3
Традиционални занаети и уметности Име ФИЛИГРАН Краток опис Филигранот е еден од традиционалните занаети во Охрид што во овој регион се практикувал со векови наназад и сé уште се негува на оригинален начин. Со совршена преработка на златото и среброто мајсторите, златари и кувенџии, создавале и сé уште создаваат автентични предмети. Во минатото тие изработувале сребрени и златни крстови, кандила и други предмети за многубројните цркви и манастири, како и разновиден накит-прстени, обетки, појаси, пафти, белегзии, ѓердани како и разновидни садови и предмети за различна намена-лажици, сервиси за кафе, табакери за цигари и слично. Вангел Деребан е еден од најистакнатите македонски претставници на оваа традиција што е долга повеќе од 200 години. Работилницата на овој единствен занаетчија од овој вид во Охрид, кој сé уште го изработува прочуениот филигрански накит, се наоѓа во охридската чаршија. Фотографии Име РЕЗБА Краток опис Охридската резбарска школа датира уште од XIII век. Мајсторите резбари сé уште работат и го пренесуваат го своето знаење од татко на син, продолжувајќи ја на тој начин оваа долга традиција. Употребувајќи орев и други видови дрво, тие изработуваат мебел, икони, сувенири и други предмети, користејќи притоа неколку различни резбарски техники како што се плитката резба, длабоката, поткопаната и скрозираната. Најстарото познато резбарско дело што денес се чува во Охрид е дрвената релјефна икона на св. Климент Охридски што датира од крајот на XIII век. Во Охрид исто така се наоѓа и најстариот дрвен иконостас во резба од XIV век што е сочуван во црквата Св. Врачи Мали. Повеќето современи резбарски ателјеа се наоѓаат во стариот дел на Охрид. Константин Аиновски-Кочо, чие што ателје "Барок" се наоѓа во близина на Долна Порта е претставник на помладата генерација охридски резбари. Фотографии Име ОХРИДСКИ БИСЕР Уште од 1924 година охридскиот бисер е дел од македонското национално богатство. За разлика од

Religious Events

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Religious Events

Citation preview

Page 1: Religious Events

Традиционални занаети и уметности

Име ФИЛИГРАН

Краток опис

Филигранот е еден од традиционалните занаети во Охрид што во овој регион се практикувал со

векови наназад и сé уште се негува на оригинален начин. Со совршена преработка на златото и

среброто мајсторите, златари и кувенџии, создавале и сé уште создаваат автентични предмети.

Во минатото тие изработувале сребрени и златни крстови, кандила и други предмети за

многубројните цркви и манастири, како и разновиден накит-прстени, обетки, појаси, пафти, белегзии,

ѓердани како и разновидни садови и предмети за различна намена-лажици, сервиси за кафе,

табакери за цигари и слично.

Вангел Деребан е еден од најистакнатите македонски претставници на оваа традиција што е долга

повеќе од 200 години. Работилницата на овој единствен занаетчија од овој вид во Охрид, кој сé уште

го изработува прочуениот филигрански накит, се наоѓа во охридската чаршија.

Фотографии

Име РЕЗБА

Краток опис

Охридската резбарска школа датира уште од XIII век. Мајсторите резбари сé уште работат и го

пренесуваат го своето знаење од татко на син, продолжувајќи ја на тој начин оваа долга традиција.

Употребувајќи орев и други видови дрво, тие изработуваат мебел, икони, сувенири и други предмети,

користејќи притоа неколку различни резбарски техники како што се плитката резба, длабоката,

поткопаната и скрозираната. Најстарото познато резбарско дело што денес се чува во Охрид е

дрвената релјефна икона на св. Климент Охридски што датира од крајот на XIII век.

Во Охрид исто така се наоѓа и најстариот дрвен иконостас во резба од XIV век што е сочуван во

црквата Св. Врачи Мали.

Повеќето современи резбарски ателјеа се наоѓаат во стариот дел на Охрид. Константин

Аиновски-Кочо, чие што ателје "Барок" се наоѓа во близина на Долна Порта е претставник на

помладата генерација охридски резбари.

