопови на трансмисијата; одвод на масло од куќиштето на менувачот и мултипликаторот во тек на работата и ако тенкот не се користи долго, довод на масло во хидрауличната спојница на склопот електрозадвижувач-генератор поради пуштање на моторот во работа со електрозадвижувачот или со влеча со помош на друго возило. Вкупната запремнина на уредот е 57l, а нормалниот притисок е 2-2,5 бари(мин. 1,5 бари).

Уредот се состои од: резервар за масло, пумпа за довод на масло, пумпа за одвод на масло, помошна пумпа за масло, вртлив пречистувач, пречистувач за масло, склопови на вентили, ладилник, разводни славини, манометар со давач и систем од цевки.

Резерварот за масло е сместен во моторно-трансмисионото одделение, со запремнина од 42л, и на него се наоѓа грло за наливање и контрола на маслото и пречистувач на маслото.

Сл.10-Уред за хидраулично управување и подмачкување на трансмисијата

1-резервоар; 2-склоп на вентилот; 3-цевка за довод на масло за хидраулично управување; 4- пречистувач; 5- цевка за довод на масло; 6-

18

Page 19: Motor So Uredi

мултипликатор; 7- разводна славина; 8- давач за манометарот; 9- разводен механизам; 10- менувач на степенот на пренос; 12- пумпа за одвод на маслото; 13- помошна пумпа за масло; 14- чеп за налевање на масло; 15- пумпа за довод на масло; 16- пречистувач; 17- пречистувач за маслото на менувачот

3. ОДЕН ДЕЛ

Одниот дел овозможува движење на тенкот по различно земјиште и ги ублажува ударните оптеретувања. Се состои од гасеничен задвижувач и балансир со амортизери.

Гасеничниот задвижувач се состои од: две гасеници, две погонски тркала, дванаесет потпорни тркала, шест тркала на носачот на гасеницата и две водечки тркала со механизми за затегнување на гасеницата.

Гасениците можат да бидат со гумено-метален шарнир и со отворен шарнир.

Погонските тркала ја премотуваат гасеницата и се поставени на жлебовите на вратилата на бочните преносници.

Потпорните тркала поставени се на лактасти осовини и ги има по шест од секоја страна. Тркалата на носачот на гасеницата се прицврстени за бочната страна на телото на тенкот - по три. Налевање, контрола и замена на хипоидно масло за нивно подмачкување се врши низ отворот од надворешната страна на тркалото.

Водечките тркала-мрзливци со механизмите за затегнување на гасеницата се наменети за усмерување на гасеницата при премотување и нивно затегнување.

Балансирот со амортизерите е наменет да ги ублажи ударите врз телото на тенкот во текот на движењето по нерамен терен. Системот е независен за секое потпорно тркало, а се состои од торзиони вратила, торзиони осовини,хидраулични амортизери и граничници.

19

Page 20: Motor So Uredi

Sl.1-Oden del kaj tenkot T-72

1- mehanizam za zategawe na gasenicata; 2- vode~ki del(mrzlivec); 3- torziona osovina; 4-{arniri na hidrauli~nite amortizeri; 5-

hidrauli~ni amortizeri; 6- nose~ki trkala na gasenicata; 7-potporni trkala; 8- pogonsko trkalo; 9- torzioni vratila

Sl. 2-Osnovni elementi na potpiraweto

1- torziona osovina; 2-amortizer; 4- le`i{te na osovinata; 5- navoj; 6-oznaka

20

Page 21: Motor So Uredi

21