36
www.vmro-dpmne.org.mk

ВМРО-ДПМНЕ за општина Струмица (отчет)

  • Upload
    cyril-z

  • View
    235

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ВМРО-ДПМНЕ за општина Струмица (отчет)

Citation preview

www.vmro-dpmne.org.mk

517.063.16099.627.400

ВМРО - ДПМНЕза општина Струмица

517.063.16099.627.400

Почитувани граѓани на општина Струмица,

Пред Вас се наоѓа прегледот на сите инвестиции што ги спроведе ВМРО–ДПМНЕ на територијата на Вашата општина. Во изминатите шест години, благодарејќи на реформите што ги спроведуваше Владата на Република Македонија, Струмица е поубаво место за живеење. Во изминатите шест години беа реализирани голем број проекти кои се од суштинско значење за Струмица. Постојаното зголемување на субвенциите за земјоделството придонесе Македонија, а особено струмичкиот регион, значително да го зголеми земјоделското производство, а во континуитет се зголемуваат и обработливите површини. Покрај тоа, земјоделците добија можност да ја регистрираат земјоделската механизација, со што многу полесно ќе имаат пристапат до дополнителни финансиски средства преку европската програма ИПАРД, а за таа намена беше намален и данокот на додадена вредност за набавка на нова земјоделска механизација од 18% на 5%. Со ваквите стимулативни проекти, земјоделството во земјава доживеа целосна ренесанса. Благодарејќи на мерките на Владата, денес во Македонија не зборуваме за неорганизирано земјоделство, туку од година во година се развиваат сериозни агробизнисмени коишто користат најсовремени методи во обработката на површините. Во 2012 година се поднесени 5851 барање за субвенции од општина Струмица, а во 2011 година беа доделени субвенции во вредност од 265.141.504 денари.

Освен во земјоделството, во Струмица во изминативе шест години активно се инвестираше и во реконструкции и изградба на нови локални патишта како дел од проектот на Владата за реконструкција на регионалните и на локалните патишта во земјава. Со реконструкцијата на локалните делници во Струмица, граѓаните добија современи патишта коишто директно го олеснуваат функционирањето на земјоделските работи, бизнисот, но и извршувањето на секојдневните обврски на граѓаните. Со цел да се поттикне развојот на туризмот во овој крај, беше изградена и целосна нова делница од Куклиш до рекреативниот центар Бања Банско, во должина од 8,2 километри. За изградба на овој патен правец, Владата инвести-раше 99.629.488 денари, а покрај овој патен правец, беа реконструирани уште десетици други.

Покрај тоа, во изминативе години беа реконструирани голем број училишта, како и струмичката болница, за која беше набавена и најсовремена опрема. Едноставно, беа извршени крупни инвестиции во секој сегмент од живеењето на струмичани. Благодарејќи на сеопфатноста на заложбата на Владата за подобрување на животот во сите сфери од живеењето, денес струмичани можат да ја подигнат главата горе и да се надеваат на уште поубаво утре, денес земјоделецот е горд и мотивиран да продолжи што повеќе да инвестира во нови површини, денес учениците се задоволни од новите услови во училиштата, пациентите се прегледуваат со најсовремена опрема во струмичката болница, а учесниците во сообраќајот возат по нови локални патишта. Едноставно кажано, благодарејќи на проектите што ги спроведе Владата на територијата на општина Струмица, денес имаме посреќни граѓани. Голем дел од овие проекти се идеи на самите струмичани, кои секојдневно ни даваат сугестии за тоа што е приоритетно и каде треба да се инвестира. Денес Струмица, благодарејќи на фактот што ВМРО–ДПМНЕ знае да го слушне гласот на народот и да одговори на нивните барања и потреби, е многу поубаво место за живеење. Заедно со вас можеме да направиме уште повеќе за нашата Струмица, можеме да ја претвориме во најсилен економски тигар во регионот. Ајде да го направиме тоа заедно.

Почитувани граѓани, наша должност како партија која доаѓа од народот и постојано е меѓу народот е да ви дадеме отчет за сѐ што е реализирано во Струмица во изминативе четири години. Ве повикуваме со внимание да го проследите овој отчет и се надеваме дека ќе Ве инспирира за во Вас да се создадат нови идеи и правци кон кои сакате да се движи нашата општина. Ние сме тука за да ги слушнеме тие идеи и задно со Вас да ги направиме реалност.

