205
1/2 Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки постапувајќи по жалбата на жалителот – „МУЛТИТЕКС“ ДОО – Битола, изјавена во постапката за доделување на договор за јавна набавка спроведена по Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.05-91/2016 за набавка на средства за хигиена на договорниот орган - ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола, врз основа на член 220 став (2), а во врска со член 221 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015,бр.78/2015,бр.192/2015, бр.27/2016 и 120/2016), на 49 -та Седница одржана на ден 14.09.2016 година, го донесе следниот: ЗАКЛУЧОК 1. СЕ ЗАПИРА постапката по жалбата на жалителот „МУЛТИТЕКС“ ДОО – Битола, изјавена против постапката за доделување на договор за јавна набавка спроведена по Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.05-91/2016 за набавка на средства за хигиена на договорниот орган - ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола. 2. Против овој Заклучок не е дозволена посебна жалба. О б р а з л о ж е н и е Договорниот орган ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола, објавил Барање за прибирање на понуди со објава на оглас бр.05- 91/2016 за набавка на средства за хигиена и ја спровел постапката за јавна набавка до одржување на електронската аукција. Незадоволен од постапката за евалуација на понудите и електронската аукција, жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор „МУЛТИТЕКС“ ДОО – Битола, во која наведува дека договорниот орган не ја зел предвид неговата понуда во фазата на евалуација на понудите, како и на електронската аукција, па предлага договорниот орган да постапи согласно член 221 од Законот за јавните набавки. Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека по приемот на жалбата констатирал дека истата е основана во целост, односно дека направена била техничка грешка при спроведувањето на постапката

RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/2

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки постапувајќи по жалбата на жалителот – „МУЛТИТЕКС“ ДОО – Битола, изјавена во постапката за доделување на договор за јавна набавка спроведена по Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.05-91/2016 за набавка на средства за хигиена на договорниот орган - ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола, врз основа на член 220 став (2), а во врска со член 221 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015,бр.78/2015,бр.192/2015, бр.27/2016 и 120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година, го донесе следниот:

ЗАКЛУЧОК

1. СЕ ЗАПИРА постапката по жалбата на жалителот „МУЛТИТЕКС“ ДОО – Битола, изјавена против постапката за доделување на договор за јавна набавка спроведена по Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.05-91/2016 за набавка на средства за хигиена на договорниот орган - ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола.

2. Против овој Заклучок не е дозволена посебна жалба.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола, објавил Барање за прибирање на понуди со објава на оглас бр.05-91/2016 за набавка на средства за хигиена и ја спровел постапката за јавна набавка до одржување на електронската аукција.

Незадоволен од постапката за евалуација на понудите и електронската аукција, жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор „МУЛТИТЕКС“ ДОО – Битола, во која наведува дека договорниот орган не ја зел предвид неговата понуда во фазата на евалуација на понудите, како и на електронската аукција, па предлага договорниот орган да постапи согласно член 221 од Законот за јавните набавки.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека по приемот на жалбата констатирал дека истата е основана во целост, односно дека направена била техничка грешка при спроведувањето на постапката

Page 2: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/2

за доделување на договор за јавна набавка, така што наместо да закаже електронска аукција за прифатливите понудувачи, било упатено барање за поднесување само на конечна цена до еден економски оператор. Договорниот орган наведува дека ја уважува жалбата на жалителот согласно член 221 од Законот за јавните набавки.

Оттука, Државната комисија разгледувајќи ги доставените писмени докази, како и наводите на двете страни, утврди дека договорниот орган постапил согласно со одредбите од член 221 од Законот за јавните набавки кој предвидува: „1) Ако договорниот орган по приемот на жалбата, најде дека истата е делумно или во целост основана, може постојната одлука да ја стави вон сила, односно да донесе нова одлука, или да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, да го исправи дејствието, да го преземе дејствието што го пропуштил или да спроведе нова постапка за доделување на договор за јавна набавка, со известување на учесниците во постапката на начин пропишан со овој закон, во рок од пет дена од приемот на жалбата. 2) Против новата одлука, дејствие или пропуштање за преземање дејствие, подносителот на жалбата има право на жалба под условите предвидени со овој закон“ и 3) Договорниот орган кој ги користи овластувањата пропишани со овојчлен, должен е за тоа да ја извести Државната комисија со доставување нановата одлука, односно докази за доставување на истата на жалителот.

Со оглед на тоа што, договорниот орган постапил согласно со член 221 од Законот за јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе заклучок со кој се запира постапката по жалбата на жалителот „МУЛТИТЕКС“ ДОО – Битола.

Бр.08-506/9 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Битолаул. Елпида Караманди бр.28 Битола - „МУЛТИТЕКС“ ДОО Битола, Св. Нектариј Битолски 141 Битола

Page 3: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/7

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје, наш број 08-490/1 од 26.08.2016 година, изјавена против постапката за отворање на понудите спроведена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка бр.11/2016, за набавка на услуги – обука за возачи за Ц и Ц+Е категорија, на договорниот орган Агенција за вработување на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и 120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје изјавена против постапката за отворање на понудите спроведена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка бр.11/2016, за набавка на услуги – обука за возачи за Ц и Ц+Е категорија, на договорниот орган Агенција за вработување на Република Македонија, СЕ ОДБИВА КАКО

НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки еконечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје изјавил жалба против постапката за отворање на понудите спроведена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка бр.11/2016, за набавка на услуги – обука за возачи за Ц и Ц+Е категорија, на договорниот орган Агенција за вработување на Република Македонија, бидејќи смета дека договорниот орган во постапката за доделување на договорот за јавната набавка сторил пропусти при постапката за отворањето на понудите, па предлага жалбата да се уважи, а да се поништи конкретната постапка за доделување на договор за јавна набавка.

Во одговорот на жалбата бр.08-490/1 од 01.09.2016 година, договорниот орган наведува дека жалбените наводи на жалителот се

Page 4: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/7

неосновани и предлага Државната комисија жалбата да ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворање на понудите, листата на економски оператори кои имаат негативна референца, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган Агенција за вработување на Република Македонија, спровел постапка за јавна набавка согласно член 17 став 1 алинеја 2 и став 2 од Законот за јавните набавки, по Оглас за доделување на договор за јавна набавка бр.11/2016, за набавка на услуги – обука за возачи за Ц и Ц+Е категорија, за која што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.05-1027/1 од 10.06.2016 година. Договорниот орган во однос на исполнување на барањата од техничките спецификации спровел анализа и истражување на пазарот. Предметот на набавката не бил делив, постапката се водела хартиена форма и било предвидено постапка да заврши без е-Аукција. Договорниот орган како критериум за избор определил најниска цена.

До крајниот рок за поднесување на понудите 17.08.2016 година до

13:00 часот, до договорниот орган пристигнала 1 (една) понуда на економскиот оператор Авто школа „МАРТИН“ ДООЕЛ Скопје.

Незадоволен од постапката за отворање на понуди, жалба до

Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје.

Page 5: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/7

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека останал незадоволен од

постапката за отворање на понудите и укажува дека на ден 24.08.2016 година примил допис од договорниот орган бр.05-1027/4 од 19.08.2016 година насловен како: ,,Враќање на задоцнета понуда“. Договорниот орган констатирал дека понудата на жалителот, во архивата стигнала по истекот на дефинираниот краен рок, односно на ден 17.08.2016 година во 13 часот и 7 минути, што било евидентно од надворешниот плик на кој било регистрирано времето на прием на понудата кај договорниот орган. Жалителот, навремено согласно член 216 став 2, точка З, од Законот за јавните набавки смета дека постапката за јавни набавки е неправилна и незаконита, поради сторени дејствија и пропуштање на дејствија од страна на договорниот орган. Жалителот истакнува дека договорниот орган и покрај тоа што констатирал дека на надворешниот плик, како време на прием бил запишан датумот 17.08.2016 година и терминот 13 часот и 7 минути, сепак ја отворил понудата, ја евалуирал, па најверојатно откако увидел дека понудата на жалителот била многу поповолна од понудата на другиот учесник, неговата понуда ја прогласил за задоцнета и ја вратил назад. Жалителот укажува дека вредноста на јавната набавка била 1.800.000,00 денари, а неговата понуда била 1.414.000,00 денари, односно 386.000,00 денари пониска од вредноста на јавната набавка, а 356.000,00 денари пониска од понудата на другиот учесник. Жалителот наведува дека договорниот орган воопшто не требало и не смеел да го отвори пликот во кој се наоѓала неговата понуда, туку истиот, откако констатирал дека понудата на жалителот била доставена по истекот на рокот, требало да донесе соодветен акт, со кој ќе ја отфрлел неговата понуда. Жалителот предлага согласно член 226 од Законот за јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки да закаже и одржи усна расправа на која ќе се разрешат дилемите во постапката. Понатаму, жалителот наведува дека во архивата на договорниот орган пристигнал на 17.08.2016 година во 12:40 часот и побарал неговата понуда да биде примена, но понудата била примена по 13:00 часот. Договорниот орган го известил жалителот со допис насловен како „Враќање на задоцнета понуда“ бр.05-1027/4 од 19.08.2016 година, а смета дека требало за истото да се донесе одлука. Со оглед на се наведено, жалителот предлага жалбата да се уважи, а да се поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците сторени во постапката.

Page 6: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/7

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган наведува дека жалбата на жалителот е во целост неоснована, постапката за јавна набавка е правилна и законита и не се пропуштени дејствија од страна на договорниот орган и не се сторени неправилности во однос на спроведување на постапката. Врз основа на објавениот Оглас број 11/2016 и тендерската документација, договорниот орган истакнува дека во точка 12, потточка 12.1 како и врз основа на одредбите од Законот за јавните набавки било предвидено дека јавното отворање на понудите започнува на место и во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите. Во смисла на горенаведеното, во конкретната постапка дефиниран бил крајниот рок за поднесување на понудите - 17.08.2016 година во 13:00 часот. Понудата за јавната набавка на жалителот во архивата на Агенцијата за вработување на Република Македонија, како договорен орган пристигнала во 13 часот и 07 минути и истото било евидентирано на надворешниот плик во горниот десен агол), на кој било регистрирано времето на прием на понудата кај договорниот орган. Понудата од жалителот пристигнала подоцна од утврдениот краен рок за поднесување на понудите и истата била примена во Архивата на договорниот орган, но не била разгледувана, односно не била земена предвид во натамошната постапка. Имено, комисијата за јавни набавки на договорниот орган, извршила јавно отворање единствено на останатите навремено доставени понуди согласно член 136 став 3 од Законот за јавните набавки, согласно кој „При јавното отворање на понудите, ниту една понуда не смее да биде отфрлена, освен тие кои се поднесени по крајниот рок за поднесување на понудите.“. Комисијата ја вратила задоцнетата понуда до жалителот со Известување бр.05-1027/4 од 19.08.2016 година со кое и го известила дека истата не е разгледувана, односно не била земена за евалуација. Притоа, со оглед дека задоцнетата понуда на жалителот која била доставена во затворен и необележан коверт (бидејќи согласно Законот за јавните набавки понудите се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, повикување на бројот на огласот, назив на договорниот орган и адреса), договорниот орган за да може да ја врати понудата на понудувачот и да го извести понудувачот за причините за враќањето, било неопходно да го отвори ковертот за да се види кој е понудувачот на кого треба да се врати понудата и точната адреса на понудувачот на која ќе се достави известувањето и на која ќе се врати задоцнетата понуда. Видно од доставените докази - ковертите може да се утврди дека надворешниот коверт не бил правилно означен и не ги содржел горенаведените елементи предвидени со Законот за јавните набавки (не бил наведен бројот на огласот), а ознаките/елементите кои требало да ги содржи надворешниот коверт, биле наведени на внатрешниот коверт, кој

Page 7: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/7

пак не го содржел името/називот на испраќачот - понудувачот, па било неопходно да се отвори и внатрешниот коверт за да се утврди кој бил понудувачот и адресата за да се врати задоцнетата понуда. Со оглед на наведеното, договорниот орган предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје е неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки не го прифати жалбениот навод според кој договорниот орган сторил повреда на одредбите на Законот за јавните набавки кои се однесуваат на отворањето на понудите. Имено, Државната комисија за жалби по јавни набавки од приложената документација утврди дека понудата на жалителот во Архивата на Агенцијата за вработување на Република Македонија, кај договорниот орган пристигнала во 13 часот и 07 минути и истото било евидентирано на надворешниот плик како времето на прием на понудата кај договорниот орган. Во врска со наведеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган во Записникот за отворање на понудите од 17.08.2016 година констатирал дека една понуда е задоцнета, по што ја вратил задоцнетата понуда до жалителот со Известување бр.05-1027/4 од 19.08.2016 година со кое и го известил дека истата не е разгледувана, и дека нема да биде земена во евалуација согласно точка 12 потточка 12.1 од тендерската документација.

Државната комисија за жалби по јавни набавки не го прифати

предлогот на жалителот за одржување на усна расправа согласно член 226 од Законот за јавните набавки, од причина што смета дека постојат доволно факти и докази врз основа на кои Државната комисија може да одлучува по изјавената жалба.

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон особено

се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Page 8: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/7

Согласно член 136 од Законот за јавните набавки: „(1) Отворањето на понудите кај отворената постапка, втората фаза од ограничената постапка и кај фазата на поднесување на понудите од конкурентниот дијалог е јавно. (2) Јавното отворање на понудите започнува на место и во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, освен кај набавката на консултантски услуги. (3) При јавното отворање на понудите ниту една понуда не смее да биде отфрлена, освен тие кои се поднесени по крајниот рок за поднесување на понудите. (4) Пред почетокот на отворањето на понудите комисијата го утврдува бројот на пристигнатите понуди, ги проверува овластувањата на овластените претставници и ги утврдува измените, замените или повлекувањата на понудите, како и нивната навременост и пропишаната исправност на поднесувањето на понудите. (5) При читањето на понудите, задолжително треба да се прочита: - повикувањето на бројот на огласот, - името на понудувачот, - цената на понудата и валутата во која е искажана понудата, - евентуално дадениот попуст и - понудената гаранција. (6) Договорниот орган во тендерската документација може да дефинира и други елементи кои ќе бидат прочитани на јавното отворање.“.

Согласно член 137 од Законот за јавните набавки: „(1) Комисијата ќе

пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. (2) Кај набавка на консултантски услуги комисијата најпрвин ги евалуира техничките понуди, а по евалуацијата на техничките понуди во согласност со условите од тендерската документација, закажува јавно отворање на финансиските понуди на прифатливите понудувачи при што, сите понудувачи мораат да бидат известени за датумот, времето и местото на јавното отворање на финансиските понуди.“.

Согласно член 138 од Законот за јавните набавки: „(1) Претставниците

на понудувачите треба да достават писмено овластување од понудувачот за нивно учество на јавното отворање на понудите. (2) Комисијата води евиденција на присутните овластени претставници на понудувачите кои учествуваат на јавното отворање на понудите.“.

Во врска со член 216 став 2 алинеја 3 од Законот за јавните набавки:

„(2) Жалбата се изјавува во рок од осум дена односно три дена кај постапката со барање за прибирање на понуди од денот на: отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите.“.

Page 9: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/7

Согласно член 211 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“.

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки. Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-490/7 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Авто школа „ШКОРПИОН“ ДООЕЛ Скопје ул. „1612“ бр.3/1 л.1 Скопје - Агенција за вработување ул. „Васил Ѓоргов“ бр.43 Скопје

Page 10: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Томо Томовски – член и Сузана Раваноска - член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот „ВИНЕР ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП“АД Скопје, наш број 08-498/1 од 31.08.2016 година, изјавена против Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.32-88/2/2016, за набавка на услуги за осигурување, на договорниот орган - ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ - Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и 120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ВИНЕР ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП“ АД Скопје, изјавена против Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.32-88/2/2016, за набавка на услуги за осигурување, на договорниот орган - ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ - Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки еконечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ВИНЕР Виена Иншуренс Груп“АД Скопје изјавил жалба, против Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.32-88/2/2016, за набавка на услуги за осигурување, на договорниот орган - ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ - Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган во постапката за доделување на договорот за јавната набавка сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за јавните набавки, погрешно ги применил одредбите на законот кои се однесуваат на правилата за изработка на тендерската документација, како и погрешно ги применил техничките спецификации и критериумите за утврдување на техничката и професионална способност на економските оператори. Од наведените причини, жалителот предлага Државната комисија да ја уважи жалбата и да го поништи објавениот оглас бр.32-88/2/2016 од 24.08.2016 година, или да ја уважи жалбата и му укаже на

Page 11: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/9

договорниот орган истиот да постапи согласно член 169 став 1 алинеја 7 и член 38 став 3 од Законот за јавните набавки, како и да го задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата бр.03-3876/2 од 05.09.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбените наводи на жалителот се неосновани и предлага Државната комисија жалбата да ја одбие во целост како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, извештајот од спроведено истражување на пазарот, огласот објавен на ЕСЈН и во службеното гласило на Европската унија, тендерската документација, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.32-88/2/2016, за набавка на услуги за осигурување, на договорниот орган ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ - Скопје, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.32-88/1 од 23.08.2016 година. Договорниот орган во однос на бараните критериуми во тендерската документација за утврдување на способноста на економските оператори, спровел анализа и истражување на пазарот во Република Македонија, при што од доставените одговори на анкетните прашалници утврдил дека има доволен број на економски оператори кои ги исполнуваат барањата и од тие причини до Советот за јавни набавки не поднел барање за добивање на согласност согласно член 36-а став 2 од Законот за јавните набавки, по што, со оглед на висината на проценетата

Page 12: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/9

вредност на набавката огласот бил објавен на ЕСЈН и во службеното гласило на Европската унија. Предметот на набавката не бил делив, а постапката се спроведувала со користење на електронски средства преку ЕСЈН и било предвидено да заврши со е-Аукција како последна фаза на постапката.

Незадоволен од објавениот оглас за доделување на договор за јавна

набавка со Отворена постапка бр.32-88/2/2016, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „ВИНЕР Виена Иншуренс Груп“ АД Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното: Жалителот наведува дека незадоволен од објавата на тендерската

документација и поставените критериуми за докажување на техничката и професионална способност во отворената постапка број 32-88/2 од 24.08.2016 година, во делот 2.4, посебно точката 2.4.1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, благовремено и во законски предвидениот рок согласно член 216 став 2 алинеја 2 од истиот закон, ја поднел жалбата поради сторени суштествени повреди на одредбите од Законот за јавните набавки, погрешна примена на одредбите на законот кои се однесуваат на правилата за изработка на тендерската документација, како и погрешна примена на техничките спецификации и критериумите за утврдување на техничката и професионална способност на економските оператори. Имено, жалителот наведува дека со објавениот оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.32-88/2/2016 и на тендерската постапка по истиот, договорниот орган сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за јавните набавки, неправилно и погрешно применувајќи ги одредбите од членот 33 став 1, 36 став 1 и 36 - а став 3 од Законот за јавните набавки. Според жалителот неспорно е дека договорниот орган може да дефинира технички спецификации, односно критериуми со кои економските оператори дополнително попрецизно ќе ја докажат нивната техничка и професионална способност, доколку предметот на набавката е од специфичен интерес или обем, но притоа истите мора да се мерливи и да се пропорционални со видот и обемот на набавката и во никој случај не смеат да фаворизираат, да ја ограничуваат конкуренцијата или најмалку да се злоупотребуваат за елиминирање и создавање на нелојална конкуренција, која и тоа како може да влијае на крајниот ефект од реалните потреби на договорниот орган, предметот на јавната набавка. Жалителот истакнува дека токму во врска со погоре наведеното, законодавецот со

Page 13: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/9

одредбите од Законот за јавните набавки потенцира дека јавната набавка треба да обезбеди конкурентност меѓу економските оператори, еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет во процесот, се со цел економските оператори да учествуваат рамноправно во изборот. Жалителот наведува дека видно од објавата во тендерската документација посебно во делот под точката 2.4.1 алинеја 3, неспорно било дека договорниот орган поставил критериум за кој било веројатно дека и нему самиот не му е познат, бидејќи така поставениот критериум бил негативен и не докажува ниту стимулира никаква мерка со која ќе се докаже ефикасноста во работењето на економските оператори, ниту професионалноста поради што така поставениот критериум бил апсолутно несоодветен, бидејќи стимулира учество на јавната набавка на осигурителни компании кои имаат големи технички резерви за штети и голем број на неисплатени штети (всушност токму тоа е и критериумот - да има вкупни Нето технички резерви за штети најмалку 200.000.000 денари во 2015 година). Вака како што договорниот орган го поставил критериумот за докажување на техничка и професионална способност, доколку се гледаат резервираните штети без притоа точно да се утврди колку од нив се стари, нерешени штети во никој случај не можело да се добие реална слика за ефикасноста на економскиот оператор во решавањето на штетите, доколку тоа било интенцијата на договорниот орган. Жалителот смета дека токму поради ваквите или слични ситуации, како олеснување за договорните органи и нивното недоволно познавање и стручност по однос на осигурителната материја, осигурителната фела пред неколку години изработила модел на тендерска документација кој е прикачен на страницата на Бирото за јавни набавки во кој прецизно и јасно се дадени опции за мерливи критериуми од повеќе аспекти од работењето на осигурителните компании кои договорните органи можат да ги применуваат при изработка на тендерска документација и истите да бидат релевантен фактор за оценка на квалитет, професионалност и ефикасност на економските оператори без притоа да се елиминира, дискриминира или ограничува нечие учество во јавната набавка. Оттаму, жалителот потенцира дека со вака поставениот критериум, договорниот орган го ограничил правото за учество и однапред ги елиминирал скоро половина од потенцијалните учесници економски оператори - лиценцираните осигурителни компании, кои имаат капацитет и кредибилитет за избор, што е случај и со жалителот АД ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје, кој всушност во вкупно резервираните штети според официјално објавените статистички извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување имал просечно највисоко поставена резервација по штета, за што во жалбата приложил табеларен приказ на истото. Од сето погоре изнесено, жалителот

Page 14: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/9

предлага Државната комисија да ја уважи жалбата и да го поништи објавениот оглас бр.32-88/2/2016 од 24.08.2016 година, или да ја уважи жалбата и му укаже на договорниот орган истиот да постапи согласно член 169 став 1 алинеја 7 и член 38 став 3 од Законот за јавните набавки.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган дава краток

опис на оспорената постапката за јавна набавка и наведува дека жалбата е неоснована во целост. Имено, според договорниот орган жалителот со жалбата изнел само невистинити наводи, но не и образложение и докази со кои би ги поткрепил истите. Оттаму, договорниот орган за целосно неосновани ги смета наводите на жалителот дека договорниот орган сторил суштествени повреди на одредбите од член 33 став 1, член 36 став 1 и член 36а став 3 од Законот за јавните набавки. Договорниот орган истакнува дека пред спроведувањето на постапката извршил анализа на пазарот во Република Македонија на тој начин што пред објавата на огласот до осигурителните компании достави Прашалник за истражување на пазарот во кој биле наведени четири критериуми за учество на јавната набавка на услугите за осигурување. Во анализата на пазарот биле вклучени економските оператори: „Еуролинк Осигурување“ АД Скопје, „Триглав Осигурување“ АД Скопје, „Сава Осигурување“ АД Скопје, АД „Осигурителна Полиса“ Скопје, „Осигурување Македонија“ АД Скопје и „Уника“ АД Скопје. Анализата на пазарот била започната на ден 16.08.2016 година и завршила на ден до 22.08.2016 година. Од податоците добиени со Прашалникот за истражување на пазарот било констатирано дека сите економски оператори позитивно одговориле на поставените прашања, односно истите ги исполнуваат критериумите кои подоцна се наведени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка. Во врска со наводите дека постоела повреда на член 36 став 1 од Законот за јавните набавки, договорниот орган истакнува дека согласно именуваниот член: „Договорниот орган не смее да дефинира технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство, изведба, определен процес или трговски марки, патенти, видови или специфично потекло на стоки со цел фаворизирање или елиминирање на определени економски оператори или определени стоки“ видно од спроведената анализа на пазарот сосема било јасно дека не постои фаворизирање или елиминирање на економски оператори. Уште повеќе се потврдувал фактот дека сите економски оператори се апсолутно рамноправни согласно податоците од прашалниците за истражување на пазарот. Договорниот орган обезбедил повеќе од 5 потврдни одговори и поради таа причина без согласност на Советот за јавни набавки, го објавил Огласот број 32-88/2/2016 и притоа ги известил сите економски оператори кои биле вклучени во анализата на

Page 15: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/9

пазарот за објавата на огласот на 24.08.2016 година. Договорниот орган исто така напоменува дека се до моментот на вложување на жалбата од АД „ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп“ Скопје, истиот не наишол на поставено прашање од економски оператор, нити забелешка во однос на сето наведеното во жалбата на жалителот. Ниту еден економски оператор вклучен во анализата на пазарот, нити пак од оние кои ја преземале тендерската документација до овој момент не дале никаква забелешка на тендерската документација. Оттаму, според договорниот орган неосновани се наводите на жалителот истакнати во жалбата дека тендерската документација не е во согласност со Законот за јавните набавки и дека довела до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција во делот за докажување на техничка и професионална способност каде што во точка 2.4 се бара кои минимум услови треба да ги исполнува економскиот оператор. Поради се наведено, договорниот орган предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата на жалителот како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор „ВИНЕР Виена Иншуренс Груп“ АД Скопје е неоснована. Државната комисија за жалби по јавни набавки изврши увид во објавениот огласза доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.32-88/2/2016, за набавка на услуги за осигурување, на договорниот орган - ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ - Скопје, и не го прифати жалбениот навод според кој договорниот орган сторил повреда на одредбите Законот за јавните набавки кои се однесуваат на објавениот оглас и податоците објавени во истиот. Во однос на жалбениот навод за сторена битна повреда на Законот за јавните набавки во однос на тендерската документација, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека истите се недозволени во оваа фаза од постапката за јавна набавка, имајќи го предвид рокот за отворање на понудите од предметната јавна набавка и одредбите од член 216 став 2 алинеја 3 од наведениот закон.

Page 16: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/9

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: Со овој закон особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.

Во согласност со член 36-а став 2 и 3 од Законот за јавните набавки: (2) Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка доколку предвиди критериуми за утврдување способност, освен лична состојба и способност за вршење професионална дејност, кои може да ги исполнат: - три или помалку од три економски оператори на пазарот во Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност до 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, - четири или помалку од четири економски оператори на пазарот во Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност над 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ или - пет или помалку од пет економски оператори на пазарот во Република Македонија кај отворената постапката, ограничената постапка, постапката со преговарање со претходно објавување оглас и кај конкурентниот дијалог. (3) По донесување на одлуката за јавна набавка а пред објавување на огласот, лицата што ги дефинираат техничките спецификации и критериумите за утврдување способност се должни да изготват соодветно образложение за оправданоста за нивно користење по претходна анализа на пазарот и да дадат извештај до одговорното лице со предлог во смисла за потребата од обезбедување согласност од Советот.

Согласно член 51 став 1 и 3 од Законот за јавните набавки: (1)

Договорниот орган обезбедува транспарентност при доделувањето на договорите за јавни набавки, спроведувањето на конкурсите за избор на идејно решение и при склучувањето на рамковни спогодби, со објавување на претходно индикативно известување, оглас за доделување на договор за јавна набавка, известување за склучен договор и/или известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, и (3) Владата го донесува Општиот поимник за јавни набавки.

Согласно член 53 од Законот за јавните набавки: (1) Договорниот орган објавува оглас за доделување на договор за јавна набавка кога: - спроведува отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог или

Page 17: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/9

постапка со преговарање со претходно објавување на оглас или - спроведува конкурс за избор на идејно решение. (2) Во огласот за доделување на договор за јавна набавка задолжително се објавува и проценетата вредност без вклучен ДДВ.

Во врска со член 54 од Законот за јавните набавки: „(1) Огласот за доделување на договор за јавна набавка за отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог, постапка со преговарање со претходно објавување на оглас и конкурс за избор на идејно решение се доставува за објавување на ЕСЈН и во „Службен весник на Република Македонија“. (2) Ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка без вклучен ДДВ е над 50.000 евра за стоки и услуги, односно над 200.000 евра за работи, огласот за доделување договор за јавна набавка задолжително се објавува во Службено гласило на Европската унија. Договорниот орган може да го објави огласот од овој став и во соодветна деловна публикација или технички или професионален весник кој е достапен на пошироката меѓународна стручна и друга јавност. (3) Преводот на огласот од ставот (2) на овој член на англиски јазик со изјава го потврдува преведувач кој поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик со најмалку Ц1 ниво или еквивалентно. (4) Постапката за доделување договор за јавна набавка започнува со објавувањето на огласот, односно со испраќањето на поканата за доставување понуда кај постапката со преговарање без објавување на оглас. (5) „Службен весник на Република Македонија“ и Бирото се должни да го објават огласот за доделување на договор во рок од пет работни дена од денот на приемот на огласот.“.

Согласно член 210 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција.

Согласно член 216 став 2 алинеја 2 и 3 од Законот за јавните набавки:

„Жалбата се изјавува во рок од осум дена односно три дена кај постапката со барање за прибирање на понуди од денот на: - објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот, и - отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите.“.

Page 18: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/9

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон“. Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки. Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-498/7 14.09.2016год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова Доставено до: - Архива; - ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје ул. „Париска“ бб Скопје - „ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРEНС ГРУП“ Скопје бул. „Борис Трајковски“ бр.62 Скопје

Page 19: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/12

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ ДООЕЛ Скопје, наш број 08-487/1 од 25.08.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.10-3606/2 од 16.08.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2016, за набавка на стоки – Инструмент за одредување на неутрализационен број на масло, на договорниот орган - АД „МЕПСО“- Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/15, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ ДООЕЛ Скопје

изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.10-3606/2 од 16.08.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2016, за набавка на стоки – Инструмент за одредување на неутрализационен број на масло, на договорниот орган - АД „МЕПСО“- Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.10-3606/2 од 16.08.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2016, за набавка на стоки – Инструмент за одредување на неутрализационен број на масло, на договорниот орган - АД „МЕПСО“- Скопје.

3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2016, за набавка на стоки – Инструмент за одредување на неутрализационен број на масло, на договорниот орган АД „МЕПСО“ - Скопје.

4. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот - „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ ДООЕЛ Скопје, во износ од 250,00 денари на име административна такса и износ од 6.150,00 денари на име

Page 20: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/12

надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот

нa приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување договор за јавна набавка согласно Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ДООЕЛ Скопје изјавил

жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.10-3606/2 од 16.08.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.07/2016, за доделување на договор за јавна набавка на стоки – Инструмент за одредување на неутрализационен број на масло, на договорниот орган АД „МЕПСО“ - Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган во постапката за доделување на договорот за јавната набавка сторил битни пропусти на одредбите на Законот за јавните набавки кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, односно бил извршен избор на понуда која не е прифатлива и најповолна. Од тие причини, жалителот предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и предметот да се врати на повторна евалуација, како и да го задолжи договорниот орган на жалителот да му ги надомести настанатите трошоци на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата бр.05-5241/1 од 01.09.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбените наводи на жалителот се неосновани и предлага Државната комисија жалбата да ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, листата на економски оператори кои имаат негативна референца, понудите на понудувачите, извештајот од поднесување на конечна цена, извештајот од спроведената постапка одлуката за избор на најповолен понудувач, како и останатата

Page 21: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/12

документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде: Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган АД МЕПСО - Скопје, спровел постапка за јавна набавка со Барање за прибирање на понуди бр.07/2016, за набавка на стоки – Инструмент за одредување на неутрализационен број на масло, за која што претходно донел Одлука за потреба од јавна набавка бр.10-7169 од 05.11.2015 годинаи Одлука за измена и дополнување на Одлука за јавна набавка бр.10-1734 од 11.03.2016 година. Договорниот орган во однос на критериумите за утврдување на способност во тендерската документација предвидел економските оператори да ја докажат само својата лична состојба и способност за вршење на професионална дејност, додека за исполнување на барањата од техничките спецификации спровел анализа и истражување на пазарот, при што по претходно поднесено едно барање на согласност кое Советот го одбил како неосновано, договорниот орган ја коригирал техничката спецификација и повторно до Советот за јавни набавки поднел барање за добивање на согласност согласно член 36-а став 1 од Законот за јавните набавки. Советот за јавни набавки донел Решение бр.10-4224/8 од 24.03.2016 година, со кое ја дал бараната согласност, по што огласот за јавната набавка бил објавен на ЕСЈН. Предметот на набавката не бил делив, а постапката се водела хартиена форма и било предвидено да заврши со е-Аукција како последна фаза на постапката. Договорниот орган како критериум за избор определил најниска цена, при што во огласот и тендерската документација од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, 3% Гаранција на понудата, како и 5% Гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Page 22: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/12

До крајниот рок за поднесување на понудите определен во огласот, по одделните делови од предметот на набавката, до договорниот орган пристигнале вкупно 3 (три) понуди на економските оператори: „ИНТЕРЛАБОРА“ДООЕЛ Скопје, „ИСКРА АТГ“ДООЕЛ Скопје и „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ДООЕЛ Скопје, кои биле отворени од Комисијата за јавни набавки, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-1734/3 од 16.05.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди, како и проверка на тоа дали понудувачите се наоѓаат на негативна референтна листа, при што утврдила дека понудата на жалителот „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ДООЕЛ Скопје содржи формални недостатоци и поради тоа била отфрлена како неприфатлива, додека од останатите два понудувачи било побарано дообјаснување на нивните технички понуди. По доставените одговори, Комисијата за јавни набавки оценила дека понудата на понудувачот „ИСКРА АТГ“ДООЕЛ Скопје не ги исполнува минималните барања за техничките карактеристики и бил отфрлен од понатамошно учество во постапката, додека понудата на понудувачот „ИНТЕРЛАБОРА“ДООЕЛ Скопје била оценета за прифатлива и до истиот била доставена покана за поднесување на конечна цена, кој поднел нова намалена конечна цена. Потоа, Комисијата за јавна набавка со изготвен Извештај од спроведената постапка бр.05-3606 од 16.06.2016 година Извештај од спроведената постапка по поднесена конечна цена бр.05-3606/1 од 06.07.2016 година до одговорното лице поднела предлог за како најповолна да биде избрана понудата на „ИНТЕРЛАБОРА“ДООЕЛ Скопје. Предлогот бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган и била донесена Одлуката за избор на најповолна понуда бр.10-3606/2 од 16.08.2016 година.

Незадоволен од донесената Одлука за избор на најповолна понуда,

жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ ДООЕЛ Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека незадоволен од донесената

Одлука за избор на најповолна понуда, ја поднел истата бидејќи смета дека договорниот орган во постапката за доделување на договорот за јавната набавка сторил битни повреди на одредбите на Законот за јавните набавки кои се однесуваат на евалуацијата на понудите. Имено, жалителот во жалбата дал свој опис на фактичката состојба и наведува дека договорниот

Page 23: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/12

орган во тендерската документација (во образец понуда) не предвидел ред за наведување на рок на важност на понудата. Во понудата на жалителот периодот на важност на понудата бил напишан со рака помеѓу редови и не постоел параф до пишувањето помеѓу редови, при што истакнува дека согласно точка 10.1 од тендерската документација „Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.“. Според жалителот пишувањето помеѓу редови не важело бидејќи истото не е парафирано. Исто така, жалителот го цитира и член 129 став 5 од Законот за јавните набавки согласно кој понудата е обврзувачка за целиот период кој што го одредил договорниот орган, а со тоа и банкарската гаранција ги исполнувала условите за важност на тендерот. Според жалителот договорниот орган спротивно на условите на тендерската документација извршил дискфалификација на понудата на жалителот „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“, поради што бара неговата понуда да биде евалуирана и рангирана согласно условите на тендерот и понудената цена. Жалителот смета дека доколку навистина договорниот орган ја предвидел точка 10.1 од тендерската документација можел сепак да постапи согласно член 47 став 13 од Законот за јавни набавки и да побара продолжување на банкарската гаранција. Жалителот потенцира дека при евалуацијата договорниот орган извршил повреда на член 140 став 4 од Законот за јавните набавки, бидејќи избраниот понудувач на отворањето на понудите поднел технички непотполна понуда (односно празна табела со технички карактеристики). Договорниот орган не дозволил увид во тендерската документација на „Интајлер Фимако“ (односно не споделил информација на понуден модел на производ (информација одјавен карактер), иако истото било јавно и конкретно побарано. Избраниот инструмент не ги исполнувал барањата на тендерската документација (точка 11. Избраниот инструмент нема променлива бирета 20мл со мемориски чип за зачувување на податоци од титрација, односно истовремено вршење на две титрации (видливо во проспект) титрацијата се врши во шприц кој нема можност за зачувување на податоци, односно одземање на криви на титрација. Оттаму, жалителот смета дека договорниот орган постапил спротивно на член 169 од Законот за јавните набавки, односно направил одлука за избор на понуда од економски оператор кој понудил цени понеповолни од реалните на пазарот. Дисквалификуваната понуда била со значително пониска цена и гаранција на инструментот од 36 месеци и во целост ги исполнува условите на тендерот.

