8
1. Кога стилистиката се изделува како посебна наука? - Кон крајот на 19 ти век 2. Секој човек има различен начин на пишување и говорење и тој начин на изразување го нарекуваме: - стил 3. Кој функционален стил се пројавува единствено во говорна форма? - Разговорен стил. 4. Колку основни функционални стилови се изделуваат? - 5 5. Во која основна форма се пројавува публицистичкиот стил? - пишувана. 6. Тропи се зборови со: - преносно значење. 7. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. ,,Вчера, на 20.12.2005 година, во 12 часот беа удрени темелите на новото училиште во населбата Кисела Јабука. Градоначалникот на општината одржа пригоден говор. Старата училишна зграда одамна е во состојба опасна за сигурноста на учениците, па затоа новата училишна зграда е повеќе од потребна. Објектот се очекува да биде изграден за осум месеци.“ Во наведениот извадок се користи функционалниот стил на: - Публицистички 8. Прочитај го внимателно текстот и одговори го прашањето. Член 1 ,,Со овој закон се уредува употребата на македонскиот јазик, како службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик, во смисла на овој закон, е македонскиот литературен јазик и неговото кирилично писмо.“ Во кој потстил од административниот стил е напишан извадокот? - Законодавно-правниот потстил 9. Зборовите: билетара, книжара, месара, пивара, цементара, цвеќара во македонскиот јазик не се во духот на нормата и се нарекуваат: - варваризми 10. Во која песна Шарл Бодлер говори за поетот и неговата осаменост како индивидуа? - „Албатрос“ 11. На кој правец од модерната литература припаѓа творештвото на Шарл Бодлер? - Симболизмот. 12. Како главниот лик од романот „Странецот“ од Албер Ками го доживува светот околу себе? - Смета дека човековиот живот е безвреден и дека е сеедно како ќе се живее зашто и така мора да се умре. 13. Импресионизмот најпрво се јавува во: - сликарството 14. ,,Недоразбирање“ е театарска пиеса од: - Албер Ками. 15. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето. ,,Вечерта Марија дојде да ме бара и ме праша дали би сакал да се оженам со неа. Реков дека тоа ми е сеедно и дека би можеле да го сториме тоа ако сака таа. Потоа сакаше да знае дали ја сакам. И одговорив, како што тоа еднаш веќе го сторив, дека тоа не значи ништо, но дека несомнено ја сакам.“ Како се чувствува Мерсо, ликот од романот „Странец“, при средбата со неговата девојка Марија? - сеедно, Индиферентно, незаинтересирано. 16. Делата на Чехов се одликуваат со: - , хумор, критика 17. Каде завршува последното патување на Ашенбах? - Венеција. 18. Каков новинарски потстил е критиката? - Аналитички 19. Следнава карактерна црта е актуелна во квалификациите на сведоците кои говореле за ликот на Мерсо: - //// 20. Кој дава разумни аргументи при дискусијата во ,,Павиљон бр. 6“? - Иван Дмитрич 21. Во кој јазичен исказ е употребена алитерација? - /// 22. „Стил е самиот човек.“ Оваа мисла ја искажал: - Бифон. 23. Значењето на поимот „натурализам“, со кој се определува литературниот правец од крајот на XIX век, е преземено од областа на: - Филозофијата. 24. За кој потстил се карактеристични термините: коминике, нота, демарш? - Дипломатски потстил. 25. Експресионизмот директно му се спротивставува на: - Импресионизмот. 26. Кој е најзначајниот претставик на егзистенцијализмот во литературата? - Жан Пол Сартр. 27. Прочитај ги внимателно примерите и одговори го прашањето. „Синус, скај, модем, хакер, пикник, рекорд, глувче, тост, жакард.“ Кои зборови од долунаведените се актуелни во лексиката на компјутерската технологија ? - модем, хакер, глувче 28. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето. „Ведро, зимско пладне...Студено е, камен пука...сребрен кадреж се фатил по кадриците на косата...“?

Prasanja Makedonski

Embed Size (px)

DESCRIPTION

...

