516
ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020 РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК! ЗА ТЕБЕ! ЗА МАКЕДОНИЈА!

ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020 РА О А Г ¡РНО … · oстварувањето на долгорочен и одржлив економски раст,

  • Upload
    others

  • View
    37

  • Download
    3

Embed Size (px)

Citation preview

  • П Р О Г Р А М А Н А В М Р О - Д П М Н Е 2 0 1 7 - 2 0 2 0

    РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК!РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК!РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК!

    ПР

    ОГ

    РА

    МА

    НА

    ВМ

    РО

    ПМ

    НЕ

    2017-2020

    ЗА ТЕБЕ! ЗА МАКЕДОНИЈА!

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    6

  • 7

    СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2020 година 10

    ЕКОНОМИЈА СО ВИСОК И ОДРЖЛИВ РАСТ 14

    ИНФРАСТРУКТУРА 56

    ЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР 108

    ТУРИЗАМ 138

    ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 158

    ЗЕМЈА НА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И ШАНСИ ЗА СИТЕ 198

    ЗЕМЈА НА МИРОТ, СИГУРНОСТА, ПРАВДАТА И БЕЗБЕДНОСТА 244

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ 254

    ОДБРАНА И СИГУРНОСТ 282

    НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ 294

    ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА 306

    МАКЕДОНИЈА - ЗЕМЈА НА ЗНАЕЊЕ 328

    ЗДРАВЈЕ ВО СЕКОЈ ДОМ, ЗДРАВЈЕ ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН 368

    КУЛТУРА И УМЕТНОСТ 430

    МЛАДИ, СПОРТ И ФИЗИЧКА КУЛТУРА 456

    ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА И РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ 476

    ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА 492

    СОДРЖИНА

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    8

    СТРАТЕГИСКИ ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ

    ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2020

  • 9

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    10

    СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2020 ГОДИНАСтратешките приоритети на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2017–2020 година се:

    » Зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот;

    » Интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО;» Бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото;» Одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и по-

    деднаков третман на сите пред законот;

    » Инвестирање во образование, иновации и информатичка технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење.

    Во следниот период ќе работиме уште поинтензивно и уште попосветено на остварувањето на овие стратешки определби. За таа цел, ќе реализираме голем број реформи, политики, мерки и проекти кои ќе придонесат за остварување на стратешките приоритети на Република Македонија.

    Меѓу најважните цели на кои се работеше и досега, а ќе се работи уште поинтензивно во периодот 2017-2020 година се:

    » Подобрување на животниот стандард на граѓаните. Тоа подразбира повеќе инвестиции и повеќе работни места, како основа за подобрување на животот на секој граѓанин. За таа цел ќе продолжиме со реформите, мерките и политиките за натамошно подобрување на условите за водење бизнис со кои дополнително ќе го подобриме високиот рејтинг на Република Македонија во светски рамки, ќе продолжиме со поддршката на домашните и странските претпријатија преку политиката на ниски даноци и трошоци за фирмите, изград-бата на нови технолошко-индустриски развојни зони, поддршка на малите и средни фирми преку обезбе-дување на полесен пристап до финансиски средства и проекти за директна финансиска и друга поддршка на домашните и странските фирми кои ќе инвестираат во нови капацитети и ќе отворат работни места; силна поддршка на туризмот преку развој на туристичката инфраструктура и понуда; голем број на активни политики за вработување за поддршка на невработените со посебен акцент на младите; зголемување на платите, пензиите и социјалната помош, како и високи субвенции за земјоделците; поддршка на граѓаните за да изградат сопствена куќа; поддршка на младите семејства преку изградба на голем број детски гра-динки; реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на нивното живеење; натамошна заштита на животниот стандард на пензионерите преку нови зголемувања на пензиите; подобрување на стандардот на вработените преку пораст на платите во јавниот сектор и минималната плата во приватниот сектор, кое заедно со намалувањето на невработеноста се очекува да предизвика постепено зголемување на платите во приватниот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструк-тура; подигање на квалитетот на здравствените услуги преку значајни инвестиции во здравствената инфра-структура и опрема, како и обука на здравствениот персонал; натамошни инвестиции во образованието; поттикнување на иновациите, научноистражувачката работа и примената на новите технологии; заштита на животната средина; инвестирање во културата; вложувања во спортот, како во спортската инфраструктура, така и преку директна финансиска поддршка за голем број спортови итн.

    » Инвестииции во инфраструктура. ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години стави посебен фокус на вло-жувањата во економската инфраструктура. Оваа определба ќе продолжи во следниот четиригодишен пе-риод. Ќе се градат нови автопати, регионални и експресни патишта и локални патишта. Ќе продолжиме со изградбата на железничките пруги и модернизацијата на возниот парк, како и инвестициите во енергетика-та и во обновливи извори на енергија, вложувањата во рударството при што се очекува да почнат со работа неколку нови рударски капацитети, модернизацијата на комуналната инфраструктура во сите општини во

  • 11

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

    државата, изградбата на станови, отворање на нови авиоврски со Европа и светот, како и создавање на атрактивни услови за инвестиции во информатичко-комуникациските технологии.

    » Грижа за социјалните категории граѓани. За ВМРО-ДПМНЕ најдобра социјална политика е политиката на отворање нови работни места. Како и досега, ќе настојуваме што поголем број граѓани да се вработат и на тој начин да ја подобрат сопствената социјална положба. Но, ќе продолжиме да се грижиме и за сите други ранливи категории граѓани. Во таа насока, значајно ќе ја зголемиме социјалната и постојаната парична помош, како и голем број други надоместоци за најранливите категории граѓани, ќе продолжи изградбата на социјални станови, натамошно намалување на цената на лековите, поевтин и полесен пристап до здрав-ствените и образовните услуги, заштита од енергетска сиромаштија, народни кујни итн.