Page 24: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/12

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган дава краток опис и хронологија од спроведената постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Договорниот орган наводите на жалителот ги смета за невистинити, контрадикторни и во целост неосновани, од неколку причини. Имено, во однос на наводите на жалителот дека во образецот на понудата не е предвиден ред за наведување на рок на важност на понудата и периодот на важност на понудата е напишан со рака помеѓу редови, договорниот орган истакнува дека АД МЕПСО во постапките за јавни набавки користи модели на тендерска документација и модели на формулари за постапките регулирани со Законот за јавните набавки кои се подготвени од Бирото за јавни набавки (според член 14, став 1, алинеја 5 од Законот за јавните набавки), а кои се со содржина поблиску пропишана од министерот за финансии (уредено со член 32, став 3 од Законот за јавните набавки). Договорниот орган потенцира дека во самиот Образец на понудата, во точка 111.2. било наведено: „Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација“, со што наводот на жалителот дека не е предвиден ред за наведување на рок на важност на понудата е невистинит. И покрај тоа што во Образецот е содржана изјава за важност на понудата, а која е децидно утврдена во точка 10.7 - Период на важност на понудата, кој изнесува 60 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, дополнително и со тоа изразувајќи ја својата понуда, жалителот своерачно имал допишано: „III,5 Важност на понудата 120 дена“ со потпис на одговорното лице на истата страница. Договорниот орган смета дека жалителот преку допишување редови во Образецот поспецифично ја изразил својата понуда и го има сменето рокот на важност на понудата утврден во тендерската документација. Со тоа, периодот на важност за оваа понуда се смета дека е 120 дена од крајниот рок за поднесување на понудите. Жалителот правејќи измени во периодот на важност на понудата, односно продолжувајќи го тој период, истовремено го прекршил условот наведен во точка 10.3.3 од тендерската документација со кој се утврдува рокот на важност на Гаранцијата на понудата кој мора да биде најмалку 14 дена по денот на истекот на важноста на понудата. Свесен за направениот пропуст, жалителот го оспорил сопственото допишување повикувајќи се на точка 10.1 од тендерската документација, каде е наведено: „Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата“. Во конкретниот случај според договорниот орган не станува збор за пишување меѓу редови, ниту бришење или пишување врз претходен текст за да се применува условот од точка 10.1. туку жалителот своерачно го дополнил Образецот со нов текст: III.4 Гаранција на понудената стока 12

Page 25: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/12

месеци по испорака; III.5 Важност на понудата 120 дена III.6 Рок на испорака 120 дена и уште повеќе, под дополненијата на понудата напишани со рака стоел потпис на жалителот. За договорниот орган било очигледно дека жалителот не видел или не сакал да види дека во Образецот на понудата веќе се наведени сите овие услови/изјави. Имено, во долу наведените точки од Образецот на понудата биле опфатени сите услови кои жалителот рачно ги допишал и тоа: „11.2 Ги прифаќаме начинот, рокот и местото на испорака утврден во тендерската документација“ (точка 3 од тендерската документација - Начин и рок на испорака); „11.3. Согласни сме да дадеме гаранција на инструментот за одредување на неутрализационен број на масло од 12 месеци од денот на испорака“. Од погоре изнесеното, договорниот орган укажува дека жалителот понудата свесно ја спремил на начин што, доколку неговата понуда не биде избрана за најповолна, оставил можност да се жали во двата случаи, и доколку се прифатат дополненијата на понудата и доколку не се прифатат. Комисијата за јавни набавки, постапувајќи согласно Законот за јавните набавки, утврдила дека Банкарската гаранција на понудата која ја доставил жалителот е со важност до 14.08.2016 година, а понудата била со важност до 03.09.2016 година. Оттаму, рокот на важност на Гаранцијата на понудата бил пократок од рокот на важност на понудата, со што понудата на жалителот содржела Гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација и согласно точка 10.3.3 од тендерската документација, поради што и е отфрлена како неприфатлива. Во однос на наводите на жалителот дека договорниот орган можел да побара продолжување на банкарската гаранција согласно член 47 став 13 од Законот за јавните набавки, доколку ја превидел точка 10.1 од тендерската документација, договорниот орган истиот го смета за сосема контрадикторен во однос на неговото претходно тврдење дека „пишувањето меѓу редови“ е неважечко. Жалителот се обидел, во случај на важечко „пишување меѓу редови“ да прикаже дека договорниот орган пропуштил да побара продолжување на Гаранција на понудата, што е спротивно на закон. Договорниот орган смета дека жалителот двосмислено ја составил жалбата така што од две различни и спротивставени ситуации направил обид и очекувал и едната и другата ситуација да бидат валидни, односно во едната ситуација тврдел дека допишувањето е неважечко, а во другата ситуација сметајќи го допишувањето како важечко тврди дека договорниот орган не презел одредени дејствија. За договорниот орган сосема се неосновани повикувањата на член 129 став 5 и член 47 став 13 од Законот за јавните набавки. Имено, со член 47 став 12 од Законот за јавните набавки прецизно била определена важноста на Гаранцијата на понудата, која требало да биде со важност не помалку од 14 дена по денот на истекот на важноста на

Page 26: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/12

понудата, и не би можело преносно да се применува член 129 став 5 од Законот за јавните набавки врз важноста на Гаранцијата на понудата. Членот 47 став 13 од Законот за јавните набавки, а во врска со член 129 став 6 од истиот закон, предвидува да во исклучителни случаи, кога договорниот орган побарал од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите може да се побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на гаранцијата на понудата, што во конкретниот случај не е таков случај и е неприменливо. Доколку договорниот орган побарал од жалителот продолжување на Гаранцијата на понудата ќе постапел спротивно на член 47 став 4 од Законот за јавните набавки. Во однос на останатите неправилности наведени во жалбата под редни броеви, договорниот орган смета дека се целосно неосновани. Имено, комисијата за јавни набавки, согласно член 140 став 2 и став 3 од Законот за јавните набавки ја проверил комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способност на понудувачите и во законски определениот рок побарал од понудувачите Интерлабора ДООЕЛ - Скопје и Искра АТГ Скопје да ги дополнат документите за утврдување техничка способност, односно, побарано било да се достави табела со технички карактеристики за инструментот за одредување на неутрализационен број на масло - Прилог 5 од тендерската документација, и истата да се пополни во делот понуден со конкретни вредности на карактеристиките на Инструментот кој се нуди во Понудата. Во ниту еден момент не биле побарани никакви промени во техничките и финансиските понуди од овие два понудувачи за да се направи повреда на член 140 став 4 од Законот за јавните набавки како што неосновано тврди жалителот. Сосема спротивно, евалуацијата на понудите била извршена исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка, согласно став 8 од членот 140. Избраниот понудувач ја доставил до договорниот орган табелата со техничките карактеристики уредно и целосно пополнета, на основа на која била извршена евалуацијата на техничката понуда на понудувачот согласно условите и барањата од техничките спецификации. Комисијата за јавни набавки, согласно член 31 од Законот за јавните набавки, при евалуацијата на понудите има обврска да ги чува во тајност содржината на понудите и секоја друга информација поднесена од понудувачите. Поднесено било барање од страна на жалителот да направи увид во понудите, а договорниот орган укажува дека жалителот имал право само на копија од Записникот од јавното отворање на понудите, кој му бил доставен, и дека согласно член 142 став 8 од Законот за јавните набавки имал право на увид само во Извештајот од спроведена постапка. Во однос на наводите на жалителот за неисполнетост на барањето под број 11, договорниот орган

Page 27: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/12

укажува дека во ниту еден дел од тендерската документација не било побарано од понудувачите да достават каталог, проспект или интернет брошура за понудениот инструмент. Единствен валиден документ за техничка евалуација на понудите бил Прилог 5 - Табелата со техничките карактеристики за инструментот за одредување на неутрализационен број на масло, која како што веќе било нагласено, од избраниот понудувач била правилно пополнета според барањата во тендерската документација. Избраниот понудувач во позиција 11 од табелата, навел „ИМА“ со што потврдил дека инструментот што го нуди го задоволува поставеното барање. Комисијата за јавни набавки оценила дека дадените податоци за инструментот содржани во табелата Прилог 5, биле доволни за да се евалуира понудата и дека ги задоволуваат барањата од техничките спецификации. Дополнително, договорниот орган истакнува дека во точка 3, потточка 3.2. од тендерската документација имало наведено дека договорот ќе го реализира со потпишување на Записник за квантитативен и квалитативен прием на испорачаната стока, со што оневозможува испорака и прием на Инструмент со несоодветни карактеристики, кој не бил согласно барањата од тендерската документација преточени во договор. И уште повеќе, избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот која ќе биде наплатена доколку не исполни некоја од обврските од договорот и ќе се стекне со негативна референца. Во однос на наводите од жалителот за извршени битни пропусти согласно член 210 од Законот за јавните набавки и тоа во однос на направени пропусти во евалуацијата на понудите, не извршен избор на најповолната понуда и направен избор на неприфатлива понуда, договорниот орган укажува дека истите се целосно неосновани и укажува дека целата постапка била спроведена во согласност со Законот за јавните набавки. Договорниот орган утврдил дека не бил исполнет ниту еден од условите од член 169 за да ја поништи постапката за доделување на договор за јавната набавка 07/2016. Со оглед на наведеното, договорниот орган ѝ предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата на жалителот како неоснована од причина што постапката за доделување на договор за јавна набавка ја спровел согласно Законот за јавните набавки.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ ДООЕЛ Скопје е основана.

Page 28: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/12

Државната комисија за жалби по јавни набавки не го прифати жалбениот навод според кој договорниот орган сторил повреда на одредбите од Законот за јавните набавки кога понудата на жалителот ја отфрлил како неприфатлива во постапката на евалуација на понудите. Имено, со увидот во понудата на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека преку допишување и додавање редови во образецот на понудата утврден во тендерската документација, истиот го променил рокот на важност на понудата утврден во тендерската документација и дополнително со ваквото постапување жалителот го прекршил условот наведен во точка 10.3 потточка 10.3.3 од тендерската документација, со кој е утврдено дека рокот на важност на гаранцијата на понудата кој треба да биде најмалку 14 дена по денот на истекот на важноста на понудата, со што неговата понуда била неприфатлива.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати жалбениот навод според кој договорниот орган сторил повреда на одредбите од член 210 став 1 алинеја 6 на Законот за јавните набавки во постапката на евалуација, кога понудата на избраниот најповолен понудувач „ИНТЕРЛАБОРА“ ДООЕЛ- Скопје ја сметал за прифатлива, иако истата била доставена спротивно на точка 10.5 - елементи на понудата од утврдената тендерска документација, односно не ја содржела табелата (прилог 5) со техничките карактеристики уредно и целосно пополнета, врз основа на која би била извршена евалуацијата на техничката понуда на понудувачот согласно условите и барањата од техничките спецификации на тендерската документација.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека со објавената тендерска документација, договорниот орган сторил битна повреда од член 210 став 1 алинеја 3, а во врска со член 2 и член 32 став 1 и став 2 алинеја 8 од Законот за јавните набавки. Имено, согласно точка 10.5 на тендерската документација е предвидено кон понудата економските оператори да достават и модел на договор, при што истиот не е даден во прилог на документацијата како би можеле понудувачите да го парафираат и достават со понудите, додека во образецот на понудата дел III прилог 1 модел на договор се наведени елементите кои ќе се содржат во договорот за јавна набавка, без наведување на конкретни информации за истите, имајќи ги предвид одредбите од член 32 став 2 алинеја 8 на Законот за јавните набавки. Со ваквото постапување, договорниот орган овој дел од тендерската документација го дефинирал сосема нејасно со тоа што не дал никакви

Page 29: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

11/12

дополнителни информации во врска со задолжителните одредби од договорот за јавна набавка кој има намера да го склучи со избраниот понудувач, а на што го обврзува Законот или пак да даде во прилог „модел на договор“ што има намера да го склучи со избраниот економски оператор.

Со оглед на фактот дека договорниот орган сторил такви пропусти во

постапката кои со дополнително постапување не може да ги отстрани, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата, и да ја поништи постапката по конкретната јавна набавка.

Во врска со член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“

Согласно член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки: „(7)

Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (8) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“

Согласно со член 210 став 1 алинеја 3, 6, 11 и 12 од Законот за јавните

набавки: Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција; се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите; е извршен избор на понуда која не е најповолна и е извршен избор на неприфатлива понуда.

Во врска со член 211 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за

правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“

Page 30: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

12/12

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи на жалителот да му го надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-487/7 14.09.2016год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова

Доставено до: - Архива; - АД МЕПСО Скопје ул. „Максим Горки“ бр.4 Скопје, и - „ИНТАЈЛЕР ФИМАКО“ ДООЕЛ Скопје Бул. „Партизански одреди“ бр.19 Скопје

Page 31: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/10

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „НЕОКОМ“АД Скопје, наш број 08-501/1 од 01.09.2016 година, изјавена против Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016, за набавка на стоки – Изработка, инсталација и имплементација на целосно функционално софтверско решение за интегриран информационен систем за потребите на договорниот орган - Агенција за лекови и медицински средства - Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/15, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „НЕОКОМ“АД Скопје изјавена против

Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016, за набавка на стоки – Изработка, инсталација и имплементација на целосно функционално софтверско решение за интегриран информационен систем за потребите на договорниот орган - Агенција за лекови и медицински средства - Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016, за набавка на стоки – Изработка, инсталација и имплементација на целосно функционално софтверско решение за интегриран информационен систем за потребите на договорниот орган - Агенција за лекови и медицински средства - Скопје.

3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалителот - „НЕОКОМ“АД Скопје, во износ од 250,00 денари на име административна такса и износ од 24.598,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот нa приемот

на решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

Page 32: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/10

постапка за доделување договор за јавна набавка согласно Законот за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „НЕОКОМ“АД Скопје изјавил жалба против

Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016, за набавка на стоки – Изработка, инсталација и имплементација на целосно функционално софтверско решение за интегриран информационен систем за потребите на договорниот орган Агенција за лекови и медицински средства - Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган во постапката за доделување на договорот за јавната набавка сторил суштествени повреди на постапката, погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право, поради што предлага Државната комисија да ја уважи жалбата.

Во одговорот на жалбата бр.02-8735/1 од 02.09.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбените наводи на жалителот се неосновани и предлага Државната комисија жалбата да ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган,одлуката за потреба од јавна набавка, записник од спроведениот технички дијалог, извештаите од спроведено истражување на пазарот, огласот, тендерската документација, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде: Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Page 33: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/10

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал постапка за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016, за набавка на стоки – Изработка, инсталација и имплементација на целосно функционално софтверско решение за интегриран информационен систем за потребите на договорниот орган - Агенција за лекови и медицински средства - Скопје, за што претходно донел Одлука за отпочнување на јавна набавка бр.05-7591/1 од 28.07.2016 година. Договорниот орган во однос на бараните критериуми во тендерската документација за утврдување на способноста на економските оператори, како и за поставените барања во техничките спецификации, спровел анализа и истражување на пазарот во Република Македонија и во странство, при што од доставените одговори на анкетните прашалници утврдил дека има доволен број на економски оператори кои ги исполнуваат барањата и од тие причини до Советот за јавни набавки не поднел барање за добивање на согласност согласно член 36-а став 1 и став 2 од Законот за јавните набавки. Со оглед на висината на проценетата вредност договорниот орган спровел и технички дијалог за што е составен Записник од спроведен технички дијалог бр.05-755/10 од 26.08.2016 година, по што огласот бил објавен на ЕСЈН и во истиот договорниот орган ги објавил критериумите за утврдување на способност на економските оператори како и потребните документи за докажување на истите. Предметот на набавката не бил делив, а постапката се спроведувала со користење на електронски средства преку ЕСЈН и било предвидено да заврши со е-Аукција како последна фаза на постапката.

Незадоволен од објавениот оглас за доделување на договор за јавна

набавка со Отворена постапка бр.16/2016, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „НЕОКОМ“АД Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека во објавениот оглас од

договорниот орган - Агенција за лекови и медицински средства од ден 26.08.2016 година се барало: „Потврда или договор за извршените услуги издадени од примателите и контакт податоци на примателите, за најмалку 1 (една) успешно извршена испорака на информациски систем во јавна институција во Република Македонија во последните 5 години од сличен

Page 34: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/10

тип како предметот на набавката на обжалениот тендер, во вредност од минимум 30.000.000.00 денари“. Жалителот смета дека бараната референца во Република Македонија и минималниот износ што се бара како референца е повеќе од два (2,5) пати поголем од предметната набавка. Преку ЕСЈН во последните 5 години за извршена испорака на информациски систем во јавна институција во Република Македонија во вредност од минимум 30.000.000.00 денари имало многу малку објави. Според жалителот, вредноста на бараната референца треба да се усогласи со износот на предметната набавка, во спротивно наведените критериуми би биле дискриминаторски. Исто така било побарано: „Приложување потврда (изјава) или договор за имплементирано минимум едно web базирано решение со електронски потписи со минимум 100.000 регистрирани корисници“. Жалителот истакнува дека во тендерската документација не е наведен бројот на надворешни корисници (носители на одобренија/подносители на барања) кои поднесуваат барања за издавање на одобренија за ставање на лекови во промет. Поради тоа смета дека барањето треба да се усогласи со потребниот број на надворешни корисници (носители на одобренија/подносители на барања) кои поднесуваат барања за издавање на одобренија за ставање на лекови во промет е значително помал. Понатаму, договорниот орган побарал „Три редовно вработени лица со сертификат за аудитор за менаџирање со системи за информациска безбедност“. Во однос на ова поставено барање жалителот наведува дека сертификатите за менаџирање со системи за информациска безбедност редовно се проверуваат од надворешни аудитори и од сертификационите тела, при што се верификува и продолжува важењето на сертификатот. Барањето за три редовно вработени лица со сертификат за аудитор за менаџирање со системи за информациска безбедност според жалителот исто така е ограничувачки услов. На тој начин според жалителот бил повреден процесот на јавните набавки и смета дека за да се објави оглас истиот треба да содржи параметри кои се во рамки на побарувањата и да постои еднаков третман и недискриминација на економските оператори, согласно член 2 и член 15 став 6 од Законот за јавните набавки со што не би се ограничувала конкуренцијата. Од погоре изнесените наводи, според жалителот произлегувала и повредата на член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, односно биле сторени битни повреди кои може да доведат до дискриминација на економските оператори. Жалителот истакнува дека со оглед на фактот што истиот ги исполнувал сите услови за докажување на способноста, а погоре наведените критериуми се дискриминаторски, бара Државната комисија да донесе решение со кое се уважува жалбата на НЕОКОМ АД Скопје и во објавата на огласот 16/2016 од 26.08.2016 година на

Page 35: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/10

договорниот орган Агенцијата за лекови и медицински средства да се усогласат согласно предметната набавка критериумите: „Потврда или договор за извршените услуги издадени од примателите и контакт податоци на примателите, за најмалку 1(една) успешно извршена испорака на информациски систем во јавна институција во Република Македонија во последните 5 години од сличен тип како предметот на набавката на обжалениот тендер, во вредност од минимум 30.000.000.00 денари; - „Приложување потврда (изјава) или договор за имплементирано минимум едно web базирано решение со електронски потписи со минимум 100.000 регистрирани корисници и да се поништи критериумот: „Три редовно вработени лица со сертификат за аудитор за менаџирање со системи за информациска безбедност“. Останатите критериуми во објавата, жалителот бара да останат исти.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган дава краток

опис и хронологија од спроведената постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Имено, договорниот орган во однос на наводот за тоа дека има многу малку објави за извршена испорака на информациски систем во јавна институција во РМ во последните 5 години, од сличен тип како предметот на набавката на овој тендер, истакнува дека при анализата на пазарот потврдно одговориле 11 економски оператори од кои 5 од Република Македонија. Во однос на наводот дека во тендерската документација не е наведен бројот на надворешни корисници (носители на одобренија/подносители на барања), а се бараат референци за имплементирано минимум едно web базирано решение со електронски потписи со минимум 100.000 регистрирани корисници, договорниот орган укажува дека овој податок е неопходен од причина што во иднина бил планиран развој на системот и поврзување на истиот со веќе постоечките системи на Министерството за здравство и ФЗОМ. Договорниот орган истакнува дека при анализата на пазарот и за овој услов потврдно одговориле 11 економски оператори од кои 5 од Република Македонија. Во однос на наводот дека барањето за три редовни вработени лица со сертификат за аудитор за менаџирање со системи за информациска безбедност е ограничувачки, договорниот орган смета дека се работи за суштински значаен систем, а имајќи ја во предвид и неопходноста за навремено и прецизно извршување на поставените цели, понудувачот било потребно да ги има наведените лица со потребните сертификати. Договорниот орган укажува дека и овој услов исто така бил прифатлив за 11 економски оператори од кои 5 од Република Македонија, кои позитивно одговорија при анализата на пазарот. Договорниот орган повторно напоменува дека се работи за суштински значаен систем, а имајќи ја во

Page 36: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/10

предвид и неопходноста за навремено и прецизно извршување на поставените цели, било потребно понудувачот да ги исполнува сите наведени услови, поради што смета дека барањата наведени во тендерската документација не се дискриминирачки. Имајќи го предвид погоре изнесеното, договорниот орган предлага жалбата во целост да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор „НЕОКОМ“АД Скопје е основана.

Државната комисија за жалби по јавни набавки со увидот во објавениот со објавениот оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016, за набавка на услуги – Изработка, инсталација и имплементација на целосно функционално софтверско решение за интегриран информационен систем за потребите на договорниот орган - Агенција за лекови и медицински средства - Скопје, не го прифати жалбениот навод според кој договорниот орган сторил повреда на одредбите Законот за јавните набавки кои се однесуваат на објавениот оглас и податоците објавени во истиот. Во однос на жалбениот навод за сторена битна повреда од член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки смета дека истите се недозволени во оваа фаза од постапката за јавна набавки, имајќи ги предвид одредбите од член 216 став 2 алинеја 3 од наведениот закон.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки утврди дека договорниот орган сторил битна повреда од член 210 став 1 алинеја 9, а во врска со член 36-а став 2, став 4 и став 8 од Законот за јавните набавки. Имено, со увидот во спроведената анализа на пазарот во делот на предвидените критериуми за утврдување на способност на тендерската документација за предметната јавна набавка, договорниот орган не обезбедил доволен број позитивни одговори на поединечни економски оператори согласно член 36-а став 2 кои потенцијално ги исполнуваат утврдените критериуми во тендерската документација. Имено, согласно извештајот на договорниот орган од спроведеното истражување на пазарот бр.05-7591/8 од 25.08.2016 година кое се

Page 37: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/10

однесува на исполнување на предвидените критериуми за утврдување на способност од страна на економските оператори, како и доставените прашалници, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган добил позитивни одговори од вкупно 5 економски оператори на пазарот во Република Македонија што не преставува доволен број имајќи ја предвид одредбата од член 36-а став 2 и предметната постапка за јавна набавка, со што не биле исполнети законските услови договорниот орган да не побара согласност од Советот за јавни набавки пред да го објави огласот за јавната набавка. Договорниот орган и покрај наведеното, не побарал согласност од Советот за јавни набавки имајќи ја предвид одредбата од член 36-а став 2 на Законот за јавните набавки со што сторил битна повреда од член 210 став 1 алинеја 9 на истиот закон.

Со оглед на фактот дека договорниот орган сторил такви пропусти во

постапката кои со дополнително постапување не може да ги отстрани, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата и да ја поништи постапка по конкретната јавна набавка.

Во врска со член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон

особено се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“

Согласно член 36-а став 1 и 2 од Законот за јавните набавки: „((1)

Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка на стоки и доставува соодветно образложение за потребата од набавка за која нема најмалку: - три производители на пазарот во Република Македонија и три производители на пазарите во странство што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации за поединечен дел кај постапките со барање за прибирање на понуди со проценета вредност до 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ; - четири производители на пазарот во Република Македонија и четири производители на пазарите во странство што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации за поединечен дел кај постапките со барање за прибирање на понуди со проценета вредност над 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ или - пет производители на пазарот во Република Македонија и пет производители на пазарите во странство што можат да ги исполнат

Page 38: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/10

барањата од техничките спецификации за поединечен дел кај отворената и ограничената постапка. (2) Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка доколку предвиди критериуми за утврдување способност, освен лична состојба и способност за вршење професионална дејност, кои може да ги исполнат: - три или помалку од три економски оператори на пазарот во Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност до 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, - четири или помалку од четири економски оператори на пазарот во Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност над 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ или - пет или помалку од пет економски оператори на пазарот во Република Македонија кај отворената постапката, ограничената постапка, постапката со преговарање со претходно објавување оглас и кај конкурентниот дијалог. “.

Согласно член 51 став 1 и 3 од Законот за јавните набавки: (1)

Договорниот орган обезбедува транспарентност при доделувањето на договорите за јавни набавки, спроведувањето на конкурсите за избор на идејно решение и при склучувањето на рамковни спогодби, со објавување на претходно индикативно известување, оглас за доделување на договор за јавна набавка, известување за склучен договор и/или известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, и (3) Владата го донесува Општиот поимник за јавни набавки.

Согласно член 53 од Законот за јавните набавки: (1) Договорниот орган

објавува оглас за доделување на договор за јавна набавка кога: - спроведува отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас или - спроведува конкурс за избор на идејно решение. (2) Во огласот за доделување на договор за јавна набавка задолжително се објавува и проценетата вредност без вклучен ДДВ.

Согласно член 54 од Законот за јавните набавки: „(1) Огласот за доделување на договор за јавна набавка за отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог, постапка со преговарање со претходно објавување на оглас и конкурс за избор на идејно решение се доставува за објавување на ЕСЈН и во „Службен весник на Република Македонија“. (2) Ако проценетата вредност на договорот за јавна набавка без вклучен ДДВ е над 50.000 евра за стоки и услуги, односно над 200.000 евра за работи, огласот за

Page 39: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/10

доделување договор за јавна набавка задолжително се објавува во Службено гласило на Европската унија. Договорниот орган може да го објави огласот од овој став и во соодветна деловна публикација или технички или професионален весник кој е достапен на пошироката меѓународна стручна и друга јавност. (3) Преводот на огласот од ставот (2) на овој член на англиски јазик со изјава го потврдува преведувач кој поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик со најмалку Ц1 ниво или еквивалентно. (4) Постапката за доделување договор за јавна набавка започнува со објавувањето на огласот, односно со испраќањето на поканата за доставување понуда кај постапката со преговарање без објавување на оглас. (5) „Службен весник на Република Македонија“ и Бирото се должни да го објават огласот за доделување на договор во рок од пет работни дена од денот на приемот на огласот.“.

Согласно член 210 став 1 алинеја 3 и 9 од Законот за јавните набавки:

Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција; и е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително согласно со овој закон.“.

Во врска со член 211 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за

правна заштита, Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“

Во врска со член 216 став 2 алинеја 1, 2 и 3 од Законот за јавните

набавки: „Жалбата се изјавува во рок од осум дена односно три дена кај постапката со барање за прибирање на понуди од денот на: - приемот на записникот од спроведениот технички дијалог, во однос на дејствијата или пропуштањето за преземање дејствија поврзани со спроведување на техничкиот дијалог, - објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот, - отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите.“.

Page 40: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/10

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи на жалителот да му го надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-501/6 14.09.2016год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова

Доставено до: - Архива; - Агенција за лекови и медицински средства на РМ ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 кат 1 Скопје - „НЕОКОМ“ АД Скопје Бул. „Кузман Јосифоски Питу“ бр.15 Скопје

Page 41: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/11

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска - член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот „СТЕРНА“ ДОО Скопје, наш број 08-479/1 од 23.08.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-573/29 од 16.08.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.05/2016, за набавка на стоки – набавка на техничка опрема, на договорниот орган - Агенција за филм на Република Македонија - Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 и став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015 бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „СТЕРНА“ ДОО Скопје изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-573/29 од 16.08.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.05/2016 за набавка на стоки – набавка на техничка опрема, на договорниот орган Агенција за филм на Република Македонија - Скопје, СЕ

УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-573/29 од 16.08.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понудисо објава на Оглас бр.05/2016, за набавка на стоки – набавка на техничка опрема, на договорниот орган - Агенција за филм на Република Македонија – Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.155,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

Page 42: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/11

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „СТЕРНА“ ДОО Скопје изјавил жалба, против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-573/29 од 16.08.2016 година, донесена по Огласот за барање за прибирање на понуди бр.05/2016, за доделување на договор за јавна набавка на стоки – набавка на техничка опрема, на договорниот орган Агенција за филм на Република Македонија - Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган во постапката за доделување на договорот за јавната набавка сторил битни повреди на одредбите на Законот за јавните набавки кои се однесуваат на евалуацијата на понудите. Од тие причини, жалителот предлага договорниот орган по приемот на жалбата да постапи согласно член 221 од Законот за јавните набавки, односно постојната одлука да ја стави вон сила и да изврши повторна евалуација по која ќе донесе нова одлука за избор или Државната комисија да ја уважи жалбата и да ја поништи оспорената одлука за избор на најповолен понудувач.

Врз основа на претходно поднесеното барање за увид во документацијата на предметот од спроведената постапка, жалителот на 01.09.2016 година изврши увид во списите на предметот кај Државната комисија, за што е составен записник од извршениот увид бр.08-479/4 од 01.09.2016 година, а жалителот достави и дополнување на жалбата бр.0306-260/2 од 02.09.2016 година.

Во одговорот на жалбата бр.03-573/41 од 31.08.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбените наводи на жалителот се неосновани и предлага Државната комисија жалбата да ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворање на понудите,листа на економски оператори кои имаат негативна референца, понудите на понудувачите, извештајот од спроведување на е-аукцијата, извештајот од поднесување на конечна цена, извештајот од спроведената постапка, одлуката за избор на најповолен понудувач, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 од Законот за јавните набавки најде:

Page 43: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/11

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган Агенција за филм на Република Македонија -

Скопје, спровел постапка за јавна набавка со објава на Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.05/2016, за набавка на стоки – набавка на техничка опрема,за која што претходно донел Одлука за потреба од јавна набавка бр.05-573/1 од 01.04.2016 година. Договорниот орган во однос на критериумите за утврдување на способност во тендерската документација предвидел економските оператори да ја докажат само својата лична состојба и способност за вршење на професионална дејност, додека за исполнување на барањата од техничките спецификации спровел анализа и истражување на пазарот, при што по претходно поднесено едно неуредно барање и едно барање на согласност кое Советот го одбил како неосновано, договорниот орган ја корегирал тендерската документација и повторно до Советот за јавни набавки поднел барање за добивање на согласност согласно член 36-а став 1 од Законот за јавните набавки. Советот за јавни набавки донел Решение бр.10-9240/11 од 28.06.2016 година, со кое ја дал бараната согласност и во точката 2 од решението ги навел измените што договорниот орган треба да ги направи пред да го објави огласот. Договорниот орган согласно укажувањата од Советот го објавил огласот за јавната набавка на ЕСЈН.Предметот на набавката бил делив на четири дела и тоа: Дел 1 – Компјутери и таблет, Дел 2- Скенер, Печатач и Мултифункционален уред, Дел 3 – Мрежна опрема и Дел 4 – Друга опрема, а постапката се во хартиена форма и било предвидено да заврши со е-Аукција како последна фаза на постапката. Договорниот орган како критериум за избор определил - најниска цена, при што во огласот и тендерската документација од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудите.

До крајниот рок за поднесување на понудите определен во огласот, по

одделните делови од предметот на набавката, до договорниот орган пристигнале вкупно 5 (пет) понуди на економските оператори: „ЈВС

Page 44: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/11

НЕТ“ДООЕЛ Скопје, „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ ТРАДЕ“ДООЕЛ Скопје, „КОПИЕР ПЛУС“ДООЕЛ Скопје, „ТРИНИТИ СИСТЕМИ“ ДООЕЛ Скопје и „СТЕРНА“ДОО Скопје, кои биле отворени од Комисијата за јавни набавки, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-573/24-1 од 27.07.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди, како и проверка на тоа дали понудувачите се наоѓаат на негативна референтна листа, при што утврдила дека понудите на сите понудувачи се прифатливи и со изготвена почетна ранг листа по соодветните делови од набавка истите ги поканила за учество на закажаната е-аукција и за поднесување на конечна цена. По одржаната е-аукција спроведена на 03.08.2016 година и поднесената нова намалена конечна цена за Дел 2 , Комисијата за јавна набавка со изготвен Извештај од спроведената постапка бр.05-573/25 од 04.08.2016 година, до одговорното лице поднела предлог за деловите 1 и 3 како најповолна да биде избрана понудата на „ЈВС НЕТ“ДООЕЛ Скопје, за Дел 2 како најповолна да биде избрана понудата на „СТЕРНА“ДОО Скопје, додека за Дел 4 од предметот на набавка постапката да се поништи согласно член 169 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки – односно бидејќи не била поднесена ниту една соодветна понуда. Предлогот бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган и била донесена Одлуката за избор на најповолен економски оператор бр.05-573/29 од 16.08.2016 година.

Незадоволен од донесената Одлука за избор на најповолен

понудувач, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „СТЕРНА“ДОО Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека незадоволен од донесената

Одлука за избор на најповолен понудувач бр.05-573/29 од 16.08.2016 година, ја поднел истата бидејќи смета дека договорниот орган во постапката за доделување на договорот за јавната набавка сторил битни повреди на одредбите на Законот за јавните набавки кои се однесуваат на евалуацијата на понудите. Имено, по извршениот увид кај договорниот орган во извештајот за предметната набавка по донесувањето на одлуката за избор жалителот смета дека второрангираниот економски оператор и опремата која што истиот ја нуди на пазарот не ги исполнува во целост бараните минимални технички спецификации за Дел 2 од предметот на набавката. Договорниот орган при евалуацијата на понудите направил случаен

Page 45: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/11

пропуст кај економскиот оператор кој бил рангиран за електронската аукција, а всушност не ги исполнувал во целост бараните минимални технички карактеристики со што сторил суштествени повреди од Законот за јавните набавки. Со оглед на фактот дека договорниот орган го повредил член 210 алинеја 6 од Законот за јавните набавки, односно биле сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, а имајќи го во предвид претходно наведеното, пред се фактот дека понудата на второрангираниот економски оператор не е прифатлива и истиот директно влијаел за време на електронската аукција нереално да се намалува цената на понудените производи, жалителот смета дека се исполнети законските услови во оваа постапка, договорниот орган, согласно член 221 од Законот за јавните набавки, постојната одлука да ја стави вон сила, да изврши повторна евалуација на понудите на економските оператори, неприфатливите понуди да ги отфрли и да ги покани на електронска аукција економските оператори кои ги задоволуваат во целост бараните минимални технички карактеристики од техничките спецификации зададени во тендерската документација, при што по завршувањето на електронската аукција да донесе нова одлука за избор на најповолен понудувач. Овие пропусти, според жалителот имале битно влијание на постапката, евалуацијата на понудите, нивното рангирање за електронска аукција како и на изборот на најповолен понудувач. Од тие причини, жалителот предлага договорниот орган по приемот на жалбата да постапи согласно член 221 од Законот за јавните набавки, односно постојната одлука ја стави вон сила и да изврши повторна евалуација по која ќе донесе нова одлука за избор или Државната комисија да ја уважи жалбата и да ја поништи оспорената одлука за изборна најповолен понудувач.

По извршениот увид во предметот пред Државната комисија на ден

01.09.2016 година, жалителот достави и дополнување на жалбата. Жалителот во дополнувањето наведува дека видно од тендерската документација во Делот II – техничка и финансиска понуда договорниот орган дал напомена согласно која: „Понудувачот задолжително ги наведува техничките спецификации на понудениот производ во делот „Карактеристики на понуден производи“ во финансиската понуда, во спротивно понудата ќе се смета за некомплетна и нема да се евалуира од страна на Комисијата. Жалителот наведува дека од извршениот увид во понудата на второрангираниот понудувач „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ ТРАДЕ“ ДООЕЛ Скопје, утврдил дека за дел 2 – 6. Мултифункционална копир машина, истиот ги понудил моделите „KONICA MINOLTA C 308“. Според жалителот, договорниот орган направил случаен пропуст при разгледувањето и евалуацијата на понудата на овој понудувач, бидејќи

Page 46: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/11

неговата Техничка и финансиска понуда за дел 2 - скенер, печатач и мултифункционален уред во 6.Мултифункционална копир машина, не ги задоволува во целост бараните минимални технички карактеристики зададени во техничката спецификација односно тендерска документација. Жалителот истакнува дека кога детално би се споредил понудениот модел од второрангираниот економски оператор со каталогот на производителот на опремата, јасно било видливо дека неговата понуда е неприфатлива. Имено, во техничките спецификации било наведено дека договорниот орган бара: 1. Резолуција на печатење/скенирање: мин. 1200 dpi а понудениот колор мултуфункционален апарат од второрангираниот економски оператор „KONICA MINOLTA C 308“, не ги задоволувал бараните минимални технички карактеристики во целост, односно резолуцијата за печатење/скенирање од 1200 dpi, бидејќи понудениот апарат имал резолуција при печатење од 1200 dpi но при скенирање максималната резолуција изнесувала 600 dpi (scan resolution Max: 600 x 600 dpi) видно од каталогот на производителот факт што говорeл дека понудениот модел не го задоволува бараниот минимум зададен во техничката спецификација. Според жалителот, второрангираниот економски оператор навел невистинити податоци во образецот на Техничка и финансиска понуда за Дел 2 и во полето Резолуција на печатење/скенирање: навел 1200 dpi, резолуција која го исполнува условот само при печатење, а не и при скенирање, односно уредот кој е понуден „KONICA MINOLTA C 308“, при скенирање можел да постигне максимална резолуција од 600 dpi што било неприфатливо согласно барањето од техничките спецификации. Исто така, треторангираниот економски оператор немал пополнето техничка понуда и немал доставено каталози за понудената опрема што значи дека и неговата понуда не е прифатлива.За жалителот е неспорен фактот дека економските оператори потпишуваат изјава за сериозност на понуда, меѓутоа смета дека договорниот орган е должен да изврши евалуација на понудите и детално да ги провери понудените технички спецификации со оригиналниот каталог од производителот на опремата. На тој начин по правилно извршената евалуација на понудите ќе ги покани на електронска аукција економските оператори кои во целост ги исполнуваат бараните минимални технички карактеристики и ќе создаде правилна/ вистинска конкуренција меѓу економските оператори за предметната набавка. Согласно горенаведеното, жалителот смета дека понудите на посочените економски оператори не ги исполнуваат во целост бараните минимални технички спецификации и смета дека истите не требало да бидат рангирани за учество на електронската аукција бидејќи се неприфатливи. Жалителот наведува дека при евалуацијата на понудите и направениот пропуст од страна на договорниот орган во однос на исполнувањето на бараните

Page 47: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/11

минимални техничките спецификации од наведените понудувачи, не е создадена правилна конкурентност за време на електронската аукција од која директна штета трпат економските оператори кои понудиле опрема која во целост ги задоволува бараните минимални технички спецификации. Имено, и покрај фактот што некои економски оператори не ги исполнувале во целост бараните минимални технички карактеристики, истите учествувале за време на електронската аукција и директно влијаеле во намалувањето на цената, кое што според жалителот е спротивно на Законот за јавните набавки.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган дава краток

опис на спроведената постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Имено, договорниот орган истакнува дека во текот на евалуација на понудените производи, Комисијата за јавни набавки ги евалуирала минималните технички карактеристики на понудениот производ, детално опишани во техничката понуда на економските оператори, односно на понудувачите. Комисијата за јавни набавки при евалуацијата на документацијата во предвид ги земала и изјавите за сериозност на понудата што како инструмент на Гаранција на понудениот производ го дозволува Законот за јавните набавки. Поаѓајќи од фактот дека при евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки констатирала дека секој од понудувачите има уредно доставено Изјава за сериозност на понуда, Комисијата евалуацијата ја извршила врз основа на податоците доставени во техничката понуда за понудениот производ како и направила компаративен увид во карактеристиките за понудениот производ во каталозите за понудените производи кои понудувачите ги имаат доставено во прилог на понудата. Согласно горенаведеното, Агенцијата за филм предлага жалбата на жалителот да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на „СТЕРНА“ ДОО Скопје е основана.

Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифати

жалбените наводи според кои договорниот орган постапил спротивно на член 210 став 1 алинеја 6, а во врска со член 125, член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки, односно сторил битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите. Имено, Државната комисија со увидот во понудата на понудувачот „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ

Page 48: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/11

ТРАДЕ“ДООЕЛ Скопје и доставените докази кон жалбата утврди дека понудената опрема - мултифункциналната копир машина „KONICA MINOLTA C 308“, која преставува една од ставките за дел 2 од предметот на јавната набавка не ги исполнува во целост бараните минимални технички спецификации кои се однесуваат на резолуцијата на печатење/скенирање. Уредот кој е понуден од страна на понудувачот „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ ТРАДЕ“ДООЕЛ Скопје при скенирање можел да постигне максимална резолуција од 600 dpi што не е во согласност со барањето од мин. 1200 dpi утврдено во техничките спецификации на тендерската документација. Исто така, Државната комисија за жалби по јавни набавки со увидот во доставената документација го прифати и жалбениот навод според кој понудувачот „ЈВС НЕТ“ДООЕЛ Скопје, не доставил каталози како што било барано согласно точка 11.5 од тендерската документација. Договорниот орган бил должен во постапката на евалуација на понудите да постапува согласно утврдената тендерска документација и одредбите од член 140 на Законот за јавните набавки при што неприфатливите понуди ќе ги отфрли како неприфатливи.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки утврди дека договорниот орган во постапката на евалуација постапил спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки и утврдената тендерска документација со што сторил дополнителни битни повреди од член 210 став 1 алинеја 6,11 и 12 од Законот за јавните набавки. Имено, понудата на понудувачот „ЈВС НЕТ“ДООЕЛ Скопје е изготвена спротивно на одредбите од точка 11 потточка 11.1 на утврдената тендерска документација односно не се парафирани сите страници од истата, при што договорниот орган во постапката на евалуација со наведената понуда требал да постапи согласно одредбите на член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки. Понатаму, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган во точка 4 од одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-573/29 од 16.08.2016 година ја поништил постапката за дел 4 од предметната јавна набавка од причина што не била поднесена ниту една соодветна понуда односно дека понудата на единствениот понудувач за наведениот дел е со вкупен износ повисок од проценетата вредност на предметната јавна набавка. Државната комисија за жалби по јавни набавки смета дека договорниот орган во конкретниот случај не можел да ја оцени соодветноста на доставената понуда имајќи предвид дека согласно Одлуката за потреба од јавна набавка бр.05-573/1 од 01.04.2016 година, вкупниот износ на средствата потребни за реализација на набавката не е поделен по деловите на постапката. Државната комисија за жалби по јавни

Page 49: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/11

набавки, во случај кога има единствен прифатлив понудувач договорниот орган пред да донесе одлука за целата или за еден дел од јавната набавка е должен да постапи согласно одредбите од член 125-а на Законот за јавните набавки односно да го покани и да побара од единствениот прифатлив понудувач да достави конечна цена преку електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), нешто кое од страна договорниот орган не било сторено.

Имајќи го предвид горенаведеното, Државната комисија за жалби по

јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата, да ја укине одлуката за избор на најповолен понудувач бр.05-573/29 од 16.08.2016 година и предметот да го врати на повторно постапување, по што договорниот орган ќе донесе правилна и законита одлука.

Имено, согласно член 2 од Законот за јавните набавки е утрвдено: „Со

овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Во член 3 точка 11, 12, 24 и 25 од Законот за јавните набавки е

утврдено дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и условикои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување напријавата за учество, односно понудата“; Точка 12: „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат; Точка (24) „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и закоја е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања одтендерската документација и техничките спецификации и одговара насите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста напонудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Согласно член 32 став (1) од Законот за јавните набавки: „(1)

Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни

Page 50: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/11

информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“.

