13
бр. 7 / 8 2012 МАРТ ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОНСКИ електронска верзија информатор ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ РЕГИОНОТ ДОЛНА НОРМАНДИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА АПРИЛ Канцеларија на проектот во Скопје Асоцијација на агенции за локална демократија Бул Партизански одреди 15a 2/2, 1000 Скопје, Македонија Телефон: 00 389 2 6091 060 [email protected] www.bn-mk.org | www.crbn-mk.courriers.info Проект за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија

ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

  • Upload
    others

  • View
    26

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

бр.7 / 82012МАРТ

ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОНСКИ

електронска верзијаинформатор

ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУРЕГИОНОТ ДОЛНА НОРМАНДИЈАИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПРИЛ

Канцеларија на проектот во СкопјеАсоцијација на агенции за локална демократијаБул Партизански одреди 15a 2/2, 1000 Скопје, МакедонијаТелефон: 00 389 2 6091 [email protected]

www.bn-mk.org | www.crbn-mk.courriers.info

Проект за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија

Page 2: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нор-мандија (Франција) и Република Македонија започна во 2006 година. Се работи за единствена соработка каде еден фран-цуски регион соработува со држава, Македонија. Во срцето на проектот е локалната власт имајќи ги како институционал-ни партнери регионалниот совет на Долна Нормандија и Министерство за локална самоуправа на Македонија. Оваа институционална соработка се состои од акциона програма спроведувана од страна на француски и македонски партне-ри. Првичната програма е замислена за три години (2007-2010 година), но таа продолжува и во наредните три години (2011-2013). Финансиски поддржан од страна на Министер-ството за надворешни и европски работи на Франција.

Петтата година на соработката опфаќа продла-бочување на работата во шесте оски предвиде-ни со програмата на активности, но и отворање кон други теми како што се човековите права. Соработката исто така го поддржува процесот на регионален рамномерен развој во Македонија и европската интеграција во двете територии.Петтата година на соработката ја поддржува и примената на мерките и политиките за промови-рање на локалниот економски развој и поголе-ма вклученост на малцинствата кои на тој начин придонесуваат кон остварување на целите на одржливиот развој. Збратимувањата на градови-те се исто така зајакнати благодарение на при-дружбата при вмрежувањето во работни групи од страна на организацијата Солидарни Хори-зонти (Horizons Solidaires) во Долна Нормандија.

Оваа соработка е резултат на заед-нички напори на Македонија и на Долна Нормандија да ги отворат нивните територии кон светот и да ги поттикнат нивното население во активно граѓанство на локално и Европско ниво преку реципроци-тет и размена. Проектот има за цел да го да го придружува процесот за влез во Европска Унија и спро-ведувањето на европското право. Програмата цели кон зајакнување на доброто локалното владеење во сите теми на соработката, кон развивање на капацитетите на локалното население, како и кон разменување на добри практики и искуства. Главните цели на проек-тот е да се зајакнат капацитетите на локалните власти за спроведување на процесот на децентрализација, да го поттикнат учеството на граѓа-ните и да помогнат во остварување на одржлив развој.Проектот има за цел да ги анимира двете територии, Долна

Нормандија и Македонија, преку шесте теми на соработка-та. Иако се работи за институционална соработка, актив-ностите од проектот се групирани во 6 дела спроведувани од француско-македонски „тандем организации“. Целта е да вклучат сè поголем број граѓани и организации на по-веќе нивоа: државни иституции, здруженија на граѓани, професионални комори, медиуми итн., за да се одговори на потребите на двете територии. Асоцијацијата на Аген-ции за локална демократија (АЛДА) е генерален координа-тор на сите активности.

© Emmanuel Luce

АКТИВНОСТИ И УЧЕСНИЦИ

ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНОТ ДОЛНА НОРМАНДИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПЕТТА ГОДИНА НА СОРАБОТКАТА – „ЦЕНТРАЛНА“ ГОДИНА

