15
Семинарска работа Po Filozofija Tema Religijata i filozofskiot pogled kon svetot

Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

Семинарска работаPo Filozofija

Tema

Religijata i filozofskiot pogled kon svetot

Skopje,2009

Page 2: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

Содржина

1. Voved...........................................................................................22. Prvite oblici na religijata................................................42.1 Izvori na religijata.............................................................53. Politeizam..............................................................................64. Monoteizam.............................................................................74.1 Hristijanstvo.........................................................................74.2 Islamizam.................................................................................84.2 Judeizam.....................................................................................95. Rezime.......................................................................................106 Koristena literatura............................................................11

2

Page 3: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

1.Вовед

На почетокот на светот бил Човекот, така бесмртен, гол и сам сред нежното зеленило на Рајската градина. Ѕвездите и сонцето го капеле со светлина, живата вода му носела разладување, слатките плодови ја заситувале неговата глад, и единствена дружина му биле ѕверовите.Сето ова совршенство ги содржело нишките на здодевноста. Адам се чувствувал безделен, осамен и постојано незадоволство му се гнездело во срцето и во телото. Севишниот се отповикувал на секоја негова потреба и смислил како да го поправи сето тоа. Смислил да му направи друштво, содавајќи му второ јас , плот од неговата плот, коска од неговата коска, слично на него но сепак различно, од слабината на Адам , Бог извајал женско создание, според ликот на мажот. Од тој миг машкото е раздвоено од женското и двете се надополнуваат во својата спротивност.Адам го открил своето соодветство и своето рамниште- Жената. Двајцата заедно ја откриле Љубовта.

3

Page 4: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

2. Prvite oblici na religijata

Во своите први почетоци религијата била принудена да биде толку практична колку и самиот живот на луѓето што живееле тогаш, како и останатиот духовен живот на човекот во тоа време.Имено, првите размислувања на човекот биле само практични.Животот , пред се , морал да биде безбеден, храната, топлината, заштитата од временските непогоди, избегнувањето на опасноста, биле првите цели на разумот. Во такви фрустрирачки околности, древниот човек барал заштита. Го познаваме древниот човек низ развојните степени што ги поминал, низ спомениците и орудито што ги оставил. Го познаваме низ трагите на уметноста што ги оставил во неговото скромно живеалиште, неговата религија и ставовите за животот што ги имал. Го познаваме низ патиштата на традицијата , бајките, митовите и остатоците од него во нашите сопствени ритуали, верувања и обичаи. Како и да е религијата претставува израз на човековото чувствоза светото, посветеноста кон симболите и верувањата во тоа време. Ова чувство било отсекогаш поврзано со моралните вредности и со структурата на општеството. Историското знаење за религијата датира некаде околу четвртиот милениум пред нашата ера. Општото верување тогас е наречен пантеизм и политеизам,