Со почит,ВМРО - ДПМНЕ

www.vmro-dpmne.org.mk

517.063.160

2008 - 140.452.706,50 денари2009 - 171.705.527,00 денари2010 - 204.904.927,00 денари.

Вкупно доделени 517.063.160 денари субвенции во општина Струмица во изминативе три години.

ФактиФакти

Намален данокот на додадена вредност за набавка на земјоделска опрема, за лекови и за туризам од 18% на 5%

Субвенции за земјоделцитеСо оглед на тоа што најголем процент од населението во струмичкиот крај егзистира од земјоделството, континуираното зголемување на субвенциите наменети за земјоделците, како мотивациска мерка за зголемување на земјоделските површини и за подобрување на производството, значително влијаеше врз целокупното земјоделство во земјава, особено во југоисточниот дел на Македонија. Владата годинава додели средства коишто значително го раздвижија земјоделството во Македонија, една од најзначајните стопански гранки. Владата и во иднина ќе продолжи да ги зголемува субвенциите за земјоделците, а крајната цел на оваа мерка е да се врати достоинството на земјоделците, од нив да произлезат сериозни агробизнисмени кои во иднина би придонесле за уште посилен развој на оваа гранка во нашата земја.

Земјоделство

Како земјоделски крај, но и крај којшто во изминатиов период направи сериозни чекори во развојот на туризмот, мерката на Владата за намалување на ДДВ од 18% на 5% за набавка на земјоделска механизација и ѓубрива, како и за туристичките услуги, придонесе за значителна мотивација на агробизнисмените, земјоделците и на угостителите од овој крај да продолжат со инвестициите во овие сектори. Голем број земјоделци ја искористија оваа можност за обновување на земјоделската механизација и за зголемување на земјоделските површини. Ваквата мерка е поголем мотив за младите во овој крај да размислуваат за уште посилен туристички развој на градот Струмица, но и на пазувите на прекрасната Беласица.

Отворен откупно–дистрибутивниот центар „Агрофруктус“, инвестиција вредна 20 милиони евра

Хрватската компанија „Агрокор“ го отвори откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук „Агрофруктус“, гринфилд-инвестиција вредна 20 милиони евра. Капацитетот на објектот е околу 60.000 тони со тенденција многу скоро да се зголеми до 100.000 тони.

Центарот е опремен со најсовремени мерни апарати, ладилници, калибратори, сали за пакување и транспорт. Оваа најнова инвестиција на „Агрокор“ има површина од 13.000 м2 и моментално има 250 вработени, а производите ќе ги пласира главно во земјите-членки на ЕУ и на подрачјето на поранешниот Советски Сојуз. „Агрокор“ одамна ја препозна Република Македонија како земја со голем потенцијал за инвестиции, затоа и пред неколку години започна со интензивни активности на оваа подрачје.

www.vmro-dpmne.org.mk

Легализација на земјоделската опрема

Со проектот за легализација на земјоделски објекти и опрема, земјоделците добија шанса да ја легализираат земјоделската опрема, со што значително ќе им се олесни пристапот до средствата од ИПАРД. Со проектот за легализација на нерегистрирани трактори и тракторски приколки е предвидено да се изнајде решение за регистрација на тракторите кои физичките и правните лица ги имаат во владение или ги користат на територијата на Република Македонија, а за кои немаат комплетна документација. Во однос на исполнувањето на техничките стандарди и обврската за плаќање давачки, ќе се применува истата постапка како и за другите возила во согласност со законот. Со тоа, овие земјоделци ќе можат, меѓу другото, да аплицираат за средства од ИПАРД, односно да користат средства од европските фондови, и да обезбедат дополнителни средства и можности за развој на својата дејност.

