14

National Product Portfolio

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: National Product Portfolio
Page 2: National Product Portfolio

АИЕСЕК официјално е основан во 1948 година. Во тоа време нашата мисија беше да го прошириме знаењето за општеството преку проширување на знаењето на индивидуите, променувајќи го светот човек по човек.

Во 1955, АИЕСЕК се прошири во централно источниот регион – ова беше првото присуство на АИЕСЕК надвор од Европа. Во оваа година, АИЕСЕК за првпат достигна повеќе од 1.000 интернационални размени.

Поддршката на АИЕСЕК го достигнува својот врв кога папата Павле VI ги поздравува глобалните лидерски тимови на интернационалниот конгрес во 1964 година во Рим, Италија.

Со бројот на интернационални размени кој годишно надминува над 4.500, рачното “мечирање” на студенти за пракси веќе не можеше да функционира. Студентите на техничките факултети со поддршка од IBM ги поставуваат темелите и воведуваат компјутеризирани системи.

До 1977, AIESEC има полноправни комитети во 50 земји на 6 различни континенти. Уште повозбудлив е фактот дека ова проширување не покажува знаци на забавување и покрај глобална депресија.

АИЕСЕК во светски рамки

The AIESEC way - 1989Мрежата е обединета за новото формулирање на мисијата.

“Мир и исполнување на човечкиот потенцијал”.

Учесниците на Интернационалниот конгрес во 2005 година, развија краткорочна амбиција за да го направат влијанието на организацијата уште поголемо. Генерацијата 2010 поставува цел така што бројот на годишни пракси надминува над 10.000 до 2010 година.

The AIESEC Way се развива и сега го вклучува следниов опис: “АИЕСЕК е глобална, невладина, независна и непрофитабилна организација предводена од страна на студенти и млади дипломирани студенти”.Амбицијата е постигната и обновенаПосле остварувањето на неверојатниот број на пракси до тогаш, мрежата повторно се собира да донесе одлука за АИЕСЕК 2015. АИЕСЕК земјите направија под-стратегии кој ќе допринесат во глобалниот развој.Крајот на 2011 година покажува знак на огромен успех за АИЕСЕК. Повеќе од 18.000 интернационални размени обезбедени од страна на 60.000 членови на АИЕСЕК во 110 земји. Нашиот најнов годишен извештај (2014) го бележи АИЕСЕК кој е присутен во 124 земји. Овозможивме преку 26.000 интернационални пракси, координирани од страна на повеќе од 100.000 членови на АИЕСЕК.

Page 3: National Product Portfolio

АИЕСЕК во Република Македонија

АИЕСЕК во Република Македонија најпрво е формирана како дел од АИЕСЕК Југославија во 1953 година. Во 1993 АИЕСЕК Југославија беше поделена на одделни ентитети, што каконаследство денеска претставува АИЕСЕК во Република Македонија.

Од своето основање АИЕСЕК во Република Македонија има соработувано со преку 500 македонски и интернационални компании и организации. Имаме долгогодишно искуство на организирање и спроведување на интернационалната програма за размена преку која го доближуваме нашиот град поблиску до светот.

Лидерските можности кои ги нудиме ја позиционираа организацијата како место за развој на лидерските вештини и способности, стекнување на знаење и искуство со младите луѓе да се изградат како ефикасни и одговорни лидери во иднината.

Денеска АИЕСЕК во Република Македонијаброи околу 200 активни членови кои и понатамуја реализираат интернационалната програма за размена како и разни типови на проекти наактуелни теми и проблематики.

АИЕСЕК во Република Македонија ја сочинуваат четири локални комитети:

• Локален Комитет Скопје (Економски Факултет - Скопје, УКИМ)• Локален Комитет Прилеп (Економски Факултет - Прилеп, УКЛО)• Локален Комитет Тетово (Универзитет на Југоисточна Европа)• Локален Комитет Штип (Економски Факултет - Штип, УГД)

Page 4: National Product Portfolio

Програмите кои ги нудиме

Програма за разменапрофесионална пракса

•Професионално усовршување во одредена област•Работа на разновидни проекти•Работа во широка палета на компании и организации

•Динамичен процес на учење•Мултикултурно позитивно влијание врз општеството•Развој на сопствените вештини и способности•Работа на проект од општествено-одговоренкарактер.

