4
Методски приказ за одржување на наставен час по англиски јазик Датум: 26.10.2011 Одделение: II (второ) Наставен предмет: Англиски јазик Наставно подрачје: Јазик Наставна тема: Theme 2 Наставна единица: My School. Lesson 1 Тип на часот: Усвојување на нова наставна содржина Наставни средства: учебник, табла, креда, касетофон, слики Методи на работа: Метод на демонстрација, когнитивен метод, метод на усно изложување, метод на разговор (аудио- лингвална), метод на пишување, илистративен метод- метод на цртање Форми на работа: индивидуална и фронтална форма на работа Задачи: - утврдување на изученото од предходниот час; - разговор за сликите; - повторување на броевите; - слушање и повторување на песна Цели:

Prikaz Мy School. Lesson 1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Prikaz Мy School. Lesson 1

Методски приказ за одржување на наставен час по англиски јазик

Датум: 26.10.2011

Одделение: II (второ)

Наставен предмет: Англиски јазик

Наставно подрачје: Јазик

Наставна тема: Theme 2

Наставна единица: My School. Lesson 1

Тип на часот: Усвојување на нова наставна содржина

Наставни средства: учебник, табла, креда, касетофон, слики

Методи на работа: Метод на демонстрација, когнитивен метод, метод на усно

изложување, метод на разговор (аудио-лингвална), метод на пишување,

илистративен метод- метод на цртање

Форми на работа: индивидуална и фронтална форма на работа

Задачи:

- утврдување на изученото од предходниот час;

- разговор за сликите;

- повторување на броевите;

- слушање и повторување на песна

Цели:

- примена на знаењето од претходниот час за одговарање на поставените

прашања во врска со сликите во учебникот;

- знаат да ги повторат броевите и да ги препознаат во дијалогот;

- можат да ја запомнат песната.

Page 2: Prikaz Мy School. Lesson 1

Приказ на часот:

Воведен дел:

Во воведниот дел од часот се започнува разговор со учениците со цел да се повтори

содржината од предходниот час. Се аналзираа сликите во учебникот и им се поставуваат

прашања на учениците за тоа што гледаат на сликите. Повторно се пушта на касетофон

дијалогот од предходниот час. Се поставуваат прашања во врска со дијалогот со помош на

сликите во учебникот со цел учениците да можат да ги препознаат броевите во дијалогот.

Главен дел:

Во главниот дел се пушта вежба на касетофон и со помош на прашања се објаснуваа

сликите во учебникот. Се пушта песна на касетофон која се повторува повеќе пати со цел

да се запомни. Се изработува вежба со цел да се повтори изученото.

Избор:

Преку поставување кратки прашања на почетокот од часот, со употреба на формите на

работа (фронтална, индивидуална) се утврдуваат целите кои треба да се реализираат. Се

избира вежба со слушање во која учениците ќе ги препознаат броевите. Се избира вежба

со слушање која учениците ќе можат да ја запомнат. Се избира вежба со цртање.

Градирање:

Се поврзува дотогашното знаење на учениците од претходните часови за поврзување со

новиот материјал. За да се усвои новиот материјал се избираат вежби со слушање,

препознавање и цртање.

Презентација:

Page 3: Prikaz Мy School. Lesson 1

Се пушта вежба на касетофон. Потоа со помош на сликите во учебникот се објаснува и

повторува. Потоа се оди на следните сликите кои учениците со помош на прашања ги

објаснуваа и на тој начин ги повторуваат броевите. Доколку има потреба се објаснуваат

уште еднаш. Се повторуваат броевите и се преминува на следната вежба во која на

касетофон им се пушта песна, додека ја слушаат ги анализираат сликите во учебникот кои

ќе им помогнат побрзо да ја запомнат. На следното слушање им се покажуваат во

учебникот нештата/ луѓето споменати во песната. Се поставуваат прашања во врска со

песната.

Завршен дел:

Во завршниот дел се пушта песната повторно со цел учениците да можат да повторуваат.

Доколку има непознати зборови се објаснуваат.

Вежбање:

Учениците работат индивидуално. Им се задава задача во која треба да нацртаат моливи

(повеќе од три) во тетратките и да напишат број под нив. Потоа секој ученик ја презентира

својата работа.

Проверување:

Се прегледува вежбата и се дава повратна усна информација.