21
Зошто е важен интегритетот на медиумите ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ АвТОРИ: ВЕСНА НИКОДИНОСКА И ЉУБИцА ГРОЗДАНОВСКА – ДИМИшКОВСКА ВОВЕД Финансиската „поддршка“ на медиумите со буџетски средства им е добро познат модел на сите власти во Македонија во изминативе години. Резултатите од неговата експлицитна злоупотреба се особено видливи на медиумскиот пазар во последниве години. Финансиите кои владата ги насочуваше кон медиумите со годините се зголемуваа, а коруптивно - клиентелистичките релации се зацврстуваа. Беа воведени и нови законски механизми за субвенционирање на медиумите, кои отворија простор за контрола и влијание врз уредувачките политики од страна на власта. Многу медиуми, а особено националните телевизии, беа корисници на средствата кои доаѓаа од државното рекламирање, што подразбираше реклами на Владата, министерствата, јавните претпријатија и агенции, како и на локалната самоуправа. Од 2014 година се воведени буџетски субвенции за петте национални телевизии и за јавниот сервис за производство на домашна играна и филмска програма. Јавниот национален сервис, Македонската радио телевизија (МРТ), добива приходи од Буџетот на Република Македонија по неколку основи. Продажниот тираж на провладините весници вештачки се зголемува меѓу другото и поради тоа што се разделуваат по јавните и државните институции. 1 Дополнително, минатата година беа обелоденети и неколку случаи кога Владата им исплаќала средства директно на медиумите. 2 Со обезбедувањето на финансиски бенефиции, Владата создава мрежа на сервилни медиуми кои известуваат во нејзина корист. Бидејќи медиумскиот пазар е многу сиромашен, опстанокот на некои медиуми зависи од владиното финансирање. Практиката на поткупување на медиумите со јавни пари е толку „нормализирана“, што на една обука за млади новинари, на прашањето „Што е важно за развојот и растот на еден 1 Информација од прислушуваните материјали кои ги објави опозицијата во 2015 година. 2 Медија Педија (база на податоци за медиумска сопственост), „Телевизиски лет над законите со керозин од владини реклами“, 2015 година.

МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

  • Upload
    others

  • View
    20

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

ме

ди

ум

ите

ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃ У ДРЖАВАТА И МЕ ДИУМИТЕ ВО МАКЕ ДОНИЈА

МЕ ДИУМСКИТЕ С ЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ

АвТОРИ: ВЕСНА НИКОДИНОСКА И ЉУБИцА ГРОЗДАНОВСКА – ДИМИшКОВСКА

ВОВЕ ДФинансиската „поддршка“ на медиумите со буџетски средства им е добро познат модел на сите власти во Македонија во изминативе години. Резултатите од неговата експлицитна злоупотреба се особено видливи на медиумскиот пазар во последниве години.

Финансиите кои владата ги насочуваше кон медиумите со годините се зголемуваа, а коруптивно - клиентелистичките релации се зацврстуваа. Беа воведени и нови законски механизми за субвенционирање на медиумите, кои отворија простор за контрола и влијание врз уредувачките политики од страна на власта.

Многу медиуми, а особено националните телевизии, беа корисници на средствата кои доаѓаа од државното рекламирање, што подразбираше реклами на Владата, министерствата, јавните претпријатија и агенции, како и на локалната самоуправа. Од 2014 година се воведени буџетски субвенции за петте национални телевизии и за јавниот сервис за производство на домашна играна и филмска програма. Јавниот национален сервис, Македонската радио телевизија (МРТ), добива приходи од Буџетот на Република Македонија по неколку основи. Продажниот тираж на провладините весници вештачки се зголемува меѓу другото и поради тоа што се разделуваат по јавните и државните институции.1 Дополнително, минатата година беа обелоденети и неколку случаи кога Владата им исплаќала средства директно на медиумите.2

Со обезбедувањето на финансиски бенефиции, Владата создава мрежа на сервилни медиуми кои известуваат во нејзина корист. Бидејќи медиумскиот пазар е многу сиромашен, опстанокот на некои медиуми зависи од владиното финансирање. Практиката на поткупување на медиумите со јавни пари е толку „нормализирана“, што на една обука за млади новинари, на прашањето „Што е важно за развојот и растот на еден

1 Информација од прислушуваните материјали кои ги објави опозицијата во 2015 година.

2 Медија Педија (база на податоци за медиумска сопственост), „Телевизиски лет над законите со керозин од владини реклами“, 2015 година.

Page 2: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

2

20медиум?“, сите присутни дале идентичен одговор: „Да добива владини реклами“.3

Генералната перцепција е дека во државата постои медиумска криза4 што ескалираше особено изминативе неколку години. Таа се рефлектираше врз уредувачката политика, врз уривање на професионалните и етичките стандарди во редакциите, како и врз ширење атмосфера на страв и самоцензура меѓу новинарите. Оваа „нездрава врска меѓу мејнстрим медиумите и највисоките владини функционери,“ каде првите примаат наредби поврзани со значајни прашања од уредувачката политика,5 влијае и врз пристапот на граѓаните до разновидни и балансирани информации.

1.ТРАНСПАРЕНТНОС Т НА ФИНАНСИСКИТЕ МЕХАНИЗМИНетранспарентноста на механизмите за распределување на државните

средства на медиумите во Македонија претставува предуслов за ефикасно одржување на бизнис-политичките релации меѓу Владата и медиумите.

Не постојат јасни и прецизни критериуми во однос на распределувањето на државните реклами по медиуми, што делумно се должи и на недоволната и конфузна законска регулатива. Колкав е уделот на централната и локалната власт, како и на јавните институции, агенции и претпријатија кои преку државното рекламирање се дел од рекламниот медиумски пазар, беше “најдобро криената државна тајна“ изминативе години.6 Новинарите кои истражуваа на оваа тема, добиваа одговор дека станува збор за „класифицирана информацијата“ за која им е потребен безбедносен сертификат.7 Иако регулаторот изминатите години правеше проценка за уделот на власта во рекламниот пазар, точните бројки ги знае само Владата.

Во 2014 година Владата објави дека за две и пол години потрошила 18 милиони евра на државни кампањи, но не наведе колку од нив добил секој медиум поединечно и според кои специфични критериуми биле распределувани средствата. Во јули 2015 година, Владата прогласи

3 Блажевска, „Владините реклами – алфа за уредувачката политика, омега за независноста“, Дојче Веле на македонски јазик, 23 септември 2014 година.

4 ’Macedonia: Recommendations of the Senior Experts’ Group on Systematic Rule of Law Issues Relating to the Communications Interception Revealed in Spring 2015’, Brussels, 8 June 2015. Достапно на: http://ec.europa.eu/enlargement/news_corner/news/news-files/20150619_recommendations_of_the_senior_experts_group.pdf. Пристапено на: 10 август 2015.

5 Ибид. 6 Ordanoski, S., ‘Buying love with public money’, Media Observatory Website, 2014. Достапно

на: http://mediaobservatory.net. Пристапено на 1 септември 2015. 7 Интервју со Мери Јордановска, новинар, БИРН Македoнија, Скопје, 15 септември 2015.

Не постојат јасНи и прецизНи критериуми во одНос На распределувањето На државНите реклами по медиуми, што делумНо се должи и На НедоволНата и коНфузНа закоНска регулатива. колкав е уделот На цеНтралНата и локалНата власт, како и На јавНите иНституции, агеНции и претпријатија кои преку државНото рекламирање се дел од рекламНиот медиумски пазар, беше “Најдобро криеНата државНа тајНа“ измиНативе годиНи.

Page 3: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

3

20мораториум на државното рекламирање. Сепак, кампањите продолжија да се прикажуваат на јавниот сервис МРТ, бесплатно и во значителен број.

На ист начин, нејасно и нетранспарентно, се распределуваат субвенциите за продуцирање на домашна документарна и играна програма, а јавниот сервис МРТ е нетранспарентна институција и од аспект на работата на управните органи, како и од аспект на финансиското работење.