Согласно со член 125 од Законот за јавните набавки: „(1) Пред да

започне со електронска аукција договорниот орган врши целосна евалуација на способноста и на првичните понуди на понудувачите согласно со условите и критериумите од тендерската документација. (2) Договорниот орган ги поканува сите понудувачи кои поднеле прифатливи понуди да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција. Поканата истовремено се доставува до сите понудувачи по електронски пат. (3) Во поканата се наведува датумот и времето на започнување на аукцијата, начинот на спроведување на аукцијата, како и сите потребни информации за поврзување со електронските средства што се користат. (4) Ако критериумот за доделување на договорот е економски најповолна понуда, во поканата се наведува и исходот од целосната евалуација на соодветната првична понуда на понудувачот до кој се испраќа поканата. (5) Електронското негативно наддавање може да започне најрано два дена од датумот на кој се испратени поканите за учество на електронската аукција.“.

Согласно член 125-а од Законот за јавните набавки: „1) Во случај кога е

поднесена само една понуда која е прифатлива или останала само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член, поканата до единствениот понудувач особено содржи: - идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, - информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и -времето на поднесување на конечната цена кое не може да биде порано од 48 часа од испраќањето на поканата. (3) Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време од став (2) алинеја 3 од овој член само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена првично понудената цена ќе се смета за конечна.“.

Во врска со член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки: „(7)

Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (8) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“.

Page 51: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

11/11

Согласно член 210 став 1 алинеја 6, 11 и 12 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, -е извршен избор на понуда која не е најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката

за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон“.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.08-479/8 14.09.2016год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ, Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Агенција за филм на Република Македонија ул.„8-ми Март“ бр.4 Скопје - „СТЕРНА“ ДОО Скопје ул. „Шекспирова“ бр.7-2 Скопје

Page 52: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/10

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД – Битола, наш број 09-489/1 од 26.08.2016 година, изјавена против отворањето на понудите и тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици на договорниот орган – СОУ Цар Самоил – Ресен, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД – Битола, изјавена против отворањето на понудите и тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици на договорниот орган – СОУ Цар Самоил – Ресен, СЕ ОДБИВА

КАКО НЕОСНОВАНА.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД – Битола, изјавил жалба против отворањето на понудите и тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици на договорниот орган СОУ Цар Самоил – Ресен, бидејќи смета дека тендерската документација не е во согласност со Законот за јавните набавки и довела до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, поради што предлага Државната комисија да ја поништи постапката, како и да го задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Page 53: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/10

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована и предлага истата како таква да се одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за групна јавна набавка, огласот, тендерската документација, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за групна јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици, за што претходно била донесена Одлука за групна јавна набавка бр.05-287/3 од 20.07.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки, во Службен весник на Република Македонија и во Службено гласило на Европската унија. Договорниот орган спровел истражување на пазарот, при што утврдил дека има доволен број на економски оператори кои можат да ги исполнат предвидените критериуми за утврдување на способност, поради што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Набавката била делива на 33 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 16.08.2016 година,

пристигнале вкупно 3 (три) понуди од економските оператори Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД – Битола, „БОБИ ТУРС“ ДООЕЛ – Битола и

Page 54: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/10

„ТАБАК ТУРС“ ДООЕЛ – Ресен, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-287/32 од 16.08.2016 година.

Незадоволен од отворањето на понудите и тендерската

документација жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД – Битола.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека на отворањето на понудите

имало доставено три плика со понуди, од кои на пликот означен со број 2 не бил наведен бројот на огласот и немало ознака „Не отворај“ во горниот лев агол, спротивно на член 59 став 2 од Законот за јавните набавки и на потточката 4.8 став 1 од тендерската документација, па поради тоа, претставникот на жалителот побарал пликот со број 2 воопшто да не се отвора и понудата да биде отфрлена како неуредна согласно став 2 од наведената потточка 4.8 од тендерската документација. Мегутоа, Комисијата за јавни набавки сепак пристапила кон отворање на спорната понуда, по што се констатирало дека истата е на понудувачот ТАБАК ТУРС ДООЕЛ Ресен, како и тоа дека во неа недостасуваат првите две страници од образецот на понудата утврден со тендерската документација. Жалителот наведува дека во законски предвидениот рок од осум дена од денот на отворањето на понудите, ја поднесува оваа жалба против тендерската документација и дејствијата поврзани со отворањето на понудите во предметната постапка, поради наведените причини, како и поради тоа што тендерската документација во предметната постапка е спротивна на член 2 алинеја 4 од Законот за јавните набавки и доведува до дискриминација на економските оператори и до ограничување на пазарната конкуренција. Имено, жалителот наведува дека договорниот орган го оформил предметот на набавката на 33 посебни делови, при што секое населено место го оформил како посебен дел, наместо предметот на набавката да го оформи на делови по релации, согласно член 144 став 5 од Законот за јавните набавки. За ваквиот пропуст, жалителот му укажал на договорниот орган преку поставените прашања, меѓутоа договорниот орган сепак одлучил да не направи измена на огласот и на тендерската документација и одлучил предметот на набавката да остане поделен на првичните 33 делови. Со самото тоа што предметот на набавката го оформил на 33 делови, при што секое населено место преставува посебен дел и притоа од економските оператори барал за секој дел да ангажираат

Page 55: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/10

посебно возило, според жалителот договорниот орган непотребно и економски неоправдано предизвикува повисоки трошоци за економските оператори, што секако доведува до повисоки цени за бараната услуга за превоз на учениците, што пак крајно ќе резултира со нерационално и неефикасно искористување на средствата за предметната постапка, спротивно на член 2 алинеја 4 од Законот за јавните набавки. Ова дотолку повеќе што според техничките спецификации од тендерската документација, услугите за превоз ќе ги користат вкупно 165 ученици кои што ќе треба да се превезуваат со вкупно 33 возила, што во просек доаѓа по едно возило за секои пет ученици, а реално од некои населени места има само по еден или по двајца ученици и за нив ќе треба да се ангажира посебно возило со минимум осум седишта, не сметајќи го седиштето на возачот. Конкретно, населените места: Долно Дупени, Љубојно, Штрбово, Наколец, Арвати, Крани, Сливница, Претор, Асамати, Курбиново, Долна Бела Црква, Козјак, Горна Бела Црква, Грнчари и Подмочани (делови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14 и 15 од предметната набавка), жалителот наведува дека се наоѓаат на иста траса (релација) до Ресен и учениците од овие населени места, кои што се вкупно 72 на број, можат да се превезуваат со две возила (автобус и минибус), а како што барал договорниот орган, истите ученици ќе треба да се превезуваат со 15 различни возила. Понатаму, населените места: Крушје, Лева Река, Избиште и Јанковец (делови 18, 19, 20 и 21 од преметната набавка) исто така се наоѓале на иста траса (релација) до Ресен и учениците од овие населени места, кои што се вкупно 29 на број, можат да се превезуваат со едно возило, а договорниот орган барал истите ученици да се превезуваат со четири различни возила. Исто така, населените места: Царина, Стење, Болкодери, Шурленци, Покрвеник, Перово, Лавци, Дрмени, Езерани и Царев Двор (делови 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32 и 33 од предметната набавка), се наоѓале на иста траса (релација) до Ресен и учениците од овие населени места, кои што се вкупно 38 на број, можелe да се превезуваат со едно возило, а договорниот орган барал истите ученици да се превезуваат со дури 10 различни возила. Имајќи го предвид претходно наведеното, според жалителот, договорниот орган не само што ја изготвил предметната тендерска документација спротивно на членот 2 алинеја 4 од Законот за јавните набавки, при што истата доведува или може да доведе до нерационално и неефикасно искористување на средствата за предметната постапка, туку истовремено, вака изготвената тендерска документација доведува до дискриминација на економските оператори и до ограничување на пазарната конкуренција, затоа што не сите економски оператори имаат и можат да аплицираат со толку многу возила за превоз на учениците од СОУ „Цар Самоил“ и ОУ „Гоце Делчев“ Ресен, колку што

Page 56: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/10

бара договорниот орган. Врз основа на наведеното, жалителот предлага Државната комисија да ја поништи постапката, како и да го задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка. Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека истата е неоснована. Според договорниот орган, жалбените наводи на жалителот кои се однесуваат на дејствијата поврзани со постапката на отворањето на понуди се неосновани од причина што Комисијата за јавни набавки, во времето и местото определено во тендерската документација пристапила кон јавно отворање на понудите. Договорниот орган наведува дека биле пристигнати три понуди доставени лично од економските оператори кои и со приложено овластување присуствувале на отворањето. И покрај забелешката на еден од понудувачите, односно на жалителот да не се пристапува кон отворање на второ пристигнатата понуда, Комисијата за јавни набавки одлучила пликото да го отвори бидејќи согласно член 136 став 3 од Законот за јавните набавки: „При јавното отворање на понудите ниту една понуда не смее да биде отфрлена, освен тие кои се поднесени по крајниот рок за поднесување на понудите“, по што и Комисијата постапила на тој начин, односно на јавното отворање на понудите не се врши проверка на комплетноста и валидноста на документацијата што е предмет на фазата на евалуација предвидено во член 140 од Законот за јавните набавки, додека пак неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира согласно став 7 од наведениот член. Договорниот орган наведува дека Комисијата за јавни набавки утврдила дека сите навремено пристигнати понуди треба да бидат отворени на јавното отворање, додека пак причината за отфрлање на понудите поради формални недостатоци на истите би требало да биде наведена во точка 11 од образецот на Извештај од спроведена постапка каде е наведено: „По разгледување на понудите кои се предмет на евалуација комисијата утврди дека понудите на следниве понудувачи не ги исполнуваат условите за учество, односно содржат формални недостатоци и поради тоа нема да се разгледуваат во понатамошна евалуација на понудите“, со што на тој начин е задоволен член 59 став 2 од Законот за јавните набавки каде е наведена пропишаната исправност на доставување на понудите и потточка 4.8 став 1 од тендерската документација. По однос на потточка 4.8 став 2 од тендерската документација, договорниот орган истакнува дека всушност се напоменува на непреземањето на одговорност од предвремено отворање или оштетување на понудите од страна на договорниот орган, од што можело да се увиди дека никоја од горенаведените точки не се однесува на фазата на отворањето на

Page 57: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/10

понудите, туку на фаза на евалуација на понудите кога и се утврдува уредноста/неуредноста, прифатливоста/неприфатливоста на понудите, причините за отфрлање на понудите, комплетноста/некомплетноста како и валидноста, односно невалидноста на понудите. Врз основа на наведеното, Комисијата за јавни набавки констатирала дека формалните недостатоци не се причина за отфрлање на понудата, туку ваквиот вид на недостаток е внесен во Записникот од јавното отворање во посебен дел за формални аспекти на понудата. Исто така, според договорниот орган жалбениот навод кој се однесува на тендерската документација е неоснован од причина што Комисијата за јавни набавки во обжалената постапка при изготвувањето на тендерската документација се водела од член 144 став 5 од Законот за јавните набавки кој предвидува: „При доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, предметот на договорот за јавна набавка задолжително се оформува на делови, при што секоја релација претставува посебен дел“, што не претставувало загрозување на основните принципи на Законот за јавните набавки, туку напротив овозможувало зголемување на конкуренцијата и недискриминација на економските оператори и отворање можност на помалите превозници да учествуваат. Договорниот орган наведува дека во текот на постапката биле поставени повеќе прашања од економски оператори, меѓу кои и прашањето зошто секоја релација претставува посебен дел. На сите прашања Комисијата за јавни набавки навремено одговорила, а по однос на наводите за потребната измена на огласот и тендерската документација, Комисијата за јавни набавки не утврдила дека е потребно, бидејќи се водела од член 144 став 5 од Законот за јавните набавки каде јасно е наведено како треба да бидат оформени деловите, а измена на тендерска документација согласно член 38 од Законот за јавните набавки договорниот орган врши по свое наоѓање или врз основа на поднесени прашања за објаснување од економски оператори, што не било случај во конкретната постапка. Договорниот орган наведува дека предметот на набавката го оформил на 33 делови согласно член 144 став 5 од Законот за јавните набавки, каде децидно било наведено дека при доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, предметот на договорот задолжително се оформува на делови, при што секоја релација претставува посебен дел. Со ова законско решение всушност се оневозможувало групирање на повеќе релации во рамките на еден дел, со што се овозможува во постапките да учествуваат и помалите превозници, зошто не се прават големи пакети со повеќе релации што може да ги задоволат само мал број на превозници. Според договорниот орган, Законот за јавните набавки не дава можност поради

Page 58: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/10

малиот број на ученици да се формираат релации кои ќе вклучат повеќе населени места иако можеби од економска гледна точка е пооправдано такво групирање, но е спротивно на законот. Наводите на жалителот кои се однесуваат на географската распределеност на населените места и дека учениците од пооделните релации - делови се наоѓаат на иста траса, договорниот орган смета дека се неосновани. Имено, договорниот орган наведува дека иако населените места од одделните релации припаѓаат на иста траса, сепак растојанието е различно, а со самото тоа возната карта - билет е со различна цена на услугата. Договорниот орган смета доколку жалителот сака со своја понуда да учествува во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, можел да учествува на онолку делови на колку има потребен број на возила за вршење на превозот на учениците, што не значело дека мора да учествува на сите делови од техничките спецификации. СОУ„ Цар Самоил“ како носител на групната набавка, по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот согласно член 36-а став 2 од Законот за јавните набавки, бидејќи биле утврдени критериуми за утврдување на способност, направил анализа на пазарот во која бил вклучен и жалителот со цел да се дојде до информација дали има пет или помалку од пет економски оператори на пазарот на Република Македонија, бидејќи доделување на договорот за јавна набавка се спроведувало со отворена постапка. Од пристигнатите одговори по спроведената анализа, се дошло до заклучок дека има доволен број на економски оператори и поради тоа лицата кои ги дефинирале критериумите образложиле дека нема потреба да се бара согласност од Советот за јавни набавки. Сите економски оператори кои биле предмет на анализа на пазарот, биле по електронски пат и по пошта известени дека биле предмет на анализа и истите биле поканети да учествуваат на предметната постапка. Договорниот орган смета дека тендерската документација не е изготвена спротивно на членот 2 од Законот за јавните набавки бидејќи, напротив, дава можност за поголема конкуренција меѓу економските опратори, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, транспарентност и интегритет, а во однос на рационалноста и ефикасното искористување на средствата во постапките за доделување на договорите за јавни набавки од член 2 алинеја 4 од Законот за јавните набавки, договорниот орган како носител на групната набавка немал можност да постапува пак спротивно на член 144 став 5 од Законот за јавните набавки. Врз основа на наведеното, договорниот орган предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Page 59: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/10

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите доставени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи на жалителот кои се однесуваат на

отворањето на понудите, бидејќи во конкретниот случај, Комисијата за јавни набавки при договорниот орган постапила согласно член 136 точка 3, 4, 5 и 6 од Законот за јавните набавки каде е предвидено: (3) „При јавното отворање на понудите ниту една понуда не смее да биде отфрлена, освен тие кои се поднесени по крајниот рок за поднесување на понудите.“ (4) „Пред почетокот на отворањето на понудите комисијата го утврдува бројот на пристигнатите понуди, ги проверува овластувањата на овластените претставници и ги утврдува измените, замените или повлекувањата на понудите, како и нивната навременост и пропишаната исправност на поднесувањето на понудите.“ (5) „При читањето на понудите, задолжително треба да се прочита: - повикувањето на бројот на огласот, - името на понудувачот, - цената на понудата и валутата во која е искажана понудата, - евентуално дадениот попуст и - понудената гаранција.“ (6) „Договорниот орган во тендерската документација може да дефинира и други елементи кои ќе бидат прочитани на јавното отворање.“

Државната комисија не ги прифати жалбените наводи на жалителот

во однос на тендерската документација, односно на деливоста на набавката и утврди дека договорниот орган постапил согласно член 144 став 5 од Законот за јавните набавки, според кој при доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, предметот на договорот за јавна набавка задолжително се оформува на делови, при што секоја релација преставува посебен дел.

Од наведените причини, Државната комисија одлучи да ја одбие

жалбата како неоснована, и укажува при евалуацијата на понудите договорниот орган да ги евалуаира само понудувачите кои во целост ги исполнуваат условите наведени во тендеркска документација, а посебно да ги има во предвид одредбите од член 144 став 6 од Законот за јавните набавки, според кој економскиот оператор или групата економски оператори може да поднесе понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници за онолку релации за колку што поседува слободни возила за посебен линиски превоз на патници и истите треба да ги исполнуваат минималните техничко – експлотациони стандарди утврдени во тендерската документација.

Page 60: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/10

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки е утврдено: „Со овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено дека:

„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Во член 32 став 1 од Законот за јавните набавки е наведено:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди наекономскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“ Согласно член 140 став 1, 2, 7 и 8 од Законот за јавните набавки: (1) „Предмет на евалуација не може да бидат понуди кои не се отворени на јавното отворање.“ (2) „Комисијата, пред да пристапи кон евалуација на понудите, задолжително проверува дали е објавена негативна референца на понудувачите до истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, што соодветно го документира како дел од досието на постапката. Комисијата ја проверува валидноста и комплетноста на документацијата за утврдување на способност само на понудувачите за кои не е објавена негативна референца и тоа во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите, односно десет работни дена кај набавките со проценета вредност над еден милион евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ.“ (7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.“ (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност

Page 61: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/10

со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“ Согласно член 210 став 1 алинеја 5 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите.“

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-489/6 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - СОУ Цар Самоил – Ресен, ул.Кочо Рацин бр.48, Ресен - Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД – Битола, ул.Никола Тесла бр.160, Битола

Page 62: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/10

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „РЕД ШПЕД” ДООЕЛ – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Александар Михајлоски од Скопје, наш број 08-486/1 од 25.08.2016 година, против Одлуката за доделување на договор за јавна набавка бр.18/3-399/16 од 10.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.18/3-399/6/2016 за набавка на услуги – царина и шпедиција на договорниот орган – Министерство за одбрана на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „РЕД ШПЕД” ДООЕЛ – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Александар Михајлоски од Скопје, против Одлуката за доделување на договор за јавна набавка бр.18/3-399/16 од 10.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.18/3-399/6/2016 за набавка на услуги – царина и шпедиција на договорниот орган – Министерство за одбрана на Република Македонија, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „РЕД ШПЕД” ДООЕЛ – Скопје, изјавил жалба преку полномошник Адвокат Александар Михајлоски од Скопје, против Одлуката за доделување на договор за јавна набавка бр.18/3-399/16 од 10.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.18/3-399/6/2016 за набавка на услуги – царина и шпедиција на договорниот орган Министерство за одбрана на Република Македонија, бидејќи смета дека се сторени битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка од член 210 алинеја 6 од Законот за јавните набавки, поради што предлага

Page 63: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/10

Државната комисија да ја уважи жалбата, оспорената одлука да ја поништи и предметот да го врати на повторно постапување, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека

жалбата е неоснована и предлага истата како таква да се одбие. Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, понудите на понудувачите, извештајот од спроведена е-аукција, извештајот од спроведена постапка, одлуката за доделување на договор за јавна набавка, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена постапка бр.18/3-399/6/2016 за набавка на услуги – царина и шпедиција, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.18/3-399/2 од 06.06.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган спровел истражување на пазарот, при што утврдил дека има доволен број на економски оператори кои што можат да ги исполнат предвидените критериуми за утврдување на способност, поради што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Набавката не била делива, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда,

Page 64: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/10

Изјава за сериозност на понудата и 10% гаранција за квалитетно извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 13.07.2016 година,

пристигнале вкупно 5 (пет) понуди, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.18/3-399/9 од 13.07.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на понудите, при што понудата на жалителот ја отфрлила како неприфатлива, а останатите прифатливи понудувачи ги поканила на е-аукција, за што составила Извештај од спроведена постапка бр.18/3-399/13 од 13.07.2016 година. По завршувањето на е-аукцијата која се одржала на ден 27.07.2016 година во периодот од 09:30:00 часот до 10:55:53 часот, врз основа на Извештајот за текот на е-аукцијата и Извештајот од спроведена постапка по завршена е-аукција бр.18/3-399/15 од 27.07.2015 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда да биде избрана понудата на економскиот оператор „ДАУТИ ТРАНСПОРТШПЕД“ АД – Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена Одлука за доделување на договор за јавна набавка бр.18/3-399/16 од 10.08.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија за

жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „РЕД ШПЕД” ДООЕЛ – Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека при донесувањето на

обжалената одлука, сторени се битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка од член 210 алинеја 6 од Законот за јавните набавки на кои согласно член 211 од истиот закон, Државната комисија за жалби по јавни набавки постапува и по службена должност. Жалителот наведува дека во Известувањето бр.18/3-399/18 од 10.08.2016 година, доставено од страна на договорниот орган до жалителот заедно со сега обжалената одлука, наведено било дека Комисијата за јавни набавки евалуацијата на прифатливите понуди ја извршила врз основа на утврдените критериуми во тендерската документација и спроведената е-аукција, за услуги за царина и шпедиција при што се избира понудата на „Даути Транспортшпед“ АД

Page 65: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/10

Скопје. Понудата на жалителот била отфрлена бидејќи нема доставено документи за докажување на техничката и професионалната способност - копија од одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки од Централна управа на Царинската управа на РМ при Министерството за финансии и преглед на сопствени царински складишта, а доколку не располагаат со сопствени, доказ/договор за користење на царински складишта од други иматели, како и различен пристап кон понудените цени. Меѓутоа, давајќи ги ваквите причини како образложение за отфрлање на понудата на жалителот, договорниот орган ги сторил наведените битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка од член 210 алинеја 6, а в.в. со член 152 од Законот за јавните набавки, согласно кој: „Договорниот орган може да побара од економскиот оператор кој учествува во постапката за доделување на договор за јавна набавка, да ја докаже својата техничка или професионална способност. Согласно став 2 од истиот член, ако договорниот орган бара докажување на техничката и професионалната способност, во тендерската документација ги наведува документите со кои економскиот оператор треба да ја докаже истата.“ Со потточка 2.4 од тендерската документација - „За докажување на способноста за вршење на техничка или професионална дејност“ било определено дека: „За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови: - да поседува Одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки издадено од Централна управа на Царинската управа на РМ при Министерството за финансии, - да поседува минимум едно сопствено царинско складиште, а доколку не располагаат со сопствени, доказ/договор за користење на царински складишта од други иматели. Меѓутоа, според жалителот, договорниот орган погрешно постапил кога утврдил дека жалителот не доставил ваков документ во смисла на член 152 од Законот за јавните набавки и потточка 2.4 од тендерската документација и погрешно постапил кога поради таквите причини оценил дека неговата понуда е неприфатлива на што следело отфрлање на истата. Имено, на ден 06.06.2016 година преку меил комуникација од страна на договорниот орган до жалителот бил доставен допис пред објавување на огласот за доделување на договор за јавна набавка на бараните услуги, со кој имајќи ги во вид одредбите од член 36-а став 2 од Законот за јавните набавки, се вршело истражување на пазарот за утврдување на способноста на економските оператори. Ова истражување имало за цел да испита како би се квалификувале како способни економските оператори за извршување на

Page 66: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/10

предметниот договор за јавна набавка од аспект на нивната техничка или професионална способност, при што од жалителот било побарано во рок од 3 дена да достави одговор дали ги исполнува бараните услови од аспект на техничка или професионална способност (да поседува Одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки издадено од Централна управа на Царинската управа на Република Македонија при Министерството за финансии, да поседува минимум едно сопствено царинско складиште, а доколку не располагаат со сопствени, доказ/договор за користење на царински складишта од други иматели) за предметот на набавката. Жалителот истиот ден на 06.06.2016 година, ги доставил бараните документи на меил до договорниот орган, за потоа, договорниот орган по пат на меил комуникација на ден 09.06.2016 година да испрати известување до жалителот дека договорниот орган го објавил тендерот за услуги Царина и шпедиција за кој жалителот бил вклучен во претходно истражување на пазарот, за што договорниот орган пратил покана за учество на јавната набавка на услуги. На објавениот оглас жалителот, како заинтересиран економски оператор, доставил понуда во електронска форма преку електронскиот систем за јавни набавки каде уредно ги доставил сите побарани документи, вклучувајќи ги и Одобрението за вршење на работи за застапување во царинските постапки У бр.С. 49498/15 бр.10-093332/15-0003 од 31.05.2016 година и Договор за закуп заведен кај жалителот под арх.бр.0406-20/2015 од 21.01.2015 година, кои биле побарани согласно тендерската документација како доказ за техничка и професионална способност. Согласно условите од објавениот оглас, жалителот доставил комплетна понуда, со сите барани прилози согласно тендерската документација. На денот на одржувањето на јавното отворање на понудите, каде жалителот учествувал како подносител на понуда, јавно биле отворени сите понуди вклучувајќи ја и онаа на жалителот, меѓутоа не била најдена никава забелешка во однос на комплетноста на документацијата. На ден 10.08.2016 година, жалителот добил известување со Одлука бр.18/3-399/18 за избор на најповолна понуда по предметниот јавен повик, со прилог известување дека понудата на жалителот е отфрлена бидејќи нема доставено документи за докажување на техничката и професионална способност - Одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки издадено од Централна управа на Царинската управа на РМ при Министерството за финансии и - минимум едно сопствено царинско складиште, а доколку не располагаат со сопствени, доказ/договор за користење на царински складишта од други иматели. Жалителот наведува дека ги презел сите дејствија во однос на доставата на потребната документација за учество

Page 67: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/10

во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Во делот на барањата за исполнување на техничка и професионална способност, во документацијата од јавниот повик било побарано „да поседува Одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки издадено од Централна управа на Царинската управа на РМ при Министерството за финансии и да поседува минимум едно сопствено царинско складиште, а доколку не располагаат со сопствени, доказ/договор за користење на царински складишта од други иматели“ и ова барање од страна на жалителот било исполнето, односно со доставената понуда било доставено Одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки и Договор за закуп. Доколку се изврши увид во предметот, според жалителот јасно ќе се утврди дека со поднесувањето на својата понуда целосно ги задоволил барањата, односно уредно ги доставил сите барани документи со тендерската документација, односно за исполнување на техничка и професионална способност, а тоа е Одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки издадено од Централна управа на Царинската управа на РМ при Министерството за финансии и доказ/договор за користење на царински складишта од други иматели. Согласно член 140 став 2 од Законот за јавните набавки: „Комисијата, пред да пристапи кон евалуација на понудите, задолжително проверува дали е објавена негативна референца на понудувачите до истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, што соодветно го документира како дел од досието на постапката. Комисијата ја проверува валидноста и комплетноста на документацијата за утврдување на способност само на понудувачите за кои не е објавена негативна референца и тоа во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите, односно десет работни дена кај набавките со проценета вредност над еден милион евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, а согласно став 3: Комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рокот од ставот (2) на овој член. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања.“ Согласно цитираната одредба од Законот за јавните набавки, жалителот смета дека недвосмислено може да се заклучи дека дури и во случај договорниот орган да бил во право дека документацијата за докажување на техничка и професионална способност не била поднесена во прилог на понудата, за комисијата задолжена за евалуација на понудите, постоела законска обврска согласно член 140 став 3 од Законот за јавните набавки да побара од економскиот оператор да ги дополни документите за утврдување на

Page 68: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/10

способност во дополнително оставен рок, а не веднаш да одлучи за нејзино отфрлање. Оттука, јасно произлегувало дека договорниот орган пропуштил да утврди дека жалителот во целост постапил согласно потточка 2.4 од тендерската документација, односно дека доставил целосна и комплетна документација, па поради тоа не постојат причините за отфрлање на неговата понуда, со кое дејствие договорниот орган ја сторил споменатата битна повреда на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка. Во жалбата, жалителот ги цитира и член 209 став 1, член 210 алинеја 6 и член 211 од Законот за јавните набавки. Врз основа на наведеното, жалителот предлага Државната комисија да ја уважи жалбата, оспорената одлука да ја поништи и предметот да го врати на повторно постапување, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка. Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека жалбените наводи се во целост неосновани од причина што како што било наведено во Огласот за доделување на договор за јавна набавка бр.18/3-399/6 од 09.06.2016 година (Дел III.1 и III.4) и во тендерската документација, договорниот орган спровел постапка во хартиена форма која завршува со е-аукција и во никој случај не можел да ги земе во предвид документите кои биле испратени во фазата на вршење на анализа на пазарот или наводно биле електронски понудени преку ЕСЈН. Исто така, договорниот орган наведува дека жалителот никаде во својата жалба не го спомнува вториот основ за неприфаќање на неговата понуда - различниот пристап кон единечните цени заради кој Комисијата за јавни набавки не можела да ја спореди неговата понуда со понудите на останатите понудувачи. Имено, во конкретната постапка за набавка, договорниот орган преку е-маил испратил акт за истражување на пазарот во кој се барало од економските оператори да потврдат дали ги исполнуваат бараните критериуми за техничка или професионална способност за бараниот предмет на набавка. Откако добил позитивен одговор од 6 економски оператори (меѓу кои и жалителот), договорниот орган го објавил огласот за јавна набавка и согласно Законот за јавните набавки, ги известил економските оператори кои биле вклучени во истражување на пазарот дека го објавил огласот и ги поканил да учествуваат во постапката за јавна набавка. При евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки утврдила дека понудата на жалителот не ги содржи бараните документи за докажување на техничката или професионална способност (Копија од одобрение за вршење на работи за застапување во царинските постапки од Централна управа на Царинската управа на РМ при Министерството за финансии и Преглед на

Page 69: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/10

сопствени царински складишта, а доколку не располагаат со сопствени, доказ/договор за користење на царински складишта од други иматели), како и дека има направено превид во понудените цени, односно понудил сосема различен пристап кон едниечните цени од другите понудувачи, што му било предочено на самото отворање. Бидејќи согласно член 140 став 3 и 4 од Законот за јавните набавки: „Комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рокот од ставот (2) на овој член. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања и никакви промени во техничката и финансиската понуда не смеат да се бараат, нудат или да се допуштаат од страна на комисијата, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки“, договорниот орган наведува дека Комисијата постапила во согласност со законот и понудата на жалителот е отфрлена за што бил известен и во Известувањето бр.18/3-399/18 од 10.08.2016 година. Договорниот орган смета дека на жалителот кој учествува во постапките за јавна набавка, би морало да му биде познато дека неговата понуда ќе биде отфрлена како неприфатлива по неколку основи. Комисијата за јавни набавки, при предлагањето на одлуката за отфрлање на понудата на жалителот, ги имала во предвид сите одредби од Законот за јавните набавки и немала друг избор освен да ја отфрли неговата понуда. Врз основа на наведеното, предложените докази и целокупната документација за оваа постапка за јавна набавка, договорниот орган предлага Државната комисија да ја одбие жалбата како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи на жалителот дека со донесувањето на оспорената одлука за избор на најповолна понуда, договорниот орган сторил битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка предвидени во член 210 став 1 алинеја 6 од Законот за јавните набавки, односно дека договорниот орган сторил битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите.

Со увид во финансиската понуда на жалителот, во графата каде

договорниот орган предвидел впишување на единечна цена во денари без ДДВ, Државната комисија утврди дека жалителот во неколку ставки ја

Page 70: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/10

ставил единечната цена, но впишувал и плус други износи, а кое нешто не е предвидено во образецот на понудата во делот на финансиската понуда.

Државната комисија утврди дека понудата на жалителот е

неприфатлива и поради тоа што сите нејзини страници не се парафирани, што значи дека жалителот не постапил според барањата предвидени во точката 4.7 од тендрската документација – Форма и потпишување на понудата.

Во однос на жалбениот навод на жалителот дека истиот доставил

понуда во електронска форма преку ЕСЈН каде уредно ги доставил сите побарани документи, Државната комисија укажува дека договорниот орган предвидел оваа постапка да не се спроведува со користење на електронски средства преку ЕСЈН, освен во делот на електронска аукција.

Во член 3 точка 20 и 24 од Законот за јавните набавки е наведено: 20.

„Финансиска понуда е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација.“ 24. „Прифатлива понуда е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“.

Во член 32 став 1 од Законот за јавните набавки е наведено:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“

Постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, Државната комисија не најде битна повреда за која внимава по службена должност.

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Page 71: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/10

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-486/7 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Министерство за одбрана на Република Македонија, бул.илинден бб, Воена болница, Регрутен центар, Скопје - Адвокат Александар Михајлоски од Скопје, ул.Црвена Вода бр.7/3, Скопје

Page 72: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/2

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „АНЕТА КОМПАНИ“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 08-497/1 од 31.08.2016 година, изјавена против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016 за набавка на прехранбени производи на договорниот орган – КПУ „ИДРИЗОВО“ – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 2 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ КОНСТАТИРА повлекување на жалбата поднесена од жалителот „АНЕТА КОМПАНИ“ ДООЕЛ – Скопје, против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.16/2016 за набавка на прехранбени производи на договорниот орган – КПУ „ИДРИЗОВО“ – Скопје.

2. СЕ ПРЕКИНУВА постапката по предметот бр.08-497/1. 3. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по предметот бр.08-497/1 по однос на жалбата поднесена од жалителот „АНЕТА КОМПАНИ“ ДООЕЛ – Скопје, констатира дека со Допис бр.03-94/1 од 02.09.2016 година доставен од страна на жалителот, истата ја повлекува.

Имено, согласно со член 220 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните

набавки во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја прекине постапката заради повлекување на жалбата од страна на жалителот.

Page 73: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/2

Со оглед на изнесеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи како во диспозитивот од причина што и немаше потреба да постапува по соодветниот предмет.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-497/7 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива; - КПУ „ИДРИЗОВО“ – Скопје, с.Идризово, Скопје - „АНЕТА КОМПАНИ“ ДООЕЛ – Скопје, ул.Борис Трајковски бр.60, Пинтија, Скопје)

Page 74: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/3

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки постапувајќи по жалбата на жалителот – „3 СТ“ ДООЕЛ – Илинден, Скопје, наш број 09-502/1 од 02.09.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-286/5 од 29.08.2016 година за Дел 1 и 2, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2016 за набавка на масла, мазива и филтри за мотрорни возила, на договорниот орган – ЈП Комуналец – Битола, врз основа на член 220 став (2), а во врска со член 221 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година, го донесе следниот

ЗАКЛУЧОК

1. СЕ ЗАПИРА постапката по жалбата на жалителот „3 СТ“ ДООЕЛ – Илинден, Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-286/5 од 29.08.2016 година за Дел 1 и 2, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2016 за набавка на масла, мазива и филтри за мотрорни возила, на договорниот орган – ЈП Комуналец – Битола.

2. Се задолжува договорниот орган на жалителот, да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 12.298,00 денари во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

3. Против овој Заклучок не е дозволена посебна жалба.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган ЈП Комуналец – Битола, објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.10/2016 за набавка на масла, мазива и филтри за мотрорни возила и донел Одлука за

Page 75: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/3

избор на најповолна понуда бр.05-286/5 од 29.08.2016 година со која извршил избор.

Незадоволен од донесената одлука за избор за Дел 1 и 2, жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор „3 СТ“ ДООЕЛ – Илинден, Скопје, во која наведува дека договорниот орган не постапил согласно Законот за јавните набавки кога ја отфрлил неговата понуда, при што предлага Државната комисија да ја разгледа спроведената евалуација и одлуката за избор на најповолна понуда и врз основа на тоа да донесе решение кое ќе одговара на фактичката состојба.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека по приемот на жалбата констатирал дека истата е основана и постапил согласно со член 221 од Законот за јавните набавки, ја уважил жалбата во целост и донел нова Одлука бр.05-286/5-2 од 07.09.2016 година, за ставање вон сила на оспорената одлука и Одлука бр.05-286/5-2 од 12.09.2016 година за измена и дополнување на одлуката за ставање вон сила на одлуката за избор на најповолна понуда, со која го става вон сила изборот на најповолната понуда за Дел 1 и Дел 2 од предметот на јавната набавка.

Оттука, Државната комисија разгледувајќи ги доставените писмени докази, како и наводите на двете страни, утврди дека договорниот орган постапил согласно со одредбите од член 221 од Законот за јавните набавки кој предвидува: „1) Ако договорниот орган по приемот на жалбата, најде дека истата е делумно или во целост основана, може постојната одлука да ја стави вон сила, односно да донесе нова одлука, или да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, да го исправи дејствието, да го преземе дејствието што го пропуштил или да спроведе нова постапка за доделување на договор за јавна набавка, со известување на учесниците во постапката на начин пропишан со овој закон, во рок од пет дена од приемот на жалбата. 2) Против новата одлука, дејствие или пропуштање за преземање дејствие, подносителот на жалбата има право на жалба под условите предвидени со овој закон“ и 3) Договорниот орган кој ги користи овластувањата пропишани со овој член, должен е за тоа да ја извести Државната комисија со доставување на новата одлука, односно докази за доставување на истата на жалителот.

Со оглед на тоа што, договорниот орган постапил согласно со член 221 од Законот за јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни

Page 76: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/3

набавки донесе заклучок со кој се запира постапката по жалбата на жалителот „3 СТ“ ДООЕЛ – Илинден, Скопје.

Бр.09-502/5 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - ЈП Комуналец – Битола, ул.16 бб, Битола - „3 СТ“ ДООЕЛ – Скопје, ул.21 бр.8, н.Илинден, Скопје

Page 77: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „АМИГО КОМПАНИ” ДОО – с.Негорци, Гевгелија, изјавена преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, наш број 09-494/1 од 29.08.2016 година, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-221/9 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици за учебната 2016/2017 година на договорниот орган – ООУ „КОЧО РАЦИН“ – Нов Дојран, Дојран, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „АМИГО КОМПАНИ” ДОО – с.Негорци, Гевгелија, изјавена преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-221/9 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици за учебната 2016/2017 година на договорниот орган – ООУ „КОЧО РАЦИН“ – Нов Дојран, Дојран, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-221/9 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици за учебната 2016/2017 година на договорниот орган – ООУ „КОЧО РАЦИН“ – Нов Дојран, Дојран.

3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици за учебната 2016/2017 година на договорниот орган – ООУ „КОЧО РАЦИН“ – Нов Дојран, Дојран.

4. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести

трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од

Page 78: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/9

12.300,00 денари, како и износ од 3.900,00 денари + 18% ДДВ за состав на жалба, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „АМИГО КОМПАНИ” ДОО – с.Негорци, Гевгелија, изјавил жалба преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-221/9 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици за учебната 2016/2017 година на договорниот орган ООУ „КОЧО РАЦИН“ – Нов Дојран, Дојран, бидејќи смета дека е сторена повреда на начелото на транспарентност, дискриминација, економичност и конкурентност, сторени се суштествени повреди на одредбите од Законот за јавните набавки и Законот за општа управна постапка и погрешно се применети одредбите од Законот за јавните набавки, поради што предлага жалбата да се уважи, оспорената одлука да се поништи и предметот да го врати на повторно постапување, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува дека

жалбата е неоснована, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки истата како таква да ја одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, извештајот од спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Page 79: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/9

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена

постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици за учебната 2016/2017 година, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.05-221/1 од 27.06.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган спровел истражување на пазарот, при што сметал дека има доволен број на економски оператори кои можат да ги исполнат предвидените критериуми за утврдување на способност, поради што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Набавката била делива на 7 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 11.08.2016 година,

пристигнале вкупно 5 (пет) понуди, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-221/6 од 11.08.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на понудите, при што, три понуди меѓу кои и понудата на жалителот ги исклучила од понтатамошна евалуација, а останатите прифатливи понудувачи ги поканила на е-аукција за сите делови од предметот на набавката. По завршувањето на е-аукциите за сите 7 дела, врз основа на Извештаите за текот на е-аукциите и Извештајот од спроведена постапка бр.05-221/8 од 18.08.2015 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда за Дел 1, 2 и 6 да биде избрана понудата на економскиот оператор „ФОРТИ ДАВАС“ ДОО – Нов Дојран, а за Дел 3, 4, 5 и 7 да биде избрана понудата на економскиот оператор „ЛМ ЕКСПРЕС“ ДООЕЛ – с. Фурка. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-221/9 од 18.08.2016 година.

