6
06.04.2009 XXIII.П.бр.1863/08 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ IIСКОПЈЕ, како првостепен парничен суд преку судијата Мирјана Смиљкова судија поединец, постапувајќи по тужбата на тужителката Т. С. К. од Скопје ул.... преку полномошник З. И. адвокат од Скопје, против тужениот Д. К. од Скопје, ул...., преку полномошник Ѓ. Д. адвокат од Скопје, за ништовност на договор, вредност 40.000,00 денари, по одржаната главна, јавна и усна расправа во присуство на полномошниците на странките, на рочиштето одржано на ден 06.04.2009 година, донесе и објави П Р Е С У Д А ТУЖБЕНОТО БАРАЊЕ на тужителката да се утврди дека договорот склучен на ден 19.09.2006 година помеѓу тужителката и тужениот, заверен кај нотар Р. Л. под Узп.бр... е ништовен и не произведува правно дејство и да се задолжи тужениот на тужителката да го врати патничкото моторно возило марка Пежотип 206 ХС 1.6 Е со број на шасија VF32CMFZE40772520и број на мотор 10FH1T0722523произведено 2000 година со јачина на мотор 65KW, работна зафатнина од 1587 кубика и барањето за парничните трошоци, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО. СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителката на тужениот да ги надомести парничните трошоци во вкупен износ од 15.080,00денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, а под страв на присилно исполнување. Барањето за разликата од досудените трошоци во износ од 15.080,00 денари до побарните во износ од 20.862,40 денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО. О б р а з л о ж е н и е Тужителката во тужбата и во текот на постапката наведе дека со тужениот се брачни другари со нарушени односи. На ден 19.09.2006 гоидна склучиле договор за купопродажба на возило иако биле во брак, а возилото било лична сопственост на тужителката бидејќи е купено во период пред да биде склучен бракот, односно на 03.03.2000 година. Според чл.450 од Законот за облигационие односи, ако со договорот за продажба цената не е определена, а ни договорот не содржи доволни податоци со чија помош таа би требала да се определи, договорот нема правно дејство. Во чл.4 од договорот, странките се договориле купувачот на продавачот да исплати одредена договорена сума пари во целост со што и станува сопственик на наведеното возило. Наведе дека не постоела никаква исплата на договорената сума пари. Според чл.96 од Законот во случај на ништовност на договорот, секоја договорна странка е должна да и го врати на другата сето она што го примила врз основа на таквиот договор. Иако договорот е склучен на 19.09.2006 година до реализација на истиот односно промена на сообраќајната дозвола е извршена на 25.04.2007 година после седум месеци од склучувањто на договорот. Наведе дека невообичаено е склучување на договор за купопродажба помеѓу брачните другари, особено што договорот ги нема елементите на

Presuda_5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

presuda5

Citation preview

Page 1: Presuda_5

 

06.04.2009 XXIII.П.бр.1863/08

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ IIСКОПЈЕ, како првостепен парничен суд преку судијата Мирјана Смиљкова судија поединец, постапувајќи по тужбата на тужителката Т. С. К. од Скопје ул.... преку полномошник З. И. адвокат од Скопје, против тужениот Д. К. од Скопје, ул...., преку полномошник Ѓ. Д. адвокат од Скопје, за ништовност на договор, вредност 40.000,00 денари, по одржаната главна, јавна и усна расправа во присуство на полномошниците на странките, на рочиштето одржано на ден 06.04.2009 година, донесе и објави