Citation preview

Page 1: Prasanja Makedonski

1. Кога стилистиката се изделува како посебна наука? - Кон крајот на 19 ти век2. Секој човек има различен начин на пишување и говорење и тој начин на изразување го нарекуваме:- стил3. Кој функционален стил се пројавува единствено во говорна форма?- Разговорен стил.4. Колку основни функционални стилови се изделуваат?- 55. Во која основна форма се пројавува публицистичкиот стил?- пишувана.6. Тропи се зборови со:- преносно значење.7. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,Вчера, на 20.12.2005 година, во 12 часот беа удрени темелите на новото училиште во населбата Кисела Јабука. Градоначалникот на општината одржа пригоден говор. Старата училишна зграда одамна е во состојба опасна за сигурноста на учениците, па затоа новата училишна зграда е повеќе од потребна. Објектот се очекува да биде изграден за осум месеци.“ Во наведениот извадок се користи функционалниот стил на:- Публицистички8. Прочитај го внимателно текстот и одговори го прашањето. Член 1 ,,Со овој закон се уредува употребата на македонскиот јазик, како службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик, во смисла на овој закон, е македонскиот литературен јазик и неговото кирилично писмо.“ Во кој потстил од административниот стил е напишан извадокот?- Законодавно-правниот потстил9. Зборовите: билетара, книжара, месара, пивара, цементара, цвеќара во македонскиот јазик не се во духот на нормата и се нарекуваат:- варваризми10. Во која песна Шарл Бодлер говори за поетот и неговата осаменост како индивидуа?- „Албатрос“11. На кој правец од модерната литература припаѓа творештвото на Шарл Бодлер?- Симболизмот.12. Како главниот лик од романот „Странецот“ од Албер Ками го доживува светот околу себе?- Смета дека човековиот живот е безвреден и дека е сеедно како ќе се живее зашто и така мора да се умре.13. Импресионизмот најпрво се јавува во:- сликарството14. ,,Недоразбирање“ е театарска пиеса од:- Албер Ками.15. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето.

,,Вечерта Марија дојде да ме бара и ме праша дали би сакал да се оженам со неа. Реков дека тоа ми е сеедно и дека би можеле да го сториме тоа ако сака таа. Потоа сакаше да знае дали ја сакам. И одговорив, како што тоа еднаш веќе го сторив, дека тоа не значи ништо, но дека несомнено ја сакам.“ Како се чувствува Мерсо, ликот од романот „Странец“, при средбата со неговата девојка Марија?- сеедно, Индиферентно, незаинтересирано.16. Делата на Чехов се одликуваат со:- , хумор, критика17. Каде завршува последното патување на Ашенбах?- Венеција.18. Каков новинарски потстил е критиката?- Аналитички19. Следнава карактерна црта е актуелна во квалификациите на сведоците кои говореле за ликот на Мерсо:- ////20. Кој дава разумни аргументи при дискусијата во ,,Павиљон бр. 6“?- Иван Дмитрич21. Во кој јазичен исказ е употребена алитерација?- ///22. „Стил е самиот човек.“ Оваа мисла ја искажал:- Бифон.23. Значењето на поимот „натурализам“, со кој се определува литературниот правец од крајот на XIX век, е преземено од областа на:- Филозофијата.24. За кој потстил се карактеристични термините: коминике, нота, демарш?- Дипломатски потстил.25. Експресионизмот директно му се спротивставува на:- Импресионизмот.26. Кој е најзначајниот претставик на егзистенцијализмот во литературата?- Жан Пол Сартр.27. Прочитај ги внимателно примерите и одговори го прашањето.„Синус, скај, модем, хакер, пикник, рекорд, глувче, тост, жакард.“Кои зборови од долунаведените се актуелни во лексиката на компјутерската технологија ?- модем, хакер, глувче28. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето.

„Ведро, зимско пладне...Студено е, камен пука...сребрен кадреж се фатил по кадриците на косата...“?

Во наведениот извадок, авторот користи постапка на:- пресврт во раскажување29. Ликовите во делата на А. П. Чехов се обидуваат тагата и незадоволството да ги надминат преку:- убедувањето дека во некој друг живот ќе бидат наградени за својата добрина30. Стилистиката како наука е наследничка на:- Реториката.31. Иван Дмитрич од ,,Павиљон бр. 6“, според сопствената улога во делото има статус на:- судски пристав и губерниски секретар32. Административниот стил се применува и во текстови кои се:- деловни, општествено-политички, законодавно-правни33. Каков стил се употребува за да се напише службено известување на Владата за склучување договори меѓу нашата држава и друга држава?- Административен функционален стил; Дипломатски потстил.34. При карактеризацијата на ликот на Мерсо, највпечатливи зборовите кои ја определуваат неговата состојба се следниве:- индиферентен, незаинтересиран…има повеќе зборови35. Определи го стилот во реченицата ,,Хард диск е непренослив диск на компјутерот каде што се снимаат, се читаат и се бришат документите“.- Научен функционален стил.