ЦЕЛИ

Page 3: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

31

5

2

64

шест оски на соработкаДигитални технологии и медиуми

Обука и употреба на нови технологии за подобро локално владеење

● Регионален совет на Долна Нормандија - Долна Нормандија

● Метаморфозис - Македонија

Млади, локално и европско граѓанство

Развој на локални младински политики ● Европска куќа од Каен - Долна Нормандија

● Коалиција на младински организации СЕГА - Македонија

Попис на културно наследствоМетодологија за попис на културно наследство

● Национална асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори -

Франција ● Асоцијацијата на градови од Македонија со

архитектонско наследство - Македонија

Културни политикиЗајакнување на капацитетите на локалните власти

во областа на културата● Регионален центар за култура, етнологија и техника

(CRéCET)- Долна Нормандија● Локомотива - Македонија

ТуризамПоддршка и промоција на туризмот

● Центар за институционален развој (ЦИРа) - Македонија

Развој на земјоделството Зајакнување на мрежата на фармери за развој на

одржливо земјоделство ● Француски земјоделци за меѓународен развој (AFDI)

- Долна Нормандија● Федерација на фармери на Република Македонија -

Македонија

Page 4: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

КООРДИНАЦИЈА

ДАТА 20 МАРТ 2012 МЕСТО КАЕН, ДОЛНА НОРМАНДИЈА

Средишниот управен одбор за фран-цуските партнери се одржа во Каен, на 20 март 2012 година, во просторите на Регио-налниот Совет на Долна Нормандија. Полу-годишниот состанок го отвори г-ѓа Сабин Гише Лебаји, раководител на одделение при Регионалниот Совет на Долна Норман-дија. Таа ја истакна важноста на билатерал-

ната соработка за развојот на Регионот Долна Нормандија, но и за Република Македонија.

Благодарение на презентацијата за меѓует-ничките односи во Македонија, претставена од страна на г-ѓа Билјана Зашова, управител на подружницата на АЛДА, француските партне-ри имаа можност подобро да се запознаат со македонското мултиетничко општество.

Според предвидената програма на средба-та, партнерите имаа можност да дискутираат за административните и финансиските ставки во соработката, како и за реализацијата на ак-тивностите предвидени за оваа година.

Во однос на комуникацијата, на партнерите им беше претставена новата интернет страна и новото лого на децентрализираната сора-

НАСТАН

СРЕДИШНИ УПРАВНИ ОДБОРИ ВО КАЕН И ВЕЛЕС

СРЕДИШЕН УПРАВЕН ОДБОР НА ФРАНЦУСКИТЕ ПАРТНЕРИ

Двата настани кои ја одбележаа децентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија изминативе месеци, беа двата управни одбори. Како и секоја година, партнерите од двете територии се состанаа за да разговараат за развојот на соработката и за предвидените настани.

Средишен управен одбор во Велес - г. Галет, г-ѓа Леклуз и г. Зафировски

бр. 7 / 84

Page 5: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

ДАТА 3 АПРИЛ 2012 МЕСТО ВЕЛЕС, МАКЕДОНИЈА

ботка. Воедно се зборуваше и за важнос-та на визуелниот идентитет за внатрешната и надворешната комуникација.

Како дел од предвидените активности за оваа година, учесниците имаа можност да

На трети април во просториите на општината Велес, македонските партне-ри на соработката меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, одржаа полугодишен состанок. Тие имаа можност да ја анализираат петтата годи-на од соработката и да дискутираат за те-ковните активности во рамките на сора-ботката. Состанокот заедно го водеа: г-ѓа Надеж Леклуз, раководител на секторот за меѓународна соработка и мобилност при Регионалниот совет на Долна Нор-мандија, г. Гале, аташе на соработката при француската амбасада во Скопје и г. Зафировски, советник при Министер-ството за локална самоуправа на Маке-донија.

Македонските партнери имаа мож-ност да дознаат повеќе за општата по-литичка состојба во Република Франција и во Регионот Долна Нормандија, но и да се запознаат со структурата на уре-дување на регионот, кој во голема мера се разликува од онаа на македонските

дознаат повеќе за официјалната посета во јули која ќе ја предводи г. Лоран Бове, Претседател на Регионот Долна Нормандија. Делегацијата ќе има можност да присуствува и на фестивалот на француски филм, кој секоја година традицио-

региони. Следејќи ја предвидената програма, партнерите исто така имаа можност да збо-руваат и за административните прашања во соработката и соработката на градови.

Во доменот на комуникацијата, беа претста-вени новата интернет страница www.bn-mk.org и логото на соработката.

Средишниот управен одбор беше одлична можност за обновување на институционал-ното партнерство меѓу Регионалниот Совет

нално се во Охрид, а е финансиски поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија.