П Р Е С У Д А

ТУЖБЕНОТО БАРАЊЕ на тужителката да се утврди дека договорот склучен на ден 19.09.2006 година помеѓу тужителката и тужениот, заверен кај нотар Р. Л. под Узп.бр... е ништовен и не произведува правно дејство и да се задолжи тужениот на тужителката да го врати патничкото моторно возило марка „Пежо“ тип 206 ХС 1.6 Е со број на шасија VF32CMFZE40772520и број на мотор 10FH1T0722523произведено 2000 година со јачина на мотор 65KW, работна зафатнина од 1587 кубика и барањето за парничните трошоци, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО. СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителката на тужениот да ги надомести парничните трошоци во вкупен износ од 15.080,00денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, а под страв на присилно исполнување. Барањето за разликата од досудените трошоци во износ од 15.080,00 денари до побарните во износ од 20.862,40 денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

О б р а з л о ж е н и е

Тужителката во тужбата и во текот на постапката наведе дека со тужениот се брачни другари со нарушени односи. На ден 19.09.2006 гоидна склучиле договор за купопродажба на возило иако биле во брак, а возилото било лична сопственост на тужителката бидејќи е купено во период пред да биде склучен бракот, односно на 03.03.2000 година. Според чл.450 од Законот за облигационие односи, ако со договорот за продажба цената не е определена, а ни договорот не содржи доволни податоци со чија помош таа би требала да се определи, договорот нема правно дејство. Во чл.4 од договорот, странките се договориле купувачот на продавачот да исплати одредена договорена сума пари во целост со што и станува сопственик на наведеното возило. Наведе дека не постоела никаква исплата на договорената сума пари. Според чл.96 од Законот во случај на ништовност на договорот, секоја договорна странка е должна да и го врати на другата сето она што го примила врз основа на таквиот договор. Иако договорот е склучен на 19.09.2006 година до реализација на истиот односно промена на сообраќајната дозвола е извршена на 25.04.2007 година после седум месеци од склучувањто на договорот. Наведе дека невообичаено е склучување на договор за купопродажба помеѓу брачните другари, особено што договорот ги нема елементите на

Page 2: Presuda_5

 

- 2 - XXIII.П.бр.1863/08

договор за купопродажба па тужителката и покрај заверениот договор смета дека е единствен сопственик на возилото кое претставува посебен имот согласно чл.68 ст.1 од Законот за сопственост и други стварни права. Предложи судот да донесе пресуда со која ќе се утврди дека договорот склучен на ден 19.09.2006 година помеѓу тужителката и тужениот, заверен кај нотар Р. Л. под Узп.бр.... е ништовен и не произведува правно дејство и да се задолжи тужениот на тужителката да го врати патничкото моторно возило марка „Пежо“ тип 206 ХС 1.6 Е со број на шасија VF32CMFZE40772520и број на мотор 10FH1T0722523произведено 2000 година со јачина на мотор 65KW, работна зафатнина од 1587 кубика па во рок од 15 дена по приемот на пресудата под страв на присилно исполнување. Истовремено предложи судот да донесе решение со кое ќе го усвои предлогот за привремена мерка и ќе забрани на тужениот да го оттуѓува и оптоварува предметното возило. Докази предложи. Трошоци побара.