Овој извештај ќе се фокусира на три финансиски механизми преку кои Владата ги поддржува медиумите: државното рекламирање, субвенциите за производство на филмски и документарни програми и поддршката што МРТ ја добива од националниот буџет. Истражувањето беше спроведено во периодот од август до октомври 2015 година, со употреба на неколку квалитативни методи за собирање и анализа на податоци: длабински интервјуа со новинари и медиумски работници, претставници на медиумските организации и медиумската индустрија, како и квалитативна анализа на законската регулатива, службени документи на државни институции и други релевантни истражувања. Информации беа побарани и од државните органи користејќи го правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

2. ВЛА ДИНО РЕК ЛАМИРАЊЕРекламниот пазар во Македонија е сиромашен и со ограничени

ресурси. Неговата вкупна вредност се проценува на 40-50 милиони евра, што не е доволно за пазарно и профитабилно работење на многуте медиуми, од кои 140-тина се радиодифузери.8 Изгледа парадоксално, но освен што најголемиот дел медиуми продолжуваат да функционираат на сиромашниот пазар со години, дополнително, интересот за отворање нови радиодифузери не запира. Многу медиуми успеваа да преживеат благодарение на нелојалната конкуренција која се создаваше преку политичко-клиентелистичките релации и финансиски стимулации кои ги добиваа од власта, партиите и со нив поврзани економски субјекти.

Не постојат прецизни и веродостојни бројки за износот на медиумскиот рекламен колач во Македонија. Според официјалните податоци на АВМУ вкупните приходи што ги оствариле сите радиодифузери (комерцијалните медиуми и јавниот сервис) во 2014 година изнесувале 3.176.740.000 денари (околу 52 милиони евра).9 Приходите во радиодифузниот сектор, комерцијални медиуми и јавниот радиодифузен сервис, од владините реклами изнесува околу 26 милиони евра.

8 Според регистрите на медиуми на веб-страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), во октомври 2015, програма емитувале 66 телевизии и 76 радија.

9 Регулаторот е надлежен само за приходите на радиодифузните медиуми.

Page 4: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

4

20Телевизијата и натаму останува највлијателниот медиум во Македонија.10 Оттаму, таа е и најатрактивен медиум за комерцијалните огласувачи, но и за Владата и партиите.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ11 почна поагресивно да го освојува медиумскиот простор од 2008 година. Анализите покажуваат постојан пораст на средствата што Владата и партијата ги одвојувале од државниот Буџет за финансирање на јавни кампањи во медиумите. 12 Од 2008 до 2013 година, Владата најчесто била меѓу првите пет огласувачи на рекламниот пазар, освен во 2010 кога била на 18 место. Дополнително, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се појавува и на листата на 50 најголеми огласувачи во медиумите. Па, така во 2013 година, Владата и ВМРО-ДПМНЕ учествувале со 7,8% во вкупниот број реклами. Според некои процени, кога ќе се соберат средствата што Владата и владејачката партија ги трошат од буџетот за рекламирање, како и оние на јавните претпријатија, агенции и на локалната власт, тогаш, владејачката гарнитура е најголемиот огласувач на телевизискиот пазар во државата, контролирајќи околу 15-20% од вкупните рекламни приходи во медиумите.13

Табела 1. Позиционирање на Владата и на Владејачката Партија на листата на 50-те најголеми огласуВачи

Влада на рм Вмро дПмне

година Позиција учестВо Позиција учестВо

2014 нема Податоци нема Податоци нема Податоци нема Податоци

2013 2 место 5 % 5 место 2,84%

2012 1 место 4% 11 место 1,75%

2011 4 место 2,5%, 23 место 1%

2010 18 место / 46 место  /

2009 5 место* / 13 место /

2008 2 место / 38 место /

Извор: АМВУ, Анализи на пазарот на радиодифузна дејност од 2008-2013

Нема официјални информации на кое место на листата на најголемите огласувачи била Владата во 2014 година. Регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во анализата од 2015 година не ги објави овие податоци, како што тоа редовно го правеше изминатите години. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, во медиумите објасни дека истражувачката агенција се раководела од официјалните ценовници на телевизиите, без да го пресмета попустот што медиумите

10 АВМУ, Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, Скопје, 2015, стр. 7.

11 ВМРО-ДПМНЕ е на власт девет години, откако победи на изборите во 2006. 12 Анализа на пазарот на радиодифузната дејност (2008-2014).13 Ordanoski, S., ‘Buying love with public money’, Media Observatory Website, 2014. Достапно

на: http://mediaobservatory.net. Пристапено на 1 септември 2015.

во 2013 годиНа, владата и вмро-дпмНе учествувале со 7,8% во вкупНиот број реклами. според Некои процеНи, кога ќе се соберат средствата што владата и владејачката партија ги трошат од буџетот за рекламирање, како и оНие На јавНите претпријатија, агеНции и На локалНата власт, тогаш, владејачката гарНитура е Најголемиот огласувач На телевизискиот пазар во државата, коНтролирајќи околу 15-20% од вкупНите рекламНи приходи во медиумите.

Page 5: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

5

20им го даваат на огласувачите. Поради тоа, добиените суми се нереални. Бидејќи Агенцијата немала сознанија колку изнесуваат попустите, овие податоци биле изоставени од анализата за 2015 година.14

Во 2014 година, Владата на својата веб-страница објави скудни податоци за кампањите што ги реализира за „информирање на граѓаните.“ Според тоа, во периодот 2012-2014 година, Владата нарачала 27 кампањи за што биле потрошени приближно 18 милиони евра, односно 6.615.609 евра во 2012 година, 7.244.950 евра во 2013 година, а во првата половина на 2014 година - 3.985.500 евра.15

Наспроти тоа, анализата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) покажа дека во периодот октомври - декември 2014 година во електронските медиуми биле вложени вкупно 5.306.107 евра од страна на централната и локалната власт, додека, пак, во осумте дневни весници и три неделници - вкупно 657.759 евра.16 Износот од речиси 6 милиони евра претставува бруто вредност, бидејќи цените биле пресметани врз основа на официјални ценовници на телевизиите, не земајќи ги предвид попустите, компензациите или друг вид отстапки од пријавените цени.

Македонската медиумска асоцијација (ММА)17 остро реагираше дека средствата кои им биле исплатени од Владата биле многукратно помали од наведените,18 но не ги соопштија вистинските суми. Единствено, ТВ Алсат-М информираше дека приходите од владините реклами во нивната телевизија не надминале 150 илјади евра за цела 2014 година, наспроти 472 илјади евра за само три месеци од претходната година, колку што пресметала ЗНМ.19

2.1.ФИНАНСИСКА ИНФУ ЗИЈА ЗА ПОДОБНИТЕ МЕ ДИУМИ Распределувањето на државните реклами во медиумите не може

да се објасни со ниту една економска логика, освен со онаа дека тие претставуваат финансиска инфузија за подобните медиуми. Тоа што се случува во практиката ја демантира Владата која информираше дека кампањите се спроведуваат согласно медија-план што го предлагаат маркетинг-агенциите, кој се базирал на критериумите гледаност и рејтинг

14 Јордановска, „Агенцијата за медиуми ги премолчи најголемите огласувачи на телевизиите“, Призма, Скопје, 18 август 2015 година.

15 Податоци за матрица за информирање на граѓани, Влада на РМ, Достапно на: http://vlada.mk/node/9241. Пристапено на 5 август 2015.

16 ЗНМ, Јавните пари во медиумскиот простор, 2015 година.17 Здружение во кое членуваат петте национални комерцијални телевизии – Сител,

Канал 5, Телма, Алфа и Алсат-М.18 Канал 5, „ММА: ЗНМ и Селмани прават тенденциозна ‘анализа’ со цел да ја урне

довербата во медиумите“, 29 мај 2015 година. 19 Алсат-М, „Сумите добиени од владини реклами се десеткратно помали од оние кои

ги наведе ЗНМ“, 28 мај 2015 година.