4

Page 5: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

дека древниот човек нема еден бог туку повеќе и насекаде.Овие народи живееле главно од собирање. Сепак за изучување на примитивната религија е важно да се знае и општественото уредување и степенот на развиеност на старите цивилизации. Племенските народи верувале дека се опкружени од невидливи сили.Овие сили се протегата од мана-безлична моќ што ги пронижува сте неразумни и променливи нешта, како животните така и луѓето, па се до духови и богови. Идејата за мана е поврзана со три облици на верување во нештата во примитивниот свет.Прво, мана е еден аспект од верувањето во магичното-верување дека некои посебни зборови и постапки можат да му дадт на човекот способност да ги контролира невидливите сили во неговата околина. Оваа контрола можела да има позитивна и негативна форма.Човекот може да ја употрби магијата за да им даде на нештата мана и со тоа да ги направи плодни или поплезни или може да користи амајлии-предмети што се обдарени со мана-за да се застити од опасните дејствија и злонамерните сили и суштества. Второ, стравопочитта што се наметнува од мана-та етесно поврзана со свеста за божественото присуство. Луѓето верувале во присуството на свети невидливи сили надвор и во светот околу нив. Онаму каде што се цверувало во постоење такви божества , таму имало и обожување. Трето кое се забележува е наметнување на општествени обичаи и почит.Поглаварите и маѓесниците биле домакини на мана и затоа биле свети. Во тој перод исто така се забележуваат табуа.Постапки кои морало да с избегнуваатпо било која цена дека се екстремно моќни и опасни. Вака, на тој начин, примитивниот општествен живот е пронижан со светоста. Една форма на ваквото уредување е тотемизмот. Пример за ваквото уредување се забележува кај австралиските племиња.Имено, племињата се делат на помали родовски заедници или кланови, а секој од нив добива назив според својот тотем. Тотемот претставувал животно или растение кое е свето и кое претставувал прататко на племето, нивен духовен водич и заштитник од опасностите.Припадниците на тотемот подлежале на свети обреди, им било забрането да го јадат тотемот освен во некои ритуални обреди. Своевремено, изучувачите на религиите мислеле дека тотемизмот израснал во политеизам(верување во многу богови) животните како што тврди оваа теорија постепено стекнувале статис на богови а боговите со тек на време добиле изглед на човек. Но, се докажало дека тотемизмот не се среќава кај некои политеистички религии. Како и да е, дискутабилно е тврдењето дека тотемите се се богови за примитивните племиња. Сепак, тотемите покажуваат како исхраната, ритуалот и обичаите се координирани во првобитното општество и е пример за сложеното испреплетување на светото и световното. Примитивните религии не се разликуваат толку многу од современите светски религии.Тука е концептот за жртвување и претставата дека моралните правила извираат од сили надвор од човечката заедница. Исто така некои народи имаат шамани( руски збор за пророци или лекари) чии говори наликуваат на пророштва. Секогаш кога луѓето веруваат во богови и во духови обично веруваат во еден највисок бог , кој е одалечен од човечките нешта но сепак го замислуваат како создател на човечката раса и како законодавец.

2.1 Извори на религијата

5

Page 6: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

Пред многу години во пештерите во Франција и Шпанија се откриени спектакуларни слики , од кои некои се проценети дека датираат со старост од 15 илјади години, а некои дури и постари.Исти такви слики се откриени и во пештерите на планината Урал.Пештерските слики претставуваат голем интерес за изучувачите на религиите бидејки овие прекрасни слики на животни имаат несомнено магична цел.

Значајно за нив е дека на сликите има човечки фигури и животни, кои најверојатно ги претставувале тотемите.На самите места се најдени и остатоци на луѓе од каменото доба-стари над десет илјади години- посипани со црвен прашок, најверојатно симболичка замена за крвта. Грижата со која биле погребани остатоците покажува дека праисторискиот човек верувал во некој вид на иден живот. Праисториските луѓе имале некој вид заедница, со единствени групни верувања и постапки. Сето ова е знак дека религијата постоела уште оддамна во цивилизацијата.Дали настанла како резултат на еволуцијата на човекот или од општествената потреба или од индивидуалната психологија само делумно се објаснува фактот дека религијата е едена аспект на човековата креативност и моќта да ги надмине сите кризи во неговиот живот. Човековото чувство за за светото низ вековите се променило и се одалечило од магичното и политеистичко верување,а се доближило до верување каде светоста е поистоветена со личност, како Бог во христијанството, Апсолут како во хиндуизмот и будизмот или со самата човечка раса , како во хуманизмот.