Page 2: Prasanja Makedonski

36. Ликовите во делата А.П. Чехов се одликуваат со постојан однос кој се карактеризира со:- фрустрации, луѓе кои залудно го потрошиле животот37. Модерната тенденција за возобновување на уметноста со елементи кои дотогаш имаат третман на антиуметност, својот најсилен израз го добива во рамките на:- дадаизмот.38. Категоријата отуѓување е неизоставен дел од естетиката на:- егзистенцијализмот39. Кога се појавува егзистенцијализмот?- Во триесеттите години на XX век, по Првата светска војна.40. Кој го напишал есејот ,,Митот за Сизиф“?- Албер Ками.41. Која мисла го одржува Андреј Соколов во живот во логорот?- мислата за неговото семејство.42. Каков новинарски потстил е ребусот?- Енигматски.43. Приказната во делото ,,Павиљон бр. 6“ го интензивира дејството врз читателите преку претставувањето на:-44. Реализмот на 20 век се разликува од оној во 19 век во однос на:- пократката форма на опис на стварноста (романот е заменет со расказ, а кога се користи не е обемен;45. Прочитај ја реченицата и одговори на прашањето.,,Поради силните бранови сиот брод доби морска болест.“

Која стилска фигура е употребена со користење на зборовите „сиот брод“ наместо „сите патници“?- Метонимија.46. Кој настан предизвикува пресвртница во однесувањето на Тенкиот во расказот „Дебелиот и тенкиот“ од А. П. Чехов?- Моментот кога Тенкиот разбира дека неговиот некогашен соученик(дебелиот) е сега висок државен чиновник.47. Како војникот Андреј од „Судбината на човекот“ успева да дојде до детето?- Кога го викнал да го повози.48. Во кое дело на Ибзен е претставен деспотскиот однос на мажот кон жената во граѓанскиот брак?- ,,Куклен дом’’49. Каков новинарски потстил е репортажата?- Белетристички.50. Најзначаен претставник на симболизмот од областа на драмата е:- Метерлинк.51. Што претставува уметноста за Шарл Бодлер?- пресоздавање на стварноста во светот на симболичките(јазички) знаења52. Кој нов однос со сопствената уметноста го развива поетот Ш. Бодлер?- надминување на романтичарскиот светоглед, во потрага е по чудесното и новото, во бегство од сплинот на постоењето, ја истакнува естетиката на грдото53. Најзначаен претставник на симболизмот во руската поезија е:- Блок и Бели.54. Што означува Бодлер со поимот „сплин“?- здодевност,егзистенцијална мачнина, чмаење и мака на живеењето, но и некоја невидлива оприсутнетост на нешто како магла во која што се губи духовната јасност на погледот.55. Кои се клучните поими на надреалистичкиот светоглед?- Сонот и случајот56. Техниката на разоткривање на однесувањето на карактерите во сегашноста зависно од разобличување на нивното минато применета во драмата „Куќа на куклите“(„Нора“) на Хенрик Ибзен се нарекува:- аналитичка техника.57. Во која драма создадена од Х. Ибзен се применуваат постапки на критика и ангажман карактеристични за епохата на развиениот реализам?- „Столбовите на општеството“, „Сеништа“, „Народен непријател“, „Дива патка“, „Ромерсхол“58. Кој го разбранува востановениот ред на Вујко Вања во истоимената драма?- Престојот на Серебрјаков и неговата млада и убава сопруга,Елена Андреевна, на имотот на неговата прва жена.59. Според основните начела на поетиката на симболизмот секогаш предност има:- постоење на невидливото, далечното и отсутното во светот на појавноста60. Присуството на метафори е доминантна одлика на:- лириката/поезијата61. Новинарскиот стил кој се карактеризира со прецизно и точно изложување на фактите се користи во:- печатот, радиото и телевизијата62. Која наука се занимава со проучување на начините на пишување и зборување при употребата на јазикот?- Стилистика.63. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на барањето.„Убавино, - ѕверу голем, чудовишен, гнасен,од небо, од пекол – сеедно од каде идеш –ми го отвораш со очите, со својот насмев,Бескрајот мој сакан, бескрајот никогаш виден!“ Сатанизмот во поезијата на Бодлер се детерминира преку поимот:- естетика на грдото.64. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.,,Издишувајќи се над кршот, што беше опис на мојот двор, мојот гулабарник е како метеоролошка станица, до која се доаѓа на прсти по скали ...“Која стилска фигура е употребена во наведениов извадок?- компарација/метафора.65. Прочитај ја реченицата и одговори на барањето.„Тие им припаѓале на неизбрани мажи.“ Кој збор во наведениот исказ е стилска фигура епитет употребена во функција на сликовито претставување на објектот?- незбрани.66. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,Малото прсте – просенце а до него – бобенце, а до него – грозјенце, а до него – лешниче, а до него – јаготче, врапче да го чапне, шатче да го лапне!“ Користењето на деминутивот во наведениот извадок упатува на:- позитивен однос.67. Прочитај го внимателно текстот и одговори го прашањето. ,,...сум го забораил името на Јапонецот...Да, Кензо Танге...И сеа он...им го напраил проектот, знаеш...имал само три дена...тука да остане...пред тоа им го изработил проектот, им го дал...И ми кажуваше еден...постар дечко од мене, другар...“Во кој функционален стил е напишан извадокот?- Разговорен функционален стил.68. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето.

