18
УНИВЕРЗИТЕТ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП Факултет за туризам и бизнис логистика – Гевгелија Смер : Бизнис админстрација Проектна задача Вербална Комуникација Ментор : Кандидат : Доц. д-р Мимоза Серафимова Кире Јованов

o o SEMINARSKA

Embed Size (px)

DESCRIPTION

/

Citation preview

Page 1: o o SEMINARSKA

УНИВЕРЗИТЕТ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

Факултет за туризам и бизнис логистика – Гевгелија

Смер : Бизнис админстрација

Проектна задача

Вербална Комуникација

Ментор : Кандидат :

Доц. д-р Мимоза Серафимова Кире Јованов

Бр.на индекс 174605

Гевгелија, Мај 2015

Page 2: o o SEMINARSKA

С О Д Р Ж И Н А

Абстракт .........................................................................................................................3

1. Вовед ..........................................................................................................................4

2. Вербална комуникација ..........................................................................................5

3. Процес на вербалната комуникација....................................................................6

4. Како до успешна вербална комуникација?..........................................................9

5. Форми на три одговори.........................................................................................12

6. Заклучок ..................................................................................................................13

7. Користена литература ...........................................................................................14

2

Page 3: o o SEMINARSKA

Абстракт

„Ниту еден јазик не е толку јасен како јазикот на телото, кога еднаш би го научиле

да го читаме“ - Alexander Lowen

Секојдневно ние одговараме на илјадници невербални знаци и однесувања

вклучувајки ги држењата, фацијалната експресија, контактот со очи, гестовите и

тонот на гласот. Од нашите ракувања до нашите стилови на коса, невербалните

детали откриваат кои сме ние и влијаат на тоа како ние се поврзуваме со

останатите луѓе. Луѓето постојано го користат своето тело за да испратат знаци

едни на други. Овие знаци можат да бидат индикатори за она што тие навистина

го чувствуваат во моментот или можат да бидат погрешно интерпретирани од

другиот и да предизвикаат недоразбирање.

Abstract

“No language is not as clear as body language, once we learned to read” – Alexander

Lowen

Everyday we answer thousands of questions using our eye contacts, tone of voice,

facial expressions, gestures. From our handshakes to our hair style, nonverbal details

reveal who we are and affect how we relate to other people. People constantly use his

body to send signs to each other. These symptoms could be an indication of what they

really feel at the moment or can be misinterpreted by the other and cause

misunderstanding.

Key words Клучни зборови

People Луѓе

Answer Одговор

Communication Комуникација

Message Порака

3

Page 4: o o SEMINARSKA

1. Вовед

Во литературата постојат многу дефиниции за комуникацијата во зависност од

пристапот, без разлика дали тој е првенствено, социолошки, психолошки,

културен или стратешки, или денес најактуелен, деловен.

„Комуникацијата може да се дефинира како процес со кој доаѓаме до заедничко

разбирање на пораки помеѓу две или повеќе лица преку пренос и примање

пораки“

Комуникацијата е процес на размена на информации меѓу луѓето, најчесто по пат

на јазик. Преку комуникацијата се разменуваат и мисли, чувства и пораки.

Комуникацијата обично е опишана преку три главни димензии: содржина, форма и

цел. Заедно, содржината и формата на комуникација креираат порака која се

испраќа кон целта. Целта може да биде самиот човек или друга особа во

интерперсонална комуникација.

Трите основни комуникациски форми се: устна комуникација, писмена

комуникација, невербална комуникација. Главна цел на комуникацијата, било која

од овие форми да се користи, е секогаш иста, а таа е да се пренесе порака.

Освен трите основни вида, има повеќе видови на комуникација и тоа:

- Интерперсонална комуникација

- Интраперсонална комуникација

- Невербална комуникација

- Активно слушање

- Телекомуникација

4

Page 5: o o SEMINARSKA

2. Вербална комуникација

Вербалната комуникација е форма на комуникација,за која веднаш помислуваме

кога се спомне терминот комуникација. Ја среќаваме во нашата секојдневна

работа, каде и да одиме, со кого и да се сретнеме незаменлива е употребата на

вербалната комуникација, па и во слободно време кога гледаме телевизија,

слушаме радио, читаме книги, па дури и понекогаш слушаме нешто од човек кога

спие. При секој воспоставен контакт, при кој ние примаме одредена порака или

информација, се воспоставува и самата комуникација.