    » Поддршка за подобар живот за земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ ја воспостави практиката на одобрување на високи субвенции за поддршка на македонските земјоделци. И во следниот период земјоделците можат да сметаат на значајна финансиска поддршка во вид на субвенции, како и на поволни финансиски средства за инвестиции во производството, преработката и пласманот на земјоделски производи, приватизација на државното земјоделско земјиште, поттикнување на новите вложувања во објекти за откуп и преработка на земјоделски производи, организиран пазар на земјоделски производи, сериозен циклус на инвестиции во водостопанските системи, браните и другата водостопанска инфраструктура, проекти за развој на рурал-ните подрачја, финансиска и друг вид поддршка на лицата кои сакаат да се преселат од град во село итн.

    » Натамошно подобрување на квалитетот на образованието. Инвестициите во образованието се најдобрите инвестиции на долг рок. Во следниот период ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на училишната и студентската инфраструктура, модернизацијата на образовниот процес преку воведување на нови про-грами согласно со искуствата од најдобрите образовни системи во Европа, употребата на информатички технологии и средства, зголемување на поддршката за научно-истражувачката дејност, обука и мотивација на наставниот кадар итн.

    » Ќе продолжиме со напорите за подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Тоа опфаќа изградба на нови современи клинички центри и болници и реконструкција на постојните дополнителни вложувања во нова опрема, продолжување со обуките и доедукацијата на здравствените работници во светски рено-мирани здравствени установи, поддршката за специјализацијата, воведување на нови услуги итн.

    » Одржување на безбедноста и одбраната на земјата, како и зајакнување на квалитетот и ефикасноста на судскиот систем. Ќе продолжиме со засилено темпо да работиме на реформите во судството, полицијата, одбраната и сите други сегменти на правниот и безбедносниот систем на државата, со цел истите да ги достигнат европските стандарди во овие сфери.

    » Заштита на македонската култура, националното културно богатство, македонскиот идентитет и јазик и нивна промоција во светот.

    » Натамошно зголемување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на Владата и јавната админи-страција, со крајна цел да се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните и фирмите.

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    12

    ЕКОНОМИЈА СО ВИСОК И ОДРЖЛИВ РАСТ

  • 13

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    14

    ЕКОНОМИЈА СО ВИСОК И ОДРЖЛИВ РАСТOстварувањето на долгорочен и одржлив економски раст, зголемувањето на конкурентноста на економијата и на вработеноста, како и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и понатаму остануваат приоритети при креирањето на економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Со реализација на конкретни реформи ВМРО-ДПМНЕ оствари резултати кои помогнаа подобро да се справиме со предизвиците од кризата, што резултираше во значително намалување на невработеноста и подобрување на целокупната конкурентност на македонската економија.

    МАКРОЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ И ПРОЕКЦИИВо периодот 2017-2020 година ќе продолжиме да работиме на интензивирање на економскиот раст. Стабили-зацијата на надворешното опкружување, одржувањето на високи капитални инвестиции од буџетот, влезот на странски компании во слободните индустриски зони и посилната инвестициска активност на домашниот при-ватен сектор и понатаму ќе бидат основни двигатели на економскиот раст. Доколку европската економија го задржи трендот на закрепнување и доколку не се случат непредвидени геополитички и економски нарушувања на глобално и регионално ниво, постојат услови во периодот 2017-2020 растот на БДП да се движи меѓу 3,0% и 4,5%. Табела: Проекции на главни макроекономски индикатори 2016-2020 година

    2016 2017 2018 2019 2020Реален раст на БДП 2,3 3,0 3,5 4,0 4,5

    Инфлација 0,6 1,0 2,0 2,0 2,0Буџетски дефицит -4,0 -3,0 -2,6 -2,2 -2,0

    Стапка на невработеност 24,0 22,8 21,3 20,8 17,0-18,0

    Фискалната политика во периодот 2017-2020 година ќе остане насочена кон задржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку подобрување на квалитетот на јавните финансии и зголемување на капиталните расходи за унапредување на инфраструктурата. Активната и одговорна фискална политика ќе биде во функција на економскиот раст при умерено и одржливо ниво на дефицит и задолженост.

    Во следниот период ќе се фокусираме на воспоставување на законска и институционална рамка за фискални правила кои ќе овозможат одржливост на јавните финансии на долг рок. Буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува на ниво до 2,0% од БДП во 2020 година. Буџетскиот дефицит ќе биде поврзан со повисоките капи-тални инвестиции за инфраструктурни проекти, пред сѐ за изградба и модернизација на транспортната и кому-нална инфраструктура, енергетиката и инвестициите во образовната и во здравствената инфраструктура, имајќи предвид дека во наредниот четиригодишен период ќе се реализираат крупни инфраструктурни проекти во овие области. Со тоа Македонија и во следниот период ќе остане земја со умерено ниво на задолженост.

  • 15

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

    1. ВОВЕДУВАЊЕ НА ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА

    Согласно со најдобрите европски искуства ќе се подготви правна рамка за воведување на фискални прави-ла со кои, почнувајќи од 2018 година, буџетскиот дефицит ќе се ограничи на ниво до 3% од БДП, а јавниот долг на ниво до 60% од БДП. Со воспоставувањето и примената на фискалните правила ќе се унапреди буџетската дисциплина и ќе се утврди рамка при креирањето на политиките. Фискалните правила ќе бидат утврдени во Уставот доколку се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието на Република Македо-нија, а со закон подетално ќе се утврди нивната примена.

    Фискалните правила ќе придонесат за елиминирање на ризиците од ненадејни промени на фискалната по-литика, подобрување на транспарентноста и отчетноста, со што на долг рок се гарантира одржливост и стабилност на јавните финансии. Исто така, со фискалните правила по примерот на успешни ЕУ-земји ќе се уреди следното:

    » Следење и контрола на имплементацијата на фискалните правила;» Механизми за утврдување на исполнетоста на фискалните цели;» Начини за постапување во случај на отстапување од фискалните правила;» Мерки и активности за повторно воспоставување на фискалните правила.