Page 80: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/9

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „АМИГО КОМПАНИ” ДОО – с.Негорци, Гевгелија.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган објавил

оглас бр.1/2016 за набавка на услуги - превоз на ученици, а немал побарано согласност од Советот за распишување на предметниот оглас и постапка. Главен критериум за доделување на договорот бил најниската цена. Жалителот наведува дека по јавното отворање на понудите, договорниот орган извршил избор на најповолна понуда, додека пак понудата на жалителот ја отфрлил како некомплетна. Вака како што е одлучено, жалителот смета дека договорниот орган го ставил во понеповолна положба од останатите економски оператори на начин што извршил избор на понуда која не е најповолна понуда, додека понудата на жалителот ја отфрлил. Исто така, жалителот наведува дека договорниот орган од непознати причини не постапил по одредбите од Законот за јавните набавки. За жалителот е нејасно зошто договорниот орган одлучувал селективно, кога одлучил понудата на жалителот да ја отфрли. Вака како што е одлучено, договорниот орган извршил дискриминација од причини што жалителот го ставил во понеповолна положба, спротивно на член 2 од Законот за јавните набавки. Во однос на избраниот понудувач, нејасно било како договорниот орган извршил избор за одредени делови и како е постигната цената. Со оглед на наведеното, според жалителот, договорниот орган постапил спротивно и на член 32, 140, 144 од Законот за јавните набавки на начин што сторил битни повреди на законот од член 210 став 1 од Законот за јавните набавки, односно спротивно на член 140 извршил избор на понуди. Врз основа на наведеното, жалителот предлага жалбата да се уважи, оспорената одлука да се поништи и предметот да го врати на повторно постапување, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

По извршениот увид во предметот, жалителот достави дополнување

на жалба во кое наведува дека од извршениот увид се потврдиле повредите кои ги сторил договорниот орган. Според жалителот, доколку се анализира Извештајот од спроведена постапка бр.05-221/8 од 18.08.2016 година, можело да се утврди дека понудата на жалителот воопшто не е ни спомната во извештајот, како да не постои. Ваквото постапување жалителот смета дека е спротивно на член 142 став 2 од Законот за јавните набавки во кој е

Page 81: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/9

предвидено: „Во зависност од спроведената постапка извештајот од ставот (1) на овој член особено содржи: - име и адреса на договорниот орган, предмет и проценета вредност на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба, - име на избраните кандидати или понудувачи и образложение за нивниот избор, - име на кандидатите или понудувачите чии што пријави за учество или понуди се отфрлени и причините што довеле до нивно отфрлање, - причини за одбивање на понудите со невообичаено ниска цена и - име на понудувачот или понудувачите чија понуда е избрана за најповолна и начинот и причините за извршениот избор. Од наведениот Извештај, можело да се утврди дека недостасува понудата на жалителот, а не се наведени причини зошто понудата му е отфрлена. Жалителот наведува дека договорниот орган немал доставено одлука за одделен буџет до понудувачите, што било спротивно на член 27, ниту пак имал утврдено на кој начин извршил проценка на набавката и вредноста на реалната цена. Со оглед на ова, нејасно било колкав е одделниот буџет за секоја поединечна релација и како договорниот орган извршил избор на најповолна понуда, кога немало ниту одделен буџет ниту пак утврдено реална цена и како утврдил која е реална цена за сите одделни релации за кои извршил избор. Според жалителот, иако договорниот орган се повикувал дека извршил истражување на пазарот, сепак истиот не користел стандардна тендерска документација, која е пропишана со Правилник за формата и содржината на стандардните тендерски документации и стандардните технички спецификации и начинот на нивно користење од страна на договорните органи. Поради тоа што договорниот орган не користел стандардна тендерска документација, бил должен да побара согласност од Советот за јавни набавки во смисла на член 36 од Законот за јавните набавки. Поради тоа што договорниот орган не побарал согласност, жалителот смета дека постапката е незаконита, а со тоа е сторена битна повреда од член 210 од Законот за јавните набавки. За жалителот е нејасно како договорниот орган во точка 9 од тендерската документација - Завршување на постапка за доделување на договор за јавни набавки, навел дека по завршување на постапката, економските оператори треба да ги вратат мострите и урнеците. За тоа дека тендерската документација е конфузна и довела до дискриминација на економските оператори, бил во прилог фактот дека 3 понуди се отфрлени поради наводно несоодветно пополнување на тендерската документација и понудата. Меѓутоа, доколку Комисијата ги анализирала понудите на избраните економски оператори и тоа Л-М Експрес посебно во делот II Технички спецификации, ќе се утврдело дека понудата не е на образецот кој е прилог од тендерската документација, но оваа понуда не била отфрлена согласно член 140 од Законот за јавните набавки, туку е

Page 82: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/9

евалуирана и извршен е избор на најповолна понуда за четири релации. Жалителот смета дека понудата не е поднесена на образецот на понудата од дел 4 од тендерската документација. Исто така, понудата на ФОРТИ-ДАВАС, според жалителот не е поднесена на образецот предвиден во тендерската документација, па така спротивно на точка 2.4.3 наместо биланс на состојба и биланс на успех овој економски оператор доставил аналитички картици, а не банкарски изводи и биланс на состојба и биланс на успех, ниту пак поднел заверена понуда на образецот кој е наведен во тендерската документација. Исто така во точка 2.5 од тендерската документација, договорниот орган навел „доказ да поседува“, што значело дека врши дискриминација и наместо да поседува требало да биде наведено „да располага“, а како доказ дека ги исполнува критериумите од оваа точка, економскиот оператор на своја рака си предвидел документи кои не се соодветни (2.5.2. истите се контрадикторни со образецот на понудата, а ниту еден од избраните кандидати немале доставено документи кои се барале). Понудата на Л-М експрес не била пополнета на образецот кој се барал, а исто така и понудата на Форти Давас не била пополнета на соодветен образец, но овие понуди според жалителот биле привилегирани, евалуирани и избрани, додека спротивно на член 140 од Законот за јавните набавки понудата на жалителот и останатите понудувачи се отфрлени. Покрај сите овие пропусти, договорниот орган сторил повреда и на член 140 од Законот за јавните набавки, кога понудата на жалителот ја отфрлил. Согласно член 140 став 3 и 4 договорниот орган можел да ја побара изјавата за сериозност на понудата доколку сметал дека недостасува.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека

жалбата е неоснована, односно согласност од Советот за јавни набавки не била барана, од причина што се спровело истражување на пазарот на економските оператори за утврдување на способноста за вршење превоз на учениците од ООУ „Кочо Рацин“ Нов Дојран за учебната 2016/2017 година, по што бил изготвен Извештај за анализа на пазарот бр.05-221/3 од 11.07.2016 година. Договорниот орган наведува дека на 18.07.2016 година го објавил огласот, а до крајниот рок за поставување прашања 05.08.2016 година 15.30 часот, немало прашање од економските оператори. Јавното отворање на понудите се одржало на 11.08.2016 година во 11.00 часот, на кое биле поднесени 5 понуди и на кое не била дадена ниту една забелешка од било кој овластен претставник на понудувачите. Договорниот орган наведува дека по разгледување на понудите кои биле предмет на евалуација, Комисијата за јавни набавки утврдила дека понудите на Т-Стефани с.Пирава, Горан-ЈС с.Пирава и Амиго компани - с. Негорци имаат

Page 83: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/9

формални недостатоци кои се причина за отфрлање на понудите. Договорниот орган истакнува дека жалителот не доставил Изјава за сериозност на понудата и поради формални недостатоци неговата понуда е отфрлена и не може да биде предмет на евалуација. Според договорниот орган, Комисијата за јавни набавки не е должна да бара дополнително да се достави Изјава за сериозност на понудата од економските оператори. Согласно член 47 од Законот за јавните набавки, договорниот орган може да бара гаранција на понудата во вид на банкарска гаранција или депонирани средства, а во спротивно задолжително бара изјава за сериозност на понудата и тоа задолжително го наведува во тендерската документација. По одржувањето на е-аукцијата, директорот на ООУ Кочо Рацин Нов Дојран, го прифатил предлогот на Комисијата за јавни набавки и донел Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-221/9 од 18.08.2016 година. Договорниот орган смета дека комисијата за јавни набавки нема направено повреда на начелото на транспарентност, дискриминација и економичност,конкурентност и ги применила во целост одредбите на Законот за јавните набавки. Врз основа на наведеното, договорниот орган предлага Државната комисија да ја отфрли жалбата како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека жалбата е основана.

Основани се жалбените наводи на жалителот дека договорниот орган во оваа постапка сторил битни повреди на законот во постапката за доделување на договор за јавна набавка и дека погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати

жалбениот навод на жалителот дека во конкретниот случај, договорниот орган бил должен да се обрати и да побара согласност од Советот за јавни набавки пред да го објави огласот за јавната набавка.

Со увид во Извештајот за анализа на пазарот на договорниот орган,

Државната комисија утврди дека договорниот орган доставил прашалник до 6 економски оператори за исполнување на условите од тендерската документација, меѓутоа не добил никаков одговор, односно 2 економски оператори не заокружиле никаква опција, ниту „ДА“ ниту „НЕ“ од поставените прашања. Тоа се економските оператори МИЛ ДООЕЛ Богданци и ЛМ Експрес с.Фурка, додека економскиот оператор Дори с.Негорци не одговорил на второто поставено прашање, односно дали

Page 84: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/9

обртот на средствата изнесува 2 милиони денари годишно за последните 3 години.

Бидејќи, договорниот орган не постапил согласно член 36-а став 2, 3, 4,

5 и 6 од Законот за јавните набавки и не биле исполнети условите за распишување на огласот за оваа јавна набавка, истиот сторил битни повреди на законот во постапката за доделување на договор за јавна набавка предвидени во член 210 став 1 алинеја 9 од Законот за јавните набавки.

Со оглед дека договорниот орган во оваа постапка сторил таква неправилност која со никакво дополнително постапување не ќе може да се исправи, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата, да ја поништи одлуката за избор на најповолна понуда како и целокупната постапка по оваа јавна набавка.

Во член 36-а став 2, 3, 4, 5 и 6 од Законот за јавните набавки е

наведено: (2) „Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка доколку предвиди критериуми за утврдување способност, освен лична состојба и способност за вршење професионална дејност, кои може да ги исполнат: - три или помалку од три економски оператори на пазарот во Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност до 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, - четири или помалку од четири економски оператори на пазарот во Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност над 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ или - пет или помалку од пет економски оператори на пазарот во Република Македонија кај отворената постапката, ограничената постапка, постапката со преговарање со претходно објавување оглас и кај конкурентниот дијалог.“ (3) „По донесување на одлуката за јавна набавка а пред објавување на огласот, лицата што ги дефинираат техничките спецификации и критериумите за утврдување способност се должни да изготват соодветно образложение за оправданоста за нивно користење по претходна анализа на пазарот и да дадат извештај до одговорното лице со предлог во смисла за потребата од обезбедување согласност од Советот.“ (4) „Договорниот орган ја спроведува анализата од ставот (3) на овој член на тој начин што задолжително се обраќа со официјален допис или по електронски пат (електронска пошта) до производителите или економските оператори во Република Македонија и во странство што потенцијално можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации или критериумите за утврдување на способност за поединечен дел кај постапката, во зависност од правниот основ за

Page 85: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/9

барање согласност од овој член.“ (5) „Доколку анализата на пазарот се однесува и за барањата од техничките спецификации и за критериумите за утврдување на способност, договорниот орган ја спроведува на тој начин што во посебен допис се обраќа за произнесување во однос на барањата од техничките спецификации и во друг посебен допис за критериумите за утврдување на способност.“ (6) „Во обраќањето до производителите или економските оператори од ставот (5) на овој член, договорниот орган треба да побара одговор од нивна страна дали ги исполнуваат или не ги исполнуваат барањата од техничките спецификации или критериумите за утврдување на способност.“

Согласно член 210 став 1 алинеја 9 од Законот за јавните набавки:

„Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително согласно со овој закон.“

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-494/14 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - ООУ „КОЧО РАЦИН“ – Нов Дојран, Дојран, ул.Ристо Калов бб, Нов Дојран - Адвокат Билјана Андонова од Штип, ул.Маршал Тито бб, Штип

Page 86: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/3

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска - член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „КОНТЕГО” ДОО – Скопје, наш број 08-509/1 од 07.09.2016 година, изјавена во постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.47/2016 за набавка на услуги – закуп на простор за физичко архивирање и чување на електронски носачи на податоци и дигитализација на договорниот орган – ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, врз основа на член 220 став 1 алинеја 3 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „КОНТЕГО” ДОО – Скопје, изјавена во постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.47/2016 за набавка на услуги – закуп на простор за физичко архивирање и чување на електронски носачи на податоци и дигитализација на договорниот орган – ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕНАВРЕМЕНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство –

Скопје, спровел постапка за јавна набавка со Отворена постапка бр.47/2016 за набавка на услуги – закуп на простор за физичко архивирање и чување на електронски носачи на податоци и дигитализација, за што изготвил тендерска документација.

Незадоволен од поставените услови, жалба до Државната комисија

изјави економскиот оператор „КОНТЕГО” ДОО – Скопје. Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, како и останатата документација приложена во предметот,

Page 87: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/3

врз основа на член 220 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки најде дека:

Жалбaта е изјавена од овластен подносител. Жалбата е ненавремена. Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја

жалбата, утврди дека истата е ненавремена. Имено, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека жалителот „КОНТЕГО” ДОО – Скопје ја изјавил жалбата до Државната комисија за жалби по јавни набавки и до договорниот орган на ден 07.09.2016 година, а огласот на кој се однесува жалбата е објавен на 29.08.2016 година. Со оглед на фактот што договорниот орган спровел постапка со објавен Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка, рокот за жалба согласно член 216 став 2 алинеја 2 од Законот за јавните набавки, бил осум дена од денот на објавувањето на огласот, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека жалбата е ненавремена. Имено, на жалителот рокот за жалба му истекол на 06.09.2016 година, а истиот жалбата до Државната комисија за жалби по јавни набавки и до договорниот орган изјавил на 07.09.2016 година. Воедно, имајќи предвид дека жалбените наводи за поставените услови во огласот, истовремено се предвидени и во тендерската документација, Државната комисија утврди дека овие жалбени наводи се и недозволени, односно предвремено изјавени, а согласно член 216 став 2 алинеја 3 од Законот за јавните набавки.

Во член 216 став 2 алинеја 2 и 3 од Законот за јавните набавки е

уредено: (2) „Жалбата се изјавува во рок од осум дена односно три дена кај постапката со барање за прибирање на понуди од денот на: - објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот, - отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите“. Согласно со член 216 став 5 од Законот за јавните набавки: „Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од ставот (2) на овој член, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.“

Согласно член 220 став (1) алинеја 3 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја отфрли

Page 88: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/3

жалбата заради ненадлежност, недозволеност, неуреденост, ненавременост, поради тоа што е изјавена од неовластени лица и во случај на неисполнување на обврската од членот 212 став 2 на овој закон“.

Од причини што Државната комисија утврди дека изјавената жалба е

ненавремена, воопшто не се впушти во оценување на фактичката состојба и примената на материјалното право.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-509/5 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, ул.Водњанска бр.17, Скопје - „КОНТЕГО” ДОО – Скопје, П.фах 33, 1012 Визбегово, Скопје

Page 89: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/14

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „Т-СТЕФАНИ” ДООЕЛ – с.Пирава, Валандово, изјавена преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, наш број 09-493/1 од 29.08.2016 година, против Одлуката за избор на најповолна понуда и поништување на делови од постапката бр.02-301/3 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.06/2016 за набавка на превоз на ученици во учебната 2016/2017 година на договорниот орган – ООУ Јосип Броз Тито – Валандово, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „Т-СТЕФАНИ” ДООЕЛ – с.Пирава, Валандово, изјавена преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, против Одлуката за избор на најповолна понуда и поништување на делови од постапката бр.02-301/3 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.06/2016 за набавка на превоз на ученици во учебната 2016/2017 година на договорниот орган - ООУ Јосип Броз Тито – Валандово, СЕ УВАЖУВА. 2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда и поништување на делови од постапката бр.02-301/3 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.06/2016 за набавка на превоз на ученици во учебната 2016/2017 година на договорниот орган ООУ Јосип Броз Тито – Валандово.

3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.06/2016 за набавка на превоз на ученици во учебната 2016/2017 година на договорниот орган ООУ Јосип Броз Тито – Валандово.

4. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести

трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име

Page 90: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/14

административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 12.300,00 денари, како и износ од 3.900,00 денари +18% ДДВ за состав на жалба, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „Т-СТЕФАНИ” ДООЕЛ – с.Пирава, Валандово, изјавил жалба преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, против Одлуката за избор на најповолна понуда и поништување на делови од постапката бр.02-301/3 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.06/2016 за набавка на превоз на ученици во учебната 2016/2017 година на договорниот орган ООУ Јосип Броз Тито – Валандово, бидејќи смета дека е сторена повреда на начелото на транспарентност, дискриминација, економичност и конкурентност, сторени се суштествени повреди на одредбите од Законот за јавните набавки и Законот за општа управна постапка и погрешно се применети одредбите од Законот за јавните набавки, поради што предлага жалбата да се уважи, а оспорената одлука да се поништи и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.03-336/2 од 02.09.2016 година, договорниот орган ги негира жалбените наводи на жалителот и наведува дека истата е неоснована, поради што предлага истата како таква да се отфрли.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, тендерската документација, записникот за отворањето на понудите, извештајот од спроведена постапка, извештаите за текот на е-аукциите, одлуката за избор на најповолна понуда и поништување на

Page 91: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/14

делови од постапката, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена

постапка бр.06/2016 за набавка на превоз на ученици во учебната 2016/2017 година, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.02-301/1 од 15.07.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган не поднел барање за добивање на согласност за користење на критериумите за утврдување на способност до Советот за јавни набавки, ниту спровел истражување на пазарот. Набавката била делива на 6 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите со огласот било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 09.08.2016 година,

пристигнале вкупно 9 (девет) понуди, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.02-301/2 од 09.08.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на понудите, по што прифатливите понудувачи ги поканила на е-аукција за сите делови од предметот на набавката. По завршувањето на е-аукциите, врз основа на Извештаите од текот на е-аукциите и Извештајот од спроведена постапка бр.02-301/2-1 од 09.08.2016 година, одговорното лице на договорниот орган, донело Одлука за избор на најповолна понуда и поништување на делови од постапката бр.02-301/3 од 18.08.2016 година.

Page 92: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/14

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „Т-СТЕФАНИ” ДООЕЛ – с.Пирава, Валандово.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган немал

побарано согласност од Советот за распишување на предметниот оглас и постапка. Покрај наведеното, главен критериум за доделување на договорот бил најниската цена. Жалителот наведува дека по јавното отворање на понудите, договорниот орган за дел 1, 2 и 3 постапката ја поништил согласно член 2 став 4 и член 169 од Законот за јавните набавки. Врз основа на член 162 од Законот за јавните набавки, договорниот орган се повикувал наводно дека извршил правилен избор на релацијата бр.4, како и за дел 6. Вака како што било одлучено, договорниот орган го ставил жалителот во понеповолна положба од останатите економски оператори на начин што извршил избор на понуда на одреден дел, а за останатите делови постапката ја поништил. Според жалителот, договорниот орган согласно член 140 од Законот за јавните набавки, понудите на избраните понудувачи требало да ги отфрли, со што сторил повреда од член 210 од Законот за јавните набавки. Исто така, за жалителот е нејасно зошто договорниот орган одлучувал селективно кога одлучил дел од постапката да ја поништи, а за дел да изврши избор. Жалителот смета дека договорниот орган нема наведено ниту една валидна причина зошто парцијално е одлучено, односно зошто за едни делови постапката е завршена со одлука за избор, а зошто за други делови е поништена. Жалителот наведува дека договорниот орган извршил дискриминација од причини што за еден дел од набавката извршил избор, за дел ја поништил постапката, што укажува дека договорниот орган го ограничил пазарот, а со тоа и конкуренцијата меѓу економските оператори, спротивно на член 2 од Законот за јавните набавки. По однос на избраниот понудувач, за жалителот е нејасно како договорниот орган извршил избор за одредени делови и како е постигната цената, а објаснувањата се спротивни на член 169 од Законот за јавните набавки. Со оглед на наведеното, договорниот орган постапил спротивно и на член 32, 140 и 144 од Законот за јавните набавки на начин што сторил битни повреди на законот од член 210 став 1, односно спротивно на член 140 од Законот за јавните набавки извршил избор на понуди, а спротивно на член 169 од Законот за јавните набавки извршил поништување на постапката во услови кога имал можност да избере понуда согласно критериумите предвидени во тендерската документација. Врз основа на наведеното, жалителот

Page 93: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/14

предлага жалбата да се уважи, а оспорената одлука да се поништи и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

По извршениот увид во предметот, жалителот достави и

дополнување на жалба во кое наведува дека од извршениот увид се потврдиле повредите кои ги сторил договорниот орган при спроведувањето на постапката. Жалителот наведува дека во доставените списи од предметот, од страна на договорниот орган не бил доставен образец на понудите кој е составен дел на тендерската документација, па така не е јасно дали избраните понудувачи имаат дадено соодветни понуди, поднесени потпишани и заверени на образецот кој е задолжителен. Исто така, од увидот жалителот утврдил дека договорниот орган нема доставено Извештај од спроведена постапка, ниту извештај од евалуација на понудите па нејасно е дали има отфрлени понуди и дали понудите се комплетни или не. Ваквото постапување на договорниот орган било спротивно на член 142 став 2 од Законот за јавните набавки. Понатаму, жалителот наведува дека договорниот орган го повредил член 140 од Законот за јавните набавки, па така иако образецот III на понудите на СОФИЕКСПРЕС не бил потпишан и не била парафирана секоја страна, како што е наведено во точка 4.1.3 и точка 4.7 од тендерската документација, оваа понуда не само што не била отфрлена, туку истата е и избрана за најповолна за дел 6. Според жалителот, овој понудувач немал потврди за техничка исправност на возилата. Изјава за техничка опрема не била барана, а истиот ја имал доставено. Вакви пропусти имало и во понудата на Џељал и Мит пик како и понудата на ЕВРЕН, ГОРАН ЈС кои исто така не биле отфрлени. Со ова постапување, била сторена битна повреда од член 210 став 1 од Законот за јавните набавки, односно избрани биле понуди кои не се прифатливи. Исто така, жалителот наведува дека од увидот се утврдило дека спротивно на член 36-а од Законот за јавните набавки, договорниот орган немал согласност од Советот за јавни набавки, а имајќи го во предвид критериумот предвиден во точка 2.4 од тендерската документација, истиот бил должен тоа да го стори. Покрај наведеното, договорниот орган иако во точка 2.5.1 од тендерската документација како критериум имал предвидено „број на седишта да одговара на бројот лицата кои се превезуваат“, за жалителот е нејасно како договорниот орган како комплетна ја прифатил понудата на МИТ ПИК и ја избрал за најповолна понуда, иако овој оператор конкурирал на 4 релации, а немал наведено кое возило за која релација е, при што истиот поседувал, но не располагал со две возила со по 9 седишта, а бил избран на релација бр.6 каде има 16 ученика. Исто така од увидот се утврдило дека овој понудувач нема уредни технички прегледи

Page 94: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/14

кои не го покриваат периодот на важност на понудата и не се издадени од овластени лица, што значи дека понудата не е поднесена во согласност со тендерската документација. Повреда била сторена и кога е дозволена понудата на ЏЕЉАЛ, кој немал потпишано образец, а од техничките спецификации можело да се утврди дека цената ја изразил со ДДВ, а немал дадено единечна цена, со што постапил спротивно на точка 4.3.2 од тендерската документација и Законот за јавните набавки. Воедно, овој понудувач конкурирал на две релации само со еден аетобус со 15 седишта, што значи дека бројот на седишта не одговарал на бројот на лица кои се превезуваат. Превозникот кој бил избран за дел 5 имал добиено релација во ООУ Гоце Делчев со истите возила, што значи дека истиот нема возила, а сега повторно бил избран со истите возила за дел 5. Жалителот наведува дека договорниот орган немал доставено одлука за одделен буџет до понудувачите. кое нешто е спротивно на член 27 од Законот за јавните набавки, ниту пак имал утврдено на кој начин извршил проценка на набавката и вредноста на реалната цена, а при тоа немал параметри како би утврдил дали понудата е реална на цените на пазарот. Со оглед на ова, иако за дел 4, 5 и 6 извршил избор, според жалителот нејасно е како утврдил дека овие цени се реални, а за дел 1, 2, 3 ги поништил постапките кога за овие релации имало пониски цени, а се подалечни, додека пак повисоките цени ги избрал како најповолни, а се пократки.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека

жалбата е неоснована. По однос на првото начело наведено во жалбата, начелото на транспарентност, договорниот орган смета дека со објавување на огласот и прикачувањето на тендерската документација е исполнето начелото на транспарентност пред се поради фактот што јавното објавување на тендерската документација овозможува секој заинтересиран економски оператор истата да ја разгледа и доколку има забелешки и прашања во врска со истата, да достави прашање или да достави забелешка, во рок кој самиот систем за јавни набавки го одредува како краен датум до кој економските оператори можат да пријават нејаснотии. Од приложеното можело да се забележи дека жалителот воопшто не ја разгледал тендерската документација. Исто така, договорниот орган наведува дека немал добиено никакво прашање. Понатаму, договорниот орган наведува дека наназад, низ годините, можело да се забележи дека истите економски оператори ги возат истите релации, порамнувајќи ги цените на планираните средства. Иако во фаза на евалуација на понудите, односно разгледување на истите, имало пријавување на повеќе економски оператори на одредена релација, при електронска аукција договорниот орган наведува дека не забележува наддавање, со цел добивање на

Page 95: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/14

договорот за јавна набавка. Од наведеното, можело да се види дека економските оператори секоја година прават договор, кој на која релација ќе конкурира и кој истата ќе ја добие. Договорниот орган наведува дека во одлуката за јавна набавка јасно биле прикажани планираните средства за секоја релација поединечно и вкупните планирани средства. Друг елемент биле нереалните цени кои економските оператори ги посакуваат. За договорниот орган е нејасно како може за место оддалечено од Валандово на 1 километар, да се бара цена од 50 денари по ученик, а такси превозот на локалните такси превозници за тура до Раброво да изнесува 60 денари за четири патници или 120 денари во два правци. Кога ќе се подели цената по ученик ќе се добиела цена од 30 денари, или блиску до планираните 34 денари по ученик. Во однос на жалбениот навод за дискирминација, договорниот орган наведува како би било можно во фаза на постапката каде системот за јавни набавки испраќа извештај од спроведената аукција, договорниот орган да влијае на постапката и да врши дискриминација на одреден економски оператор. Доколку за дискриминација се смета одбивање на понуда која е економски неиздржлива, нереална со цените на пазарот и цените на горивата, договорниот орган смета дека Комисијата за јавни набавки, за следните тендери за превоз на ученици да предложи параметри по кои училиштата би се воделе и не би дошло до вакви неосновани жалби, или да објави стандардна тендерска документација како што тоа го има направено со јавните набавки на хигиенски средства, канцелариски материјал итн. Во однос на економичноста, договорниот орган наведува дека според член 2 став 4 од Законот за јавните набавки, училиштето како јавна установа која управува со средства кои и се доделени од страна на Единицата на локална самоуправа истите треба рационално и ефикасно да ги искористи во постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Каде е рационалното искористување на средствата доколку се прифаќаат понуди кои се рационално неиздржани и нереални. Ефикасното искористување ги опфаќа и средствата кои училиштето треба да ги користи и за учество на натпревари на ученици, кои не се планираат туку се користат средствата кои остануваат од средствата кои се планирани за превоз на ученици до училиштата за посетување на настава. Трите релации кои се одбиени, договорниот орган наведува дека биле со нереални цени и ги надминуваат планираните средства, па затоа смета дека рационално постапил при одбивање на истите. Понатаму, договорниот орган наведува дека свеста за конкурентност на економските оператори кои се пријавиле на огласот се гледала од неискористување на можноста преку наддавање да добијат договор за дел од јавната набавка. Од извештајот на електронската аукција се забележувало изоставување на конкурентност меѓу самите економски оператори, врз која конкурентност,

Page 96: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/14

договорниот орган ниту имал можност ниту законски смеел да превзема одредени дејствија. Околу повредите и погрешната примена на одредбите од Законот за јавните набавки и Законот за општа управна постапка, договорниот орган смета дека пред се, не се приложени одредбите кои не се почитуваат или погрешно се применуваат и по однос на овој навод смета дека жалбата е неоснована, нејасна и истата треба да биде одбиена. Како прво, не било наведено во кој дел од постапката договорниот орган не постапил законски или грешно ги применил одредбите или направил одредени пропусти, но и покрај тоа договорниот орган се обидувал суштински да ги објасни сите нејаснотии и сите пропусти на жалбата и да ги потенцира сите можности кои економскиот оператор можел да ги употреби, а истите не ги употребил. Пред се тоа била можноста до 03.08.2016 година, до 15 часот и 30 минути да постави прашање за нејаснотии околу тендерската документација, која што можност се гледала од Извештајот од страната на Електронскиот систем за јавни набавки во делот ,,V.2.2) Краен рок за поставување на прашања: 03-08-2016 15:30“. Втор пропуст бил при отворањето на понудите на 09.08.2016 година, на кое присуствувал и претставник на жалителот, на прашање дали постојат нејаснотии или забелешки за отворањето на понудите или пријавување на пропусти околу истите, иако имал можност да пријави несогласување или пропуст претставникот на жалителот, немал забелешки, ниту пак некој друг пријавил забелешка. Договорниот орган смета дека контрадикторноста во ставовите на жалителот треба да бидат причина жалбата да се одбие. Во однос на жалбениот навод кој се однесува на тоа дека не била побарана согласност од Советот, договорниот орган го цитира член 36-а став 2 од Законот за јавните набавки и наведува дека од наведениот член можело да се забележи дека нема потреба да бара согласност од Советот за распишување на оглас, бидејќи никаде не бил побаран дополнителен критериум за утврдување на способност. Понатаму, во однос на најниската цена како критериум за доделување на договор за јавна набавка, договорниот орган ги цитира член 2 и член 169 од Законот за јавните набавки според кои договорниот орган пред се треба рационално и ефикасно да ги користи доверените средства и за таа намена има овластување сам да одлучува, дали ќе ја прифати понудата или не. Договорниот орган смета дека рационално постапил во врска со поништените релации поради нереалните цени и поткрепени од член 169 став 6 од Законот за јавните набавки, ја одбил понудата на економските оператори кои конкурирале на поништените релации. Околу наведеното во образложението дека договорниот орган по јавното отворање на понудите извршил избор, договорниот орган го цитира член 64, 65 и 66 од Законот за јавните набавки, за кои наведува дека ги запазил при одлучувањето.

Page 97: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/14

Договорниот орган смета дека жалбата е пред се нејасна, неточна, неиздржана и правно не поткрепена. Во однос на забелешката дека договорниот орган со избор на три и поништување на три релации, го ставил жалителот во понеповолна ситуација од останатите економски оператори, договорниот орган наведува дека од извештајот за текот на електронските аукции, можело да се забележи дека жалителот на две релации не понудил цена. На релацијата број 1 (Балинци - Брајковци - Валандово), жалителот наддавал, но истата ја загубил, но и за истата релација била донесена одлука за поништување поради надминување на планираните средства. На релацијата бр.2 (Собри – Валандово), жалителот не поднел понуда, неговата понуда била прво рангирана, но исто така и идентична со понудата на „СЕЧКОВ КОМПАНИ“ и истата била одбиена поради надминување на планираните средства и идентичност во цените. Релацијата број 3 (Раброво - Валандово) била одбиена, иако економскиот оператор е прво рангиран, но неговата понуда исто така ги надминувала планираните средства. Според договорниот орган никој не бил ставен во понеповолна ситуација, земајќи ги во предвид цените на горивата и цените на локалните такси превозници, а исто така и можноста која жалителот ја имал, а не ја искористил, а тоа е наддавање на електронска аукција. Во делот од жалбата каде е донесен заклучок од жалителот дека според член 140 од Законот за јавните набавки, понудите на избраните понудувачи требало да се отфрлат, а со прифаќање на истите е сторена повреда на член 210 од Законот за јавните набавки, договорниот орган наведува дека во тендерската документација и во извештајот од објавениот оглас каде јасно било наведено дека целата постапка завршува со електронска аукција, цитирајќи ги притоа член 140 и член 210 од Законот за јавните набавки. Договорниот орган наведува дека во фаза на евалуација на понудите и нивно отворање, за отворената постапка предвидел истата да заврши со е-аукција, ги дефинира цените кои ќе бидат почетни на е-аукцијата, а не врши никаков избор. Во делот од образложението каде што е наведено како нејасно, зошто одлучил селективно кога одлучувал дел од постапката да ја поништи, а за дел да изврши избор, договорниот орган наведува дека одлуката е донесена според планираните средства за целиот оглас и за секоја релација поединечно, кои можат да се видат од Одлуката за јавна набавка донесена на 15.07.2016 година, со деловоден број 02-301/1. Врз основа на наведеното, договорниот орган наведува дека ги почитувал сите процедури, дека жалбата е неоснована, нејасна и правно неиздржана, а исто така не е составена согласно член 212 од Законот за јавните набавки, поради што предлага истата да се отфрли како неоснована.

Page 98: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/14

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по жалбата како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор Т-СТЕФАНИ” ДООЕЛ – с.Пирава, Валандово е основана.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати жалбениот навод според кој договорниот орган сторил повреда на одредбите од член 210 став 1 алинеја 6 од Законот за јавните набавки, во постапката на евалуација на понудите. Имено, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека понудите на понудувачите АК-Џељал ДООЕЛ с. Дедели, Валандово, Еврен ДООЕЛ с. Дедели, Валандово, Софи-Експрес ДООЕЛ с,Пирава Валандово и Горан-ЈС ДООЕЛ с.Пирава, Валандово, договорниот орган ги сметал за прифатливи, иако истите биле изготвени и доставени спротивно на точка 4.7 од тендерската документација, во која меѓудругото е утврдено дека секоја од страниците на понудата се парафираат, нешто кое наведените понудувачи не го сториле.

Исто така, со увидот во Извештај од спроведена постапка бр.02-301/2-1 од 09-08-2016 година, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека истиот не е во целост согласно одредбите од член 142 став 2 од Законот за јавните набавки.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати

жалбениот навод според кој договорниот орган сторил битна повреда на одредбите од член 210 став 1 алинеја 9, а во врска со член 36-а од Законот за јавните набавки. Имено, договорниот орган објавил оглас за предметната јавна набавка без да обезбеди согласност од Советот за јавни набавки имајќи предвид дека за предметната јавна набавки во тендерската документација утврдил критериуми за економска и финансиска состојба и техничка или професионална способност на економските оператори, ниту пак извршил анализа на пазарот имајќи ги предвид одредбите од член 36-а од Законот за јавните набавки.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

служена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека со објавената тендерска документација договорниот орган сторил битна повреда од член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки. Имено, во тендерската документација и образецот на понудите не е предвидено економските оператори да достават и Изјава за независна

Page 99: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

11/14

понуда, што е спротивно на одредбите од член 129 став 2 и 3 од Законот за јавните набавки.

Со оглед на фактот дека договорниот орган сторил такви пропусти во

постапката кои со дополнително постапување не може да ги отстрани, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата, да ја поништи одлуката за избор на најповолна понуда и поништување на делови од постапката и да ја поништи постапка по конкретната јавна набавка.

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон особено

се обезбедува: - конкуренција меѓу економските оператори, - еднаков третман и недискриминација на економските оператори, - транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и - рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“

Во член 36-а од Законот за јавните набавки е наведено: (1) „Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка на стоки и доставува соодветно образложение за потребата од набавка за која нема најмалку: - три производители на пазарот во Република Македонија и три производители на пазарите во странство што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации за поединечен дел кај постапките со барање за прибирање на понуди со проценета вредност до 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ; - четири производители на пазарот во Република Македонија и четири производители на пазарите во странство што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации за поединечен дел кај постапките со барање за прибирање на понуди со проценета вредност над 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ или - пет производители на пазарот во Република Македонија и пет производители на пазарите во странство што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации за поединечен дел кај отворената и ограничената постапка.“ (2) „Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка доколку предвиди критериуми за утврдување способност, освен лична состојба и способност за вршење професионална дејност, кои може да ги исполнат: - три или помалку од три економски оператори на пазарот во Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност до 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, - четири или помалку од четири економски оператори на пазарот во

Page 100: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

12/14

Република Македонија кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност над 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ или - пет или помалку од пет економски оператори на пазарот во Република Македонија кај отворената постапката, ограничената постапка, постапката со преговарање со претходно објавување оглас и кај конкурентниот дијалог.“ (3) „По донесување на одлуката за јавна набавка а пред објавување на огласот, лицата што ги дефинираат техничките спецификации и критериумите за утврдување способност се должни да изготват соодветно образложение за оправданоста за нивно користење по претходна анализа на пазарот и да дадат извештај до одговорното лице со предлог во смисла за потребата од обезбедување согласност од Советот.“ (4) „Договорниот орган ја спроведува анализата од ставот (3) на овој член на тој начин што задолжително се обраќа со официјален допис или по електронски пат (електронска пошта) до производителите или економските оператори во Република Македонија и во странство што потенцијално можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации или критериумите за утврдување на способност за поединечен дел кај постапката, во зависност од правниот основ за барање согласност од овој член.“ (5) „Доколку анализата на пазарот се однесува и за барањата од техничките спецификации и за критериумите за утврдување на способност, договорниот орган ја спроведува на тој начин што во посебен допис се обраќа за произнесување во однос на барањата од техничките спецификации и во друг посебен допис за критериумите за утврдување на способност.“ (6) „Во обраќањето до производителите или економските оператори од ставот (5) на овој член, договорниот орган треба да побара одговор од нивна страна дали ги исполнуваат или не ги исполнуваат барањата од техничките спецификации или критериумите за утврдување на способност.“ (7) „Одговорите од производителите или економските оператори се чуваат најмалку пет години од денот на извршувањето на соодветниот договор за јавна набавка и се дел од досието на постапката.“ (8) „Врз основа на прифатениот извештај од одговорното лице кој содржи предлог за потреба од обезбедување на согласност се доставува барање за согласност до Советот.“ (9) „Договорниот орган е должен во писмена форма на официјалната адреса за контакт да ги извести економските оператори дека биле вклучени во анализа на пазарот за предметот на набавка за кој се однесува извештајот и да ги покани да учествуваат во предметната постапка.“ (10) „Одредбите од ставот (2) на овој член соодветно се применуваат и кај постапките за доделување договори за воспоставување на јавно приватно партнерство.“

Page 101: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

13/14

Во член 129 став 2 и 3 од Законот за јавните набавки е наведено: (2) „Понудувачот задолжително доставува изјава во која под целосна материјална и кривична одговорност ќе изјави дека понудата ја поднел независно, без договор со други економски оператори спротивно на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека не учествува во истата постапка, односно во ист дел од постапка со други економски оператори со кои е капитално, сопственички или роднински поврзан.“ (3) „Изјавата од ставот (2) на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата во секоја постапка одделно и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.“ Согласно член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки: (7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.“ (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“ Согласно член 144 став 4, 5 и 6 од Законот за јавните набавки: (4) „При доделување договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, подизведувачот треба да ги исполнува истите критериуми за утврдување на способноста предвидени за понудувачот.“ (5) „При доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, предметот на договорот задолжително се оформува на делови, при што секоја релација претставува посебен дел.“ (6) „Економскиот оператор или групата на економски оператори може да поднесе понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници за онолку релации за колку што поседува слободни возила за посебен линиски превоз на патници и истите треба да ги исполнуваат минималните техничко - експлоатациони стандарди утврдени во тендерската документација.“ Во член 210 став 1 алинеја 3, 6, 9, 11 и 12 од Законот за јавните набавки е наведено: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, - е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително

Page 102: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

14/14

согласно со овој закон, - е извршен избор на понуда која не е најповолна и - е извршен избор на неприфатлива понуда.“ Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-493/12 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - ООУ Јосип Броз Тито – Валандово, ул.6-ти Ноември бб, Валандово - Адвокат Билјана Андонова од Штип, ул.Маршал Тито бб, Штип

Page 103: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/3

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски - член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ГЕОДЕТСКИ ПРЕМЕР” ДООЕЛ Кавадарци, наш број 09-504/1 од 05.09.2016 година, изјавена против Одлуката за измена на Одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на геодетски услуги, 2 Дел – Изработка на ажурирана геодетска подлога бр.05-2508/16 од 30.10.2015 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-2508/2015 за набавка на геодетски услуги на договорниот орган Општина Илинден, врз основа на член 220 став 1 алинеја 3, а во врска со член 212 став 2 и член 220 став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот – „ГЕОДЕТСКИ ПРЕМЕР” ДООЕЛ Кавадарци, изјавена против Одлуката за измена на Одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на геодетски услуги, 2 Дел – Изработка на ажурирана геодетска подлога бр.05-2508/16 од 30.10.2015 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-2508/2015 за набавка на геодетски услуги на договорниот орган Општина Илинден, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕПЛАТЕНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, Општина Илинден, спровел постапка за јавна

набавка со Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-2508/2016 за набавка на геодетски услуги и донел Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-2509/16 од 30.10.2015 година, по што на 23.11.2015 година донел Одлука за измена на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-2508/20 во која е наведено дека на економскиот оператор „ГЕОДЕТСКИ ПРЕМЕР” ДООЕЛ Кавадарци ќе му се издаде негативна референца.