Фотографии

Име ОХРИДСКИ БИСЕР

Уште од 1924 година охридскиот бисер е дел од македонското национално богатство. За разлика од

Page 2: Religious Events

Краток опис

обичниот бисер, чија што трајност е од 100 до 150 години, по што почнува да се дроби и рони,

свиленкастите и совршено мазни зрна на охридскиот бисер се вечни. Самата технологија на неговото

производство е семејна традиција, пренесувана од генерација на генерација. Сите материјали што се

користат за изработка на охридскиот бисер се природни. Зрната на охридскиот бисер се

изработуваат од најфини школки од тропските мориња и океани, кои потоа се премачкуваат со

неколку слоеви специјална емулзија. Основа на оваа емулзија е рибиното масло што се добива од

крлушките на ендемската мала риба "плашица" што живее само во Охридското Езеро.

Во Охрид има само две семејства, Филеви и Талеви, кои го чуваат тајниот рецепт за изработка на

охридскиот бисер и нудат широк спектар накит изработен од бисер или само украсен со охридски

бисери. Продавниците на овие семејства, производители на охридскиот бисер, се наоѓаат во срцето

на охридската чаршија и во стариот дел на градот.

Фотографии

Име ОБРАБОТКА НА БАКАР-КАЛАЈЏИСТВО

Краток опис

Потеклото на калајџискиот занает во Охрид е некаде во XIX век. Бакарџиите и калајџиите се истите

занаетчии кои предметите ги изработуваат најпрвин од бакар, а потоа ги калаисуваат со калај, но исто

така вршат и поправка на оштетени бакарни предмети.

Овој занает во Охрид го донеле власите од Крушево. Во 1914 година во Охрид постоеле две доста

познати бакарџиско-калајџиски работилници кои изработувале разновидни предмети и садови за

домаќинството како ѓумови, ибрици, тепсии, котли и котлиња, тави, ѓезвиња итн. Тие исто така

изработувале и големи казани за печење ракија кои биле и најскапо продаваните производи на овој

занает.

Фотографии

Име ОББРАБОТКА НА КОЖА-ЌУРЧИСТВО И ОПИНЧАРСТВО

Краток опис

Во XVIII и XIX век Охрид бил развиен центар на кожарскиот и ќурчискиот занает кој бил еден од

најдоходовните и од кој добро се живеело, како и од трговијата со приозводите од кожа и крзно. Овие

занаетчии биле добро познати и во економските кругови не само на Балканот туку и во Европа.

Кожарите и ќурчиите ги преработувале кожите од домашните животни како што се овците, јагнињата,

козите, говадата, но и од дивите како црвената лисица, зајакот и други видови и од нив изработувале

разни предмети за потребите на луѓето како што се машките капи, шубари, женски крзна и други

помали предмети од кожа.

Опинчарскиот и кондураџискиот занает е исто така еден од најстарите и највообичаени занаети во

Page 3: Religious Events

Охрид кон крајот на XIX и почетокот на XX век, кога веќе се развил во современа кожарска индустрија.

Сировиот материјал за изработка на чевли и опинци главно го носеле од Солун битолските трговци.

За жал, денес постојат само уште неколку дуќани кои изработуваат кожени опинци, ремени и други

производи и сувенири.

Фотографии

Име ГРНЧАРСТВО

Краток опис

Корените на грнчарскиот занает во Македонија датираат уште од праисторијата и преку антиката,

византискиот и пост-византискиот период тој трае до ден-денес.

Не може ни да се замисли пазарен ден на локалниот, охридски шаренолик пазар без грнчарски

производи, изработени од локалните занаетчии. Овој занает со долга традиција се негува и ден-денес

во речиси неизменети услови и со истите алати кои се употребувале со векови наназад. Волшебните

прсти на мајсторите-грнчари и двале разни форми на безобличната глина додека со нозете

рамномерно го вртеле грнчарското колце.

Фотографии

Име ТКАЕЊЕ И ЌИЛИМАРСТВО

Краток опис

Ова е еден од занаетите што е речиси целосно изумрен во Охрид, но сепак, во руралните области во

неговата околина, сé уште може да се пронајдат вредни ткајачки кои изработуваат домашно платно и

други ткаени материјали на своите стари, дрвени разбои. Потоа овие материјали се користат за

изработка на облека како бечви, очарски гуни и други делови од облеката.

Во прекрасните, рачно изработени ќилими, ткајачките го вткајувале сето свое искуство и фантазија,

создавајќи извонредни шари во сите бои на виножитото. Во Охрид и во целиот охридски регион може

да се најдат ткаени предмети со карактеристични локални обележја.

Фотографии