Page 6: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

6

20на медиумите, а се земала предвид и структурата на гледачи,  читатели, целни групи и форми на рекламирање.20

Mаркетинг агенциите всушност претставуваат клучна алка меѓу Владата и медиумите. Според нашиот извор, тие, пак, вообичаено предлагаат „проверена комбинација“ на медиуми, односно оние за кои знаат дека Владата им е наклонета. Ваквите практики претставуваат еден вид на „само-цензура“ кај маркетинг агенциите.21 Се случувало медија-планот да се врати во маркетинг-агенцијата со допишани или прецртани називи на медиуми.22 Според некои информации, Владата прво преговара со медиумите и ги договара попустите, па дури потоа ги избира маркетинг-агенциите на тендер, како што налага Законот за јавни набавки.23

Без овие приходи, опстанокот на многу медиуми би бил загрозен. Евентуалното укинување на државното рекламирање, како и на политичкото рекламирање за време на предизборните кампањи,24 за некои претставници на националните радиодифузери би значело отпуштање на новинари и редуцирање на бројот на вработени во телевизиите, поради намалените приходи.25 Меѓутоа, претставници на маркетинг агенциите заклучуваат дека „комерцијалните телевизии се во приватна сопственост /.../ и треба да работат комерцијално пред се, односно да имаат и други клиенти. Тие не може да се потпрат само на финансирањето од Владата.“26

Бројките наведени на владината веб-страница не се во согласност со наведените критериуми. Според информациите на веб-страницата, ТВ Алфа предничи по бројот на емитувања во сите осум реализирани кампањи спроведени во текот на 2012 година, иако има гледаност од само 3,13%. Истата ситуација се повторува и во 2013 година, кога ТВ Алфа добива рекорден број реклами во 10 од вкупно 12 реализирани кампањи, 27 со гледаност од само 3,20%. ТВ Алфа во 2013 година објавила 5.295 спота, додека на другите четири комерцијални телевизии заедно, Владата пуштила 3.874 спота. И во првата половина на 2014 година, ТВ Алфа била

20 Ибид.21 Интервју со анонимен директор на маркетинг агенција, Скопје, 23 септември 2015.22 Интервју со Мери Јордановска, Скопје, 15 септември 2015.23 Интервју со анонимен директор на маркетинг агенција, Скопје, 23 септември 2015.24 Став на медиумските организации МИМ и ЗНМ. Повеќе во Трпевска, С. и Мицевски,

И., ’Македонија’, Зошто е важен интегритетот на медиумите, МИМ, Скопје, 2014; и Анализа на медиумскиот систем во Македонија, ЗНМ, Скопје, 2015.

25 Иако не добивме одговор на прашањата испратени до ММА, ставовите наведени во текстот беа истакнати од страна на претставници на ММА на неколку јавни настани во текот на септември и октомври 2015.

26 Интервју со анонимен директор во маркетинг агенција, Скопје, 7 септември 2015. 27 Веб-страница на Влада на РМ. Достапно на: http://vlada.mk/node/9241. Пристапено на

5 август 2015.

Page 7: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

7

20рекордер со 30% од вкупниот број емитувани владини реклами на сите пет комерцијални телевизии.28

ТВ Алфа, која беше основана во 2008 година како сателитска телевизија блиска до опозициската СДСМ, имаше промена на сопственоста во 2013 година. Со тоа се смени и политичката ориентација, а телевизијата почна да доживува забележителен препород. Во мај 2013, почна да зрачи преку терестријален предавател, имаше најмногу реклами од Владата и остварила највисоки приходи во своето постоење- околу 85% повеќе во однос на 2012 година,29 иако само шест месеци емитуваше преку терестријален предавател.

Од друга страна, пак, ТВ Сител имала најголем удел во гледаноста во последниве години (28% во 2013 и 29% во 201230), како и најголеми приходи на пазарот.31 Сепак, телевизијата добивала најмалку државни реклами во периодот 2012-2014.32

Табела 2 национални тВ и јаВен серВис мтВ Во 2014

ВкуПни Приходи Приходи од огласуВањето удел Во Приходите од огласуВањето

(%)

удел Во гледаноста

(%)мкд еур* мкд еур*

мтВ 1.325.610.000 21.555.000 48.480.000 788.000 4 мтВ1 5,0

мтВ2 0,8

сител 538.290.000 8.753.000 526.770.000 8.565.000 44 25,2

канал 5 276.860.000 4.502.000 253.270.000 4.119.000 21 16,4

алсат м 164.250.000 2.671.000 149.050.000 2.424.000 12 5,1

алфа 162.710.000 2.646.000 150.500.000 2.447.000 13 4,6

телма 92.220.000 1.500.000 70.890.000 1.153.000 6 1,8

ВкуПно 2.559.940.000 41.625.000 1.198.960.000 19.495.000 100

*оВие Вредности се Пресметани од страна на аВторите на текстот, Врз осноВа на достаПните Податоци

Извор: Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 Извор за уделот на гледаност: АГБ Нилсен.

Според некои информации, некои телевизии наводно добивале средства од Владата на други начини. Снимките со прислушувани разговори што ги објави опозицијата во 2015 година, упатуваат на сомнежи за постоење коруптивни релации меѓу високи функционери од владејачката партија и сопственици и главни уредници на некои од комерцијалните медиуми. Од снимките може да се слушне како главен и

28 Медија Педија (база на податоци за медиумска сопственост), „Телевизиски лет над законите со керозин од владини реклами“, 2015 година. Достапно на: http://media-pedia.mk/istrazuvanja/televiziski-let-nad-zakonite-so-kerozin-od-vladini-reklami_mk. Пристапено на 5 септември 2015.

29 Ordanoski, S., ‘Buying love with public money’, Media Observatory Website, 2014. Достапно на: http://mediaobservatory.net. Пристапено на 1 септември 2015.

30 АВМУ, Анализа на пазарот на радиодифузна дејност за 2013 година, 2014, и Совет за Радиодифузија на РМ, Анализа на пазарот на радиодифузна дејност за 2012 година, 2013.

31 АВМУ, Анализа на пазарот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Скопје, 2015, стр. 22-23.

32 Веб-страница на Влада на РМ и Медија Педија, база на податоци за медиумска сопственост.

сНимките со прислушуваНи разговори што ги објави опозицијата во 2015 годиНа, упатуваат На сомНежи за постоење коруптивНи релации меѓу високи фуНкциоНери од владејачката партија и сопствеНици и главНи уредНици На Некои од комерцијалНите медиуми.

Page 8: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

8

20одговорен уредник на една национална телевизија вели дека „секој од нас има привилегии од оваа Влада... и за тие привилегии сакам да испорачам услуга“. Во истиот разговор, висок државен функционер констатира дека две големи комерцијални телевизии добиваат пари, при што споменува сума од 2 милиони евра годишно.33 Новинарските истражувања и опозиционата партија СДСМ укажуваат дека Владата во некои случаи и директно им исплаќала средства на некои медиуми.34

Сопственоста и политичката наклонетост на медиумите како суштински фактор од кој зависат нивните приходи, се покажа како функционален модел и на регионално ниво. Така, десетина телевизии кои откако се трансформираа од локални во регионални и ја сменија сопственоста, во 2014 година ненадејно почнаа да добиваат стотици државни реклами повеќе од другите.35 Така, доколку за владиниот рекламен серијал „Истражи ја Македонија“, најголемиот број локални и регионални медиуми имале од 33 до 140 емитувања, на некои од регионалните телевизии оваа кампања била емитувана 1.139 пати.36

Индикативно е што 40-тина регионални и локални радиодифузери се јавуваат како најголеми донатори во предизборната кампања на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за време на Предвремените парламентарни избори во 2014 година. Донациите се во вид на услуга, односно попуст на цената за емитување платено политичко рекламирање.37 За кампањата на СДСМ попусти дале само шест медиуми, меѓу кои неколку поголеми критички медиуми, како ТВ Телма (од 4,2 илјади евра), ТВ 24 вести (8,5 илјади евра) и дневниот весник Слободен печат (4,4 илјади евра).38

Најголемите провладини национални телевизии, не донирале во 2014 година, како што тоа беше случај за време на Локалните избори во 2013 година, кога ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител донирале услуги во износ од 77.000 до 161.000 евра. Во исто време, компанијата МПМ која ги поседува трите весника, Дневник, Утрински весник и Вест, донирала околу 250.000 евра. Поради ваквата практика, во 2014 година беа направени законски измени според кои медиумите можеа да донираат најмногу 50.000 евра во политичките кампањи. Но, со измените во Изборниот законик во ноември 2015 година, медиумските донации за изборните кампањи на политичките партии се целосно забранети.

