3
30 31 мај 2012 МАКЕДОНИУМ И мено овие нетипични во развитокот култури до- живуваат историско - културолошки потреси не- познати за онаа позната Европа, Европа со цврсто изградени скоро авторитарни идентитети. Сите овие земји со дисторзиран идентитет и со „сомнителна“ кул- тура (според европските критериуми) излегуваат како нации - држави од распадот на Турската империја, кој се одвива од средината на деветнаесеттиот век и трае се до Првата свет- ска војна. Тие држави (претежно од Балканот) што успеаја да се конституираат во средината на деветнаесеттиот век, имаа доволно време: тие 7-8 децении, до етаблирањето на модер- ната, да ја дизајнираат својата новосоздадена фолклористич- ка култура полна со ориентализам, во насоката на европските културни манири. Европскиот нововековен културен иден- титет почнува со ренесансата. Ренесансата почнува со инте- ресот за античката култура (значи еден вид антиквизација). Таа европска културна „револуција“ почнува уште во XV век и трае се до крајот на XVI век кога во западна Европа започнува уште еден значаен културен период - Барокот. Барокот е една всушност издраматизирана и развеана ренесанса која дивер- гира во два основни правци: Декоративноста (како глобално движење) Реализмот (како предвесник на индивидуализмот) Тоа е исто така (XVII-от век) време на колонизација на но- вооткриените континенти и период на значајно богатење на европските градови во кои веќе се појавува капитализмот во својата рудиментирана форма. При крајот на XVII-от век она што го почна ренесансата пред два и пол века во Италија стана општа карактеристика на европската култура. Уште два века во Европа ќе се развива култот кон ренесансниот идеал на повесел или потраорен начин, поминувајќи ги рококото, кла- сицизмот, романтизмот, реализмот и кога конечно во Фран- ција (водечката европска култура од средината на XIX век) се појавуваат Барбизонците, како еден вид блиски предвесници на импресионизмот, во југоисточна Европа имате создавање на неколку нови култури што френетично се обидуваат да ги брендираат своите нации - држави. Овие балкански држави не партиципираат во европските културни текови повеќе од четири и пол века, некои дури и пет векови... АЦО СТАНКОВСКИ, авторот е академски сликар Психоанализа на антиквизацијата Антиквизацијата во Македонија е еден погрешно поместен дискурс од страна на транзиционата левица, во име на една опортуна политичка стратегија која во „фаталната“ непромисленост создава огромни штети за националниот интерес на Македонија, за балканскиот интерес и за интересот на универзалната човечка култура. Прашањето на „антиквизацијата“ не е и не треба да биде политичко прашање. Тоа е прашање за културата, Историјата на уметноста и психоанализата. Всушност се работи за една специфичност во областа на културата и историјата на уметноста што се појавува кај одредени пост-комунистички народи од Евроазија, а која поради историскиот контекст отстапува од европскиот културен main stream.

Psihoanaliza na antikvizacijata

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Tekst na makedonskiot umetnik Aco Stankovski vo vrska so "antikvizacijata" vo Makedonija. "Glas" na VMRO-DPMNE, strani 30-32

Citation preview

Page 1: Psihoanaliza na antikvizacijata

30 31 мај 2012

МАКЕДОНИУМ

Имено овие нетипични во развитокот култури до-живуваат историско - културолошки потреси не-познати за онаа позната Европа, Европа со цврсто изградени скоро авторитарни идентитети. Сите

овие земји со дисторзиран идентитет и со „сомнителна“ кул-тура (според европските критериуми) излегуваат како нации - држави од распадот на Турската империја, кој се одвива од средината на деветнаесеттиот век и трае се до Првата свет-ска војна. Тие држави (претежно од Балканот) што успеаја да се конституираат во средината на деветнаесеттиот век, имаа доволно време: тие 7-8 децении, до етаблирањето на модер-ната, да ја дизајнираат својата новосоздадена фолклористич-ка култура полна со ориентализам, во насоката на европските културни манири. Европскиот нововековен културен иден-титет почнува со ренесансата. Ренесансата почнува со инте-ресот за античката култура (значи еден вид антиквизација). Таа европска културна „револуција“ почнува уште во XV век и трае се до крајот на XVI век кога во западна Европа започнува уште еден значаен културен период - Барокот. Барокот е една всушност издраматизирана и развеана ренесанса која дивер-гира во два основни правци:

■ Декоративноста (како глобално движење)■ Реализмот (како предвесник на индивидуализмот)

Тоа е исто така (XVII-от век) време на колонизација на но-вооткриените континенти и период на значајно богатење на европските градови во кои веќе се појавува капитализмот во својата рудиментирана форма. При крајот на XVII-от век она што го почна ренесансата пред два и пол века во Италија стана општа карактеристика на европската култура. Уште два века во Европа ќе се развива култот кон ренесансниот идеал на повесел или потраорен начин, поминувајќи ги рококото, кла-сицизмот, романтизмот, реализмот и кога конечно во Фран-ција (водечката европска култура од средината на XIX век) се појавуваат Барбизонците, како еден вид блиски предвесници на импресионизмот, во југоисточна Европа имате создавање на неколку нови култури што френетично се обидуваат да ги брендираат своите нации - држави. Овие балкански држави не партиципираат во европските културни текови повеќе од четири и пол века, некои дури и пет векови...

АЦО СТАНКОВСКИ, авторот е академски сликар

Психоанализа на антиквизацијата

Антиквизацијата во Македонија е еден погрешно поместен дискурс од страна на транзиционата левица, во име на една опортуна политичка стратегија која во „фаталната“ непромисленост создава огромни штети за националниот интерес на Македонија, за балканскиот интерес и за интересот на универзалната човечка култура. Прашањето на „антиквизацијата“ не е и не треба да биде политичко прашање. Тоа е прашање за културата, Историјата на уметноста и психоанализата. Всушност се работи за една специфичност во областа на културата и историјата на уметноста што се појавува кај одредени пост-комунистички народи од Евроазија, а која поради историскиот контекст отстапува од европскиот културен main stream.

Page 2: Psihoanaliza na antikvizacijata

31Број II/1

Сите овие народи окупирани од Османлиите уште во периодот на доцниот среден век немаат никаков културен просперитет во контекст на европскиот. Тоа се култури из-олирани од остатокот на Европа за пола милениум, и сега во времето на импресионизмот, овие култури работат со полна пареа на својата европеизација; или подобро - на својата антиквизација, рапидно напуштајќи го феудалниот доцно - византиски и фолклорно - ориентален стил и вртејќи се кон ренесансните вредности во тоа време втемелени во буржоаскиот реализам со дискретна доза на античка арома, тие држави создаваат основи на европеизмот и европскиот сентимент во својата културна историја.

Оваа „антиквизација“ што се врши во културите на но-восоздадените нации во југоисточна Европа е последни-от бран на антиквизација што ја опфаќа европската култу-ра пред појавата на модернизмот (почеток на XX век). Тоа е една среќна околност за овие земји во целата трагична судбина на балканската култура во новиот век. Но има и на-роди како македонскиот, кои својата „сувереност“ исто така ја губат (како и останатите народи од југоисточна Европа во XV-от век) со доаѓањето на Турците во Европа, а се ослободу-ваат (добиваат државност и полноправен национален иден-титет) од колонијализмот (по турскиот во балканските војни) на новосоздадените балкански држави (сега веќе етаблира-ни и амбициозни за нови територии) дури со завршувањето на Втората светска војна.