    Р О К : Д Е К Е М В Р И 2 0 1 7 Г О Д И Н А

    2. ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМИ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ (ПФМ)

    Со цел унапредување на фискалната дисциплина, одржливоста на долгот, ефикасно, транспарентно и одр-жливо управување со јавните финансии, ќе се подготви и спроведе сеопфатна програма за реформи во управувањето со јавните финансии. Со програмата ќе се подобрат повеќе сегменти: администрирање и наплата на приходите, планирање и извршување на буџетот, јавните набавки, управувањето со долгот, јав-ната внатрешна финансиска контрола и надворешната ревизија. Истовремено, ќе следи постепена консо-лидација на сопствените приходи на буџетските корисници во рамки на единствената трезорска сметка. Со овој стратешки документ ќе се дефинираат потребните реформи и ќе се дадат насоки за подобрување на управувањето со јавните финансии во наредниот среднорочен период. Крајната цел е поефикасно корис-тење на јавните ресурси и подобра испорака на јавните услуги за поголем економски развој.

    Р О К : 2 0 1 7 - 2 0 2 0 Г О Д И Н А

    3. ПОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДНОРОЧНОТО И ПРОГРАМСКОТО БУЏЕТИРАЊЕ

    Подобрувањето на јавните финансии и зајакнувањето на среднорочното буџетско планирање е еден од најголемите приоритети во процесот на пристапување во ЕУ во делот на јавните финансии. Во таа насо-ка започна Проект за подобрување на ефикасноста на среднорочно планирање на буџетот, програмско буџетирање и фискалното известување кои ќе обезбедат одржливи среднорочни фискални проекции и зајакнување на фискалната дисциплина и транспарентноста.

    Согласно со целите на фискалната политика и најдобрите ЕУ-практики, буџетирањето на средствата ќе се базира на претходно дефинирани индикатори за ефикасност на програмите и преку следење на оствару-вањето на утврдените резултати. Со тоа граѓаните ќе имаат подобар увид во резултатите и целите кои се остваруваат со користењето на јавните средства. Во насока на постигнување на одржливи и солидни јавни финансии ќе бидат дадени препораки за изготвување на среднорочна рамка на расходи и развивање и поврзување на годишниот буџетски процес со среднорочната рамка на расходи.

    Р О К : 2 0 1 7 - 2 0 1 9 Г О Д И Н А

    4. РАЗВОЈ НА ИНТЕГРИРАН ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ

    Преку воведување на нов интегриран информациски систем ќе се креира сеопфатна рамка за управување со јавните финансии која вклучува интегрирање на следните процеси: планирање и извршување на буџетот, сметководство, управување со јавниот долг, подготовка на извештаи и воведување на нови функционално-

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    16

    Ниското ниво на инфлација и понатаму останува еден од приоритетите на економската политика како главен предуслов за динамичен и одржлив економски развој. Преку одржување умерен буџетски дефицит, стабилност на девизниот курс и добра координација на монетарната и на фискалната политика, очекуваме во периодот 2017-2020 година просечната стапка на инфлација да изнесува под 2% годишно. И во следниот период во целост ќе се почитуваат независноста на Народната банка на Република Македонија во водењето на монетарната политика. Преку Комитетот за финансиска стабилност заеднички и координирано со централната банка и другите регулаторни тела од областа на финансискиот систем ќе се следат економските движења со цел навремено и успешно спречување на евентуални ризици врз македонската економија.Финансискиот сектор и натаму ќе остане стабилен, а неговиот натамошен развој и зголемувањето на интер-медијацијата остануваат главни приоритети во областа на финансискиот систем. Очекуваното забрзување на економскиот раст и посебно растот на вработеноста и платите, како и постабилниот надворешен и внатрешен амбиент, ќе придонесат за забрзување на растот на депозитната база и кредитната поддршка за фирмите. Раз-војот на финансискиот сектор ќе биде поттикнат и од воспоставувањето на посебна финансиска зона - Меѓуна-роден центар за финансиски услуги и трговски друштва за меѓународни услуги со посебна правна и финансиска регулатива.

    5. МЕЃУНАРОДЕН ЦЕНТАР ЗА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

    Со цел привлекување на реномирани меѓународни финансиски институции и фондови, ќе се основа Меѓу-народен центар за финансиски услуги кој ќе нуди услуги за регионалните и глобални финансиски пазари. Притоа ќе се искористат предностите за инвестирање кои ги нуди државата од аспект на ниски даноци, поволна бизнис-клима и квалификувана работна сила.

    » Меѓународниот центар за финансиски услуги ќе се лоцира во кругот на касарната Илинден во Скопје, каде е предвидена изградба на објекти и инфраструктура за потребите на инвеститорите.

    » Во центарот се предвидува основање на компании за развој на финансиските услуги, менаџмент со инвестициски и други фондови, ИКТ-услуги поврзани со ефикасно извршување на финансиските ус-луги и други придружни и помошни дејности во насока на создавање на комплетно опкружување за функционирање и развој на ваков вид финансиски центар.

    » Ќе се зајакне регулативата која ги уредува регистрацијата на компаниите, едношалтерскиот систем, финансиските услуги и подобрување на ефикасноста на супервизијата, трговските друштва и работ-ните односи. Целта е да се применат регулаторни решенија согласно со најдобрите светски практики, кои се во насока на воспоставување целосен едношалтерски систем за основање и работа на компании кои даваат финансиски услуги, намалување на регулаторниот товар врз фирмите, намалување на адми-нистративните процедури и трошоците. Притоа ќе се применуваат високи меѓународни стандарди за приливот на капитал, почитување на договорите, заштита на инвеститорите и сл.

    Проектот ќе придонесе за вработување на млад едуциран кадар (економисти, правници, сметководители, финансиски консултанти, адвокати итн.). Буџет: 2.000.000 евра

    Р О К : С Е П Т Е М В Р И 2 0 1 8 Г О Д И Н А

    ИЗВОЗ И СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИЕден од основните фактори за растот на македонската економија е капацитетот да извезуваме. Значајно е што во изминатиот период двојно се зголеми производниот потенцијал што резултираше со удвојување на маке-донскиот извоз, од 1,9 милијарди евра во 2006 година на над 4 милијарди евра во 2015 година, а извозот се очекува да достигне дополнителен раст и во 2016 година. Само извозот од ТИРЗ и индустриските зони достигна

    сти. Имплементацијата на новиот систем ќе придонесе за соодветно мерење на процесите за управување со јавните финансии и поставување на релевантни стандарди преку кои ќе се следи напредокот. Во тек е раз-вој на предлози за имплементација на современ интегриран информациски систем за управување со јавни финансии, што е подготвителна фаза пред набавката и имплементација на нов интегриран информациски систем за управување со јавните финансии.