Page 3: Prasanja Makedonski

,,...И само сè да се сврши, .., ми останува да пожелам...“ Што посакува Мерсо, ликот од романот „Странецот“ на А.Ками?- Се да заврши69. Прочитај го внимателно текстот и одговори на барањето.,,Дедо Трајко? Чукалото му застана и… си го зеде господ при себе. Што да се прави, може и време беше, да отвориме место и за младите. А вие, како сте? В село што има ново? Што ќе се пофалите? Жетвата добра ли е годинава?“

Во реченицата „Чукалото му застана...си го зеде господ при себе.“е употребено стислкото изразно средство:- Метонимија.70. Прочитај го внимателно текстот и одговори на барањето.„Студениот воздушен бран што ја зафати земјава придонесе во текот на вчерашната ноќ температурите во целата земја да бидат исклучително ниски...“ Наведениот извадокот е дел од:- Вест.71. Ликовите на Чехов живеат во знакот на одрекувањето од:- надежта, откажување од нормалниот живот, од потребите за тој живот72. Кое од долунаведените дела од Антон П. Чехов е драмски текст?- драми од Антон П. Чехов се: ,,Галеб’’, ,,Вујко Вања’’, ,,Три сестри’’, ,,Вишновата градина’’.73. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. „Како принц на облаците поетот се крева се подбива со стрелецот и низ луња броди но штом е спуштен на земја, среде џган и врева неговите крила на џин му пречат да оди...“ Споредбата „како принц на облаците“ од првиот стих на извадокот, авторот ја користи во песната во која говори за поетот и за:- албатросот.74. „Островот Сахалин“ од Антон П. Чехов според жанрот е:- патописна проза.75. За кој стил е карактеристичен аналитичкиот прирок?- Дипломатски.76. Од кој функционален стил произлегува дипломатскиот потстил?- Од административен функционален стил77. Реализмот како правец во литературата следува по:- романтизмот.78. Во новинарството вест и интервју се форми на:- информативен род?!79. Епитетот има нагласена естетска функција и се доближува до:- Метафората.80. Именувај ја стилската фигура со која се означува повторувањето на зборот на крајот од наведените стихови: ,,Виолината ќе свири танго, Ние ќе играме танго Нас ќе нè спои убавото танго.“- Епифора.81. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,На самиот крај на тој тежок напор, одмерен со просторот без небо и со времето без длабочина, целта е постигната...самата битка да се стигне до врвот е доволна...“ Како Албер Ками во есејот ,,Митот за Сизиф“ ја објаснува ситуацијата во која се наоѓа Сизиф ?- и покрај сета нелогичност, Сизиф е среќен82. Романот ,,Странецот“ од Албер Ками е раскажан во:- прво лице еднина.83. Ликот на Мерсо од романот „Странецот“ на А. Ками е претставен како:- Мерсо е поединец во отуѓениот свет; лик од новото време, -отуѓен од општеството неприфаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување84. Зошто Мерсо, главниот лик од романот „Странецот“, го убил Арапот?- Поради пеколното време[сонцето].85. Делото „Странецот“ од А. Ками според филозофската основа врз која е изграден конфликтот во дејството се споредува со:- ,,Митот за Сизиф’’86. Прочитај го внимателно текстот и одговори на прашањето.„Дишењето е процес на разложување или тивко согорување на хранливите материи во клетките под дејство на кислород и ослободување енергија...“Во следниов извадок е употребен функционалниот стил кој се определува како:- научен функционален стил.87. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето.,,Штом ќе ја отвориме првата врата влегуваме во куќниот трем. Тука, покрај ѕидовите од печката, нафрлени се цели ридишта болнички старудии. Мадраци, стари скинати мантили, панталони, кошули со модри линии, дотраени чевли, и од сета таа старудија натрупана во куп, испреметкана, гние и рее задушлива смрдеа.Во собата има кревети, прицврстени за подот. На нив седат и лежат луѓе во модри болнички мантили и, како во старо време, со болнички капи. Тоа се лудите.“ Во наведениот извадок А.П.Чехов опишува:- ментална институција/болница.88. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,Јас ќе ти сторам голема чест-за тие зборови сега лично ќе те стрелам. Овде е незгодно, ајде в двор, таму ќе платиш.“ - ,,Ваша волја“ – му велам. Тој постоја, се подума, па го фрли револверот на маса и тура полна чаша шнапс, зеде резанка леб, кладе на неа парче сланина и сето тоа ми го подава мене и вели: ,,Напиј се пред смртта, Русине Иване, за победата на германското оружје.“Јас веќе ги бев зел од неговите раце чашата и мезето, но кога ги слушнав тие зборови – небаре оган ме опали! Си мислам со умот ,,Зарем јас, руски војник, да пијам за победата на германското оружје?! Ами, хер командант, да не би да сакаш и нешто друго? Јас сеедно ќе умрам, оди по врага ти и твојата вотка!“ Кое својство на ликот, авторот го претставува во наведениот извадок?- Храброст/патриотизам89. Од гледна точка на граматиката, во изразот колор телевизор е употребен епитет кој е:- именка90. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето.,,Човекот се убива зошто нема смисла да живее - ете ја несомнената, но сепак, нужна вистина зошто е банална. Меѓутоа, дали нападот на животот, тоа порекнување на животот, произлегува оттаму што животот воопшто нема смисла? Бара ли неговата апсурдност од него да побегнеме со помош на надежта или самоубиството?. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .Но Сизиф учи на вишата верност која ги негира боговите и подига камења. Тој исто така смета дека сè е добро. Овој свет од сега без господари не му се чини ни јалов ни ништавен. Самата борба да се стигне до врвот, доволна е да го исполни човековото срце. Сизиф треба да си го претставиме како среќен.“ Објаснувањето на апсурдноста на животот во книгата ,,Митот за Сизиф“ е проследено со убедувањето на Албер Ками дека- борбата сама по себе е доволна за да се исполни срцето на еден човек.91. Модернизмот во книжевноста се јавува во:- преминот од XIX во XX век92. Каков новинарски потстил е веста?- информативен.93. Прочитај ја реченицата и одговори на прашањето. ,,Зората се кикоти и примира од смеа.“