Земјоделство

Програми за поддршка на рурален развој

Со користење на средствата од ИПАРД програмата владата овозможи рурален развој на целата територија на државата. Целта на оваа програма е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделските производство и земјоделско прехрамбениот сектор преку нивно усогласување со страндардите не Европската Унија. Оваа програма овозможува инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба, известиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи, развој на рурални економски активности. Со оваа програма се овозможува набавка на садници, опрема за потпорна конструкција, опрема за наводнување, средства за заштита на производството и сл. Како дел од оваа програма во регионот Струмица спаѓаат селата: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градашорци, Дабиље, Добрејци, Дрламбос, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино, Орманли, Попчево, Просениково, Рааборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три Води.

www.vmro-dpmne.org.mk

Подготовки за започнување изградба на систем за наводнување на браната Маркова Река

Во тек се подготовките за започнување за реализација на проектот ,,Систем за наводнување од Брана Маркова Река – Куклиш кој е наменет за наводнување на површина од 400ха засадени со градинарски култури.

Здравство

ФактиФакти

Нова опрема за јавните здравствени установи во СтрумицаРеализацијата на проектот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за набавката на современа медицинска опрема во вредност над 100 милиони евра претставува најголемата инвестиција во опрема во македонското здравство во последните 20 години. И во наредните четири години ќе продолжиме континуирано со реализацијата на овој проект, сe што ќе овозможиме подобрување на квалитетот на здравствените услуги и целокупната здравствена состојба на населението. Со новата опрема ќе го скратиме времето на чекање и просечното време на лекување, ќе овозможиме навремено дијагностицирање на болестите, давање услуги според највисоки стандарди, намалување на просечното време на лекување, намалување на трошоците за болничко лекување по пациент, намалување на потрошувачката на лекови и постоперативни компликации, подобрување на работната способност на населението и зголемување на годините на квалитетно живеење. Истовремено ќе продолжиме со спроведување на едукација и обука на персоналот за употреба на новата апаратура и соодветно одржување.Во здравствените установи во Струмица беа вложени повеќе од 2.000.000 евра. Во струмич-ките здравствени установи беше инсталирана нова опрема како што е комјутерскиот томограф, ларингоскоп, нови апарати за рендген, ушно, анестезија, нови инкубатори, нови сонди, машини за дишење итн. Беше Збогатено интерно одделение со нови содржина астма центар, стрест тест, ехо на срце и тероидеја, кабинети за гастроскопија и колоноскопија, нова оперативна техника за имплементирање интраокулани леки за старечки катаракти во офтомологија, беше извршена реконструкција на хируршки ортопедски, уролошки амбуланти.

2.000.000Владата инвестираше 2 милиона евра во најсовремена опрема и апарати.

Медицинска апаратура во ЈЗУ Општа болница Струмица добиена од Министерството за Здравство.

КТМ апарат 45 713 657 денари

Стерилизатор 4 234 314 денари

Хируршки светла и хируршки столови 4 196 867 денари

Апарат за рентген 3 700 000 денари

Апаратура за очно 3 384 809 денари

Хируршки инструменти 3 368 338 денари

Апарат за анестезија 3 047 940 денари

Компресори 2 920 557 денари

Монитор централна база со 5 парчиња 2 619 275 денари

Рентген С-АРМ мобилен апарат 2 500 000 денари

Инкубатор 2 154 300 денари

Ултразвучен уред за рентген служба 2 000 000 денари

Видео гастроскоп 2 000 000 денари

Машина за дишење (респиратор) 1 800 000 денари

Микроскоп 1 728 405 денари

Монитор, ЛМД,аспиратор, количка за гастро 1 015 730 денари

Биохемиски анализатор МИУРА 900 000 денари

Компјутерска опрема 102 800 денари

Останата опрема 2 146 413 денари

ВКУПНО: 89 533 405 денари

www.vmro-dpmne.org.mk

Aпаратура набавена од сопствени средства за потребите на ЈЗУ Општа болница Струмица во вредност од 18.000.000 денари.

Обновена фасадата на струмичката болницаВладата на ВМРО – ДПМНЕ во изминатиот периот целосно ја финансираше обновата на инфраструктурата на здравствените центри во Струмица. Објектот на ЈЗУ,, Општа болница” – Струмица беше целосно реконструиран. Беше обновена фасадата на објектот, беше променет кровот на инфективното одделение, во тек се промените на старите прозорци со нови, целосно беа реновирани санитарните јазли, а исто така беа реновирани и дел од влезните простори и чекалните во болниците. Од буџетот Владата одвои 20.000.000 денари за реновирање на ЈЗУ,, Општа болница” – Струмица.