    Р О К : 2 0 1 7 - 2 0 1 9 Г О Д И Н А

  • 17

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

    над 35% од вкупниот извоз, што е одличен резултат постигнат за многу краток период. Истовремено зголемено е производството и извозот на домашните компании, што беше поддржано со многу мерки меѓу кои најзначајни се: пристап до 350 милиони евра субвенционирани кредити од ЕИБ, ослободување од плаќање на данок на реинвестираната и задржана добивка, како и значително подобрена бизнис-клима, што овозможи реализација на инвестиции во нови капацитети и технологии, како и зголемување на квалитетот и додадената вредност за производи од традиционалните извозни сектори. Дополнително, првите домашни компании започнаа со реали-зација на инвестиции во ТИРЗ во 2016 година, при што нивното производство ќе биде наменето за извоз. Со тоа Македонија ги достигна историски највисоките нивоа на извоз од прогласувањето на независноста.Во иднина ќе продолжи трендот на раст на производството и извозот преку мерки за поддршка и раст на при-ватниот сектор. Со реализација на нови странски инвестиции и модернизација на домашното производство во иднина ќе продолжи да се подобрува структурата на извозот кон технолошки понапредни производи. Знаеме дека Македонија има капацитет за многу повеќе. Со ваша поддршка, и во наредниот мандат ќе работиме на подобрување на условите на стопанисување во приватниот сектор, за да се поттикне пласманот на македонски производи и услуги на европските и светски пазари. Во изминатите десет години успеавме да привлечеме странски директни инвестиции во вкупен износ од 2,6 милјарди евра! Во наредниот период со несмалено темпо ќе работиме на реализација на нови гринфилд-ин-вестиции. Со зголемениот раст на светската економија, враќањето на довербата на светските финансиски па-зари, високата доверба кај странските инвеститори врз основа на одличната бизнис-клима потврдена со 10. место во светот според најновиот извештај „Doing Business 2017“ на Светска банка, како и поволностите што ги нуди Македонија во ТИРЗ и во индустриските зони, очекуваме да се оствари значителен пораст на странските директни инвестиции. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ и во следниот период ќе продолжи да реализира нови мерки за вклучување на поголем број домашни македонски компании во ланецот на доставувачи на мултинационалните компании. Со ова ќе се зголеми ефектот од присуството на странски компании врз економијата, односно ќе се зајакнат капацитетите на домашните компании преку трансфер на технологии, know-how и подобрување на перформансите на работењето.

    НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТАНамалувањето на невработеноста е најуспешниот резултат на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Македонија е единствена земја во Европа која забележа намалување на стапката на невра-ботеност во услови на светска и европска должничка криза. Стапката на невработеност значително се намали од претходните високи нивоа од 38,7%, колку што достигна во периодите на претходните влади на политичките конкуренти во 2005 година, на 24,0% во 2016 година. Во овој период креирани се околу 160.000 нови работни места! Во наредниот период невработеноста ќе биде намалена преку:

    » Остварување на висок економски раст меѓу 3,5% - 4,5%;» Привлекување на нови странски директни инвестиции;» Одржување на бизнис-климата на ниво меѓу најдобрите во светот, што ќе даде директна поддршка на до-

    машните фирми за нови инвестиции и отворање нови работни места;

    » Активни политики и мерки преку Агенцијата за вработување (по примерот на Македонија вработува, Ослобо-дување од социјални придонеси за млади до 29 години и други слични мерки);

    » Натамошна поддршка на земјоделството преку висок износ на субвенции;» Натамошна поддршка на градежништвото преку висок износ на капитални инвестиции;» Модернизација на образованието за создавање поконкурентна работна сила.

    Нашата цел е до крајот на 2020 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 18%, што е ост-варливо доколку нема нови кризи во европската и во светската економија. Тоа значи дека во следните четири години во Република Македонија ќе се креираат околу 70.000 нови работни места! Ако успеавме да ја намалиме стапката на невработеност во услови на светска криза, во стабилно опкружување можеме и имаме кредибилитет и резултати да ветиме дека ќе успееме уште повеќе!

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    18

    МЕРКИ И ПРОЕКТИ ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2020

    6. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА ВКУПНО 10,25%

    Во следниот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политиката на зголемување на платите на вработените во јавниот сектор!Зголемувањето ќе изнесува вкупно 10,25%, и тоа:

    » 5% во јануари 2018 година,» 5% во јануари 2020 година.Планираниот пораст на платите е возможен доколку не се случи сериозна надворешна криза, која би влија-ела негативно врз економската и финансиската состојба во Република Македонија. Зголемувањето на пла-тите ќе придонесе кон подобрување на животниот стандард на просветните, здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, полицијата и во војската и на сите вработени во др-жавната администрација и во јавниот сектор.

    Очекуваме порастот на платите во јавниот сектор да биде проследен и со постепено зголемување на пла-тите во приватниот сектор во согласност со зголемувањето на економскиот раст и подобрувањето на сос-тојбите во приватниот сектор, како и предвиденото зголемување на минималната плата со оваа програма.

    7. ПРОЕКТ: РЕСТАРТИРАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ – ЖРТВИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА

    Со Законот за затворање на старите стечајни постапки и новиот Закон за стечај се реши статусот на повеќе од 320 компании, чии имоти пропаднаа во транзицијата. Овие компании се во одмината фаза на стечај, лик-видација или се веќе преземени од доверителите и се предмет на извршување кај различните доверители.

    Целта на овој проект е преку Законот за контрола на државната помош да им се овозможи на идните купу-вачи на имотот од друштвата да ги рестартираат или да го стават во некаква функција за вршење стопанска дејност.