Следен предизвик за соработката е новото триенале на соработката кое ќе биде претставе-но во 2013 година.

на Долна Нормандија и Министерството за локална самоуправа на Македонија. Новиот договор за соработка ќе биде потпишан след-ниот јули, кога г. Лоран Бове, Претседателот на Регионот, ќе престојува во Македонија. Тој воедно ќе присуствува и на годишниот упра-вен одбор кој ќе биде од големо значење и за партнерите на соработката, но и за сите орга-низации и институции вклучени во децентра-лизираната соработка.

СРЕДИШЕН УПРАВЕН ОДБОР НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТНЕРИ

КООРДИНАЦИЈА | СРЕДИШНИ УПРАВНИ ОДБОРИ ВО КАЕН И ВЕЛЕС НАСТАН

април / мај 2012 5

Page 6: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

КООРДИНАЦИЈА | СРЕДИШНИ УПРАВНИ ОДБОРИ ВО КАЕН И ВЕЛЕС НАСТАН

Од април 2012, децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија располага со нова интернет страница www.bn-mk.org и лого на соработката.

Преку илустрациите и боите, логото ги претставува двете земји, прија-телството и соработката. Од сега, ова лого е заштитен знак на програ-мата на соработка и достапно е во три формати и јазици: француски, ма-кедонски и албански.

Новата интернет страна пак на соработка е исто така достапна на овие три јазици. Во неа посетителите можат да најдат информации за децентрализира-ната соработка, за партнерите и земјите кои таа ги претставува. Оваа интер-нет страна служи да ве информира за севкупната работа и целите на соработ-ката, претставени преку повеќе рубрики (новости, земји, документи...).

Поранешната интернет страна http://crbn-mk.courriers.info е исто така достапна и може да послужи како еден вид архива на информации поврзани со соработката.

НОВА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА И ЛОГО НА СОРАБОТКАТА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА

бр. 7 / 86

Page 7: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

КООРДИНАЦИЈА

ДАТА 10 - 11 МАЈ 2012 МЕСТО ТЕТОВО, МАКЕДОНИЈА

На 10 и 11 мај 2012, во Тетово, се одр-жа семинарот насловен како „Туризам и активности на отворено во Балканот“. Семинарот беше организиран во рамките на проектот на мултилатерална соработка Франција-Балкан, координиран од АЛДА.

Речиси четирисетина туристички ра-ботници (претставници на туристички агенции, хотелиери, водичи, итн.) како и претставници на локалните власти и ин-тернационални организации од Фран-ција, Романија и од Балканските земји (Албанија, Босна, Косово и Македонија) присуствуваа на овој настан.

Семинарот имаше за цел да ги про-мовира и нагласи бројните туристич-ки потенцијали со кои располагаат балканските земји, што воедно ќе до-принесе тие да станат популарни ту-ристички дестинации кои нудат, меѓу другото, бројни активности на отворе-но. Нивното поврзување едни со други ќе допринесе за промовирање на ак-тивностите и идентификување на секоја од нив. Средбата во Тетово резултираше со динамични дискусии меѓу учесници-те и размена на конкретни предлози кои

би ја подобриле туристичката понуда наме-нета и за меѓународните, но и за балкански-те туристи.

Децентрализираната соработка меѓу До-лна Нормандија и Македонија исто така ја претстави својата програма на работа и ја истакна важноста за развојот на туризмот во Македонија. Имено, оската туризам, во рам-ките на соработката, работи на зајакнување

на капацитетите на локалните чинители од јавниот и приватниот сектор кои работат во овој домен.

Семинарот во Тетово овозможи размена на многубројни интересни идеи меѓу учес-ниците, кои во иднина ќе дадат конкретни резултати и ќе го потпомогнат развојот на туризмот и на активностите на отворено во Балканските земји, но и во Франција.

ДАЛИ БАЛКАНОТ Е НОВА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ВО ЕВРОПА?

НАСТАН

април / мај 2012 7

Page 8: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

ОСКА 1„WIKI“ МАРАТОНИ ВО ВЕЛЕС И ДЕБАР „СЛОБОДА И ПРИВАТНОСТ НА ИНТЕРНЕТ“ ВО СКОПЈЕ

Во рамките на соработката Долна Нормандија / Македонија, фон-дацијата Метаморфозис во соработка со локалните партнери, фон-дацијата Фокус од Велес и Центарот за одржлив развој од општината Дебар, организираа два „wiki“ маратони. Целта на овие маратони е промоцијата на алатката „wiki“ како средство за споделување на ло-кални информации за македонските општини.