Вербалната комуникација претставува интеракција, размена на

информации, мислења, емоции и потреби меѓу луѓето. Се остварува низ процесот

на емитување, пренос и прием на пораките. Таа е значајно средство за

вклучување на детето во светот на возрасните, за совладување на достигањата

до кои дошле претходните генерации, претставува кодифицирана норма за

стекнување на нови сознанија и вербализација на афективните доживувања на

личноста. Процесот на говорната комуникација е сложен и недоволно познат. За

да се оствари нормална вербална комуникација потребно е функционирање на

целокупниот ЦНС, како и на говорните органи. Интеграција на толку сложен

систем и совршенство во неговото функционирање е најголемо достигнување на

човекот. Поради тоа очигледно е дека овој систем е многу чувствителен и можат

да го нарушат разни надворешни и внатрешни фактори.

Вербалната комуникација се манифестира преку говорот, кој пак се

остварува преку употреба на јазичниот систем.

5

Page 6: o o SEMINARSKA

3. Процес на вербалната комуникација

За да ги определиме компонентите на вербалната комуникација, треба да

одговориме на следните прашања:

1. За што служи јазикот?

2. Кој учествува во комуникацијата?

3. Што треба да знаат учесниците во комуникацијата?

4. Што е поентата на секоја комуникација, што сакаме да пренесеме, испратиме?

5. Низ што се одвива комуникацијата?

Кога ќе ги одговориме овие прашања, доаѓаме до заклучок од што сè се состои

комуникацијата.

(одговори)

1.Јазикот служи за да се постигне комуникација.

2. Во комуникацијата учествуваат испраќачот и примачот.

3. Учесниците во комуникацијата мора да го знаат истиот јазик, односно систем од

знаци - код.

4. Секоја комуникација се одвива заради пренесување на некоја порака. Пораката

мора да има содржина или предмет (референт).

5. Комуникацијата може да се одвива непосредно или посредно (по телефон,

преку пошта). Она низ што се одвива комуникацијата се нарекува канал или

медиум на пренос.

6

Page 7: o o SEMINARSKA

Шематски ова може да го претставиме вака:

систем од знаци

код

испраќач - канал (медиум) - порака - канал (медиум) – примач

предмет на пораката

референт

Овој шематски приказ е направен според научникот Роман Јакобсон.

- Иницијаторот на комуникацијата го нарекуваме испраќач. Тој ја испраќа пораката

низ одреден канал, до другата личност, која ја нарекуваме примател.

- Иницијатива

Најнапред, кај иницијаторот на комуникацијата — испраќачот, се јавува потреба

да пренесе информација кон или од некоја личност. Испраќачот можеби има

потреба да каже некому да направи нешто, да постави прашање некому или да

комуницира со некого од низа други причини.

- Селекција на тема

Испраќачот прво треба да реши која порака сака да ја пренесе до примателот.

- Селекција на медиум/шифрирање на порака

Потоа треба да одреди со кои зборови, гестови, сигнали, ќе ја претстави пораката.

Овој чекор од комуникацискиот процес се нарекува шифрирање. Тој подразбира

избор на медиум; испраќачот може да избере да ја пренесе пораката во пишана

7

Page 8: o o SEMINARSKA

форма, со вербален контакт, телефонски, преку и-мејл порака, на

видеоконференција, или преку друг вид медиум.

- Комуникациски канал

Кога испраќачот ќе ја испрати пораката, таа влегува во каналот што ги поврзува

испраќачот и примателот. Базично, овој канал е медиумот преку кој пораката се

пренесува од испраќачот кон примателот. Канали можат да бидат: звучни бранови

меѓу двајца луѓе кога комуницираат еден наспроти друг, телефонска врска,

компјутерска мрежа, пошта. Каналот може да вклучи и други луѓе, на пример,

повеќе членови на работна група.

- Примање на пораката/декодирање

Следниот чекор во процесот е кога пораката доаѓа до примателот. Идеален случај

е кога примателот е свесен за пораката која стасала и ја интерпретира пораката

така како што сакал испраќачот. Процесот на интерпретација се нарекува

декодирање.