Значи имате народ чија култура од доцниот среден век (така е презервирана и конзервирана повеќе од пет века) се буди во највехементниот модернизам од средината на XX век, кога доминантниот естетски правец во западната уметност е апстрактниот експресионизам. Џексон Полок и Вилим де Кунинг се среќаваат со живописците од доцната Византија, парадоксална културна позиција. Една од најпа-радоксалните позиции за македонската култура е тоа што нејзиното осамостојување (во политички смисол) всушност се остварува во комунистичко - тоталитаристички услови. Деформираната од идеолошки притисоци „антиквизација“ (или европеизирање во контекст на ренесансните вред-ности) добива краток и не многу впечатлив простор во но-воформираната македонска култура со социјалистичкиот реализам. Дури и оваа комунистичка „антиквизација“ на македонската култура и даде мал европски гламур - колку и гротескно да делува во споредба со вистинските длабоки и студиозни антиквизации на европската култура од мина-тите векови. Но веќе при крајот на 40 -тите КПЈ и Советите запаѓаат во конфликт (Информбиро) кој југословенската (ма-кедонската) култура ќе ја приближи кон западните култур-ни трендови. Така модернизмот на голема врата влегува во југословенската (македонската) култура и дефинитивно го

потиснува и изолира соцреализмот, создавајќи уште попа-радоксална ситуација во македонската култура. Недоволно експлоатираниот соцреализам не може да создаде цврста реалистичка база за модернистичката конструкција.

Овој македонски новоизникнат модернизам, е тешко прифатен од традиционалниот пост-византиски и ориен-талистички културен менталитет на народот. Всушност македонскиот народ и неговата чорбаџиска буржоазија е културно „превоспитувана“ по брза постапка: културата се централизира од владејачката партија која создава институ-ции од културата и културни експерти (по идеолошки терк) кои треба да водат културни политики во согласност со нај-новите културни текови во европската и светската култура. Тој период на интензивно модернизирање и вестернизи-рање на македонската култура од времето на СФРЈ кој се должи на историскиот раскин на Тито и Сталин, од народот е доживуван како неразбирлив, езотеричен, збунувачки па дури и иритантен.

Така одеднаш добивате неверојатен апсурд: една сосе-ма анархична и револуционерна уметност да се спроведува од страна на државата преку нејзините институции, а тра-диционалниот европски „антиквизиран“ академизам да се доживува како контрареволуционерен и реакционерен, рет-рограден и анти-народен стил и начин на размислување во творештвото.Набрзо нај парадигматичните творци во држа-вата беа оние што најбрзо и најконсеквентно ќе ги преземеа и применеа најновите „естетски експерименти“ од западно-европската и северноамериканската авангарда.

Модернизмот и македонската комунистичка елита ста-наа иманентни по сопствените естетички визии и по сопстве-ните општествени позиции. Одеднаш добивате општество во кое западноевропскиот и северноамериканскиот андер-граунд и алтернатива стануваат култура за македонската ко-мунистичка елита. Ваков апсурд е непознат и за најпарадок-салните холивудски пародии. Но во македонската култура се до падот на комунизмот ова беше реалност. Секако дека сите овие вредности од Западот беа претходно афирмира-ни (пред се на самата западна сцена) во матичните култури, потоа рециклирани од југословенската „авангарда“, па ана-лизирани и селектирани од институционалните експерти па воспоставени како вредности, проверени и достојни за ес-тетскиот вкус на елитата.

Колку да се види сосема помодарскиот карактер на кул-турната диоптрија на политиката, или пак пенетрантноста на политичкото во сите општествени сфери па и во култу-рата која го претставува (барем симболички) азилот на сло-бодната мисла... Но настрана од овој лакановски светоглед, македонската и југословенската модерна во себе ги содржи најинтересните и најкреативните уметнички дела во целиот

Page 3: Psihoanaliza na antikvizacijata

32 31 мај 2012

балкански регион. Додека сите соседи впрегнати во соц-ре-алистичкиот лагер тонеа во една анти-утописка „антиквиза-ција“ на „идоли“, македонската (југословенската) авангарда создаваше една сосема синхронизирана креативна визија со другите прогресивни културни центри во светот. И сето ова благодарејќи им на екстраординарните способности на уметниците од тоа време. Ова покажува дека и кога по-литичката елита „глуми“ интерес за уметноста - уметничка-та продукција расте. Всушност глумата со време преоѓа во вистински интерес и од оваа интензивна комуникација про-излегува период на плодна и квалитетна креација.

