4
ПОРТА 30 ноември 2012 3 34 одржлива архитектура PIXEL – Седиште на компанијата „грокон“ во мелбурн Еколошки пример александар пЕТров, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија) Високите квалитети кои ги постигнува зградата се должат, пред сè, на иновативноста за намалување на јаглеродното зрачење, на вакуумскиот санитарен систем, на анаеробниот дигестивен систем, на одржливоста на водата и намалениот паркинг Е ден прекрасен и иновативен пример во серијата еколошки згради во Мелбурн претставува и седиштето на „Грокон“. Уште една зграда која перфектно се вклопува во политиката за намалување на емисиите на штетни гасови, која ја застапува општината. „Грокон“ е градежна фирма, која долги години е лидер на мелбурнскиот пазар, производител на бетон, а е доста присутна и во секторот на недвижности каде интензивно инвестира. Зоната во која се наоѓа зградата се вика Carltonbrewery (која е купена од нив во сосопственост со универзитетот RMIT), каде веќе се подготвени проектите од водечките локални архитекти, кои во најскоро време ќе почнат да ги градат на тоа место. Во случајов станува збор за нивната прва градба на таа парцела (еден вид на прототип), каде што ќе биде сместено нивното главно седиште од каде што ќе се контролира целокупната градежна операција. Тоа парче од градот ќе достигне силна експанзија поради близината со централниот бизнис дистрикт, а и поради атрактивноста на содржините што се нудат. Зградата се нарекува Pixel во чест на типот на бетонот Pixelcrete што се користи при нејзината изградба. Овој тип на бетон е развиен, патентиран и дистрибуиран од „Грокон“, а со изградбата на оваа зграда ќе се стреми кон негова комерцијализација. Pixelcrete е смеса која користи висока пропорција на рициклирани агрегати и успева да ја преполови емисијата на јаглерод во споредба со традиционалниот 40Mpa портланд цемент. Pixel building ги достигнува највисоките

Pixel building

Embed Size (px)

DESCRIPTION

eco sostenibile architecture

Citation preview

Page 1: Pixel building

ПОРТА 30 ноември 2012334

34

одржлива архитектура Pixel – Седиште на компанијата „грокон“ во мелбурн

Еколошки пример

александар пЕТров, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)

Високите квалитети кои ги постигнува зградата се должат, пред сè, на иновативноста за намалување на јаглеродното зрачење, на вакуумскиот санитарен систем, на анаеробниот дигестивен систем, на одржливоста на водата и намалениот паркинг

Еден прекрасен и иновативен пример во серијата еколошки згради во Мелбурн претставува и седиштето на „Грокон“. Уште една зграда која перфектно се вклопува во политиката за

намалување на емисиите на штетни гасови, која ја застапува општината. „Грокон“ е градежна фирма, која долги години е лидер на мелбурнскиот пазар, производител на бетон, а е доста присутна и во секторот на недвижности каде интензивно инвестира. Зоната во која се наоѓа зградата се

вика Carltonbrewery (која е купена од нив во сосопственост со универзитетот RMIT), каде веќе се подготвени проектите од водечките локални архитекти, кои во најскоро време ќе почнат да ги градат на тоа место. Во случајов станува збор за нивната прва градба на таа парцела (еден вид на прототип), каде што ќе биде сместено нивното главно седиште од каде што ќе се контролира целокупната градежна операција. Тоа парче од градот ќе достигне силна експанзија поради близината со централниот бизнис дистрикт, а и поради

атрактивноста на содржините што се нудат. Зградата се нарекува Pixel во чест на типот на бетонот Pixelcrete што се користи при нејзината изградба. Овој тип на бетон е развиен, патентиран и дистрибуиран од „Грокон“, а со изградбата на оваа зграда ќе се стреми кон негова комерцијализација. Pixelcrete е смеса која користи висока пропорција на рициклирани агрегати и успева да ја преполови емисијата на јаглерод во споредба со традиционалниот 40Mpa портланд цемент. Pixel building ги достигнува највисоките

Page 2: Pixel building

30 ноември 2012 ПОРТА3 35

35

одржлива архитектура

стандарди и затоа е многу високо рангиран на листата на Green Star која ја спроведува The Green Building Council of Australia. Високите квалитети кои ги постигнува се должат, пред сè, на иновативноста за намалување на јаглеродното зрачење, на вакуумскиот санитарен систем, на анаеробниот дигестивен систем, на одржливоста на водата и намалениот паркинг. Проектирана е од страна на архитектонското Studio 505 во соработка со инженерите Umow Lai & Associates. Основната катна плоча е со димензии 14,5 х 20 метри и се повторува на три ката плус приземјето. Фасадната обвивка е двослојна и се состои од надворешниот заштитен, декоративен слој и внатрешниот, што користи smart windows технологија. Помеѓу двата слоја се наоѓаат жардиниери каде се одгледува вегетација. Обвивката кружи на три страни, додека на југ е заѕидана најверојатно затоа што би била залепена некоја следна градба. Најекспониран дел, секако, претставува надворешниот слој на живо раздвижената фасада. Спакувана е со обоени рициклирани панели, кои со својата ротација, во зависност од сезоната овозможуваат максимален влез на дневна светлина, просенченост и поглед. Панелите вариаат со три нијанси