Комуникацискиот процес се остварува само тогаш кога испратената порака од

страна на испраќачот е примена и разбрана од страна на примателот.

- Трансмисија

Сè додека не се оствари примањето и разбирањето, станува збор само за проста

трансмисија, а не за комуникациски процес. процес, има уште два значајни

фактора на комуницирањето. Тоа се повратната врска и вревата.

- Повратна врска

Последниот чекор од овој процес е повратната врска. Испраќачот добива потврда

од примателот дали пораката е или не е примена и дали и како е разбрана.

Повратната врска може да биде одредено однесување, знак од страна на

примателот, може да биде вербална потврда или, пак, напишана порака. Во оваа

8

Page 9: o o SEMINARSKA

ситуација, испраќачот станува примател, а примателот испраќач. Во оваа

смисла,процесот може да се повтори многупати, што редовно се случува во

секојдневниот живот, кога луѓето разговараат меѓу себе.

- Вревата

Последниот елемент од комуникацискиот процес е вревата. Под врева го

подразбираме сето она што го попречува преносот на информации од испраќачот

кон примателот.

Може да се работи за секојдневна врева типична за фабрика или, пак, за

психолошка врева.на пример, испраќачот може да е преокупиран со нешто во

мислите, така што подготовката на пораката е недоволна и таа е нејасна.

Обратно, примателот може да е занесен во сопствените мисли, со што му се

намалува можноста да ја прими соодветно пораката и да ја протолкува како што

треба

4. Како до успешна вербална комуникација?

Еден од првите асоцијации за вербалната комуникација е дека станува збор

за комуникација остварена преку стандардниот јазик и дијалект. Тука станува

збор, како и за професионалниот говор, така и за употребата на жаргонски изрази.

Сите тие се подеднакво важни. Важно е при водењето на комуникацијата да не

робуваме на јазикот, односно доколку не го владееме добро стандарниот јазик не

треба да чуствуваме принуда истиот да мора да го употребуваме, бидејќи на тој

начин не би можеле да го изразиме она што го чуствуваме навистина и би

стравувале од можноста да бидеме неправилно сфатени од страна на

аудиториумот.

Таквите говори даваат пример за тоа како треба да говориме за да бидеме

сфатени од сите , но често пати токму поради отсуството на дијалекти не бидеме

потполно разбрани од аудиториумот.Доколку сакаме навистина да бидеме

слушнати од страна на аудиториумот, ние треба да се потрудиме психички да му

се приближиме за да успееме да го доближиме поблиску до темата,односно да

9

Page 10: o o SEMINARSKA

делуваме врз ефективната страна на слушателот.Се разбира, при комуникацијата

треба да употребуваме изрази кои се познати за слушателот, односно доколку

сакаме да ја изразиме нашата стручна и интелектуала компетентност, тоа можеме

да го направиме со тоа што ке користиме богати, стилско обликувани реченици и

службен стил. Лична желба е тоа дали сакаме да воспоставиме дистанца и

достоинство или блискост со аудиториумот. При стручен говорпостои опасност од

различно сфаќање на еден ист поим. Со оглед на тоа што некои термини се исти

или слично со други термини од друга област, често се случува, аудиториумот да

мисли дека разбира што говорникот му зборува , а всучност да мисли нешто

сосема различно.

Во вербалната комуникација има делови кои се нарекуваат модални изрази,

а се однесуваат на стереотипни коментари кои не носат информации но на

соговорникот му даваат време за полесна обработка на информациите. Овие се

фрази, кои често не се регистрираат на пример. "Како што знаеме ...»," значи ...»,"

моето мислење "," Секако дека ... "и слично. Дури и ученичкото ббб..се смета за

негативно затоа што укажува забавеност, несигурност, незнаење, или пак слаб

речник, навика и поради таа причина говорникот мора да се обиде да го отстрани

од неговиот говор. Просечното дете може да се запамети околу. 8 зборови за

период од 5 секунди. Затоа доколку аудиториумот е составен од деца треба да

користиме едноставни и прецизни реченици" , бидејќи тие не можат да следат

низа на наши мисли. Истото правило важи и кај уморни и психички опуштени луѓе.