3 Политеизам

Под политеизам се подразбира верување во многу богови. Карактеристично за ваквото верување е создавањето митови и спектакуларен култ кон мртвите. Претставници на политеистичкото верување се старите Грци, древните Египјани и Римјаните. Се разликува од тотемизмот и анимизмот по неколку карактеристики. Имено, во политеизмот Богот е секогаш телесна личност, Богот поседува надприродна моќ и надчовечки особини и Богот живее во некој друг, надворешен свет. Овие карактеристики го одвојуваат политеизмот од претходно наведените примитивни религии. Грчката религијамногу се разликувала од источните религии. Кај источните религии страите немилосрдни и зестоки божества како и земните владетели управувале со животот и имотот на своите поданици. Пред нив се паѓало ничкум од стравопочит и за да ги смират боговите им се принесувало жртви. За разлика од овие религии, грчката е посветла религија, поблиску до чобекот во чиј лик ги замислувале боговите. Грчките богови се човечки со позитивни

6

Page 7: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

особини и кај нив мозе да се пронајдат сите човечки својства, завидливост,се караат, се одмаздуваат, мамат итн. Во старогрчкиот и староримскиот облик на политеистичка религија сите богови се антропоморфни. Во стара Грција се верувало дека постојат дванаесет богови на Олимп ( Зевс, Хера, Атина, Посејдон, Деметар, Артемис, Аполон, Хермес, Афродита, Арес, Хефес и Хестија) Дури и во античкиот период религијата била критикувана. Грчкиот филозоф Ксенофан рекол дека боговите не се антропоморфни, додека други филозофи сметаат дека боговите се измислени да ги заплашуваат луѓето кои не се плашат од законите и од оние неправди кои не се регулираат со законот. Во митовите се испреплетуваат сказните за судбините на бесмртниците и смртниците и се обидуваат да се дадат одговори на прашањата кои ги возбудувале луѓето од сите области на природата и општествениот живот. Тоа се верувања за смислата на човекоото постоење, судбината на човекот на овој и оној свет, за славните подвизи на предците од минатото. Исто така и митовите кои настале во долината на реката Нил се драгоцен материјал за проучување на верувањата на старите Египќјани.Египќаните развиле три особености за својата религија. Прво, резвиле спектакуларен култ кон мртвите- култ кој ги навел да пронајдат извонредни техники на балсамирање на човечкото тело. Второ, нивните митови и ритуали им дале посебен статус на фараоните како синови или отелотворувања на боговите. Трето, богот сонце станал доминантен меѓу египетските божества- што е многу разбирливо, бидејќи сонцетое она што доминира во животот во долината на Нил. Одамна пред првите записи на историјата, латинските племиња од крајбрежјето на италија, верувале во голем број безличносни духови и авалеа – натприродни сили. Авалеата престојувале во посебни неста и места кои поради некоја причина биле мистериозни и свети.Латините се користеле со различни ритуали за заштита од злото кои зрачеле од духовите и од авалеата . со тек на времето авалеата и духовите развиле атрибути на личносни богови – пред се богот Јупитер, Марс, Јуно и Минерва.

4. Монотеизам

Монотеизмот или верувањето во еден бог, претставува најсовремен облик на религија кој се задржал до ден денес. Најмасовни монотеистички религии се христијанството, исламот, будизмот и јудеизмот. Сите монотеистички религии имат неколку заеднички карактеристики. Прво, сите се распространети ширум светот. Второ, секоја монотеистичка религија има свој основач(Исус, Мухамед, Буда, Мојсие). Трето, монотеистичките религии се сотеролошки, односно спасувачки, што значи учат за спасение после смртта. Светот и човекот се полни со зло, така спасот треба да се бара во постхумниот свет. Кај сите претстои апокалипса, после која следи таканаречен страшен суд. Монотеизмот настанал така што од политеистичките религии се издвоил еден Бог, посебен по својот онтолошки статус. Исто така пости и претпоставка дека монотеизмот настанал како резултат на спојување на племињата во пошироки заедници, па доминантната заедница успеала да го наметне својот Бог над другите како врховен.