Првиот маратон се одржа на 25 април во просториите на фонда-цијата Фокус во Велес. Меѓу дванаесетте учесници беа и претставни-ците на организацијата Радио ЦД, фондацијата Фокус и организација-та Вила Зора. Маратонот започна со кратка обука за користење на „wiki“ алатката и продолжи со активностите на учесниците, кои на крајот на де-нот објавија околу 25 написи од областа на велешката култура и историја.

Вториот маратон се одржа во Дебар, на 26 април 2012 година, во просториите на Центарот за одржлив развој на општина Дебар. На обуката учествуваа волонтери, наставници и ученици кои за време на обуката објавија неколку корисни информации за општината и градот.

Порталот www.wiki.mk цели кон збогатување на информациите од локален карактер во повеќе општини низ Македонија. На тој начин, преку современа дигитална алатка, се врши ефикасна и поволна промоција на градовите. Моментално постојат три одделни портали за градовите Скопје, Велес и Дебар, но содржината ги опфаќа и скопскиот и вардарскиот регион, како и Југозападниот регион.

Mеѓународната конферен-ција „Слобода и приватност на интернет“,организирана од Мета-морфозис во партнерство со Инсти-тутот за човекови права и мир во Каен, Франција, како дел од долго-годишната децентрализирана сора-

ботка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, ќе се одржи во Скопје, во салата City Hall на 21 и 22 мај.

Во фокусот на конференцијата се две главни теми: приватноста и слободата на изразување, при што експерти од повеќе земји ќе имаат излагања за разни аспекти од овие области. Ќе бидат разгледани за-конските рамки за приватноста во неколку земји од ЕУ и од Балканот, ќе се дискутира за приватноста на децата на интернет, приватноста во бизнис секторот и во медиумите. Во контекст на слободата на изразу-вање, ќе се опфатат теми за цензура во медиумите, говор на омраза, улогата на државата, како и улогата на социјалните медиуми како сло-бодна територија.

Семинарот ќе го отворат г. Жан-Клод Шлумберже, францускиот ам-басадор во Македонија, г. Елвис Али, претставник на делегацијата на ЕУ во Македонија, г. Себастијан Ботробонтер, директор на Институтот за човекови права и мир, г. Бардил Јашари, директор на Метамор-фозис и г-ѓа Билјана Зашова, Заменик Директор на АЛДА во Скопје.

За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на конфе-ренцијата, ќе можат на интернет, во живо, да го следат настанот на аресата http://vozivo.mk/. Twitter хаштагот за конференцијата е #fpi12.

ДАТА 25-26 АПРИЛ 2012 ДАТА 21-22 МАЈ 2012МЕСТО ВЕЛЕС И ДЕБАР, МАКЕДОНИЈА МЕСТО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА

НАСТАН НАЈАВА

бр. 7 / 88

Page 9: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

ОСКА 2ВОЛОНТЕРСТВОТО ЗА СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА

Во рамките на оската „Млади“ од проектот за децентрализира-на соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, на 25 и 26 април македонска делегација составена од Зоран Илие-ски, извршен директор на коалицијата на младински организации СЕГА, Исен Асани, градоначалник на општина Теарце и Даниела Адамова, раководител на секторот за образование во град Скопје, беше во студиска посета на Долна Нормандија.

За време на посетата македонските претставници имаа мож-ност да разменат искуства со општинските работници и советни-ци на тема вработување на младите, младински локални полити-ки и граѓанско волонтерство.

ДАТА 25 - 26 АПРИЛ 2012МЕСТО КАЕН, ДОЛНА НОРМАНДИЈА

НАСТАН

Особен интерес беше покажан за граѓанското волонтерство, како начин за вклучување на младите во професионалниот жи-вот. Граѓанското волонтерство беше прикажано преку сведоштва на неколку млади кои го искусиле овој начин на вклучување во активното граѓанско општество.