Здравство

Нови возила за Итна медицинска помош

Обука на лекари

Заради континуирана едукација на здравствениот кадар и стекнување на најнови знаења и примена на најсовремени техники Владата ја презеде програмата за едукација на лекари и среден медицински пер-сонал. Како дел од овој проект којсеуште е во тек беше опфатен и здравствениот кадар од струмичките здравствени установи. Беше одржана едномесечна обука на лекари специ-јалисти од различни специјалности во Јапонска болница Токуда Софија. Исто така две медицински сестри беа на обука во Истамбул Турција.

www.vmro-dpmne.org.mk

Како дел од проектот ,,Подобрување на Итната медицинска помош” на Владата на ВМРО – ДПМНЕ кој е согласно со стратегијата за развој на Итната медицинска помош (ИМП) во Република Македо-нија се зголеми ефикасноста и достапноста на оваа служба. За потребите на проектот беа наба-вени нови 50 возила за Итна медицинска помош. Здравствен дом Струмица со овој проект доби 3 санитетски комбиња (реаномибили) во вредност од 11.598.459 денари.

Образование

Наставен центар СтрумицаУниверзитет „Гоце Делчев - Штип“

Знаењето е сила!Знаењето е моќ!Затоа ВМРО-ДПМНЕ толку многу вложува во образованието.Високото образование е двигател за општествен развој, а иновативен високообразовен систем е предуслов за обнова на општеството. Правичниот пристап до квалитетно високо образование, во рамките на способностите на поединецот е право кое мора да биде гарантирано од јавниот сектор. За таа цел општина Струмица доби наставен центар Струмица кој е дел од Универзитетот ,,Гоце Делчев” Штип. Владата на ВМРО – ДПМНЕ вложи 53.701.512 денари во изградба и реновирање на објект од 2.400 м2 во кој беше сместен наставен центар. Објектот на наставниот центар содржи модерни предавални и амфитеатри, кабинети за наставниот кадар, кабинети за администрација, кабинети по информатика, бифе. Наставниот центар е опремет со дигитални табли, опрема за видео конференциска врска, современа опрема во кабинетите на наставниот кадар, компјутери, сервери и лабаратории. Во Наставниот центар Струмица се одржува настава на 6 факултети и тоа: земјоделски факултет. Факултет за образовни науки (педагошки факултет), економски факулет, машински факултет, правен факулет и факултет за информатика. Факултети во Струмица работат по европски теркови на образование. Тоа го докажува грантот доделен на земјоделскиот факултет при Наставниот Центар – Струмица доделен од ИПА програма за прекугранична соработка кој изнесува 6.600.000 денари.Моментално на сите факултите има запишано повеќе од 1500 студенти, а во досегашното петгодишно работење дипломираа околу 200 студенти.

www.vmro-dpmne.org.mk

Благодарејќи на заложбите за подобрување на условите во образованието во Македонија, проблемот со санитарните јазли во ОУ „Сандо Масев“ - Струмица стар 60 години веќе е решен. За таа цел, Министерството за образование обезбеди 2 милиона денари со кои беа реконструирани санитарните јазли во ова училиште. Во истото училиште беа реконструирани и спортската сала и кабинетите.

Санација на санитарни јазли и реновирање во ОУ „Сандо Масев“

Образование

Изградена нова спортска сала и реконструкција на кров на СОУ „Димитар Влахов“Средното училиште „Димитар Влахов” во Струмица доби нова спортска сала како дел од заложбите на Владата за изградба на нови спортски сали и спортски терени во училиштата со цел да се поттикне спортскиот дух кај младите. Спортската сала е со површина од 1300 квадратни метри и со капацитет од 400 седишта. За изградба на спортската сала беа издвоени 40 милиони денари. Покрај изградбата на спортската сала, во училиштето целосно беше реконструирана покривната конструкција, а старите прозорци беа заменети со нови, енергетско–ефикасни.

