6
План за наставна единица со интеграција на ИКТ Одделение: Второ Предвидено време: 1 час Наставен предмет: Математика Наставна содржина: Одземање на броевите до 20 со премин (15 -6) - Вежби Наставно подрачје: Броеви до 20. Собирање и одземање Интеграција со други наставни предмети Ликовно образование; Македонски јазик; Музичко образование Цели на БРО: -Стекнување на знаење и конкретизација на учениот материјал за одземање на броевите до 20 со премин.Оспособување на учениците за самостојна работа во утврдување на учените содржини од одземањето (наставно подрачје Броеви до 20. Собирање и одземање). -Вклучување на активна употреба на ИКТ во организирање, интегрирање, оценување и пренесување на знаењето во наставата. -Развивање интерес и одговорност кон компјутерската технологија како извор на стекнување на знаења, комуникација и соработка( ученик, наставник,средина). Образовни цели: Да знае да одзема со премин до 20. Ученикот да се воведува да дава претпоставка за можните резултати од спроведувањето на бројните изрази и да ја проверува со решавање на изразот. Да се воведува во решавање на едноставни текстуални задачи со една операција.

podgotovka IKT

Embed Size (px)

DESCRIPTION

MATEMATIKA (15-6)

Citation preview

Page 1: podgotovka IKT

План за наставна единица со интеграција на ИКТОдделение: ВтороПредвидено време: 1 часНаставен предмет: МатематикаНаставна содржина: Одземање на броевите до 20 со

премин (15 -6) - ВежбиНаставно подрачје: Броеви до 20. Собирање и

одземање Интеграција со други наставни предмети

Ликовно образование; Македонски јазик; Музичко образование

Цели на БРО: -Стекнување на знаење и конкретизација на учениот материјал за одземање на броевите до 20 со премин.Оспособување на учениците за самостојна работа во утврдување на учените содржини од одземањето (наставно подрачје Броеви до 20. Собирање и одземање).-Вклучување на активна употреба на ИКТ во организирање, интегрирање, оценување и пренесување на знаењето во наставата.-Развивање интерес и одговорност кон компјутерската технологија како извор на стекнување на знаења, комуникација и соработка( ученик, наставник,средина).

Образовни цели: Да знае да одзема со премин до 20. Ученикот да се воведува да дава претпоставка за можните

резултати од спроведувањето на бројните изрази и да ја проверува со решавање на изразот.

Да се воведува во решавање на едноставни текстуални задачи со една операција.- За ученици со потешкотии во учењето- Да знае да собира и одзема без премин со броевите од 1 до 5 и со бројот

10. - Да умее да запише збир или разлика на два броја.

- Да го разбира бројот 0 – резултат добиен со одземање на број од самиот себе.

- Да знае да одредува следбеник и претходник .- Задачи за учениците:

Да го препознаат точниот одговор во квиз – прашања. Користејќи текст уредувач и основни функции за форматирање

на текст, да впишат броеви во OpenOffice Impress. Да се концентрираат и правилно да ја решат дадената активност

за определено време. Да отворат и правилно да ги користат алатките во во OpenOffice

Page 2: podgotovka IKT

GNU Paint .

МЗТО стандарди: Основни операции и концепти: да знаат да ги користат

компјутерските алатки влезни и излезни уреди за да ракуваат успешно со технолошката опрема (користење на глувче, тастатура и монитор).- Алатки за технолошка продуктивност: користење на

алатките за пишување, боење на текст во во OpenOffice Impress и OpenOffice GNU Paint .( OpenOffice Writer за ученици со потешкотии во учењето).

Социјални, етички и хумани прашања: работат со желба во со- работка со соучениците и ја употребуваат технологијата во наста-вата. Покажуваат позитивно, социјално и етичко однесување со употреба на технологијата.