33 Транскрипт од снимките кои опозициската СДСМ ги обелодени во 2015 година, 25 февруари 2015.

34 Медија Педија, „Телевизиски лет над законите со керозин од владини реклами“, 2015. 35 Медија Педија (база на податоци за медиумската сопственост). 36 Медија Педија (база на податоци за медиумската сопственост), „Нова медиумска

жетва во владиниот рекламен комбајн“, 2014. 37 Државната комисија за спречување корупција, Финален финансиски извештај за приходите

и расходите за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 5-20 април 2014, 2014.38 Државната комисија за спречување корупција, Финален финансиски извештај за

приходите и расходите за изборната кампања на СДСМ за периодот од 2 април до 19 мај 2014, 2014.

сопствеНоста и политичката НаклоНетост На медиумите како суштиНски фактор од кој зависат НивНите приходи, се покажа како фуНкциоНалеН модел и На региоНалНо Ниво. така, десетиНа телевизии кои откако се траНсформираа од локалНи во региоНалНи и ја смеНија сопствеНоста, во 2014 годиНа НеНадејНо почНаа да добиваат стотици државНи реклами повеќе од другите.

Page 9: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

9

203 .ДРЖАВНИ С УБВЕНцИИ ЗА ДОМАшНА ПРОДУКцИЈАСубвенциите за домашна продукција претставуваат нов механизам

преку кој државата ќе го стимулира производството на квалитетни филмски и документарни програми. За таа цел во 2014, во скратена процедура година беше изменет Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (2013) кој ги обврзува комерцијалните ТВ-станици што зрачат програма на државно ниво, да продуцираат и емитуваат најмалку 10 часа домашна документарна програма и најмалку 20 часа домашна филмска програма најдоцна до 25 ноември во тековната година (член 92, ставови 8, 9). Јавниот сервис МРТ, пак, треба да произведе 30 часа документарна програма и исто толку филмска програма од домашна продукција, во истиот период од годината.

Државата ги субвенционира националните телевизии, кои и онака се најбогатите „играчи“ на медиумскиот пазар, во износ од максимум 50 отсто од вкупните трошоци за производство на домашна програма. Максималната сума за субвенционирање на еден час документарната програма во 2014 година изнесуваше 137.500 денари (околу 2.254 евра), а за еден час филмска програма – 338.461 денари (околу 5.548 евра).39 На вториот Јавен повик од 2015 година40 максималниот износ за субвенционирање беше намален на 107.500 денари (приближно 1.760 евра) за продукција на еден час домашна документарна програма и на 264.615 денари (приближно 4.340 евра) за еден час филмска програма.41

Табела 3 МЕХАНИЗАМ ЗА СУБВЕНцИИ ЗА РАДИОДИФУЗЕРИ ВО 2014 И 2015Вид на радиодифузер законска обВрска за

Продукција максимален износ субВенции

(Во еВра)* Во 2014максимален износ субВенции

(Во еВра)* Во 2015

тВ на држаВно ниВо Преку оПератор на дигитален терестријален мултиПлекс

10 часа документарна Програма

22.540 17.600

тВ на држаВно ниВо Преку оПератор на дигитален терестријален мултиПлекс

20 часа филмска Програма 111.000 86.800

јаВен радиодифузен серВис мтВ 30 часа документарна Програма

67.620 52.800

јаВен радиодифузен серВис мтВ 30 часа филмска Програма 166.440 130.200

*оВие Вредности се Пресметани од страна на аВторите на текстот, Врз осноВа на достаПните Податоци

Извор: Одлуки на Владата од 2014 и 2015 година.42

39 Државната комисија за спречување корупција, Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2 април до 19 мај 2014, 2014.

40 Види одлука, Одлука за максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците во висина од 50 отсто при производство на домашната документарна и играна програма, Службен весник 138-14, 17 септември 2014.

41 Види одлука, Одлука за максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците во висина од 50 отсто при производство на домашната документарна и играна програма, Службен весник 47-15, 24 март 2015.

42 Службен весник 138/14 и Службен весник 47-15.

Page 10: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

10

20Државниот механизам за стимулирање на домашната продукција

истовремено предвидува и драконски казни за радиодифузерите доколку не ги произведат утврдените квоти на документарна и филмска програма: 100.000 евра за телевизијата и 3.000 до 5.000 евра за одговорното лице во телевизијата.

Субвенциите за домашнит, кои се доведени во нерамноправна положба, особено имајќи ги предвид нивните ограничени финансиски, професионални и технички ресурси за производство на сопствена програма, како и слабите капацитети на локалните пазари.

Целата постапка за субвенционирање на комерцијалните телевизии и јавниот сервис ја спроведува меѓуресорска комисија, која беше формирана од страна на Владата кон крајот на 2014 година. Стручноста и независноста на ова тело се мошне битни за остварување на целта на овој финансиски механизам. Меѓутоа, комбинација на вклучени тела и нивните улоги во процесот на селекција сериозно ја проблематизира независноста и стручноста на Комисијата. Најголемиот дел од членовите доаѓаат од министерствата и од институциите кои се под директна контрола на Владата. Само тројца од седумте членови на Комисијата и нивните заменици, се директно поврзани со креативните аспекти на филмската и документарната продукција. Во однос на транспарентноста, сериозен недостаток е тоа што Владата не ја објави информацијата за формирањето, составот, документите и критериумите според кои одлучува Комисијата, на тој начин дополнително придонесувајќи кон нетранспарентноста на државно-медиумските финансиски односи.

3.1 С УБВЕНцИИ РЕА ЛИЗИРАНИ ВО 2014

Севкупниот процес на селекција, продукција и емитување на проектите во 2014 година беше избрзан и нетранспарентен, што се одрази врз квалитетот на програмите. Во 2014 година, на националните телевизии им биле доделени субвенции во износ од 450.000 евра за производство на филмска и 80.000 евра за документарна програма, односно вкупно околу 530.000 евра. Најголем надомест за продукција на домашна филмска програма им бил доделен на ТВ Алфа и на ТВ Телма.

Page 11: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

11

20Табела 4 радиодифузери, Проекти и износи на субВенции Во 2014 година

тВ - станица филмски Програми троШоци документарниПрограми

троШоци

мкд еур* мкд еур*

канал 5 „македонски Приказни“ 5.213.617 84.500 документарни,документарно-играни и документарно истражуВачки филмоВи

1.274.474 20.660

алфа „алфа акција“„Приказни од жиВотот“

7.107.681 115.207 „ПресПа Во 7 дена“„археолоШки аВантури“„мајстори и занаети“

1.409.375 22.844

телма детско играна серија „Пет Плус“

6.764.994 109.652 „мојот Пат“„луѓе и места“

751.000 12.173

сител игран серијал 3.824.068 61.983 документарна Програма (документарна серија)

1.523.500 24.694

алсат-м „Mири“„македонија е Во моето срце“

3.384.610 1.692.305

54.86027.430

/ /

*сумите изразени Во еВра се Приближна Вредност на денарските суми

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација.43

Единствено јавниот сервис не аплицирал со предлог-проект, и покрај тоа што ги исполнува условите. Згора на тоа, МТВ 1 не ја исполнила ниту обврската за продукција на 30 часа документарна и исто толку филмска програма, во 2014 година.44 Поради тоа, АВМУ иницирала прекршочна постапка против јавниот сервис заради прекршувањето на законската обврска за продукција на домашната документарна и филмска програма.