Page 104: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/3

Незадоволен од донесената Одлука за измена на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-2508/20 од 23.11.2015 година, жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор „ГЕОДЕТСКИ ПРЕМЕР” ДООЕЛ Кавадарци.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја

жалбата, утврди дека жалителот не постапил согласно со член 212 став 2 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), односно не доставил доказ за уплата на надомест за водење на постапката, и поради тоа не постапуваше по истата.

Имено, економскиот оператор не постапил согласно член 229 став 1 од Законот за јавните набавки кој утврдува дека: „Во постапката пред Државната комисија, подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надомест за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска против вредност, надомест од 100 евра во денарска противвредност; - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надомест од 200 евра во денарска противвредност; - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 300 евра во денарска противвредност, или – над 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 400 евра во денарска противвредност.

Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместок за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместок и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата”.

Понатаму, согласно член 220 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за правна заштита, Државната комисија може: да ја отфрли жалбата заради ненадлежност, недозволеност, неуреденост, ненавременост, поради тоа што е изјавена од неовластени лица и во случај на неисполнување на обврската од членот 212 став 2 на овој закон”.

Член 212 став 2 од Законот за јавните набавки пак утврдува: „Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката”.

Page 105: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/3

Од причини што подносителот на жалбата не постапил според погоре наведените одредби од Законот за јавните набавки, односно не извршил навремено уплата на надоместок за водење на постапката и не доставил доказ за извршената уплата, Државната комисија донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-504/6 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - „ГЕОДЕТСКИ ПРЕМЕР“ ДООЕЛ Кавадарци, ул. Едвард Кардељ бр.7, Кавадарци - Општина Илинден, ул. 9 бб,, 1041 Илинден

Page 106: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска - член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „БОБИ ТУРС“ ДООЕЛ – Битола, наш бр.09-496/1 од 31.08.2016 година, изјавена против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици на договорниот орган - СОУ Цар Самоил – Ресен, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „БОБИ ТУРС“ ДООЕЛ – Битола, изјавена против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици на договорниот орган - СОУ Цар Самоил – Ресен, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „БОБИ ТУРС“ ДООЕЛ – Битола, изјавил жалба против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици на договорниот орган - СОУ Цар Самоил – Ресен, бидејќи смета дека тендерската документација не е во согласност со Законот за јавните набавки и довела до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, поради што предлага да се поништи постапката.

Во писмениот одговор на жалбата бр.09-196/2 од 01.09.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага истата како таква да се одбие.

Page 107: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, оспорената одлука за избор на најповолна понуда, одлуката за јавна набавка, одлуката за измена на одлуката за јавна набавка, тендерската документација, записникот од отворање на понудите, евалуацијата на понудите, понудите и другите докази во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за групна јавна набавка со Отворена постапка бр.01/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици, за што претходно била донесена Одлука за групна јавна набавка бр.05-287/3 од 20.07.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки, во Службен весник на Република Македонија и во Службено гласило на Европската унија. Договорниот орган спровел истражување на пазарот, при што утврдил дека има доволен број на економски оператори кои што можат да ги исполнат предвидените критериуми за утврдување на способност, поради што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Набавката била делива на 33 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 16.08.2016 година,

пристигнале вкупно 3 (три) понуди од економските оператори: Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД – Битола, „БОБИ ТУРС“ ДООЕЛ – Битола и

Page 108: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/9

„ТАБАК ТУРС“ ДООЕЛ – Ресен, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-287/32 од 16.08.2016 година.

Незадоволен од тендерската документација, жалба поднесе

економскиот оператор „БОБИ ТУРС“ ДООЕЛ – Битола. Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган објавил Оглас бр.01/2016 во кој предмет на набавка е превоз на ученици кои живеат надвор од Општина Ресен, но не подалеку од 50 км., при што предметната јавна набавка ја поделил на 33 (триесет и три) делови, така што населените места што гравитираат на одредена траса/рута стануваат посебни линии. Жалителот наведува дека трасата/рутата с.Долно Дупени – Ресен на која појдовно село е с.Долно Дупени, а потоа следувале останатите населени места с.Љубојно, с.Николец, с.Штрбово итн., а опфаќала 15 населени места. Договорниот орган ја поделил на 15 делови, односно Трасата/рутата с.Стење-Ресен на која појдовно село е с.Стење, а потоа следувале останатите населени места, а опфаќала 10 населени места, договорниот орган ја поделил на 10 делови. Трасата/рутата с.Крушје-Ресен на која појдовно село е с.Крушје, а потоа следеле останатите населени места, а опфаќала 4 населени места, договорниот орган ја поделил на 4 делови. Трасата/рутата с.Златари – Ресен била посебен дел, како и трасите/рутите с.Сопотско – Ресен, с.Болно – Ресен и с.Евла – Ресен. Жалителот наведува дека на прашањето на еден од економските оператори за појаснување на ваквата поделба на споменатите 33 делови, од Комисијата за јавни набавки на договорниот орган бил добиен одговор дека комисијата постапила согласно член 144 став 5 од Законот за јавните набавки. Меѓутоа, според жалителот треба да се има во предвид дека на трасата/рутата с.Долно Дупени – Ресен имало 15 населени места, а бројот на ученици бил следен: Долно Дупени 3, Љубојно 2, Штрбово 5, Наколец 8, Дрмени 4, Крани 7, Сливница 7, Претор 8, Асамати 4, Курбиново 1, Подмочани 1, Грнчари 7, Д.Бела Црква 11, Козјак 2 и Г.Бела Црква 6. Ова значело дека економскиот оператор само за оваа релација треба да поседува 15 (петнаесет) возила. Жалителот наведува дека овие 15 возила треба да ги опслужуваат 15 возачи. Ако се има предвид дека личниот доход со платени придонеси на 1 (еден) возач е околу 17.000,00 денари, за еден месец ќе биле потребни 255.000,00 или за 9 (девет) месеци 2.295.000,00 денари. Според жалителот, доколку се има предвид дека

Page 109: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/9

проценетата вредност на набавката за овие 15 делови изнесува околу 2.000.000,00 денари, тогаш се поставува прашање како ќе се покријат останатите трошоци за гориво, одржување регистрација итн. Исто така, жалителот смета дека сообраќајно техничките решенија на договорниот орган не овозможуваат во ист временски термин се најдат 33 автобуси или минибуси или комбиња. Жалителот наведува дека од понудите може да се забележи дека економските оператори поради поделбата на 33 (триесет и три) делови, понудиле многу високи цени од причини што за секоја линија треба посебно возило и посебен возач, а се со цел да ги покријат трошоците. Од друга страна во тендерската документација, жалителот смета дека требало да се побара документ издаден од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за бројот на слободни возила, од причини што понудените возила на економските оператори што учествувале на тендерот, учествуваат во одржување на редовни автобуски линии низ Македонија, па нејасно било како понудените возила истовремено ќе се наоѓаат на 2 места истовремено. Врз основа на наведеното, жалителот бара Комисијата за јавни набавки на договорниот орган да ја поништи постапката и постапи согласно член 169 став 2 и став 6 од Законот за јавните набавки.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека жалбените наводи на жалителот кои се однесуваат на тендерската документација се неосновани од причина што Комисијата за јавни набавки во обжалената постапка при изготвувањето на тендерската документација се водела од член 144 став 5 од Законот за јавните набавки кој предвидува: „При доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, предметот на договорот за јавна набавка задолжително се оформува на делови, при што секоја релација претставува посебен дел.“. Договорниот орган наведува дека во текот на постапката биле поставени повеќе прашања од економски оператори, меѓу кои и прашањето зошто секоја релација претставува посебен дел. На сите прашања, Комисијата за јавни набавки навремено одговорила, а по однос наводите за потребната измена на огласот и тендерската документација, комисијата не утврдила дека е потребно бидејќи се водела од член 144 став 5 од Законот за јавните набавки каде јасно е наведено како треба да бидат оформени деловите, а измена на тендерска документација согласно член 38 од Законот за јавните набавки, договорниот орган врши по свое наоѓање или врз основа на поднесени прашања за објаснување од економски оператори, што не било случај во конкретната постапка. Договорниот орган наведува дека предметот на набавката го оформил на 33 делови согласно член 144 став 5

Page 110: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/9

од Законот за јавните набавки, каде децидно е наведено дека при доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, предметот на договорот задолжително се оформува на делови, при што секоја релација претставува посебен дел. Со ова законско решение, според договорниот орган се оневозможува групирање на повеќе релации во рамките на еден дел, со што се овозможува во постапките да учествуваат и помалите превозници, зошто не се прават големи пакети со повеќе релации што може да ги задоволат само мал број на превозници. Договорниот орган смета дека Законот за јавните набавки не дава можност, поради малиот број на ученици да се формираат релации кои ќе вклучат повеќе населени места, иако можеби од економска гледна точка е пооправдано такво групирање, но е спротивно на законот. Наводите на жалителот кои се однесуваат на географската распределеност на населените места и дека учениците од пооделните релации - делови се наоѓаат на иста траса, според договорниот орган се неосновани. Имено, иако населените места од одделните релации припаѓаат на иста траса, сепак растојанието било различно, а со самото тоа возната карта - билет е со различна цена на услугата. Договорниот орган смета дека доколку жалителот сака со своја понуда да учествува во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, можел да учествува на онолку делови на колку има потребен број на возила за вршење на превозот на учениците, што не значи дека мора да учествува на сите делови од техничките спецификации. СОУ „Цар Самоил“ како носител на групната набавка, по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот, согласно член 36-а став 2 од Законот за јавните набавки, бидејќи биле утврдени критериуми за утврдување на способност, направил анализа на пазарот во која бил вклучен и жалителот со цел да се дојде до информација дали има пет или помалку од пет економски оператори на пазарот на Република Македонија, бидејќи доделување на договорот за јавна набавка се спроведувал со отворена постапка. Од пристигнатите одговори по спроведената анализа, се дошло до заклучок дека има доволен број на економски оператори и поради тоа лицата кои ги дефинирале критериумите образложиле дека нема потреба од согласност од Советот за јавни набавки. Сите економски оператори кои биле предмет на анализа на пазарот, по електронски пат и по пошта биле известени дека биле предмет на анализа и истите биле поканети да учествуваат на предметната постапка. Наводите на жалителот дека во тендерската документација требало да се побара документ издаден од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за бројот на слободни возила од причина што нудените возила на економските оператори што учествувале во постапката учествуваат во одржување на редовни автобуски линии низ Македонија, за договорниот орган се

Page 111: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/9

неосновани од причина што ваков документ не е релевантен доказ за исполнување на условите од тендерската документација, бидејќи ваков документ не е законска обврска да служи како доказ за исполнување на критериумите за утврдување на способност. Наводите за сообраќајно техничките решенија на договорниот орган дека не овозможуваат во ист временски термин да се најдат 33 возила, се неосновани поради тоа што СОУ Цар Самоил располагал со огромен простор за опслужување, односно за примање и слегување на ученици од превозните средства. Имено, според договорниот орган наводите од жалбата според кои договорниот орган нема да може финансиски да ја реализира набавката поради високите понудени цени и истите ја надминуваат проценетата вредност на набавката, се неосновани од причина што на јавното отворање на понудите не се врши евалуација на финансиските понуди и не може да се утврди дали истите ја надминуваат проценетата вредност во оваа фаза на постапката, бидејќи конкретно во точка 1.4.1 од тендерската документација е предвидено дека договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. Воедно, во точка 1.5.5 е предвидено дека оваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција на која согласно Законот за јавните набавки, а посебно член 125, се покануваат сите понудувачи кои поднеле прифатливи понуди да достават нови цени, член 125-а во случај кога е поднесена само една понуда која е прифатлива или останала само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН и член 128 став 2 дека договорниот орган го доделува договорот за јавна набавка врз основа на резултатите добиени по затворањето на електронската аукција согласно член 162 од Законот за јавните набавки. Договорниот орган наведува дека на електронската аукција и претходи целосна евалуација на понудите согласно член 140 од Законот за јавните набавки, така што наводите дека од отворањето на понудите била увидена несогласност на понудените цени со проценетата вредност на јавната набавка се неосновани, бидејќи не е извршена оценка на финансиските понуди за тоа да се утврди, а дури по завршувањето на електронската аукција може да се врши поништување на постапката врз основа на член 169 став 1 алинеја 2 и 6 од Законот за јавните набавки. Договорниот орган наведува дека финансиските понуди не биле предмет на евалуација, бидејќи пред да се изврши ваков вид на евалуација биле побарани појаснувања и дополнувања на документацијата за утврдување на способност на понудувачите, а истовремено со доставување на дополнителна документација биле и доставени жалби од страна на понудувачите и се запрело со преземање на дејствија по постапката. Врз

Page 112: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/9

основа на наведеното, договорниот орган предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите доставени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Државната комисија не ги прифати жалбените наводи на жалителот

во однос на тендерската документација, односно на деливоста на набавката и утврди дека договорниот орган постапил согласно член 144 став 5 од Законот за јавните набавки, според кој при доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, предметот на договорот за јавна набавка задолжително се оформува на делови, при што секоја релација преставува посебен дел.

Од наведените причини, Државната комисија одлучи да ја одбие

жалбата како неоснована, а при евалуација на понудите договорниот орган да ги евалуаира само понудувачите кои во целост ги исполнуваат условите наведени во тендерката документација, а посебно да ги има предвид одредбите од член 144 став 6 од Законот за јавните набавки, според кој економскиот оператор или групата економски оператори може да поднесе понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници за онолку релации за колку што поседува слободни возила за посебен линиски превоз на патници и истите треба да ги исполнуваат минималните техничко – експлоатациони стандарди утврдени во тендерската документација.

Имено, согласно член 2 од Законот за јавните набавки е утрвдено: „Со овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено дека:

„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои

Page 113: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/9

претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Во член 32 став 1 од Законот за јавните набавки е наведено:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди наекономскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“ Согласно член 140 став 1, 2, 7 и 8 од Законот за јавните набавки: (1) „Предмет на евалуација не може да бидат понуди кои не се отворени на јавното отворање.“ (2) „Комисијата, пред да пристапи кон евалуација на понудите, задолжително проверува дали е објавена негативна референца на понудувачите до истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, што соодветно го документира како дел од досието на постапката. Комисијата ја проверува валидноста и комплетноста на документацијата за утврдување на способност само на понудувачите за кои не е објавена негативна референца и тоа во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите, односно десет работни дена кај набавките со проценета вредност над еден милион евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ.“ (7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.“ (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“

Согласно член 210 став 1 алинеја 5 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите.“.

Page 114: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/9

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-496/8 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - „БОБИ ТУРС“ ДООЕЛ Битола, ул.12 Кладенци 9, 7000 Битола - СОУ „Цар Самоил“ – Ресен, ул. Кочо Рацин бр.48, 7310 Ресен

Page 115: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/10

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „КИБС“ АД Скопје, наш број 08-492/1 од 26.08.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-586/32 од 23.08.2016 година, донесена по Огласот за Барање за прибирање на понуди бр.4-1/2016 за набавка на стоки – набавка на дигитални сертификати на договорниот орган - Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 и став 3 и 4 и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, 192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „КИБС“ АД Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-586/32 од 23.08.2016 година, донесена по Огласот за Барање за прибирање на понуди бр.4-1/2016 за набавка на стоки – набавка на дигитални сертификати на договорниот орган - Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија, СЕ

УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-586/32 од 23.08.2016 година, донесена по Огласот за Барање за прибирање на понуди бр.4-1/2016 за набавка на стоки – набавка на дигитални сертификати на договорниот орган - Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија и предметот се враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот, да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.170,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

Page 116: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/10

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „КИБС“ АД Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-586/32 од 23.08.2016 година, донесена по Огласот со Барање за прибирање на понуди бр.4-1/2016 за набавка на стоки – набавка на дигитални сертификати на договорниот орган Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија, бидејќи смета дека договорниот орган сторил суштествени повреди на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право, поради што предлага жалбата да се уважи и да се укине одлуката за избор на најповолна понуда и предметот да се врати на повторно одлучување кај договорниот орган, како и да го задолжи договорниот орган да му ги надомести на жалителот трошоците сторени во жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.08-492/2 од 01.09.2016 година,

договорниот орган - Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага истата како таква да се одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, понудите на понудувачите, извештајот за спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е основана.

Page 117: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/10

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија, спровел постапка по Оглас за Барање за прибирање на понуди бр.4-1/2016 за набавка на стоки – набавка на дигитални сертификати, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.05-586/3 од 27.04.2016 година. Постапката за јавна набавка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Набавката била неделива, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност.

До крајниот рок за поднесување на понудите 11.07.2016 година,

пристигнале вкупно 2 (две) понуди на понудувачите: „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ АД Скопје и „КИБС“ АД Скопје, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-586/24 од 11.07.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на понудите, при што утврдила дека двете понуди се прифатливи и понудувачите ги поканила на е-аукција. По завршувањето на е-аукцијата, врз основа на Извештајот за текот на е-аукцијата и Извештајот од спроведена постапка бр.08-586/25 од 18.07.2016 година, одговорното лице на договорниот орган донел Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-586/32 од 23.08.2016 година.

Незадоволен од донесената Одлука за избор на најповолна понуда

бр.05-586/32 од 23.08.2016 година, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „КИБС“ АД Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека ја поднесува жалбата заради

суштествени повреди на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Договорниот орган не ги земал предвид сите значајни услови и критериуми

Page 118: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/10

кои требало да бидат исполнети од понудувачите за учествување на јавната набавка за избор на најповолен понудувач. Имено, договорниот орган го избрал како најповолен понудувач Македонски Телеком АД Скопје и покрај тоа што избраниот понудувач не исполнува еден од клучните критериуми и услови зададени во тендерската документација. Односно во техничката спецификација, дел 2 - Детален опис и минимални функционални барања, точка 6 - Важност, во која сертификатите - предмет на набавка, треба да ја задоволува минимум следната карактеристика наведена во техничката спецификација од огласот: „- Важност 3 - (три) години и можност за продолжување по избор на корисникот; - Сертификатот да биде интернационално прифатен.“. Жалителот наведува дека во јавниот дел од своите правила, кои датираат од 2010 година, избраниот декларира дека своето работење го темели, помеѓу другото, на стандардот Х.509 и го наведува следното: „Правилата дефинирани во овој документ се базираат врз RFС 3647 „Интернет Х.509 Политика за издавање на сертификати за инфраструктура на јавни клучеви и рамка на практиките за издавање сертификати“ (Internet X.509 Public Key Infrastructure Certificate Policy and Certification Practices Framework) што ја содржи основата на правилата на издавачот на сертификати и усогласено со: – ETSI TS 101 456 „Барања на политиката за издавачи на сертификати кои издаваат квалификувани сертификати“ (Policy requirements for Certification authorities issuing qualified certificates) и – ETSI TS 102 042 В1.2.2 (2005-06) „Барања на политиката за издавачи на сертификати кои издаваат сертификати за јавни клучеви“ (Policy requirements for Certification authorities issuing public key certificates).“. Правилата на издавачот на сертификати Македонски Телеком АД Скопје може да се види на неговата интернет страна, во делот „Јавни документи на Македонски Телеком АД“. Жалителот потенцира дека битно е да се има предвид дефиницијата на валидност на сертификатот, односно континуираното времетраење на сертификатот, која се содржи во RFC 3647 (или неговата последна верзија RFC 5208 од мај 2008) во делот 4.1.2.5 Validity (Валидност). Во истиот е наведено дека: „Периодот на валидност на сертификатот е временски интервал во кој Издавачот на сертификати гарантира дека ќе одржува информација за статусот на сертификатот. Ова поле е претставено со секвенца од 2 (два) датуми: - Датумот кога валидноста на сертификатот започнува (notBefore), и – Датумот на кој валидноста на сертификатот ќе заврши (notAfter).“. Жалителот наведува дека периодот на валидност или континуираното времетраење на персоналниот квалификуван сертификат може да биде од 1 (една) до 3 (три) години. Пред истекот на важноста на сертификатот истиот треба да се обнови. При обновата се издава нов дигитален сертификат со нов сериски број на сертификат и податоците кои го опишуваат периодот

Page 119: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/10

на валидност (параметрите notBefore и notAfter) добиваат нови вредности со што се прекинува континуираното времетраење на првично издадениот сертификат со нов период дефиниран во обновениот сертификат. Избраниот понудувач не дал експлицитна информација со кое континуирано времетраење ги издава своите персонални квалификувани сертификати, со што барателите на сертификати ги доведува во заблуда, но од јавно објавени документи кои се обврзувачки за издавачот во врска со издавањето на сертификати може да се заклучи дека континуираното времетраење на дигиталниот сертификат издаден од овој издавач на сертификати е исклучиво на период од 1 (една) година. Жалителот наведува дека истото може да се увиди од документите достапни на веб локациите на издавачот на сертификати Македонски Телеком АД Скопје. Жалителот ја цитирал точка 6.3.2. Оперативни периоди на сертификатите и периоди на користење на парот клучеви, од Правилата на издавачот на сертификати на избраниот во која е наведено: „Периодот на користење на јавните и приватните криптографски клучеви во сертификатите кои ги издава Македонски Телеком CA изнесува: - СА јавен клуч за верификација и сертификат: 20 години; - СА приватен клуч за потпишување: 20 години; - Претплатнички јавен клуч за верификација и сертификат: 1 година; - Претплатнички приватен клуч за потпишување: 1 година; - Претплатнички јавен енкрипциски клуч и сертификат: 1 година; - Претплатнички приватен декрипциски клуч: Периодот на користење не е ограничен. Македонски Телеком CA може да го прилагоди рокот на важност на одредени претплатнички криптографски клучеви во согласност со прописите и ѕидот на сертификатот. Лицето, кое ги чува електронски потпишаните податоци треба најдоцна во рок од еден месец пред истекот на важноста на потписот (1 година), да обезбеди повторно електронско потпишување од страна на сите лица кои ги потпишале податоците првиот пат или заверка од страна на нотар, како и да бара потврдување на овие податоци со општо прифатен временски жиг на Македонски Телеком АД.“. Од наведеното јасно и недвосмислено произлегувало дека дигиталните сертификати на избраниот понудувач се со континуирано времетраење од 1 (една) година од моментот на издавање, што не го задоволува поставениот услов од договорниот орган: времетраење од 3 (три) години. Согласно член 16 од Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, издавачот на сертификати е должен секоја промена на работењето јавно да ја објави и за истото да го информира Министерството за финансии на Република Македонија. Ова го оневозможува издавачот на сертификати Македонски Телеком АД Скопје да нуди производи и услуги кои јавно не се објавени и не се пријавени во Министерството за финансии. Според жалителот од наведеното е јасно дека избраниот понудувач свесно го

Page 120: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/10

наведува договорниот орган на погрешни заклучоци. Жалителот наведува дека дигиталните сертификати кои се во неговата палетата на производи, се со континуирана важност од 1 (една) до 3 (три) години (односно со континуирано времетраење од 1, 2 или 3 години) зависно од потребата на барателот на сертификатот со можност за обновување. Од Ценовникот за дигитални сертификати на жалителот можело да се воочи назначена и ценовната разлика на сертификатите при различно времетраење на сертификатот. Жалителот воедно наведува дека кај избраниот понудувач било наведено дека „Македонски Телеком СА функционира на база на само – потпишан сертификат издаден сам од себе во процесот на креирање на клучеви.“. Како само – потпишан издавач на сертификати, избраниот понудувач не го задоволува условот „Сертификатот да биде интернационално прифатен“ – наведен во точка 6 од техничкиот дел на тендерската документација. Од друга страна жалителот наведува дека издава сертификати кои се интернационално прифатени затоа што неговите сертификати се коренски потпишани од страна на најголемиот светски признат издавач на сертификати VeriSign (во сопственост на куќата Sy - mantec). Согласно горе наведеното може да се увиди дека договорниот орган односно Комисијата за јавната набавка при договорниот орган при донесувањето на одлуката за избор на најповолен понудувач, не постапила во целост со своите должности предвидени согласно член 29 и 125 став 1 од Законот за јавните набавки. Притоа, воопшто не биле земени предвид горенаведените докази со кои се потврдуваат зададените основни критериуми за набавката од страна на договорниот орган, односно договорниот орган со вака сторениот превид извршил битни пропусти на начин што несоодветно ги ценел горенаведените критериуми при евалуација на понудите, со што извршил битни повреди на одредбите на постапката согласно член 210 од Законот за јавните набавки. Со ваквото постапување договорниот орган воедно погрешно и нецелосно ја утврдил фактичка состојба на начин што било утврдено дека и двете доставени понуди се оценети како прифатливи и дека се во согласност со условите и критериумите наведени во тендерската документација. Со вака направени битни повреди на одредбите на постапката и погрешно и нецелосно утврдување на фактичка состојба, договорниот орган со обжалената одлука дал погрешна примена и на материјалното право и извршил избор на Македонски Телеком АД Скопје како најповолен понудувач и покрај тоа што не ги исполнува основните критериуми за набавката. Поради наведените причини, жалителот воопшто и не учествувал на наддавањето на е-Аукцијата. Имајќи го во предвид горенаведеното, жалителот предлага договорниот орган да ја уважи жалбата и да ја стави одлуката за избор вон сила и да го избере жалителот како најповолен понудувач или Државната

Page 121: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/10

комисија да донесе решение со кое ќе ја уважи жалбата, ќе ја укине одлуката за избор и предметот ќе го врати на повторно одлучување, како и да го задолжи договорниот орган да му ги надомести на жалителот трошоците сторени во жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата полномошникот на договорниот орган наведува дека жалбените наводи се неосновани од причини што Законот за јавните набавки е испочитуван во текот на целата постапка и фактичката состојба е во целост утврдена. Полномошникот наведува дека е важно е да се истакне дека во своите наводи жалителот само цитирал законски одредби без да достави конкретни докази како тие законски одредби не се испочитувани од договорниот орган. Во поглед на жалбените наводи, дека договорниот орган го избрал како најповолен „Македонски Телеком“ АД Скопје и покрај тоа што избраниот понудувач не исполнува еден од клучните критериуми и услови зададени во тендерската докуметнација во технички спецификации, дел - Детален опис и минимални барања, точка 6 - Важност, во која сертификатите предмет на набавка треба да бидат со важност 3 (три) години и со можност за продолжување по избор на корисникот и сертификатот да биде интернационално прифатен, полномошникот наведува дека истиот е неоснован. Имено, како причина за неисполнување на барањето е наведено дека во јавниот дел на политиката на „СА Македонски Телеком“ за важност на претплатнички криптографски клучеви е специфицирано една година. Полномошникот на договорниот орган наведува дека во јавниот дел од политиката на избраниот во точка 6.3.2, покрај другото е специфицирано дека: „Македонски Телеком СА може да го прилагоди рокот на важност на одредени претплатнички криптографски клучеви во согласност со прописите и видот на сертификатот. – Лицето, кое ги чува електронски потпишаните податоци треба најдоцна во рок од еден месец пред истекот на важноста на потписот (1 година), да обезбеди повторно електронско потпишување од страна на сите лица кои ги потпишале податоците првиот пат или заверка од страна на нотар, како и да бара потврдување на овие податоци со општо прифатен временски жиг на Македонски Телеком АД.“. Во јавниот дел на политиката на избраниот јасно е изразено дека „Македонски Телеком СА“ може да го прилагоди рокот на важност на одредени претплатнички криптографски клучеви во согласност со прописите и видот на сертификатите. Со тоа „Македонски Телеком СА“ има право да издава сертификати со важност различна од изразената во согласност со стандардите на основа на кои работи „Македонски Телеком СА“. Полномошникот наведува дека сите категории на сертификати со идентификациски ознаки (OID) јасно се

Page 122: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/10

изразени во јавниот дел на политиката и во ниту еден момент „Македонски Телеком СА“ не издавал сертификати од категории кои не се дефинирани во политиката. Согласно наведеното во продуктното портфолио, Македонски Телеком АД Скопје може да дефинира различни продукти кои се во согласност со дефинираните категории на сертификати означени со OID параметри во јавниот дел на политиката, со рок на важност од една или повеќе години, но најмногу со важност од 5 години. Во поглед на жалбениот навод дека избраниот понудувач не го исполнува условот дека сертификатот треба да биде интернационално прифатен, полномошникот на договорниот орган наведува дека тоа што избраниот е само – потпишан издавач на сертификати не ги прави сертификатите интернационално неприфатени. „Македонски Телеком СА“ е регистриран издавач на дигитални сертификати кој што е изграден согласно важечките закони за дигитални сертификати и документи во електронски облик и сите подзаконски акти кои произлегуваат од овој закон како и меѓународните стандарди. Тоа што коренскиот сертификат не е внесен во познатите пребарувачи (Internet Explorer, Google Chrome, Firefox) не значи дека сертификатите издадени од „Македонски Телеком СА“ не се интернационално признати. Согласно горенаведеното, полномошникот на договорниот орган предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да донесе решение со кое ќе ја одбие жалбата како неоснована и да го задолжи жалителот да му ги надомести на договорниот орган трошоците сторени при поднесување на одговор на жалбата.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Основани се жалбените наводи на жалителот дека договорниот орган

сторил битни повреди на законот во постапката за доделување на договор за јавна набавка предвидени во членот 210 од Законот за јавните набавки, погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право.

Имено, согласно документите со кои располага за конкретната

постапка, Државната комисија утврди дека договорниот орган спровел постапка со барање за прибирање на понуди за набавка на стоки – набавка на дигитални сертификати. Еден од клучните критериуми и услови

Page 123: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/10

зададени во тендерската документација, односно во Технички спецификации, е: „Дел 2 - Детален опис и минимални функционални барања, точка 6 - Важност, во која сертификатите предмет на набавка треба да ја задоволува минимум следната карактеристика наведена во техничката спецификација од огласот: - Важност 3 - (три) години и можност за продолжување по избор на корисникот; - Сертификатот да биде интернационално прифатен.“.

Според Државната комисија избраниот понудувач не дава

експлицитна информација со кое континуирано времетраење ги издава своите персонални квалификувани сертификати, но од јавно објавени документи кои се обврзувачки за издавачот во врска со издавањето на сертификати може да се заклучи дека континуираното времетраење на дигиталниот сертификат издаден од овој издавач на сертификати е исклучиво на период од 1 (една) година. Согласно доказите со кои располага, Државната комисија утврди дека дигиталните сертификати на избраниот понудувач се со континуирано времетраење од 1 (една) година од моментот на издавање, што не го задоволува поставениот услов од договорниот орган: времетраење од 3 (три) години.

Во член 3 точка 24 од Законот за јавните набавки е наведено:

„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите.

Поради горенаведените причини, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата, да ја укине одлуката за избор и предметот да го врати кај договорниот орган на повторно одлучување со цел правилно да ја утврди фактичката состојба и да изврши правилна евалуација на понудите согласно со условите и барањата предвидени во техничката спецификација.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, трошоците на постапката за правна заштита ќе му бидат надоместени, согласно со член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки.

Page 124: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/10

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-492/7 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - „КИБС“ АД Скопје, ул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје - Агенција за цивилно воздухопловство, ул. Даме Груев бр.1, 1000 Скопје

Page 125: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/13

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски - член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „СТЕРНА“ ДОО Скопје, наш број 08-484/1 од 24.08.2016 година, изјавена против тендерската документација, изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.04/2016 за набавка на стоки – изнајмување на мултифункционални уреди за печатење и копирање на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 и став 3 и 4, а во врска со член 211 и член 228 став 2 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015 и бр.78/2015, 192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „СТЕРНА“ ДОО Скопје, изјавена против тендерската документација, изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.04/2016 за набавка на стоки – изнајмување на мултифункционални уреди за печатење и копирање на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.04/2016 за набавка на стоки – изнајмување на мултифункционални уреди за печатење и копирање на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје.

3. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на

жалителот - „СТЕРНА“ ДОО Скопје, во износ од 250,00 денари на име административна такса и износ од 12.310,00 денари на име надомест за водење на жалбена постапка, во рок од 15 дена од денот нa приемот на

решението.

Page 126: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/13

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „СТЕРНА“ ДОО Скопје, изјавил жалба против тендерската документација, изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.04/2016 за набавка на стоки – изнајмување на мултифункционални уреди за печатење и копирање на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, бидејќи смета дека тендерската документација не е во согласност со Законот за јавните набавки и истата довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, поради што предлага жалбата да се уважи, да се поништи тендерската документација и да се поништи постапката за јавна набавка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.08-484/2 од 31.08.2016 година,

договорниот орган ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага истата како таква да се одбие..

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Page 127: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/13

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија,

ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, спровел постапка по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.04/2016 за набавка на стоки – изнајмување на мултифункционални уреди за печатење и копирање, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.02-1149/1 од 12.05.2016 година, по што спровел истражување на пазарот за кој бил изготвен Извештај од направено истражување на пазарот бр.0205-1149/3 од 16.05.2016 година. Комисијата за јавни набавки изготвила Извештај за потребата од обезбедување на согласност бр.0205-1149/4 од 16.05.2016 година за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел за јавна набавка на стоки и до Советот за јавни набавки по трет пат поднела Барање за добивање на согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечен дел за јавна набавка на стоки, а Советот по основ на поднесеното барање, донел Решение бр.10-10788/11 од 26.07.2016 година, со кое „се дава согласност“. Постапката за јавна набавка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Набавката била неделива, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе со користење на електронски средства и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, Изјава за сериозност и Гаранција за квалитетно извршување на договорот (5.00%).

До крајниот рок за поднесување на понудите 16.08.2016 година,

пристигнале вкупно 4 (четири) понуди на понудувачите: „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ“ ДООЕЛ Скопје, „РИКОМАК КОПИР - СЕРВИС“ ДООЕЛ Скопје, „СТУДЕНТСКИ СЕРВИС“ ДОО Скопје и „СТЕРНА“ ДОО Скопје, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.0205-1149/16 од 16.08.2016 година.