Специфични вештини на ИТ: Ученикот ќе знае солидно да работи со компјутерската техника и

нејзините алатки; Правилно ќе го користи поставениот програм за изведување на

наставната содржина; Ќе биде во можност да изведе самоевалуација и меѓусебна

дискусија околу можностите на ваква примена на изведување активност.

Наставни форми: заедничка работа; индивидуална, индивидуализирана.Методи: метод на игра; откривачки (истражувачки) метод; метод на решавање проблеми; аналитичко – синтетички; илустративно – демонстративен .Место на реализација: училница.Потребни материјали: хартиена коцка, картончиња со бројки и букви, лаптопчиња, дигиталена презентација во во OpenOffice Impress, OpenOffice Writer и OpenOffice GNU Paint, LCD проектор, бројалки, стапчиња, CD плеер, самооценувачки ливчиња.Тек на активностите на часот:АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:

Демонстрација на хартиената коцка со задачи и давање упатство за нејзино решавање преку игра, со цел да се систематизираат веќе стекнатите знаења за одземање на броевите до 20 со премин.

Page 3: podgotovka IKT

Објаснување на целта на часот- утврдување на знаењето за одземање на броевите до 20 со премин (15-6) со користење на компјутери за реализирање на наставната содржина.

Поставува квиз прашања со цел да се систематизираат веќе стекнатите знаења за одземање на броевите до 20 со премин.

Го објаснува начинот на одговарање на прашањата во квизот. Ја објаснува изучените изучената постапка за решавање на

задачи- одземање на броевите до 20 со премин (15-6) на дигитална презентација.

Ги задава задачите од дигиталната презентација. (За учениците со потешкотии во учењето задава посебно електронско ливче).

Го објаснува начинот на кој ќе се извршуваат задолженијата. Координира, поттикнува и следи. Ги анализира ефектите од дотогашната работната активност. Дава завршни активности. Врши синтеза од ефектите на работнате активности од часот.

АКТИВНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ: Ги решаваат задачите од хартиената коцка. Размислуваат и одговараат на поставените квиз прашања. Ги следат упатствата за работа и ги спроведуваат задачите во

дигиталната презентација.- Ги читаат задачите и ги решаваат.( Учениците со потешкотии во

учењето решаваат електронско ливче). Самостојно решаваат едноставни текстуални задачи. Ги диференцираат и ги бележат грешните одговори. Учествуваат во анализата на позитивните и негативните

решенија. Пополнуваат самооценувачки ливчиња. Одговараат на поставените барања за работа во GNU Paint. Учествуваат во музичко- ритмичка кореографија.

Резултати: Пополнети презентации во OpenOffice Impress , во OpenOffice

Impress Writer(За учениците со потешкотии во учењето) и OpenOffice GNU Paint .

Вреднување на учениците:-Учениците работат индивидуално, индивидуализирано и заеднички.- Активно соработуваат меѓу себе, споделуваат искуства и знаења.

Page 4: podgotovka IKT

-Прифаќаат мислење од соученикот и наставничката. -Знаат меѓусебно да се сослушаат.

-Комуницираат за технологијата- лаптопчињата и за нивната употреба во наставата. -Покажуваат желба за работа и соработка со соучениците. - Имаат изграден етички однос за употреба на технологијата.

Рубрика за оценување на планот:-Целите кои се поставени од БРО се целосно постигнати.-Образовните задачи од страна на наставникот и ученикот се постигнати.-Активностите при реализирање на наставната содржина се интегрираа меѓусебно (наставник-ученик, ученик-ученик).-Целосно се постигна соработката меѓу учениците.-Развојниот степен и возраста на учениците овозможи да ја интегрираат комуникацијата на компјутерската техника во стекнување на знаење, разбирање и употреба на технологија при реализирање на наставната содржина.-Употребуваа правила, примена на информации и го самооценуваа постигнатиот труд за користењето на ИКТ.

Дата: Одделенски наставник: 11.04.2013 год. Јасмина Велеска ОУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево – Скопје