Министерството за информатичко општество и администрација одговори на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, и не информираше за проектите на телевизиите кои Комисијата ги одобрила за 2015 година. Јавниот сервис МРТ во 2015 година, аплицирал со два проекта за играна програма.

Отсуството на доволно информации и образложение од институциите во однос на специфичните критериуми45 според кои било направено рангирањето на проектите, а како резултат на тоа, и соодветната компензација

43 Одговор од 2 јуни 2015 на нашето барање за информација во согласност со Законот за пристап до информации од јавен карактер.

44 АВМУ, Редовен мониторинг на МТВ, 16 февруари 2015. 45 Според Законот (2013) основни критериуми се оригиналност, автентичност и квалитет

на содржината на сценариото; реална продукциската издржаност на проектот земајќи ги предвид сценариото, буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање; како и технологијата за производство на домашни филмски програми (член 92, став 11). Подетални критериуми се содржани во Уредбата на Владата (член 4) и се однесуваат на иновативност, оригиналност, високи уметнички вредности и комерцијален потенцијал; културни и уметнички теми; локации што промовираат историски и културни вредности или да одбележуваат личности или настани од историјата или од традиционалните вредности; мултикултурализам и културна различност; актуелни теми од секојдневниот живот, начинот на живот на децата и младите; да бидат литературни дела, бајки, легенди или на измислени ликови поврзани со вистинити историски настани; да содржат универзална и хуманистичка порака.

во 2014 годиНа, На НациоНалНите телевизии им биле доделеНи субвеНции во изНос од 450.000 евра за производство На филмска и 80.000 евра за докумеНтарНа програма, одНосНо вкупНо околу 530.000 евра.

Page 12: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

12

20на телевизиите, оневозможува посуштинска анализа на механизмот за

субвенционирање. Во однос на досегашните проекти се наметнува дилемата дали доколку три телевизии продуцираат ист тип на филмска програма може да се зборува за иновативни и оригинални програми. Дополнително, ТВ Сител и ТВ Канал 5 го произведувале истиот тип на програма пред воведувањето на субвенциите, и тоа од сопствени средства.

Медиумските организации на субвенциите гледаат како на «директно мешање на државата во медиумите», што дополнително може да ја загрози нивната независност.46 Според нив, Владата треба да го преполови бројот на часови за домашна продукција, како законска обврска на националните радиодифузери, наместо да им доделува субвенции.47 Од друга страна, пак, претставници на медиумската индустрија, веруваат дека државните субвенции може да имаат ефект во иднина, при што би се продуцирале навистина квалитетни програми.48

4. БУЏЕТСКА ПОД ДРшКА НА ЈАВНИОТ СЕРВИС МРТ Моделот на финансирање на јавниот сервис што беше изграден изминативе

две децении под силно влијание на владејачките гарнитури, придонесе кон рушење на институционалната автономија и директна финансиска зависност од државниот Буџет. Од основањето во 1998 до 2008 година, јавниот сервис речиси целосно беше зависен од буџетските средства, додека од 2008 до 2010 година, преку санационата програма со која раководела Владата, тој повторно се финансираше од Буџетот. Во следните години, се воведуваат и нови механизми за поддршка на МРТ: за дигитализација, за поддршка на македонската музика, за производство на домашна документарна и играна програма. Наедно, се вклучуваа и нови извори на буџетски пари, како агенции и министерства.

Стапката на собирање на радиодифузната такса изминативе 7-8 години расте (во 2011 беше 28 отсто и постепено се зголеми на 74 отсто во јуни 2015 година). Може да се каже дека МРТ почнува да ги стабилизира своите финансиски капацитети, особено од 2011 година наваму. Но, овие средства не се доволни за да овозможат самостојно и непречено функционирање на јавниот сервис, кој емитува на пет телевизиски канали и три радио-програмски сервиси. За

46 Цветковски,„Селмани: Државата влегува со пари во приватните телевизии“, Нова ТВ, 22 август 2014.

47 ЗНМ, Анализа на медиумскиот систем во Македонија, 2015, стр. 14. 48 Видете интервју со анонимен телевизиски продуцент, Скопје, 15 април 2015 годинa,

во: Никодиноска, Потреба од независни модел на медиумски субвенции за домашното производство, интернет страница на Медиумска опсерваторија ЈИЕ, на 20 јули 2015. Достапно на http://www.mediaobservatory.net/radar/need-inde-pendent-model-media-subsidies-domestic-production. Пристапено 1 Август 2015 година.

Page 13: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

13

20лошата финансиска состојба во која се наоѓа МРТ говори и податокот дека во

2014 година, јавниот сервис се најде на листата на Управата за јавни приходи (УЈП) на најголеми должници на данок по различни основи. МРТ ѝ должела на државата неплатен данок во висина од 1,5 милиони евра.

Паралелно со тоа во изминатата декада се “зајакнуваше“ и финансиската зависност на Куќата, што е една од причините за застранувањето од основните функции на јавниот сервис – заштитата на јавниот интерес. Иако финансирана од пари од граѓаните, МРТ наместо да функционира во нивни интерес, прерасна во медиум на системот на власт, кој често државните интереси ги сместуваше пред јавните.

Токму буџетските средства имаа најголемо учество во приходите на МРТ во изминатите години.49

Табела 5 Приходи на мрт 2008-2014

годинаПриходи од буџет на рм Приходи од радиодифузна такса ВкуПни Приходи

мкд еур* мкд еур* мкд еур*

2014 240.000.000 3.890.000 858.528.442 13.916.817 1.326.335.743 21.500.012

2013 240.000.000 3.890.000 936.890.453 15.187.071 1.527.832.193 24.766.286

2012 / 724.360.000 11.741.000 1.069.080.000 17.329.875

2011 / 474.460.000 7.691.000   953.470.000 15.458.827

2010

267.750.000 буџетски фондоВи за рехабилитациона Програма

4.340.000 145.850.000 2.364.000

 

548.320.000  8.888.312

2009 / 39.728.696 644.010 348.806.307 5.654.179

2008 / 2.141.484 34.713 611.852.830 9.918.184

*сумите изразени Во еВра се Приближна Вредност на денарските суми

Извор: Годишен извештај за финансиско работење на ЈРП МРТ за 2014

Јавниот сервис во 2014 година добил буџетска поддршка во висина од 240 милиони денари (околу 4 милиони евра),50 како и нешто повеќе од 97 милиони денари (1,6 милиони евра) приходи од Владата и од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за поддршка на процесот на дигитализација на телевизиската опрема. Дополнително, МРТ добила речиси 6 милиони денари (околу 100.000 евра) од Министерството за култура за поддршка на македонската музика.51

Особено загрижува фактот дека не само што не се иницираат законски измени што ќе обезбедат целосна финансиска самостојност на МРТ, туку, сè повеќе се зголемува учеството на буџетските средства во финансирањето и работењето на јавниот радиодифузер. Па така, Предлог-годишниот финансиски план за 2015 година покажува дека Јавниот сервис

49 АВМУ, Анализа на пазарот на радиодифузната дејност за 2013 година, 2014 година. 50 ЈРП МРТ, Годишен извештај за финансиското работење на ЈРП МРТ за 2014 година,

2015 година. 51 Ибид.

особеНо загрижува фактот дека Не само што Не се иНицираат закоНски измеНи што ќе обезбедат целосНа фиНаНсиска самостојНост На мрт, туку, сè повеќе се зголемува учеството На буџетските средства во фиНаНсирањето и работењето На јавНиот радиодифузер. па така, предлог-годишНиот фиНаНсиски плаН за 2015 годиНа покажува дека јавНиот сервис очекува учеството На буџетски пари по различНи осНови да изНесува едНа третиНа (31,3%) од вкупНиот плаНираН буџет.