    Предвидено е на идните инвеститори по стекнување на сопственост на имотот од друштвата да им се по-нуди државна помош со цел креирање на поголем број работни места, со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени- стечајците. Пакетот мерки во зависност од понудениот деловен план предвидува:

    » За креирање на нови работни места - 2.000 евра за ново работно место, а доколку доаѓаат од редот на стечајците - 4.000 евра за секое ангажирано лице под услов да биде задржан на работа минимум 5 години;

    » Готовински грант во зависност од инвестицијата во износ од 10% од вкупната инвестирана вредност, но не повеќе од 500.000 евра. Грантот може да се додели за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема;

    » Ослободување од плаќање на данок на добивка во период од две години; » Ослободување од плаќање на персонален данок и социјални придонеси во период до 3 години, докол-

    ку вработените лица ги задржи на работа најмалку уште 3 години;

    » Обуки, преквалификации и професионално усовршување. Пакетот на мерки ќе важи само доколку субјектите достават деловен план за инвестицискиот проект одо-брен од страна на Комисијата за заштита на конкуренција и Владата на Република Македонија.

    Компании кои се вбројуваат во „Жртвите на Транзицијата“ се: Охис Скопје, Центро Скопје, дел од МЗТ Скопје, Хемтекс Скопје, имотот од Експорт-Импорт Банка (вклучувајќи го имотот во Свети Николе, Клани-ца, Млекара, Сточна Фрама, Ладилник), имотот од Радо Банка, Зора Гевгелија, Млаз Богданци, Јака Табак Радовиш, Фабрика за Кабли Неготино, Фринко Битола, Еуро Ламинати Прилеп, Санкерам Струмица, Диос Струмица, Типо Скопје, Жито Вардар Велес, Жито Скопје, Шик Јелак Тетово, Фаморд Скопје, Картонтекс Свети Николе, Јака Радовиш, Алтра Гевгелија (дел од поранешен Винојуг), Треска Виница, Винка Виница, Улмак Берово (поранешна Белема Берово-дел од Охис), Кимико Струга, Велес Табак, Жито Вардар Велес,

  • 19

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

    Готрис Охрид, Божур Битола, Жито Скопје, Охис Производство Скопје, Гас & Електрисити Трејдинг Скопје (Когел Север Скопје, Зона-Трико Виница, К/С Ролоспас Прилеп, МЗТ ФОП Скопје, Кимико Георги Миладинов и други Струга, Амак СП Охрид, Бони Мел Скопје, Гема-Пласт-КМ Гевгелија, Герасимов Скопје, Агро Компа-ни Илија Кочани, Леснина Инженеринг Панелс Кочани, Карпош Ткачница Крива Паланка (Карпош Декор), Виктор Куманово, Фул-Тајм Компани Скопје и други објекти за кои се водат стечајни постапки, а истите се завршени или се при крај.

    Буџет: 7.000.000 евра (1.000.000 евра во 2017 и по 2.000.000 евра годишно во периодот од 2018 до 2020)Р О К : 2 0 1 7 - 2 0 2 0 Г О Д И Н А

    7.1 РЕСТАРТИРАЊЕ НА ПРОПАДНАТИ СТОПАНСКИ КАПАЦИТЕТИ – ЖРТВИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА ВО КУМАНОВО

    Најеклатантен пример за голем број фирми кои пропаднаа во транзицијата е градот Куманово. Голем број индустриски капацитети во периодот на транзиција беа ограбени и уништени, а работниците оставени на улица. ВМРО-ДПМНЕ е решено да ги исправи неправдите од транзицијата!Со проектот „Рестартирање на стопанските капацитети – жртви на транзицијата“, ќе бидат опфатени след-ните кумановски фирми:

    » Кожара» Тутунски» Житомел» Кланица и ладилник» Сточарска фарма» Кен» Жито Нама» Искра и» ФудсСо цел да се создадат услови за рестартирање на овие капацитети, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, на заинте-ресираните инвеститори по стекнување на сопственост на имотот од друштвата, ќе им понуди државна помош со цел креирање на поголем број работни места, со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени- стечајците. Пакетот мерки во зависност од понудениот деловен план предвидува:

    » За креирање на нови работни места - 2.000 евра за ново работно место, а доколку доаѓаат од редот на стечајците - 4.000 евра за секое ангажирано лице под услов да биде задржан на работа минимум 5 години;

    » Готовински грант во зависност од инвестицијата во износ од 10% од вкупната инвестирана вредност, но не повеќе од 500.000 евра. Грантот може да се додели за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема;

    » Ослободување од плаќање на данок на добивка во период од две години; » Ослободување од плаќање на персонален данок и социјални придонеси во период до 3 години, докол-

    ку вработените лица ги задржи на работа најмалку уште 3 години;

    » Обуки, преквалификации и професионално усовршување.Пакетот мерки ќе важи само доколку субјектите достават деловен план за инвестицискиот проект одобрен од страна на Комисијата за заштита на конкуренција и Владата на Република Македонија.

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    20

    8. ПРОЕКТ: РУРАЛНИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ

    Со проектот се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја во Република Македонија опфатени со овој проект.

    Инвестициите ќе можат да се реализираат во рурални средини со следниве критериуми за локација:» Населени места што ги исполнуваат условите од член 63 од Законот за земјоделство и рурален развој,

    односно се на листата на рурални подрачја;» Опфатени со проектот ќе бидат и седишта на општини што имаат помалку од 10.000 жители според

    последните податоци од попис на населението;» Во сите општини освен општините на град Скопје, ќе бидат опфатени сите населени места кои се на

    листата на рурални подрачја; » Во населените места што припаѓаат кон општините на град Скопје, со проектот ќе бидат опфатени

    оние што се оддалечени повеќе од 5 км од седиштето на општината во која се наоѓаат.