7

Page 8: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

4.1 Христијанство

Христијанството настанало како учење на Исус Христос кој бил митска и историска личност. Христијанството функционално се надоврзува кон јудеизмот, за кој зборуваат четирите евангелија, евангелието по Јован, евангелието според Лука, евангелието според Матеј и евангелието според Марко. Евангелијата се сметаат за завршеток на Стариот Завет. Претставуваат канонски документи за обичаите и моралот на христијанската вера. Тие не претставуваат историски документи за тоа каков бил Исус во суштина, туку ни го пренесуваат мислењето и верувањето во старите општества. Исус Христос се смета за основач на христијанската религија. Верувањето во него е услов за вено избавување и наоѓање душевен мир и спасение. Христијанството- тоа е религија на љубовта. Бог себеси се открива на светот како љубов. Апостолот Јован во своето евангелие му открива на светот едно ново име за Бога, тоа е љубовта. Господ во последната беседа на учениците им дал завет да се сакаат меѓу себе. Верувањето во љубовта значи верување во Бога. Љубовта е онаа тајна која ги разликува уцениците на Христос од учениците на демонот. Љубовта е небесен оган кој Христос го донел на земјата, тој оган мора да го преобрази човекот. Без оганот на љубовта душата на човекот останува ладна. Исус Христос одејќи низ Ерусалим проповедал дека тој не е полотички или воен водач.Тој проповедал прошка и спасение за секого.На луѓето што ги срекавал на патот им велел дека нивните гревови се простени заради Него. Предавањето за ‘‘Простување гревови било нечуено до тогаш ‘‘. Тоа било драматична промена во тој период. Исто така проповедал народот да ги сака своите непријатели.Кога тие ке не удрат, не смееме да им вратиме со иста мерка, проповедал дека треба да го свртиш и другиот образ. И мораме да проштеваме, не седум пати туку седумдесет пати по седум.Не се срамел ниту да зборува со проститутките и превртливците. Рекол дека таквите грешници се почесни во очите божји и повредни за божја прошка отколку луѓето кои одат наоколу и се фалат со своите доблести. Неколку дена откако го распнале на крст и погребан, почнале да се шират гласови дека тој воскреснал и дека навистина бил божји син како што и самиот велел додека бил жив. Неговите апостоли по Неговата смрт продолжќиле да го проповедаат неговото уцење и набргу христијанската религија се распространила ширум светот. Многу стремежи низ историјата условиле да се разграни христијанството на повеке верувања. Имено, по расцепот во западното христијанство, денес разликуваме повеќе видови христијани, православни, католици, протестанти, евангелисти.

4.2 Исламизам

Исламот, под власта на првите калифи (следбеници на Мохамед ) брзо станал светска сила.Само сто години по смртта на Мохамед, Ирак, Персија, Египет и северна Африка паднале пред Коранот. Во првиот век, исламот оставил впечаток на многумина кои сметале дека христијанската вера е премногу

8

Page 9: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

сложена формалност. Исламот не наметнувал некои посебни строги барања и поседувал лесно разбирлива теологија. Освен тоа, арапските христијани научиле да не му веруваат на византиското христијанско царство и биле подготвени да го променат своето теолошко гледиште. Мохамед бил роден околу 570 година во Мека, Арабија. Пред смртта воспоставил едно етичко монотеистичко верување, со кое ги обединил раштрканите арапски народи, поставувајќи темели на едно големо царство во историјата. Мохамед бил сирак одгледуван од неговиот вујко. Се озенил со керката на својот работодавец и со нејзе имал многу деца.Најпрво поцнал со проповеди со мала група, вклучувајки ги и членовите од своето семејство. Проповедал дека Алах е единствениот бог а тој самиот негов пророк. Во светат книга на муслиманите – Коранот, се зборува за единството на Бог. Од секој муслиман се бараат пет должности. Прво, изјавта за верувањето, дека нема друг Бог освен Алах, а Мохамед неговиот проповедник. Второ, е должноста за рецитирање на молитвата пет пати дневно. Третата обврска е постот, особено во текот на месецот Рамазан. Четврта обврска е давањето милостина и на крај петтата дека секој муслиман мора да мине барем еден аџилак до Мека во текот на својот живот. Моралните барања на исламот не се строги. Полигамијата била озаконета уште од самиот почеток, а свинските јадења и алкохолните пјалоци забранети.Тоа, заедно со една едноставна религиозна порака, му помогнала на исламот да се рашири од Хималаите до пиринеите уште во првиот век по смртта на Пророкот. Со текот на времето и во исламот настанала поделба помеѓу верниците. Најдлабоката поделба денес, меѓу верниците, потекнува од спорот што се развил околу наследството на привремената моќ и духовниот авторитет на Мохамед. Малцинството шиити, веруват дека калифатот мора да биде ограничен на четвртиот калиф Али. Но една друга група, сунити, сметаат дека владеењето на еден човек со исламот никогаш не било реалност по смртта на основачот.Соперничките калифи кои се бореле за власт , успеале да го поделат царството за само едно поколение после смртта на Мохамед. Сепак муслиманите се покажале толерантни и покрај разликите во интерпретацијата. Изворното единство на верата и обичаите врз основа на Коранот, било сочувано, текстот бил строго сочуван а деловите секогаш биле прифаќани како основа за сето правилно размислување и поведение.