Page 14: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

14

20очекува учеството на буџетски пари по различни основи да изнесува една

третина (31,3%) од вкупниот планиран буџет.52

Судејќи според тоа дека буџетските средства наменети за јавниот сервис се зголемуваат од година во година, може да се заклучи дека во изминатиов период не постоеше политичка волја да се најде модел за финансиска независност на МРТ.

Како резултат на тоа, македонскиот јавен радиодифузен сервис нецелосно ја врши својата функција во обезбедување балансирана информативна медиумска содржина наменета за граѓаните, а наместо тоа, се забележува политичка пристрасност во известувањето, во корист на владејачката гарнитура.53

Многугодишните политички влијанија врз јавниот сервис, како и финансиската зависност од државниот Буџет, се одразуваат и врз уредувачката политика. Во 2015 година имаше повеќе такви примери, меѓу кои е и одлуката на МТВ да не известува за содржината на скандалот со прислушувањето што беше обелоденето од страна на најголемата опозициска партија СДСМ54 или за големите студентски и средношколски протести, кои буквално се одржаа пред зградата на МРТ во 2014 година. Имаше и случаи на селективно известување, како на пример, приведувањето и судењето на новинарот Томислав Кежаровски.55 Дополнително, скандалот со прислушувањето, пак, обелодени директно договарање трансфери и издавање налози за вработување новинари во МРТ, за кои високи владини функционери даваат своевидна “препорака“ дека ќе бидат погодни кадри за вработување.56 „За ситуацијата во која МРТ е искористена од која било владејачка гарнитура во голема мера се виновни тимови уредници и новинари, кои дозволуваат вестите да ги уредуваат партиски претставници и портпароли на државни и на јавни институции,“ коментираат вработени во јавниот сервис.57

Јавниот сервис стана дел од агендата на преговорите помеѓу политичките партии во државата што започнаа неодамна со посредство на меѓународната заедница. Постојат поделени ставови дали МРТВ треба да се реформира од страна на политичките парии во рамките на овој

52 ЈРП МРТ, Предлог годишен финансиски план на јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2015 согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Скопје, 2015.

53 ИРЕКС, Македонија, Индекс на одржливост на медиумите, 2014. 54 Плусинфо, „Горан Петрески: Обвинителството не дозволува објавување на ’Бомби’“,

2015 година. 55 НВО Инфоцентар, Мониторинг на информирањето на МРТ - Студии на случај:

Кежаровски, штрајк на СОНК, кривична пријава против Заев, 2015. 56 Димеска, ‘Бомба’ 24: „Вработувања во медиуми по владин список“, Радио Слободна

Европа, 22 април 2015. 57 Интервју со анонимен вработен во МРТ, 17 септември 2015.

Page 15: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

15

20политичкиот процес. Постои загриженост дека јавниот сервис би можел

дополнително да се исполитизира.Процесот на реформи бара систематски и оперативна промена во МРТ,

особено во однос на начинот на кој се финансира. „Истовремено треба да се направи сериозна промена и во системот на функционирање на јавниот сервис, но во исто време и да се направат кадровски промени што ќе бидат резултат на претходни законски измени, во поглед на именувањето на директорот и на програмскиот совет“, истакнува Драган Секуловски од ЗНМ58, кој предлага алтернативен метод на финансирање на МРТ. 59

5. ЗАК ЛУЧОК Власта има развиено различни механизми за создавање финансиска

зависност на медиумите, вклучувајќи го и јавниот сервис, како на национално, така и на регионално ниво. Овие финансиски релации ги ставаат медиумите во поданичка положба во однос на власта, притоа сериозно нарушувајќи го нивниот професионален интегритет и независност.

Распределбата на државните реклами до прогласувањето на мораториумот на државното рекламирање во средината на 2015 година, се вршеше врз основа на политичка подобност, и тоа на нетранспарентен начин, без почитување на специфични критериуми, како гледаност, рејтинг и влијание. Рекламите се слеваа во медиумите чија уредувачка политика била наклонета кон власта, како и во други радиодифузери, но откако ја променија сопственоста.

Со буџетска поддршка, Владата го помага одржувањето во живот, но и подемот на многу медиуми на национално и на регионално ниво, создавајќи нелојална конкуренција и нарушувајќи го економскиот баланс на медиумскиот пазар. На тој начин, се создава поширока мрежа на поддржувачки медиуми со кои се колонизира медиумската сфера од страна на политичките групи заради ширење политичка пропаганда.

Може да се идентификуваат неколку шеми како Владата го користи државното рекламирање за да воспостави контрола врз медиумите. Во првата шема со најдолга традиција, Владата им дава реклами на медиумите чии уредувачки политики и се наклонети. Втората шема покажува како власта создава медиуми и ја купува нивната поддршка преку државното

58 Интервју со Драган Секуловски, директор на ЗНМ, Скопје, 6 октомври 2015 59 ЗНМ предлага независен буџет за МРТ, што би изнесувал еден отсто од националниот

буџет од претходната година. Средствата да се делат на 12 еднакви рати и по автоматизам да се слеваат на сметката на МТВ. Прибирањето на радиодифузната такса да биде обврска на јавните институции, но парите директно да се слеваат на сметката на државниот буџет.

со буџетска поддршка, владата го помага одржувањето во живот, Но и подемот На мНогу медиуми На НациоНалНо и На региоНалНо Ниво, создавајќи НелојалНа коНкуреНција и Нарушувајќи го екоНомскиот балаНс На медиумскиот пазар. На тој НачиН, се создава поширока мрежа На поддржувачки медиуми со кои се колоНизира медиумската сфера од страНа На политичките групи заради ширење политичка пропагаНда.

Page 16: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

16

20рекламирање. Некои медиуми по промена на сопственоста ја менуваат и

политичката ориентација, по што Владата почнува да „истура“ реклами во нив. Така, власта го помага одржувањето на некои медиуми, но и нивниот подем на медиумскиот пазар. Во третата шема, докажани провладини медиуми не добиваат најмногу средства од реклами, но затоа добиваат средства директно од Владата. Медиумите ја возвраќаат услугата за владата великодушност преку донации во вид на огромни попусти за платено политичко рекламирање на владејачката партија за време на изборните кампањи.

Дополнителен проблем е тоа што кампањите со кои владата ги „храни“ медиумите во таквите клиентелистички односи чинат значителни буџетски средства.60 Кога речиси 30 отсто од населението живее на работ на сиромаштијата, премиерот ја промовира кампањата „Здравјето е избор!“ од околу половина милион евра.

Најбогатите приватни комерцијални медиуми добија околу половина милион евра буџетски средства во 2014 година како субвенции за производство на домашни филмски и документарни програми. За да не се доживуваат субвенциите само како уште еден вид „корупција на медиумите,“ неопходно е да се ревидира моделот на субвенционирање и да се воспостави независно тело составено од експерти од областа на играната и на документарната продукција.

Во случајот на јавниот сервис, буџетската помош изминатите две децении само придонесе да се зајакне неговата зависност од власта, на штета на професионалниот и непристрасен имиџ што би требало да го негува МРТ. Иако стапката на собирање на радиодифузната такса се стабилизираше во последните пет години, паралелно со тоа и буџетските извори од кои доаѓаат јавни средства во МРТ се прошируваа. Токму затоа, во насока на реформирање на финансискиот и управувачки модел на МРТ, од суштинска важност е да се елиминира секакво влијание на владејачките структури, со цел да и се овозможи да ги исполни сите функции на јавен сервис.

60 Веднаш по изборите во 2014 година, Владата склучила седум договори со маркетинг агенции за изработка на две рекламни кампањи кои чинеле нешто повеќе 500.000 евра: кампањата за промовирање реформи во јавната администрација (320.000 евра) и за подигање на сообраќајната култура (240.000 евра). Достапно на: http://fokus.mk/500-000-evra-za-novi-vladini-reklami/. Пристапено на 3 октомври 2015.