    Критериуми за инвестициите кои се опфатени со овој проект:» Ќе бидат поддржани инвестиции во индустриски капацитети, откупно- дистрибутивни центри, хотели

    со минимум 20 соби, пензионерски домови, спа- центри, болници и спортско-рекреативни центри;» Инвеститорите ќе имаат обврска најмалку 80% од вработените да бидат нововработени лица коишто

    биле евидентирани како невработени во АВРМ подолго од 6 месеци;» Нема да се потпишат договори со компании што ќе го преселат производството, односно правни лица

    кои преку капитално и роднински поврзани правни лица сакаат да ја префрлат активноста (опремата и сл.) од место што не е опфатено со мерката;

    » За проверка на горенаведените информации ќе се спроведуваат соодветни контроли.Предвидени се следните мерки за поддршка на инвестициите во руралните зони:

    » Ослободување од данокот на добивка за период од 10 години;» Ослободување од персонален данок на доход за вработените, за период од 10 години – ослободување-

    то се однесува за висина на личниот доход до 3 просечни плати за лица со основно и средно образова-ние, и до 5 просечни плати за лица со високо образование;

    » Ослободување од плаќање социјални придонеси во висина од 50% за период од 10 години;» Ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште (ослободување од комуналии, кога е

    донесен ДУП); » Брза трансформација на земјоделско во градежно земјиште за приватните парцели, на барање на ин-

    веститорот;» Продажба на државно неизградено градежно земјиште по почетна цена од 1 евро по квадратен метар;» Финансиска помош при изградба на нов објект во износ од 20% од вредноста на инвестицијата, но

    најмногу до 500.000 евра по инвестиција;» Ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема за реализација на инвестицијата;» Обезбедување на обука за вработените или нивна преквалификација од страна на АВРМ;» Обезбедување грант за креирање на работни места – 2.000 евра за невработено лице евидентирано во

    АВРМ подолго од 6 месеци, и 4.000 евра за вработување стечаен работник;» Ослободување од давачките за стандарден приклучок на електрична енергија, до моќност од 50 кило-

    вати;» Изградба на основната инфраструктура (пристапен пат, снабдување со вода или изградба на бунар),

    зависно од условите и висината на инвестицијата;» Изработка на урбанистичка планска документација од страна на државата за секоја ваква локација (во

    државна или приватна сопственост); » Осигурување за објектот во случај на пожар за период од 3 години по неговата изградба.Со закон ќе се предвиди законски рок од 5 години за потпишување на договор меѓу заинтересираните лица и државата и дополнителни 3 години за изградба, односно реализација на инвестицијата.

    Преку проектот ќе се поттикне економскиот и општествен развој во руралните средини и ќе се придонесе кон спречување на миграцијата од село во град, преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја.

    Поддршката и подобностите за заинтересираните инвеститори ќе бидат координирани преку посебна еди-ница за техничка помош при Министерството за финансии. Дополнително, и во рамки на општините ќе има задолжени лица, кои ќе обезбедуваат поддршка и помош за потенцијалните инвеститори.

    На крајот од програмата (стр. 503) се наведени околу 1.600 населени места коишто се опфатени со проектот.Р О К : О Д 2 0 1 7 Г О Д И Н А

  • 21

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

    9. ПРОЕКТ: КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ

    Проектот започна со реализација во 2016 година кога беа усвоени дополнувањата на Законот за субвенцио-ниран станбен кредит, при што досега се одобрени над педесет субвенционирани кредити за млади лица за изградба на нови куќи низ Македонија. Во следниот период ќе продолжи реализацијата на проектот Купи куќа за млади, со кој им се овозможува да се стекнат со сопствен дом на младите лица до и со наполнети 35 години преку субвенционирање на отплатата на станбен кредит. Младите можат да изберат еден од двата модела за добивање на неповратни средства за изградба или купување на нова куќа или надградба/доград-ба на постојна куќа:

    » Првиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата за изградба на куќа во период од 11 години, од кои во првите осум години Владата ќе субвенционира 80% од месечната рата, а во следните три години 50% од ратата; и

    » Вториот модел предвидува исплаќање на субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот.

    Владата исто така обезбедува поддршка за граѓаните во насока на олеснување на начинот за стекнување со плац преку:

    » Продажба на државно градежно неизградено земјиште од страна на општините по пат на јавно надда-вање со почетна цена од 1 евро/м²;

    » Финансирање на трошоците за изградба на водоводна, канализациона и патна инфраструктура за ло-кации на кои општините ќе испланираат најмалку 100 парцели за изградба на индивидуални станбени објекти (куќи);

    Вид на општина Број на жители во општинатаПроцент што Владата ќе го кофинансира

    на општините за инфраструктураРурални (без ограничување) 100%Урбани до 20.000 жители 90%Урбани од 20.001 до 40.000 жители 80%Урбани над 40.001 жител 75%

    » Скратување на времето на чекање за добивање одобрение за градење преку издавање на одобренија по електронски пат;

    » Намалување на трошоците за добивање на идеен проект преку доделување на бесплатни проекти обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски.

    Општините во моментот активно работат на идентификација на локации со државно градежно неизградено земјиште, кое ќе се урбанизира за изградба на индивидуални објекти.

    Буџет: 2.000.000 евра годишноР О К : 2 0 1 7 - 2 0 2 0 Г О Д И Н А

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    22

    10. ПРОЕКТ: КУЌА ЗА НАД 36

    Овој нов проект е наменет за лицата со наполнети 36 години и над 36 години, а кои сакаат да дојдат по-лесно до сопствена куќа. Овие граѓани можат да изберат еден од двата модела за добивање неповратни средства за изградба или купување на нова куќа или надградба/доградба на постојна куќа:

    » Првиот модел предвидува исплаќање на субвенции на месечната рата за изградба на куќа во период од 10 години, од кои во првите седум години Владата ќе субвенционира 65% од месечната рата, а во следните три години 35% од ратата;

    » Вториот модел предвидува исплаќање на субвенција во висина од 100% од учеството од висината на кредитот.

    Владата исто така обезбедува поддршка за граѓаните во насока на олеснување на начинот за стекнување со плац преку:

    » Продажба на државно градежно неизградено земјиште од страна на општините по пат на јавно надда-вање со почетна цена од 1 евро/м²;

    » Финансирање на трошоците за изградба на водоводна, канализациона и патна инфраструктура за ло-кации на кои општините ќе испланираат најмалку 100 парцели за изградба на индивидуални станбени објекти (куќи);

    Вид на општина Број на жители во општинатаПроцент што Владата ќе го кофинансира

    на општините за инфраструктураРурални (без ограничување) 100%Урбани до 20.000 жители 90%Урбани од 20.001 до 40.000 жители 80%Урбани над 40.001 жител 75%

    » Скратување на времето на чекање за добивање одобрение за градење преку издавање на одобренија по електронски пат;

    » Намалување на трошоците за добивање на идеен проект преку доделување на бесплатни проекти обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски.