Освен во училиштата во градот Струмица, со цел да се подобрат условите во училиштата, беа реновирани и санитарните јазли во основните училишта во селата Добрејци и Баница. Владата и понатаму ќе продолжи со интензивни градежни зафати за да се создадат идеални услови за образование на најмладите жители на нашата земја.

Во изминатите години беа реконстру-ирани училишни згради на средните училишта во општина Струмица. Со доградбата и реконструкциите на учи-лиштата, како дел од заложбите на Владата за подобрување на условите за образование на младите, учениците во овие училишта добија идеални услови за одвивање на образовниот процес.

Во селото Костурино беше извршена целосна санација на подот, на столаријата и на покривот. Со реконструкцијата значително се подбрија условите за одржување на наставата во училиштето и засекогаш се стави крај на проблемите што ги имаше ова училиште за време на врнежливите денови, кога се создаваа проблеми во редовното одвивање на наставата.

Покрај реконструкцијата на санитарните јазли, во училиш-тето во село Баница беше извршена и замена на старите и дотраени прозорци со енергетско-ефикасни, училниците и кабинетите добија нови врати, а целосно беше променета и дотраената столарија. Исто така, Министерството за образование изврши и целосна санација на фасадата и на покривот на овој образовен објект.

Во селото Дабиље, беше извршена целосна реконструкција на внатрешноста на основното училиште. Со реконструкцијата учениците од ова училиште добија идеални услови за одржу-вање на наставата според сите најсовремени стандарди.

Санација на санитарни јазли во основните училишта во с. Добрејци и во с. Баница

Реконструкции на училишта во oпштина Струмица

Санација на подот, на столаријата и на покривот на училиштето во Костурино

Реконструкција на училиштето во село Баница

Внатрешна реконструкција на училиштето во село Дабиље

www.vmro-dpmne.org.mk

За интензивниот бран на реконструкција на образовните институции во Струмица и во околината и подобрувањето на условите во образованието во секој сегмент, зборува и реконструкцијата на музичкото училиште „Боро Џони“. Со цел на младите музичари да им се обезбедат подобри услови за вежбање, Министерството за образование одвои средства за поставување парно греење, промена на вратите, прозорците и на подот во училиштето. Со тоа младите музички таленти од Струмица добија достојни услови за себенадградување и за својот музички развој.

Реконструкција на музичкото училиште „Боро Џони“

Образование

Комјутер за секое детеВладата на Република Македонија заради зголему-вање на ефикасноста на образовниот процес го реализира проектот Компјутер за секое дете. Станува збор за најголемата инвестиција во образованието во изминатите 17 години. Целта на овој проект е зголемување на степенот на користење на компјутери и интернет со што ќе се подобрат информатичко-технолошките вештини на учениците, како и на нивните професори. Овој проект им овозможува на учениците да ја совладаат наставната материја во средина и начин кој одговара на стандардите на современото информатичко општество. Целта е олеснување на можноста за побрз пристап до образовните дигитални содржини и информациите што се наоѓаат на глобалната интернет мрежа. Проектот постојано ќе се надоградува, со цел учениците и наставните програми да бидат во тек со новите технологии.Како надополнување на овој проект, односно поефикасно спроведување на компјутеризацијата на училиштата, е овозможено и спроведување на Интернет-поврзување во сите училишта во Македо-нија и обезбедување на Интернет-конекција до сите средни и основни училишта.

Владата на ВМРО – ДПМНЕ овозможи ваучери од 15.500 денари за набавка на лап-топ, персонален компјутер или таблет на студентите од социјално загрозени семејства. Проектот е на Министерството за информатичко општество и администрација, а се однесува на студентите кои се во завршна година од студирањето и потекнуваат од семејства приматели на социјална помош или семејства каде вкупниот месечен приход не е поголем од 12.000 денари. Оваа бенефиција ја искористија 117 студенти од општина Струмица.

Ваучер за студенти

www.vmro-dpmne.org.mk

Изградба и реконструкција на патишта

Нов магистрален пат Струмица - РадовишВладата на ВМРО -ДПМНЕ инвестираше 6,9 милиони евра во изградбата на ова делница.