Page 128: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/13

Незадоволен од изготвената тендерска документација, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „СТЕРНА“ ДОО Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека ја поднесува жалбата поради сторени битни повреди на законот, односно тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој законот и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција. Односно, делот за технички спецификации не е во согласност со Законот за јавните набавки. Жалителот цитирал дел од тендерската документација во кој е наведено: „7.3 Разлики во цена (корекција на цени). Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка. Поединечната цена за печатена/копирана страна А4 формат да не биде повисока од 0.4 денари без ДДВ“ и наведува дека договорниот орган согласно Законот за јавните набавки ја проценува вредноста на договорот за јавна набавка, а во ниту еден случај не смее да ги ограничи економските оператори која цена треба да ја понудат по единица мера. Со наведувањето на условот дека поединечната цена за печатена/копирана страна А4 формат да не биде повисока од 0.4 денари без ДДВ, договорниот орган директно ја ограничил пазарната конкуренција. Понудената цена од економскиот оператор треба да ја определи самиот економски оператор во зависност од неговата калкулација, условите на пазарот како и услови предвидени во јавната набавка. Жалителот смета дека во ниту еден случај не е прифатливо договорниот орган да наметнува цена на чинење на определен производ за предметната јавна набавка. Економските оператори ја поднесуваат својата најдобра цена/понуда за предметната набавка која директно зависи од условите на пазарот. Доколку договорниот орган направил правилно истражување на пазарот повторно не смеел да дефинира цени во тендерската документација односно техничка спецификација, бидејќи на тој начин ја ограничил пазарната конкуренција. Жалителот напомнал дека цените на пазарот зависат од повеќе фактори и услови и истите се менливи и релативни. Жалителот ја цитирал и точка 7.7. „Останати услови како задолжителни елементи на договорот за јавна набавка“ и наведува дека договорниот орган со наметнувањето на останатите услови како задолжителни елементи на договорот за јавна набавка дополнително ја ограничил конкуренцијата,

Page 129: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/13

бидејќи со тоа се наметнува кус рок за поставување на опремата. Објективно економските оператори имале потреба од повеќе работни денови за испорака и инсталација на бараната опрема, бидејќи количината на бараните уреди наметнувал рок на испорака од минимум 30 дена. Исто така, жалителот напомнува дека економските оператори можеби ја немале бараната количина, опрема на залиха и за да се обезбеди истата, објективно бил потребен подолг рок за испорака. Со наметнувањето на условот: „времето за одзив по пријава на дефект....“ како и „времето на одзив и замена на потрошен тонер и друг потребен потрошен материјал за нормално и непрекинато функционирање на мултифункцискиот уред, до крајот на работниот ден за работни денови во период од 08-16 часот...“, договорниот орган ги става во нерамноправна положба економските оператори кои се географски поодалечени, кои евентуално би конкурирале за предметната набавка. На тој начин со наметнувањето на дополнителни услови договорниот орган дополнително ја ограничил конкуренцијата за предметната набавка. Воедно според жалителот, не било јасно зошто договорниот орган во точка 7.5 бара гаранција за квалитетно извршување на договорот за јавна набавка, а во точка 7.7 Останати услови како задолжителни елементи на договорот за јавна набавка дополнително навел дека: „Во случај на задоцнување и прекршување на утврдените термини за интервенција, економскиот оператор се обврзува да плати пенали во висина од 5% од висината на вредноста на фактурата за претходниот месец за секој час закаснување. Договорот може еднострано да биде раскинат од страна на договорниот орган доколку економскиот оператор не се придржува до бараните услови од техничката спецификација и другите обврски предвидени во договорот.“. Согласно ова, договорниот орган не го испочитувал Законот за јавните набавки и дополнително ја ограничил конкуренцијата, бидејќи покрај бараната Гаранција за квалитетно извршување на договорот за јавната набавка, дополнително ги оптеретува економските оператори да платат пенали за секој час задоцнување, што е спротивно на Законот за јавните набавки. Исто така, договорниот орган во делот на техничките спецификации навел дека: „За потребите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ потребно е да се изнајмат, да се стават во функција (инсталираат, конфигурираат и вмрежат) минимум 60 максимум 90 мултифункциски уреди со минимум следнава спецификација...“. Според жалителот договорниот орган согласно член 32 од Законот за јавните набавки е должен да им обезбеди на економските оператори целосни, точни и прецизни информации се со цел да се создаде конкурентност за предметната набавка и економските оператори да ја поднесат својата најдобра понуда. Економските оператори ја изготвуваат својата понуда врз основа на прецизни информации и бројки, а не на претпоставки. Заради

Page 130: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/13

ова, договорниот орган бил должен да предвиди за предметната набавка точен број на уреди за да можат економските оператори правилно и прецизно да ја изготват својата понуда. Тоа значи дека не смее договорниот орган да наведе минимум 60 максимум 90 мрежни мултифункциски уреди, туку напротив треба да наведе точен број на потребни уреди. Доколку договорниот орган обезбедил согласност од Советот за јавни набавки сигурно требало да има забелешка од страна на стручните лица дека треба да се наведе точниот број на потребни уреди, а не да се наведуваат паушални количини „минимум-максимум (од- до).“. Договорниот орган во техничките спецификации навел дека предметната набавка се однесува за: „Изнајмување на мултифункционални уреди за оптимализација на уреди за печатење и копирање“. Од горенаведеното се поставувало прашањето за каква оптимализација станува збор кога договорниот орган побарува минимум 60, а максимум 90 мрежни мултифункционални уреди. Во конкретната ситуација односно предметната набавка, договорниот орган не постигнувал оптимализација на уредите за печатење/ копирање/ скенирање, туку сосема спротивно. Исто така во дел од техничките спецификации во однос на поврзувањето (interface) на уредите е наведено дека: „USB2.0, Ethernet 10 base – T/100, base – TX или еквивалентно, уредот да има моќност да се вгради wireless LAN – не да е вграден и тоа на максумум 30 уреди (Во моментот на набавката нема потреба од вградување, но за времетраење на договорот од 1 година, клиниката планира да започне со печатење и од мобилни уреди). Вградувањето ќе биде на терет на економскиот оператор.“. Жалителот наведува дека и ова барање на договорниот орган е конфузно, бидејќи наведува нешто, меѓутоа не е сигурен што во суштина има потреба. Договорниот орган и во оваа ситуација требало да постапи согласно член 32 од Законот за јавни набавки и да прецизира точно дали треба или не треба да се вгради wireless LAN, од едноставна причина што економските оператори ќе можеле да калкулираат и да ја поднесат својата понуда врз основа на точни информации. Претпоставката дали ќе се вградат или нема да се вградат wireless LAN генерирало проблем кај економските оператори, бидејќи истите не се во можност точно да ја калкулираат потребната инвестиција за реализација на предметната набавка. За печатењето од мобилни уреди договорниот орган немал потреба да ги оптеретува економските оператори со wireless LAN, бидејќи наведеното печатење може да го организира на многу поедноставен и поекономичен начин. Брзиот развој на информатичките технологии доведува до ситуација да некои дополнителни опционални решенија не бидат достапни во подоцна фаза. Поради тоа од исклучителна важност е економските оператори да имаат точни податоци и количини за предметната набавка од самиот почеток на постапката. Во

Page 131: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/13

техничките спецификации договорниот орган навел и задолжителни услови кои економскиот оператор треба да ги исполни, односно економскиот оператор да понуди поединечна цена за печатена/копирана страна А4 формат. Скенирањето и употребата на факсот не се наплаќа. Жалителот наведува дека од ова произлегувало прашањето, зошто договорниот орган да не плаќа и за наведените функционалности – скенирање и употреба на факс кога реално економските оператори имаат трошок и за овие наведени функционалности кај уредите што ги изнајмуваат. Пред се набавката/инвестицијата на опремата јасно давала до знаење дека економските оператори треба да наплаќаат за сите функционалности кои ги имаат уредите. Скенирањето кое се овозможува преку мултифункционалните апарати генерира трошок кај економските оператори, бидејќи се трошат некои од резервните делови кои ги користи уредот. Исто така за функционалноста за испраќање на факс податоци апаратот троши резервни делови, додека пак при примање на факс податоци, апаратот покрај експлоатацијата на резервните делови има потрошувачка и на тонер. Сосема не е јасно зошто договорниот орган ја ограничил конкуренцијата и на овој начин. Жалителот смета дека договорниот орган треба да им плати на економските оператори и за скенирањето како и користењето на факсот од едноставна причина бидејќи објективно економските оператори имаат реален трошок кај мултифункционалните апарати за резервни делови и потрошни материјали како и амортизација на самите уреди. Договорниот орган во техничките спецификации воедно навел и дека: „Економскиот оператор е должен да инсталира софтвер за мониторинг и управување со мрежни и мултифункциски принтери кој треба да ги содржи следните карактеристики: Можност за преглед на записи на настани (Audit log), детална евиденција по корисници за користење на уредот (копирање, печатење и скенирање), поддршка за креирање и администрирање на посебни кориснички профили (active directory users), print server. Поддршка за директно логирање на уредот од страна на корисниците. Софтверска компатибилност Windows Server 2012/2008/2003, Windows 10/8/7/Vista/XP или еквивалент...“. На начинот на кој е оформена техничката спецификација, групирањето на повеќе ставки во еден дел како и зададените услови во неа, договорниот орган директно го повредил членот 15 од Законот за јавните набавки. Доколку договорниот орган имал реална потреба од софтверско решение, во тој случај требало да спроведе посебна набавка за софтвер или во истата набавка да го наведе во посебен дел, бидејќи на овој начин дополнително ја ограничува конкуренцијата. Со изработката на ваков начин на тендерската документација, техничките спецификации, како и ограничувањето на пазарната конкуренција со

Page 132: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/13

ограничувањето на понудената цена на економските оператори, наведувањето на дополнителни услови кои се на штета на економските оператори директно се повредени основните начела на Законот за јавни набавки. Жалителот наведува дека начинот на кој договорниот орган ги дефинирал техничките спецификации и ја изготвил тендерската документација не создава конкурентност во вистинска смисла на зборот за предметната набавка што е спротивно на Законот за јавните набавки. Овие пропусти, според жалителот имаат битно влијание на постапката, евалуацијата на понудите, нивното рангирање за електронска аукција како и избор на најповолен понудувач. Имајќи ги предвид гореизнесените околности, жалителот предлага да се уважи жалбата, да се поништи тендерската документација, односно делот од тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавните набавки, односно да се поништи постапката за јавна набавка.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека тендерската документација е изработена според потребите на договорниот орган и истата била доставена до Советот за јавни набавки за одобрување. Истата била вратена на корекции по забелешки од стручните лица по кои било постапено и по првото и по второто решение на Советот за јавни набавки, додека по поднесеното трето барање за добивање на согласност, советот „дал согласност“ за истата. Во поглед на точка 7.3 Разлика во цени (корекција на цени) - Поединечна цена за печатена/копирана страна А4 формат да не биде повисока од 0,4 денари без ддв, договорниот орган смета дека цената не е ограничувачка, односно согласно направено Истражување на пазар доставен бил еден одговор каде критериумите ги исполнуваат. Исто така договорниот орган напомнува дека во таа точка во ниту едно решение немало забелешка дека истата е ограничувачка, а условите кои се барани за разлика во цена истите се непроменливи за целиот договор за период од една година. Во пристигнатите понуди, договорниот орган добил 4 понуди од кои 3 го задоволувале овој критериум за цена од 0,4 денари за печатена страна, поради што истиот смета дека со тоа не се врши ограничување на конкуренцијата. Жалителот имал доставено понуда со која ги прифатил критериумите во тендерската документација, истиот доставил цена по една печатена страна од 3 денари и како таков кој ги исполнува сите критериуми барани во тендерската документација бил поканет на е-Аукција. По завршена е-Аукција истиот понудил цена по печатена страна од 3 денари (каде немало намалување на цената) што драстично отстапувала од цената на другите економски оператори кои се јавиле на огласот и доставиле понуда. Во поглед на точка 7.7. од тендерската документација, односно во поглед на жалбените наводи произнесени по

Page 133: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/13

истата, договорниот орган наведува дека за првата точка договорниот орган оставал на располагање 10 дена за поставување на опрема што не претставувало кршење на законот, додека економските оператори требало да си предвидат дали можат за тој рок да ја извршат набавката и од овој аспект немало забелешки од Советот за јавни набавки. По однос на одзивот по пријава на дефект како и време на одзив и замена на потрошен материјал за нормално и непрекинато функционирање на мултифункционалниот уред, до крајот на работниот ден за работни денови во период од 08-16 часот, истото било ставено по забелешка од стручните лица од првото дадено Решение од Советот за јавни набавки бр.10-7504/10 од 25.05.2016 година. По однос на барањето за плаќање на пенали од 5% во случај на прекршување на утврдените термини за интервенција која е барана од договорниот орган, немало забелешки од стручните лица и од Советот за јавни набавки. Воедно, договорниот орган напомнува дека се работи за специфична дејност на работењето, која според потребите на нејзиното работење и спецификата на својата дејност има потреба во најкраток можен рок за замена на потрошниот материјал и апаратите за печатење во случај на дефект, со оглед на тоа дека договорниот орган континуирано работи со клиенти –пациенти, за чија здравствена услуга изготвува пресметки на лице место на кои е потребен потпис од страна на клиентот – пациентот, како истата би била законски признаена од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, фактурирана до истиот и законски би се овозможило плаќањето на здравствената услуга од страна на пациентот, а сето тоа по потврдување со потпис од негова страна на испечатена пресметка. Договорниот орган наведува дека природата на дејноста е таква да мора да се бара брза реакција при појава на проблем/дефект. Во поглед на точка 7.5. Гаранција за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган наведува дека гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган има право да ја побара поради заштита за неисполнување и ненавремено исполнување на договорот, со тоа што договорниот орган го бара најнискиот процент, како не би ги оптоварил економските оператори со поголеми гаранции. Имено, со барање на банкарска гаранција самиот договорен орган се заштитувал, за кои може да се поднесе негативна референца, а со бараните пенали сепак договорниот орган оставал простор економскиот оператор да не биде оштетен од негативна референца. Исто така и за оваа точка од страна Советот за јавни набавки немало никаква забелешка. По однос на забелешките од страна на жалителот, а кои се однесуваат на дел од техничката спецификација која е изготвена согласно природата на дејноста на договорниот орган и неговите потреби, договорниот орган истакнува дека со истата е обезбедена конкурентност на

Page 134: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/13

предметната набавка и истата не е дискриминирачка, за што говорел и бројот на доставените понуди кои ги исполнуваат сите критериуми од тендерската документација и техничка спецификација, истата е транспарентна и однапред позната за заинтересираните економски оператори. По истата била добиена согласност од Советот за јавни набавки и истата на неколку наврати била коригирана и биле испочитувани сите забелешки дадени од Советот за јавни набавки. Неможноста да се дефинираат однапред карактеристиките на софтверот, без да се знае типот на принтерите кои ќе бидат набавени (понудени) ја правеле оваа набавка неделива. Договорниот орган напомнува дека жалителот понудил повеќекратно повисока цена од останатите понудувачи и по завршената е-Аукција каде како критериум се барала најниска цена со што никако не можел да биде избран како најповолен, додека со доставата и потпишување на понудата (дел 111.1.7 ) ги прифатил сите услови предвидени во огласот и тендерската документација, а со тоа и техничката спецификација како дел од истата. Согласно сето горенаведено, договорниот орган смета дека жалбата е неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Државната комисија не го прифати жалбениот навод во однос на

бројот на уредите кој договорниот орган ќе ги изнајмува односно за кој навел минимум 60 максимум 90 мрежни мултифункциски уреди, за што жалителот смета дека треба да биде точно прецизиран. Според Државната комисија наведеното не претставува повреда, туку напротив дава можност поголем број на понудувачи да учествуваат во постапката и се тоа се зголемува конкуренцијата.

Државната комисија како основан го ценеше жалбениот навод во

однос на точка „7.3 Разлики во цена (корекција на цени), од тендерската документација каде што навел дека поединечната цена за печатена/копирана страна А4 формат да не биде повисока од 0.4 денари без ДДВ.“. Државната комисија смета дека со наведувањето на цитираниот услов, договорниот орган директно ја ограничил пазарната конкуренција. Според Државната комисија цената понудена од страна на економскиот оператор треба да ја определи самиот економски оператор во зависност од неговата калкулација, условите на пазарот како и услови предвидени во

Page 135: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

11/13

јавната набавка имајќи предвид дека за предметната јавна набавка е предвидено спроведување на е-аукција. Исто така, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган во тендерската документација, освен што не предвидел што ќе биде предмет не е-Аукција, наведеното ограничување го предвидел како задолжителен елемент на договорот за јавна набавка според кое произлегува дека договорниот орган нема потреба да спроведување на е-аукција.

Државната комисија го прифати жалбениот навод во однос на

барањето за плаќање на пенали од 5% во случај на прекршување на утврдените термини за интервенција кое договорниот орган го навел во тендерската документација, а за кое жалителот наведува дека договорниот орган го навел во точка 7.5 гаранција за квалитетно извршување на договорот. Државната комисија смета дека Законот за јавните набавки не познава пенали во случај не прекршување на утврдените термини освен гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.

Државната комисија го прифати жалбениот навод во однос на точка

7.7 од тендерската документација – Останати услови како задолжителни елементи на договорот за јавна набавка, каде што договорниот орган како задолжителен елемент навел дека времето на одзив и замена не дефектниот уред по пријавен проблем, до крајот на работниот ден за работни денови во период од 08-16 часот. Во тој период економскиот оператор е должен да се јави на лице место и да го замени дефектниот уред со друг исправен како би можело да се продолжи со непрекината работа. Државната комисија смета дека наведениот услов не е доволно прецизиран ако се земе во превид природата на дефектот, односно за каков дефект се работи како и времето на пријавување на дефектот, односно дали може на денот на пријавување на дефектот истиот да се отстрани без разлика во кој период од работното време е пријавен дефектот.

Од наведените причини, Државната комисија одлучи да ја уважи

жабата, да ја поништи Отворена постапка бр.04/2016 за набавка на стоки – изнајмување на мултифункционални оптимализација на уреди за печатење и копирање на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје. Согласно член 210 став 1 алинеја 3, тендерската документација на постапка за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со Законот за јавни набавки и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција.

Page 136: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

12/13

Во согласност со член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција.

Во согласност со член 211 од Законот за јавните набавки, Во

постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.

Во согласност со член 32 од Законот за јавните набавки, (1)

Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка. (2) Тендерската документација особено содржи:- општи информации во врска со договорниот орган, особено адреса, телефонски број, број на факс, електронска пошта, лица за контакт, начини на комуникација итн., - упатства во врска со законските рокови и неопходните услови за учество во постапката за доделување на договор, - доколку се бара, минималните критериуми за утврдување на способност и документација што треба да ја поднесат понудувачите или кандидатите за да го докажат исполнувањето на критериумите за утврдување на способност, - технички спецификации или, во случај на применување на конкурентен дијалог или постапка на преговарање, описна документација, - упатства во врска со изработка и поднесување на техничката и финансиската понуда, - детална и целосна информација во врска со критериумите за доделување на договорот што ќе се применува за избор на најповолна понуда согласно со одредбите од Главата VII Дел 3 на овој закон, - упатства во врска со правната заштита во постапка за доделување на договор за јавна набавка и - информации во врска со задолжителните одредби од договорот за јавна набавка. (3) Содржината на тендерската документација поблиску ја пропишува министерот за финансии.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, трошоците

на постапката за правна заштита ќе му бидат надоместени, согласно со член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки.

Page 137: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

13/13

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-484/6 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - СТЕРНА ДОО Скопје, ул. Шекспирова бр.5, Скопје - ЈЗУ УК за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, ул. Мајка Тереза, бр.17, Скопје

Page 138: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/15

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски - член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ТЕХНОКООП“ ДОО – Скопје, наш број 08-488/1 од 25.08.2016 година, изјавена против Одлуката за делумен избор/делумно поништување на јавната набавка бр.11-869/6 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-174/2015 за набавка на мебел и опрема на административна зграда на договорниот орган - АД „ЕЛЕМ“ – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 и став 3 и 4, а во врска со член 211 и член 228 став 2 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015 и бр.78/2015, 192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ТЕХНОКООП“ ДОО – Скопје, изјавена против Одлуката за делумен избор/делумно поништување на јавната набавка бр.11-869/6 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-174/2015 за набавка на мебел и опрема на административна зграда на договорниот орган - АД „ЕЛЕМ“ – Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за делумен избор/делумно поништување на јавната набавка бр.11-869/6 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-174/2015 за набавка на мебел и опрема на административна зграда на договорниот орган АД „ЕЛЕМ“ – Скопје.

3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-174/2015 за набавка на мебел и опрема на административна зграда на договорниот орган - АД „ЕЛЕМ“ – Скопје.

4. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 24.640,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Page 139: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/15

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ТЕХНОКООП“ ДОО – Скопје, изјавил жалба против Одлуката за делумен избор/делумно поништување на јавната набавка бр.11-869/6 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-174/2015 за набавка на мебел и опрема на административна зграда на договорниот орган АД „ЕЛЕМ“ – Скопје, бидејќи смета дека се сторени повреди при евалуацијата на понудите, поради што предлага одлуката да се укине и предметот да се врати во фаза на повторна евалуација.

Во писмениот одговор на жалбата бр.11-5345/1 од 30.08.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага истата како таква да се одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, оспорената одлука за делумен избор/делумно поништување на јавната набавка, одлуката за јавна набавка, одлуката за измена на одлуката за јавна набавка, тендерската документација, записникот од отворање на понудите, евалуацијата на понудите, понудите и другите докази во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Page 140: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/15

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена

постапка бр.01-174/2015 за набавка на мебел и опрема на административна зграда, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.11-7924/1 од 28.12.2015 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки и во Службено гласило на Европската унија. Со оглед на висината на проценетата вредност, договорниот орган спровел технички дијалог за што составил Записник од спроведен технички дијалог. Договорниот орган спровел истражување на пазарот во Република Македонија и во странство при што утврдил дека нема доволен број на производители што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации, поради што поднел барање за добивање на согласност за користење на барањата во техничките спецификации до Советот за јавни набавки, кој донел Решение бр.10-3089/12 од 09.03.2016 година, со кое ја дал бараната согласност. Во однос на критериумите за утврдување на способност, договорниот орган предвидел докажување само на личната состојба и способноста за вршење на професионална дејност, поради што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Набавката била делива на 2 дела, а договорниот орган во тендерската документација и во огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе со користење на електронски средства и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 09.05.2016 година во

12:00 часот, пристигнале вкупно 6 (шест) понуди за што бил изготвен Записник од отворањето на понудите бр.11-869/4 од 03.05.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила проверка на комплетноста и валидноста на понудите, при што за Дел 1 биле поднесени четири понуди, меѓу кои и понудата на жалителот ги оценила како неприфатливи, а единствениот прифатлив понудувач го поканила да поднесе конечна цена, додека за Дел 2 сите три пристигнати понуди ги оценила како неприфатливи. По поднесувањето на конечната цена за Дел 1, кое се одржало на ден 29.07.2016 година, во периодот од 14:00:00 часот до 14:15:00 часот, на кое понудувачот не поднел нова намалена цена, врз основа на електронски генерираниот Извештај од поднесување на конечна цена и Извештајот од спроведена постапка бр.11-869/5 од 18.08.2016 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда

Page 141: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/15

за Дел 1 – набавка на мебел да биде избрана понудата на економскиот оператор „ОФИС И КО“ ДОО – Скопје, а за Дел 2 – набавка на рекреативна опрема постапката да се поништи. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган по што била донесена сега оспорената Одлука за делумен избор/делумно поништување на јавната набавка бр.11-869/6 од 18.08.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија за

жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „ТЕХНОКООП“ ДОО – Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган направил

одредени пропусти при спроведување на евалуацијата за учество на електронската аукција и сторил неправилности кои влијаеле на текот на изборот на најповолниот понудувач. Пропустот бил направен во делот на толкување на сертификатите и тест извештаите. При поднесувањето на тендерската документација од страна на жалителот биле доставени 54 сертификати или тест извештаи, со што ги исполнил бараните критериуми за учество во понатамошната фаза од постапката. По започнување на евалуацијата, од страна на Комисијата за јавни набавки на договорниот орган, до жалителот било пратено ново барање за доставување на нови сертификати и дообјаснувања за 56 ставки, кои уредно биле доставени во бараниот рок. Според досегашната пракса, за доставување на документација при изработка на мебел за државни институции, жалителот укажува дека во оваа јавна набавка барањата на сертификатите и тест извештаите се премногу обемни во однос на типот на мебелот кој се бара да се испорача, со што се создава сомнение дека тенденциозно се настапува, за елиминирање на повеќето економски оператори преку обемна и скапа постапка, а за одредени артикли и „незначајна“ документација и тоа во фаза на одлука на економските оператори за учество на јавната набавка, каде би требало да се пријават сите кои имаат можност, желба и знаење да учествуваат на истата. Жалителот наведува дека условите во постапката се направени во форма со која уште во прва фаза би се елиминирале (пред јавното аукциско наддавање) сите останати економски оператори кои ќе учествуваат на е-аукцијата, со што на е-аукцијата би останал само еден економски оператор без конкуренција и истото би било само формалност за запазување на законската форма. Ова свое тврдење, жалителот го поткрепил со фактот дека и покрај првично доставените 54 извештаи,

Page 142: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/15

вториот пат биле доставени дополнителни 56 документи (сертификати и дообјаснувања). После овој момент од жалителот не биле побарани нови документи или дообјаснувања кои жалителот не би бил во можност да ги обезбеди и додаде на претходната документација, со што верува дека со тоа се исполниле сите критериуми на Комисијата за јавни набавки. Барањето на Комисијата за јавни набавки било дека покрај сертификатите, за секој елемент треба да се достави и тест извештај. Жалителот во одговорот при доставувањето на дополнителните документи посочил дека во техничката спецификација за набавка на мебелот која била издадена од страна на договорниот орган било наведено дека: „Економскиот оператор при предавањето на понудата, потребно е да достави тест извештај или сертификат од акредитирана лабораторија дека производот ја задоволува бараната норма.“. Според одлуката од страна на комисијата било наведено дека требало од страна на жалителот да се достават и тест сертификати и извештаи за одредени производи, што се коси со барањето во техничката спецификација каде се бара или едното или другото, а за понудените странски производи со ЕУ потекло, со издадени оригинални сертификати од ЕУ (матичните држави), истите воопшто не се признаваат како валидни. Од ова произлегувало дека сертификатите издадени од производителите во ЕУ не се со иста важност како и сертификатите издадени од Република Македонија. Жалителот посочува дека во текот на претходната постапка за сертификатите издадени во матичните земји се барал само нивен превод и никој не го оспорил нивното постоење или важност. Според горенаведеното, жалителот наведува дека е убеден дека ги има доставено сите потребни документи и објаснувања по наведената јавна набавка и дека бесправно и тенденциозно е елиминиран од понатамошната постапка. Во досегашната пракса на јавни набавки, во случај на постоење на сомневање за валидноста на доставениот сертификат или техничка исправност на мебелот, жалителот посочува дека после испорака на мебелот од страна на економскиот оператор, договорниот орган има право селективно да одбере одредени парчиња на мебел и дополнително да изврши тестирање на истите, како би бил сигурен дека доставениот мебел ги исполнува сите барани норми по техничката спецификација, во спротивно превзема одредени санкции спрема избраниот економски оператор. Со оглед на горенаведеното, жалителот бара да се укине одлуката за избор и предметот да се врати во фаза на повторна евалуација. Воедно, жалителот наведува дека бара да изврши увид во документацијата од јавната набавка, како би извршил дополнување на жалбата.

По извршениот увид во предметот, жалителот достави и

дополнување на жалбата во кое наведува дека Комисијата за јавни набавки

Page 143: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/15

при договорниот орган направила погрешна евалуација и рангирање на понудите во однос на потребните документи за учество и рангирање на економските оператори, при што како најповолна била избрана понудата на економскиот оператор Офис и КО- Скопје. При самиот увид на документацијата, жалителот наведува дека констатирал дека при изборот се сторени повеќе суштински неправилности во постапката од страна на комисијата и тоа во делот на толкување на ЕН - нормите, сертификатите и тест извештаите како и недоследности во самата документација на избраниот економскиот оператор Офис и КО- Скопје при поднесување на истата. Жалителот наведува дека во досегашната пракса за јавните набавки во Република Македонија, (во делот на опремување со мебел) кога се барале сертификати или технички извештаи, се доставувале само „тест сертификати“ издадени од лабораторија за квалитет на жалителот и тие биле признаени и прифатени како валидни документи при сите јавни набавки, без притоа да се бара подетално образложување на нивното значење и терминологија. Според комисијата, при оваа јавна набавка за првпат се појавуваат два различни термини за сертификати, од кои едниот термин е „сертификат“ а другиот „тест сертификат“ и дека тоа се различни документи со различно значење. Жалителот наведува дека во неговата досегашна пракса од 27 години во производство на мебел, не се соочил со облик на „сертификат“, како што навела комисијата за јавни набавки. За истиот проблем жалителот се консултирал и со соработници (производители) од Италија и Германија каде и тие стоеле на ставот дека документите што се приложени од нивна страна, се сосема соодветни за да се докажат ЕН - стандардите што се барани во оваа постапка. Ако се прифатело тврдењето на комисијата за јавна набавка дека тоа се различни документи, во тој случај се ставале под прашање сите досегашни јавни набавки во кои се барале „сертификати“, а се приложувале истите документи издадени од лабораторијата на жалителот и други европски лаборатории за квалитет и со тоа би требало истите и да се обжалат. Воедно, жалителот наведува и дека во тендерската документација се барало документ дека производот ја задоволува нормата (на пример ЕН 527-1). Во сите документи на жалителот е назначено дека производот ја исполнува бараната ЕН – норма и сите документи што ги имал предадено се издадени од акредитирани лаборатории во Македонија и Европа. Децидно било нагласено дека: „Економскиот оператор при предавање на понудата потребно е да достави тест извештај или сертификат од акредитирана лабораторија дека производот ја задоволува посочената ЕН норма (или еквивалент). Со тоа, никаде не било назначено дека е потребно да се достават двата документи заедно, а дадена била можност да се достави и еквивалентен документ кој ја докажува бараната норма. Суштината на

Page 144: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/15

барањето од тендерската спецификација, според жалителот е да се приложи доказ за исполнување на нормативи, а не називот на документот бидејќи сите овие документи се еквивалентни едни на други. Во голем дел од образложението било наведено дека жалителот е отфрлен од јавната набавка со образложение дека сме дал ист сертификат за повеќе производи, а тие биле со различен технички опис и поради тоа биле барани тест извештаите за истите. При проверка на документацијата на избраниот понудувач, во делот на сертификатите кој што успеал жалителот да ги провери, нашол сертификати и тест извештаи што не соодветствуваат со техничката спецификација. Имено, за ставка под реден број 82, „остава за полици“, имало несогласување во димензиите и бројот на полиците. Односно барањата од техничката спецификација, не се согласувале со тест извештајот број 0086/2015. За ставка под реден број 61. „столици со дел за пишување на десна рака“, има несогласување во материјалот на металната конструкција, како и специфичната густина на сунѓерот. Се бара самогасив сунѓер, со густина од 50 кг/мЗ, во Тест извештајот стои дека има обичен сунѓер, со густина од 30 кг/мЗ, а во изгледот на понудениот стол воопшто нема дел за пишување. Со што повторно има несогласувања помеѓу барањата наведени во техничката спецификација и Тест извештајот број 0143/2015. За ставките под реден број 11, 12 и 13 - „работна фотеља“, „гостинска фотеља“ и „столица за маса за состаноци“, имало приложено странски сертификат бр.S60032838 од кој воопшто не можело да се разбере за што е истиот и дали ги исполнува техничките карактеристики од техничката спецификација и истиот се користел за три различни канцелариски фотељи кои се различни по димензија и по функција. Од горенаведеното можело да се заклучи дека комисијата за јавна набавка имала различни критериуми при одлучувањето. За жалителот сертификатот требало да биде 100% идентичен како техничката спецификација, додека избраниот економски оператор можел да поднесе сертификати и технички извештаи со сосема различни карактеристики за повеќе производи барани во техничката документација. Жалителот наведува дека од пет понудувачи, критериумите според комисијата ги исполнувал само еден, додека според горе наведеното, бараните критериумите не ги исполнува ниту избраниот понудувач. Според горенаведеното, жалителот наведува дека јавната набавка треба да се врати во фаза на повторно одлучување и евалуација на понудите. Во образложението за ставките под број 11, 12, 13, 24, 25, 26, 32, 39, 43, 44, 47, 52, 61, 62, 79, 80, 84, 85, комисијата навела дека тоа не се валидни документи за нив, иако се издадени од акредитирани лаборатории од Европа. По добивањето на образложението, жалителот се обратил до неговите добавувачи за валидноста на документите и од нивна страна добиле

Page 145: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/15

одговор дека станува збор за сосема валидни документи издадени од нивна страна за нивните производи. Воедно, жалителот наведува дека од страна на договорниот орган му било побарано дополнување на документацијата, односно одредени документи да бидат преведени на македонски јазик. Согласно тоа, според жалителот се поставувало прашањето како при евалуација на документите истите биле валидни, за кои само се барал превод, а подоцна во образложението да биде наведено дека истите се невалидни документи. Жалителот наведува дека при проверка на основните документи од постапката воочил дека избраниот при поднесување на документите немал целосна документација, а со тоа истиот требало да биде елиминиран уште во првата фаза. Воедно, дел од изјавите не биле електронски потпишани, а дел во моментот на отворање на понудите биле потпишани со невалиден сертификат. Со тоа, доставените документи биле невалидни и нецелосни. Според тоа, избраниот требало да биде елиминиран уште во фаза на разгледување на основните документи. Жалителот наведува дека и во самата тендерска документација имало нелогичност во поглед на стандардите за квалитет, каде во точка 2.6. Стандарди за систем за квалитет, односно во точка 2.6.1 е наведено дека во оваа постапка не се бара исполнувања на стандарди за квалитет, а од друга страна во техничката спецификација се бараат огромен број сертификати поврзани со исполнување на стандарди за квалитет. Со оглед на горенаведеното, жалителот предлага да се уважи жалбата, да се поништи одлуката за избор на најповолен понудувач и предметот да се врати во фаза на повторна евалуација.

Во одговорот на жалбата договорниот орган направил краток

хронолошки приказ на постапката и наведува дека жалбата е неоснована и како таква предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие. Договорниот орган навел дека жалителот во својата жалба побарал увид во тендерската документација на фирмата која ги исполнила условите во аукциското наддавање, како би можел целосно да ја оформи и документира жалбена постапка, на што, Комисијата за јавни набавки му доставила електронска порака е – мејл допис со кој го известил дека согласно Законот за јавните набавки, увид може да направи само во Извештајот од спроведената постапка и го поканила во одреден ден и термин но, во закажаниот термин жалителот не се појавил. Во поглед на жалбените наводи на жалителот дека пропустот е направен во делот на толкување на сертификатите и тест извештаите, односно дека во оваа јавна набавка барањето на сертификатите и тест извештаите е премногу обемно во однос на типот на мебелот кој се бара да се испорача со умисла за елиминирање на повеќето економски оператори преку обемна и скапа

Page 146: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/15

постапка, а за одредени артикли и без малку „беззначајна“ документација, договорниот орган наведува дека жалителот не е нестручен за да обвинува дека наводно, се барало премногу обемна документација со цел да се елиминираат повеќето економски оператори. Имено, жалителот најпрво тврдел дека пропустот е направен во делот на толкување на сертификатите и тест извештаите, за да подоцна обвини, дека барањата за сертификатите и тест извештаите се премногу обемни. Со самото вакво тврдење жалителот признал дека не ги доставил комплетните барани документи, бидејќи направен пропуст во делот на толкување на сертификатите и извештаите без притоа да се прецизира пропустот, претставува различна повреда од недоставувањето на такви документи, по што логично следи, дека не може да има пропуст во толкување на недоставени документи. Во поглед на техничката спецификација, договорниот орган наведува дека истата е направена на највисоко стручно ниво, на начин да ги антиципира потребите на договорниот орган во смисла на обезбедување на соодветен квалитет како на материјалот така и на готовиот производ, за што договорниот орган ангажирал надворешни стручни лица од областа на производство и дизајнирање на мебел. Во техничката спецификација за секоја пооделна ставка каде било побарано исполнување на одреден македонски стандард било нагласено да се достави сертификат или тест извештај издаден од акредитирана лабораторија дека производот ја задоволува бараната норма. Воедно, за техничката спецификација била добиена согласност од Советот за јавните набавки. Договорниот орган наведува дека во текот на евалуацијата на понудите, во делот на оценка на техничките понуди ги ангажирал истите стручни лица кои ја подготвувале техничката спецификација. При евалуацијата на техничките понуди било констатирано, дека жалителот не доставил сертификати, туку доставил тест сертификати, декларации за сообразност, награди. Документите кои ги доставил дополнително, од жалителот, детално ставка по ставка било побарано кои документи треба да ги достави за да ја комплетира понудата и за сето тоа му бил даден дополнителен рок. Во дополнително доставената документација, договорниот орган наведува дека жалителот доставил несоодветни документи во однос на ставките каде воопшто немало никаква документација, додека за ставките каде имало само Тест сертификат, одбил да го даде тест извештајот кој ги содржи податоците за производите. Извештајот на стручните лица, кој е прилог на Извештајот од спроведената постапка, го опишува недостатокот на документацијата пооделно ставка по ставка. Нагласувањето на недостатоците во документацијата, договорниот орган наведува дека е нагласено во 55 ставки за кои жалителот во ниту една немал доставено Сертификат или тест извештај. Договорниот орган наведува дека жалителот доставил 11 Тест сертификати, 5 декларации за

Page 147: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/15

сообразност, 1 потврда, 2 награди, 1 декларација за идентитет и чек протокол, 1 протокол за проверка на усогласеност со регулатива, додека во жалбата тврди дека доставил 54, односно 56 сертификати. Жалителот еден ист примерок на несоодветните Тест сертификати ги дал во повеќе ставки каде е опишан различен вид на мебел, при што договорниот орган ги наведува ставките каде жалителот доставил несоодветен ист сертификат. Во однос на тврдењето на жалителот дека стручните лица ги земаат во предвид само сертификатите издадени од земји на европската унија, договорниот орган наведува дека не се согласува со ова тврдење, бидејќи и фирмата која ги исполнува условите за јавната набавка по одредени ставки доставува сертификати издадени од матичната земја на производителот, а понудата на жалителот не содржи ниту еден сертификат или тест извештај. Врз основа на наведеното, договорниот орган предлага жалбата да се одбие како неоснована.

По доставеното дополнување на жалбата од страна на жалителот,

одговор на истото достави договорниот орган во кој направил осврт на жалбените наводи по истиот редослед како и во дополнувањето на жалбата. Имено, обидот на жалителот да ја „опише“ праксата од јавните набавки (во делот на мебел), при тоа заборавајќи дека за условите од тендерската документација - техничката спецификација и барањата по однос на истата, добиена е согласност од Советот за јавни набавки и дополнително самиот жалител во текот на траењето на огласот немал никаква забелешка во овој поглед. Дадениот документ „тест сертификат“ од страна на жалителот јасно се повикувал на тест извештај во кој би требало да се наоѓаат сите технички податоци за производот. Комисијата барала од економскиот оператор да ги достави истите, за да има точен увид за кој производ е издаден тест сертификатот. Економскиот оператор писмено одбил да ги достави тест извештаите. Исто така економскиот оператор не дал соодветно објаснување, како за повеќе различни производи (материјали, форма, оков...) дал ист тест сертификат и тврдел дека истиот е важечки. При тестирање на корпусниот мебел кој е од ист материјал, форма и оков се тестирала најголемата димензија, а извештајот важел за сите помали димензии. Во случајот приложен бил тест извештај за тестиран производ со исти карактеристики како и бараниот со димензија 100/50/240см, а во техничката спецификација се бара 90/40/220см. Договорниот орган наведува дека од тоа може да се види дека се бара помал корпусен елемент, а приложен е тест извештај за поголем корпусен елемент и со тоа тест извештајот се уважува. Во поглед на стандардот МКС ЕН 1335-1, МКС ЕН 1335-2, МКС ЕН 1335-3, договорниот орган наведува дека истиот се однесува на тестирање канцелариска столица каде се

Page 148: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

11/15

проверуваат функционалните димензии и се проверува стабилноста и издржливоста на конструкцијата. Исполната и мебел штофот немаат никакво влијание на тестот и одредени лаборатории воопшто не го ни пишувале како податок. Исто така согласно стандардот масичка за пишување која е составен дел од столицата, не е предмет на тестирање по наведените стандарди и истата мора да биде демонтирана од столицата за да може да се спроведе тестот согласно стандардите. Во поглед на сертификатот за ставките под реден број 11, 12 и 13, договорниот орган наведува дека од доставениот сертификат е видливо дека истиот е валиден за девет различни видови на столици од производителот. Комисијата извршила проверка на типовите на столици кои се понудени и истите ги задоволувале барањата од тендерската документација. Во поглед на преводите на сертификатите, комисијата доставила барање документите да бидат преведени бидејќи истите биле на повеќе странски јазици (англиски, италијански, чешки) и во никој случај без превод не можела да утврди дали истите се важечки или неважечки. По доставениот македонски превод утврдено било дека истите не се валидни. Во преводот кој го доставил жалителот на повеќе документи било преведено дека истите не се бараните „сертификати“, туку декларации за сообразност, награди и слично. Договорниот орган напомнал дека во ниедна фаза од евалуацијата, овие документи не биле прифатени за важечки. Според договорниот орган не е јасно како жалителот констатирал дека „дел од изјавите не биле електронски потпишани, а дел во моментот на отворање на понудите се потпишани со невалиден сертификат“, бидејќи комисијата за јавни набавки, при евалуацијата на понудите, секаде каде што имало потреба побарала појаснување на понудите преку ЕСЈН, како што тоа било направено и од жалителот. Сите барани појаснувања биле содржани во извештајот од спроведената постапка. Конкретно, појаснувањата што биле побарани од избраниот понудувач биле навреме одговорени - документирани и истите се валидни. Во поглед на цитираната „нелогичност“ во точка 2.6 од тендерската документација која се однесува на критериумите за утврдување на способност, договорниот орган наведува дека жалителот не прави никаква разлика помеѓу систем за квалитет кој е имплементиран во една фирма со кој само се докажува дека првото и последно парче се направени на ист начин и барање за сертификати и тест извештаи за одредени производи со кој се докажува дека бараниот производ има задоволувачки квалитет по бараната норма и е безбеден за користење, што пак може да биде дополнително појаснување и несвесно признание дека не ги разбрал барањата од тендерската документација. Со оглед на горенаведеното, договорниот орган предлага, Државна комисија за жалби по јавни набавки да донесе решение со кое ќе ја одбие жалбата на

Page 149: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

12/15

жалителот како неоснована во согласно со член 220 став 1 алинеја 4 од Законот за јавните набавки.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите доставени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Државната комисија како неосновани ги оцени жалбените наводи во

однос на евалуацијата на понудата на жалителот и утврди дека жалителот не ги исполнува условите од техничката спецификација. Имено, во техничката спецификација за секоја пооделна ставка каде било побарано исполнување на одреден македонски стандард и било нагласено да се достави сертификат или тест извештај издаден од акредитирана лабораторија дека производот ја задоволува бараната норма. Согласно документите со кои располага за конкретната постапка, Државната комисија утврди дека жалителот доставил тест сертификат кој бил издаден врз основа на тест извештај, за што Комисијата за јавни набавки кај договорниот орган со цел да ја утврди соодветноста на бараниот со тестираниот производ на доставените тест сертификати, побарал од жалителот да достави тест извештај.

Државната комисија го прифати жалбениот навод во однос на

прифатливоста не понудата на избраниот понудувач „ОФИС И КО“ ДОО – Скопје. Имено, Државната комисија не го прифати жалбениот навод во однос на ставка 82 и утврди дека избраниот понудувач понудил димензија 100/50/240см, а во техничката спецификација се бара минимум 90/40/220см. Избраниот понудувач е неприфатлив ставка под реден број 61. „Столици со дел за пишување на десна рака“, односно има несогласување во материјалот на металната конструкција, како и специфичната густина на сунѓерот. Согласно техничката спецификација било барано самогасив сунѓер, со густина од 50 кг/мЗ, во Тест извештајот стои дека има обичен сунѓер, со густина од 30 кг/мЗ. Исто така за ставките под реден број 11, 12 и 13 - „работна фотеља“, „гостинска фотеља“ и „столица за маса за состаноци“, избраниот понудувач приложил сертификат бр.S60032838 од кој не можело да утврди дали ги исполнува техничките карактеристики од техничката спецификација и истиот се користел за три различни канцелариски фотељи кои се различни по димензија и по функција.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки утврди дека со објавената тендерска документација договорниот орган сторил

Page 150: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

13/15

битна повреда од член 210 став 1 алинеја 3 во врска со член 2 и член 32 став 1 и став 2 алинеја 8 од Законот за јавните набавки. Имено, согласно точка 4.1 од тендерската документација предвидено е кон понудата економските оператори да достават и парафиран модел на договор при што истиот не е даден во прилог на документацијата како би можеле понудувачите да го парафираат и достават со понудите, додека во образецот на понудата прилог бр. III модел на договор, се наведени елементите кои ќе се содржат во договорот за јавна набавка без наведување на конкретни информации за истите, имајќи ги предвид одредбите од член 32 став 2 алинеја 8 на Законот за јавните набавки. Со ваквото постапување, договорниот орган овој дел од тендерската документација го дефинирал сосема нејасно со тоа што не дал никакви дополнителни информации во врска со задолжителните одредби од договорот за јавна набавка кој има намера да го склучи со избраниот понудувач, а на што го обврзува законот или пак да даде во прилог „модел на договор“ што има намера да го склучи со избраниот економски оператор. Во последниот став од овој дел од тендерската документација, договорниот орган внел и дополнителна несигурност за понудувачите со наведување на тоа дека договорот ќе содржи и други клаузули зависно од природата на набавката. Понатаму, договорниот орган на истата страница потенцирал дека Понудувачот (одговорното лице) е должен да даде согласност за предложените клаузули за изготвување на договорот иако тие клаузули не се познати на понудувачите, ниту се наведени во тендрската документација.