    Општините во моментот активно работат на идентификација на локации со државно градежно неизградено земјиште, кое ќе се урбанизира за изградба на индивидуални објекти.

    Субвенционирањето на станбени кредити за купување нов стан во рамките на постојниот проект Купи куќа, купи стан ќе трае до 01.07.2017 година.

    Буџет: 2.000.000 евра годишноР О К : 2 0 1 7 - 2 0 2 0 Г О Д И Н А

    11. МЕРКА: НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНО ИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Г -

    СТОПАНСКИ И ПРОИЗВОДСТВЕНИ ОБЈЕКТИ

    Со цел завршување на процесот на приватизација на градежното земјиште со намена Г - стопански и производ-ствени објекти на кое фирмите имаат корисничко право но е во сопственост на Република Македонија, цената за продажба на истото ќе се намали на 70 денари по м² и ќе се изедначи со висината на цената за отуѓување на градежното земјиште со непосредна спогодба.

    Досега согласно со Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се привати-зира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, надоместокот за приватизација на градежно земјиште со намена Г - стопански и производствени објекти изнесува 438 денари за реон I (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), реон II (Тетово, Битола, Охрид, Струмица, Гевгелија, Кичево, Гостивар и Куманово) и реон III (Струга, Прилеп, Штип, Кавадарци, Кочани и Велес), додека за реон IV изнесува 245 денари (Крива Паланка, Дебар, Виница, Не-готино, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Берово, Македонски Брод, Валандово, Делчево, Демир Хисар, Кратово, Крушево, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево).

    Р О К : Ј У Н И 2 0 1 7 Г О Д И Н А

  • 23

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

    12. МЕРКА: НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА, ЗА СЕМЕЈСТВА И ПОЕДИНЦИ СО МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ

    ПОД 22.294 ДЕНАРИ ОДНОСНО ДВЕ МИНИМАЛНИ ПЛАТИ

    Целна група на мерката се лица наследници со пониски приходи кои сѐ уште не извршиле пренос на правото на сопственост на наследениот имот заради високи трошоци. Со нејзина реализација ќе се придонесе за поефика-сен пазар на недвижности во делот на недвижностите што се предмет на наследство. Мерката ќе придонесе за забрзување со стопанисувањето и прометот на недвижности што се добиени во наследство и ќе поттикне нови инвестиции.

    Голем број граѓани во наследство имаат добиено имот, но истиот сѐ уште се води на име на родителите или други роднини од кои имаат право на наследство. Ваквата состојба придонесува наследниците да не ја запишуваат сопственоста врз недвижноста, поради што значаен дел од имотот во Република Македонија се води на покојни лица, што резултира со помалку ефикасен пазар на недвижности. Ова е посебно проблем за граѓаните со пони-ски приходи. Со проектот Владата ќе финансира 50% од трошоците за оставинска постапка (кои достигнуваат до 10.000 денари) за семејства и поединци со месечни приходи под 350 евра.

    Р О К : Д Е К Е М В Р И 2 0 1 7 Г О Д И Н А

    ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКАСо реформите на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија стана земја со најниски даноци во све-тот! Воведовме најнизок рамен данок од 10% на добивката и персоналниот данок и, за разлика од останатите земји кои ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки во текот на должничката криза во Европа, во Македонија даноците останаа непроменети. Преку пониски даноци и едноставни административни процедури, се стимулира бизнисот, се намалува сивата економија, фирмите повеќе инвестираат и отвораат нови работни места, а сето тоа влијае врз зголемување на конкурентноста и на потенцијалот на македонското стопанство!

    Во наредниот мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политиката на ниски и едноставни даноци за фирмите. Повеќе средства за компаниите значат и повеќе средства за унапредување на работењето и воведувањето нови технологии и практики, нови инвестиции и работни места, а со тоа и економски раст на земјата. Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со политиките за создавање рамен и еднаков терен за фирмите на кој нема да егзис-тира нелојална конкуренција.

    13. ПРОДОЛЖУВА ОДАНОЧУВАЊЕТО СО 0% ДАНОК НА РЕИНВЕСТИРАНА ДОБИВКА

    Оваа мерка даде одлични резултати изминатиот период и со нејзиното продолжување во наредниот четиригоди-шен период фирмите ќе бидат целосно ослободени од плаќање данок на реинвестирана добивка (0% стапка на данок на реинвестирана добивка). На овој начин на фирмите секоја година ќе им бидат на располагање десети-ци милиони евра, кои ќе можат да ги инвестираат во нови капацитети, машини и опрема.

    Р О К : 2 0 1 7 - 2 0 2 0 Г О Д И Н А

    14. ПРОЕКТ: ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДДВ ОД 5% ЗА ПЕЧКИ И КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ И НА ПЕЛЕТИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ

    Со намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 5% во октомври 2016 година за крајните корисници кои користат пелети за греење или кои планираат да се греат и да набават печки или котли за греење на пелети, се создадоа услови за намалување на цената на овие производи. Оваа мерка, заедно со планираните субвенции за набавка на печки на пелети, ќе придонесе во наредниот десетгодиишен период да се зголеми примената на пелетите во однос на другите типови горива за греење. Пелетите претставуваат енергетско ефикасно решение за загревање, бидејќи се економски исплатливи и претставуваат обновлив извор на енергија, а нивната употреба од страна на домаќинствата ќе придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот. За зголемување на понудата на пелети за греење, ЈП „Македонски шуми“ ќе отвори погон и ќе се вклучи во производството на пелети.