За време на средбите се зборуваше и за европската програма Европски волонтерски сервис. Дел од оваа програма е младата Катерина Котеска од Прилеп која само што го започна својот во-лонтерски стаж во Европска куќа од Каен, Долна Нормандија. Таа работи на програмата за децентрализирана соработка меѓу До-лна Нормандија и Македонија. Оваа алатка на Европската унија претставува еден начин за јакнење и развивање на капацитетите на младите луѓе, отворајќи можности за полесно влегување во професионалниот свет.

април / мај 2012 9

Page 10: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

ОСКА 3

Можноста да се зачуваат архитектонските бисери и да се стават во функција на одржливиот развој беше во фокусот на конференцијата посветена на стандардите за заштита на на-следството што на 9-ти март годинава се одржа во Велес. На конференцијата, организирана од Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство и Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, Градоначалникот Горан Петров во функција на претседател на македонската асоцијација го потенцираше значењето на ова соработка. „Соработката на овие две асоцијации веќе на-

ДАТА 9 МАРТ 2012 МЕСТО ВЕЛЕС, МАКЕДОНИЈА

СТАРАТА АРХИТЕКТУРА Е МОЖНОСТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

влезе во шестата година и многу се радувам што оваа соработка се развива паралелно со активностите од билатералната Програма помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија во Република Франција. Архитектонското наследство не може да се чува во депо. Тоа е скапоценост изложена на временските непого-ди, вредност чиј непријател е времето. Но, со пријатели како Асо-цијацијата на градови од Македонија и Националната асоцијација од Франција, ова богатство ќе го сочуваме и ќе биде гордост и на идните генерации“, рече Петров.

Жан Ив Лавоар Советник за култура и соработка при Амбасадата на Република Франција и директор на Францускиот институт го нагласи значењето на проектот. „Се надевам дека повеќедневниот престој на експертите од Франција во Македонија, средбите и по-сетите што се одржаа во Велес, Куманово, Штип, Берово и Кратово

НАСТАН

бр. 7 / 810

Page 11: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

ОСКА 4ОСКА 3 | СТАРАТА АРХИТЕКТУРА Е МОЖНОСТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НАСТАН

вродија со интересни разговори и размена на искуства. Приме-ната на европски стандарди при пописот на културното наслед-ство е секако важна тема и ние, како Амбасада, постојано ќе ве придружуваме во тие зафати. Особено нè радува и би сакал исто така да ја поздравам богатата соработка што на општ план се вос-постави со регионот на Долна Нормандија“, рече Лавоар.

На конференцијата присуствуваа и Ивана Димитровска, рако-водител на соработката Македонија-Долна Нормандија и Луди-вин Баску менаџер на политики од Француската национална асо-цијација, механизмите на заштита на архитектонското наследство ги претстави Антоан Бругерол, експерт-архитект за наследство. Пред присутните посетители и организации како што е АЛДА, ИКОМОС –Македонија, претставниците на надлежните државни институции, граѓанските организации и медиумите, архитектите од градовите вклучени во проектот ги презентираа впечатоците од првата етапа во пописот на архитектонското наследство. Соз-давањето на партнерства помеѓу општините и националните ин-ституции, креирањето на алатка за попис на наследството која ќе ги следи европските стандарди но ќе се прилагоди на потребите и спецификите на Македонија, а најмногу сензибилизацијата на граѓаните беа само дел од заклучоците кои во следната етапа тре-ба да создадат мрежа од стручни лица на сите нивоа со цел да се заштити архитектонското наследство. Крајната цел е создавање на документација со која македонските општини ќе можат да апли-цираат пред европските фондови и да обезбедат средства за ре-витализација на архитектонскиот идентитет и негово ставање во функција на развојот на туризмот и локалната економија.

Покрај организацијата на конференцијата, во рамките на своја-та мисија во Македонија претставниците на француската асоција-ција работеа со проектните тимови во петте општини. Во следна-та фаза дел од проектот ќе биде и општина Крушево.

РАБОТИЛНИЦА „ПРОЕКТ МЕНАЏМЕНТ И СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ“

Во рамките на оската културни политики како дел од децентрали-зираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, од 7 до 10 мај 2012 година, во Битола, ќе се одржи работилница на тема „Проект менаџмент и стратешко планирање“.

Оваа работилница претставува продолжение на активностите реа-лизирани во 2011 година, во чии рамки се работеше на развивање и имплементација на Стратегија за регионален развој на културата во Пелагонискиот регион за периодот 2012-2015 година.