Со оглед на тоа дека договорниот сторил битна повреда во однос на

членот 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, односно сторени се битни пропусти кои се однесуваат на тендерската документација, Државната комисија одлучи да ја уважи жалбата, да ја поништи Одлуката за делумен избор/делумно поништување на јавната набавка бр.11-869/6 од 18.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.01-174/2015 за набавка на мебел и опрема на административна зграда на договорниот орган АД „ЕЛЕМ“ – Скопје. При спроведување на нова постапка договорниот орган е потребно да ги следи напатствијата на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Имено, во согласност со член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Page 151: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

14/15

Во согласност со член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.“.

Во согласност со член 210 од Законот за јавните набавки: „Битни

повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и (3) на овој закон, - постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, - не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој закон, - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите, - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, - не е постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој закон, - не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од овој закон, - е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително согласно со овој закон, - не е постапено согласно со решението на Државната комисија, - е извршен избор на понуда која не е најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда.“.

Во согласност со член 211 од Законот за јавните набавки: „Во

постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“.

Page 152: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

15/15

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, трошоците на постапката за правна заштита ќе му бидат надоместени, согласно со член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-488/9 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - ТЕХНОКООП ДОО Скопје, Бул. Борис Трајковски бр.95А, Скопје - АД Електрани на Македонија- Скопје, ул. 11 Октомври, бр.9, Скопје

Page 153: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/3

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки постапувајќи по жалбата на жалителот – „ВАГО ПЕТРОЛ“ ДОО – Штип, изјавена против постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка објавен во делот на други огласи бр.03/2016 за набавка на услуги – хотелско сместување на гости од Република Романија, по проект – Традиционално културно творештво на Власите во Р. Македонија – со посебен осврт на традиционалните носии, Штипски регион кој ќе се реализира во ОУК Дом на млади во Штип, на договорниот орган – Општинска установа за култура – Дом на млади Штип, врз основа на член 220 став (2), а во врска со член 221 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та седница одржана на ден 14.09.2016 година донесе:

ЗАКЛУЧОК

1. СЕ ЗАПИРА постапката по жалбата на жалителот „ВАГО ПЕТРОЛ“ ДОО – Штип, изјавена против постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка објавен во делот на други огласи бр.03/2016 за набавка на услуги – хотелско сместување на гости од Република Романија, по проект – Традиционално културно творештво на Власите во Р.Македонија – со посебен осврт на традиционалните носии, Штипски регион кој ќе се реализира во ОУК Дом на млади во Штип, на договорниот орган – Општинска установа за култура – Дом на млади Штип.

2. Се задолжува договорниот орган на жалителот, да му ги

надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.150,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

3. Против овој Заклучок не е дозволена посебна жалба.

Page 154: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/3

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, Општинска установа за култура – Дом на млади Штип, објавил Оглас за доделување на договор за јавна набавка објавен во делот на други огласи бр.03/2016 за набавка на услуги – хотелско сместување на гости од Република Романија, по проект – Традиционално културно творештво на Власите во Р. Македонија – со посебен осврт на традиционалните носии, Штипски регион кој ќе се реализира во ОУК Дом на млади во Штип и донел Решение за избор на најповолна понуда бр.0204-304/11 од 16.08.2016 година.

Незадоволен од постапката, жалба изјавил економскиот оператор „ВАГО ПЕТРОЛ“ ДОО – Штип, поради сторен пропуст од страна на договорниот орган при превземање на понудата на жалителот од пошта, при што неговата понуда била исклучена од натамошна евалуација.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека по приемот на жалбата констатирал дека истата е основана, поради што постапил согласно со член 221 од Законот за јавните набавки и донел Решение за поништување на постапката бр.0204-332 од 06.09.2016 година со кое се поништува постапката, Решението за избор на најповолна понуда бр.0204-304/11 од 16.08.2016 година, како и склучениот договор за јавна набавка бр.0307-304/13 од 17.08.2016 година.

Оттука, Државната комисија разгледувајќи ги доставените писмени докази, како и наводите на двете страни, утврди дека договорниот орган постапил согласно со одредбите од член 221 став 1, 2 и 3 од Законот за јавните набавки кој предвидува: „1) Ако договорниот орган по приемот на жалбата, најде дека истата е делумно или во целост основана, може постојната одлука да ја стави вон сила, односно да донесе нова одлука, или да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка, да го исправи дејствието, да го преземе дејствието што го пропуштил или да спроведе нова постапка за доделување на договор за јавна набавка, со известување на учесниците во постапката на начин пропишан со овој закон, во рок од пет дена од приемот на жалбата. 2) Против новата одлука, дејствие или пропуштање за преземање дејствие, подносителот на жалбата има право на жалба под условите предвидени со овој закон“ и 3) Договорниот орган кој ги користи овластувањата пропишани со овој член,

Page 155: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/3

должен е за тоа да ја извести Државната комисија со доставување на новата одлука, односно докази за доставување на истата на жалителот.

Со оглед на тоа што, договорниот орган постапил согласно со член 221 од Законот за јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе заклучок со кој се запира постапката по жалбата на жалителот „ВАГО ПЕТРОЛ“ ДОО – Штип.

Бр.09-499/6 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - „ВАГО ПЕТРОЛ“ ДОО Штип, ул.„Гоце Делчев“ бр.56, Штип - Општинска установа за култура – Дом на млади Штип ул.„Партизанска“ бр.27, 2000 Штип

Page 156: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола, наш број 09-485/1 од 25.08.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-593/7 од 16.08.2016 година за Дел 2 и Дел 3, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-593/3/2016 за набавка на услуги – Превоз на ученици во општина Демир Хисар во учебната 2016/2017 година на договорниот орган - Општина Демир Хисар, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-593/7 од 16.08.2016 година за Дел 2 и Дел 3, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-593/3/2016 за набавка на услуги – Превоз на ученици во општина Демир Хисар во учебната 2016/2017 година на договорниот орган - Општина Демир Хисар СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-593/7 од 16.08.2016 година за Дел 2 и Дел 3, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-593/3/2016 за набавка на услуги – Превоз на ученици во општина Демир Хисар во учебната 2016/2017 година на договорниот орган Општина Демир Хисар, и предметот

се враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 12.300,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

Page 157: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/9

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-593/7 од 16.08.2016 година, за Дел 2 и Дел 3, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-593/3/2016 за набавка на услуги – Превоз на ученици во општина Демир Хисар во учебната 2016/2017 година на договорниот орган Општина Демир Хисар, бидејќи смета дека договорниот орган постапил спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки како и дека сторил битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите. Од тие причини, жалителот предлага да се поништи оспорената одлука за избор и предметот да се врати на повторна евалуација, како и да се задолжи договорниот орган да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата бр.05-593/9 од 29.08.2016 година,

договорниот орган – Општина Демир Хисар, наведува дека жалбата е неоснована и предлага истата да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворање на понудите, понудите на понудувачите, извештајот од спроведената постапка одлуката за избор на најповолнa понуда, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Page 158: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/9

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена постапка бр.05-593/3/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици во општина Демир Хисар во учебната 2016/2017 година, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.05-593/1 од 08.07.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган спровел истражување на пазарот, при што утврдил дека има доволен број на економски оператори кои можат да ги исполнат предвидените критериуми за техничка или професионална способност и барањата од техничката спецификација, поради што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки. Набавката била делива на 7 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе со користење на електронски средства и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, Изјава за сериозност и 5% гаранција за квалитетно извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 04.08.2016 година, пристигнале вкупно 3 (три) понуди и тоа: Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола, „БОБИ-ТУРС“ ДООЕЛ Битола и „МИГ ТРАВЕЛ 2005“ ДООЕЛ Битола за што бил составен Записник од отворањето на понудите од 04.08.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила проверка на комплетноста и валидноста на понудите, по што сите понуди ги оценила како прифатливи и сите понудувачи ги поканила на е-аукција. По завршувањето на е-аукциите за сите делови од предметот на набавката, врз основа на Извештаите за текот на е-аукцијата и Извештајот од спроведена постапка бр.05-593/6 од 16.08.2016 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда за Дел 1, Дел 2, Дел 3, Дел 5, Дел 6 и Дел 7 да биде избрана понудата на економскиот оператор Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола, а за Дел 4 понудата на економскиот оператор „МИГ ТРАВЕЛ 2005“ ДООЕЛ Битола. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-593/7 од 16.08.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука за избор за Дел 3 и Дел 4, жалба

до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Page 159: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/9

Жалителот во жалбата наведува дека останал незадоволен од Одлуката за избор за дел 2 и дел 3, бидејќи смета дека договорниот орган постапил спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки како и дека сторил битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите. Имено, за деловите 2 и 3, понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, доставил известување за ангажирање на подизведувачи, при што за делот 2 го декларирал подизведувачот „Д-ЗОКИ“ ДООЕЛ с.Обршани Кривогаштани, додека за делот 3 го декларирал подизведувачот „ЃОКО-ТРАНС“ ДООЕЛ Крушево. При евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки на договорниот орган утврдила дека во понудата на понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, немало доставено целосна документација за подизведувачите, согласно член 144 став 4 од Законот за јавните набавки и притоа од наведениот понудувач побарала дополнување на документацијата во определен рок. При извршениот увид во извештајот од спроведената постапка на 22.08.2016 година, жалителот констатирал дека дел од документите за утврдување на личната состојба од двајцата подизведувачи на понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, конкретно - потврдите за неизречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност се со датум на издавање после јавното отворање на понудите, кое се одржало на 04.08.2016 година. Жалителот истакнува дека наведената постапка е спротивна на одредбата од член 147 став 3 од Законот за јавните набавки, како и на потточката 2.2.7 од тендерската документација за предметната постапка, според која документите за утврдување на личната состојба не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци, сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. Дотолку повеќе што предметната постапка е отворена постапка, а не постапка со барање за прибирање на понуди, па следствено на тоа, Комисијата на договорниот орган немал законска можност и основа да прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на отворањето на понудите, во смисла на членот 102 став 6 од Законот за јавните набавки, кој е неприменлив во конкретниот случај. Од друга страна, пак, согласно член 144 став 4 од Законот за јавните набавки, при доделување договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, подизведувачот треба да ги исполнува истите критериуми за утврдување на способноста предвидени за понудувачот. Имајќи го предвид сето тоа, договорниот орган требало да ја отфрли понудата на понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола за деловите 2 и 3 од предметната набавка, поради неисправноста на документацијата од подизведувачите, меѓутоа, наместо тоа, договорниот орган за наведените делови закажал електронска аукција на која што го поканил

Page 160: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/9

и понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, кој активно учествувал на двете аукции. Со оглед на сето горенаведено, жалителот и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја поништи обжалената одлука за избор на најповолна понуда за деловите 2 и 3 и предметот за овие два делови да го врати во фаза на повторна еваулација во која понудите на понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола за деловите 2 и 3 ќе бидат отфрлени како неприфатливи, а воедно да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

На 01.09.2016 година, жалителот достави и дополнување на

жалбата со кое ги дополнува жалбените наводи и по однос на околноста што понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, декларирал подизведувач за целата релација од дел 2, а имајќи предвид дека предметната јавна набавка е делива по релации, самиот подизведувач за делот 2 можел да се јави како понудувач. Имено, согласно член 144 став 4 од Законот за јавните набавки, при доделување договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, подизведувачот треба да ги исполнува истите критериуми за утврдување на способноста предвидени за понудувачот. Од друга страна, согласно член 45 став 1 од Законот за јавните набавки, доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Ова упатува на заклучокот дека понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, во никој случај не можел да го отстапи целиот договор за дел 2 од предметната набавка на подизведувач, па затоа неговата понуда за делот 2 од предметната набавка требало да биде отфрлена како неприфатлива. Истото се однесува и за делот 3, доколку понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола навел дека ќе му го отстапи целиот договор за дел 3 на декларираниот подизведувач за тој дел. Во однос на останатото жалителот останува како во жалбата.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган дава краток

хронолошки осврт на постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Имено, при евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки утврдила дека понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, во својата понуда не доставил документи за подизведувачите (согласно член 144 став 4 од Законот за јавните набавки). Потоа комисијата побарала дополнување на документацијата во делот на подизведувачите и понудувачот во законски определен рок ја доставил потребната

Page 161: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/9

документација. Иако дел од документите за лична состојба на подизведувачите биле со датум на издавање после датумот на јавното отворање на понудите, Комисијата одлучила да ја прифати понудата на „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола и истиот да го покани за учество на електронска аукција, сметајќи дека ова нема никакво суштинско влијание за понатамошната постапка, односно дека е направен само превид при подготвувањето и поднесувањето на понудата. Тоа може да се заклучи и од фактот што од приложените документи се гледа дека подизведувачите ги исполнуваат предвидените критериуми за лична состојба. Комисијата сметала дека може да ги прифати документите за лична состојба иако истите се со датум на издавање после датумот за јавно отворање на понудите и со тоа би овозможила поголема конкуренција. За двата делови на набавката (релации) кои се предмет на жалба, како најповолен понудувач со Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-593/7/2016, не е избран понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола туку избран е жалителот. Договорниот орган наведува дека целта на оваа жалба е да се елиминира конкуренцијата, а да се овозможи на жалителот, превозот да го извршува по нереално високи цени и да остварува екстра профит. Договорниот орган укажува дека цените кои се постигнати на електронската аукција се поволни и се во рамките на проценетата вредност на договорот но и на финансиските можности на училиштата, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата како неоснована.

Во дополнувањето на одговорот на жалбата договорниот орган

наведува дека понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, деловите-релациите 2 и 3 ги отстапил на подизведувачи и во понудата ги пријавил истите, што е во согласност со член 45 од Законот за јавните набавки. Во дополнувањето на жалбата, кое договорниот орган го смета за конфузно и неразбирливо, жалителот се повикал на претпоставки дека понудувачот „МИГ ТРАВЕЛ“ 2005 ДООЕЛ Битола, ќе им отстапел само одредени делови од релациите 2 и 3 на пријавените подизведувачи, а не целосно деловите-релациите 2 и 3. Договорниот орган смета дека за да може да се поднесе жалба за вакви наводи, потребно е да се започне со реализација на договорите и потоа доколку се утврди дека се точни таквите претпоставки, да се поднесе жалба и барање за раскинување на договорите. Договорниот орган и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, жалбата на жалителот да ја одбие како неоснована.

Page 162: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/9

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола е основана.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати

жалбениот навод според кој договорниот орган направил повреда на постапката на евалуација и одредбите на Законот за јавните набавки, кога понудата на економскиот оператор „МИГ ТРАВЕЛ 2005“ ДООЕЛ Битола ја оценила како прифатлива за дел 2 и 3 каде што истиот имал предвидено подизведувачи за извршување на предметната јавна набавка. Имено, економскиот оператор „МИГ ТРАВЕЛ 2005“ ДООЕЛ Битола за дел 2 и дел 3 настапувал со подизведувачи за кои на денот на отворањето на понудите не биле доставени документи за докажување на лична способност согласно член 144 став 4 од Законот за јавните набавки, при што на барање за дополнување на документите од страна на договорниот орган, документот – потврда за неизречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност бил доставен, но со датум на издавање по денот на отварањето на понудите, нешто кое го наведува и договорниот орган во доставениот одговор на жалба. Со оглед на наведеното, бидејќи постапката за предметната јавна набавка е отворена постапка, документите за докажување на лична состојба треба да бидат со датум пред отворањето на понудите, а согласно член 144 став 4 и член 147 став 3 и потточка 2.2.7 од тендерската документација.

Имајќи го предвид горенаведеното, Државната комисија за жалби по

јавни набавки одлучи да ја уважи жалбата, да ја укине одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-593/7 од 16.08.2016 година за Дел 2 и Дел 3, и предметот го врати на повторно постапување, по што договорниот орган ќе донесе правилна и законска одлука.

Имено, согласно член 2 од Законот за јавните набавки е утрвдено: „Со

овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Page 163: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/9

Во член 3 точка 11, 12, 24 и 25 од Законот за јавните набавки е наведено: 11. „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата; 12. „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат; 24. „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите. 25. „Соодветна понуда" е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.“

Согласно член 32 став (1) од Законот за јавните набавки: „(1)

Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“

Согласно член 102 став (6) од Законот за јавните набавки: „(6)

Комисијата за јавна набавка прифаќа документи за утврдување на личната состојба од ставот (5) на овој член кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.“

Согласно член 140 став (7) и (8) од Законот за јавните набавки: „(7)

Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (8) Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“

Согласно член 144 став (4) од Законот за јавните набавки: „(4) При

доделување договор за јавна набавка на услуги за превоз на патници, подизведувачот треба да ги исполнува истите критериуми за утврдување на способноста предвидени за понудувачот.“

Page 164: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/9

Во согласност со член 210 алинеја 6 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, - е извршен избор на понуда која не е најповолна и - е извршен избор на неприфатлива понуда. “

Во согласност со член 211 од Законот за јавните набавки: „Во

постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, трошоците

на постапката за правна заштита ќе му бидат надоместени согласно со член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-485/13 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Патнички сообраќај „ТРАНСКОП“ АД Битола, ул.„Никола Тесла“ бр.160 Битола - Општина Демир Хисар, ул.„Битолска“ бб, Демир Хисар

Page 165: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/8

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ТЕХНОСКОП БОШКО“ ДООЕЛ Скопје, наш број 08-495/1 од 30.08.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.0204-2895 од 19.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.0507-2166/2016 за набавка на стоки – набавка на материјали за одржување на хидросистеми на договорниот орган – АД Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост, Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015. бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ТЕХНОСКОП БОШКО“ ДООЕЛ Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.0204-2895 од 19.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.0507-2166/2016 за набавка на стоки – набавка на материјали за одржување на хидросистеми на договорниот орган – АД Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост - Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ ТЕХНОСКОП БОШКО“ ДООЕЛ Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.0204-2895 од 19.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.0507-2166/2016 за набавка на стоки – набавка на материјали за одржување на хидросистеми на договорниот орган – АД Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост - Скопје бидејќи смета дека биле сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, погрешно и нецелосно била утврдената фактичка состојба, погрешно било применето материјалното право како и дошло до суштествени повреди на одредбите на постапката поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки,

Page 166: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/8

оспорената одлука да ја укине или поништи, предметот да го врати во фаза на повторна евалуација како и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Во одговорот на жалбата бр.0507-3118/2 од 06.09.2016 година

договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована и како таква треба да биде одбиена. Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, извештајот од спроведена анализа на пазарот, Решението од Советот за јавни набавки, огласот, тендерската документација, понудите на понудувачите, извештајот од спроведена е-аукција, извештајот од спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена постапка бр.0507-2166/2016 за набавка на стоки – набавка на материјали за одржување на хидросистеми, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.0204-1004 од 07.03.2016 година, како и Одлука за измена и дополнување на одлука бр.0204-1004 од 07.03.2016 година, бр.0204-1004/2 од 20.04.2016 година, објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки и во Службено гласило на Европската унија. Со оглед на проценетата вредност на набавката, договорниот орган спровел технички дијалог за што составил Записник од спроведен технички дијалог бр.0507-1567 од 28.04.2016 година. Договорниот орган спровел истражување и анализа на пазарот за користење на барањата во техничките спецификации за поединечен дел при доделување рамковна спогодба. Договорниот орган спровел истражување на пазарот, по што до Советот за јавни набавки доставил Барање за добивање согласност за користење на барањата во техничките

Page 167: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/8

спецификации за поединечен дел при доделување на рамковна спогодба. Советот за јавни набавки донел Решение бр.10-7211/10 од 17.05.2016 година со кое не ја дал бараната согласност. Договорниот орган поднел второ барање за добивање согласност, по што Советот донел Решение бр.10-7951/12 од 02.06.2016 година, со кое не дал согласност. Договорниот орган поднел и трето барање за добивање согласност, по што Советот донел Решение бр.10-8798/10 од 20.06.2016 година, со кое дал условена согласност. Набавката била деллива на 8 (осум) дела. Договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, Изјава за сериозност на понудата и 10% Гаранција за квалитетно извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 08.08.2016 година,

пристигнале вкупно 12 (дванаесет) понуди, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.0507-2715 од 08.08.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на понудите, при што прифатливите понудувачи ги поканила на е-аукција односно да поднесат конечна цена. Врз основа на Извештаите за текот на е-аукциите, Извештаите од поднесување на конечна цена и Извештајот од спроведена постапка бр.0507-2879 од 18.08.2016 година., Комисијата за јавни набавки дала предлог до одговорното лице на договорниот орган како најповолна понуда за Дел 1, Дел 2 и Дел 6 да биде избрана понудата на „МИНЧЕВСКИ“ ДОО Скопје, за Дел 3 понудата на економскиот оператор „ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ Скопје и за дел 5 понудата на економскиот оператор „ОФИСЕ МЕДИКАЛ “ ДООЕЛ Скопје, додека за Дел 7 и Дел 8 постапката да се поништи бидејќи немало доставено ниту една понуда. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолен понудувач бр.0204-2895 од 19.08.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука за избор, жалба до Државната

комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „ТЕХНОСКОП БОШКО“ ДООЕЛ Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го

утврди следното:

Page 168: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/8

Жалителот во жалбата истакнува дека останал незадоволен од одлуката за избор на најповолен понудувач, заради битни повреди на законот во постапката за доделување на договор за јавна набавка односно, договорниот орган со донесувањето на обжалената одлука за избор на најповолен понудувач извршил погрешна примена на одредбите од Законот за јавни набавки. Имено, Комисијата за јавни набавки погрешно ги применила одредбите од Законот за јавните набавки, со тоа што ја отфрлила понудата на жалителот поради формален недостаток, со образложение дека: „согласно точка 4.7 од тендерската документација - Форма и потпишување на понудата, Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата, изјавата за независна понуда и изјавата за сериозност на понудата не се потпишани своерачно туку со факсимил". Договорниот орган донесувајќи ја обжалената одлука за избор на најповолна понуда, сторил битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, суштествени повреди на постапката за доделување на договори за јавни набавки, погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право во смисла на одредбите од член 140 став од Законот за јавните набавки. Во точката 4.7 од тендерската документација, врз основа на која било извршено оценувањето на доставената документација, наведен бил начинот на пополувањето на понудата, а не и начинот на потпишување на изјавата за независна понуда и на изјавата за сериозност на понудата. Во продолжение, жалителот ја цитирал точка 4.7 од тендерската документација „Форма и потпишување на понудата, понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал". Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите." Начинот на потпишување на изјавата за независна понуда и на изјавата за сериозност на понудата е наведен во дадените модели на изјава за независна понуда и на изјавата за сериозност на понудата во точка XIII. изјава за сериозност на понудата и во точка XIV. изјава за независна понуда

Page 169: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/8

од тендерската документација. Жалителот истакнува дека никаде во тендерската документација како начин на потпишување на изјавата за независна понуда и изјавата за сериозност на понудата не било наведено дека истите не може да бидат потпишани со факсимил на одговорното лице. Во тендерската документација, како и во точките 4.1.2, 4.6 и 4.7 од тендерската документација и во моделите на изјавите од тендерската документација било наведено дека изјавата треба да биде потпишана од одговорното лице и никаде не е наведено дека одговорното лице не може да потпише со личен факсимил кој го поседува само одговорното лице и исклучиво самостојно го користи за потпишување. Жалителот објаснува дека факсимилот на одговорното лице не може да го користи ниту едно друго лице, односно факсимилот е личен потпис и истиот е во сопственост и може да го користи само лицето на кого е издаден факсимилот, во случајов одговорното лице. Комисијата за јавни набавки согласно член 140 став 8 од Законот за јавните набавки, е должна евалуацијата на понудите да ја врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка. Согласно член 140 став (8) Комисијата за јавни набавки „Евалуацијата на понудите ја врши исклучиво во согласност со критериумите навадени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка". Оттука, договорниот орган не спровел законита постапка и не донел правилна и законска одлука за избор на најповолна понуда. Врз основа на претходно наведеното образложение и доказите, во текот на спроведувањето на погоре опишана постапка за јавна набавка, според жалителот, договорниот орган погрешно го применил материјалното право и извршил битни повреди на постапката во смисла на член 210 од Законот за јавните набавки. Согласно наведеното, жалителот и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, обжалената Одлука за избор да ја укине или да ги поништи дејствијата во делот во кој се незаконски или да ја поништи одлуката во случај доколку најде дека во постапката за доделување на договорот за јавна набавка е причинета таква неправилност која е причина за поништување според законските одредби, како и постапката да ја врати на повторна евалуација со прецизни насоки за постапување и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата дава краток хронолошки тек на постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Имено, согласно член 140 од Законот за јавните набавки, Комисијата за јавни набавки извршила евалуација на пристигнатите понуди, при што повикувајќи се на точка 4.7 од тендерската документација понудата на

Page 170: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/8

жалителот била отфрлена како неприфатлива поради корегирани цени со коректор во Образецот на понуда во делот на Листата на цени на одредени позиции на кои немало потпис и печат дека се направени од лицето кое ја потпишува понудата. Во однос на Изјавата за сериозност на понудата и Изјавата за независна понуда, согласно член 129 став 2 и 3 од Законот за јавните набавки, Комисијата констатирала дека горенаведените изјави се потпишани со факсимил како и целата понуда поднесена од страна на жалителот. Договорниот орган смета дека постапил согласно Законот за јавните набавки и оваа забелешка од жалителот не претставува елиминирање, фаворизирање и намалување на конкуренцијата според член 2 од Законот за јавни набавки. Врз основа на горенаведеното, а имајќи ги во предвид жалбените наводи на жалителот, договорниот орган истакнува дека во тендерската документација (точка 4.7) јасно била определена формата и начинот на потпишување на понудата, така што Комисијата при разгледување на пристигнатите понуди постапила по барањата и условите од тендерската документација кои се во согласност со Законот за јавни набавки. Согласно наведеното договорниот орган и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, жалбата на жалителот да ја одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи на жалителот дека дoговорниот

орган во оваа постапка сторил битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, дека сторил суштествени повреди на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и дека погрешно го применил материјалното право.

Со увид во понудата на жалителот како и со увид во Изјавата за

сериозност и независност на понудата, се утврди дека истите не се во согласност со точката 4.7 од тендерската документација, како и со член 59 став 3 од Законот за јавните набавки, односно не се потпишани како што е наведено во тендерската документација и Законот за јавните набавки, туку на истите жалителот користел факсимил. Државната комисија за жалби по јавни набавки смета дека самиот термин потпишување значи ставање своерачен потпис а не и користење факсимил како што направил жалителот.

Page 171: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/8

Во тендерската документација во точка 4.7 Форма и потпишување на понудата е наведено: „Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.„

Согласно член 3 алинеја 24 од Законот за јавните набавки: „24.

„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;“

Во член 32 став (1) од Законот за јавните набавки е наведено: „(1)

Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“

Согласно член 59, став (3) од Законот за јавните набавки: „(3) Понудата

или пријавата за учество се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде потпишан (секоја страница) од страна на одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице. Со тендерската документација договорниот орган може да предвиди доставување и на одреден број на копии на понудата.“

Согласно член 129 став (1), (2) и (3) од Законот за јавните набавки: „(1)

Понудувачот ја изготвува понудата во согласност со тендерската документација. (2) Понудувачот задолжително доставува изјава во која под целосна материјална и кривична одговорност ќе изјави дека понудата ја поднел независно, без договор со други економски оператори спротивно на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека не учествува во истата постапка, односно во ист дел од постапка со други економски

Page 172: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/8

оператори со кои е капитално, сопственички или роднински поврзан. (3) Изјавата од ставот (2) на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата во секоја постапка одделно и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.“

Во член 140 став 7 од Законот за јавните набавки е наведено: „(7)

Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.“ Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка,

трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-495/7 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - „ТЕХНОСКОП Бошко“ ДООЕЛ Скопје, ул.„Борис Трајковски“ бр. 240, Скопје - АД Водостопанство на Република Македонија – Скопје, ул.„Аминта Трети“ бр.2, Скопје

Page 173: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/3

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по Барањето за продолжување на постапката, изјавено од договорниот орган - ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ - Скопје, наш број 09-511/3 од 12.09.2016 година, во постапка по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на стоки – набавка на земјоделски производи, врз основа на член 218, член 219 и член 220 став 2 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та седница одржана на ден 14.09.2016 година донесе

З А К Л У Ч О К

1. Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка изјавено од договорниот орган - ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ - Скопје, во постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на стоки – набавка на земјоделски производи, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

2. Против овој заклучок не е допуштена посебна жалба.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија спровел постапка со Оглас за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на стоки – набавка на земјоделски производи и донел Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-518/31 од 30.08.2016 година.

Незадоволен од Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-518/31

од 30.08.2016 година, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „ВИМИР ПРОМЕТ Виолета“ ДООЕЛ – Скопје.

Договорниот орган, до Државната комисија за жалби по јавни

набавки поднесе барање за продолжување на постапка по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за

Page 174: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/3

набавка на стоки – набавка на земјоделски производи, во кое бара Државната комисија да одобри продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка односно да склучи договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач.

Договорниот орган во барањето за продолжување на постапката

наведува дека поднесената жалба ќе го одложи склучувањето на договорот со избраниот најповолен понудувач. Барањето се темели на фактот што договорот за јавна набавка на земјоделски производи од минатата година е со важност до 12.09.2016 година, а договорниот орган е детска градинка која предметната набавка ја спроведува заради прехрана на децата кои ја посетуваат истата, односно одложувањето на потпишувањето на договорот би било на штета задоволување на нивните потреби.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

Барањето за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно член 219, а во смисла на член 218 од Законот за јавните набавки, утврди дека барањето е неосновано, односно не е поднесено согласно со член 218 став 4 од истиот Закон кој гласи: „Барање за продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка може да се поднесе од причини поради кои можат да настанат штети заради не спроведување на постапката, а кои се непропорционални на нејзината вредност.“

Штетите кои можат да настанат заради изјавената жалба против

Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-518/31 од 30.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на стоки – набавка на земјоделски производи, договорниот орган не ги докажа и наведените причини во поднесеното барање не можат да бидат причина поради која Државната комисија ќе одобри продолжување на постапката за доделување на договор за јавна набавка и ќе одобри склучување на договор со веќе избраниот економски оператор.

Државната комисија оцени дека договорниот орган бил должен во

годишниот план да предвиди и планира доволно време за спроведување на постапката. Ова од причина што согласно член 26 став (1) од Законот за јавни набавки, врз основа на утврдените извори за финансирање, договорниот орган донесува план за своите вкупни потреби за набавки во тековната година по видови на стоки, услуги и работи според Општиот поимник за јавни набавки, со кој го определува и очекуваниот почеток на

Page 175: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/3

постапката, проценетата вредност на договорот и видот на постапката за доделување на договорот.

Од причини погоре изложени, се донесе заклучок како во диспозитивот.

Бр.09-511/6 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ Скопје, ул.„Никола Тримпаре“ бр.17А, Скопје

Page 176: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/10

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „АМТЕХ ГМ-ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Душанка Велјановска од Скопје, наш број 08-491/1 од 26.08.2016 година, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-4929 од 12.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.14/2016 за набавка на стоки – набавка на сигнални светилки за обележување на 400 и 110 kV ДВ на договорниот орган - АД МЕПСО Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015. бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „АМТЕХ ГМ-ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО – Скопје, изјавена преку полномошник Адвокат Душанка Велјановска од Скопје против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-4929 од 12.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.14/2016 за набавка на стоки – набавка на сигнални светилки за обележување на 400 и 110 kV ДВ на договорниот орган - АД МЕПСО Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „АМТЕХ ГМ-ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО – Скопје, изјавил жалба преку полномошник Адвокат Душанка Велјановска од Скопје, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-4929 од 12.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.14/2016 за набавка на стоки – набавка на сигнални светилки за обележување на 400 и 110 kV ДВ на договорниот орган - АД МЕПСО Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган сторил повреди

Page 177: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/10

на одредбите од Законот за јавните набавки како и дека биле сторени битни повреди на постапката, поради што предлага одлуката да се поништи, предметот да се врати во фаза на повторна евалуација како и да се задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Во писмениот одговор на жалбата бр.10-5278/1 од 05.09.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага истата како таква да се одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, одлуките за измена на одлуката за јавна набавка, решенијата од Советот за јавни набавки, тендерската документација, записникот од отворање на понудите, извештајот од текот на е-аукцијата, извештајот од спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, понудите и другите докази во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена постапка бр.14/2016 за набавка на стоки – набавка на сигнални светилки за обележување на 400 и 110 kV ДВ, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.10-4065 од 06.08.2015 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган спровел истражување на пазарот во Република Македонија и во странство при што утврдил дека нема доволен број на производители што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации, поради што поднел барање за добивање на согласност за користење на барањата во техничките спецификации до Советот за јавни набавки, кој донел Решение бр.17-20230/9 од 30.12.2015 година, со кое не ја дал бараната согласност. Договорниот орган до Советот за јавни набавки поднел и барање за добивање согласност за користење на критериумите за утврдување на способност за јавна набавка на стоки, за

Page 178: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/10

што Советот донел Решение бр.17-20228/10 од 29.12.2016 година со кое не ја дал бараната согласност. Договорниот орган постапувајќи по забелешките на Советот, ја изменил тендерската документација, ги отстранил критериумите за техничка или професионална способност, за што донел Одлука за измена и дополнување на Одлука за јавна набавка бр.10-4065 од 06.08.2015 година и Одлуката за измена и дополна на Одлуката за јавна набавка бр.10-4065/1 од 22.12.2015 година, бр.10-1627 од 08.03.2016 година. По доставеното второ барање за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации, Советот за јавни набавки донел Решение бр.10-4228/12 од 28.03.2016 година, со кое не ја дал бараната согласност. Договорниот орган постапувајќи по забелешките на Советот, ја изменил тендерската документација и донел Одлука за измена и дополнување на Одлука за јавна набавка бр.10-4065 од 06.08.2015 година и Одлуката за измена и дополна на Одлуката за јавна набавка бр.10-4065/1 од 22.12.2015 година, бр.10-1627 од 08.03.2016 година, бр.10-1627/1 од 15.04.2016 година. По доставеното трето барање за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации, Советот за јавни набавки донел Решение бр.10-6237/5 од 21.04.2016 година, со кое ја дал бараната согласност. Набавката не била делива, а договорниот орган во тендерска документација и во огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, 3% Гаранција на понудата и 10% Гаранција за квалитетно извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 08.06.2016 година во

11:30 часот, пристигнале вкупно 5 (пет) понуди за што бил изготвен Записник од отворањето на понудите бр.05-3508 од 10.06.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила проверка на комплетноста и валидноста на понудите, за што изготвила Извештај од спроведена постапка бр.05-3508/1 од 10.07.2016 година, при што прифатливите понудувачи ги поканила на е-аукција. Врз основа на Извештајот за текот на е-аукцијата и Извештајот од спроведена постапка по е-аукција бр.05-3508/3 од 28.07.2016 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда да биде избрана понудата на економскиот оператор „ТИМ ЈУГОЕЛЕКТРО Илчо Битола“ ДООЕЛ Битола. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган по што била донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-4929 од 12.08.2016 година.