    Р О К : 2 0 1 7 - 2 0 2 0 Г О Д И Н А

  • ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2017-2020

    24

    15. НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ЛЕКОВИ И НА УСЛУГИТЕ ОД СТРАНА НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА ОД 18% НА 5%

    Со намалувањето на ДДВ на ветеринарните услуги ќе се подобри финансиската состојба на ветеринарните ста-ници кои со оваа поддршка треба да ја модернизираат опременоста и да ја подобрат ликвидноста во рабо-тењето. На овој начин ветеринарните друштва се изедначуваат со другите лекарски дејности кои се во целост ослободени од плаќање на ДДВ.

    Од друга страна намалувањето на ДДВ за лековите наменети за животните во однос на лековите наменети за луѓето ќе има ефект на намалување на цените на овие производи за сточарите и искоренување на црниот пазар, односно шверцот со нерегистрирани и непроверени препарати. Истовремено со воведување на мерките ќе се работи на подобрување на регулацијата на ветеринарните лекови и пропишувањето на задолжително ниво на опременост на станиците заради насочување на заштедите од мерката во инвестиции.

    Р О К : Ф Е В Р У А Р И 2 0 1 7 Г О Д И Н А

    16. НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ ОД 18% НА 5% ЗА ВЛЕЗ НА СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ

    Со цел поголем број граѓани да имаат можност да присуствуваат на спортските натпревари организирани во Ма-кедонија, ќе се намали ДДВ од 18% на 5% за влезниците на спортските натпревари. Примената на повластената стапка на ДДВ од 5% ќе придонесе за намалување на цената на влезниците за спортските натпревари.

    Р О К : А П Р И Л 2 0 1 7 Г О Д И Н А

    17. НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ ОД 18% НА 5% ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ

    Примената на повластената стапка на ДДВ од 5% за изнајмувањето на спортски објекти ќе придонесе за подо-брување на условите за развојот на спортот во Република Македонија и помасовно користење на спортските објекти од страна на граѓаните. Намалувањето на ДДВ од 18% на 5% ќе ги поттикне компаниите да вложуваат во постојните спортски објекти со цел да ги направат поатрактивни за корисниците и да инвестираат во изградба на нови спортски објекти.

    Р О К : А П Р И Л 2 0 1 7 Г О Д И Н А

    18. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ И ДДВ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ТАКСИ ВОЗИЛА ЗА ПРЕВОЗ НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

    Во насока на олеснување на животот на лицата кои користат инвалидска количка и овозможување на што по-високо ниво на пристапност при нивното движење, предвидуваме воведување на повеќе поволности за набавка на такси возила прилагодени за потребите на овие лица. За реализација на овој проект ќе овозможиме ослободу-вање од царински давачки и данок на додадена вредност за такси компаниите кои ќе набават возило кое ќе биде прилагодено за лицата корисници на инвалидска количка, односно возилата треба да имаат соодветна рампа за пристап во возилото и да бидат прилагодени согласно со меѓународните стандарди за лица со инвалидност.

    Р О К : Ј У Л И 2 0 1 7 Г О Д И Н А

    19. НАМАЛУВАЊЕ НА АКЦИЗА ЗА НАМЕШАНИ БИОГОРИВА

    Оваа мерка ќе придонесе за заштита на животната средина од штетни гасови и намалување на користењето на горива кои испуштаат поголем процент на сулфур и јаглерод диоксид во воздухот. Мерката ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во поголемите градови. Намешани биогорива се горива во кои има 95% дизел (или други видови гориво) и 5% биомаса. Акцизата ќе се намали за износот на биомасата, односно за 5% на биомаса која влегува во намешаното биогориво нема да се наплаќа акциза. За чистите биогорива со 100% биомаса и сега, согласно со законските одредби, не се наплатува акциза.

    Р О К : Ј У Н И 2 0 1 7 Г О Д И Н А

  • 25

    РЕАЛНО! РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК

    20. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ ЗА ДРЖАВЈАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ШТО ЖИВЕАТ ВО ПОГРАНИЧЕН

    ПОЈАС, ЗА ПРОИЗВОДИ ДОБИЕНИ ОД НИВНИТЕ ИМОТИ

    Граѓаните на Република Македонија што живеат во пограничните појаси, а притоа се сопственици на имот во соседната држава, ќе бидат ослободени од плаќање на увозни давачки за растителни и животински производи (предмети) добиени на нивните имоти во пограничниот појас на соседната држава. Носител: Царинска управа.

    Р О К : М А Р Т 2 0 1 7 Г О Д И Н А

    21. ПРОЕКТ: ИЗДАВАЊЕ НА ОДНАПРЕД ПОПОЛНЕТА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРИХОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

    Со цел поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на персоналниот данок од страна на даноч-ните обврзници – физички лица, Управата за јавни приходи ќе воведе електронски сервиси за издавање на од-напред пополнета Годишна даночна пријава, кои ќе вклучуваат и можност за електронска проверка и потврда на остварените годишни приходи од страна на граѓаните. Овие сервиси ќе бидат изработени согласно со најдо-брите примери од европските земји.

    Р О К : Ј У Н И 2 0 1 8 Г О Д И Н А

    22. ПРОЕКТ: ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВ ИНТЕГРИРАН ИТ-СИСТЕМ ВО УЈП

    Со цел обезбедување на одржлив развој и постигнување на техничка и технолошка модернизација на работните процеси, во Управата за јавни приходи ќе се воведе нов интегриран ИТ-систем кој ќе ги поддржува сите работни процеси, прилагодлив на законските промени и соодветен за потребите на институцијата при влезот на земјата во ЕУ. Системот ќе овозможи целосна електронска комуникација и размена на податоци со институциите во Ре-публика Македонија. Покрај техничката, системот ќе повлече и технолошка модернизација, поедноставување на процесите и елиминирање на повеќекратни повторувања или реплицирања на податоци, односно ќе продуцира нова ефективност и ефикасност во работењето.

    Р О К : А П Р И Л 2 0 1 9 Г О Д И Н А

    23. ПРОЕКТ: НОВ КОНТАКТЕН ЦЕНТАР НА УЈП

    Во насока на намалување на административниот товар на даночните обврзници, подобрување на услугите и поедноставување на процедурите, ќе се отвори нов контактен центар на УЈП чија це