ФактиФакти

Нов магистрален пат Струмица - Радовиш

Со изградбата на оваа делница во должина од 10 км се доби целосно модернизиран асфалтен коловоз со широчина од 7,5 метри на магистралниот пат кој ги поврзува Радовиш и Струмица. Вредноста на проектот: 6,9 милиони евра, а средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Стар пат

Нов пат

www.vmro-dpmne.org.mk

Реконструиран патот Струмица-ПопчевоАсфалтираниот пат е широк 6 метри во урбаниот и 3,5 метри надвор од урбаниот дел, а реконструкцијата е извршена по старата траса од улицата „Бетовенова“ низ местото „Чам Чифлик“ во близина на манастирот „Свети Илија“ и завршува до селото Попчево. Вкупната должина на новиот асфалтиран пат изнесува 6,5 километри со вкупна површина од околу 25.000 квадратни метри. За реконструкција на овој регионален пат од буџетот на државата беа издвоени 37.000.000 денари.

Реконструкција на патниот правец Струмица–Валандово

Во согласност со програмата на Агенцијата за државни патишта, беа реконструирани вкупно 22 километра од овој патен правец со широчина на коловозната лента од шест метри. На 17,5 километри од вкупната траса беше извршено отстранување на два асфалтни слоја, а на 4,5 километри на еден. На реконструираната делница беше поставен нов слој со дебелина од пет сантиметри. За реконструкција на оваа делница, која треба да заврши до октомври, беа издвоени 166.012.966 денари од државниот буџет.

Изградба и реконструкција на регионални и локални патишта

Стар пат

Нов пат

www.vmro-dpmne.org.mk

Изградба и реконструкција на патишта

Започна реконструкцијата на патниот правец Струмица – Баница – Водоча – ВељусаЗапочна првата фаза од реконструкцијата на оваа делница. Беше отстранет стариот асфалт и започнаа подготовките за поставување на нов. Реконструкцијата на оваа делница во должина од 3,1 км со ширина на коловоз од 6 метри ќе овозможи поврзување на населените места Баница, Водоча и Вељуса. Средствата се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.

Реконструиран патниот правец Муртино–Свидовица

Распишан тендер за изградба на приклучен пат од Сачево до магистралата М6 Струмица–Ново Село

Исто така целосно беше реконструиран и патниот правец од Муртино до Свидовица. Реконструкцијата на овој локален пат изнесуваше 13.679.971 денари.

Со 15.502.559 денари ќе биде реализирана изградбата на приклучен пат од селото Сачево до магистралниот патен правец М6 Струмица–Ново Село. Со оваа инвестиција, жителите на Сачево ќе добијат побрз пристап до главната магистрала кон Бугарија со што значително ќе се реши проблемот со поврзувањето со центарот на Струмица и со соседна Бугарија.

Како дел од проектот на Владата за изградба на нови и реконструкција на постојните регионални патишта, во струмичкиот регион беше изграден регионалниот пат од Куклиш до туристичко– рекреативниот центар Бања Банско во должина од 8,2 километри. За пробивање и асфалтирање на овој пат, Владата на Република Македо-нија инвестираше 99.629.488 денари од програмата за изградба и реконструкција на магистрални и регионални патишта. Со пробивањето на новата делница, значително се скрати патувањето од Струмица до Банско и се даде дополнителен придонес за поттикнување и развој на туризмот во овој дел на Македонија.

Изградена нова делница од Куклиш до туристичкиот центар Банско

www.vmro-dpmne.org.mk

Култура

Обновување на опремата во НУЦК ,,Антон Панов” – Струмица

Владата на ВМРО – ДПМНЕ донираше средства и во Центарот за култура Антон Панов Струмица. Беше обновена светлосната опрема, звучната опрема и целокупната опрема за потребите на театарот. Исто така беше направена и реконструкцијата на кровот.

www.vmro-dpmne.org.mk

После долги години започна реконструкцијата на Стариот Театар во Струмица. Завршени се археолошките истражувања на местото, изработен е идеен проект и изработен е основен проект за реконструкција, санација и статичко појачување на Стариот театар во Струмица. Со обновата на опожарениот Стар театар во Струмица ќе се создадат услови за интензивно презентирање на театарската уметност во нашиот град и зголемување на културната понуда. Уметничкиот кадар на Струмичкиот театар ќе добие нов простор за реализација на театарските претстави, според најсовремените светски стандарди.