Page 4: Prasanja Makedonski

Која стилска фигура е употребена во наведениот извадок?- персонификација.94. Ликовите во делата на Чехов, својот опстанок во светот го обезбедуваат преку соочување со:- полтронството, снисходливоста, понизноста, камелеонството95. Со заминувањето на гостите од домот на вујко Вања заминува и:- надежта дека состојбата на нивните животи ќе се измени96. Што претставува детето–сираче во ,,Судбината на човекот“?- надеж97. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на барањето.,,Твоите години и моите години -два брега,два каменадве небиднини...“Стиховите се израз на примена на стилската фигура:- Метафора.98. Ономатопејата е еден вид:- звучна слика99. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,...Без да се подигне Арапот го извади својот нож што ми го покажа на сонцето. Светлината бликна врз челикот и тоа беше како долго светкаво острило што ме погоди во челото...Моите очи беа заслепени зад оваа завеса од солзи и сол...“ Како завршува средбата со Арапот?- Со смрт на Арапот100. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето. ,,Заиграло срце јунаково! Како вино во сребрена чаша,

Како јагне во големо стадо, Како сокол во синоно јато!“ Која стилска фигура е употребена во подвлечените зборови?- епитет...101. Прочитај го извадокот и одговори го прашањето.,,Предмет на нашето внимание се оние глаголи што можат да се појават на синтаксичко ниво и како преодни, употребени со реализиран објект, а и како непреодни, во употреба што некои ја нарекуваат апсолутивна...“ Кој стил е употребен во наведениот извадок?- Научен функционален стил102. Прочитај ги внимателно стиховите од песната ,,Созвучја“ од Шарл Бодлер и одговори на поставеното прашање.„Во бесконечност растеж да имаат волен,Како амбра, миск, темјан, низ кои ни се знајниНа духот и сетилата односите тајни...“ Која идејна порака искажана посредно со овие стихови лежи во основата на поетиката на Бодлер?- светот на материјалното се појавува како инкарнација на повисоки духовни принципи.103. Сликовитоста и експресивноста се одраз на употребата на:- стилски изразни средства104. За време на средбата на плажата, колку пати Мерсо, главниот лик од романот „Странецот“, пукал во Арапот?- пет пати.105. Каков вид зборови се: гемија, даскал, кодош, катил?- Архаизми.106. Надреалистите ги искажуваат своите симпатии кон:- Oктомвриската револуција.107. Во новелата ,,Смртта во Венеција“, ликот на Таѓо е инкарнација на:- Ерос,108. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето. ,,Игралито срце јунаково! Како вино во сребрена чаша,