Page 179: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/10

Незадоволен од донесената одлука жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „АМТЕХ ГМ-ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО – Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го

утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган сторил

повреда на одредбите од Законот за јавните набавки како и битни повреди на постапката за доделување на договор за јавна набавка. Имено, во точка 4.1.2 од Тендерската документација, во став 1 е наведено дека економскиот оператор, понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во тендерската документација, а во став 2 е наведено дека доколку економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда на дадениот образец, може да користи друг образец на кој ќе ја достави својата понуда, под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот даден во тендерската документација. Тргнувајќи од вака утврдените правила од договорниот орган, жалителот доставил понуда на образец во која немало простор за целосно и сеопфатно изразување на понудата која сакал да ја достави, па од тие причини жалителот доставил понуда на друг образец, кој ги содржи сите елементи на образецот даден во тендерската документација. При тоа, жалителот вака составената понуда, ја доставил заедно со сите обрасци предвидени со тендерската документација. Врз основа на тоа, жалителот во се постапил согласно правилата утврдени од страна на договорниот орган во глава 4, односно правилата кои договорниот орган ги поставил во поглед на подготовката и поднесување на понудите во Отворената постапка бр.14/2016. Дека жалителот не можел целосно да ја изрази својата понуда на дадениот образец, може да се забележи оттаму што во доставената понуда на друг образец, жалителот понудил и конкретен рок на испорака, за кое нешто не е предвиден простор во образецот даден во тендерската документација. Врз основа на ова, договорниот орган имал обврска, врз основа на утврденото во точка 4.1.2 став 2 од тендерската документација, да ја земе предвид токму понудата на жалителот дадена на друг образец, особено имајќи предвид што така доставената понуда освен што била доставена во целост согласно точка 4.1.2 од тендерската документација, таа била и посеопфатна и содржела дополнителни елементи (рок за испорака), кои се од влијание по однос на поволноста на понудата. Но видно од доставените известувања од 22.07.2016 година и 12.08.2016 година, договорниот орган, спротивно на посочената одредба од точка 4.1.2 од тендерската документација, воопшто не ја зел предвид доставената

Page 180: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/10

сеопфатна и целосна понуда на жалителот, туку само понудата на образец даден во тендерската документација, која е и составен дел на тендерската документација, па жалителот истата ја доставил како составен дел на тендерската документација, иако било очигледно дека заради недоволниот простор, овој образец не ја содржи целосната понуда на жалителот. Согласно, одредбите од член 39 став 3, а во врска со член 4 од Законот за општа управна постапка, доколку договорниот орган сметал дека доставата на понудата на друг образец ја прави понудата нејасна, морал да побара појаснувања од жалителот, но спротивно на овие одредби договорниот орган не го сторил тоа, туку веднаш ја отфрлил понудата како неприфатлива. Од друга страна, во тендерската документација не било утврдено, ниту пак било наведено дали кога се доставува понуда на друг образец, понудувачот-економскиот оператор, има обврска да го достави образецот даден во тендерската документација или нема таква обврска, така што останува нејасно за жалителот зошто била утврдена неприфатливост на уредно доставената сеопфатна и целосна понуда на истиот. На овој начин, жалителот смета дека се создава една специфична правна празнина, која сама по себе создава простор за различно толкување од страна на договорниот орган, со што економските оператори се ставаат во нерамноправна позиција, па така иако имал подобра понуда во поглед на сите критериуми релевантни за јавната набавка, нема да биде избран за најповолен понудувач заради тоа што доставил понуда на друг образец, иако тоа нешто е изречно дозволено согласно тендерската документација. Со тоа директно, дошло до повреда на одредбите од член 2 и 32 од Законот за јавните набавки, односно со создавање на недоречени и нецелосно утврдени правни ситуации, се создала атмосфера на нетранспарентност, економските оператори биле ставени во нееднаква положба и се оневозможил квалитетен натпревар на понуди. На овој начин договорниот орган сторил битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка, согласно член 210 став 1 алинеите 3 и 6 од Законот за јавни набавки. Согласно наведеното жалителот и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, да ја уважи жалбата, да ја поништи одлуката за избор, да го врати предметот во фаза на повторна евалуација, како и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Во одговорот на жалбата договорниот орган направил краток хронолошки приказ на постапката и наведува дека жалбата е неоснована и како таква предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие. Имено, жалителот навел дека понудил рок на испорака, а за што не е предвиден простор во оригиналниот образец на понуда од тендерската документација, што не е точно. Жалителот тврди дека понудата на

Page 181: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/10

неговиот образец била посеопфатна што е невистинито. Договорниот орган истакнува дека образецот на понудата од тендерската документација е сеопфатен и ги содржи сите елементи со кои понудувачите можат да ја изразат својата понуда и исполнетоста на барањата од тендерската документација и има доволен простор за изразување на понудата, како што впрочем и останатите понудувачи од конкретната набавка тоа го потврдиле со користење и пополнување на овој образец. Договорниот орган објаснува дека во постапките за јавни набавки користи модели на тендерска документација и модели на формулари за постапките регулирани со Законот за јавните набавки, а кои се подготвени од Бирото за јавни набавки (според член 14, став 1, алинеја 5 од Законот за јавните набавки) и кои се со содржина поблиску пропишана од Министерот за финансии (уредено со член 32, став 3 од Законот за јавни набавки). Договорниот орган наведува дека очигледна е намерата на жалителот, направениот пропуст да го внесе во образецот на понудата гарантниот рок (гаранција) за сигналните светилки од најмалку 60 месеци, да го припише на немање простор во образецот. Индикативен е и фактот што жалителот во истиот образец од тендерската документација имал простор да ја изрази својата понуда за гарантните рокови за сигналните предупредувачки свери и за вградената батерија, а за сигналните светилки немал простор. За договорниот орган, а согласно условите од тендерската документација, понуда во која понудувачот не дава гаранција на стоката што се набавува е неприфатлива, а што во конкретниот случај жалителот тоа го направил - за еден вид на стока не дал гаранција. Околу наводот дека рокот за испорака не бил предвиден во образецот на понудата од тендерската документација, договорниот орган укажува на точка IV.4. од oбразецот од тендерската документација, која гласи "Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложените елементи на Моделот на договор“ и на Прилогот 1 - "Модел на Договор-Елементи на договорот" потпишан од одговорното лице на Понудувачот/Жалителот, а каде е содржан начинот и рокот на испорака утврден во точка 7.2.1 од тендерската документација. Со потпишувањето на овој образец и моделот на договор - елементи на договорот, Понудувачот/Жалителот ја прифаќа и се сложува со секоја одредба во нив, со што, тие стануваат обврзувачки за него. Бидејќи критериум за избор на најповолна понуда е најниска цена, рокот на испорака нема влијание по однос на поволноста на понудата како што навел жалителот во својата жалба. Во однос на тврдењето на жалителот дека понудата во неговиот образец била посеопфатна, договорниот орган ги истакнува сите елементи кои не биле содржани во понудата доставена од жалителот на негов образец, а кои се наведени во образецот на понудата даден во тендерската

Page 182: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/10

документација и тоа: IV. 1. Општ дел: лице за контакт - наведено во IV. 1.2. од образецот на понудата од тендерската документација; одговорно лице - наведено во IV.1.3. од образецот на понудата од тендерската документација; даночен број - наведено во IV.1.4. од образецот на понудата од тендерската документација; матичен број - наведено во IV.1.5. од образецот на понудата од тендерската документација; согласност дека понудените стоки се согласно техничките спецификации од тендерската документација - наведено во IV. 1.6. од образецот на понудата од тендерската документација; список на документи од кои е составена понудата - наведено во IV. 1.7. од образецот на понудата од тендерската документација; согласност за прифаќање на условите предвидени во огласот и тендерската документација и право да ја поништиме постапката - наведено во IV.1.8. од образецот на понудата од тендерската документација. Во однос на IV.2. - Финансиска понуда: согласност за прифаќање рок за важност на понудата и начинот на плаќање наведено во IV.1.3. од образецот на понудата од тендерската документација; согласност за прифаќање на условите предвидени во тендерската документација и приложените елементи на Моделот на договор - наведено во IV. 1.3. од образецот на понудата од тендерската документација. Од наведеното очигледно е дека жалителот воопшто не се придржувал на точката 4.1.2 од тендерската документација, која гласи: "Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда дадена во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива." Понудата на жалителот не ги содржи сите елементи од образецот на понудата даден во тендерска документација. Од наведеното, а особено имајќи ги предвид укажувањата на договорниот орган во однос на сеопфатноста на образецот на понудата даден во тендерската документација и достапноста на во него обезбедениот простор за искажување на една понуда, договорниот орган повторно укажува на точка 4.1.2 од тендерската документација каде е децидно кажано дека доколку на дадениот образец на понуда во тендерската документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда (што жалителот во своите наводи се обидува да го покаже спротивното), може да користи друг образец. Оттука, не е јасно зошто жалителот, одејќи и подалеку, поставил проблем на "специфична правна празнина“, кога сосема јасно и прецизно е утврдено

Page 183: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/10

(точка 4.1.2) дека понудувачот ја изготвува и доставува понудата врз основа на образецот на понуда даден во тендерската документација или може да користи друг образец под прецизно определени услови и на прецизно определен начин. Никаде во тендерската документација не е дозволено да се поднесуваат повеќе обрасци на понуда и тие да содржат различни елементи на понуда, каква што е во конкретниот случај понудата на жалителот. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган констатирала дека понудата на жалителот содржела формални недостатоци, односно образецот на понудата не е комплетен, понудата била доставена спротивно на условите содржани во точка 4.1.2 од тендерската документација и како таква, согласно точка 4.1.2 а имајќи го предвид членот 140 став 4 од Законот за јавни набавки, со кој не се дозволени никакви промени во техничката и финансиската понуда, понудата ја отфрлила како неприфатлива. Жалителот се повикал на Законот за општа управна постапка, но не е јасно зошто го избегнува член 3 став 1, каде е уредено дека во управните области за кои со закон е пропишана посебна постапка, се постапува според одредбите на тој закон. Договорниот орган во целост ја спровел постапката за јавна набавка согласно одредбите од Законот за јавните набавки и во тендерската документација ги опфатил сите елементи предвидени со овој закон и со ништо не ги поврдил одредбите од член 2, член 32 и член 210 став 1 алинеја 3 и 6 од Законот за јавните набавки, како што тврди жалителот. Согласно наведеното, договорниот орган и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, жалбата на жалителот да ја одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите доставени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Државната комисија како неосновани ги оцени жабените наводи во

однос на евалуацијата на понудата на жалителот и со право договорниот орган не го поканил не е-аукција. Имено, Државната комисија согласно документите со кои располага за конкретната постапка утврди дека жалителот на денот на јавното отварање на понудите доставил некомплетна понуда од оригиналниот образец на понудата и дополнително изготвил образец на понуда кој не ги содржи сите елементи од оригиналниот образец. Имено, понудата е неприфатлива од причина што истата содржи формални недостатоци, односно Образецот на понудата не е комплетен. Имено, во доставениот Образец на понудата во дел IV.2 – Финансиска понуда, во точка IV.2.2 не е пополнет гарантниот рок

Page 184: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/10

(гаранција) за Сигнални светилки за обележување на ДВ столбови кој треба да биде најмалку 60 месеци.

Согласно барањето во Дел II-Технички спецификации од тендерската

документација, алинеја 2 од Напомената побарано е времетраењето на Гарантниот рок (гаранција) за Сигнални светилки за обележување на ДВ столбови да биде најмалку 60 месеци.

Понудата на жалителот била доставена спротивно на барањето од

точка 4. Подготовка и поднесување на понудите, односно потточка 4.1.2 каде е наведено дека економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понудата дадена во тендерската документација и дека понуда поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да бида отфрлена како неприфатлива. Согласно член 3 точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“.

Имено, согласно член 2 од Законот за јавните набавки е утрвдено: „Со

овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено дека:

„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Page 185: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/10

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-491/7 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Адвокат Душанка Велјановска од Скопје, ул.Вељко Влаховиќ“ бр.22-а 2/1 Скопје - АД МЕПСО, Скопје, ул.„Орце Николов“ бб Скопје

Page 186: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - „ГОКИ ЈАДРАНКА“ ДОО – Богданци, наш број 09-476/1 од 22.08.2016 година, изјавена против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.03/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија за учебна 2016/17 на договорниот орган - СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ГОКИ ЈАДРАНКА“ ДОО – Богданци,

изјавена против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.03/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија за учебна 2016/17 на договорниот орган - СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА тендерската документација и постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворената постапка бр.03/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија за учебна 2016/17 на договорниот орган - СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 12.300,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

Page 187: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/9

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ГОКИ ЈАДРАНКА“ ДОО – Богданци, изјавил жалба против тендерската документација изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.03/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија за учебна 2016/17 на договорниот орган СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија, бидејќи смета дека тендерската документација не е во согласност со Законот за јавните набавки и довела до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, поради што предлага да се поништи постапката.

Во писмениот одговор на жалбата година, договорниот орган

наведува дека жалбата е неоснована, поради што предлага истата како таква да се одбие, а воедно достави и посебен предлог за продолжување на постапката.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, тендерската документација, записникот од отворање на понудите, понудите и другите докази во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за групна јавна набавка со

Отворена постапка бр.03/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија за учебна 2016/17, за што претходно билo донесенo Решение за спроведување на постапка за јавна набавка бр.05-605/1 од 08.07.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки. Договорниот орган во тендерската документација предвидел докажување на лична состојба и способност за вршење на професионална дејност, поради што не поднел барање за добивање на

Page 188: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/9

согласност до Советот за јавни набавки. Набавката била делива на 4 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во електронска постапка и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 15.08.2016 година,

пристигнале вкупно 3 (три) понуди од економските оператори „ДОРИ“ ДОО с.Негорци, Гевгелија, „АМИГО-КОМПАНИ“ ДОО с.Негорци, Гевгелија и „ГОКИ ЈАДРАНКА“ ДОО – Богданци за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-605/9 од 15.08.2016 година.

Незадоволен од тендерската документација, жалба поднесе

економскиот оператор „ГОКИ ЈАДРАНКА“ ДОО – Богданци. Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека останал незадоволен од

содржината на тендерската документација, бидејќи истата не била во согласност со Законот за јавните набавки и довела до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција. Имено, во тендерската документација кај критериумите за утврдување на техничка и професионална способност, договорниот орган навел документи за утврдување на техничка и професионална способност, кои според Законот за јавните набавки може да се бараат само доколку за истите е добиена согласност од Советот за јавни набавки или доколку со анализа на пазарот се утврди дека ги исполнуваат минимум шест економски оператори. Договорниот орган не спровел анализа на пазарот, ниту пак побарал согласност од Советот за јавните набавки, бидејќи барањето на минимум по еден или два автобуси со 50+ места за седење за било кој дел и едно или две комбе возила со 22+ места за седење за било кој дел не постари од 2005 година, доведува до дискриминација на економските оператори, а Советот за јавни набавки не дава согласност на тендерска документација која доведува до дискриминација на економските оператори. Нејасно за жалителот е зошто договорниот орган ги барал сите овие документи. Очигледно е дека со барањето на ваквите документи намерата била да се дискриминираат сите понудувачи, а да се фаворизираат двајца понудувачи чие седиште е во Општина Гевгелија и кои имаат по два автобуси не постари од 2005 година, а сите останати им се постари од 2005 година.

Page 189: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/9

Имено, барањето на автобуси не постари од 2005 година, доведува до повреда член 2 став 1 алинеја 2 од Законот за јавните набавки, со кој особено се обезбедува еднаков третман и недискриминација на економските оператори. Воедно во тендерската документација постојат пропусти кои всушност претставуваат битни повреди на постапката. Жалителот истакнува дека во точка 4.1.1. содржина на понудата кај составни елементи на понудата е наведено дека составни елементи на понудата се: пополнет образец на понуда, образец за општи информации, документи за утврдување на лична состојба, дрд образец, парафиран модел на договор, лиценца за слободен превоз на патници извод од лиценца за секое возило, копија од сообраќајна дозвола и писмено овластување за претставник на групата економски оператори, додека во образецот на понудата е наведено дека понудата е составена од: понуда, општи информации за економски оператор листа на доверливи информации, документи за докажување на лична состојба, документи за докажување на способност за вршење на професионална дејност, документи за докажување на техничка и професионална дејност, документи за докажување на економска и финансиска состојба, парафиран модел на договор писмено овластување за претставник на групата економски оператори и изјава за сериозност на понудата, што всушност докажува дека на двете места има наведено документи за составни елементи на понудата. Договорниот орган не навел дека се бараат документи за докажување на економска и финансиска состојба, а истите не биле наведени ниту во огласот кој е објавен на ЕСЈН. Исто така грешка има и во датумот на товарање на понудите односно во точка 5.1.4 каде пишува дека отворање на понудите ќе се одржи на 12.08.2016 година во 10 часот, а на сите други места пишува 15.08.2016 година. Од наведеното може да се утврди дека има неусогласеност помеѓу огласот и тендерската документација. Очигледен пропуст има и во периодот на важност на понудата, односно во огласот е наведено дека рокот на важност на понудата е 90 дена, а во тендерската во точка 4.5 пишува дека рокот на важност на понудата е 300 дена. Несовпаѓање помеѓу огласот и тендерската документација има и во однос на изјавата за независност на понудата. Според огласот се бара изјава за независност на понудата а според тендерската во понудата не е наведено дека истата е составен дел на понудата. Очигледно е дека договорниот орган објавил електронска постапка, а го користел образецот на тендерска документација за хартиена форма што може да се види од точка 4.7 и 4.8 од тендерската документација. Согласно член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки, битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавни набавки се ако: тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавни набавки не е во согласност со овој закон и

Page 190: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/9

довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција. Според ова, може да се заклучи дека тендерската документација не е во согласност со овој закон а исто така и доведува до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција. Согласно наведеното, жалителот и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да ја поништи тендерската документација како и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата дава краток

осврт на жалбата и наведува дека жалбените наводи на жалителот се неосновани. Имено, по краткиот хронолошки осврт на постапката, договорниот орган наведува дека во тендерската документација во која во Поканата за поднесување понуда се наведени сите битни елементи кои треба да ги содржи поканата кои се содржани во Законот за јавните набавки. Во оваа покана е наведено понудувачите да ја достават понудата за предметот на договорот најкасно до 15.08.2016 година, во 10.00 часот. Во оваа покана во последниот став стои дека отворањето ќе биде јавно по електронски пат преку ЕСЈН на 15.08.2016 година во 10.00 часот. Во тендерската документација во одделот Инструкции за економските оператори, се содржани сите елементи согласно Законот. Неспорно е дека во истата во точка 5.1.4 пишува дека понудата ќе се отвора на 12.08.2016 година, но таквата грешка која е печатна грешка е ирелевантна и со ништо не влијаела на забуна кај понудувачот-жалителот, од причини што во поднесената Покана за поднесување понуда јасно и недвосмислено е наведен точниот датум и час. Неосновани се наводите во жалбата дека во тендерската документација имало грешки, пред се со оглед на фактот дека понудувачите се раководат и ги составуваат своите понуди согласно Огласот за доделување на договор за јавна набавка бр.05-605/3 од 11.07.2016 година, во кој на јасен начин се определени предметот на договорот, постапката, правните, економските, финансиските и техничките информации како и административните информации. Постапувајќи по објавениот оглас понуда до договорниот орган доставиле сега жалителот, „ДОРИ“ ДОО с.Негорци Гевгелија и „АМИГО КОМПАНИ“ ДОО с.Негорци Гевгелија. На предвидениот ден и час на отворање на понудите, присуствувале овластените претставници на останатите двајца понудувачи, додека претставник од жалителот немало. Договорниот орган нагласува дека жалителот поднел понуда за релацијата Стар Дојран Гевгелија, која понуда била на износ од 14.000,00 МКД (цена без ДДВ) а понудата од „АМИГО КОМПАНИ“ ДОО с.Негорци Гевгелија, била на износ од 9.200,оо МКД ( без ДДВ ). Неспорно е дека договорниот орган предвидел техничка

Page 191: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/9

или професионална способност на понудувачот прикажана во точка 2.5.3 од тендерската документација и тоа минимални услови по релации „за секоја релација по еден или два автобуса минимум со 50+ места за седење и едно или две комбе возила со 22+ места за седење не постари од 2005 година". Неосновано жалителот се повикал на оваа карактеристика, тврдејќи дека ова довело до дискриминација на економските оператори, па било очигледно дека со ова барање се фаворизирал одреден економски оператор. Вака опишаната техничка спецификација како посебен услов не довела до дискриминација на економските оператори или пак фаворизирање на некој оператор. Имено, согласно член 33 од Законот за јавните набавки: „(1) Со техничките спецификации, доколку е потребно, се дефинираат следниве карактеристики: ниво на квалитет, техничко ниво и ниво на изведба, барања во врска со влијанието врз животната средина и безбедноста при користење, како и димензии, терминологија, симболи, методи на тестирање, пакување, означување и етикетирање и инструкции за користење на стоката, системи за обезбедување на квалитет, услови и постапки за оцена на сообразност со релевантните стандарди или други слични барања. (2) Договорниот орган ги дефинира техничките спецификации: - во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на договорот кои треба да бидат опишани доволно прецизно за да им се овозможи на понудувачите точно да го разберат предметот ка договорот и договорниот орган да изврши избор на најповолна понуда.“ Што не смее да дефинира договорниот орган како техничка спецификација е предвидено во членот 36 од Законот за јавните набавки: „(1) Договорниот орган не смее да дефинира технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство, изведба, определен процес или трговски марки, патенти, видови или специфично потекло на стоки со цел фаворизирање или елиминирање на определени економски оператори или определени стоки." Поставениот посебен услов во тендерската документација "да не се постари од 2005 година" е техничка карактеристика која влијае на безбедноста поради фактот што превозот опфаќа превоз на ученици кои се превезуваат со цел секојдневно до училиштето и назад до местото на живеење, без да бидат на било кој начин спречени или оневозможени а најмалку пак заради техничка неисправност на превозното средство. Договорниот орган смета дека веројатноста за дефект на возило постаро од 10 години е поголема отколку на возила со година на производство после 2005 година. Имајќи го предвид ова, неспорно е дека со овој услов не се фаворизирало конкретно производство, изведба, патент или друга специфичност, па вака предвидениот услов не можел и не претставувал фаворизирање или елиминирање на определени оператори или стоки. Неоснован е и наводот дека било нужно договорниот орган да побара согласност од Советот за

Page 192: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/9

јавни набавки пред да го објави огласот. Во конкретниот случај, согласно Законот, оваа јавна набавка не спаѓа во набавките за кои се применува членот 36-а од Законот. Поради тоа, неосновани се наводите во жалбата од жалителот. Договорниот орган го истакнува и фактот што жалителот не бил елиминиран по тој основ, не му била отфрлена пријавата, а видно од неговата понуда за релацијата Стар Дојран понудената цена била видно драстично повисока од цената која ја понудил избраниот понудувач. Договорниот орган во одговорот на жалбата истакнал и посебно барање за продолжување на постапката. Согласно наведеното, договорниот орган и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, жалбата на жалителот да ја одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите доставени во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Државната комисија ги прифати жалбените наводи на жалителот во

однос на тендерската документација, односно согласно документите со кои располага за конкретната постаката се утврди дека договорниот орган не постапил согласно член 36-а став 2, алинеја 3 од Законот за јавните набавки, а со тоа сторил битна повреда на членот 210 став 1 алинеја 9 од истиот закон, бил објавен оглас за доделување на договор за јавна набавка без да обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност а задолжително согласно со овој закон.

Имено, договорниот орган спровел отворена постапка за набавка на

услуги – превоз на ученици за учебна 2016/17 година. Во тендерската документација кај критериумите за утврдување на техничка и професионална способност, договорниот орган навел документи за утврдување на техничка и професионална способност, кои според Законот за јавните набавки може да се бараат само доколку за истите е добиена согласност од Советот за јавни набавки или со анализа на пазарот се утврди дека ги исполнуваат минимум шест економски оператори. Во точка 2.5 од тендерската документација договорниот орган навел дека економските опертори за секоја релација односно за релацијата за која учествуваат терба да поседуваат еден автобус со 50+ места седење, две комби возила со 22+ место за седење, не псоатри од 2005 година.

Исто така се утврди дека има несогласување на податоците во тендерската документација со оние во огласот. Во точка V.2.1 од огласот е наведено дека отворањето на понудите ќе се одржи на 12.08.2016 година во

Page 193: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/9

10 часот, додека во точка 5.1.4 од тендерската документација стои 15.08.2016 година. Државната комисија утврди дека пропуст има и во периодот на важност на понудата, односно во огласот е наведено дека рокот на важност на понудата е 90 дена, а во тендерската во точка 4.5 пишува дека рокот на важност на понудата е 300 дена. Несовпаѓање помеѓу огласот и тендерската има и во однос на изјавата за независност на понудата. Според огласот се бара изјава за независност на понудата а според тендерската документација во понудата не е наведено дека истата е составен дел на понудата.

Со оглед на тоа дека договорниот сторил битна повреда во однос на

членот 210 став 1 алинеја 3 и алинеја 9 од Законот за јавните набавки, односно сторени се битни пропусти кои се однесуваат на тендерската документација, Државната комисија одлучи да ја уважи жалбата, да ја поништи отворената постапка бр.03/2016 за набавка на услуги – превоз на ученици од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија за учебна 2016/17 на договорниот орган СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија. При спроведување на нова постапка, договорниот орган е потребно да ги следи напатствијата на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Имено, согласно член 2 од Законот за јавните набавки е утрвдено: „Со овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено дека:

„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Page 194: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/9

Согласно член 36-а став (3) од Законот за јавните набавки: „(3) По донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот, лицата кои ги дефинираат техничките спецификации и критериумите за утврдување на способност се должни да изготват соодветно образложение за оправданоста за нивно користење по претходна анализа на пазарот и да дадат извештај до одговорното лице со предлог во смисла за потребата од обезбедување на согласност од Советот“

Согласно член 210 став (1), алинеја 3 и 9 од Законот за јавните набавки:

„ Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, - е објавен оглас за доделување на договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително согласно со овој закон.“

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-476/10 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Маја Малахова Доставено до: - Архива, - „ГОКИ ЈАДРАНКА“ ДОО Богданци, ул.„Дојранска“ бр.45 Богданци - Адвокат Кети Петкова, ул.„Гевгелиски партизански одред“ бр.7 Гевгелија

Page 195: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

1/11

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Маја Малахова – претседател, м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „Т-СТЕФАНИ“ ДООЕЛ Валандово, изјавена преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, наш број 09-482/1 од 23.08.2016 година, против Одлуката за избор на најповолна понуда и за поништување на одредени делови бр.02-207/104 од 15.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – вршење посебен линиски превоз на ученици од средното музичко училиште при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип за период од една година на договорниот орган - ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015. бр.27/2016 и бр.120/2016), на 49-та Седница одржана на ден 14.09.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „Т-СТЕФАНИ“ ДООЕЛ Валандово, изјавена преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, против Одлуката за избор на најповолна понуда и за поништување на одредени делови бр.02-207/104 од 15.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – вршење посебен линиски превоз на ученици од средното музичко училиште при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип за период од една година на договорниот орган - ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, СЕ ОДБИВА КАКО

НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Жалба поднесена од жалителот „Т-СТЕФАНИ“ ДООЕЛ Валандово, преку полномошник Адвокат Билјана Андонова од Штип, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда и за поништување на одредени делови бр.02-207/104 од 15.08.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за

Page 196: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

2/11

набавка на услуги – вршење посебен линиски превоз на ученици од средното музичко училиште при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип за период од една година на договорниот орган ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, бидејќи смета дека договорниот орган сторил повреда на начелата на постапката, погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки како и дека сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за јавните набавки и Законот за општа управна постапка. Од тие причини, жалителот предлага да се поништи оспорената одлука за избор како и за деловите кои се поништуваат и предметот да се врати во фаза на повторна евалуација, или да се поништи целокупната постапка како и да се задолжи договорниот орган со трошоците на жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган – ДМУЦ „Сергеј Михајлов“

– Штип, наведува дека жалбата е неоснована и предлага истата да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, решението од Советот за јавни набавки, одлуката за избор на најповолна понуда, понудите од понудувачите, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена постапка бр.1/2016 за набавка на услуги – вршење посебен линиски превоз на ученици од средното музичко училиште при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ –

Page 197: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

3/11

Штип за период од една година, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.02-207/1 од 19.02.2016 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки и во Службено гласило на Европската унија. Со оглед на висината на проценетата вредност на набавката, договорниот орган спровел технички дијалог, за што составил Записник од спроведен технички дијалог бр.02-207/17 од 07.03.2016 година. Договорниот орган до Советот за јавни набавки доставил Барање за добивање на согласност за користење на критериумите за утврдување на способност. Советот за јавни набавки донел Решение бр.10-3457/9 од 16.03.2016 година со кое не ја дал бараната согласност. Договорниот орган постапил согласно забелешките на Советот и поднел ново барање за добивање соголасост, по што Советот донел Решение бр.10-4373/14 од 04.04.2016 година, со кое не ја дал бараната согласност. Договорниот орган постапил согласно забелешките на Советот и поднел трето барање за добивање соголасост, по што Советот донел Решение бр.10-7945/11 од 01.06.2016 година, со кое дал условена согласност. Набавката била делива на 24 дела, а договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда, Изјава за сериозност и 5% гаранција за квалитетно извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 01.08.2016 година, пристигнале вкупно 3 (три) понуди и тоа: „ЦРВО ЕКСПРЕС“ ДОО Штип, „ДА-НИ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Штип и „Т-СТЕФАНИ“ ДООЕЛ Валандово за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-207/38 од 01.08.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на понудите, понудата на жалителот ја оценила како неприфатлива, изготвила Почетна ранг листа бр.02-207/46 од 05.08.2016 година и останатите понудувачи ги поканила на е-аукција, односно на поднесување на конечна цена. По завршувањето на е-аукциите за сите делови од предметот на набавката била донесена Одлука за измена на одлуката за спроведување на отворена постапка бр.01/2016 бр.02-207/101 од 15.08.2016 година. Врз основа на Извештаите за текот на е-аукцијата, Извештаите од поднесување на конечна цена и Извештајот од спроведена постапка бр.05-207/102 од 15.08.2016 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда за деловите од 1 до 20 како најповолен да биде избран економскиот оператор „ДА-НИ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Штип, за дел 23 како најповолен да биде избран економскиот

Page 198: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

4/11

оператор „ЦРВО ЕКСПРЕС“ ДОО Штип а за деловите 21, 22 и 24 постапката да се поништи. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена Одлука за избор на најповолна понуда и за поништување на определени делови бр.02-207/104 од 15.08.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука за избор на најповолна понуда и за

поништување на определени делови, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „Т-СТЕФАНИ“ ДООЕЛ Валандово.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го

утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека останал незадоволен од Одлуката за избор на најповолна понуда и за поништување на одредени делови и смета дека договорниот орган сторил повреда на начелата на постапката, погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки, како и дека сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за јавните набавки и Законот за општа управна постапка. Жалителот истакнува дека договорниот орган не побарал согласност од Советот за јавни набавки за распишување на предметниот оглас и постапка. Имено, по јавното отворање на понудите договорниот орган понудата на жалителот ја отфрлил, додека пак за деловите од 1 до 23 како најповолна ја избрал понудата на „ДА-НИ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Штип, додека пак за дел 21-24 договорниот орган постапката ја поништил. Вака како што е одлучено, договорниот орган го ставил жалителот во понеповолна положба од останатите економски оператори на начин што понудата на жалителот ја отфрлил како неприфатлива, иако понудата била доставена согласно Законот за јавните набавки и тендерската документација. Нејасно е зошто договорниот орган доколку сметал дека понудата на жалителот има недостатоци, не постапил согласно член 140 од Законот за јавните набавки и зошто договорниот орган одлучил селективно кога дел од постапката ја поништил а за дел извршил избор. Како причини зошто е парцијално одлучено, договорниот орган не навел ниту една валидна причина. Во известувањето е наведено дека согласно член 169 став 1 алинеја 2 договорниот орган извршил поништување на постапката поради не постоење на ниту една прифатлива понуда. Вака како што е одлучено, договорниот орган извршил дискриминација што укажува дека договорниот орган го ограничил пазарот, а со тоа и конкуренцијата меѓу економските оператори, спротивно на член 2 од

Page 199: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

5/11

Законот за јавните набавки. Во однос на избраниот понудувач нејасно за жалителот е како договорниот орган извршил избор за дел 1-23 и како е постигната цената. Објаснувањата се спротивни на член 169 од Законот за јавните набавки. Со оглед на ова договорниот орган постапил спротивно и на член 32, член 140 и член 144 од Законот за јавните набавки, на начин што сторил битни повреди на законот од член 210 став 1 односно спротивно на член 140 извршил избор на понуди во дел 1-23, а спротивно на член 169 извршил поништување на постапката во услови кога имал можност да избере понуда согласно критериумите предвидени во тендерската документација. Со оглед на наведеното, жалителот и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да ја поништи оспорената одлука, предметот да го врати во фаза на повторна евалуација или да ја поништи целокупната постапка, како и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

По извршениот увид во документацијата на предметот на 01.09.2016 година, жалителот достави дополнување на жалбата. Имено, во Извештајот од спроведена постапка бр.05-207/102 од 15.08.2016 година, понудата на жалителот воопшто не е ни спомната, ваквото постапување е спротивно на член 142 став 2 од Законот за јавните набавки во кој е предвидено: „Во зависност од спроведената постапка извештајот од ставот (1) на овој член особено содржи: име на кандидатите или понудувачите чии што пријави за учество или понуди се отфрлени и причините што довеле до нивно отфрлање.“ Од споменатиот Извештај може да се утврди дека недостига понудата на жалителот, а не се наведени ниту причините зошто понудата му е отфрлена. Исто така, во извештајот може да се утврди дека иако за дел 10, 16 и 18, во делот понудувач, нема наведено понудувач, сепак договорниот орган извршил избор на најповолна понуда за овие релации. Договорниот орган не доставил одлука за одделен Буџет до понудувачите, што е спротивно на член 27, ниту пак утврдил на кој начин извршил проценка на набавката и вредноста на реалната цена. Со оглед на ова иако за дел 10, договорниот орган предвидел буџет од 800.000.оо денари, сепак видно од извештајот е дека избрал понуда со вредност од 820.000,оо денари, која го надминува одделниот буџет. Жалителот наведува дека идентична е ситуацијата и со дел 16 и дел 18 од набавката односно бил извршен избор на понуда која не е најприфатлива, со што била сторена повреда од член 210 став 1 алинеја 11 и 12 од Законот за јавните набавки. Исто така понудите на „ДА-НИ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Штип и „ЦРВО ЕКСПРЕС“ ДОО Штип биле неприфатливи понуди. Во однос на критериумот од т.2.5.1 од тендерската

Page 200: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

6/11

документација, нејасно е како договорниот орган ќе утврди дали економските оператори поседуваат доволно возила соодветно на деловите за кои ќе учествуваат кога ниту еден понудувач не доставил доказ за слободни возила издаден од Министерство за транспорт и врски. Останатите понудувачи во нивните понуди доставиле договори за деловно-техничка соработка, кои не ги исполнуваат условите од член 151 и член 154 од Законот за јавните набавки, а во понудата не навеле на кој економски оператор кој дел ќе биде отстапен. Покрај сите овие пропусти, кои постапката ја прават незаконита, договорниот орган сторил повреда и на член 140 од Законот за јавните набавки, кога понудата на жалителот ја отфрлил затоа што секоја страна не била парафирана од страна на жалителот, а никаде во тендерската договорниот орган не навел дека поради ова понудата може да биде отфрлена. Иако договорниот орган навел дека на јавното отворање имало претставници од сите економски оператори, а меѓу кои и претставник од жалителот, нејасно е зошто поради технички пропуст не му било дозволено на жалителот да изврши парафирање на страните кои се ненамерно пропуштени од парафирање. Ова е технички пропуст и не претставува промена во понудата. На штета на жалителот договорниот орган не го пременил член 140 став (4) од Законот за јавните набавки во делот „освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки“ односно парафирање на технички пропуст, и појаснување на понудата не претставува промена во техничката и финансиска понуда. Покрај наведеното, како причини зошто е парцијално одлучено договорниот орган не навел валидна причина. Единствено во известувањето е наведено дека согласно член 169 став 1 алинеја 2 од Законот за јавните набавки, договорниот орган извршил поништување на постапката поради ниту една прифатлива понуда. Жалителот истакнува дека вака како што е одлучено, договорниот орган сторил дискриминација од причини што за еден дел од набавката извршил избор, за дел ја поништил постапката, што укажува дека договорниот орган го ограничил пазарот, а со тоа и конкуренцијата меѓу економските оператори, спротивно на член 2 од Законот за јавните набавки. Објаснувањата се спротивни на член 169 од Законот за јавните набавки. Со оглед на ова, договорниот орган постапил спротивно и на член 32, член 140, член 144 од Законот за јавните набавки на начин што сторил битни повреди на законот од член 210 став 1 односно спротивно на член 140 извршил избор на понуди кои не се прифатливи во а спротивно на член 169 извршил поништување на постапката во услови кога имал можност да избере понуда согласно критериумите предвидени во тендерската документација. Со оглед на наведеното, жалителот и

Page 201: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

7/11

предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, да ја поништи оспорената одлука, предметот да го врати во фаза на повторна евалуација или да ја поништи целокупната постапка, како и да го задолжи договорниот орган со трошоците на постапката.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган дава краток хронолошки приказ на постапката и наведува дека жалбата е неоснована. Имено, по истекот на рокот за поднесување на понуди се пристапило кон јавно отворање на понудите. На јавното отворање имало претставници на жалителот како и на економскиот оператор „ДА-НИ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Штип. При отворањето и читањето на понудите било констатирано дека на понудата на жалителот нема потпис на секоја страна од понудата како што е наведено во тендерската документација (4.8 Форма и потпишување на понудата) и во Законот за јавните набавки (член 59, став 3). Претставникот на економскиот оператор „ДА-НИ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Штип, истото го дал како забелешка на јавното отворање, а на забелешката и по направениот увид во другите понуди за можни слични недостатоци, се потпишале присутните претставници. При евалуацијата на понудите, комисијата одлучила да ја отфрли понудата на жалителот поради формални недостатоци согласно член 59 став 3 од Законот за јавните набавки: „Понудата или пријавата за учество се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде потпишан (секоја страница) од страна на одговорното лице на понудувачот или од него овластено лице."; и точка 4.8 (Форма и потпишување ка понудата) од тендерската документација понудата „Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата.", а во врска со член 140, точка 4 од Закон за јавните набавки „Никакви промени во техничката и финансиската понуда не смеат да се бараат, нудат или да се допуштаат од страна на комисијата, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки. По евалуацијата на понудите биле преземени сите дејствија согласно Законот за јавните набавки. Изборот за најповолна понуда за деловите од 1 до 20 и делот 23 бил направен по е-аукција или поднесување на конечна цена согласно критериумот „најниска цена" утврден во тендерската, а поништувањето на деловите 21, 22 и 24 било согласно член 169, став 1, алинеја 2 - „- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда" од причини што за тие делови не била поднесена ниту една понуда. Договорниот орган иако не е обврзан, заедно со Известувањето за доделување на договор за јавна набавка на сите економски оператори кои учествувале во постапката во прилог ги доставил и Извештајот од спроведена постапка и Одлуката за избор на најповолна понуда и за поништување на определени делови. Договорниот орган и

Page 202: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

8/11

предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, жалбата на жалителот да ја одбие како неоснована. Договорниот орган достави и дополнување на одговорот на жалбата во кое наведува дека во Извештајот од спроведена постапка во точка 11 (Услови за учество/формални недостатоци за отфрлаше на понудите) го навел називот на понудувачот и образложението за причините за кои се отфрла. Исто така во известувањето за избор на најповолна понуда/поништување било наведено кои се причините поради кои комисијата одлучила истиот да биде отфрлен. Во Извештајот од спроведена постапка во точка 4 (Разгледување на финансиските понуди на понудувачите) јасно се гледа кој понудувач за кои делови поднел понуда и колку изнесува истата, Исто така, во точка 5 е дадена ранг листа за сите делови со што јасно се гледа кои понудувачи имаат поднесено понуди. Договорниот орган во Одлуката предвидеел вкупни средства за набавката кои се достапни и во огласот. Пред донесување на одлука за избор направена била измена на одлуката со која во одлуката останува само вкупната проценета вредност, а не по делови. Измената била направена согласно потребите на договорниот орган и согласно член 2 алинеја 3 од Правилникот за начинот на проценување на вредноста на договорите за јавни набавки (Службен весник на РМ бр. 154 од 21.12.2007 година). Договорниот орган иако имал право да дообезбеди средства освен ако не го надминува вредносниот праг на постапката, истиот немал потреба од тоа туку се вклопува во проценетата вредност на набавката. Економскиот оператор доколку сметал дека проценетата вредност е многу ниска или висока за предметната набавка можел да реагира додека бил објавен огласот и да се обрател до договорниот орган. Комисијата утврдила дека понудувачите кои биле предмет на евалуација ги доставиле сите документи кои биле барани во тендерската документација, заклучно со минималниот број на возила со кои располагаат економските оператори не е помал од бројот на делови (релации) од предметот на набавката за кои економските оператори поднеле понуда. Договорниот орган наведува дека во Извештајот од спроведена постапка во прилог А се наведени сите податоци од доказите кои се приложени од прифатливите понудувачи. За деловно техничка поддршка се наведени релевантни докази (договори). Овде не станува збор за подизведувач за да биде спомнат во понудата како што навел жалителот во жалбените наоди. Жалителот навел дека не е постапено по член 140 од Законот за јавните набавки и дека истиот на јавното отворање би требало да биде повикан да го поправи пропустот кој е направен ненамерно. Согласно, Законот за јавните набавки никакви промени во техничката и финансиската понуда не смеат да бидат барани ниту допуштени. На јавното отворање комисијата ги чита само навреме пристигнатите понуди и

Page 203: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

9/11

комисијата не смее да дозволи никаква предност кај економските оператори кој се должни понудата да ја изготват според условите предвидени во тендерската документација и Законот за јавните набавки. Во тендерската документација и во Законот за јавните набавки јасно е наведено дека секоја страна од понудата е потребно да биде парафирана. При јавното отворање претставникот на економскиот оператор „ДА-НИ ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Штип, побарал пропустот направен од страна на жалителот да влезе како забелешка во записникот и дека истиот не ја поднел понудата согласно барањата во тендерската документација. Комисијата побарала сите претставници да се потпишат на забелешката дадена од присутниот претставник. Комисијата не смее да направи дискриминација и да доведе определен економски оператор во предност пред другите економски оператори кога јасно било наведено во тендерската документација како треба да биде изготвена понудата. Согласно наведеното, договорниот орган и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, жалбата на жалителот да ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по жалбата и дополнувањето на жалба и жалбените наводи, одговорот на жалба како и постапувајќи по службена должност утврди дека жалбата е неоснована.

Државната комисија не ги прифати жалбените наводи на жалителот

наведени во жалбата и утврди дека Комисијата за јавни набавки на договорниот орган правилно постапила кога како неприфатлива понуда ја третирале понудата на жалителот односно постапила согласно член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки според кој, неприфатливите понуди не ги евалуира и евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка. Имено жалителот имал доставено понуда која не била потпишана на сите страни како што било и барано во тендерската документација поточно во точката 4.8. од истата. И поради тоа со право бил елиминиран. Законот за јавните набавки не дозволува никаква промена на понудата освен појаснување на понудата и исправка на аритметичка грешка согласно член 140 став 4. Сите жалбени наводи на жалителот во кој наведува дека договорниот орган направил повреда на постапката се неосновани. Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган спровел правилна и законита постапка и донел правилна и законита одлука. Со оглед на тоа Државната

Page 204: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

10/11

комисија за жалби по јавни набавки предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Во член 3 точка 11, 12, 24 и 25 од Законот за јавните набавки е наведено: 11. „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата; 12. „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;24. „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите; 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон. Во член 32 став 1 од Законот за јавните набавки е наведено: „Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка.“ Во член 140 став 4, 7 и 8 од Законот за јавните набавки е наведено: (4) „Никакви промени во техничката и финансиската понуда не смеат да се бараат, нудат или да се допуштаат од страна на комисијата, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки.“ (7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.“ (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.“

Во согласност со член 211 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.“

Page 205: RESENIJA OD 49 SEDNICA 14.09.2016 - dkzjn.mk · оператор Авто школа „ШКОРПИОН“ДООЕЛ Скопје. 3/7

11/11

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-482/11 14.09.2016 год. С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

Маја Малахова

Доставено до: - Архива, - Адвокат Билјана Андонова, ул.„Маршал Тито“ бб Штип - ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип, ул.„Рајко Жинзифов“ бб Штип