Но овој квалитет им беше непознат и далечен на маси-те, кои ненаоѓајќи соодветни културни парадигми и интере-си во институционалната (елитна) култура, сето ова време развиваа естетски култ кон еден застрашувачки аутистичен фолклор. Тој фолклор беше сеприсутен (фолклор на пиво-то и фудбалските мечеви)... А неговата нападна вулгарност создаваше квантуми грдотија што ни еден институционален проект не можеше да ги затскрие. Дури и во „ретардирани-те“ култури од Варшавскиот блок немаше вакви потопи од шунд.

Претпоставувам дека ваквата „раздвоеност“ на „култу-рите“ на „елитата“ и „плебсот“ се должи на отсуството на академските - препознатливи вредности кои би ја заинтере-сирале толпата и која барем делумно би ја привлекле кон институциите на културата.

Дури и кога ќе направите анализа на бившо - југословен-ската културна стратиграфија, ќе видите дека колку во една култура (како културна зона) имало подолг период на „ан-тиквизација“ (во Словенија, Хрватска) толку псевдо-фолкло-ризмот помалку доминираше а авангардните сфаќања беа далеку повлијателни. Од друга страна пак изворниот фолк-лор и древните уметнички вештини и знаења беа брутално потиснати од оваа нео - фолклористичка „псевдокултура“. И така во оваа и по хоризонтала и по вертикала дисконекти-рана култура, почнаа да се случуваат најчудните шизофрени процеси, кои понекогаш даваа неверојатно инвентивни и за-чудни резултати.

Во оваа зона на културен хаос почна да се создава и еден автентичен андерграунд - носител на сите алтернативни културни промени во последните неколку децении од пос-

тоењето на СФРЈ. Тоа беше појавата на постмодерната на ова подрачје, а оваа култура се создаде во опозиција на институ-ционалната (елитна) култура. Но постмодерната беше уште „пострашна“ и понеразбирлива за масите. По распадот на СФРЈ културните процеси ги зафати воена психоза. Културни-те институции дотогаш стимулирани од елитата сега почнаа да пропаѓаат, следејќи ја пропаста на истата политичка ели-та што ги поддржуваше.

Одеднаш на политичката сцена почнаа да се појавуваат политички партии со популистичка стратегија за привлеку-вање на масите. Оваа борба за гласачи го симплифицираше политичкиот говор и културата, а во обид партиите да им се приближат на масите новите политички елити ретардираат во својот естетски вкус до нивото на новокомпонираниот псевдо-фолклорен шунд. Така културата во Македонија ги доживува своите најдраматични и најхаотични периоди во последните пола век.

Гледано од дистанца, овој навидум хаос е всушност ма-чен емпириски процес на приближување на културниот дис-курс на новите политички елити со оној на народните маси. Отпрвин анархичен, заканувачки и ентрописки, овој процес на хармонизација помеѓу волјата на масите и на политички-те елити почна да поприма форма на кооперативност, по-себно на ниво на десницата која се уште во себе ја немаше онаа елитистичка и рафинирана визија за културата како авангарда (од „западен“ происход).

И тука почнува антиквизацијата во Македонија. За прв пат политичката елита и широките народни маси имаат идентични културни преференции и визија. Кај масите тоа е порив по „препознатливост“ и себереализација во мито-лошките сфери. За политичките елити тоа е одбележување на моќта и брендирање на националниот идентитет. Оваа антиквизација е всушност потсвесна желба на една култу-ра (македонската) да го компензира културниот израз, кој го нема. Да го надополни оној така значаен период од ев-ропската уметност во која се создаваше круцијалниот вред-носен систем на европската цивилизација - онаква каква ја познаваме во последните неколку века и која стана не-одминлива културна парадигма на општо - светско ниво. Без оглед на анахроноста на процесот на антиквизацијата, таа станува актуелна со правото на глас на граѓаните.