Како јагне во големо стадо, Како сокол во синоно јато!“ Која стилска фигура го определува значењето изразено со односот меѓу „срцето јунаково“ и „виното, јагнето, соколот“во вториот, третиот и четвртиот стих од песната?- Компарација.109. Антон Павлович Чехов е автор на:-,,Раскази’’, ,,Островот Сахалин’’, ,,Степа’’, ,,Павиљон бр.6’’, ,,Галеб’’, ,,Вујко Вања’’, ,,Tри сестри’’и ,,Вишновата градина’’.110. Кој го напишал „Манифестот на надреализмот“?- Андре Бретон.111. Кој е главен лик во романот ,,Смртта во Венеција“?- Густав фон Ашенбах.112. Повторување на зборовите во почетокот на стиховите е дадено преку:- Анафора.113. Во која фаза од развојот на реализмот во книжевноста се јавува натурализмот?- во последната фаза на развиток, во периодот од седумдесетите до деведесеттите години114. Михаил Шолохов го напишал романот-епопеја:- „Тивкиот Дон“115. Во творештвото на М. Шолохове претставена сликата на:- Рускиот народ, донските козаци кои тешко се снаоѓаат во новонастанатите општествени процеси.116. Момчето Таѓо, за главниот лик во делото ,,Смртта во Венеција“, претставува:- пример за совршенство.117. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето.   „Постојат мириси свежи како детска кожа,   Благи како обоа, зелени како поле...“ Која стилска фигура како одлика на поетиката на Шарл Бодлер е уочлива во овие стихови?- синестезија118. Во кој пример е употребена персонификација?- нема даденп примери119. Аудитивните надворешнојазични изразни средства ги опфаќаат:- изговорот на гласовите и интонацијата.120. Изразот: „Тој ми се закани, но јас не се исплашив.“ е пример за користење на:- антитеза.121. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,Кој и го руши на крвта ѕидот,

Page 5: Prasanja Makedonski

кој ми го краде слухот,кој го одзема видот,кој пласт врз пластје реди,кој тоа во мене невидлив седи?“За кое стилско изразно средство станува збор кога се повторуваат зборови на почетокот на секој следен стих?- анафора.122. Сленгот како говорна целина е социолект на:- мали општествени заедници123. Употребата на термините колумна, репортажа и интервју е составен дел од професионалната лексика на ____________.- Новинарите./новинарски потстил124. Каков новинарски потстил е интервјуто?- информативен.125. Романот „Странецот“ започнува со информација поврзана со:- смртта на мајка му на Мерсо.126. Мерсо, ликот од романот „Странец“, пред крајот на својот живот се соочува со:- Со смртна казна и желба на неговото погубување да има многу луѓе за првпат во животот да не биде осамен127. Преку главниот лик Ашенбах, во романот „Смрт во Венеција“, авторот Томас Ман претставува:- судир што постои меѓу уметноста и животот128. Во новелата ,,Смртта во Венеција“,главниот лик е претставен како:- судир што постои меѓу уметноста и животот129. На кој функционален стил припаѓа персоналниот потстил?- административен функционален стил130. Како се вика стилската фигура која има спротивно значење од стилската фигура хипербола и со неа се намалуваат, ублажуваат или се изразуваат негативни квалификации?- Литота.131. Кога престанува да постои натурализмот како движење?- Во деведесеттите години на XIX век.132. Кој стил не припаѓа на административниот функционален стил?- припаѓаат:*Персонален(личен)*Деловен*Општествено-политички*Законодавно-правен*Дипломатски133. Алитерација е повторување на:- иста или на исти согласки во зборовите на еден стих134. Каков стил треба да користи специјалист од определена научна област кога им се обраќа на неспецијалисти со цел да бидат воведени во таа наука?- Научно-учебнички потстил.135. Што се арготизми?- Зборови и изрази познати само на мала група луѓе, еден вид тајна лексика за специјални поими(кај алкохоличарите, крадците, наркоманите, ѕидарите итн.)136. Кои норми ги отфрла Мерсо, главниот лик во романот „Странецот“ од А. Ками?- Општествените и религиозните.137. Прочитај го извадокот и одговори го прашањето.„Есенските денови бргу летаат, ама тој цели ноќи око не затворил, беше на конференција. Сите работи тежат на неговата глава, барабанот, пушката, училиштето, канцеларијата.“Која тропа е употребена во подвлечените зборови?- метонимија.138. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето.,,Од луња силно згрмело, а зефир бесно бучел,и шумој глуви ѕунеле, од земјотреси везден,од дното на подземјето се челе сосем јаснорикојте на брановите предалечнии диви лаења од пции грачења злокобнички на тие врани ноќни...“ Наведените стихови кај читателот предизвикуваат чувство на:- 139. Која е основната тематска преокупација во творештвото на авторите од модерната епоха?- таа е авангардан и ја посочува врската меѓу уметноста и животот140. Во која функција е деталноста на описот и на портретот во времето на реализмот-натурализмот?- нагласување на биолошкиот аспект на телесноста, отсуство на идеализам, објективност која го навредува општественото чувство за убавото и пристојното141. Со кои клучни зборови се определува идејата во романот „Смрт во Венеција“ од Томас Ман?- ирониска дистанца со која го критикува конзервативното поимање на уметноста, гротеска на противречностите142. Главен теоретичар на натурализмот е:- Емил Зола.143. На колку структурни целини според текот на дејството е поделен романот ,,Странецот“?- Две.144. Формално и содржински, романот „Странецот“ од А. Ками поделен на:- два дела.145. Која е основната тематска преокупација во реализмот?- критичка анализа на општеството.146. Како се нарекува тајниот јазик на една асоцијална група?- арготизам.147. Примената на детални описи во творештвото од натуралистичкиот период предизвикува:- нагласување на биолошкиот аспект на телесноста, отсуство на идеализам, објективност која го навредува општественото чувство за убавото и пристојното148. Антитеза е:- Поврзување содржини со спротивно значење149. Во кој стил спаѓа фељтонот?- Публицистички функционален стил.150. Во Стара Грција беседништвото се однесува на:- држењето говори.151. Модерните правци во литературата имаат однос кон книжевните принципи зачнати во епохата на:- Романтизмот.152. Кои зборови влегуваат во нестандардната лексика?- Дијалектизми, фамилијаризми, варваризми, жаргонизми, арготизми.153. Во групата на сематички фигури (тропи) припаѓаат:- Епитет, метафора,метонимија,синегдоха,споредба, хипербола, литота,иронија, сарказам, перифраза, персонификација и др.154. На која наука е основоположник Шарл Бали?- Стилистика.155. Стилистиката ја наследува реториката, а ја вклучува и:- Поетиката.156. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето.,,О, Пирин, бујна планино,