Page 3: Pixel building

ПОРТА 30 ноември 2012336

36

одржлива архитектура

на бои (зелена, портокалова и сива) и овозможуваат различни комбинации. Фасадниот патерн е составен од попречни и напречни шестоаголни форми, кои се спојуваат или разидуваат околу нивните оски на растојание од по еден метар. Фасадната обвивка константно кружи околу зградата и создава вибрации на различни комбинации кои ја прават оригинална. Се работи за готови панели направени од пластичен материјал, комплетно рициклирани, од двете страни покриени со тенок алуминиумски лим. Smart windows технологијата автоматски ги отвора прозорците и во ладните ноќи на природен начин ги разладува таваните и загреаната структура во таканаречениот процес на „ноќно чистење“. Во внатрешноста канцелариите користат 100 процентно свеж воздух. Објектот исто така користи и софистициран енергетски систем на достава, каде издувниот воздух, кој се лади или грее, се отстранува пред да биде испуштен во околина, за да поттикне помала потрошувачка. Како извор на енергија се користи систем од чилер кој работи на апсорбиран гас, кој користи амонијак како природен ресурс за ладење. Оваа технологија во споредба со класичниот чилер, кој функционира на електрична енергија, значително ја намалува

Шема на функционирање на ладење и топлење на користениот систем

Page 4: Pixel building

30 ноември 2012 ПОРТА3 37

37

одржлива архитектура

емисијата на јаглеродот, а воедно и не ја оштетува озонската обвивка. Интересен приод се спроведува и во начинот на користењето на водата. Дождовната вода се складира откога ќе биде искористена за наводнување на зелената градина на покривот. Таа се складира во резервоар пред да биде повторно користена преку осмоза како вода за употреба и конзумирање. Вака третираната вода потоа се дистрибуира и подесува до сите санитарни јазли. Отпадната вода се филтрира и се користи за наводнување на фасадното зеленило, кое се наоѓа меѓу фасадните слоеви. Ова значи дека не се испушта отпадната вода во канализација, освен во подождливите периоди од годината. Во санитарните јазли се користи вакуумска технологија. Вакуумските тоалети го намалуваат користењето на водата на апсолутен минимум (таква технологија се користи во авионите бидејќи немаат спој со канализација). Резерварот што се наоѓа во подземјето ја апсорбира целокупната отпадна вода од кујната и тоалетите. Од неа се одзема метанот и се користи како енергетски ресурс за топлата вода која се добива од бојлерите на покривот. Таа топла вода се користи за тушевите, која еднаш искористена ќе премине во сива вода и повторно ќе се користи, овој пат за наводнување на канцелариската вегетација (саксии со најразлични цвеќиња). Црната отпадна вода, од тоалетите и кујната, се испушта во канализација во течна форма, без метанските примеси. Одржливост на водата значи нејзин повраток во период од 10 години на просечни врнежи, кога зградата би се дисконектирала од главната градска достава и би била самодоволна за достава на вода. На покривот се користат низа од три структури на фотоволтаични табли. Шест од нив се монтирани на подвижна лента која се движи во зависност од различната положба на сончевите зраци во текот на годината, за да можат максимално да ја искористат топлотната енергија. Останатите 12 табли се фиксни и сите заедно произведуваат 6,4 kW електрична енергија. Тука се наоѓаат

и три еолски турбини од 5,4 kW кои се посебно дизајнирани за максимално да го искористат капацитетот на производство на електрична енергија, притоа приспособувајќи се на искористувањето на локалните ветрови. Целокупниот овој систем е димензиониран за да се напои целиот објект со енергија произведена ексклузивно од обновливи извори. Зградата посебно добива на тежина и од политичките заложби на владите на САД и Австралија. Имено, во 2010

година зградата Pixel беше посетена од американскиот државен секретар, кој беше гостин на Giulian Gilard (премиерката на Австралија). Со успехот на оваа зграда се потенцираа понатамошните цели на двете влади за решителноста во понатамошниот развој на ваков тип технологии, каде ќе се финансираат истражувања во овој правец, се со цел да се достигне поголема нивна застапеност, а со тоа и намалување на огромните трошоци при нивната реализација.

Шема на функционирање

на ладење и топлење на

користениот систем