•Личен и професионален развој•Водење на тим составен од индивидуи соразличен карактер и придонес во развој на истите• Развој на лидерски потенцијал• Практично искуство преку тимска работа• Интернационална мрежа на контакти

Програма за разменаволонтерска пракса

Програма за членство и тим лидери

Page 5: National Product Portfolio

Календар на активности

Септември Декември Март

Април Април

Април Јуни

Регрутација начленство

Youth to BusinessForum &

Career Direction

Leadership Inspirational

Seminar

Career Days Career Direction

United forTomorrow

United forTomorrow

Page 6: National Product Portfolio

Youth to Business Forum е еден од интернационалните АИЕСЕК брендови и е проект кој се организира еднаш годишно во речиси сите АИЕСЕК ентитети ширум светот.

Youth to Business Forum претставува уникатна можност за воспоставување и градење на поблизок однос помеѓу младите, академската и бизнис заедницата. Трите инволвирани страни во текот на овој Форум ќе имаат можност да дискутираат и да го изразуваат своето мислење на актуелни теми и проблематики од бизнис сферата и општественото живеење.

Земајќи ги во предвид брзиот напредок, промените, предизвиците на современиот свет како и желбата за надоградување и проширување на знаењата, согледавме потреба за реализирање на Форум каде што 300 млади луѓе од нашата земја ќе имаат можност да се сретнат со претставници од најпрестижните македонски компании, академската заедница како и надлежните институции.

Платформа за интеракција помеѓу младите лидери, академската и бтизнис заедницата

Учество на панел дискусија

Работилница во организација наВашата компанија

showcase на позитивна и успешнаприказна од Вашето работење

Публикација

Ова е одлична шанса заа да дискутираат на теми кои ќе претставуваат основа за понатамошен развој и проширување на нивните погледи, со цел да се изврши позитивно влијание врз општеството, како на сегашните, така и на идните генерации.

Темите на овогодинешниот Macedonian Youth to Busi-ness Forum ќе ја адресираат проблематиката на одливот на мозоци од нашата држава и како релациите и соработката помеѓу бизнис секторот, студентите и академската заедница можат да допринесат и да генерираат идеи за разрешување на овој феномен.

1

23

4

Page 7: National Product Portfolio

Денови на кариера претставува централен настан од областа на кариерата во нашата земја. Овој настан како квалитетно изграден и позициониран бренд, нуди низа можности од професионалниот свет, почнувајќи од едукација, вклученост на самите факултети, вмрежување и разменување на контакти, професионално советување, информирање, наоѓање на пракси и вработување.

Целта на проектот е да овозможи интеракција помеѓу студентите и македонските компании, да се зголеми свеста кај студентите за тоа што точно компаниите ценат кај своите идни вработени, развој и едукацијана студентите со цел оформување на почетните чекори за успешна кариера, а со тоа зголемување на вработеноста на студентите од сите факултети.

Долгогодишната традиција која говори за квалитетот и значајноста на настанот е потврдена од досегашните учесници, задоволни компании и голем број на студентите кои своето прво работно искуство го добилетокму благодарение на Денови на Кариера.

Саем на компании

1 на 1 интервју

Учество во панел дискусија

Сase Study предизвик

1

23

4

20 години Денови на кариера

Локација : СкопјеМесец на одржување: Април

Page 8: National Product Portfolio

Овој проект е наменет за подигнување на свеста кај младите луѓе за важноста на животната средина, како и значењето на одржливиот развој за опстанок на планетата Земја, преку интерактивни работилници и тематски семинари до индивидуално размислување за ова се поактуелно и поважно прашање. Проектот има за цел да ги поттикне младите да преземат акција во создавањето на одржливо општество.

“Обединети за утре” е проект базиран на студентска размена во мрежата на АИЕСЕК. За времетраење на проектот и за самата негова реализација предвидено е учеството на странски практиканти, учесници во глобалната програма за волонтирање на АИЕСЕК.

Проектот е сегментиран на два дела:

United for Tomorrow

United for Tomorrow Junior

1

2

Подигнуваље на зелената свест

Локација : СкопјеМесеци на одржување: април до јули

United for Tomorrow

Page 9: National Product Portfolio

Семинарoт за лидерствo е двoдневен настан кој би им овозможил на студентите да се спознаат себеси во полето на лидерството и да се стекнат со вещтини од полето на тимска работа, менаџирање со времето и слично.

Предавачите на семинарот е планирано да бидат луѓе, кои се истакнати личности во рамки на својата професија и во рамки на деловниот свет во Македонија, така што учесниците на семинарот би можеле да се мотивираат слушајќи за нивното искуство.

Семинарот за лидерство има за цел да ги натера младите да размислат подлабоко за својата иднина и кариера. Истиот на компаниите би им овозможил да учествуваат во развојот на своите идни кадри, пренесувајќи им дел од своите вредности и знаење.