Page 6: Prasanja Makedonski

мачна ми душа постана...крени се, ајде, поткрени,земи ме в бујна пазуваи ми со шепот раскажиза Гоце и за дружина!“ Припишувањето на својства на живо суштество на планината во наведениот извадок упатува на користење на стилската фигура:- персонификација.157. Која карактеристика на Мерсо ја откриваме преку неговите почетни зборови: ,,Денеска умре мама. Или можеби вчера. Не знам.“?- Незаинтересираност.158. Во поетиката на авангардната уметност е силно изразено спротивставувањето на:- дотогашните конвенции во литературата, воведување на нов јазик, ја поништува разликата межу уметноста и животот159. Кој е главен лик во новелата ,,Судбината на човекот“ од М. Шолохов?- Андреј Соколов.160. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на прашањето.,,- одлучува за согласноста на законите со Уставот; -ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата во уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.“ Кој административен функционален потстил е употребен?- Законодавно-правниот потстил.161. Томас Ман е германски писател на:- -,,Смрт во Венеција’’, ,,Буденброкови’’, ,,Волшебниот брег’’, ,,Јосиф и неговите браќа’’, ,,Лота во Вајмар’’, ,,Доктор Фаустус’’...162. Определи каков стил е употребен во реченицата: ,,Клеточната мембрана е тенка и е во вид на проѕирна ципа со која е обвиткана клетката.“- Научен функционален стил.163. Фигурите на формата во писменото изразување учествуваат во:- синтакса и стилистика.164. За да се одржи добар говор потребно е да се осмисли:- воведен дел, главен дел и заклучок=содржината165. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на барањето.,,Качунице, сиротице, билјаро, што ми цутиш толку рано, билјаро, среде зима, коложега, билјаро...“ Повторувањето на зборот „билјаро“ на крајот од наведените стихови упатува на користење на стилската фигура:- епифора.166. Прочитај го внимателно извадокот и одговори на барањето.,,..Нема да ми го земат, нели господин Мерсо. Тие ќе ми го вратат. Инаку што ќе биде со мене...“ Во романот ,, Странецот“ ни е претставено страдањето на Саламано заради загубата на:- кучето.167. Прочитај го извадокот и одговори го прашањето. ,,Записник од состанокот на Комисијата за ученички стандард, одржан на 12. 9.2013 година со следниот ДНЕВЕН РЕД Усвојување на дневниот редУсвојување на записникот од минатиот состанокДоговор за работа на Комисијата во наредниот период ....................................................................................“Кој функционален стил е употребен во наведениот извадок?- Административен функционален стил.168. Кои мотиви доминираат во творештвото на Ш.Бодлер и влијаат врз неговотот вклопување во модерните текови?- надминување на романтичарскиот светоглед, бегство од сплинот, чудесното ново, естетика на грдото, ја идеализира убавината169. Прочитај го примерот и одговори го прашањето.,,Ѕид ѕидосано, вар варосано нигде ѕирка ни проѕирка.“ Која куса народна умотворба е употребена?- Гатанка.170. Која сфера доминанатно ја покрива административниот стил?- администрацијата, судството...171. Што се неологизми?- Нови(новосоздадени) зборови или новопреземени зборови од друг јазик, а некогаш преосмислени постојни зборови.172. Правописот на македонскиот јазик е озаконет во:- 173. Какво изразување се постигнува со помош на стилските фигури?