Тужениот со писмен одговор на тужба го оспори тужбеното барање во целост и наведе дека тужителката на тужениот го пренела во сопственост предметното патничко моторно возило со договор за купопродажба од 19.09.2006 година. Наведе дека договорот е склучен согласно одредбите од Законот за облигационите односи, тужителката изразила правно релевантна воља да го склучи и да го пренесе во сопственост на тужениот. Мотивот за склучување на договорот за купопродажба е сосема без значење и нема никакво влијание на полноважноста на договорот. Наведе дека во времето на склучувањето на договорот странките биле во добри односи и уживале во брачна хармонија но тоа се сменило во месец јуни 2006 година откако тужениот доживеал мозочен удар кој сериозно му го нарушил здравјето и му ги намалил психолошко-физичките капацитети. Тужителката како брачен другар на тужениот, наместо да ја обезбеди потребната нега и помош на тужениот, одлучила целосно да ги прекине сите односи со него и поднела тужба за развод на брак, а дополнително и оваа тужба со која сака да го добие патничкото моторно возило кое го предала на тужениот врз основа на договор за купопродажба. Тужениот во целост ги исполнил своите обврски од договорот и ја исплатил на тужителката купопродажната цена која била договорена помеѓу брачните другари кои живееле заеднички иако истата не е изразена во договорот за купопродажба. Причината поради која тужителката бара ништовност на договорот се нарушените односи помеѓу брачните другари кои неможе да претставуваат основ за поведување на оваа постапка. Наведе дека воопшто не е спорно дека патничкото моторно возило претставувало посебен имот на тужителката кое одлучила да го оттуѓи и продаде на својот брачен другар врз основа на склучениот договор. Со извршувањето на договорот за купопродажба и исплатата на купопродажната цена од страна на тужениот во рамките на брачната заедница тужениот се стекнал со право на сопственост на возилото од што произлегува дека тоа претставува заедничка соспственост на тужителката и тужениот. Истовремено тужениот смета дека не се исполнети условите за определување на привремена мерка и предлага предлогот за определување на привремена мерка да се одбие како неоснован, како и тужбеното барање на тужителката да се одбие како неосновано во целост. Докази предложи. Трошоци побара.

- 3 -

Page 3: Presuda_5

 

XXIII.П.бр.1863/08 Во текот на постапката судот донесе решение на ден 14.07.2008 година со кое предлогот за определување на привремена мерка го усвои и забрани тужениот да го оттуѓи и оптовари предметното патничко моторно возило. Против ова решение ниту една странка не изјави жалба. На одржаното рочиште за главна, јавна и усна расправа, судот ги дозволи и изведе предложените докази и тоа: се прочита сообраќајна дозвола за возило со регистарска ознака СК ... со датум на регистрација од 20.09.2... година издадена од ГУВР Скопје, каса да прими бр....од 03.03.2000 година, сметкопотврда од 08.03.2000 година, полиса за осигурување од автоодговорност бр ..., послиса за осигурување моторни возила бр.... од 01.06.2000 година, полиса за осигурување моторни возила бр.... од 03.03.2001 година, извод од МК на венчаните, договор за купопродажба од 19.09.2006 година, договор за готовински ненаменски кредит од 16.06.2006 година, извод од МК на родените за местото Скопје под тековен бр.... за 2007 година, ЛК за странец за тужиелката од 01.04.2004 година, фотокопија на патна исправа на малолетната Л. Н. фотокопија од патна исправа на тужителката, се сослуша сведокот С. К. и се изведе доказ со распит на странки, па врз основа на чл.8 од ЗПП, ја утврди следната фактичка состојба: Странките се брачни другари но со нарушени односи и тече постапка за развод на брак. Во текот на бракот додека односите помеѓу нив биле добри на ден 19.09.2006 година склучиле договор за купопродажба на возилото марка „Пежо“ тип 206 ХС 1.6 Е со број на шасија VF32CMFZE40772520и број на мотор 10FH1T0722523произведено 2000 година со јачина на мотор 65KW, работна зафатнина од 1587 кубика, со кој тужителката како сопственик на возилото односно како нејзин посебен имот стекнат пред бракот го продава на тужениот како купувач. Ваквиот договор е заверен кај нотар Р. Л. од Скопје. За ова возило тужениот на тужителката и исплатил износ од 5.000 евра. Тужениот го регистрирал возилото на свое име на ден 20.09.2006 година со сообраќајна дозвола МК.... Тужителката заминала во Р.Германија на 30.10.2006 година со цел да се породи и се вратила во РМ во месец јуни 2007 година. Во исто време кога тужителката се вратила од Р.Германија, тужениот доживал мозочен удар, бил во болница и кога излегол од болница, тужителката и тужениот не ја продолжиле брачната заедница. Ваквата фактичка состојба судот ја утврди од предложените и изведените докази и одлучи како во изреката од следните причини: Помеѓу странките не е спорно дека предметното патничко моторно возило е имот на тужителката што го стекнала пред бракот. Не е спорно и дека склучиле договор за купопродажба за возилото, кој договор е заверен кај нотар Р. Л. под Узп.бр.... од 19.09.2006 година. Спорно е дали ваквиот договор е ништовен и не произведува правно дејство согласно чл.450 ст.1 од ЗОО.