На работилницата ќе присуствуваат претставници на институции кои работат во областа на културата, како и претставници на деветте општини на Регионот Пелагонија.

НАЈАВА

ДАТА 7-10 МАЈ 2012МЕСТО БИТОЛА, МАКЕДОНИЈА

април / мај 2012 11

Page 12: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

ОСКА 5ПОСЕТА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ

СПОРЕД ФРАНЦУСКИОТ МОДЕЛЗАПОЗНАВАЊЕ СО СЕКТОРОТ

ЗА ТУРИЗАМ ВО ДОЛНА НОРМАНДИЈА

Од 5 до 8 март, тимот на ЦИРа престојуваше на работна по-сета во Долна Нормандија. Македонската делегација имаше можност да го запознае начинот на работа на француските туристички работници и да разговара за развојот на туризмот во Македонија. За време на тридневниот престој тие го посе-тија Регионалниот Совет на Долна Нормандија и се сретнаа со претставници на туристичките центри од Вистреам, Каен, Обла-ста на земјите на заливот...

Оваа посета има за цел да ги поддржи новите иницијативи во оската туризам, меѓу кои и начинот на креирање документи за развој на туризмот во Југозападниот регион на Македонија.

Македонска делегација ќе ја посети Долна Нормандија од 8 до 15 мај со цел подобро да се запознае со работата на секторот за туризам во регионот. Делегацијата, составена од претставници од различни македонски туристички организации: Министер-ство за локална самоуправа, Центар за развој на Југозападниот регион на Македонија, Туристичка комора на Македонија и дру-ги, ќе се сретне со повеќе претставници на туризмот од Долна Нормандија од Каен и од областа Земјите на Заливот.

Освен за петтата оска на соработка, развојот на туризмот е важен и за градовите и општините збратимени во рамките на децентрализираната соработка. На состанокот на општините, кој се одржа на 25 април оваа година во Каен, работната група дис-

кутираше за за ј акнување на туристички-те капацитети на македон-ските градови, како и за мож-на изработка на заеднички проект во оваа област.

DATE 5-8 МАРТ 2012 ДАТА 8-15 МАЈ 2012LIEU КАЕН, ВИСТРАМ... (ДОЛНА НОРМАНДИЈА) МЕСТО ДОЛНА НОРМАНДИЈА

НАСТАН НАЈАВА

бр. 7 / 812

Page 13: ПРОГРАМА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБOТКА МЕЃУ … · Проектот има за цел да ги анимира двете територии,

На 25 април, во просториите на Регионалниот Совет на Долна Нор-мандија, во Каен, се одржа средба на општините и градовите кои соработу-ваат со Македонија. На состанокот беа присутни претставници од градовите: Каен, Иф, Ерманвил-сур-мер, Шербур и општините: Ливаро, Сен Жам, Вис-треам и Флери-сур-Орн.

Оваа средба, во организација на Регионалниот Совет на Долна Нор-мандија и организацијата Солидарни Хоризонти, беше одлична можност за општините и градовите да се инфор-мираат за политичката, економската и општествената состојба во Македо-нија, но пред сè да дискутираат за сво-ите тековни соработки со општините од Македонија.

Како една од главните теми на дис-кусија беше развојот на туризмот, која побуди заеднички интерес кај сите присутни претставници на општините, а во попладневните часови се одржа работилница токму на таа тема. Со ог-лед на значењето што туризмот го има

врз територијалниот развој, во иднина е можна изработка на заеднички проект во оваа област.

Македонските градови и општини, кои соработуваат со општините од Регионот

Долна Нормандија, ќе се сретнат во те-кот на јуни, во Скопје. За септември пак, предвидена е заедничка работна сред-ба на која ќе присуствуваат општините и од двете територии.

СОРАБОТКА НА ГРАДОВИ НАСТАН

ДАТА 25 АПРИЛ 2012

ТУРИЗМОТ – ЗАЕДНИЧКА ТЕМА НА СОРАБОТКАТА СО МАКЕДОНИЈА- СРЕДБА НА ОПШТИНИТЕ ОД ДОЛНА НОРМАНДИЈА КОИ СОРАБОТУВААТ СО МАКЕДОНИЈА -

МЕСТО КАЕН, ДОЛНА НОРМАНДИЈА

април / мај 2012 13