17
NO. 30

S - Work No.30

  • Upload
    ngostar

  • View
    220

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Online Magazine

Citation preview

NO. 30

Приказна за српската воена транс пензионерка Хелена

НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ОБЛЕЧАМ ПАНТАЛОНИ

„Првата реакција на мојата сопруга беше навистина бурна. Мислев дека таа вечер ќе ме убие додека спијам, бидејќи се чуствуваше измамена, како 20 години да живеела во лага.“ Медиумите во Србија со денови се обидуваа да го откријат идентитетот на првата транссексуална пензионерка на Армијата на Србија, која за навреда одлучи да поднесе кривична пријава против истата таа Армија, Министерот за одбрана и неговото Министерство. Хелена поради медиумската заинтересираност околу тужбите успешно се криела кај својата пријателка и ретко излегувала на улица. Наместо неа, соопштенија за јавност и

правните обврски ги преземале активисти од Здружението на граѓани ЕГАЛ од Белград, кое се бори за рамноправност на транс луѓето во Србија.Благодарение на заеднички пријател, еден српски новинар дошол во контакт со Хелена при што и понудил таа да ја сподели својата приказна со јавноста. На почеток се двоумела, но подоцна прифатила. Но, Хелена имала само еден услов, а тоа е да не се споменуваат нејзините четири деца, поранешната сопруга и нејзините блиски. Хелена на договореното место се појавила со неколку нејзини пријатели, на почеток била малку резервирана, но набрзо се опуштила и ја покажала нејзината вистинска смисла за хумор.„Изгледот не е ништо поразличен од секоја обична жена која секојдневно ја сретнувате на улица, единствено нешто што открива можеби е само длабочината на гласот” – се дел од впечатоците од оваа средба за која пишува новинарот.

Хелена својата приказна ја обелоденува во март 2014 година, прво пред својата сопруга, а подоцна и пред својте 4 деца. Нејзините деца на почетокот не го прифаќаат она што нивниот татко сака да им го каже и често влегуваат во конфликти. Но после скоро една година семејството на Хелена полека ја прифаќа реалноста и покрај тоа што не живеат со својот татко тие се во секојдневна комуникација со него. Хелена со својата поранешна сопруга гради цврсто и вистниско пријателство. Хелена својот работен стаж го поминала како офицер во Армијата на Србија. Проблемите започнале уште во 2001 година кога по една нејзина полноќна прошетка облечена како жена била сопрена од полицијата. Кога полицајците увиделе дека станува збор за офицер започнале навредите и омоловажувањата кон нивниот дотогашен колега.

Како што кажува Хелена во својата исповест тоа биле едни од најтешките моменти во нејзиниот живот. Не и било дозволено да се јави ниту кај сопругата, била задржана во полициската станица, подоцна била однесена кај својот претпоставен и пред сите свои колеги, на тортурата која ја доживеала во тие мигови и немало крај. Преку оваа случка за неа дознале и нејзината сопруга и родителите..

После сите турбуленции кои Хелена ги доживеала на нејзиното работно место, суспендирање, отказ, па повторно враќање на работа, таа минатата година откако решава родово да се реализира добива отпор од институцијата каде е вработена.Хелена добива некој вид приговор во врска со нејзиното пензионирање од Министерството за одбрана на Србија каде во дел от текстот стои: „Дадената дијагноза на лицето може да има штетни последици по угледот на војската на Србија”Хелена никако не сакала да помине преку ова; за истата таа војска за која професионално работела 20 години сега сака да ја обележи како болна личност. Таа одлучно решава дека ќе се бори и нема да дозволи да живее обележана како болна до крајот на својот живот. Во јануари оваа година таа поднесува тужба за дискриминација против министерот Братислав Гашич и Министерството за одбрана на Србија. Тука следувала нова драма во животот на Хелена, медиумите се интересираат за целата оваа приказна и таа е принудена да го промени живеалиштето и што поретко да излегува на улица. Единственото нешто за што Хелена се грижела е да не бидат повредени нејзините четири деца. Таа одлучила целиот процес да го води невладината организација ЕГАЛ, со цел да успее да го заштити својот идентитет, но и идентитетот на незјиното семејство.Хелена во моментов живее сама во една од периферните населби во Белград. Таа за себе вели дека сега е геј жена и не ја привлекуваат мажи. Но, планира до крајот на својот живот да живее сама и никогаш повеќе да не облече панталони.

Инспирација: Кармен Дел’Орефис

Кармен Дел’Орефис е во светот на модата е од свои 15 години, а таа денес има 80 години. Кармен во последниве 25 години се фотографира многу повеќе отколку во сите претходни години во кариерата заедно, а покрај годините и седата коса таа е сеуште инспирација за многу фотографи и модни списанија.Сигурно ќе се запрашате зошто во нашиот магазин пишуваме за оваа дама, но таа секако е безвременска инспирација за слобода на умот, рушењето на стереотипи и себепочитувањето.Кармен е родена во Њујорк од мајка унагарка и татко италијанец. Таа до сега била три пати во брак и имала четири веридби. Во едно интервју на прашањето за нејзиниот љубовен и сексуален живот таа одговара:„Секако дека сеуште имам активен сексуален живот. Зошто би се откажала од тоа? Тоа е исто како да ме прашате дали сеуште дишам.“

Искрена и навистина силна!Бони е сексуална работничка од Данска, земја во која сексуалната работа е легална професија. Таа плаќа даноци и е регистрирана сексуална работничка, иако до сега неколку пати имала проблеми со данските власти и била неколку пати во затвор. Нејзините деца, со исклучок на нејзиниот најмлад син, и околината знаат за она што таа го работи. Децата често се предмет на контрола и малтретирање поради изборот на професија на нивната мајка.Овие фотографии сведочат за борбата на двојниот живот кој Бони го живее секој ден.Фотографката која ги има направено овие слики за животот на Бони, за овој свој проект вели : „Јас се обидов да го покажам животот на Бони искрен колку што можев и брутален колку што може да биде.”

Еротските фотографии низ историјата: голотијата како вечна инспирација

Низ историјата речиси ништо не ги привлекувало умениците повеќе од голото човечко тело. Првите еротски фотографии се пронајдени во 1893 година, а во споредба со цртежите и графиките, оваа уметност се смета за пореална од сите други начини на кои се прикажува убавината на голото тело. Уметниците креирале, теоретичарите објаснувале, а публиката секогаш уживала со ваквите фотографии.Токму ваквите фотографии Ташен ги собрал на едно место. Неговата колекција е наречена 1000 Nudes (1000 голотии) и е сочинета од фотографии кои ги собирал германскиот уметник и колекционер, Уве Шајд, член на Здружението на германски фотографи. Во собирањето на овие фотографии помагал и Ханс-Михаел Кецле.Поединечни фотографии се оценуваат како надреални прикази на човечкото тело, додека дел од нив се сосема умерени, но некои пак дефинитивно ги надминуваат сите граници на еротските фотографии.