- 4 -

Page 4: Presuda_5

 

XXIII.П.бр.1863/08 Според чл.450 ст.1 од ЗОО, ако со договорот за продажба цената не е определена, а ни договорот не содржи доволно податоци со чија помош таа би можела да се определи, договорот нема правно дејство. Според чл.4 од Договорот за купопродажба склучен на ден 19.09.2006 година помеѓу странките, е предвидено дека купувачот на продавачот му исплатил одредена договорена сума пари во целост со што и станува сопственик на предметното возило. Заради утврдување на околноста за која одредена договорена сума пари станува збор, судот изведе докази и тоа со сослушување на сведокот С. К. од Скопје и со распит на странки и при тоа од исказот на сведокот С. К. даден на записник за главна расправа од 24.03.2008 година утврди дека странките се договориле тужителката да го продаде возилото на тужениот за одредена сума пари и дека тужениот немал пари со оглед дека бил невработен односно кредитонеспособен поради што сведокот С. кој е негов брат земал потрошувачки кредит во износ од 5.000 евра во денарска противвредност и дека истиот ги дал на тужениот за да ја плати цената на возилото. Дека сведокот С. К. земал потрошувачки кредит, судот оваа околност ја утврди и од писмениот доказ-договор за ненаменски кредит бр.... од 16.06.2006 година од Комерцијална банка АД Скопје на износ од 296.000,00 денари. Ова судот го утврди и од исказот на тужениот сослушан во својство на странка и на овие докази судот им поклони верба од причина што беа јасни недвосмислени и меѓусебе се надополнуваат, а со оглед дека се работи за вербални докази кои непсоредно се изведуваат пред советот кој одлучува, имајќи го предвид однесувањето при распитот и при сослушувањето на сведокот, судот доби впечаток дека тужениот и сведокот С. K. беа искрени и ја зборуваат вистината, што не може да се каже и за тужителката за која судот стекна впечаток дека бара ништовност на договорот за купопродажба со оглед дека односите помеѓу странките се нарушени и помеѓу странките се води постапка за развод на брак. При одлучувањето судот го ценеше наводот на полномошникот на тужителката дека целта на склучувањето на ваквиот договор не била таа да го продаде возилото на тужениот, туку тој да може да го регистрира со оглед дека во времето кога требало да се регистрира возилото тужителката ќе била во странство, а возилото било со странски регистарски таблички и немало друг начин за негова регистрација, но не и поклони верба од причина што возилото можело да биде и нерегистрирано додека таа била во странство, а со склучувањето на договорот за купопродажба и неговото потпишување таа јасно ја изразила својата волја возилото да го продаде на тужениот. Ова уште повеќе што според исказот на тужителката, таа се вратила од Германија во месец јуни 2007 година, па е нелогично зошто дури во месец март 2008 година ја поднела тужбата за ништовност на договорот, а не веднаш кога се вратила имајќи ја предвид целта што ја наведува за склучување на предметниот договор.