Page 17: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

17

206 .

ПРЕПОРАКИ 1. Државното рекламирање во комерцијалните радиодифузни медиуми

треба да се забрани, а емитувањето на кампањи од јавен интерес на Јавниот сервис треба да биде во ограничен обем. Треба да се дефинира што претставува „јавен интерес“, за да се спречи злоупотреба на државното рекламирање во владини или партиски цели.

2. Радиодифузните медиуми треба да бидат законски обврзани да објавуваат детални податоци за најголемите извори на финансирање, а регулаторот треба да ја мониторира оваа обврска.

3. Меѓуресорската комисија за доделување субвенции за поддршка на домашната продукција треба јавно да соопшти кои проекти се избрани за субвенционирање, како и износот на субвенциите што секоја ТВ-станица ќе го добие. Комисијата треба да даде детално објаснување на одлуката за селекција и рангирање на проектите.

4. Составот на Комисијата треба да биде ревидиран. Таа треба да биде независно експертско тело, наместо тело формирано од страна на Владата и составено од претставници на институции кои се под нејзина контрола. Со тоа ќе се гарантира независен избор и распределба на фондовите за продукција на висококвалитетни проекти од домашно производство.

5. Неопходни се реформи за да се воспостави модел на независно и одржливо финансирање на јавниот сервис, што ќе претставува долгорочно, а не времено решение. Моделот треба да биде соодветен и прилагоден на македонскиот контекст и да може да функционира ефективно.

6. Улогата на политичките партии во дебатата за реформи на јавниот сервис треба строго да се ограничи на собраниската процедура. Влијанието на партиите треба сосема да се елиминира од менаџерските и од уредувачките структури на Куќата, со цел да се овозможи независност на јавниот сервис.

7. Потребно е да се врши редовен мониторинг, да се организираат дискусии и дебати за евентуални измени и дополнувања на законската регулатива која што се однесува на работата, функционирањето и финансирањето на јавниот национален сервис, како и на медиумскиот пазар во целина.

8. Менаџерскиот и уредничкиот кадар во радиодифузните медиуми треба да се вклучи активно и посветено во јавната дебата за состојбата на медиумскиот сектор и медиумскиот пазар во земјава. Тие треба да претставуваат транспарентен и кредибилен извор на информации поврзани со работата на медиумите, со што ќе дадат суштествен придонес кон идентификувањето и решавањето на проблемите во медиумската индустрија.

Page 18: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

18

20

БИБЛИОГРАФИЈА

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, Скопје, 2015. Достапно на: http://avmu.mk/images/Analiza_na_pazarot_na_AVMU_za_2014_godina.pdf. Пристапено на 10 септември 2015.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Анализа на пазарот на радиодифузна дејност за 2013, 2014. Достапно на: http://www.avmu.mk/images/Analiza_na_pazarot_za_2013.pdf. Пристапено на 20 август 2015.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Јавните пари во медиумскиот простор, Скопје, 2015. Достапно на: http://www.znm.org.mk/drupal-7.7/sites/default/files/Javnite%20pari%20vo%20mediumskiot%20pros-tor%20maj%202015_0.pdf. Пристапено на 1 Август 2015.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Анализа на медиумскиот систем во Македонија, Скопје, 2015 година.

Советот за радиодифузија на Република Македонија, Анализа на пазарот на радиодифузна дејност за 2012 година, Скопје, 2013. Достапно на: http://avmu.mk/images/Analiza_za_radiodi-fuznata_dejnost.pdf. Пристапено на: 10 септември 2015.

Советот за радиодифузија на Република Македонија, Анализа на пазарот на радиодифузна дејност за 2008 година, Скопје, 2009. Достапно на: http://www.avmu.mk/images/stories/publikacii/analiza_na_pazar_2008_-_Tocka%202.pdf. Пристапено на: 10 септември 2015.

Фридом хаус, „Македонија“, во Слобода на печатот 2015. Достапно на: https://freedomhouse.org/report/

freedom-press/2015/macedonia. Пристапено на 1 октомври 2015.

ИРЕКС, „Македонија“, во Индекс на одржливост на медиумите, 2014. Достапно на: https://www.irex.org/sites/default/files/u105/EE_MSI_2014_Macedonia.pdf. Пристапено на 1 октомври 2015 година.

Центар за развој на медиуми, Мониторинг на спроведувањето на медиумското законодавство, на Министерството за информатичко општество и администрација, на Собранието на Република Македонија, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Македонската радиотелевизија, Извештај број 4, Скопје, 2014. Достапно на: http://mdc.org.mk/iz-vestaj-4-monitoring-na-medium-sko-zakonodavstvo. Пристапено на 5 октомври, 2015.

Никодиноска, В., Потреба од независни модел на медиумски субвенции за домашно производство, интернет страница на Медиумска обсерваторија, 20 јули 2015. Достапно на: http://www.mediaobservatory.net/radar/need-independent-model-me-dia-subsidies-domestic-production. Пристапено на 1 Август 2015.

НВО Инфоцентар, Мониторинг на информирањето на МРТ: Студии на случај: Кежаровски, штрајк на СОНК, кривична пријава против Заев, Скопје, 2015. Достапно на: http://nvoinfocentar.mk/wp-content/uploads/2015/02/MRT_Kezo_SONK_Zaev_03.02.2015-1.pdf. Пристапено на 1 октомври 2015.

Орданоски, С., Купување љубов со јавните пари: од година во година Владата на Република Македонија

Page 19: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

19

20

е еден од најголемите огласувачи во земјата, Извештај број 5: Македонија, ЈИЕ Медиумска опсерваторија, 29 септември 2014. Достапно на: http://mediaobservatory.net/radar/flash-re-port-5-macedonia. Пристапено на 5 Август, 2015 година.

ЈРП Македонска радио телевизија, Годишен извештај за финансиското работење на ЈРП Македонска радио телевизија за 2014 година, Скопје, 2015. Достапно на: http://bit.ly/1U1TMhr. Пристапено на 4 октомври 2015.

ЈРП Македонска радио телевизија, Предлог годишен финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2015 година согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Скопје, 2014. Достапно на: http://bit.ly/1FowKe0. Пристапено на 3 октомври 2015.

Senior Experts’ Group on systemat-ic Rule of Law issues, The former Yugoslav Republic of Macedonia: Recommendations of the Senior Experts’ Group on systematic Rule of Law is-sues relating to the communications interception revealed in Spring 2015, Brussels, 8 June 2015. Available at: http://ec.europa.eu/enlargement/news_corner/news/newsfiles/20150619_recommenda-tions_of_the_senior_experts_group.pdf Пристапено на 10 август 2015.

Државната комисија за спречување на корупцијата, Финален извештај за приходите и расходите за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 5-20 април 2014, 2014, Достапно на: http://www.dksk.org.mk/. Пристапено на 12 октомври 2015.

Државната комисија за спречување на корупцијата, Првична информација за анализата на финалните финансиски извештаи на организаторите на изборната кампања што обезбедија место во Собранието на Република Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, и НДП, 24 Јуне 2011. Достапно на: http://www.dksk.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=247&Itemid=144. Пристапено на 10 октомври 2015.

Државната комисија за спречување на корупцијата, Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите за изборната кампања на СДСМ за период од 2 април до 19 мај 2014, 2014. Достапно на: http://www.dksk.org.mk/images/PredvremeniParlamentarniIzbori2014/Vkupni/socijal%20demokratski%20. Пристапено на 12 октомври 2015.

Трпевска, С. и Мицевски, И., Зошто е важен интегритетот на медиумите, Македонски институт за медиуми, Скопје, 2014.