- Сликовито изразување.174. На кој функционален стил припаѓа дипломатскиот потстил?- административен функционален стил.175. Прочитај го извадокот и одговори на прашањето.,,Зар тука пат ќе доодам,зар тука свет ќе догледам...“ Која стилска фигура е употребена во наведениот извадок?- Реторичко прашање./анафора176. Преку стиховите на песната ,,Созвучја“ од Шарл Бодлер се дава слика за:- совпаѓање меѓу појавностите на светот.177. ,,Изгледа како сиот настан да го разгледуваат надвор од мене. Сè се одвиваше без мое учество.“ Со оваа изјава Мерсо, ликот од романот „Странецот“ на А. Ками, покажува дека е:- незаинтересиран178. Кој настан, при испитување на вината за време на судењето на Мерсо, лик од романот „Странецот“ од Албер Ками, се нашол во центарот на вниманието?- Неговото индиферентно однесување кон смртта на мајка му179. Автор на романот ,,Процес“ е:- Франц Кафка.180. Поништувањето на психолошкиот портрет, А.П.Чехов го практикува при раскажувањето во:- карикатуралното обликување на ликовите181. Лексика со која се манифестира употреба на сленг е препознатлива во изразите:- //182. Томас Ман е добитник на Нобелова награда за литература за делото:- ,,Буденброкови’’.183. Kојa e најзначајната поетска збирка на Шарл Бодлер?- ,,Цвеќиња на злото’’.184. Кои категории се централни во филозофијата на егзистенцијализмот врз чија основа се создаваат книжевните конфликти и дејства во делата?- комуникацијата, слободата и граничната ситуација.185. Андреј Ефтимович од ,,Павиљон бр. 6“, според својата улога во делото има професија на:- Доктор.186. Какви спрцифични елементи се вклопуваат во творештвото на реализмот во XX век?

Page 7: Prasanja Makedonski

- формирање на нормативна естетика на социјалистичкиот реализам, отстапување од нормите и пробивот на модернистичките елементи187. Во кој јазичен исказ е употребена алитерација?- ///188. Во првата фаза, надреализмот својот ангажман го разбира како:- општествен и експериментален, а не уметнички.189. Во „Павиљон бр. 6“Антон П. Чехов го внесува духот на:- - Чеховската иронија.190. А. П. Чехов е познат руски автор на драмски текстови и на:- куси раскази.191. А. П.Чехов користи постапки кои даваат карактеризации и градат ситуации кои прилегаат на карикатури на општеството преку:- хуморот192. Прочитај ја реченицата и одговори на прашањето.Во реченицата „Кога ќе заминеш, не го заборавај коренот свој“ со значењето на зборовите „коренот свој“, говорителот користејќи изразно средство метонимија мисли на:- своето потекло, својот роден крај..193. Кој го напишал „Футуристичкиот манифест“?- Филипо Томасо Маринети194. Кој бил основниот принцип на соц-реализмот?- Создавање на единствен социјалистички уметнички стил, односно уметноста станува роб на политиката195. За кој роман Михаил Шолохов ја добил Нобеловата награда?- -,,Тивкиот дон’’.196. Дело во кое Албер Ками преку алегорија ја разработува идејата за револтираниот и побунет човек се вика:- -,,Чума’’.197. Прочитај ги внимателно стиховите и одговори на прашањето. ,,Заиграло срце јунаково! Како вино во сребрена чаша, Како јагне во големо стадо, Како сокол во синоно јато!“ Која стилска фигура е присутна во вториот, третиот и четвртиот стих на песната?- компарација.