Компаниска презентација

Можност за market research

Учество на сесија

1

23

Семинар за лидерствоЛокација : Прилеп

Месец на одржување: Март

Page 10: National Product Portfolio

„Центар за кариера и насочување“ е проект чија цел е да ја подигне свесностаи проактивноста кај средношколците за нивните избори сега, во текот насредношколското образование, а поврзани со понатамошниот развој на нивнатакариера и професионална ориентација. Имено, целта е учениците во среднитеучилишта да сфатат дека токму сега е најсоодветното време да започнат даги откриваат своите потенцијали и таленти и на тој начин да ја пронајдатсопствената палета на интереси и да добијат можност истите да ги развиваат.Проектот, меѓу другото, ќе им овозможи да започнат со себеистражувањето иличниот раст и развој, откривајќи ги и градејќи ги своите сфаќања и ставови.Главната идеја е да се охрабрат учениците да започнат активно да размислуваат,да планираат и да делуваат во прилог на нивната идна кариера; да се запознаатсо полниот спектар на науки, вештини и професии; да научат што е универзитет,како функционира факултетот и што значи да бидеш студент; да се запознаат соуниверзитетите, начините на добивање стипендии и можностите за добивањеработа и градење на кариера во Македонија и во светот;

“Насоката која човека му ја дава на своето образование, ја одредува

неговата иднина и неговиот живот“ - Платон

Локација : Скопје и ПрилепМесеци на одржување:

декември и април

да им се доближат начините на истражување на сопствените потенцијали, способности и таленти - Во што се добри и што прават со уживање? - Како можат тоа да го вклопат во нивниот иден професионален живот?; да научат што е информација, зошто е важно секогаш да бидат добро информирани, како и каде да побараат и да добијат вистинита, точна, еродостојна информација.

Page 11: National Product Portfolio

• Гостување на неделните состаноци на Локалните Комитети на одредена тематика, во координација со АИЕСЕК, на која дополнително ви се нуди можноста за презентација на Вашата компанија.

• Видео реклама која ќе се прикажува на видео бимот пред почетокот на сите локални состаноци на АИЕСЕК комитетите.

• Дополнителни промотивни реквизити кои ќе бидат поставени во просториите каде што се одржуваат неделните состаноци.Учество на екстерен настан

• Организирање на јавен настан или гостување на претставник од Вашата компанија, кој е наменет за екстерната јавност во сите 4 ентитети ширум Македонија. (Гостување на генерален директор или претставник од

Компаниска презентацијаЛокација: Скопје, Прилеп, Штип и Тетово

Page 12: National Product Portfolio

Онлајн промоција

• Линкувано лого на Вашата компанија поставено на почетната страна на веб страната.• Посебен прилог за компанијата во секцијата Национални партнери на нашите веб страни исоцијалните медиуми.• Континуирано известување за сите заеднички активности на Вашата компанија и АИЕСЕК воделот Новости/Блог.• Редовно известување за активностите на Вашата компанија во интерната група на АИЕСЕК во Македонија на фејсбук (250 членови).• Редовно известување за активностите на Вашата компанија во интерната група на АИЕСЕК Алумни Македонија (ААМ) на фејсбук (300 членови).• Редовно известување за активностите на Вашата компанија во месечниот newsletter, кој ќе биде испратен до сите екстерни и интерни мејлинг листи со кои располагаат локалните комитети на АИЕСЕК во Република Македонија на месечно ниво.комитети на АИЕСЕК во Република Македонија на месечно ниво.

Промотивни активности

Физичка промоција промоција• Лого на Вашата компанија на сите промотивни материјали, специјално изработени за секојаактивност во организација на локалните комитети на АИЕСЕК во Република Македонија.• Промотивни материјали на Вашата компанија дистрибуирани до сите учесници на семинаритеи проектите на локалните комитети на АИЕСЕК во Република Македонија.• Постојана поставеност на Ваш промотивен материјал во сите канцеларии на локалнитекомитети на АИЕСЕК низ Република Македонија (постери, флаери и дополнително промоматеријали).

Останати активности• [Market research] - Можност за спроведување на истражување на пазарот преку мрежата настуденти на локалните комитети на АИЕСЕК во Република Македонија.• Лого на Вашата компанија во унифицираниот дигитален потпис, на секој член на нашатаорганизација.

Page 13: National Product Portfolio

www.aiesec.org.mk

Page 14: National Product Portfolio

ПретседателВиктор КаревскиEmail: [email protected]Тел: +389 78 401 202

Потпретседател одговорен за соработка со надворешни ентитетиМарко Андонов - АцевEmail: [email protected]Тел: +389 78 497 906

Бул. Гоце Делчев 9В[Економски Факултет - Скопје]1000, Скопје , Р.МакедонијаWeb: www.aiesec.org.mkEmail: [email protected]Тел: +389 2 3286 851Тел: +389 2 3286 837