4.3 Јудаизам

Јудеизмот е најстарата од трите монотеистички религии. Основното верување е дека постои само еден Бог , кој етворец и владетел на целиот свет, кој гледа и знае се, кој своите закони ги објавил во Тората. Центарот на еврејското учење е синагогата, куќа на молитвата и учењето, а рабините духовни водачи и учители во Законот. Рабините во Вавилон забележале една впечатлива збирка на традиции, позната како Талмуд ( со значење поука ). Збирката вклучува исцрпни објаснувања за граѓанските и религиските закони, коментари за моралните прописи, делови од биографии, фолклор, историја, наука. Токму Талмудот заедно со другите дела кои биле создадени, му дале

9

Page 10: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

облик и супстанца како и моќ за опстанок на јудаизмот кој бил искорнет од својата татковина. Библијата не го докажува постоењето на Бог, тој постои и е вечен, единствен владетел со светот. Тој го створил светот и човекот во него. Човекот е поврзан со Бог преку молитвите. Затоа Бог им го дал на луѓето законот или Тората за да се зацврсти Неговото кралство. Според Тората, сите луѓе се направени еднакви и сите луѓе имаат свое достоинство. Законот наредува взаемно почитување на сите поеднакво, како и помагање на сите на кои им е потребна помош. На болните, на сиромашните, на странците. Постојано ги потсетува на егзодусот на Евреите и на историјата дека тие во Египет биле странци и дека Израелците сега треба да им помагаат на странците и да бидат гостопримливи, да им помагат на сите луѓе на кои им треба помош, како што тоа го направил Мојсеј, нивниот пророк и го избавил еврејскиот народ од заточеништво и ропство. Во Јудаизмот , спасение се постигнува во овј свет и живеејќи низ него. Човекот треба да живее со изобилствата кои ги нуди земјата, да се грижи за нив и за доброто на целото човештво. Иако се верува во бесмртноста на дусата и во зивот после смртта, сепак повеке внимание се обраќа на животот на земјата отколку на животот после смртта.

5. Резиме

Човекот живее во свет од идеи кои ги создал тој самиот низ низа поколенија и векови. Луѓето станале свесни за себе откако станале свесни за физичкиот свет околу нив. Притоа накусо се повторувала интелектуалната историја на нивниот вид. Секоја религија дава свое видување за природата на човекот и за поведението на луѓето, при што успеале да ги задржат луѓето кон остварување морален живот, влевајќи им чувство на единство и припадност со истоимените верници. Соодветноста на моралниот живот и моралните правила е придонесот кон колективното задоволување на желбите и принципите. Но, со текот на вековите, луѓето согледале дека принципите и моралните норми можат да бидат променети , и тоа не само променети, но подобрени. Така започнало разработувањето на нови концепти за правилно поведение на личноста за задоволување на општественото поведение.

10

Page 11: Religijata i Filozofskiot Pogled Na Svetot

6. Koristena literatura

1. Izvori od internet:- http://hristijanstvo.com/

- http://www.step.hr/duhovnost/religije/judaizam.shtml - http://i-cias.com/e.o/islamism.htm

11