- 5 - XXIII.П.бр.1863/08

Page 5: Presuda_5

 

Судот во оваа смисла ценеше и дали станува збор за привиден договор во смисла на чл.58 од ЗОО, но при утврдени факти дека договорот е склучен, потпишан од странките и исплатена е договорената цена, најде дека не се работи за привиден договор. Од сите погоре наведени причини судот одлучи како во изреката и тужбеното барање на тужителката да се утврди ништовност на договорот за купопродажба и да се задолжи тужениот да и го предаде возилото во владение го одби како неосновано. При одлучувањето судот го ценеше наводот на полномошникот на тужителката дека договорот за купопродажба е привиден имајќи предвид дека истиот е склучен на 19.09.2006 година, а промена на сообраќајната дозвола е извршена на 25.04.2007 година, односно после седум месеци од склучувањето на договорот, меѓутоа го одби како неоснован од причина што од изведениот доказ-сообраќајна дозвола МК ... што како доказ е предложен и приложен од тужителката кон тужбата се гледа дека датумот на регистрацијата на предметното возило со нова регистарска табличка СК ... е на ден 20.09.2006 година, а пак продолжувањето на регистрацијата кое што е регистрирано на внатрешната страна од сообраќајната дозвола е со датум од 25.04.2005 година до 25.04.2008 година, што покажува дека издадена е сообраќајна дозвола на име на тужениот веднаш после склучувањето на договорот за купопродажба. При одлучувањето судот ги ценеше и другите изведени докази и тоа каса да прими бр.... од 03.03.2000 година, сметкопотврда од 08.03.2000 година, полиса за осигурување од автоодговорност бр..., послиса за осигурување моторни возила бр.... од 01.06.2000 година, полиса за осигурување моторни возила бр... од 03.03.2001 година, извод од МК на венчаните, извод од МК на родените за местото Скопје под тековен бр.... за 2007 година, ЛК за странец за тужиелката од 01.04.2004 година, фотокопија на патна исправа на малолетната Л. Н. фотокопија од патна исправа на тужителката, но најде дека не се од влијание за поинакво одлучување по предметот имајќи ги предвид погоре наведените причини. Полномошникот на тужениот со писмен трошковник предјави парнични трошоци и тоа за состав на одговор на тужба износ од 2.600,00 денари, награда за застапување од адвокат на четири рочишта по 3.120,00 денари односно 12.480,00 денари, за состав на полномошно износ од 1.300,00 денари, за состав на трошковник износ од 1.300,00 денари, односно се вкупно 17.680,00 денари и ДДВ од 18% во износ од 3.182,40 денари или вкупно трошоци на постапката во износ од 20.862,40 денари. Постапувајќи согласно чл.148 в.в. со чл.158 од ЗПП, судот ја задолжи тужителката на тужениот да ги плати признаените парнични трошоци во вкупен износ од 15.080,00 денари, а кои се однесуваат за состав на одговор на тужба во износ од 2.600,00 денари и награда за застапување од адвокат за четири рочишта по 3.120,00 денари односно 12.480,00 денари со оглед дека тужителката го изгуби спорот во целост. Судот не ги призна трошоците за состав на полномошно и за состав на трошковник во износ од по 1.300,00 денари од причини што смета дека тоа не се неопходни трошоци во постапката како и предјавениот данок за додадена вредност во износ од 18% или 3.182,40 денари од причина што даночен обврзник е адвокатот, а не

- 6 - XXIII.П.бр.1863/08

Page 6: Presuda_5

 

странката. Странката има обврска на адвокатот да му плати трошоци само за дадена стручна помош која е нужна за заштита на неговите интереси, а не и данокот што адвокатот како обврзник го плаќа спрема државата. Од овие причини барањет за парничните трошоци за разликата од досудениот износ од 15.080,00 денари до побараниот износ од 20.862,40 денари, го одби како неосновано. Решението со кое е определена привремената мерка во овој спор, останува на сила до правосилно завршување на постапката по предметот. ОДЛУЧЕНО ВО ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ IIСКОПЈЕ, П.бр.1863/08 од 06.04.2009 година. С у д и ј а, Мирјана Смиљкова ПОУКА- Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 15 дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје. НАЛОГ ЗА ТАКСА : Се задолжува тужителката да плати такса за пресуда износ од 1.500,00 денари. ДН: - на пол.З. И. адв. од Скопје, - на пол. Ѓ. Д. адв. од Скопје. С у д и ј а,