Овој факт значи дека треба да постои една организација на речениците при ваков

аудиториум. Во секоја реченица мора да има информација и редунанца, каква что

се очекува пропратена со модални изрази за да се даде доволно време на

публиката да ѓи обработи информациите.

Притоа, треба да се обрне внимание на:

• тонот и јачината на гласот,

• брзината на зборувањето,

• чистотата на јазикот,

10

Page 11: o o SEMINARSKA

• изборот на зборови,

• дали зборувате доволно гласно,

дали викате, дали тонот на гласоте лут, нестрплив, монотон,

• брзото зборување е причина луѓето да испуштат дел од информациите што им ги

пренесувате, бавното зборување пак може да биде причина за

незаинтересираност,

• избегнувајте да ги скратувате зборовите („доам“, „ќедоам“) и да употребувате

изрази од типот на „овај“, „онадуе“, „хм“...,

• употребувајте соодветни зборови, зборувајте кратко и јасно, избегнувајте

двозначни зборови.

11

Page 12: o o SEMINARSKA

5. Форми на три одговори

Луѓето обично имаат посебна наклонетост кон една од трите форми

на одговор. Тие се:

• Визуелна,

• Аудио,

• Кинестетска.

Тие ги идентификуваат своите избори преку работи кои ги кажуваат и ги

прават. Со активно слушна секој поединец, односно кој тип на одговор од трите

горенаведени го преферира, и да се одговори на соодветен начин кој поттикнува

одговор со чувства и поблиска комуникација.

Визуелните одговори обично се индицирани од употребата на изрази какви што

се: „Гледам што мислеше“ или „Јас навистина не знам како ова би ми помогнало“.

Aудио одговорите вклучуваат фрази каква што е: „Слушам што кажуваш“.

Кинестетските луѓе се во контакт со емотивната страна и страната на чувствата.

Тие сакаат да ги прават работите, да ги допираат работите, да ги чувствуваат.

Ним донесувањето одлуки најчесто им се базира врз чувства. Тие може да

побараат да го поддржат производот или, пак, да го „тестираат“. Може да кажат

нешто како: „Ова го чувствувам добро“ или „Ова создава добро чувство“.

12

Page 13: o o SEMINARSKA

6. Заклучок

Комуницирањето ги опфаќа сите средства и методи со кои луѓето пренесуваат

информации. Без разлика дали станува збор за усни или писмени, формални или

неформални, комуникациите одат преку различни канали и во разни насоки со

една цел: меѓусебно разбирање. Широкиот спектар на теории за комуницирањето

го прават тешко сумирањето во една теорија. Сепак основниот модел на

комуницирањето го опишуваат како процес во пет чекори за кој е потребно

креација на порака од испраќашот па пораката се пренесува преку канал или

медиум. Пораката се прима а потоа се интерпретира. Финално се одговора на

пораката со што се комплетира процесот на комуницирање.

Во последново време на мода е да се зборува дека доживуваме криза во

различни области на човековото дејствување. Во случајот на комуникацијата тоа

објективно се случува. Верувам дека не постои човек кому не му се случува во

одредени моменти да има чувство дека во комуникацијата со другите не успева

секогаш да биде разбран. Или самиот не успева да го пренесе она што го мисли

или пак другите поради некоја причина не сакаат или не можат да го разберат. Од

друга страна пак, големо задоволство е кога навистина и суштински

комуницираме со некого. Колку само не исполнува тоа чувство кога некој не

разбира, кога некому успеваме да му го пренесеме она што го чувствуваме, кога

таа комуникација навистина не зближува со оние што ги имаме околу себе. Како и

да е, комуникацијата, пред се тука мислам на вербалната секојдневна

комуникација со другите, е еден од најзначајните моменти во нашиот живот.

13

Page 14: o o SEMINARSKA

7. Користена литература

1. ‘’Култура, информација и комуникација’’ – Умберто Еко, Мирјана Дрндарски- 1973

2. www.andjeli-cuvari.com/verbalna.html

3. ’Уметност и комуникацијата’’ – Твртко Куленович – 1983

14