Реконструкција на стар театар

Култура

Реконструкција на објектот наречен Турска пошта Беше откупен објектот во кој се наоѓала Турската пошта. На истиот беше извршена конзервација и статичко појачување и опремен со музејски експонати. Во истиот објект е сместена етнолошко изложба на куќи од старогратски тип.

www.vmro-dpmne.org.mk

Реконструкција на објектите од тип староградска архитекрура

Култура

Владата на Република Македонија преку Министерството за култура одвои повеќе од 36.000.000,00 за заштита и промоција на културно-историското наследство на овој крај. Новите истражувачки сознанија стекнати во споменатиот период уште еднаш го потврдија и го потенцираа мошне значајното и витално место на Струмица и на поширокото нејзино опкружување во глобалната претстава за македонската културноисториска традиција и идентитет. • Реконструкција на фасада на објект од тип староградска архитектура (Про-кредит банка) – Струмица.• Санација на оштетувањата на архитектурата и камбанаријата на црквата Св. Петка, с. Требичино –

струмичко.• Изградба на заштитен кров од траен карактер на малата бања. • Истражување на археолошки локалитет доцноримско термално лекувалиште во с. Банско – струмичко.• Заштитни археолошки истражувања на локалитет Св. Петнаесет Тивериополски (струмички)

Свештеномаченици.• Заштитни археолошки истражувања Цареви Кули - Струмица. • Реконструкција и конзервација на бедем Цареви Кули – Струмица.

Култура

ЗАШТИТА НА ДВИЖНО КУЛТУРНОИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО

• Заштита и конзервација на фрескоживопис од средновековна црква во старото урбано јадро на Струмица (XI – XII в.)

• Конзервација на иконостас во црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица• Конзевација на фрескоживопис во црквата Св. Петка во с. Требичино – струмичко• Заштита и конзервација на движно културно наследство од археолошки локалитет Цареви Кули -

Струмица• Заштита и конзервација на движно културно наследство од археолошки локалитет доцно римско

термално лекувалиште с. Банско – Струмица• Конзервација и заштита на икони од манастирската црква Пресвета Богородица Милостива (Елеуса)

кај с. Вељуса – струмичко• Археолошки истражувања на споменична целина Црвено Поле – Ново Село, Струмичко• Конзервација и заштита на движно културноисториско наследство• Археолошки истражувања на средновековна црква во стариот урбан дел на Струмица• Археолошки истражувања на доцноримско термално лекувалиште во с. Банско – Струмица

По откривањето на делови од уникатен мозаик кој датира од крајот на третиот или од почетокот на четвртиот век, струмичките археолози на локалитетот Римска терма кај Бања Банско, Струмичко, постојано откриваат нови наоди меѓу кои е и мермерната статуа на богот Меркур за кого се верувало дека има исцелувачка моќ. Остатокот од статуата, на која ѝ недостигаат главата и потколениците, е висока половина метар, а нејзината првобитна големина без оштетувањата изнесувала околу метар и 20 сантиметри. Вакви статуетки на Меркур, но многу помали и изработени од бронза, на овој локалитет беа откриени пред неколку години. Во досегашните археолошки истражувања на овој бањски комплекс, кој е уникатен на Балканот според начинот на загревање од блискиот природен минерален извор, се откриени вкупно 11 простории со корисна површина од 623 квадратни метри. Од нив најзачувани се сауната и базенот за ладна вода со полукупола над кадата. Другите простории се зачувани до почетните партии од сводните конструкции и на нивната реставрација се работи континуирано. Поради специфичноста на локалитетот.

Археолошки истражувања на локалитетот Терма Банско

Археолошки истражувања на локалитетот Цареви Кули.

www.vmro-dpmne.org.mk

Нови подобри услови за работа на СВР во СтрумицаКако дел од заложбите на Владата за подобрување на услугите во администрацијата, од буџетот на државата беа издвоени средства за реконструкција на зградите на СВР Струмица. Со заложбите зна-чително се подобри и услугата за вадење лични документи во градот и граѓаните добија достапни објекти за завршување на оваа обврска.