НОВИНАРСКИ С ТАТИИ

Алсат-М, „Сумите добиени од владини реклами од десеткратно помали од они кои ги наведе ЗНМ“, 28 мај 2015. Достапно на: http://vesti.mk/read/news/5575272/2102847/alsat-m-sum-ite-dobieni-od-vladini-reklami-od-de-setkratno-pomali-od-oni-koi-gi-nave-deznm. Пристапено на 10 август 2015.

Апостолов, В., „500.000 евра за нови владини реклами“, Фокус, 5 јуни 2014.

Достапно на: http://fokus.mk/500-000-evra-za-novivladini-reklami/. Пристапено на 3 октомври 2015.

Блажевска, К., „Владините реклами – ‘алфа’ за уредувачката политика, ‘омега’ за независноста“, Дојче веле (на македонски), 23 септември 2014. Достапно на: http://bit.ly/1WVpxqE. Пристапено на 23 септември 2015

Page 20: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Зош

то е

ва

жен

ин

тегр

ите

тот

на

мед

иум

ите

Фи

на

нС

иС

Ките

од

но

Си

меЃ

у д

ржа

вата

и м

еди

уми

те в

о

ма

Кед

он

иЈа

мед

иум

СКи

те С

Ло

Бод

и „З

ауЗ

да

ни

“ С

о Ј

авн

и П

ари

20

20

Цветковска, С., „Селмани: Државата влегува со пари во приватните телевизии“, Нова ТВ, 22 август 2014. Достапно на: http://www.novini.mk/read/294628/selmani-drzhavata-vlegu-va-so-pari-vo-privatnite-televizii. Пристапено на 5 јуни 2015.

Димеска, Ф., ’Бомба’ 24 на СДСМ: „Вработувања во медиуми по владин список“, Радио Слободна Европа, 22 април 2015. Достапно на: http://www.makdenes.org/content/article/26972563.html. Пристапено на 4 септември 2015.

Јордановска, М., „Агенцијата за медиуми ги премолчи најголемите огласувачи на телевизиите“, Призма, 18 август 2015.

Канал 5 ТВ, „ММА: ЗНМ и Селмани прават тенденциозна ‘анализа’ со цел да ја урне довербата во телевизиите“, 29 мај 2015. Достапно на: http://kanal5.com.mk/vesti_de-tail.asp?ID=70491. Пристапено на 1 септември 2015.

Медија педиа (база на податоци за медиумска сопственост), „Нова медиумска жетва во владиниот рекламен комбајн“, 2014.

Медија педиа (база на податоци за медиумска сопственост), „Телевизиски лет над законите со керозин од владини реклами“, 2015. Достапно на: http://medi-apedia.mk/istrazuvanja/televiziski-let-nad-zakonite-so-kerozin-od-vladini-reklami_mk. Пристапено на 5 септември 2015.

Плусинфо, „Горан Петрески: Обвинителството не дозволува објавување на ‘Бомби’“, 12 март 2015. Достапно на: http://plusinfo.mk/vest/18170/goran-petreski-obvinitelstvo-to-ne-dozvoluva-objavuvanje-na-bombi. Пристапено на 1 октомври 2015.

Стојановска, Н., „АЕК без повик до МРТ да ги објави опозициските ‘бомби’“, Алсат-М, 30 март 2015. Достапно на: http://alsat.mk/News/14375/aek-bez-povik-domrt-da-gi-objavi-opoziciskite-bombi. Пристапено на 5 август 2015.

ЗАКОНОДАВС ТВО

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 2013, Службен весник бр. 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014 и 132/2014.

Одлука за максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците во висина од 50% при производство на домашната документарна програма и на домашната играна програма, Службен весник бр. 138-14, 17 септември 2014.

Достапно на: http://www.slvesnik.com.mk. Пристапено на 10 јуни 2015.

Одлука за максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците во висина од 50% при производство на домашната документарна програма и на домашната играна програма, Службен весник бр. 47-15, 24 март 2015. Достапно на: http://www.slvesnik.com.mk/. Пристапено на 10 јуни 2015.

ДРУГИ ИЗВОРИ

Аудио од прислушкувани материјали, објавени од страна на опозициската СДСМ, во февруари 2015 година.

Достапно на: http://sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=5&articleId=11748. Пристапено на 1 септември 2015.

Page 21: МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ „ЗАУЗДАНИ“ СО ЈАВНИ ПАРИ · ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ДРЖАВАТА И МЕДИУМИТЕ ВО

Авт

ОрИ

: вес

на Н

икод

инос

ка и

Љуб

ица

Гроз

дано

вска

– Д

имиш

ковс

ка У

РЕД

НИ

К Бр

анки

ца

Пет

кови

ќ У

РЕД

НИ

К А

СИ

СТ

ЕНТ:

Саш

а П

аниќ

А

СИ

СТ

ЕНТ:

Сла

вчо

Мил

енко

вски

РЕД

АК

ЦИ

ЈА

Билј

ана

Пет

ковс

ка Т

ЕхН

Ич

КИ

УРЕ

ДН

ИК

Јан

е С

теф

анов

ИЗД

АВА

ч М

акед

онск

и ин

стит

ут з

а м

едиу

ми,

Јури

ј Гаг

арин

, 17-

1/1,

Ско

пје,

ww

w.m

im.o

rg.

mk.

ДИ

ЗАЈН

Дак

, Љуб

љан

а, 2

015.

Сод

ржин

ата

на и

звеш

тајо

т е

одго

ворн

ост

един

стве

но н

а М

иров

ниот

инс

титу

т и

на М

акед

онск

иот

инст

итут

за

мед

иум

и, и

во

нико

ј слу

чај н

е м

оже

да с

е см

ета

дека

ги

одра

зува

ста

вови

те н

а Ев

ропс

ката

Уни

ја.

Ово

ј изв

ешта

ј е и

зраб

отен

во

рам

ки

на п

роек

тот

Мед

иум

ска

опсе

рват

ориј

а на

Југо

исто

чна

Евро

па, ф

инан

сира

н од

Ев

ропс

ката

Уни

ја.

http

://w

ww.

med

iaob

serv

ator

y.net

.

ФИ

НА

НС

ИС

КИ

ТЕ

ОД

НО

СИ

МЕЃ

У Д

РЖА

ВАТА

И

МЕД

ИУМ

ИТ

Е ВО

МА

КЕД

ОН

ИЈА

М

ЕДИ

УМС

КИ

ТЕ

СЛ

ОБО

ДИ

„ЗА

УЗД

АН

И“ С

О

ЈАВН

И П

АРИ

Податоци за матрица за информирање на граѓани, на веб-страницата на Владата на Република Македонија. Достапно на: http://vlada.mk/node/9241. Пристапено на 1 септември 2015.

Информации од материјал емитуван од страна на опозицијата во 2015 година. Достапно на: http://sdsm.org.mk/de-fault.aspx?articleId=11768&mId=55&agId=5. Пристапено на 5 септември 2015.

СПИСОК НА ИНТЕРВЈУА

Интервју со Мери Јордановска, новинар, БИРН во Македонија, 15 септември 2015.

Интервју со Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), 6 октомври 2015 година.

Интервју со Сефер Тахири, експерт за комуникации со докторат во комуникациски студии, 21 септември 2015.

Интервју со анонимен медиумски продуцент во маркетинг агенција, 1 септември 2015.

Интервју со анонимен менаџер во маркетинг агенција, 7 септември 2015.

Интервју со анонимен вработен во МРТ, 17 септември 2015.

Интервју со анонимен директор на маркетинг агенција, 23 септември 2015.

АВТОРИвесНа НикодиНоск а е магистер по Глобални комуникации од Американскиот универзитет

во Париз. Работи како програмски менаџер и истражувач во Македонскиот институт за

медиуми во Скопје, партнерска организација на Медиумска обсерваторија на ЈИЕ.

Љубица горздаНоск а-димишковск а има диплома по новинарство и комуникациски

студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како директор на

Програмата за развој на Фондацијата за дебата и за образование, ИДЕА Југоисточна

Европа.