Внатрешни работи и судство

Реновирана зградата на Основниот суд

Како дел од заложбите на Владата за подобрување на условите во судовите во Република Македонија, целосно беше реконструирана зградата на Основниот суд во Струмица. Реконструкцијата беше извршена во рамките на проектот на Светската банка и покрај Основниот суд во Струмица, беа реконструирани уште 12 други судови во државава.

www.vmro-dpmne.org.mk

Затвор и противпожарна заштита

Затворот СтрумицаПодобрено е греењето, замена на прозорците во просториите за престој на осудените лица, оградување на објектот, санација на покривот на затворската зграда, реновирање на кујната и санитарните јазли. Исто така набавени се: метал детектори и опрема за радио врски, спроводно возило, перална.

Ново возило во струмичката противпожарна станица во вредност од 170.000 евра

Социјална заштита

Реконструкција на ЈУ Завод за заштита и рахабилитација - Бања Банско, Струмица

Владата на Република Македонија преку Министерство за труд и социјална политика оддвои 19. 788. 000 ден. или 322. 000 евра за целосна реконструкција на опожарената зграда. Исто така Владата на Република Македонија преку Министерство за труд и социјална политика оддвои 3. 640. 211 ден. односно 59. 400 евра за целосна реконструк-ција на покривот на другата зграда.

Станови за деца без родителии родителска грижа

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републи-ката обезбеди 5 станови во комерцијално-станбен објект на ул. „Ѓорги Василев“, за решавање на станбено обезбедување на деца без родители и родителска грижа.

www.vmro-dpmne.org.mk

Како дел од заложбите на Владата за пот-тикнување на спортскиот дух кај младите, започната е и изградбата на спортската сала во селото Куклиш. Спортската сала ќе биде наменета за учениците од ОУ „Даме Груев“, но и за сите спортисти и граѓани на Куклиш и на општина Струмица. Преку спортот, младите ќе стекнат искуства и ќе изградат вештини кои ќе бидат значајни за нивната иднина.

Изградена е спортска сала во Куклиш

Спортски објекти

Проекти на Владата кои директно го поддржуваат локалниот економски развој во Струмица

Како дел од заложбите на Владата за поттикнување на рамномерниот регионален развој и за зајакнување на локалните единици, преку најразлични проекти општинските буџети значително се зголемија. Во тој правец, општинската каса во Струмица доби значителни дополнителни средства благодарејќи на спроведувањето на следниве владини проекти:

- од отуѓено градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на повеќе од 30 локации, општината инкасира околу 1 милион евра;

- од продажба на градежно земјиште во касарната, во општината се инкасирани околу 2 милиона евра;

- од давање земјиште под долгорочен закуп на „Агрокор“, општината доби околу 2.700.000 денари;

- се финансира план за технолошки индустриски развојни зони во Струмица во вредност од 2.600.000 денари.

- извршена легализација на дворно земјиште 1м2 = 1 евро

- процесот на денационализација и враќањето на бесправно одземениот имот на граѓаните што го започна и го заокружи Владата на ВМРО–ДПМНЕ им овозможи на 30 илјади семејства од струмичкиот регион да си го вратат имотот во своја сопственост.Со оваа мерка се остварија заложбите на Владата да се исправат неправдите од претходниот систем.

- преку проектот на Владата за самовработување, со којшто Владата им обезбеди на невработените лица кредитни средства за започнување сопствен бизнис, неколку стотини струмичани започнаа сопствен бизнис. Преку оваа мерка, значително се намали невработеноста во Струмица, а голем број граѓани добија можност да си го реализираат својот сон и да го работат бизнисот којшто отсекогаш го посакувале, а притоа немале доволно финансиски средства за тоа.

- обезбедени средства за водоводни системи во Банско, Баница, Дабиле и Муртино.

Владата и понатаму на овој начин ќе продолжи да го поттикнува локалниот економски развој со цел да се подобрат економските услови во кои што живеат граѓаните.

ФактиФакти

www.vmro-dpmne.org.mk

www.vmro-dpmne.org.mk